Сотир

 

 

Сотир Гроздановски-Македонски

СЕ РАЗБУДИ ЛАВОТ МАКЕДОНСКИ

************** 

 

 

Вчера, недела 18 ноември 2018 година, пред Собранието на Република Македонија се одржа масовен сенароден протестен митинг против Владата на Зоран Заев. Пораките беа јасни и гласни: - оставка на незаконската влада, распуштање на Собранието и распишување на предвремени парламентарни избори.  И не само тоа. Суверенот на Република Македонија,  македонскиот народ, бара одговорност  од пратениците за нивното соучество со Владата на Зоран Заев  во уривање на темелите на македонската држава и продавање на националните интереси, во полза на Бугарија и Грција.

Отпорот на народот е одговор на теророт на владата на Зоран Заев и ќе продолжи се' дури не се прифатат барањата и  тие не си заминат во историјата  како предавници, изроди и непријатели на својот сопствен народ и македонската држава.

Непочитување на волјата на народот искажана на референдумот од 30 септември 2018 година и продолжување со нелегалните и противуставни дејности со цел промена на Уставот на Република Македонија како предуслов за промена на името Македонија во Северна Македонија, се оценети како работи со кои се уништува Асномска Македонија, федерализира државата и конечно остваруваат  целите на Грција:  припојување на насилно окупираниот егејски дел од Македонија кон грчката држава, бришење на одговорноста за злосторствата врз Македонците во тој дел на Македонија, потоа бришење на Македонците и Република Македонија и  создавање  граѓанска Северна Македонија, како нова држава на Балканот и во светот,  без Македонци и македонски идентитет.

Ако и тоа не им  е доволно за да поцрвенат и умрат од срам, да видиме што мисли  Алексис Ципрас на постојаните Зоранови тврдења за зацврстувањето на македонскиот идентитет: - Грција ниту ја признаваше Република Македонија и македонската нација, ниту пак некогаш ќе ги признае. Грција признава само државјанство на граѓаните на 'Северна Македонија' и ништо повеќе од тоа. Светот, пак, од кога ќе помине договорот во нивното Собранието, до колку сака да ја пронајде новата држава, треба да се послужи со Гугле,  под име: Северна Македонија.  Со ароганција и потсмев заклучува Ципрас.

Македонскиот народ  долго ги поднесуваше  лагите и непријателското владеење на Зоран Заев, но тој и понатака си ја врши слугинската работа под притисок на надворешниот фактор: - по секоја цена демолирање на Република Македонија, поништување на националниот идентитет на Македонците и газење на македонското достоинство и наследството од нашите давнешни и сегашни претци.

Изнуденото бегство, пак, на поранешниот претседател на Владата на Република Македонија, господинот Никола Груевски, во секој случај аранжирано со знаење на врвните личности од администрацијата на Зоран Заев, се користи како магла за покривање на подготовката на амандманите за промена на Уставот и демолирање на државата спрема договорот на Димитров - Коцијас. 

Зоран Заев, драги мои, е во паника и не знае кој пат да го фати за да се извлечка од мочуриштето во кое се наоѓа потопен до гуша. Што и самиот си го потврдува со интервјуто во емисијата 360 на АЛСАТ, пренесено од весникот Република во кој се вели: - Конечно момент на искреност од страна на Зоран Заев. Имено, во вчерашниот интервју претседателот на Владата  призна поради која причина тој беше доведен на власт и ако ги загуби парламентарните избори на 11 декември 2016 година. Заев во своето гостување во емисијата 360 на Алсат, призна дека бил донесен на власт за да склучи договор со Бугарија и со Грција и да обезбеди 80 пратеници. Меѓу другото, тој  призна и дека ги загубил изборите и дека не ја добил подршката на граѓаните, на предвремените парламентарни избори. Па да видиме што зборува "нашиот" премиер:

- Се очекува Македонија да ја внесам во НАТО и ЕУ, да склучам договор со Бугарија, со Грција  и да обезбедам 80 пратеници, и ако тргнав со 49. Не ја добив , бе Васко (подршката на гласачите), добив 49. Изгубив парламентарни избори. Така? 49! Не, не, не на локалните избори, таму градоначалниците ја добија подршката. Јас добив 49 пратеници и денеска имам 80 пратеници. И никој мене не ме прашува како тоа се'  се постигна. Колку тоа енергија е потребна за разговори со луѓе, вели Заев.

Да потсетиме, претходно Заев ветуваше дека нема да има промена на Уставот и дека нема да го менува името, а вчера призна зошто бил донесен "за уши на власт". Но тој, исто така во избликот на искреност призна дека се договорил со осуммината одметници, пратеници за амнестија, во замена за нивниот глас за уставни измени.

Е, мој Зоране, Зоране! Кој ќе се фати оро да игра со ѓаволот, ќе игра како му свират или ќе оди во пеколот, до гуша! Вели народната поговорка! И на крајот ќе биде :

КОМУ ОБОЈЦИ, КОМУ ОПИНЦИ А ТЕБЕ ДОЛГОГОДИШЕН ОДМОР ВО ШУТКА ИЛИ ИДРИЗОВО!

Професор д-р Владимир Цветковски

ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НЕ Е ОД ВЧЕРА

******************

 

По Балканските војни, монолитна Македонија е распарчена на три дела и секоја од завојуваните страни од својот дел го брише името Македонија: српскиот дел е наречен Јужна Србија, грчкиот дел е наречен Северна Грција, Бугарија присвоената територија, едноставно, ја именува како Бугарија.

За време на Првата светска војна, кога сојузничките сили се истоварија во Солунското пристаниште, речиси сите воени судири се одвиваа на македонска територија. За британските автори што со будно око ги следат воените судири сеќавањата за Македонија се' уште се свежи и тие не пропуштаат тој фронт да го наречат Македонскиот фронт. Тоа е назив што го дава Џ. Вард Прајс во своето значајно дело "Сказната за солунската армија" (Скопје: Селектор, 2010). Слично постапува и Е.П. Стебинг, универзитетски професор од Единбург, кој многу впечатливо ги опишува најзначајните завршни битки на Македонскиот фронт, како што е битката на Кајмакчалан и пробивот на фронтот кај линијата Кенали, каде што е сместен штабот на војската на Алијансата со кој раководи генерал Сарај, пробив што се одвивал на 14 октомври 1916 година. Сето тоа до најситни детали впечатливо е опишано во неговото дело "На фронтот во Македонија" (Скопје: Селектор, 2011).

Покрај присуството на британски државјани на Македонскиот фронт, во Скопје  биле сместени голем број медицински екипи што ги испраќал британскиот црвен крст или српскиот потпорен фонд под покровителство на британската кралица. Прва пристигнала екипата што ја предводела леди Пеџет, која, покрај работата во болницата, која била сместена во едно техничко училиште кај денешната касарна "Илинден", спроведувала и доброволна активност, делејќи му храна и други потрепштини на месното население. Така, како признание за нејзината голема хуманост, до пред Втората светска војна една улица во Скопје го носела нејзиното име.

Друга британска болница што дошла во Скопје е болницата што пристигнала во октомври 1914 година и била сместена кај Мала станица, во два склада за тутутн. Во оваа болница, меѓу другите доктори, работел ирскиот лекар Џ.Џ. Абрахам - Britisher, како што се нарекува. Тој е автор на делото "Мојот балкански дневник" (Скопје: Дирекција за култура и уметност, 2009). Ова дело би можело да се нарече и роман за Скопје, зашто во него е изложана до најситни детали исцрпувачката работа во болницата во која катаден со воз носеле ранети војници од фронтовите во Северна Србија, како што авторот го нарекува горниот дел на Србија. Нему не му одминале од вид и големиот дел културни споменици во градот, како црквата "Св. Спас" со нејзиниот раскошен иконостас, "Куршумли-ан", Даутпашиниот амам, претворен во ковачница за потковување коњи; впечатливиот калеидоскоп од националности во градот, раскошниот вез на македонски народни носии, убавата глетка од Калето на запад кон Љуботен на Шара, кој како шеќеросен сомун го потсетува на Фуџијама; кинопретставите во салата "Зрински" и што уште не.

Меѓутоа, значајно место им е посветено на политичката состојба во градот и расположението на месното население, што најавтентично може да се види од прилогот во кој името на српскиот дел од Македонија тој го нарекува Северна Македонија - North Macedonia, во согласност со новонастаната релност, а не Јужна Србија.

Следниот ден беше Нова година, 1 јануари 1915. Во словенските земји почетокот на годината е најзначајниот настан и правилно е да им се испратат честитки на сите пријатели и на луѓе што човек не ги сака, но сака да ги смири. Но во Србија беше само осумнаесетти декември според јулијанскиот календар, па, така, кога нас не опсипаа честитки како снег од сите официјални личности, помисливме дека е доста шармантно од нивна страна да се сетат.

Баркли, јас и еден залутан Англичанец, рударски инженер од горниот дел на земјата, таа вечер вечеравме со конзулот. "Она што треба да го запаметиш, како одговор, е дека нивниот Божиќ е следната недела, а нивната Нова година по една недела", рече тој. "Очекувам непријатности во Новата година", додаде сериозно. "Зошто?" реков јас. Затоа што Северна Македонија-North Macedonia треба да стане дел од Србија, официјално на први јануари. Народот ќе излезе на избори за да изберат членови на Скупштината. "Но зошто тоа би предизвикало непријатности?"

Конзулот се насмевна и продолжи да молчи; но инженерот, кој имаше официјална воздржаност, одговори: "Зошто? Бидејќи тие ќе бидат обврзани за регрутација. Ќе ги повикаат младите за да ја зајакнат соголената српска војска, а тие не го сакаат тоа. Многумина од нив се бугарски симпатизери. Како што се плашат Мохамеданците да не ги соберат да се борат против нивните соверници, Албанците и Циганите не сакаат да се борат за никого, освен за себе и меѓу себе. Значи тука сме! Просечниот Македонец не е ниту Србин, ниту Грк, ниту Бугарин. Тој е она што му одговара на времето Божје! Македонското прашање! Ќе настане 'мал пекол' кога ќе почнат да се молкнат како регрути во Скопје. Чаршијата веќе врие од револт". Конзулот се насмевна сериозно.

"Националноста во Македонија во голема мера е прашање поврзано со верата", рече тој. "Едно време сиве овие луѓе припаѓаа кон Грчката црква, па така беа класирани како Грци, иако најчесто тие не умееја да кажат ниту збор на грчки! Потоа српската православна црква беше признаена од сложниот Турчин, кој сакаше да ги раздвои христијаните, па, така, луѓето што и' припаѓаа на оваа црква беа сметани за Срби. Се разбира, Србите набргу почнаа со пропаганда за да ја прошират својата црква; и свештениците од двете секти почнаа да се тепаат за телата на новороденчињата, запишувајќи ги во нивните одделни училишта. Потоа, Бугаринот замеша рака. Нивната црква-егзархијата-е нешто поинаква и луѓето што се "егзархисти" ги сметаат за Бугари. Грците и Србите не ја признаваат егзархијата, па, така, двете цркви и меѓусебно се екскомуницираат една со друга".

Инженерот се поднасмевна на некои сеќавања. "Си споменувам за во старо време, нешто како пред пет-десет години, скитачки банди Комити преобраќале цели села кон Грчката, Српската или кон Бугарската црква со помош на мечот".

Забележувајќи го мојот зачуден изглед, тој продолжи. "Знам. Звучи неверојатно. Но вистина е. Оние што не се преобратиле, едноставно биле ограбени, а понекогаш и испоклани од нивните сожители христијани.Турците набљудувале и се потсмевнувале. Тоа извонредно им одговарало на нивната политика овие христијани да се љубат на ваков начин. По правило, на ваквите случувања од едната или другата страна тие им гледале низ прсти, како што им одговарало; но кога нештата станувале премногу жестоки, тие навалувале врз двете страни безрезервно и така се случуваше уште еден македонски масакр за да ја згрози Европа. Како ли само Турците мора да се смееле!"

"Но дали овој македонски народ навистина расно се разликува?", прашав јас. На извесен начин да и не. Едноставно, тие се Македонци. Правите Срби и правите Бугари се сосема различни раси. Бугаринот не е Словен, иако зборува словенски јазик. Македонскиот е еднакво разбирлив и за Србинот и за Бугаринот.  Во него има малку од грчкиот. Луѓето овде сега велат дека се Срби; но ако следната недела дојде Бугаринот, тие ќе бидат Бугари. Во минатото двете земји имале превласт и двете полагаат историско право, но не и расно еден на друг.

"Боже! Каква каша", рече Баркли, подзевајќи малку, додека стануваме да си одиме.

 

17 ноември 2018 година

https://www.novamakedonija.com

"Мојот балкански дневник", стр. 118-120. Превод од англиски: професор д-р Владимир Цветковски, редовен професор во пензија.

 

 

Славе-Катин

Славе Николовски-Катин

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

ДЕЛ 34

АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ВО ОАЗАТА СИВА ВО ЕГИПЕТ

*********************

 

Античките колонии на соседниот град Кирен во тоа време имаа трговски врски со оазата која беше многу богата со урми. Тие беа првите кои го идентификуваа Амон со нивниот Зевс, а овој Амон беше како гранка на Амон од Теба и Горен Египет. Тие беа први кои го ставија на своите ковани пари ликот на Зевс со рогови на овен свиткани околу ушите, исто онака како што имаше Амон. Од Кирен верувањето во пророштвото се рашири насекаде во античкиот свет.

Пиндар нанапиша црковна песна за господ, а подоцнежните податоци покажуваат дека веруањето во пророштвото се зголеми. Со пороштвото се консултираа Цимон, Лисандер и други. Тоа е посебно истакнато во делото "Птици" од Аристофан, а заедно со Делфи и Додона постојано добиваше повисок ранг. Кратко пред посетата на Александар Македонски и Атињаните изградија во Атина свето место посветено на Амон, кого го боготвореа веќе со д ецении.

На тој начин може да се разбере зошто Александар, доколку чувствуваше потреба од вистински одговор, ја искористи можноста на својот престој кај морскиот брег на Египет, каде што значително беше поблиску до Бога, да се консултира со пророштвото. Покрај примарни мотиви потврдени во изворите, тој со задоволство го прифати ефектот од пророштвото што им одговараше на античките Грци. Со оглед на големата важност на нивната приврзаност кон пророштвото, Александровата предприемчивост во овој случај наиде на религиозно одобрување во нивните очи. 

Калистен, неговиот дворски историчар кој го придружуваше при патувањето во пустината и направи одличен опис за тоа, кажува дека Александар Македонски отишол во Амон не само поради наводната непогрешливост на неговото пророштво туку и затоа што имал амбиции против соперникот Персеј и Херакле кои исто така претходно се консултирале со Господ.

Ако се земе превид колку Александар Македонски јасно ги сфати сродните односи со своите херојски прадедовци од својата раса, овааа изјава е веродостојна и одговара на сликата што треба да ја направи за него.

Тој можеби го пренел овој мотив во официјална прокламација на своите пријатели и единици штп го шридружуваа, со цел да го поттикне нивниот морал за да ги издржат претстојните маки во маршот низ пустината.

Кога Александар тргна кон запад од местото Ракот по должината на морскиот брег, ги сретна амбасадорите на Кирен, кои му изразија почит од нивниот град. Тие му донесоа вредни подароци и го поканија да го посети Кирен и неговите потчинети градови. Според изворите, едноставно се потврдува дека Александар Македонски склучил сојуз и пријателство со Киренците.

 

Може само да се претпостави колку бил задоволен со ова неочекувано признание на неговата моќ и колку безволните очи на завојувачот се завртеа кон запад, каде што со приклучувањето на киреничкото подрачје неговиот простор се прошири до Сиртите и до границите на Картагенската империја. 

Кога стаса до Параетониум сврте кон југозапад по стариот каравански пат што води кон оазата и патуваше околу дванаесет дена. Овде неговите Македонци првпат се запознаа со стапиците и опасностите што се случуваа при патувањето во пустина. Бидејќи порано повлекувањето на морето кај памфилијанскиот брег и' се припишувало на директната интервенција на боговите, така сегашната божја заштита беше потврдена со дождот што заврна, зашто се намали количеството на вода што ја носеа во кожи на грбовите од камили.

По неколку дена јужната песочна бура и топлиот пустински ветер таканаречен симун го затрупа патот со големо количество песок. Тогаш водичите информираа дека два гаврана гракаат и летаат пред нив. Александар Македонски нареди да се следат гавраните, верувајќи дека Господ ги испратил за да им го покаже патот во знак на милост кон посетата.

Овие прикаски се сметаа дека се литературни украсувања или инвенција на Калистен. Но, во сето тоа се гледа високото религиозно чувство на ациите, што се јавува поради ужасот во пустината и поради опасноста од смрт која ги претвора природните појави во натприродни чуда.

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може точно да се лоцира местото на цитаделата.

Од тој храм е зачувана големата порта на предната колонада, крунисана со егишетски лак кој лежи во храмот на свештениците зад гробиштата. Исто така е зачувано и внатрешнто свето место и неколку декорирани sидови со релјев и хиерогливски натписи.

Калистен во своето раскажување за посетата на Александар Македонски вели дека давањето на пророчки одговори било вообичаен ритуал. Ова е потврдено со ритуалот во храмот на Амон во Теба, а храмот во оазата беше само дел од тој храм. Според Калистен, одговорот на пророкот не беше даден како во Делфи и Бранхида.

Идолот на Богот во форма на курбан беше носен во дворот околу храмот во канџи на плеќите на свештениците во свечена процесија, придружена од распеани девојки и матрони (стари немажени девојки). Неговата желба беше изразена преку идолот, носен од свештеници кои се вртеа "мавтајќи" со главите и пеејќи.

Главниот свештеник како олицетворение на пророкот ги објасни овие сигнали како прифаќање или одбивање, како последица несомнено на примитивни традиции, а потоа го најави консултантот.

Човек би можел да претпостави дека возбудата на свештениците беше како онаа од вознемирениот рид на мравките, кога од височината на Агхурми во далечината видоа дотогаш невиден каравам кој доаѓа со болскотливо оружје, а се рашири веста дека доаѓа новиот Египетски крал, бидејќи никогаш порано не се случило фараон да ја посети оазата. Подготовките за свечениот прием мораа да бидат направени многу брзо.

Некои свештеници без двоумење беа испратени да го пречекаат кралот и неговата придружба надвор од влезот и да ги запознаат со својот традиционален церемонијал пред да влезат во храмот. Со оглед на постојаните контакти со античките акции, се претпоставува дека во ова големо свештеничко братство имало доста свештеници кои зборувале антички грчки јазик.

Така им беше најавено на посетителите дека само Александар Македонски како фараон  може  и без промена на облеката да влезе во храмот на свештениците што беше ограден со трем наречен "Свет на Световите", а неговата придружба откако ќе направи извесни измени во облекувањето што се запишани во церемонијалот. Во меѓувреме,се појави пророкот.

Тој беше еден почитуван стар човек, кој нареди идолот да биде носен од свештениците надвор од "Светот на Световите" во дворот на храмот, тука да го поздрави Египетскиот крал колку што е можно побрзо и тргна лично да го пречека пристигнувањето на кралот.

Кога Александар Македонски со својата свита, раководен од свештениците, побара да се сретне со пророкот, влезе во дворот на храмот, а тој тргна да го прими и му се обрати според египетскиот церемонијал, но секако на антички грчки и го поздрави како "син на Амон" во името на Бога. Само што останаа сами во храмот на свештениците, Александар му постави прашање на пророкот. Потоа поворката со идолот направи како што погоре е опишано, а пророкот го најави одговорот на Господ за кралот во "Светот на Светотивите.

Кога Александар Македонски се врати во дворот на храмот, неговите пријатели нетрпеливо го прашаа што се случи, а тој им рече дека ништо повеќе од тоа што "тој го слуша, а е во согласност со неговата желба".

Некои од неговите пријатели ја искористија можноста да му постават прашање на Бога во своја лична корист. Тие истотака добија одговор според опишаниот обред, со медитација на пророкот, но надвор, во дворот на храмот како обични аџии. Сето ова се случи јавно.

Како што покажува одговорот на Александар Македонски на прашањата од своите пријатели, разговорот го задржа како тајна. Веројатно имаше лични причини што го направи тоа. Но, можеби и пророкот му има укажано одговорот да го заува во тајност, според египетските правила, бидејќи Господ му зборувал на својот син.

Александар бездруго чуваше тајни. Веднаш потоа тој и' напиша на мајка си Олимпија, известувајќи ја дека ги примил тајните директиви што ќе и'  ги соопшти веднаш по враќањето во Македонија. Бидејќи тоа никогаш не се случи, Александар ја однесе тајната в гроб. Затоа нема да се дознае какво прашање му поставил на пророкот.

Поради тогашната воена и политичка ситуација повеќе од сигурно беше дека прашањето се однесувало на неговата иднина. Меѓутоа, како тој го формулирал тоа, колку требало да се прошири, дали се однесувало само на претстојните борби со Дариј, или и на вистинското добивање суверенитет на Азија што го бараше тој по Ис, или намерата му била да го освои целиот свет, сето тоа веќе беше во неговата глава и не се измени во наредните години од неговиот живот. За сето тоа знаеше само Амон, а ние никогаш нема да дознаеме.

 

Продолжува

Александар Македонски во Сива.

Александар Македонски во Египет.

НЕШТО ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

*************************

Праз

 

Нова Македонија

ПРАЗОТ Е ПРИРОДЕН АНТИБИОТИК И РЕГУЛАТОР НА ПРИТИСОКОТ

*******************

 

 

Празот е од истата фамилија на билки како и кромидот и лукот, но има поблаг вкус и мирис. Според нутритивниот состав,  тој е сличен на кромидот и лукот, но содржи повеќе белковини, бета-каротин и витамин Ц. Од минерали, празот е богат со манган, фолна киселина, железо, магнезиум, фосфор, калиум и калциум. Има мала енергетска вредност и е ниско калоричен. Со готвењето се нарушува витаминско-минералниот состав на празот, па затоа најдобро е да се јаде свеж, како салата.

Празот содржи триосулфонати, кои со сечкање на празот преминуваат во сулфиди (алицин-активна антиобиотска материја), кои имаат антибиотско дејство. Алцинот дејствува како природен антибиотик.

АЛИЦИНОТ го намалува и крвниот притисок, го намалува нивото на холестеролот во крвта и го јакне имунолошкиот систем. Затоа празот е природен превентивен лек против  кардиоваскуларните заболувања. Празот содржи и органосулфидни компоненти, фитохемикалии што, заедно со некои витамини и минерали, поволно дејствува врз здравјето. Празот е богат и со етерични масла, кои го зголемуваат лачењето на дигестивните сокови и со тоа го подобруваат варењето на храната.

Бидејќи содржи доста калциум (во 100 грама има 300 мг), а малку натриум (сол), празот е силен природен диуретик. Тој го зголемува излачувањето на течностите и токсичните материи преку бубрезите. Затоа често празот им се препорачува на лицата со кардиоваскуларни и бубрежни заболувања, особено за намалување на отоците. Празот ја негува и кожата. Супата од праз го осветлува тенот. Благодарение на диуретичкиот ефект, празот го чисти организмот од отрови. Содржи и витамин Е и каротин, кои се важни за здрава еластична и нежна кожа.

Празот, во споредба со сите зимски зеленчуци, содржи најмногу каротин, витамин Ц и Е, кои најмногу ги има во зелените листови. Го зголемува имунитетот, помага против настинка и инфекции. Празот содржи моќни антиоксиданти што го штитат организмот од штетното дејствување на слободните радикали, кои можат да предизвикаат многу хронични заболувања, вклучувајќи го и ракот. Со право празот се смета за природен антиканцироген, кој помага во превенцијата и лекувањето на ракот.

Празот е нискокалорична билка. Во 100 грама праз има само 35 калории. Содржи многу малку масти и шеќери, а доста целулоза, која брзо дава чувство на ситост. Пектинот од празот прави заштитен филм на слузокожата од желудникот.

Празот ги топи килограмите! 

Празот е идеален за одржување на нормалната телесна тежина, а се користи и при диети. Свежиот праз е најдобриот избор што можете да го направите, бидејќи при термичката обработка делумно се менуваат корисните состојки во него. Празот бил одгледуван уште од Старите Египќани, Грците и Римјаните и се смета за многу лековито растение, кое, според нутритивниот состав, е сличен на кромидот и лукот. Вп споредба со нив, содржи повеќе витамин Ц, белковини и бета-каротин. Исто така, содржи и органосулфидни компоненти-фитохемикалиии што заедно со некои витамини и минерали дејствуваат поволно врз здравјето.

Белиот дел, односно главицата на празот изобилува со природни шеќери, фруктоза и сахароза, па затоа има малку сладок вкус. Зелениот стеблест дел и перјата на празот содржат витамини и активни супстанции што се значајни за зајакнување на имунитетот, па од таа причина е препорачливо да се јаде повеќе праз во текот на есента и зимата, за да се заштити организмот од вируси. Од минералите, најзастапени се манган и натриум, а од витамините К и А. Празот е познат диуретик, а тоа значи го поттикнува излучувањето на токсините од организмот. Алицинот во неговиот состав овозмошува да дејствува во организмот како природен антибиотик и да го одржува и имунитетот силен и отпорен. Исто така, алицинот помага за намалување на крвниот притисок и нивото на холестеролот во крвта, од што можеме да потврдиме дека празот е природен превентивен лек против кардиоваскуларните заболувања.

Голем број медицински истражувања покажале дека е користен при алергија, анемија, астма, етеросклероза, болести на срцето и крвните садови, бронхитис, зголемена телесна тежина, губење апетит, депресија, импотенција, камен во бубрези, превенција и лекување рак, неплодност, зголемено ниво на холестерол и масти во крвта, настинка и грип, како и проблеми со тироидната жлезда.

Празот е богат со етерични масла, кои стимулираат зголемено лачење на дигестивните сокови и подобро варење на храната. Најдобро е да се јаде свеж, како додаток во салати, но може и кратко да се динста, да се додава во чорби и солени пити. Неговата примена е идеална во комбинација со мрсни јадења, бидејќи е богат со целулоза, го олеснува варењето на храната и го стимулира празнењето на цревата.

 

************************

Жаклина, поетеса

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

***************

 

 

 

МАКЕДОНИЈА

katana mundi

  • На мегдан
    еј, Македонци,
    за Армакедон
    излезете!

    Од вашето - туѓо
    не правете,
    со доброто зло победете!

    Еј, вековни паталци
    очи отворете,
    срце раширете...

    Еј, прадедовци
    аманет испраќаат:

  • чакрите очакрете ги,
    црквите отворете ги,
    одродите проколнете ги,
    изродите дотолчете ги!

    Еј, свето вљубени,
    еј, свето примати,
    еј, свето писмени,
    еј, sвезди водилки,
    еј, ти розо на водата,
    жива да си,
    и Сонцето без
    тебе не е сонце,
    Македонијо!
    **********
    Автор, Жаклина Михајлова

Драгоар-Битола

Kind regards : 19 ноември 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 179

ВИДЕОТЕКА

************