ПОБЕДИВМЕ И ПАК ЌЕ ПОБЕДИМЕ!

Сотир

Сотир Гроздановски-Македонски

СМЕЛО, ДО КОНЕЧНАТА ПОБЕДА!

********

Триесетти септември 2018 година е ден кога Македонците рекоа НЕ за спогодбата со Грција. НЕ за злосторничката спогодба  насочена кон потполно обезличување, материјално и духовно осиромашување на  Македонците, како единствен суверен и државнотворен народ, во Република Македонија! НЕ за "Северна Македонија", туку за МАКЕДОНИЈА!

Ние имаме работа, мој народе mакедонски, со личност без срам, без достоинство, трчај лажи мангуп, но мораме да му признаеме  дека  е "оратор", кои може да помине кај некој, ама не кај сите.

Зоран Заев тоа го докажа на прес конференцијата, одма после заклучувањето на бирачките места и непотполните вистински резултати. Гласачите кои излегле на референдум во така "огромен" број, од над 620.000 и од нив "90%" гласале за спогодбата со Грција и влез во НАТО и ЕУ, доволно зборувал  дека референдумот е успешен. Но, сепак за да постане "победник"  и овој пат, ќе ја довршеле работата во Собранието, со  преуредување на Уставот на Република Македонија.

Денес, недела 30 септември 2018 година, мнозинството Македонци јасно и гласно на Зоран Заев и неговите истомисленици, до коски уплашени за своите политички иднини, им соопштија: Мангупи бегајте, не ве сакаме! Но, изгледа Зоран Заев одлучил да  оди и понатака по патот кој си го избрал, верувајќи дека на тој начин ќе успее да ја избегне одговорноста за велепредавство, но и за  криминалните дела кои успеа да ги избегне, засега, а за одсега ќе видиме!

На едно од новинарските прашања што ќе прави до колку пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не му се придружат во Собранието за создавање квалифицирано мнозинство потребно за  прифат на договорот со Грција, тој, како и секогаш со широка смрзната насмевка на лицето одговори: па во тој случај ќе ја искористиме последната алатка и ќе распишеме предвремени избори и тоа одма, а најдоцна до Ноември о.г.,  за да ги фатиме роковите за влез во НАТО и ЕУ! Одговори самоуверено, како и секогаш!

Во секој случај, Зоран Заев е коцкар и душевно нездрав, за да се има доверба во неговите зборови! На прашањето дали ќе даде оставка до колку сите овие негови планови паднат во вода, одговара со НЕ. Причината за тоа била што гласачите кои излегоа и го дале својот глас за доброто и просперитетот на "нашата мила Македонија", нив над 90% од тие што гласале ЗА или ПРОТИВ референдумот, не му дозволувале да ги изневери! Мора да се почитува нивната волја! Вели Зоран Заев!

Народе македонски, во секој случај нашата борба продолжува, зошто немаме друг избор!  Одиме до крај заедно и сплотени во одбрана на нашата татковина Македонија, но и одбрана на нашето  национално достоинство!

Ова беше првата битка од нашата борба за спас на македонската држава и нашиот идентитет, но по се' изгледа, не и последна!

Се' се може, ако се сака! Нашата сила е во нашето единство, кое не е во прашање, кога се работи за татковината и  нашите национални интереси! Затоа, драги мој народе:

СМЕЛО НАПРЕД  ДО КОНЕЧНАТА ПОБЕДА! ЗАЕДНО, МОЖИМЕ СЕ'!

 Ваш Сотир

 

________________________*********_______________________

Пишува Дарко Јаневски

ЗОШТО ТУРЦИТЕ ИМ ГО ПРЕДАЛЕ СОЛУН НА ГРЦИТЕ БЕЗ И НАЈМАЛА БОРБА ?

СОЛУН - Бајазит кула.

Солун од Турците на Грците, без борба. Зошто?

Истата таа турска армија која ја 'изгуби' Првата балканска војна од многу послабите балкански армии, во Првата светска војна, поточно од февруари до август 1915 година, на Чанка Кале и плуостровот Геиболу, под командатат на генијалниот војсководец Мустафа Кемал - паша познат кај народот како Ататурк, ги победи најмоќните армии на светот - англиската, француската и на нив приклучените грчки, канадски, јужноафрикански, австралиски, новозеландски и други сили. На источниот фронт истата армија ги порази и руските сили потпомогнати од ерменските чети. Турската армија и во националослободителната војна која траеше од 1919-1922 година на јужниот фронт во Анадолија ги победи француските и италијанските, а на западниот фронт грчките и англиските сили. Затоа, повлекувањето на турската армија во Првата балканска војна без борба од Македонија е европска Турција пред армиите на балканските држави, во историјата се уште се смета како необјаснив феномен, вели д-р Јусуф Хамзаоглу.

Дарко Јаневски

Турската историска наука со години не може да си објасни зошто во Првата балканска војна Солун без испукан куршум им беше препуштен на Грците. Д-р Јусуф Хамаоглу од Скопје, поранешен професор по турски јазик и литература на Педагошкиот факултет Св. Климент Охридски во Скопје, но со магистерска, а потоа и доктроска титула од областа на историјата и еден од најревносните истражувачи во турските архиви, е еден од оние кој со години се обидуваше да најде рационално објаснување за повлекувањето на турската војска од територијата на Македонија во текот на Првата балканска војна во 1912 година.

Иако не сака да се занимава со претпоставки, вели дека во тие клучни години постоеле низа моменти кога историјата можела да добие поинаков тек и кога малку недостигло Македонија да добие автономија на својата целокупна територија.

Балканските војни се водеа за поделба на европските територии на Османската империја, пред се' за поделба на Македонија која со своите 68.000 квадратни километри површина била два пати поголема од Србија, два пати поголема од Грција, поголема и од Бугарија без Источна Румелија. Кога кон ова ќе се додаде и геостратегиската положба на Македонија и нејзините природни ресурси, станува појасно дека Грција, Србија и Бугарија всушност се плашеле од можноста на Балканот да се создаде поголема, побогата и помоќна држава од нив, вели проф. Хамзаоглу.

 

АБДУЛ ХАМИД ВТОРИ ЈА ДРЖЕШЕ МАКЕДОНИЈА ЦЕЛОВИТА

Сепак, според него, корените на поделбата на Македонија можат да се бараат и во слабоста на Младотурците кои ја презеле власта од тогашниот султан на Османската империја.

Султанот Абдул Хамид Втори бил еден од најголемите државници на Европа во периодот од 1876 до 1909 година. Една од неговите цели кога е Балканот во прашање, била доследно да го применува начелото "раздели па владај". Затоа, неговата политика дозволувала во секое село, во секој град во Македонија христијанското население да има толку цркви, колку што народи живеат во тоа место. Таквата политика му овозможувала да ги држи бугарската, српската и грчката црква постојано во борба едни против други на територијата на Македонија. И додека тие се расправале меѓу себе, султанот знаел дека ќе може да владее со Македонија и да ја задржи во рамките на Османската империја. Меѓутоа, по победата на Младотурската револуција и по неговото детронирање во 1909 година, младотурските лидери со своите ирационални политички и други постапки направија многу грешки. Некои од нив беа кардинални и историски, и имаа мошне негативни последици за Османската империја. Со тие грешки придонесоа балканските држави кои беа подржувани од Русија и некои други европски сили, да се обединат во војната против Османската империја за завојување на нејзините европски територии. Една од клучните грешки на Младотурците беше и изгласување на Законот за цркви и училишта во османскиот Мехлис во јули 1910 година со што тое придонесоа во Македонија и за Македонија прво да се обединат црквите, а потоа и другите институции во Грција, Бугарија и Србија. Со тоа обединување, всушност, беа удрени темелите на Балканскиот воен сојуз против Османската империја кон кој подоцна се приклучи и Црна Гора, смета проф. Хамзаоглу.

Тој истакнува и дека ваквата политика на Младотурците проследна и со низа други грешки овозможила Османската импероја да влезе во серија војни во периодот 1912-1922 година и при тоа не само да остане без балканските и некои територии на Блискиот Исток, туку и да загуби 4 милиони луѓе. Но, почетокот на сето тоа се балканските војни по кои сојузниците ја окупираа Македонија, а според професорот најинтересно е тоа, што на необјаснив начин, најголемиот дел  од Македонија го зазедоа грчките сили.

Турската армија во Првата балканска војна само кај Куманово и кај Бакарно гумно водеше големи битки против сојузничките сили. Надвор од споменатите битки,  по наредба на домашните и меѓународните масони кои беа инволвирани во турската армија и османското оопштество, од сите територии без борба се повлекуваше кон Истанбул и Анадолија. Таа без борба се повлече од Скопје во кој покрај гарнизонот, во рацете на народот имаше повеќе од 110.000 пушки и друго оружје.Без борба се повлече и од Солун, во кој имаше повеќе од 40.000 добро наоружани војници, 400 најмодерни крупови топови, а во солунското пристаниште беа стационирани неколку разурнувачи, крстосувачи и најмалку две подморници. И нека не ве чуди тој податок со подморниците, зашто Турција на Балканот го имаше стационирано своето најмодерно оружје за тоа време, истакнува проф. Хамзаоглу.

Овој збир на податоци покажува дека турската армија, иако распрсната на повеќе фронтови, можела да се спротивстави на балканските сојузници, посебно на Грците за кои сите податоци велат дека имала најслаба војска и покрај странските инструктори, и во најмала рака да води војна по која таа би седнала на преговарачка маса, но не како поразена страна, туку како рамноправен партнер, што на Македонија сосема извесно ќе и донело автономија. Вака, турскиот предлог на Лондонската конференција во 1912 година за автономина Македонија во рамки на Османската империја, бил арогантно одбиен.

ПРЕВРАТОТ ДОШОЛ ДОЦНА

Истата таа турска армија која ја изгуби Првата балканска војна од многу послабите балкански армии, во Првата светска војна, поточно од февруари до август 1915 година, на Чанак Кале и полуостровот Геиболу, под командата на генијалниот војсководец Мустафа Кемал-паша познат кај народот како Ататурк, ги победи најмоќните армии на светот - англиската, француската и на нив приклучените грчки, канадски, јужноафрикански, австралиски, новозаландски и други сили. На источниот фронт истата армија ги порази и руските сили потпомогнати од ерменските чети. Турската армија и во националослободителната војна која траеше од 1919-1922 година на јужниот фронт во Анадолија ги победи француските и италијанските, а на западниот фронт грчките и англиските сили. Затоа, повлекувањето на турската армија во Првата балканска војна без борба од Македонија и европска Турција пред армиите на малите балкански држави, во историјата се уште се смета како необјаснив феномен, тврди проф. Хамзаоглу.

Евентуален спас за Македонија можел да се најде во некаков преврат во Истанбул кој би ги симнал Младотурците од власт. Превратот навистина и се случил, но според проф. Хамзаоглу, бил изведен прекасно.

Со сила извојуваната младотурска победа на изборите во периодот јануари-март 1912 година, кои биле наречени и "сопа сечимлери", односно "избори со стап", не ја подобрила лошата економска и политичка ситуација на Османската империја. Неуспешната економска, социјална, внатрешна и надворешна политика, оддалечувањето на воената и граѓанската интелигенција од Младотурците, продолжувањето на војната со Италија во Либија, раздвижувањето на некои нетурски народи во европска Турција, Анадолија и арапските територии, избувнувањето на востанието на Албанците од Косово и Албанија во почетокот на мај 1912 година, омасовувањето на турското офицерско движење за спасување на Османската империја и стравот да не бидат виновни и обвинети за споменатата ситуација, влијаеле Младотурците тивко да поминат во опозиција, а нивната влада да поднесе оставка на 16 јули 1912 година.

На 21 јули истата година нова вчада формирал генералот Гази Ахмет Мухтар-паша. Поради тоа што тројца поранешни претседатели на влади биле членови и на оваа влада, таа била именувана како Голем кабинет. Новата влада била антимладотурска. Ахмет Мухтар-паша веднаш ги сменил началникот на полицијата и командантот на елитната Прва армија во Истанбул, а на нивни места назначил свои луѓе. Тој извршил смени во речиси сите владини и други државни институции, меѓутоа за целосно исфрлување на Младотурците од власт, новата влада требало да се ослободи и од младотурскиот Мехлис. Поради тоа, Ахмет-паша пред да го распушти Мехлисот прво побарал гласање за доверба на неговата влада. Откако ја добил довербата,  на почетокот на август 1912 година биле распишани нови парламентарни избори што требало да се одржат есента 1912 година. Но, Младотурците предоцна биле отстранети од власт. Со организирање на нови врховистички атентати и диверзии во втората половина на 1912 година, прашањето за Македонија добило нови димензии во чие решавање активно биле вклучени балканските држави. Во наведениот период веќе бил создаден воен сојуз меѓу балканските држави, така што било касно да се спречи Првата балканска војна. Последната шанса за Македонија се криела во самото водење на војната, која, моќната турска армија ја губи под необјасниви околности, смета проф. Хамзаоглу.

 

АНДАРТИТЕ ПРВИ ВЛЕГЛЕ ВО ГРАДОТ НА КАСАНДАР

Солун бил предаден на Грците на 26 октомври, односно 8 ноември 1912 година. Прва грчка сила која што влегла во Солун била андартската чета на адвокатот Чичеликис. Дури потоа во градот влегле регуларните грчки трупи, што само по себе покажува дека Грците сфаќајќи ја инфериорноста на својата војска во однсо на турската, внимателно го чекале развојот на настаните, за дури потоа да настапат.

Инаку, интересно е што во тоа време најбројно население во Солун биле Евреите. Грчките извори говорат за 60.000 Евреи, 30.000 Грци и по 10-тина илјади Бугари и Турци, односно муслимани. За разлика од нив, бугарската статистика на Васил Кнчев вели дека на почетокот на 20 век во Солун имало 56.000 Евреи, 15.000 Бугари и по 10.000 Турци и Грци. По влегувањето на Грците во Солун, етничката слика почнала рапидно да се менува. Во 1917 година во градот француските војници подметнале пожар, по кој околу 70.000 луѓе останале без своите домови. Најголем дел од настраданиот имот им припаѓал на Евреите, по што многу од нив се иселиле.

Инаку, градот е основан од македонскиот крал Касандар во 315 година пред нашата . ера. Се верува дека името го добил по неговата сопруга, сестрата на Александар Македонски, Тесалоника. Втората верзија е дека името го добил по победата на Филип Втори над Тесалијците.

 

Денешен.мк

 

 

 

 

 

 

 

Славе - Катин

 

Славе Николовски - Катин

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

ДЕЛ 25

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ КАКО ИДЕН ВЛАДАТЕЛ НА МАЛА АЗИЈА

 

Александар Македонски започна да го прогонува непријателот по целата линија, како и на неговиот татко така и неговата цел беше целосно уништување на непријателот. Им дојде зад грб на античките грчки наемници, кои беа сведоци на несфатливата тактика на персиските дворјани.

Александар Македонски и' нареди на својата фаланга да нападне фронтално, додека коњаницата нападна отстрана, со што овие антички грчки единици беа целосно уништени, со исклучок на околу 2.000 преживеани. Тоа спречи еден дел од коњицата да учествува во натамошното прогонување на непријателот.

Така по неколку часа на едно попладне во мај 334 година беше извојувана голема победа, пред се', како резултат на генијалната стратешка подготвеност на Александар Македонски, како и на супериорната вооруженост на единиците. Како што раскажува добро информираниот Аријан, во решавачката коњичка битка македонското фрлање на копје се покажа подобро од персиското.

Ова фрлање на копјата беше ужасно, бидејќи Македонците под команда на Александар ги погодува своите цели што е можно повеќе, а ваквата супериорност на оружјето ја поттикнуваше коњицата да победува.

Загубите на кралските следбеници беа сосема мали и изнесуваа само 25 души од полкот што беше испратен да се бори против Мемнон, додека другата коњица даде околу 60, а пешадијата околу 30 жртви. Вака малите загуби звучат сомнително, но кон тоа мора да се додат ранетите од кои голем број умреа.

Александар Македонски му нареди на скулпторот Лисип да направи статуи за тие 25 кралски следбеници, кои беа поставени во Дион, во Македонија, а нивните семејства беа ослободени од плаќање данок. Кај Персијците веројатно мнозина настрадаа, а особено загинаа многумина нивни водачи.

На денот на битката Александар Македонски направи свечен погреб не само за своите луѓе, туку и за Перијците. Тој покажа човечност и големо внимание спрема ранетите. Ги повика пред себе да му ги покажат раните и да му раскажат како ги добиле. Им посвети големо внимание дури и кога тие покажуваа извесна суетност. Оттука може да се сфати со каков ентузијазам војската се жртвуваше за таков водач.

Со итра дипломатија што ја стекна во неодамнешните незгоди во Античка Грција, Александар Македонски со способност на генералисимус од панелинистичката војна за одмазда, оваа победа на Граник ја обнароди во светот како победа на Коринтската лига.

Ова е значењето на посветениот напис што беше изгравиран по негова наредба на триста персиски оклопи што ги  испрати во Атина за да бидат приложени како жртви за доброто на Акропол, а на кои пишуваше: "Александар Македонски, синот на Филип Македонски, и сите Елини, но не и Лакадемонијанците, го присвоија ова од варварите кои ја населуваа Азија".

Немаше ниту збор за неговите Македонци. А од античките грчки контингенти беше ангажирана само коњицата. Исто така, значајно е што Александар Македонски не се опишува сам како крал, а со јазикот на панелинистичката пропаганда, Персијците ги нарече варвари.

На исти начин, со намера да се почитува Лигата и ставајќи се себеси во почожба на избран генералисимус, заробените антички грчки наемници ги испрати во окови на принудна работа во Македонија, затоа што "спротивно на одлуката на Лигата на Елините, тие се бореа за варварите, а против Елините".

Дворскиот историчар Калистен го прослави Граник како панелинистичка победа. Кога вели дека борбата се водела на Адрастеанското поле, а во објаснување на името го спомнува и стариот крал Адраст, кој направи култ од Немас во овој регион, тој веројатно гледа божественост во фактот што Александар Македонски победи овде како "одмаздник" на Античка Грција.

Александар Македонски не отиде да војува единствено како генерал на Лигата, туку исто така и како крал чии цели беа да освои теритотии засебе. Несомнено, точно беше пренесена идејата со приказната на Клитарх, кога Александар Македонски го фрлил копјето пред себе при истоварувањето на азискиот брег.

Од моментот кога стапи на азискоатичкта почва, како што покажаа неговите натамошни акции, тој ја сметаше како "земја освоена со своето копје". Во таа смисла Дијадохите го употребија истиот израз за да го потврдат незаконското постоење на своите освојувачи.

Несомнено, како генерал на Лигата, на Александар Македонски прва должност му беше да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, се' што беше надвор од овие градови и нивните територии, тој покори за себе. Александар не дојде како опустошувач, туку како иден владател и во покорениот народ виде свои поданици.

Тој имаше желба да ги смири народите со новата власт, но притоа ги зеде предвид нивните национални традиции, онолку колку што можеше да дозволи неговата империја, при што во новите услови тие требаше да бидат мирољубиви.

 

 

 

Битката на Граник

Веднаш по навлегувањето во новата земја, Александар Македонски започна да владее како нејзин крал. По битката на Граник ја организира администрацијата во намесништво на Хелеспонтинската Фригија, чиј намесник Арсит избега од борбата.

Наместо него, го наименува македонскиот благородник Кала. Беше најинтересно, а можеби и многу изненадувачко за неговите Македонци, што тој не му даде на Кала македонска титула, туку му даде стара персиска титула намесник (Ксатрапаван - заштитиник на државата) на што населението беше навикнато во минатиот период.

Со титулата, Кала доби исто толку функции колку и Арсит. Александар Македонски не направи ниту една измена со своите барања од новите поданици, истиот данок што тие дотогаш му го плаќаа на Големиот крал, сега ттебаше да му се плаќа на новиот господар. Веднаш го натера Парменион да го заземе местото во владдата на намесништвото на Големиот крал, чија круна подоцна ја зеде засебе.

Овие мерки, со кои Александар Македонски не ги спои новите освоени земји со своето македонско кралство, туку ги остави настрана, независни, ни покажуваат дека покрај тоа што може да се формира точна претстава за неговите планови и надежи, туку не пројави ни најмалка намера за заокружување на своето македонско кралство.

Непосредниот ефект од победата на Граник се состоеше во тоа што соседните делови на западна Мала Азија паднаа во рацете на Александар Македонски без борба. Кога дојде во Сард, седиштето на владата на лидијанското намесништво, му се предадоа не само градот, туку и тврдината која беше неосвоива заедно со големото богатство, каде што за командант постави Македонец. Исто така, Александар Македонски им покажа дека тука не дошол да ги зароби, туку да ги ослободи и со почит гледаше кон нивните национални карактеристики.

На лидијците, луѓе од старата цивилизација, кои ја поттикнаа античката грчка култура особено во религијата и музиката, Александар Македонски им ги врати старите лидијски закони што владееја пред да бидат покорени од Персија. Тој, исто така, покажа дека дошол да ја воведе античката грчка култура на Исток, затоа во тврдината на Сард изгради храм и олтар посветен на олимпиецот Зевс, панелинистичкиот бог.

Откако го именува Македонецот Асандер за намесник на Лидија, Александар Македонски му ја довери финансиската контрола на еден свој офицер, потоа дојде до  брегот во Ефес и според својата панелинистичка задача започна да ги ослободува античките грчки градови. Од Ефес со голем број единици ги освои асолијанските и северните јонски градови, а на југ Магнезија со Трал на Меандер кои ја изразија својата приврзаност кон кралот.

Александар Македонски насекаде ги исфрли олигархиите, а воспостави демократија со нивните поранешни закони. Тоа го направи овде и насекаде како противмерка на персиската влада која постојано ги фаворизираше олигархиите.

Притоа, плаќање на данок на Персија од страна на античките грчки градови беше укинато. Насекаде ослободувањето од персиската власт беше поздравено со одушевување, а Александар Македонски се прославуваше како ослободител. Преку пренесувањето на правото на имот на античките народи од Мала Азија според Кралкиот мир, Персиската империја доби многу економски предности, бидејќи овие антички Грци имаа подобри материјални услови од слободните антички народи во татковината кои се судруваа со крвави караници.

Инаку, во изминатите и во идните продолженија ќе се обидеме преку "Македонска нација" да го претставиме историскиот роман "Александар Велики" од германскиот научник Урлих Вилкен (Urlich Wilcken ALEXANDER THE GREAT), преведен и прилагоден од англиски на македонски како "Александар Македонски" од Славе Николовски-Катин, а во издание на Издавачката куќа "Мисла" од Скопје, во 1988 година. Преводот на романот "Александар Македонски" беше прво дело за Античка Македонија на македонски јазик и беше добро прифатен пред триесетина години.

 

Продолжува 

 

 __________________________*******________________________

Розита - поетеса

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

**********

 

 

 

 

 

ДА НЕ ДОЈДЕ... АКО МОРАМ ДА ЗАМИНАМ

 

  • Ако еден ден
    домот ми стане туѓ
    и ми се одмили,
    ќе морам да заминам
    лажејќи се себеси
    дека ќе го преболам.

    Само почекајте ме
    устава да ми онеми
    и очиве да ми ослепат,
    пред да изустам клетви
    и пред да видам стреи
    со гнезда напуштени.

    Дури и слепа и нема
    со душава ќе крикам
    со лелек и со пискот
    од скрб по домот.

    Кога ќе премалам
    и во сон ќе потонам,

  • тогаш одведете ме
    таму под некое небо
    туѓо и непознато.

    Во едната дланка
    ставете миврзопче
    со грутки црнозем
    и леплива црвеница
    од нашите ораници.

    Во другата ставете ми
    крст и гранче босилок,
    а во пазувите синчец
    за да го понесам небото
    таму некаде далеку
    под туѓото сивило
    ********
    Автор Розита Христовска
    Среда, 12 септември 2018 година.

ВИДЕОТЕКА

************

Kind regards: 03 октомври 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 170