ЗАЕДНО МОЖИМЕ СЕ'!  РЕФЕРЕНДУМОТ Е СТАПИЦА - БОЈКОТИРАЈ ГО!

Македонците во Торонто бојкотираат.

СОТИР

 

Сотир Гроздановски-Македонски

СЕГА МУ Е МАЈКАТА ЗОРАНЕ

********

 

Почнаа кампањите за луѓе кои ќе му помогнат на Зоран Заев да се извлечка од калта во која одамна се дави. Не се штеди на ништо, само да се вовлечат во неговата мрежа што повеќе, до вчера  сметани за чесни и луѓе вљубени во својата татковина и во својот народ.

Патриоти, со кои Македонците насекаде по светот се гордееа, се сликаа за спомен, им правеа дочеци и ги наградуваа како да се од дворот на Филип и Александар Македонски и кога ќе се враќаа назад, во Македонија, ги испраќаа со солзи и  длабоки емоции. 

Но, не се само уметниците излагани дека Заев е правиот човек кои на Македонија и' е потребен за да се извлечка од сиромаштијата и безработицата. Има и правници, доктори, инжињери, архитекти, универзитетски професори, доктори на науки од секакви сорти, академици, судии од сите рангови дури до Уставниот суд на Република Македонија, кои тргнаа по неговиот ум! Продадени души, колку да ти срце сака!

Тргнаа "врвни" интелектуалци, по умот на недоветник, за кои до вчера верувавме дека  се надежта на Македонија и луѓе кои со своите  професионални дострели македонското општество ќе го доведат до совршенство,  материјална и духовна благосостојба.

Благосостојба, ветувана  од 8 септември 1991 до овој септември од 2018 година, и никогаш остварена! Но со покажувањето на "роговите", испаднаа никои и ништо во очите на Македонците. Постанаа обични  предавници, изроди и арамии на македонските пари дадени на образовните установи за  тие да постигнат  нешто за себе, но и за народот. Та ниту направија нешто од себе, ниту нешто за себе, ниту за Македонија и народот македонски! Тоа што го постигнаа, тешко  ќе можат да го применат во нивната "северна Македонија", до колку ќе стигнат до неа. Зошто? - па затоа што   севрномакедонците се друг  народ и се' уште немаат ниту имале свој сопствен јазик ниту пак ќе можат да создадат свој северномакедонски јазик, без согласност на Грците и Бугарите. 

Та затоа Зоран Заев испадна по ербап од сите. За да си ја спаси сопствената кожа и да ја сподели вината за велепредавството кое веќе го стори и без спогодбата со Грција, си  повлече со себе во, "Ќенефот" на Мирјана Најчевска,  дел од македонскиот интелектуален "крем". И како такви ќе бидат забележани на некоја страница од црниот дел на македонската историја.

Зоран Заев е принципиелен и доследен на своите ветувања дадени на неговите надворешни наредбодавци дека ќе изврши се' што му е наредено, белким со тоа ќе се спаси од доживотниот одмор во некој од македонските или некој друг затвор на Балканот. И ево тој се' уште држи митинзи по градовите и селата на Македонија, продавајќи им ги досегашните "успеси" на неговата Влада, без срам и намус! Сите досегашни предавства на националните интереси на македонскиот народ и македонската држава ги прикажува како успеси, кои на Македонија ќе и' донеселе историски придобивки.

Референдумот на 30 септември 2018 година бил важен како оној од 1991 година, зошто со неговиот успешен исход ќе ја "осигурал и обезбедел Македонија. Ќе ја качел на шините, за конечно после 27 години да тргне".

Каде да тргне господине Заев? И за која Македонија зборувате: за нашата Македонија, Република Македонија или вашата нова "северна Македонија"?

Па не ќе можете да се разбирате едни со други во неа, зошто му го продадовте македонскиот јазик на Бугарите и Грците, а свој "северно македонски" не ќе можите така брзо да си создадете!  Не ќе имате никаква култура, историја, традиции, обичаи, книжевност, духовност и се што им го дадовте на соседите за влез во НАТО и Европската унија! Од народ со древна историја, култура, книжевност, јазик, литература..ќе постанете непознато племе во Европската унија и сите ќе ве сметаат за несалам!

На чија територија ќе ја сместите таа ваша "северна Македонија" и што ќе правите со нас кои не сакаме да доаѓаме со вас, туку сакаме да си останеме тука каде ни се гробовите на нашите предци, на нашите татковци, дедовци и прадедовци на кои им пишува на надгробните плочи дека се Македонци, а не "северни Македонци"? 

Сте размислувале ли дека никој жив од нас во и надвор од Македонија не ве овластил да ни ги менувате нашите семејни и лични имиња и името на нашата Македонија? Па зарем не сметате дека сме зелки или лубеници па ќе не продавате на пазар? Со вакви работи се бават само криминалци и арамии! Но, по се' изгледа, вие и нив ги надмашивте! Господине Зоран Заев!

И да не биде сам кој ќе и' донесе "среќа" на Македонија, госпоѓата Шеќеринска му доаѓа во помош. Таа ја гледа среќата на Македонците и македонската држава  само во НАТО и Европската унија, а сметката за тоа да ја платиме ние, безимените!

Господине Заев и госпоѓо Шеќеринска, ние се' уште чекаме пред да излеземе на Референдум на 30 септември о.г. да ни ги објасните кои се нашите придобивки од добрососедскиот договор со Бугарија и особено со договорот или спогодбата, се едно, со Грција. Но и тоа што  губиме!

Да ни ги покажете амандманите со кои намеравате да го ревидирате Уставот на Република Македонија и со тоа да ја сотрете Македонија таква каква ни ја оставија нашите предци, а каква ние сакаме да им ја оставиме, секако поарна од оваа со која вие владеете, на идните генерации.

Во спротивно, БОЈКОТОТ Е НЕИЗБЕЖЕН И ДО КОЛКУ УСПЕЕМЕ СО НАШИТЕ ЧЕСНИ НАМЕРИ И ИСКРЕНА ЉУБОВ СПРЕМА СЕ' ШТО Е МАКЕДОНСКО, макар и така осиромашено од вас и вашите претходници, БИДЕТЕ ПОДГОТВЕНИ ДА ЈА ПЛАТИТЕ ЦЕНАТА за се' што до сега ни направивте за да се срамиме пред цел свет, како народ, кој не заслужува  да има своја држава. Но и што му дозволивме на еден тешко ментално болен човек да ни ја води државата и да чини се' со неа, дури и да ја продава на пазар, без спротивставување на  народот на начин, како треба во вакви случаеви.

 

СЕГА МУ Е МАЈКАТА ДА СИ ГО СОЧУВАТЕ ОБРАЗОТ СВОЈ И НА  СЕМЕЈСТВОТО, ЗОРАНЕ ЗАЕВ! "МАНИТЕ СЕ ЌОРАВА ПОСЛА", ДУРИ ИМАТЕ ВРЕМЕ!

 ******

РЕФЕРЕНДУМОТ СЕ' УШТЕ Е СТАПИЦА, БОЈКОТИРАЈ ГО! 

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

 

Кристијан Мицкоски до Заев

И КВИСЛИНГ ИМАЛ СТАВ КАКО ВАС, НО БИЛ ЗАПИШАН НА ТЕМНАТА СТРАНА НА ИСТОРИЈАТА

****

 

 

- Квислинг имал став како вас, но бил запишан на темната страна на историјата. Поважно е каков е ставот. А кога сме кај стравот, зошто господине Заев страв од дуел, ако веќе имате став? Ајде на дуел да ги спротивставиме аргументите и да види народот како изгледате кога всушност немате став. 

 

 

 

Римата е забавна, иако гледам имате време за тоа, но овде се работи за Македонија, нашата историја и иднина, пишува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук.

 

12 септември 2018 година

http://www.mn.mk

 

 

СЕМАКЕДОНСКИ ДОНАТОРСКИ КОКТЕЛ ВО ТОРОНТО

 

 

Македонците даруваа над 145.000 канадски долари за подршка на кампањата за бојкот на референдумот на 30 септември 2018 година.

*****

Загрижени за состојбата во татковината Македонија, на две недели пред најавениот референдум, а со цел и единствена порака до Македонците во целиот свет за бојкот на истиот, македонските здружени патриотски организации од Торонто одржаа семакедонски донаторски коктел.

Во организацијата на овој значаен настан учествуваа: Светскиот Македонски Конгрес од Канада, Организацијата Обединети Македонци од Канада, Македонското Меѓународно двжењ за Човекови права со седиште во Канада и Македонското патриотско здрушение Андон Лазов Јанев-Ќосето.

Целиот настан беше помогнат од македонски бизнисмени, покровители на вечерта кои и овојпат ја искажаа својата несебична љубов кон Татковината.

Прве пред присутните се обрати Боне (Боби) Темелков, Претседател на Светскиот Македонски Конгрес од Канада кој при тоа рече:

- Светскиот Македонски Конгрес и македонската заедница во Канада цврсто веруваат дека треба да застанеме на браникот на Татковината, тое е наша патриотска должност и правиме се' што е во наша моќ овој незаконски референдум да биде бојкотиран од мнозинството Македонци во Македонија и низ целиот свет.

Г-дин Темелковски се осврна и на донаторската вечер од теи март годинава кога беа собрани над 120.000 долари, средства ко беа наменети за помош на над 30 македонски семејства, македонски деца чии татковци и мајки лежат во затворите прогонувани од Македонци.

Средствата во најголем дел процент беа директно пратени до семејствата на уставобранителите, како и за логистичка подршка на протестите во Македонија одржани во минтиот период, истакна г-динот Боби Темелков, додавајќи дека и прославата за денот на независноста во Македонија одржана во Скопје пред македонското Собрание беше целосно покриена со средствата од македонската заедница во Канада.

Во салата на Македонската Православна Црква св.Климент Охридски во Торонто пред насобраните се обрати и претседателот на Организацијата Обединети Македонци од Канада г-динот Мендо Бакаловски кој меѓу другото рече: 

- Денес македонскиот народ е оставен без водство, од една страна тие што се нарекуваат Влада се отворени предавници на се' што е македонско. Предавници на илинденска Македонија, на асномска Македонија, на Егејска Македонија, на Пиринска Македонија, на Мала Преспа и воопшто на цела Македонија!

Македонскиот народ ќе истрае во оваа борба и референдумот ќе биде масовно бојкотиран. Денес доаѓаат душмани од цел свет и го убедуваат македонскиот народ да гласа за референдумот. Но, нашиот народ ја знае својата чесност и нема да дозволи да ја изгуби државата на мирен начин. Ние, Обединетите Македонци стоиме цврсто зад претседателот Иванов, рече во својот говор г-динот Мендо Бакаловски и додаде дека референдумоте нелегален, нечовечки, но се надеваме дека народот ќе истраее и нема никогаш да дозволи Македонија да го смени своето име Република Македонија.

На донаторскиот коктел се обрати и протаставрофор Илија Донев, свештеник во македонската православна црква Св. Климент Охридски од Торонто, Тој меѓу другото истакна:

- Со договорот што го направи оваа Влада со Бугарија ние им подаривме цел еден милениум од нашата историја, а со договорот со Грција им подаривме многу, цел еден народ да се откаже од својаѕа историја и минато и доколку овој референдум помине, тогаш ние самите Македонци ќе се откажеме од себеси.

Овој референдум ние како свесни Македонци треба да го бојкотираме, да си дадеме себеси шанса да опстоиме понатаму во историјата како народ, како Македонци, нашата црква како македонска, бидејќи ако нема македонски народ, нема ниту потреба да постој македонска црква.

 

 

  • Св.Климент Охридски, Торонто

  • Протаставрофор Илија Донев, Торонто

Бил Николов,преседател на MHRMI, Торонто.

Народот наш ја формира таа црква за да си ги негува своите национални чувства, својата култура, јазикот македонски, ако ја изгубиме и нашата Црква, тогаш се' сме изгубиле, рече во своето обраќање до Македонците во Торонто отецот Илија Донев.

Со најостри критики и повици за бојкот на референдумот на 30 септември се обрати и претседателот на Македонското Меѓународно Движење за Човекови права со седиште во Канада г-динот Бил Николов.

Тој ги повика Македонците да бојкотираат и да не се појавуваат на 30 септември на референдумот, зошто секое појавување ќе може да биде изманипулирано од власта. Бојкот со цел да се одбранеме и останеме тоа што сме, Македонци.

Македонската заедница во Канада за подршка на кампањата на македонските патриотски здруженија во Македонија за бојкот на најавениот референдум со бра над 145.000 канадски долари.

 

http://www.mn.mk

12 септември 2018 година

100.000 долари за бојкот на референдумот

 

ЗА БОЈКОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ ОД МЕНЕ И МОЕТО СЕМЕЈСТВО ПОДАРУВАМ 100.000 ДОЛАРИ

*****

 

 

Сега во Македонија се потребни пари за кампања за бојкот на референдумот, затоа од мене и моето семејство подарувам 100.000 долари, рече Крсте Ивановски, најголемиот македонски дарител од Канада и секретар на СМК Канада, познат бизнисмен во својот емотивен говор до Македонците во Торонто.

- Само во Република Македонија зборот Македонија ќе биде забранет, на своите деца и внуци да не смееш да им кажеш од таа историја и името Македонија да го споменеш. Тоа е почеток на крајот на македонската држава и нација. Кој му дава право на некој да одлучи да ја смени целата македонска вековна историја; кој му дава право да го избрише еден од најстарите народи во светот? Замислете, ќе биде избришан за да бидат задоволени интересите на државите кои што сакаат тотално поништување на Македонија и македонскиот народ, рече Ивановски и додаде: - Ја слушаме сегашната Влада како се обидува да го убеди македонскиот народ дека мед и млеко ќе течело само да помине овој Договр!

Европската унија да одлучи да се прошири за десет години, Македонија пак нема да биде дел од неа.

Зборот Македонија се форсира во кампањата, а после тие истите ќе те казнат за негова употреба.

Господин Крсте Ивановски потоа јавно се запраша: На кого да му верува овој македонски народ, на премиерот што беше осуден на затворска казна па амнестиран од претседателот, што е дел од неговата партија, или на премиерот што се гледа на снимка како бара мито?

Или на премиер што пред изборите не се сретна со ниту една македонска организација во дијаспората?

На тој што рече дека доколку изгуби на изборите ќе си даде оставка? На тој што рече дека Св. Кирил и Методиј се дел од заедничката историја со Бугарија? На тој што на секое надворешно интервју му е срам да го спомене зборот Македонија? На тој што секој збор му е лага? Или на тој што се колкнеше во своите деца дека нема да го смени името? Нему ли да му верува македонскиот народ, тој ли ќе ја носи Македонија напред?

Како Македонци сите сме за бојкот. Дел од нашата одговорност овие денови е да им се јавуваме на нашите роднини и да им кажуваме за штетноста од договорот со Грција!

Во Македонија сега им се потребни пари за кампања за бојкот на референдумот, затоа од мене и од моето семејство подарувам 100.000 долари, рече г-динот Ивановски, кој беше поздравен со овации и ракоплескања од присутните на семакедонскиот донаторски коктел.

 

http://www.mn.mk

12 септември 2018 година

Славе-Катин

Славе Николовски-Катин

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

ДЕЛ 21

ПО СТАПКИТЕ НА ФИЛИП - АЛЕКСАНДАР СЕ ЗАЦВРСТУВА КАКО ХЕГЕМОН

 

Додека Александар Македонски беше во Античка Македонија, античките Грци беа мирни, иако непријателски расположените групи спрема него во градовите ја чувствуваа неговата хегемонија како тешко бреме. А кога Александар Македонски отиде на север и остана долго време во непознатите и далечни земји, од каде не доаѓаа никакви вести, античкиот грчки свет беше полн со немири и возбудувања.

Во меѓувреме, новиот крал на Персија Дариј III, кој дојде на престолот во мај 336 година, беше свесен за опасноста што доаѓа од Запад, бидејќи неговата војска веќе еднаш се беше судрила со античката македонска извидница што се наоѓаше во Мала Азија. Тој веќе беше запознат со воените револуции од 337 и 336 година и сфати дека лесно ќе може да се заштити од нападот на Александар Македонски само на еден начин, а тоа беше со злато да ги привлече античките Грци на своја страна.

Според тоа, дипломатските претставници на Големиот крал ги повикаа античките грчки држави да кренат востание против Александар Македонски, а како награда им понудија големи суми пари. Арно ама, само Спарта, која не беше член на Лигата го прифати златото. Другите држави на Лигата, па и Атина, зазедоа правилен срав, со тоа што останаа верни на договорот што беше склучен и ја одбија понудата.

Демостен, меѓутоа, не се колебаше да прими 300 таланти од Големиот крал за да врши пропаганда на персиската кауза, иако неговиот роден град го избра Александар Македонски за главен и одговорен командант против Персија. Тоа беше лекомислена игра што Демостен ја започна на своја одговорност и понесе голем дел од обвинението за големата несреќа што се почувствува во Античка Грција.

Возбудувањето во Античка Грција, што се зголеми со персиските предлози, повеќе порасна поради долгото отсуство на Александар Македонски и ја постигна својата кулминација кога се прошири веста дека Александар Македонски ја загубил битката со Трибалијанците. Демостен вешто го искористи тоа за да ја зголеми агитацијата, носејќи во атинската црква еден ранет маж кој изјави дека бил ранет во истата битка во која загинал и Александар.

Верувањето за смртта на Александар брзо се рашири, а тоа беше важно за донесување одлука за кревање бунт. Ако Александар Македонски беше мртов, се поништуваше Коринсткиот договор и се избегнуваше одговороноста и обврската спрема него, а со тоа античките грчки држави би се здобиле со слободата што ја имаа пред Херонеја. Така Тебанците на кои им пречеше македонскиот гарнизон во Кадмеја, се дигнаа на востание поттикнати од прогонетите кои беа тајно донесени од Атина.

Тие убија неколку антички македонски офицери и ја почнаа опсадата на градот, верувајќи на помошта на Атина, која преку Демостен им испрати оружје што го  купи со персиско злато. Аркадијанците исто така се кренаа на востание и испратија војска во Истмус и не се повлекоа наспроти пораката од Антипатер. Раздвижување се почувствува и во Аетолија и во Елис.

Овие лоши вести втасаа до Александар Македонски непосредно по завршувањето на битката за Пелион. Веднач ја поведе својата војска кон југ, иако само што заврши суровата битка, а војската се движеше во просек од околу дваест милји на ден. На тринаесеттиод ден, Александар Македонски, за кого се веруваше дека е мртов, веќе беше во Онкест, во Бојотија.

Тебанците мислеа дека само Антипатер би можел да доаѓа против нив откај  Македонија и кога се слушна дека тоа е Александар, помислија оти тоа би можел да биде само линкестијанскиот Александар. Веројатно сметаа дека по смртта на Александар Македонски, Линкестијанците ја презеле круната во  Македонија.

Но наредниот ден невозможното стана возможно: Александар Македонски беше пред градот. За правилно да се сфати оваа борба на Александар Македонски, важно е да се спомне дека тој често водеше војна како вешт хегемон на Лигата кој знаеше во името на Лигата да ги казни непослушните членови. Тоа беше исто така антички грчки начин на обноска, бидејќи на Александар брзо му се придружија мали контингенти од соседните држави кои му беа верни, а беа непријатели на Тебанците и се ставија под негова команда согласно договорот.

Бидејќи Александар Македонски разбра дека го сметаа за мртов, што целосно ја измени законската положба, тој прво се заложи побунетите Тебанци да ги врати во Лигата без да се пролее крв. Кога им го предложи тоа тие одговорија со коњички напад врз неговата стража. Грешката на Тебанците беше во тоа што сметаа дека Александар е мртов.

Наредниот ден кралот маршираше околу градот и се улогори на југ пред портата Електра, каде што се' уште привлекуваа внимание остатоците на стариот пат кон Атина. Овде, тој можеше да изврши напад со гарнизонот од Кадмеја, бидејќи нејзиниот јужен sид на тоа место се спојуваше со тој од градот. Тебанците направија двојна ограда од ролје пред портата за да ја пресечат врската на гарнизонот со надворешниот свет.

Александар Македонски го одложи нападот, надевајќи се дека ќе постигне мир. Тој им вети повторно на Тебанците дека тие ќе бидат примени во Лигата доколку му ги предаде водачите на бунтот. На тоа тие му одговорија со презир, велејќи дека тој треба да им го предаде Антипатер и водачот на Кадмеја. Притоа тие извикуваа од високата кула дека секој оној што сака да им се придружи ним и на Големиот крал за да ја ослободат античка Грција од тиранијата на Александар, без двоумење може да им се приклучи. 

По сето тоа Александар Македонски ја извади сабјата и со голема лутина нареди напад. Арно ама, пред да даде сигнал за напад, Пердика со својот полк ги нападна оние кај оградата од колци и започна да се бори, со што се разви општа борба пред јужниот sид на градот. Кога војската која напаѓаше под раководство на Пердика беше поставена на борбената линија на патот, Александар со своите најдобри единици влезе во акција.

Наспроти добрата одбрана, Тебанците беа заобиколени, а  Македонците со сила успеаја да влезат во градот преку портата Електра заедно со прогонетите. Другите дивизи му се придружија на гарнизонот во Кадмеја и побрзаа кон градот каде што Тебанците направија уште едно упориште близу Амфион. Се случи страшен масакар над населението повеќе поради старата омраза на Бојотијанците и Фокијанците отколку поради лутината на Македонците.

ТЕБА

Александар

Што треба да се направи со освоениот град? Како хегемон на Лигата, Александар Македонски свика вонреден состанок на Федералниот совет и се обрати кон него тој да го реши прашањето, бидејќи ваква одлука требаше да донесе Федералниот суд, а не хегемонот. Само соседниот сојуз, главно Бојотијанците и Фокијанците, брзо ги испратија своите пратеници и така на состанокот најдоа излез со израз на омраза на угнетените чии многу генерации страдаа под врховната на Тебанците.

Во оваа случка човек може целосно да го види бедното неединство на Грците: по пропаѓањето на Атинската империја (404) Тебанците и Коринтијците побараа уништување на Атина, а сега претставниците на Лигата бараа уништување на Теба. Ни еден член од Лигата не го бранеше извршувањето на ваквата казна, како што е примерот со Спарта која, потоа, направи добро дело во своја корист.

Имено, додека Спарта и оддаваше признание на Атина во војната за слобода од Персија, овојпат претставниците посочија на предавството за кое Теба беше виновна. Поттикнати од ова, решението на Лигата беше Теба да се срамни со земјата, да се подели територијата (со исклучок на онаа што беше света) меѓу бојотијанските членови на Лигата, да се остави постојан македонски гарнизон во Кадмеја, да се продадат жените и децата како робови и да се прогласат тебанските бегалци како одметници на целата територија на Лигата.

До колку Александар Македонски сакаше, можеше да ја ублажи острината на одлуката. Но, во корист на панелинистичката идеја и војната за освета против Персија, тој мораше да им покаже што ги чека бунтовниците кои ја издадоа Лигата и беа играчка во рацете на персискиот крал.

Така, Александар како хегемон без колебање нареди да се изврши одлуката. На тој начин светиот град на Кадмо и Оедип, градот на Епаминонда беше збришан од површината на земјата. Современиците сепак чувствуваа дека Александар Македонски имаше грижа на совеста. Подоцна, кога имаше можност да покаже милост спрема одделни Тебанци, тој секогаш го правеше тоа.

Неговата наредба да се поштеди куќата на Пиндар, големиот тебански поет, покажува дека Александар Македонски не наредил да се уништи градот во состојба на "бесен ѓавол", туку под притисок на политичките услови и со поделени чувства во својата душа. Исто така, непобитно е дека тој одлучил да војува само тогаш кога ќе има целосно помирување на античките грчки држави. Овој страшен пример беше добредојден за да им опрости на другите бунтовници.

Најмногу изненадени од ова беа Атињаните, свесни за својата вина како поттикнувачи на античкото грчко востание. Сензационалната вест за тебанската катастрофа одекна како гром од ведро небо во периодот кога ги изведуваа големите црковни церемонии, па затоа очекуваа дека ќе бидат казнети од победникот, иако претпазливо ја затаија ветената помош и ги оствија, Тебанците на цедило.

Веднаш испратија пратеник кој му го честита на кралот неговото безбедно враќање од север и казнувањето на Тебанците. Ваквото поведение е толку бесрамно што тешко може да се оправда. Откако ја почувствуваа кралската склоност кон милоста, Атињаните решија, по барање на Александар Македонски, да ги предадат антимакедонските водачи на чело со Демостен и да молат за повлекување на барањето испратено по втората делегација предводена од Фокион.

Александар Македонски, надвор од симпатиите спрема Атина, сметаше дека е важно да не го вкрсти оружјето со персискиот крал, со најсилната военопоморска сила. Затоа се согласи и го подржа прогонството на генералот Харидем, негов најжесток противник, кој пребега во Персија придружен од свои истомисленици.

 

Продолжува

 

 

 

_____________________   ******  ____________________

 

 

Розета Христовска, поетеса

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

***********

 

 

 

 

ДА ВИ КАЖАМ

АКО НЕ ЗНАЕВТЕ

  • Гмечете ме,
    Газете ме,
    Туткајте ме,
    Јас пак ќе се исправам
    Уште по лична,
    Уште помазна,
    Уште постројна,
    Ете од такво платно
    Јас сум скроена.

    И да ме раскинете
    На илјада делчиња,
    И со ножеви да ме парате,
    Со сабји да ме сечете,
    Со копја да ме бодете,
    Со куршуми да ме гаѓате,

  • И само една нишка
    Да остане од мене
    Јас пак ќе се составам.

    И да ме оцрните
    Лицето бело ќе ми остане,
    И да ме изгорите
    Од пепелта ќе се издигнам
    Како фениксот,
    И по вода да ме пуштите
    На брегот ќе испливам,
    Ако не занете, да ви кажам,
    Јас сум МАКЕДОНКА!
    ********
    Автор, Розета Христовска
    14 мај 2017.

Kind regards: 20 септември 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 166

 ВИДЕОТЕКА

*************