АСНОМ ДА, РАМКОВЕН НЕ !

Сотир

Сотир Гроздановски-Македонски

ДО КОГА БРАЌА И СЕСТРИ ВАКА, САМИ ПРОТИВ СЕБЕСИ?

**************

"Браќа и сестри по род, да ги зарамниме еднаш засекогаш длабоките бразди на делби и омрази: Во омразата нема ни иднина ни надеж! И вие сите други браќа и сестри кои судбината ве принудила да живеете на овој простор, заедно со нас, вклучете се во нашето единство, зошто заедно секогаш ќе бидеме посилни и појаки, пред евентуалниот непријател и обратно, зошто желбата на непријателот е таква. Значи, само здружени и со меѓусебна доверба ќе бидеме секогаш и секаде посилни"

 Петре М. Андреевски

 

 

Срцето човека да го заболи и да умре од тага. Да умре полека и во агонија, која самите си ја подготвуваме од поодамна. И не само од времето на сегашните властодршци во Македонија, туку уште од  времето кога одново  се раѓаше  македонската држава. Се раѓаше  во македонското свето место, манастирот "Св. Прохор Пчински", после победата над фашизмот и домашните квислинзи.  Во далечната и не така далечна, 1944 година. Таму, кога со  еуфорија и сенародна радост Македонците излегуваа од една ера на  ропство кое премногу траеше, за да би се, ете така и лесно  заборавило и влегуваа во друга, нова, ера на својот препород, полна со неизвесности и желби за прогрес и благосостојба.Таму, кога покрај доброто, се будеше одново и злото кое трае до ден деншен. Кога младите и се' уште "зелени" македонски синови и ќерки, подржувани и заслепувани со космополитските идеи на "новите"  времиња, се судрија со традиционалните и искусни македонски родољуби, чија визија за слободна, суверена, независна  и обединета Македонија одамна им беше трн во очите на светските зли сили. Сили, губитници во борбата со македонскиот народ. Губитници, зошто не беа толку итри и способни да ја предвидат преродбата на Македонците  и  создавањето на Република Македонија.

Уште тогаш, со прогон и ликвидирање на најдобрите синови македонски, во чии срца имаше љубов само за самостојна, слободна и независна   македонска држава, се создаваа погодни услови за остварување на она што денес ни се случува: Изнаоѓање соработници  за конечно завршување со Македонија, нејзиниот народ, македонската култура, и бришење на македонските придонеси во развојот на светската цивилизација.

И за чудо, не требаше многу да  чекаат.  Недолго по суровото растурање на заедничката здржава, СФРЈ, се тргна во хајка и по ова мало парче македонска земја и народ, кој сам не беше подготвен да се брани со  сите внатрешни и надворешни душмани. Требаше само година две, да се разграби народниот имот спрема плановите и "помошта" на сојузниците и "пријателите" од времињата на Втората светска војна, да се фрлат на улица на стотици илјади Македонци; да се осиромаши и до гуша задолжи државата и подготви македонскиот народ, така кутнат на колена, за срамна и понижувачка капитулација!

Во гладот очите се големи! Велат народните поговорки! Гладниот народ прифаќа се' што ќе им ги наполни устите со корка леб и чаша вода.  Ефикасните стапици, НАТО и Европската унија, пак, одма  се понудија  како "едина" алтернатива за спас од "сиромаштијата". Но, не и безусловно.

"Прво името на државата и уништување на македонскиот идентитет, па после разговори за евентуално приклучување во евроатланските асоцијации, во некоја неизвесна иднина". И сега ечат во нашите уши злобните и заканувачи немушти гласови кои излегуваа од устата на господинот Столтенберг, генерален секретар на НАТО, при неговата предреферендумска посета на Македонија.  

Внатрешните квислинзи, собрани околу СДСМ и Албанците околу своите политички партии, како гнезда на аболицираните терористи од војната во 2001 година, збогатени со грабење на народниот имот и заштитени од своите надворешни ментори и советодавци, притоа втурнати  в ќош и уплашени за својот плен, како диви sверови прифатија се', само нивните смрдливи кожи да останат цели. Без отпор и со задоволство станаа нивни соработници во извршување на плановите за самоуништување на Република Македонија и македонскиот народ. И не само тоа. Набрзина договорија промена на името на Македонија во "северна" Македонија заедно со елиминирање на македонскиот идентитет со сите национални белези, вклучувајќи ја историјата и јазикот македонски: Прво со Бугарија, потоа со албанските националисти и аболицирани терористи во Македонија и на крајот со Грција, како капак на празното тенџере, за потполно демолирање и бришење на се' што постои со името македонско.

СДСМ и албанските политички партии во Македонија, како гнезда на злото, им се понудија за таа погана работа, зошто, само тие, како изворни непријатели на  македонските национални интереси и виновници за грабежот на народниот имот  беа волни таа предавничка работа со мирна душа и "чиста" совест  да ја завршат во полза на заинтересираните страни:  Западот,  Европската унија и НАТО, како "спасители" на светот од измислените непријатели богати со сировини, потребни за нивните војни машини. 

Е, сега дојдовме до причините зошто се најде и изнајде Албанецот "христијанизиран" од Македонците, Зоран Заев, да биде предводник на деструктивната "коалиција" за последно и конечно решавање на "македонското" прашање. Затоа, што како на еден од најголемите криминалци на Балканот и учесник во масовниот грабеж во Македонија, секирата на правдата му висеше и се' уште му виси над  главата, од која неможеше да се извлечка, па и да сакаше, а да не остане за глава покус.

Се разбира, еден помал дел од македонскиот народ, оној околу СДСМ, од сите причини горе наведени, ја прифати играта на изродите и продадените души во земјата, делумно уверен дека ситуацијата  нема никогаш  да ескалира до степен, со кој би дошле  во прашање македонските национални интереси и понатамошното постоење на македонската држава и идентитетот на Македонците. Да дојде до степен на самоуништување и деструкција.

Со ескалирањето на неизвесните позиции на Македонија и безбедноста на Македонците, македонските политички "лидери", пак, од скоро сите македонски политички партии си се повлекоа секој во своите сигурни дувла, чекајќи бурата да помине. Многу од нив вработени во администрацијата, со која брзо завладеа Зоран Заев,  решавајќи ги своите егзистенцијални прашања и  потребите на своите семјства, си ги заборавија  обврските и силните ветувања,  и така со дикат и  "мудрост" застанаа на неговата страна, зошто ни тие не беа сосема чисти и неповредиви од странските закани и уцени. И се' уште се!

А  народот? Па  народот, како и секогаш оставен  сам и обезглавен , се брани,  верува и понатака се храни со нивните лаги и  празни ветувањата, дека се "работело" на уривање на овој ненароден режим  и дека слободата од злосторниците "заробена", наскоро ќе биде "ослободена" и нашата мила и  драга    Македонија ќе просперирала  како (Северна Македонија). Хунтата на СДСМ и Зоран Заев, како едини неверен Томе, ќе си заминел во историјата и Сонцето одново ќе ја загрее земјата.

Но и хунтата не спие. Плански ги ликвидира и "јаде" потенцијалните "загрозувачи" на Слободата во заевото општество "еднакво" за сите. Баш така,  и на начин, како и нивните предходници во времињата после Втората светска војна за време на АСНОМ, и подоцна, ја враќаа слободата "заробена" од елементите на Фашизмот и Сталинизмот. Тогаш,  кога желбите и ентузијазмот на Македонците ги достигнаа своите највисоки дострели и можности за национално и територијално обединување. 

И дури ние обезглавени и закрвавени меѓу себе се' уште се држиме и веруваме  во вредностите на европската демократија, со кои не  хранат нашие "лидери",  Албанците обединети ко хиени, си ги реализираат своите себични агенди.

Затоа, мој народе македонски, времето дојде кога треба да ги закопаме борбените секири за секогаш; да ја вратиме меѓусебната љубов и слога  и еднаш за секогаш обединети, под знамето на Македонија,   да му покажеме на светот, кој не гледа од надвор,  дека македонскиот народ не е каша од глина, со која некој може  да прави стомни. Дека и ние имаме сила со која можеме да си ја вратиме судбината во свои раце, како и нашите претци што правеле през историјата која денес, Зоран Заев ни ја продава како роба, од своите фирми.  

Да ги исчистиме македонските полиња, родни, од куколот кој ни ја покрива пшеницата и не турка во подлабока беда и сиромаштија. Да ја исчистиме државата македонска од секакви внатрешни изроди и предавници, да ја вратиме правдата и слободата и кренеме во нови победи со кои ќе си го повратиме изгубеното самопочитување и  погазеното ни човеково и национално достоинство.

Имаме способни, храбри и луѓе, чесни и не корумпирани кои можат и се подготвени   македонскиот кораб  пак да го насочат кон историската света цел. Цел, која живот значи за сите нас. 

Само обединети под едно знаме, македонско, можеме да формираме македонска Влада еднаква за сите.

Раководствата на  СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и многу други политички партии си го "одработија" својот дел од зацртаните задачи и агенди и време е да си одат во историјата со  сите свои "успеси" и предавства. Народот е сит од нивните "способности" и    "чесни" намери со кои се  справуваат во борбата за спас на Македонија.  Македонскиот народ има право да се реорганизира и подготви за одбрана на својата држава и самиот себеси од внатрешни и од надворешни непријатели. Историските и чесни букви ВМРО пак се извалкани од неспособни, изродени и предавнички души. Тоа од секогаш било на нишанот на Европа, а особено на Бугарската држава, што се докажа како точно и во овие пресудни денови за македонската држава и македонскиот народ.

Пресудната битка за спас на Македонија бара национално единство, без "лидери" кои  не напуштаат на првиот испукан фишек. Ни треба организација  со водачи кои ќе си го најдат својот интерес во заедничкиот народен и национален просперитет, благосостојбата, безбедноста и цивилизацискиот дострел на општеството,  кое им ја доверува палката на управувачката моќ.

Македонска сенародна организација која ќе биде  обединувачка и со водачи кои ќе бидат подготвени да станат на чело и го поведат македонскиот народ во одбрана на националните интереси и заштита на државата, Република Македонија.

Еднаш ја загубивме македонската држава. Тогаш, после смртта на големиот и прав македонски водач и појавата на алчноста за власт кај неговите "најверни" генерали и другари. Тогаш, кога неединството помеѓу оние кои беа столбови на Монархијата беше повод и резултат на сите несреќи и понижувања од времињата на  Римјаните,  Турците , Бугарите, Грците, Албанците, Србите, до сегашниве денови, од самите себе.

Тоа беше времето после смртта на Александар Македонски, се' до 168 година пред Христа, кога Римјаните ја намирисаа крвта на ранетиот  македонски Лав и зад  плеќи го нападнаа и во четири нерамни војни, го совладаа. Ќе дозволиме  ли истата несреќа да ја поновиме и во времето на предавникот Зоран Заев?

Од нас зависи се'! Не од Грците, не од  Бугарите, а најмалку од Албанците! Затоа:

 

САМО ОБЕДИНЕТИ ПОД ЕДНО ЗНАМЕ И ИМЕ, МАКЕДОНСКО, МОЖЕМЕ ДА НАПРЕДУВАМЕ, АКО НЕ САКАМЕ ЗА СЕКОГАШ ДА НЕСТАНЕМЕ! ТОА Е МОЈАТА ПОРАКА И ПОРАКАТА НА СИТЕ РОДОЉУБИ И ЧЕСНИ ГРАЃАНИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА! ДРУГА АЛТЕРНАТИВА НЕМАМЕ! НИЕ СМЕ СУВЕРЕН ВО НАШАТА, МАКЕДОНСКА, ЗЕМЈА, НИЕ СМЕ ОДГОВОРНИ ЗА СЕБЕ И ЗЕМЈАТА КОЈА  Е НАША ПРВА И ЕДИНА ЗА СЕКОГАШ ТАТКОВИНА, А НЕ НАТО И ЕВРОПСКАТА УНИЈА, ДО КОЛКУ БАРААТ  И ПОНАТАКА САМИТЕ ДА СЕ УНИШТИМЕ!

 

За секогаш, Ваш Сотир

 

Ефтим

Ефтим Клетников

ОЧАЈНА БОРБА ЗА ИМЕТО

( ДЕСЕТ ГОДИНИ МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ)

 

За десетгодишниот јубилеј на Македонски Манифест, драг читателу, не му се потребни фалби. Оваа колумна не ја пишувам за тоа, туку уште еднаш да ги споделам со тебе македонските јанsи и болки. Почнавме тивко, некаде во јуни 2008 година со промотивен концерт кај Камен мост во Скопје. Поезија, песни, ора, идентитетски знаци, кои алка за алка ја влечат на површина меморијата од длабоката дамнина, до она исконско Пра на нашето Име, како веда (во значење на откровенска молња, светлина и знаење), златна нишка, како некој вид духовна Via Egnatia што се  спровира почнувајќи од првата глава Битие на Стариот, се' до крајните страници-брегови на Новиот завет. Во книгата, која не е само теолошки туку и најважен антрополошки и културно-цивилизациски документ на западната цивилизација, заверен со небесен и земен печат. Но таа цивилизација, за жал, само номинално, како маска го користи нејзиниот јудеохристијански код, се' уште неослободена од својата канибалистичка паганска нарав и патолошки, едиповски заглавена во грчкиот цивилизациски логос, приспособен на нејзините болни потреби од  Германскиот Дројзен, еден од најевидентните историски фалсификати на Европа. Исто како што е тоа и веќе смешната теорија за инвазијата на варварските Словени кои на овие простори, со трски преку Дунав, од темните задкарпатски мочуришта, за што до ден-денес не е пронајден ни еден единствен валиден археолошки артефакт итн. И како да се објасни сето тоа, ако не со некој добро осмислен план, некој и нешто, да се потоморат и целосно избришат од историската меморија на човештвото. Некој и нешто што некому не му одговараат религиски, идентитетски, цивилизациски и културолошки, па нивниот мемориски имот треба да се префрли како насилно одземена нива во катарот на друг.

Можеби тоа, драг читателу, ти звучи како претерување, како фантазирање за некој таканаречен заговор на некои темни меѓународни сили во кои се вклучени и масони и илуминати, како некои други демони слични на нив. Да. Но работите се открија и станаа посебно јасни на тој план по нивното посегање по нашето име, за истото тоа со целиот културно-цивилизациски имот да му се даде во сопственост на друг. Конкретно на Грција.

Уште пред десет години за одбрана на тоа варварство и беше формиран од една мала група интелектуалци (поим што јас нерадо го употребувам) Македонски манифест. Ние јасно ја препознавме заканата на Запад, диктирана со редица бескрупулозни уцени, да му се укине меморијата на едно "столчено племе" (Блаже Конески), толчено активно во поновата историја од големите европски сили, пред се' од Англија и Франција и раздавано како канибалистичка нафора за дивјачка причест на нашите соседни балкански канибали. Најевидентен пример за тоа е Букурешкиот договор од 1913-а година, со амин, имено, на Вавилонската ороспија, како што ја викаше Европа ингениозниот прилепски терзија и литерарен гениј Марко Цепенков. Таа што денес е должна да му се извини на човештвото за инквизицијата, двете светски војни што се производ на нејзиниот агресивен ариевски нарцизам, како и за многубројните геноциди на културација и идентитетска ликвидација што ги извршила во светот: кај Црнците во Африка, Абориџините во Австралија и Нови Зеланд, Индијанците во Северна и Јужна Америка итн. Тие погроми под перфидниот изговор за цивилизација и демократизација на домородното население ги имаат нотирано редица познати антрополози во своите дела. Некои од нив, како Французинот Луј Вансен Тома, во своето двотомно дело "Антропологија на смртта", нив ги имаат никроскопски, акрибично и до детаљ опишано.

По прочитувањето на таа книга, која јас по трет пат ја прелистувам, може само косата на главата да ти се крене од злосторствата на самобендисаната западна цивилизација, која самата себеси се има прогласено за врвно културно-цивилизациски достигнување во светот. Таа и навистина има некои силни духовни и демократски моменти и личности со хуманистичка светлина во себе, но вкупноста на нејзините злосторства и на свој терен и надвор, е толку многу сурова и многубројна што сериозно го поставува пред нас клучното прашање дали таа цивилизација не е повеќе под знакот на варварството, отколку под знакот на културата и хуманизмот. Книгата на Луј Вансен Тома акрибичниот попис на нејзините варврста очигледно истата таа ја става под втората одредница, тешката сенка на нејзината психа, како што би рекол Јун. А како . за утеха, пак, нашите некритични, априори евро и амеромитомани, Тома не е Македонец, ниту кој било друг Балканец, туку Французин, кој имал и храброст и морална доблест да ја скенира рендгенски западната нарцистичка цивилизација од нејзината темна и најтемна страна.

Тоа. Па и Македонски манифест, драг читателу, јасно ја препозна еднаш на почетокот темната страст на мефистофелска Европа да го погребе идентитетски македонскиот народ само со еден според нив безболен потег, со неговото преименување. А, рековме, антрополозите добро ја елаборирале таа тема, имено дека секое преименување, дури и доброволно, а камоли насилничко, брутално и врварско какво што е нашето не е ништо друго туку тектонски потрес во квалитативното битие на еден народ или племе: идентитетски геноцид/ етноцид. Тука за волја на вистината, морам да кажам дека Манифестот прв го употреби тој страшен термин по нашата судбина, дијагностирајќи ја на тој начин истовремено обновената темна европска страст и болест на нејзината душа, во која повторно интензивно се будат сенките на Третијот Рајх. Македонски манифест не еднаш ги посетуваше и западните амбасадори во Скопје дека тука станува збор за идентитетски геноцид врз Македонците, за нов европски холокауст по оној над Евреите во Хитлерова Германија и дека Македонците се новите Евреи на либералкапиталисичка Европа. Оти, како што велат без исклучок и сите антрополози, идентитетската смрт над еден народ е најстрашната смрт што може да се замисли и да го снајде него. Таа за навек ги брише сите траги на неговата меморија, преведувајќи го него во безлична маса, на живи мртовци.

Ете, тоа ни го замислиле нам, драг читателу, оние "екстрацивилизираните" фашизоидни политбирократи од Брисел и Вашингтон. Тие, посебно од 1990 наваму, стапка по стапка, пршлен по пршлен ни го кршеа 'рбетот на идентитетот и не' внесоа за кремирање во идентитетски мртовечници, чие конкретно име сега е Преспански договор. А ние од Манифестот се боревме (и нема да застанеме) секој ден, секој час, секоја минура за да го отмеме Името од крвничкиот меч на ликвидаторите од Запад, кои за нашата погибел за таа цел ги употребуваа чеканите на Атина, Софија и Тирана за парчосување на темето на нашиот државен и идентитетски суверенитет.. Но не им беше доволно тоа, па побараа поткрепа за својата темна намера, силна, и кај нашите квинслинзи, почнувајќи од невладиниот Соросов сектор па натаму, се' до премиерот Заев и неговата влада, која го потпиша за Македонците смртоносниот Преспанскии договор. Потпиша за менување на Името, најскапоценото богатство на нашето колективно битие, нешто што не им е јасно на оние белични суштества во парламентот, а, за жал, и на многу наши академици и универзитетски професори.

А да не ти е, пак, јасно тоа дека со преименувањето се брише идентитетот, како што тврдат тие, поткупливи фарисеи, драг читателу, тоа значи да си покрај морално и ментално дефектен. Целосно. Ништо друго. Тоа особено важи за премиерот Заев, министерот Димитров, гибелен потписник, целата влада, како и за пратениците притискачи, на, за Македонците смртоносното копче во Собранието и најновиот еспериментален политбордел на ЕУ, демократијата. А тамам рековме дека ќе се спасиме, бидејќи недостигаа осум пратеници до смртоносната бројка 80, потребна за идентитетска ликвидација. Да. Но Македонија, драг читателу, никогаш не оскудевала во предавници. Е еве ги, се најдоа тие осумтемина смртоносци од опозицијата, која не еднаш досега го има извалкано светиот македонски акроном ВМРО. Тие осуммина ќе бидат запишани со најголеми букви на Паметникот на срамот и предавството подигнат на македонската историска Голгота. Не им бега вечноста. Тие, "хероите" на премиерот Заев (и самиот "херој" како нив), кој ним им се обрати со каталептичка екстаза: "Вие испишувате историја, ќе ве слават како херои и патриоти". Ова е една од најсрамните реченици во целокупната македонска историја, со која се понижуваат сите претходни херојски саможртви што се положени во темелот за слобода на Македонија на протек на столетијата, се' до АСНОМ, кој сега со брзина на светлината се урива од новите "херои" на Заев. Не знам што ќе речат за тоа Гоце, Сандански, Ченто, Питу...

И така драги читателу, не ни сонуваме дека јубилејот десет години Македонски манифест ќе го дочекаме со таков очај и во таква болна шизофрена ситуација на целосен расцеп на македонското колективно битие. Ова е сега неподносливо и не знам дали е се' уште способен овој столчен народ да го издржи сето тоа, Боже. Народот во кого како во ниедно друго племе има толку многу Трпевци и Трпани, што е вистински антрополошки куриозитет. Ова е калварија, цивилизациски садизам на вавилонската бриселска дама со оросписки морални квалитети. Дали може да издржи? Дали? Сепак може! Ни Гоце, ни Јане, ни Климент, ни Наум, не се мртви! Борбата продолжува. Таа, отсега натаму, треба да знаат и Заев и Димитров, особено оние осуммина "херои" од опозицијата што го овозможија идентитетското злосторство, геноцидот/етноцид врз сопствениот народ, ќе трае, можеби, и цело столетие, па и повеќе, за да се поврати она што тие го направија за само неколку месеци. Како варварите, кои она што се градело со децении и векови го уриваат за нецела година. Така страдаат и паѓаат културите. Тоа е, впрочем, горчливата лекција на историјата. И нека запаметат оние што наумиле да не' пратат во идентитеската смрт дека нема помирување со нив. А заев нуди некакво помирување. Срамно. Какво? и Со кого? Со квислинзите или со родољубите? Нека знаат тие дека и гробовите на вистинските предавници и родољуби ќе се борат со нив, со гробовите на сеопштите ликвидатори, странски и домашни, на македонскиот идентитет. Ни таму нема мирно да спијат тие, пред да излезат да бидат судени на вагата на Господовиот суд. Оти не само ние од Македонски манифест, туку целиот неодроден, како изродите, македонски народ ни за педа нема да се помести и секогаш ќе стои во своето средиште што ги спојува исконот и иднината во неговото големо Сега. Оттука до вечноста. И потаму од неа.

********************

Славе Катин

 

 Славе  Николовски-Катин

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

ЗАМИНУВАЊЕТО ОД ЕГИПЕТ - ПРЕОБРАЗУВАЊЕТО НА АЛЕКСАНДАР ВО СИН НА БОГА

***************

Дел 36

 

 

Во тој период две Египќанки се омажија за двајца македонски воени гувернери, а тврдините на Мемфис и Пелузиум го примија својот посебен командант. Спротивно на оваа децентрализација беше во рацете на Клеомен од Наукрат.

Старешините на подрачјето мораа да му плаќаат данок веднаш по воспоставувањето на поранешната положба. Несомнено населението беше искрено задоволно дека собирањето на данокот не беше во рацете на странец, туку во рацете на човек од нивното место. Александар Македонски си замина од Египет со сознанието дека народот се чувствува ослободен од товарот што го носеше од повторната окупација на Окус. Легендата можеше да го воздигне Александар како син на последниот домашен крал Нектанебо II.

Во почетокот на пролетта 331 година, Александар Македонки тргна од Мемфис и продолжи за Феникија, каде што се задржа малку време во Тир. Овде направи многу измени во власта на освоената територија. Значајно е да се спомене дека назначи двајца важни финансиски офицери, еден од Мала Азија, западно од Таурус, а дригиот за Галиција, Феникија и Сирија.

Додека Александар Македонски најпосле го изврши предавањето на атинските заробеници кај Граник на атинската амбасада, што порано го одбиваше, затоа што сакаше да изврши влијание врз мислењето во Атина, во Елада Агис беше зафатен  со врбување на регрути од Сојузот за борба против него. Агис извојува победа над силите на Македонија во изминатата зима и во пролетта успеа да ги придобие на своја страна Елис, Ахаените (сите но не и Пелен) и Аркадијанците (сите но не и Мегалопол).

Доколку персиската флота се' уште егзистираше, во таа ситуација тешко дека Александар Македонски би можел да се пробие во срцето на Азија. Но бидејќи сега тој го контролираше морето, можеше да му верува на Антипатер и со задоволство да ја испрати својата флота, засилена со повеќе од 1000 бродови, од Кипар и Феникија, со цел да ги заштити Пелопонезијците кои му останаа верни.

Откако му ја даде својата втора понуда на Александар Македонски, Големиот крал започна со огромна брзина да собира голема војска во Вавилон. Во тоа време кога веќе Запад беше загубен, само народот од Исток го снабди со војска. Покрај Персијците и Медесите имаше и добри племиња од Источен Иран, како што беа Бактријанците и Согдијанците под намесникот Бес од Бактрија, Аракозијанците и Аријанците, Партијанците, Хирканијанците и други.

Скитијанските Саки, не како потчинети туку како сојузници, испратија контингент, а и Индијците кои живееја од оваа страна на реката Инд испратија петнаесет слонови. Повторно не треба да се прифатат фантастичните бројки: повеќе автори спомнуваат еден милион пешадија и 40.000 коњаници. Но, бројот на противничката војска со која Александар Македонски несомнено требаше да се соочи беше многу голем.

Тврдењето дека оваа персиска војска беше многу побројна од онаа што се бореше кај Ис, несомнено е точно. Освен тоа, тргнувајќи од своето искуство кај Ис, Дарие мораше во извесна мера да го подобри вооружувањето на единиците. Тој ја зголеми убиствената моќ на своите коли со тоа што на тркалата постави косила и долги копја на првиот од горниот дел, кои, како денешните тенкови, сееја смрт во непријателските редови.

Секој би признал дека тој направи целосна подготовка за решавачката битка. Откако сфати дека многу настрада кај Ис поради ограничениот простор, овојпат избра широка рамнина, како што настојуваше да го направи во Сохој. Тоа се случи на левиот  брег од реката Тигар, северно од стариот "град на четирите богови" Арбела (денешен Ербил). Таму ја поведе својата војска од Вавилон, веднаш штом слушна дека Александар тргнал од Феникија.

Од Тир Александар Македонски  настапи  северно од Еуфрат, со цел да ја премине реката кај Тапсак. Неговите инженерски единици веќе започнаа да градат два големи моста преку реката Еуфрат, но не ги имаа звршено, бидејќи од другата страна беше Мазај, намесникот на Сирија и на Месопотамија, стациониран таму со неколку илјади војници повеќе да го шпијунира приближувањето на Александар Македонски, отколку да го спречи преминувањето. Тоа беше во интерес на Дариј: да го натера Александар Македонски да оди преку Еуфрат и Тигар на бојното поле што тој го избра.

Веднаш штом Александар Македонски се приближи до Тапсак, Мазај ичезна, мостовите беа довршени, а Александар слободно ја поведе својата војска преку реката. Оттука тој тргна кон север во северна Месопотамија, веројатно по стариот каравански пат до Каран и Едеса, а потоа продолжи јужно од Арменската гора источно по патот до Низиб на Тигар.

При приближувањето до Тигар, лажно беше известен од фатениот персиски шпион дека Дариј го чека од другата страна на реката Тигар, за да го спречи неговиот премин. Меѓутоа, кога насилно настапи и дојде до реката, не го најде Дариј, па дури ни стражарска единица на Персијците и можеше да премине преку Тигар без пречки, но не и без некои потешкотии, бидејќи оваа брза река овде оправдано го добила името "брза како стрела".

Додека неговата војска се одмораше, на источниот брег се случи делумно затемнување на месечината. Астрономите пресметаа дека тоа се случило вечерта на 20 септември 331 година. Тогаш Александар Македонски приложи жтва на Селен, Хелиос и Ге (Месечина, Сонце и Земја); според Аријан тоа потемнување морало да се случи. Може да се претпостави дека Александар Македонски ги избрал овие богови за да ја смири возбудата кај својата војска предизвикана од овој феномен и да ги заштити пророците.

Настапувајќи кон југоисток меѓу реката Тигар и курдските планини, барајќи го Дариј, помина близу до урнатините на древниот Нинивех, веројатно без да има ни најмала идеја за историската важност на таа држава. Откако Асирската империја беше окупирана со унштувањето на Нинивех (612), сега Персиската империја требаше да го прими смртоносниот удар во битката кај селото Гавгамела не многу далеку кон Исток.

Овде Дариј најде бојно поле што му одговараше.  Поредокот на војската беше точно определен во кралскиот камп. Во средината, според древниот обичај, се постави лично кралот во кола. Ги построј своите планински стражари, таканаречени "јаболкови носачи" (со златни јаболка на своите копја), заштитени од лево и оддесно со античките елински наемници, кои како и кај Ис, беа посебно ангажирани да се соочат со македонската фаланга.

Лево и десно се раширија двете крила од комбинирана коњица и пешадија, на крајната лева страна беа бактријанската коњица, Дахаите, Арахозијанците и други, а на десното крило Медците, Партијанците итн. Пред двете крила лево беа поставени Скитите и поголемиот број бактријанска коњица, десно ерменската и кападокиската коњица, а пред центарот беа поставени петнаесетте слонови водени од индиските гонители.

Двесте коли со косила беа донесени пред целата линија, а сто на спротивното  лево крило од Александар Македонски. Преку целото бојно поле Дариј ги отстрани нерамните делови од земјиштето за да овозможи рамен простор за напад на коњицата и на борбените коли.

Намерата на Александар Македонски беше да ја примени косата формација и во оваа битка, како што тоа го правеше и порано. Така, неговиот борбен поредок и овојпат беше поделен на офанзивно десно крило со кое тој лично командуваше и дефанзивно лево крило под команда на Парменион. Повторно позицијата на следбениците беше десно, тесалиската коњица лево, а македонската фаланга во средината.

Поради бројната супериорност на непријателот, Александар Македонски се плашеше да не биде заобиколен откај крилото па дури и опколен, па затоа постави втора борбена линија зад првиот борбен поредок, со цел доколку биде заобиколен, да се заврти и да се соочи со непријателскиот напад одназад. Доколку ова се случеше, единиците поставени лево и десно од неговиот преден дел, кои во други пригоди само ја продолжуваа линијата, ќе се завртеа и ќе се соединеа во две линии на борбеното поле. 

Во случај да биде опколен, војската на Александар Македонски би направила квадрат. Но таа тактичка претпставка не беше реализирана. Од оваа идеја, наметната од конкретната ситуација, што се состоеше од еластичен двоен фронт кој во случај на потреба може да се развие во правоагалник, ја гледаме генијалноста на Александар Македонски во воената тактика. Тоа беше сосема оригинална замисла.

На веста за доаѓањето на Александар Македонски, Дариј ја построј својата војска за битката на 30 септември. Постапувајќи по советот на Парменион, Александар Македонски не го прифати предизвикот, туку го постави својот логор на растојание од околу четири милји и, бидејќи се очекуваше стапица или слична пречка, помина преку бојното пое на коњ со неколку придружници за да извиди.

Вечерта и' нареди на војската да се подготви, а потоа да има целосен ноќен одмор. На тој начин, неговата војска беше совршено свежа при сребата со непријателот утрото на 1 октомври 331 година, додека несреќните Персијци беа задолжени да бидат под целосна војничка опрема готови за борба, бидејќи Дариј се плашше од ноќен напад. Парменион му советуваше да ги изненадат Персијците во ноќта, но Александар Македонски го одби тој совет, велејќи дека е срамно да ја краде битката.

Бидејќи Александар Македонски се приближи од север, неговата борбена линија беше многу пократка од онаа на Персијците и со своето десно крило се најде точно спроти Дарие и персискиот центар. Според тоа, се' повеќе се стремеше да се приближи повеќе кон десно, за да може, како и во предходните битки, да го нападне левото крило на непријателот. Меѓутоа и Персијците приближувајќи се, отидоа во иста насока.

Продолжува

Империјата на Александар Македонски.

Бродовите на Александар Македонски.

Проф., д-р Томе Саздов

 

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*******************

 

 

 

 

ОЛОШКИТЕ ОД ГРАДИНАТА

  • Се пофали ж'лта дуња од градината,
    "Како мене, спроти мене поубо немат?"

    Ја дочула јаболшница от градината,
    "Што се фалиш ж'лта дуњо кошоглаица!
    Ја ке родам многу благи јаболка,
    Ке ме јадет мезе по ракиа."

    Ми ја дочу трендафилот от градината,
    "Што се фалиш јаболшнице бре шупливице!
    Ја ке цутам многу цвеке в година,

  • Ке ме берат многу млади јунаци,
    И невести, та и млади девојки".

    Ми го дочу крива лоза винена,
    "Што се фалиш трендафилу окопанику!
    Јас ке родам многу грозје в година,
    Ке оженам многу млади јунаци,
    Ке омажам многу млади девојки,
    Ке закопам триста старци, старици,
    Ке си крстам триста луди дечиња."
    ***********
    Проф. д-р Томе Саздов, од Зборникот со народни умотворби на Миладиновци.

ЛОЗЈЕ

ВИДЕОТЕКА

************

Kind regards : 30 ноември 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 181