Сотир

Сотир Гроздановски-Македонски

ВО МИНАТОТО Е НАШАТА ГОРДОСТ И МОЌ,  ИДНИНАТА,  ЗАВИСИ ОД НАС!

**************

Идејата за општество без граници е утопија за малиот човек, а рај за силните. Такво општество  води назад  кон  првобитната заедница, кога неказнет, силниот го јадеше слабиот, без отпор. Општество како широко поле без граници, по кое галопираат милиони животни, гладни и жедни.  Без одговорност, но и без никакви права. Како дрва без корен и гранки без стебло.

Човекот не е  животинска врста, за еднократна употреба! Човекот е интелигентно суштество, кое зад себе остава белези од своето постоење: - добри или лоши. Затоа минатото е  извор, од кој човекот се храни и духовно созрева. Без вградени вредности од минатите генерации,  иднината е празна страница, на која нема ништо. Минатото е корен на науката, без која нема напредок ниту благороден живот. Живот, различен од животот на другите животни, кои му служат за храна, но и храна едни на други. Па затоа, кој мисли дека може без минато  да стигне во некоја иднина, се лаже себеси и сите околу себе. Ќе битисува како лилјак, во пештера.

Општества без минато се како едногодишна билка со живот,  без иднина.   Ако го трампаме нашето минато за иднината која ја гледаме во  НАТО и Европската Унија, како едногодишни билки со плитки корени, ка'де ќе се вратиме кога тие еден ден неминовно ќе престанат да постоат? Зарем Македонците се животни за експерименти на соседите? Ако среќата е во  иднината, тогаш зошто алчните соседи се борат за нашето минато? За нашето богато материјално, културно и духовно наследство? 

Во таквата "светла" иднина не водат домашно неодгоени празноглавци, примитивци, криминалци, изроди, предавници, со чувства за живот од денес до утре! Како  отровни билки, кои ја загадуваат македонската почва и ја прават неплодна.

Но не е се' во горе реченото. Има многу повеќе од тоа што се гледа на површината од грчките проблеми со нашето име, исто како и на Бугарските и Албанските. Сите се служат со НАТО и Европската Унија како  со некоја Баба Рога, од која треба Македонците да се плашат и да се продаваат самите себе си. Зошто? Затоа што нашата држава ја водат аматери и луѓе кои не му припаѓаат на македонскиот род. Само народ, кој е идентитетски врзан за државата и кој нема друга матична, во која секогаш може да се врати и биде дел од народот, на кој му припаѓа, може да биде државнотворен народ. Затоа, тоа мора да се менува!

Името на македонската држава е само еден  од проблемите наметнати од соседите, и  "Меѓународната заедница". Тоа не значи дека цел цивилизиран свет е против Македонија и Макединците, и ако се именува со "Меѓународна заедница". Во неа спаѓаат само оние, кои си ја имаат мувата на капата. Само оние, на кои им е туѓото помило, зошто немаат свое со кое би си ги заситиле своите преголеми апетити и оние, кои на Македонците им нанеле големи и нечовечки злосторства. Злосторства, какви несакаат да им се случат на нивните земји и народи. 

Пред некое време во печатот прочитав нешто што ме поттикна да го напишам овој текст. Да го напишан и да ве потсетам, дека оваа 2019 година е одлучувачка за нашиот опстанок и дека се' зависи од нас самите. Ако вистински  сакаме да го испереме срамот кој ни го нанесе македонската Хунта, на чело со мангупот Зоран Заев и неговата криминална дружина, треба добро да го прочитаме и разбереме  и долниот текст. Во него ја имаме можноста да си ја вратиме својата едина матична држава и ги сместиме изродите и злосторниците таму, каде им е местото. 

Но, не е само тој текст кој ме поттикна на овие редови. Има и еден, кој го пренесе најстариот македонски весник, "Нова Македонија". Се работи за поранешниот македонски дипломат, Коста Стоименовски и неговата колумна од 28 декември 2019 година под наслов : "Обнова на Австро-Унгарија". И уште еден друг, од војно-хушкачот Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО и неговите наредби до Македонците и Грците да "до 15 февруари 2019 година  ги извршеле обврските, од Преспанскиот договор"! 

Интересно! Нели? Пак ни се појави на сцената, гневниот Столтенберг. Човекот, поставен на погрешно место кој го урива угледот на НАТО. Или можеби е баш тој правиот човек, како и Зоран Заев, за предизвикување  потреси  и немири во светот!

Но, во секое зло има и по нешто добро. Кај нас, тие потреси и немири предизвикаа и предизвикуваат хомогенизација на Македонците во одбрана на својата држава и зачувување на својот национален идентитет.

Предизвикувачите се секогаш арогантни примитивци. Тие се најобични  злосторници и туѓи платеници кои стоат цврсто на своите нозе,   се' дури ги бранат големите небески птици-злосторници и варварскиот дух на нивните газди. А после тоа, постануваат најобични плачковци и кукавици,  изигрувајќи "невини" јагниња. Во средба со жртвите, пак, од кога ќе ја загубат моќта која ги правеше Богови на животот и смрта, изигруваат покајници, товарејќи ги своите поранешни господари и наредбодавци, со причинетите злодела!

Но, после е.... нема каење! Господине генерален секретару! Вели трпеливиот Македонец!

Народот не рекол за џабе дека: - кој ќе се фати за меч, од меч и ќе загине!

Но, ајде да видиме зошто баш нив ги ставив во мојов текст!

Прво, нашиот сонародник и поранешен висок функционер во Министерството за надворешни работи (МНР) во функција на ДИПЛОМАТ, господинот Коста Стоименовски,  еден од "понижените" кој "побегнал" од МНР, па сега на некој начин им се свети на своите пријатели, кој се надвор од дометот на неговата "малинхерка".

"Пред триесетина години, поточно во времето кога се уриваше Берлинскиот sид, еден унгарски дипломат во Варшава, со кого имавме воспоставено блиски пријателски односи и мошне добра и коректна соработка, во еден разговор ми рече: 'Да знаеш, сега ќе се обновува Австро-Унгарија!' И ништо повеќе од тоа!...обновената држава формалноправно и територијално ги опфаќа Австрија, Унгарија и соседната Германија, во нивните актуелни граници...Вели господинот Стоименовски и продолжува: - во тие времиња, деведесеттите од минатиот век, во амбасадата на Република Македонија, во Белград, беше и Миле Крстевски, кој во авионската несреќа кај Мостар, погина заедно со претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски. Тој, добро соработувал со некој дипломат од Унгарската амбасада во Белград, задолжен и за Македонија. И така, на замолба од пријателот Унгарец,  Крстевски да му препорача некој човек од Македонија со кој би можел да разговара за меѓународната проблематика и многу други работи што го интересирале,  го упати на мене.  Се сретнав со Унгарецот неколку пати, ете така, на филџан кафе, но, кога му реков дека наскоро ќе бидам вработен во државна функција, не добив  повеќе покана на 'кафе муабет'!"

"Кога, пак, во нашата држава беше обелоденета аферата "Шпион", во која се споменуваат повеќе функционери, вклучувајќи и некои од Собранието на РМ кои на разузнувачи од Унгарија и од некои други земји им предавале важни документи, беше јасно дека странски разузнувачи ја "преоруваат" нашата држава!"

Е, сега доаѓаме до поинтот кој е важен за содржината на неговата колумна во Нова Македонија!

"Дали е чиста случајност тоа што поранешниот македонски премиер, сега бегалец, како дестинација ја избра токму Унгарија во која суверено владее неговиот политички побратим Орбан, кој му даде политички азил?" Се прашува Коста! 

Знаеме дека Унгарскиот премиер Орбан и ако Унгарија е членка на НАТО и Европската Унија, на бриселските бирократи остро им се противставува секогаш, кога се работи за унгарските национални интереси. Некако слично како и Никола Груевски. Меѓутоа, Македонија не е Унгарија!

Заради притисоците од надвор и закани од новоинсталираниот,  премиер, Зоран Заев, Никола Груевски од страв за својата лична безбедност, најде засолниште таму, каде би бил заштитен од СДСМ, тој и неговото семејство.

Но, нашиот праведник од редовите на оние кои би ја продале Република Македонија за помалку од грст жолтици, Коста Стоименовски, не застанува тука, кај Никола Груевски. Поранешниот претседател на Владата на Република Македонија му беше само параван зад кои стоеше нешто друго, со кое сакаше да влијае врз совеста на македонскиот човек и да му го сврти вниманието од она што се случува со Македонија денес и плановите кои следат за конечно урнисувањето на Република Македонија! Затоа, тој оди и понатака!

Понатака, промовирајќи ги пеколните планови и програми на странските фактори, со кои би требало македонската држава, со помош на квислингот  Зоран Заев  да се преименува во Северна Македонија, а на македонскиот народ да му се одземе националниот идентитет, и така најлесно да се реши "македонското прашање", во полза на Грција, Бугарија и Албанија. Придобивките на Грција би биле ослободување од сите гревови и злосторства извршени врз  Македонците за време на, таканаречената, Граѓанска војна во окупираниот егејски дел од Македонија; трајна сопственост на окупираниот егејски дел на Македонија; рацете на странските злосторници би биле чисти од македонската крв; а мирисот од изгорените  Македонски тела  би исчезнал од нивните облеки. Но, што е најважно од се', вината за распаѓањето на македонската држава и губењето на македонскиот национален идентитет би се  натоварил врз грбовите на Македонците. Како "глупи" самоубијци, "недостоини" да имаат своја сопствена држава!

Еве што тој ни порачува на крајот од својата колумна. При тоа,  смислено, без збор да изусти за деструктивниот   договор со Грција од 17 јуни 2018 година  и последиците по националните интереси на Македонците. Тој, како и некои како него, зборува за "придобивките" од влезот во НАТО  и Европската Унија.

"Мудрите Германци, но и мудрите Чеси, не се осврнуваат на минатото, туку ги гледаат иднината и интересите на нивните држави и нивните граѓани! Никој не го споменува минхенскиот договор (1938), ниту декретите на Бенеш! - и продолжува: - благодарение првенствено на мошне конструктивното однесување на Германија, за разлика од Централна Европа, која е насочена кон соработка, градење на иднината и на благосостојбата на нејзините граѓани, Балканот, за жал, се' уште е закопан во минатото. На Балканот, наместо за сегашноста и за иднината, се зборува за небески народи, за библиски земји, за најстари цивилизации и слично. Подучени од минатото исполнето со војни, се надеваме дека и балканските земји дефинитивно ќе тргнат по патот на земјите од Централна Европа и ќе се определат за мир, за развој на добрососедски односи и соработка во интерес на сегашните и идните генерации!"

Господине поранешен ДИПЛОМАТ, не би ли било поарно наместо да објавувате вакви колумни во македонските медиуми, тоа да го направите во грчките и европските гласила и ним да им го објасните значајот на договорот со Грција на начин како ние го гледаме, а не Германија или нашите соседи. Ако вие не ја разбирате неговата деструктивна содржина за нас Македонците и за македонската држава, тогаш би  можело за вас да се каже дека сте за жалење и дека не сте поарен од вашиот идол и водач, аболицираниот криминалец и лажливец, Зоран Заев.

Зарем добрососедската соработка со Бугарите, Албанците, Грците и Косоварите треба да биде на штета на македонските национални интереси? Вие, господине Стоименовски си ја поставувате тезата и од таму ја почнувате својата плитка и неприфатлива аргументација дека: македонската држава е вештачка а македонската нација е творба на Тито. Потоа, Македонците немаат минато и дека се најмлади доселеници на овие наши простори, а со тоа и дека античката македонска држава и нејзината цивилизација се сопственост на Грците! Ако навистина така размислувате, тогаш не си ја познавате својата сопствена историја, но и вистинската грчка античка историја. И затоа сте за жалење!

Губењето на македонскиот јазик, зошто бил дијалект на бугарскиот јазик или дека Албанците во Македонија се државотворен народ со право да бидат внесени во македонскиот Устав, потоа елиминирање  на АСНОМСКА Македонија за вас не значат ништо? Ако вие, господине Стоименовски така ги сваќате работите во полза на иднината без минато, тогаш вие сте исто така за жалење , заедно со  многу како вас. Требате да знаете, дека Македонците не се дрво без корен!

А сега уште неколку реченици за господинот Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО:

Што има НАТО со Република Македонија па да неговиот највисок функционер се однесува како Македонците да се Собови од земјата од која доаѓа. Зарем овај човек, кој не заслужува да биде примен на македонско тло ниту како турист, а уште помалку како некој претставник на војна организација која пали и уништува до каде ќе стигне по светот  си зема за право да  се однесува толку непристојно и не цивилизирано према нас Македонците и да не се прогласи за персона нон грата?

На референдумот од 30 септември 2018 година Македонците се изјаснија јасно и гласно дека не се ниту за НАТО, ниту за ЕУ, ниту за договорот потпишан меѓу два ненадлежни министри за надворшни работи, на Првата и Втората страна. И тоа не заради  што не сме заинтересирани за влез во овие две организации, туку заради понижувачките услови, уцени и закани упатени кон нас, потомците на еден чесен, мирен, древен, слободољубив и со длабоки корени во минатото, народ. Закани и уцени за сам да се обезличи и самоубие, пред да им дозволите, господине Столнбергер, да пристапи и да биде членка на НАТО и ЕУ, во некои недогледни времиња. 

Ако тоа не беше доволно јасно речено, со бојкотирањето на септемврискиот референдум, џабе секаков понатамошен разговор со луѓе кои ги газат основните демократски начела и одредбите на Повелбата на ООН за човекови права. Со луѓе, кои не сметаат за стока, со која можат да се однесуваат на чуден и не цивилизиран начин. Со луѓе, кои ги кршат начелата за правото на народите и државите на  самоидентификување  и самоименување. 

Однесувањето на господинот Столтенберг спрема нас, Македонците, е не допустиво, а неговите закани и нецивилизирани уцени дека без промена на името на Република Македонија во некоја измислена Северна Македонија немало влез во НАТО и ЕУ, се за секоја осуда и презир.

МАКЕДОНИЈА НЕ Е СОПСТВЕНОСТ НИТУ НА НАТО, НИТУ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА, ГОСПОДИНЕ ЈЕНС СТОЛТЕНБЕРГ. МОЖЕТЕ ДА НЕ БОМБАРДИРАТЕ, НО НЕМА ДА НЕ СОТРЕТЕ. СМЕ БИЛЕ СО МИЛЕНИУМИ ТУКА И ТУКА ЌЕ ОСТАНЕМЕ ЗА СЕКОГАШ!

 

За секогаш Ваш, Сотир!

 

 

КОЛОЖЕГ. Инфо

ПРОГЛАСЕНО НАРОДНОТО СОБРАНИЕ, А ИСТОРИСКИТЕ 1-ВО ЈАНУАРСКИ ДЕКРЕТИ ЈА ВРАЌААТ УЗУРПИРАНАТА ВЛАСТ НАЗАД НА НАРОДОТ! 

***********************

01 јануари 2019 година

 

ПРОГЛАС

 

Народното Собрание на Република Македонија се формира на 31 декември 2018 година на Првото заседание на кое го донесе прогласот за формирање и ги усвои првите историски 1-во јануарски декрети и го подготвува Второто заседание на Народното Собрание кое наскоро ќе се одржи во слободна Република Македонија, во следниве денови, недели, месеци и како резултат и плод на општиот Македонски отпор и непокор кон неговото бришење од семејството на светските државотворни народи.

Народното Собрание, црпејќи го својот легитимитет од украдениот Македонски патриотски изборен глас, од масовните двегодишни протести, бојкоти, блокади, петиции, правни и меѓународни иницијативи во Македонија и низ целиот свет, како и од масовно урнатиот предавнички референдум од 30-ти септември 2018 година, очекува во следниве денови, недели брз колапс на нелегитимните власти неподржани ни од својот народ ни од меѓународниот, со исклучок на неколку исто така нелегитимни претставници на воено-хушкачкиот глобален фашизам. Но вој случај на продолжување на немање доблест за изборна демократска проверка на изборно непроверените и неодобрени дејствија на нелегитимната Хунта и продолжено диктаторско владеење со примена на сила од страна на рака платеници, Народното Собрание е подготвена институционална и правна рамка и за долгорочно обезбедување на Македонскиот државен континуитет и во следниве месеци и години, со немоќните со плетење на џемпери, чорапи и прибирање храна за силните борци и бранители на Македонија преку партизански и комитски одреди во глобалната револуција заедно со сите братски слободољубиви народи против светските анти-народни и корумпирани воено-хушкачки елити.

За таа цел ве известуваме дека се формирани тела, времен Президиум на Народното Собрание од 5 члена составен од претседателите на комисиите-врвни професионалци во своите области-и кои ќе се дополни до 9 члена (со можна промена и на составот на сегашните 5 члена) како и назначени претседатели на комисиите за устав, одбрана, економски прашања, меѓународни односи и за правда. Исто така се побарани и се разгледуваат предлози за кандидати за состав на Преодната Техничка Влада.

Македонски народе, од денес власта е вратена во твои раце, обезбеден е правниот, уставниот и институционалниот континуитет на Република Македонија како твоја држава и сите одлуки од 27-ми април 2017 година до денес вклучително и било кои идни на нелегитимните институции се прогласуваат за невалидни. Подржи ги своите народни институции со бојкотирање на нелегитимните окупаторски марионети и со ставање под авторитет на народната власт како поединец, како професионалец и преку членство во Македонски партии, организации, движења, клубови, асоцојации кои се на браникот на борбата за опстанок и зачувување на државноста на Македонскиот Народ на овие исконски простори.

Со ова, Народното Собрание од 1-ви јануари 2019 година објавува враќање на власта на народот и одземање на законодавната и извршната власт од нелегитимните и однадвор назначени окупаторски: Собрание и Влада и ја почнува борбата за зачувување на Македонија со усвојување и објавување на следните декрети (подолу дадени во целост):

1. Декрет Бр. 1. Усвојување состав и работни тела, деловник, програма за работа и дневен ред на Првото Заседание на Народното Собрание (Јавен документ).

2. Декрет Бр. 2. Информирање на Претседателот на Републиката за свиканото Прво Заседание на Народното Собрание и последователното преземање на законодавната власт од страна на Народното Собрание до новите избори. (Испратен до претседателот на Република Македонија Ѓеорѓе Иванов).

3. Декрет Бр. 3. Започнување на обнова на Уставот на Република Македонија во духот на Уставот од 1991-а и АСНОМ-скиот дух. (Интерен документ). 

4. Декрет Бр. 4. Формирање на Народно-Ослободителни сили на Република Македонија од Армијата на РМ, Единиците на МВР, Резервниот Состав и Доброволни Патриотски Одреди. (Интерен документ засега. Ќе се  објави подоцна).

5. Декрет Бр. 5. Информирање на меѓународните фактори за преземање на законодавната власт од страна на Народното Собрание. (Испратен до Меѓународни организации и државите членки на ООН).

6. Декрет Бр. 6. Формирање на Преодната техничка Влада за организирање на новите избори и собирање предлози за кандидати за нејзиниот состав. (Интерен документ).

7. Декрет Бр. 7. Усвојување на политичка, економска, социјална и безбедносна програма за работа и спроведување од страна на преодната Техничка Влада. (Интерен документ).

8. Декрет Бр. 8. Информирање за преземањето на законодавната власт од страна на Народното Собрание и на извршната од страна на Техничката Влада и ставање под контрола на сите Македонски државни органи, агенции, институции, администрација од општинско до национално ниво до нови избори, во рок од 6 месеци. (Испратен до институциите).

Македонски народе, Честита Слободата! Македонија вечна!

Технички Секретаријат на Народното Собрание на Република Македонија

31-ви декември 2018 година

******

НАРОДНО СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Декрет Бр. 1.

Усвојување состав и работни тела, деловник, програма за работа и дневен ред на Првото Заседание на Народното Собрание.

Народното Собрание на Република Македонија на 31-ви декември 2018 година го прогласува своето формирање и ги утврдува следните раководни и работни тела:

1. Времен Президиум од 5 члена, кој ќе се прошири (и/или промени) до 9 члена на следното заседание кога ќе се избере претседател на Президиумот на Народното Собрание на Република Македонија.

2. Комисии (уставни, економски, политички, меѓународни, одбранбени, социјални, здравствени, земјоделски, туризам, технологија и информатика, млади).

 

Дневен ред на Второто заседание на Народното Собрание на Република Македонија 

1. Прогласување на Народното Собрание,

2. Усвојување на 1-во Јануарские Извршни Декрети за преземање на власта од нелегитимното Собрание и Влада,

3. Усвојување на основните и темелни принципи на Македонската државност (види документ основни и темелни принципи),

4. Усвојување на програмата на Техничката преодна Влада и предлози за нејзиниот состав ( види документ програма на техничката Влада на Народното Собрание),

5. Разгледување на Уставот предложен од уставната комисија (ќе биде доставен).

Декретот стапува во сила веднаш. Неизвршувањето повлекува кривична одговорност според сегашниот Устав и законите на Република Македонија.

Президиумот на Народното Собрание на Република Македонија

Скопје, Македонија, 1-ви јануари 2019 година

(Копија, оригиналот архивиран)

**************

 

НАРОДНО СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Декрет Бр. 2.

Информирање на Претседателот на Републиката за свиканото Прво Заседание на Народното Собрание и последователното преземање на заонодавната власт од страна на Народното Собрание до новите избори.

Народното Собрание на Република Македонија го повикува Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов да:

1. Стави крај на рушењето на Уставот од нелегитимното Собрание и врз основа на гаранцијата да го распушти собранието и владата.

2. Да го иницира процесот за продолжување на членството во ООН под уставното име, Република Македонија.

3. Да прогласи вонредна состојба и да ги обезбеди границите, градовите и населените места во Република Македонија, согласно со Декрет Број 4 на Народното Собрание за формирање на Народно-ослободителните сили на Република Македонија од доброволни  одреди и од силите на Безбедноста на Република Македонија: Армијата на Република Македонија, единиците на МВР и резервниот состав.

4. Да рабти на распишување и одржување на демократски избори заедно со Преодната Техничка Влада, согласно со Декрет Број 6 на Народното Собрание за формирање на Преодната Техничка Влада на Република Македонија, која ќе ја преземе извршната власт и во рок од 6 месеци, ќе организира демократски избори, во Република Македонија.

5. Народното Собрание со Декрет Број 8  ги стави под свој авторитет сите државни и јавни институции на Република Македонија и со Преодната Техничка Влада ќе обезбеди континуитет во функционирањето на државата во сите нејзини сфери и овластувања.

Декретот стапува на сила веднаш. Неизвршувањето повлекува кривична одговорност според сегашниот Устав и законите на Република Македонија.

 

Президиумот на Народното Собрание на Република Македонија

Скопје, Македонија, 1-ви јануари 2019 година

(копија, оригиналот архивиран)

******************

 

НАРОДНО СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Декрет Бр. 5

Информирање на Меѓународните фактори за преземање на законодавната власт од страна на Народнто Собрание и на извршната од страна на Техничкаѕа Влада и ставање под контрола на сите Македонски државни органи, агенции, институции, администрацијата од оштинско до национално ниво.

Народното Собрание на Република Македонија со овој декрет ги информира сите меѓународни фактори, организации, асоцијации и сите држави членки на ООН дека од 1-ви јануари 2019 година ја превзема законодавната и извршната власт во Република Македонија од нелегитимните и однадвор назначени марионетски и окупаторски Влада и Собрание и ја враќа назад на народот до следните демократски избори, во рок од 6 месеци.

Нивните незаконски, анти-уставни, анти-демократски дејанија се документирани и оспорени и се наоѓаат во процедури и пред Уставниот Суд и во Јавното Обвинителство на Република Македонија и во Основното Јавно Обвинителство-Скопје.

Народното Собрание, како единствена легитимна институција го признава Претседателот на Република Македонија, Ѓоѓе Иванов.

Народното Собрание со Декрет Број 4 ги формира Народно-ослободителните сили на Република Македонија од доброволни одреди и од силите на Безбедност на Република Македонија: Армијата на Република Македонија, единиците на МВР и резервниот состав.

Народното Собрание со Декрет Број 8 ги стави под свој авторитет сите државни и јавни институции на Република Македонија.

Народното Собрание со Декрет Број 6 ја формира Преодната Техничка Влада,  која ќе ја преземе извршната власт и во рок од  6 месеци ќе организира демократски избори, во Република Македонија.

 

Президиум на Народното Собрание на Република Македонија

Скопје, Македонија, 1-ви јануари 2019 година

(копија, оригиналот архивиран)

**************

 

НАРОДНО СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Декрет Бр. 8.

Информирање за преземањето на законодавната власт од страна на Народното Собрание и на извршната од страна на Техничката Влада и ставање под контрола на сите Македонски државни органи, агенции, институции, админстрација од општинско до национално ниво.

Народното Собрание на Република Македонија го информира Македонскиот народ, граѓаните и сите институции на Република Македонија дека ја презема одговорноста за Македонија од нелегитимните и однадвор назначени марионетски и окупаторски Влада и Собрание и повикува:

Ставете се под авторитетот на Народното Собрание во одбрана и безбедување од криминалното, правно непоткрепеното и незаконското рушење  на уставниот поредок на Република Македонија. Секое учествување идавање административна подршка на работата на нелегитимниот, пучистички парламент ќе се смета за соучесништво во анти-уставните насилнички акти во Собранието и ќе биде најстрого казнуван според законите на Република Македонија.

Нивните незаконски, анти-уставни, анти-демократски дејанија се документирани и се оспорени и се наоѓаат во процедури и пред Уставниот Суд и во Јавното Обвинителство на Република Македонија и во Основното Јавно Обвинителство-Скопје.

Се документира и подршката која свесно или несвесно се дава од граѓани и компании кои со тоа стануваат соучесници во криминалната активност на нелегитимната самопрогласена власт кои немаат никаква подршка од Македонскиот народ ниту надвор освен неколку исто така нелегитимни претставници на глобалниот военохушкачки фашизам.

Браќа и сестри, сограѓани, не дозволувајте вашите семејства, презимиња да влезат во црната македонска историја поради подршката на неизбрани, нелегитимни, самопрогласени власти. Не дозволувајте по падот на Квислиншката Хунта вие да бидете тие што заедно со нив непотребно ќе ги плаќате нивните дебели сметки за обидот на рушење на уставниот поредок на Република Македонија.

Декретот стапува во сила веднаш. Неизвршувањето повлекува кривична одговорност според сегашниот Устав и законите на Република Македонија.

 

Президиум на Народното Собрание на Република Македонија

Скопје, Македонија, 1-ви јануари 2019 година

(копија, оригиналот архивиран)

 

 

 

Д-р. Наде Проева

Професор по историја Наде Проева

  СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - ТРОЈАНСКИ КОЊ

*****************

 

Во времето на донесување на уставни измени почна агресивна, како никогаш досега, негаторска кампања од страна на официјални претставници на Бугарија. На прво место треба да се спомене Каракачанов, вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија, со изјавите (од 8 и 9 декември 2018) дека македонскиот јазик бил бугарски дијалект, како и изјавата на Захариева, министерка за надворешни работи на Бугарија, дека Македонците требало да се освестат и да станат добри Б'лгари.

Изветвената бугарска кампања за негирање на се' што е македонско сега е во непосреден сооднос со името на нашата држава од преспанската спогодба. Имено, во времето на преговорите за преименување на Р. Македонија бугарските државници изјавуваа дека за нив воопшто не е прифатливо името Република  Северна Македонија, бидејќи делови од северна Македонија биле во Бугарија, та според тоа имало територијални претензии во истата онаа смисла како што според Грците, имало името Македонија. Потоа наеднаш замолчеа, што кај нас од многумина беше сфатено како знак дека големиот брат ги присили да молчат. Преговорите завршија како што завршија, и "братјата Б'лгари" повторно се огласија, што покажува дека веројатно станува збор за договорен грчко-бугарски сон за делење на Македонија: ние, неосвестениве Бугари да влеземе во Бугарија, а најзападниот дел во Албанија.

Очигледно на Балканот се' уште не се завршени Балкански војни, та така во годината кога се одбележува стогодишнината од завршувањето на Првата светска војна, кога беше зацементирана поделбата на Македонија, продолжува негирањето на македонскиот јазик и народ. Така, Каракачанов отворено се закани дека ако сме инсистирале на македонски јазик, тоа ќе ја чинело Македонија членство во ЕУ.

Според бугарските политичари, за жал и за поголем дел од историчарите, нема македонска историја зашто Македонците се Бугари. Соодветно на тоа, има само бугарска историја и тоа треба да се испегла во македонските учебници од страна на политичка, пардон, "експертска" комисија предводена од доктор на историски науки што не прави разлика меѓу нација и држава, па во медиумите изјавува (13 декември 2018 година) дека ние како најмлада нација на Балканот сме требале да направиме: "...поголеми отстапки за да се решеле спорните историски момени со Бугарија... и сме морале да голтнеме кнедли за доброто и мирот на сите". Притоа се повикуваше на аргументите на новокомпонираните историчари: " ако сме се затвореле во национализам и етноцентризам, ако сме тврделе дека сме директни наследници на Александар Македонски 'при што гласно се насмеа, без да каже во кој учебник го пишува тоа), иднината немало да ни биде светла."

Од оваа изјава, која покажува елементарно незнаење (патем речено, најмлада држава, пардон, според докторот на науки, нација е Косово!), кристално е јасно дека наместо со историја напишана од научници, учебниците ќе бидат испишани со договорена, инструментализирана и фризирана историја.

 

Во оваа пригода накратко, за бугарските аргументи за измислениот македонски јазик и нација, односно за нивното непостоење.

Тврдењето за божемната бугарска припадност на македонскиот народ се поткрепува со фактот, што во изворите се користи името Бугари. Но, треба да се каже дека византиските и поствизантиските историографи го користеле името Бугари за севкупното, како словенско така и несловенско население во бугарската држава, која од средината на 9-от век ја опфаќала и Македонија. По востанието на комитопулите, пак, Самуил создал нова држава во Македонија, со центар во Преспа и Охрид, а не во Бугарија! Притоа Самуил ја узурпира титулата на детронираниот бугарски цар Борис Втори, зашто во тоа време само владателите во Рим и во Константинопол (денешен Истанбул) имале право да носат царска титула, imperator, basileus,  т.е. цар. Со тоа, терминот Бугари, произлезен од политичката ознака на државата, го потиснал народносното (етничко) име на македонското население, заменувајќи го со државноправното име. Значи, овој термин, освен етничко значење, имало и правно, за означување на државната припадност.

Во средниот век ваквата практика била вообичаена: така на пример германската држава во 10-от век се нарекувала Римско Царство, а нејзините императори "германско-римски" цареви. Жителите на Источното Римско Царство, од историчарите наречено Византиско, до крајот на османската власт во изворите се нарекуваат Romaioi/ Ромеи, без оглед на нивната етничка припадност. Тоа е така, зашто во средниот век се' до 18-от век нема поим за нација, во денешна смисла на зборот.

Втората причина за најдолгото опстојување на терминот Бугари за Македонците е тоа, што по признавањето на црквите на новосоздадените кнежевства на Балканот, жителите во Османската Империја биле означувани според припадноста на црквата: како Болгари (егзархисти) или Грци (патријаршисти). Имено, во обидите на соседите за присвојување на Македонија, Македонците почесто се приклонувале кон Бугарската отколку кон Грчката црква, зашто грчкиот јазик им бил неразбирлив. Дека не станува  збор за бугарско население, во етничка смисла на зборот, се гледа од пишаните извори во кои јазикот на словенските просветители, светите солунски браќа, Кирил и Методиј, прв кодификуван словенски јазик според говорот на македонските Словени од околината на Солун, не се нарекуваа бугарски, како што го прекрстуваат бугарските историчари, туку словенски. Тоа е старословенски јазик, книжевен јазик на словенските народи се' до 18-от век, од кој во текот на времето се развиле модерните словенски јазици, што се гледа од црковнословенските извори пишувани на македонска, српска, бугарска, руска, хрватска и др- редакции, во зависност од локалниот говор на пишувачот.

 

29 декември 2018 година

http://mn.mk/aktuelno/

 

 

Славе Катин

Славе Николовски-Катин

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

ДЕЛ 43

ОСУДАТА И УБИСТВОТО НА ФИЛОТА И ТАТКО МУ ПАРМЕНИОН

*******************

 

Разбирливо е што античките Македонци со своето едностојно зголемување му се противставија на својот крал, Александар Македонски, кој стана многу чуден по смртта на Дариј, бидејќи по него тој се сметаше за негов законски наследник. Дали античките Македонци ги изразија своите тајни тешкотии и судири кога презрените ориенталци станаа рамноправни со нив? Наскоро се појави притаено незадоволство кое понекогаш доведуваше до жестоки судири меѓу кралот и неговата околина.

Во отсуство на автентични информации, не може точно да се определи дали првата од трите катастрофи што се случија во текот на овие години на војната во Источен Иран е последица на опишаните односи, или причина беа единствено личните мотиви, но веројатно се случило првото. Се знае само дека во есента на 330 година, додека Александар Македонски беше се' уште во главниот град на Дрангијана, прв пат имаше заговор против него. Не се дозна кои се подлабоките причини за тоа.

Но прикриениот интерес на писателите најавуваше дека Филота бил замешан во тој обид. Инаку Филота беше постариот син на Парменион и најбрилијантниот офицер во војската, кога Александар Македонски го направи командант на кралските следбеници. Обвинет за учество во заговорот, Филота беше изведен пред Собранието на македонската војска компетентна да ги суди античките Македонци во случај на предавство. Александар Македонски лично и на строг начин го водеше судскиот процес, а Филота се бранеше.

Воениот суд го осуди Филота на смрт, а егзекуцијата беше веднаш извршена по македонски начин, со фрлање копја во него. Ништо друго не се дознава во врска со извршувањето на казната, ниту, пак, тоа зошто Филота, иако бил информиран за заговорот, не го предупредил Александар Македонски и покрај тоа што секојдневно бил со него. Причините за ваквото однесување на Филота не се познати.

Доколку овој извонредно горд и амбициозен офицер, како што е речено, остро го критикувал Александар, дури некогаш и во Египет, не беше доволно да се докаже неговото учество во заговорот, иако тоа можеше да влијае врз судот. Дали и пресудата беше праведна или не, не може да се каже.

Може да се сфати дека воениот суд, кој функционираше на регуларен начин, беше убеден во неговата невина, додека Аминта, синот на Андромен и неговите браќа, кои поради пријателските односи со Филота беа обвинети пред истиот суд, ја докажаа својата невиност и беа ослободени од обвинението. Осудувањето на Филота се смета за законско убиство и не треба да се сфати како грешка на Александар Македонски, туку на Собранието на македонската војска.

Од друга страна, пак, Александар Македонски има вина за извршувањето на свирепото убиство на Парменион, таткото на Филота. Подоцнежните извори на информации што потврдуваат дека и Парменион беше осуден од Воениот суд, ја фалсификуваат историјата во корист на Александар Македонски. Меѓутоа, се претпоставува дека акцијата на Александар Македонски беше преземена со посебно овластување дадено од војската за да ја зачува својата безбедност. 

Тоа се случи кога Александар Македонски на своја одговорност, веднаш по осудувањето на Филота, испрати наредба до потчинетите на Парменион во Медија да го убијат, а наредбата беше веднаш извршена. Тоа е најмрачниот дел во животот на Александар Македонски. За тоа во голема мера недостасуваат поцелосни извори на информации кои би дале нешто автентично, наместо претпставки за мотивите на дејството.

Тоа би било многу важно за оценката на карактерот на Александар Македонски. Тој беше вцрсто убеден дека Филота е виновен. Но, дали во некоја пригода претпоставуваше дека и татко му беше учесник во заговорот? На ова, всушност, тешко може да се поверува, доколку се земе предвид со каква лојалност Парменион му служеше како прв човек во неговата војска, како што му служеше и на Филип Македонски, иако од време на време доаѓаше до различни мислења меѓу двајцата.

Освен тоа, до колку Александар Македонски веруваше во неговата вина, можеше да го затвори и да го испита пред војската како и неговиот син. Уште повеќе е веројатно дека Александар Македонски се плашеше од Парменион да не ја слушне веста за убиството на својот син Филота, што природно би го сметал за неправда, би можел да ја искористи својата значајна позиција, што пред неколку месеци му беше доверена во Екбатана, да се одмазди, потпирајќи се врз своите единици и царското благо, со кревање бунт против Александар Македонски, во западниот дел на Блиска Азија.

Дали беше опасна ситуацијата што таткото на убиениот син ги  котролираше комуникациите во заднината на Александар Македонски? Дали со тоа се објаснува големата брзина со која Александар Македонски ги испрати пораките со таинствената наредба за егзекуција, пред да се рашири веста за осудувањето на Филота? Секако, не постоеше друг начин да спречи веста да дојде до Парменион.

Така како што вели Аријан, можно беше ваквите причини на државната политика да го принудат Александар Македонски да ја предложи смртта, како што може со право или не да се верува дека тоа е во интерес на самозаштитата од Парменион и за обезбедување на своето царство.

За Александар Македонски не беше тешко да предвиди дека овој акт ќе предизвика грозење и одвратност кај целиот антички свет, особено сред неговата војска, каде што Парменион беше многу ценет, а уште повеќе меѓу старите Македонци од школата на Филип Македонски. Се разбира, тој презеде остри мерки, кога по извршувањето на пресудата Македонците го изразија своето незадоволство.

Ги одвои луѓето во кои се сомневаше и ги изолира од војската. Меѓутоа, ваквата состојба веројатно не можеше долго да опстане. Иритиран од откривањето на заговорот и од незадоволството што го гледаше кај своите македонски придружници, Александар Македонски покажа дек не може да трпи опозиција.

Во врска со случајот на заговорот, Александар Линкестијан, кој му изрази благодарност при стапувањето на должност, но кој во последните три години беше в затвор под сомнение за предавство, беше изведен пред Воениот суд, потоа осуден и убиен. 

Во изминатите две години Александар Македонски се' повеќе го прифаќаше начинот на живеење на Големиот крал. Околу есента 328 година тој беше во Мараканда по победоносната година на војување во Согдијана, каде што повторно се кренаа бунтови. Подоцнежните извештаи ги обојуваат фактите за да им одговараат на теориите, така што тешко е да  се определат деталите.

Веројатно најдостојна информација е онаа на Плутарх, која се чини оди од поназад до некои добри стари извори во кои фактите биле едноставно потврдени. Според овој извор, Александар Македонски, една вечер откако добил овошје од приморјето, ги поканил своите пријатели на веселба.

Атмосферата се' повеќе се загревала, поради виното од Туркестан, кога одеднаш по пеењето на една локална песна со подбив за сметка на некои македонски офицери што наскоро биле поразени, односно за храброста на античките Македонци, се поведе дискусија меѓу Александар Македонски и неговиот пријател Клит, кој пред тоа му го спаси животот на Граник.

Во текот на расправата на Клит му здодеаја погледите на Александар, па направи бесрамна алузија за него како син на Амон, а под влијание на слаткото вино не можеше да ја прикрие својата внатрешна интима, па му го кажа на кралот тоа што нему и на неговите другари од дворјанството им тежеше на душата за предностите што им беа дадени на Персијанците и за усвојувањето на персиската облека.

Кога на крајот му рече дека подобро беше да ги поканел варварите и робовите, Александар Македонски, кој исто така се имаше напиено повеќе вино, во лутина фрли со јаболкото и го удри Клит по главата, а овој посегна со раката кон камата. Меѓутоа, телохранителот брзо му ја фати раката.

Се чини дека Александар погрешно го сфати тоа и го протолкува како предавство. Тој им викна на македонски на своите хипасписти и му нареди на барабанџијата да даде знак за тревога. Барабанџијата имаше храброст да не го послуша, а Александар Македонски го удри со тупаница по лицето.

Кон бесот спрема Клит треба да се додаде и гневот и возбудата од недокажаниот заговор. Во тој момент Клит, кого неговите пријатели успеаја да го истуркаат надвор од собата, влезе повторно од друга врата и му упати уште една навреда на кралот.

Во тој миг Александар Македонски ја загуби контролата на разумот, го зграпчи копјето од телесната стража и го прободе својот пријател. Овој настан многу го вознемири, па така истоштен помина три дена во длабоко каење, без храна и вода.

Кој би бил во состојба да ја оцени оваа брза ерупција на човечки чувства, слична на онаа од природните сили? Која страна треба повеќе да се осуди? Двајцата пријатели кои се препираа, не беа двајца вистински мажи, туку тоа беа два различни погледи на светот кои експлодираа од елементарен бес. Ужасната сцена ни ја осветлува состојбата на чувствата кои постојано се зголемуваа меѓу македонските следбеници на Александар Македонски, со промените во концепцијата на неговата кралска положба.

 

Продолжува

 

Империјата на Александар после неговата смрт.

Панде Манојлов, поет

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

****************

 

 

 

 

 

КУЌА ПАРАБРОД

  • Можеби тоа беше нашата куќа,
    нашиот дом
    во кој ќе векуваме,

    Можеби тоа беше
    куќа - укотвен параброд
    со кој допловил
    прадедо ми
    колку да мине војната,

    Првата Балканска,
    Втората Балкансака,
    Првата светска,
    Втората светска,

    Колку да мине ропството
    те турско,
    те триш каурско.

    Можеби, таа куќа
    беше само колиба,
    во колибата - ние и сиромаштијата,

  • во пондилата - добитокот,
    надвор злодоба и арамии,
    кодоши и заптии,
    милиционери и шпиони...

    Ако,
    велеше дедо ми,
    ќе мине и ова,
    само
    огништето да не згасне
    и крстот на црквата
    да не падне...

    Беше таа куќа палата
    на надеж и топлина,
    беше таа куќа
    наша татковина,
    куќа параброд
    на отворено
    Македонско море!
    **************
    Автор: Панде Манојлов

Македонска Божиќна трпеза.

 ЧЕСТИТ И БЛАГОСЛОВЕН ПРАВОСЛАВЕН БОЖИЌ НА СИТЕ ХРИСТИЈАНИ ОД ПРАВОСЛАВНА ВЕРОИСПОВЕСТ, БИЛО КАДЕ И ДА СТЕ!

 

Kind regards: 05 јануари 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 188

ВИДЕОТЕКА

************