НЕ СМЕ ОВЦИ ЖБОГАРЕ

Сотир

Сотир Гроздановски-Македонски

ПАК НИ СЕ ВРАТИ КОМШИЈАТА ЖБОГАР

*****************

Навистина  "европејциве" се упорни! Со сила сакаат да не "усреќат"! Но, со сила  убавина не бидува, господине Жбогар. 

Прво треба да си ја знаете својата сопствена историја, господине Жбогар, па после да се радувате со несреќата на Република Македонија! А, нејзиното разнебитување да ви чини посебно задоволство и успех за чудење и величање на "мудроста" на Зоран Заев.

Ако  сте љубоморни на Република Македонија што има такво лидерство, кое ја продава својата сопствена држава и му го поништува идентитетот на својот сопствен народ, можете слободно да си го земете, па видете му го аирот. За кратко време ќе ви го реши проблемот кој си го имате со Хрватска околу Савудрија. И не само  Савудрија, тој под хитно ќе ви ја суреди и вашата ДЕЖЕЛА. Ќе му ја продаде на Австрија, дури да трепнете со очите.

Што се однесува, пак, до Савудрија, тоа е едно јадранско мочуриште во кое не може  ни куче да се удави, а словенечкото лидерство за малку не започна војна со својот хрватски сосед. 

И вие зборувате за некое лидерство кое го решило проблемот помеѓу Грција и Македонија и претставувал пример за Европа како се решаваат проблемите кога се има волја? Да! Дури крастата не ви ја нападне  и  вашата кожа!

Господине Жбогар! Вашиот табиет може да се спореди со табиетот на Грција. И едните и другите, барате нешто што не е ваше! Па затоа лесното решение на спорот со Грција ви се гледа како добра работа, а отпорот на Хрватска не ви одговара. Зошто не наидовте  на лидер, налик на  нашиот Заев! 

Македонија никогаш не била под грчка доминација!  Македонија била од секогаш монархија, а Грција никогаш не постоела. Верувам дека тоа го знаете! Ако не сте го знаеле, отворете го Интернет, или одете во Ватикан или било која поголема светска библиотека, таму ќе ја најдете  вистината. Затоа баталете ја историјата која сте ја изучувале во вашите училишта. Ви гарантирам, дека е чист фалсификат!

Отворете ја Библијата, верувам дека сте верник - католик, и пронајдете го името на државата за чии интереси работите (Грција), во спрега со Зоран Заев! Па потоа пробајте да го најдете името на земјата, (Македонија), чие име сакате да нестане од списокот на цивилизираните народи во светот. Таму, за чудо, ја нема Грција, а за сигурно, нема да го најдете ниту името на вашата држава, Словенија. Зошто и таа не постоела, господине Жбогар! Тогаш,  зошто упорно настојувате да ги задоволите грчките барања? Од кога словенскиот народ бил поблизок до грчкиот и нивната држава  во 1832 година креирана, од ништо? Имате ли совест и доволно познавање на македонската и грчката историја, та толку упорно работите против националните интереси на Македонците? Ако ние имаме проблем со нашиот  изрод и национален велепредавник Зоран Заев, мораме ли и вас да ве поднесуваме како изрод и предавник на словенечкиот народ?  Зарем Грција вие толку блиска та така лесно ги заборавате тесните и историски врски помеѓу нашите две пријателски земји?  Зарем затоа сте дошле во Македонија? - да работите против нас? Не ли вие срам што го јадете македонскиот леб, а не ја удостојувате земјата со нејзиното историско, исконско име, МАКЕДОНИЈА?

Зошто не си ја земете како позитивен пример хрватската пратеничка во европскиот Парламент, Мaријана Петир, наместо хрватскиот пратеник од СДП, другарот Тонино Пицула? За разлика од Вас и другарот Тонино Пицула, госпоѓата Маријана Петир котира многу повисоко кај македонскиот народ. Вие сте  најобични кариеристи и профитери со чинење зла на Славјанскиот род.

Таа е вистински адвокат и борец за правата на малите народи, кои немаат моќ сами да се изборат  во центарот на Европската Унија, Брисел! Маријана Петир, како Давид против Голијат, во европскиот Парламент се бори и за правата на македонскиот народ. Се бори за неговото право на влез во Европската Унија и НАТО, но не условено со  обезличување и губење на идентитетот.   Таа е против уценувањето на Република Македонија од страна на врвните лидери на Европската Унија и НАТО во полза на Грција. Барањата за целокупното историско и културно наследство на древната македонска држава да и' припадне на Грција, ги смета за најобична кражба,  втемелена врз лаги и историски фалсификати и не вистини.

Каде спаѓате вие господине амбасадоре во овј контекст? Без сомневање, таму, каде се и вашите газди, кои ве плаќаат да ги исполнувате нивните злосторнички планови!  Вашата улога, како европски пратеник во Република Макединија би требала да биде давање совети и упатства како поскоро и по достоинствено државата и македонскиот народ да му се придружи на европската заедница на народите, а не поттикнување на македонските корумпирани политичари и други криминалци како полесно да ја дестабилизираат нашата татковина и  го разнебитат  македонскиот народ.

Срам да ви е, господине Самуел Жбогар. Вие не го заслужувате гостопримството на мојот народ, македонскиот! Го јадете неговиот леб, а не му го знаете неговото  крстено име. Го идентификувате со "вашиот народ", "вашата земја" или сега како "северно македонци"! Ако не сте знаеле, на овие простори немало други Македонци, освен  Македонците! Исто така, како што и Славјаните во вашето Кнежевство Карантанија, создадено тек во 10-тиот век од Баварците и подоцна поделено од Ото Првиот на две парчиња: Карантанија и Корушка, како шесто војводство на Папската држава. Ете каде ви е вашиот корен. Плиток, како и вашите историски сознанија!

Сигурен сум дека, од кога ќе ви престане вашата слугинска работа, во очите и душите на Македонците ќе бидете запаметени како наш најголем, после Зоран Заев, непријател, од кој и словенечкиот народ ќе се дистанцира и ќе ве презира. Ќе ве презираат и идните словенечки генерации и кога одамна ќе ја снема Европската Унија, заедно со такви како вас! Ќе бидете исто како поранешниот генерален секрета на НАТО, англискиот Лорд Робертсон,  кога му се извинуваше на македонскиот народ за својата непријателска политика спрема Република Македонија, фрлајќи ја вината врз неговите повисоки газди за се' што сторил, по "нивна наредба".

Има уште море вакви и други прашања на кои би требало да им одговорите на Македонците. Се разбира, до колку имате доблес и добро сте потковани за таква работа. 

Ако можете да ни одговорите само на едно "лесно" прашање, ние Македонците, ќе ви благодариме од срце и ќе ве почитуваме! Ние го знаеме одговорот, ама дали вие го знаете?

ЗОШТО ГРЦИЈА ИНСИСТИРА НА НЕШТО ЗА ШТО ДОБРО  ЗНАЕТЕ И ВИЕ ДЕКА НЕ Е ВИСТИНА, А  СЕПАК СТЕ НА НЕЈЗИНА СТРАНА?

Македонија никогаш не била  грчка;  македонските владари биле секогаш победници и  затоа биле хегемони над скоро сите грчки градови - државички;  кај Херонеја и на многу други места се бореле и  гинеле не "браќа", ами крвни непријатели; грчката историја е докажан фалсификат од самите фалсификатори; врз сите историски, археолошки и други докази, наследството на македонските владари, заклучно со она на Филип и Александар Македонски, му припаѓа само на Македонците!

Е сега, ако за сите овие наведени прашања би можеле да ги разбереме Грците, и нивната длабока алчност, кукавичлук и нечесност, како да ги разбереме вашите европски газди со нивните високо морални, "европски" вредности и другите западни "демократски" стратешки партнери? Ајде, господине Жбогар, објаснете ни ги причините за нашето самоуништување со менување на македонскиот Устав и обезличување на Република Македонија. Создавање некоја си нова и најмлада држава во светот, под име Северна Македонија.   И  сето тоа, како услов за влез во организации, кои се непријателски настроени кон Македонците.

Има ли некоја полза вашата Европа, НАТО и такви како Вас од уништувањето на еден исконски народ? Имате ли вие, можеби, некоја лична корист од нестанувањето на Македонците и одземањето на неговиот идентитет, кој е светиња за секого и секоја држава?

Велите, ние би требало да бидеме пример за сите во Европа и во светот! Па ние сме со векови пример со нашата чесност, цивилизираност и мирољубивост, и ако опколени со злосторници и криминалци, алчни за туѓи територии и богатства, кои не им припаѓаат.

Па тоа е и причината што имаме проблеми со народи и поединци како вас!

Зарем насилното самоуништување на народот и државата во полза на соседите е добро лидерство? Зарем предавството на својата сопствена држава за влегување во некои си меѓународни организации како ЕУ или НАТО е лидерство за пример? Зарем не' почитувањето на волјата на својот сопствен народ го сметате за лидерство, по вашите критериуми? Не, господине Жбогар! Тоа е барбарство  и примитивизам, за секоја осуда! 

************

Во едно интервју за телевизија "Телма", евроамбасадоре Самуел Жбогар, оценувате дека "Договорот од Преспа е поттик за целиот регион и пример за Европа дека колку постои вистинско лидерство, тогаш постои и решение за секој проблем". Пренесува "Нова Македонија" од 16 јануари 2019 година.

"За да се реши проблемот кој постоеше и кој траеше толку многу години, потребна Ви е голема одлучност, многу посветеност, потребно Ви е лидерство. И тоа лидерство го видовме и на двете страни кога се потпиша Договорот минатата година. Затоа верувам дека грчкиот премиер ќе го доведе Договорот до крај, како што и беше случајот тука. Договорот од Преспа е Win-Win ситуација за многу работи. Прво, го решава проблемот меѓу двете земји. Го претвора вашиот сосед во партнер и пријател. Го отвора патот кон евроатланските интеграции за вашата земја. Поттик е за целиот регион дека проблемите може да се решаваат, но исто така и лекција за Европа дека постои решение за секој проблем, ако имате вистинско лидерство!" Вели Жбогар!

"Јас го видов притисокот како доаѓа одвнатре, дека конечно се прават промени, дека се помрднувате поблиску до ЕУ, иако бевте закочени со овој проблем. Јас таму го видов проблемот, одвнатре. Ние обезбедивме само охрабрување до лидерите од двете страни да одат напред, обидувајќи се да најдат решение. Решението беше пронајдено единствено меѓу двајцата премиери со помош на медијаторот од ОН", истакна Жбогар!

Тој вели, дека мора да се продолжи со реформите и до јуни, кога министрите за ЕУ ќе одлучуваат, да се покаже дека се направени реформи и дека има промени.

**************

Господине Самуел Жбогар! Македонскиот народ на 30 септември 2018 година одлучно Ви рече со големо НЕ дека не сака никаков влез во вашите непријателски организации, до колку е условен со прифаќањето на Договорот со Грција. Вашето не цивилизирано однесување спрема еден народ со исконски корени, подлабоки од било кои врз кои се потпираат сите ваши членки, е навреда која неможе да се прифати. Северна Македонија со безимен народ, не е опција за Македонците, ма било што, вие и вашите работодавци се обиделе да преземете. Сме биле под неколку такви империи како ЕУ, но Македонскиот народ преживеал. И овој пат ќе преживее  и нема да дозволи некои да му ја свитка кичмата, а уште помалку да му гази по неговото достоинство! 

 

НАШАТА ДРЖАВА СИ ИМА ДОЛГОВЕЧНО ИМЕ:  МАКЕДОНИЈА, ГОСПОДИНЕ ЖБОГАР, А НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ! Ако не сте знаеле! СО ГАЗЕЊЕ НА СИТЕ МЕЃУНАРОДНИ ПРАВНИ АКТИ И РАЗНЕБИТУВАЊЕ НА ЦЕЛИ НАРОДИ ЗАЕДНО СО НИВНИТЕ ДРЖАВИ, НЕ СЕ СОЗДАВА ПОАРЕН И ПО ПРАВЕДЕН СВЕТ, ВО КОЈ ЌЕ ВЛАДЕЕ ПРАВОТО И ПРАВДАТА!

 

За секогаш, Ваш Сотир!

  • Маријана Петир

  • Самуел Жбогар

  • Тонино Пицула

Граѓаните со силна порака до власта

ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ: МАКЕДОНИЈА,

НИКОГАШ "СЕВЕРНА" СЕКОГАШ "МАКЕДОНИЈА"

******************************

 

Граѓаните кои денес, 19 јануари 2019 година, сплотено го прославуваа празникот Водици, ја искористија приликата да му испратат порака на Зоран Заев и власта.

Му порачаа дека ова земја е Македонија, а не Северна Македонија.

Со транспаренти прикачени на мостовите и меѓу присутните на Богојавленските церемонии низ државата, граѓаните испратија порака до власта: "НИКОГАШ СЕВЕРНА, СЕКОГАШ МАКЕДОНИЈА!". "ЕДНА Е МАКЕДОНИЈА!". "ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ, МАКЕДОНИЈА!" И МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!"

 

Republika.mk

19 јануари 2019 година

Михајло Маневски

Михајло Маневски

ПОДМОЛЕН АТЕНТАТ НА ТАЛАТ ЏАФЕРИ

НЕМА ЗАКОН БЕЗ УКАЗ ПОТПИШАН ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

Објавување во Службен весник на Законот за употреба на јазиците и на Законот за ратификација на конечната Спогодба за решавање на разликата во врска со името со Републикка Грција, без потпис на Указот за прогласување на зконите од страна на претседателот на Република Макеонија, е подмолен смислен акт на велепредавство и акт на насилство врз уставниот поредок и безбедноста на Република Македонија од страна на Талат Џафери и на директорот на ЈП Службен весник, Мартин Костовски.

Од Талат Џафери може сешто да се очекува. Како креатор на дискусија со молчење, сега измисли Фуснота во Уставот за прогласување на закон. Талат Џафери е прочитана книга на докажан манипулатор, за кого не се важни ниту Уставот, ниту законите. За него е важно само да се реализира Тиранската платформа, да се урниса уставниот поредок на Република Македонија и да се воведе двојазичност на целата територија на државата.

Македонија е неславен пример како едно национално малцинство тероризира еден цел народ. Велепредавникот Зоран Заев за цело време го лажеше народот дека имаме одличен Устав и се колнеше во предците и децата дека Уставот нема да се менува, но го стори сосем спротивното. Тој грубо ја погази волјата на народот. Спротивно на волјата на народот изразена на Референдумот од 8-ми септември 1991 година и референдумот од 30-ти септември 2018 година.

 

ТОА ШТО Е ОБЈАВЕНО ВО СЛУЖБЕН ВЕСНИК НЕ СЕ ЗАКОНИ И ТИЕ НИКОГО НЕ ОБВРЗУВААТ

**********

Законите се прогласуваат со указ, а указот за прогласување на законите според члнот 75 од Уставот го потпишуваат претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието. За прогласување на закон е потребно да се исполни тој кумулативен услов, а тоа е Указот да се потпише од страна на Претседателот на Република Македонија, како прв подписник и претседателот на Собранието. Без тие два потписа на Указот за прогласување на закон, нема указ и нема прогласување на закон.

Ова што се случи, со објавување на закон без подпис на указ од претседателот на Република Македонија е единствен пример во светот. Претставува опасен преседан во указ за прогласување на закон да се наведува Фуснота, наместо подпис на претседателот на државата. Ова не се случило ниту во најцрните диктаторски режими. Со таа Фуснота Талат Џафери се обидува да ја прикрије злоупотребата на положбата  со лажно објаснување зошто законот се објавува без подпис на претседателот на РМ, а намерата му е сосема јасна да го загрози уставниот поредок и безбедноста на државата и да објави неуставен закон.

Согласно член 87 од Уставот, претседателот на Република Македонија е одговорен за кршење на Уставот и законите во вршењето на своите права и должности. Тргнувајќи од оваа Уставна одредба, претседателот не го потпишува Указот за прогласување на законот за употреба на јазиците и даде конкретни писмени забелешки за повреда на уставните одредби со тој закон за 19 од вкупно 25 одредби од Законот и ги достави до Собранието.

По доставените писмени забелешки на Законот од страна на претседателот на РМ, Талат Џафери не презеде никакви дејствија, со што стори груба повреда на Деловникот за работа на Собранието. Според членот 173 став 2 од Деловникот, ако претседателот на Републиката одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот, Собранието повторно го разгледува законот во фаза на трето читање, во рок од 30 дена од денот на донесувањето на законот. По повторното разгледување на законот, амандмани можат да се поднесуваат само во врска со укажувањето на претседателот на Републиката.

Талат Џафери смислено не го стави Законот за употреба на јазиците на повторно разгледување, а беше должен тоа да го стори. На тој начин грубо ја повреди оваа деловничка обврска и тотално ги игнорира писмените забелешки на претседателот на РМ, кои се доставени врз основа на неговите уставни овластувања. Талат Џафери не направи ништо во врска со забелешките на претседателот повторно да се разгледа Законот. Талат Џафери едноставно повредувајќи ги деловничките одредби, Законот го стави на гласање. На овој начин, Талат Џафери не само што грубо го повреди Деловникот, туку целосно ги игнорира забелешките на претседателот на Република Македонија за неуставноста на 19 одредби од Законот и на тој начин грубо го изманипулира Собранието.

Како може во ваква состојба да се очекува претседателот на РМ да подпише указ за прогласување на неуставен закон без да се разгледаат неговите забелешки. Ова е опасен противуставен преседан да се заобиколи претседателот на РМ, кој има право и должност да се грижи за уставноста и законитоста. Уставот на претседателот на РМ му дал суспензивно право да го врати законот на Собранието со конкретни писмени забелешки зошто не го подпишува указот за прогласување на законот и зошто го враќа законот.

Законот за јазиците е целосно спротивен на Уставот на Република македонија. За цело време овој Закон се турка насилно. Амандманите (83) поднесени од ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат на укинување на одредбите за двојазичност на целата територија на државата и со кој се бараше бришење на сите одредби на овој Закон кои се спротивни на Уставот на Република Македонија, дури и одредби од двотретински закони, воопшто не беа разгледани ниту на Комисијата за европски прашања, која и не е надлежна за ваков закон со лажно европско знаменце, а Артан Груби и Талат Џафери, како во Комисијата, така и на пленарна седница на Собранието тотално ги блокираа амандманите и ниту еден амандман не беше разгледан. Ова ли е парламентарна демократија?

 

УСТАВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СЕ ДОЛЖНИ ДА ГИ ИЗВРШАТ СВОИТЕ УСТАВНИ И ЗАКОНСКИ НАДЛОЖНОСТИ

******************

Уставниот суд на Република Македонија е должен да поведе постапка за оценка на уставноста на Указот за прогласување на законот и на Законот за употреба на јазиците и да определи времена мерка да се спречи примената на законот до одлуката на Уставниот суд, како и да поведе постапка за оценка на уставноста на Указот за прогласување и на Законот за ратификација на конечната Спогодба за решавање на разликата во врска со името со Република Грција.

Законот за употреба на јазиците е неуставен, неразбирлив и неприменлив. Зоран Заев со цел по секоја цена да ја задржи власта, ја држи државата во заложништво и судбината на македонскиот народ. Примената на овој закон ќе доведе до блокада и распад на правниот систем. Со овој целосно не уставен закон, тотално ќе се блокира работата на сите државни органи, на сите институции и на сите нивоа. Ќе се блокира работата на управните, судските и други правосудни органи. Се генерира еден тотално неефикасен систем кој ќе ја сруши државата на колена да не може да функционира и самата да се распадне. Тоа ли е цената што треба да се плати за да Зоран Заев по секоја цена остане на власт? Толку ли му е вредна власта да ја жртвува и државата и нароодот? Токму поради тоа Уставниот суд е должен да донесе времена мерка за спречување на примена на законот.

Уставниот суд како чувар на уставноста и законитоста е должен по спроведената постапка да го примени Уставот и да донесе Одлука со која Указот за прогласување и Законот за употреба на јазиците да ги УКИНЕ. Уставниот суд е должен да ги УКИНЕ и Указот за прогласување и Законот за ратификација на конечната Спогодба за решавање на разликата во врска со името со Република Грција, кои се спротивни на Уставот и на изразената волја на народот на референдумот од 8-ми септември 1991 и неуспешниот референдум од 30 септември 2018 година.

Јавниот обвинител на Република Македонија е должен да поведе кривична постапка за саботажа и акт на насилство врз уставниот поредок и безбедноста на Република македонија против Талат Џафери и против директорот на ЈП Службен весник Мартин Костовски за злоупотреба и пречекорување на службените овластувања.

Владеењето на правото не смее да биде само парола. Враќање на разнишаната доверба во владеење на правото се постигнува само со примена на конкретни законски мерки на одговорност. Да се надеваме дека одлуката на Уставниот суд и на Јавното обвинителство во конкетниот случај конечно ќе значат пресвртница во враќање на разнишаната доверба.

**************

Ставовите искажани во рубриката КОЛУМНИ се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

  

 19 јануари 2019 година

Михајло Маневски

 

 

 

 

 

 

Талат Џафери

Ѓорче Петров, 02 април 1865 - Варош, 28 јуни 1921-Софија

 

 

ОД МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА

***************

 

УБИСТВОТО НА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

 

По завршувањето на Првата светска војна, атентаторското дејствување во македонското револуционерно движење почналоо најмногу да се практикува во директните пресметки помеѓу разните македонски организации, струи и фракции и во борбата што севодела за престиж во позициите на македонското национално ослободително движење.

На таквиот начин на дејствување најдобро се приспособила организацијата ВМРО, која подготвила голем број атентати врз припадници од македонското револуционерно движење, без разика на нивната идеолошко-политичка ориентација и со терористичките методи на дејствување отворила нова страница во историјата на македонското националнослободително движење, со што оддиграла клучно место во периодот меѓу двете светски војни.

*************

Вооружените пресметки во тој правец ВМРО ги започнала во почетокот на 20-тите години на минатиот век, веднаш по нејзиното возобновување. На 28 јуни 1921 година, бил убиен македонскиот револуционер и еден од идеолозите  на ТМОРО, Ѓорче Петров.

Атентатот бил извршен од страна на извесниот Реџеп, Турчин по националност, инаку припадник на десно ориентираната ВМРО. Според една визија, Тодор Александров, водачот на ВНРО, лично го повикал кај себе терористот Реџеп и му наложил да го убие Ѓорче Петров, на што тој се согласил.

Александров во времето на убиството не сакал да се наоѓа во Софија и за таа цел еден ден пред атентатот, тој отпатувал од градот. На денот на убиството Ѓорче Петров по излегувањето од работа свратил во кафеаната на Иван Бандев, која се наоѓала на улицата "Егзарх Јосиф" во Софија. Таму тој пиел ракија со Петар Чаулев, член на ЦК на ВМРО, којшто веројатно не знаел за наредбата на Тодор Александаров.

Реџеп влегол во кафеаната и останал да пие пиво. Откако Ѓорче Петров ја напуштил кафеаната околу 7 и 30 часот, тгнал дома, при што терористот го следел и пред портата на неговата куќа, на улицата "Тробарска" го убил. По извршеното убиство, полицијата не можела да го пронајде  Реџет, бидејќи се криел во станот на водачот на ВМРО, Тодор Александров. Откако утредента излегле натписите во софиските весници за убиството на Ѓорче Петров, терористот почнал да покажува желба да излезе од станот, по што Тодор Александров испратил еден четник да го доведе кај него. Неколку дена после тоа, од страна на терористи на ВМРО бил однесен надвор од градот и бил сурово егзекутирал. Од учеството во атентатот се оградил и вториот член на ЦК на ВМРО, Александар Протоѓеров.

При претресот направен на 29 јуни, еден ден по убиството на Ѓорче Петров, во архивата на уапсениот војвода на ВМРО, Симеон Георгиев, биле пронајдени писма на Тодор Александров, во кои во едно од нив му наредил на последниот да го испрати во Софија некој си Мите и тоа во слаткарницата "Охрид". Всушност, тоа било конспиративнто име на Реџеп, атентаторот на Ѓорче Петров. Овој атентат предизвикал големиракции среде бугарското општествено мислење, како и кај македонската емиграција.

По повод на убиството реагирале голем број македонски емигрантски организации, меѓу кој бил и Националниот комитет на македонските братства, кој за убиството кометирал и на страниците на својот пешатен орган "Македонија" каде со пиетет се пишувало за овој македонски револуционер и за неговата ненасоместлива ззгуба.

Националниот комитет ги надоместил итрошоците за погребот на Ѓопче Петров, додека братствата, од своја страна,  издале голем број на некролози со кои ја повикувале македонската емиграција масовно да присуствува на погребот.

Во траурната ппогребна поворка присуствувала, речиси, целата македонска емиграција од Софија, а последна почит на македонскиот револуционер и деец дошле да му изразат и многубројни емигрантски делегации и од внатрешноста на Бугарија.

На погребот биле присутни и голем број пријатели на Ѓорче Петров од редовите на бугарскиот општествено-политички и јавен живот. Пред неговиот гроб биле одржани голем број на емтивни говори во кои се величело делото на ово македоски револуциоер и се осудувал чинот на неговото убиство.

Карактеристичен момент претставувал говорот што пред неговиот гроб го одржал неговиот идеен противник Јордан Чкатров, кој исто така ја потенцирал големината на делото на покојниот Ѓорче Петров и ги проколнувал неговите физички убијци. А за да биде парадоксот уште поголем, зад него, во тие моменти на неговиот емотивен говор стоел, никој друг, туку лично самиот Иван Михајлов, кој во тоа време, заедно со Чкартов биле пунктови началници на ВМРО.

Зад атентатот на Ѓорче Петро веројатно стоел ВМРО на Тодор Александров, иако последниот тоа го одрекувал, а мотивите биле личната нетрпеливост меѓу двајцата, како и разликите што помеѓу нив постоеле во однос на начините и методите на борбата и патиштата за решавање на македонското прашање.

************

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ, бил роден во Варош, Прилеп, на 6 април 1864, а бил убиен на 28 јуни 1921 година во Софија. Тој бил долгогодишен идеолог на МПО, еден од составувачите на Уставот и Правилникот на истата, учесник во Илинденското востание, учител во повеќе градови во Македонија, 1905 година, Задграничен претставник на ВМОРО, а во 1919 година еден од основачите на Привременото Претставничтво на поранешната обединета ВМРО.

Тодор Александров, бил роден во Ново Село, Штипско на 4 март 1881 година, член на ЦК и водач на десноориентираната ВМРО, еден од основачите на 11-та македонск сивизија во Првата светска војна во состав на бугарската војска; по 1919 година, како водач на ВМРО ја зацврстува во Пиринска Македонија; подготвува комитски чети кои влегувале и вооружено се судирале со српските полициски и воени формации во Вардарска Македонија под српска власт; дејствува во опозицијата на бугарската влада на А. Стамболиски; учесник во 9-то јунскиот преврат и задушување на Септемвриското востание; потписник на Мајскиот манифест.

***************************

https://www.macedonium.org

Жаклина Михајлова, поетеса

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*************

 

 

 

 

БОЖИЛАК - (ВИНОЖИТО)

  • Волшепство од сонце и дожд креирано,
    дисперзирано низ призмата на боите,
    две страни-два краја и пак од среќа,
    така еден, а така далечен, бесконечен.

    Велат да го допреш богат ќе бидеш,
    велат под небо да се протнеш
    среќата пред тебе за век ќе шета,
    велат, ама се' премеруваат и пребројуваат
    и богатството и среќата да ти ја делат.

  • Божилак бев на едниот крај еднаш,
    божилак божемен, блажена жена,
    божилак волшебно слиен со крајот крај друг,
    божилак божествен лак, а споен во круг.

    За кратко само во потрајот спокој сетив,
    за кратко само во душата мир осетив,
    за кратко само носев преслатка рана
    за кратко, како Божилакот и јас бев во нирвана.

***********************************************

Автор: Жаклина Михајлова

БОЖИЛАК - ВИНОЖИТО

Kind regards. 20 Јануари 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 191

ВИДЕОТЕКА

***************