КАДЕ ВИ Е СЕВЕРНА?

Сотир

 

Сотир Гроздановски-Македонски

СО БЕЛОСВЕТСКИТЕ "БУЛДОЖДЕРИ" ЗА СПАС НА РЕФЕРЕНДУМОТ И СПОГОДБАТА СО ГРЦИЈА

*********

Лордот Џорџ Робертсон, во Битола

 

Понижувањата на Република Македонија и на Македонците продолжуваат! Кампањата на владеачката гарнитура се засилува на сите нивоа, со цел референдумот за прифаќање на преспанскиот договор со Грција да успее и Македонија да ја снема ваква каква денес ја имаме.

Се зачествуваат и масовните посети на Македонија од страна на истрошени и без употребна вредност  поранешни високи државни челници и душогрижници од европската унија и НАТО но и други, кои утре ќе бидат такви, за да ни солат памет како треба да живееме во нашата сопствена земја.

Прифаќањето  на овој нелегален и злосторнички акт, со кој се врши продавање на името Македонија, на нашата многувековна национална историја,  јазикот, културата, книжевноста, традициите македонски...се' што го чини идентитетот на нашиот народ, е акт на највисоко кривично дело:  предавство на националните интереси на македонскиот народ, кој во многу држави во светот се казнува и со  смртна казна или доживотна робија.

Но за чудење, можеби и не, и нашите исто така истрошени и несалам државници од средината на СДСМ и некои други, не сваќајќи ја суштината и деликатноста на спогодбата ставена како референдумско прашање, свесно и злонамерно ја туркаат Република Македонија и Македонците во вистинско духовно изумирање и бришење на се што нашите идни генерации би требало да наследат од нас!

Парадирањето низ македонските градови на личности кои ја понижуваа и се' уште ја навредуваат Република Македонија и Македонците  со своите непријателски однесувања    е дополнителен акт на ароганција и не цивилизираност.  Со тоа самите се исклучуваат од  категоријата гости, кои се добредојдени ва нашата земја. 

Плукањето врз честа и  достоинството на македонскиот народ, не би требало да е карактеристика  во меѓусебните односи во 21 век. Уште помалку, грубото мешање во внатрешните работи на суверена држава, како Република Македонија, со цел насилно уривање на правниот и безбедносен систем и пренесување на  одговорноста за евентуалниот хаос во земјата,  врз Македонците! 

Во натпреварот за исполнување на  обврските кон надворешните наредбодавци, не се почитуваат ни светите места. Битола - Хераклеја, е едно од тие, сограден од Филип Македонски, татко на уште пославниот син Александар Македонски.

Па зтоа за џабе не ја викаме Битола - кралски град на Македонија!

За поганењето на битолскиот симбол, ШИРОК СОКАК,  од личности кои им нанесоа најголема навреда и понижување на Република Македонија и на македонскиот народ, нема прочка! Зарем парадирањето на поранешниот главен секретар на НАТО Лордот Џорџ Робертсон заедно со градоначалничката Наташа Петровска следени од  владини претставници како и од претставници на  СДСМ - Битола, треба да се смета за некоја голема чест со која   Битолчани треба да се гордеат? Или срамат? Зарем  на личност како него, кој палеше и гаснеше огани низ светот и ја нарекуваше Македонија  ФИРОМ, а сега клечи на колена  и моли за опрост, бидејќи  згрешил и го правел ТОА присилно по наредба од други, може  да му се верува и некој да го смета за пријател на Македонија? 

- Кога бев генерален секретар на НАТО, вели тој, ЈАС БЕВ ПРИНУДЕН ВАШАТА ДРЖАВА ДА ЈА НАРЕКУВАМ ФИРОМ, но тое беше погрешно. Тоа засекогаш може да се промени на 30 септември. Договорот со Грција го гарантира идентитетот, културата, јазикот и ја отвора вратата кон Европа. Одлуката е во ваши раце, сега или никогаш, рече Робертсон.

Ја забележавте  ли неговата   иронија и отворена уцена со која безобразно не турка во акт на самоубojство? Зарем свесно или не свесно не смета за мaлoумни и глупи да не знаеме што значат неговите зборови  за нашата денешнина и иднина?

Лордот Џорџ Робертсон условно ја признава грешката, ама ако не  го промениме името на државата  во "северна Македонија" и  не се одрекнеме од нашиот национален идентитет со прифаќањето на спогодбата со Грција, тој пак ќе се предомисли и ќе почне да не нарекува на пример со "Ќенеф", како Мирјана Најчевска! Па затоа сега бирајте, или на 30 септември ќе  ја прифатите спогодбата со Грција, или нема да ве биде! "Добронамерно" им  се заканува на Битолчани, гостинот на битолската градоначалничка! Без срам или око да му трепне, замина по Широк Сокак да ги разгледува историските знаменитости на македонска Битола! 

Ма немојте така господине Робертсон! Најискрено ве молиме! Бидете милостиви! Ние се ќе сторевме да ги задоволиме вашите препораки и критериуми, ако бевме со истите умови  како и вашите пријатели од СДСМ и нивниот премиер Зоран Заев!

Затоа, Ве молам, не ја изедначувајте Македонија и нејзинот народ со денешните властодршци и вашиот пијун, Зоран Заев! Тој е ваш квислинг, а наш предавник и изрод! А пак, aкo  се навратите друг пат на Балканов наш, односно Македонскиот Полуостров, како некогаш кога вие незнаевте што е организирана држава овој полуостров се викаше, ве молам заобиколете ја Република Македонија, зошто на Македонците такви како вас, не им се потребни!

Има една народна, која вели: НЕ САЛАМ Е ОНОЈ КОЈ ВЕРУВА, ДЕКА ВЧЕРАШНИОТ НЕПРИЈАТЕЛ ДЕНЕС МОЖЕ ДА ТИ БИДЕ ПРИЈАТЕЛ! Во тоа може да поверува само некој како Заев и неговата група истомисленици, над чии глави виси казна како Дамаклов меч  и кој во секој момент  може да  ги обезглави. 

Драги мои браќа и сестри Македонци, не  верувајте му на Данајците и кога дарови ви носат!  Спас за сите нас сме самите ние. Ако си ја земеме  судбината во свои раце, како и секогаш во минатото,  тогаш би имале  многу поголема шанса за победа!

Вакви луѓе кога ќе ја изгубат моќта се претвораат во гмизавци  и кукавици без икакви употребни вредности, кои за да си ги оправдаат своите нечовечки однесувања ги обвинуваат своите претпоставени. Па зарем не гледате дека моќта на Европа е во рацете на "камелеони"?

Зарем паднавме толку ниско та дозволуваме  некој да не понижува, а ние и понатака ги молиме да не примат во нивниот клуб, по секоја цена?

 

МОРАМЕ ЕДНАШ  И ЗА СЕКОГАШ ДА ПРЕСТАНЕМЕ  ДА ВЕРУВАМЕ ДЕКА  ЕВРОПСКАТА УНИЈА Е СУПЕР МАРКЕТ ЗА САМОПОСЛУЖУВАЊЕ, А НАТО  ЗАМЕНА ЗА  НАШАТА АРМИЈА!

ВО ТОА ВЕРУВА САМО  ГЛАДНАТА ЛИСИЦА, СЛЕДЕЈЌИ ГО БРАВОТ СО НАДЕЖ ДЕКА НЕШТО ЌЕ МУ ПАДНЕ, ДА ГО ЗГРАПЧИ И ДА ПРЕЖИВЕЕ!

********** 

ОД ЛАГИТЕ НА НАШИОВ "ВИСОК" ГОСТИН КОИ ДЕНЕС КЛЕЧИ И МОЛИ ЗА ПРОЧКА, А ЗАД ПЛЕЌИТЕ СЕУШТЕ МАфТА СО СТАП, ФАЈДЕ НЕМА! 

 

 

ПОНИЖЕНА И БИТОЛА, ГРАДОТ НА ФИЛИП МАКЕДОНСКИ.

Михајло Маневски

 

Михајло Маневски

ЗОРАН ЗАЕВ ГИ КРИЕ УСТАВНИТЕ АМАНДМАНИ И ГО ЛАЖЕ НАРОДОТ

ПОВИКУВАЊЕ НА РЕФЕРЕНДУМ БЕЗ ОБЈАВУВАЊЕ НА УСТАВНИТЕ АМАНДМАНИ Е ГОЛЕМА ДРСКОСТ И ИЗМАМА НА ГРАЃАНИТЕ

 

Зоран Заев како змија нозете ги крие амандманите што ги прифатил за промена на Уставот на Република Македонија, со капитулантскиот договор со Грција. Лажливиот кривоклетник прифатил промена на Уставот на РМ, но сега како ѓавол бега и одбива да ја објави нивната содржина, со кои ќе се менува Уставот?

Од што се плаши? Дали мисли дека и натаму може да манипулира со народот или мисли дека народот е прост и слеп и ништо не гледа и ништо не разбира? Дали мисли дека народот ќе му верува на слепо, кога многу добро занае дека овој лажливец досега што кажа излажа и поради тоа никој повеќе ништо не му верува. Многу е јасно зошто се плаши од народот и зошто бега да ги изнесе во јавност амандманите. Бега и се плаши затоа, што ако ги изнесе амандманите, како заверена тапија ќе го потврди предавството на македонската држава и македонскиот народ.

Никој не може да ги повикува граѓаните да излезат и да гласаат без никакво образложение за тоа што ќе се менува во Уставот на нивната држава!

Никој не може да бара од граѓаните да излезат и да гласаат на референдум за проимена на Уставот на државата со уставни амандани за кои воопшто не се запознати. Тоа е груба манипулација со граѓаните и големо шарлатанство и потценување на граѓаните. На граѓанинот му се поставува референдумско  прашање за прифаќање на договорот со Грција, со кој се предвидуваат уставни измени за промена на уставното име на државата и рушење на националниот и историски идентитет, а не му се кажува што ќе се менува во Уставот и какви ќе бидат уставните амандмани!

Во членот 1 став 12 од Договорот со Грција, дури се наведува дека промената на името и термините ќе бидат вградени во Уставот на Република Македонија "наеднаш и севкупно со еден амандман"! Значи, Зоран Заев прифатил да се менува Уставот со еден амандман, а сега и тој еден амандман го крие од народот. Каква е таа дрскост и каква е таа срамота. Нашиот Устав на овој начин Зоран Заев срамно го третира како некаков безвреден документ, а не како највисок правен акт на една самостојна и суверена држава.

 

ШТО ЌЕ СЕ МЕНУВА ВО ПРЕАМБУЛАТА НА УСТАВОТ НА МАКЕДОНИЈА?

Зошто Зоран Заев упорно молчи и не кажува што ќе се менува во преамбулата на Уставот? Преамбулата е воведен дел на секој важен правен акт, како што е Уставот или меѓународен договор, во кој се изнесени целта на актот и неговите основни начела. Преамбулата е темелот на Уставот на Македонија. Со прифаќање  да се изврши промена на Уставот, Зоран Заев прифатил да се руши темелот врз онова на кој се заснива Македонската држава. Измените на Преамбулата ќе опфатат бришење на традицијата на  Крушевската Република и бришење на Илинден 1903, како и бришење на одлуките на АСНОМ од 1944 година. Тоа е бришење на темелите на оваа држава. Зоран Заев брутално го третира македонскиот народ како дрво без корен, без историја и култура и без идентитет, како безлична маса.

 

ШТО ЌЕ СЕ МЕНУВА ВО ЧЛЕНОТ 3 ОД УСТАВОТ?

Со членот 3 од Уставот се гарантира дека територијата на Република Македонија е неделива и неотуѓива, а постојната граница е неповредилива. Според ставот 3 на овој член, границата ба Република Македонија може да се менува само во согласност со Уставот.

Што прифатил Зоран Заев да се менува во овј член? Дали прифатил да се избрише ставот 3 или прифатил овој член целосно да се модифицира, за да се задоволат апетитите наГрција за наводна заштита од иредентизам, кој го гледаат во секоја одредба од Уставот, а ги забораваат сопствените асимилаторски закони, национализмот и етничкиот геноцид извршен врз Македонците во егејскиот дел на Македонија.

 

ШТО ЌЕ СЕ МЕНУВА ВО ЧЛЕНОТ 49 ОД уСТАВОТ?

Членот 49 од Уставот е променет со Амандман II на 6 јануари 1992 година, само 45 дена после донесувањето на Уставот, токму по барање на Грција. Дополнет е ставот 1 со тоа што е предвидено дека Република Македонија нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.

Сега што прифатил Зоран Заев да се изменува овој член? Очигледно е дека прифатил да се брише грижата на државата за припадниците на Македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија? Во договорот со Бугарија го избриша македонското национално малцинство во Бугарија, а сега сака да се откаже од Македонците во грција и од иселениците од Македонија во светот. Зоран Заев е рушител на се што е македонско, во земјата и во светот.

 

ЛАЖЛИВ МАНИПУЛАТОР И ИЗМАМНИК

Зоран Заев манипулира и ги измамува граѓаните. На мандманите работеле "собраниски комисии", што е ноторна лага и нивната содржина ќе била објавена после референдумот. Бесрамно изјавува дека сакал уште сега ако може да се пресентираат амандманите, но со тоа ќе се прави непријатно влијание врз граѓаните, кои требало слободно да одлучат. Тој се грижи за некакво непријатно влијание врз граѓаните ако ги објави амандманите! Господ да те чува и да брани! Какво непријатно влијание врз граѓаните кога тие треба да одлучуваат на референдумот за промена на Уставот и промена на Уставното име на државата? Какво непријатно изненадување, кога отворено повикува на подкуп на избирачи и врши тешки кривични дела? Какво непријатно изненадување кога граѓаните кои на 30 септември ќе останат дома и нема да излезат на гласање ги прави непријатели на народот? Какво непријатно изненадување кога повикува на камшик?

Колку Зоран Заев повеќе театрално вика и мафта со рацете на ситните собири во оваа кампања, толку повеќе лаже. Може да вреска колку сака, но предавството и кодшлакот неможат да го скријат, тие ќе излезат на виделина и веќе излегуваат. Народот наскоро ќе ги види и предавниците и кодошите.

Народот не може да биде излажан. Народот самиот ја определува својата судбина и судбината на својата држава и на 30 септември 2018 година нема да дозволи да се самоуништи и да му се сруши државата со еден капитулантски договор со Грција.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

 

20 септември 2018 година

https://republika.mk

 

 

 

Славе-Катин

Славе Николовски-Катин

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

ДЕЛ 22

ПОДГОТОВКИТЕ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ЗА ПЕРСИСКАТА ВОЈНА

 

Бидејќи беше обновен мирот во Античка Грција, по враќањето во Македонија (октомври 335 година), Александар Македонски конечно можеше да се посвети на подготовките за азискиот поход. Но, тоа беше само принуден мир што преовлада во Елада. По здобиеното искуство од последните две години, никој не го увиде тоа толку јасно како Александар, па затоа донесе одлуки кои се однесуваа на подготовките на плановите за војување.

Бидејќи Александар Македонски немаше доверба кај голем дел од античките Грци, го остави верниот Антипатер во Македонија со половина од неговите регрути, 12.000 фалангисти и 1.500 коњаници. Антипатер беше одговорен да внимава и на Лигата како претставник на хегемонот, веројатно со титула на стратег. Истото сомнение беше причина Александар да ги ограничи контингентите од Лигата на не повеќе отколку што беа потребни за панелинистичката експедиција.

Освен флотата од 160 триреми, како беше наречена грчката античка флота, се споменуваат уште 7.000 пешаци и 600 коњаници, како и 1.500 тесалиски коњи, кои подоцна, веројатно, беа приклучени кон кралската војска и ја добија неговата посебна доверба, а одиграа важна улога во големите битки во Азија. Без коњаниците залудно е да се постават 7.000 пешаци во борбен фронт. Се добива впечаток дека независно од Тесалијците, Александар Македонски ги зеде античките грчки контонгенти повеќе како гаранција за да има мир во Елада.

Античката грчка флота во почетокот претпазливо беше држена надвор од дејствата. Тоа беше неизбежно поради големата супериорност, како според бројност така и според квалитетот на персиската флота од 400 воени бродови, со своите одлични феникиски и кинриотски воени бродови.

Военоморнаричката супериорност на непријателот имаше значајно влијание врз плановите на Александар Македонски за војување. Бидејќи персиската морнарица го контролираше морето, накголемата опасност доаѓаше од можноста Големиот крал да ја префрли војната на почвата на Античка Грција и со своето огромно богатство да ги присили античките Грци да војуваат против Александар.

Како решение морето не доаѓаше предвид поради недоволната сила и недоверливата природа на античката  грчка флота, па затоа Александар Македонски направи вешт план за парализирање на поморското предимство на противникот, со тоа што со  копнената војска прво го освои медитеранскиот брег на Персиската империја, со цел да ги окупира важните места и пристаништа на персиската флота, а пред се' целото феникиско крајбрежје.

Преминот за Азија кај Хелиспонт

Дариј и Александар

Александар не навлезе длабоко во Азија се додека детално не ја реализира својата програма. Бидејќи тешко може да се претпостави каква беше неговата замисла за освојување кога премина во Азија, не се знае кога е направен овој стратешки план, пред или во текот на победоносниот напад.

Силата на Александар Македонски беше во копнената војска. Врз неа, особено врз неспоредливо силната  македонска елита, што неговиот татко му ја остави во наследство, а која беше обучена до совршенство, како и врз самодовербата на војничкиот гениј, се темелеше апсолутната сигурност на победата. Не само што тоа му ја заситуваше душата на младиот крал туку со тоа успеа да ги инспирира своите Македонци кои му беа неограничено верни. Без неговата сигурност за победа и без непобедливата желба за освојување, многу акции и успеси на Александар ќе беа нејасни.

Неговата војска беше  помалубројна според онаа на противникот. Вклучувајќи ги античките грчки контингенти и околу 5.000 антички грчки наемници и контингентите на Тракијците, Агријаните и другите балкански племиња, војската на Александар Македонски, кога премина во Азија броеше околу 30.000 пешаци и 5.000 коњаници. Во коњицата беа вклучени 1.500 македонски коњаници (кралски следбеници), кои независно од кралскиот полк беа регрутирани од местата кај брегот што беа приклучени кон кралството на Филип Македонски.

Регрутите од дворјанството од пределите на Стара Македонија, меѓутоа, останаа во заднината со Антипатер. Отпорот на луѓето од Стара Македонија што подоцна беше насочен против Александар, кога тој ги запостави македонските интереси, дојде повеќе од македонската пешадија отколку од кралските следбеници.

На прашањето со колкава војска Дариј располагал во рамките на државата тешко е да се одговори. Неговата империја која се протегаше дури до границите на Индија имаше теоретски непроценливи можности, но практично тие беа ограничени од огромното растојание и според тоа имаше големи тешкотии за регрутирање. Може само да се постави прашањето, колку војска Големиот крал, всушност, беше вклучил на бојното поле против Алекдандар, во одделни борби.

Ако ги напуштиме страшно големите бројки, што традиционално се споменуваат, како што се направи тоа за персиските војни од четвртиот век, непобитно е дека Александар Македонски ги доби трите битки, Граник, Ис и Гавгамела, против супериорно побројниот непријател, чиј број се зголемуваше во секоја прилика.

Покрај избраната војска од Персија и Источен Иран, Големиот крал, како и неговите претходници особено се потпре врз античките грчки наемници, наспроти одлуката на Коринтската лига дека ниеден антички Грк не смее да стапи во воена служба како наемник во Персија.. Така, неколку илјади антички грчки наемници му служеа на Големиот крал, а некои од нив му беа верни до неговото пропаѓање.

Инаку, позабележителна беше  инфериорноста на Александар Македонски од финансисли аспект. Големиот крал имаше на располагање неограничено богатство од сребро и злато, сместено во благајните на поголемите градови. Кога стапи на должност, Александар во државната благајна затекна скудни 60 таланти готови пари, потоа зеде на заем 500 таланти, кон кои мораше да го додаде својот поранешен заем од 800 таланти.

Под претпоставка дека овие бројки се точни изненадува фактот ако според една друга сметка, што е исто така непроверена, Александар Македонски должел само 200 таланти кога заминал за Азија. Во секој случај бил должен кога го преминал Хелеспонт. Се вели дека имал само 70 таланти во готово за одржување на својата војска и залихи за не повеќе од триесет дена. Доколку немаше доверба во победата, ќе беше наречен авантурист. Но, Александар сметаше со апсолутна сигурност дека непријателските земји ќе му ја хранат војската, што се покажа точно.

Неговата самоувереност во победата делумно објаснува зошто уште на почетокот беше повел со себе историчар кој требало да ја пишува историјата за да ги информира античките Грци за подвизите во Азија. Историчарот беше Калистен од Олинт, внук и ученик на Аристотел, кој му го препорача на кралот за оваа работа. Калистен веќе беше познат во античката грчка историја со делото "Хеленика" што се појави во тоа време.

Преку посредувањето на Калистен, кого го славеше како реалист на панелинистичката идеја, Александар Македонски имаше намера прво да изврши влијание врз античкото грчко чувство. Во исто време, чудата на Исток што се надеваше дека ќе ги види, требаше да се опишат за доброто на античките Грци. Подоцна менталните промени го доведоа кралот во трагичен судир со својот историчар. Калистен направи прв книжевен опис за азискоатичкиот поход, а дотогаш под контрола на Александар Македонски, Калистен го усвои панегиричкиот јазик.

 

Продолжува

 

 _________________________ ******________________________

 

РЕФЕРЕНДУМОТ СЕУШТЕ Е СТАПИЦА! БОЈКОТОТ Е  НАША ПОСЛЕДНА ОДБРАНА! 

 

 

Гордана Димовска, поетеса

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*****************

 

 

 РОДНАТА ЗЕМЈА, МАКЕДОНИЈА СЕ ВИКА!

  • Заминав едно пладне пролетно
    со куфер полн спомени
    на мојата земја,
    моите родители, роднини, браќа
    и да го отвориш денес
    тие спомени се се' уште таму
    не исчезнуваат, не бледеат
    ти се вистински,
    засекогаш во срцето
    и не венеат.

    Македонци насекаде
    се радуваат со своето име
    пеат македонски песни
    зборуваат македонски јазик
    слават празници, религиозни и национални
    веат знамиња црвени и жолти,
    се гордеат на херои славни,
    се гордеат со земјата родна.

    Но зошто ви требаше нов договор сега?
    Со тирани кои грабеа и крадеа
    убиваа, протераа стотици илјади невини
    мажи, жени, деца
    да талкаат по светот
    се бараат и патат
    не можат пак на огниште свое
    да се вратат.

    Отфрлете ја омразата клета
    здружете се сите како еден
    нема место за поделби нови
    нема место за тирани клети
    спротивставете се на злото
    кое ви го припрема некој,
    одбранете ја земјата наша света.

  • Кој треба да ви каже
    да се наречете нешто друго
    зарем не знаете кои сте?
    Зарем немате почит кон себе
    кон коренот свој
    кон својата историја
    кон претците кои се бореа
    се жртвуваа, изумреа
    за таа земја Македонија?

    И јас пак сакам да се вратам
    на тоа парче македонска земја
    каде се родив и израснав
    на тоа парче македонска земја
    каде секое камче историја преде
    и никој нема право да го одземе.

    Слава и чест на нашите претци
    нивниот спомен, незаборавен вечен,
    како најубав шарен цвет
    да остане така признат во цел свет.

    И Тешкото стана најтешко
    по чија вина?

    Во најтешкото следува пак борба
    не останувајте слепи и неми, несвесни
    запливани во матни немирни води.
    Станете Македонци ширум светот
    од секое срце се' уште клика

    Родната земја Македонија се вика!
    ***********
    Автор, Гордана Димовска.

    http://www.mn.mk/pesni

БИТОЛА, ПАНОРАМА

Kind regards : 25 септември 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 167

ВИДЕОТЕКА

**************