Сотир

 

 

 

 

Сотир Гроздановски-Македонски

СИТЕ АФОРИЗМИ  И ПРИМИТИВИЗМИ НА МИРОСЛАВ ГРЧЕВ

*******************

 

 

 

 

Познат по дизајнирањето на  македонското  државно знаме и најпознатиот државен  грб со лавот македонски, овој изветреaн  и несалам архитект, со грчки корени, е познат и по своите примитивни афоризми, но најповеќе по потценувањето  и тешките навреди на Македонија и македонскиот народ. Но, каков татко, таков и син, што вели народната изрека,  ниту Димитар Грчев, синот на Мирослав, не е ништо поарен. Неговите ниски удари врз угледот и достоинството на македонскиот народ немаат врска со стварноста, ама имаат врска со неговиот карактер, етички  и морални вредности.

Димитар Грчев го јаде македонскиот леб, а плука по производителите на житото и пекарите кој му го сервираат топлиот леб, секој ден. Иако многу знаат со каква нечесна, бахата и арогантна личност имаме работа, секако треба тоа и да го потврдиме со неговите изјави, кои ги донесуваме за оние кој немаат доволно информации и за синот Димитар и таткото Мирослав Грчеви.

Кога би живееле во држава во која владее правото и правдата, што неможиме да очекуваме од Влада предводена од типови како Зоран Заев, овие отворени и дрски непријатели на се' што е македонско, одамна би биле или затворени да гнијат негде и согнијат, или би биле протерани од Македонија таму, за која земја и држава работаат.  

Ево што вели и што мисли за македонскиот народ и сепак ги ужива благодетите што му ги пружаат Македонците, но и сите други граѓани, на Република Македонија, Димитар Грчев: 

Димитар и Мирослав Грчев. За нив Македонија била
ЌЕНЕФ!

Зарем ова може здрав ум да го измисли и да го изрече и влакно од главата да не му падне?

Пак ќе повторам: каков татко, таков и син. И ако немора секогаш да е така, но во овој случај,  катастрофата е очигледна, бидејќи и синот и таткото се родија болни, недоветни и тешки примитивци.  Господе   прости им ги гревовите, зошто незнаат, навистина, што чинат и како да  се однесуваат, човек би рекол!

Но, целта не ми беше да зборувам за синот на Мирослав Грчев, Димитар, туку за таткото Грчев. Ќе Ви речам зошто!

Прелистувајќи ги македонските весници, овој пат и "ОКО", случајно ми падна в очи колумната на Мирослав Грчев под наслов: "Денот кога се запали факелот на македонската република". Тој започнува вака:

"Седам денес, вели Грчев, и со тешко срце пишувам, додека низ телово - како низ ѓевгир - ми протекува уште еден сив и влажен, мамурлив 29-ти ноември, уште еден неодбележан и непразнуван роденден...додавајќи така уште еден годишен нанос тиња врз вистината за потеклото на нашата република, врз сеќавањата за сопственото државно појавување на светската политичка мапа, продлабочувајќи ја така тивко и незабележително, во недоглед, македонската криза на идентитетот. Зашто, државниот идентитет, како и секој идентитет, впрочем, се гради првин од податоците за датумот, местото и околностите на зачнувањето и настанокот на државата, како и описот на нејзините особености во почетокот на нејзиното постоење. Што, се разбира, потоа би требало да се слави и чествува додека државата постои и додека постои континуитетот на нејзините колективни мемории (од кои што е изграден нејзиниот идентитет). Конечно, основното значење на зборот "идентитет" е "истоветно", па идентитетот така претставува збирка квалитети на секое поединечно нешто да биде исто на себеси, поради што вистината за раѓањето и родителите би морало да биде непроменливо јадро и на македонскиот државен и културен идентитет, или, да скратам: тоа би требало да е вистина со која националниот идентитет би морало секогаш да биде ист.

Незапамтен и непразнуван

За жал, не е така, зашто упорното државно непразнување на 29 ноември е очигледен симптом на длабоката идентитетска дупка што се продлабочува уште од почетокот на нашата државна независност 1991 година. Дупка, што со помош на тешката државно-партиска идеолошка механизација на ВМРО стана огромна идентитетска јама, видлива и од вселената. Во тој мрачен идентитетски ќенеф, ВМРО повеќе од деценија ги натрупуваше своите историски фалсификати и безумни бладања за тоа кои сме и што сме. Но, за инает на нашиот заборав, на 29 ноември 1943 година - сред најголемата од сите војни! - во босанското Јајце, се одржа Второто заседание на АВНОЈ - Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Југославија, на кое ова тело се прогласи за носител на сувереноста на новата југословенска федерација, за врховно законодавно претставничко тело на сите југословенски републики и народи.

Токму во Одлуката број 3 на Второто заседание-за прв пат во историјата на светот!-во еден државно конституционален документ се уредени македонската држава и македонскиот народ како посебен државотворен  национален ентитет,  со што 29 ноември стана роденден и на македонската република и на југословенската федерација! А, ние, и година и пол дена по "ослободувањето" од вмровската партиско-мафијашка окупација, се' уште во списокот на државните празници славиме дузини на неисториски датуми од настани апсолутно нерелевантни за македонската држава, или настани што никогаш не се ни случиле, додека датумот на нашето државотворно зачнување го оставаме незапаметен и непразнуван, препуштен на есенската гнилеж, да исчезнува од супстанцата на нашиот национален идентитет, во рамнодушното и еднолично роморење на времето??!."

Ги истресе своите вообичаени мисли "другарот" Мирослав Грчев, присвоени од неговите грчки, бугарски и албански сомисленици и негатори на вистината за македонскиот роденден и вистинскиот идентитет на Македонците!

Зарем треба уште нешто да напише,  овој обичен "Тројански коњ" и грчки шпијун, па да ни биде јасно за кого тој работи? Па зарем се' уште не ни е јасно од каде и зошто дојде на видело договорот со Грција, па договорот со Бугарија и примената на албанската Тиранска платформа за државотворноста на Албанците во Република Македонија? Па зарем од типови како Зоран Заев со потекло Албанско и како самиот потврдува дека е  "христијанизиран" од Македонците може да се очекува лојалност спрема македонската држава? Затоа не треба да се чудиме, зошто  надворешните фактори избраа и поставија, насилно, на чело на македонските најзначајни и најчувствителни институции личности кои за нивни интереси ќе ја завршат работата, која самите и непосредно не беа во можност да ја докрајчат, а светот да не ги обвини и окарактеризира како агресори, со потврдено минато.

За ова, некој од македонските историчари, до колку има "муда", би требало "понаучно" да реагира и да ја брани историската вистина за македонскиот идентитет од антиката, па до денес. Да реагира, а не да седи во Македонската академија на науките и уметностите, а особено во Институтот за национална историја на Македонија, како сојузник на Зоран Заев, и бесрамно  да си гледа сеир.

Зарем, вакви недоветни и историски неписмени, а цивилизациски останати во времињата кои одамна ги нема, дури и во најзаостанатите подрачја на земјинава топка, се компетентни да ни зборуваат, јавно, за нашиот роденден?

Зарем не се ваквите толкувања на македонската историја идентични со желбите на  Грците и Бугарите, па дури  и на Албанците, замислете си само и на Албанците, и да ни држат предавања за нашиот национален, македонски идентитет? Не е ли длабоко понижувачки за сите нас, Македонците, и понатака да слушаме и стоечки поднесуваме лаги и непријателски пропаганди кои немаат врска со вистината, а најмалку со здравиот ум и разум?

Тито не ја создаде Македонија, ниту македонската нација. Тоа би сакале Грците, Бугарите, Албанците и некои други соседи да е вистина, но историјата  има и свои принципи: хронологија на историските настани запишани од живи сведоци или и самите учесници во нив. И ако со текот на времињата и  странските интереси оригиналните податоци се фалсификувале и искривувале,  сепак, правите историски документи се' уште се чуваат, зошто ако се извадат на видело, светската историја би требала одново да се пишува. И покрај се', како и во секоја работа каде се вработени живи луѓе, тие "строго" доверливи таини излегуваат на виделина и не се повеќе таини. Како во  приказната за царот Трајан и неговите козји уши.

Народи и нации не се создаваат со декрети и желби на поединци. Нив или ги има, или ги нема. Исто така и  времетраењето им се брои со нивното егзистирање во било која форма.

Ете, тоа е, во главно, причината што надворешните фактори го избраа  баш Зоран Заев, Албанец Христијанин, да го промени името на македонската држава во "северна Македонија", а Македонците во "северни Македонци" и  така Грција, Бугарија и Албанија да стекнат легално право над целата македонска територија и целото древно македонско наследство, без право на "северните Македонци" на било какви побарувања или грижа за своите национални малцинства  надвор од Република Македонија.

Па така, во создавањето на СФРЈ како заедничка држава, на повеќе балкански народи, секој од нив со национална свест и државничко минато, неможе да се бараат  идентитетските корени, ниту своите национални, верски и народносни белези и традиции. Зошто? Па затоа што нашите идентитетски корени се многу подлабоки во историското минато од времето на создавањето и траењето на СФРЈ, како наша заедничка држава. Може само да  се разменуваат податоци врзани за минатото и културниот развој на секој еден народ поединечно и меѓусебно запознавање и зближување. И тоа е се'!

Коренот на Македонците е длабоко во историјата, како и корените на сите народи во светот. На некои подлабоки во минатото, како на Македонците, за кои е сведок Библијата, а на некои поплитки. А што се однесува до 29 ноември 1943 година, може да се рече дека тој беше заеднички државен празник на сите придружени народи, а не датум на кои се создаваа нациите и нивните историски белези и траеше дури државата егзистираше. И затоа,  Република Македонија немаше причина, ниту законско и морално право да го узурпира, самоволно, празникот на СФРЈ и  да продолжи понатака да го чествува како свој, македонски, национален празник.

Ние, Македонците, од секогаш сме имале свои празници!  Со влегувањето во СФРЈ, тие не исчезнале од нашата меморија! Останале и после нејзиното брутално растурање. Македонија не беше создадена од Тито, туку   слободен, самоослободен дел од географско-етничката македонска територија, за време на Втората светска војна, дотогаш под српска окупација .

Да појаснам:

Балканските и Првата светска војна  беа  воени судири за дезинтегрирање на Османлиската Империја и елиминирање на големата територија на древната македонска Монархија, со делење парчиња на соседните ново создадени балкански државички: Грција, Бугарија, Србија и Албанија. И не само тоа. Тие беа и заради заштита на  европските интереси на Балканот од Русија и нејзините интереси.

Денешна Република Македонија беше  дел од големата македонска територија "подарен" од големите европски и западни сили на новосоздадената српска држава, а другите делови на Грција,  Бугарија и Албанија. Македонскиот народ во српскиот дел, така наречен "Јужна Србија", за време на Втората светска војна успеа, со  сопствени сили, да ги истера од својата територија силите на фашистичката коалиција на Германија, Бугарија и Албанија и   им се придружи на другите балкански народи во новосоздадената заедничка држава, СФРЈ: - Социјалистичка федеративна Република Југославија како рамноправна членка со своето државно име, Демократска Република Македонија се', до  бруталното дезинтегрирање на таа заедничката држава.

Па така, меѓусебното признавање на здружените народи во една заедничка држава каква беше СФРЈ,   не беше, како што Грчев ја сваќа историјата, првосоздавање на Македонската држава како нова и од ништо креирана, како Грција за пример, туку  само продолжување на повеќе вековното нејзино сторнирање и негирање од завојувачите: Римјаните, Турците, Бугарите, Србите ...  и т.н.

Знам дека на историчарите им е под нивната "научна" чест да реагираат на небулози, лаги, невистини и провокации кои често излегуваат од заматените умови на монструми како "гркот" Мирослав Грчев, неговиот син Димитар, па Мирјана Најчевска, па Никола Димитров, Зоран Заев и цела редица учесници во така наречената "шарена" револуција, денес на одговорни положаи во владата на квислингот Зоран Заев. Провокатори, изроди, предавници и обични неранимоајковци секогаш било и ќе ги има и во иднина, но тоа не значи, дека Македонците секогаш треба да бидат нивни жртви.

За сегашната македонска држава, многу крв е пролеана, но и покрај тоа, непријателите никогаш не спиеле. Секогаш со едната рака давале, но со другата ни забодувале нож во грбот. Затоа, сега е времето заедно и  сплотени,  да  сија браниме и  одбраниме нашата Татковина и самите себеси, од исчезнување. Сите се створени од месо и крв, па "кој воли, нека изволи". Македонецот е навикнат на крварење, но и на победување, во секоја битка.

Ескалацијата на примитивизмот во Македонија го постигна својот највисок дострел и треба да се реагира, да се реагира, зошто нема повеќе што  да се изгуби. Ќе се изгубат од лицето на македонската земја само изродите и предавниците.

И ако "стратешката" цел ни е НАТО и ЕУ, обезличувањето на македонската држава и нашиот национален идентитет не смеат да бидат цената која треба да ја платиме. Нашите претци не се бореле за ново ропство. Тоа би требало на сите да ни е јасно!

Погледнете само што прави францускот народ за прашања кои можат преку ноќ во институциите на власта да се решат. А замислете си само, драги мои, што би се случило да им се продава државата и националниот идентитет? Да им се продава и идолот, Наполеон Бонапарта, заедно со неговиот придонес  во развојот на  француската и светската цивилизација?

А ние, браќа и сестри, како дрогирани поминуваме покрај шаторите и импровизираните говорни трибини, од каде најхрабрите македонски родољуби испраќаат пораки до пратениците во македонското Собрание да не му веруваат на предавникот Зоран Заев, и  потоа си заминуваме, како ништо да не сме чуле ниту виделе!

Ако грешам, нека изгорам!  - како што вели покојниот Македонец и еден од најпознатите родољуби, Пепи Бавтировски, во своите прекрасни македонски песни.

За жал, се' уште и после толку векови како   Македонци во Македонија и со сознанија за  настани поврзани со нашите животи и животите на нашите претци, Македонци,   дозволуваме криминалци и неранимајковци да не учат за роденденот на македонската држава. Роденденот, на најстарата европска држава запишана и во Библијата, книгата над книгите, со нејзиното исконско име Македонија. Не како Грција, не како Бугарија, не како Албанија, Србија или било која друга држава со плитки корени, освен Израел. 

Вие, кои се' уште незнаете што прават тие браќа и сестри пред македонското Собрание по дожд, снег и горештина, ќе ви кажам јас: Тие се македонски херои кои се борат да ја сочуваат Македонија за себе и за сите нас кои не сме со нив. Се борат за својата слобода и слободата на сите нас дома и надвор по светот, секој со својата тажна или радосна животна прикаска. Тие, со своите дела ја збогатуваат нашата, македонска историја и за нив ќе зборуваат и ќе ги чествуваат генераците кои ќе дојдат после нас. Тие,  најсовесните и најхрабрите Македонки и Македонци протестираат   пред Собранието на Македонија, зошто таму се решава судбината на македонската држава, но и нашата судбина. И вашата, кои седите дома и спиете во своите топли домови без гајле дали утре ќе бидете она што сте биле денес. Дали вашата татковина ќе се вика Македонија или некоја измислена "северна Македонија". Или уште полошо од тоа, како во егејскиот дел на Македонија,  пред не' долго минато, полицијата и шпијуните на Заев да ве прислушкуваат дали зборувате македонски со своите деца, или пеете свои македонски песни... зошто ќе биде забранет и од Грците, и од Бугарите, и од Албанците... !

Драги мои, излезете од своите топли домови и придружете им се на оние наши браќа и сестри  кои со месеци упорно се борат за сите нас кои од било кои причини до сега не бевме со нив. Излезете сите заедно еднаш за секогаш да се ослободиме од изроди и предавници од типот на заевци, грчевци, најчевци, калајџиевци, фрчковци, димитровци, шеќерински и многу други за кои немам доволно простор да ги споменам, за да останат за секогаш во црниот дел од нашата историја, која неможе никој да ја продаде и избрише од нашата меморија.

И за крај, една порака до Мирослав и Димитар Грчев

Престанете, еднаш за секогаш, да го валкате македонскиот народ и нашата Татковина, зошто тоа не го заслужуваме од кретени како вас. Чувајте си ги своите грчки корени и оставете ги нашите! Зошто:

 

Какви сме, такви сме, полоши од вас за сигурно не сме! 

 

Секогаш, Ваш Сотир

Александар Николовски

 

Александар Николовски

КОМПЛЕКСИ

*********

"Се работи за нација со комплекс, која мора да си бара корење назад 2000 години. Ако го нема Александар Македонски, ние не знаеме кои сме, престанете, срам ми е да ве слушам..."

Никола Димитров

 

Овие зборови одекнаа силно минатата недела. И не, не беа тоа зборови на грчки министер за надворешни работи, туку нашиот македонски министер за надворешни работи. Досега никој толку не го навредил македонскиот народ. Никој! Откако спорот за името официјално трае, не се случило ни еден грчки министер или премиер да каже дека Македонците се нација со комплекс! Но тоа го направи министерот за надворешни работи на Македонија, кој во суштина треба да ги брани националните интереси токму на тој македонски народ. Не сум слушнал досега за министер за надворешни или премиер или претседател на која било европска држава кој за својот народ, за својата нација, која ја претставува,  кажал дека е со комплекс. Можеби основната причина за тоа е што сите тие се избирани на избори од народот кој им ја дава довербата да го претставуваат, за разлика од министерот Никола Димитров, кој беше октроиран или, ако милувате насаден, во министерска фотелја без да учествува на избори и да ја добие довербата на граѓаните.

Никола Димитров вели дека Македонците се нација со комплекс и со тоа несвесно кажува што мисли за Македонците и колку ги презира, колку во суштина ја презира и работата што ја работи. Тој очигледно не ја доживува како чест работата која ја работи дадена од народот да го претставува и води, туку само како добро пополнета биографија, само скалило кон некоја подобра меѓународна позиција на која би земал поголема плата. Тоа е така затоа, што никогаш не бил избран за ништо, никогаш не учествувал на ниедни избори. Се' добивал на тацна. Кога би учествувал на избори, би ја носел топлината на секоја подадена рака која силно ја стиска вашата и во вас гледа некој кој може да му помогне на народот. Кога би учествувал на избори, би го носел со себе секој зрак на секој поглед кога одите да се сретнете со оние кои ве избираат. Во тие погледи директно во вашите очи ја има целата филозофија на овој свет, има доверба, очекување, надеж... Затоа, кога Димитров би бил избран на избори, не би кажал дека тие што го избираат се со комплекс.

Оваа епизода со понижувањето од Димитров ме наведува повторно да ја ставам во размислување, а можеби и да се предложи мала измена на политичкиот систем и изборниот модел во Македонија кој би значел дека не може да бидете избран за министер или премиер ако претходно не сте избран за пратеник. Затоа што пратениците се избираат директно и ним народот директно им ја дава својата доверба. Логиката е едноставна - дека министри и премиер можат да бидат само луѓе што ја добиле довербата на народот на непосредни избори. Варијации на овој модел има во Велика Британија, Германија, Хрватска... После ова, со Димитров треба сериозно да се размисли за вакви навреди да не се повторуваат.

Во мојата колумна на истите оие страници од 13 септември оваа година насловена "Како стигнавме до овде?", анализирајќи ги причините поради кои Македонија дојде во ситуација да има најлош предлог во спорот со Грција и целосно да се прекрсти, напишав дека еден од двата неспорни работи е фактот што Заев изгуби на избори, а Димитров беше наметнат за министер за надворешни работи и не ни учествувал на избори. Додадов и дека целосно сервилната позиција кон Грција и напуштањето на рамката на Обединетите нации беа фатални за македонските позиции. Очекував дека резултатот од референдумот ќе ги вразуми овие двајца како носители на процесот, но, за жал, неуспехот и поразот кој го понесоа на референдумот ги направи уште поарогантни и потврдоглави, за да завршат со навреда кон својот народ.

Што да очекуваме од министер за надворешни кој смета дека народот му е со комплекс? Дали таков министер ќе се бори за зачувување на нашето гледање на историјата, наша интерпретација на културата и науката во комисијата која треба да одлучува за ова, а која е еден од најлошите делови на т.н. Преспански договор? За жал, одговорот е јасен!

Најмалку што може да направи Димитров по  ваквиот срамен чин е да се извини и да си даде оставка. Дали ќе има доблест за тоа? Секако, не!

Ако навредата кон својот народ и критиката на ВМР-ДПМНЕ не го натераат да размисли за тоа, тогаш можеби треба да го натераат размислувањата на неговите колеги министри за надворешни работи како и другите врвни политичари од ЕУ и НАТО, со кои се среќава, а на кои се обидува да им се допадне на сметка на интересите на својот народ. Во неговиот светоглед тие се битни зашто по завршувањето на работата во Македонија и прекрстувањето на државата планира таму да оди за подобра плата и привилегии. Она што не му го кажуваат овие луѓе му го кажувам јас овде - пред него се смешкаат и го охрабруваат, зад него се смеат и го презираат, затоа што немаат почит за човек кој не го почитува својот народ, а со тоа не се почитува и себе. Немаат почит за човек кој се согласува да се прекрсти себеси и државата која ја претставува, колку и тоа да им е политички опортуно во моментов и да го охрабруваат да го направи, во себе имаат само презир кон него, зашто никој од нив по ниедна цена не би ја прекрстил својата држава и својот народ, никогаш! Нему нема ова да му го кажат, но меѓу себе го зборуваат и мислат и затоа  несакаат да го видат еднаков на себе.

Да беше само за Никола Димитров и немаше многу да се загрижам, но грижата ми е за Македонија и народот што живее овде, зашто тој е политичкиот претставник и лицето на тој народ. Многу сигурно не за долго!

 

12 декември 2018 година

//infomax.mk

 

Славе-Катин

 

Славе Николовски-Катин

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ВО ПЕРСЕПОЛ-РИЗНИЦАТА НА ДАЛЕЧНИОТ ИСТОК

ДЕЛ 39

 

Во Персепол Александар Македонски не само што се чувствуваше као нов господар, кој со освојувањето на овој свет дом на персиската традиција ја стави секирата во коренот на силата на Ахаменид, туку уште еднаш се појави како генералисимус на Коринтската лига што му ја даде Федералниот совет со задача да ја води панелинистичката војна против Персија, да се одмазди за злосторствата што Ксеркс ги изврши ротив боговите и храмовите на Елините. Над сите очекувања, тој ја поведе својата непобедлива војска во земјата од која потекнуваат Персијците. Освен тоа, неговите победи над сегашниот владател Дарие не се сметаа како одмазда над покојниот Ксеркс. Овде, каде што Ксеркс го изгради својот дворец, приемната сала, големата порта и светите градски места на Персепол, требаше да се изврши одмаздата на сите времиња.

По наредба на Александар Македонски беа фрлени факели во зградите на кралот Ксеркс, а притоа и други објекти беа делумно уништени. Тоа, всушност, беше симболичен акт со кој на целиот свет, а особено на античките Грци им се кажа дека со ваква "театарска претстава" борбата за одмазда ја постигна својата цел. Во едно од кажувањата на Клитарх се вели дека оргијата на Александар Македонски, поттикната од Атињанецот Тес, го запали дворецот. Природно, тоа се повторува од подоцнежните писатели, а има приврзаници и денес.

Во Персепол Александар Македонски ја доби веста за победата што ја постигна Антипатер, која го ослободи од многу грижи. Му испрати пари од Суса за борба против Агис, кој во пролетта 331 година ја формира Пелопонезиската коалиција против Александар Македонски. Антипатер не беше во можност веднаш да тргне во војна против Агис, бидејќи беше спречен од едно востание во Тракија.

По задушувањето на востанието, Антипатер тргна кон југ. Сходно со обврските според договорот на Лигата од Коринт, по пат собра војска од античките грчки сојузи и тргна да ги казни сојузниците на Спарта и Спартанците. Во Пелопонез влезе со вкупно 40.000 војници. Агис, пак, со своите сојузници, собра 20.000 пешаци и 2.000 коњаници, го опсадна Мегалопол во Аркадија, кој му остана верен на Александар Македонски.

Пред sидовите на овој град, речиси во исто време кога Александар ја постигнуваше победата кај Гавгамела, се водеше голема битка во која наспроти големиот отпор на непријателот, Антипатер ја извојува решавачката победа. Кралот Агис, срцето и душата на борбата за слобода, по добивањето на повеќе повреди, загина во битката, а Спарта мораше да моли за мир. Антипатер зеде педесетина спартански благородници како заложници и се повика на решението од Федералниот совет, како што Александар Македонски направи по освојувањето на Теба.

Но Федералниот совет кој се состануваше на Коринт само за посебен случај беше слаб за да одлучи во името на Александар Македонски. Така, кога подоцна спартанските заложници допатуваа, Александар Македонски некои од нив ги осуди, а на некои им прости, додека Спарта ја натера да се приклучи кон Лигата од Коринт.

Александар Македонски ја одмори војската во Персепол во текот на зимските месеци, иако имаше  мали напади од страна на потчинетите племиња во Персија. Намесникот на Карманија, следната провинција на Исток за среќа се покори и затоа беше оставен во служба. Богатството што Александар Македонски го најде во Персепол беше трипати поголемо од она во Суса.

Се смета дека таму нашол 120.000 таланти (околу 42.000.000 фунти). Освен тоа, во Пасаргада, која му беше предадена без борба, Александар Македонски доби од куќата на богатството на Кир 6.000 персиски таланти (околу 2.100.000 фунти). Во текот на посетата на Пасаргада му оддаде особена почит на споменикот на Кир, со тоа што му нареди на Аристобул да го декорира внатрешниот дел на гробницата на Кир. Тој гроб се' уште е зачуван.

Тоа е прв знак Александар Македонски да оддава почит кон основањето на Ахеменидската империја, а вредно е да се забележи дека тој тоа го покажа и пред смртта на Дариј. Се претпставува дека уште кога Александар Македонски беше  млад и го читаше делото на Ксенофон, Киропедија, Кир побудил големо восхитување.

Во почетокот на пролетта 330 година, Александар тргна да ја окупира Екбатана (Хамадан) во Медија, последниот од персиските главни градови. Беше јавено дека Дариј можел да биде таму. По поразот кај Гавгамела, Дариј избегал преку курдските планини со неколку свои единици во Екбатана. Набргу, по пропаста, некои од единиците му се придружија и Дариј започна да формира нова војска.

Тој се надеваше дека Александар Македонски и неговите единици ќе останат долго во луксузниот логор на западниот замак, или дека тој не ќе оди понатаму од Суса, а ќе се бори во Азија со курдските планинци, кои направија голем бедем, штитејќи ги иранските земји од запад. Независно од тоа дали Александар Македонски ќе тргне во поход против него или не, Дариј планираше да ја отстапи Бактрија на Далечниот Исток и да оди по пат непрооден за Александар Македонски, опустошувајќи ја земјата каде што минуваше.

Секако, тој го испрати харемот и багажот кон Касписките премини и го чекаше текот на настаните од Екбатана. Кога Александар Македонски отиде на север во правец кон Екбатана, патем ги потчини Партијанците, беше известен дека Дариј, потпомогнат од Скитијанците и Кадисијанците, му се заканува со борба. Веднаш го остави својот багаж зад себе и тргна напред во борбата. Наскоро разбра дека очекуваната помош не му дошла и Дариј се реши да бега.

Покрај тоа што Александар Македонски забрза со својата војска, сепак задоцни во Екбатана. Пред една недела Дариј беше избегал кон исток со 3.000 књаници и 6.000 пешаци, земајќи со себе 7.000 таланти. Тоа беше големо разочарување за Александар Македонски, па затоа се подготви и тргна кон запад да го гони Дариј.

Ако со пожарот во Персепол Александар Македонски им покажа на античките Грци дека смета оти војната за одмазда е завршена, сега ја доведе таа идеја до својот логичен крај: ги отпушти и ги испрати дома со многу богат плен. Благодарение на победата кај Мегалопол тој ја задржа Античка Грција под своја власт и повеќе не му беше потребно да ги води со себе тие сојузнички единици за заштита или како заложници.

Меѓутоа, мал дел од нив не сакаа повеќе да останат, додека со негова дозвола повеќето сакаа да продолжат да му служат, но како наемници, а не како сојузници. Александар Македонски сметаше дека е завршена неговата посебна позиција како "неограничен стратег" во борбата за одмазда која му беше доверена во 336 година од Федералниот совет на Коринт. Остана хегемон на Лигата како и порано, а тоа беше доживотно именување. Сега панелинистичката борба беше предмет на минатото.

Ентузијазмот со кој на својата  дваесетгодишна возраст ја прифати оваа идеја пред шест години, мораше многу одамна да олади поради лошото искуство што го стекна, во меѓу време, со античките Грци. Но, никогаш не се откажа од таа идеја. Тој успеа во тоа, потпирајќи се врз својата голема амбиција што се' уште продолжи да го инспирира за да го трасира патот на античката грчка култура на Исток. Оттогаш немаше повеќе две посебни цели во војната и можеше да се посвети на идејата за непречено освојување.

Тоа зборува за значењето на Александар Македонски како државник, кој пред да оди на Далечниот Исток, ја централизира целата финансиска администрација. Му нареди на Парменион, кој го донесе богатството од Суса и Персепол, вкупно 180.000 персиски таланти (околу 63.000.000 фунти), да го депонира во тврдината на Екбатана.

Потоа да го донесе кај Харпал, кој дотогаш раководеше со војничката благајна, а сега беше именуван како царски благајник. Александар Македонски ја прекина употребата на парите од персиските кралеви и нареди да се употребуваат негови златни и сребрени монети, чии ефекти беа значајни. На Пармениот му довери да го чува кралското богатство, а му ја остави и дивизијата во Екбатана, како и сите други важни задолженија за заштитата на комуникациите во заднината.

Тоа беше многу почесна и крајно одговорна наредба која му беше доделена на заслужниот стар генерал. И покрај тоа, тој малку се чувствуваше омаловажен, но очевидно грешеше. Не само неговите седумдесет години, кои изгледа не одговараа и му пречеа за такви напори, туку и спротивноста меѓу нивните погледи. Сето тоа на Александар Македонски веројатно не му одговараше. Така, ослободен од сите ограничувања, од панелинистичката идеја и од еден толку често незгоден ментор, Александар Македонски можеше да оди на Далечниот Исток.

 

Продолжува

 

 

Александар во борба со Персијците

Кочо Рацин

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

***********************

 

 

 

 

БАЛАДА ЗА НЕПОЗНАТИОТ

  • Натаму - в поле битолско
    чемрее врба проклета
    под врбата незнаен гроб,
    в гроб лежи војник
    непознат.

    Лежи од војна световна,
    лежи - и веќе земјосал
    силна го тага изела
    за дека тука загинал.

    Никој крај него немаше
    вишното небе врз него,
    земјата скришна под него
    над гробот врба стушена.

    А таде - в гори зелени
    в сума гробишталежеа
    делии - одбор јунаци
    за татковина паднати.

    В полноќ се над ним дрвјата
    од жалба силна свиваа
    горските бистри езера
    в силна светлина светеа.

    И од ним - самовилите
    една по една идеа
    од гроб до гроб го дигаа
    јунак до јунак - на оро.

    И кога сите минеа
    покрај врбата стушена
    делии се запираа
    незнаен брат си викаа:

    "Ја стани, море, јабанец
    на оро со самовили!
    Зора се зори - петлите
    скоро ќе всело пропеат!"

  • А тој од гробот тепкаше
    дума врз дума чемерна:
    "Минете, браќа, врвете,
    не сум ви лика - прилика!

    Кој умрел за татковина
    и за човечки правдини
    каде вас, братко, не гинел
    со вас до векот живеел.

    Вие му песна пеете,
    вие го с песна жалите
    така се сите раѓате
    и така си умирате!

    А тука - зошто паднав ја?
    зошто ме куршум прониза,
    зошто ме земја притисна
    за кого лудо загинав?

    Кажете, браќа, кажете,
    кажете - па поминете
    мене ме ништо не дига,
    мојата смрт е - карасмрт!"

    Делии глави веднеа,
    немеа самовилите
    тешко на тија, горко им
    така што гинат на војна!

    Немеа - туку петлите
    в селото веднаш писнаа
    самовилите в горите
    с делии в раци лиснаа!

    Пусто остана полето,
    пусто зазори зората
    чемрее в поле врбата,
    чемрее - тажи непознат.
    *********
    Автор: Кочо Рацин

БИТОЛСКО ПОЛЕ

Kind regards: 15 декември 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 184

ВИДЕОТЕКА

***************