Сотир Гроздановски-Македонски

КАДЕ СТЕ МАКЕДОНЧИЊА

***********

Одамна помина Граѓанската војна во Грција. Одамна Македонците заминаа на секаде по светот како "Деца бегалци", а сега старци, ама спомените на тие времиња се' уште се свежи и болни. Лузните  наскоро ќе ги покрие велото на  негрижата и неодговорноста за минатото. А без познавање на минатото, нема иднина.

Тоа минато денес го бришеме за секогаш, како услов за влез во НАТО и ЕУ, примамлива стапица за самообезличување и стопување во новиот светски поредок, без нации и национални култури. Во општество, како рамна ливада каде се движат луѓе, а да  не знаат ништо за себе и своите корени!

Со погледи кон несигурната иднина се одрекнуваме од своjата богата и славна ИСТОРИЈА. Се одрекнуваме и од нашите предци! Им ги менуваме нивните македонски имиња, а коските, коските нивни кои лежат во земјата македонска со милениуми, без чувства за благодарност и почит и без  трунка грижа на совеста  им ги оставаме  на грчките булдожери да ги расфрлаат на секаде за никаква од нив трага да не остане. Баш така, како и во неодамнештото минато, во егејскиот дел на Македонија. Затоа новото, со сила натурено име,  "Северни Македонци", е понижувачко  и за нас живите и за умрените!

Одрекнувањето од името и идентитетот кој сме го наследиле од сите кои ги дале своите животи е злосторство, па затоа Зоран Заев и сите кој гласаа за негово сменување во "Северна Македонија" постануваат злосторници и криминалци. Ако е тоа нашата судбина, нека биде! Но не смее тоа да се случи со лесно поминување преку срамот кои ние нанесен од денешните властодршци, и нивните коалициски партнери. Домашните изроди и предавници, а особено Албанците, кои немаат никакво право да се мешаат во идентитетот на македонската држава и мнозинскиот македонски државотворен народ. 

Со ваквиот чин на домашните криминалци, изроди и предавници, Македонците постануваат и остануваат за секогаш само бледа слика во некој заборавен или забранет учебник во некоја бугарска, а можеби и грчка  архива на старини од времињава, кои денес ги преживуваме. 

Македонија од немоќ плачеше по народот македонски оставен зад нас во егејскиот дел на Македонија, во Пиринскиот и делот под окупација на Албанците. Плачеше што немаше сила да им помогне на сите, дури се вршеше геноцид врз нив од монархофашистичкиот режим во Грција, кои и денес е жив и спроведува тортури врз нашите луѓе. Но, сепак и се радуваше, што голем број деца, жени и мажи Република Македонија ги прегрна, скраси и ја сподели својата сиромаштија со нив. Зошто и покрај се', крвта не е вода! 

Со поранешните измени на Уставот на Република Македонија, македонските властодршци од средината на СДСМ се одрекоа од грижата за своите сонародници и во егејскиот дел на Македонија и на секаде по светот. Зошто? Затоа што така сакаше Грција и Бугарија! Зошто сега го менуваме името на целата држава и идентитетот на Македонците? Пак затоа што Грците така сакаат! И пак сите овие немили и не чесни работи се случуваат во времињава на владеењето и пустошењето на Македонија од СДСМ и една група криминалци и недоветни примитивци! А зошто сакаат, дека се плашат од нас, како и секогаш во историјата што денес ја менуваме. Но најповеќе  затоа, што без Македонци нема вина, ниту гревови и злосторства врз Македонците во делот кој насилно гo окупираа.

И што после преименувањето од Република Македонија во "Северна Македонија"? Пак ли преименување, следи, во некое друго име до потполно исчезнување само заради влез во една вештачка творевина по име Европска Унија и НАТО како дестабилизатор на целиот свет? Таа ли ни е целта? Зарем како такви, недостојни да имаме своја држава и секогаш пристануваме на понижување и губење на своето достоинство само да им се приближиме на оние кои всушност, не ја заслужуваат жртвата која ја поднесуваат типови како Зоран Заев со групата криминалци околу него за сметка, на сите нас? 

Едно мораме да сватиме, браќа и сестри, било каде и да сме по светот, дека не се само Грците криви за таа страшна голгота во минатото. Ниту пак за проблемите со името кои денес ги преживуваме. Има повеќе видливи и невидливи играчи. Истите  тогашни злосторници и денес се на сцената за докрајчување на нашиот народ, но сега отворено, со ангажирање на домашни платеници од редовите на политичките партии и највисоките органи на државата. 

Како да пролеаната македонска  крв за време на Граѓанската војна не им беше доста. Сега се втурнаа и по нас,  во Република Македонија, но и по сите Македонци на секаде по светот. Македонците одново се најдоа сами и во ситуација многу полоша и од тие минати времиња.

Напалм бомбите со кои ги гореа децата, жените, мажите терајќи ги надвор од нивните домови и нивната земја, денес ги заменија со  пософистицирани алатки: Притисок и закани, корупција на делови од македонската академска  заедница, услуги од поранешните "шарени борци за правда и слобода", (Соросови платеници) интегрирајќи ги во државните институции и како пратеници во македонското собрание,,. Но и во сите пори на македонското општество, вклучувајќи ги и безбедносните сили: војската и полицијата!

Денешните властодршци во Република Македонија се дури и полоши од оние кои ги убиваа, злоставуваа, затвораа Македонците во Грција. Полоши и покрволочни, зошто покрај ненародното однесување, им ја продаваат и државата и националниот македонски идентитет со сите материјални и духовни вредности. Тие се скриени во македонските  партии, засилени со припадниците на најекстремните политички водачи на Албанците во Република Македонија. Но во секој случај, СДСМ е предводник на злото и гнездо на изроди  ставени на располагање на надворешниот фактор, НАТО, ЕУ, Сорос и ...и со својата ненародна политика, преку така наречените договори за добрососедски односи со Бугарија, Грција, па и со Албанците во Македонија, работаат на исчезнувањето на сопствениот народ и неговата држава; со менување на името и идентитетот! Таквото обезличување на сопствената држава и народот свој, беше планирано многу поодамна, заедно со  последниот удар, кој го чекавме да ни дојде од надвор, а тој за жал, ни дојде од внатре.

Зоран Заев беше избран да биде таа  најслаба алка во синџирот кој ја држеше Република Македонија и Македонците безбедни од надворешни непријатели. Зоран Заев, поранешен градоначалник на Струмица, повеќе од еден мандат и челник на СДСМ. Човек, со големо криминално досие, таман личност да ја изврши гнасната работа на надворешните ганстери и мршојадци, затоа што после многуте слични уривања на суверени држави и уништување на многу народи со големи културни и материјални вредности,  не беше "чесно" уште една држава и народ да биде жртва на нивната злоба и незаситна алчност. 

Брзото решавање на "македонското прашање" на Балканот, со бришење на македонскиот народ, не беше едноставна работа без реперкусии по угледот и демократските "вредности" на големите  сили. Исто така, и бришењето  на нивните  раце од македонската крв, за време на Втората светска војна, Граѓанската војна во Грција и нивниот  егзодус надвор од нивната вековна македонска татковина.  Затоа, едината опција за таа работа беше Зоран Заев и СДСМ. Тој беше роден за довршување на плановите за докусурување на странските опашки од минатото. Можеби Заев не би се прифатил за таа предавничка задача, ама стравот од прогонот за неговите криминали за време на неговата градоначалничка работа во Струмица, најверојатно беше посилен од се'.

Референдумот од 30 септември 2018 година со прашањето: "Дали сте за влез во НАТО и Европската унија со прифаќање на Преспанскиот договор со Грција" -беше фијаско за македонските властодршци, зошто 1,200.000 Македонци со својот бојкот на референдумот докажаа, дека се доволно интелигентни и мудри да би паднале во стапицата на Заев и неговите надворешни суфлери.  Зошто? Затоа што договорот со Грција е погубен за Македонците како народ. И тоа не само во Република Македонија, туку за севкупниот македонски народ на секаде. 

И ако референдумот беше прогласен за неуспешен, што ги изненади и уплаши европските бирократи кои очекуваа успех и решавање на последната фаза од нивните злосторнички планови против Република Македонија, сепак,  Заев си ја продолжи својата работа. Не го призна поразот, туку  го претвори во успех. И како "победник" со своите Албанци и нешто Македонци, кои му се придружија, секои со своите интереси, борбата   ја продолжи во Собранието. Во меѓувреме, со поткуп, закани и што ти не друго, успеа да наговори доволно  малодушни и заплашени пратеници од опозицијата, за извршување на своите злосторнички ветувања на Западот. Со кршење на сите правила кои произлегуваат од Уставот и законите со кои е уредена работата на македонското Собрание, успеа да ја добие одлуката за почеток на подготвката на амандманите за промена на Уставот и менување на името на Република Македонија, во "Северна Македонија.

И така, со евентуалното успешно прекројување на историјата и нестанувањето на Македонија, Македонците ќе бидат по втор пат "креирани". Еднаш од Тито и сега од Грците, кои толку многу го критикуваа поранешниот претседател на заедничката држава СФРЈ, за неговото "измислување" на македонската нација, на штета на грчките измислени "национални" интереси. И тоа со помош на кого? Па на наследниците на македонските створители на Република Македонија после крвавите битки од Народноослободителната борба во Втората светска војна! Комунистичката партија на Македонија, односно Сојузот на комунистите на Македонија.

Се разбира, Македонците не ги примија мирноседечки овие настани со кои би се изгубил нашиот национален - македонски идентитет и губење на името на државата и затоа секој ден на стотици Македонци протестираат пред Македонското Собрание.

Но за жал, стравот влегол во коските на младата популација. Влегол, па никако да излезе, како би и тие станале дел од Македонците кои се борат за одбрана на својата татковина и националното достоинство на својот сопствен народ.  Ги нема да им се придружат на своите татковци, дедовци, мајки...кои за добробит на Македонија си ги жртвуваат своите  животи и својата слобода,  демонстрирајќи пред македонското Собрание против ненародниот режим на СДСМ и Зоран Заев.

Но и за уште поголема жал и разочарување,  проблемот не е само со македонската младина, која не ги препознава штетите и опасностите од политиките на СДСМ и Зоран Заев!  Ги нема и  членовите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните лидери  да се појават и заедно со малубројните, но храбри, пензионери, жени и деца кои катадневно се пред македонското Собрание, со цел да ги потсетат пратениците дека работаат против народот кои ги избрал за подобрување на нивниот животен стандард, а не за продавање  на нивната држава и  националниот идентитет, како  стока на пазар.

Со грижата за реструктуирање на Партијата ВМРО-ДПМНЕ и чување на своите партиски места, не ја докажуваат поврзаноста со народот. Па така, не заслужуваат никаква подршка само затоа, што во своите затворени канцеларии изјавуваат дека Зоран Заев работел против народот и против државата, чекајќи  при тоа "мудро" СДСМ да си ја заврши работата и Република Македонија, со новото име  "Северна Македонија", ја избрише од списокот на меѓународната заедница на народите, а сите Македонци во татковината, и надвор однеа, да ги кутни на колена понижени и без достоинство, да умираат од срам!

Насловот на овој мој текст дословно се однесува  на младата популација, во Република Македонија, но и на  ВМРО-ДПМНЕ, кои  не покажуваат вистински интерес за настаните во земјата кои се закана  за македонската држава и идентитетот на Македонците во неа. Па затоа и самиот се прашувам:

 

КАДЕ СТЕ МАКЕДОНЧИЊА, КАЈ ОТИДОВТЕ?

ПО ВАС ПЛАЧЕ МАЈКА ЕГЕЈСКА,

ПО ВАС ПЛАЧЕ    МАКЕДОНИЈА!

ЕВО КОИ НИ ЈА ВОДАТ ДРЖАВАТА - ХУЛИГАНИ И УЛИЧАРИ НЕКОИ ОД НИВ И ПРАТЕНИЦИ ВО СОБРАНИЕТО.

Мирка

 

 

Мирка Велиновска

ПРЕДЛОГ ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА, ЃОРЃЕ ИВАНОВ

****************

 

Ви истекува вториот мандат како Претседател на Република Македонија. Државата ни е окупирана. Власта е неуставно поставена, па е нелегална и нелегитимна. Чиста фингерајка изрежирана од надвор и насилно инсталирана со домицилни платеници како локални подизведувачи на работите.

Иако Уставот ви ги дава, Вие не ги искористивте своите овластувања за да го попречите ова блудничење над мнозинскиот македонски народ. Не ја браневте ни државата ни нејзиниот суверенитет ни суверениот и државотворен македонски народ. Јасно ни е дека и Вие како и сите други "мажишта" во политиката, сте стаписани од страв или од љубовна далдисаност кон преставниците на единствената опција чии цивилизацијски вредности се Ваш идеал. Но, здравиот разум на секој Македонец му кажува дека идеал и политички приоритет на секој што бара мандат од истиот тој народ за свој ангажман, мора да бидат националните и државни интереси на Република Македонија и нејзините државјани. Ништо друго и ништо поинакво. Најмалку материјална компензација. Како што "црквата без бог е куплерај" така и "држава без граници, институции и суверен народ е јавна куќа со дива коцкарница,,..

Претседателе, освен ако не сте ослепеле и оглувеле , во меѓувреме, увидовте дека стратегијата за "еден е изборот" и "тактиката" на смкнати гаќи кон секој што има американски  или британско - германски пасош не само што не даде никаков позитивен резултат, ами напротив. Ниската точка на топење на македонските политичари не е никаква мудра политика, туку фиксно утврдена цена за курвање на сметка на македонскиот народ. Вие сите, без исклучок, не сте драгоцени како килибарот (и тој има ниска точка на топење) за да ве чуваме како народно богатство. Без своја вина македонскиот народ стана жртва на сопствените политички избраници. Ако сме виновни, виновни сме што веруваме на зборовите, а не на делата. Затоа сега не веруваме на никому.

Ние, господине Иванов се срамиме од секој од вас. И решивме токму на 30 септември годинава да ви покажеме црвен картон. Шут карта. Ние како народ, успешно ја пресретнавме намерата на евроатланските фашисти да ни го наметнат товарот на безвременска вина дека сами доброволно сме решиле да се избришеме од регистарот на живи народи. Вие со Вашиот фасцинантен државнички настап на овогодишното заседание на генералното собрание на ООН речиси се искупивте пред народот и македонската историја. За тоа ви благодариме.

Но, кога квинслишката хунта "фура" процедура за промена на Уставот во полза на мафијашкиот "преспански диктат" со ганстерски избоксувано мнозинство, јавно Ве прашувам што правите Вие? Мислите  ли оти констатацијата "македонска историја не може да биде фус нота во нечија друга историја" е државнички ангажман? Јас мислам дека самиот си ги запишувате мудрите мисли кои идните генерации ќе ги цитираат како историски маркери. Е, ама има тука една зафрканција. Ничија суета не станува сама посебе историска референца. Зборовите преточени во дејство добиваат на историска тежина. И кај Магбет и кај Хамлет и кај Ричард Трети.

Затоа, од мое, но и од името на загрижените Македонци, Ви предлагам итно да се вклучите во куплерајот во окупираното собрание под работно име "уставни амандмани" оти за тоа уставно сте овластени. Влезете во играта како вистински Византиец и "виетнамски" разтурете ги ко бугарско собрание цијашките импланти и од лево и од десно и од цик-цак "центарот",,..Предложете еден единствен амандман кои би гласел: Името Република Македонија е непроменливо! И пуштете потоа да тече дискусијата внатре, а народот да дејствува од надвор. Е ваква "асиметрична" игра може да им ги растури плановите на "патриотите од ДПМНЕ, да пројдат како конструктивна опозиција на фашистичка инсталација додека заевистичко-балистичкото дувло да се протне низ нова сеопфатна "амнестија" за злостори против државата и против цел еден народ.

Јас кажав еднаш. Ние Македонците не ги признавам долговите сторени на наша сметка! Не прашавте и двапати на референдум ви кажавме: Ни име, ни држава не продаваме! Обете не се сопственост на една генерација, а најмалку се имот на неколку дузини неодговорни и корумпирани политичари. Шлус! Покажете се! Бидете со македонскиот народ и за Македонскиот народ!

 

Милка Велиновска

26 октомври 2018 година

Апасиев

 

 

Професор д-р Димитар Апасиев

НЕ ИМ СЕ ПЛАШЕТЕ  - ИГРАМЕ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН

****************

Facebook profile

 

Не им се плашете! Тоа тие го сакаат. Затоа го имаат впрегнато цел репресивен апарат (обвинителството, полицијата, судии, инспекторати, комисии, рекетери...). Тоа доволно говори дека и те како се упрпани. Оти и они не се недоветни.

Знаат дека ова што го прават е антидржавен криминалитет и когаш-тогаш ќе си лежат. А тоа што имаат странски грб (мафија, ЦИА, тајни служби, комесари и сл.), не значи дека не можеме поштено да ги "истепаме" додека да им дојде помошта.

ОТИ ЗАПАМТЕТЕ: ИГРАМЕ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН!

#Народна Самоодбрана

#Јакобинското Крило

#Не Простуваме Не Забораваме

**********

 

Коста Сотаровски

СЕ ЧУДАТ ЛУЃЕТО ЗОШТО ТОЛКУ ПАРИ...

******************

Се чудат луѓето зошто толку пари, илјадници и милиони евра, се даваат за да се гласа против името и за сите промени што ќе следат. А, колку ќе чини кога светот ќе дознае дека не постои никаква грчка антика, никаква грчка филозофија, религија и цивилизација и дека сето тоа е македонско? Колку ќе чини кога сите писанија за последниве триста и повеќе години се фалсификат и ќе мора пепел да се сторат?

Како ќе се прилагодуваат сите квизови во светот кога ќе мора да се одговара дека Сократ, Аристотел, Демокрит, Питагора, Хераклит, Аполон Тијански и скоро сите мудреци се Македонци, дека сите мистерии се македонски и сите религии се извртена копија на древната македонска вера?

Како ќе владее "елитата", ако се дознае дека ни ги земаа симболите и ги прилагодија против нас за да бидеме ментални робови, слепци и глупаци?

Кој ќе владее со светот ако се постигне критична точка на масовно будење? Не илјадници, не милиони евра, неброени пари чини ова. Но, не се глупи дарувачите, лесно пак ќе им ги одземат и ќе ги соголат до гола кожа со наместени убиства...Се е така просто, а нам ни останува постојано да ја кажуваме вистината. Како рекол Сократ- "мил ми е Платон, ама помила ми е вистината"

Коста Сотаров, Facebook profile, 24 октомври 2018.

______________________************_____________________

МАКЕДОНСКОТО МЕЃУНАРОДНО ДВИЖЕЊЕ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ГИ ОСУДУВА БРУТАЛНИТЕ ЗАПАДНИ ТАКТИКИ НАСОЧЕНИ КОН МЕНУВАЊЕ НА ИМЕТО НА МАКЕДОНИЈА

***************

БАРАМЕ ОДБРАНА НА МАКЕДОНИЈА ОД СТРАНА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ

 

Во уште едно нелегално заседание на македонското Собрание, овој пат на 19-ти октомври 2018 година, пратениците од опозицијата, со особен фокус на жените, беа задржани во Собранието од страна на владата на Зоран Заев, инсталирана од страна на САД, при што беа уценувани, поткупувани и заплашувани со  затворски казни-вклучително и за нивните семејства-се' додека не се согласија да ги следат наредбите да го сменат името на Македонија, нејзиниот идентитет, историја и идентитетот на Македонците низ целиот свет.

Ова предавничко и нелегално гласање го трасира патот за две понатамошни гласања за промена на македонскиот Устав и име и понатамошни големи прекршувања на правото на Република Македонија, на суверенитетот и основното само-определување. Оваа брутална политика и' е наметната на Македонија од страна на САД и ЕУ, со цел да и' се удоволи на Грција, која пак ветува дека ќе се откаже од своето право на вето за да дозволи отпочнување на преговори за потенцијално членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО.

Наместо да се приморува Македонија да исполнува невозможни услови и да придонесува кон сопственото национално самоубиство и геноцид, Западот можеше да го укине правото на вето на една земја во НАТО и ЕУ, или едноставно да и' наложи на Грција да не го користи своето право на вето. Но, Западот избра да ја нападне земјата со политичари кои докажаа дека не се способни да се бранат, себеси.

Кулминацијата на овие брутални тактики (за сега, иако може да се очекува и повеќе) се случи на 19 октомври, кога американскиот амбасадор Џес Бејли не само што беше присутен, туку и даваше наредби за заплашување на македонските пратеници. Американското странско мешање во внатрешната политика на Македонија повторно безочно се спроведуваше.

Откако САД ја поставија нелегитимната македонска влада, Заев и Амбасадата на САД во Македонија им наредија на полициските сили за специјални намени да ги напаѓаат Македонците кои се спротивставуваат на промената на нивното име и идентитет, лажираа избори, затвараа опозициски настроени Македонци, го прекршуваат македонскиот Устав и Собраниските правила, го прекршија законот, отпуштаа луѓе од работни места во јавниот и приватниот сектор, за твораа медиски куќи и го блокираа пристапот до социјалните медиуми на сите, кои се осмелија да им се спротистават.

Цело ова време, Западот е или соучесник, или молчи.

Четириесет Македонци се притворени минатата година заради предводење на одбраната на меѓународното право, човековите права и правото на само-определување. Нивното кривично дело? Тоа што се спротиставија на каква било промена на името на Македонија, нејзиниот идентитет и историја. Бејли и Заев им понудија амнестија (за непостоечни кривични дела) во замена на најпредавничкото дело во македонската историја - глас за промена на името на Македонија за да и' се удоволи на Грција. (Ова и само по себе е кривично дело, зашто е спротивно на Член 308 од Кривичниот Законик -"ставање на Република Македонија во подредена или зависна положба во однос на некоја друга земја, се казнува со затворска казна од најмалку пет години")

Понатаму, женските пратенички беа подложени на физички закани додека не ги прифатија наредбите на Заев, а на преостанатите им се закануваа со затворски казни за нивните семејства под измислени обвиненија, за кои би се одлучило накнадно. Покрај ова, македонското судство е поткупено со пари на САД и ЕУ и секое обвинение досега поднесено против режимот на Заев, е отфрлено.

Сега, официјалните претставници на САД и ЕУ веќе не го кријат своето мешање во внатрешните работи на Македонија. Комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, Генералниот Секретар на НАТО, Џенс Столтенберг, Високата преставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, Секретарот за одбрана на САД, Џејмс Матис, и најпосле, Помошник-секретарот за надворешни работи на САД, Вес Мичел, ја посетија Македонија за да пренесат прво прикриени, а сега отворени закани. Главната порака е "сменете го името - или тешко вам."

По отвореното кршење на човековите права и демократијата на 19 0ктомври, Јоханес Хан  дури исе дрзна да напише на Твитер: "Голем ден за демократијата во Скопје! Им честитам на сите оние кои решија да чекорат по европскиот пат. Очекувам дека правото на слободен избор на сите пратеници целосно ќе се почитува, а особено на оние кои гласаа различно од својата партија вечерва. Ни треба државништво, а не партиски игри."

Тој одби да го спомне името на Република Макдонија. Конкретно зборуваше за "право на слободен избор", што е отворена лага и делува сомнително како да го кажува некој што си ја има мувата на капата. Ова е очигледно признание дека "изборот" беше се', само не "слобода".

Пред овој најнов предавнички чин, Заев ветуваше референдум за името на Македонија, за да се почитува "волјата на народот", но како се наближуваше датумот на референдумот, тој самоволно одлучи дека референдумот не е обврзувачки, зашто виде дека ќе претрпи огромен пораз. Тоа и се случи. 80% од населението го бојкотираше референдумот (20% кои гласаа беа речиси исклучиво Албанци), а Македонците се обединија во одбрана на своето име и идентитет. Па сепак Заев и ЕУ необјасниво го толкуваа ова како "победа" (видете ММДЧП им честита на Македонците за тоа што одлучно го отфрлија референдумот чија цел беше да ги смени нивното име и идентитет) и продолжија со притисоците, отворено спротиставувајќи се на наводно скапоцената "волја на народот". Ова е тактика која постојано се осудува од страна на САД и ЕУ, освен кога тие самите ја спроведуваат.

САД и ЕУ не се плашат од последици зашто истите не постојат. Сепак, за секој случај, тие се' уште тврдат дека "мешањето на Русија ја дестабилизира Македонија".  Американската надворешна политика се базира врз премисата дека "нападот е најдобра одбрана". Со други зборови, најдобро е да обвините други за вашите непристојни тактики, додека ги спроведувате истите, а секоја е побезобразна од претходните.

Македонските политичари се замрзнати. Западните големи сили ја злоупотребуваат нивната неспособност. Тврдат дека не знаат како да го запрат Заев зашто тој има подршка од Западот. Погледнете ги Уставот на Македонија, Кривичниот Законик и Собраниските и Претседателските правила и процедури. Постој мноштво опции да се спречи уништувањето на демократијата, човековите права, владеењто на правото и волјата на народот. Употребете ги. Ако не знаете како или ви е страв, сте избрале погрешна професија. Вашиот избор на кариера води до уништување на Македонија - за која се бореле СИТЕ НАШИ ПРЕДЦИ.

За разлика од македонските политичари, Македонците веќе се на нозе и бараат нашите човекови права и правото на само-определување да се брани одлучно.

За Западот-или ќе ги браните принципите кои тврдите дека ги почитувате, или ќе бидете соучесници во уништувањето на цела една етничка група.

 

Нашето име е Македонија. Кој ви даде право да го менувате?

Славе - Катин

 

 

Славе Николовски-Катин

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

ДЕЛ 30

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ГИ ОСВОИ ГРАДОВИТЕ ДАМАСК И СИДОН

*****************

 

Александар Македонски пројави веднаш по битката кај ИС во писмото до Дариј како одговор на барањето на Дариј за предавање на неговото семејство и на неговата понуда за пријателство и сојуз. Ова писмо Аријан го презентира во една значајна автентична форма, а тоа е  еден од најинтересните документи кој се однесува на животот на Александар Македонски.

Во почетокот Александар Македонски изјавува дека како избран хегемон на античките Грци ја окупирал Азија за да се одмазди "за злото сковано од предците на Дариј спрема Античка  Македонија и спрема другите во Античка Грција".

Потоа раскажува за непријателските недела што ги беа извршиле Окус, а потоа Дариј, против Филип Македонски и лично против него. Бидејќи сега, по победите на Граник и кај Ис, со милост на боговите ја поседува земјата и е господар на цела Азија, му дозволува на Дариј да дојде кај него и да го прими своето семејство. Во иднина, мора Дариј да му се обраќа како на крал на Азија, а не како рамен на него.До колку не се согласува со ова, му дозволува да војува но не и да бега, бидејќи ќе го фати каде и да е.

Историјата во наредните години покажа дека, всушност, беше прерано Александар Македонски да се смета за господар на цела Азија. Тој мораше да води уште една опасна битка за својата позиција. Но, за да се сфати неговата природна дарба, важно е да се истакне дека уште под впечатокот на победата кај Ис и со целата доверба дека би победил каде и да е, тој сега ја посакуваше цела Азија, Персиската светска империја и, се разбира, се' што му припаѓаше на Големиот крал, а ја бараше и титулата крал на Азија.

Наспроти ова, сега како и порано, тој самиот се сметаше за хегемон на Лигата, како што покажа и историјата во наредните години, титула што тој јасно ја истакнува во почетокот на писмото. Двојната природа на неговите цели е јасно изразена.

Природно беше што кај Александар Македонски се појави искушение по победата да го прогони избеганиот крал и така да ја присвои азискоатичката империја. Меѓутоа, персиската флота се' уште го контролираше морето и натамошно пробивање на Александар Македонски на копното претставуваше голема опасност и можеше да поттикне револт во Античка Грција. Кралот Агис од Спарта без причини се откажа од својата намера.

Повторно треба човек да и' се восхитува на мудроста на младиот крал, кој се противстави на привлечната глетка што го мамеше да влезе без проблеми во кралските дворци на Ахеменидите, а остана верен на својот стратешки план: прво да го потчини медитеранскиот брег на Персиската империја, да ја лиши флотата од своите бази и со тоа целосно да го заштити својот грб откај Античка Грција. Затоа, од војничка гледна точка, прво требаше да го освој сириското крајбрежје.

Според тоа, од Ис тргна кон југ со својата главна војска за да ги покори градовите на брегот, а Парменион го испрати во Дамаск да го заземе градот и да го преземе богатството што го испрати Дарие таму. Во Дамаск, кој беше заземен со предавство, војничкиот сандак на персискиот крал падна во рацете на победникот.

Ова беше настан од најголема важност: Финанските грижи кои дотогаш го притискаа Александар, сега беа решени. Заедно со многуте пленици, амбасадори од Атина, од Спарта и Теба, кои беа дојдени кај Големиот крал пред самата битка кај Ис, испратени во текот на панелинистичката кампања, исто така паднаа  во рацете на Александар Македонски. А тој, наместо да ги третира како предавници, покажа изненадувачка благост и благодарност.

Во Мала Азија, надвор од античките грчки колонии, Александар Македонски мораше да општи со луѓе од старо потекло или со индо-германските племиња од последното доаѓање на Фригијците. Сега првпат влезе во семитскиот свет.

Во Сирија беа населени разни лози дојдени од Арабија пред повеќе векови, делумно во Канаанит, а делумно со последното арамаичко преселување, кои развија јасно определени и измешани култури. Оваа култура беше под влијание на север од Вавилон и Хитите, а на југ од Египет.

 

 

 

Сидон - кула на море

Овде немаше антички грчки колонии бидејќи во периодот на античката грчка колонизација Асирската империја не им дозволи на античките Грци да се населат на овој брег. Целта на Александар Македонски беше прво да ги заземе феникиските градови, бидејќи феникиските бродови со своите најдобри екипи заедно со Кипријаните го сочинуваа најдобриот дел од персиската флота.

Овие напредни економски градови на Феникијците, секој со свој крал, претставуваа мали  независни држави, меѓу кои Сидон и Тир со години се бореа со променлив успех за хегемонија. Неколку години пред доминацијата на Сидон, Феникија се побуни. Меѓутоа, кралот Окус најпосле ги натера да му се потчинат, а Сидон беше уништен (350), н наскоро повторно беше обновен. Во тоа време Тир беше градот кој доминираше.

Северните градови, Арад, Библ и Сидон, веднаш ги отворија своите порти за Александар Македонски, додека само Тир даде поголем отпор. Месниот бог на Тир Мелкарт беше идентификуван од античките Грци многу одамна со нивниот Херакле, како што ни кажува Херодот.

Ништо не беше поприродно од тоа што Александар Македонски сакаше во Тир и на други места да принесе жртва на Херакле, прадедото на неговиот дом. Но, тој не знаеше што значеше за Тирјанците кога преку нивниот амбасадор ја изрази желбата лично да принесе жртва во храмот на Херакле што се наоѓаше на островот на градот Тир.

Александар не знаеше дека според ориенталните сваќања со одобрување на ова барање Тирјанците би го признале како крал на својот град, бидејќи само кралот смееше да приложи жртва. Кога Тирјанците без објаснување одговорија дека ќе му дадат се' друго, но не и ова приложување на жртва и, веројатно верувајќи во докажаната непобедливост на својот град, изјавија дека нема да ги примат ни Персијците ни античките Македонци во градските тврдини и дека сакаат да останат неутрални.

Александар Македонски не можеше да види ништо друго освен непокорност во нивниот одговор и затоа одлучи да го заземе градот со напад, бидејќи тој не смееше да напредува кон Египет а да го остави овој главен град на феникискиот свет непокорен зад својот грб. Така во јануари 332 година  ја започна опсадата на градот.

Освојувањето на кое исцело му се посвети беше многу потешко отколку што претпоставуваше. Тир се наоѓаше на остров, одделен од стариот Тир со мал ракав од морето, заштитен од сите страни со цврсти sидови и силна флота. Александар Македонски набргу сфати дека оваа островска положба може да се совлада само со изградба на бедем од стариот Тир до островот, со цел оружјето за напад да го приближи до sидовите.

Арно ама, наспроти извонредните напори и брзите маневри на непријателот, изградбата на бедемот одеше многу тешко. Тирјанците ги уништија првите утврдувања на насипот со брандер, но Александар Македонски започна веднаш да гради друг, подобар бедем. Практиката му покажа дека може да им се противстави на традициите на ориенталската инжинерија чија што моќ на опсада неговиот татко ја прифати од Дионис и имаше големи ефекти.

Инжинерците на Дионис беа тренирани од Картагенци кои ја беа научиле таа вештина од феникиската татковина. Во овој занает на опсада и одбрана порано ориенталците беа многу посупериорни од античките Грци, поради тоа што асирскиот релјев има рамнини. Всушност тие беа нивни учители.

Кога флотите на северните феникијски градови, на веста за поробувањето на нивните домови, ја напуштија персиската флота, а кога потоа истото го направи и кипарскиот контингент, Александар Македонски отиде во Сидон, ги обедини двете флоти кои дотогаш се бореа против него и ги поведе кон Тир, со цел да навлезат во градот откај морето.

Неговата стратешка идеја да отсекување на персиската флота од брегот беше брилијантна и оправдана. Така, ја испрати киприотската флота пред северното Сидонско пристаниште на Тир, а феникиските бродови пред јужното Египетско пристаниште.

 

Продолжува

Розита Христовска, поетеса

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

***************

 

 

 

 

 

 

 

РОДЕ МОЈ

  • Тргни ја брате раката
    во која ножот го држиш за в грб да ми го зариеш,
    оти ќе шикне крв црвена
    и образот ќе ти го накаже
    па така бележан ќе шеташ
    светот да те прекорува
    и дури си жив неќе можеш
    со ниедна вода да се измиеш
    и образот да си го обелиш.

    Ај, појави се пред мене
    лице в лице да се сретнеме
    и очи в очи да се погледнеме,
    за да ти ја видам пизмата
    и да те прашам од кај ти е,
    кој ѓавол влегол во тебе

  • та те закрвил против мене,
    а една иста мајка не' родила
    и аманет свет ни оставила
    да знаеме кои и чии сме.

    Со исто млеко сме доени
    и во иста црква крстени,
    на исто огниште топлени
    и од иста земја хранети,
    и нели мајка не' учеше
    на иста страна да стоиме
    и по патот нејзин да одиме,
    за никој, нигде и никогаш
    да не може да не' раздели
    и родот наш да ни го закрви.
    ***********
    Автор: Розита Христовска
    Среда, 11 април 2018.

ВИДЕОТЕКА

*************

Kind regards: 28 октомври 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 175