ЛИЦЕТО НА ДЕНЕШНИТЕ ВЛАСТОДРШЦИ!

Сотир

Сотир Гроздановски-Македонски

СДСМ  ПАРТИЈА НА НЕЗРЕЛИ ЛУЃЕ

***

 

Така нареченото "Македонско прашање" е резултат на човечкиот инстикт за животен простор и богатење  со проширување на туѓи територии, при тоа  игнорирајќи ги сите меѓународни хумани и цивилизациски норми.  Тој инстикт е вроден во човековото битие и практикуван со генерации, се' до денешни дни! И нашите предци биле дел од тој историски период, кога ја создаваа македонската држава,    обединувајќи  разни групи и племиња, со цел да  ја зголемат својата безбедност и економска моќ! Некогаш со договор, некогаш пак и со сила! Секогаш посилниот, по паметниот, по итриот останувал подолго во таа вечна игра со животот и смрта, а другите, како кои.

Со текот на времето и животот се менувал, заедно со меѓудржавните односи. Стабилизацијата на   територијата и нејзиното регистрирање како држава   со народ и заеднички атрибути, вклучувајќи го нејзиното име и името на народот, придонесе да се воспостави мир некаков, ред и рамнотежа во секоедневното живеење. Дури и освојувачкото војување си доби свои правила и рамки на делување.

Меѓутоа, ова што се случува денес, особено со Македонија и во времиња на "висока демократска" цивилизација со развиени меѓународни безбедносни инструменти и меѓународен правен систем задолжителен за сите народи и држави, е уникатен и "експериментален" преседан! Преседан, кој  не враќа назад во една цивилизација која е сметавме за далечно и непоновливо историско минато. Во едно минато, кога варварството и криминалното однесување на посилните, не беше сосема сотрено!

Фрапантните кршења на   меѓународните правила на однесување  и тоа од силите самонаметнати како гарант на светската стабилност и безбедност,  зборуваат за обновување на перфидното варварство, од не баш така далечното минато.

Можеме да ги споменеме големите војни за прекројување на светот по урнек на силните држави и катастрофите како последица на таквите политики. А од најновите такви безвластија и применување на недостојни и нечесни однесувања без последици за причинителите, може да ни посведочи деструкцијата и ограбувањето на националните материјални и културни вредности на Ирак, една од колевките на светската цивилизација, па потоа Либија, Алжир, Египет, Сирија и сега Република Македонија.

Ќе се запрашаме: кои се причините за тие sверства над цивилното население и уништување на нивниот животен простор? - па, како и секогаш, "грешките" на белосветските аналитичари при оценувањето на вистинските состојби во земјите кои би можеле да се "закана"  по  мирот и стабилноста во светот!? Во таквите случаеви, не се бара никакво извинување, туку како доказ на нивната грижа се поставува нова Влада  со луѓе кои ќе работаат баш за оние, кои ја' или имаат намера тоа да го сторат пред очите на целиот свет, без око да им трепнe или, пак, лице да им поцрвени, од срам.

Во нашиов случај се применуваат други и дополнителни методи и модели за решавање на прашања од интерес за надворешните центри на моќ,  но целта останува една те иста:  разнебитување на македонската држава и обезличување на македонскиот народ, поточно на Македонците,  по "барање" на нашите соседи Грците, Бугарите и Албанците, ама со директни извршители од домашни платени предавници и изроди. Со квинслинзи и незрели луѓе "политичари", од сортата на Зоран Заев, чие лично досие е полно со причини да биде доследен и лојален ако сака да ги избегне реперкусиите  кои му се одредени, во случај на непослушност. Но и со нечесни злосторници кои колку толку го познаваат менталитетот на  народoт и го зборуваат домашниот јазик.

Бидејќи методите и моделите за "решавање" на Македонското прашање во минатото оставија   "опашки" зад себе, не предвидиви во тие времиња кога со распарчувањето на македонската  територија, заедно со тогашниот мултиетнички  македонскиот народ, не ја постигнаа саканата цел, многу години потоа се искористија и применија новосоздадените меѓународни организации, НАТО и Европската Унија и  нивните привлечни содржини и розеви ветувања како  стапица за безболно експлоатирање, но во случајот со Македонија и  за нејзино конечно ликвидирање, односно затворање на "Македонското прашање" на Балканот, за секогаш. 

Намерно или наивно, прифаќањето на злосторничката и губитничка, за Македонците и Македонија, игра на Западот и Европа, како историска прилика за конечно ослободување од сиромаштијата и безработицата, однапред планирано од надворешни центри, од другата страна предизвика радост и уверување дека "сега му е мајката да ги суредиме наивните и глупи славо Македонци, за секогаш"!

Главната и не простива причина за ваквата положба во која се најде Република Македонија и ние Македонците, е во лагите претворени во вистини  за лесното живеење  и благосостојбата до колку влеземе, по секоја цена, во НАТО и Европската Унија.  Меѓународни организации, "каде се јаде, пије и љубов се води" како по битолските меани, спрема серенадата на битолските "Боеми". 

Тоа значи, да споменеме уште еднаш, причината за ваквата положба лежи во  брзоплетото одредување, за македонски стратешки цели, влез во НАТО и Европската Унија по секоја цена, па дури и по цена да нестанеме како народ и македонска држава за секогаш од лицето на светот и земјината топка. А алчноста на нашите балканси соседи, Грција, Бугарија, Србија и Албанија, како темпирана бомба  си ја чекаа својата шанса да се слизнеме на сув пат и да ги реактивираат нивните прикриени желби за да не дораспарчаат тогаш, кога ќе биде безболно по нив и без значајни жртви. 

Споменатите балкански соседи, после распадот на Отоманската Империја, постанаа  играчи во  манипулациите на Големите. Што би се рекло, обврзани да го вратат "долгот" за услугите кои им беа направени во времињата на нивното осамостојување од Османлиите. За да би се остварила таа нечесна, но според интересите на Западните сили "оправдана" политичка игра, неминовно требаша Македонија да се жртвува и со тоа на Русија и' се затвори патот преку Босфорот да стигне до топлите медитерански води, во кои доминираше Западот и Европа. Со нејзиното распарчување во полза на поранешните делови од Турската Империја, Грција, Бугарија, Србија и подоцна Албанија, кои пак со помош на големите сили постанаа "независни" држави, се сметаше дека "Македонското прашање" е решено за секогаш и неповратно.

Меѓутоа, како што имаме пишувано и порано, "домашниот есап" на касапите и гробарите на Македонија, се разбира во периодот после распадот на Римската  и Турската империја, испадна грешен.  Македонскиот народ ја искористе својата историска прилика и во Втората светска војна, со свои сопствени сили, ја обнови македонската држава на еден дел од својата територија, делот даден на Србија и како  Народна Република Македонија,  заедно со другите балкански народи постана рамноправен член на Југословенската федерација, до нејзиното распаѓање во 1991 година. Тоа  беше знак кои ги разбуди злите сили и духови и ги насочи во акција, со цел да ги исправат грешките од времињата на Балканските, те Првата и Втората светска војна. Да ги исправат своите грешки и го затворат "Македонското прашање" за секогаш! 

Во оваа последна игра за докусурување на Република Македонија се втурнаа и нашите така наречени пријатели и стратешки партнери и ако не така отворено експонирани пред светската јавност, демек, зошто  тие се "чувари" на светскиот мир и меѓунаредниот правен поредок, па не им доликува да се занимаваат со такви работи. Затоа, пак, парите, кои не знаат за срам и чест,  ја покажаа својата вековна моќ: ги купија душите на слабите и безвредни, кои лесно се наоѓаат на секаде и за кои народот и државата не значат ништо. Ги купија во СДСМ, партија во која да се биде "патриот" е греф!

Како што знаеме, после паѓањето на Владата на ВМРО-ДПНЕ и претседателот Никола Груевски беше ставен на дрвото на срамот за "сите" криминали и неправилности во Македонија,  започна реализацијата на планот за разнебитување на Република Македонија и однародување на Македонците.

Ненародната и нелегална Влада на "човекојадецот" Зоран Заев, челник на СДСМ,  заедно со пријателите од Шарената револуција, плус албанскиот блок составен од нивните политички партии предводен од еден од најголемите аболицирани злосторници од војната против македонскиот народ и неговата држава од 2001 година, водачот на ДУИ Али Ахмети, се зафати со смели, брзи и ефикасни акции да го реализира погубното сценарио. Започна со договорот за добрососедство со Бугарија со што ја продаде историјата македонска, дел од културата и книжевноста по избор на Бугарите и редица други работи верувајќи им дека тие, Бугарите, ќе направат се', Република Македонија во што покусо време да ги започне преговорите со ЕУ и НАТО. Резултатите од тие бугарски ветувања ни се добро познати. "Волкот влакната ќе ги промени, ама табиетот никогаш".

Потоа уште побрзо се зафати, чоеков, да разговара и преговара со најцрниот македонски душманин, Грција, за најсуптилните национални интереси на Македонците и државата македонска.  Доби празни ветувања, дека откако ќе го ратифицира договорот и го промени Уставот на Република Македонија, ќе видат што можат да направат за него. Деталите од Договорот не ни се познати се' уште, али за сигурно знаеме дека, ако му успее  референдумот закажан за 30 септември 2018 година и се прифати спогодбата со Грција, односно Договорот на Првата страна и на Втората страна, како што во него пишува без споменување името Македонија,  Македонија и македонскиот народ ќе ги снема како народ македонски и Македонија како држава на Македонците.  Ќе постане "Северна Македонија", а Македонците "Северни Македонци". Луѓе без корен и  без минато!

Браќа и сестри Македонци, особено вие членовите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, ја имате последната шанса да се ослободите од одговорноста и греовите кои ги зедовте врз себе и вашите семејства со  гласовите кои му помогнаа на Зоран Заев да ја преземе власта во државата и да направи се' што досега направи. 

Бојкотирајте го референдумот на 30 септември о.г. и станете во одбрана  на нашата Татковина и нашиот национален идентитет. Во спротивно, ако за некои празни и лажни ветувања од страна на властодршците во Македонија останете таму каде што бевте и порано, постанувате соучесници во големото предавство кое е пред нашите порти готово да не искорени, за секогаш.

Ветувањата, дека со влезот во НАТО и Европската Унија во Македонија ќе потече мед и млеко на секаде и дека безбедноста ќе ни биде загарантирана од сите непријатели внатрешни и надворешни е лага на столетието. Никој тоа до сега не го доживеал без работа, па нема да го доживеат ниту  Македонците во Македонија. Ќе доживееме само презир и голема срамота од сите народи кои не признаа со нашето уставно име Република Македонија и  се' уште не почитуваат како за чесен и лојален древен народ, кои заслужува   место во заедницата на народите ТАКОВ КАКОВ ОД СЕКОГАШ СИ БИЛ!

Но, на нас е дали тоа ќе го заслужиме!

Драги Македонци, фрлете им ги партиските членски карти  на предавничките политички партии и придружете им се на нашите браќа и сестри кои ја бранат честа и долговечноста своја и на Македонија! Тоа е наша света обврска и долг кон нашите предци и кон генерациите Македонци кои доаѓаат!

 

БОЈКОТИРАЈТЕ ГО РЕФЕРНДУМОТ ЗОШТО Е СТАПИЦА!  СО НЕГОВОТО ПРИФАЌАЊЕ ЗАЕДНО СО РЕФЕРЕНДУМСКОТО ПРАШАЊЕ  ПОСТАНУВАМЕ И НИЕ ПРЕДАВНИЦИ И ИЗРОДИ!

****

НЕ ЗАБОРАВЕТЕ ДЕКА СДСМ НЕ Е МАКЕДОНСКА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА, ТУКУ ПАРТИЈА НА ПРЕДАВНИЦИ, ИЗРОДИ, КРИМИНАЛЦИ И НЕЗРЕЛИ ЛУЃЕ! ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА КАКО КУКАВИЧКИ ЈАЈЦА ВО ТУЃО ГНЕЗДО ЗА ДА СЕ ИСПИЛАТ УШТЕ ПОВЕЌЕ КАКО НИВ,  СО ЛИКОТ И МОЗОКОТ НА ЗОРАН ЗАЕВ И НИКОЛА ДИМИТРОВ!

 

Тања Каракамишева

ДА ЈА ОДБРАНИМЕ МАКЕДОНИЈА!

 Во животот секоја генерација Македонци има своја мисија и своја чест! Нашата мисија и чест е повеќе од очигледна! Одбрана на Татковината, одбрана на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

 

Иако можеби, некому му звучи како клише и излитена фраза што се повторува сиве изминати 26 години, сепак, сега како никогаш до сега, работата е дојденa до коска. Веќе и на птиците и на сите животинки околу нас им е повеќе од јасно дека големото сценарио, подготвувано сo децении од луѓе од надвор, годинава мора да го доживее своето гранд финале!

Тоа, овој пат, е видливо за сите, бидејќи е нацртано и повторено по неколку пати на истите линии со флуоросцентен дебел фломастер, така што само ќор или тотално нетокму човек не може или не сака да го види!

Токму оваа година е ХАМЛЕТОВСКАТА ГОДИНА за Македонците, да останат Македонци или не и натаму да имаат СВОЈАТА ДРЖАВА или да ја препуштат државата на соседите и на другите да прават со неа што им душа сака, да го зацврстат својот МАКЕДОНСКИ ИДЕНТИТЕТ или да се препуштат на новите шнитови скроени во туѓи кројачки дуќани, да ја зацврстат СОПСТВЕНАТА  НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА или да се препуштат на новите историски работилници кои ќе ни токмат нешто сосема ново и за нас неприфатливо,  да ја задржиме МАКЕДОНСКАТА ТРАДИЦИЈА или да трчаме по новите помодарски трендови кои не се наши, ДА ГО ПУШТИМЕ ПОДЛАБОКО НАШИОТ МАКЕДОНСКИ КОРЕН или да дозволиме истиот да биде целосно искоренет и на негово место да ни стокмат некој нов, северномакедонски!

Судбината е само и единствено во наши раце! Дали и колку сме способни да имаме своја држава треба да докажеме токму оваа 2018 година! Или ќе го одбраниме своето право на национално и државно постоење, согласно меѓународните правила и стандарди што важат за сите народи во светот или ќе бидеме освоени, нагрдени, омаловажени и за навек избришани од картата на европските народи!

Одлуката за тоа е во нашите раце, на македонските генераци  што сега имаат можност да одлучуваат! Не е во рацете на тие што ни ја оставиле државата, не е во рацете на тие што допрва треба да стекнат деловна способност да се грижат за државата, туку токму во нашите раце!

Сега треба машки и храбро да се издржат  сите притисоци, сите уцени, закани, сите невољи, затоа што подоцна ќе биде веќе неможно да се бориме, неможно да крениме глас во знак на отпор или некаква граѓанска непослушност! Затоа токму сега ни е потребно да ги збиеме редовите, да престанеме да се кошкаме по партиски или други основи, да се обединиме како Македонци и да ја земеме судбината во нашите раце!

Откако ќе го направиме тоа, тој силен заеднички, непробоен sид кој ќе го спречи сценаристот да ни го зададе и последниот удар, потоа ни доаѓа уште потешката задача! Ќе треба ударнички да почнеме со реализација на новиот Македонски план за комплетно внатрешно реконструирање и ревитализирање!

Новиот Македонски план и програма од типот Маршаловиот план за изградба на државата по сите европски и светски стандарди и правила, со сите нишани на нормална, здрава, витална и уредена држава со здрави и уредени политички и севкупни институции, со здрава и силна економија, со силен и организиран здравствен систем, со конкурентно образование, со пари што ќе одат во државата и кај граѓаните, а не кај криминалните шефови, со владеење на правото и уставниот поредок, а не на криминалците и нивните подземни босови, со вистински ресет на сите пори на општествениот, правниот, акономскиот и политичкиот систем!

Македонија и Македонците, како и сите националности што  сакаат да живеат со нас како рамноправни и еднакви граѓани имаат право да живеат нормален, човечки живот, да имаат пристоен стандард, да ги почувствуваат благодетите на организирана држава, да живеат во благосостојба со труд и резултати, да бидат водени од чесни и умни политичари, да имаат политичари домаќини што ќе им служат на граѓаните, а не на сопствените џебови!

Ќе треба  ударна граѓанска акција да се исчисти тињето од корен, прво во партиите, а потоа и на секаде по институциите, администрацијата, полицијата, армијата! По темелно чистење ќе следи уште потешка задача да се одберат некорумпирани, неуценети и чесни луѓе кои ќе ја тераат обврската за комплетен ресет и реорганизарање на системот и државата според новите правила!

Чесни и вредни луѓе, домаќини ќе треба да ги преземат полугите на делување и владеење на локално и централно ниво преку наметнување на паметни стратегии за доброто на сите граѓани! Македонија ќе мора длабински да ги исчисти сите владини и останати административни редови од неспособни кадри кои освен со полтронство и упикување кај шефот не се занимавале со ништо друго во животот, не знаат ниту како поинаку да опстанат!

Неспособните луѓе треба да ги отстапат раководните  места на тие што знаат, на тие што имаат визија и стратегија како понатаму! Е тука ќе биде ѓаволски тешко да се направи силен и конечен рез, но добро е што Македонија е мала држава во која сите се познаваме, сите ги знаеме способностите на другите, така што филтерот на квалитет ќе биде одговорен и ќе пробива натаму само според вистинските критериуми!

Да ги охрабриме способниТе и чесни граѓани да се нафатат на големиот план за ревитализација на државата по сите основи, да ги истуркаме личните профитери и цицачи од власта и на нивно место да поставиме лица визионери, луѓе со план и програма како да се дигне државата на нозе, како да го оправиме секое гнило ќоше во земјата, локално и централно!

Да ја вратиме вербата во политиката и политичарите! Политиката да добие епитет на професија која не служи само за крадење и немилосрдно трошење народни пари од луѓе кои забегале во власта, туку да биде водена од луѓе со етички, визионерски и други професионални квалитети, луѓе со интегритет и лично достоинство! Конечно да го ослободиме системот од транзиционите и вечни политичари од типот на Рада, Тито, Павле и други кои не знаат две камчиња да стават едно врз друго и на нивно место да поставиме квалитетни, стручни и оспособени професионалци кои ќе знаат што и како да сработаат за доброто на сите! 

Да ги искористиме професионалните технократи што со години се потиснати од страна и оставени да чмаат во позадина, луѓето што никогаш не добиле вистинска шанса да покажат што знаат и умеат да работаат! И не сакам да слушнам коментари од типот ама ова не е можно, веќе е предоцна за акција, веќе се' е изгубено!

Ништо не е доцна, ништо не е изгубено, ништо не е неможно додека вистински не се изгуби! 

AКО ВИСТИНСКИ ЈА САКАМЕ МАКЕДОНИЈА, ТОГАШ ЌЕ НАЈДЕМЕ СИЛИ ДА ПРЕЗЕМЕМE ГОЛЕМА, ГРАНДИОЗНА АКЦИЈА ЗА ТАТКОВИНАТА, СЕГА! НЕ УТРЕ, НЕ ЗАДУТРЕ. АКЦИЈА СЕГА И ВЕДНАШ!

 Македонија само со овој план, со оваа визија, со оваа голема идеја ќе успее! Се' друго е замачкување очи и шарени лаги кои водат кон наша национална и државна пропаст!

 

21 август 2018 година

http://www.mn.mk

 

д-р професор Билјана Ванковска

Билјана Ванковска

ОКУПАЦИЈА ВО 26 СЛИКИ

*****

 Истоимениот филм (1978) на Лордан Зафрановиќ своевремено предизвика толку контроверзии, што неколку години, дури, и не беше прикажуван. Приказната за окупацијата, односите меѓу луѓето, злосторствата, беше тешка за прифаќање, па режисерот беше обвинет за антихрватство. 

 

Без поинакви претензии, насловот на овој филм сам се наметна во обид да направам пресек на она што се случува во/ со Македонија. Наведувам проблеми и сцени што се многу побројни од она што може да опфати една колумна. Сите тие го даваат грдото, тажно, но и вистинито лице на Македонија, видено во скршено огледало. Македонија на периферијата, како запустена територија, која треба да им послужи на макроата што ја продаваат и злоупотребуваат.

Прво, почнувам од она што звучи најбанално - комарците! Верувале или не, денес е Меѓународен ден на комарците, кој над сто години го одбележува откривањето на врската меѓу нив и маларијата. Кај нас уште нема маларија, ама комарците се пример за колосална неспособност на градската и локалните власти. Неуспешноста на една обична рутинска операција на запрашување создаде не само нелагодни туку и штетни последици за флората и фауната, па и за здравјето на луѓето. Оваа епизода ја покажа таа неподнослива леснотија на лагата, која почна од бесшумните летала (веројатно и безопасни за комарците) до подметнати снимки и на крајот фелиниевски повик за заедничко испраќање на авионите во присуство на граѓаните. Второ, видете го Водно! Тоа е оној ист заштитен парк, нашите бели дробови и место за релаксација, она за  кое се правеа протести кога градежната мафија го осакатуваше.

Сега, кога дојде слободата ( на профитот) активностите замолкнаа, теренот е згоден за градење гасовод (од кој фајде најмногу ќе види соседната држава). Вчера се одржа протестен собир, но овие власти не се глуви како претходните, лесно се навредуваат од критика, веднаш потсегнуваат по "оружјето" и се закануваат. Третата слика ја прикажува донкихотската битка на жителите на струмичкиот крај против бракот на корпоративните бизниси и власта, што се темели на рудници на смртта. Сликата е ужасно гротексна: газдите организираат народни средби со жени и деца, глумат добротвори денес делејќи чоколатца за утре да им остават во завет болештини.

Власта што се колнеше во локалните референдуми, сега мисли дека некои животи се "потрошни", а профитот значи живот. Во контекст, а како "културен"  додаток, е сликата на "Струмица опен фестивал": на плоштадот пее Лепа Брена, опкружена со стотина скари. А секоја општина има слична сценографија: ќе донесат певаљки за големи пари, за фестивал во стилот "удри бригу на весеље!, што би рекле Србите, а нема средства за амбуланти и детски градинки. Петта слика од (само) окупацијата е Македонија како голема депонија - во градовите, по патиштата, во туристичките места. Некои граѓани се самоорганизираат (една од акциите има симпатично име "Не биди ѓубре") во собирање отпад и вршење на она за што се платени комуналните претпријатија. Но локалните власти повеќе ја сакаат онаа стара песна на Бора Чорба "остала си ѓубре до краја!".

Шестата слика е стара, со "патина": вработување со предходен благослов на општинскиот комитет на владејачката партија. На тоа додајте ги оние илјадници "рамковни вработувања" и тоа на раководни места, без ден искуство - и сликата е комплетна. Ах, се разбира! Не заборавајте на фризерски вработени во ЕЛЕМ со плата на доцент или шофер со плата повисока од таа на редовен професор. Седмата слика е традиционална, печалбарска - со тоа што сега заминуваат високообразовани кадри, главно лекари. Откако ќе ги понижат, измалтретираат и ограбат брилијантните специјализанти, тие си заминуваат во ЕУ (Германија е главна дестинација), без да чекаат да се смени име или да дојде живот. Тие имаат еден живот, а можат да спасат многу други.

Осмата слика е директно од кабинетот: премиерот лично го презентира "нешто вкусно и крцкаво", како што вели додека постира слика на џанк-фуд, брза храна од компанијата КФЧ (Кентаки фрајд чикин во која одамна нема чикин, пилешко, туку едитиви што не би сакале да им дадете на своите деца). Деветтата слика е уникатна: вицепремиер со месеци не оди на работа, затоа што му е лут некому, но платата му стигнува. Десеттата слика е тешко да се опише веродостојно, бидејќи се одвива во четири очи: зделка, тендери, субвенции, иновациски поттици и слично, сето тоа не е за јавност. Но единаесеттата слика е апла видлива: непотизмот и клиентелизмот цветаат како во најдобрите времиња. Дванаесеттата слика е само за нечии очи и уши, оние на државата, која подготви нов "легален и легитимен" начин на нечуен упад во приватноста.

Ако бившите не прислушуваат (од политички цели), сега овие си земаат за право, без сомнение за затајување или судски налог, да влегуваат во трансакциските сметки - за да собереле повеќе данок! Стоите така разголени пред власта, која ве следи на секој чекор. Тринаесеттата е трагикомична, покажува економски пораст од 0,1%, рамен на статистичка грешка. Четиринаесеттата е константа: секојдневни задолжувања на државата, која има астрономски буџет, што го троши неодговорно, во стилот на Марија Антоанета - па купува торти и колачи, покрај апетисани, а дели и грантови на НВО за славење на НАТО. Петнаесеттата слика ја испорачаа и од ГРЕКО и од "Њујорк тајмс": корупцијата расте и под новиот режим.

Шеснаесеттата слика е невидлива, иако има сериозни последици: загаденоста на воздухот достигнува неверојатни нивоа, ама среде лето ретко кој се вознемирува - ќе чекаме зима и магли за протести. Седумнаесеттата слика е она на милосрдие: и натаму собираме донации за болни деца и сиромашни семејства. Децата и возрасните што страдаат од ретки болести се на маргините, оставени да се снаоѓаат како знаат, па дури и со продавање на сопствениот покрив. Тамара беше искористена, па заборавена, сега се на ред други несреќни деца. Осумнаесеттата слика е колаж што зборува за репресивна држава: полициска бруталност, злоупотреби на службени џипови, убијци среде бел ден што остануваат недостапни за правдата (затоа што била толку бавна што им дозволила да ја напуштат земјата благовремено).

Тука спаѓаат и заканите за сите што не мислат исто како власта, кои се нарекуваат "антидржавни елементи", "структури", "криминални кругови" итн. - во сталинистички дух, според кој државата е поважна од слободата на поединецот. За "одговорност" оваа влада ниту чула ниту разбрала. Заев не може без своите политичари и пајташи. Им прости се', бидејќи немало кој друг да ја води државата! Но циркусантот и' се извинува на Бугарија (на Фејсбук, како тинејџер!) затоа што изустил дека Илинденското востание било македонско!

Не знам до кој број стигнав, но целосната слика на окупацијата на внатрешните и надворешните пробисвети допрва ќе се види. До 30-ти септември ќе видиме и чуеме закани дека ќе останеме несакани чеда на Западот, кој немало да ни даде друга шанса (!), од американските поштари, па до (цивилна!) министерка за одбрана во маскирна униформа и шлем, која гордо лета на американски хеликоптер, заборавајќи дека ниту има ниту смее да има никаква врска со униформиран дел на домашна или сојузничка војска. Криволак бил многу важен за светската безбедност, па американските трупи ќе вежбаат во пресрет на референдум (демек, не се навежбани досега!), ама со муниција без осиромашен ураниум. Што вели Русјаков, кога ќе влеземе во ЕУ и во НАТО и осиромашениот ќе се збогати.

Шегата настрана, битното е дека ние прифаќаме сојузништво со алијансата што одамна користи осиромашен ураниум врз цивилни цели! Ние имаме доволно други причини за умирање. Сето ова е контекстот во кој водат кампања, незаконски и наспроти препораките на Венецијанската комисија. Продажбата на името и насилната промена на Уставот ќе бидат само последниот чин на конечната окупација/капитулација, па она што е сега едвај држава, или протекторантна демократија, тогаш ќе се заокружи во статус на колонија. Да употребам израз на Васкопулос (кажан во друг контекст), стануваме "куртон-територија" за геополитички игри. А знаете што се прави со куртоните кога ќе си ја завршат работата (по задоволството и задоволувањето).

 

20 август 2018 година

https://www.novamakedonija

 

 

 

 

Агатангел

 

Крис Ангелов

ГО ПОДРЖУВАМЕ И МУ ЧЕСТИТАМЕ НА МИТРОПОЛИТОТ АГАТАНГЕЛ

*****

 

 Ваше  Високопреосвештенство Митрополит Тимотеј

 

Во име на Македонската православна епархија на Австралија - Сиднеј, која е под вашата надлежност, би сакал да ја изразам нашата најдлабока загриженост околу  подршката и помошта што Светиот Синод на Македонската православна црква му ги дава на компромитираниот режим на Зоран Заев и албанската коалиција на СДСМ.

Овој режим ја става тесната политичка експедитивност пред легитимните национални интереси и стремежи на македонскиот народ во Република Македонија, потоа во окупираните територии на Македонија и дијаспората низ светот.

Ние целосно го подржуваме и му честитаме на Митрополитот Агатангел за неговиот смел и принципиелен став во одбрана на нашето име и идентитет и со најискрена почит Ве повикуваме Вас и сите членови на Светиот Синод да го поткрепите дедо Агатангел и да покажете дека Македонската Православна Црква навистина се грижи за иднината на нашата земја и националните интереси на Македонија, како што сте правеле низ историјата на Македонија.

Понатаму, ја повикуваме Македонската Православна Црква отворено да застане зад принципиелниот и храбер став на нашиот претседател Ѓорѓе Иванов, кој силно ги брани интересите на нашата земја и македонскиот народ наспроти огромните притисоци на оние кои што работаат и планираат да не' уништат. Никој не бара од Македонската Православна Црква да ја брани политиката на било која политичка партија, туку само го повикуваме Светито Синод да го брани македонското име и идентитет.

Молчењето или немањето политички став при страшната трагедија која се заканува да ја уништи нашата земја не е прифатлива опција и може само да резултира со тоа нашата Македонска Православна Црква сериозно да ја изгуби почитта на нашиот народ кога тој очајно бара водство и единство за надминување на закана која надвиснала над нас.

Го повикуваме Светиот Синод на МПЦ веднаш да ги повлече сите барања МПЦ да се претвори во подреден огранок на било која друга православна црква. Признавањето на МПЦ од други православни цркви мора да се заснива врз принципите на еднаквоста и взаемната почит и да се случи со прифаќање на нашето вистинско име, Македонска Правослаавна Црква (Охридска Архиепископија).

Го повикуваме Светиот Синод на МПЦ под итно да се произнесе  решително и отворено да повика на потполн бојкот на овој референдум и воедно официјално да ја подржи кампањата "БОЈКОТИРАМ" во Македонија. 

 Со почит и поздрав, Крис Ангелов секретар на Македонската Православна Епархија во Австралија-Сиднеј

Славе Николовски-Катин

 

Славе Николовски-Катин

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

ДЕЛ 16

ФИЛИП ВТОРИ МАКЕДОНСКИ - СТРАТЕГОТ НА КОРИНТСКАТА ЛИГА

 

 

 

Позицијата како хегемон била долго негувана законска форма што Филип Македонски на крајот ја пронајде за да доминира над Античка Грција. Таа бараше да се дејствува колку што е можно понежно со грчкото чувство и независност. Каков труд тој беше вложил за да не ја повреди грчката чувствителност, се гледа од неговиот опис во договорот, не како крал, туку како хегемон.

Функциите меѓу советот и хегемонот се поделени така што првиот требаше да ги донесува резолуциите, а вториот да ги спроведуа. Федералниот совет што го формира федералниот суд, донесе многу важни одлуки, мерки против пректршителот на договорот и дали да биде мир или да се води војна.

Во последниот случај хегемонот ги определува воените контингенти за снабдување од членовите и води војна во корист на лигата. Согласно смислата на офанзивниот и дефанзивниот сојуз, во ваков случај тој требаше да ја подржува лигата со својата античка македонска армија и обратно, до колку тој беше нападнат или ако требаше да се води офанзивна војна под негово раководство, античките Грци требаше да се стават со своите контингенти под негова команда.

Во врска со последната спогодба, изворите потврдуваат дека несомнено ова била определбата за војна против Персија. Се покажа дека во  текот на заседанијата Филип Македонски избегнувал официјално да зборува за војнички и политички прашања и за персискиот крал. Со цел предвремено да не го предизвика кралот, Филип Македонски сакал да ја зајакне античката грчка лига и цврсто да ја земе во свои раце командата над античките грчки трупи што беа на копно и на море, пред да настапи сред народот со планот за војна со Персија.

Сепак, како што беше неопходно да се определи бројот на претставниците, тој започна да ја определува официјално моќта на одделни членови. Тоа произлезе од силата на двете страни: хегемонот Филип Македонски не беше само војнички лидер на Лигата, туку имаше и целосна контрола над надворешната политика на античка Грција.

 

Коринтската лига на Филип Македонски.

На тој начин Филип Македонски ја обедини цела Античка Грција (со исклучок на Спарта) во Лига на држави и така првпат во историјата создаде античка грчка обединета држава. Се разбира, за се' што беше речено погоре околу панелинистичката идеја, тој не ги следеше, како што често се претпоставуваше, поттикнувањата во делото "Филип" од Исократ, кое бараше обединување на Античка Грција во една држава.

Формирањето на оваа Коринтска лига не беше резултат на панелинистичката идеја, туку на политиката на Филип Македонски да ја подигне моќта на античка Македонија. Наспроти напорите на Филип Македонски со решението на античко грчко-македонското прашање што е можно помалку да ги засегне античките грчки чувства, сепак ладно беше примен од широките маси во споредба со она што очекуваше.

Античките Грци ја сметаа хегемонијата на Филип Втори Македонски, пред се', како странска доминација. Тие не гледаа на античките Македонци како на антички Грци.

И покрај тоа што Лигата на државите под водство на Филип Македонски не ги усогласи намерите на панелинистите, сепак можеме да го признаеме влијанието на Исократ за "општиот мир" прогласен од Филип Македонски на Конгресот. Доколку внатрешното единство на античките Грци, како што имаше желба Исократ, не се реализираше во рамките на Лигата на државите, ќе се преземеа мерки да се обезбеди спокојство и мир во античкиот грчки свет.

Според тоа, одредбите за еден "општ мир" беа вклучени како витален и фундаментален услов во договорот на Сојузот. Пред се', тоа беше мир меѓу Филип Македонски и Лигата. Така, на пример, секој член мораше да се заколне дека нема да се обиде да ја собори монархијата на Филип Македонски и на неговите потомци. Според додатокот "потомци" се гледа дека договорот е "вечен", ако тоа се однесува само на Филип Македонски. Во спротивно, античките Грци не би зеле обврски за неговото потомство.

Тоа беше од големо политичко значење. Меѓутоа, античките Грци се врзаа со заклетва вечно да го чуваат меѓусебниот мир. Ни еден член не може да се здружи во непријателство против друг на копно или на море. Пиратството беше забрането и така слободата и безбедноста на морето беше ставена под заштита на Лигата. Секој што не се потчинуваше беше третиран како непријател и требаше да очекува казна од другите членови.

На овој начин се воспостави мир во сите држави. Претставниците во интерес на хегемонот увидоа дека егзекуциите или казните на прогон не беа незаконски, дека немаше конфискации, распарчување на земјата, поништување или ослободување од долговите, или, манумиција со робовите за бунтови и со сите оние обични страшливи придружувачи на постојаните бунтови во непосредното минато.

Секој член мораше да се заколне дека нема да ги крши правилата што владееја во државите од времето кога беше дадена заклетвата, не зависно што многу од нив беа изменети од Филип Македонски за да одговараат на неговите погледи. Не смее да се заклучи дека тоа претставува задушување на политичкиот живот во градовите. Револуцијата со насилство беше забранета. Ништо не можеше да го исклучи мирољубивиот развој на конституционалниот живот.

Тоа беше форма на "општ мир". Филип Македонски сакаше да ја реализира идејата на Исократ за смирување. Надворешниот и внатрешниот мир на сојузничките држави беше загарантиран со строги санкции кои беа вклучени во договорот. Бездруго, едно вистинско помирување на душата би било најдобро. Но тоа беше утопија, како што веќе видовме и мора да се признае Филиповото заменување со насилно наметнат мир беше единствениот можен излез во постојните услови. Тој барем ветуваше олеснување за нацијата, доколку се почитуваше духот на Коринт.

Откако скицираниот договор едногласно беше прифатен од конгресот, дипломатските претставници се вратија во своите држави и договорот беше насекаде прифатен и потврден со заклетва. Изборите за претставници започнаа веднаш, бидејќи заклучокот на Конгресот беше советот да заседава што е можно поскоро. 

Така, Федералниот совет го одржа својот прв состанок на Коринт во раната пролет на 337 година. Дојде и часот Филип Македонски да ја спроведе и последната цел на својата македонска политика. Сега кога ги имаше античките грчки контингенти во своите раце, тој можеше јавно да ја обнароди својата долго чувана намера за војна со Персија.

Од голема важност беше тоа што Исократ во своето дело "Филип" го подготви јавното мислење на Античка Грција за панелинистичка национална војна под раководство на Филип Втори Македонски, кому му се овозможи да ја искористи оваа панелинистичка идеаја, со цел да ги прикрие своите чисти антички македонски намери. 

 

Филип Втори Македонски-војсководител

Филип Македонски се надеваше дека со војна ќе ги добие симпатиите  дури и од оние Антички Грци што беа против него, во чии бараше морална подршка на својот статус што го доби на Конгресот. Тој ќе се здобиеше со значајна позиција, ако ги ослободеше античките Елини-Грци во Мала Азија од персискиот јарем, а со тоа ќе го поништеше првиот член од Кралскиот мир кој ја оптоваруваше Елада педесет години.

Вториот член од Кралскиот мир веќе го поништи по дипломатски пат, бидејќи според федералниот устав, сега беше Филип Македонски, а не Големиот крал, тој што им гарантираше слобода и автономија на античките грчки држави.

Но која беше причината тој да се залага за војна со Персија? Обичните и единствените антички грчки мотиви на Исократ беа  некорисни ниту пак Филип Македонски можеше да ги обнародува своите лични антички македонски планови за освојување.

Поумна идеја му се јави при најавувањето на војната како војна за реванш, како војна на одмазда за слосторите што еднаш беа извршени од Ксеркс врз храмовите на античките грчки богови. Оваа идеја беше истакната од Филип Македонски, а не од Исократ, како што се претпоставуваше, бидејќи тоа нему сосема му беше туѓо.

Го гледаме и се одушевуваме на нежното проникнување со кое Филип Македонски можеше да навлезе во античко грчкиот менталитет и колку остроумно ја зеде позицијата во свои раце како вистински Хераклид, издигнувајќи ја националната војна во религиозна војна на одмазда. Во исто време тој зацрта спиритуална паралела меѓу својата иницијативност и многуте години на војна со Персија.

Веојатно оваа митска паралела го окупира и на конгресот го припои сојузот кон "универзалниот мир", бидејќи и при доаѓањето на Ксеркс сојузниците антички Грци склучија мир кој се однесуваше на целата земја.

Така Филип Македонски на првата седница на Советот предложи тој со античката македонска армија и со контингентите на античките грчки сојузници да води војна со Персија, за да се одмазди за злосторствата на Ксеркс во античките грчки свети места. Потоа претставниците гласаа за војна и му ја доверија на Филип Македонски врховната команда во војната со Персија со звањето командант со неограничена моќ.

По овие брилијантни успеси Филип Македонски се врати во античка Македонија. Наредната пролет (336) испрати преку Дарданелите извидница од десет илјади луѓе под команда на Парменион и Атал, за да се подготви и да ја искористи првата можност за ослободување на градовите во Мала Азија. Повеќе од тоа Филип не можеше да направи, бидејќи неколку месеци потоа беше убиен.

Она што Филип Втори Македонски го направи на Коринт претставува компромис меѓу античката македонска политика на моќ и панелинистичката програма на Исократ, компромис во кој античките македонски интереси најмногу дојдоа до израз. Во извесна мера желбите на Исократ се исполнија, но во форма што тој не ги предвиде, бидејќи тие се реализираа врз основа на целта на Филип, а тоа беше доминација над Античка Грција.

Во оценувањето на неговата дејност на Коринт, може да се рече дека доколку му се овозможеше, наместо да умре во четириесет и седмата година, да води успешна војна против Персија и да владее во неколкуте наредни децении, неговата реорганизација на Античка Грција ќе беше благородна и за античкиот грчки свет, а особено извршувањето на "универзалниот мир", кој беше неопходен за напредокот на неговто античко Македонско царство.

Тоа значеше постепено создавање на услови за доминација на неговиот син Александар Македонски во светот, што беше сосема непознато за неговиот татко, кој со Коринтската лига ги измени условите на живот. Каков силен впечаток Филип Македонски беше оставил на своите современици се гледа од зборовите на Теопомп, историчар кој во почетокот на своето дело "Филипика" го напиша следново: "Земено во целина, Европа никогаш немала маж како Филип Македонски", синот на Аминта".

Продолжува

Розита, поетеса

 

 

 ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

 МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

********

 

 

 

 

ГЛУВО ДОБА

("Душоглед")

 

  • Полноќ е, штама е,
    молчи дури и ветерот
    што досега завиваше
    под мојот прозорец,
    сакајќи да влезе во мене
    и да ме погледне однатре,
    говорејќи ми со допирот
    дека го испратил некој
    за да ми каже дека
    однадвор сум недопирлива,
    некој ме нарекува божица
    а јас сум како сите други,
    јас сум само жена смртничка
    можеби само малку необична.

  • Полноќ, е ниедно време
    што го нарекле глува доба,
    ако е глува ни ти не ме слушаш,
    залудно е да ти прозборам
    и да ти кажам љубов моја
    колку многу те сакам,
    те сакам токму тебе,
    ти што ме чувствуваш
    бескрајно туѓа и недостижна
    статуа студена и далечна
    а јас сум само уплашена,
    ме стаписа стравот
    дека не ќе можам да ти кажам
    дека токму тебе те љубам.
    *********
    Автор: Розита Христовска

Kind regards: 25 август 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 161