"ЛАЖИ, ЛАЖИ НАТЕ, САМО МЕНЕ НЕ МЕ ЛАЖИ" !

Сотир

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ГРЦИТЕ ПРОВОЦИРААТ ТРЕТА БАЛКАНСКА ВОЈНА

******

Кој започна разговори за нашето име со Грција, е најголемата битанга која Македонија се' уште ја толерира.

 

 

Нашите предци се превртуваат во своите гробови од ова што ни се случува во земјата! Земјата, која нија оставија за да ги уживаме нејзините плодови, да ја надградуваме и да ја предадеме на македонските генерации после нас. Се превртуваат и ги молат оние Македонци, кои ги разбраа нивните пораки, да се сплотат и ја исчистат понижена и засрамена Македонија од предавниците, изродите и од битангиве, денешни. 

Зарем дојдовме до такво тереџе, нашето денешно и идно опстојување  да зависи од  волјата на Грците? Да ни се закануваат со нивната воена сила  дека ако не се самоуништиме,  тие ќе ни помогнат самите да си го ставиме јажето околу нашите вратови? Да се спуштиме на нивно рамниште,  како казна за што сме поарни од нив, во секој случај: културно и цивилизациски? Е, за тоа  ќе причекаат!  Ама за сигурно,  времето за наплата на сметките, ќе дојде!

Пораките на Каменос (веројатно го добил името по каменот од кој е изделкана неговата  камена глава) до македонските политичари, дури и оние со кои се гушкаа и бакнуваа пред потпишувањето на договорот во Нивици (помеѓу Првата  и Втората страна) "да не споменуваат, повеќе, Македонска нација, зошто со договорот е избришана"  се глас на безумници задоени со омраза и страв од самиот дух македонски и неговата вековна моќ која постојано им се привидува и во нивните немирни соништа. Им се привидува, зошто  ги сонуваат изгорените и протераните невини дечиња  расплакани и уплашени од неизвесната иднина со пораки дека ќе се вратат. Ќе се вратат  во Македонија,  еден ден, ден ма било кога и да биде, ќе се вратат назад на нивните огништа, на Грамос и Вичо планини  да им запалат свеќи на родителите искасапени од грчките погани раце. Ако не' тие, нивните синови и ќерки или внуци и внуки...! Ќе се вратат и ќе останат за секогаш! Ќе останат таму, каде сонцето поарно грее и ги топли душите!

Неговата надувена ароганција,  детско и примитивно однесување со своите соседи, зборува за каков човек се работи, но и од каква сорта потекнува. Неговото заканување со "светлото оружје без јуначко срце во градите", нема да му ги исполни болните желби. 

Ете тоа му се случува на еден народ кој претендира на древното грчко и туѓо, македонско наследство, кога наивно и не одговорно  му дозволува  на незрело дете да се игра со оган. Со оган,  во плевна полна со слама која може лесно  да пламне и  во него и самиот да нестане и се претвори во  праф и пепел. 

Каменос, министер за одбрана на Грција.

Министерот Каменос,  коалициски партнер во владата на Ципрас, очигледно незадоволен од некои одредби во договорот потписан во Нивици на 17 јуни 2018 година од двата министри за надворешни работи, Коsијас и Димитров,  во едно од неговите "застрашувачки" обраќања истакнал : дека скопските функционери, меѓу кои и нивниот премиер Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, со провокативни изјави против Грција спречувале било каков напор за изнаоѓање решение. Споменувањето "Македонска нација" е спротивно на секој договор. Единствено што постигнуваат е да го налутат грчкиот народ, кој ќе го има последниот збор, без оглед на референдумот и уставните измени во Скопје. Се вели во соопштението на   Министерството за одбрана, на Грција. 

Господине Каменос, што има со вас заедничко грчкиот народ? Сакате ли да го вовлечете во  катастрофа, која не му е потребна? Зарем  вашата мегаломанија  и не цивилизираност ќе му донесе среќа и поарен и помирен живот со соседите? Сакате ли да ги повторите злосторствата над Македонците во егејскиот дел на Македонија, по примерот на  вашите дедовци, татковци и  вашите   тогашни и денешни сојузници ? Да ги горите живи со вашите напалм бомби неселективно фрлани од вашите и нивните авиони? Сакате ли да отпочнете Трета балканска војна или можеби Трета светска војна, во која можете да изгорите и вие заедно со нас?  Изволите, имате доста воена опрема! Вашите сојузници, како и секогаш ќе ви дадат уште повеќе, а Европската унија и понатака ќе ви ги плаќа долговите од трезорот на нејзините членки, минус Грција. Што чекате? Но што после? И после ќе бидете тоа што од секогаш сте биле, само во многу помал број!

Може да ви се случи да бегате без глави и без нозе како и во 1922 година од Мала Азија! Знаете дека на сиот цивилизиран свет веќе сте им до носот? Вие како паразити, на никој не сте му потребни. Поарно умот во главите и седете си мирно и јадете од јаслите на "меѓународната заедница", зошто самите не сте вредни за само управување и преживување, како и вашите "славни" предци!

И уште нешто, господине Каменос!

Вашиот народ не е хомоген и едно национален, како и македонскиот! Со една голема разлика, што во Република Македонија живеат сите национални малцинства рамноправно со Македонците, освен Албанците, кои како масло над вода бараат преку лебот и погача и не се одгоени за соживот со соседите!

Во вашата држава домицилно население, во поголем број, се само Македонците кои не ги признавате ниту за национално малцинство, исто како и Албанците кои се срцевината на грчката нација и држава. Кога и' се заканувате на Република Македонија и на Македонците  со деструкција за навек, водете сметка да не ви се случи истото што ни посакувате нам, на Македонците од Егејска, Вардарска, Пиринска и Албанска Македонија. А вие, господине министре за одбрана на Грција, пред  да скокнете, погледајте колкав е амбисот пред вас!

Е па сега, господо од владата на Зоран Заев, удирајте со главите в зид колку сакате, испаднавте најголеми наивци и примитивци, кога му поверувавте на Грците и на нивната фашистичка политика, дека сериозно ве земаат за рамноправни  соговорници кога разговараат со вас. Тоа докажува дека не е проблемот во Грците, туку во вас. Во вас, зошто ништо не сте научиле од историјата и меѓусебните односи меѓу нив и нас! Вие сте аматери во политиката и мислевте ќе се токмите со "Елините", со кои само големиот владар  и дипломат на Античка Македонија Филип Втори Македонски и неговиот син Александар Трети Македонски можеа да ги држат Грците  СУС, со нивните мачеви. Вие сте глувци во борба со слонови!

Затоа бегајте од мрежата во која сте се заплеткале, дури имате време , зошто ни Грција нема да ве прими кога ќе дојде времето на вашиот  егзодус. На Македонците, веќе им сте дошле  и вие до носот!

А што се однесува, пак, до  вашите коалициски партнери,  од албанскиот табор, особено  ДУИ, војниот злосторник Ахмети и заменикот на председателот на Владата Османи, многу поарно ќе им биде да не се мешаат во животите на Македонците, ако сакаат албанскиот народ во Македонија да има соживот, со нив, после сите овие далавери и лаги на Зоран Заев и неговите следбеници од СДСМ.

И за крај, како се' што поминало, како приватизацијата и плачкосувањето на народниот имот и протерувањето на Македонците од работните места,  повеќето надвор од Македонија, сето тоа за време владеењето на СДСМ, и овие немили настани ќе поминат, но нема да бидат заборавени и ставени под тепих!

 

 

МАКЕДОНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ПРИЈАТЕЛИТЕ, А УШТЕ ПОДОЛГО НЕПРИЈАТЕЛИТЕ!

***

ЗАПАМТЕТЕ! РЕФЕРЕНДУМОТ Е СТАПИЦА! БОЈКОТИРАЈТЕ ГО! 

***

 

01 септември 2018 година

Сотир Гроздановски-Македонски

 

Наташа Петровска, градоначалничка на Битола.

Сотир Гроздановски-Македонски

"ЛАЖИ, ЛАЖИ НАТЕ, САМО МЕНЕ НЕ МЕ ЛАЖИ"!

****

Каков татко или мајка, таква ќерка (претпоставувам)

Има ли некој кои уште да не знае до каде е Македонија? Изгледа има, се' уште! Има, бидејќи тие, кои требаа да не учат и самите не знаеа! Незнаеа, зошто и нив немаше кои да ги учи, зошто во тие времиња, се' уште бевме српска колонија. Има и  денес такви. Една од нив сте и вие и ако потекнувате од учителско семејство. Заправо и татко ми, Господ да му ја благослови душата, Тодор Гроздановски, терзијата, не знаеше многу за нашата милениумска историја и за нашите борци за слобода на Македонија и да не набројувам се' што знам, зошто и тој немаше македонски учители да го научат дури и да чита и пишува па затоа многу често си мислеше дека е Србин, па Бугарин, па Грк, се' дури не созна дека е Македонец, кога се роди новата македонска држава, Република Македонија. И така, неговите национални сознанија постанаа за целото наше семејство вистинска водилка во нашите животи. Водилка, која вроди вистински патриотизам и љубов кон земјата во која сме се родиле и не престана и кога ја напуштивме од такви какви што денес вие следите и ги уверувате Битолчани дека е тој правиот пат по кои треба да се движат, во нови "победи". Патот на Зоран Заев, модерниот, Мин Хаузен на "Северна Македонија"!

Се' уште има такви како вас, драга моја и убава сограѓанке Наташа, кои не знаат дека само 15 километри од Битола живеат Македонци!  "Славо Македонци", кои очекуваат на 30 септември од ножевите на грчките злосторници да нестанат за секогаш! Зошто, затоа што нашата градоначалничка Наташа Петровска така сака! А да ја праша некој постар од неа зошто, затоа што и таа незнае, зошто нејзините родители ја учеа дека тие луѓе таму не се наши браќа и сестри, ами некои "Славо Македонци" сопственост на Грција, со кои немаме ништо заедничко!

Вашите уверувања дека политиката на Зоран Заев е вашата вистинска и најисправна  водилка кон поарен живот за Битолчани, е исто како и песната од насловот на оваа моја колумна: "Лажи, лажи Нате, само Битолчани не ги лажи" ! Тие се многу попаметни одошто вие мислите! Како знам? - па и јас сум Битолчанец и го знам патриотскиот менталитет на мојот народ а не вашиот. Вашиот народ неможе да се токми со мојот. Мојот народ ја створи Република Македонија, а вашиот ја продава за петпаречки опинци и тоа од свинска кожа, со кои и самиот имам горчливо искуство: кучето на Василица за време на Коледе ми ја одра кожата на мојата задница! Ќе ви испратам и доказ, ако треба!

Вашите ветувања, драга сограѓанке Наташа, дека сите села во Битолско ќе ги претворете во мали и убаво украсени гратчиња со мирисливи цвеќиња дури и на крововите од нивните идни вили, се само празни ветувања. Празни ветувања за поарен живот во стилот на современиот македонски Мин Хаузен, Зоран Заев, и неговите истомисленици, меѓу  кои, за жал, сте и вие. И тоа само за две услуги: 19 гласови за вас и 19 гласови за вашите советници кои со тоа ќе ја забрзаат изработката на нови јажиња за бесење, зошто Битола немала време за чекање!

Па почитувана градоначалничке Петровска, вие сте поскапи и од вашиот премиер Зоран и неговиот брат Вице. Тие беа многу поскромни од вас. Тие бараа по едно евро за нив и едно евро за црквата во која се крстат и денес пред да  го притиснат Архиепископот г.г. Стефан да му ја подари на Бугарите, заедно со Илинденското востание и Питу Гули, на чело.

Браво! За секоја пофалба, почитувана сограѓанке!

Госпоѓо Петровска, ве молам "маните се ќорава посла" и придружете им се на вистинските  Битолчани кои си ја сакаат Битола и Македонија такви какви се од памти векови. Си ја сакаат Битола и зошто е кралски, македонски град. Град на славниот државник и дипломат, но и војсководец, Филип Втори Македонски ,чии споменик во центарот на Битола е гордост за секој Битолчанец и Македонец. 

Прекрстување  не ни е потребно, зошто тоа значи, дека постануваме вазали на други, кои не се вредни да ги носат нашите опинци, а камо ли да владеат со нас. Еднаш сме крстени за секогаш со името Македонија и записани во Библијата повеќе пати, за разлика од оние, на кои сакате да им ја продадете, како што погоре рековме, за петпарачки свински опинци.

Референдумот  предвиден  за 30 септември е СТАПИЦА со НАТО и ЕУ како мамци, кои никогаш нема да ги исполнат вашите наивни очекувања со кои само ги замајувате граѓаните, кои ве избрале да ги водите. Ниту Словенците, ниту Хрватите, а најмалку Бугарите, Романците или Унгарците   постанаа побогати, ниту побезбедни од секакви закани. Дапаче! Побогати со странци од секаде, од кои повеќето луѓе со нечесни намери и лоши навики спротивни на нашите обичаи и верувања.

Затоа, штета е за Битола и Македонија, а најповеќе за вашето семејство утре и за вечни времиња да бидете споменувани како соучесник, предавник и изродник, која се продала за грст жолтици, од кои нема никогаш аир да видите. Бидете уште една која ја виде стапицата на Зоран Заев и СДСМ за разнебитување на Република Македонија и продавање на националниот идентитет на народот од кои потекнувате и верувам, дека ќе се чувствувате посреќна , дури и со вашата професорска плата и почитувана од сите кои ве познаваат. Баталете го и  господинот Пендаровски, зошто не заслужува посебно внимание, од една Битолчанка!

 

БОЈКОТИРАЈТЕ ГО ЗЛОСТОРНИЧКИОТ РЕФЕРЕНДУМ, ЗОШТО Е СТАПИЦА СО КОЈА СЕ ПРОДАВА МАКЕДОНИЈА НА ГРЦИЈА, НАШ ИСТОРИСКИ НЕПРИЈАТЕЛ! БИДЕТЕ ГОРДА МАКЕДОНКА! НО ПРЕД СЕ', ГОРДА БИТОЛЧАНКА!

 ***

 

п.с Советов е безплатен!

03 септември 2018 година 

со почит, Сотир Гроздановски-Македонски.

 

Академик Манџуков

Академик Митко Манџуков во Хрватска

МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА СВЕТСКА ВОЈНА

*****

Експлозија на реакции по искажаните ставови на академикот Митко Манџуков во Хрватска

 

Во повеќе наврати досега, академикот Манџуков, доајенот на македонската реч и литература, отворено зборуваше за македонскиот јазик како темел на национален белег и идентификација. Ги истакнуваше автентичноста на нашиот мајчин јазик и неговата употреба за афирмација на нашиот народ и предупредуваше за тоа како токму јазикот се најде прв на удар на лингвистичкиот империјализам. Честопати го цитираше  тестаментарниот текст на Блаже Конески, кој пред својата смрт напишал дека ако "балканските циници, инспираторите на геноцидот" успеат да го уништат македонскиот јазик, тогаш ќе знаат дека уништиле нешто големо...Меѓутоа, академик Манџуков овој пат лансира ставови од Хрватска, кои имаат стравотно силни и длабоки политички референци со несвојствено темни сценарија за нашата држава.

Како припадник на највисоката академска институција на Македонија - МАНУ, како интелектуалец од највисок ранг, тој знае дека со себе носи и највисока академска одговорност за искажаните ставови, ако се појде од фактот дека тој не е политичар, туку зрел научник, кој прави проекции и гледишта што треба да се научно фундирани и издржани. Зошто токму сега, зошто од странство и конечно, која е целта на неговиот истап - последно предупредување или проекција што дополнително ќе уплаши, подели или можеби мобилизира?

*****************

Тенденциозно - критичкиот вовед во тематиката на неодамна дадениот интервју на македонскиот академик Митко Манџуков во Загреб, а порталот Express.hr го обелодени на 24 август 2018 година, не е фер игра на редакцијата на Нова Македонија. Прашањето: " Зошто токму сега, зошто од странство и конечно, која е целта на неговиот истап - последно предупредување или проекција која дополнително ќе уплаши, подели или можеби мобилизира"? очигледно има за цел да се ограничи слободата на македонските интелектуалци да се изјаснат  во одбрана на националните интереси на македонскиот народ кои се ите како загрозени со договорите кои денешните властодршци, во спрега со своите надворешни наредбодавци и албанските коалициски партнери, ги потпишуваат против волјата на македонскиот народ.

Мислам дека беше повеќе од потребно и по реално да се пренесе целиот текст на почитуваниот академик, докажан книжевник, борец за поарна македонска држава и поарно македонско општество, како би  му се овозможило на читателот да се запознае со целта на разговорите и самиот да донесе заклучок и да формира свое мислење, без сугестии од надвор.

И  критиката треба да е   коректна и коструктивна, а не сугестивна и врзана само за делови кои се прикажуваат двосмислено, свесно  извлечени од контекстот на комплетниот разговор.

Академикот Митко Манџуков во Загреб зборуваше  пред се' како македонски книжевник во предвечерието на Фестивалот на светската книжевност (FSK) и за своите успешни книжевни дострели, со кои македонскиот народ е горд. Не само за политика и за состојбата во Македонија за да ја прикаже како држава и општество без иднина, туку за својата книжевна работа, заедно со свој животопис и движење низ времето со своите книжевни дела, како истакнат и признат  регионален македонски книжевник, хуманист, докажан политички активист и пред се', македонски интелектуалец и вљубеник во својата земја и народот во неа. 

Прикажувајќи ја тешката положба на македонскиот народ во својата сопствена држава, во која едно малцинство, албанското, претендира да го стави во инфериорна положба, а неговата автохтоност на овие балкански простори ја замени со своја која нема никави историски темели, не е ерес.

Прикажувајќи го едно екстремно агресивно малцинство со непријателски намери спрема сите други малцинства во македонската држава, такво какво е, не е ерес.

Спротивставувајќи се на постапките на едно малцинство (албанското), со отворени претензии да ја дели македонската држава на албанска и македонска, не е ерес: Тоа е нормална одбрамбена мерка која се применува како предупредување и превентива од она што во спротивно ни следи. Ни следи, зошто со помош на нивните "пријатели" со пеесет и две sвездички насилно и не цивилизирано ни се натурија како "автохтон и државнотворен народ" во сите државни и други институции во Македонија и одвнатре ги спроведуваат своите пеколни планови кои им се закануваат на целиот Балкан со страшна ерупција на сили, досега не видени на овие наши простори. Да, дури активно и јавно соработуваат во разговорите за менување на името на македонската држава и идентитетот на Македонците. И тоа не  е ерес од наша страна, туку излев на гнев и омраза, кои когаш тогаш ќе доведат до нессреќи, за сите. 

Но сепак, и покрај сите недостатоци во презентирањето на личноста и  ставовите на уважениот македонски академик Митко Манџуков, "Македонски Збор", со некои мали дополнувања го објавува текстот на "Нова Македонија" од 27 август 2018 година, сметајќи го доволно разбирлив за читателите кои сакаат да ја сфатат суштината на оригиналот, за кои немаме доволно простор да го објавиме целосно во овој број на "Македонски Збор". 

Да ја сфатат суштината и целта, која сака да ја постигне почитуваниот академик Манџуков, а таа е подготвеност за она што ни го планираат предавниците и изродите од СДСМ и неговите сателичиња кои се борат паразитски уште некое време да вегетираат на сметка на својот сопствен народ, но и интенциите на редакцијата на "Нова Македонија", да ги намали гревовите на властодршците од СДСМ, заради своите сопствени интереси и интересите на  вработените.

 

Сотир Гроздановски-Македонски

01 септември 2018 година

 

Па, да тргнеме напред!

 

НАШИОТ ЈАЗИК СЕ НАОЃА ВО СМРТНА ОПАСНОСТ

Мене ми беше јасно дека враќањето кон матичната средина во професионална смисла е книжевно самоубиство, но сепак, ако јазикот е единствен инструмент за пишување, ако мајчиниот јазик е поважен од се' друго, тогаш како писателот кој се откажал од автентичноста во една автентична работа, би го стекнал почитувањето на самиот себе? Дури и кога избраниот животен пат води во неизбежен пораз, подобро е човекот да избере и пораз отколку да се откаже од автентичноста. Така и јас, повеќе со срце отколку со размислување, но одлучно, решив да се вратам во својата татковина, на својот јазик, без да знам дека тој толку брзо ќе се најде во смртна опасност, во каква што несомнено е сега.

Кога беше објавена албанската платформа, која беше вовед во се' што сега се случува, јас прв реагирав, но МАНУ немаше слух за историскиот момент, макар и само да ја потврди сопствената декларација од 2010 година, според која, предмет на разговорите за името може да биде само името и ништо повеќе. Сегашниот "договор" е безусловна и непоправлива капитулација на Македонија. На наша срамота, мора да се постави прашањето дали ние, Македонците, воопшто заслужуваме држава, дали сме достојни, знаеме ли што значи тоа? Единствен случај е тоа, најверојатно, во светската историја, некој да се откажува од своето име, своето право на постоење, својата историја, својот народ во дијаспората.

Од држава со ограничен суверенитет, со тој срамотен "договор",  комплементарен со албанската платформа и во блиска врска со договорот за "добрососедство" со Бугарија, Македонија стана држава без суверенитет, која ќе изумре во следните 10-20 години и ќе биде поделена помеѓу Бугарија и Албанија или Грција и Србија. Јазикот беше прв на удар, а и последниот удар ќе биде врз него. Тој сега е наводно признаен, за да има за што да зборуваат нашите лингвисти на своите симпозиуми. Но само што ќе помине оваа бура, од фиоката ќе се извади законот за двојазичност. Тоа во Македонија ќе ги врати старите пропаганди, кога градовите и селата беа принудувани да зборуваат на јазик за кој дотогаш не ни слушнале, а во секој случај не го разбираа.

За мене е сегашното однесување на Албанците изненадување. Во полн ек е лингвистичкиот империјализам, кога се освојуваат туѓи територии или најмалку се обезбедуваат и преку ширење на нивните јазици. Македонија неможе да ја преживее двојазичноста, бидејќи вториот службен јазик и во надворешната комуникација ќе постане први, а првиот ќе биде избрисан. 

Еден стар канонски јазик, четврт на кој воопшто беше дозволено ширење на христијанството, ќе биде закопан под бугарскиот но во грчка градина. Во еден свој тестаментален текст Блаже Конески пред својата смрт напиша дека, ако "балканските циници, инспиратори на геноцидот" успеат да го уништат македонскиот јазик, тогаш ќе сознаат дека уништиле нешто големо. Јас тогаш му реков, дека тоа ќе биде слаба утеха за нас.

 

"МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ БИ МОЖЕЛО ДА ДОВЕДЕ ДО СВЕТСКА ВОЈНА"

По некои проценки, Албанците  во Македонија биле  25%  од населението. Тренутно се дел од Владата на Зоран Заев, но по се' изгледа, дека нивните сепаратистички амбиции  се' уште  се присутни.  Колку е Македонија денес стабилна држава,со оглед на сето тоа? 

 

Пописот не е направен, да не се открие вистинската состојба и составот на населението во државата. Не е направен, зошто  Албанци во Македонија има многу помалку од она што се претпоставува. Затоа ќе се одржи тогаш, кога ќе се обезбедат поволни "услови" за да бидат дупло повеќе. Мнозинството од нас кои сме се сметале за демократи, во текот на војната во Југославија станавме на страната на Албанците, сметајќи ги  за обесправени, што и во некоја смисла  беше  и точно, но тие тоа го злоупотребија во полза на нивната хомогенизација, на штета на државите во кои живеат. Во тој поглед, Албанците се' уште не се излезени од социјалистичкиот атар (трло).  Републички и покраински клуч, пропорционалност, уравноловка, братство и единство, вработување по национален клуч (постои ли таков систем некаде во светот?) и слични будалаштини се' уште се нивни идеи водилки. Уште во едно давно  интервју Маlraux изјави, дека отворена граница како таа меѓу Југославија и Албанија ,постои само во Европа.

Со таканаречената Албанска платформа се изврши реактуализација на прашањата од Призренската лига и се отвори патот кон обединување на сите Албанци, проект, од кои тие никогаш не се одрекле. Незнам колку хрватската јавност е запозната со проблемот околу Македонската  енциклопедија, која е повлечена од книжарниците во Македонија и фактички забранета. Прва и едина Македонска енциклопедија повлечена заради несогласувањето на Албанците со историските факти во неа, но и на "меѓународната заедница", заради тие минорни не битни податоци во неа.

Се' уште се зборува за  диктатурата на  југословенскиот режим, но овој сегашниот, наш, селски тоталитаризам е ненадминлив во секој поглед. Албанскиот сепаратизам се' повеќе ќе се засилува, а нестабилноста во земјата ќе расте  со подршката која ја добиваат, освен до колку албанскиот народ во Македонија не се свести и прогледа во каков амбис се засилиле да скокнат заедно со нас. Али за жал, такви знаци засега се' уште нема. Сите се за промена на името на државата во која живеат, бидејќи во нивното, не се чепка.

 

ДРЖАВАТА НИ Е НАПАДНАТА, ЗАГРОЗЕНА И ТРЕБА ДА ЈА БРАНИМЕ

Еднаш изјавивте дека книжевното мајсторство е корисно ако можиме да формулираме прашања и на нив да дадеме одговори. Кои се главните прашања на современа Македонија на кои сметате да е нужно да се дадат одговори и каква иднина ви се заканува, до колку тоа не се направи?

 

Државата е нападната и загрозена, но треба да се брани. Вие поминавте низ тоа, но нашата ситуација е поинаква. Отпорот што полека се формира во Македонија мора да биде мирољубив. За тоа ни е потребна подршка од пријателите, а пред се' од познатите интелектуалци од целиот свет - една таква петиција само што беше потпишана - од Европа, од државите што настанаа со распадот на Југославија, но и од сите други соседи, вклучувајќи ги и Бугарија и Грција. Досегашните реакции покажуваат дека секој си плаче на својот гроб и дека на повеќето Македонија им е непозната и далечна, а можеби и малку важна. Забелешките како "не ви е лошо новото име" се доволно иронични. Но не треба да се мисли само на Македонија. На испит се основните човекови вредности.

Во прашање е геноцид, културен геноцид. Во романот што прв ја доби Букеровата награда ("За нешто да се одговара", Перси Хауард Њуби) еден унгарски Евреин му раскажува на Англичанец, дека тој и неговите сонародници се изложувале на смртна опасност, слушајќи го забранетиот Би-би-си во 1942 година во Будимпешта, барајќи спас, па го прашува: "Зошто вашата влада не не' предупреди дека се качуваме во тие возови (на смртта) кога веќе знаела за нив"? Зад тоа мрачно прашање, стои убедувањето дека покрај Хитлер, и некои други народи сакале да се ослободат од Евреите, вклучувајќи ги и Англичаните. Неговите зборови "сакате ли да ви го заборавам тоа"? - се актуелни и денес.

Геноцидни постапки не извршуваат само фашистичките и сталинистичките влади, нив ги извршуваат и нормалните демократски влади. Во овој момент и Македонците може да кажат "зошто не' ставате во тие  исти вагони, зарем сакате тоа да го премолчиме и да ве пуштиме мирно да спиете"? 

Хрватска се избори, како и целиот нормален свет, за национална држава и за свој јазик, а Македонија ги загуби на зелената маса, менувајќи го Уставот прво по желба на Албанците, а сега и на Грците.

Грчкиот парламент дополнително треба да одлучи дали "договорот", со кој ни е одземено се', воопшто вреди, или и тоа им е малку. Ако е на сила, законот на силата, ако е во прашање окупација (или укопација, како што би кажал Кочиќ), тогаш зошто не се каже тоа отворено? А инаку е јасно зошто. Не се кажува, затоа што тоа не е легално, бидејќи нема правна основа и многу е незгодно во таков случај жртвата сама на себе да си го стави јажето околу вратот.

 

 

Скопје

ЗА СПОГОДБАТА СО ГРЦИЈА И БУГАРИЈА

Дали   неокласицистичкото "силување" на Скопје, кое последните неколку години потполно го измени лицето на градот, е успешно, на начин како што беше замислено за да го покрене македонскиот национален и културен идентитет на повисоко рамниште?

 

Па за неокласицистичкиот изглед на Скопје и јас напишав една кратка приказна, "Крај од сонот" и во него се' е речено, али на шарените рушители на градовите не е можно да им се заситат апетитите зошто нивната цел не е да се спречи, ами да се воспостави естетски и секои други хаос.  Една од големите грешки на секоја нова власт е отфрлање се' она  што  било добро  и што се направило порано, пред нивното доаѓање. Истото тоа важи и за проектите од Скопје 2014.

А пак што се однесува до "договорот", станува збор за ултиматум, кој личи на аншлус, составен од луѓе што всушност ниту имаат поим што е Македонија, ниту пак им е гајле за неа. Неодамна, Francis Boyle, експерт за меѓународна политика и професор на Правниот Факултет во Илиноис, отворено изјави дека дури и професионален експерт тешко ќе може да  согледа какви се' последици може да има за Македонија, тој договор на 20 страници, скициран во американскиот Стејт департмент, па чесно признава дека "Американците никогаш не се грижеле што пишува во некој устав, кога сакаат некого да принудат да прифати некаков договор".

Со него македонскиот идентитет во целост се брише, бидејќи во него се споменува националност во западна смисла, во смисла на државјанство, а за етносот нема ниту збор. Припадниците на другите народи што живеат во Македонија најверојатно би го зачувале националниот идентитет, кој им беше одземен само на Македонците, бидејќи ќе станат вчера измислен (а денес погребен) народ.

 

СТРАТЕГИСКА ОПРЕДЕЛБА ЗА НАТО

Македонија доби покана уште во Букурешт во времето на Буш Јуниор, со цврсти уверувања дека ќе биде примена автоматски, штом се реши "спорот" за името, но по потписот тоа сепак не се случи. Според мене, Македонија и' припаѓа на Европа, но НАТО е една анахрона појава, која не му треба никому, а најмалку на Македонија. Сега се опремуваат полигоните и се преместува оружјето, за Македонија, како во времето на Првата светска војна, повторно да се најде во центарот на крвави случувања, кога на народот му е скршен 'рбетот, а сега ќе му биде извадена и утробата. Балканот се плашеше од голема Србија, а добиваме голема Албанија.

Западот верува дека така, кога ќе се обединат послушните и покор(е)ните, ќе го контролира целиот европски континент. Креаторите на таа театарска претстава почна од својата процена дека зајакнувајќи ги (послушните) Албанци, ќе ги смири другите. Меѓутоа, македонското прашање е бинго за почеток на трета светска војна. Третина Македонија, по делбата на плeнот во 1913 година, и' припадна на Србија, а тоа е сегашна Македонија: а сега токму околу тој дел од колачот се тепаат Бугарите, Грците и Албанците, но и Американците, со надзор од ЕУ. Што ќе стане ако се вмеша и Србија, а зад неа застане Русија?

Тоа значи дека првите атомски бомби во Европа ќе паднат на Бондстил и Скопско кале. Светот секогаш бил неразумен и секогаш го воделе мангупи. Но секој разумен човек мора да сфати дека македонското прашање се однесува и на него. Ако не се зачува Македонија како физички и духовен факт, како омфалос, од каде што потекнува нашата словенска писменост, ќе биде невозможно да се зачува мирот. Истите работи што ја држат вселената заедно, ги одржуваат и луѓето и народите, но додека вселената нема потреба да ги знае физичките закони што ја прават вселена, луѓето и народите мора да знаат што е тоа што ги прави луѓе и народи. Не е доволно да се постои, нужна е и свеста за важноста на своето постоење, Тоа е клучен момент. Без свест за важноста на работите, не може да се создаде средиште, ниту да се обезбеди опстанок. 

На македонскиот народ му е подметнато кукавичко јајце, дека средиштето е надвор од него и дека опстанокот му зависи од други, а не од тоа дали постои и како се вика.

Една од најголемите навреди кај нас е некому да му се каже дека не знае како се вика. Многу е полесно да го наречеш будала. Прашање е како на тоа ќе одговори народот. Власта однапред реши дека ќе ги фалсификува или игнорира резултатите од референдумот и ќе донесе противуставна одлука во парламентот, бидејќи референдумот најверојатно ќе биде неуспешен, затоа што мнозинството , судејќи според се', подржува бојкот. Потоа ќе следуваат  самовластија и долгогодишен отпор. Во меѓувреме, земјата можеби ќе се испразни од луѓе, што е и целта. Затоа што зад секоја политика демнат капитали, а каде што е капиталот таму е и мафијата. Едвај да може да се пресмета што се' може да се грабне од Македонија.

 

ФЕСТИВАЛ НА СВЕТСКАТА КНИЖЕВНОСТ ЗАГРЕБ 2018. 

Меѓу темите со кои ќе се бават гостите е и прашањето сатира-слобода-цензура. Кога се работи за границите на слободата, во книжевноста како во животот, каква е ситуацијата во денешна Македонија? Поранешна Југославија секогаш беше друштвено послободна од другите таканаречени социјалистички држави. Колку е тоа наследство, како и  комунистичката цензура присатно во современото општество?

 

Слободата е апсолутно најважниот предуслов на творештвото, а и на здравјето на нацијата. Во Македонија има многу од оние кои се обиделе во литературата и културата, а влијаат на или создаваат јавно мнение, како кога, на пример, еден познат новинар после потпишувањето на договорот напиша дека "Грците си го добиле своето минато", а да притоа заборави да спомене дека Македонците го загубија минатото и иднината.

Во Македонија постои страховлада, луѓето се на смрт уплашени, па не смеат да писнат. Многу  се плашат дури и да се поздрават со мене. Се создава полициска држава со вградена цензура и меѓународни дисциплински комисии. Всушност како што и споменав, кај нас цензурата е веќе и формално воспоставена - со повлекувањето на Македонската енциклопедија.

Неодамна  ми  беше одбиен еден мој есеј за актуелната ситуација за часописот Макускрипт на  Разредот за уметност на Академијата, чии сум извршен уредник, со примедба да не правиме проблеми како со Македонската енциклопедија. Ниту еден од колегите не се огради од одлуката. Ако е така во МАНУ, како ли е негде другде? 

Со сегашниот "договор" со Грците и со претходниот "договор" за добрососедство со Бугарите воведена е цензура незапаметена во историјата на човештвото. Македонија ќе биде протекторат, а разни емисари ќе доаѓаат ќе ги прегледуваат учебниците и ќе ни држат лекции. Тоа е исто како да пуштите некого во својата глава да ви чепка во мозокот. Нашите книги - колку може да се сознае - во голем број се предмет за горење.

Југославија имаше свои маани, ама овие работи од денес не се за споредба. Особено кога се говори за културата. Фактот да се има над 20 милиони луѓе кои имаат пристап во вашата национална книжевност и преку, барем, еден јазик разбирлив  за сите, интимна комуникација со вас, е нешто што никој паметен човек неможе да го игнорира и потцени. Во тој смисол, тоа што можеме да го наречеме како  југословенски културен простор, загуба е за секој од нас. Не е се' добро само затоа што е ново или наше. Една од темелните идеи во "Ирвасите", како што се сложивме, е  проучавање на стварноста. Ако имате веродостојан суд за книжевноста, не треба цела да ја читате , али ако ви дојде во рацете нешто добро и квалитетно, одма ќе го препознаете, дали е "Сингер" од литературата или машина за шиење. Но сепак, тоа не е лесно препознатливо. Можно е да не се препознае новиот живот, али можно е дури и сопствената смрт да се препознае, да е како нов живот.

Југославија на сите нам ни даде шанса да постанеме тоа што сме денес. Хрватска си ја искористе својата со  потврдата  на својата државност по Уставот од 1974 година. Ќе успее ли Македонија да го направи истото, останува тек да се види. Кога ме примија во МАНУ, во својот инаугурален говор го реков следното: "Ако не изнесат во ковчег од Југославија, знаеме каде ќе бидеме погребени, али ако не изнесат со ковчег од Македонија - каде ќе ни биде гробот"?

 

Текстот преземен од Нова Македонија

е дополнет со оригинални делови преземени од

Express.hr и преуреден за потребите на "Македонски Збор"

 

Љубе Христовски - Дардан Венетски

МАКЕДОНЦИТЕ НЕ ИСЧЕЗНАЛЕ ОД ИСТОРИЈАТА

******

 

Светото име Македонија го носиме во континуитет веќе девет милениуми без прекин. Залудни се тврдењата на некои злобници, според кои ние сме Титови или коминтерновска творба. Историските извори се немилосрдни. Не постои антички автор што пишува за етногенезата на народите а да не ја спомне Македонија и, особено, Македонците како народ. Од таа причина, нема потреба да се набројуваат авторите што ја споменуваат. Од друга страна, во антиката непостои автор што Македонците ги третира како "Грци", затоа што таква држава и не постоеше. Светото име Македонија е толку моќно и раширено што продолжува да се користи и по потпаѓањето под римска власт. Тогаш Македонија станува римска провинција со исто име - Македонија, а се протега до Драч. Не е именувана ни Грција, ни Бугарија, ни Србија, туку Македонија.

Очигледно Римјаните знаеле со кого војувале. За ова постојат голем број докази од тогашните автори. Буквално не постои автор што го негира тоа, забележана е и на стотици мапи. Секако најмеродавни се мермерните мапи во римските музеи. Секој може да ги види, а на нив цел Балкан е Македонија, затоа се нарекува Македонски Полуостров.

Состојбата е иста и во сите подоцнежни периоди, без оглед на тоа кој владеел. Забележано е од стотици автори. Еве само некои што ги сметам за покарактеристични. Античкиот еврејски автор Јосиф Флавиј, пишувајќи за востанија против Римјаните ќе запише "...Така е и со Македонците, кои имаат иста причина како и вие, да се борат за своја слобода". Анри Флок (2 век), кој исто така пишува за востанијата против Рим запишал: "По Македонците, по божја волја, востанаа и Тракијците, кои порано им плаќаа данок на Македонците." 

На една плоча од Бер, по повод ослободувањето на еден 12-годишен роб, неговиот сопственик напишал: "...и' подарив на мајката на боговите дете по име Калокерон Олимпин, на возраст 12 години, родум Македонец." Созомон ( крај на 4 и почеток на 5 век )...по христијанизацијата озаконети по Миланскиот едикт на Константин од 313 година запишал: Хелените, Македонците и Илирите почнаа без страв да ја исповедаат Христовата вера." Теодорит Кирски ( крај на 4 и почеток на 5 век ), пишувајќи за градот Солун, наведува: "... Голем и многу населен град што му припаѓа на македонскиот народ."

"По задушувањето на востанието на Петар Дељан во 1041 година, востаниците што се засолниле на Сицилија се наречени Македонци." Во синодалните акти на Охридската архиепископија ( според Д. Ангелов, бугарски историчар ), жителите на Охрид и Охридско, Просек, Битола, Преспа, Тетово и Скопје...се означени како Македонци во повеќе од 50 документи...Јован Каменијат во 904 година во своето дело "За заземањето на Солун", напишал: "Нас пријателу, татковина ни е Солун...Таа е првиот и најголем град на Македонците." Константин Порфирогенит, византиски император ( 10 век ), во своето дело "За темите", пишувајќи за стримонската област и нејзините жители ги спомнува и Македонците. Византискиот поет Ефрем за Солун вели: "Тој е престолнина на Македонците." Има уште редица автори и документи што може да се наведуваат. Постојат и стотици други записи во кои се спомнуваат Македонците и Македонија во сиот овој период, но и од периодот на Османлиите до денес. Постојат голем број записи од познати патеписци, како што се С. Верковиќ, В. Григоровиќ и други, во кои голем број Македонци се декларираат како такви и тоа како потомци на Александар и Филип Македонски.

Сето ова зборува дека Македонците не исчезнале од историската сцена. Тие сето време се тука, свесни за своето етничко потекло и горди на своето минато. Тоа не е случајно. Во Европа не постои друг народ што си го зачувал своето име од антиката до денес. Македонското јадро почна да се нагризува по Балканските војни и Букурешт во 1913 година, кога насилно им се наметна туѓа етногенеза, јазик и култура. Тогаш прекуноќ еден компактен народ насилно почна да се зашишува како Грци, Бугари, Срби и Албанци.

Ова е најголемиот геноцид во 20 век верификуван со меѓународен мировен договор, за што "цивилизирана" Европа молчи. Каде е интелектуалната европска елита да го чуе плачот на голем дел од еден народ, кој во 21 век не може да го зборува својот мајчин јазик? Покрај сето тоа, се' уште постоиме и ќе постоиме. Како пирејот сме, што би рекол Петре Андреевски.

Кој сака нека тврди дека сме Титова или коминтерновска творба и со сила се антиквизираме. До тоа само ќе се декларира себеси како измеќар, во служба на туѓи интереси. Измеќарите антиквизатори треба да се запрашаат кој ги антиквизираше  слепиот пејач Михаилов, овчарот с. Мечкаров и сите други македонски патриоти. Се' ми се чини дека тоа се прави во функција на дневнополитички и теснопартиски интереси.

 

20 јули 2018 година

Љубе Христовски ( Дардан Венетски )

 

 

Славе - Катин

 

Славе Николовски-Катин

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

ДЕЛ 18

УБИСТВОТО НА ГОЛЕМИОТ СТРАТЕГ ФИЛИП ВТОРИ МАКЕДОНСКИ

 

Блискоста меѓу Александар Македонски и Аристотел беше голема, а продолжи и подоцна во Азија, посебно за античката грчка литература и уметност и за научните проблеми. Особено беше важно изобилството на античка грчка поезија што Аристотел им ја приопшти на своите ученици и му овозможи на Александар Македонски да ја изучи.

Меѓи книгите што го сочинуваа фондот за читање на Александар Македонски во Азија се споменуваат трите големи трагедии, од кои најдобро ги знаеше Еврипидовите. Александар Македонски ги читаше и современите автори на четвртиот век, како дитирамбичните поети Филоксен и Телест и многу други. Во тебанската катастрофа тој покажа какво длабоко почитување чувствува спрема Пиндар, голем лиричен поет од минатото.

Меѓутоа, Илијада за Александар Македонски беше книга над книгите. Таа, секако, му го формира главниот дел од неговото младешко образование. Аристотел, всушност, направи поправено издание од Илијада за подобро да ја разберат неговите ученици. Тоа издание беше постојан придружник на Александар во азиско-античкото освојување.

Не се знае точно колку многу Аристотел им зборувал на учениците за филозофијата, иако подоцнежните кажувања се потврдени со точни информации. Меѓутоа, тој несомнено им го побуди чувството за филозофската мисла. Филозофи од разни школи престојуваа во логорот кај Александар.

Реториката беше второстепена по важност во неговото образование. Но, секако, Аристотел настојуваше да ја развие и политичката мисла кај него, да го подготви за неговата претстојна обврска како владател. За ова нема сигурни извори, туку се само претпоставува. Во политичката сфера подоцна двајцата следеа различни патишта и немаа големо меѓусебно разбирање.

Антипатер-Македонецот

Во врска со прашањето каков став треба да се заземе за потчинување на варварите, Александар Македонски не го следеше Аристотел, кој беше склон кон деспотско владеење. Сега тој како повеќе да го следи советот на Исократ даден во делото "Филип", дека Филип Македонски треба да ги ослободи варварите од варварскиот деспотизам и да ги препушти на елинистичка грижа и заштита.

Оттука може да се претпостави дека Александар Македонски го прочитал ова дело. Не е невозможно во таа смисла Исократ, како што се гледа од писмото до младиот принц, напишано во времето кога го учеше Аристотел, да имал индиректно влијание врз Александар Македонски. Најзначајно е што Александар Македонски беше поттикнат од Аристотел за посебен интерес спрема природните науки. Така, неговата источна експанзија сигнализира една епохална научна предност поради истражувањата и описите на Азија, што тој и' ги порача на разни експерти и специјалисти.

Сликата за површината на земјата што произлезе од неговиот учител ја провери во текот на азискиот поход, а ја прошири и ја коригира со новите откритија. Ова обмислено унапредување на различните научни гранки меѓутоа, имаше помала важност од едностојната желба на Александар Македонски да ја прошири на Исток античката грчка култура што му ја всади Аристотел.

Идилата во Миеза заврши кога во 340 година Филип го остави момчето на шеснаесетгодишна возраст како регент во Пела, во текот на походот против Византиум. Веројатно доверливиот Антипатер бил со него, да го советува и да го воведе во практичното владеење.

Дека Александар Македонски беше вистински регент се потврдува со тоа што тој го носеше татковиот кралски печат и ги потврдуваше потребните документи на државата. Во меѓувреме, Тракиецот Медој се крена на бунт, а тоа беше несомнено задоволство за Александар Македонски, бидејќи му се укажа можност првпат да командува во една борба, независно од тоа што беше мала.

Тој го порази непријателот, му го зеде неговиот град и следејќи го примерот на својот татко Филип Македонски, чија практика беше да ги колонизира новоосвоените места, повторно го насели градот, а со дозвола на татка си, го нарече Александропол, аналогно на Филипопол. Ова беше прв Александров град, а подоцна имаше и многу други.

Колку голема доверба имаше Филип Македонски во својот син, се покажа на решавачкиот ден на Херонеа, кога му даде на принцот, кој беше на осумнаесетгодишна возраст, да командува со коњицата на офанзивното крило, иако таму имаше и генерали. Посебна чест беше и придружувањето на Антипатер при носењето до Атина на пепелта на Атињаните кои загинаа во битката.

Тогаш Александар Македонски првпат ја виде Атина. Импресиите од овој редок град му оставија неизбришливи траги. Атина во почетниот период изврши влијание врз владеењето на Александар, а подоцна го имаше пред себе како редок пример.

 

Добрите односи меѓу таткото и синот завршија кога Филип наскоро по своето враќање од Конгресот на Коринт во 337 година беше обземен од страстите на убавата Македонка Клеопатра, внуката на Атал, па ја прогласи за своја законска жена. Тоа се одрази  врз репутацијата на Олимпија, а можеше да го загрози дури и наследството на Александар Македнски.

На денот на свадбата се случи страшна сцена меѓу Александар и Атал, а кога последниот на Филип Македонски му посака да се роди вистински наследник во новиот брак, сцената стана уште полоша меѓу таткото и синот. Александар Македонски и неговата мајка веднаш ја напуштија Античка Македонија. Тој ја придружуваше на патот за Епир, а потоа отиде кај Илирите, што претставуваше изненадувачки потег кој тешко може да се објасни. Но, во секој случај, тоа покажува колку длабока беше кавгата.

По извесно време, меѓутоа, со посредувањето на Демарат од Коринт, кој ја посети Пела како гостин на Филип Македонски се врати кај Филипа. Се претпоставува дека со тоа стравот кај Александар  како вистински наследник  се  намалил, а Филип никогаш не  го прекори за тоа.

Уште едно оттуѓување настана меѓу таткото и синот, но тоа не беше толку длабоко и наскоро исчезна. Пиксодар, Каријански владател и вазал на Големиот крал, му понуди на Филип Македонски одбранбен сојуз и бараше да добие еден од синовите на Филип Македонски за маж на својата ќерка и наследничка.

Бидејќи Филип  Втори Македонски сметаше дека не беше погодно неговиот син наследник, да се ожени со ќерката на персискиот вазал, тој го понуди својот незаконски син Архидеј да стане зет на  Пиксодар. Александар погрешно го сфати тоа и се почувствува омаловажен, а прифаќајќи ги лошите совети на своите пријатели, се понуди да биде зет на Пиксодар, зад грбот на татка си.

Кога Филип Македонски дозна за оваа младешка глупост, му ги објасни своите мотиви на синот и благородно му прости, но за казна ги прогони од дворот пријателите на кои им се припишуваше вината за тоа. Меѓу нив беа Неарх, Харпал и Птоломеј, синот на Лагус. Така таткото и синот повторно се смирија, па дури Олимпија му понуди на Филипа да преговараат, кога тој предложи да ја мажи нивната ќерка Клеопатра со братот на Олимпија, Александар, Молозијанскиот крал.

И, тоа се случи на свадбата во Егеј, во средината на летото во 336 година кога Филип Македонски одеше в театар без телесна стража, беше прободен од некој Паусанија, млад македонски дворјанин. Трагичниот крај на Филипа Македонски е индиректно  врзан со сродството на внуката на Атал, што веќе донесе многу несреќи во Филиповата куќа.

Бидејќи Паусанија претходно беше навреден од Атал, а не можеше да се помири со тоа, лутината ја истури врз Филип Македонски. Покрај тоа што мотивот на Паусанија беше лична одмазда, сепак во тоа беа вплеткани и други. По сето она што се случуваше меѓу Филип Македонски и Олимпија, постоеше сомнение, дека таа целосно се крие зад убиството или пак го поттикнала. Меѓутоа, нејзиното соучество воопшто не беше потврдено. Исто така мора решително да се одбие помислата дека Александар Македонски бил замешан во убиството на Филипа. Таквото нешто е чиста клевета од неговите непријатели.

 

Продолжува

 

 

Момент од убиството на Филип Македонски во Егеј, летото 336 година.

Жаклина Михајлова

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*****

 

 

 

ЗАВИСНОСТ

(Двојник)

 

  • Зависам од витамините:

    А - за добар вид,
    очите да ми се отворат,

    Б - за смирување,
    спокојот да ме надвладее,

    Д - за добри коски и
    нокти,
    низ душата цврстина да пронајдам,
    со ноктите разумот да го расчепкам,

    Ц - за кислород во крвта неопходна,
    низ вените прочистена да тече,
    вештачки хемикалии
    хемијата да ја победат
    неопходни да се помине денот да се преживее.


  • Зависам од далечината,
    во зависност претворена,
    зависам од зависта
    што во птица не сум престорена,

    Зависам од зборот речен
    од мислата пофална,
    зависам од пораката електронска,
    навидум неважна,
    а клокотлив вител што за мене е.

    Зависам од тебе, судбино натрапна,
    зависник сум беспомошен,
    на почек вечен,
    така разбуден,
    а едноставно рамнодушен.

    Смилувај се судбино,
    има ли лек за мене?
    **********
    Автор, Жаклина Михајлова

Kind regards: 05 септември 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 163