Сотир

Сотир Гроздановски-Македонски

АМЕРИКАНСКИ ИСТОРИЧАРИ СЕ ИЗВИНУВААТ ЗА УЧЕСТВОТО НА ЗАПАДНАТА ДЕМОКРАТИЈА ВО СОЗДАВАЊЕТО НА ЛАЖНАТА  ГРЧКА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

**************

Ништо на светов не останало тајно. Конечно и од Америка доаѓаат документи за вештачкото креирање на Грција и нејзината, така наречена "супериорна" цивилизација и наука. Лажниот темел на западната цивилизација, конечно, се стресе,  зошто лагите, сепак, когаш тогаш излегуваат на виделина.

Уште пред неколку години самите Грци ја изнесоа вистинската вистина и тоа не само така, туку со видео запис, од ТВ Скај, за кои можевте да читате и комплетен превод од Грчки на македонски јазик во бројот 35 на "Македонски Збор", под насловите: "Секоја историја треба да се темели врз вистината" или "Документи кои ја шокираа Грција". 

Ова што излезе во американскиот печат The ONION не е само, ете така, случајност. Тоа е доказ и дело на притисокот кои и ние го правиме врз светската јавност, користејќи  ја современата технологија за комуникација и со неа чепкање по историските документи, со десетлетија чувани по црните подруми на светските библиотеки и архиви.

Исповеста за сопственото учество во создавањето на грчкиот мит за супериорноста на нивната наука, врз која се темелеше и се' уште е втемелена Западната цивилизација дојде како крем на убава торта  за тие, на кои нејзиниот вкус и мирис им причинува задоволство. Впрочем, уште во далечната 2010 година, поточно на 10 јули 2010 година, Понеделник, во Вашингтон, група од врвни историчари имаа прес конференција, во просториите на National Geographic Society. Таму, ИСТОРИЧАРИТЕ си ја чистеа своја извалкана совест.

Совеста  е важно и длабоко лично чувство, која ако е нечиста, го нагризува човека, како ни една друга тешка болест. Но за жал и покрај тоа, уште многу меѓу нас благовремено не се консултираат со неа, пред да се впуштат во авантури од кои цел живот ќе се срамиме и на крајот, од нашиот световен животен пат ќе умреме, а душата ќе ни заврши на буниште.

Тоа денес се случува со нашите "законодавци" во Собранието, или така наречената "куќа на срамот", на Република Македонија. Во него, група од 120  неодговорни предавници и изроди на својот сопствен народ, ја продаваат македонската држава и идентитетот на Македонците. Тие, заедно со премиерот  Зоран Заев, најголемиот злосторник и лажливец во историјата на македонскиот народ, ги довршуваат конечните подготовки за промена на Уставот на македонската држава. И не само тоа! Тие брутално и насилнички ги деградираат жртвите на Македонците кои на  2 август 1944 година во македонскиот свети храм "Прохор Пчински" ги удрија темелите на возобновената древна македонска монархија, во лицето на Република Македонија.

Бришењето на  државотворните АСНОМ-ски темели на Република Македонија и внесување на Охридскиот капитулантски договор  со албанските терористи - балисти,  како нов темел на Република Македонија, е длабока навреда за македонскиот народ.

Но, да видиме што станува со историчарите во Вашингтон!

Тие, во продолжение на својата исповест го изјавија дословно следното: "Ние, во потполност ја фалсификувавме и реконструиравме древната Грција заедно со културата, за која долго време се мислело дека е интелектуален темел на Западната цивилизација"! 

Групата историчари потврди, дека идеата за супериорното и напредно општество во Грција, од пред две илјади години било само фикција, дело на тим составен од 20 до 30 историчари, антрополози и класичари, кои работеле без престанок помеѓу 1971 и 1974  година на фалсификувањето на "Грчките" документи и археолошки артефакти. 

"Искрено, никогаш не ни паѓаше на памет дека сите овие заблуди и фалсификати ќе одат толку далеку", изјавил професорот Џин Хедлбери (Gene Haddlebury),  кој понудил и оставка на положајот-претстојник на катедрата за Хенелистички студии при престижниот Универзитет во Џорџ таун (Hellenic Studies at Georgetown University). "Бевме млади и настојувавме да успееме во нашите кариери, па така започнавме со своите колумни за Хомер, Аристотел, Сократ, Хипократ, за реториката, етиката и тнт. Чудо од разни колумни - се' што ни паѓаше на памет". 

Спрема професорот Хедлбери, идејата за измислување на една лажна древна култура се родила кога тој и еден негов колега разговарале за периодот во Европа 800 години пред појавата на Христијанството, за кој појма немале.

Разочарани заради немање повеќе  податоци на располагање, за тој фамозен историски период, како и немање полза од разговорите со археолозите, побарале совет од   колегите кои во тоа време се мачеле со проблемите и потеклото на астрономијата, картографијата и демократијата. И така, една вечер, некој од колегите истресол шега и рекол: "За се' се криви Грците. Тие направија се' пред 2000 години"! И така, за момент, една нова и "влијателна" цивилизација, излета од пепелта. Рекол професорот Хедлбери! Потоа, едно по друго, стигнавме до Илијадата на Хомер! Меѓутоа, не беше така лесно да се излезе на крај со сета оваа комплицирана игра со вистината и креирање на нешто од ништо. Хедлбери продолжил, споменувајќи го епот од Илијадата, верувајќи дека со него ќе ги постави темелите на западната литературна традиција.

Меѓутоа, требало да продолжат и понатака во непознато. Баш во тие времиња,  наводно кустосот на Смитсониот музеј побарал помош од колегата Хедлбери. Музејот добил прилично голема сума пари да организира изложба за древниот свет, но, немал артефакти и пишани документи за таква една изложба. На историчарите им се допаднала идеата и започнале да го реализираат својот амбициозен план.

Започнало тркалото на фалсификувањето на грчката античка историја и цивилизација да се врти, комплетно со нејзини поети, филозофи, богови и херои, што подоцна биле сржта на школските учебници, универзитетските студии, заклучно со полето на хуманизмот.  

Емилија Нгујен-Вајтмен (Emily Nguyen-Whiteman) една од помладите научници која се дружела со "ноќните птици" кои работеле на проектот, ни објасни  дека  целата  древна грчка архитектура  е базирана врз зградите и монументите во  Вашингтон, ДС, вклучувајќи ја и банката преку патот до кафе барот, каде се сретнале и разговарале за идеите околу митологијата и некои други работи од интерес за младите авантуристи.

"Ја избравме Грција, бидејќи сметавме дека никој нема да оди таму и да испитува", рекла Емилија Нгујен-Вајтмен. "Сте биле некогаш таму? Тоа е место за извоз на ѓубре. Како некој напуштен каменолом  полн со мачки. И додаде, "Но сепак, луѓето почнаа да доаѓаат  и да гледаат да најдат некој "древен" предмет за себе. И одеднаш се најдов во Атина цело лето  градејќи го и од бога напуштениот Партенон, ете толку, колку да ги покријам нашите траги.

Емилија исто така ни откри дека била задолжена да фалсификува документи од почетокот на Библијата, до пишувањата на Томас Џеферсон кои би требало да изгледаат како "Класично грчки", должност, во која беше вклучено и креирање  јазик врз модерниот грчки, но кој би требало да се применува како претходниот,  антички јазик.

Историчарите, исто така, им открија на репортерите дека некои од така наречените грчки идеи,  во стварност биле Римски, изменети до максимум и потоа  "подарени" на лажните грчки претци. Меѓутоа за некои други  пак, тврдеа дека се нивни.

"Геометријата? Таа беше комплетно Кевиново дело", рече Хедлбери, мислејќи на  поранешниот дипломиран студент Кевин Давенпорт. Таа беше предавана, во тие времиња, во средните училишта ама не како негова, Давенпортина геометрија, туку Еуклидианска?

Изворите тврдат, дека долгите непреспиени часови го исцрпиле Давенпорт и после слабиот прием на неговото дело за хомоеротицизмот во војската на Спарта, ја напуштил групата.

Во изјавата, на крајот од прес конференцијата, групата научници кои учествуваа во фалсификувањето на грчката античка историја изразија "искрено извинување" заради нивното мамење на светот, во поглед на грчката антика цели 40 години и потоа изразија надеж, дека нивното дело ќе преживеело, со својата сопствена вредност.

Па браќа и сестри, и ако ја знаевме вистината за создавањето на грчката држава и грчката античка цивилизција, сепак, сега кога тоа го слушнавме од изворот од каде течеа лагите и неправдите вградени во грчката цивилизација и нивните "богати" традиции и "уштепобогати" научни сознанија заедно со нивните умни научници, филозофи, оратори, политичари, книжевни дела и така натака во недоглед, треба душата да ни се смири, зошто победата е наша во секој случај. Зошто, до колку нивната античка цивилизација е најобичен фалсификат врз која се' уште почиваат темелите на западната цивилизација, тогаш на овие простори се' што им е подарено на Грците, за да бидат некои и нешто, се вредности на македонска цивилизација, за кои вредности ќе слушнеме уште многу. Се надевам дека ќе му дојде  акалот на историчарите и ќе сватат дека светската историја, а не само грчката,  е чист фалсификат и  ќе мораат да ја препишат така, да личи на историја.

Но до тогаш, ни останува да си ја довршиме должноста кон Македонија. Сите заедно и обединети да ги истераме велепредавниците на криминалецот Зоран Заев и да му покажеме на светот дека Македонија и Македонците се вечни. Дека Библијата не се менува, само може да се фалсификува, но тогаш, таа не е повеќе Библија во која се почитуава Јудеизмот и Македонизмот.

Да ги истераме предавниците, пред да си ја завршат нивната погана работа, зошто, демек, Македонци нема, македонска држава не постој, "постој" само Грција и нејзино е правото над севкупното античко наследство, на Балканот. 

Потезот е наш, народе македонски!

 

Секогаш Ваш, Сотир!

Историчариве "најискрено" се извинуваат за нивното децениско лажење на светот но пред се', заради учеството на западната демокрација во создавање на фалсификувана грчка античка цивилизација.

 

РУСКАТА ИСТОРИСКА НАУКА И МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ

*************

 

Изминатаta недела помина вртоглаво и калеидоскопски - законот за амнестија и неговото потпишување од претседателот Иванов; одлуки со кои на членовите на Судскиот совет на Република Македонија ќе им се исплатат додатоци во висина од 35% од основната плата; предлози за дополнителни привилегии на пратениците во Собранието итн. Но, се чини дека впечаток направи и изјавата на рускиот амбасадор во Грција, Андреј Маслов, дека: "Русија нема ништо против договорот од Преспа за името, но се противи на членството на Македонија во НАТО". Изјавата, зборува прилично и бара сериозен однос и разбирање!

Во оваа прилика јас не би правела задлабочени политички анализи, туку би почнала со сознанието кое го имам во врска со руската историска наука во однос на македдонското прашање! Ова нека биде, само едно насочување на нашето размислување и сфаќање на темата!

Во надворешнополитичките планови на руските политичари, Македонија најчесто била третирана како територијална варијабла. Руските проучувачи на нејзината историја од  19-от и почетокот на 20-от век, ја истакнувале жестоката борба на балканските држави за поседување на македонската територија. Борбата, пак, била директно поврзана со дефинирањето на националниот идентитет на автохтоното словенско население, кое го чинело најголемиот дел од жителите на оваа османлиска област. Повеќето од нив биле склони да го определуваат идентитетот на "Словените во Македонија" како бугарски. Поголем дел од тогашните публикации субјективно, па дури и тенденциозно ги објаснувале настаните што се случувале вот тоа време во Македонија, со цел да се оправдала надворешната политика на Руската империја на Балканот.

По првата светска војна, советските автори ја третираа историјата на Македонија, само од аспект на историјата на државите што ја поделиле по Балканските војни (1912/13). Во 20-те години и во првата половина на 30-те години од 20-от век, ситуацијата во "македонските земји" била анализирана главно во однос на можноста за дестабилизација на политичката ситуација во Бугарија, Грција и Југославија, односно на аспект на револуционерното движење во регионот и создавање на  револуционерна ситуација таму. Треба да одбележиме дека во предвечерјето на Втората светска војна, советските проучувачи повторно се свртуваат кон македонистиката, при што А. Селишчев и С. Бернштајн (1938) го издвојуваат македонскиот јазик како посебен во јужнословенста група на јазици.

По Втората светска војна, проучувањата во СССР околу целиот корпус на прашања поврзани со историското и културното минато и сегашноста на Македонија, веднаш се соочиле со значителни потешкотии кои биле од идеолошка и политичка природа. На ова влијаел, конфликтот помеѓу Советскиот Сојуз Југославија во 1948 - 1953, како и фактот што земјите што ја поделија Македонија се нашле во спротивставени воени блокови (Грција - во НАТО, Бугарија - во Варшавскиот пакт), а СФР Југославија, нешто подоцна, станала предводник на неврзаното движење. 

Македонското прашање ја зголемувало тензијата меѓу двата воено-политички блокови (за време на граѓанската војна во Грција, но влијаело на ослабување на "социјалистичкиот фронт". Почнале жестоки расправии меѓу југословенските, односно македонските и бугарските научници по прашањето дали постои македонска нација.

Кон крајот на 50-те години од 20-от век,  бугарската страна одбила да ги признае Македонците како национално малцинство и почнала да го смета населението во Пиринскиот дел како етнички Бугари, а Македонците кои живеат во Југославија, како вештачка нација создадена од политички интереси. 

Овие спорови околу народноста и јазикот на Македонците, меѓу Бугарија и Југославија (Македонија) довеле до ситуација, што македонската тематика била целосно исклучена (забранета) од научната дејност на советските научници. Но, тоа не значело дека истражувачката мисла запрела. Еден таков пример е првата советско-руска монографија за историјата на Македонија во 19.от век, подготвена  во 1969 година од К.Л. Струкова, а објавена дури по смртта на авторката во 2004 година. Ништо подобро не оминал и учебникот "Историја на јужните и западните Словени", подготвен од Факултетот за историја на московскиот универзитет во 1969 година. А, предходната година (1968) во "Избраните трудови" на А. Селишчев македонските народни говори се претставени како дел од "бугарската јазична територија".

Во следните 70-те години, присутна е тенденцијата совестките проучувачи да се држат до една средна линија, односно развојот на национално-ослободителното и културно - просветното движење во Македонија во поголемиот дел од 19-от век да го прикажуваат како дел од општиот пат на бугарската национална преродба, а почетокот на формирањето на македонската нација да го бараат по Берлинскиот договор од 1878 година, кога се сменила "судбината на македонските земји и нивното население". 

Во раните деведесетти на 20-от век, во колективните дела за историјата на меѓународните односи на Балканот, објавени во постсоветскиот период, се појавија и поглавја посветени на историјата на Македонија. Авторите, со право укажуваат дека македонското прашање во различни историски периоди, изразувало различни содржини. Според нив, политичката компонента (по 1078) неизбежно довела до актуелизација на уште еден аспект на македонското прашање - етничкиот, определувањето на националноста на автохтоното словенско население.

Република Македонија, која се стекна со независност во 1991 година, стана предмет на проучување на современите руски истражувачи. Сумирајќи ги нецелосните резултати од првите децении на постоење на државата, руските итражувачи истакнуваат дека Република Македонија е оптоварена со многу проблеми од економска, етно-демографска, надворешно-политичка природа и е во "политичка сива зона" која се карактеризира со "синдром на бесплоден плурализам".

Во последнава деценија, современите руски истражувачи, истакнуваат дека македонското прашање, како и секој голем проблем во врска со историското постоење на народите и на државите, се' уште е отворено прашање и претставува научен и политички предизвик! Затоа, писаниево нека послужи за поука и наш правилен однос!

24 декември 2018 година

https://prehssingtv.mk/kolumni

 

Славе-Катин

 

Славе Николовски-Катин

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

ДЕЛ 42

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И НЕГОВАТА ЉУБОВ РОКСАНА

 

 

Бес го изгуби престижот, се повлече без борба и наскоро падна во рацете на Александар Македонски. Неговите единици се разбегаа и се предадоа, а Бес напуштен од своите следбеници, меѓу кои и од Спитамен Согдијанецот, беше лесно фатен од Птоломеј, последниот крал на Египет, кој беше вклучен во брзите единици за ваков вид борба.

Александар Македонски го најде Бес во улога на Големиот крал, го казни за големото предавство и подоцна го уби во Бактрија. На персиски начин, на кој Дариј Први пред тоа ги казнуваше своите непријатели, на Бес му бе исечени носот и ушите и потоа беше испратен во Екбатана каде што беше свирепо убиен со распнување на крст и со сечење на парчиња. Во Спитамен, меѓутоа, кој сега го зазеде местото на Бес како водач на националното востание, Александар Македонски имаше многу поопасен непријател.

Александар Македонски сега навлезе откај Мараканда (Самарканд) кон реката Јаксарт (Сир-Дарија) и така втаса до крајниот север на Персиската империја. Реката, како што се виде, Македонците ја идентификуваа со Танаи. Во широките степи живееа номадите Дахаи, Сакаи и Масагатаи, кои постојано претставуваа опасност од таа страна на империјата. Како бедем против нив, Александар Македонски изгради на таа страна од реката Јаксарт нов град со име Александрија Ешате (Којенд), што требаше да го штити од кај граничната река.

Покрај безкрајните степи од другата страна на реката, Александар Македонски немаше намера да ја поместува границата на север од онаа што ја постави порано на Дунав, каде што го постигна лимитот на "населениот свет", кој се граничи не само со океан, туку и со пустина. Сепак, како и кас Дунав, тој сега изврши ппбедоносно преминување преку реката Јаксарт со цел да ги инспирира тие варвари со почит да се однесуваат кон неговото оружје.

Додека Александар Македонски беше преокупиран со подготовките за израдба на градот, Спитамен крена на бунт неколку места во заднината. Остри казни беа извршени над сите тие кога востанието беше задушено со многу крвопролевање. Градското подрачје беше уништено, а жителите убиени, бидејќи Александар Македонски ги сметаше за бунтовници против својот господар.

Наскоро потоа неуморниот Спитамен успеа да поттикне востание и во поголемиот дел на Согдинија, востание што стануваше се' поопасно, бидејќи беше помагано од северните номади. Штом Спитамен започна да врши опсада на македонските гарнизони во Мараканда, Александар Македонски испрати експедиција против него, а остана да ја надгледува изградбата на градот. Мараканда беше ослободена, но по повлекувањето во северните степи и набавување 6.000 коњаници од сојузничките номади, Спитамен целосно ги порази и уништи експедиционите коррпуси кај Политимет и изврши повторно опсада на Мараканда.

Потоа Александар Македонски ја напушти реката Јаксарт и лично замина кон Мараканда со контингент на лесни единици. Растојанието од 180 милји од Којенд до Самарканд го помина за три дена и неколку часа.Штом се пренесе веста за приближување на Александар Македонски, Спитамен избега во степата. Александар Македонски го следеше до Политимент, ги потчини леѓето на северната граница и остро ги казни бунтовниците. Потоа, тој ја сврте својата војска кон југ лон Бактрија и го започна своето зимско логорување (329-328) во главниот град Бактра.

И наредната година (328), Александар Македонски беше преокупиран  со жестоко војување против бунтовниците во Бактрија и Согдијана. Дел од војската под команда на Кратера остана во Бактрија, а другиот дел со кој Александар Македонски отиде во Согдијана, мора да бил поделен во пет колони за да ги фати широко распроснатите бунтовници од кои голем број избегаа во тврдините. Откако беше скршен нивниот отпор колоните се соединија за борба во Мараканда.

Додека Александар Македонски се уште се бореше против бунтовниците, Хефестион испланира неколку градови во Согријана. Истата година Фарасман, кралот на Хорасмијанците кој живееше во далечниот север му изрази почит на Александар и склучи сојуз и пријателство со него.

Во меѓувреме, Спитамен, подржан од своите пријатели Масагетите изврши ненадеан напад на Бактрија, земајќи богат плен од околината на Бактра. Гарнизонот на градот тргна да го следи, но беше измамен од Спитамен со заседа и поразен со многу загуби. Кратер потоа побрза и му зададе силен пораз пред Спитамен да навлезе во пустината. Спитамен значи пак успеа да побегне во пустината и ненадејно ја нападна Согдијана, овој пат придружен од 3.000 Масагетајци.

Во меѓувреме Александар Македонски отиде на зимско логорување (328-3237) во Наутака, а командата за Согдијан му ја препушти на Коен, под чија команда Спитамен претрпе голем пораз. Но, неговата судбина беше запечатена со акцијата на Масагетајците. На веста дека Александар Македонски има намера да ја окупира пустината, тие  го прекршија договорот за сојуз, му ја пресекоа главата на Спитамен и му ја испратија на Александар Македонски.

Со овој трагичен крај на големиот херој практично заврши и иранскиот отпор за независност.Само се здржаа мал број бунтовници во некои непристапни каменити тврдини во југоисточните планини на Согдијан. Во пролетта 327 година, Александар Македонски тргна во напад од Наутака против тврдината на Аријамаз сместена на Согдијанската карпа во која многу од бунтовниците ги оставија своите жени и деца, меѓу кои беше и бактријанскиот принц Оксијарт, еден од другарите на Бес.

Кога Алекандар викна одоздола да се предадат, тие му одговорија одозгора со потсмев дека тој и неговите војници треба да знаат да летаат бидејќи на никаков друг начин не ќе можат да дојдат кај нив. Александар Македонски потоа понуди високи награди за оние што ќе се качат на највисокиот врв кој надвиваше над тврдината. Како што и се случи, имаше 300 смели планинари меѓу Македонците, кои се зафатија да го извршат овој опасен подвиг во ноќно време.

Триесетмина паднаа при качувањето, а другите успешно се искачија со помош на јажиња и железни долги клинци од шаторите што ги набиваа во снегот или во замрзнатите карпи. Кога рано изутрината, на нивно големо изненадување, видоа дека се опколени од Македонците, веднаш му се предадоа на Александар Македонски.

Најубавата награда што нему му припадна беше убавата Роксана, ќерката на Оксијарт, која беше во цветот на младоста, според судот на придружниците на Александар Македонски најубавата жена што тие ја имаа видено во Азија, најблиска на Статерија, жената на Дариј, Александар страсно се вљуби во неа и одлучи да му стане брачен другар.

Оттука Александар Македонски замина кон исток во пределот на Паретацен према тврдината на Хориените, која беше сместена високо на стрмните карпи, опкружена со длабки клисури и која се сметаше за непристапна. Александар Македонски, меѓутоа, сметаше дека ништо не е невозможно за него и за неговата војска.

Од огромните борови дрвја шро растеа во планините конструира скали за да се спушти во клисурата, а потоа со помош на вештите инженерци успеа да изгради насип преку клисурата. Веднаш штом Александар со своите Македонци, заштитен во настрашницата од непријателската артилериј, почна да ја бомрдира тврдината, Хориен се предаде.

Тој беше помилуван и натаму си остана на власт. Потоа Александар Македонски се врати во Бактра. Тешката задача за освојување на Источен Иран беше завршена. Истрајноста и упорноста на Александар Македонски, на што треба да му се восхитуваме, како и при опсадата на Тир, се покажаа уште посилни во Источен Иран.

Тој не ја напушти земјата се' додека целосно не ја потчини  и не ги вклучи Бактријанците и Согдијанците во служба на својата војска, чии одлични квалитети многу ги ценеше. Ова победоносна борба им остави толку силен впечаток на луѓето од северните степи, што подоцна се среќаваат и Дахајци и Сакајнци во неговата војска.

Пред да се врати во Бактра, Александар Македонски ја прослави својата женидба со Роксана во дворецот Хориенес. Бидејќи нема доволно информации за сексуалните карактеристики на кралот, по нешто се дознава од најдобриот извор, од Аријан, кој тврди дека љубовта спема таа убава Бактријанка го натерала да не ја смета за заробеничка, туку ја направил своја законита жена.

На познатата слика од современиот уметник Аетион претставена е бракот на Роксана како љубовна сцена со многу купиди, од која може да се извлечат некои заклучоци. Сликата се најде во Италија каде што Луцијан ја виде и ја опиша, а според тој опис Содома ја направи својата убава фреска во вилата Фарнесина.

Сведоштвото на Аријан за интимниот живот на Александар е многу значајно, бидејќи е очигледно ото овој брак имал големо политичко значење. Женидбата на Александар Македонски со черката на Бактрија беше гест на помирување со претходните непријатели, со што и најголемите националисти меѓу Иранците мораа да го прифатат. Тие беа ограничени да ја изразат својата национална гордост, зашто бракот беше склучен според иранскиот ритуал.

Александар Македонски и Роксана јадеа од еден сомун леб што тој го пресече на два дела со својата сабја, што бездруго беше стихиен додаток на Александар Македонски во ритуалот, а тоа токму нему му прилегаше. Меѓутоа, овој брак со Роксана значеше многу повеќе отколку самото помирување со источните Иранци.

Тој ја најави идејата на Александар Македонски за еднаквост на Персијците и на другите Иранци со Македонците, на што прво беше принуден од војничките потреби, а во последните години од војната таа идеја се разви во мисла за обединување на тие два народа. Оваа идеја во наредните години многу силно влијаеше врз таинствената политика што ја усвои Александар Македонски, за својата империја.

 

Продолжува

 

 

Свадбата на Роксама и Александар Македонски.

Григор Прличев

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

******************

 

 

 

ПЕСНА ЗА ПАТРИКОТ

(1762 лето)

  • Илјада и седимстотин шесдесет и второ лето
    в Охрида од Цариграда дошел салаор.
    Еј! Дошел салаор.

    Се претставил пред Арсенја, наша Патрика честнаго
    и му рек'л слово горко, слово жалосно.
    Еј! Слово жалосно.

    Царска волја е да тргнеш, денеска за Цариграда
    на тебе од врли Грци, голем поплак е.
    Еј! Голем поплак е.

    Собрал Патрик свое стадо, в црква свјати Климентова
    благослов им дал последен, р'це заплетил.
    Еј! Р'це заплетил.

    Д'лго време липал старец, в молчење в'сенародно
    и по бела брада ронел с'лзи горешти.
    Еј! С'лзи горешти.

    Слушајте ме мили чеда, јас ќе идам в Цариграда
    на мене од врли Грци голем поплак е.
    Еј! Голем поплак е.

  • Грцкиј Патрик ќе ни строши, славна Охридска Столица
    и мене до смрт ќе држи в заточение.
    Еј! В заточение.

    Ќе прати владици Грци, лицем светци срцем в'лци
    ќе ве дават, ќе ве стрижат, ќе ве м'лзат до крв.
    Еј! Ќе ве м'лзат до крв.

    Меѓу народа ќе сејат, несогласје и раздори,
    да се мразат син со татка и со брата брат.
    Еј! И со брата брат.

    И ќе викнете до Бога и крило не ќе најдете,
    смирени ќе наведете глави доземи.
    Еј! Глави до земи.

    Ќе ми бидете сираци, така било написано.
    Елате ми да ве гушна за последен п'т.
    Еј! За последен п'т.

    Ч'рна т'га поразила, старо, младо, м'жи, жени,
    Вси со р'це заплетени с'лзи проливат.
    Еј! С'лзи проливат.
    **********
    Автор: Григор Прличев

ВИДЕОТЕКА

************

Kind regards : 01 јануари 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 187