И ШТО СЕГА, ПРЕТСЕДАТЕЛЕ?

Сотир

 

 

Сотир Гроздановски-Македонски

РАКОВОДСТВОТО НА ВМРО-ДПМНЕ  Е НЕДОСЛЕДНО НА СВОИТЕ ОПРЕДЕЛБИ

 

 

 

Можеби да не е, само народот тоа "не го гледа", а претседателот Христијан Мицкоски, пак, нема лидерска смелост да излезе и да го разувери во своите искрени накани. 

 *****

Затоа, деветти јануари 2019 година ќе биде забележан во историјата на македонскиот народ, како ден на стравот и неизвесноста. Како необичен ден, во кој се одлучуваше  за судбината на Република Македонија и идентитетот на Македонците. Ден, зимски, снежен и студен. Но, сепак, ден не секојдешен! Ден кога Македонците одлучно им рекоа НЕ на пратениците во македонското Собрание; НЕ промена на Уставот на Републиката, како предуслов за самообезличување и тивко самоумирање во сопствениот срам. Срам и презир од слободољубивиот цивилизиран свет; НЕ преименување во Северна Македонија, како циничен, арогантен и понижувачки услов за влез во НАТО и влез во Европската Унија! И како ден, кога раководството на ВМРО-ДПМНЕ немаше смелост да го поздрави народот и го докаже своето лидерство. 

Но тоа, како да не беше доволно  важен настан за ВМРО-ДПМНЕ! Нивното комплетно раководство дојдено како набљудувачи, а не како лидери кои требаа да застанат на чело на колоната и да го поведат народот во одлучен отпор против владата на Заев и спасување на Република Македонија, беше само срамотна фарса и измама на Македонците!

Излезот на луѓето беше доволен да ги извлечка пратениците на ВМРО-ДПМНЕ надвор  од Собранието,  но, и тоа беше измама, зошто знаеја дека на Заев не му се потребни. Не му се потребни сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што "независната" група, "одметници " од матичната политичка партија, веќе ја потполна "црната дупка" од која на Зоран Заев му зависеше победата.

Атмосферата беше достоинствена, со по некој излив на незадоволство предизвикано од игнорантното однесување на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Повеќе пати беше повикуван да дојде на  бината  да ги поздрави присутните, нив неколку илјади, но тој не покажа интерес тоа да го стори. Многу од присутните го потсетија господинот Мицкоски дека неговото физичко присуство не е доволно да го докаже и неговото политичко дејствување. И дека од тоа многумина ќе извлечат свој заклучок.

Изјавата  дека ќе бидат секој ден со народот, не беше сватена сериозно. Причината за тоа? Па, зошто неговата резервираност да се вклучи во протестот,  како лидер на "најголемата опозициска политичка партија",  сега, кога секој ден е важен за Македонија и Македонците,  изостана. Изостана, со што отворено докажа, дека не е заинтересиран да влезе во конфликт со странските фактори, во одбрана на својот сопствен народ и сопствената држава. Неговите "стратешки"  цели се само НАТО и Европската Унија! Па така, кога на кантарот ги стави националните интереси на Македонците и интересите на македонските внатрешни и надворешни непријатели, превагна втората страна. 

Не без очекувања, седницата во Собранието беше  "прекината", бидејќи на Зоран Заев "му недостасувале"  гласови за да го добие толку саканото двотретинско мнозинство.   Па така, таа вест внесе лажна  искра на надеж кај народот, верувајќи, дека уште повеќе гласови на пратениците ќе недостасуваат на идното заседание, закажано за 10-ти  јануари 2019 година во 12 часот, на пладне.

Ако пак таа надеж се изјалови и амандманите бидат прифатени, Заев ќе биде победник, но не во полза на Република Македонија и Македонците, туку во полза на непријателите, на кои постоењето на македонската држава им е трн во очите.  

Со губењето на вековното име на македонската држава и националниот идентитет на Македонците, ќе им се исполнат злосторничките планови и желби на Западот. Нивната фобија од името Македонија, ќе "исчезне". Ќе "исчезнат" и сите злосторства врз Македонците во егејскиот дел на Македонија, потоа   во Пиринскиот, како и оној, под окупација на Албанија. Следствено, ќе "исчезне"  и една  библиска држава заедно со "Македонското прашање" на Балканот, но не и Македонците. Ние ќе бидеме сведоци за причините  кои не обезличија, зошто  нема   да се мрднемe, од овие простори! Грција ќе ликува, ама до кога? Ќе се роди друг Филип и некој друг Александар, кој  пak ќе ги поздрави кај Херонеја со порака: - никогаш, преку планината Олимп! Тоа е за сигурно! А за домашните изроди и предавници, македонскиот народ ќе најде место кое го заслужуваат! И тоа е повеќе од сигурно!

Нас, Македонците, не'  има низ цел свет. Места за криење, има се' помалку!  И тоа ќе биде за сигурно! Ова не е закана, туку само предупредување!

За разлика од предходниот,  на  10-ти јануари 2019 година  лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак се појави пред  Собранието на Република Македонија  и  со однапред подготвен говор, им се обрати на  народот. 

Навидум возбуден од глетката пред себе, мислејќи народот одново се собрал пред Собранието само заради него и неговите придружници,  се задржа најповеќе на личноста Зоран Заев, како предавник, криминалец и кариерист. Но за чудо, не кажа ниту збор против неговите надворешни газди, за чии интереси и работи. 

Во продолжение на  говорот, од над половина час, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со ниту еден збор не ја спомна  "меѓународната заедница" и НАТО како соучесници во трагедијата, која ни ја наметнаа со нивната воена и економска моќ. Само истакна, дека нашиот пат е во Европа и Нато. Но не кажа како и кога. Дали како Северна Македонија или како туѓ протекторат во кој ќе бидеме само нивна ефтина работна сила.

Е, ако е тоа така, господине Мицкоски, тогаш не ни се потребни  лидери кои ќе не водат во таква  држава, која не е наша! Зошто  таа нова држава со измислено име и безимен народ, нема повеќе да ја грее сонцето македонско, ниту пак ние во неа ќе   ги чувствуваме   племенитите  души, на нашите предци.

Спрема вестите од 11-ти јануари 2019 година, Зоран Заев победил и ја "завршил", за час, агонијата со која не давеше, цели две години! Република Македонија добила ново име, "Северна Македонија", а  народот во неа со гласачките копчиња на пратениците се прекрсти во "северно македонски"!

До колку сето ова ќе пројде, во наредниов период, ќе се докаже дека Христијан Мицкоски го знаеше исходот на гласањето и ако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не беа присутни. На Зоран Заев, тој криминалец и изродник, како го нарекуваше многу пати во својот говор Христијан Мицкоски, однапред  му беше обезбеден доволен број раце,  за да победи: рацете на едни од "најнелојалните" членови  на ВМРО-ДПМНЕ, побегнати од јатото за да му помогнат,  на идниот претседател на Северна Македонија!

Тоа би значело, "ЧИЧА МИЧА, ГОТОВА Е ПРИЧА"!

Па така, овој негов предкампањски говор  беше само предигра за главната, која ќе се изигра  пролетва или летото што ни доаѓаат; - за на наредните избори да може да го смени Заев од неговото "историско" столче и тој да седне, како иден премиер и докусурувач на се' она,  што Зоран Заев не стигна да продаде.

Неговиот не така уверлив говор на 11 јануари пред Собранието на Република Македонија, во тој случај, беше само чиста фарса. "Ќе пробам со мојата Влада  да направам се' што можам за да си го вратиме изгубеното, но не верувам дали ќе успеам, рече Христијан Мицкоски", и продолжи: "некој сака да не скара со нашите најдобри западни пријатели и да ги обвини нивните амбасадори дека работеле против нашите национални интереси. Не! Јас ги знам земјите од каде што тие дојдоа во Македонија, зошто сум бил нивни стипендист за време на моето школување"! "Тие се наши пријатели. Зоран Заев работи се' на своја рака!", рече Мицкоски со половина уста!

Да, Зоран Заев е главниот  виновник, како извршител на странските планови, меѓутоа,  ВМРО-ДПМНЕ, заедно со  другите македонски политички партии, како пасивни набљудувачи на настаните кои ескалираа рапидно, неможат да ја избегнат својата вина. Нивната пасивна улога во урнисувањето на македонската држава и губењето на македонскиот национален идентитет, постана активно соучесништво и несметана подршка во неговата "мисија". Таа беше само уште една вешто изиграна игра и фрлање пепел во очите на членовите на ВМРО-ДПМНЕ и македонскиот народ! А улогата на Никола Груевски во оваа пародија на ВМРО-ДПМНЕ? Па тупаницата на македонскиот народ да ја добие Христијан Мицкоски, "кои може да издржи и поголем срам, од што народот може да си замисли", како што и самиот си рече за себе!

Но, иако обезглавени,  вистински патриоти, претежно жени, пензионери, инвалиди...постојано го држат огништето на отпорот, да не згасне. Македонската ПУЗА се претворува во пламен, и постанува мотивација за оние, кои се' уште несреќата на Македонија не ја чувствуваат за своја. Дека пламенот кој ги голта куќите на соседите нема да допре до нивните домови! Но тој се шири, се шири, драги мои на секаде каде што нема отпор, се' дури не ја зафати целата земја и да не проголта сите заедно, без разлика на вера и национална припадност.

Меѓу многуте такви борци за спас на македонските национални интереси и името на земјата не е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, туку е хероињата и вистинската патриотка, Ана Бобинкова. Македонската Јованка Орлеанка. Мотиваторка и инспираторка на сите кои ја љубат и во срцата ја носат нашата Татковина! Татковина Македонија таква, каква си ја сакаме! 

француската хероина, од времето на 100 годишната војна помеѓу Англија и Франција (1337 - 1453) со нејзината храброст и љубов кон Татковината беше мотивација за француските војници, а гордост за францускот народ. Нашата, македонска хероина, Ана Бобинкова, е мирнодопски борец за заштита на македонските национални интереси,  чии непресушни говори би требало  да се мотивација, пред се', за македонската млада популација,  врз чии примери на патриотизам,  идните генерации би ги граделе, своите животи!

 

Па, нека ние на здравје сега за сега, а  за подоцна, ќе видиме!

 Конечно шегата, не била само шега!

 

Секогаш, Ваш Сотир!

Ана Бобинкова

 

 

Александар Димковски

 

Александар Димовски

АКО Е ОВА ПОЧЕТОК, КАКОВ ЛИ ЌЕ БИДЕ КРАЈОТ?

****************

 

Се плашам дека со текот на времето, со притисоците, промените и отстапките што допрва ќе следуваат, од хибриден режим, како што сега не' класифицираат, ќе се претопиме во хибридна нација. За да биде појасно, хибрид е кога насилно се индуцираат, вметнуваат или модифицираат различни морфолошки или генетски својства во одреден избран субјект. Со текот на времето, ваквиот хибрид може целосно да ги изгуби своите автохтони својства и карактер.

*****************

Првпат по повеќе од 25 години во новинарството се соочувам со еден феномен или можен парадокс, статијата да ја пишувам во својата родна татковина, а нејзиното објавување, ден потоа, да се случи, под претпоставка, во сосема друга држава, со сменето име и сменет уставотворен поредок.

Собраниската седница закажана за петок (11 јануари), во 12 часот, не е почната ни по три часа од првично предвидениот термин. Од друга страна, сигналите што доаѓаат во пресрет на седницата се дека парламентарното мнозинство сепак ќе ги изгласа уставните измени, со што Република Македонија ќе престане да постои како држава и ќе се преименува во нов субјект, како Северна Македонија.

Затоа она што сакам да го истакнам во оваа пригода и историски момент, за да остане забележано за сегашните и идните генерации, се условите и околностите во кој дојде до ваква ситуација. Колку и да тврди некој дека ова е историски договор и влог во иднината, на сите им е повеќе од јасно дека Република Македонија целиот период со месеци беше принудувана на капитулација со кршење на нејзиниот грб и на сите меѓународно важечки правни норми, декларации и стандарди. Ние дури самоволно и свесно ја амнестиравме и пресудата од Хаг против Грција, односно ја амнестиравме Грција од секаква вина, иако судот одлучи сосема поинаку. Случајот со Македонија веројатно ќе се изучува како досега незабележан и уникатен пример во меѓународното право, но исто така и во рамките на домашните уставни и законски прописи.

Затоа е чесно пред граѓаните да се признае дека горчливиот вкус на наводниот компромис го чувствуваат сите, и власта и опозицијата, иако се трудат, помалку или повеќе, да го прикријат тоа. Кога Пандорината кутија беше отворена, веќе стана јасно дека уцените и пазарењата стануваат наша врвна политичка доктрина, наместо сите отворени прашања и проблеми да се решаваат низ институциите на системот, низ пропишани законски процедури и, се разбира, никако на штета на правната држава, односно на штета на нашите национални интереси.

Но Беса и Алијансата на Албанците, впрочем, го применија истиот метод (условувања, уцени и отстапки) со кој претходно се дојде и до посакуваното двотретинско мнозинство. Уцена за глас. Кога претходно помина амнестијата, веројатно политичките играчи мислат дека сега веќе може да помине се'. И додека во Собранието продолжуваат драмата и пазарењата, неопходно е да се навратиме малку на историјата за вистински да се отслика и воочи значењето на моментот, некогаш и сега. Македонските граѓани својата јасна определба за самостојна, независна и суверена држава под името Република Македонија ја искажаа на референдумот одржан на 8 септември 1991 година.

Огромниот, незапамтен одзив на гласачите, од кои речиси 95,09 % заокружија "ЗА", јасно ја отслика волјата на македонскиот народ. Вакви бројки и толкав одзив потоа немаше на ниту едни парламентарни, претседателски и локални избори или друг вид гласање во државата. Во таа насока резултатите сами по себе говорат за успешноста на тој референдум. Но не е само одзивот. Еуфоријата, среќата и славењето што следуваа денови и месеци потоа меѓу граѓаните не може да се опишат со зборови. Каква е состојбата сега?

Собраниската расправа за изгласување на новото име на државата од самиот почеток на процесот, па до вчера е проследена со серија политички контраверзии, мноштво небулози и правни недоречености. Два-тројца политичари седнати еден спроти друг преговараат и договараат што да остане, ашто да отпадне од Уставот. Дојдовме до таму што, замислете, се преговара дали изразот "македонско" треба да остане како опис за државјанство, или треба да отпадне, зашто не било во согласност со нечии етнички чувства!?

Сите пратеници што деновиве се исправени пред предизвикот кое копче да го притиснат, носат товар голем како планина. Во некои идни политички мемоари и сеќавање  сето ова веројатно ќе биде детално објаснето и опишано. Притоа не смее да се заборават ниту пропаднатиот референдум од 30 септември 2018 година, протестите и неаздоволството на граѓаните и, секако, континуираното газење врз принципите на нешто што значи правна држава и меѓународно право.

Сите овие факти ќе останат врз наша глава, кога утре можеби ќе се разбудиме во новоименувана држава. А, се разбира, најмногу врз грбот на политичарите, чија одговорност е и најголема. Но, од друга страна, за секогаш ќе остане и прашањето дали влегувањето на ваков начин во НАТО или во ЕУ, оди во прилог на вредностите и стандардите за кои се залагаат овие две организации. Велат, целта ги оправдува средствата, но со ниски средства не можат да се остварат високи цели. Западните политичари и сите оние што директно или индиректно беа вклучени во притисокот и разбитувањето на Македонија можеби ќе имаат за што да се срамат.

Впрочем, токму тие реномирани и високорангирани западни авторитети, како британски "Економист", на пример, во својот најнов извештај, се искрени и ја оценуваат Македонија како хибриден режим. Но ова е само политичка класификација. Се плашам дека со текот на времето, со притисоците, промените и отстапките што до прва ќе следуваат, од хибриден режим, може да се претопиме во хибридна нација.

За да биде појасно, хибрид е кога насилно се индуцираат, вметнуваат или модифицираат разни морфолошки или генетски својства во еден одреден избран субјект. Со текот на времето, ваквиот хибрид може целосно да ги изгуби своите автохтони својства и карактеристики и да стане нешто сосема друго. Јуџин Макарти од универзитетот "Џорџија", еден од најпознатите светски научници што се занимаваат со хибриди, на пример тврди дека човекот настанал со вкрстување машка свиња и женка шимпанзо. Колку и да звучи неверојатно, хибриди нема само во митологијата, туку и во реалниот живот. А, секако, најмногу ги има во кревките демократии. Поради што и Македонија, нели, според најновите светски рангирања, е класифицирана како хибриден режим.

Затоа, оние што мислат дека  ова е крајот и дека од утре ќе почне да тече мед и млеко во Македонија, сериозно се залажуваат. Ова е само почеток на еден долготраен макотрпен процес, исполнет со постојани закани, уценувања и обиди за деградација. Грчки извори веќе најавија дека побарале ревизија на сите македонски учебници  и исфрлање од нив се што не им се допаѓа. Притоа не смееме да заборавиме дека преговорите со ЕУ се долг процес. При отворање на секое ново поглавје, Грција, Бугарија или друга членка може да испорачуваат нови и нови барања и да не' условуваат со нивно исполнување, без разлика дали тоа ни се допаѓа или не. Сето тоа е пат во непознато, со многу скриени замки и стапици.

Македонија барем до сега не покажа цврст и принципиелен преговарачки став и, во тој контекст, од нас ќе се очекува да попуштаме секогаш кога ќе се побара тоа од нас. На домашната политичка сцена востановениот систем на пазарења, уцени и условување исто така ќе продолжи. Притоа ќе се зголемуваат и апетитите и барањата на политичките играчи.

Сето тоа, наместо со  помирување и обединување, може да резултира во се' поголемо сегментирање во секој поглед. Постепено бришење и губење на националните и идентитетските обележја, пак, ќе создаде погодно тло за разни хибриди. Затоа и дилемата во насловот "ако е ова почетокот, каков ли ќе биде крајот". Навистина, може ли некој да го предвиди крајот, што на граѓаните им се претставува како  рај?

 

www.novamakedonija.com

12 јануари 2019 година

 

 

 

 

ОД МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА

**************

 

 

 

Филип II Македонски

www.svest.mk

ДЕСЕТ ФАКТИ ЗА ГОЛЕМИОТ ФИЛИП ВТОРИ МАКЕДОНСКИ

***********************

Можеби очекувавте дека во овој текст ќе прочитате за Александар Македонски, но и покрај тоа што тој ја изградил најголемата империја што некогаш постоела, говориме за кралот Филип Втори, без кој Александар не би бил владател на светот.

Ви ги пренесуваме десетте факти за таткото кој секогаш е во сенка на својот син:

10. Бил заробеник во Теба

Околу 371 година п.н.е. постариот брат на Филип, кралот Александар Втори, бил приморан да потпише мировен договор со Теба, откако ја изгубил војната во Тесалија. Клучен услов бил да им го предаде својот 15-ет годишен брат Филип.

Излегло дека токму тоа било доста поволна работа за младиот принц, затоа што таму научил се' за Теба, а тоа му помогнало во неговото понатамошно владеење. Тренирал во војската на Теба (најмоќна во тоа време), но ја изучувал и нивната администрација.

9. Го наследил кралството во најлош момент

После смртта на својот брат, во 359 година п.н.е. Филип седнал на тронот. Македонија која ја наследил била во хаос. Илирите се подготвувале да нападнат од запад, Тракијците од исток, а Атињаните од југ. Ги окупирале македонските рудници и им давале подршка на ривалите на Филип.

Новиот крал реагирал со голема брзина и донесувал мудри одлуки елиминирајќи ги сите препреки. Ги подмитил Тракијците со скапоцени дарови и им го отстапил Амфипол на Атињаните со цел да купи време и да собере војска. Служејќи се со нови тактики, им се спротивставил на Илирите и целосно ги поразил во битката во 358 година.

8. Ја трансформирал војската на Македонија

Најважната промена која Филип ја вовел се однесувала на војската. Тој ја трансформирал граѓанската милиција во армија со добро обучени професионалци. Основен адут на неговата војска била фалангата, збиена и закосена формација составена од . тешко вооружени војници. Секој носел 6-метарско копје, што им давало голема предност во битките. Фалангата била поделена во единици, од кои секоја имала свој заповедник, што ја олеснувало комуникацијата и маневрирањето во борбата.

7. Ја изградил Македонија по примерот на Персија

Како непобедлив крал, Филип воспоставил македонска доминација над грчките градови. Меѓутоа, главната слабост на неговото владеење лежела во недостатокот на добро структурирана и стабилна држава. Филип често се занимавал со внатрешните работи во државата.

Затоа, применувајќи го знаењето кое како млад го стекнал во Теба, одлучил да изгради поразлична Македонија по примерот на Персија. Наместо директно да ги окупира и контролира оддалечените градови, тој им давал независност, а првите луѓе директно одговарале пред него. Воспоставувајќи ваков облик на контрола, Филип ги користел нивните ресурси, притоа не трошел ресурси за нивната контрола.

6. Во борбите заработил многу повреди

Филип сакал да ја предводи војската. Лично бил на чело на коњаницата и ја делел опасноста со која се соочувале неговите луѓе. Тоа, без сомнеж ги инспирирало неговите војници и им давало предност во тешките битки, но Филип плаќал и висока цена. Претрпел многу повреди кои трајно го промениле.

Во време кога починал, 336 година п.н.е., "спомените" од битките биле видливи на целото негово тело. Го изгубил десното око при опсадата на Метонија, 354 година, кога го погодила стрела. Поткуцнувал на левата нога поради голема рана која ја заработил од тракијско копје. Ја скршил клучната коска, а една од неговите раце била речиси неупотреблива. 

5. Имал седум жени

Многумина знаат дека Хенри осми имал осум жени, но Филип Втори имал седум и тоа истовремено! Аудата, Фила, Никесиполис, Олимпија, Филина, Меда и Клеопатра, биле неговите сопруги кои во неговиот живот не влегле поради љубов, туку ппоради чиста политичка амбиција.

Најдобар пример е мајката на Александар, Олимпија. Филип со неа се оженил во 357 година со цел да ја обезбеди западната граница на Македонија. Тоа се покажало како мудар потег, затоа што се зацврстил неговиот сојуз со Епир, а тоа му овозможило да се концентрира на завземање на атинскиот град, Амфиполис.

4. Својата најзначајна битка ја добил кај Херонеа

Како што растела моќта на Филип, атинскиот политичар Демостен работел на градење антимакедонска коалиција со Теба, која најпосле му објавила војна на Филип. Кралот собрал војска и тргнал во пресрет на напаѓачите од југ.

Во близина на Херонеа во 338 година п.н.е. двете големи сили се судриле. На десното грчко крило се наоѓал 300 свети тебански чети, а наспроти нив се наоѓал младиот принц Александар со својата коњаница. Атињаните на левото крило нападнале први, но Филип на својата војска и' наредил да се повлече на тоа крило, со цел да остави празен простор помеѓу двете крила на Теба и Атина. Тогаш ја опколил нивната војска и потоаа настрадале повеќе од половина од војската на Теба. Сојузниците побегнале од военото поле и ја предале победата на Македонија.

3. Грчките градови ги контролирал преку Коринтскиот сојуз

После победата кај Херонеа над двете најсилни полиси, идејата да ја завземе цела Грција созреала. Филип ги собрал сите грчки градови во Коринт и им ветил мир. Условите биле: градовите држави да се здружат во Коринтски сојуз под управа на Филип.

2. Зад неговото убиство можеби стоел и самиот Александар

Филип во 338-та година п.н.е. сакал да се ожени со Клеопатра, жена која припаѓала на високиот сталеж во Македонија. Веројатно сакал да добие наследник со чиста македонска крв, што создало судир со неговиот син Александар, кој сакал да биде единствен наследник.

За време на прославата, Филип бил избоден од младиот Македонец Паусани. Убиецот се обидел да побегне, но го фатиле и убиле пријателите на Александар. Бидејќи и самиот тој бил пријател на Александар, некое време принцот бил осомничен дека тој го нарачал убиството. Во секој случај, новата жена на Филип, вдовицата Клеопатра и нивното дете, набрзо биле убиени од мајката на Александар, Олимпија.

1. Не се знае каде се наоѓа неговиот гроб

Археолозите во 1977 година се надевале деја ја пронашле гробницата на Филип во Егејска Македонија во близина на Солун. Меѓутоа, подоцна се воспоставило дека гробот од 317 година п.н.е. не бил на Филип.

Неодамна е испитуван уште еден гроб во близина исто така на Солун, во кој е пронајден скелет на 45-годишен маж (кој одговарал на оној на Филип за време на смртта) заедно со остатоци на една жена и бебе, поради што се' повеќе се мислело дека е гробницата на македонскиот владател.

Меѓутоа, друг извештај тврди дека генералот Касандер го кремирал телото на Филип, па така веројатно никогаш нема со сигурност да знаеме каде почива големиот македонски крал.

 

*************************

 

 

 

Томе Велков, поет

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*****************

 

 

 

 

 

ПО ТРАГИТЕ НА ГОЛЕМАТА ЛАГА

Од необјавената: "Таа чудесна земја".

  • Велат дека сме измислен род,
    Велат дека немаме иднина.

    Тоа е добро за нас,
    Колку повеќе ни го споменуваат името,
    То лку повеќе осознаваат за нас.

    Но вината не е кај нив,
    туку кај нас.
    Не растегнуваат од меѓа до меѓа,
    Од граница до граница,
    Од континент до континент,
    Затоа не има на секое свето место,
    Кај што човекот.
    направил покрив,
    А ние засадиле љубов.

    Тајната за нас не е кај вас,
    Туку кај нас.

  • Не ја спознавме
    Зашто бевме неуќи.

    Незаситеноста е желба за уште,
    Бес на сатрапите за се' што е наше,
    Злодејците од ист род
    Ни ја пијат крвта
    Во тунелот на надежта.

    И понатака ќе ја голтаме лагата за нас
    Како вистина,
    Зашто империјални ветрови,
    Ни ја дуваат свеста.

    Во хаотично анархистично,
    Апокалиптично видение,
    Но вината не е кај нив,
    Туку кај нас.
    *************
    Автор: Томе Велков

ФЕНИКС - Огнена птица!

**************

ПОЗДРАВИ ПО ПОВОД ПРАВОСЛАВНАТА НОВА 2019 ГОДИНА

Сотир со семејството

**************************************

Kind regards : 15 јануари 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 190

ВИДЕОТЕКА

*********