ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЃОРГЕ ИВАНОВ: -ЈАС ЕДНАШ ГЛАСАВ НА 8 СЕПТЕМВРИ 1991 ГОДИНА И ТАКА ЌЕ ОСТАНЕ!

 

Претседателот на РМ д-р Ѓорге Иванов во посета на
МПЦ "Св.Ѓорѓи Кратовски" - Детроит, Мичиген, САД.

 

Сотир Гроздановски- Македонски

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РМ Д-Р ЃОРГЕ ИВАНОВ ЈА ПОСЕТИ И  МПЦ "СВ. ЃОРЃИ КРАТОВСКИ"  ДЕТРОИТ

***********

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во програмата на неговата официјалнa посета на ООН во Њујорк, каде на 27 септември ќе им се обрати на целиот свет со своето видување на состојбата и положбата во којa денес се наоѓа Меѓународната заедница, меѓу кои и Република Македонија, беше гостин на повеќе македонски колонии во Обединетите американски држави (САД), меѓу кои и двете големи Македонски православни цркви во Детроит, Мичиген "Св. Богородица" и "Св. Ѓорѓи Кратовски".

Средбите насекаде беа како семејни, македонски настани, топли, пријатни  кои само тие што беа нивни сведоци можат така и да ги почувствуваат и сликовито претстават на јавноста.

Разговорите беа блиски и искрени, баш такви како што доликува на  луѓе од еден народ, во многу нешта различни, но во суштина сродни, топли и инспиративни. Иселениците се гостопримливи за секого кој ги посетува со добри и искрени намери. Претседателот со неговата сопруга, Маја Иванова, беше тој сопружнички пар, кој зрачеше топлина и пријатност да се биде во нивна близина. На секаде добро дојдени  и по македонски пристојно и погостени.

Настаните во Татковината и Референдумот за прифаќање на спогодбата со Грција, но и со Бугарија беа секогаш присутни и се следеа со  интерес и загриженост. Се постигна согласност  дека сите спогодби и договори потпишани со Бугарија, Албанија и сега со Грција се надвор од Уставниот поредок на Македонија и како такви оценети за штетни по македонските национални интереси. 

И затоа тој беше дециден и со мирна совест на душата секаде изјавуваше дека на 30 септември 2018 година нема да излезе и да гласа за претстојниот неуставен и нелегален референдум со кој се бара обезличување на македонската држава,  а со тоа и губење на државниот и националниот идентитет на Македонците.

ЈАС ГЛАСАВ ЕДНАШ ЗА СУВЕРЕНА САМОСТОЈНА И НЕЗАВИСНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА РЕФЕРЕНДУМОТ ОД 8 СЕПТЕМВРИ 1991 ГОДИНА И ТАКА ЌЕ ОСТАНЕ! РЕЧЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОННИЈА Д-Р ЃОРГЕ ИВАНОВ.

 

Ваш Сотир

Агатангел

 

Владиката Агатангел

БОЈКОТИРАЈТЕ ГО РЕФЕРЕНДУМОТ

********

 

 

Повардарскиот митрополит на МПЦ-ОА АГАТАНГЕЛ ги повика верниците на бојкот за престојниот референдум на 30 септември. Владиката Агатангел смета дека реализацијата на договорот од Преспа ќе значи промена на македонскиот идентитет.

-Лага е дека ќе бидеме изолирани, отфрлени и напуштени. Напредокот и просперитетот никој нема да ни го даде ако ние самите за нив не се избориме. На Европа не и' требаме обезличени и со срушено човечко достоинство. Потребно е да градиме вредности кои ќе го унапредуваат нашиот секојдневен живот. Европа нема да ни даде на подарок уредена држава. Тоа е наша обврска и одговорност. Менувањето на името на државата е туѓ интерес, а никако наша потреба. Тие се доволно силни и на сила да не преименуваат, вели владиката Агатангел кој испрати проглас, кој се дели по поштенските сандачиња во Велес, но во Скопје.

Во продолжение ви го пренесуваме целиот текст од прогласот на Митрополитот Агатангел.

****************************

АГАТАНГЕЛ

По милоста Божја,  Митрополит Повардарски, до сите верни чеда на Македонската православна црква, односно Повардарската епархија, како и до сиот македонски народ, а по повод претстојниот Референдум за промена на нашето вековно македонско име, испраќа Архипастирски благослов и мир од Бога:

 

ВОЗЉУБЕНИ НАШИ ДУХОВНИ ЧЕДА!

Доколку човекот потоне длабоко во калта на бесмислата, тогаш тој се обесмислува најпрво себеси, а потоа ја обесмислува и околината која го опкружува. Живеејќи подолг период во една ваква искривена духовна состојба, во човековиот мал свет дури и зборовите полека почнуваат да го губат своето вистинско значење. Во моментите кога се' почнува да биде превртено и хаотично, стапува на сила неминовниот закон на духовноста. Човекот, или напредува или назадува во духовниот живот, бидејќи статична состојба и во видливиот и во невидливиот свет воопшто не постои. Бог го устрој светот на принципот на движење, па така и човекот и светот или се движат високо кон совршенство, или пак неминовно пропаѓаат во слабоста и ништожноста. Секое движење зависи од својот почеток, од усвоените принципи кои се негова движечка сила, односно од цврстината, длабочината и стројноста на поставените основи. Овие закони важат како за поединецот, така и за општеството.

Во Македонија, за жал, веќе подолг период се гради куќа, односно држава, врз плитки и климави темели. Се доведовме во една парадоксална и збунувачка состојба. Она од што се срамела претходната генерација, за човекот на нашево време станува доблест и неминовна вистина. Денес, се' е предмет на трговија, се' може да се продаде, се' да биде индустриски производ. Жестоката и безкрупулозна индустријализација ги голта душите на нашите современици. Во профитабилна индустрија е претворена дури и доблеста и вистината. Насекаде низ светот никнуваат центри и институти кои продуцираат и тргуваат со вистината, а крајната, исклучива и единствена општоприфатлива доблест е алчното трупање на богатства. Во име на богатството и привидната благосостојба, покрај моралот, човекот го жртвува дури и своето лично достоинство. Подготвувајќи го оркестрираното сенародно самоукинување, кое треба да се случи на наместениот референдум, белосветските трговци со вистината на македонскиот народ му нудат два горчливи производа.

Првиот производ е маглата на стравот, поткрепено со закана за изолација, војна и исчезнување и вториот производ - непозната и неизвесна, но благословена иднина, во која изобилно ќе уживаме во натрупано и незаработено богатство.

Цената и на првиот и на вториот производ е бришење на историјата и сенароден автогеноцид, досега невиден и незабележан во цивилизираното човештво. Додека на овие вообразени чиновници им се полни устите со демократија, во исто време, отворено и директно, испорачуваат закани, уцени и предвидување на црни сценарија, доколку волјата на македонскиот народ е поинаква од нивната тоталитарна вистина. 

Во нашиов случај фашизмот и сталинизмот се надминати за неколку скалила. И како што светот пред почетокот на Втората светска војна молчеше пред заканите на нацистите и тргуваше со судбината на не заштитените источни народи, така и денес европските главатари во стилот на тогашниот британски премиер Невил Чембрлен мафтаат со парчето хартија во рацете и тргуваат со судбината на македонскиот народ, нудејќи му насилен, бесмислен и лицемерен договор кој не саамо што не' понижува, туку и до крајност не' разединува и обезименува. Ако договорот на премиерот Невил Чембрлен и канцеларот Хитлер не беше никаков гарант за спречување на невидените sверства и страдањата на неброени народи и култури, така и договорите на Македонија со Бугарија и Грција се машински уред кој продуцира втора смрт на починатите и масовно убиство и истребување на сегашните, па и неродените Македонци. За жал, и неколкумина наши наивци неспремни влегоа во барабанот на мелницата. Од ваквото погубно ортачење во нечесна трговија профит нема да има ниту еден Македонец.

Eдинствено што можеме да добиеме е само една непремостлива внатрешна духовна руина. Впрочем, контурите на оваа руина почнуваат да се оцртуваат на хоризонтот. Каков морален распад може да носи со себе еден човек кој најпрво се колне во своите деца и во најмилите, а по само неколку месеци, со лице на ангел, делува сосема спротивно од она зашто се заколнал. Неморалот не може долго време да се покрива, па затоа неоиндустријалците на злото го произведоа молчењето како основен производ за трговија, кој треба да ја покрие голотијата на лагата. Ограничувањето на мислата стапува на сила. Цензурата навлегува во сите пори на македонското општество, а својот врв ќе го доживее во ревидирањето на учебниците за образование на нашите деца. Видовме со своите очи дека немаме ниту лидери, ниту пак авторитетни интелектуалци. 

Македонскиот народ е оставен самиот на себе за да го организира своето опстојување и покрај безбројните уцени и насилни закани. На белосветските промотори им останува единствено адутот на силата. Видовме како ја применуваат оваа сила при изборот на претседателот на Македонското собрание и при донесувањето на законот за двојазничноста. Но, ако ги погледнеме нештата од обратна перспектива, ќе видиме дека нивниот рок на траење е краток, бидејќи силата е во народот, он ја владее ситуацијата. Народот е тој кој дава и одзема полномошно за владеење. И најголемите поробители во историјата на човештвото се повлекле пред најсилниот господар на општеството, односно пред народот и неговата праведна волја.

Во деновите што претстојат ќе бидеме преплавени од секакви манипулативни емотивни пораки и полувистини. Пред нас ќе дефилираат тажни лица со  наместени молитвени погледи, а ќе слушаме и уцени за бркање од работа и закани за физичка елиминација на државата. 

Многумина ќе се прогласат за Наполеони и Лујеви, за некакви умислени величини од кои зависи нашиот опстој. Но, да бидеме спокојни, бидејќи потоп ќе доживеат единствено нивните лаги, а не македонскиот народ и држава. Примената на сила и нивните ниски манипулации може и  да им испорачаат некаков успех, но тие засекогаш ќе останат во нашите сеќавања само по нивното лицемерие и наивност.

Без морал не може да постој држава, всушност, моралот е темелот на секое напредно општество. Еден од нивните аргументи е дека по успехот на референдумот магично ќе сме станеле налик на западните земји. Но, просперитетот на една држава не може да се изгради преку делата на неморалот. Западните земји се средени држави токму заради тоа што на моралот почиваат. Нивната култура и изразена општествена свест е втемелена врз принципите на моралноста. Кај западниот човек, слободата и почитта на интегритетот на другите извира од моралноста, која е присутна во сите пори на општеството. Кај нив срамот е бесценет, а дадениот збор е светиња.

Бесрамноста уште во самиот старт се отфрла, а трговијата со национални интереси се памти до шесто колено и жестоко и безмилосно се казнува!

Најголемата нечестивост на претстојниот наместен и лажен референдум се состои во тоа, што преку манипулации со гласовите на албанското малцинство ќе се менува името на Република Македонија и идентитетот на македонскиот народ. Па, зарем не е претерано и дрско не Македонци да одлучуваат за идентитетски прашања на Македонците? Преку Преспанскиот договор не се решава само за името на државата, туку и за идентитетски прашања, кои и тоа како го засегаат македонскиот народ.

Единствениот спас за македонскиот народ, кој буквално е доведен до амбисот на пропаста, се крие во неговото единство и во неговото родољубље.

Сведоци сме дека со децении се работи на разбивање на македонското национално единство, притоа правејќи атмосфера дека патриотизмот и родољубието е нешто застарено, напуштено и речиси погрешно. Но, напротив, родољубието е сосема нормална и здрава емотивна состојба. Не е греф да се љуби своето семејство и својот дом и да се покажува грижа за својата непосредна заедница. Патриотизмот не се ограничува само на одредена група на луѓе или народ.

Патриотот никого не го мрази ниту повредува. Напротив, оној кој се одрекнува од своето потекло се одрекнува од самиот себе, а оној што не се сака самиот себе, не може да ги сака ниту другите. Народите на запад не заборавиле да бидат отворени родољуби, зашто морално силниот човек го прегрнува целиот свет, но никако не заборава од каде потекнува и која е неговата татковина. Христијанството во Европа го подигна човечкото достоинство на едно повисоко ниво. Но, и Европа ја демне опасноста од новото паганство. Европа полека почнува да се одрекува од духовните вредности врз кои почива нејзиниот напредок, па затоа и таа потонува во морален хаос и дезориентација и промовира тиранија на мислата, нови видови на фашизмот и ја ограничува секоја слобода, заборавајќи дека диктатурите се последица од губитокот на традицијата.

Здравиот однос кон минатото ги буди  оние чувства и постапки, кои го движат општеството кон секој напредок. Оној кој ќе ги заборави и напушти овие принципи, умира и пред самата физичка смрт.

 

Драги браќа и сестри, Македонци!

Зачувувајќи го своето вековно име, ја градиме својата татковина. Доколку татковината е во опасност, таа неминовно треба да се брани и заштитува. Бог го створил човекот според Својот образ и подобие, како битие кое заедничари, односно како битие кое има татко и мајка, а со тоа и своја татковина. Човекот во исто време е и божествен, но и семеен. Сите свети оци и големоучители на Црквата поучувале дека е потребно да се има љубов кон својата родина.

Најважно е да ја зачуваме и личната и општествената слобода, зашто човекот не живее само преку телото и нагоните, туку и со душата и слободната мисла. Слободата е основата од која зависи напредокот на народот и државата. Да не се доведеме во искушение, па да тргуваќе со светињата и народните добра. Под влијание на новото корпоративно зло, кое од народот прави само една обична потрошувачка маса, се исмева патриотизмот и на широко се промовира индивидуализмот.

Целта им е да нема народ кој заедничари, туку себични и индивидуализирани граѓани. Триесетина години тонеме во корупција на духот. И ден денеска не престанува разграбувањето на секое национално богатство, кое потоа се подредува на личните или партиски интереси. Во Македонија, во XXI-от, од сите страни не демне злото на цензурата и пропагандата која ги штити личните и бизнис интереси на неколкумина. Некој здружено работи на тоа Македонија да биде слаба, несигрна и од некого зависна. Дојдено е времето кога треба да се надминеме себеси како поединци и да ја покажеме се та своја родољубива сила.

Преку бојкот на претстојниот лажен и наместен референдум, ќе ги замрсиме конците на оние кои сакаат да не уништата!

Преку нашиот НЕПОКОР кон мрачните сили на новиот свет ќе го зацврстиме нашиот углед и интегритет како свесен и слободен македонски народ. Без страв бојкотирајќи, ќе пратиме порака до светот дека еден народ, преку својот величенствен дух, може да се избори за својата слобода и неазависност. Нашата благосостојба зависи од нас самите.

Лага е дека ќе бидеме изолирани, отфрлени и напуштени! Напредокот и просперитетот никој нема да ни го даде ако ние самите за нив не се избориме. На Европа не и' требаме обезличени и со срушено човечко достоинство. Потребно е да градиме вредности кои ќе го унапредуваат нашиот секојдневен живот. Европа нема да ни даде на подарок уредена држава. Тоа е наша обврска и одговорност. Менувањето на името на државата е туѓ интерес, а никако  наша потреба. Тие се доволно силни и на сила да не преименуваат.

Но, како  да сите лицемери  во светот  сакаат овој срам да го натоварат на нашите плеќи. Малата излезност на референдумот, особено во македонските средини, ќе прати силна порака во светот и ќе ги разобличи скриените намери на белосветските трговци. Македонија  покажа дека нема ниту еден искрен пријател од големите сили, вклучувајќи ја тука и Русија. И таа лицемерно игра на картата на своите интереси. Затоа, смирено, преку бојкот, да ја затвориме оваа црна страница од нашата историја. Со нашето бојкотирање ја спасуваме нашата иднина. Со ваквите наши постапки ќе се гордеат идните генерации Македонци и во наредните илјада години.

Пред нашата генерација е исправено ова искушение, па затоа да бидеме спремни на се'. Тие нека си ја употребуваат својата сила, а ние ќе се приклониме кон нашиот праведен пркос и непокор. Би биле навистина среќни кога и другите националности би застанале во одбрана на македонскиот народ. Нека бидат свесни, дека и тие можат да бидат искористени за една употреба од силните на овој свет, кои воопшто не водат грижа за тоа, како по референдумот, комшија со комшија, пријател со пријател, трговец со муштерија меѓусебно ќе се погледаат во очи! 

Затоа да се обединеме, браќа и сестри и да си го зачуваме мирот и достоинството и конечно да почнеме да градиме едно праведно и просперитетно општество, кое ќе биде дом и татковина за сите нас. Да ги посрамиме корумпираните, наивците, профитерите, злобните и арогантните, кои сакаат да го преточат нивниот духовен мрак во сите пори на нашето општество. Заразни се овие луѓе, црнилата се нивниот занает и занимање.

Не' држат во мракот на неинформираноста и не' потценуваат, умислувајќи, дека нивната пропаганда е делотворна. Полни се со омраза и егоизам, а зборуваат за здружување и интеграција. За нив нема ништо свето, освен стомакот и лагодноста. Срамот е емоција која никогаш ја немаат почувствувано. Газат преку живи луѓе за да го наполнат своето ковчеџе со помалку од триесет сребреници. Се сметаат за многу паметни, а всушност се само обични наивни помодари. Немаат свое јас и достоинство, ниту имаат долго паметење, што е израз на нивната ниска интелигенција. Затоа, за нив зборот нема никакво значење и вредност. Време е целосно да ги препознаеме и да ги разобличиме. Ги има и во власта и во опозицијата и меѓу учените и меѓу помалку учените. Време е да им покажеме каде им е местото како поука за идните генерации. Со општествени работи во иднина не смее да се бави никој кој е налик на денешнава политичка елита.

Повторувам, бидете внимателни, сите се во игра и власт и опозиција. Сите сакаат да го натоварат македонскиот народ со тешкото бреме на срамот од себеукинувањето. Но силата е во нас, во секој поединец, без разлика на вера и национална припадност. Ние и понатаму ќе треба едни покрај други да живееме, а тие и така не се дел од нашиот свет, туку животарат во светот на илузиите и краткотрајните задоволства.

ИМ ПОСАКУВАМЕ СРЕЌЕН ПАТ ВО МОЧУРИШТЕТО НАНЕЧЕСНОСТА, АЧЕСНИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД, КАКО И ДРУГИТЕ ЧЕСНИ НАРОДИ КОИ ЖИВЕАТ ВО ВАА НАША ТАТКОВИНА, ГИ ПОВИКУВАМ ДА ЗАСТАНАТ НА БРАНИКОТ НА НАШИОТ ЗАЕДНИЧКИ ДОМ!

 Бојкотот на престојниот лажен и погубен референдум нека биде почеток за една поинаква и просперитетна Република Македонија, која ќе биде поставена и втемелена врз принципите на законот кој произлегува од моралот и слободата. Нека засветли силно сонцето на правдата и нека изгрее од нашите срца светлината на меѓусебната почит и разбирање.

Познатиот Бошко Смаќоски ќе запише:

На многаја лета, древному народу МАКЕДОНСКОМУ!

На многаја лета, обесправенему народу МАКЕДОНСКОМУ!

На многаја лета, Божјему народу МАКЕДОНСКОМУ!

На многаја лета, благословеному народу МАКЕДОНСКОМУ!

На многаја лета, бесмертному народу МАКЕДОНСКОМУ!

Господ Бог нека ја чува од секое зло нашата татковина Македонија и нека ја крепи и раководи при напредокот во секое добро!

 

Со Божји благослов, Митрополит Повардарски

АГАТАНГЕЛ (Станковски)

 

_________________*****_______________

 

Славе-Катин

Славе Николовски-Катин

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

ДЕЛ 23

ПОЧЕТОЦИ НА ПОБЕДОНОСНАТА ВОЈНА ВО МАЛА АЗИЈА

********

Блискоста со кралот, што ја дознавме од делото на Калистен, изискувала посебно внимание. Тој пренесува дека Александар Македонски сакал да мисли како антички Грци, но бидејќи гледиштето е мошне пристрасно, природно мора критички да се користата неговите изјави. Од друга страна, пак, официјалниот опис на дневните акции на Александар Македонски во  кралскиот весник не беше наменет за почироко публикување.

Во почетокот описот го правеше Еумен од Кардија, шефот на неговиот секретаријат, а тоа започна уште со Филип Македонски кому Еумен му служеше неколку години со иста задача. Овој официјален весник Птоломеј I, кралот на Египет, го употреби како извор за своите мемоари, а бидејќи тој беше еден од главните извори за Аријан, тоа објаснува зошто неговото дело се чита како дневник. Весникот немаше намера да го велича монархот, туку да служи за практичните цели на власта.

Во патувањето на кралот, покрај Калистен, беа вклучени и други историчари, како и филозофи и поети, кои главно подоцна му се придружија на патувачкиот двор. Геодетската група што го придружуваше кралот од самиот почеток имаше задача да ги мери и да ги забележува во дневник растојанијата што ги освојуваше војската на Александар Македонски и да ги опише карактеристиките на земјите каде што се патуваше.

Меѓутоа, специјалистите кои ги испитуваа богатството на флората и фауната, како и минералите на новооткриените земји на Далечниот Исток колку што одминуваше времето се' повеќе беа ангажирани.

Уште од самиот почеток му стана јасно на Александар Македонски, ученикот на Аристотел, дека азискоатичкото војување не беше само обичен поход, туку и голем настан за цивилизацијата, бидејќи не само што ја воведе античката грчка култура  на Исток, туку на античките Грци им ја откри и азиската култура и природа.

Македонја за време на Филип Македонски 336 п.н.е

Неговото војување во исто време беше испитување и откривање на многу нови простори и појави што требаше да најдат свое место во науката. Треба да се каже дека Александар Македонски немаше предходна концепција каков ќе биде неговиот успех. Несомнено, тоа беше случај само во текот на неговото пбедничко напредување кога овие цели добија повеќе определена и стабилна форма.

Персиската империја, против која Филип Македонски го започна нападот, а сега Александар Македонски ја започна војната, ја загуби виталната сила што ја имаше кога беше на власт Дариј I. Но, сепак таа не беше обесхрабрена и внатрешно расцепкана како неколку децении порано, кога дојде речиси до  нејзино распарчување, поради востанијата на амбициозните намесници и вазали, како и поради востанието во значајни места на  Египет и Кипар.

Енергичниот Артаксерс III (Охус), со совладувањето на овие опасности, а особено со повторното освојување на Египет, чиј успех беше постигнат главно со помошта и учеството на античките Грчки офицери и наемници, уште повеќе ја зајакна државата која стана една од светските империи и сам им се противстави на  Македонците.

Во пролетта на 336 година, кога Филип испрати извидница преку Дарданелите, Арс, кој по смртта на својот татко Охус (338) го презеде престолот со помош на Багоа, беше се уште владател. Но брзо потоа, можеби во мај 336 година, Багоа го отстрани Арс и го постави на престолот Кодоман, принцот од лозата на  Ахеменидите, кои брзо го отруја за да добијат поголеми слободи.

Овој Дариј III, како што самиот се нарекуваше, беше несреќен владател на чии плеќи падна задачата да го штити кралството од Александар Македонски. Се знае за неговата голема храброст што во младоста ја покажа во борбата со Кадусијаните.

Меѓутоа, во решавачкиот момент на Ис и Гавгамела, кога го виде надворешниот изглед на суперменот Александар Македонски, го фати силна паника при што ја сврте колата назад и ги остави сами своите храбри луѓе да се борат на бојното поле и да загинат. Тој во голема мера лично е одговорен за пропаѓањето на својата империја.

Војската што Филип Македонски ја испрати во Мала Азија под команда на Парменион и Атал, по првиот победоносен настап беше принудена на повлекување кон Дарданелите. Според  некои неадекватни извори, пак, се вели дека единствено Парменион, кој прво напаѓаше од Ефес кон Магнезија, беше поразен Мемнон, одличниот генерал на Големиот крал, кој го присили да се повлече кон север и да се врати кон Дарданелите, така што Македонците ги задржаа само Абуд и Роетеум на тројанскиот морски брег.

И ако убиството на Филип Македонски и трагичниот пад на Атил имаа парализаторско и уништувачко влијание врз нападите, може да се заклучи дека Мемнон се покажа како подобар генерал од Парменион. Александар Македонски можеше да биде задоволен со реузлтатот кој му обезбеди мостобран за преминување во Азија и значаен пресврт во ослободувањето на тамошните градови. Затоа, Александар Македонски не издаде наредба за втор напад, туку есента 335 година го повика Парменион во Пела за да му помогне при вооружувањето на војската.

Така Александар Македонски, во споредба со другите команданти, му даде повисока позиција на Парменион, кој тогаш беше на околу шеесетгодишна возраст и ја имаше докажано својата способност во многу битки во времето на Филип Македонски. Не го назначи Парменион за постојан командант на одделна дивизија, туку го држеше до себе без да му даде нокоја посебна команда.

Сепак не треба да го опишеме Парменион како "шеф на персоналот на Александар", или како "негов Молтке". Понекогаш пред важни одлуки, заради брзо разгледување на ситуацијата, Александар Македонски свикуваше воен совет на офицери или други кои лично беа поврзани со него, но никогаш немаше редовен генералски персонал во современа смисла на зборот. Парменион беше негов Молтке.

За стратешките прашања Александар Македонски не дозволуваше внимателниот Парменион да му врши влијание. Тој, очигледно, имаше голема доверба во Парменион како тактичар, бидејќи во три битки во Азија му дозволи да командува со дефанзивното крило, а тој командуваше со офанзивното крило.

Колку и' беше верен стариот генерал на кралската куќа, покажа во Мала Азија, каде што  како покорност на наредбата на Александар дозволи да му се се суди на Атал, кому тој му беше зет, веднаш по откривањето на Аталовото предавство.

Исто така, беше загрижен за династијата, за која тој и Антипатер го советуваа Александар да не преминува во Азија се додека не се ожени и да има наследник за престолот. Може да се сфати колку Александар Македонски страстно копнееше да започне голема војна и затоа го одби овој совет.

Но, загриженоста на овие генерали не беше неоправдана, бидејќи, доколку се случеше Александар да загине, тогаш неговиот син од законскиот македонски брак ќе беше готов да го земе престолот, а судбината на неговата светска империја веројатно ќе беше поинаква.

Најпосле сите подготовки за војна завршија и нападот започна во раната пролет на 334 година. Александар Македонски ја поведе својата војска од Амфипол долж македонскиот брег до Хелеспонт, каде што  стигна до Сестон во Херсонес.

Имаше среќа, бидејќи Персијците не мислеа да го спречат неговото преминување со својата огромна флота, пропуст кој беше голема грешка. Така со помош на 160 триреми и трговски бродови направени за оваа намена, без борба, војската беше префрлена од другата страна на брегот во Абид.

Додека оваа задача му ја препушти на Парменион, Александар беше поттикнат од романтичните искуства да го посети светотот место Илијад. Придружен од пријјатели и мал број пешаци, отиде до јужниот рид на Херсонес, каде се наоѓаше гробот на Протесилај, кој според легендата беше првиот од луѓето на Агамемнон, убиен при истоварувањето на азискиот брег. Александар му принесе жртва на Агамемнон со цел и тој самиот да има поголема среќа при истоварувањето.

 

Продолжува

 

________________________*******________________________

 

Небрегово 19.XII.1921- Скопје 07.XII.1993

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

***********

 

 

 

 

ПОСЛАНИЕ 

  • Без вас, Тире и Сидоне,
    овде се живеело илјадници години
    и пак се живее.

    Ние луѓето сме како тревана -
    ја газат, се суши, се задушува, гине,
    само земјата останува.

    Ние луѓето сме како мравине -
    ги гмечат, ги ништат и пак се збрале купче.

    Одовде тргнал некогаш поход до Инд,
    кој можел да го предвиди тоа?

    По Via Egnatia Цицерон одел во прогонство
    во Солун.

  • Близу Драма
    призракот на Цезар му се јавил на Брута
    под шаторот
    спроти решителната битка.

    Па се посветиле во Тивериопол петнаесет маченици.
    Наум соградил манастир
    на изворот на Белото езеро.

    Оваа земја го крепела и Марка Кралета.
    И сепак, зар не доживеала таа униженија?

    Зар можело без тоа до зрелоста?
    Сето е предвидено -
    ние си одиме,
    а земјата останува.
    ***********
    Автор Блаже Конески

__________________________*******________________________

Kind regards : 26 септември 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 168

ВИДЕОТЕКА

*********************