НЕ ПРАВЕТЕ КОМПРОМИС ЗА ИМЕТО СО ГРЦИЈА! МУ ПОРАЧА БАН КИ МУН НА МАКЕДОНЦИТЕ!

БАН КИ МУН, генералниот секретар на Обединетите нации, кој на 9 септември 2018 година пристигна во Охрид, даде шокантна изјава со која индиректно ја повика Македонија никако да не прави компромис со Грција за прашања како што се самоопределувањето и самоименувањето, а кои ОН ги сметаат за загарантирани универзални права.

Ова го јави телевизијата Канал 5, која нагласи дека изјавите на генералниот секретар на Обединетите нации ќе предизвикаат жестоки реакции од Грција.

Телевизијата ја оцени изјавата на Бан Ки Мун како шокантна и наведува дека таа ќе предизвика сериозни полемики и размислувања и во Скопје и во Атина.

"Со своите изјави тој практично го отвори прашањето дали правото на самоопределување и самоименување е политичко, или е загарантирано универзално право што се добива со раѓање. Кога се работи за универзални права и принципи, Обединетите нации никогаш не прават компромиси", ги коментира Канал 5 изјавите на генералниот секретар на ОН.

Бан Ки Мун, кој пристигна во Охрид и се сретна со членовите на школата за лидери, која се одржува под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов, за цело време во своето обраќање и комуникација го употребувал уставното име на нашата држава.

"Македонија, Република Македонија, вашата преубава Македонија", биле најупотребуваните негови зборови, а во еден момент тој раскажал како во младоста, додека бил студент, го употребувал вистинското име, односно го изговарал онака како што се пишува, но откако пристигнал во Њујорк, почнал да ја нарекува "Macedonia"

http://media24.mk

Сотир Гроздановски-Македонски

РЕФЕРЕНДУМОТ Е ВИСТИНСКА СТАПИЦА И ЗАТОА ТРЕБА ДА СЕ БОЈКОТИРА!

 

Овој пат навистина не знам од каде да почнам! Зборуваме, пишуваме, се лутиме едни на други, се нарекуваме добри Македонци, па лоши Македонци, ама ако ме прашате како се чувствувам сега, морам да ви признам, дека сум збунет!  - бидејќи положбата во  која  ние, Македонците, сме ставени во својата сопствена држава, Република Македонија, а и надвор од неа, е застрашувачка! Човек не може со ништо  да се пофали! Да легне, да се одмори и жив на нозе потоа да застане! 

Говорните и ТВ програми се гушат во пена докажувајќи ни дека  преспанската Спогодба е последното упориште што ни преостанало за преживување или да ризикуваме и навлеземе во  изолација и така да "исчезнеме". Дека таа не е идеална, ама тоа  е што Грција и "меѓународната" заедница  ни порачуваат! Во спротивно,   нема влез во НАТО и ЕУ! Па ние веќе сме во НАТО, но како платеници во борби за туѓи интереси!  Сакаме поарно од тоа?

Пораките на владеачката гарнитура со кои не уверуваат дека се' што прават, прават за наше заедничко добро, се проsирни и лажни  ветувања, како дел од плановите на Западот со кој сака конечно да го затвори македонското прашање, за секогаш. Но и своите злодела  од минатите времиња, Балканските воини, Првата и Втората светска војна   заклучно со Граѓанската , во Грција! Само сега со употреба на нови и софистицирани средства: НАТО и Европската Унија, како "играчки за деца", на што нашите корумпирани политичари од времињата на приватизацијата и плачкосувањата на македонскиот народен имот лесно и доброволно "наседнаа". "Наседнаа", со цел да ги сочуваат своите криминално стекнати баснословни имоти и моќ, како гнасна трампа за името на државата и идентитетот на сите нас Македонците, било каде и да сме.  Но не е само тоа! Нашите "добротворци" имаат и своја посебна порака за нив, а таа е : правете што ви се наредува, или ќе гниете во сопствените затвори! 

Народе македонски, излезете и гласајте "ЗА" спогодбата во Виници од 17 јуни 2018 година! Велат  "добронамерните" високи европски мисионери, "загрижени'" за судбината и доброто на нашата земја. Тие, деновиве ја посетуваат Република Македонија, во состав и бројност невиден во минатото, со накана да ги уверат Македонците дека имаат само еден пат за напредок и опстанок,  а тоа се НАТО и можност во догледно време влез  во Европаската Унија.

"Зграбете ја последната историска шанса за влез во нашиот престижен клуб во Европа и пошироко, каде 'тече мед и млеко', и бидете 30-та членка на НАТО, а во догледно време  или никогаш, во Европската Унија! Со новото име Северна Македонија или како делови  од некои од соседните држави, како и во минатото"!

Тоа е вистинската порака на нашите стратешки партнери, завиткана во преспанската спогодба со Грција и договорот за добрососедство со Бугарија, а насилно туркани кон извршување со помош на домашните предавници и изроди!

Меѓутоа, многу аналитичари и истакнати универзитетски професори и други интелектуалци не инфицирани со вирусот на "црната Чума" која СДСМ и Зоран Заев ја прифатија како спас, велат: - покажете ни ги амандманите со кои планирате, зад плеќи на својот сопствен народ, да го преуредите Уставот на Република Македонија во согласност со веќе договорените погубни одредби со Грците, па после да одиме на референдум! Но, молк на сите страни! Зошто? Па затоа што тие навлегуваат длабоко во идентитетот на македонската држава и на Македонците.  Но и затоа, што со тоа би  го закопале референдумот од кои зависат сите пеколни планови за уништување на Република Македонија  таква, каква ја познаваме и каква сакаме да си ја сочуваме, било тоа со влез или не во "престижниот клуб" на Европската унија и НАТО.

Сите тие сојузи и примамливи организации  со тек на времето се распаѓаат и се создаваат некои нови, ама деструкцијата на македонската држава и преимнувањето на Македонците останува трајно! Следствено на тоа, и не би била некоја голема и безизлезна катастрофа ако им се заблагодариме на нашите "пријатели" за нивната "грижа" кон нас, Македонците, и нашето "сиромаштво" вештачки створено како резултат на   алчноста и неспособноста на "лидерите" кои ја водеа  и уште ја водат Републиката, во последните 27 и кусур години.

Во овие неколку реченици се крие и  стапицата со која нашите непријатели сакаат да не фатат како покусни глувци за понатака  и без пречки, да  си прават геноцидни експерименти со нас, до конечното затворање   на нашиот погребен сандук.

Ете  тоа го доживееав гледајќи ја "дебатата" за референдумот чии успешен исход треба да одлучи дали ќе не има или ќе не нема како Македонци. Можеби ќе не има, ама не Македонци, туку  "северни Македонци", што не е исто. Како такви, постануваме новороденчиња без свој јазик, историја, култура, книжевност, Црква, МАНУ, и тнт. па се' до личните карти и патните исправи.

Но, покрај сето  повеќепатно поновување на   истите прашања од никој не добиваме задоволителен одговор!  Која е причината што не тера такви неповолни и деструктивни услови кои Грција  и Западот ни ги ставаат на маса да ги проголтаме, без гаранција дека нема да ни нашкодат и потоа сите колективно да не снема, како никогаш и да несме постоеле! Се дискутира само  да се одрекнеме од својата древна историја заедно со името Македонија, зошто таа и така била "нивна", а ние со таквиот чeкор би постанале  "победници", што е и наша "стратешка" цел!

Зарем уништувањето на Македонците и нашата држава  ќе придонесе за подобрување на животниот стандард во светот и поголема безбедност во регионот на нашето вековно хабитување?  Закани, санкции, понижувања, уништување на приватен имот од страна на  грчките цариници на граничните премини и редица други не цивилизирани  и варварски акти на однесување заслужуваат внимание и награда во 21-от век?

Не е ли чудно што македонските политичари и понатака прават од себе недоветни кукавици и покрај очи слепи и дека имаат работа со диви племиња од другата страна на границата?

Што е со нашите врвни историчари?  Не се ли кадри да им се спротивстават  на грчките, бугарските, па и албанските колеги и со факти да ги натераат да ја спуштат топката на земја? Зарем како и Наде Проевска се однесуваат кога таа вели дека "нашата древна историја се' уште не е доволно истражена за да се дебатира на рамна нога со Грците, Бугарите, Албанците па и Србите" и покрај тони документи достапни на ракофат? Или се и тие соучесници во општата завера против Македонците и самите себеси? 

Па зарем македонското образование досега воспитуваше луѓе да ја мразат својата татковина, својот сопствен народ и своите предци без чија борба неби биле никој и ништо? Зарем нашето високообразование одгојуваше само предавници и изроди? Зарем беше греф да им се каже на студентите дека Македонија не е дрво без корен? 

По се' изгледа, да е така! Тоа е видливо од дебатите на се' повеќето "експерти" за се' дури и  за кулинарство, кои катадневно не уверуваат дека  политиката која Заев ја води е во наша полза. Ќе бидеме во друштво на силните држави во светот, ќе седиме заедно со нив во иста просторија, но не и на нивната маса! Ќе имаме поарен живот со користење на европските фондови и ќе бидеме заштитени од НАТО... Но, за цената која треба да ја платиме, се изустува само по некоја срамежлива реченица, проследена со спуштена глава и мрмор, дека  сето тоа  е за "наше добро, за нашите деца и нивните деца". 

Сакам да верувам,  дека во иднина,  на политичката сцена во Република Македонија ќе си го најдат местото такви луѓе, кои  ќе  се грижат повеќе за квалитетот на образовните програми и  за кадровите, а пред се'  за нивните морални вредности! Да, баш така, ако сакаме да имаме иднина и без НАТО и Европската Унија, која нема друга цел, освен создавање услови за нова колонизација и израбување на послабите членки, гладни за корка леб! 

Дебатата "НА ВАША СТРАНА" во студиото на телевизиската станица ТЕЛМА од 10 септември 2018 година навистина ме стави во една посебна дилема: што е тоа што ги прави луѓето различни? Формалната наобразба и високите титули или домашното воспитување надградено со претходно реченото?

Треба да се знае едно, а тоа е:  Секоја јавна расправа или ТВ дебата е заради нас, гледачите, а не самата за себе!  - инаку е настан во кои  неколку луѓе  кои вистински немаат што да кажат па се надмудруваат и караат, а ние сме само дел од еден лош спектакал и губитници на нашето време.

И покрај сите почетни спротивности во размислувањата и толкувањата на претсојниот референдум за 30 септември 2018 година,  реторичкиот натпревар започна и се водеше на начин како што и беше предвиден да се одвива, пред нашите очи и уши! 

Поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓулистана Марковска,  го нападна првиот човек на најголемата опозициска политичка партија Христијан Мицкоски за немање  став  во поглед на референдумот со зборовите  дека  "крајно е не сериозно  тоа што се' уште нема формирано свое мислење и став".

Никој, ама никој во Македонија, продолжи таа,  дури ни потписниците на Договорот, не се среќни од  тоа што се случи. Едноставно тоа е услов што "мора" да се прифати.  Секоја друга Влада  да се најдеше во таа позиција и да преговара со Грците,  ќе го потпишеше истиот договор. Ние 27 години имаме лет во место. Во овој момент не решаваме за нас, туку решаваме за иднината  на децата на нашите деца. Не може една од најголемите партии, ВМРО-ДПМНЕ својот став да го чува под маса за поткусурување. Какви ќе бидат резултатите, на таа страна да се приклони! И тоа е крајно не сериозно, рече Марковска".

( Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во својот говор на 11 септември 2018 година во своето ВИДЕО го разјасни заедничкиот и својот личен став во врска со Референдумот: "Ние сметаме дека Референдумот и преспанскиот Договор се деструктивни за Република Македонија и затоа  не го прифаќаме. А како ќе гласаат граѓаните, се надеваме дека знаат кој пат да го фатат и по свое лично убедување, без наши посебни насочувања и препораки")

Професорот Малчевски, пак,  за разлика од сите други во дебатата рече дека  е убеден во апстиненцијата на 30-ти септември. Еве ја неговата изјава од уводното претставување.

- ВМРО-ДПМНЕ цело време беше ставено на страна и кога се разговараше со Грција и кога се потпишуваше  Договорот од Нивици. Па ако некој мислел дека треба да се слушне гласот на сите, дека сите требало да бидат вклучени, тоа тебало да се направи, барем, при потпишувањето на договорот!

Зошто, ако толку е важно што мислат сите, на потпишувањето немаше никој од опозицијата? Зошто, кога е важно не беа викнати барем пратениците? Во Собранието, на крајот, ќе треба подршка за да помине договорот! Рече професорот Самоил Малчевски!

 

 

  • Ѓорѓи Спасов

  • Ѓулистана Марковска

  • Самоил Малчевски

Малчевски понатака изрази и сомневање дека власта веќе ги подготвила и амандманите. Според него, повеќе од очигледно е дека надлежните подготвиле се', дека и тие се готови.

- Ајде да видиме што содржат амандманите, кои се тие. Очигледно е дека се готови, според однесувањето на луѓето од Владата, повика Малчевски.

Професорот Малчевски посочи дека извесен период, поради истражувања кој ги правел, бил на терен низ Македонија, па во врска со тоа изјави:

"Не слушнав дека некој ќе излезе и ќе гласа. Народот е збунет, соочен со уцена, со нејасно прашање. Некој треба да им објасни за што е тој договор со Грција, а не да се лажат граѓаните. Има огромно разочарување кај нив.

На 30 септември граѓаните ќе ги исцртаат македонските црвени линии. Јас сум убеден во апстиненција (бојкот) на 30 септември 2018 година, заклучи универзитетскиот професорот Самоил Малчевски".

И за крај на денешново мое јавување предлагам да се запознаеме со одговорот на воведното прашање на дебатата, а тоа е: МОЖЕ ЛИ ДА СЕ СОГЛЕДА ИСТОРИСКИОТ ЗНАЧАЈ И ВАЖНОСТА НА ДВАТА РЕФЕРЕНДУМИ И КОЈА Е ПАРАЛЕЛАТА ПОМЕЃУ НИВ?

Нивните одговори ќе ни помогнат поарно да ги сватиме стојалиштата на учесниците во поглед на референдумите и последиците или придобивките од прифаќањето на преспанската Спогодба со Грција, односно Хеленската република.

 

ЏУЛИСТАНА МАРКОВСКА:

**************************

- Па може да се направи паралела од аспект на значењето на референдумот. Референдумот од  90-тите, односно од 8 септември 1991 година беше значаен за устоличувањето на земјата, односно Република Македонија после распадот на заедничката држава СФРЈ, како посебна, самостојна, независна и суверена македонска држава. И сето тоа во  времињата кога народот беше уплашен од неизвесноста и судбината нејзина! Дали ќе може да опстојува во даденото опкружување.

Тие страови и загриженост нестанаа со тек на времето, а фактот дека еве, 27 години опстојуваме како самостојна и независна македонска држава ни сведочи дека сепак сме тврд орев, кој може да ги истрпи сите премрежиња! Но за жал, во еден преголем традиционален период, кога имаме ЛЕТ ВО МЕСТО!

Референдумот што е пред нас, 30 септември 2018 година, е референдум на ИДНИНАТА! Референдум, со кој што при едно крупно геополитичко престројување во светот, па ако сакате и во Европа и на Баллканот, ние треба да си го најдеме нашето место. Тоа е паралелата помеѓу овие два референдума, по мое видување на работите кои ја окупираат сцената на политичките движења денес.

Значи, да повторам: Првиот референдум е за удирање на темелите на самостојноста на Државата, вториот референдум каде ќе се движи Република Македонија. Значи, се работи за минатото и за иднината!

 

САМОИЛ МАЛЧЕВСКИ, Универзитетски професор:

**************************************************

- Да, нашите определби се за НАТО и ЕУ, но која е цената која треба да ја платиме за тоа?

Што се однесува до референдумот, пак, јас зборувам за апстиненција-не гласање за него на 30 септември 2018 година, а не бојкот! А во поглед на можната паралела помеѓу двата референдуми, имам неколку причини кои би сакал да ги елаборирам. Тврдам, дека таква паралела е непотребна и дури смешна!

Рековме, дека наши стратешки определби се НАТО и ЕУ и така треба и да остане! Но која е цената која треба да ја платиме за тоа? Јас се прашувам, што потпишаа во Преспа, односно Виници на 17 јуни 2018 година, Договор или Спогодба. Незнам! Мене не ми е јасно, како тој настан ни гарантира дека ќе станеме членки на НАТО и ЕУ? И по цена да го ревидираме нашиот Устав во неговите важни одредби?! 

А сега се поставува прашањето: Зошто на 30 септември 2018 година треба да се апстинира од излегувањето на гласање за референдум кој од нас бара прифаќање на Спогодбата со Грција, како услов за влез во Нато и Европската Унија! Ево ги причините:

1. Целото мое политичко делување од моето појавување на македонската политичка сцена се темели врз почитување на правото и правната држава. Да се разбереме. Оваа Спогодба, Договор, незнам ни што ли е, е надвор од рамките на уставниот и правниот поредок на Република Македонија.

2. Самото референдумско прашање е една обична уцена. Јас не верувам дека има граѓанин кој е против зачленување во НАТО и ЕУ. Над 80% од граѓаните во РМ се за членство во овие евроатлантски асоцијации и тоа нема врска со оваа Спогодба. Но има врска со исполнување на Копенхашките и Хашките критериуми, те критериумите за членство во НАТО и Европската Унија. Ова е последно од низата!

3. Ние имаме кампања која се води екстремно не приципиелно. Многу политичари даваат изјави кои неважат две минути од изговорувањето. Ајде да видиме кои изјави се точни и веродостојни, а кој се неточни и лажни. Или за да го прекинеме тој вртлог на лаги, на невистини, дајте да ги водиме амандманите. Да видиме што е договорено со Грците. На две места сериозно се споменуваат уставните амандмани во Спогодбата, кои требало да се реализираат до крајот на 2018 година.

4. Четвртата причина за која што на 30 септември 2018 година треба да се апстинира и да не се излезе на гласање е заради што политичарите цели 27 години не најдоа за потребно да изградат систем на црвени линии под кои не смее да се оди.

Граѓаните на Република Македонија на 30 септември со темно црвена боја ќе ги изградат црвените линии. Нема промена на Уставот и уставното име на македонската држава. И тоа на сите треба да им е јасно.

 

И ќе видите, дека  на 30 септември 2018 година, тоа ќе се случи.

 

ЃОРЃИ СПАСОВ, Универзитетски професор:

********************************************

Роден во Неготино на 11 август 1949 година, е македонски политичар, дипломат и универзитетски професор. Тој во 1972 година дипломирал на факултетот за политички науки на Универзитетот во Белград, Србија. Во 1983 година магистрирал,  а докторирал во 1993 година  на политички науки на Универзитетто "Свети Кирил и Методиј" во Скопје. Од 1976 до 1993 година работел како асистент, апотоа како научен соработник во Институтот за социолошки и политичко правни  истражувања на Државниот универзитет во Скопје. Од 1994 до 1997 година бил амбасадор на Македонија во Бугарија, а од 1996 година и амбасадор на Македонија во Молдавија. Од 1997 до 1998 бил министер за правда на Владата на Македонија. Од 1999 до 2002 година бил пратеник во Собранието на Македонија и професор на Правниот факултет на Универзитеттот Свети Кирил и Методиј во Скопје. Од 2003 до 2007 година бил амбасадор на Македонија во Велика Британија, Ирска и Исланд. 

Спасов има добиено највисок Орден што им се доделува на странските дипломати во Република Бугарија за дипломатска дејност. 

*************

Мораме да признаеме, дека како и со почитуваната универзитетска професорка Мирјана Најчевска, така и со Ѓорѓи Спасов и многу други како нив, сите богато накитени со разни домашни и меѓународни признанија за било што и со  импозантни академски досиеја, нема големо фајде за Македонците. Нема, зошто  сите  пари вложени во нивната изобразба изродија  измеќари, предавници и изроди во служба на надворешни наредбодавци!

Вредат помалку и од Зоран Заев, лидер на СДСМ и во едно претседател на Владата на Македонија, кој ги влечка за нос а Македонците ги продава заедно со државата, кaкo зелки на пазар.

Во дебатата за која зборувавме погоре, Спасов не му беше рамен ни до колена, на професорот Самоил Малчевски. И тоа не затоа што не знае зошто се работи кога се дебатира за референдумот и прифаќањето на преспанската Спогодба со Грција,  ами затоа што неговиот ум а помалку и разумот, работаат подруго. Работаат во полза на неговите  странски наредбодавци и нивните интереси.

Не е лесно да се храниш на туѓи јасли, а да ги браниш интересите на својот народ и својата сопствена држава!  Овие вистини   за сигурно му се познати на некои  од средината во кои  се движи професоров Спасов,  што и самиот му  призна на Самоил Малчевски за да му докаже дека поарно ја знае проблематиката во државата од него, бидејќи  се движел во подруги средини, каде што се решава судбината на сите нас.   

Па ево да видиме и чуеме нешто повеќе од неговите мудрости, колку да знаеме со кој и каков човек имаме работа.

Професорот Спасов, слично како и предходната учесничка во дебатата, Ѓулистана Марковска, зборуваше за првиот референдум од 08 септември 1991 година дека бил оптоварен со неизвесности за судбината на Македонија, но и со силна желба на народот да се осамостој и си формира своја сопствена држава и да биде свој на свое.

Но,  Грците презеле голема офанзива, се разбира не самите, барајќи  новата држава да не се регистрира во ООН-Њујорк со име за кое тие сметаат им припаѓа на Хелените и нивното историско и културно наследство. И тука започнале проблемите кои конечно почнале да се решаваат благодарејќи му на Зоран Заев и неговиот тим кој снашол "смелост" и се втурнал   во одлучна борба до конечна победа, надмашувајќи го дури и стариот  Дон Кихот. 

Со Бугарската Спогодба за добрососедство се започна "вистинското" решавање на   Балканските проблеми поврзани, со така нареченото "македонско прашање", односно прашање за докусурување на македонската историско-етничка територија, заедно со воскреснатата македонска држава на еден нејзин дел, Република Македонија.

Но,  преспанската Спогодба со Грција  конечно  ни ги отвора можностите за потполно признавање на нашата држава како вистински самостојна држава со свое име, јазик и други идентитетски белези во ООН, НАТО и Европската Унија.

Зборувајќи за референдумот кои ни претстој, Спасовски истакнува дека е поволен за Македонија, и затоа треба да се гласа за прашањето кое е поставено: ДАЛИ СТЕ ЗА НАТО И ЕУ СО ПРИФАЌАЊЕ НА СПОГОДБАТА СО ГРЦИЈА! Со Неговиот успешен исход ништо не губиме, туку за прв пат во нашата историја ќе бидеме признаени како вистински меѓународен субјект со можност да се вклопиме во сите меѓународни организации и институции како рамноправна членка, вклучувајќи ги НАТО и ЕУ. Јазикот си останувал нечепнат, дури се зајакнувал, идентитетот и сите други елементи кој ја сочинуваат Македонија како држава на Македонците ит.н.т. до безкрај убави зборови мелозвучни за уво, но никако да се споменат лошите страни на оваа спорна и вистински деструктивна Спогодба! Спогодба, со која сите работи што овој македонски професор и дипломат ги споменува се губат во времето на лагите и детските соништа. 

Па господине професоре, ако е сето тоа така убаво средено со Спогодбава, па зошто воопшто се преговараше? Зарем требаше толку време и пари за да се дојде до спогодба со Грците, а при тоа Македонците си останат не чепнати со ништо? Па дури и зајакнети со толку бакнежи и прегратки на двајцата министри за надворешни работи Коsијас и Димитров.

Вие сте биле  подобар дипломат и од Филип Втори Македонски кога успевате самиот себе  да се уверите дека Македонците се толку неписмени  и наивни да  можете   преку Вардар да ги преведете жедни и гладни, а тие ниту да бекнат. 

Работите, мој професоре, не се такви какви вие се обидувате да ни ги прикажете. Па вие сте во овој случај поарен Мин Хаузен и од вашиот лидер, Зоран Заев. Честитки и од мене!

Сето тоа што ни го издиванивте, господине Спасов, не држи вода! Би било прифатливо и за обичните и недоволно информирани луѓе со кои катадневно се сретнуваме на улица и кој од властите очекуваат само да ги вработи некако, за да си го прехранат семејството, а не Зоран Заев да ги продава како безимени бели робови, членови на некое ново откриено примитивно племе без минимални сознанија за светот, кој не ги сака! 

Вие заборавивте да ја споменете и другата страна на медаљата!

Другата страна на медаљата оди со првата, односно би била предмет за радост и честитки за сите учесници на таа историски важна спогодба со Грција, до колку со неа не би се барало смена на името Република Македонија во "северна Македонија", што се два различита појма.

Со таа "мала" измена, се' се менува и Република Македонија ја нема, заедно со Македонците  и постануваат некои нови, "северни Македонци" кои ненадејно, сега, Грците ги измислија, а не Тито! Вистинска лакрдија за деца од 21 век.

А што ќе правиме почитувани поранешен дипломату и доктор и јас незнам каков, со историјата, културата, книжевноста, традициите, топонимите на местата во другите делови од таа некогашна силна, а сега преку ноќ, непостоејќа Македонија многу пати спомената во Библијата на Христијанството заедно само уште со Евреите и никој друг? Ја има ли во неа Грција, Бугарија, Србија, Албанија или некоја друга земја постара која го носи името Македонија? Па сигурно дека нема! Па што ќе праиме со идентитетските белези на таа Македонија от како ќе ја избришите од секаде, ќе  ги фрлите на буниште или ќе ги закопате во морските длабочини за секогаш?

И ние знаеме и вие знаете дека се' што ни го раскажувате како убава приказна, всушност е измама и голема лага во која никој паметен не верува. 

А до колку по секоја цена вие и сите како вас инсистирате на своето уверување, тогаш можеби ќе се случи нешто големо, кое никој на светов иоле паметен не го посакува, зошто ќе биде многу поразлично од времињата по распаѓањето на Отоманската Империја и подоцна!

Ваш Сотир

************

 

РЕФЕРЕНДУМОТ Е И ПОНАТАКА САМО ВЕШТА СТАПИЦА! БОЈКОТИРАЈ ТЕ ГО!

******

Славе

 

Славе Николовски-Катин

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

ДЕЛ 20

АЛЕКСАНДАР ЈА ПРОШИРУВА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ПРЕКУ РЕКАТА ДУНАВ

******

Откако Александар Македонски беше признат за хегемон на Лигата додека е жив, се состана стариот Совет, како што порано беше случај со татко му и го назначи за генерал со неограничена моќ за напад и одмазда против Персија. Може да се претстави дека резултатот од Конгресот остави многу поинаков впечаток кај Александар, отколку кај неговиот татко.

За Филип Македонски, замислената борба на одмазда беше единствен изговор и инструмент на политика да ја направи Античка Македонија голема сила. Меѓутоа, Александар Македонски, во кого Аристотел влеа љубов кон античката грчка култура, требаше да ја прими панелинистичката идеја со најголем ентузијазам, а доби и можност да ја пренесе таа култура во Азија. Исто така, тој имаше и личен мотив, а тоа беше примерот на неговите прадедовци, особено на Ахил.

Откако премина во Азија, беше полн со романтични замисли дека тој како втор Ахил ги води античките Грци против варварите. Но, во исто време тој отиде  таму и како крал на Античка Македонија, со цел да освои нови територии. И покрај тоа што не можат да се доловат неговите намери и во која мера се остварија неговите планови во текот на првите години од азискоатичката едспедиција, а и колку многу беше преокупиран со панелинизмот, сепак можат да му се припишат два аспекта на неговите цели во однос на војната.

Колку повеќе пасионираниот Алекдандар Македонски копнееше за почетокот на своето војување за одмазда, толку повеќе се гледа дека по враќањето од Коринт, во зимата на 336-335 година, не беше подготвен да премине во Азија. Но, претпазливо и со ладен израз, што беше карактеристично за него во врска со стратешките прашања, мислеше дека е неопходно да воспостави добри односи со северните варвари, со цел да ја заштити таа страна на државата пред да тргне на пат.

Најголем проблем за Александар Македонски беа Трибалијанците, тракиско племе, населено меѓу Стара Планина и Дунав, со кои војуваше Филип Македонски, но не се прошири до Дунав, со цел да обезбеди за неговото кралство определена и природна северна граница. Значи, политичката цел беше таа што го тераше кон север, а не како што се претпоставуваше "незаситната човечка жед за храбри дела", која во тоа време поскоро би го испратила во Азија.

Во својата прва експедиција Александар Македонски ја покажа решителноста со која секогаш ги подготвуваше воените операции. Тој испрати воени бродови од Византиум преку Црно Море до Дунав и им нареди да пловат до местото што го определи за таму да се спојат со копнените сили. Доколку ги најдеше бродовите на определеното место, може да се заклучи дека имаше точни информации за територијата на непријателот.

Инаку, во експедицијата на Дунав, како и во наредните операции во 335 година во Илирија и Античка Грција, можат да се согледаат сите одлични елементи на неговата стратегија и тактика, кои го направија најславен командант на сите времиња.

 

Александар на Дунав.

Ова уште повеќе заслужува да се истакне, бидејќи Парменион, доверливиот стар генерал на татко му, кому неоправдано му се припишуваат сите подвизи на Александар Македонски, тогаш беше во Азија и не учествуваше во походот. Со Александар Македонски не беше ни Антипатер, друг голем генерал на Филип Македонски, кој беше оставен во заднината со дел од војската, за да го одржува редот во кралството и во Елада.

Во пролетта 335 година Александар Македонски замина од Амфипол. Напредуваше од Стримон долж морскиот брег до Места (Карасу). Следејќи го правецот во внатрешноста, сврте кон Филипопол, место според името на татко му и втаса до Коча на Стара Планина каде што го најде преминот Шипка, окупиран од независните Тракијци кои ја обезбедија својата положба зад тврдината направена од товарни коли. 

Кога пробаа да ја скршат фалангата со тркалање на колите, Александар им нареди на своите луѓе да формираат премини, низ кои ќе поминат колите, а тие да се соберат во збиена формација со штитовите над главите, преку кои ќе поминат колите како преку покриви од штитови без да им нанесат некаква штета.

Во овој момент на опасност, маневрите беа изведувани нечујно и прецизно како на парадно место, така што ниеден војник не беше загубен, а тоа не потсетува на средба со една силна војска што Алексдандар Трети Македонски ја наследи од својот татко.

Кога Шипка беше заземена со напад, Александар Македонски се спушти кон северната рамнина. Сирмос, трибалијанскиот крал со својата жена и со децата за својот народ побара спас на еден остров во Дунав, чија положба тешко може да се идентификува. Можеби тоа било во близината на Никопол. Трибалијанската војска која се повлече кон југ претрпе уништувачки пораз.

Три дена подоцна, кога Александар Македонски пристигна до реката Дунав, таму се сретна со својата флота. Бидејќи бреговите на реката беа многу стрмни, Александар Македонски не успеа во својот обид да слезе со единиците на островот на кој Сирмос беше засолнат.

Тогаш кај Александар Македонски се појави брилијантна идеја. Така, со изненадувачко демонстрирање на сила го скрши отпорот на непријателот. Тој одлучи ненадејно да го премине Дунав, а со тоа го натера да бега Гета кој живееше од другата страна на брегот, со што го принуди Сирмос да се предаде. Кон овие политички и војнички цели, треба да се додаде уште еден чисто личен мотир. Во најдобриот извор на информации првпат се вели дека Александар Македонски ја зазел таа земја со цел да го премине Дунав.

Ова беше само желба за непознатото, неиспитаното и мистериозното, кои во доцнежните години го доведоа неодоливо во други краеви на светот. Сега неговата млада душа, во која беше туѓа секоја идеја за освојување на светот, го поттикна да фрли поглед на непознатиот и туѓ свет надвор од границите на неговото кралство.

Многу тивко се подготви за премин преку реката Дунав.  Беа собрани чуновите за риболов на тамошното население, а платната од шаторите ги наполнија со сено да им помогнат при пливањето. Со вакви примитивни методи и со помош на својата флота ја искористи тивката и темна ноќ да префрли преку река што е можно повеќе единици.

Предзори, Александар Македонски веќе имаше 1.500 коњаници и 4.000 пешаци од другата страна на брегот. Рано изутрината тој ги поведе единиците низ нивите со пченка и ги замаскира. Потоа изврши јуриш со коњицата и се судри со Гета кој беше улогорен пред својот град. Целосно изненаден од овој, речиси, непоимлив брз налет на Александар Македонски, иако беше посупериорен по број, Гета се повлече назад во градот, набрзина ги качи жените и децата на коњи и исчезна во степите на север.

Александар Македонски го опљачка и го уништи градот, потоа на северниот брег на Дунав принесе жртва на Зевс, Спасителот на Херакле, и на Богот на реката кој му дозволи да ја премине, а истиот ден ја поведе својата војска назад во логорот на јужниот брег, без да загуби ниту еден војник.

Оваа, речиси неверојатна акција, бездруго, имаше определени резултати. Сирмос и неговите Трибалијанци му се покорија на Александар Македонски. Другите соседни племиња јужно од Дунав исто така испратија дипломатски претставници кај кралот и му го изразија своето почитување. Славата на неговото дело се слушна дури до Келтите, кои потоа се повлекоа источно од Јадран и испратија амбасадорски претставник за да го замолат за пријателство. Теророт што Александар Македонски го спроведе имаше долготраен ефект. Имено, тоа беше педесет години пред Келтите да ја нападнат Античка Македонија и Античка Грција.

Александар Македонски се враќаше во Античка Македонија преку западниот пат низ Пеонија, но во близината на Софија во регионот на Агријан, беше информиран од едно верно племе дека Клеит, кралот на Илирите се побунил. Веднаш потоа (околу август) Александар замина, веројатно од кај Ќустендил, преку Еригон (Црна) до важната граница на тврдината Пелион, преку преминот од Горна Македонија до Илирија.

Тој дел, всушност, беше во рацете на непријателот. Александар Македонски веројатно успеа да ги прогони Илирите од високите предели, опколувајќи ги во градот, меѓутоа, беше спречен со доаѓањето на Таулантијанскиот принц Глауција, кој им се придружи на бунтовниците. Александар Македонски мораше да отстапи и само со извонредна маневра успеа да ја избегне опсадата.

Најпосле, непријателот беше поразен со изненадување во отворена битка, по што се повлече во тврдината Пелион, го запали градот и избега. Така, колку што судирите беа поризични, толку Александар Македонски полесно победуваше. Имаше среќа и брзо ја постигнуваше својата цел. Веднаш по освојувањето на Пелион, му пристигна веста за опасното востание што се крена во Античка Грција, за кое беше потребна неговата брза интервенција.

Инаку, во изминатите и во наредните продолженија ќе се обидеме преку "Македонска нација" да го претставиме историскиот роман "Александар Велики" од германскиот научник Урлих Вилкен (Urlich Wilcken LEXANDER THE GREAT), преведен од англиски на македонски јазик како "Александар Македонски" од Славе Николовски-Катин, а во издание на Издавачката куќа "Мисла" од Скопје, во 1988 година. Преводот на романот "Александар Македонски" беше прво дело за Античка Македонија на македонски јазик и беше добро прифатен пред триесетина години.

Продолжува

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

********

 

 

КНИГА ВРЗАНА СО СИНЏИРИ

  • Велиш: видов книга врзана со синџири.
    А луѓето, а дечињата во неа?
    Зборовите и буквите?
    Што прават тие?

    Луѓето и дечињата, зборовите и буквите,
    запеаја една ноќ сите заедно
    и со песната излегоа од книгата.

  • Низ едни ветришта, низ едни дождови,
    се засолнија во земјата,
    топла за семе и плодови.

    Во книгата остана само зборот окован
    и неколку реда синџири околу него.
    ********
    Автор Анте Поповски

Kind regards : 15 септември 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 165