ХЕРОИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

Oд лево: Елизабета Матевска, Весела Зердевска, Ана Бобинкова, Виолета Петковска, Душан Дојчиновски...

Сотир

 

 

Сотир Гроздановски-Македонски

БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА

"Режимот мораме да го собориме сами, а не да чекаме некој од надвор тоа да го стори за нас". М. Грчев

*********

 

Понижувањата, игнорирањата  и кршењето на елементарните човекови права и слободи  во Република Македонија продолжуваат, затоа режимот на Зоран Заев треба да си оди   што побргу, тоа поарно за сите.

Дел од народот се буни и протестира, но тоа за властодршците не значи ништо. Заштитено со кордони полиција, Собранието и понатака заседава, како надвор пред вратите ништо да не се случува. Пратениците како Зомби ги извршуваат наредбите и упатствата на Зоран Заев и ја подготвуваат Македонија за самоуништување. Надворешните наредбодавци задоволни и понатака го храбрат својот "премиер" да си ја заврши работата, која и него ќе го однесе во тропотарницата на историјата. На историјата, за никогаш повеќе од таму да не се врати.

Нај смелите  борци  на Татковината и понатака се борат како Давид со Голијатот и не се предаваат. Незаинтересираните поминувачи, пак, и понатака се чудат што се случува и си го продолжуваат патот несвесни, дека тие се борат за себе и за нивната слобода. Пропагандите на Заев за "поарен" живот со влез во НАТО и Европската Унија, се' уште паѓаат на плодно тло и го трујат семето од које би требало да изртат Македонци, кои ќе си ја сакаат и почитуваат својата Татковина. Македонските "лидери" од опозицијата седат дома и си гледаат сеир, чекајќи да помине бурата и евентуално на некои од  идните избори одново  го кренат гласот против Хунтата и злосторствата на Зоран Заев и како "херои"  да му седнат на вратот на народот и  продолжат  од таму, каде Заевата диктатура ќе застане.

До кога вака? Па се' зависи од свеста и храброста на оние кои мислат дека она што се случува во земјата, нема врска со нивните животи. Има, и те како има и со нас расфрлените по странските земји, како последица од поранешните зулуми на претходниците на овие, кои денес го докусуруваат и ова, последно парче земја и народ, македонски.  

Историјата нема да им прости на оние кои кукавички седат дома и чекаат некој друг да им ја донесе слободата. На оние, кој не ја љубат својата сопствена Татковина и ги оставаат своите браќа и сестри сами по улиците на Македонија да се борат за  својата слобода и за слободата на нивните семејства. Се борат и со своите херојски дела ја  збогатуваат македонската историја, која денес немилосрдно кликата на Зоран Заев ја распродава, за да неостане  трага од претците но и од  нас. Од нас, кои секој на свој начин се бори да се сочува тоа што се' уште може да се извлечка од канџите на sверовите заседнати во СДСМ и во политичките партии на  Албанците, во Македонија.

Владата на Зоран Заев и понатака си тера по свое, туркајќи ги своите  погубни програми во Собранието на Македонија. Како да му се брза,  земените обврски и ветувања  да ги изврши на време, по секоја цена, и да си замине некаде надвор од земјата со пленот, кој ќе му донесе "среќа". А народот кој му ја даде шансата да ги искаже способностите како лидер а не предавник и изрод? Па како и секогаш во последните 27 и кусур години. Нека се снајде како знае и умее!

Сите предупредувања  да  ги прекине дејствијата  кои ги загрозуваат македонските национални интереси, паѓаат на глувите уши Зоранови и неговите следбеници. Со секој изминат ден,   постануваат се' поагресивни и уверени во помошта од надвор, која во случај положбата во земјата да постане крајно сериозна и заканувачка, да им дојде на време. Но, кога ќе се затркала големата топка полна со гневот народен, не ќе имаат ни каде да се скријат ниту побегнат, како квислинзите во Виетнам, кои за многу останаа само приказни од нечие туѓо минато. Ама и во блиското соседство, во Романија, со крајот на  омразените диктатори  Николај  и неговата сопруга Елена, Чаушеску.

Секое нетрпение има свои граници на издржливост. По се' изгледа, дека и точката на топење на Македонците се приближува и не се знае колку голем оганот ќе постане и каква штета по сите може да нанесе.

Кој од историјата не учи, неодговорно ги повторува грешките на предходните изроди и предавници. Во такви случаеви, трпението на понижениот народ може да  биде катастрофален. Како силен вулкан кој со својата огнена лава брише се' пред себе и  си ги наплатува долговите од грешниците.

Постојат примери во светската историја, од кои може многу да се научи. Еден од таквите е од времето на освојувањето на Константинопол од Селчук Турците и уништувањето на Византија, односно Источното Римско Царство, за кој мислев дека ќе биде интересен да ви го пренесам во овај број од "Македонски Збор". Па, да видиме што се случило и зошто е поучен за нашите, македонски, изроди и предавници:

"Кога Селчук Турците сакале да го освојат Константинопол (1453) и дефинитивно да ја поразат Византија, а никако не им одело од рака, Султанот се досетил: пратил трговци, соработници, да ги поткупат Мачедоните Аромеи (Византијци). И тоа не им успевало. Нудел многу злато, но и тоа не родило плод.  Но, со време успеал да го поткупи генералот Ника и Грковласите, богаташите на Византија. Тие му кажале кои sидини се најслаби за одкаде да нападнат и да го освојат Константинопол. Тој во тоа успеал, ги купил со голема сума злато и привилегии како везири.

Нападот им успева и Турците го освоиле Константинопол и Византија...После некое време, Султанот дал наредба да се соберат оние кои ги поткупил со пари и наредил да им се исечат главите, а златото да им го стават во гробот.

Синот на генералот го зел за негова машка проститутка, за што  генералот се бунел, па и тој останал покус за глава. На сето ова се зачудиле турските генерали и го прашале Султанот: 'Султане, тие ни помогнаа да ја освоиме Византија, а Ти ги истепа. Зошто' ? Султанот на тоа одговорил: 'Тие својот народ го продадоа за пари, замислете што можеше да ни се случи, ако ги оставевме живи' !!!"

Но приказната и понатака се повторува. Алчноста и нечесноста ги тера луѓето во искушение да пробаат како ќе изгледаат кога народот ја земе власта во свои раце и таквите ги скрати за глава или ги втурни доживотно да гнијат таму, каде им е местото.

Секогаш, ваш Сотир

Сенките на Николај и Елена Чаушеску - Романија

Падот на Константинопол 1453 година.

А. Русјаков

Александар Русјаков

ГЛОБАЛИСТИ И СУВЕРЕНИСТИ

***************

 

Уф, историја! Двајцата автори, на колумната лево, не' испрошетаа низ историјата. И како сега јас, човек што доаѓа од земја во која странските и домашните политичари постојано го силуваат со муабетот да не гледа во минатото, туку во иднината, да дебатирам со колумнистиве на тема историја?

Па јас, бре си имам министер што ми вели дека сум искомплексиран поради историјата. А ха, драги колеги колумнисти, ние го плаќаме за да ни трие сол на глава, бидејќи дигнат му е имунитетот. За него ние сме искомплисиран народ заради историјата. А ваму, во колумната лево, едночудо историја. Француска револуција, Наполеон, Роза луксембург, Ленин, Сталин, конгресот во Бад-Годесберг. Среќа, јас сум доволно искомплексиран од историјата, па, за разлика од некои министри, сум писмен и креативен индивидуалец, а не политички инструирана марионета, која знаејќи што одработува ги мрази оние што му е заповедано да ги уништи како народ. Но да ја почнам дебатата.

Искрено, ни јас не знам што мајка бара Стив Бенон низ Авропа. Не ме ни интересира. Можеби дошол да се подзамеша во внатрешните работи на Европската Унија. А, што пак тука има чудно? Американец да се меша во туѓи работи. Ние имаме овердоуз од нивното мешање. Додуша, не е Трамп и Бенон, ама нивните американски политички противници душата и идентитетот ни ги извадија низ нос. И не само тие. Европската Унија не запрела да ни се меша во име, постоење и внатрешни работи. Ги почувствуваме и нивните "балкански методи" преку отфрлање на референдумската одлука на граѓаните и создавањето нелегитимно двотретинско мнозинство, осликано во насилство, уцени и поткупи, за укинување на Македонија. Оттука, не знам зошто чудењево околу мешањево. Што се однесува до мене, Стив Бенон може слободно да ја растури нивната изопачена, лицемерна и варварска моќ. Око нема да ми трепне.

Што се однесува до историјата, сето она лево ми звучи малку средношколски. Лекции по интернационализам или што произлезе од него. Фашизам и комунизам, социјалдемократија и национализам, денес сето ова се измеша. На политички план судирот не е меѓу демократи и националисти. Тие веќе не постојат. Освен ако не зборуваме за судир меѓу лажни демократи и антиглобалисти. Вистинскиот судир е меѓу глобалисти и суверенисти. Едните, во името на моќта и капиталот, сакаат да го одземат суверенитетот на државите. Тие сакаат, наместо граѓаните, да одлучуваат што е добро занив, а што не. Затоа што се забегани елитисти. Суверенистите сакаат силни држави што сами одлучуваат за себе. Без разлика дали се дел од сојузи, унии или алијанси.

Тоа што се однесува до политичката борба, во реалноста на обичниот човек, борбата е слична,  ама различна. Со години на политичкото небо се менуваат левицата и десницата. Но тие одамна не се она што се претставуваат. Левицата заборави на сиромашните, на работниците. Десницата ги заборави трајните вредности. И едните и другите, одамна не им служат на граѓаните. Нивни господари се  банките, корпорациите, лоби-групите, воените профитери. Помогнаа богатите да станат побогати, а средната класа и сиромашните да доосиромашат. Изопачената светска моќ диктира и владее, а тие само се менуваат. И на граѓаните им пука филмот.

Гори Париз! Улиците вријат од незадоволен народ! Причина? - поскапување на горивата! На секој чекор се водат улични борби со полицијата.Центарот на градот е во колапс. На покривите има полициски снајпери. Оние што протестираат донесоа и гилотина. Повторно мириса на Француската револуција. "Жолтите елеци" полека стануваат европски симбол. Се кренаа и во Белгија. Веќе една недела Брисел е блокиран. И Холандија е на нозе. И таму се протестира против истото даночно покашување. Во Шведска и во Германија се протестира против политиката на отворени врати за мигрантите. Во Шпанија победи крајната десница. Првпат по падот на Франко. Во Полска ги палат знамињата на Европската Унија. Унгарија бара редефинирање на истата таа Европска Унија. Стариот Континент се тресе. Спроти изборите за Европскиот парламент идната година: 2019-та ќе биде мошне интересна за набљудување.

И што може да се каже сега? Дека Трамп и Бенон стојат зад овие европски протести? Дека тие ги рушат глобализмот и либералниот капитализам? Еве, и да е така. А што па има различно, ако е така, од времето кога "длабоката држава" преку Џорџ Сорос решеше влади и држави низ Европа? Преку нивните исценирани "обоени револуции" во кои имаше непотребни жртви? Рушеа влади, рушеа држави, октроираа власти што работа само за нивна политичка и економска корист. Е па, злото секогаш заборава дека неговите дела му се удираат од глава. Затоа, навистина не ми е јасна паниката ако една моќ, на ист начин, руши друга инсталирана моќ. Но не мислам дека Стив Бенон глуми Џорџ Сорос низ Европа. Сигурно е Путин тогаш, а? Нема да ме  зачуди ако и такви наслови засветкаат по меинстрим-медиумите.

Стив Бентон веројатно е во Европа за навистина да ја зајакне позицијата на оние политичари што се против политиките на "длабоката држава" и Соросовото "Отворено општество". Не знам дали знаете, ама повеќето од половина европски пратеници се на платниот список на лажниот филантроп. Но она што се случува по улиците на Европа, верувам дека е од сосема други причини. Нивните политичари обземени од изопачената моќ што им е дадена, буквално аздисаа. Колку се станати безумни, саможиви и аздисани одмоќ најдобро можеме да посведочима ние тука, во Македонија. Кој од нив ни се нема накачено изминативе години-две. Но тие се такви и дома.Не работаат за граѓаните, туку за моќта. Животите на луѓето се во канџите на банките. Даноците постојано растат. Како и цените. Средната класа полека осиромашува. Бегалците стануваат новата ефтина работна сила. Згора на се', не сакаат да се интегрираат, честопати гледаме насилство по улиците. Појавата на национализмот е сосема природна, но вистинскиот гнев кај луѓето не е етнички, туку економски. Глобалистите изгубија компас опиени од оќта, тое е вистината. Европската Унија седе дел од економскиот суверенитет на нејзините членки, но забеганите сакаат да го одземат целосниот суверенитет на државите. Затоа, не верувам дека станува збор за обединување на светскиот национализам, што навистина звучи малку смешнои апсурдно, туку нова геополитичка студена војна, но овој пат меѓу глобализмот и суверенизмот.

 

06 декември 2018 година

https://www.novamakedonija.com

**********************************

 

Томе Секуловски

НИЕ И АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

********************

 

Времето лекува се', така велат старите, но некои велат дека предавството не може да се излекува ни со најскапите и најсовремени лекови што се произведуваат во светот.  Самите предавници, кои по извршеното дело го заслужуваат тој епитет, треба добро да размислат, пред да го направат тоа, зошто од срам никаде не можат да се скријат. И другите држави имаат свои предавници. Ако се мисли дека епитетот ПРЕДАВНИК на прво место го носат Македонците, по мое мислење тоа не е точно. Тие по малку заостануваат зад некои нивни колеги бидејќи секој народ си има свои домашни предавници.

Нејсе, си имаме сопствени (во најново време) предавници, по мое мислење. Не значи дека за некои мојот став е исправен, но јас така сметам во ова време, на овој македонски простор, во оваа наша држава, во оваа светлосна година. Најсвежи и најголеми предавници, според мене, се некои носители на државни функции, кои се најекспонирани во уништувањето на Република Македонија и македонскиот народ и нација.

Лично сум згрозен од "гнасните" зборови што јавно ги кажуваат за Македонците и македонската нација што така "писмени" млади луѓе ја преценуваат и форсираат туѓата историја, а сопствената македонска историја ја фрлаат на буниште. Александар Македонски не е измислена личност од некоја бајка, тој не е измислен од Демостен, кој со денови мислел како да ги напише "Филипиките", тој не е измислено страшило што ги победува Персија и цар Дариј.

https://www.nova makedonija.com

07 декември 2018 година

 

 

 

Славе Николовски-Катин

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

ПРЕСТОЈОТ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ВО ВАВИЛОН

ДЕЛ 38

 

Дарие Први, чиј суверенитет му беше доделен од Ахурамазда, според неговите сопствени документи, беше исто така крал на Вавилон, крал на земјата, како што се вели во вавилонските текстови. Така, востанието на Тарзија (479) го загуши неговиот син Ксеркс со оваа традиција. Тој го уништи храмот на Мардук (Есагила), го зеде тој имиџ и му  стави  крај на засебното кралство на Вавилон, а Ахеменидите никогаш потоа не назначуваа кралеви на Вавилон.

Посебната позиција на Вавилон беше прво обновена од Александар Македонски. Со цел што подобро да се запознае со религиозните чувства на новопотчинетите,  како што го направи во Египет, а особено да се постави добро со свештениците, погрешно ги нарече Халдејците како антички Грци и Романи. По влегувањето, нареди да се обноват храмовите уништени од Ксеркс, а особено храмот на  Мардук.

Притоа настојуваше да се остварат желбите на свештениците и, како што забележа Аријан, приложи жртва на Мардук, што Тирјанците не дозволија да го направи во нивниот град.

Старите традиции што сега ги презеде Александар , спојувајќи ги со светската доминација и суверенитетот на Вавилон, морале да му бидат добредојдени, но тоа тешко му ја смируваше душата. Оваа Вавилонска доминација над светот едноставно бараше владеење над подрачјата на Азија (вклучувајќи го и Египет), а тоа единствено значеше суверенитет над Азија што му беше ветено уште во Гордиум, а официјално потврдено од собранието на војската во Арбела, пред да дојде во Вавилон.

Но нема да биде точно  ако од вавилонските традиции произлезат барањата да се владее над Азија. Сепак, можеше да биде од значење за Александар Македонски да најде во старите метрополи на Ориентот потврда на она што го доби со својата десна рака, бидејќи прокламацијата кај Арбела беше навистина само последица од неговите гигантски подвизи.

Како и во Египет, каде што Александар Македонски постави месно населении на чело на цивилната власт, така и сега при освојувањето од земја во земја, како Крал на Азија, функциите ги даваше на Персијци со титула намесник. Тоа беше направено првпат во Вавилон и значително придонесе за јакнеењето на Александар Македонски како крал на Вавилон. Мазај го назначи намесник во знак на благодарност што му ја предаде цврстата тврдина.

Освен тоа, Мазај го постави за граѓански гувернер во својство на македонски генерал да командува со единиците. Финансиските и даночните работи беа одвоени од намесништвото и му беа доверени на еден Македонец. Врз овој принцип, Александар Македонски ја водеше администрацијата и во другите намесништва на Исток, се' додека не беа потребни некои измени. Како посебна мерка, што наскоро беше укината, на Мазај како намесник му беше дозволено да кова пари.

Од Вавилон каде што остана околу еден месец, Александар Македонски тргна кон исток и во период од дваесет дена допатува во Суса, стариот главен град на Елам, кој беше главна престолнина кога владееја Ахеминидите. Во посвежата Екбатана остана само во жешките летни месеци, а зимата и пролетта во Вавилон.

Каква улога одигра Суса во античкиот грчки свет од Аешил до срамниот мир на Алтанцида? Колку амбасадори на античките грчки држави чекаа во претсобјето на Големиот крал?

Наспроти тоа, Александар Македонски и неговите Македонци сега влегоа таму без да употребат оружје. Колку беше загрижен да го заштити градот и неговото богатство е покажано со испраќањето на Филоксен во Суса директно од бојното поле кај Гавгамела. Пораката од Филоксен му беше патем пренесена дека Суса се предала и дека богатството останало негибнато.

Првпат Александар Македонски освои едно од најголемите депоа на богатство на персиските кралеви. Тоа беше од посебно значење. Дарие Први воведе метални пари во империјата, која дотогаш беше управувана врз основа на размена на природни производи, а покрај данокот на намесниците се плаќаше и данок на кралот.

Меѓутоа, стариот систем преовлада и сега како и пред тоа: наместо да ги пушти во оптек добиените готови пари, Александар Македонски ги натрупа во своите главни дворци и на примитивен начин, како и Херодот, ги стопи во златни и сребрени прачки, кои во случај на потреба ги сечеше и ги претвораше во ковани пари. Иако Дарие Кодоман потроши огромна сума пари за војната, а понесе пари и на бојното поле и таму ги изгуби, сепак Александар Македонски најде огромно богатство во дворците.

Се претпоставува дека во Суса, не сметајќи ги скапоцените камења, 40.000 сребрени таланти и 9.000 метални дарикти, од злато, паднаа во рацете на Александар Македонски, чија вредност се проценува многу високо; сребрените таланти, некованото злато и сребро достигнуваа до оклу 14,000.000 фунти. Притоа, Александар Македонски веќе можеше да го испрати Менес од Суса како нов финансиски директор на Киликија, Феникија и Сирија, со 3,000 таланти, за да му плати на Антипатер колку што бараше за војната со Агис, но никакви новости не пристигнаа за тој конфликт.

Влегувањето во Суса беше проследено со голема свеченост. Александар им приложи жртви на македонските богови според прадедовскиот ритуал и нареди да се одржи трка со факели и гимнастички натпреварувања. За намесник го постави Персијанецот Абулит, кој претходно му го предаде градот, но постави и двајца Македонци, еден како командант на единиците, другиот како командант на тврдината.

Во Суса Александар Македонски ја зајакна војската со неколку илјади нови единици од Македонија. Со инкорпорирањето на луѓето од планините во кралски службеници, тој направи нова организација: ги подели полковите прво во по два ескадрона и на секој му додели командант. Тоа беше прва од големиот број реформи што беа постепено воведувани во организацијата на војската.

Наредната цел на Александар Македонски беше Персепол. По поминувањето на  Паситигрис, дојде до земјата на Уксиите. Додека населението што живееше во рамнината му се покори, немирните планинци побараа да плати доколку сака да ја помине нивната територија, како што претходно направи персискиот  крал.

Александар Македонски одби да плати, бидејќи не сакаше да му признае самостојност на ниедно племе во својатаМакедонск Империја и со воено лукавство успеа да ги совлада. Потоа, тој ик наметна фодишен данок во коњи, влечни добици и овци, бидејќи овие планински луѓе не ги познаваа парите  живееја од сточарството.

Додека Парменион го испрати со античките грчки единици долж планинските стрмни патишта што беа направени за персискиот двор од Суса до Персепол, Александар Македонски со своите Македонци иташе низ планините по краткиот пат до Персиските преслапи. Овде тој се соочи со цврста одбрана. Персискиот намесник Ариобарзан беше изградил sид на преслапот и го чекаше со многу посупериорна војска.

Само со тешки борби и со помош на вешти маневри Александар Македонски успеа да го натера непријателот да побегне. Потоа побрза долу во рамнината, преку реката Аракс (Кур), што беше неколкупати премостена до Персепол со цел да втаса во градот пред градскиот гарнизон да го опљачка богатството. Тој втаса навреме и го спаси богатството.

Тогаш Александар Македонски стапи во родната земја на Ахеменидите. Големиот Кир, основачот на империјата, и на династијата, во својот главен град имаше изградено дворец и гробница во Пасаграда (во близината на сегачниот Мешеди-Мургхаб), блиску до бојното поле на кое го совлада Астијаг Медијанецот.

Подоцна Дарие Први, на југоисточната странаа оттука ја изгради цврстата тврдина Персепол, во која тој и неговите следбеници ги изградија своите резиденции и отворените приемни сали (Апалана - приемен простор на отворено) потпрени со столбови на висока тераса на која лежеа дворедни скали, богато украсени се релјефи. Уранатините на кралските згради во Персепол (Такд и Дшемшид) дури и денес оставаат силен впечаток.

Огромните столбови кои се издигаат кон небото, големите бикови пред главната врата, речјефот и натписите сведочат за силата и сјајот на светската инперија која веруваше дека ќе се зачува за цело време со милоста на Ахурамазда.. На sидовите со скалите кои водат кон терасата се запишани овие зборови:

"Така рече кралот Дариј: оваа земја на Персија што ми ја подари Ахурамазда, а која е убава, богата со луѓе и богата со коњи, според тестаментот на Ахурамазда и од мене кралот Дариј, не се плаши од непријателот". 

Сега, таа се предаде небранета пред нозете на Александар Македонски.

 

Продолжува.

 

 

 

Александар Македонски влегува во Вавилон.

Панде Манојлов

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

***********************

 

 

 

И ТАКА ЌЕ НЕ НЕМА

  • И така ќе не нема,
    ќе не снема
    како река понорница
    што тоне
    во невидлива бездна.

    Ќе останат иконите,
    писмото наше
    во црквите,
    во манастирите,
    ќе останат
    книгите стари
    на полиците

  • со јазик без име,
    и ќе не снема
    велам,
    ќе не снема,
    додека семето наше не изрти
    расфрлано во светот,
    во македонските орници,
    во полињата,
    во доловите,
    додека Делчев
    од вечноста
    не воскресне.
    ********
    Автор: Панде Манојлов

Ова не чека ако него макнеме од пред очи Зорана Заев и неговите мангупи.

Kind regards: 10 декември 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 183

ВИДЕОТЕКА

***************