Сотир

Сотир Гроздановски-Македонски

ИРЕДЕНТИЗАМ ИЛИ ГРЧКИ ИДИОТИЗАМ

************* 

Е, Зоране,  Зоране! Да се оди еден на еден, можеби би ја добил битката, ама вака,   да се оди против цел народ, е, тоа е голем залак и за многу помудри од Тебе! 

 

Со секој изминат ден, смрзнатото лице на Зоран Заев се' повеќе ги  згрозува,  дури,  и некои од средината на неговата "реформска" СДСМ партија. Изгледа дека и тие, неговите следбеници, на некои начин втурнати во пеколот за кој веруваа дека е рај, кои ќе им овозможи лесен и богат живот со средства од "европските фондови", тргнати  по умот на овој болен нечовек; аболициран тежок криминалец, ноторен лажго и бездушник почнаа да ја испитуваат совестa за исправноста на своите досегашни одлуки.  Одлуки, со кои му се спротивставија на својот сопствен народ и на својата сопствена Татковина. Тргнаа, но сепак увидоа, дека патот зацртан од нивниот лажен лидер е само уште еден пат кон пеколната река без повраток! - река на злото, река на вечниот срам!

Се излагаа кога поверуваа  дека ќе останат во Македонија неказнети за своите недела и предавства. Дека можат Македонците да ги продаваат  за грст "жолтици". Заборавија дека минатото е извор на сознанија за судбината на предавниците,  кои креваа рака на својот сопствен народ! 

Тие, особено делот од  високата македонска елита, се род  на предавници и платеници од надвор. Тие, облечени во "јагнешки кожи", стратешки сместени по македонските универзитети, средношколски и основни училишта,  ја започнаа својата "невина" мисија на одгој во духот на "новите времиња". Времиња, без национални чувства, без љубов кон својата Татковина, без  благодарност за наследството кое ни го оставија предците да се служиме со него и да го пренесеме на поколенија кои доаѓаат, збогатено со наши придонеси! Времиња без љубов и сознанија за сопствената национална историја, традициите, културата, книжевноста, македонскиот јазик...  без љубов кон самите себеси.

Па затоа  треба ли да не чуди состојбата во земјата? Треба ли да не чуди од каде толкав наплив на гнев и омраза,  за времето на срамотната и варварска шарена или обоена "револуција" која ни ја донесе оваа "демократска" Влада предводена од СДСМ и Зоран Заев?

Треба ли да не чуди откаде толку омраза спрема самите себе како Македонци и се' што е македонско во земјата на нашите македонски предци? - за се' што е македонско во Македонија која би по сите цивилизирани логики би требало да се љуби и почитува заедно со  националните,  со многу крв стекнати, белези?

Па, без срам и грижа на совеста можеме да зклучиме, дека работата на тој дел од образовните кадрови,  во кој можеме слободно да ги вброиме и перјаниците на така наречена шарена "револуција", Мирјана Најчевска, Гордан Калајџиев, Љубомир Фрчковски, Мирослав Грчев и да не набројувам уште многу такви "патриоти" кои и своите деца си ги продаваат, а камоли децата на соседите или целата држава со останатиот дел од Македонците ќе ги поштедат, е добро изведена и затоа нивните нарачатели и советодавци неможат, а да не бидат задоволни!

Но, што тие  можат да речат самите за себе од оваа денешна перспектива и за злата кои им ги нанесоа на својот сопствен народ? За неговите пари со крв и пот стечени по фабриките и полињата на земјата македонска,  а потрошени со цел од нив да создаде чесни граѓани и добри одгоители на македонските млади поколенија? Ништо! - бидејќи  од замислените македонски "ангели", се искотија  ѓаволи и примитивци со високообразовни дипломи и измиени мозоци!

Семето беше посеано и се народија монструми без љубов кон својата татковина, нејзината богата и славна историја, култура, книжевност, традиции и народни обичаи, на кои парите и лесниот, без работа, живот им постана симбол на  успех, во нивните кариери! Патриотизмот им беше и уште е на последно место на нивната агенда, што го чувствуваме по  потресите кои ни се закануваат, со нов геноцид.  

Нивниот лидер и "визионер", Зоран Заев,  и самиот жртва на таквите  продадени воспитувачи , имаше и се' уште има подруги планови и цели, од оние кои им ги ветуваше на македонскиот народ за време на кампањата за власт во Македонија! Но и обврски спрема своите надворешни наредбодавци и советници. Да ја  ничкоса сопствената држава и својот народ, како божемен услов за влез во евроатланските интеграции во Европа, како "последна"  историска шанса  за нашиот слободен и неизолиран опстанок.

Лесното и брзо  прифаќање на се' што сакаат нашите вековни непријатели  и учесници во најголемото распарчување на Македонија: Бугарија, Албанија и Грција,  се докази на едно зло, со трајни последици, до колку еден ден се реализира и постане вистина!

За чест на вистината, и  меѓу  следбениците   на СДСМ има опулени и свесни за своите погрешки, па покушаваат на секој начин да се решат од политиките на својот "фирер". На некој начин да побегнат од одговорноста и грижата на совеста за се' што направија против националните интереси  на својот народ и својата држава Македонија. Симболиката на враќањето на  партиските книшки за сигурно поттикна размислувања кај многу други членови за изнајдување патишта по кои би тргнале надвор од мочуриштето на квислинзите, пијаниците, кукавиците, наивните, корумпираните и во душите зли членови на СДСМ.

Ги вратија партиските книшки на партијата за која од секогаш веруваа дека  е дел од народот и дека  секогаш ќе биде со народот, во добро и зло. Им ги вратија со длабока  резигнација заради ненародната политика на својот до вчерашен лидер, но се' уште  срамот и грижата на совеста е пречка за ресоцијализација и интеграција со народот чија доверба је изгубија.

Но, сепак поарно со доцнење и двоумење, од како никогаш да не се отворат очите пред опасноста која носи истребување и нивно и наше и срам, кој со векови нема да нестане заради  продавањето на својата сопствена држава, без зрно барут испалено, во нејзина одбрана.

Несомнено, сите тие кои ги согледаа своите заблуди беа за некои менувања со кои би се задоволиле  барањата на Грција  во поглед на името на Република Македонија,  ама никогаш не веруваа дека нивниот "фирер" ќе оди толку далеку, така брзо и безмилосно, со монструмозните планови за уништување на Македонија и идентитетот на Македонците.

Идентитетот на Македонците, заедно со националните историски вредности, јазикот, историјата, култрата, книжевноста, топонимите, личните и патни документи, историските обележја на нашите предци и создавачи на македонската држава од антиката до ден денешен. Потоа АСНОМ и неговите историски одлуки за создавање, односно обновување на македонската држава во лицето на Република Македонија....ама се', што носи предзнак македонско,  како симбол на народ во кој Зоран Заев така уверливо се колнеше во се' живо и мртво само да дојде на чело на државата за да ги изврши своие ветувања на  надворешните газди и да си ја сочува својата загрозена кожа, заради редица криминални работи од своето "богато" досие.

Со спогодбата од Преспа веќе се ветени, ама се' уште не продадени. Зошто? - затоа што на Македонците им е веќе дојдена водата до грло и можат секој ден во неа да го удават  и Зоран Заев, како што тој со сите сили настој да го потопи раководството на ВМРО-ДПМНЕ и така да остане без опозиција.

И за чудење,  со нож зариен длабоко во срцето и душата на својот сопствен народ,   Зоран Заев, се' уште успева да мами луѓе, безсрамно   повикувајќи на сплотеност и национално единство и некакво помирување и сето тоа заради побрзо влегување во ЕУ и НАТО. Влегување во овие меѓународни организации, со несигурна иднина.

И замислете, сета таа "убавина и раскошен лесен живот" само со прифаќање на спогодбата со Грција!  Примамливо нели? Да се биде преку ноќ новороден народ, не оптоварен со минато, сегашност и иднина и без никакви долгови кои досега не оптоварувале и загорчувале животот!

Како "Северни Македонци" би биле ''ослободени" од  сегашните разно разни кредити и неплатени сметки за вода, струја, ѓубре, алиментации ...  неби имале никакви врски со "умрените" и од Тито измислени Македонци заедно со Република Македонија, како трн во око и на Грците и на Бугарите и на Албанците, а бога ми и на Европа и НАТО плус...

Зарем не би требало да сме "среќни и пресреќни" но и таговни во исто време зошто Господ (Ѓаволот - се едно)   порано не ни испрати ваков   "визионер" да не ослободи од сите премрежиња кои ни ги оставија минатите "старо" Македонски влади. Да не ослободи од милијардите надворешни кредити кои изнесуваат повеќе од вредноста на целиот народен имот, заедно со  гробовите на нашите предци, па нека Грците, Бугарите и Албанците  си ги кршат главите со "богатствата" и долговите на Македонија, зошто наскоро постануваме камелеони и никој нема да не препознае за да не гони преку ОЈО или СОЈО. Ќе си бидеме "Северни Македонци" и точка на маките!

Но, ајде да речеме неколку зборови и за  битните настани како дел од се' неприфатената и не легална спогодба со Грција, а веќе се спроведуваат најчувствителните нејзини делови, не берејќи гајле за словото на Уставот  и законите на Македонија.

Спрема зборовите на Виктор Габер,  претседател на Комисијата за ревизија на македонските учебници по историја,   средбите на Грците и Македонците веќе се во тек и досега оделе добро работите.(погледајте го ВИДЕОТО)

Целта на оваа заедничка Комисија, составена од  експерти по историја од Солунскиот универзит и група на македонски "експерти" по историја била детално да ги ревидираат македонските учебници по историја и од нив да исфрлат материјали и документи кои не им се свиѓаат на Грците, а на нашите експерти не им е гајле што и колу на Грците не им се допаѓа, само да не ни дадат пак ВЕТО за влез во ЕУ и НАТО, и со тоа им ги расипат плановите за масовно скрасување, негде во некој европски ќош, од прогоните на својот сопствен народ.

Таква една не видена и не чуена интервенција во наставните програми на Македонија! Непријателите да ти диригираат што ќе учат македонските млади луѓе за својата национална историја! Зошто сето тоа? Па да се сокријат сите злосторства што со векови ни ги правеле и Бугарија и Албанија и Грција и сите нивни сојузници и соучесници од Европа и  надвор од неа.

И не само тоа. Туку и да се обезбедат од правните барања на идните македонски генерации  за имотите на нивните родители и поврат на окупираната територија, Егејска Македонија, со тешки камати. Ова важи и за Бугарија и Албанија!

Тоа значи, пошто ни предодредиле со спогодбата од Преспа да бидеме "Северни Македонци",  нов народ на Балканот, Грците сега можат да дишат слободно и да прават што сакаат со Македонците во егејскиот дел на Македонија, без консенквенции од Западот и Европа. Тоа е нивна внатрешна работа и прикаската е свршена за секогаш! Нели? Добро смислено, но дали ќе им се остварат желбите, времето ќе покаже!

Играта се' уште трае.  Почна и сечењето на македонскиот корен со цел никогаш повеќе да нема нови гранки со цветови и плодови македонски. Но, има уште време за  еуфорија кај Грците и депресија кај нас Македонците. Старата изрека вели: кој последен се смее, најдобро се смее! Да се надеваме!

И за крај, да ја кажеме и правата вистина за положбата во која Македонија и Македонците дома и надвор  се наоѓаат. Таа не е од денес или од вчера! Е, од многу поодамна!    Не е дело само  на Заев или СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ! Тоа е дело на оние кои не успеаа во времињата на распарчувањето на македонската територија да предвидат  дека на Македонецот му треба само едно никулче за да израсне како Фениксот од пепелта и постане уште пожежок и од пламенот. Велам неуспеа затоа, дека едното од тие парчиња, подарено на Србија, најде начин одново да созрее во македонска држава, признаена и од нив самите, тогашните и денешните најголеми душмани завиени во знамето на деократијата, слободата и правдата за "сите!

Но бидејќи немаат храброст да настапат самите со својата моќ како директни разнебитувачи на Македонија и обезличувачи на Македонците по втор пат, им наредија на  внатрешните изроди и предавници,  самите да си го стават јажето околу своите вратови и да се обесат, или да причекаат да им се подготват прикладни места во Идризово, каде ќе гнијат со години, зошто друго и не заслужуваат. 

А Грците? Па Грците и понатака ќе бараат иредентистички вештици во македонските учебници, зошто стравот  е посилен и од страмот што го носи вистината!

*******************************

07 ноември 2018 година

Вики

 Вики Петровска

"МАКЕДОНИЈА - БЛОКИРА"

***************

Во неделата што помина, 04 ноември 2018 година, осумдесет и четири организации, политички партии, невладини организации, граѓански иницијативи од земјата и дијаспората потпишаа Повелба за стратешка соработка со која се предвидува формирање на Кризен штаб против промена на Уставот на Република Македонија, распуштање на Собранието и распишување на предвремени  парламентарни избори.

Кризниот штаб ќе организира сенародни протести пред Собранието на Република Македонија, пред домовите на одметнатите и уценети пратеници, блокада на патиштата и гранични премини и други форми на отпор под чиј притисок Владата и Зоран Заев ќе бидат принудени да си заминат.

Антимакедонските политики го допреа врвот, или ќе дозволиме марионетска власт во Скопје да избрише се што е македонско или ќе победиме за да останеме свои на своето, трето нема. До таму е дојдено, или ТИЕ или НИЕ.

Целта на сенародниот отпор е со еден услов, а тоа е избори без Зоран Заев како премиер - беше истакнато меѓу другото на потпишувањето на Повелбата за стратешка соработка.

Кризен штаб против промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување на избори ќе настапува под слоганот: "МАКЕДОНИЈА БЛОКИРА".

************************

05 ноември 2018 година

Скопје, Република Македонија 

Русјаков

 

 

Александар Русјаков

НЕ МОЖЕ ВАРВАРИ ДА МИ ПРОДАВААТ ЦИВИЛИЗАЦИЈА

*******************

 

 

 

Поминаа две недели од кобниот 19 октомври 2018 година, ден кога Собранието ја укина демократијата. Македонија и дефинитивно стана протекторат на "длабоката држава".

Октроираната власт врши прогон на неистомисленици. Европската Унија, таа лажна и лицемерна колепка на демократски вредности, даде амин за користење "балкански методи" на малтретирање, притисоци и уцени. Македонскиот народ, неговиот идентитет, историја, култура и традиција се ставени во модерната гасна комора за нов софистициран геноцид.

Поминаа две недели од кобниот 19 октомври, кога Собранието го одзеде суверенитетот од рацете на народот. Муѓународната изопачена моќ преку своите октроирани послушници мирно го спроведува планираното сценарио за укинување на Македонија и на македонскиот народ. Отпор нема (засега м.з.). Институциите на државата не постојат. Речиси сите медиуми се на страната на геноцидот, кој треба да се спроведе преку уставните измени. Никојне протестира на улица против укинувањето на суверенитетот, демократијата и на уставноправниот поредок на државата. Додека новата окупација на Македонија е во полн ек, таканаречената меѓународна заедница и нивните тукашни марионети ликуваат.

Еден дел од народот е исплашен. Со глави забиени в песок, си мрморат во брада дека ништо не можат да сторат против моќта. Вака изгледало и времето на нацистичкиот холокауст, исплашените Германци со наведнати глави ги проследувале своите еврејски сограѓани на пат кон гетата и логорите.

На друг дел од народот сеедно му е. Нивната безумна логика вели дека "се' е веќе договорено одозгора", немало шанса ништо да се стори. За нив "одозгора" не е од бога, туку од моќта на светската политика. Тоа ви се оние луѓе што ако утре се донесе закон дека нивните ќерки и сопруги мора да ги наполнат европските бордели, ќе ти речат "се' е договорено одозгора", а потоа ќе влезат во првиот бордел да легнат со ќерката на соседот.

Трет дел од народот се маловерни. Се предал, кренале раце од се', тешкотиите, одредени несреќи и падови, речиси ги направиле бескорисни.

Четврти дел од народот, тоа се конформистите. Нив ништо не ги допира, освен сопствената удобност. Другите спаѓаат во групата обезумени, платеници, злорадосни што ликуваат на фактот дека ќе ја снема Македонија и Македонците.

Во меѓувреме, министерката Десковска обелодени дека со уставните промени се брише АСНОМ од Уставот. По ова, геноцидот врз македонскиот народ е потврден. Сега шарените "револуционери", интелектуалната бижутерија, лажната авангарда, скопеното по дух прогресивно граЏанство, медиумските платеници, грантираните активисти и слугите на Соросовата зомбификација со гордост можат да заклучат дека се запишале во историјата, застанувајќи рамо до рамо со инквизицијата, робовладателството и холокаустот.

Со години се борам со светската изопачена моќ, со немилосрдниот Левијатан што уништува луѓе, држави и народи. Се борам индивидуално, со талентот што ми го дал бог, се борам за човековото право на самоидентификување. Се борам затоа што не сакам некој да ги брише народот и државата од минатото, сегашноста и иднината, не сакам некој да ми го укинува одентитетот, да потпишува договори за моето битисување. 

Ја загубив ли битката? Јас не се срамам да признам дека ме поразила светската изопачена моќ, перверзниот наци-левијатан. Воопшто не ми е проблем да се соочам со фактот дека "длабоката држава", Европската Унија и НАТО-алијансата, октроираната власт во Македонија со сиот нејзин удбашки криминален и медиумски потенцијал, успеал да ми ја окупираат државата, каде што институциите, судовите, војската и полицијата се соработници во обезличувањето. Нивната планетарна моќ наспроти мојата бунтовна душа. Нивните милијарди наспроти мојот стих.

И јас, како многумина од вас, се чувствувам беспомошно, ама не им се плашам. И не, не им ги прифаќам нивните злосторства како правда. Не го прифаќам нивното силеџиство како демократија. Не го прифаќам нивниот геноцид врз нас како европска вредност. ТИЕ СЕ ОБИЧНИ ВАРВАРИ! Можат да глумат дека се цивилизирани политичари пред своите граѓани, ние сведочиме дека се обични варвари. 

Кога јас растев со Марк Твен, тие поставуваа свои диктатори низ Јужна Америка, кои убија стотици илјади луѓе. Додека губев невиност меѓу два стиха од Есенин, тие го потпалија колежот во Југославија. Созревав со Џером Селинџер кога тие го почнаа пеплосувањето на Блискиот Исток. Се обликував со мудроста на Достоевски, а тие уништуваа детски соништа за да приграбат нафта и опиум. НЕ МОЖЕ ВАРВАРИ ДА МИ ПРОДАВААТ ЦИВИЛИЗАЦИЈА!

Јас одбивам да ги прифатам нивното лицемерство и насилство. Не го прифаќам изопаченото зомби од нивниот наци-договор потпишан во Преспа. Сеедно што таму се  клештеа пред камери и претставниците на варваризмот, Нимиц, Могерини и Хан. Јас нема да живеам и умрам во, преку насилство и окупација, создадена Северна Македонија. Каде ќе одам? Сеедно каде! Што подалеку од лажните вредности на "длабоката држава", ЕУ, НАТО и нацилибералниот глобализам. Го изживеав нивниот варваризам за два живота.

А сиромашен можам да бидам секаде. Подобро да чистам руски јавни клозети, отколку да бидам опкружен со лицемерството на изопачената моќ во зомби-држава. Повеќе сакам да талкам како скитник од еден до друг руски манастир, отколку да се движам меѓу скопената по дух интелектуална бижутерија низ Скопје.

Подостоинствено ќе биде да ме заколи некој руски разбојник, отколку да глумам рамнодушност среде лажна демократија, каде што вистината беше изведена пред стрелачки вод. Повеќе сакам да умрам заборавен под некој sвонлив кедар, отколку да живеам лицемерен живот меѓу маловерен, плашлив и од комформизам изеден народ што дозволил да биде обезличен.

А ха, ете го русофилот, ќе крикне лицемерната јавност, која не зуцна кога се укинуваа суверенитетот и демократијата. Баш ме заболе мајсторов, жими Маргарита, што тие имаат да кажат. Ако веќе ми го избришаа идентитетот преку наци-договор, укинувајќи ја демократијата и поништувајќи ја волјата на мнозинството, подобро да бидам без корен кај оние што ме признале и покажале принципиелност, а не лицемерство и двојни стандарди, за време на специјалната војна на "меѓународната" заедница против мојата татковина. 

Ако Република Македонија биде и насила преобразена во северна НАТО-провинција преку варварските методи на Европската Унија, зашто осумдесет полтрони  ми го укинале идентитетот, подобро ќе бидам облак во пантолони среде пикник крај патот, отколку искосен пиреј врз кој послале лажна енглеска трева.

************

03 ноември 2018 година

https://www.novamakedonija.com

Маја

Маја Величкова

"ПАНДОРИНА БОМБА" НА ОЈО

*********

 

Уставен ништо не слуша, ништо не гледа... Ако треба нешто да се сработи, ќе чекаат некој да им се обрати и да ги извлече од хибернација. На пример да ги стави на тапет-банер и да повика бранење на Уставот од уставните судии. 

Од споменатиот тапет останаа само двајца уставни судии, кои си тераат по старо. Ама затоа ОЈО во последниов период и гледа и слуша. Еден од последните случаи на ОЈО е предистражнат постапка по кривичните пријави на дури двајца "борци за правда", со непознат идентитет за јавноста,  против претседателот Ѓорге Иванов, бидејќи тој го познавал и работел само според  стариот Устав и не им се предавал на уставореформаторите, па не ги потпишувал указите на Законот за јазиците и Законот за ратификација на договорот од Преспа.

ОЈО како стара установа цели 27 години е на реформската листа на чекање и, изморено од чекање, се охрабрило и по поттурнувањето од некои анонимци тргнало во преистражна постапка. Ќе побарале податоци и информации од Собранието на Република Македонија и од кабинетот на претседателот за тоа кога биле донесени одлуките во законодавниот дом, односно дали и од кои причини не се потпишани од страна на уставобранителот.

Чудно ми е зошто е поведена предистражна постапка. Сите го знаеме "дејството", уставобранителот одамна се обидува да го "конзервира" Уставот, не потпишувајќи ги указите на двата закона во неговиот "џеб". Сега полициските органи ќе одат да собираат докази за наводното извршено кривично дело. Не знам дали се подготвени оваа постапка да ја тераат докрај. Во постапката, водена спрема законските прописи, ќе треба да го утврдуваат легалитетот на секоја преземена одлука на актерите што имаат своја улога во истражуваниот случај. 

Не сум правник по професија, но како верник во правдата, ќе се обидам да ги развијам постапките и нејзиниот тек. И тргнувам од тезта дека овој случај ќе ја "прошири" Пандорината кутија со материјалните докази што ќе се надоврзуваат на чекорите. Па така, ОЈО ќе додје до "нови" сознанија.

Законот за јазиците предвидува употреба на оној јазик на кој зборуваат 20 проценти од граѓаните како службен јазик на територијата на цела држава. И оваа двојазичност би се применувала во сите државни институции, агенции, дирекции, установи и организации, т.е. во Собранието, Владата, Уставниот суд, кај народниот правобранител, во изборниот процес, културата, радиодифузната дејност, матичната евиденција, па и на банкнотите и монетите, како и на поштенските марки. Последниве три би содржеле, освен македонски, и симболи што го претставуваат културното наследство на граѓаните што го зборуваат албанскиот јазик.

Дали ќе истражи ОЈО детално што сакало Собранието да направи со овој закон? Дали ќе ги спротивстави изјавите на премиерот Заев контра претседателот Иванов, при што првиот тврди дека неколкупати му посочил на Иванов да го потпише указот и да дозволи за неговата уставност да одлучува Уставниот суд, а од кабинетот на вториот соопштиле дека "никогаш на ниту една средба премиерот Заев не му го споменал Законот за јазици, ниту, пак, побарал негово потпишување". Дали ОЈО ќе повика стенограм на помош или можеби полиграф, за расчистување на дилемата кој тука дезинформира? Дали ќе ги праша пратениците Албанци дали би барале утре на македонските банкноти и монети да се аплицира ликот на некојси борец на УЧКА или можеби на Џемо Хаса, како промоција на неговиот лик по поставувањето на неговата статуа во западна Македонија?

Дали ќе истражи и постоење на дискриминација за локалните заедници и државни органи во единиците на локалните самоуправи каде што нема албански граѓани, а кои ќе мора да направат трошоци и да создадат вработувања за да понудат информации што би немало кој да чита? Дали при тоа ќе утврди дискриминација на највисоко ниво - во македонското Собрание, кое него почитува договорот од Охрид, потпишан од релевантните позициски и опозициски политичари во 2001 година, според кое теба да има 24, а не 20 пратеници Албанци? И дали конечно ОЈО ќе се нафати да истражи дали граѓанството што го зборува албанскиот јазик е 20 проценти или помалку? И дали тоа ќе води неминовно кон ревизија и "случај" против Охридскиот договор и неговата натамошна имплементација?

Законот за ратификација на спогодбата од Преспа предвидува промена на уставното име; промена на Уставот; промена историјата; промена на топонимите; промена на целокупната државна идентитетска легитимација; бришење на признавањето на државата под уставното име од страна на 137 земји во светот, со кои цели 27 години сме напредувале во битката за "името"; промена на ставот кон македонското малцинство во соседните земји; и што уште не...

Можеби ОЈО ќе ги одгатне сите импликации врз нашиот идентитет и државност во наше име, бидејќи реформаторите не ги кажуваат острите реформи што ќе му ги приредат на нашиот реформиран Устав. Можеби некој ќе се вклучи во работата на случајот - ОЈО (кога веќе толку бесмислено ја изедначија политиката со правото) да ги освежи сеќавањата и да ја преслуша предизборната изјава на премиерот, а во врска со Законот за новото име на Македонија: "ДОДЕКА ДИШАМ, ДОДЕКА ГО ДИШАМ ОВОЈ МАКЕДОНСКИ ВОЗДУХ, ДОДЕКА МЕ ДРЖИ ПАМЕТ ДЕКА МОЈОТ ДЕДО, МОЈОТ ТАТКО, СИТЕ МОИ ПРЕДЦИ, ЈАС, МОЈОТ СИН И ЌЕРКА СМЕ МАКЕДОНЦИ, РОДЕНИ ОВДЕ, ВО МАКЕДОНИЈА, ТОА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ (одговара на прашањето за промена на името, при гостување на една Македонска телевизија). И НЕ САМО ТОА, ВЕРУВАМ ДЕКА  НЕ ПОСТОИ РОДЕН ЧОВЕК ПОДГОТВЕН ДА ИЗЛЕЗЕ ПРЕД ПАРЛАМЕНОТОТ И ДА БАРА ПРОМЕНА НА УСТАВОТ ЗАРАДИ ПРОМЕНА НА УСТАВНОТО ИМЕ".

Второ, можеби то некој прво што би аргументирал е барање на ОЈО да изврши преглед на документот што премиерот го потпиша по инсистирање на претседателот за да му биде доделен мандатот на обезбеденото парламентарно мнозинство. Во овој документ премиерот изјавува дека со формираното  собраниско мнозинство гарантира: заштита на уставниот поредок и територијалната целина на Република Македонија; дека процесот на носење на одлуките за граѓаните на Република Македонија ќе биде во согласност со основните демократски принципи и владеење на правото, не доведувајќи ја земјата во положба на потчинетост или зависност спрема други држави; дека ниту еден документ / платформа, декларација, акт или дејство што би биле спротивни на наведените ставови (од гаранцијата - м.з.) не може да биде услов ниту основа за формирање и дејствување на Владата на Република на Македонија.

Трето, можеби би го консултирале и планот за живот според кој СДСМ доби подршка од граѓаните, каде што стои: "Поаѓајќи од Уставот на Република Македонија, за прашањата од највисок државен и национален интерес, идната влада на СДСМ активно ќе гради комцензус на сите релевантни чинители во државата. Таа реално ќе се ангажира за надминување на наметнатиот спор од страна на Грција, но нема да прифати никаков разговор за идентитетските прашања. За можните решенија остануваме на определбата за референдумското изјаснување на граѓаните".

И сега... Што ќе прави ОЈО? Ќе го повика ли Уставен на помош, или ќе продолжи самостојно да "истражува"? Можеби ќе се обидат да добијат поцелосна претстава за изгласаниот а непотпишан Закон за ратификација на спогодбата од Преспа и ќе се зафатат со истражување деталии мотиви зошто референдумот беше распишан како консултативен, а не задолжителен, иако премиерот има дадено неколку изјави во однос на почитувањето волјата на граѓаните за ова, за ним, најважно прашање во историјата на независна Македонија. А притоа, дотолку се замрсија конците со мултидимензионалното 3 в 01 прашање за 8 од 1 одговори, што никој во македонската правна стручна фела не можеше да одгатне според кој член од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните е распишан референдумот.

Продолжувајќи хронолошки кон сегашноста, ОЈО ќе сретне уште една изјава на премиерот од собраниската говорница на 13 јуни, кога одговара на прашањето на пратеникот Трајко Вељановски: "Се знае што има за цел референдумот и се знае дека волјата на граѓаните е највисока и таа се почитува на крајот и затоа - да, рефрендумот, ве послужувам за советот, господине Вељановски, ќе биде ЗАДОЛЖИТЕЛЕН А НЕ КОНСУЛТАТИВЕН"!

Само по девет дена следува нова референдумска изјава - дилема: "Она за што се согласувам со опозицијата е дека референдумот треба да биде задолжителен, а заедно треба да утврдиме дали ќе биде консултативен или обврзувачки:" Дури и ни референдумот не им беше повод на уставореформаторите да ги објават уставните измени. Како што наскоро ќе дознае и ОЈО, премиерот Заев само две недели пред референдумот изјави: "Верувам дека презентацијата ќе биде штом ќе биде готова од страна на официјалните државни комисии што би работела на уставни промени. Не може да се иницира правно-формално ваква постапка, заради тоа што тоа би значело прејудицирање на волјата на граѓаните.  Јас сакав уште сега, ако може да се презентираат, да ги видат граѓаните, како тоа излегува, но со сето тоа ќе се прави (не) пријатно влијание врз граѓаните, а граѓаните треба на вистина слободно да одлучат во овој период". Веќе по ова ќе им стане јасно дека сами не можат да ја истераат истрагата за ваков комплициран и замрсен случај...Ако се антиреформаторски расположени, ќе се откажат и ќе си продолжат по старо. Ако сакаат реформи и де факто, ќе си ги засукат ракавите уште повеќе. 

Ако не се откаже од "рформскиот правен лавиринт" и ОЈО продолжи да "копа" до денешен ден, ќе ја сретне и информацијата за тоа како се одвиваше седницата во Собранието на 19 октомври, кога сите народни пратеници беа на целодневен престој во Собранието, обезбедувани од специјални единици, во траумачна атмосфера, очекувајќи го "судното" гласање. Парламентарна драма со изгласано учество за гласање кон промените за промена на Уставот, со обебедено мнозинство од 80 пратеника, но недостигнато двотретинско мнозинство од 81 пратеник. И на овој чекор ќе мора да се консултира Уставен. Ќе знаат ли да се изјаснат деветте мудреци мудро, или повторно ќе биде итро? А кога сме кај мнозинствата, да не крена ОЈО да прави пребројување на пратениците што гласаа "ЗА" изборот на Талат Џафери на функцијата претседател на македонскиот законодавен дом?

Која "Пандорина бомба" ќе биде ова, како продолжение на "Вистината за Македонија"! За мене, важно е да биде последна... Кој ќе ни го врати времето загубено во сеири, трачарење, булинг, читање и гледање информативни содржини за кој  / што / кога  / како / со кого, истражување на непознатите поими, личности и информации, политички разговори по клубои и кафиња? Народот го искаливте како експерт за разузнување, политика и политиканство. Народот си знае кој е како ќе тера по патот, кој ќе го видиме дали ќе е "европски"!

Авторката е истражувачка, магистрантка на Општествен развоj - ИСППИ

03 ноември 2018 година

https://www.novamakedonija.com.mk

 

Славе - Катин

Славе Николовски - Катин

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

ДЕЛ 32

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ВОЗДИГНАТ НА СТЕПЕН НА БОЖЕСТВО ВО ЕГИПЕТ

****************

 

 

Хиероглифските текстови сведочат дека Александар Македонски ги носел традиционално кралските титули, како и неговите персиски и египетски претходници. Од петте титули вообичаени од средината на третото столетие пред нашата ера што му беа доделени на Александар Македонски, првата, четвртата и петтата се дознаваат од надписи. Како "Хорус" I, тој беше наречен "силниот принц", со додаток "оној што става рака на земјите на туѓинците", или "заштитник на Египет".

Како "крал на Горен Египет и крал на Долен Египет (IV), беше наречен "Саканиот од Амон и избришаниот од Ра", и на крајот како "син на Ра" (V), тој беше наречен и "Александрос". Овде Хорус титулата "оној што стана рака на земјите на туѓинците" изгледа била измислена само за Александар Македонски, додека другите титули биле доделувани пред неговото време. Овие титули докажуваат две работи за Александар Македонски: неговата посебна сувереност над Египет и неговото посебно воздигнување на степен на божество.

Веројатно новата титула Хорус ја покажуваше неговата моќ надвор од Египет или според египетските поими на неговиот суверенитет распространет по целиот свет. Меѓутоа, нагласката лежи во титулата "крал на Горен и Долен Египет" со која тој е посебно означен како крал на египетската држава. Овој натпис кажува дека Александар Македонски го прифати престолот што му беше понуден од свештениците, веројатно од највисокиот свештеник на Мемфис.

Неговото целосно однесување во Египет, меѓутоа, треба да се опсудува од оваа гледна точка. Според тоа, за Египќаните Александар Македонски беше нивни специјален крал, кој лично го обедини и го приклучи Египет кон своето кралство, како што Карло Велики ги донесе Ломбардите во својата империја, со тоа што стана нивни крал. Пред тоа, ниту во Лидија ниту на кое било друго место не сакаше да има посебна позиција, а подоцна ќе се види дека тоа ќе се случи само еднаш и тоа во Вавилон.

Кон овие две држави на древната цивилизација - Египет и Вавилон,, на Нил и Еуфрат, кои многу  столетија беа духовни водачи на Исток, се' имаше посебен однос во империјата на Александар Македонски. Тие беа со прастари традиции, па затоа и бараа таков однос.

Од најстари времиња божеството било поврзано со египетскиот суверенитет, бидејќи фараонот бил сметан како инкарнација на најголемиот Бог. Гореспоменатите титули на божество доделени на Александар Македонски беа изразени во три ранга: како Хоруз беше Бог, како син на Ра беше син на Господ, титула што се употребуваше од петтата династија дотогаш, означувајќи дека оној што ја имаа таа титула е роден од Ра со мајката кралица; најпосле, тој беше миленик на боговите, како "сакан од Амон", избран од Ра, двете фрази кои веќе беа прифатени од поранешните кралеви.

Во тоа време Египет беше единствената земја на Исток во која монархијата и божеството беа неразделни, а со тоа на народ од околу седум милиони, Александар Македонски беше оној што ги доби божјите почести. Но, за Александар Македонски ова египетско прогласување за божество имаше чисто локално значење; надвор од Египет тоа немаше никакви ефекти.

Потврдено е дека Александар Македонски им принесе жртви на другите богови како и на Апис, кој не беше бог туку свето животно, припаѓајќи кон култниот Птах. Не се знае дали тоа го направи пред или по преземањето на државата на фараоните. Можеби принесувањето на жртви на Апис беше прво кралско принесување на жртва следното со неговото востоличување во храмот на Птах.

Принесувањето на жртва на Апис беше врзано со тоа што тој сакаше да остави силен впечаток кај Египќаните. Ништо повеќе не го раздразни отколку убивањето на бикот при жртвувањето, ниту Камбис, а потоа ниту Окус. Од поодамна култот на Апис немаше само локален карактер, туку беше еден од оние што се прославуваше речиси на секаде. За преземањето на овој чекор Александар Македонски, меѓутоа, имаше политичка цел од поставување на себеси во опозиција на неморалните Персијци.

Скудни и случајни се египетските информации од времето на Александар Македонски, но има доказ дека тој ги изврши своите религиозни обврски во земјата на фараоните. Тој нареди да се обноват светите места во храмот на Тутмес Трети во Карнак и во храмот на Аменхотеп Трети во Луксор.

Меѓутоа, Александар Македонски не дојде во Египет да ја прошири само египетската култура, туку неговата желба овде, како и во претходно освоените земји, беше да го трасира патот на античката грчка култура. Египет не беше непознат на античката грчка култура. Египет не беше непозната земја за античките Грци. Уште од седмиот век бројни антички Грци работеле како трговци кај египетските владари, а некои од нив и се населија во земјата.

Од владеењето на Псаметик Први во канопската притока во делтата на Нил, имаше вистински антички Грчки полис, Наукрат (откриен во близина на сегашниот Небирех), во кој особено по реорганизирањето на кралството од Амас, беше концентрирана нивната трговија. Дури и во главниот град Мемфис имаше античка заедница, таканаречена Елиномемфити, потомци на оние јонски наемници што му помогнаа на Псаметих да ја основа својата династија.

Додека наукратите законски беа спречени да се женат се девојки од местото и ја задржаа чистотата на својата раса, во заедницата на Мемфис, каде што забраната не постоеше, имаше многу мешани бракови.

Затоа таму, како и во Наукрат, дојденците беа обединети во еден "Елинион" заради обичното античко грчко богослужение и живеење. Има докази во врска со нивниот културен живот, а тоа се два стари папируси кои се од времето на Александар Македонски. Едниот "Персеј" од поетот и музичарот Тимотеј, сведочи за култивирањето на античката литература, додека "Клетвата на Артенисија" пред Осерап, богот на Серапеим, ја открива врската на античката грчка и египетска култура.

Колку се радуваа овие Елиномемфити кога Александар Македонски влезе во градот! Тие, веројатно, се надеваа дека започна новата ера на културата во Египет. Тие малку се разочараа во своите надежи, како и Египќаните во своите. Александар Македонски знаеше точно како да ги задоволи Египќаните, особено нивните религиозни потреби и да го прошири античкото грчко влијание во Египет. Во ова прво влегување во Мемфис тој ја изрази оваа двојна програма на симболичен начин: по принесувањето жртва на Апис, во центарот на Египет,  прв пат по изградбата на пирамидите, тој одржа натпреварување во гмнастика и музика, на кои беа повикани најславните уметници од Античка Грција.

Се верува, дека Александар Македонски сакаше да ги воведе античките игри во култот на египетските богови, па дури и со принесувањето жртва на Апис; на тој начин свечено започна спојувањето на двете различни цивилизации. Неговата цел не беше да ја измеша античката елинска и египетска култура. Напротив,  до египетскиот култ ги смести игрите како нешто различно по својот вид и како чисто античко грчки, со цел да ја афирмира својата програма уште од самиот почеток: без предрасуди кон египетскиот култ, античкиот начин на живеење, гимнастика, уметност и литература во чест на античките богови треба во иднина да имаат дом и во Египет.

Најголемиот придонес на Александар Македонски при вклучувањето на Египет кон античкиот свет беше основањето на градот Александрија. При крајот на 332 годна и во почетокот на 331, тој тргна од Мемфис во придружба само  на мали воени единици, лесно вооружени хипаспити, стрелци со лак и стрела, Аргијанци и кралски следбеници. Одејќи понадолу од западниот ракав на Нил се до Каноп, тој сврте лево и на линијата помеѓу островското езеро Марот и островот Фар, основа град кому му го даде своето име.

Тоа беше прво основање што Александар го направи на овој поход, бидејќи претпоставката дека тој претходно ја основа Александрија кај Ис (Александрета), е прашање за расправа. Откако  длабоко навлезе во Азија, Александар формира поголем број нови градови. Основањето на град на египетскиот морски брег не беше бесцелно. Тешко е да се каже дека беше од воен карактер, бидејќи за да го контролира Египет, единиците не требаше да се концентрирани на брегот, туку во Мемфис или близу до него.

 

 

 ПРОДОЛЖУВА 

 

 

Александар Македонски во Египет -

Мемфис

Кочо Рацин

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*********************

 

 

 

СЕЛСКА МАКА

  • Покрај ниви, покрај лаки
    покрај сниските брегови,
    вода тече - вода влече
    селски с'лзи, селски маки
    селски таги и јадови.

    Извор вода извираше
    плодно поле наливаше
    плодно поле род народи.

    Ноќе чума ли одеше
    плод од поле ли береше
    амбар селски пуст остана!

    Сонце светло ми светеше
    гора ми се зеленеше

  • в гора пиле песна пее.

    Камен ли му в гради легна
    стија ли го в коски стегна -
    срце селско - векот тажно!

    Кој ја сипе кој ја роси
    таја слана што покоси
    по нивјето пшениците
    по лозјата гроздовите?
    Та се житце не зелени
    та се грозје не румени,
    та од пуста селска мака
    аир нема дур од века?
    ***********
    Автор, Кочо Рацин

Kind regards: 07 ноември 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 177

_____________********_____________

 

ВИДЕОТЕКА

***********