НИКОГАШ ПОВЕЌЕ!

Сотир

Сотир Гроздановски-Македонски

ЗАРЕМ ДОЈДОВМЕ ДО ТОЈ СТЕПЕН АЛБАНЦИТЕ ДА НИ ГО МЕНУВААТ ДРЖАВНОТО И НАЦИОНАЛНОТО ИМЕ ?

*************

Кукавичкиот, нелегален и неуставен референдум од 30 септември 2018 година, заедно со тромисленото прашање: НАТО, ЕУ и  Спогодбата со Грција  е мртво слово на хартија. Тоа го потврдија Македонците и дел од малцинствата во земјата, со својот масовен бојкот. Па така, првата битка од борбата за  името на Македонија и идентитетот на нашата нација, е добиена.

Остануваат уште многу други, кои мора да се добијат, зошто непријателите не спијат, како што ние спиевме и не сериозно се однесувавме спрема отворените закани на Заев дека кога ќе дојдат на власт, "живи луѓе ќе јаделе".

Па ево  и тоа време го дочекавме и се остваруваат неговите мрачни планови за разнебитување на Македонија и нашето бришење како нација и народ. И сето тоа заради влез во НАТО и ЕУ во некое недогледно време, кога и нив нема повеќе да ги биде. Но, и повеќе од тоа! Заев се бори за својата сопствена кожа! Да ја избегне казната за криминалите кои ги има направено, а сега му висат над главата! Тој е уценет и платен да прави тоа што странците, заинтересирани за бришење на наследниците од една стара цивилизација, македонската, му наредуваат да прави. Меѓутоа, Македонците се толерантни но и доволно мудри да донесат правилна и праведна одлука во моменти, како што беше со референдумот од 30 септември годинава, кога на целиот свет му соопштија дека не сме народ без корен и затоа го одбраа големото НЕ, наместо ЗА, за спогодбата со Грција! 

И така, успешен или неуспешен, референдумот помина, а проблемите ни останаа. Но, затоа пак гордоста, честа, достоинството и самоувереноста кај Македонците се зајакнаа. Се зајакна и желбата за продолжување на борбата од таму каде застанавме на 30 септември 2018 година, па до конечната победа, кога достоинствено и на голема врата  со нашето уставно име ќе влеземе во НАТО и ЕУ. До колку, после овие нечесни игри, еден ден се одлучиме за таква опција. 

Но за жал, себичните и деструктивни планови на Албанците и овој пат не се остварија, како и во 2001 година и подоцна, кога кренаа рака на Македонците и нивната сопствена држава, Република Македонија.  Не се остварија,  заради  големите и сулуди апетити, односно по секоја цена да се прифати погубниот договор со Грција и да добијат можност за своите планови од тиранската платформа. Па така, сите напори на Бујар Османи и групата околу него од средината на албанската недобронамерна популација во Македонија се изјаловија и претрпеа пораз. Народот одамна ги прочита нивните нечесни намери!

Албанската ароганција и агресивност деновиве ги надмина и границите на пристојноста. Со  уцени и  закани во смисла на "или по наше или ќе биде нешто друго" не се гради соживот!   Па погледајте ги ТВ програмите во кои покрај Македонци, се повикуваат само Албанци, па ќе видите со кого имаме работа. Па погледајте го Бујар Османи кои како потпретседател на македонската влада се заканува од Тирана, ве молам од Тирана, дека се ќе направеле Албанците името на Република Македонија да биде "северна Македонија".

Сакаме ли да одиме по патот на старите Грци  и да нестанеме како македонски народ како и тие? Да нестанеме, па после повеќе од 2000 години со некоја револуција да ја обновиме  државата, ама тогаш со мнозински албански народ како и Грција? Затоа планирајме денес за утре, зошто утре ќе биде сосем доцна! Албанците го планираат преземањето на Македонија и истребувањето или асимилирањето на македонскиот народ од многу подамна. А ние, како да го заборавивме минатото, па одговорноста за водењето на македонската држава оберачки им го  предаваме на милост и немилост. 

Призренската лига, албанска политичка организација  основана на 10 јуни 1878 година во Призрен, во Косовскиот вилает во Отоманската Империја која имала за цел обединување на сите подрачја на Балканот каде што живееле Албанци да се обединат во една држава,  и денес им е водилка  на патот кон  толку саканата Голема Албанија и на тој начи да постанат џандари на Балканот! Зарем е тоа некоја тајна или табу тема која несмее да се споменува заради некое лажно добрососедство и лажен соживот? Па тоа секојдневно, и се' почесто го слушаме и уште и самите преку домашните предавници и изроди им помагаме да си го остварат сонот со нашето исчезнување!   

Се однесуваме како гости на свадба! Е, драги мои, ако оставаме на други да ни ја чува и  уредува државата за која на стотини илјади Македонци ги дале своите животи, многу од нив и во борбите со нив, нивните татковци и дедовци, неминовно ќе ја завршиме нашата вековна прикаска.

Во држава како нашата, секој треба да си го  знае каде му е местото и да ги почитува законите и уставот. Но, пред се' домаќинот треба да има доволно столици во гостинската одаја за секој гостин, а неговото место се знае каде е, на чело на "колоната".

Изчезнувањето, заедно со нашата вековна историја, националниот идентитет како Македонци, за нив не значат ништо. Па  до колку им е целта по секоја цена да влезат во НАТО и ЕУ, можат. Само преку македонските грбови, не! И не на наша сметка! ТОЧКА!

Јас незнам како би поминале кога во земјите надвор од нашите матични држави   би се однесувале  така бахато и непријателски како што тоа го прават во Република Македонија Албанците, а при тоа де не се санкционирани адекватно. Најверојатно како "награда",  за отворено искажување на својата нелојалност, за сигурно би добиле едносмерна карта,  но на наша или на сметка на  матичната држава од која таму сме се скрасиле, за да ја избегнеме сиромаштијата или неправдата.

Но сепак,  грешката за  денешната незавидна состојба во Македонија е наша!  Си  дозволивме разни надворешни фактори, но и традиционални домашни предавници и изроди, да не третираат како нивна колонија, во која можат да прават се' што ќе им падне на памет. Да ни поставуваат влади, министри, судии, а во безбедносните и сите други државни институции осмислени одредени квоти од албанската популација во Република Македонија,  како дестабилизацијски елементи на општеството!  Си дозволивме, како суверена и независна Република Македонија, разни светски пробисвети и мршојадци да ни крстарат по земјата неконтролирано, да ни се мешаат во нашите внатрешни работи и да не учат како да живееме во нашата сопствена држава, или да ни се мешаат во изборниот систем, на недозволен начин.

Македонија се' уште не е членка на НАТО и ЕУ, а нивните водечки лидери не третираат како некоја крпа за перење садови. А што би било, еден ден, кога би  обезличени, безимени и до темел понижени постанале дел од  нивниот "ексклузивен" клуб? Би не третирале како  "МАЛИОТ ОД КУЈНАТА" на некој патнички или комерцијален кораб! Тоа ли ни е  нашата цел и животна определба?  

Македонската одлука за неприфаќање на спогодбата со Грција,  со која се условува нашиот   влез во НАТО и Европската Унија  покажа и докажа, дека Македонците не се од вчера во светов  каде се купуваат предавници и изроди. Дел од таквиот свет во кои се купуваат предавници на национални интереси, ама не и цели народи, во пакет.

Случајот со Република Македонија, како последно парче земја од нашата исконска прадедовина, дедовина, татковина и наше едино засолниште каде во времиња на таги и несреќи, кои животот ги носи, можеме слободно да се исплачеме и искрено да  се помолиме за душите на нашите предци, постана преседан, каде светските sверови ја демонстрираат својата моќ.

Чудовишна моќ, со која се нафрлија да ја уништат   македонската држава заедно со Македонците во неа, нивната вековна историја, култура, јазик, традиции, обичаи, вера...но и  нивното достоинство, со чистиот и бел образ!

За жал,  "цивилизираниот" свет и неговите "велечасници" се' уште не сфатија дека Македонците, израснати од пепелта како и неуништивиот Феникс, од секогаш биле па и  останале цврст орев, за секој насилник! Но, дека  и со сила, убавина не бидува!

Па затоа, неочекуваниот расплет на настаните за време на предреферендумието и после него, резултатот, им застана во грлата како кнедла која беше толку голема, да не беа  во состојба да ја проголтаат.

Нивното поимање на демократијата со која ги третираат и замајуваат  малите народи беше под нивото на македонското третирање на правата демократија со кое гласно и јасно им рекоа НЕ! Не, за една таква капитулантска спогодба со најголемиот историски непријател на Македонците, Грците! Не, зошто тоа би  бил силен убод со нож во плеќите на сите наши предци, денешни и утрешни генерации!

Ароганцијата и не цивилизирано однесување на овие белосветски државници и водачи на разни "одбрамбени" сојузи и наши "спасители" од исчезнување и изолација, неодамна беше демонстрирано од господинот   Џес Столтенберг, генерален секретар на НАТО!

Се прашуваме: Што е тоа што го изваде од секоја цивилизирана и лидерска конрола, дури и генералниот секретар на НАТО, Џес Столтенберг? Да се однесува како дива sверка затоа што референдумот пропаднал и македонскиот народ одбива секакви уцени и закани?  Има ли нешто рационално во неговите мафтања со рацете и искривување на неговото лице  заканувавајќи им се на "непослушните" Македонци дека нема влез во "неговата организација"  без промена на  нивното име и името на матичната им држава?  Зарем таму, во НАТО и ЕУ, тежиме да влеземе  по секоја цена,  дури и со скршена кичма, во кои владеат  примитивци, кои се силни само тогаш, кога се во можност да  ја употребат силата на оружјето? Зарем и тој, Џес Столтенберг, кога за една или две години, кога ќе ја изгуби таа можност, ќе клечи на колена и ќе се извинува дека тоа што го правел за времето кога бил нешто а сега е ништо, го правел под притисок на некоја "невидлива сила" и за тоа бара прочка од македонскиот народ, како во случајот со англискиот лорд Џорџ Робертсон во Битола, во предреферендумските денови? Најверојатно! Зошто?  Затоа што се безкичмењаци, како и нашите лидери со нивниот водач, Зоран Заев.

Едно прашање се поставува, а многу од нас го знаеме одговорот:-зошто воопшто од нас се бара да си го промениме името на државата и нашиот национален идентитет, како услов за влез во НАТО и Европската унија, а не ги користиме советите на нашите и други светски експерти по меѓународно право и правилата по кои се води меѓународната организација ООН, чија сме и ние членка, само со погрешно име? Што е тоа што му смета на Грција, односно на НАТО и Европската Унија, па го бараат тоа само од Македонците за влез во ООН, НАТО и Европската унија? Зошто тоа прашање не се постави кога се разговара со Грција кога знаеме кои се Грците и какви се' геноцидни злосторства имаат извршено над Македонците во окупираниот дел, егејскиот дел на Македонија? Зарем е тоа табу тема? Или незнаење и кукавичлук на нашите политичари!? Но и вина на нашите историчари и други експерти?

Чест, на еден мал број членови од македонската академска заедница, кои  несебично станаа во одбрана на националните интереси на македонскиот народ  и Македонија. Овој пат несакам да ги набројувам зошто на сите ни се познати, а искрено се плашам некои од нив да не ги испуштам. Но во секој случај, нема да им  останам должен на некои од нив! Ќе им ги посочам на нашата јавност како светли примери кои ќе се паметат, а нашата историја за секогаш ќе ги споменува следните: А тие се универзитетските професори  Тања Каракамишева, Билјана Ванковска, Димитар Апасиев, Љубомир Цуцуловски, Солза Грчева, Наташа Котлар-Трајкова и  многу други, за сега!

И  на крајот што сега, кога Македонците на силите на мракот им рекоа НЕ! НЕ промена на името на Македонија во "северна Македонија"! НЕ за продавање на македонската древна историја! НЕ за промена на  македонскиот јазик, традиции, култура, обичаи и се' што го носи името МАКЕДОНСКИ, МАКЕДОНСКО И МАКЕДОНЦИ?

ИМАМЕ ЛИ ОДГОВОР? ЌЕ ДОЗВОЛИМЕ ЛИ ЗАЕВ ДА ГИ КУПИ ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ВО СОБРАНИЕТО ЗА ДА СИ ЈА ПОСТИГНЕ ЦЕЛТА И СО ТОА ДА МУ ДОЈДЕ И КРАЈОТ НА  "ДПМНЕ", А ПОТОА ДА СЕ ВРАТИМЕ НАЗАД ВО 1893 ГОДИНА ЗА ДА ГИ РАЗБУДИМЕ ПРИНЦИПИТЕ НА ТОГАШНОТО ВМРО? ПРАШАЊЕ Е ЗА  ЧЛЕНОИВИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ, НО И ЗА СИТЕ НАС, КОИ СИ ЈА САКАМЕ НАШАТА ТАТКОВИНА, МАКЕДОНИЈА!

 

Ваш Сотир

Проф. Хубериас

Карлос Флорес Хубериас

МАКЕДОНИЈА - ПРИВИДЕНИЕТО ИСЧЕЗНА

***********

Во авторски текст истакнатиот професор по уставно право од Шпанија. Карлос Флорес Хубериас, се осврнува на спогодбата со Грција како и на штотуку одржаниот референдум во Македонија, притоа оценувајќи го поставеното прашање пред граѓаните како едно од најизмамничките прашања во историјата на сите референдуми.

Претставен на самата граница на Македонија како решение на еден од најстарите и закоравени проблеми на регионот и рекламиран кон народот на Република Македонија како клуч за посакуваниот и заслужен влез во Европската Унија и во НАТО, Преспанскиот договор е, како прво, олицетворение на едно предавство на основните начела на меѓународното право и како второ, сосема празно ветување без никакви гаранции, смета професорот Карлос Флорес Хубериас. Неговиот текст го пренесуваме интегрално.

****************

Расположено во срцето на Балканот - и како многу други нешта во регионот - со припадност на три држави, Македонија, Грција и Албанива, Преспанското Езеро се смета за древно езеро чија старост се оценува на милиони години. Спротивно со овој факт, Преспанскиот договор што го потпишаа премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев на 17 јуни годинава за да се реши спорот за името на Македонија, се чини дека ќе биде од многу краток рок.

Како што обично се случува во овие ситуации, договорот вроди ентузијазам само кај оние што го доживеаја оддалеку, додека истовремено ги разочара оние што се осмелија да ги анализираат подетално неговите клаузули - и посебно она што беше кажано меѓу редови. Претставен од самата граница на Македонија како решение на еден од најстарите и закоравени проблеми на регионот и рекламиран кон народот на Република Македонија како клуч за посакуваниот и заслужен влез во Европската Унија и во НАТО, Преспанскиот договор е, како прво, олицетворение на едно предавство на основните начела на меѓународното право и како второ, сосема празно ветување без никакви гаранции.

Во првиот случај, бидејќи значи давање право на една земја - Грција - да се меша во внатрешните прашања на друга земја - Македонија - оставајќи ги на тој начин на милост на еден билатерален договор прашањата околу името, идентитетот на народот па дури и јазикот, определби што ниедна слободна земја не би требало да дозволува да бидат одлучивани од некој однадвор, туку само од своите граѓани. Згора на тоа, Грција поседува јасна предност како членка на двата гореспоменати сојузи (алијанси) при кои Македонија цели да пристапи.

И второ, отстапките што сега и овде се очекуваат од Македонија ќе беа само во замена за едно нејасно ветување за почнување преговори за членство што  би можеле да водат некаде или да не водат никаде, и чиј успешен заклучок на крајот на краевите не ни беше во рацете на Грција.

Имајќи го сето предвид, не е за чудење што граѓаните на Македонија оваа недела одлучија да му го свртат грбот на својот премиер, следејќи ги советите на претседателот на државата и да останат дома наместо со својот глас да подржат еден договор, договор, кој, пак, како врв на дрзнувањето, беше ставен на референдум преку едно од најизмамничките прашања во историјата на сите референдуми. Сместена во срцето на Балканот, ги спојувала Рим и Византија, Македонија е една млада нација што се' уште не знае дали ќе доживее старост како Преспанското Езеро. Но, барем засега повторно ја докажа својата намера дека не е само едно привидение.

***********************

(Авторот е професор по уставно право од Шпанија. Неговиот текст е оригинално напишан за "Ел Паиз" на англиски, но истовремено достапен и за македонската јавност преку нашиот весник)

 

http://www.novamakedonija.com 

 

Џејсон Мико

 

Џејсон Мико

36% НЕ Е МАНДАТ!

*********

Иницијативата Бојкотирам  успеа. Мнозинството Македонци рекоа "НЕ" за менувањето на името, идентитетот, достоинството на Македонија, Уставот, културата, традицијата им останаа дома. Народот победи. Само околу 36% од сите запишани гласачи гласаа, а од нив, околу 90% беа "ЗА". Околу 600.000 лица гласаа за договорот, што, интересно, е 50.000 гласа помалку од што СДСМ и албанските партии ги освојиа во 2016 година. ОВА НЕ Е МАНДАТ ЗА УСПЕХ. ДАЛЕКУ ОД ТОА. Дополнително, албанските партнери на Заев во Владата подвлекоа дека тие придонеле со 250.000 гласови, со што го засилуваа притисокот врз него да ги испорача нивните барања.

На 31 август годинава Зоран Заев рече: "Како премиер имам мандат до декември 2020 година, овој мандат може да заврши на 30 септември". Но сега Заев се премисли и сака да го премести голот. Од почеток знаевме дека Заев ќе се обиде да го протурка договорот од Преспа низ Собранието без оглед на исходот на референдумот. Уште минатата недела тој велеше дека "тие што не гласаа не се бројат". Јасно е дека Заев се смета за премиер само на тие што мислат како него.

Да го погледнеме сето ова од поширока перспектива - безмалку 1,1 милион Македонци гласаа за независна Република Македонија во 1991 година, од вкупно околу 1,5 милиони гласачи, со одзив од 76%. Е ТОА Е ВЕЌЕ МАНДАТ!

Иако него покажува тоа јавно, меѓународната е бесна на Заев и на неговата Влада. 

Заев ги уверуваше дека договорот ќе добие широка подршка. Тоа не се случи. Ќе се ослободат од него во првата згодна можност. Тоа е сигурно!

Премиерот и неговата Влада ќе се обидат да ги присилат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за договорот. Меѓународната заедница, (пред се' претставниците на САД, ЕУ и НАТО) исто така ќе вршат притисок, но со толку ниска излезност на гласачите, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гледаат народен мандат да го сторат тоа. Ако договорот пропадне во Собранието, а повеќето Македонци се надеваат дека тоа ќе се случи, тогаш премиерот ќе свика предвремени избори.

Се разбира се ' уште не знаеме во колкава мерка се вршеле неправилности и се полнеле гласачките кутии при овој референдум, но знаеме дека тоа се случуваше. Исто така не знаеме на колку гласачки места ќе има прегласување поради неправилност. Тоа нема да има некое поголемо влијание врз исходот на гласањето, но може да го одложи официјалното признавање на резултатите. Не дека Заев ќе чека на официјалните или неофицијалните извештаи.

На западните лидери кои ја преораа Македонија во текот на изминатиот месец би им било најпаметно да молчат, да се погледнат во огледало и да сфатат дека со нивните силеџиски тактики не успеа да заплашат еден народ кој само сака да се нарекува "македонски" и својата земја да ја викаат "Република Македонија", како што мнозинството од луѓето на планетата и онака ги викаат.

СДСМ на Заев и ДУИ на Ахмети водеа лоша кампања - им се обраќаа на луѓето кои и онака се на нивна страна, не успеа да го убедат мнозинството зошто ќе биде добро ако се смени името на државата, идентитетот, Уставот и што се' друго. Треба да им се заблагодарат на своите политички советници, особено на странците, кои ги ангажираа.

Државната изборна комисија заклучи дека еден од законските услови за успешен референдум (излезноста) не е постигнат и поради тоа референдумското прашање не е прифатено од страна на гласачите. Не знаеме точно каква ќе биде грчката официјална реакција и како ќе се одрази референдумот во Грција. Министерот за одбрана Панос Каменос, кој ги предводи Независните Грци и е помлад коалициски партнер во Владата на Алексис Ципрас рече дека договорот од Преспа сега е мртов. Минатиот месец тој рече дека ќе се повлече од Владата на коалицијата до колку дојде до гласање во грчкиот Парламент, што ќе предизвика предвремени избори.

Во своето обраќање пред Обединетите нации, претседателот Трамп рече: "Еве зошто Америка секогаш ќе одбере независност и соработка пред глобалното владеење, контролата и доминацијата. Го почитувам правото на секоја нација во оваа соба да ги следи своите сопствени обичаи, уверувања и традиции. Соединетите држави нема да ви кажуваат како да живеете и да се молите на Господ. Ве повикуваме само за возврат да ја почитувате и нашата сувереност" и "со Америка владеат Американците...ја отфрламе идеологијата на глобализмот и ја прифаќаме идеологијата на патриотизмот..." Македонците можат само да се надеваат дека американскиот Стејт Департмент ќе почне да ја почитува волјата на Македонците, да владеат самите со себе.

Последна забелешка: СЕКОГАШ ИМАТЕ АЛТЕРНАТИВА! Но, ќе биде потребно знаење, мудрост и многу напорна работа. Најлесно ќе беше да гласате за договорот и да и' дозволите на Грција да прави што сака со Македонија ' а по неа и на Бугарија и на Албанија) но пак немаше да имате апсолутна гаранција дека Македонија било кога ќе стане членка на НАТО или ЕУ. Потешкиот пат е да продолжите да преговарате додека градите силна, стабилна и просперитетна Македонија, да се движите кон членство во НАТО и ЕУ. Тоа е можно, но потребно е лидерство. Не капитулирање!

СЕ' УШТЕ ИМА МНОГУ РАБОТА ПРЕД НАС. ОСТАНИ СИЛНА МАКЕДОНИЈА! 

 

Ваш Џејсон Мико

Љубен Христовски (Дардан Венетски)

ХЕЛЕНИЗМОТ И РАЗЛИЧНИТЕ ПОИМАЊА ЗА НЕГО

*****************

Во последно време во контекст со договорот меѓеу Македонија и Грција буквално сме бомбардирани со хеленизмот и хеленистичката култура. Без оглед на контекстот дали станува збор за историски или за политички текстови, секогаш и без потреба се' започнува со хеленизмот. Како да е македонскиот народ недоветен, ни се објаснува што се Хелени, хеленизам, хеленистички... Понатаму ни објаснуваат дека треба да се прави разлика помеѓу хеленска и хеленистчка култура. Хеленска значи грчка цивилизација, писменост и култура, додека хеленистичка била мешавина од источна, македонска и хеленска култура, која траела и се создавала од времето на Александар Трети Македонски до Клеопатра Седма Македонката (период од 3 века). Бидејќи била мешавина од три култури не можела да се нарече македонска, па била наречена хеленистичка. Види чудо. Македонски концепт, македонска идеја, реализирана од Македонците во македонска држава, а периодот и културата хеленистички. Сепак врв на научниот дилетантизам и перверзија е тврдењето на "научниците" дека хеленизмот се поврзувал и идентификувал со космополитизмот на Александар Трети Македонски и неговата универзална држава на обединети народи.

Овде се прави брутална замена на тези за подоцна да се изврши грабеж на културното и цивилизираното наследство и истото тоа да се претури во туѓа вреќа - грчката. Имено, македонизмот, македонскиот космополитизам и концепт на владеење се заменува со хеленизам и хеленистички. Александар навистина бил космополит. Во неговата држава сите народи, јазици и религии беа рамноправни. Рамноправна беше и жената, а ропството се презираше. Тој изгради држава на три континенти во која се живееше без војни и ропство, држава за која и денес копнеат многу народи.

Споредете го ова со бруталниот хеленски концепт на владеење - робовладателски, во кој робовите, жените и доселениците немале никакви политички права. Само 20 отсто од жителите на Атина можеле да учествуваат во политичкиот живот. Според Еврипид и неговата трагедија "Архелај", Данај, родоначалникот на Данајците (предци на денешните Грци) по доселувањето од Африка и преземањето на власта донесе закон според кој оние што дотогаш се нарекуваа Пелазги (староседелците) да се нарекуваат Данајци. Еве дециден доказ за првата насилна асимилација во Европа. Исто е и денес. По окупацијата во 1912 година веднаш го забранија македонскиот јазик, ја променија топонимијата, почнаа протерувања, размена на население...

Тука се манифестира научниот дилетантизам на нашата наука. Космополитскиот и хуман македонски концепт на владеење на Александар и на неговите наследници, со замена на тези, се именува според бруталниот хеленски концепт на владеење - хеленизам и хеленистички. Мотивите за овој дилетантизам се мизерни. Тоа се трговија и среброљубије. Имено ниту еден научен проект, симпозиум, книга...финансирани од разноразни универзитети, академии или фондации не се подржува ако се промовира македонизам. Се финансира само хеленизмот. Тоа нашиве "научници", кои со децении се заседнати во професорски кабинети, многу добро го знаат. Затоа евидентниот македонизам го облекуваат во хеленско руво и буквално научно се проституираат.

Секој оној што сака да разбере што е вистински хеленизам нека го прочита Роберт Фласелјер ("Грција во време на Перикле") и Тукидит ("Пелопонески војни")

Ќе се фрапира. Кај Фласелјер ќе прочитате: "Во Атина живееле 40.000 граѓани со право на глас (атињани по татко и мајка) и дури 200.000-300.000 роба имале и 20.000 деселеници, кои како и жените немале никакви политички права...ако доселеник убиел атињанин следувала смртна казна. Во обратен случај, најтешка казна за атињанец ако убие доселеник била протерување... Во хеленските полиси владееле тоталитарни режими, во Атина работеле само робовите (тешки работи), жените (домашните работи) и странците-доселениците (трговци, занаетчии, учители, филозофи...) а атинските граѓани со рацете на задникот бистреле политика. Зошто? Затоа што според најфрапантниот податок во очите на старите Грци мануелната работа заслужувала презир и не му доликувала на слободен човек".

Уште пофрапантни се податоците што ни ги соопштува Тукидит (5 век пр.н.е.) во 5-тата глава од "Пелопонеските војни" во која читаме: "Едно од основните занимања на Хелените било пиратството-особено во крајбрежјето. Водачи им биле најмоќните луѓе поради корист...ги напаѓале и ограбувале неутврдените градови и села и од тоа живееле во поголемиот дел. Од тоа не само што не се срамувале, туку се гордееле".

Ова е вистинскиот хеленизам! Сега јавно ги прашувам "трговците" во македонската наука: "Дали овој и ваков хеленизам ширеше Александар до Индија?" Секако не! За среќа, античките автори запишале буквално се', па ние денес многу лесно дознаваме дека тукуречи сите културни и цивилизациски достигања им се припишуваат на барбарите од север и пошироко, а не на Хелените. Со години јавно поставувам прашање: "Што има хеленско во хеленистичкиот период?" Им нудам на нашиве учени сами да одберат 20 најголеми културни и цивилизациски дострели во антиката и да цитираат барем еден антички автор што некој цивилизациски дострел им го припишува на Хелените. Одговор, се разбира, нема затоа што тоа му припаѓа на некој друг. Еве некои примери: четворицата родоначалници на европската писменост Лин, Кадмо, Хермес, Орфеј, сите од Теба во подножјето на Плакенска Планина (Охридско), Хомеровите епови Бригиски (Алијан), сета митологија од македонската планина Олимп (Страбон, Теофраст, Хесихиј). Првите музеи од Птоломеите (Страбон), прва театарска претстава во Атина ја извел некојси Теспис што се дотркалал на дрвена кола од север, првата музичка скала Бригиската (Елијан, Плиниј и Полобие), првите библиотеки макединските, првите ковачи на железо Скитите (Есхил), прва држава во Европа 9 в.пр.н.е. Македонија (Херодот), прва христијанка Лидија Македонката (дела апостолски), први цркви во Европа македонските (дела апостолски), прв универзитет - Охрид два века  пред Болоња и така натаму до каде сакате.

За каков хеленизам и хеленистичка култура пишуваат нашиве "учени"? Но, за среќа, постојат и некои научници што не можат да ја скријат вистината. Таков е Николас Хамонд професорот од "Оксфорд" и самиот голем хеленофил, но по долготрајните истражувања и откривањето на гробниците во Кутлеш, во своето капитално дело "Историја на Македонија" - Оксфорд 1988 година ќе запише: "Тоа ќе значи дема македонската вештина во метал металопреработката, јувелирството, изработката на оружје, сликарството, вајарството, изработката на мозаици и предмети од слонова коска по својата совршеност и убавина се речиси ненадминати, што ни дава право да кажеме дека ФАМОЗНАТА ХЕЛИНИЗАЦИЈА ВСУШНОСТ НЕ ПОСТОИ и дека поправедно и поточно би било епохата, која започнала со 334 година пр.н.е. всушност со освојувачките походи на Александар Трети Македонски во Европа, Азија и Африка, да не се нарекува хеленизам и да не се смета за хеленизација на Балканот, туку да се нарече МАКЕДОНИЗАЦИЈА на ареолот"!

Ваквото гледиште на познатиот професор од "Оксфорд" за некои наши "угледни" професори, замислете, било неприфатливо. Без срам и перде дури тоа и јавно  го напиша. Очигледно подготовките за капитулантскиот договор од Преспа одамна се вршени и тоа од наши "научници". Последиците допрва ќе ги почуствуваме. 

МИСЛАМ ДЕКА КРАЈНО ВРЕМЕ Е НЕКОЈ ДА СЕ СВЕСТИ И ДА ЗАПОЧНЕ ЕДНА СЕОПФАТНА ЧИСТКА ВО НАЈВИСОКИТЕ НАУЧНИ ИНСТИТУЦИИ!

 

Љубе Христовски (Дардан Венетски)

04 октомври 2018 година

https://www.novamakedonija.com

 

Славе Николовски-Катин

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

ДЕЛ 26

ВЛАДЕЕЊЕТО НА АЛЕКСАНДАР СО ПРОВИНЦИИТЕ ЛИДИЈА И КАРИЈА

****

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: "Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата".

На прашањето како Александар Македонски ги организирал слободните антички народи во Мала Азија тешко е да се одговори. Меѓутоа, подоцнежните документи покажуваат дека, како и порано, островите подалеку од брегот и' припаѓале на Коринтската лига. Така, сега градовите на копното беа членови на Лигата на Александар Македонски, кој несомнено ја следеше намерата на својот татко Филип Македонски. Посебните мерки преземени од Александар Македонски се сложуваат со оваа претпоставка.

Посебна карактеристика е тоа што азискоатичките членови на Лигата не беа обврзани да даваат контингенти за војската и флотата како државите во татковината, но требаше да плаќаат придонес во пари. Јонскиот федерален систем, кој беше обновен пред доаѓањето на Александар Македонски во средината на столетието, се' уште беше во сила и нема доказ спротивен на ова мислење, бидејќи во Античка Грција лигите беа признати како членки.

Во секој случај не е можно да се докаже друга претпоставка освен дека наместо да ги воведе античките Грци од Мала Азија во Коринтската лига, Александар Македонски ги организира во неколку локални лиги и ги направи зависни од себе. Доказите се мошне скудни за широко развиената теорија дека веднаш по ослободувањето, античките народи од Мала Азија му укажувале голема почит на Александар. Примерите за тоа му припаѓаат на едно подоцнежно време.

Постојат две гледишта за западниот морски брег: дека Александар Македонски се судрил со опозицијата и дека во Милет и Халикарнас античките  грчки наемници биле многубројни. Персискиот командант на Милет кој прво сакал да го предаде градот, подоцна се противставил, потпирајќи се врз персиската флота која немаше засолниште надвор од планината Микал, бидејќи флотата на Александар Македонски претходно успеа да ја заземе позицијата на островот Ладе пред градското пристаниште.

Со артилериска опсада што првпат овде ја употреби, беше направен пробив на бедемите и градот беше заземен, додека истовремено античката грчка флота влезе во пристаништето во близина на влезот.

Александар Македонски им прости на Милесијците, зашто беше очигледно дека се принудени да војуваат од персискиот гарнизон, а потоа им даде слобода и ги приклучи кон Коринтската лига.

Тие му се заблагодарија со тоа што го избраа за градоначалник на својот град за наредната година (334-333). На списокот на овие економски претставници тој е наречен едноставно "Александар Македонски син на Филипа Македонски", без титулата крал, која во тоа време не ја употребуваше, зашто беше хегемон на Лигата.

Во натписот во храмот посветен на Атина во Приен, Александар Македонски е опишан како крал, а значајно е тоа што тој не го изгради храмот со пари на Лигата. Иако флотата ја изврши својата улога во Милет, сепак тој распушти поголем дел од неа, задржувајќи само дваесетина атински бродови како залог.

Ова решение, што на прв поглед изгледа изненадувачко, беше неопходно поради недостигот на средства. Тој се колебаше дали да ги изложи своите бродови на опасност од многу посупериорната персиска флота или да се стационира на Самос.

Во Халикарнас, главниот град на Карија, Александар наиде на многу поголем отпор, бидејќи одбраната на градот лично ја раководеше неговиот најголем противник Мемнон Родијанецот, кому Дариј само што му ја имаше дадено врховната команда над флотата на азискоатичкиот брег. Тука беше потребна една долга опсада, бидејќи градот беше утврден и природно и на вештачки начин. Една дивизија на персиската флота беше укотвена во пристаништето.

Меѓутоа, градот не можеше да истрае самостојно против силната опсадна моќ на Александар Македонски. По судирот во кој двете страни постигнаа успех и направија неколку пробиви кај силниот гарнизон, Мемнон беше принуден да го евакуира градот и да му го оставви на освојувачот.

Само две тврдини во Карија останаа под персиска окупација. Меѓутоа, Александар Македонски не можеше да го дозволи тоа, па остави корпуси во заднината кои по извесно време ги присилија  да капитулираат. Мемнон кој ја водеше одбраната, со голема вештина избега на островот Кос.

Колку Александар Македонски не го следеше правилото за распоредување на намесници, покажа со тоа што Карија и' ја додели на старата принцеза Ада од родот на Каринската династија, која претходно владееше како вдовица наместо нејзиниот маж Идрије. Кога Александар Македонски влезе во Карија Ада го пречека со голема почит, му го предаде градот Алинда, што и' припаѓаше и му предложи да го усвои како свој син. Александар Македонски го обнови градот и го прифати усвојувањето.

Според тоа тој им стана син на Каријците и на нивната владателка, а странската доминација беше сосема отстранета. Тоа што Александар подоцна беше сметан за син на египетски крал, од една, и како син на персиски крал, од друга страна, беше направено од историски причини. Со овој однос кон Ада, Александар Македонски покажа дека ги сфати посебните карактеристики на потчинетиот народ.

Со чудење можеше да се сфатат изјавите за улогата на оваа жена, но тие се објаснуваат со фактот што во Карија опстојуваше таканаречениот матријархат, кој еднаш преовладуваше во предгрчкиот медитерански свет.

Бидејќи Александар Македонски го даде намесништвото на жена, воената команда ја одвои и му ја препушти на еден македонски офицер. Ада ги доби единствено граѓанските функции. Делењето на граѓански и војнички функции, што Александар Македонски првпат го спроведе во оваа пригода, го усвои како правило, кога ориенталците ги наименуваше за намесници.

На античките Македонци што се оженија непосредно пред војната сега им беше дозволено да си одат дома и да останат таму во текот на зимата. Тоа беше хумана политичка мерка што кај војниците предизвика големо одушевување и благодарност. Парменион беше испратен со единици на Лигата да ја окупира Фригија, а Александар во текот на зимските месеци отиде на пат по јужниот морски брег на Мала Азија, во согласност со својот стратешки план за парализирање на непријателската флота со освојување на приморјето.

Тој напредуваше долж брегот на Лидија и Памфилија до Сид, без да наиде на некој посериозен отпор. Кога скршна кон север низ Писидија имаше остри судири со бесните планинци. Од Келена дојде до својот зимски логор во Гордиум, фригијски  главен град на реката Сангариј, што е прославуван во легендите.

Таму, Парменион и неговата војска се сретнаа со него, а пролетта дојдоа луѓето, кои беа на војничко отсуство, како и нови регрути. Гордиум го избра како место за собирање, бидејќи неговата позиција беше погодна за да се зајакне Античка Македонија. 

 

 

 

 

 

ПРОДОЛЖУВА

  ________________________  **********_______________________

Жаклина, поетеса

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*************

 

 

 

 

 

НЕМИР

  • Чиниш, пред години,
    многу, многу одамна,
    го гледаше светот поразлично.

    Ќе дојде време друго,
    кога повторно
    различен ќе стане тој.

    Кога чувствуваш треба
    да се издржи чувството.

  • Треба да се сетиш
    како чувствуваше,
    кога чувствуваше ти!

    Чувството не се одвојува од минатото,
    ја нема и инспирацијата веќе,
    сепак, исправи се,
    истрај, обиди се...
    Полна месечина!
    *********
    Автор, Жаклина Михајловска, поетеса

 

_________________________********______________________

ВИДЕОТЕКА

*************

Kind regards: 08 октомври 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 171