НИКОГАШ СЕВЕРНА - СЕКОГАШ МАКЕДОНИЈА!

 

 _________________________********_________________________

 

Сотир

Сотир Гроздановски-Македонски

ВО ПРЕДВЕЧЕРИЕТО НА ПОГУБНИОТ РЕФЕРЕНДУМ

**********

Секој си ја пее својата песна: Албанците заедно  со СДСМ и нивните тајкуни, од приватизацискиот-арамиски   период, но и некои од нашата страна, смртно уплашени за работните места и безбедноста на нивните семејства и на крајот ние мнозинството, заедно со дијаспората,  кои цврсто веруваме дека спогодбата од Преспа е нож во срцето на Македонија и на Македонците, прво, а после на сите останати граѓани на Македонија.

Во стравот големи се очите и многу сакаат да ја пикнат главата било каде, само да не се соочат со вистината, од која не се бега. Таа се дочекува стоечки и подготвен на се' што може да се случи.

Сите сме од месо и крв и имаме семејства, имот кој можеме да го изгубиме,    работни места кои и така во овие времиња на уцени, закани, поткуп што се загрозени. Но да беа сите такви: неодлучни, уплашени и од сенката своја, како Букефал на Александар Македонски, Македонија и ние со неа одамна не би биле тука каде и сме; здрави и живи но и уплашени и неодлучни.

Заради нашето самозадоволство и слепо верување во лидери кои не се способни ни со метла да си го исчистат двориштето, а камо ли нам да ни донесат благосостојба и безбедност, не верувавме дека некои нови предавници и изроди ќе одат толку далеку, да се здружат со сите надворешни мешетари и буквално да ја продадат Македонија заедно со нас Македонците за влез во НАТО и Европската Унија.

И така се соочивме со најголемата загуба која би можела да не снајде, да ја изгубиме Република Македонија и самите себеси и своеволно да постанеме ново откриено диво племе без држава, без свој јазик, историја...!

Наместениот референдум за 30 септември о.г. и збунувачките прашања: дали сакаме влез во НАТО и во Европската Унија со прифаќање на спогодбата со Грција (без објаснување што ни донесува таа спогодба и што ние и' даваме на Грција) е уште една голема лага, ама за навек. Ете тоа сака Зоран Заев со своите мангупи и битанги да ни стави врз нашите плеќи и да си ги испере своите нечисти раце, невин како новороденче. Зошто? Затоа што во тој случај ние, Македонците, сме криви за нашето само одрекнување од својата држава и од самите себеси.

Затоа референдумот е стапица за  да се самоизбришеме како Македонци и на наше место од како ќе не снема и постанеме "северни Македонци" вакумот кој ќе го направиме да го пополнат Албанците!

Не е за џабе што Албанците бараа двојазичност, статус на државотврен народ и непризнавање на Македонците. И затоа  изјавуваат (Османи) дека ова тие го чекале 15 години  за  Македонците да си се самоизбришат!

Зарем до таму стигнавме?

ЈАС НЕМА МНОГУ ДА ВИ ОБЈАСНУВАМ ЗОШТО ТРЕБА ДА ГО БОЈКОТИРАМЕ РЕФЕРЕНДУМОТ! ВИЕ ТОА ГО ЗНАЕТЕ!  ОД ТЕМЕЛ ДА СЕ ПРЕСТРОЈ ДРЖАВАТА И ТАКА ЈА ПОВРАТИМЕ САМОДОВЕРБАТА ДЕКА И НИЕ МОЖЕМЕ ДА ИМАМЕ МЕСТО ПОД НЕБОТО ВО КОЕ УБАВО СЕ ЖИВЕЕ ОД СВОЈАТА СОПСТВЕНА РАБОТА, БЕЗ НАТО И ЕВРОПСКАТА УНИЈА КОИ ОДАМНА СИ ГИ ПОКАЖАА  РОГОВИТЕ И ЗЛИТЕ НАМЕРИ СПРЕМА НАС МАКЕДОНЦИТЕ И МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА! 

Ево што вели грчкиот парламентарец од партијата РЕКА, господинот Даниелис, за спогодбата со "втората страна": 

- Спогодбата е добра, зошто ние си добивме што си сакавме - Историјата и името, "втората страна" државјанство на "северна Македонија" и македонскиот јазик, кој нема никаква врска  со античките Македонци, кои се грчко наследство!

Сега двете земји и двата народи имаат можност да свртат страница, да ги обединат силите и да живеат како вистински пријатели!?? - вели Даниелис.

Па, мој народе, сега го знаете крајот на приказната со Грција, но и со Бугарија и Албанците, паметот во главите и:

 

БОЈКОТ НА ЛАГИТЕ И ПРЕДАВСТВАТА НА ИЗРОДОТ ЗОРАН ЗАЕВ И НЕГОВИТЕ ПОТРЧКОВЦИ И ПРОДАДЕНИ ДУШИ!

***********

Ваш Сотир 

 

 

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО УСТАВНОТО ИМЕ, ПАТ ЗА ТРАЈНА БЕЗБЕДНОСТ НА БАЛКАНОТ

***********

ПИСМО ДО ТРАМП,ПУТИН, МАКРОН... АЛТЕРНАТИВА ЗА МАКЕДОНИЈА

 

 

До: Неговата екселенција Доналд Трамп, претседател на САД,

Неговата екселенција Владимир Путин, претседател на Руската Федерација, 

Неговата екселенција Си Џинпинг, претседател на Народна Република Кина,

Нејзината екселенција Тереза Меј, премиерка на Велика Британија,

Емануел Макрон, претседател на Република Франција,

Антониу Гутереш, генерален секретар на Организацијата на Обединетите нации.

******

 

Ваши екселенции,

Ви се обраќаме вам лидери на државите, постојани членки на Советот за безбедност, и вам генерален секретар на Обединетите нации, да се застапите за почитување на рамноправноста, сувереноста и уставното име и на нашата држава Република Македонија (како на сите други држави - членки) во Организацијата на Обединетите нации. За да му се почитува и на македонскиот народ самоопределувањето и самоименувањето со своето народно историско име, со името на земјата Македонија.

Република Грција одби да ја признае нашата држава под нејзиното уставно име Република Македонија; не ја призна и не ја признава пресудата на Меѓународниот суд за правда за спорот што таа го предизвика, континуирано врши  жесток притисок, наметнува блокади за нејзина изолација и дестабилизација, опасно и за безбедноста на Балканот.

Апелираме да се застапите за целосно спроведување на наведената пресуда и за замена на привремената референца за нашата држава во Обединетите нации со уставното име Република Македонија. Име под кое е признаена од повеќе од две третини од државите-членки на ООН, меѓу кои и повеќето од вашите држави (САД, Руската Федерација и НР Кина). Така ќе се затворат прашањата од вашите резолуции 817 и 845.

Деценискиот спор останува нерешен и нерешлив. Единствено праведно и трајно решение е признавање на Република Македонија со статус на НЕУТРАЛНА ДРЖАВА на Балканот, со можност за стапување во членство на Европската Унија. Само тогаш и само така ќе се затвори отвореното македонско прашање, по што нашата мала држава ,Република Македонија, ќе може слободно да се развива и да придонесува за регионалната безбедност, што е во интерес на сите на Балканот, во поширокиот регион и во Европа.

Ви се обраќаме уште и да ве информираме дека актуелната (наметната) влада на нашата држава, на партијата СДСМ, се оттуѓи од мнозинството на својот народ. Во сојуз со партиите на албанското малцинство, подржувана од инволвираните надворешни фактори, договори менување на Уставот на Република Македонија за промена на уставното име на државата, деноминација на македонскиот народ и на нацијата. Преседан непознат во историјата на Европа едно малцинство да и' го смени името на државата, да го деноминира државнотворниот мнозински народ, што е преседан со извесни далекосежни импликации.

Како што и вам ви е познато оваа влада во таканаречените преговори со Грција за наметнатиот спор за името, учествуваше не како влада на суверена држава со свое уставно име, ниту под привремената референца, туку како влада на провинција - "втора страна". "Молеше" и "издејствува Владата на Грција да се смилува да прифати создавањето на "новата" држава, таа да и' го определи името и уставното уредување. 

По постигнатата "согласност" го потпиша текстот на спогодбата (што и' беше ставен на маса) за "создавање" држава "Република Северна Македонија". Со одредбите во спогодбат во Уставот на "Република Северна Македонија" се брише македонскиот народ, останува мнозинското население без својот национален идентитет (се создава нов ентитет на "Македонци и Македонки" - граѓани на Република Северна Македонија) и национални малцинства.

Напоменуваме дека е прашање на не толку далечно време, кога македонскиот народ самиот ќе ги среди и уреди работите во својата држава.

 

АРГУМЕНТИ

Ваши екселенции,

Македонскиот народ континуирано од 80-тите години на 19 век (од времето на големата источна криза) ја започна својата оружена борба за ослободување и самостојна држава под национално знаме со впишано народносно и историско име Македонија. Пред 140 години (на Берлинскиот конгрес) при одлучувањето за мирот и повоеноит поредок на Балканот, македонското прашање беше оставено нерешено за одржување на контролирана нестабилност во регионот од посебен стратегиски интерес.

Во 1903 година, по сенародното оружено востание за ослободување и за создавање автономна држава Македонија заинтересираните европски фактори интервенираа за воспоставување на мирот со провизорни реформи за задржување статус кво. Во исто време покровителствуваните балкански држави: Грција, Бугарија и Србија беа поддржувани, вооружувани и инструирани за војна за завладување и поделба на Македонија.

Со Балканските војни Македонија беше окупирана и поделена, македонскиот народ распарчен. По цела година започна Првата светска војна на Балканот. Борбено способниот дел од народот беше присилно мобилизиран во армиите на државите-окупаторки. На македонската територија беа концентрирани повеќе од 1.200.000 војници на војувачките држави. За време на шесте години последователни војни од 1912 до 1918 година, Македонија беше и буквално опустошена, разорена, а отпорот оневозможен.

Пред крајот на војната, со објавувањето на Мировната програма од "14 точки" на претседателот на САД, Вилсон, за повоено уредување на Европа со примена на принципот за право на народите на самоопределување и самостојна државност, привремено му се врати надежта и на македонскиот народ за слобода и за државна самостојност. Американскиот експертски тим, по направената експертиза на Букурешкиот договор, извести дека истиот тој не може да претставува основа за решавање на "балканскиот проблем".

Но, прокламираниот принцип за право на народите во Европа на самоопределување на Мировната во Версај, во 1919 година, беше применет селективно. Македонските барања беа игнорирани. На македонскиот народ не му беше признато правото на самоопределување и државност. Македонија беше поделена и доделена на балканските држави Грција, Србија и Бугарија.

Поделбата на Македонија беше историска грешка со далокосежни опасни последици за мирот на Балканот и во Европа. Версајскиот мир остана само привремен, а воспоставениот поредок на Балканот неодржив.

Грција ја операционализира својата националшовинистичка политика, утврдена со грчката национална доктрина (претставена со грчката "Голема идеја") за менување на етничкиот карактер на анектираниот дел од Македонија, преименуван во Северна Грција. Систематски спроведуваше жесток терор врз македонскиот народ; протерувања, забрана македонското име, присилно грцизирање на македонските лични и семејни имиња, драконски казни (затвор, претепувања и интернирања) за говорење на македонскиот јазик дури и во домот, во семејството, одземање на земјата и колонизирање со Грци, промена на топонимите и др., геноцидна политика спроведувана од почетокот на 20 век.

Во 1925 година, по интервенцијата од Друштвото на народите, кое ги прифати македонските барања (од македонските друштва и организации), Владата на Грција официјално го призна постоењето на македонското национално малцинство и се обврза на обезбедување и остварување на малцинските права. Владата отпечати буквар - АБЕЦЕДАР за образование на македонски јазик во училиштата во егејскиот дел на Македонија. Како потврда на тоа депонира примерок од букварот во седиштето на друштвото, во Женева. Признавањето беше потврдено дополнително со службено писмо од грчкиот дипломатски претставник во Друштвото на народите Василис Дендрамис (од 10 ноември истата година) до директорот на Одделението за малцинствата при Секретаријатот на друштвото Ерик Колбан. Со тоа Грција даде свој придонес за меѓународно легитимирање на македонскиот јазик, народ и нација. Но набргу, кога притисокот престана, Грција се откажа од преземената обврска и се врати на својата геноцидна политика во анектираниот дел од Македонија.

Отпорот продолжуваше континуирано во сите делови на окупирана Македонија.

На почетокот на Втората светска војна поделена Македонија пак беше делена и поделена од фашистичките држави: Бугарија, Италија и Германија.

Македонскиот народ им се присоедини на антифашистичките сили во општиот антифашистички фронт. Во вардарскиот дел, за нецели четири години сенародна оружена борба, создаде своја армија и се ослободи со сопствени сили, безмалку една година пред завршувањето на војната во Европа. На 2 август 1944 година македонскиот национален парламент - Собранието, со учество на пратеници од сите делови на Македонија, го објави создавањето на македонската држава - самостојна демократска Македонија.

Мисиите на САД, СССР и Велика Британија на заседанието на Собранието го поздравија создавањето на македонската држава. Водачот на воената мисија на САД мајорот Дикинсон пред македонските пратеници изјави: "Среќен сум што гледам една нова држава, која се ослободи од фашизмот и започна со своето изградување. Жалам што не можам да ви ги пренесам поздравите на вашиот јазик".

Претставникот на руската воена мисија Инков кажа: "Македонскиот народ се справи со задачите што стоеја пред него во врска со уништувањето на големиот непријател на прогресивниот севет - фашизмот", а британскиот претставник, мајорот Милер: "Многу сум среќен што можам да ја видам Македонија слободна. Јас со вас бев во шумите околу седум месеци и лично сум уверен дека жртвите што вие ги дадовте во борбата се големи. И јас, како мајорот Дикинсон, жалам што не можам да ве поздравам на македонски јазик".

 

Меморијален центар на АСНОМ 1944 година

Демократска Македонија како самостојна суверена држава (со свој парламент, устав, влада, армија, државни симболи знаме и химна) влезе во сојуз со суверените држави (Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора и Босна и Херцеговина) Југословенската федерација, со уставно загарантирано право на отцепување и независност. Како суверена држава Македонија се претстави на Мировната конференција во Париз 1946 година со свој претставник (Димитар Влахов) во состав на Југословенската делегација. На Париската конференција се поведе расправа за македонското прашање, но беше оставено нерешено.

Владата на Грција за време на Граѓанската војна (1946-1949) изврши нов геноцид врз македонскиот народ, десетици илјади Македонци, повеќето жени и деца беа протерани.

Македонското прашање во Грција и во Бугарија беше отворено и се спореше за целиот период на постоењето на поранешна Југославија. На почетокот од распадот на југословенската сојузна држава и Македонија го употреби своето уставно право (загарнтирано со својот Устав и со Уставот на сојузната држава) за мирно државно осамостојување. На рефереднумот на 8 септември 1991 година, со апсолутно мнозинство од сите нејзини граѓани, се прогласи за самостојна и независна суверена држава Македонија.

Република Македонија од позиција на самостоен државотворен субјект во меѓународните односи, за да превентира проблеми со Грција, објави дека "строго ќе го почитува принципот на неповредливост на границите, гаранција за мирот и стабилноста во регионот..., дека нема територијални претензии спрема која било држава во соседството". И тоа не ја задоволи Грција, која не сакаше и не сака на нејзината граница да постои држава Македонија и' беа поставени дополнителни услови за признавање на државната независност. Условено државното раководство издејствува измени во Уставот. Со амандмани прифатени од Собранието (на 6 јануари 1992 година) се откажа од легитимното право да води грижа за положбата и правата на македонското малцинство во соседните држави, вклучувајќи ја и Грција.

Само по неколку дена, на 15 јануари, Арбитражната европска експертна комисија, под претседателство на францускиот правник Бадентер, извести дека Република Македонија ги исполнува сите услови за меѓународно признавање за независна држава под нејзиното уставно име, дека името не имплицира на територијални претензии.

Нашето државно раководство во почетокот на 1993 година прифати, без знаење на македонскиот народ и сите граѓани на државата, признавање на независноста на државата под привремената референца "Поранешна Југословенска" Република Македонија и побара прием во ООН, без ограничување на времетраењето на референцата.

На 8 април 1993 година Република Македонија беше примена во ООН под таа референца со дополнителен посебен услов, каков што не и' беше поставен на ниту една држава при нејзиното зачленување, да разговара со Грција (под медијаторство на претставник на ООН) за име на нашата држава.

Грција продолжи со жестокиот притисок, закани со демонстрации на сили, повреди на воздушниот простор, економска војна и целосна блокада. Во 1995 година Грција, по интервенција од САД, прифати и потпиша со Република Македониј Привремена спогодба со која се обврза да не го попречува зачленувањето на Република Македонија во меѓународните организации, под услов таа - "втората страна", да го смени државното знаме. Република Македонија го смени државното и национално знаме, а Грција не ја ратификува потпишаната спогодба, не ги призна преземените обврски, го блокира нејзиниот прием во НАТО и во ЕУ. Не ја призна и не ја признава ниту пресудата на Меѓународниот суд на правдата.

Грчката влада на Ципрас продолжи со политиката на условувања и уцени. Нашата актуелна влада на Зоран Заев прифати и потпиша спогодба со Република Грција со која се обврза да го смени уставното име Република Македонија и да го замени со Република Северна Македонија, со далекосежно погубни последици за македонскиот народ и нација.

********

Од изложеното е непобитно дека немаше, нема и нема да има трајна безбедност на Балканот со непризнавање на нашата држава под нејзиното уставно име Република Македонија, со непризнавање на елементарното право на македонскиот народ на самоопределување и на самоидентификација со своето народносно историско име, со името на својата земја Македонија, за кое многу генерации Македонци со децении ја пролеваа својата крв и ги положија своите животи.

Македонскиот народ се децении негиран, окупиран, делен, жестоко тероризиран, денационализиран и асимилиран од соседните држави, сега членки на НАТО и на ЕУ, опстои и се избори за самостојна независна држава. Извесно е дека нема и не може да има смирување, ниту членство на Република Македонија во НАТО и во ЕУ. И при присилно присоединување на "Северна Македонија" во НАТО македонското прашање не се затвора. Со време одново ќе се појави со сета сложеност и опасност за регионална безбедност и за мирот во Европа. Наметнуваната состојба е неодржлива.

Уште еднаш напоменуваме дека единствено трајно решение во општ интерес е членството на Република Македонија во Обединетите нации под уставното име и признаен статус на НЕУТРАЛНА ДРЖАВА на Балканот, со можност за стапување во членство во Европската Унија.

 

проф. д-р Михајло Миноски,  проф. д-р Тодор Чепреганов, проф. д-р Мишо Нетков

 

Извор: НОВА МАКЕДОНИЈА

 

______________________________*********____________________________

 

 

Славе Катин

 

Славе Николовски-Катин

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

ДЕЛ 24

ПРИМЕНА НА "КОСИОТ БОРБЕН СТРОЈ" НА ГРАНИК - ПРВАТА БИТКА СО ДАРИЈ

****************

 

Кога командниот брод на Александар Македонски премина на тројанскиот брег, во центарот на Дарданелите, им принесе жртва на боговите на морето, Посејдон, Амифрит и Нереид. Кога дојде блиску до брегот, скокна сосе оклоп, го забоде копјето во песокливата плажа и извика дека ја добил Азија од боговите како "земја добиена со копје".

*****

Ова симболично присвојување на непријателската земја е направено и од Клитарх, но тоа многу карактеристчно и за однесувањето на Александар Македонски што може да се смета како историско. Наведувањето, меѓутоа, на неговиот извик се засновува врз извор премногу сомнителен за да ги оправда претпоставките за големината на неговите воени планови од тоа време.

Потоа Александар Македонски отиде во Илиум и со ентузијазам ги обнови сеќавањата за Тројанската војна. И' го посвети својот штит на Атина и наместо својот, зеде еден свет штит, божем од времето на херојските години и на олтарот од Зевс Херкеј принесе жртва на Пријам, кој според легендата беше убиен од Неоптолем, синот на Ахил.

Така, како наследник на Ахил, Александар Македонски сакаше да ја ублажи болката на Пријам. Во рамнината под ридот Александар и неговот пријател Хефестион положија венци на насипот со кој претпоставуваа дека се покриени останките на Ахил и Патрокле. Оваа екскурзија до Илиум овозможува длабоко да се проникне во романтична душа на младиот крал.

Откако повторно се соедини со својата војска, која во меѓувреме Парменион целосно ја префрли од другата страна на морскиот брег, Александар тргна напред, извидувајќи ја внимателно земјата каде поминува, за да се сретне со непријателот, кој, како што беше информиран, ги беше концентрирал своите воени сили недалеку од Зелеија, јужно од Мраморното Море.

По наредбата на Големиот крал, кој се' уште немаше вистинска претстава за опасноста што му се закануваше од Александар Македонски, намесниците и генералите веднаш загрижени ги собраа своите воени трупи од земјите на оваа страна на планината Таурус и му се придружија на Мемнон и на неговата војска.

На воениот совет во Зелеија, Мемнон веднаш предложи алтернативен план за битката. Да се повлечат во внатрешноста и со опустошување на населбите и со уништување на жетвата целосно да го ограничат Александар Македонски и да го натераат да се повлече назад, а во меѓувреме со помош на флотата да ја пренесат војната во Европа.

Овој вешт план, кој покажува длабоко проникнување во критичната ситуација на Александар Македонски, што би го ставил во положба слична на Наполеон во Русија, не беше прифатен, бидејќи беше предложен од еден странец, па затоа гордите Персијци најжестоко му се противставија. Поттикнати од чувството на супериорност, Персијците решија да го натераат Александар на битка на прагот на Азија.

Сепак тие беа доволно свесни дека нетреба да го сретнат Александар Македонски на отворено поле, односно сакаа да го избегнат неговиот фронтален напад. На тој начин, тие отидоа на запад до долниот тек на реката Граник, планинска река која се спушта од Ида и се влева во Мраморното Море и зазедоа позиција на десниот јужен брег.

Таму реката минува низ рамнина, а јужните брегови се издигаат на места стрмно и по два три метра. Со очигледна грешка во тактиката, Персијците ја поставија својата коњица (според Аријан таа броеше 20.000) пред стрмните брегови, од каде не можеше да се напаѓа, а пешадијата од античките грчки наемници (исто така 20.000, според истиот автор) ја поставија на извесно растојание зад коњицата.

Александар со своите колони во маршевски строј пристигна од северозапад, го разгледа местото за војување и реши да ја искористи грешката на непријателот и да го изненади со еден брз напад. Внимателниот Парменион му советуваше на Александар Македонски вечерта да се улогорат и да нападнат рано изутрина, но Александар го отфрли советот и им нареди на своите единици кои беа искусни во маневрирањето да формираат борбена линија.

Прв пат Александар Македонски тука го примени "косиот борбен строј", што неговиот татко Филип Македонски го позајми и го разви според идејата на Епаминонда. Ја подели својата војска во офанзивно крило десно командувано од него лично и дефанзивно крило на левата страна, чија команда му ја довери на Парменион

Во наредните две големи битки на Ис и Гавгамела ја употреби истата тактика, меѓутоа во секоја од овие три битки ги покажа особеностите кои одговараа на локалните услови, бидејќи Александар не признаваше шаблони во војувањето.

Основната цел на сите три битки беше, со непопустлив напад на македонската коњица на десната страна да го пробие левото крило на непријателот. Потоа, завртувајќи на лево да ја обиколи непријателската линија, додека полковите на фалангата, кои беа сместени во центарот, а заштитени со коњица од левата страна, требаше да се судри со непријателот и да го поврзе него со помош на коњицата.

Посебна карактеристика на битката на Граник беше таа што Александар Македонски не го напана крајното лево крило на непријателот, каде што беше Мемнон и каде што, во очекување на Александар Македонски, Персијците ги поставија своите борбени линии во многу густ строј. Александар ги построј лесните единици од пешаци и ескадронот на тешка коњица да нападнат и да го задржат непријателот, додека тој на чело на своите кралски следбеници бараше место за напад понапред и лево од центарот.

Со звуци на труба и бојни извици, луѓето на Александар Македонски јуришнаа кон реката, која беше надојдена, бидејќи беше мај. На другата страна од стрмниот брег, силната коњица беше ангажирана на широк фронт.

Понатаму кон лево неговите други единици постепено го освојуваа спротивниот брег и така започна борбата. Битката беснееше најмногу околу Александар Македонски, кој се бореше со неколу персиски дворјани, меѓу кои беше и Митридат, зетот на Дариј, кому му зададе смртен убод.

Додека се' уште се бореше со Роесак, Александар беше во најголема опасност кога Спитридат, намесникот на Лидија и Ијонија, се приближи кон него одназад со крената крива сабја и тргна да го убие. Животот му го спаси Клит, синот на Дропид, командантот на кралескиот полк, кој го прекина налетот на војската на Спитридат, или како што вели Плутарх, Клит го прегази непријателот.

Страшна е помислата колку поинаков ќе беше текот на светската историја ако Клит не го употребеше мечот во критичниот момент, а ако Александар загинеше на прагот од својата слава. Меѓутоа, грешат оние што сакаат да го лишат Александар Македонски од титулата еден од најголемите генерали на светот, бидејќи и овојпат, а и подоцна, тој храбро се вклучуваше во вистинските борби.

Во "косиот борбен строј" местото на командантот беше на чело на офанзивното крило.  Решавачка измена на нападот спрема центарот можеше да се случи во текот на битката. Во тоа време немаше резервна војска која модерната стратегија го принудува генералот да остане зад борбената линија, со цел да ја уфрли во вистински момент.

Кога Александар Македонски победоносно ја проби борбената линија со своите кралски следбеници и тргнувајќи лево напаѓаше кон центарот, персиската коњица почна да бега. По преминувањето на реката, Парменион успешно го одби непријателскиот напад во кој тесалискиот коњ ја реши битката. Поразот на левата страна ги принуди персиските воени единици да отстапат и бегањето да им стане главна цел.

 

Продолжува 

 

Битката на Граник.

 

_____________________*****___________________

Душан Ристевски, поет

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

************

 

 

 

ПРОДАДЕНИ ДУШИ

  • Брате, остани нем
    страв гледам во очите твои.

    Не си прави грев на душата
    не ме туркај во бездната
    не ми фрлај пепел врз очите
    не ме плискај со вода неблагословена
    остави ги коските да ми скапуваат
    не ги закопувај
    нека станат плен на волците
    ни поп не викај

  • душата да ми ја смири
    не ставај ни белег христијански
    дека исконски сум постоел
    ниту име и презиме
    ниту место на раѓање...

    Сам ќе се турнам во бездната
    Брате, не си прави грев на душата.
    *********
    Автор, Душан Ристевски
    Среда, 11 јули 2018 година

 

_______________________******_____________________

ВИДЕОТЕКА

*************

***

РЕФЕРЕНДУМОТ Е СТАПИЦА! БОЈКОТИРАЈ ГО!

***

Kind regards: 30 септември 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 169