РЕФЕРЕНДУМОТ Е СТАПИЦА! ЗАТОА ГО БОЈКОТИРАМ!

Сотир

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ШТО НУДАТ ЛУЃЕТО КОИ ПОВИКУВААТ НА БОЈКОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ? СЕ ПРАШУВА ПРОФЕСОРКАТА МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА!

*******

 

Па одма да ви одговорам, почитувана шарена професорке: - чистење на  Македонија од монструми како вас и луѓе со болни идеи кои не го разбираат злото што се крие во спогодбата  меѓу Грција и "Втората страна".

 

Повеќе пати сум пишувал за  Мирјана Најчевска, од нејзината улога во "шарената револуција" кога Македонија ја нарече  "ЌЕНЕФ" држава и заедно со многу други ги уриваше македонските  државни и општествени институции,  ги нагрдуваше спомениците на македонските борци за слобода, го уништуваше  општествениот имот ширум нашата земја, ја предизвикуваше македонската полиција па  еве до денес, кога таа се чуди зошто  Македонците биле против референдумот на 30 септември 2018 година. Но за жал и покрај сето тоа, никогаш не ми текнало да ја известам широката јавност, внатре и надвор од Македонија, која е впрочем, Мирјана Најчевска! 

Верувајќи дека,  после многуте пишувања за нејзиното место во Соросовата пеколна мрежа, те како активисткиња  во групата на македонските  изроди и најголеми  негативци ја сфатила пораката на Македонците и  се обидела да ја исчисти  душата и совеста, но особено  угледот на Институцијата која и' овозможува  добра живеачка,  намерно испуштив да одам подлабоко во нејзината личност и улогата која ја има во македонското општество, односно во образованието на младите македонски луѓе.

Овој пат, како ќе видите, се осмелив да ја исправам  грешката!   Ќе ви ја претставам оваа македонска универзитетска професорка во светло , согласно податоците во нејзината, инаку, морам да признам, импозантна биографија. Не сакам да ве заморувам  со сите нејзини професионални дострели, зошто излегуваат од рамките и целта која  си ја поставив пред започнувањето на  денешнава колумна.  Нив ќе им ги препуштам на  моите колеги кои ќе, веројатно, искажат подлабок интерес за душата и разумот на главниот јунак во приказнава пред вас, Мирјана Најчевска.

Па ево да ја започнам, без  претензии да ја разубавам или нагрдам    нејзината слика и ги  обезвредам нејзините творечки дострели во полето на ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА во светот, туку да ја кажам, само, вистината и нејзината негрижа за  ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА НА НЕЈЗИНИОТ НАРОД И НЕЈЗИНАТА ДРЖАВА, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

Најчевска се' уште "бара" одговор на прашањето, зошто Македонците протестираат и се против Спогодбата во Нивици од 17 јуни 2018 година, особено против претстојниот референдум, чии успех ни гарантира потполно исчезнување од меѓународната сцена како древен народ со завидна историја и цивилизациски дострели како придонес во развојот на човештвото во светот.

Таа го знае одговорот, а ние ги читаме нејзините зли накани. Од   личност, како неа, која го мрази својот сопствен народ и државата македонска, не можи да се очекува ништо добро!  Македонците се паметни  и затоа  во оваа  битка, која одлучува да се биде или да се исчезне од светската мапа, ќе победат, ако се сакаат себеси и  Македонија како држава на Македонците и малцинствата во неа!

Исчезнувањето на македонската историја, македонската култура, македонскиот јазик, македонските традиции и обичаи, сите топоними што го носат името македонско, сите документи, дипломи, крштевки, венчавки, имињата на новороденчињата  македонски, идентитетот на државата Македонија и на Македонците во неа, не се нешта  за кои се преговара и договара, зошто го чинат темелот на еден народ, на едена нација,  на една држава. И против сето тоа и отвореното неслагање на мнозинството граѓани во Републиката, тие се запишани во договорот помеѓу Коsијас и Никола Димитров  како обврска за "Втората страна" (Македонија)  да ги изврши, како услов за влез во НАТО и Европската Унија, без одредување временски термин и гаранција за реализирање.

Но, не е само тоа, најважното и наjстрашното по националните онтереси на Македонците се амандманите за преуредување и ревидирање на македонскиот Устав, кои се чуваат во тајност. Во тајност, зошто им служат на македонските властодршци и предавници како последна и одлучувачка бомба со која ќе ја однесат Македонија и Македонцитe во  Историјата на  народите, со високо развиени цивилизации, а сега веќе ги нема.

Со прифаќањето на предложеното име за нанашата земја да биде "Северна Македонија" постануваме нова држава. Ја започнуваме нашата историја од нула и како "северни Македонци", воопшто непознати во историјата на човештвото постануваме   мета на повампирените учесници во поделбата во Букурешт 1913 година, Грција, Бугарија, и Албанија! 

Но, ќе забораев да го споменам и тоа, дека со самоодрекнувањето на Македонците од самите себе, се одрекнуваат и од својата земја на која хабитуваат со милениуми. Едино Албанците во Македонија, како самонаречен "народ автохтон" и "државотворен", ќе останат не гибнати, со сите права кои Македонците ги губат во нивна полза. Постануваат староседелци и сопственици на земјата  со сите блага и драгоцености под и над неа, зошто северните Македонци ќе бидат натрапници и ново дојденци на "нивната територија", за која  и така  тврдат дека е нивна. Ние ќе им бидеме подстанари, а тие станодавци со право да ни дадат отказ, во секое време и  да не истераат како бегалци,  не сакани во "нивната земја". 

Ете затоа е натуркана двојазичноста да биде мост кон тотално губење на Македонија и македонската нација после признавањето на преспанската спогодба со Грција.  Нестанувањето на македонскиот јазик, заедно со плански  одолговлечувањето на  нејзиниот прием во НАТО и ЕУ, Македонија  постанува еднојазична, со официјален јазик Албанскиот. Тоа е и една  од најголемите причини зошто сите Албанци настојуваат името на Македонците, името на државата заедно со нивните идентитети да се променат и на лесен начин да ги заменат Македонците, за што активно се залага нашата професорка Мирјана Најчевска, Љубомир Фрчковски, Мирослав Грчев, Зоран Заев, Никола Димитров, Радмила Шеќеринска и се разбира ненародната, квинслишка и предавничка Влада која пали и гасни низ Република Македонија.

Но, наскоро ќе видиме, како ќе се однесува ВМРО-ДПМНЕ, како главен и одлучувачки фактор во две третинскиот кворум, кога ќе дојде  преспанската спогодба во Собранието.

 

ТОА Е УШТЕ ЕДНА ПРИЧИНА ЗА  МАСОВЕН БОЈКОТ НА ЕСЕНСКИОВ РЕФЕРЕНДУМ,  СО КОЈ МАКЕДОНЦИТЕ ЗАЕДНО СО ГРАЃАНИТЕ КОИ СИ ЈА САКААТ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, МОРААТ СПОГОДБАТА СО ГРЦИЈА БЕЗУСЛОВНО ДА ЈА ОТФРЛАТ, ЗОШТО Е ШТЕТНА И ЗЛОСТОРНИЧКА ЗА  МАКЕДОНИЈА!

 

Се разбира, сета оваа проекција за нашата иднина не ја создадоа  Албанците сами. Затоа не би требало сето незадоволство од настаните кои ја тресат македонската држава и го вознемируваат македонскиот народ да ги фрлиме врз нивните плеќи. Имаат и тие свои пријатели зад себе  на чии услуги  трошат милиони било од која валута. Албанците имаат само желби за стварање на Голема Албанија, во која ќе ги сместат сите Албанци, по пат на Милошевиќ, сите Срби во една голема држава, па ја изгуби половина Србија.

Но да се вратиме на професорката Мирјана Најчевска и нејзините не разбирања "ШТО НУДАТ ЛУЃЕТО КОИ ПОВИКУВААТ НА БОЈКОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ"? Таа во својата колумна во "Либертас" од 04 септември 2018 година вели: "Слушам многу фрази - вечна Македонија, свето име, ненародна власт, геноцид, само една љубов, одбрана на татковината..." и продолжува "она што не го слушам е што навистина нудат како резултат на своите активности луѓето кои повикуваат на бојкот на референдумот. Еве да претпоставиме дека бојкотот ќе успее и референдумот ќе пропадне. И да претпоставиме дека тоа ќе доведе до откажување од договорот од Преспа. И, што понатаму"?

Почитувана професорке, кога урлавте како мајмуни низ Македонија  измачкани со боите на "шарената револуција" при тоа уништувајќи го сопственото национално и демократско   општество предводени од хулигани, како вас, кои денес со ваша заслуга ја продаваат својата сопствена држава и својот сопствен народ за добивање можност влез во НАТО и Европската унија, го очекувавте ова што го добивте? За ваква  ли "Ќенеф" држава  се боревте?

Македонците очекуваат да ја вратат власта назад  во своите раце, како едини суверени во земјата, и да му ја доверат на луѓе, кои ќе направат ред и мир во Република Македонија и со својата чесност, знаење и љубов, да ја изградат и повисоко постават во светската заедница на народите од она што ни го нуди НАТО и Европската унија со своите постојани не чесни и нецивилизирани уцени и закани:

ПРВО ВАШИОТ ЖИВОТ, ПА ПОСЛЕ КАЈ НАС ВО НАШЕТО ДРУШТВО! 

Ако е ова што им  го донесовте на својот народ и Зоран Заев да ви биде водач и политички идол, јас би рекол дека направивте голема грешка, која  чека на наплата било кога. Но, спрема вашата титула и редица членства во разни домашни и меѓународни организации, вие би требало да се срамите заедно со тие во Универзитетот кои дозволуваат се' уште да се шетате горе долу по неговите коридори, од внатре да ја уривате Македонија  и продавате на Грција, Бугарија и за уште посрамотно, на Албанците.

Да се срамите што се' уште не го најдовте одговорот на   вашето прашање: ШТО НУДАТ ЛУЃЕТО КОИ ПОВИКУВААТ НА БОЈКОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ!

БАРАНИОТ ОДГОВОР Е ВО ПОДНАСЛОВОТ НА ТЕКСТОВ! 

Мирјана Најчевска

Мирјана НАЈЧЕВСКА е родена на 24 ноември 1956 година, професорка, активисткиња и експертка од областа на човековите права, со контроверзен углед, активен борец за промоција и заштита на човековите права на маргинализираните групи. Дипломирала право на Универзитетот "Кирил и Методиј" - Скопје во 1979 година. Таа е магистерка по политички науки (магистерски труд на тема: Можноста за демократизација на советското општество низ законски промени, 1986 година) и докторка по правни науки (докторска дисертација на тема: Редимензионирање на поимот на правната држава со можност за примена во решавањето на малцинските прашања, 1995 година).

Инаку, Мирјана Најчевска е редовен професор/Научен советник, раководител на студентската програма: Политички систем и човекови права, раководител на студиите од трет степен: Демократизација во услови на глобализација при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот "Св. Корил и Методиј" - Скопје, членка е на многубројни експертски тела за човекови права, меѓу кои и Работната група за лицата со африканско потекло; Висок комесар за човекови права, ООН (2008-2010); Членка на Европската мрежа на правни експерти во полето не-дискриминација (2010); Членка на Балканската мрежа на правници против дискриминација (2009 - до денес); Членка на Сенатот на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" - Скопје итн...

Најчевска е активна и во граѓанскиот сектор, како: Раководителка на Центарот за човекови права и разрешување конфликти (2007 - ); Членка на Бордот на Центарот за мултикултурно разбирање и соработка во Република Македонија (1996-1998); Членка на Бордот на Институтот "ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО" во Република Македонија (1995-1996).

Професорката Мирјана Најчевска има објавено и над 55 самостојни или групни трудови, монографии и истражувачки извештаи, во главно од полето во која е ангажирана.

Импозантно, нели? Во секој случај! Но што е со заштитата на човековите права на Македонците и нивното право да имаат своја национална држава со полноправни национални малцинства во неа? Зарем фаворизирање на едно национално малцинство со две национални држави, Албанија, Косово и претензии за трета во Република Македонија на штета на Македонците кои се автохтон и државотворен народ, како и на штета на другите национални малцинства во Република Македнија е заштита  на човековите права во нашата држава?

Зарем издигнувањето на Албанците и нивниот јазик во Република Македонија на рамниште со Македонците и  македонскиот јазик е заштита на човековите права и покрај нивната отворена брутална не лојалност спрема државата во која живеат? Кои се заслугите на Албанците за постанокот, развојот и безбедноста на Република Македонија за толку незаслужени против уставни права без никакви обврски од нивна страна? Можеби учеството во изминатите воини? Да!Но, секогаш на страната,  против Македонците и неговите национални интереси!

Каде се човековите права за вашиот сопствен народ, професорке, да има своја слобода во сопствената национална и унитарна држава како и сите новонастанати  национални држави на Балканот? Држави со минорна историја и културен развој во однос на Македонците? Имате ли вие и таквите како вас одговорност да работите за интересите на својот народ или да промовирате  човекови права за малцинствата на штета на Македонците? Тоа не е зошто македонскиот народ богато ве наградува!

Почитувана Мирјана Најчевска, тоа што сакате да слушнете што ви нудат како решение на ситуацијата во која се наоѓаме тие кои повикуваат на бојкот, "освен удирањето во гради, извикување на бомбастични фрази и црковно-националистичкиот рап со кој се сее омраза", по се' изгледа дека вие не сте во можност да го слушнете, а помалку можете да го разберете! Зошто? Зтоа што сте најобичен изрода, предавник и жена без достоинство и посебно познавање на македонската историја, културата, обичаите и традициите и покрај сите титули и членства во организации каде би можеле да научите нешто за љубовта спрема својот народ и својата држава, која за вас не значи ништо!

ЕХ, КАКОВ ИЗГУБЕН КАПИТАЛ ВО ОДГОЈУВАЊЕ НА СВОИ СОПСТВЕНИ ДУШМАНИ!

 

РЕФЕРЕНДУМОТ Е СТАПИЦА! БОЈКОТИРАЈ ГО!

*****

 

Свето Стефановски

СРЕДБА СО СЛАВЕ КАТИН - ПОЗНАТ ИСТРАЖУВАЧ НА МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО ВО СВЕТОТ

*******

Во националната установа "Григор Прличев" во Охрид, На 22 август 2018 година, се одржа средба со новинарот, публицист, истражувач и преведувач Славе Катин кој стапнал на сите континенти и посветил голем дел од својот живот и творештво на Македонците од етничка Македонија, раселени ширум светот, и ги забележал нивните животни приказни, судбини, успеси, радости, таги и љубовта кон својата родна Македонија.

Славе Катин, втори од лево

Во одајата на Григор Прличев, што се наоѓа во Националната установа "Григор Прличев" во Охрид,  се одржа книжевна средба со Славе Николовски-Катин. Во оваа куќа на книгата, на присутните вљубеници на книгата им се обратија: директорката на библиотеката Гордана Змејковска и новинарот Милчо Јовановски, а промотори на животот и делото на Катин, беа неговите колеги, пријатели и долгогодишни соработници д-р Томе Груевски, професор на Факултетот за новинарство при Универзитетот "Свети Кирил и Методиј" и авторот на овие редови Свето Стефановски, новинар и публицист, познат по списанието "Екологија".

Книжевната средба беше посветена на еден исклучителен и познат автор - Македонец, кој стапнал на сите континенти,  создал и запишал небројани трајни вредности, како показ на нашето постоење. Притоа, промоторите се задржаа на ентузијазмот на нескротливата и несопирлива енергија на славеникот Славе Катин, кој посветил голем дел од својот живот и творештвото за Македонците од етничка Македонија, раселени ширум светот, и ги забележал нивните животни приказни, судбини, успеси, радости, таги и љубовта кон својата родна Македонија.

На средбата беше речено дека Славе Катин не припаѓа на политичка партија, бидејќи тој и' припаѓа на Преспа, на Македонците во дијспората, на  етничка Македонија и на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА). А Црквата, како институција, игра значајна улога во опфаќањето и сплотеноста на Македонците надвор од Македонија, особено во прекуокеанските земји, и насекаде во светот.

На средбата, меѓу другото, беше речено дека Славе Катин ја започна својата преведувачка и публицистичка дејност во Охрид, вториот Ерусалим, градот на свети Климент и свети Наум Охридски, градот на минатото, сегашноста и иднината. Тука, тој го подготви и го објави неговото прво дело - лексикографското издание "Англиско-македонски лимнолошки лексикон" (1986), и во издание на Хидробиолошкиот завод од Охрид.

Ова дело ги постави темелите на творештвото на Славе Катин, кој потоа преведе поголем број научни книги и трудови, кои се објавени во Македонија и САД, потоа напиша десетина книги кои се однесуваат на иселеничката проблематика, како  и дела за неговите патувања, средби и разделби со Македонци ширум светот. Меѓу другото, во неговото новинарско творештво Катин се зафати и стана еден од најпознатите автори за репортажи како новинарски жанр и убавица на изразот.

Посебно за репортажите на Славе Катин зборуваше професор д-р Томе Груевски, кој меѓу другото рече дека овој новинарски жанр е свидетелство, документ и убав збор, како и откривање на човечката судбина, проникнување во социјалната драма и изговорена или визуелна слика за човекот,  настаните и појавите. Репортажите на Катин претставуваат вистинска слика на стварноста, а тој како добар репортер умее да ги поврзе работите од различни подрачја и епохи во една целина, која ги возбудува мечтите.

Таков е случајот со публикациите "Моите патувања по светот"  (2001) и "Светот на дланка" (2014) кои претставуваат збир на неколку стотини подолги репортерски записи за неговите патувања и обиколка на четириесетина земји ширум светот. Тие всушност се описи на краишта, предели, градови, држави, во кои новинарот Катин патувал и го опишува она што на тој пат го привлекува неговото внимание. Затоа со право може да се рече дека во новинарското обликување на репортажите на Славе Катин доаѓа до израз неговата автентичност, документарност и конкретно прикажување на она што е најбитно.

Средба со Славе Катин во Охрид

Во петставувањето на Славе Катин како автор на осумнаесет монографии за познати и признати македонски личности во македонската дијаспора и во Македонија, Свето Стефановски, авторот на овие редови, меѓу другото рече дека Славе Катин и' е познат на македонската и на меѓународната јавност по 55-те публикации, по 100-та научни трудови од различни области и по неговите над 3.000 новинарски и други текстови објавени во Република Македонија и во информативни гласила во светот.

Првото негово монографско дело е "Атанас Близнаков" (2000), (на македонски јазик), книга за иселеникот од Гери, Индијана, САД, а по потекло од Д'мбени, во Егејска Македонија. Во ова монографско дело се вели дека иселеникот Атанас Блознаков не се покажа како обичен печалбар, туку како личност што настојуваше да навлезе во суштината на македонската слобода, убавата и правдољубива идеја, гледајќи ги работите со многу сериозен пристап, со што се издигна над времето во кое живееше.

За него Славе Катин написа ново дело под наслов "Атанас Близнаков" (2017) (на македонски и англиски јазик), во кое се зафатени позначајни моменти од животот на овој доблесен иселеник, за кого постојано ќе навираа спомени, а најмногу ќе се потсетуваат студентите - стипендисти на Фондацијата "Атанас Близнаков", за неговото хумано и патриотско дело, затоа што тој останува да живее во историјата на Универзитетот "Свети Кирил и Методиј", од Скопје, на македонското иселеништво, на македонскиот народ и на Република Македонија.

Една од најзначајните монографии на Славе Катин е, секако, "Монографијата за митрополитот Кирил" (Кирил Поповски) (2007) (на македонски и англиски јазик). Во тоа време, како  најстар архијереј по хиротонија и архипастир со околу 45-годишно искуство и со значаен историски изминат пат во поновата историја на Христовата црква, тој достојно беше респектиран од македонскиот народ, особено во иселеништвото како голем борец и поборник за запазување на честа, достонството и автокефалниот статус на нашата света Македонска православна црква-Орхидска архиепископија. Тоа особено се потврдува на просторите од Полошко-кумановската епархија, која митрополитот господин Кирил ја водеше како нејзин надлежен архијереј.

Исто така, на книжевната средба со Славе Катин во Охрид, акцент беше ставен на делото "Светозар-Светле Стамевски" (2005) (на македонски и англиски јазик) посветена на вистината и за потеклото, животниот пат и постигнуањата на иселеникот Стамевски од Детроит, а по потекло од селото Одри, Тетовско, истакнат македонски иселеник, сопартиец и личен пријател на претседателот на САД, Џорџ Буш Јуниор и на неговото семејство. Потоа се потенцираше значењето на монографијата "Томов" (2007) (на македонски и англиски јазик) која претставува огледало за познатиот и признат фолклорист, етнолог, кореограф, скулптор, или како често го нарекуваа амбасадор на македонската култура, традициите и вистината за Македонија и македонскиот народ - Ѓорѓи (Џорџ) Томов.

Славе Катин е и автор на монографијата за Македонецот од Австралија, а по потекло од селото Буф, Леринско, Андреа Бранов (2000), (на македонски и англиски јазик), на делото "Јановски" (2002) од Торонто (на македонски и англиски јазик), на монографијата "Гога Печенковски" (2004) од Ресен (на македонски), на делата "Бошко Рајчовски-Пелистерски" (2008) од детроит и Флорида (на македонски и англиски јазик), потоа заедно со професор Методија Трајковски, внук на донаторот "Петар Стаматов" (2010) (на македонски и англиски јазик), а заедно со Ѓорѓи Лумбуровски е автор на монографијата за бизнисменот Силјан Мицевски (2017) ( на македонски) и на монографијата на Благој Механџиски, познат како ЗЕГИН (2018) ( на македонски и англиски јазик).

Беше потенцирано  дека посебно место во творештвото има монографијата посветена на едно од најпознатите естрадни имиња на македонската музичка сцена и многу пошироко, Есма Реџепова-Теодосиевска (2016) (на македонски, англиски и ромски јазик), кое е дело за нејзините постигнувања како кралица на ромската и македонската песна, како и за нејзиниот животен сопатник и музички водител и столб на ансамбалот "Есма" - Стево Теодосиевски.

Најново монографско дело на Славе Катин, пак, е делото за Стив Пљакас (2018), за еден од најпознатите македонски иселеници. Стив Пљакас е канадски Македонец, или македонски Канаѓанин по потекло од убавото македонско село Зелениче, Леринско, од егејскиот дел на Македонија. Тој е исклучително позната, призната и неодминлива личност меѓу Македонците во Канада и Соединетите Американски Држави. Бизнисменот Стив Пљакас е еден од најистакнатите Македонци кои се иницијатори, организатори и големи борци за афирмација и за одбраната на македонското многувековно име, на Македонците ширум светот, Македонската православна црква и на духовниот живот чии корени се уште од мисијата на апостол Павле во македонската земја.

На средбата посебно внимание беше посветено на монографијата за големиот Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски, за човекот кој е исклучително голема, позната, призната и неодминлива личност во македонската дијаспора и во Македонија. Инаку, покрај Монографијата за митрополитот Кирил, една од значајните монографии на Славе Катин е, секако, делото "Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски (2012) (на македонски и англиски јазик) кое има две изданија. Без сомнение, Атанасоски е еден од економски најуспешните Македонци во светот. Иако подолго време живее на Флорида, во САД, од своето емигрирање до денес тој е длабоко и силно поврзан со судбината, вистината и настаните во Македонија. Џорџ Атанасоски е Македонец по националност и православен христијан по вера.  

Оваа значајна и по многу нешта единствена двојазична монографија од овој вид претставува осврт за ликот и делото на Џорџ Атанасоски. Со тоа авторот Славе Катин успеа да го овековечи овој познат и признат Македонец, преку кој се проектира најновата фаза на македонската иселеничка историја. Бизнисменот Ѓорѓија - Џорџ  Атанасоски е личност за почит и пример од кој можат и треба да се огледаат и други Македонци во двете татковини, САД и Македонија. Нему му припаѓа заслуженото високо место во хиерархиската пирамида на луѓето кои имаат големи заслуги во иселеничката македонска сага и во градењето пријателски и бизнис мостови меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави.

На крајот на книжевната средба, Славе Катин се заблагодари на присутните и неговите промотори и се осврна на неговото 55 дело "Израел и Македонија" (2017), кое е на англиски, македонски и хебрејски. Тој, меѓу другото, рече дека денес состојбата во дијаспората рапидно е изменета. Круната на тој историски вознес, рече Славе Катин дека е обновата на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква, чија улога на обединувачки фактор на Македонците дојде до израз и во етничка Македонија и кај Македонците во дијаспоратa, кои само тие и античките Македонци се нарекуваат со тоа име.

 

Свето Стефановски

https://mn.mk/aktuelno

 

Славе - Катин

Славе Николовски-Катин

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

ДЕЛ 19

МЛАДИОТ КРАЛ АЛЕКСАНДАР И НЕГОВОТО ВЛАДЕЕЊЕ ДО ВОЈНАТА СО ПЕРСИЈА

 

Наспроти големото возбудување што беше предизвикано од убиството на Филип Македонски сред огромното движење на масите во текот на величенствената свадбена веселба во Егеј, сменувањето на монархот беше извршено на мирен начин. Верниот Антипатер, се раскажува, помогнал во смирувањето на луѓето, потенцирајќи ги големите квалитети на Александар Македонски.

Војската што ја водеше Александар Македонски и што победи во Хоронеја, немаше ни најмалку сомнение во него. И така, на собирот на античката македонска војска, која според старите привилегии имаше решавачки збор, Александар Македонски, кој тогаш имаше дваесет години, беше веднаш прогласен за крал, а притоа признат и за законски крал на Античка Македонија.

Младиот крл прво што презеде беше да го казни убиецот на својот татко. Има две верзии во врска со судбината на Паусанија. Прво, дека веднаш штом избегал бил брзо фатен и убиен, автората, што е најверојатно поприфатлива, е дека Александар Македонски, кој веднаш застанал на престолот во кралствиот двор, побарал да му го доведат Паусанија и бидејќи бил обвинет за големо предавство, го предал на судот на античката македонска војска, чие собрание го казнило со распнување на крст.

Подоцна, по свечениот погреб на Филип Втори Македонски во Егеј, беа убиени и други лица кои се сметаа за соучесници како казна за злосторство. Меѓу нив беа двајцата браќа на линкестијанската кнежевска куќа, Архабај и Херомен, кои беа обвинети за помагање во убиството на Филип Македонски со намера да го преземат престолот.

Се претпоставува дека Александар Македонски го поштедил третиот брат, Линкестијанецот Александар, бидејќи веднаш по убиството на Филип Македонски, тој го претпочита него како крал и го придружуваше до палатата. 

Големата почит спрема Антипатер, кому Линкестијанецот Александар му беше зет, можеше да влијае врз младиот крал, кој се одлучи да му изрази доверба на овој Алекдсандар, бидејќи тој немаше врска со планот на своите браќа за убиство на Филип Македонски. Блискиот личен однос на кралот со Антипатер можеше да го задржи лојален.

Затоа, тој го избегна сомнението за соучество. Инаку, Александар Македонски немаше да му опрости за овој злочин, но тој многу го почитуваше Антипатер. Дека линкестијанските принцови можат да се сметаат како можни виновници за убиството, се покажа кога подоцна Дарие му го вети на третиот брат Алекандар престолот на Античка Македонија, доколку го убие Александар Македонски.

 

Александар Трети Македонски на македонскиот престол како крал.

Говор на Демостен против Александар

Безбедноста на престолот бараше и други жртви. Аминта, синот на кралот Пердика, на кого Филип Македонски му вети регенство, а потоа го отстрани, се' уште беше жив. Бидејќи не беше следбеник на Филип Македонски, а многумина го сметаа и за законски наследник, Аминта по смртта  на Филип Македонски стана опасен за престолот на новиот крал. 

Затоа беа отстранети и тој и Каран, полубратот на Александар Македонски веројатно од првиот брак на Филип Македонски, кој можеше да биде опасен како претендент. Над се' неполитичкото поврзување на Филип Македонски со Клеопатра, внуката на Атал, создаде голем роднински антагонизам кој можеше да биде и опасност за неговиот син Александар Македонски.

Пред да премине Александар Македонски во Азија, ги отстрани сите машки членови од тоа семејство кои можеа да му ја загрозат неговата позиција. Но, тој беше во незгода, кога Олимпија, за да ја задоволи својата омраза спрема ривалот, ја уби ќерката која штотуку Клеопатра ја роди и ја држеше во своите прегратки, а потоа ја натера и мајката да се самоубие.

Недоразбирањата од минатото, за кои Александар Македонски не требаше да се обвинува, беа причина да се пролее многу крв. Неговата решителност, меѓутоа, имаше голем ефект, така што се' додека Александар Македонски живееше, неговиот престол и кралството во Античка Македонија не беа доведени во опасност.

Веста за смртта на Филип Македонски го привлече вниманието на целиот свет, но нигде немаше поголеми последици отколку во Античка Грција. Тоа се потврди по убиството на Филип, на приемот посветен на античкиот грчки амбасадор кој дојде во Егеј за свадбата, кога Александар Македонски на дипломатски начин изрази надеж дека Елините ќе го чуваат "лојалното чувство што го наследи тој од својот татко", покажувајќи го своето знаење дека договорот за Лигата беше траен и дека тоа му дава законско право да биде хегемон на Лигата.

Но, во Античка Грција ова толкување на правата, покрај тоа што беа потврдени со заклетва, беше апсолутно запоставено по пристигнувањето на веста за убиството на Филип Македонски. Параграфите на Коринтскиот договор беа донесени многу набрзина и тешко можеа да извршат некакви измени во менталитетот на Елините.

Во многу делови од земјата се побунија противниците на Филип Македонски со надеж дека ќе можат да ја загрозат античката македонска хегемонија. Атина, поттикната од Демостен, одби Александар Македонски да ја води Лигата, надевајќи се дека ќе ја врати старата  хегемонија во Античка Грција. Под влијание на поразот во Херонеја, Атина презеде позитивни реформи со цел да ја зајакне државата, не само финансиската администрација, што беше реформирана од одличниот Ликург, туку и во војничките работи.

Како што пруската општа служба ја следеше Јена, така и Атина по Херонеја институцијата на ефебичниот систем ја стави привремено да ја водат нови лица. На веста за убиството на Филип Македонски народот беше доведен од Демостен во една еуфорична состојба за слобода. Тој се појави пред масите облечен во бело и со венец на главата, притоа им изрази благодарност на боговите за радосната вест, а му беше оддадена почит и на убиениот Паусанија.

И дури на свадбената веселба во Егеј, Атињаните донесоа златен венец и издадоа декрет, ветувајќи дека ќе го предадат секој што ќе посегне по животот на Филип Македонски ако дојде во Атина. Меѓутоа, повикот  за ослободување се прошири од Атина спрема другите Елини. Аеотолијанците одлучија да ги повикаат сите кои беа прогонети од Филип Македонски, Амбрациотите ги исфрлија македонските гарнизони, Тебанците донесоа заклучок да ја ослободат својата Кадмеја. Исто така, имаше нереди и на Пелопонез, во Аргос Елис и Аркадија.

Демостен водеше тајни преговори дури и со Атал, кој заедно со Парменион беше командант во Азија и, разочаран во своите надежи со стапувањето на должност кај Александар Македонски, стана негов животен непријател. Подоцна Александар Македонски го отстрани Атала, откако го докажа неговото предавство. Притоа, Демостен уште еднаш стапи во врска и со персискиот крал. 

Кога слушна за овие помирувања и за револтот во Античка Грција, иако доби информации за опасноста од варварските народи на север, Александар Македонски веднаш се постави на чело на својата војска и влезе во Елада со силни маршеви и со одлука, до колку е потребно, докрај да се бори за своите права.

Така, кај него дојде до израз прво решителноста и брзината на акцијата, со што подоцна ги придоби своите следбеници. Неговото ненадејно појавување го пресече револуционерноро движење уште во почетокот. Тесалијците, во чија земја тој  прв  дојде, не само што го избраа за владател на својата федерална држава место неговиот татко, туку се изјаснија дека се готови да го признаат за хегемон на Античката грчка лига, а доколку е потребно ќе му дадат помош да ја казни Атина во корист на Лигата.

Во спогодувањето со Тесалијците Александар Македонски им го докажа нивното основно потекло од Ахил и Херакле, а интересно е да се види колку во почетокот оваа концепција за херојското потомство беше јасно за него, иако мора во исто време да се заклучи дека митот беше со политичко значење.

 

Александар Македонски

Потоа, Александар Македонски тргна кон југ и откако ги победи Аенијанците, Малијанците, Додопијанците, ги окупира и Термопили, свикувајќи таму состанок на Амфиктионистичкиот совет. Тука, од собраните претставници на племињата го доби признанието хегемон на Лигата. Потоа, со брз напад влезе во Бојотија и по теророт на Тебанците го постави својот логор во близина на Кадмеја. 

Радоста на Атина беше кратка и со ужас Атињаните констатираа дека Демостен направи грешка во преметката за младиот крал, кого бесрамно го нарекуваше кралот глупчо, кој само знае да се шета  во Пела.

Со лутина Александар Македонски им постави ултиматум на Атињаните, давајќи им избор да војуваат или да го признаат за хегемон на Лигата. На веста дека Александар доаѓа во Атика, подготвен за борба, Атињаните ја прифатија втората алтернатива, а преку својот амбасадор, го замолија да им прости што веднаш не го признаа за хегемон.

Демостен, кој беше член на делегацијата, се чувствуваше виновен и не се осуди да се сврти со лицето кон Александар Македонски, туку се заврти кон Китерон. Притоа Александар Македонски беше задоволен што Атињаните се извинуваа. Тој го следеше својот сопствен пат, а како резултат на тоа што го учеше Аристотел, негуваше внатрешна љубов спрема Атина. Народот на Атина потоа му оддаде големи почести дури и поголеми од оние што му беа приредени на неговиот татко, Филип Втори Македонски.

Тогаш Александар ги повика сите членови на Лигата, особено Пелопонезите, кои се' уште не го имаа признато за хегемон, да испратат дипломатски претставници на Коринт, а во исто време таму свика состанок со присутните претставници. Исклучок за неговото признавање беа Спартанците, кои испратија горд одговор, во кој се вели дека уште од минатото нивните прадедовци имале обичај да не следат никого, туку тие да ги водат другите.

Подоцна, есента на 336 година, се одржа Вториот конститутивен конгрес на Коринт, на кој Александар Македонски го обнови договорот на Лигата преку дипломатските претставници на државите. Овојпат не беа потребни долги дискусии, како што беше пред две години. Во договорот покрај неколкуте формални промени, се измени само името, односно наместо Филип Втори Македонски се стави Александар Трети Македонски. Овој договор, како и поранешниот, беше вечен и се прошири на потомците на кралот.

 

Продолжува

Ана Голејшка

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

********

 

 

ЉУБОВ 

 

  • Љубов, првото легло
    ми беше топло, мајка ми
    среде жега ме носеше
    татко ми милно ми зборуваше.

    Папочната врвка е конопот
    со кој ги врзав сите спомени
    и ме донесоа на свет со
    потајна желба да сум момче.

    Не знаат - јас и момче и девојче бев, пред да се испилам
    и си го зедов со себе
    и чувството на вина
    дека нема да го спасам светот од болка.

    Растев со баби и дедовци,
    со кредити и чекови
    со децении и векови.

  • Сега папокот ме боли, во
    него ми се кријат памукчиња
    тој го бакнува мојот стомак
    и во него немир одекнува.

    Љубов, второ легло
    неговиот нерамен кревет и
    душек во кој се мешколиме
    зборуваме за храната и песните
    таму ми е се' што допрва ќе замислувам
    менувајќи положби додека те создадам тебе.

    Љубов, трето легло
    здив што тлее
    додека ние старееме.
    ******

    Автор Ана Голејшка

Kind regards: 10 септември 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 164