ЗНАЕМЕ ЛИ ЗОШТО СЕ БАРА ПРОМЕНА НА НАШЕТО ИМЕ?

Сотир

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ЗНАЕМЕ ЛИ ЗОШТО СЕ БАРА ПРОМЕНА НА НАШЕТО ИМЕ?

****

 

Се отепавме од пишување, зборување, живеење во страф од неизвесноста во која западнавме, но дали навистина знаеме кој и зошто бара од нас да се одрекнеме од нашето државно, национално и како последица од сето тоа и нашето лично и семејно име? 

Сите веруваме дека некој за сигурно знае, но зошто ние не знаеме, зошто се крие од нас, за чии животи и иднина се работи? Зарем не сметаат за незрели партиски или луѓе недоветни кои и така незнаат што  да прават со самите себеси, а уште помалку со државата? 

Да бидеме искрени, има и многу вистина  во реченото ! Во многу сме и ние виновни за ова што ни се случува, бидејќи  си ја сфаќаме својата граѓанска должност недоволно сериозно: бираме погрешни луѓе во највисоките органи на власта и ако знаеме дека не се погодни и доволно кадри за должностите кои ќе ги преземат. И не само тоа! Бираме луѓе со докажано црно минато, недоволна стручност и искуства  а што е најважно,  нивната лојалност спрема Македонија и македонскиот народ, е во прашање! 

Но, всушност, ако бараме вистински виновници за состојбата во Република Македонија, треба да ги бараме во нашето законодавство,  правниот, безбедносниот и образовниот систем, кои не се дораснати за нивната улога доверена од македонското општество.    Чекаме добро да заседнат на своите фотелји, да си создадат домашна и надворешна мрежа, да ги преземат безбедносните сили во земјата, и наместо ние како суверен  субјект  да имаме власт над нив, стануваме поданици, со кои разни незрели или недозреани жолтоклунци, се играат мајтап!  

Ете во тоа е и суштината на проблемите натрупани пред портата на Македдонија кои ни се закануваат со самоуништување, под притисок на сили, кои некогаш не претставувале сериозна закана по националната безбедност , како денес. 

Немораме да се враќаме премногу векови наназад за да ја почнеме прикаската која се крије во насловот на текстов пред вас. Но сепак, од некаде мораме и да почнеме. Ќе почнеме од најголемата воена катастрофа која комбинираните воени сили на грчките градови држави, Атина и Теба, ја доживееа на 2 август 338 година п.н.е кај селото Херонеја од Македонците предводени од Филип Втори Македонски и неговиот 18 годишен син, Александар Трети Македонски, подоцнешен владател на светот.

Еве што ни вели Славе Николовски-Катин во неговиот серијал за "Александар Македонски" и моќта на македонската античка држава,  кој и ние во "Македонски Збор" го пренесуваме за вас, нашите лојални читатели :

- За таа голема и важна битка,  се' уште на државните гробишта Керамеикос, во Атина, со емоцији се читаат стиховите испишани на гробовите на оние, што паднаа кај Херонеја: 

О време, ништо човечно не може да ја прескокне глеткава : Затоа, кажи им на сите, каква несреќа  не снајде.

Како, борејќи се на Бојотијанската историска рамнина

За да ја спасиме нашата света Елада, ние бевме погубени!

Уште еднаш Филип Македонски ја доби битката со формацијата, кос строј.

Тоа беше необична акција на Филип Втори Македонски во која не го прогонуваше непријателот по Херонеја, туку остана на бојното поле, дозволувајќи му на непријателот да се повлече на југ. Во тоа го гледаме човекот кому, според зборовите на генералот Фон Клаусевич, војната му е само продолжение на политиката, но со други средства. Овде повторно можеме да ја видиме големата предност на единството на војничката команда и политичката контрола во личноста на монархот, во споредба со стратезите на полисите, зависни од јавните собири. Крај на цитатот!

Но хуманоста и културата на македонската  цивилизација,  под водство на Филип Втори Македонски и неговиот син Александар Трети Македонски, незастанаа  тука. Зошто не се состоеше само во нивните воени победи над непријателот,  туку и со искажување почит кон паднатите војници од спротивната страна, кои храбро се бореа за својата кауза, нивната Елада и ги дадоа своите животи. Тоа се гледа и по грижата на Македонците, со војничка почест да ги спалат сите жртви на битката кај Херонеја и пепелта со посебна македонска војна единица да ја пренесат во Атина, за погреб во нивната татковина и спрема нивните обичаи и традиции.

Меѓутоа, тие цивилизациски и човечки особини не се својствени кај секого. Особено не кај Грците! Зошто? Верувам дека и самите не  знаат зошто! - па затоа се повторуваат  со своите тешки злосторства, особено насочени спрема нас, Македонците! 

Отсекогаш настојувале да грабнат нешто за ништо! Нивната сиромаштија секогаш ги терала во злосторства и војни со соседите и секогаш се враќале со "свиткани опашки" назад, во своите колиби!

Но, после нивната револуција од 1821 година, со помош на баварскиот крал, хеленољубец до коски, Лудвиг Први и неговиот син Ото, како прв крал на новосоздаденото кралство под име Грција,  добија "крила" и одново го покажаа својот лош табиет и желба за водење освојувачки војни и проширување на туѓи територии, меѓу кои и  македонската. Па така, со Балканските две крвави војни и помошта од европските сили Франција, Германија, Австрија, Англија и подоцна Америка, добија територија за која древните Грци сонуваа. Зошто? Затоа што немаа своја, за да се прехранат.

Но, не беа помогнати заради големата љубов кон нив! Љубов спрема  Грци, како  сосема нов народ создаден од влашко, албанско, македонско, турско, ромско и кој знае уште кое друго население, туку повеќе   заради други геополитички,  стратешки  и културни интереси. Интереси врз кои ја врзаа западната цивилизација, за да би имале, ко бајаги, врска со величината на  одамна мртвата хеленска  култура, се' уште голема љубов  кај баварските владари.

Егејскиот дел на Македонија, со своите богатства, ги сочува новокомпонованите Грци од  изумирање. Изумирање од глад, за разлика од  древните времиња, кога заради алчноста и леноста, а особено заради  зголемување на робовското население над домицилното,  нестанаа како народ, за секогаш. И затоа денес,  упорно и по секоја цена се борат да го задржат за себе, докажувајќи му на целиот свет дека и лагата, која упорно се поновува,  може да постане вистина. Дека Македонија е грчка и 'ако сите историски документи, го докажуваат спротивното!

Граѓанската војна од 1945 до 1949 беше кулминација на грчките sверства над македонкиот народ во егејскиот дел на Македонија. Но не само на Грците. Тоа беше продолжение на Втората светска војна, но сега за истребување на Македонците од нивната матична земја, Татковина, со столетија наваму. Тоа беше војна за живот или смрт на Давид и Голијат во 20-от век. Војна, кога  грчките монархофашистички сили во спрега  со своите сојузници  до темел ги уништуваа домовите на Македонците, како не би имале каде да се вратат по завршетокот на насилничките дејствија. Кога немилосрдно и неселективно со напалм бомби (буриња со запилива течност) ги гореа бегалците на праговите од нивните,   веќе, изгорени и урнати домови: мажи, жени, деца, здрави, болни, инвалиди...!

Кога Грамос и Вичо постанаа гробници на изгорени и полуживи борци на ДАГ, во чии состав над половината беа  македонски партизани, предадени од нивните војни и политички грчки водачи: Маркос и Захаријадис, нивните гробари!

Кога  на над 28 илјади дечиња од една до 14 годишна возраст, раселени на секаде по славјанските земји низ Европа и Азија никогаш не им беше дозволено да се вратат назад на нивната родна  земја , да им запалат свеќа на нивните родители, изгорени од  грчко-англиските бомби.

Времиња на геноцид над Македонците, масовна кражба  и конфискација на нивните имоти, без надокнада. Времиња на  злочини без казна, до ден денешен, ама не заборавени! Времиња, кои чекаат правда и израмнување на сметките!

Грците го знаат тоа и Македонците го знаат тоа! Сите ја чекаат втората и одлучна битка на Бојотијанската историска рамнина, кај Херонеја!

Ете, тоа се причините што ги тераат и Грците и нивните сојузници, испикани во НАТО и Европската унија, во спрега со македонските домашни платеници, предавници и изроди пред време да ги покријат со пепел сите свои злосторства над македонскиот народ во егејскиот дел на Македонија. 

Од другата страна се Бугарите и Албанците со нивните злосторства и неправди над Македонците, во нивните земји. Да ги скријат злосторствата што не застареваат, го исперат срамот фрлен врз нивните потомства и да се ослободат од Македонците кои не намераваат, така лесно, да нестанат заради желбите на своите вековни непријатели и да се одрекнат од својата татковина и своето славно минато,  без испукан куршум!

Зошто, ако исчезне името македонско, народот македонски, јазикот македонски, идентитетот македонски, историјата македонска...

НЕМА МАКЕДОНЦИ! ЌЕ ИМА "СЕВЕРНИ МАКЕДОНЦИ" БЕЗ ИСТОРИЈА И БЕЗ КОРЕН! НОВ НАРОД, БЕЗ НИКАКВО ПРАВО НА СВОЕТО МИНАТО! НАРОД БЕЗ  УБАВИНИ И ГОРЧИНИ, КОИ ЧЕКААТ НА НАПЛАТА! И БРИШЕЊЕ НА СИТЕ ЗЛА И НЕПРАВДИ НА ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ, АЛБАНЦИТЕ...! А ЗОШТО И АМЕРИКАНЦИТЕ КОИ НЕ ПРИЗНАА СО УСТАВНОТО ИМЕ? - ПА ЗАТОА ШТО И  НИВНИТЕ РАЦЕТЕ ЗАЕДНО СО АНГЛИСКИТЕ СЕ ДО ЛАКТИ ЦРВЕНИ ОД МАКЕДОНСКАТА КРВ! 

ЕТЕ ЗАТОА СЕ БАРА ПРОМЕНА НА НАШЕТО ИМЕ И НАШИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ!

РЕФЕРЕНДУМОТ Е СТАПИЦА! БОЈКОТИРАЈ ГО!

Македонска Фаланга во кос строј.

Академик Горазд Росоклија

 Академик Горазд Росоклија

КОИ СЕ ОВИЕ ШТО СЕ ПАЗАРАТ СО НАШЕТО ПОСТОЕЊЕ И НЕ НУДАТ ЗА РАЗНЕБИТУВАЊЕ?

*****

 

Пред многу години една блиска пријателка ме праша:

"Не разбирам како тоа, твоето семејство е основоположничко на ВМРО во дваесеттите години на 20-от век, потоа сте комунисти од триесеттите години на 20-от век, апсени сте и судени од комунистите после Втора светска војна, за денес вујко ти да има восочна фигура во музејот на националната борба, како жртва на комунизмот?

Што сте вие? ВМРО-овци? Комунисти? Жртви на Комунизмот"?

Мојот краток одговоро беше: "Ние сме нормално македонско семејство, Македонци за самостојна Македонија"!

За жал, ние Македонците не ја знаеме сопствената историја, историјата на нашите предци!

Во почетокот и кон средината на минатиот век, сите Македонци со свесност за својот македонски идентитет биле ВМРО-овци. Организацијата била една, идејата била една, автономна Македонија, или "Македонија на Македонците"! ВМРО било финансирано од народот, од македонскиот народ.

Во триесеттите години од минатиот век, Интернационалата (комунистите) на Македонците им нуди формирање македонска држава. Не како подарок, туку како созреано сознание за постоење издиференцирана македонска нација (Сталин за македонската нација).

Комунистичките партии на Бугарија и на Грција, даваат согласност териториите на Пиринска и на Егејска Македонија да влезат во состав на самостојна Македонија.

Македонската интелектуална елита која до тој момент е ВМРО-вска, станува комунистичка и се придружува на борбата против фашизмот, примарно како национално-ослободително движење за самостојна македонска држава, второстепено, како револуционерно (промена на општествениот систем).

Сите членови на литературниот кружок во Софија, личностите како Павел Шатев, Панко Брашнаров, Димитар Влахов...

Македонските комунисти сметаа дека Македонија во своите географски граници не може да биде југословенска република, туку партнер со Југославија. Тоа е првиот конфликт со Тито, кој сака да владее со Југославија онака како што владееше, како апсолутен госпдар.

После војната Тито со помош на македонските послушници ја ликвидира македонската интелигенција, ги отсечува македонските партизани и цивилите на Грамос, каде што доаѓа до кланица на Македонците и до македонскиот егзодус.

Бугарија ја користи резолуцијата на Информбирото за да го откаже приклучувањето на Пиринска Македонија кон Македонија и доаѓаме до денешнава приказна кога наследниците на удбашка Македонија кои ја ликвидираа македонската интелектуална елита после 1945 година, битанги тогаш наследени од битанги денес, луѓе кои градеа кариери на анти бугарство, денес на послужавник не нудат за да бидеме разнебитени.

 

29 август 2018 година

https://bukefal.club

 

Сашо Клековски, аналитичар

Сашо Клековски

РЕФЕРЕНДУМОТ ВО ХАОС

****

На таквата препорака да се раздвои референдумот од избори, Владата донесе одлука да се вклучи во кампањата за референдумот. Како гласачите да направат разлика ако Владата (СДСМ/ДУИ) е носител на кампањата за референдум?

 

Со доволна временска дистанца од донесувањето на одлуката за референдум за договорот со Грција, а заклучно со одлуката на Владата да се вклучи во кампањата за референдумот, може да се заклучи дека референдумот е во хаос. Рефредумот е во хаос поради најмалку четири работи и тоа: 

 

1. Начинот на донесување (без опозицијата),

2. Карактерот на референдумот (консултативен),

3. Референдумското прашање или што точно е предмет на изјаснување на референдумот,

4. Начинот на водење на кампањата.

 

 И, секако и без овие работи, кој било референдум би бил во хаос, поради тешката применливост на Законот за референдум. Само за потсетување, како што пишував во "Да, отпор но за чии лаги" на почетокот на 2013 година, по референдумот за територијална организација во 2004 година, кога СДСМ повикуваше на апстиненција (бојкот), дополнително направи чекор за оневозможување на референдумите. Во 2005 година, СДСМ донесе нов закон за референдум и граѓански иницијативи, со кој значително ги ограничи можностите за директна демократија: се укина можноста за предлагање референдум со 10.000 потписи, во општините се постави невозможен праг за собирање потписи за локални референдуми од 20%, се отежнаа процедурите, се скратија роковите. Со овој камен по своја глава - кога се поведе иницијативата за рефрендум за "Скопје 2014", набргу иницијаторите разбраа дека е многу тешко да се соберат потписи од секој петти граѓанин, односно во општина со околу 40.000 гласачи, да се соберат 8.000 потписи. Дополнително од законот не јасно е  кој ќе ја води кампањата за референдумот.

Но, како овој референдум се доведе во хаос? Одлуката за референдум се донесе без учество на опозициската ВМРО-ДПМНЕ! Не е оправдување дека ВМРО-ДПМНЕ не била конструктивна, бидејќи одговорноста за обезбедување на политичкиот дијалог е на Владата. Посебно поради искуствата на предходните три референдуми: за независноста, за територијалната поделба и тој во Центар за гратскиот трговски центар (ГТЦ).

Референдумското искуство покажува дека само референдум подржан и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ може да биде успешен, во смисла на обезбедување учество на најмалку 50% гласачи. Референдумите подржани само од една партија, не успеаја во обезбедување на тоа учество.

Кога Владата се одлучила да тргне на референдум без дијалог со опозицијата, таквиот референдум го осудила на неуспех. И дека Владата е целосно свесна за тоа се гледа во следната одлука, референдумот да биде консултативен. Моментот кога Владата се одлучи за консултативен референдум, објави дека не верува во успешноста на референдумот. Со домино-ефект врз гласачите, ако Владата не верува во успехот, зошто гласачите би верувале. Настрана правните елементи на ваквата одлука, односно дали за стапување во сојуз (ЕУ)   е неопходен задолжителен референдум, или дали за меѓународен договор е потребен претходен референдум.

Нормално, кога Владата не верува во успешноста на референдумот, го продлабочува хаосот со референдумското прашање од кое е целосно нејасно за што се изјаснуваат граѓаните, за стапување  во сојуз со НАТО и/ или ЕУ, и/или за договорот со Грција. За референдумското прашање "три во едно" доволно е пишувано.

Една паралела, која мислам дека досега не е спомната. Доколку референдумот е успешен, тој ќе води кон измени и дополнување на Уставот, а при тоа јавноста воопшто не е запознаена со амандманите на Уставот. Како ќе реагира на тоа меѓународната заедница, олицетворена во ОБСЕ и ОИДХР, секако доколку има  меѓународен мониторинг на референдумот? ОБСЕ и ОИДХР ќе го прогласи за не фер и не демократски референдумот во Турција меѓу другото и поради тоа што "18 предложени амандмани што влијаат врз 72 члена од Уставот се изгласани како единствен пакет"? - спротивно на меѓународната добра практика за референдум, односно гласачите немаа можност да направат избор за секое од различните прашања од измените и ниту една од предложените измени не е наведена на гласачкото ливче; гласачите беа едноставно замолени да гласаат со 'ДА' или 'НЕ'. И ние во Македонија сме замолени да гласаме со "ДА" или "НЕ", без да знаеме за што точно гласаме. Меѓународната заедница, ОБСЕ и ОИДХР ќе има реакција за ова?

На добрата страна на референдумското прашање е неспоменувањето на промената на името, со што ќе отсуствува експлицитно одобрување на промена на името од страна на граѓаните.

И последната четврта грешка  што ќе го комплицира хаосот е одлуката на Владата да се вклучи во кампањата "ЗА". На пчетната нејасност кој треба да ја води кампањата "ЗА" (а против "НЕ" е предвидена), Владата ја зголемува конфузијата. Според првичното објаснување на ДИК, предлагачи се пратеници и тие треба да ја водат кампањата.

Владата нема основа да се вклучи, дополнително и поради забраната за владини реклами во медиуми, која сега ќе биде прекршена. Но клучниот проблем на одлуката Владата да се вклучи во кампањата е нешто друго. Пред некој ден многупочитуваниот Фил Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија, порача дека граѓаните не треба да ги мешаат изјаснувањето за референдум и изјаснувањето за (не) доверба во Владата, бидејќи за ова второто се изјаснуваат на избори.

Ваквата изјава на Фил Рикер, одличен познавач на околностите во Македонија, се поради согледаниот ризик скорешните случаи на корупција и некомпетентност на Владата да може да го загрозат самиот референдум. На таквата препорака да се раздвои референдумот од избори, Владата донесе одлука да се вклучи во кампањата за референдумот. 

Како гласачите да направат разлика ако Владата (СДСМ/ДУИ) е носител на кампањата за референдумот?

Владата не смееше да се вклучува во кампањата, туку требаше да го следи британскиот модел и да дозволи формирање група "ЗА" и "ПРОТИВ" и во нашиов случај група "БОЈКОТИРАМ", кои ќе вклучуваат поединци и групи од различни партии и припадност, а кои ги поврзува ставот кон прашањето.

Грешките во референдумот покрај хаосот, по (НЕ) демократските стандарди го доближуваат до тој на Ердоган за Уставот на Турција. Во такви услови, покрај таборите "ЗА" и "ПРОТИВ", станува легитимен и таборот "БОЈКОТИРАМ". Поточно, во вакви услови можеби е подобро референдумот да не се одржи.

 

16 август 2018 година

https://www.novamakedonija.com.km

Љубе Христовски

НА МАСА МАКЕДОНИЗАМ, ПОД МАСА ХЕЛЕНИЗАМ

*****

Повод: Колумната на проф.д-р Наде Проева, под насловот "Името Македдонија од античко време до денес"

 

Г-ѓа Проева долго ја немаше во печатените медиуми. Се јави во чувствителен момент, кога Македонија грчевито се обидува да ги одбрани своето име, идентитет и јазик. Ја знам како големпознавач на антиката, но и како голем хеленофил. Кога го прочитав насловот, помислив дека ќе наидам на текст соодветен на политичкиот момент во полза на македонската кауза.

Се излажав. Си останала доследна.

Во име на вистината, ќе го изнесам мојот политички став кон некои тези што се далеку од вистината.

Својата колумна ја посветува на името Македонија од антиката до денес, но на оваа тема се осврнува само попатно, а најголемиот дел го посветува на промоција на хеленизмот и хеленската цивилизација и култура. Очигледно во духот на хеленофилството наследено од нејзината професорка Фанија Папазоглу, авторка на книгата "Историја на хеленистичкиот период", во која Македонија е наречена "најзаостанатата грчка област"

Воведот за оваа книга го напиша Наде Проева, во која децидно напиша дека поимот "македонизам" е апсолутно неприфатлив за неа. Понатаму таа вели: "Од IV  век пр. н.е. Македонците  понекогаш се вбројувале во истата група со старогрчките (хеленските) племиња, но тоа е со културолошко значење".

Веднаш да кажам, во најмала рака, контрадикторно. Од една страна сме биле во иста група со старогрчките племиња, а од друга страна за нив сме биле варвари и од нив сме примиле култура. Како доказ го цитира Исократ, кој всушност пишува општо за хелените и хеленската култура, а во цитатот воопшто не се споменати Македонците. Ова е обичен политички памфлет запишан во политичките истории од новокомпонираните историчари од 19 и 20 век. Ниту еден антички автор не ги вбројува Македонците во групата на "старогрчките" (хеленски) племиња. Ако има некој таков автор, Проева треба да го посочи, а не да пренесува политички и историски памфлети од нејзината професорка Фанија Папазоглу и германско - нордиската школа, на чело со Ј.Г. Дрозен.

Напротив, многубројни се античките автори, как Херодот, Плутарх, Демостен, Јосиф Флавиј, Аријан, Дидор и многу други, што праваѕ јасна разлика помеѓу Македонците и Хелените. За волја на вистината, мора да се каже дека Македонците и Хелените се два сосема различни народа, со различен јазик, култура, цивилизација, етногенеза и антропологија.

Хелените се Данајци и Египќани доселени од Египет, под водство на Данај и Египет, нивното доселување го опишал Есхил во трагедијата "Прибегарки", во која ги опишува како луѓе со бела облека и црн тен, а по нив оди војска црномурна.

Од друга страна, Македонците се староседелци од големиот род на Пелазите (Пеластите, Беластите). Ова го забележале голем број антички автори, а најдециден е Јустин во неговата книга "Филиповата историја", книга 7 т.1.

Понатаму г-ѓата Проева вели: "Службен јазик во империјата од времето на Александар Македонски бил 'грчкиот јазик' - Коине. Како доказ ја цитира изјавата на Филота (македонски генерал кому му се суди за велепредавство), кој на судењето, наводно, изјавил дека ќе зборува на старогрчки за да го разберат и оние што не се Македонци". Види чудо, како Македонците да го разбирале, а само 5-6 реда подолу вели дека им требал преведувач за го разберат грчкиот.

Ваквата, наводна, изјава на Филота е обична манипулација на новокомпонираните  историчари, хеленофили, од кои Проева, најверојатно ја презела. Затоа и' препорачувам да го прочита Квинт Куртиј Руф. Имено, судењето на Филота е опишано во книгата на овој автор "Историја на Александар Македонски", во превод на проф. Љубенка Басотова, во 1998 година.

Еве како точно изјавил Филота. На стр. 272 читаме: "Александар прашува: Сега тебе ќе ти судат Македонците. Те прашувам дали ќе им се обратиш на мајчиниот јазик? Филота рекол: Освен Македонци овде има многу присутни за кои сметам дека полесно ќе го разберат она што ќе го кажам ако зборувам со истиот јазик со кој се служиш и ти..." Гледаме дека нигде не се споменува "грчкиот" (хеленски) јазик.

Понатаму, на стр. 272 Филота продолжува: "Мене ми се префрла дека одбивам да зборувам на мајчиниот јазик, дека сум се грозел од обичаите на Македонците...уште порано, оној, родниот јазик беше напуштен во општењето со другите народи, па така и победниците и победените треба да учат еден туѓ, странски јазик".

Јавно ја прашувам г-ѓата Проева како може јазикот Коине да е грчки ако морале да го учат и Македонците (како победници) и Грците (како победени), кога и за едните и за другите бил "еден туѓ странски јазик"? Очигледно јазикот Коине е нешто трето!

Токму така, тој е општ јазик, првиот есперанто, мешавина од повеќе јазици, кој го зборувале трговците по Медитеранот уште од поодамна, а Александар го вовел како службен за никој во империјата да не се чувствува, потчинето.

Секој дома си го зборувал мајчиниот јазик, а во администрацијата бил воведен општиот јазик, Коине. Токму тоа е концептот на државното уредување во универзалната држава на Александар, во која сите народи, јазици и религии беа рамноправни. Воведувањето на грчкиот јазик како службен би било во спротивност со овој концепт, што Александар не би го дозволил по ниедна цена.

Ако се знае сето ова, јасно е зошто на каменот на Розета (но и на стотина други) во Египет во времето на Птоломеите има три јазика и три писма, за кои славниот Шамполион вели дека првиот е египетски, вториот старомакедонски, а третиот новомакедонски - Коине.

Овде  г-ѓата Проева треба да одговори на уште едно прашање. Имено, со промоција на Коине како "грчко" писмо, всушност таа промовира втор "грчки" јазик во антиката покрај класичниот "грчки" јазик. Треба да одговори кој од нив им бил мајчин јазик и дали може еден народ да има два јазика, имајќи предвид дека јазикот е основно обележје на еден народ. Но тое не е се'...Хомер (Омир) не пишувал ниту на класичен, нту на Коине "грчки", туку на некој трет јазик. Но бидејќи мора  се' да биде "грчко", го прогласија Омиров "грчки". Кој е па сега овој "грчки" јазик. Диодор од Сицилија запишал дека Пронапид, учителот на Омир, пишувал со првите врежани знаци на Пелазгите и јазикот на Пелазгите - староседелците на овие простори. Тоа е големиот род на кој му припаѓале и Македонците. Ако учителот на Омир пишувал на пелазгиски, што мислите на кој јазик учел и пишувал Омир?

Ниту ова не е се' околу "грчкиот" јазик. Постојат уште и демотики "грчки", катеверуса "грчки", а од 20 век и реформиран Коине новогрчки. Кои се, пак, овие "грчки" јазици? Нели смрди нешто во науката околу "грчкиот" јазик во антиката? Мене ова не ми личи на наука! Затоа, наместо слепо промовирање на хеленизмот, ова треба да се разјасни за нештата да станат појасни.

На крајот го промовира хеленизмот, односно хеленистичката култура - мешавина од источната, македонската и хеленската. Ова го прави, како што вели, "за да се разграничи новата оригинална култура наречена хеленистичка" (заради јазикот на кој ја ширел Александар) од класичната хеленска култура.

Ова не е ништо друго него обичен историско-политички памфлет, кој по нарачка лансира Ј.Г.Дројзен, советникот на баварскиот принц Ото, првиот крал на Грција, а нашата сервилна наука, за жал, го прифаќа.

За да се нарече еден период хеленистички, мора во него да има барем нешто хеленско. Затоа прашувам што има хеленско во хеленистичкиот период. Проева треба да одговори. Сама нека одбере 20 најголеми култури и цивилизациски дострели во антиката и нека цитира барем еден антички автор што тоа им го припишувал на Хелените, а не да цитира новокомпонирани историчари од типот на Дројзен. Античките автори цивилизациските дострели им ги припишуаваат на други народи, а најчесто на "варварите" од север.

 

14 јули 2018 година

https://novamakedonija.com.mk

Славе-Катин

Славе Николовски-Катин

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

ДЕЛ 17

МЛАДОСТА НА ИДНИОТ КРАЛ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

 

И во третиот дел во поголем број продолженија ќе се обидеме преку "Македонска нација" да го претставиме историскиот роман "Александар Велики" од германскиот научник Урлих Вилкен (Urlich Eilcken Alexander The Great), преведен и прилагоден од англиски на македонски како "Александар Македонски" од Славе Николовски-Катин, а во издание на Издавачката куќа "Мисла" од Скопје, во 1988 година. Преводот на романот "Александар Македонски"  беше прво дело за античка Македонија на македонски јазик и беше добро прифатен пред триесетина години.

Бидејќи материјалот што го содржи споменатиот роман "Александар Македонски" е значаен за секој Македонец било каде да се наоѓа, "Македонски Збор" одлучи да го преземе од "Македонска нација" и да го презентира на своите читатели ширум светот. Сметаме, дека со тоа вистината за Македонија и развојот на македонскиот народ, од антиката до денес, ќе допре и таму, каде се' уште не допрела, од повеќе причини.

"Македонска нација" и "Македонски збор" имаат слично и долго развојно минато и секогаш биле во служба на Република Македонија и македонскиот народ внатре и надвор од Татковината ни.

*********

Филип Македонски, таткото на Александар Македонски, беше син на антички Македонец Аминта, додека мајката на Филипа, Евридика, беше од Илирија. Веројатно во подоцнежниот живот, под влијание на елинстичкото воспитание на античкиот македонски двор, таа научила да чита и да пишува старогрчки, сакајќи да им даде на своите деца повисоко образование, но по крв таа остана чиста варварка, ќерка на илирскиот принц Ирас.

Според тоа, таткото на Александар Македонски беше поливина варварин, а неговата мајка Олимпија му стана законска жена на Филип Македонски во 357 година. Олимпија беше ќерка на Неоптолем, кралот на Молосијанците, чија династија имаше потекло од синот на Ахил и се сметаше за античка грчка, но Молосијанците како племе во Епир изгледа беа варвари и веројатно беа сродни со Илирите.

Во 356 година Олимпија, на дваесет години, го роди Александар, а наредната година ја роди неговата сестра Клеопатра. Од овој брак немаше друга рожба. Значи, Александар не е чист антички Македонец туку имаше и варварска крв во своите вени.

Несомнено, Александар Македонски наследи многу карактеристики од своите родители, но тоа не ги објаснува во целост неговите лични особини. За неговиот дедо и баба, кои често имаа силно влијание врз внукот, знаеме многу малку и не може ништо да се претпостави. Двајцата родители и Филип Македонски и Олимпија, беа необично силни и поттикнувачки личности.

Постапките на Филип Македонски се карактеризираа со неуморна енергија и јачина, а огромната упорност беше придружена со тајни намери. Неговото тело обележано со лузни ја покажуваше неговата храброст и восхитување во битки што беа речиси рамни на безумие. Сите овие квалитети, дури и на повисок степен, се манифестираа и кај Александар Македонски.

Од друга страна, пак, Филип Македонски ни е претставен во својот приватен живот како разуздан блудник кој безмерно се препушта на задоволствата на својот страствен темперамент. Контрадикторните извори што го претставуваат Александар Македонски како ладен по природа во љубовните врски, веројатно се вистинити. Бездруго, љубовта спрема жените не е главна цел во животот на Александар Македонски, а и тој никогаш не дозволи да дојде до израз друго влијание врз водењето на неговите големи амбиции.

 

  • Олимпија

  • Александар III

  • Филип II

Аристотел.

Мошне е едноставно да се објасни дека се измислици плуските за неговата љубов спрема истиот спол. Кога тој се појавува како човек со демонска страст, во голема мера дојде до израз наследеното од неговата мајка Олимпија, кај која ова беше интензивирано до највисок степен. Но, тоа е дел од извонредните комбинации на спротивностите на природата на Александар Македонски, што покрај оваа страст, тој покажуваше и голема ладнокрвност и претпазливост.

Бидејќи само наследените особини не можат да го објаснат неговиот карактер, поголем интерес побудува прашањето какво било влијанието на образованието. Филип Македонски, уште од почетокот виде наследник во Александар Македонски, потомокот на Олимпија. Покрај неа, Филип Македонски имаше и други жени, меѓутоа се посвети со љубов и грижа на образованието и воспитанието на својот син.

Во младите години, веројатно под влијание на мајка си, Александар Македонски го чуваше роднината на Олимпија, Леонид, кој се обиде со строгост да го смири разузданото и непослушно момче, бидејќи тој беше одговорен за педагозите и учителите кои го учеа принцот заедно со другите деца од античкото македонско дворјанство. Кога Филип Македонски увиде дека врз момчето не може да се влијае со сила туку со убедување, во 343 година, кога Александар имаше 13 години, го повика Аристотел да му биде тутор. Ова бездруго имаше длабок ефект врз развитокот на Александар Македонски.

За да се разбере овој адекватен чекор на Филип Македонски, ќе треба да се претстави Аристотел од тоа време, бидејќи се смета за извонреден научен творец во  текот на целиот тој период се' до денес. По смртта на неговиот учител Платон (347), Аристотел учеше и воспитуваше други платонисти на Асос во Троад и стапи во тесни врски со Хермија, принцот од Атарнеј, кој како што веќе е спомнато беше политички поврзан со Филип Македонски. По неговата женачка со внуката и посвоената ќерка на Хермија, ова врска уште повеќе се зајакна.

По престојот од околу три години на Асос, Аристотел се пресели во Митилен на Лезбос каде што отвори свое училиште и каде што му пристигна поканата да го учи и да го воспитува законскиот наследник на Античка Македонија. Годините на Асос беа важни за развојот на Аристотел, бидејќи во тоа време тој не беше најславниот човек. Неговиот татко Никомах едно време бил дворски физичар на Аминта од Античка Македонија, но тоа беше малку значајно за изборот што го направи Филип.

Неодамнешните претпоставки за политичките врски на Филип Македонски со Хермија беа факторот што го одлучија неговиот избор. Без сомнение, за Аристотел беше привлечно да учествува во интелектуалната евлуција на наследникот на големот античко Македонско кралство, кое стана важен фактор на владеење со богатството на Античка Грција, а во кое спаѓаше и неговиот роден град Стагира, кој беше освоен и уништен од Филип Македонски. Така, отприлика на четириесетгодишна возраст Аристотел дојде во Пела.

Со цел да го заштити да не биде вознемируван од животот на дворот, Филип Македонски му ја даде на Аристотел резиденцијата во мирното и малечко село Миеза. Селото беше во непосредна близина на храмот на Нимфитр каде што Аристотел го учеше и го воспитуваше Александар Македонски во период од три години. Можеби Хефестион, кој беше најмилиот пријател на Александар Македонски, беше еден од оние што учеше и се воспитуваше заедно со Александар.

Природно е што подоцна имаше многу измислици во врска со ова учење и воспитување, кога Аристотел стана владател во интелектуалната сфера, а Александар Македонски господар на тогашниот свет. За несреќа, се располага со многу малку информации за тоа, на кои може да им се верува. Детали за подоцнежниот карактер на Александар Македонски веројатно се стекнати под влијание на Аристотел.

Тој беше оној што всади голема љубов кај Александар Македонски спрема античката грчка култура и интелектуално го преобрати. Тоа длабоко влијаеше врз животот на Александар. Природно, во работата со ова момче, што со срце го освои, Аристотел се однесуваше со поинаков тон од оној во своите научни расправи.

Тој беше готов да изрази топлина, како што се гледа во длабоко религиозниот и емоционалниот тон на химната "Мажествена особина", што ја напиша во тоа време во чест на својот пријател Хермија, кој беше предаден во рацете на персискиот крал и беше мачен во Суса со цел да ги открие плановите на Филип Македонски. Но, Херемија не стана предавник, поради што беше распнат на крст.

Длабоко возбуден и раздразнат од ова, Аристотел напиша во негова чест убав спомен дитирамбична химна, во која зборува за хероите што порано ги дадоа своите животи, а сега жртва стана Херемија, кого исто така музите го нарекоа бесмртен. Со ваа мажествена одлика, која, заради типичната одвратност спрема варварите, ја наоѓа само во Елада, Аристотел го поттикна младиот принц и секогаш пред него го држеше моделот на хероите, кон кои беше приклучен и неговиот пријател Херемија.

Двајца од тие херои, што тој постојано му ги споменуваше на Александар Македонски, всушност, му го осветлија патот за освојување, а тоа беа Херакле и Ахил, кои Александар Македонски длабоко ги почитуваше како свои прадедовци. По таткото Александар водеше потекло од Херакле, а по мајката од Ајацид, потомок на Ахил.

Ако во подоцнежните години повеќе беше нагласен Херакле, во раната младост Александар Македонски беше инспириран од примерот на младиот Ахил. Оваа длабоко всадена и јасна концепција во неговиот личен афинитет, со примерите на овие херои, е еден од оние рационални и инстинктивни причини без кои воопшто не можеме да го разбереме големиот Александар Трети Македонски.

 

Продолжува

http://mn.mk/feljton

 

Блаже Конески

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

****

 

 

 

НА ГРАНИЦА

  • Езерене ти го виде:
    граница го на два дели. Но кој бранот би го запрел
    открај на крај да не иде,
    да не шири крилјаа бели!

    На другиот се гледа
    кралска круна од камења.
    Бурандар ја неа редел -
    нека знае секој еден,
    одавде е кралска земја.

    Наше поле сонце свети
    а во Грчко облак паднал.
    Житјата се таму жални
    и дрвјата молчат клети
    на грчката земја страдна.

    Таму ножта страшна лази,
    таму ноќе села горат.
    Житјата ги крвник гази,
    крвник прави грозен празник,
    коли, беси, пачи по ред.

    Пак се полнат занданите,
    наши браќа во нив гинат.
    Лемна ноќ ги голта дните,
    тлеат луѓе в пранги свити,
    в Беаз куле, во гроб зинат.

  • Пече, тишти в срце рана!
    Нема веќе тука умир.
    Та со пушка народ стана
    и напреку гора фана,
    што за тешка борба шуми.

    По селат војска врви,
    Македонец и Грк рамно.
    Нека врагот страв го здрави,
    нека падне в матни крви
    тронот негов, тронот срамен!

    Езероно ти го виде:
    граница го среде дели.
    Но кој бранот ќе го запре
    од брег на брег да не иде,
    да не шири крилје бели!

    А кој бедем ќр го скроти
    на народот бранот бурен,
    и кој ќе му стане спротив
    кога народ ќе се сплоти
    тиранството да го урне!

    *******
    Автор: Блаже Конески

Kind regards : 30 август 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 162

 

*******

 

РЕФЕРЕНДУМОТ Е СТАПИЦА, БОЈКОТИРАЈ ГО! СЕ РАБОТИ  ЗА СИТЕ НАС ДАЛИ ЌЕ НЕ БИДЕ ИЛИ НЕ!

 

*******