КОЈ Е НАШИОТ ИЗБОР БРАЌА МАКЕДОНЦИ?

Сотир

Сотир Гроздановски-Македонски

ЗОРАН ЗАЕВ СЕ ИГРА СО ГНЕВОТ НА НАРОДОТ

**************

19 октомври годинава беше денот, кога во македонското Собрание  се силуваше правниот систем на Република Македонија. Заев со неговата дружина и 8-те пратеници-предавници од опозицијата,  нив 80 на број, одлучија да се поиграат со трпението на Македонците! Гласаа за пристапни дејствија, со кои би се промениле витални делови од Уставот на Република Македонија, како би се прилагодиле на грчките желби, срочени во Преспанската спогодба помеѓу Грција и Македонија. И тоа се', како услов за влез во НАТО и Европската Унија, за кои нема никакви гаранции дека Грција, како и секогаш до сега, во иднина нема да ги опструира одредбите во договорот, со своите дополнителни барања.

И ако со референдумот од 30 септември 2018 година Македонците, нив 1,200.000, одлучно на властодршците на Македонија им рекоа  НЕ за договорот со Грција за промена на Уставот заради промена на името на Македонија во "северна Македонија", Зоран Заев сепак се одлучи, како прави коцкар, да ги исполни своите болни желби да биде прв премиер на новата држава, "северна Македонија".

Драги мои браќа и сестри, Македонци,  дојде времето кога сите заедно,без страв и грижа на совеста, гласно да викнеме: ДОСТА Е, ПРЕДАВНИКУ, СО ТВОИТЕ КРШЕЊА И СИЛУВАЊА НА ПРАВНИОТ СИСТЕМ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА! БЕГАЈ И НИКОГАШ ДА НЕ ТЕ ВИДАТ ОЧИТЕ НАШИ!

Можеме само да си замислиме, колкав е притисокот врз неговата психа од страната на странскиот фактор да по секоја цена ги изврши обврските кои ги презел, или ќе го снајде тоа што заслужува. Можеме само да си замислиме или претпоставиме, што би му се случило кога не би успеал тоа да го изврши. Можеби и тој е во иста положба, како и оние 8 несреќници од опозицијата што бираа измеѓу предавство на својот сопствен народ и својата лична слобода. За некое време!

Македонскиот народ бил за цело ова кризно време во нашата татковина во рацете на претседателот на државата, па се' уште очите на сите нас и внатре и надвор се насочени кон него, кон професор д-р Ѓорге Иванов.

Не е можно Заев така лесно и цел да помине!  Сите зла кои се' уште ни ги нанесува, во секакви форми, без око да му трепне, нема да поминат без вистински народен отпор! 

Во неговиот насилнички однос спрема својот сопствен народ,  барем така тој се претставуваше пред да ја преземе власта, има некоја длабока омраза, инаку нормален човек и  малку интелигентен, такви работи не би ни помислил да прави, како што досега ни направи Зоран Заев: ни ја продаде државата, идентитетот на  народот и својот личен, историјата во должина од над 2-3 илјади години  и тоа на еден вештачки народ чии предци секогаш биле инфериорни во споредба со Македонците, потоа нашиот јазик, традициите, обичаите, книжевноста, фолклорот и се друго што го носи името македонско и да помине неказнет на било кои начин, тоа не е возможно!

Не замисливо е, исто така, во 21 век и покрај сите меѓународни правни акти за самостојноста на народите, сувереноста на нивните државни творби, самоопределувањето  за своите лични и имињата на своите држави...еден обичен криминалец да маѓепса 2-3 милиони Македонци и им ги испере мозоците. Тоа е страшен преседан во целата светска историја од камено до денешно време. Преседан, кои од утре може да се практикува, од големите сили, врз секој помал народ во нашиов  "цивилизиран" свет!

Зарем сите за кои мислевме дека значат нешто за Македонците, всушност биле туѓи платеници, изроди и предавници за грст жолтици? Предавници и најобични кукавици и луѓе без ич достоинство, налик на спороодејќи ЗОМБИ? Изгледа дека сето тоа било вистина и се' уште е, се' дури не покажат и малку храброст да станат сите заедно простум, како луѓе, пред еден малоумен, но опасен криминалец и неговите грст празноглавци, во одбрана на својот народ и својата држава!

Зарем на оние кои се нафатија да ја чуваат државата од сите внатрешни и надворешни непријатели и народот кои ги храни, облекува и им дава алатки за извршување на преземените обврски не им е се' уште јасно со кого имаат работа?

Па зарем самата упорност на Грција и нејзините спонзори, Македонија доброволно да се одрекне од името свое македонско, окупираната територија заедно со Егејот, правото да се грижиме за добробитот на Македонците во егејскиот дел на Македонија, а со тоа и правото на  кирија за користење на сите надземни и подземни богатства не ни зборува за фактот, дека Грците со лага сакаат да не преминат преку вода жедни и гладни? 

Зарем некој сопственик на сето тоа ќе бара дозвола од нас да се одрекнуваме од нешто што "не е наше"?

Кога би била нивна античката историјата, територијата и нејзиното име Македонија, Грците не би имале причина да не вознемируваат, бидејќи цел тој имот би бил запишан во нивниот катастар и другите имовински документи! Бидејќи сето тоа што сакаат да го имаат би било лесно докаживо. Но не е така! Бидејќи Македонија никогаш не   била грчка, туку обратно; дека древното културно наследство на Македонците е само наше,  и така натака со ред заедно со историјата македонска во која е се' запишано, со кого сме имале работа и со кого правиме безвредни муабети и денес.

Стравот од вооружена средба негде кај Херонеа се' уште ги плаши и неможат мирно и денес да спијат и ако денешните Грци немаат континурана врска со предците,  на кои полагаат право!

Решението за новонастанатиот проблем со случајот во Собранието,  од 19 октомври годинава , се крие во сите нас, македонскиот народ и нашата одлучност да ја прекинеме пародијата на Заев во македонското Собрание и преземање правни мерки пред меѓународните институци за заштита на основните права на Македонците во сопствената земја и од сопствената нелегална Влада. Или, преземање драстични мерки, за кои е потребна подруга организираност, храброст и пред се' вистинска љубов кон Татковината по цена и на жртви!

Одлуката е на нас!

Па, драги мои, првото е прво а за другото подоцна!

 

Тања Каракамишева

Тања Каракамишева

ПРЕТСЕДАТЕЛЕ ИВАНОВ, ОТПОВИКАЈТЕ МУ ГО МАНДАТОТ НА ЗАЕВ

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ИВАНОВ

**************

Претседателе Иванов, отповикајте му го мандатот на Заев! Отповикајте го актот со кој му го доделивте мандатот! Без мандат, без актот за доделување мандат, Заев не може да биде претседател на Владата.

Отповикувањето на вашиот отпис како и отповикувањето на актот со кој го определивте Заев за мандатар ја прави ништовна неговата функција! Нему дозволувајте на Заев да игра играчки со државата и да ја гази дадената и потпишана пред вас гаранција! Што ќе ви се гаранции на хартија кога на дело се спроведуваат активности спротивни на интересите на Република Македонија и на македонскиот народ? Државата де јуре и де факто е ставена во подредена положба на друга држава што едновремено е и кривично дело.

Заев го крши Уставот злоупотребувајќи го и вашиот потпис и вашата функција претседател на Република Македонија. Вие му го дадовте мандатот на Заев да биде мандатар и да формира Влада, иако Уставот не предвидува постапка за избор на втор мандатар. Тогаш работите се решија преку преседан кој не е уставен и кој не произлегува од Уставот!

Сега, работите ескалираат, кога Заев делува и работи спротивно на дадените гаранции и спротивно на Уставот, а имајќи предвид Вашата заклетва, такво нешто не смеете да му дозволите. Вие, согласно членот 84, став 1, алинеа 1 од Уставот го определувате мандатарот за состав на влада на Република Македонија. Како што во 2017 година го определивте за мандатар, така сега ќе го отповикате од функцијата со образложение дека Заев не го почитува Уставот и дека ги прекршил дадените гаранции, но и дека ја прекршил заклетвата дека ќе ја почитува Република Македонија и правниот поредок на замјата.

Заев, како и сите други политичари МОРА да и' служи на државата и на народот, а не државата да му служи нему!

 

НАПРАВЕТЕ ГО ОВОЈ ЧЕКОР ЗА РАБОТИТЕ ДА ТРГНАТ НА ПОДОБРО!

 

http://www.dudinka.org

17 октомври 2018 година

Д-р Тања Каракамишева

 

 Тања Каракамишева

РЕФЕРЕНДУМСКАТА ОДЛУКА ОД 30 ОКТОМВРИ Е НАД СИТЕ ПРАТЕНИЦИ И НАД ЦЕЛАТА ВЛАСТ 

************

 

Ниту еден пратеник во Собранието, ниту претседател на Влада, ниту еден министер немаат мандат, ниту легитимитет да го менуваат името на државата и идентитетот на македонскиот народ! Затоа, вчерашната собраниска купи-продај пародија, заедно со постапката за донесување одлука за пристапување кон промена на Уставот, треба да биде прогласена за ништовна!

Инаку за промена на Уставот, како и за сите системски закони, 2/3 мнозинство секогаш било и ќе биде 81 пратеник. Уставот не вели две третини од пратениците, туку 2/3 мнозинство од вкупниот број на пратеници.

Како што апсолутното мнозинство значи 60+1=61 така и 2/3, или квалификувано мнозинство значи 80+1=81 пратеник. Се чудам, зошто не успееја од власта да убедат уште еден пратеник, туку одлучија да си играат ка'ко малиот Ѓокица го замислува светот?

Референдумската одлука донесена 30 октомври 2018 година е над сите пратеници и над целата власт!

Член 2 од Уставот јасно кажува, кој е суверенот во државата кој има право да одлучува за суверените прашања! Тоа секако не се пратениците, ниту Собранието, а најмалку владата. Нека ми посочи власта уставна одредба каде пратениците се уставно и деловнички овластени и да го менуваат името на мојата држава и да ми го чепкаат мојот идентитет. Нема таков мандат, нема такво овластување! Нема затоа што името на државата и идентитетот на еден народ не може да биде предмет на политичка игранка, а уште помалку предмет, на политички пазар!

Само суверените граѓани можат да одлучуваат за своите иманентни права. Правото на име и идентитет на еден народ е дел од нашиот субјективитет како граѓани. Апсолутно право кое никој, ама баш  никој не може да ни го одземе.

Ако не се враззумат политичарите со игриве, тогаш дефинитивно ќе настапи народот со тужби против институциите на системот. Масовни тужби за повреда на нашето достоинство, чест и национален интегритет, нашето право да се именуваме како што сакаме, а не како што друг ни кажува! Оттука, СДС и ДУИ и вие избрканите од ВМРО, не си играјте бајрам со умот! Немате право да не преименувате како што друг некој ви кажал! Ние ве избравме за подобар живот и економски развој, не да правите пазар со нашето достоинство! Играјте и тргувајте со вашето достоинство како што се тргнале, тоа не е наша одлука!

Откажете се од оваа неразумна и нелегална игра затоа што единствено што ќе ви остане се хартиите и квазимодовските глупирања! Да се сликате со нив!

 

СЕТО ОВА ЌЕ БИДЕ ПОНИШТЕНО, ЗАТОА ШТО НЕМА НАРОДЕН ПЕЧАТ!

 

Миленко - Дудинка

 

 

Миленко Недeлковски

ДОСТА СО ПЛАЧЕЊЕ И КУКАЊЕ 

****************

 

Македонија имала тешки, исклучително тешки моменти во своето постоење. "Чудната смрт на нашиот цар Александар Македонски, децата земани за Јаничари, децата набивани на кол, ќерките силувани и убивани, бебињата вадени од утробата на мајки им, угушени востанија, погибија и предавства како она на Гоце Делчев, саможртви како она на Узунов, Ацев...

Ние Македонците (особено со големо М) сме биле без своја држава и институции скоро два и пол милениума, односно до 1944-та, со кратки , проблесоци како Илинденското, Охридското или Тиквешкото востание. Сме биле и без своја црква, откако Охридската архиепископија била насилно укината. Сите тие векови ни го уништувале името, историјата, наследството, идентитетот, црквата, државата, водачите, јазикот... И, никогаш не успеале. Непријателот извојувал битки, но НИКОГАШ НЕ ЈА ДОБИЛЕ ВОЈНАТА. Војните, ние МАКЕДОНЦИТЕ, сме ги добивале. Сите, досега.

Така и ќе биде и сега! Така и никако поинаку! Тажен и темен ден е оној вчерашниот. ВМРО-ДПМНЕ не сакаше на крајот на 90-те да се соочи со вистинска лустрација (државна и внатре партиска) бидејќи Љупчо Геориевски се плашел дека повеќе од пола партија ќе му била лустрирана. Биле полициски кодоши. Ставањето на проблемите под тепих сега не само што го уништија тепихот, ами ја "продадоа и кучата". Да имаше лустрација, немаше да има Стојанонадовци, Љубомирфрчковски, Титопетковци, Јанкобачевци, Камчевскамилевци, Бунтировци...

Немаше да ги има овие судии и обвинители. Ќе ги немаше Борјанјовановци, Сашоордановци, Васкоефтовци, Ацокабрановци, Бранкотричковци, Владемилчини, Петарарсовци...

Но ВМРО-ДПМНЕ тогаш и нејзиниот лидер немаа храброст!

Таа храброст за севкупна лустрација и внатрепартиска голема реформа ја немаше ниту Никола Груевски, иако подолу ако гледате во моите колумни сум го повикувал многупати на расчистување и прочистување во партијата.

Никола Груевски направи многу за оваа држава и народ. Но, имаше грешки што ќе поклопат се' од тоа и ќе го запишат како еден од главните причинители за оваа криза и крвава борба. Тој, Прво, не смееше да уцвика и да го напушти премиерскиот кабинет без разлика на какви и да уцени бил изложен; и Второ, беше исклучително неталентиран и инаетлив во кастингот  што го правеше. Изборот на министри, како што беа Камчевска Милевска, Јолевски, Нино Тодоров, Трајко Славевски и слични лигави црви, ја растури целата економска реформа и напредок што ги направи. Изборот  на разни типови што си ја менуваа религијата, повеќепати, (Рамчиловиќ, Нола...) како демек се ВМРО-вци, познати политички давајгази (Чедо Саздовски, Амди Бајрам, Лиле Поповска, Павле Трајанов...) направи таква ненадоместлива штета да денеска,  Христијан Мицкоски, таман и со три глави да е на рамената, не може преку ноќ да ја врати на правиот револуционерен, патриотски и демократски пат партијата. Натаму, исклучително лошите кадровскин решенија во безбедносните структури ( Јанкуловска, Мијалков, Радникот...) и исто така дозволување поврат и добивање високи функции поранешни пребези (Борис Стојменов, Вилипчо Петровски, луѓе од ВМРО-НП...) со кои се накити околу себе и во својот кабинет, истисна многу правоверни, вистинскии патриотски настроени ВМРО-вци, како и сериозни правдољубиви интелектуалци, да е сега исклучително тешко таа здрава партиска структура да се врати на колосек и стави во погон.

Секое зло за добро, велат нашите. Оваа загубена битка, не е загубена војна. Напротив.

Ова е момент на прочистување, на пјурификација.

Ова е момент на од Бога дадена лустрација во државата и исчистување од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е шанса што не смееме, како народ, да ја пропуштиме. Не смееме да ја загубиме со моментна малодушност. Не, ние сега треба од пеполот да изникнеме како Феникс.

Овие редови не ги пишува некој гаталец, ами паталец прогонуван и забрануван од фашистичкиот окупатор од "длабоката држава" и бриселските мастиљари, со теренска изведба на ненормален получовек, црпнат од некое блато под Беласица. Паталец, кој е медиумски забрануван и елиминиран и од Бранко Црвенковски и од Зоран Заев и од Никола Груевски. Паталец на кого му висат измислени и фабрикувани кривични пријави. Но, паталец кој не им се плаши на фашистичките гадови.

Со штитот или на него е мојата стратегија!

Фидел Кастро ја презеде американизираната Куба ( а пото ги закопа/ порази сите од ред: Ајзенхауер, Кенеди, Џонсон, Никсон, Форд, Картер, Реган, Буш и Клинтотн) започнувајќи револуција само со дузина соборци и една радио станица. Еве, јас ја водам оваа битка со половина дузина истомисленици (не членови на партии) и со "радио станица" наречена Јутјубе, Фејсбук, Твитер.

 

Нема предавање! Нека колат, бесат, судат, затвораат, само Македонија цела да е! 

Смрт на фашизмот - Слобода на народот!

***

http://www.dudinka.org/category

 

Славе Катин

Славе Николовски-Катин

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

ДЕЛ 29

ПОБЕДОНОСНАТА БИТКА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ КАЈ ИС

************

 

Главните единици од коњицата на Александар Македонски беа поставени десно од античките грчки наемници на левиот брег на реката Пинар, кој беше рамен, а матицата на реката формираше тешка препрека на погодната почва за ангажирање на коњицата дури до морето.

Преостанатите единици беа повлечени во длабоки формации зад овој фронт и построен според нивната националност. На левото крило на стрмините на Аман, Дариј постави напред еден корпус, кој доколку беше возможно требаше да го зафати Александар Македонски од зад грб. Тој самиот беше во вличествена кола во центарот зад античките грчки наемници.

Пред битката, Александар Македонски тајно ја помести тесалиската коњица од десното крило зад фронтот кон лево, правејќи, всушност, ист распоред како на Граник. Единствена разлика беше тоа што требаше да се сретнат со корпусите на падините каде што остави неколку единици на десниот агол до своето десно крило.

Но, кога корпусите бегаа кон ридот пред дождот од стрели, овие единици беа веднаш готови да се вратат назад на фронтот. Како и на Граник Александар Македонски командуваше со десното, а Парменион со левото крило. На Парменион му беше дадена стриктна наредба во никој случај да не ја прекини врската со морето. Важноста на оваа положба на морето му беше јасна на Аллександар Македонски уште вечерта пред Миријандр кога прво ја испланира битката. Потоа им принесе жртва на боговите на морето, а фрли и една кола со четири тркала во брановите како понада на Посејдон.

Така Александар Македонски се потпре врз милоста на боговите и врз својата одлична коњица предводена од Парменион. Повторно мора да се отфрли неверојатниот број Персијанци за кои се смета дека божем биле дури до 600.000. Нема сомнение дека војската на Александар Македонски, иако доброволна, беше многу помногубројна од онаа на Граник, но сепак, мораше да се соочи со понадмоќна сила.

Александар Македонски ја започна битката сходно со тактиката на коса формација: ја поведе тешката коњица преку Пинар и го нападна левото крило на непријателот. Со жесток напад го натера непријателот да се повлече, при што доби мала рана на ногата.

Арно ама, во меѓувреме полковите на неговите фалангисти при качувањето на стрмиот брег од реката се преместија и ја прекинаа борбената линија. Наскоро античките грчки наемници од првата линија им се противставија и кога го забележаа ова, навлегоа во празнината и започнаа жестока борба на брегот на реката.

Се' повеќе се распламтуваше борбата во која и античките Грци и античките Македонци беа исполнети со амбиции да ја покажат својата супериорност над респектираниот непријател. Силната антипатија што постоеше меѓу двата народа дојде до израз во оваа битка. Македонците кои беа тешко притиснати од непријателот добија помош не само од соседната фаланга, туку и од Александар Македонски, кој по совладувањето на левото крило на Персијците, изведе решавачки маневри и брзо го нападна центарот.

Всушност, Александар Македонски ја реши битката. Веднаш штом Дариј го виде брзиот напад на Александар Македонски, ја сврте својата кола кон север и панично избега. Тоа е претставениот момент со драматичното преувеличување на Клитарх во познатиот мозаик на Помпеј во  "Куќата на паунот".

Александар Македонски имаше голема желба да го зароби Големиот крал, но не можеше да мисли на гонење, зошто поважна му беше борбата против античките грчки наемници, а пред се' беше зафатен со коњицата на левото крило која требаше да ја реши битката. Во почетокот бројно посупериорната персиска коњица на левата страна го премина Пинар и жестоко нападна на тесалиските и пелопонеските коњаници што ги командуваше Парменион, кои наскоро се соочија со сериозни потешкотии.

Мошне беше важно овде да не се направи пробив на борбената линија, бидејќи во таков случај позицијата на Александар Македонски би можела да се измени. Текот на битката во центарот и покрај морето покажа колку повеќе Александар Македонски беше во опасност овде кај Ис, отколку на Граник.

Должноста на коњицата беше да дејствува на двете страни со најголема брзина. Тогаш персиските коњаници слушнаа дека нивниот крал избегал  и дека ги оставил на цедило. Ги свртија своите коњи, арно ама гонети од Тесалијците, паднаа во стапица при повлекувањето, така што се најдоа во општата положба на целата персиска војска.

 

БИТКАТА КАЈ ИС

**************

Веднаш, штом Персијците почнаа да бегаат, Александар Македонски ги гонеше со надеж дека се' уште ќе го фати Дариј. Меѓутоа Дариј веднаш ја заменил колата за коњ, ја отфрлил кралската маска и избегал, оставајќи ги зад себе штитот и лакот. Неговото бегство предизвика огромни загуби за Персијците, бидејќи северно од Аман борбената линија се' повеќе се приближуваше до морето и така оставаше тесен премин низ кој поминуваа војските кои бегаа.

Птолемеј кој вјаваше зад Александар Македонски пренесува дека во бегството тие јавале преку клисурата која била исполнета со непријателски корпуси. Кога падна мракот Александар Македонски го прекина гонењето и се врати на реката Пинар. Овде, пресискиот кралски логор со сиот свој ориентален раскош падна во рацете на победникот.

Највредната добивка беше кралското семејство - мајката и жената на Дариј со нејзините три деца - кои како заложници може да бидат од голема вредност. Истата ноќ, кога тие го жалеа Дариј мислејќи дека е мртов, Александар Македонски ги извести дека тој е жив.

Тоа, впрочем не беше вообичаена дипломатска игра, која го натера да се однесува со почит кон оваа жена како спрема кралица, бидејќи по смртта на Дариј тој се однесуваше на ист начин како кон мајка која го спасила. Но, подобро е овде да го разгледаме витештвото што беше типична особина на Александровиот карактер.

Александар Македонски отиде толку далеку со своето почитување кон мајката на Дариј, што дури и не ја зауши кралската сопруга Статеира, која што во тоа време ја сметаа за најубава жена во Азија.

Така, на почетокот од ноември 333 година, огромната војска на Големиот крал беше победена и разединета, а тој самиот прогонет. Само 8.000 антички грчки наемници побегнаа преку планините. Веста за возбудливиот настан се пренесе низ целиот антички свет, при што исходот од битката беше пречекан со  голема возбуда.

 

Македонска фаланга

Сите непријателски расположени елемени се надеваа на персиската победа, а најмногу Демостен, кој по добивањето на писмата од Исток триумфално ја обиколуваше Атина, објавувајќи дека Александар е отсечен од Киликија и дека наскоро ќе биде уништен од персиската коњица.

Оние, пак што беа пријателски наклонети спрема Македонците беа загрижени. Потоа, веста за брилијантната победа на Александар Македонски одекна како гром од ведро небо, предизвикувајќи веселба на бојното поле, а потиштеност во античка Грција.

Чувствата на пратениците на федралниот совет на Коринтската лига мора да боле многу различни кога на редовниот нареден состанок за Истмијанските игри во 332 година, решија на Александар Македонски да му испратат златен венец преку амбасадорот, со цел да му ја честитаат победата и да му заблагодарат за она што го направи за спасувањето и слободата на античка Елада.

Веста за победата ги скрши персиските адмирали во Егејот и сите изгледи за соработка со античките Грци исчезнаа за секогаш. Тие што туку почнаа да се договараат со Агис, спартанскиот крал, на островот Сифнос, но кога пристигна приливот и одливот, веднаш се разотидоа.

Фарнабас  брзаше кон Киос за да го заштити од победникот по дознавањето на веста, Агис, меѓутоа, не го напушти својот план за водење војна, туку позајми триесет таланти и десет триреми од Персијците, со цел да го присвои Крит за свои цели.

ПОбедата кај Ис предизвика многу измени и кај самиот Александар Македонски. Додека по битката на Граник силно ја изразуваше својата хегемонија во Елинистичката лига, сега тој прв пат јавно го побара владетелството над целата персиска империја. Не се знае дали оваа голема амбиција не беше била присутна кај него од порано.

Може да се претпостави дека веројатно пророштвото од Гордион, кое му вети суверенитет над Азија, му ги определи мислите, а таа намера не му беше целосно чиста се до Ис, кога лично го порази Големиот крал.

 

Продолжува

 

 

 

 

 

 

___________________________***********_________________________

Кочо Рацин
1908-1943

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

******************

 

 

 

 

 

 

ТУТУНОБЕРАЧИТЕ

  • На кантар студен со туч го мерат
    а можат ли да го измерат,
    нашиот тутун - нашава мака
    нашава солена пот!

    Од темни зори на утрини летни
    до никоја доба на вечери зимни
    тој гладно пие тагата наша
    и потта и крвта и снагата ни.

    Жолт - жолти прави лицата бледни
    и жолта гостинка у градите носи.
    По утрини росни, по мугрите пресни,
    наведени ничкум по полињата родни
    зачмаени ние го береме.

    Лист по лист кини
    лист по лист нижи
    лист по лист превтруј, притискај,
    лист по лист милно, таговно реди
    и на долга низа од капки пот

  • и надеж со клетва и зелени јад,
    со коров поглед на очите матни
    по кревките лисја жолтозлатни
    прикаса горка на живот клет
    нанижи безгласна а така јасна.

    Та не знаеш ли?

    Денот ли дојде тој да се мери -
    мерка му нема, а в градите длаби
    без да се запре, без дно да најде
    не тага а клетва, и в очи матни
    и не сакајќи сама се дига фуријата.

    Кантарот носи лисјето златно
    а вгради луто далгите беснат
    на жолтата мака - на жолтиот тутун
    на жолтата пот на рацете ни!
    ***********
    Автор: Кочо Рацин

ТУТУНОБЕРАЧИ

 

 

___________________________*********__________________________

 

ВИДЕОТЕКА

**************

Ево како Заев ја започна својата комедијашка лага за "демократија" "Слобода" и "благосостојба" на граѓаните во Македонија.

Kind regards : 23 октомви 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 174