СОТИР

Сотир Гроздановски-Македонски

КУЌАТА  ГОРИ  ПИРОМАНОТ НЕВИН

*****************

 

Старите грешници, откако ја загубија силата со која ги заплашуваа потчинетите во времињата кога и самите владееа со Македонија, денес  за сите свои придонеси во разградувањето, осиромашувањето, депопулацијата и доведувањето до работ на  пропаста на својата сопствена држава, постануваат слаби, немоќни, нечесни, зли и Камелеони.

Ги товарат денешните и претходните властодршци,  со сопствените гревови. Ги товарат бесрамно, "потајно" барајќи од Бога прочка. Го "молат" на колена , да не ги фрла во пеколот, заедно со нивниот плен, од што се плашат како ѓаволот, од темјанот.

Еден од многуте, за овој пат, е господинот Петар Гошев,  сега стар "Лав" со искршени заби,   со доста време за размислување и  рекапитулирање на спомените од времињата  кога и самиот, како политичар и висок партиски функционер, беше еден од силните над слабите и немоќните. За оние кој не го познаваат господинот Петар Гошев, на кусо ќе ги запознам со дел од неговото минато, а после ќе продолжиме со она што  тој има да ни каже за сегашната состојба во Република Македонија. За  владеењето на денешните и вчерашните властодршци  и нивните импликации,  врз сегашноста и иднината на нашата Татковина. Но, особено за неговиот благонаклон став спрема  Договорот со Грција, мудро премолчувајќи ги договорите со Бугарија и Албанците во Македонија. 

Петар Гошев

Господинот Петар Гошев е роден на 05 септември 1948 година во Пирава, Валандовско. Тој е македонски политичар и поранешен гувернер на Народната банка на Македонија. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје во 1971 година, а во 1983 станал магистар по економски науки. Работел како економист во фабриката за автобуси "11 Окотомври" Скопје, потоа  бил советник во Синдикатот на Македонија, а извесен период и шеф на Кабинетот на претседателот на Синдикатот на Македонија.

Од 1984 до 1988 година е член на Претседателството на ЦК на Сојузот на комунистите на Македонија (денешен СДСМ), а во 1989 бил и претседател на СКМ и на таа функција останал до 1991 година. Петар Гошев бил и шеф на делегацијата на Собранието на Социјлистичка Република Македонија во Собранието на СФРЈ.

Во 1990 година, господинот Гошев бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на Сојузот на комунистите на Македонија (СКМ - ПДП). Поради несогласувањата со новото раководство на СДСМ, во 1993 година се одцепил од Партијата и ја формирал Демократската партија. При тоа бил избран за нејзин претседател. Од 1997, со обединувањето на Демократската и Либералната партија, станал претседател на Либералната демократска партија. На Парламентарните избори во 1998 година бил повторно избран за пратеник. Претседател на ЛДП бил до 1999 година, кога поради неуспехот на партијата на Парламентарните избори во 1998 година, Гошев поднел оставка.

По Парламентарните избори, во периодот од 01 ноември 2002 до 07 ноември 2003 година бил Министер за финансии на Република Македонија, а потоа,  од 2004  се' до 2011 година, Гувернер на Народна банка на Македонија .

Според горе наведените податоци,  господинот Гошев  бил активен и за времето на процесот на пренесувањето на јавниот имот во приватна сопственост. Односно на Приватизацијата или најголемиот грабеж на имотот на македонскиот народ и создавање на македонските тајкуни, односно легалните арамии, било кога забележани во историјата на Македонија.

Но, ајде да видиме што има да ни рече господинот Гошев за владеењето на оваа сегашна власт и договорите со кои се уништува Република Македонија:

 "Договорот  Ципрас-Заев е уште еден чин на доминација на моќта над правото и праведноста, од една страна и на долгогодишното некомпетентно управување со нашата земја од страна на владеачките елити кои продефилираа во изминатите 27 години, од друга страна. Ако не можевме да ја победиме далеку помоќната Грција, сигурно е дека можевме да не ја истоштиме Државата толку многу, да не им сервираме на соседите и другата, релевантна 'меѓународна заедница' толкава ранливост на нашето општество која речиси недвосмислено ги наведуваше на заклучок дека ете, секој момент може да се распаднат".

Вели Гошев и продолжува!

"Какви преговарачки позиции можеше да има земјата за која целиот релевантен свет дозна колку нејзините политички функционери се корумпирани, кон какви хазардни игри прибегнаа во создавањето вистинска конфузија со идентитетските прашања врз основа на лаги, непознавање на сопствената историја, навлегување во туѓи, помоќни атари, демонстрирајќи му на светот дека тие, наводно, 'патриоти' крадат туѓи идентитети за да си изгледааат пред сопственото огледало помоќни, повредни и да ја 'импресионираат или засенат простотата' (што би рекле нашите северни соседи), само и само да добијат или останат на власт'. 

Што е за нас клучно во понудениот Договор со Грција, што впрочем, со право, доминира како аргумент од страна на преговарачите и јавноста која поразумно му приоѓа на прашањето? Клучните одредници на нашиот колективен идентитет не се загрозени, иако Грците се потрудиле да ни стават узди кои нема да ни дозволат да митологизираме како досега (наспроти фактот што нема нација што не митологизира, а особено нашиот Јужен сосед). А тоа, нели, беше најважното прашање и за актуелната власт и за доскорешната партија на власт, сега во опозиција, но очигледно (иако ништо изненадувачки) само додека и таа беше на власт.

Не е неточно, ако признаеме дека членовите 7 и 8 од понудениот Договор се прилично претерување, во одредени позиции до невкус и навреда. Во нив има одредби кои не можат да се бранат со никакво меѓународно право. Тие се само грчко 'разбирање' на меѓународното право. Но жолчните критичари на договорот, претежно приврзаници и членови на партијата која единаесет години ја ограбуваше и изолираше Македонија од остатокот на светот, нека се запрашаат, ако  имаат трошка доблест, дали овие членови (7 и 8), како и некои одредби поврзани со преамбулата на Уставот, ќе беа токму вакви доколку претходната гарнитура на власт не ги играше играриите на водење инает со сите и не навлегуваше во туѓи културолошки дворови?  Затоа, нам, денес, имајќи ги предвид клучните одредби поврзани со идентитетот и отстранувањето на клучниот услов за зачленување во НАТО и ЕУ, ни преостанува само да се запрашаме: дали тие претерувања вредат да го растуриме Договорот, во услови кога нам тоа помалку ни одговара и кога со сите сили, како држава, работевме да го демантираме Глигоров кој, јавно прогнозираше дека 'времето работи за нас'?

Додавката на името е во согласност со прифатеното од страна на гарнитурата на Глигоров: а тоа е, Република Македонија не го монополизира поимот Македонија, зашто, нели, Македонија на Филип и Александар Македонски се протегала на поширок простор, што е факт, како што е факт дека ние го населуваме северниот дел од таа некогашна империја. Ако сме го прифатиле тоа, односно тоа го прифатиле нашите предходни државни гарнитури, сегашната корекција на името е во согласност со тоа што на почетокот на деведесеттите е прифатено: дека ќе прифатиме име со кое појасно ќе направи дистинкција од регионот кој Грците, со задоцнување, им текна да го експлоатираат како Македонија, за, наводно, некој да не им го украде античкото наследство ( серазбира не е само тоа во прашање), колку и да е дубиозно таквото тврдење за присвојување како на тоа, така и на било кое друго историско наследство. 

Да го симнеме ова прашање од дневен ред, за да немаме изговори како другите не ни даваат да се развиваме"! Завршува господинот Петар Гошев!

 

Делови од текстов се преземени од

https://fokus.mk/goshev,  

 

Заврушавам со небулозите  на господинот Гошев и неговото игнорантно однесување во поглед на македонското древно историско и културно наследство. Бидејќи неговото потполно непознавање на македонската историја од антиката, до ден денешен е застрашувачко. Па затоа,   гледајќи од перспектива на луѓе кои ниту за влакно не  се подмрднале од  антимакедонските позиции на Сојузот на комунистите, кој заради заедништвото во СФРЈ и Југословентството се одрекоа од  се' што е македонско, погледите на Гошев, како дел од тие забегани     и одродени "Македонци",  не се никакво изненадување.

Обвинувањата за наводното крадење на туѓи идентитети и навлегување во "туѓи" културолошки атари и дворови од страна на ВМРО-ДПМНЕ  се чиста демагогија, со што Гошев ги оправдува погрешните и предавничко-криминални  политики на  Зоран Заев и неговата не легитимна и ненародна Влада. Одобрувајќи ги навредливите барања на Грција за посед на се' што е македонско од искона до ден денешен е велеиздаја, која се казнува во секоја правна држава со доживотна робија или смрт. 

Па зарем ние, Македонците, господине Гошев, паднавме од Марс како новороденчиња на некоја туѓа земја и такви останавме до времето кога официјално Зоран Заев му соопшти на цел свет за тој "факт", односно  дека сме ние криминалци и арамии на туѓо културно наследство? Па зарем Македонците биле некогаш под власта на така наречената Грција, која никогаш, до 1832 и не постоела како држава во форма и облик како денес?

Такво  произволно и ненаучно толкување и негирање на македонската историја и идентитетот македонски не е прифатливо ниту за подпросечно образован Македонец. Срамите се, заедно со сите ваши истомисленици од вашата криминална и изродничка партија! Ако имате било каков доблес и чувство дека сте Македонец!

Таквите ваши убедувања придонесоа и македонското образование  да се насочи  спротивно на нашите национални интереси, чии последици се чувствуваат и денес во вид на разградување на македонскиот безбедносен систем и уривање на угледот, честа и достоинството на македонската нација.

Деструктивната "шарена револуција" и  однесувањето на пратениците во Собранието на Република Македонија се сведоци и резултат од политиките   на македонските власти од времето кога вие важевте за лидер. Прекројувањето на Уставот на Република Македонија по барање на Грција, Бугарија и Албанија е  нешто што се коси со избришаните од Заев, црвени линии до кои  Македонците би можеле да бидат  толерантни, а не  самодеструктивни. 

Драги мои,

Гореизнесените ставови и убедувања на господинот Гошев, од пред нешто повеќе од шест месеци, се само дел од неговата обимна колумна во Фокус.мк, но сметам дека и тоа е доволно за да  се види со какви луѓе,  имаме работа. Во неговото интервјуо за штипското радио 77, кое ви го донесувам подолу, ќе имаме прилика да го видиме господинот  Гошев во едно друго, трансформирано светло. 

Секогаш, ваш Сотир

*************************

 

Петар Гошев

Радио 77 - Штип

ИНТЕРЈУ СО ПЕТАР ГОШЕВ

МАКЕДОНИЈА СТАНУВА ДАНОЧЕН РАЈ

*************

Петар Гошев, во своето интервју за Радио Штип 77 зборува за неговите видувања и разочарувања од вистинските деструктивни политики на Зоран Заев,   за кој верува, дека водат кон потполно уништување на Република Македонија, како држава на македонскиот народ.

Зборува за предвидената финансиска зона на територијата на Република Македонија, која исто како  и првата, индустриската зона, е насочена кон грабежот  на севкупното богатство на македонскиот народ и злоупотреба на ефтината работна сила, во Македонија.

Па да видиме како ги гледа работите, господинот Петар Гошев, половина година после неговата колумна, од која делови ви пренесов погоре, со која отворено се става на страната на Зоран Заев и ги подржува плановите кои доведоа до фазата, за која денес зборува, кога од некои посебни причини политиките на Заев не му одговараат. Или пак, дури сега се увери дека Македонија од секогаш била Македонија со Македонци во неа, а Грција како држава никогаш и не постоела. Постоеле куп градчиња, државички, кои меѓу себе се јаделе како кучиња, се', дури Филип и Александар  Македонски не ги обединиле и не ги направиле, поцивилизирани "волци".

 

Па да тргнеме:

ПРАШАЊЕ: Што се случува со предвидената Финансиска зона?

ГОШЕВ: Па, допрва ќе видиме што тие ни титулираат, не само во Уставот,    една  матно - нејасна реченица, генерална реченица, за потоа да си отворат простор   и  да работаат  што сакаат. Меѓутоа, генерално се работи за надополнување на концептот за исчезнување на Македонија,  распродаја на вкупниот имот на Република Македонија, идентитетот и губење на македонскиот суверенитет, сфатен во најсовремената смисла на зборот: СУВЕРЕНИТЕТ!

До сега зборувавме за киднапирани институции, киднапирана демократија, медиуми, а после ќе зборуваме за киднапирање на Република Македонија или делови од Република Македонија, во полза на една меѓународна финансиска бандитска Олигархија, за која што би важело специјално законодавство.

Значи сега всушност, предвидуваат на територијата на Македонија воспостава Држава во Држава, на територија на која што нема да важат постоините закони на Република Македонија. Тоа значи, комплетно ново законодавство. Нови закони за трговски друштва,   за финансиски организации, за  јавни финасии... всушност, тоа е концептот на ОВАА НАША ГАРНИТУРА која што се труди да стане "угледен член" на меѓународната финансиска, бандитска Олигархија!

Значи, формирање на Држава во Држава! Тоа е концептот, а ќе ги видиме деталите, секој ден,  кога ќе    подготвуваат  закон по закон, инсталирајќи ја оваа, така наречена, Финансиска зона.

Ако кликнете на GOOGLE и напишете: International Financial Law, ќе видите дека такво нешто ќе ви се појави  во   Арапските Емирати: Дубај и ќе видите од каде всушност, ја украле оваа идеа, која  што е во склопот на изградба на капиталистички систем од 18-тиот век. Не од 19 или 20 век, туку на капиталистички систем од 18-тиот век. Се' им припаѓа на богаташите, на капиталистите, се' им припаѓа на финансиската олигархија. Сите други се  буквално наемни работници, во нај мизерни услови.

ПРАШАЊЕ:  Кон што води ова? Дали ќе се овозможи влез на капиталот кои што некој, можи го чуваат надвор, во странство, зборувам за Македонски граѓани или пак се работи за влез на капитал на странци?

ГОШЕВ: Претпоставувам дека ги имаат сите варијанти да се обезбедат и себеси, иако имаат многу други начини, како тие да ги одбегнат законите на Република Македонија и судбината на македонскиот народ. Можеме да претпоставуваме се' и сешто. Меѓутоа, овој концепт, на инсталирање на ваков капитализам во Република Македонија, на формирање  ваков однос меѓу трудот и капиталот, е концепт од  18-тиот, и пред 18-тиот век. Тоа нема врска со правна држава, со социјална држава, со еднаквост,  правда,  хуманизам, и слични категории за кој сонува човештвото од неговото настанување.

ПРАШАЊЕ: Ако државата нема контрола врз овие зони, тогаш кој ќе ги контролира. Дали во општо има некаква контрола?

ГОШЕВ: За нив важи посебно законодавство. Комплетно посебно законодавство. Тоа е централната поента во тоа што тие замислуваат да го прават. И ќе го видиме тоа посебно законодавство. Ова е многу повеќе, ова е многу посериозно, многу поштетно од она што е така наречено "технолошки зони", кој што исто така се експропријатели на ресурсите на македонскиот народ и  израбувачи на работната сила под најмизерни услови. Ова е многу посериозно и многу поштетно, барем од ова знаење за  прва штура, замаглена, заматена,  намерно необразложена дефиниција: за додека не се сетат "Власите", да ја протнат во Уставот на Република Македонија, и потоа да имаат правна основа во највисокиот акт на Република Македонија дека тие работаат според закон и Устав. И според Уставот, кој е усвоен, демек, од  така нареченото демократско Собрание, тие имаат право да прават што сакаат.

ПРАШАЊЕ: Има ли слично меѓународно искуство, освен што го спомнавте Дубај во Обединети арапски емирати, каде што владеат други правила на работење? Зборувам за современи демократии, како европски земји и понатака во светот?

ГОШЕВ: Па има во овие Off Shore зоните, има на Канарски острови, има во Белизе и т.н.т. Меѓутоа, тоа ли  е концептот на власта? Тоа ли е нашиот идеал за демократско општество, општество на еднакви граѓани? Тоа ли е идеалот на нашата актуелна власт? Да направат дури и  полоши работи од оние кои што веќе се направени во рамките на светската финансиска олигархија?

ПРАШАЊЕ: Практично може да се каже, дека Македонија станува Off Shore рај, како по принцип на овие кои ги спомнавте, Белизе, Канарските острови, незнам уште кои?

ГОШЕВ: Се ова што го реков, за сека мислам дека е тоа! А допрва ќе ги видиме натамошните изненадувања кои што деноноќе ги измислува оваа власт, како да изврши експропријација на се' и сешто, во свое име и во името на тајфата околу себе и на оние кои што се лепат од лукративни причини, кон неа.

****************

И ако задоцнето, само да не е заборавено!  Вели народот!

Протестирањето на македонскиот народ против велепредавничкото владеење на квинслингот Зоран Заев и неговата криминална клика би требало најсериозно да се сфати.  Масовноста на протестите е нужно потребна, зошто откако предавниците  ќе си ја завршат работата, во спрега со сите оние криминалци што се собираа во Македонија за време на референдумот, може да биде доцна за се'. Како што не предупредува и господинот Петар Гошев.

Сега, со помош на купените ВМРОВ-ски пратеници и молчењето на Мицкоски и неговата свита, СДСМ и Албанците си го подготвуваат теренот за законско уништување на Република Македонија и одново грабење на се', до што ќе стигнат.

Петар Гошев, сепак не е "сосема" однароден, кога неговата совест проработи и се одлучи на ваков чекор. Да не предупреди за опасностите кои се тик до нас, а ние се' уште не сме ги виделе, притоа, неверувајќи дека СДСМ е вистинска организација на криминалци и тешки злосторници. 

Да се надеваме, дека овој македонски КАМЕЛЕОН нема повеќе да му го врти грбот на својот сопствен народ, зошто сепак и тој увиде, со какви криминалци имал работа. 

Секогаш, ваш Сотир 

Славе-Катин

Славе Николовски-Катин

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

ДЕЛ 37

БИТКИТЕ КАЈ ГАВГАМЕЛА МЕЃУ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И ПЕРСИСКИОТ ЦАР ДАРИЈ

*************************

 

Плашејќи се дека на начин што предходно го одбраа Персијците нема да успеат на земјиштето што предходно не беше израмнето, Дариј им нареди на Скитијанците и на бактријанските коњи, кои беа напред од неговото лево крило да го нападнат Александар Македонски отстрана. Александар Македонски, пак, испрати лесна коњица да ги пресретне што ја постави пред крајната граница десно, за вакви итни потреби. Додека коњицата вршеше жесток напад, колите со косила беа пуштени на десно. Но овј напад, на кој Дариј најмногу се надеваше, доживеа целосен неуспех.

Делумно возачите беа погодени или тргнати од нивните борбени коли од Агријанците и од стрелците поставени за оваа намена, а делумно од брзото повлекување: единиците на Александар Македонски формираа борбени линии низ кои колите поминуваа без да направат голема штета, се додека не беа совладани од коњушарите на Александар - маневар што беше брилијантно изведен и што потсетува на случаите на преминот кај Шипка.

Двете линии на борбата многу се приближија. Тогаш Александар Македонски забележа спроти себе една празнина во персиската лева  страна, помеѓу Дариј и единиците на коњи кои ги подржуваа Скитите и Бактријците. Неговото соколово око виде дека дојде моментот за офанзивен напад.

На чело на следбениците втрча во празнината и започна да се врти кон лево со цел да ја сврти непријателската линија кон центарот, додека веднаш потоа македонската фаланга со своите долги копја започна страшен напад врз челото.

Кога Дариј, збунет од оваа брза измена во позицијата, го почувствува страшниот напад на Александар Македонски, слично како и кај Ис, ја заврте својата кола назад и беше првиот кој избега. Стражата што беше најблизу формира еден круг околу него, а потоа им се придружија и другите единици во центарот и на левото крило.

Притоа Александар Македонски не беше во можност да го гони и да постигне целосна победа со фаќањето на Дариј. Неговото лево крило под команда на Партенион беше се' уште зафатено во многу опасна борба со персиското десно крило под команда на Мазај, кој успеа да го заобиколи крилото на својот противник. Бесмисленото бегање на Дариј беше толку несфатливо, бидејќи битката во целина се' уште не беше решена.

Освен тоа, индиската и персиската коњица на десното крило, со навлегувањето во празнината направена од брзото настапување на фалангата, успеа да ја пробие втората линија на Александар Македонски. Меѓутоа, наместо да свртат околу и да нападнат одназад, недисциплинираните ориенталци побрзаа да го пљачкаат логорот на Александар Македонски. Притоа, добро водената втора линија, со тактичкиот план на Александар Македонски, ги заобиколи и ги нападна одназад, принудувајќи ги брзо да се повлечат со големи загуби.

 

Битка кај Гавгамела

Битка со Дариј

Тоа беше онаа отстапувачка маса на коњица што се судри со Александар Македонски, кога на барање на Парменион отиде да му помогне. Нападите на коњицата сега беа многу жестоки, а Индијците и Персијците очајнички се бореа за своите животи. Александар Македонски загуби во оваа битка не повеќе од шеесетина свои следбеници, а неговиот најмил Хефестион беше ранет.

Кога ориенталската коњица брзаше да избега, а Александар Македонски брзаше накај Парменион, се покажа дека неговата помош не беше потребна, затоа што тесалиската коњица во меѓувреме излезе како победничка. Така, победата беше целосна долж борбената линија.

Е, тогаш веќе Александар Македонски можеше да го прогонува Дариј. Се дури не се стемни, тој јуреше по него. По одморот на коњицата од другата страна на Лик (горен Заб), тој повторно тргна по полноќ и наредниот ден допатува во Арбела каде што го најде богатството и багажот на Дариј. Меѓутоа, главниот воен плен на победата беше загубен. Кралот не можеше да биде фатен, бидејќи избега предвреме, само со неколку придружници преку курдските планини во Медија.

Во Арбела Александар Македонски го прекина гонењето. Наместо да го следи бегалецот во непознат правец, тој сметаше дека е многу поумно да ги собере плодовите на победата и да ги заземе централните земји на Ахеменидите со нивните главни дворци и богата куќи. Александар сега и официјално ја усвои титулата Крал на Азија, што му ја вети пророштвото од  Гордиум и што ја побара во своето прво писмо до Дариј.

По битката тој јавно беше прокламиран за Крал на Азија. Тој акт на признание можеше да произлезе само од собранието на македонската војска, иако  дотогаш таа имаше право и можност да прогласи крал единствено на Македонија. Несомнено, идеја и формула за тоа даде Александар Македонски. Прокламацијата за суверенитет, одбележана со највисок степен на прослава на победата кај Абела, беше придружена со величенствено приложување на жртви на боговите и со богати подароци на своите пријатели.

Од посебен интерес е да се спомене дека Александар Македонски не само што се претстави како освојувач на Азија, туку  ја покажа и својата позиција како хегемон на Коринтската лига. По победата нареди во сите територии на античките грчки сојузи да се спречи тиранијата и сите градови повторно да ги добијат своите автономии. Тој морал да знае дека во времето кога Антипатер во извесна мера ги заштитуваше тираниите, предизвика многу пролевање на крв во Античка Грција.

Неговото неспојкоство во врска со резултатот на судирот со кралот Агис, за што тој ништо не знаеше, морало да му го сугерира овој проглас како средство за натамошно приближување кон Агис. Тој ја издаде таа наредба без соработка со Федералниот совет затоа што можеше да смета на благодарноста и одобрувањето на целиот антички свет, иако веќе ја  надмина моќта како хегемон.

Во тој однос, веродостојно е потврдено дека по победата повторно ги смири Платеанците со обновувањето на нивниот град, она што Филип Македонски им го вети по Херонеја. Тоа го направи затоа што нивните прадедовци ја отстапиле својата територија за потребите на античките Грци во борбата за ослободување од Персијците (479). Покрај тоа, тој испрати подароци и до Кортон во Долна Италија, бидејќи нивниот граѓанин Фаил беше единствениот антички Грк од Италија кој се бореше на страната на Елините кај Салам.

Така, Александар Македонски ја спои својата победа со древните победи на Платај и Салам и повторно го нагласи националниот панелинистички карактер на војната. Пред битката тој веќе го докажа својот близок однос со обединетите антички Грци во оваа војна.

Бидејќи јаваше сам по должината на фронтот, дојде до тесалиската и до другите коњаници на Античката грчка лига и кога тие извикаа дека треба да ги поведе против варварите, го зеде копјето во левата рака, а ја крена десната кон неботот, се помоли како вистински син на Зевс, за боговите да им помогнат на Елините.

Во тој момент на силна возбуда, кога веројатно сеќавањето на поволното пророштво на Амон му ја зајакна довербата за победа, исповедта за своето право како син на Бога му дојде на усните и како син на Зевс им се помоли на боговите да им помогнат на античките Елини и на неговата војска.

Не се знае што им рече предходно на своите Македонци на десното крило и во центарот, но може да се претпостави дека не им кажал ништо за своето право како син на Бога, бидејќи тој беше син на Зевс само за античките Грци.

Од Арбела, Александар Македонски ја поведе својата војска на југ кон Вавилон. Очекувајќи отпор, тој се приближи во борбен строј. Но, Мазај кој побрза од Гавгамела и дојде во Вавилон каде ја презеде командата, излезе во свечена молбена облека да го пречека Александар Македонски и му го предаде градот.

Мазај беше следен од свечена врволица составена од главните татковци на градот, меѓу кои и Багофан, командантот на тврдината, како персиски и вавилонски свештеници и целото население кое беше наседнато по sидовите на градот, туркајќи се од голема њубопитност да го види својот нов крал.

Тоа беше неповторлив спектакл од големо значење за историјата на светот, низ улиците украсени со цвеќиња и венци и меѓу олтарите со облаци од темјан. Александар Македонски влезе во оваа престолнина на Ориентот, кој од времето на Хамбураби беше душата на Исток, а сега прв пат е освоен од еден западен освојувач. Александар го зазеде кралскиот дворец и сега по жестоките борби неговата војска се забавуваше во луксузните квартови на грешниот Бабел.

Со победата кај Гавгамела и со укинувањето на персиското владеење над Вавилон, Вавилонците како и Египќаните видоа во Александар Македонски свој крал и преку своите свештеници му понудија посебен суверенитет што тој го прифати. Така, тој ги обедини Вавилон и Египет со другиот дел на Азискоатичката империја.

Необичноста на оваа вавилонска монархија потекнува уште од времето на Хамураби (околу 2000-та година) кој го направи главен град на Вавилонија, а сега Александар го присвои правото светски суверенитет над Вавилон, концепција која во третиот милениум веќе имаше значајна улога во историјата на Месопотамија.

Од времето на Хамураби постоеше Мардук, главен Бог на Вавилон, кој заедно со престолот на Вавилон му го подари на Александар Македонски владеењето над "четирите страни на Земјината топка", а тој сам се сметаше за законски крал кој на новогодишниот фестивал му ги стисна рацете на Мардук во храмот. Оваа традиција беше исполнувана од сите претходни династии и од Кирус пронаоѓачот на ахемендиското борбено постројување.

 

Продолжува

 

 

 

******************************************* 

 

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

 

 

 

 

 

МИСИРКОВ

  • Ти
    и околу срцето
    имаше
    Многу расеани зборови
    кои ги собра на куп
    и покрај растргнатите времиња
    успеа во тишината на годините
    да го пронајдш нивниот глас.

    Ти како да одврза
    светлосен јазол на сонцето
    и како да муја врати
    денската светлина
    на македонскиот јазик.

    Ти
    на нашите претци
    кои со силата
    на народната песна
    ја калеле

  • иднината на нашиот збор
    им ја потврди заложбата
    и со тоа твое дело
    сосема оправдано
    ја засени
    нечија изопачена историја.
    **********
    Автор: Саво Костадиновски

Kind regards: 05 декември 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 182

ВИДЕОТЕКА

*************