ЌЕ УСПЕЕ ЛИ ЗАЕВ ИЛИ ЌЕ СИ ОТИДЕ

Сотир Гроздановски-Македонски

ЌЕ УСПЕЕ  ЛИ ЗАЕВ ДА ГИ КУПИ ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ И ГО  ПРЕТВОРИ ПОРАЗОТ ВО ПОБЕДА?

**********

Времето за разрешување на кризата која Зоран Заев ја создаде во Македонија под притисок на странските фактори е во тек. После неуспешниот референдум од 30 септември годинава, борбата за опстанок на политичката сцена, но и на слобода заради криминалот кој го притиска од главата до петиците, Заев ја префрли во  македонското Собрание.  Реториката се распламтува, а исходот на битката се' уште не е на повидок.

Дискусиите  личат на театарска претстава, а целта е да се увери македонскиот народ дека нема ништо лошо во Преспанската спогодба со Грција што би ја нарушило хармонијата во македонската држава, а најмалку,   идентитетот на Македонците. Со обраќањето до македонскатa јавност, Заев, всушност апелира до пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да им помогнат на владата на Република Македонија,  да ја доврши работата и да ја внесе земјата во ЕУ и НАТО, како заедничка, се' македонска стратешка цел.

Избезумен и уплашен од чувствата дека нема да успее да ја реализира дадената му задача, разнебитување на македоската држава и идентитетот на Македонците, Зоран Заев ги вложува сите сили и материјални средства, на македонскиот народ, да придобие доволен број пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и формира квалифицирано мнозинство, од 2/3, со кое би се изгласал преспанскиот договор  и со веќе подготвените амандмани, да се преуреди Уставот, спрема духот и потребите на Грција.

Борбата за оживување на, веќе, мртвиот договор со Грција, после неуспехот на референдумот, е жестока. И понатака Зоран Заев тврди дека со промена на името и преуредување на Уставот, би имале поарен живот, се разбира ако успееме, некогаш, да влеземе здрави и живи во Европската Унија и НАТО.

Уверени, дека со влезот на Македонија во евроатлантските сојузи со новото предложено име, "северна Македонија",  се зацврстувала положбата на Македонија на меѓународната сцена, заедно со идентитетот, кој со ништо не бил повреден. Нејзината безбедност, прогресот и благосостјбата на народот ќе била гарантирани. Тврдат на глас пратениците  на СДСМ, вклучувајќи го и професорот Мухиќ, кој се предомислил, па затоа и тој ќе гласал за промена на името.

Вжештениот говор  на шарената претставничка, Ивана Туфегџиќ, беше нешто посебно да се слушне. Таа ги "крена" на ноsе сите пратеници во собраниската просторија, дури и оние кои со својата "одговорност" длабоко "размислуваа" во нивните удобни фотељи. "Верувам" дека и македонската младина, насобрана околу телевизорите во нивните омилени кафичиња и "пабови" со внмание го  следеа и го голтаа секој нејзин инспиративен збор. Зошто? Па затоа што сега се уверија, дека  таа "одговорно" се грижи за нивното поарно утре.  За нивното поарно утре кога како "северни Македонци" ќе ги турне во Европската Унија и НАТО со капи без глави. Особено во НАТО со нови  Калашникови, негде во Авганистан, а можеби и во Русија, да ја "шират" демократијата и идејата на Соросовите следбеници, за новото светско општество.

Нејзиниот говор, а особено делот за нејзината "одговорност" за граѓаните кои очекуваат одлуки, напомена, дека со промена на името на Македонија во "северна Македонија,  покрај другото, ќе се намалело и иселувањето. Ќе се спречел одливот на млади мозоци од земјата, зошто ќе имале можност да си бидат дома, да си работаат и си ги одгледуваат своите семејства. И сето тоа ќе ни го обезбедел НАТО и Европската Унија.

Распенета од врескање за нејзината "одговорност", како Хитлер во една од неговите биртии во Минхен, вели дека и понатака ќе се грижи за граѓаните да имаат подобер живот и благосостојба. Занесена во убавата дикција и големата "одговорност" што ја чувствува спрема својот народ,  Ивана Туфегџиќ заборави на своите глупости за време на "шарената револуција" кога безмилосно ги уриваше македонските институции и ги обезличуваше прекрасните народни згради и споменици како таткои и' или мајка и'  да ги градеа. И се' со цел да припомогне на чело на македонската Влада да донесе монструм, со кои заедно ќе ја разнебитуваат македонската држава и го продаваат идентитетот на Македонците, нивната култура, јазикот, историјата, традициите, обичаите, песните и се' друго што таа не е во состојба да сфати сериозно. Па и кога во меѓувреме на седницата во Собранието си се игра со мобителот, со што ја демонстрира нејзината "голема" загриженост за доброто на Македонците, како многу "одговорна" пратеничка, на СДСМ.

Но, к'ако дојдовме до овој хаос во земјата македонска?   Сигурно не преку ноќ! Планерите на  новиот светски поредок алчни по туѓите богатства во земјите во кои владеат други народи со свои долговечни традиции , вера и погледи на свет, се менуваат, ама  пак, нивните злосторнички планови остануваат со десетици години и покрај нивниот физички нестанок, чекајќи ги своите шанси да се применат во пракса.

Па, ето! Шансата им дојде! Прво,  деструктивната "шарена револуција", како предходница на следните настани, потоа новата влада на Република Македонија и аболицираниот криминалец, Зоран Заев, за претседател. Сите купени од Сорос, со парите на Фондацијата "отворено општество", или на други начини уценувани и со закани принудени да соработуваат во пеколните планови за обезличување и самоуништување на Македонците и трансформирање  на македонската држава, во "северна Македонија".

Следните чекори ни се познати: договор со Бугарија за "добрососедски" односи, со продавање на  историјата, јазикот и културата македонска, но и со ревизија на  школските учебници и исфрлување од нив се' што не им одговара на "добрите" Бугари. Со Албанија, пак, прифаќање на "тиранската платформа" за признавање на албанскиот јазик за втор официјален јазик   на целата македонска територија, но и издигнување на албанското малцинство за државотворен субјект, на македонската држава.

Трката по неопределените гласачи кои се' уште не ги сфаќаат грешките кои им лежат на душата, продолжува. Но, продолжува и по лабилните, нелојални и лесно поткупливи пратеници од ВМРО-ДПНЕ.  Излезот на референдумот, од 30 септември годинава, и 36-те проценти од вкупните гласачи запишани во избирачкиот спиок тврдоглаво се декларираат за победници, а другите 64-проценти, или апстинираните, се сметаат како губитници и непријатели на својата татковина. Попат би споменал и дека на  седницата на Собранието, од 15 октомври годинава, во главно женскиот тим на СДСМ и  женскиот тим на ВМРО оштро ги бранеа своите партиски бои, не отстапувајќи  ни педа од позициите на своите  определби. Едните "ЗА", другите "ПРОТИВ" спогодбата со Грција, како услов за влез во Европската унија и НАТО.

Во главно, на оваа собраниска седница расправата имаше за цел постигнување согласност, со која би се отпочнала процедурата за промена и преуредување на македонскиот Устав, во духот на преспанската спогодба. Тоа  би ни создало можност за влез во ЕУ, НАТО и во "рајот", ширум отворен за сите македонски граѓани од "северна Македонија", да живеат во среќа и благосостојба.  Дај Боже да биде така, се разбира, ако опцијата на СДСМ превладее, во што надите се поприлично скудни, што и не е за чудење! Ако ги споредиме двете опции по кои Македонија би требала да се движи кон светлата иднина и баталење на минатото, како непотребно, зошто и така било грчко, во тој случај логично би било да се прифатиме за втората опција на ВМРО-ДПМНЕ. Но, дали и таа опција би била најдобра? Па трета и не постој!

 

ШТО ЗНААТ ХРВАТИТЕ ЗА СПОРОТ СО ИМЕТО, А НАШИТЕ МУДРИ ДРЖАВНИЦИ СЕ ПРАВАТ НА ТОШО!

Но, шегата настрана, ајде да видиме што знаат Хрватите за сета оваа шарлатанска игра на Зоран Заев  и Алексеј Ципрас, а  што нашите преговарачи не знаеле. Односно зошто Грците бараат од нас да си го смениме името на државата, идентитетот на Македонците  и да не им се мешаме во нивните внатрешни работи, ако сме сакале  тие да ни дозволат влез во ЕУ и НАТО.

Па, ево како го објаснува грчкиот спор со нашето уставно и вековно име, нашата  пријателка, Хилда Рај, на нејзината  Facebook страница од 13 октомври 2018 година:

- Замислете си само, некој да одлучи и ни го земе целиот  јадрански брег, кој годишно ни внесува во државниот буџет околу 11 милијарди евра од туризмот, заедно со  плодните полиња на Славонија. Ете баш тоа им се случи на Македонците пред повеќе од 100 години, кога Грција го окупира егејскиот дел од Македонија, заедно со нивното Море и најплодните полиња, кои ја хранат цела Грција. А од 1943-1949 година, ја завршија целата работа, со брутално етничко чистење на Македонците, а на оние кои останаа живи, им забранија да зборуваат на својот мајчина јазик, македонскиот. До колку, пак,  некој се осмелил да зборува македонски, му ставале жешко јагленче, на јазикот. 

Најголемата ноќна мора за Грците е денот кога овие прашања, сепак, некој ќе побара да се стават на зелена маса.

Ете, тоа е еден од  многуте  причини зошто Грција запнала, со сите можни алатки  на располагање, да ја натера Република Македонија да си го смени името на државата и идентитетот на Македонците. Тоа ќе биде згодна прилика да им речат на светот дека тие ништо лошо не им направиле на Македонците . Ако нешто направиле, му направиле на дел од своите граѓани, за време на внатрешната Граѓанска војна.

ДОАЃА ВРЕМЕ ДА СЕ ОТКРИЈАТ СИТЕ ГРЧКИ ФАШИСТИЧКИ ЗЛОСТОРСТВА НАД МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА.   

КОМЕНТАР ПО ПОВОД ГОРНИОТ НАПИС

************

Куртовиќ Сафет,

11 октомври 2018 година.

Ово е вистината, за која децата во своите училишта  во целиот свет не учат дека Грција за време на Балканските војни 1912-1913 година го окупира егејскиот дел од Македонија, кој пред тоа беше дел од Македонија, над 2000 години.

Од тогаш не престануваат прогоните , геноцидите, тортурите, културоцидите и фашизмот над автохтоните Македонци. 

Према тоа, од 1912 година ЕГЕЈ е окупиран дел на Македонија од Грција и таму владее, се' уште, АПАРТХЕЈД.

ДУБРОВНИК, ХРВАТСКА

Александар Димковски

Александар Димковски

ПРЕСПАНСКИ АМИН ЗА НОВО ГРЧКО ВЕТО

*************

Ако внимателно се прочита членот 2 од спогодбата може лесно да се увиди дека она што Грција го нуди е повеќе ветер и магла, отколку правна сигурност и гаранција дека ќе го исполни договореното. Напротив, на Грција и' е оставен простор по своја волја, односно како што сака, да го толкува овој член и аналогно наа тоа никогаш да не даде зелено светло за наше членство во ЕУ и во НАТО!

*************

Постреферендумска Македонија го живее својот политички најбурен и најстресен период. Време во кое тензиите, нервозата, притисокот, (внатрешен и надворешен) на кои е изложена државата може да се почуствуваат дури и во воздухот што го дишеме. Се разбира, тој притисок е насочен најмногу кон политичките чинители од власта и од опозицијата (кон кого повеќе е сосема друго прашање), но индиректно го чувствува и секој еден граѓанин што е загрижен за судбината и иднината на својата татковина.

Се наметнува впечаток дека на државата и' недостига време. Дека таа ги троши последните минути пред клучната одлука да се биде или не.

Во шахот тоа се нарекува цајтнот, кога ви истекнува времето за размислување, а немате расположиви и добри потези. Но дали и во политиката е така? Особено што таа наша трка со времето, се' е подредено на единствена цел. Бркање на некакви претпоставени грчки рокови. Без разлика дали се работи за празник, делник, светол датум од македонската историја, трката со времето се засилува и во моментов станува политичка дисциплина број еден.

И говорите на политичките лидери се во таа насока. Да не губиме време,  па повикување и споменување на минатото колку ради реда и веднаш визионерски погледи кон иднината. Се споменува дека пред Македонија е некаква шанса за нова историја, ни претстои историска одлука за иднината. Така беше и на одбележувањето на 11 Октомври. 

Пораките, заканите, притисоците и предупредувањата продолжија со несмалем интензитет. Се надевав дека барем за време на големиот празник политичарите ќе имаат повеќе почитување и ќе не' поштедат од претерано солење ум што е најдобро за државата, се разбира секој од свој агол на видување.

И ако домашните политички елити донекаде  имаат оправдување да ни попуваат за се' и сешто бидејќи се избрани од граѓаните, тоа не може да се каже за странските претставници. Нивните апели, пораки, препораки многу често ги надминуваат мерите на дипломатско однесување и на моменти прозвучуваат како наредба или диктат. Тоа, пак, индиректно значи потценување на сувереноста на државата и понижување на парламентарната демократија и волјата на граѓаните.

Странците немаат добиено мандат од македонските граѓани да носат одлуки од нивно име, ниту да не условуваат. Но, веројатно така се научиле низ годините бидејќи за се' и сешто бараме и очекуваме нивно мислење, па не треба да не' чуди кога самите "доброволно" ни се ставаат на услуга.

Додека ги пишувам овие редови се очекува продолжението на работата на уставната комисија во врска со предложените амандмани за промена на Уставот за спроведување на спогодбата со Грција. И додека за пратениците се вели дека имаат слободен пратенички мандат да носат одлуки, тогаш како да се сфатат ваквите форми на притисок, било однатре или однадвор, со кои најдиректно се попречува и нарушува таа слобода.

Одлуката на пратениците е нивно законско право, но и нивна одговорност. Затоа во продолжение сакам да се навратам на еден суштествен детаљ што го споменав и на почетокот на текстов, а тоа е бркањето рокови.

Целата оваа хистерија што ни се случува со брзањето по секоја цена да се исполни преспанската спогодба е за Грците да имаат време да го исполнат својот дел од обврските. Така барем се надеваат дел од нашите политичари. Брзаме и и' купуваме време на Грција, која, пак, не е обврзана со ништо. Дури ние и се' да направиме, да смениме устав, да смениме име, Грција може да не мрдне ниту со малиот прст. И ова не е само некаква хипотетичка претппставка, туку многу јасно се споменува и навестува и во самата спогодба.

Имено во членот 2 од спогодбата јасно стои дека подршката од првата страна (Грција) е условена, прво со исходот од референдумот, и второ со целосно усвојување на амандманите на Уставот. Бидејќи референдумот и формалноправно  со одлука на ДИК, објавена во "Службен весник на РМ", е прогласен за неуспешен, автоматски Грција не е обврзана да даде подршка за наше членство во НАТО. Ова го пишува и во договорот. Во истиот член 2 потоа се вели дека по завршувањето на референдумот, внимавајте, со исход што е конзистентен со оваа спогодба, првата страна (Грција) ќе го ратификува Протоколот за пристапување на втората страна (Македонија) во НАТО. Сега се поставува прашањето - кој исход од референдумот  Грција ќе го смета за конзистентен за неа сега, но и во иднина?

Дали ставот на владеачката коалиција, ставот на опозицијата или, пак, официјалниот став на Државната изборна комисија, која е и единствена надлежна за оцена и спроведување на референдумот. Токму оваа одредба во преспанската спогодба, Грција да оцени што е  за неа конзистентно, отвора простор за понатамошна целосна блокада од страна на Грција, а не за надминување на проблемите. Понатаму се  чини дека е направен превид во спогодбата и со наведувањето дека втората страна (Република Македонија) во целост ќе ги усвои амандманите на Уставот до крајот на 2018 година. Како потписниците можеле однапред да го стават овој рок не знаејќи го исходот од референдумот? Дури и само од процедурална страна фаќањето на овој рок е тешко изводлив, да не кажам невозможно, со оглед на фактот што промената на Уставот е сложена процедура што се одвива во повеќе фази. Од друга страна, токму сегашната власт кога беше опозиција жестоко реагираше и имаше најголеми забелешки на брзото носење одлуки и закони, и сега во улога на власт, се брза за едно толку важно прашање.

Во период кога се очекува носење важни одлуки, граѓаните очекуваат објаснување и одговори и на овие прашања. Затоа наместо трчање и брзање, што вели народот, на врат на нос, многу подобро е во една конструктивна и пријателска атмосфера, со ладни глави, со вклученост на сите потенцијални замки, правни и политички последици, и потоа да се бара најцелисходно решение. Се разбира решението да биде правно издржано, долгорочно одржливо со сите вклучени гаранции, со него да се почитува волјата на мнозинството граѓани и најважно - решението по која било основа да не се коси со принципите на меѓународното право. 

 13 октомври 2018 година

https://www.novamakedonija.com

 

 

Цариградската патријаршија

ЦАРИГРАДСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА И' ДАДЕ АВТОКЕФАЛНОСТ НА ЦРКВАТА ВО УКРАИНА

***********

Цариградската патријаршија соопшти дека го почна процесот за давање независност на црквата во Украина во однос на Руската православна црква.

 

Цариградската патријаршија по одржаниот редовен  Синод соопшти дека е укината одлуката ор 1686 година, според која Киевската митрополија и' е предадена на Московската патријашија.

Со укинувањето на таа одлука, Цариградската патријаршија полага право на црквата во Украина.

Руските медиуми ја пренесуваат изјавата на портпаролот на патријархот Кирил, кој истакна дека одлуката е "легализација на расколот и оти претставува катастрофален потег со кој е помината црвената линија".

Одлуката на Цариградската патријаршија ја коментираше и претседателот на Украина, Петро Порошенко, истакнувајќи дека тоа е прашање на украинската безбедност, државност и светската геополитика.

- Тоа е пад на третиот Рим, наведе Порошенко, додавајќи оти Украина ќе ги гарантира верските слободи на припадниците на сите конфесии.

 

11 октомври 2018 година

http://lokalno.mk

 

Славе Катин

Славе Николовски-Катин

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

ДЕЛ 28

БИТКИ КАЈ РЕКАТА ПИНАР ВО СИРИЈА - ЕДНА ОД ПОБЕДОНОСНИТЕ ЗА АЛЕКСАНДАР

 

Кога Александар се укотви, го испрати Парменион со мал дел од војската да го најави заземањето на морските премини кои водат од Киликија кон Сирија, а тој тргна кон западната страна за да го избегне планинскиот предел Тракеја во Киликија, со цел да го покори и да го присвои морскиот брег се' до Ликија и целосно да ја заштити својата заднина пред да се сретне со Големиот крал.

Брзото извршување на оваа задача за неколку дена покажа дека  кај него се врати поранешната моќ. На патот кон стариот антички грчки крајбрежен град Солој, ја прими веста дека неговите генерали на кои им ја довери опсадата на тврдината во Халикарнас извојувале голема победа.

Во чест на победата, Александар Македонски приреди гозба, а му изрази благодарност и на богот Асклеп за оздравувањето. Покрај процесијата и трките со факели имаше и гимнастички и музички натпреварувања, што првпат овде беа приредени. Имаше гимнастички натпревари на војниците, како и уметнички натпревари во кои учествуваа пејачи, музичари и уметници кои веројатно беа доведени од воените штабови во Таре.

Потоа главниот дел од војската го започна маршот од Таре кон исток. Кога Александар Македонски дојде до Мал, приложи жртва за херојот-пророк Амфилох од Аргос, кој овде имаше славно пророштво и беше почитуван како основач на градот. Во Мал слушна од Парменион, кој во меѓувреме ги освои преслапите, дека Дариј со својата војска се улогорил во Сохој во рамниот дрл на Сирија, два дена одење од преминот што сега го нарекоа Баилан.

Битката кај реката Пинар во Сирија.

По смртта на Мемнон, Големиот крал одлучи лично да ја преземе командата и да се сретне со Александар Македонски во решавачка борба. За таа цел собра голема војска во Вавилон. Доцна во летото на 333 година, информиран дека Александар е во Галиција, Дариј отиде до Еуфрат во придружба на голема свита со багаж, а потоа премина во рамнината источно од планината Аман, за да се подготви кога Александар Македонски ќе навлезе, во Баиланската клисура, и тука во Сохој да започне борба со својата многубројна војска. Тргнувајќи од својата голема надмоќност, Дариј веруваше во победа.

Освен тоа, тој сфати дека треба да го цени Александар Македонски како противник, што може да се заклучи од фактот дека извесно време пред тоа, како вистински султан, го поттикна Линкестијанецот Александар да го убие Александар Македонски. Штом Александар дозна за веста во врска со Сохој, кога беше во Мал, свика воен совет за договор што да се прави и со одобрение на советот одлучи да му се противстави на Големиот крал.

Меѓутоа, битката не се водеше на другата страна од планината Аман во Сохој, туку  на оваа страна од северозападниот дел на Сирија, јужно од Ис. Како дојде до ова? Тоа  е еден од најинтересните и највозбудливите делови во целата историја на војната. Патот на Александар, што порано Парменион беше испратен да го извиди и да го заземе, водеше низ Киликијанските клисури, по должината на сирискиот брег.

Потоа патот врти кон југ, поминува кај Ис, преку реката Пинар (Дели Чаи) и малата река Пајас до сирискиот морски премин и преку планинскиот премин Јонах продолжува до Миријандр (во близина на сегашниот Александрета-Искандерун). Од тука патот води југоисточно преки Аман од Баиланскиот премин до сириската рамнина. Тоа беше патот што младиот Кир еднаш го помина и им беше познат на античките народи од Ксеиофонските раскажувања.

 

 

Реката Пинар во Сирија.

По оздравувањето од болеста во Ис, напаѓајќи кон југ, Александар Македонски дојде до Миријандр, каде што поради силната есенска бура и дождот што паѓаше во ноќта, неговите единици останаа во кампот и наредниот ден, веројатно со цел да се одморат пред битката што претстоеше. Таму, вечерта на негово големо изненадување беше информиран од дезертерите дека Дариј и неговата војска се наоѓаат северно од него, на реката Пинар. Тој тешко поверува во тоа и испрати неколку офицери кон северниот брег да го проверат тоа што го слушна: тие ја потврдија веста.

Како дошло до оваа промена на позицијата? Дариј се улогорил пред неколку недели во Сохој и го чекал непријателот од кај Киликија. Меѓутоа, поаѓањето на Александар Македонски беше одложено од неговата болест и од другите настани во Киликија. Неговиот презир кон малата војска на Александар Македонски, која мислеше дека ќе ја прегази со својата бројна коњица, заедно со приближувањето на зимата и тешкотиите во такви услови, го поткрепуваа него и неговиот план.

Со цел да ја направи својата огромна војска помобилна, ги испрати во Дамаск своето богатство и главниот дел од багажот, а заедно со војската, придружен од огромна свита и од своето семјство, тргна источно од планината Аман на север кон Лионскиот преслап (Арслан-Богхас), потоа југозападно преку планината, преку преслапот Аман (Топрак Калеси) во крајбрежната рамнина на Ис, за оттука да напредува кон Киликија.

До колку се спореди растојанието покриено од двете војски и нивната различна мобилност, може да се претпостави дека настапувањето на Дариј започна неколку дена пред Александар Македонски да замине од Мал. Речиси во исто време кога Дариј допатува на преслапот Аман, Александар Македонски втаса во Миријандр.

Така двете војски, разделени од планинскиот венец на Аман, ненадејно се разминаа на различни преслапи на истата планина, со тоа што Дариј сега беше на север, а Александар на југ.

Дариј прво беше известен за случајното доаѓање на Александар Македонски во Ис кој се сретна со војската и дозна дека само што поминал Александар и продолжил на југ. Наскоро и тој тргна и право се улогори на реката Пинар, очигледно со намера да го следи Александар Македонски низ преслапот Баилан и така на крајот, според оригиналниот план, да започне борба во широката сириска рамнина која многу повеќе му одговараше.

За среќа, се случи обратно. Во моментот кога Александар Македонски беше информиран за позицијата на Дариј на Пинар, со интуиција на гениј ја превиде предноста што му ја пружи оваа неочекувана ситуација и донесе решение да војува. Александар Македонски беше отсечен од својата база, па затоа поразот на Пинар би бил катастрофален. Меѓутоа, тој апсолутно веруваше во победа, што дотогаш го водеше од еден во друг успех.

Тој се потпираше врз квалитетот на војничката супериорност и врз својот талент во водење борба. Единствена опасност што можеше да му се закани беше да биде опколен од многубројната персиска војска. Ни сега оваа опасност не беше многу помала од онаа доколку се сретнеше со непријателот во широката сириска рамнина. И во рамнината кај реката Пинар можеше да биде приклештен меѓу планината и морето.

Беше потребна брза акција. Затоа, со претпазливост и сталоженост кои беа негови карактеристики во најважните моменти на одлука, Александар Македонски ги презеде сите потребни мерки да се сретне со непријателот наредниот ден. Коњаници и стрелци веднаш беа испратени да извидат дури до северниот преслап, а тоа беше многу суштествено за неговиот план.

Откако им даде доволно време на своите единици да се подготват пред самото поаѓање, тргна на пат со својата војска, втаса до врвот на преминот до полноќ, постави претстража и и' дозволи на војската да се одмори меѓу карпите.

По првите утрински зраци, Александар Македонски се спушти во рамнината прво во тесна колона со пешадијата напред која постепено се прошируваше во борбена линија  колку што допушташе рамнината. Овде, повторно како и на Граник, напредувањето до бојното поле беше извршено во голема тишина и прецизно како да беше на параден простор, а не пред непријателот.

Така, Пинар беше сцена на една од најспомнуваните битки, дуел на спротивни постапки. Има добар опис за битката од подоцнежните автори засновани врз два независни и првобитни извори: на Птолемеј, кој лично беше еден од војниците на фронтот и на Калистен кој како цивил можеше да го гледа тоа од далеку.

Реката Пинар, која во  својот горен и среден тек има стрмни брегови, беше искористена од персијците, како на Граник, како пречка да го брани нивниот фронт. Грешките на намесниците кај Граник овојпат беа отстранети, така што, најдобрите единици, античките грчки наемници, беа поставени пред центарот на борбената линија. Десно и лево од нив стоеја ориенталците, тешко вооружените Кардаки, чие десно крило беше зад коњицата, која Дариј ја смести преку реката за да ги маскира операциите, а потоа да се повлече преку реката.

 

Продолжува

________________________********_______________________

                                         

Константин Миладинов (1830-1862)

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

**************

 

 

 

 

Т'ГА ЗА ЈУГ

  • Орелскки крилја как да се метнех
    и внаши старни да си прелетнех!
    На наши места ја да си идам,
    да видам Стамбол, Кукуш да видам.

    Да видам дали санце и тамо
    матно угревјат, како и вамо.
    Ако как овде санцето ме стретит,
    ако пак мрачно санцето светит:

    На пат далечни ја ке се стегнам ,
    и в други старни ке си побегнам,
    каде санцето светло угревјат,
    каде небото sвезди посевјат.

    Овде је мрачно и мрак м' обвива
    и темна магла земја покрива:
    мразој и снегој и пепелници,
    силни ветришта и вијулици,

    Околу магли и мразој земни,
    а в'гради студој и мисли темни.

  • Не, ја не можам овде да седам!
    Не, ја не можам мразој да гледам!

    Дајте ми крилја ја да си метнам
    и внаши старни да си прелетнам:
    на наши места ја да си идам,
    да видам Охрид, Струга да видам.

    Тамо зората греит душата
    и санце светло зајдвит в гората.
    Тамо дарбите природна сила
    со сата раскош ги растурила:

    Бистро езеро, гледаш, белеит
    или од ветар сино темнеит:
    поле погледниш, или планина
    сегде Божева је хубавина.

    Тамо по срце в кавал да свирам,
    санце да зајдвит, ја да умирам!
    ************
    Автор: Константин Миладинов.

___________________*******_________________

ВИДЕОТЕКА

*************

Kind regards: 18 октомври 2018 година

Sotir Grozdanovski 173