Сотир

Сотир Гроздановски-Македонски

ВО КОЈА ДРЖАВА ЗАЕВ ЌЕ ДОБИЕЛ НОКАУТ?

**************

Играта  продолжува. Сите констатираат дека ова што ни се случува е неправда и срам за меѓународната заедница. Срам за "големите светски  сили". Срам за Европа и НАТО. Срам да им е на сите кои ни го свртија грбот кога ни треба помош. Но останува да го признаеме и најискрено од дното на нашите уплашени и само однародени души да си го речеме следното: - а што ние, како Македонци, направивме да се одбраниме? Да му покажеме  на цел свет дека и ако сме мали и малку бројни, сепак имаме храброст да речеме дека и ние имаме црвени линии! Црвени линии, од кои не отстапуваме, по цена на  сопствената крв, како и нашите предци! Дека и ние имаме достоинство вредно да се брани по секоја цена. За денес и за секогаш!

Зарем македонските борци од времињата кога немавме своја, македонска држава, беа посилни и посмели од нас: гладни, жедни и необлечени, па сепак  дојдоа до АСНОМ и Република Македонија? Не! Браќа и сестри! Не беа! И тие беа уплашени, ама нивните водачи беа тие кои им всадија  вера во иднината и љубов кон Татковината. Застанаа на чело на колоните партизански во одбрана  на својата земја и рекоа:  доста е! Поарно вгроб, одошто вечито роб! А ние,  без чувства за одговорност и било каква љубов и почит за она што тие, паднатите борци ни оставија, го молиме Господа да ни помогне, без да се покренеме и барем да  пробаме сами да си помогнеме, а после да побараме помош и од Господа. Зошто, секој бара другар и пријател кој е достоен да биде слободен и ја чува  слободата! Зошто и Европа, скришум, гледа да се увери во нашите вредности со кои ќе ја заслужиме придружбата во "нивното големо и силно друштво".  Со Заев и неговата криминална дружина, можеме да стигнеме само до нивните порти и да чекаме да ни фрлат парче сува корка леб, зошто повеќе од тоа не заслужуваме. И затоа, на сите да ни е арам, што си дозволивме  до тоа тереџе да дојдеме, како што нашиот Ефтим, во својата подолна колумна вели.

Да тргнеме, како овци, по криминалниот ум на премиерот  Зоран Заев и неговите безумни следбеници. Безимени, обесчестени, без достоинство, без своите вредности, како народ,  клекнати на колена молејќи да не примат во Европската унија и НАТО како безвредни слуги, и топовско месо.

Нека ни бидат пример дострелите од  Втората светска војна кога  нашите 100.000 Македонци ги истераа Германците, Бугарите, Италијанците и на крај албанските фашистички банди, балистите, и ја создадоа државата македонска, која денес Заев и неговата фашистичка банда ни ја продаваат, заедно со сите нас колку не има, а ние молчиме? Ни ја продаваат, замислете си само, државата и народот во неа и не истребуваат за секогаш, како Англичаните своите злосторници да живеат далеку во Америка, Австралија, Нови Зеланд и на секаде до каде стигнаа, само да се ослободат од злото внатре во матичната земја. Ама ние немаме друга резервна земја освен ова парче што преостана од македонската силна држава на Филип и Александар Македонски. Ниту сме злосторници! И тоа мало парче го делиме со Албанците, како божемни државотворци. Со национално малцинство,  кое број помалку од 16% од вкупното население, во Република Македонија. 

Има една изрека кај македонските иселеници во Америка, која вели за луѓето без срам и намус, вака: - баталете го , што повеќе го плукаш, се' повеќе  верува дека дожд паѓа! Ве потсетува ли на нешто слично за кое нешто се истепавме од докажување, пишување и на глас мислење, а нему ниту влакно од главата да му падне, ниту да се зацрвени од лагите и глупостите свои и ниту   да  умре од срам! 

Деновиве читав разни "мудри" колумни, од кои денес ќе ви  пренесам некои маркантни делови, кои самите за себе говорат за оние на кои се однесуваат и од кои потекнуваат.

Господинот Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ деновиве во едно Тв-шоу со самодоверба на македонската јавност и целиот свет му изјави дека: -"на референдумот од 30 септември 2018 година, со кој се одлучуваше дали сме 'за НАТО и ЕУ со прифаќање на договорот со Грција', од македонскиот народ, нив над 1,200.000 по број, СДСМ доби шлаканица, ама на следните   предвремени или редовни парламентарни избори, ќе доживее нокаут"!

Јас сум уверен дека и вие ќе се замислете, па, како и јас што се запрашав: можеби! -  ама во која држава тоа ќе се случи господине Мицкоски? Во Република северно од Македонија? Тогаш, не ни е потребен ниту СДСМ, ама ниту ни вашето ВМРО-ДПМНЕ! Зошто не е битно кој ќе владее над нас, како никој и ништо, во последното ќоше на Балканот, за кое пак грчкиот премиер и другар на нашиот Зоран Заев, Алексис Ципрас со потсмев и гнасење вели вака: "140 земји ги нарекуваат Македонија, сега ќе ги нарекуваат Северна Македонија. За да ја најдете земјата, на Гугл ќе треба да напишете Северна Македонија, кога договорот ќе помине! Ние не признаване, ниту ќе признаеме македонска нација ниту македонски народ! Признаваме само државјанство на граѓани  на Северна Македонија и тоа е тоа"!

Па сега почитувани пратеници од сите партии и партичиња во Собранието на Република Македонија, деновиве кои доаѓаат, два или повеќе пати се премислете да ли ќе го удрите копчето на вашиот работен стол со зелена боја или обоено со црвена. Што занчи ЗА разнебитување на Македонија и народот македонски за век и веков, а вие учесници во тој срамен чин со почесно име Изрод и Предавник за век и веков заедно со своите семејства, или пак НЕ. Тоа зависи од вас и од смелоста да преземете таква одговорност која ќе ви биде потешка и од земјата која ќе ве покрије, еден ден, за секогаш, ама срамот ќе остане и после вас да живее со векови. 

И на крајот, една не така оригинална вест од поранешниот Австриски амбасадор во Република Македонија, неговата екселенција Хералд Кочи кој вели: САД и НАТО им помагаат на Грција да ја поништи анексијата на егејскиот дел од Македонија и потоа слободно да ја окупираат, при тоа лажно обвинувајќи ја Русија за претензии врз Република Македонија.

И сето тоа значи, драги мои, дека не постојат пријателства и стратешки партнерства, туку само интереси, по секоја цена! Затоа "уздај се у се и у своје клусе", како што знаат да речат нашите северни соседи!

Св.Ѓорѓи

 

Ефтим Клетников

АРАМ ДА ВИ Е ДЕНОТ ВО КОЈ СО ТЕМНО СЕМЕ СТЕ ЗАЧНАТИ, КОГА И СВЕТЛИНАТА СЕ ЗАСРАМИ

****************

 

АРАМ, АРАМ да ви е денот во кој со темно семе сте зачнати, кога и светлината се засрами, оти беше сведок на тој несреќен миг, на дивото месо што ќе ги подјадува како паразит телото и душата на племето во кое ќе се родите одродени од него, изроди уште од пред создавањето на светот, создадени за зло. Од вас се ослободи Господ, но овој народ не. АРАМ да ви е валканиот живот оти никогаша не научивте што значи како Господов подарок тој и оти со него се служите како со смрт, а со денот како со најцрна ноќ.

АРАМ до АРАМ, од арам сте создадени, арамолепци, со арам дишете од воздухот арам и со арам се храните, арамија до арамија, небо од црни сонца што ја заклучило по ваша заповед со сатански катанец зората да не го огрее сонце родот што ве родил и изворот од кој пие животодавна вода тој. Ламјата, алата црна на злото сега, макар и што ја уби со копјето на светлината Убавиот Светец на коњ, се распадна и раситни од илјадници оси, муви, вошки, тавтабити и разни други гадинки од кои нема спас ни по тој свет чин, оти крвопии, во нив не видовме преобразени вас што се храните со потта, солзите и крвта на родот незаситни сал. Оти по оваа раситнето до бескрај зло што ќе ја состави од роевите размножен гадинки повторно големата ламја што беше помала несреќа, кој? Може повторно тоа да го може Убавиот Светец, тој прави чуда, ама го убивте него вие, безбожници во кои нема ништо свето.

Ефтим Клетников

Арам да ви е мајчиното млеко што сте го цицале со првиот плач, оти со него не ја впивте кротката нарав на Јагнето на Небескиот Ерусалим, туку волчјата нарав на Сатаната, господар на пеколот. Арам, оти се покажавте недостојни за дојките свети, животодавни извори на мајките што ве родија и што ве доеја, вие што сте лага од која бега вистината, неум од кој се крије умот и зло од кое трепери доброто. Арам. Арам да ви е лебот на синијата што не сте го заслужиле, замесен со солзите на народот што ве родил и испечен во фурната на неговата болка. Оти и зрното житно  што никне од земјата од Господ и Павле благословена, и жетвата собрана со српот на родот намачен, гумното што го одвеа житото во кое сте вие какол и плева, и воденичките камења тешки меѓу кои, жртвено како Исус, легнува тоа за да ја засити нашата света глад и да не' потсети на спасението што ни е ветено, се' се тресе од јанsа  дека Лебот замесен од тоа хиерогамиско брашно во скрбните ноќви од душата на народот ќе дојде до вашите погани и вилчешки усти.

Арам, оти вие не ја познавате никогаш таа света супстанција, никогаш не спознавте дека Лебот е телото Исусово, полнејќи ги нагонски и лакомо без наситка само вашите црева. Никогаш не ја спознавте во ручекот на маса Тајната Вечера, налактени со мислите без мисла и со чувствата без чувства само на задникот, кој прогласивте за ваш храм, олтар и молитва. Арам. Арам ви е и веселбата со свирки и тапани што татнат од подземјето на вашата темна душа, арам оти вашата веселба и радост се хранат од тагата на родот, арам и на вашето здравје оти го цицате од неговата рана и болка негова.

Арам до арам. Арам да ви е виното што го пиете, оти лозјето во лозјарниците сончеви на родот што го презревте одбива да зрее за вас, оти знае дека локате безбожнички, а никогаш не пиете свето со светти усни и со света душа. Оти никогаш не спознавте дека е виното крвта на Спасителот, ритамот на постоењето и електорите на материјата и душата и атомите на самиот Бог и Божественото што се обзнанија, такви, први кај нас по Вознесението и оттука пратеникот Божји Павле нив им ги обзнани и на Европа, која до денес, за жал, не ја прочита таа света шифра на Љубовта што и' стигна од Македонија, ништена од неа сега. Шифрата на Виното свето и на Љубовта со која се причестија и обожествија варварите дојдени на нашите исконски огништа од темните мочуришта зад Карпатите. Такво е, трансцедентално пијанството од тоа свето Вино во кое вие никогаш не ја спознавте крвта на Исус, туку само крвта погана на Сатаната што, како и вие, ја пие крвта на родот што ве родил.

Арам. Арам да ви е постоењето под sвездите, кои се небесна објава на лицето на човекот што е исполнето со света свест, со икон и со праведност, а вие немате ништо од тоа, со погана душа сте и полна со лага, со темна страст и зло кон родот. Оти и гробовите на предците и прапредците ги испоганивте и повторно, криејќи ги од нив, на мачилиште ги изведовте, им го симнавте сосе главата од чело нимбусот златен и на вашето обесветено чело, валкајќи го, го ставивте него за свети и родољубиви по злосторството што го направивте да се претставите. И уште кренавте до небото мачилиште за тие кои Богови на Европа, Сонце под мишка за да го донесат во срцето и душата на родот, без да знаат дека ќе се родите  вие изроди и ќе ја обесветите неговата светлина и нивниот подвиг. Оти, вистина, од заседа во примка ги намамивте и подло фативте хероите на родот, вие пигмент беззначајни врзувајќи ги за столбот на вашите анимални нагони и во солна киселина произведена во фабриката на вашата подла душа ги растворивте за потоа на нивно место да застанете со нивниот нимбус и венец на славата врз челото ваше да ги валкате.

Арам. Арам од блиското до најдалечното, од малото и од големото Се', напред и назад од времето и просторот. Арам, оти не само гробовите на предците и прапредците, туку и поколенијата на родот што доаѓаат утре и од најдалечната иднина, што се зачнуваат сега и во идните столетиа во бакнежот на љубовниците, тие што го чуаваат огнот на постоењето на племето во храброто срце, секогаш и за мартирска саможртва подготвени ако треба само да не згасне тој, ќе ве проколнуваат.

Тие секогаш ќе го раѓаат Името, со бакнежот на љубовта и со утробата света, ќе го отимаат од вас, подли, што го обезименувате и од оние варварски  силници што ни го крадат за својата сатанска гозба. Тие љубовници на родот, свети девојки, невести и моќни со бескрајна убавина и нежност жени се способни да го зачнат и соберат во својата утроба што ќе го роди повторно од бездната него. Тоа Име, макар колку и да е големо тоа, со земна и небеска необјатност. Да. И пак алка со алка ќе се врзува распарчениот од сатанистите род. И пак ќе цветаат венчално ружите и свадбено во градината на столченото племе,  како што го именува него, знаменитио поет, и пак ќе се напојуваат од боговата света крв на Исусовата рана што му е доделена за свето мартирство и слава нему.

О, свети љубовници на родот, со Исусовиот бакнеж на љубовта, со Исусови усни што го зачнувате Светото Име вие, за разлика од овие мрачни што шетаат меѓу нас  обезименувајќ не' и ништејќи не' со усните на Јуда Искариотски, тој што, за разлика од нив, сепак имаше совест, која по чинот грозен се разбуди и го обеси предавникот во нивата на грнчарот. Но овие, нашите Јуди, немаат ни свест ни совест да се соочат со злосторството што го прават, иако, имено, се црпнати од таа кобна нива во која ('рти само јудинско семе. Еве, тие сега по толку многу голготи уште на една, најстрашната, го искачуваат, целиот во рани, својот род. Ама рани од кои од страшната болка од нив сега, како од моќен планински извор вода, блика од тука до работ на соsвездијата Љубов, далеку од омразата на мразачите и изродите од родот.

Рана збирна е тоа Име како онаа на Исус за која пророкот Исаија рече дека Спасителот ја добил за ние да бидеме излекувани со неа. Рана од која којзнае сепак дали ќе се излекува тој сатански сој што се намножил толку многу во нашето племе, толку многу одроден од родот и исполнет со темни нагони на злото сал.  Којзнае дали, така сатански стокмени од Темниот, може да ги излекува нив таа света рана од која тече мирото на Љубовта, нив, нашите одродници и оние близу Атлантикот, кој е се' уште полн од крвта од двете нивни Големи Војни што не ги опаметија, оти како Фауст му ја продадоа душата на Сатаната. За што? За знаење што го користат за зло, за сетилна наслада и за материјален профит за што го пустошат светот и ја доубиваат убиената сиромаштија во него.

Арам нека ви е се' одродници од родот, оти Родот и Бог се најсветите нешта, и оти Името на племето како глава на неговото тело ја отсековте, како што Ирод ја пресече главата на Јован Крстител за чинијата на Саломе чија наследничка за нашата судбина е Европа сега. Нејзе, Ироди, и' ја подарувате сега пресечента  идентитетска глава  на сопствениот род за танцот нејзин крвав на темната канибалска историска гозба од која никогаш не се откажала досега таа. Вас ве избраа, изрди и Ироди, на не' обезимените. Ама затоа нека ви е арам вашето име што го носите, доколку  и знаете што е тоа име во кое дури и животните и предметите вцрсто стојат за разлика од вас.

Оти се осудивте родот да го обезимените нека  е се' безимено во вас и околу вас, нека вашите гробови се безимени, нека и каменот што го памети со столетија и милениуми Името  на Родот, а вие го бришете, одбие да го носи вашето име како надгробен паметник, нека го одбие и нека го предаде на заборавот. А потоа и заборавот нека го заборави него. Тоа, затоа што вие не заслужувате да престојувате ни во Безименото, квасецот од претсоздавањето, полн со имиња, од кој Господ ја замеси големата Сончева Погача на човештвото и омниуниверзумот. Оти тое е првото свето Пра од кое потече реката на именувањето и создавањето, голема и пловна, која меѓу првите на брегот н архипостоењето го изнесе Името Македонија,  супстанцијата. Логосот на нашата душа.

Го знаете ли тоа изроди и Ироди, трговци во храмот, вие на кои ништо не ви е свето? Затоа арам нека ви е постоењето, оти никогаш не сфативте зошто ве создал Бог и со колку љубов е ухнат во вас, како тогаш во Адам од глина, здивот на Светиот Дух.

Да. Арам да вие е, одродници, и богатството што го натрупавте од крвта и солзите на сиромаштијата, најдрагоцениот дијамант на родот. Арам да им е, такво, тоа и на вашите синови ќерки, внуци и правнуци оти е проклето тоа  и оти во него има многу тага и несреќа од тие што се негова жртва. Нека молци го изедат него оти е неправедно стекнато, нека ја изедат тие и облеката ваша празнична на туѓ разбој и од туѓи маченички раце ткаена. Оти никогаш не се облековте како полското цвеќе во своја и невина облека, ткаена подземи ама на разбојот на сонцето, туку секогаш се облекувате во облеката шиена од темниот и од најцрното платно на ноќта без sвезди што е темнина сал. Нека молци го изедат вашето арам-богатство, оти тие и sвездите ги нагризуваат и абат подготвувајќи ја Големата Ентропија, па затоа и Бог, како што објави неговиот Син што не го препознавте, одродници, ќе создаде Ново Небо и Земја. Ама не и за вас.

Да. Арам, арам нека е до се' што ќе се допрете и се' што ќе ве допре, оти сте одродници, оние што и Данте, посветен во светите нешта ги презре од дното на душата и им го додели најтемното и најстрашното место во пеколот на чија врата пишува "Оставете секаква надеж". И вам ви е таму местото оти го заслужувате, такви какви што сте. Нека таму, ќистејќи ве, така погани, од меморијата на родот и заборавот за вечни времиња ве заборави. Амин!

 

03 ноември 2018 година

http://javno.mk

 

 

ТАЈНАТА ВЕЧЕРА

Славе

Славе Николовски-Катин

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

ДЕЛ 33

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ВО АЛЕКСАНДРИЈА - ПРИСТАНИШТЕТО НА ИДНИНАТА

 

Со сигурност е потврдено дека Александар Македонски го префрли во Александрија пазарот и трговијата од соседниот Каноп.  Александрија требаше да биде главен трговски центар, бидејќи ниедно друго место на целиот брег не можеше да се споредува со неа. Независно од тоа дали самиот Александар или некој од неговите приврзаници го направи изборот за Александрија, тоа сепак беше генијален потег.

Факторот што одлучи за ваквиот избор лежеше во следните причини: островот Фар го заштитува пристаништето од кон морето, додека езерото Марот одназад прави  внатрешно пристаниште.Тоа е посебно место на кое Нил не му се заканува со донесување големо количество мил. Морското струење што овде се крева од запад на исток, цело време е присутно во сите пристаништа на египетскиот и јужниот сириски брег.

Александрија е исклучок, бидејќи лежи западно од најзападната притока. Се верува дека некој од луѓето што тоа научно го испитувале знаел за ова струење. Така, Александар беше првиот кој му подари на Египет пристаниште на иднината, иако историјата на Египет започнала илјадници години пред тоа.

Наукрат дотогаш беше центар на трговијата меѓу Египет и Егејот. Меѓутоа, тој лежеше во внатрешноста на делтата и не беше погоден за трговија како античките трговски градови на морскиот брег. Несомнено, Александар Македонски беше нестрплив во спроведувањето на овој план, бидејќи во текот на својот престој во Египет стекна силен впечаток за големата продуктивност на земјата и за огромниот извозен потенцијал.

Неговата намера за окупација на медитеранското крајбрежје на Персиската империја во почетокот имаше исклучиво стратешки карактер, а со основањето на Александрија тој ја покажа и својата намера за преобразување на своите воени цели во економски.Трговските места на Левантот со крајбрежјето и островите беа под негова контрола, но крајната цел кон југ се' уште не беше постигната.

Подоцна, под Птоломеј економската важност на Александрија го достигна својот врв, што не беше и неочекувано, како што ќе се види од последните планови на Александар Македонски за поврзување на Александрија дури и со други важни места во светот. Секако, до основањето на Константинопол, ниеден град немаше толку голема важност во светот како Александрија во Египет.

Новиот град се разви до населбата што постоеше, а тоа беше малото рибарско село Ракот.  Плановите на градот со што се припојуваше Ракот од исток беа нацртани од Динократ од Рол, во шаблонски линии кои беа воведени од Хиподам од Милет уште во петтиот век. Беа изградени две широки улици кои се сечеа една со друга под прав агол, а паралелно со нив беа изградени и други помали улици со куќи од квадратни или правоагални блокови. Александар Македонски многу  се интересираше за изградбата на градот. 

Повторно беше опфатен од старата "носталгија" и лично укажа каде да бидат пазарите и храмовите и одлучи по кои богови треба да се наречат храмовите во градот. Во согласност со неговата толерантна политика, а и како милостив фараон, Александар и на Египќаните од Ракот им подари египетски храм посветен на Ис, како и на Осир и Хор. Новиот град како и обично беше опколен со sидови.

Ова е опишано во еден хиерогливски документ од 311 година на кој пишува: "Тврдината на кралот на Горен и Долен Египет, саканиот од Амон, а избран од Ра, син на Ра, Александар Македонски, на брегот на големото море на Јонците, Раком беше неговото поранешно име".

Може да се замисли колку антички архитекти, занаетчии и уметници привлече Египет со можностите што ги пружаше изградбата на Александрија. Ова го објаснува очевидното влијание на античката уметност врз Египет во текот на животот на Александар Македонски

Текот на историјата направи Александрија да добива се повеќе меѓународен карактер. На почетокот, покрај Египќаните од селото Ракот од кои многумина не беа Елини, туку Евреи и други странци, беа привлечени од големата корист и од задоволствата на големиот град. Меѓутоа, мора да се признае дека Александар Македонски го оформи градот до Ракот како чист антички полис, со свој конзул и народно собрание.

Додека Александар Македонски се' уште се наоѓаше на брегот, неговиот адмирал Хегелох допатува со многу важна новост, информирајќи го дека флотата повторно ја презеде власта во Егејот и дека по уништувањето на персиската флота, островите Тенедос, Лезбос, Киос и Кос повторно се освоени. Сега тој донесе решение од кое може да се види неговиот однос спрема Коринтската лига.

Околу една година пред тоа, во документот што е зачуван според договорите што беа во сила, со оглед на победата над Хиос, Фатените предавници треба да бидат донесени пред Федералниот совет како редовен суд на Лигата, како што порано Федералниот суд ги извршуваше казните над Тебанците.

Наспроти тоа,  кога Хегелог ги донесе фатените предавници од Хиос, Александар Македонски не ги испрати пред Федералниот совет, туку според казната што тој сам ја изрече, тие беа пренесени во Елефантин, најјужниот град на Египет над Првиот катаракт.

Ова го оправдува заклучокот дека во меѓувреме тој стекнал послободна позиција во Елинистичката лига, па сега му го оспори правото на федералниот совет што му беше признато пред една година. Ако се испита психолошката основа на ваквата измена, ќе се констатира дека неговите големи успеси во меѓувреме-окупацијата на Египет и Сирија, разбивањето на персиската флота и преземањето контрола над морето-мора многу зголемиле неговото чувство на моќ.

Можеби небеше доволно да му направи впечаток на кралот, кој беше само на дваесет и четири годишна возраст, само тоа дека им станал Бог на овие многумилионски Египќани. Во оваа земја на силно чувство, додека беше на брегот го опфатија мисли за иднината и посака да се консултира со пророкот Амон во оазата. Ова мистериозно патување до пророкот Амон во оазата Сивах е една од најзабележливите епизоди во животот на Александар Македонски.

Таа разнородна панорама тешко може да ја поттикне имагинацијата на современиците,  на подоцнежните генерации и на модерниот свет, зошто Александар Македонски го презел токму овој марш низ пустината.

Кога ќе се земе предвид дека во корист на Александар Македонски беше што е можно поскоро да го сретне и Дариј, за чии војнички подготовки несомнено целосно беше известен, јасно е дека постоел силен мотив што го натерал да го преземе ова оддалечување кон запад, оддалечување целосно некорисно и повеќе опасно од воена гледна точка што го одвои шест недели од неговата египетска база.

Таа е една од оние акции на Александар Македонски кои се јасни само ако се земе предвид неговиот религиозен внатрешен живот и нерационалните и необјасниви елементи на неговиот карактер. Аријан, исто така, го употребува истиот израз: "носталгијата" го натера да се советува со пророштвото Амон. Всушност, тоа беше потреба што Александар ја чувствуваше внатре во својата душа да го слушне пророкот кој ќе му ја каже иднината пред судирот со Дариј.

За да се разбере тоа, треба да се сфати дека Александар Македонски беше син на своето време и им придаваше најголема важност на пророштвата и на божјите лоши предзнаци изразени во соништата, во летање на птици, или во други природни процеси.

Но зошто тој отиде посебно во Амон? Немаше ништо заедничко со неговата положба како фараон. Ниеден фараон немал направено аџилак до оазата. Тој не им обрнуваше внимание на египетските потчинети кога го направи тоа.

До колку сакаше да слушне египетско пророштво, имаше многу богови во Египет со кои можеше да се консултира. Неговиот аџилак до Амон предизвика силен впечаток, кој Египќаните, бидејќи поради ова и со поднесувањето жртви на Апис, Александар Македонски се прикажа како противник на лошиот Камбис.

Преданието вели дека Камбис еднаш испратил експедиција со цел да го уништи пророштвото, но експедицијата била уништена од песочната бура. Александар Македонски не го организирал ова патување едноставно да направи антиперсиска демонстрација. Тоа беше како да се посетува Господ, бидејќи и пророкот беше сметан за непогрешлив во античкиот свет.

 

Продолжува

Александрија - пристаништето на иднината

_________________**********_________________

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*************

 

 

 

ПЕСНАТА

  • Запеј ја, внуче, запеј ја
    песната Стојановата,
    песната јунаковата,-
    каде бил Стојан, кај минал,
    кај одел Стојан партизан,
    како е Стојан загинал
    од тие клети фашисти.

    Не можам, дедо, да пеам
    песна за син ти Стојана -
    каде бил Стојан, кај минал,
    кај одел Стојан партизан,
    како е Стојан загинал -
    зашто си многу жалослив,
    Кога ќе песна запеам,
    крвај ќе солзи порониш
    и мене ќе ме нажалиш.

  • Запеј ја, внуче, запеј ја
    песната Стојановата.
    Гламна е срце татково,
    солзата роса од небо.
    Кога ќе песна запееш,
    роса ми роси на срце -

    заш ми е мило за него,
    за неговото јунаство,
    заш не е Стојан загинат
    на тланик дома седејќи,
    туку е Стојан загинат
    крвава борба водејќи:
    последен куршум исфрлил,
    последен душман умерил,
    последна песна испеал -
    така е Стојан загинал.
    *************
    Автор, Блаже Конески

___________________*********__________________

ВИДЕОТЕКА

**************

Kind regards: 13 ноември 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 178