ДО КОГА "БРАЌАТА" БАЛКАНЦИ ЌЕ БИДАТ СЛУГИ НА БРИСЕЛ ?

Сотир Гроздановски-Македонски

Сотир Гроздановски-Македонски

НАРОД БЕЗ ИМЕ И ИСТОРИЈА - ДРВО БЕЗ КОРЕН !

 

Историјата е рингишпил кои постојано  се врти. Се врти и секогаш надоградува и дополнува со нови сознанија прилагодени за времето во кое се живее и за некои идни кои доаѓаат. Има своја цел и цена, која ја поднесува нарачателот или онај кои верува дека другите нема да приметат недореченост или искривувања, заради свои сопствени интерси.

Геополитичките политики на западните и источните сили, секако, играат голема улога во врска со судбината на Македонците и нивната земја, стратешки позиционирана во средиштето на Балканот. Позиционирана на раскрсницата која ги поврзува важните држави и нивните  материјални  извори, кои живот им значат. 

Грција, Бугарија, Србија и Албанија се само платени актери во оваа игра со историјата. Тие се само истурена маша на западниот и источниот фактор, створени од нив и хранети со трошки од македонската земја, без кои неби биле употребливи ниту за чистење на патиштата, по кои големите врват.

Тие бесрамно ја крадат и искривуваат историјата, како би створиле лажно чувство за некоја своја светска вредност. Особено Грција и Бугарија, а за Албанците и да не зборуваме. Какви си дојдоа, такви си останаа. Му служеа на Турците во времињата на нивната кавкаска преселба , а сега и на Западот, како средство за вршење на нивните валкани работи по Балканот. Од секогаш биле  како масло над вода, без својства за соживот, со своите соседи.

Како волци со накострешени влакна на 'рбетот и закрвавени очи, нашите соседи со столетија чекаа и дочекаа нивниот плен да ослаби и да е "готов" за јадење. Но  и сите заедно не  беа кадри да ја совладаат моќта на македонскиот народ, се' до денешни денови, кога најдоа внатрешни соработници-платеници. 

Но и тоа не ќе им успееше(???), до колку европските сили  не се здружија и створија своја заедница,  "Европска Унија" и НАТО  како "Баби со рогови",  со кои ги уценуваат и плашат послабите од себе. Особено во случајот на Република Македонија,   смртно уплашени од нејзиното одново раѓање и заземање на заслуженото место, во светската заедница на народите. 

За срам, тие не се кадри ниту  своите нечесни игри успешно и не откриени од македонскиот народ, да ги сокријат!

Затоа бараат слаби, нечесни примитивци, изроди и предавници од средината на балканските народи кои до вчера живееа заедно во мир и слога, а сега како нивни платени слуги  им ги вршат нивните нечесни, непринципиелни, некултурни и тотално нецивилизирани работи!

Нај препознатливи меѓу нив се македонскиот нелегален претседател на владата Зоран Заев, со својата свита, Самуел Жбогар од пријателска Словенија во улога Амбасадор на Европската Унија во Република Македонија и неговиот пајдаш Горазд Бартол, шеф на Канцеларијата на НАТО во Скопје. Сите тие се смртни непријатели на македонскиот народ и на Република Македонија, а отворени присташи на Грција и Бугарија. 

Но за нив пишувале и други,  па за тоа ќе ги оставиме да си живеат во мир со нивните слугински менталитети и за срам на нивните народи. За срам, зошто постанаа слуги на  довчерашните окупатори на нашата заедничка држава, во која   живеевме и  се' уште живејме на овие исти балкански простори, во релативен мир и благосостојба толкава, колкава заслужуваме да ја имаме.

А сега, како доказ дека не сме дрво без корен, како што и насловот ни е на текстов, ќе ви пренесам еден текст кој сум го напишал уште во 1991 година, а е актуелен и денес. Актуелен и денес, зошто од тогаш до денес нашиот образовен систем создаваше само изроди и професори кои ни оспособија предавници и непријатели. Луѓе со дипломи на д-р, м-р, професори кои самите себе си се мразат но што е најжално го мразат и својот народ и неговата држава со сите  идентитески обележја, почнувајќи од нашето свето име Македонија, Македонци и Македонско!

 

НЕ СМЕ СТЕБЛО БЕЗ КОРЕН!

**************************************

(Посветено на Христо Андоновски)

 

Од повеќе објективни, но и многу други субјективни причини, за потеклото и времето на античките Македонци, македонската современа историографија се' уште не нашла време да даде сериозен одговор. Но затоа, пак, живиот интерес на македонски интелектуалци и истакнати родољуби, никогаш не престанале да истражуваат и да ги бараат врските со нашите древни предци.

Фељтонот: "Кои беа античките Македонци" од Христо Андоновски, објавуван во весникот "Нова Македонија" од 11 до 25 јануари 1991 година претставува таков еден потфат, со оправдани претензии да биде поттик за уште подлабоки и по целосни истражувања за потеклото и развојните етапи на македонскиот народ, од најраните епохи, до денес. 

Впрочем, на ова деликатно и фундаментално прашање за развојот на македонскиот народ од антиката до нашиве времиња, македонската современа историографија му има посветено внимание во повеќе историски трудови, но сепак, 22 страници во три томната "Историја на македонскиот народ" за античка Македонија и античките Македонци, издадена во 1969 година, не се доволни за докажување на взаемните врски помеѓу нив и нас, денешните Македонци. Тоа е уште позначајно, кога народите имале и денес се' уште гаат отворени претензии спрема историјата и територијата на Македонија, "знаат" многу повеќе за нас, отколку ние самите за себе. Тие вложуваат огромни материјални средства и интелектуални напори да ја дезинформираат светската јавност, а со тоа и да ја дезориентираат македонската дијаспора (иселеништвото), лансирајќи безброј писани материјали за наводниот "грчки", "бугарски", "српски", па дури, во последно време, и "албански" карактер на македонската духовна и материјална култура, прикажувајќи ја, при тоа, Македонија само како "географски" појам, а македонската нација за "измислена" од Тито и Скопје. Тоа претставува своевиден апсурд втемелен во нивните завојувачки  и асимилациски политики спрема Македонија и македонскиот народ, кои на крај на краевите, негативно делуваат и спрема нивните сопствени народи.

Брошура подготвена во "Илинден", издавачка куќа, Детроит, Мичиген 1991 година. Главен уредник, Сотир Гроздановски.

За Фељтонот имаше голем интерес кај Македонците во Македонија, а посебно во дијаспората, бидејќи неговата содржина се темели врз компаративни извори од научници со светска репутација. Но сепак, како тоа бидува во атмосфера на слободни размислувања и изложувања на против тези за истата тема, во македонскиот печат се појавија и други реагирања со кои се оспоруваа фактите изнесени во овој значаен труд на Христо Андоновски. Нив, во целост ги пренесуваме на следните страници од брошурата.

И ако популарно и "аматерски" напишан, како што се изразува Наде Проева од Филозофскиот факултет во Скопје, зошто "светот ни се смее", сепак Христо Андоновски може само да е поносен на своето дело, заедно со нас Македонците од дијаспората.

И како што Славе Николовски-Катин во одговорот на критиките упатени на негова сметка за божемното "претерано" и "незаслужено" делење епитети на истакнати иселенички родољуби (меѓу нив и јас), вели:

"ЛЕСНО Е ДА СЕ КРИТИКУВА, АМА ТЕШКО Е ДА СЕ ТВОРИ"!

По повод издавањето на оваа брошура на авторот  Христо Андоновски му посакуваме уште многу "длабоки орања" во македонската антика, како би се изразил нашиот истакнат и познат хуморист-карикатурист од Буково Панде Јаревски и наскоро да не израдува со повеќе вакви, лесно читливи, но богати со содржина фељтони за нас Македонците, бидејќи  НЕ СМЕ СТЕБЛО БЕЗ КОРЕН!

Пишува:

 Сотир Гроздановски-Македонски

 

Мартин Треневски

 

 

М-р Мартин Треневски

ЗОШТО СЕУШТЕ НЕМА РЕАКЦИЈА НА ГРЧКАТА БЛОКАДА НА ГРАНИЦАТА КОН МАКЕДОНИЈА?!

 

 

Поранешниот амбасадор на Република Македонија во Шведска, Норвешка, Финска, Естонија и НАТО, поранешен Министер во две демократски влади во независна Македонија, денес испрати отворено писмо до амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар.

ПИСМОТО ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ

Ваша Екселенцијо, Господине амбасадор Жбогар,

Повод за моево обраќање до Вас, како шеф на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија се бесконечните блокади на нашата државна граница од страна на членката на ЕУ Република Грција.

 

Самуел Жбогар Амбасадор на ЕУ во Република Македонија.

Поминаа веќе десетина дена колку што трае наводното незадоволство на грчките земјоделци искажано со блокирање на граничниот премин Богородица/Евзони, а не чувме ниту видовме било каква реакција од Вас, лично, како дипломатски претставник на Европската Унија во Република Македонија, ниту пак од било кој амбасадор од земјите од ЕУ во нашата земја. Тотален молк од вашата - Европската страна!? Навистина чудно до ниво на апсурдност.

Екселенцијо, амб. Жбогар, не е прв пат Грција да ни подметнува вакви провокации што и' нанесуваат огромни штети на македонската економија! Циклично, во определени периоди границата се затвора те заради наводен штрајк на грчките  цариници, те заради "пад" на компјутерскиот систем, те заради штрајк на земјоделците, полицајците и што се не ќе измислат се со цел да ни го загорчуваат животот со свесно конструирани блокади на границата.

Грчкото изживување е посебно драматично во овој период, кога е загрозено дистрибуирањето на горива во екот на зимската сезона која оваа година ја карактеризираа особено ниски температури и кога во Солунското пристаниште чекаат за транспорт во Македонија десетици и десетици илјади тони разна стока. Но таквиот однос од грчка страна со блокадите на границата е посебно драматичен во летните месеци кога на пеколни горештини се држат цели семејства со мали деца со саати на граница поради некоја од горенаведените причини.

Амбасадоре, само наивни можат да поверуваат дека сегашната блокада е заради незадоволство на грчките земјоделци. Кристално јасно е дека се работи за политички притисок завиткан во обланда на некакво незадоволство. Граничните блокади се само за да се направи дополнителен притисок на нашата земја од страна на членката на ЕУ, а со некои потези од Брисел и директно од ЕУ, Република Македонија да поклекне и да ги прифати болните и сулуди намери да не прекрстувате и одродувате.

Впрочем, најотворено ве прашувам: зошто незадоволниците во грчкото општество (земјоделци, цариници, полицајци, граничари...) не го изразуваат својот гнев на граничните премини на вашата членка Грција кон Албанија, Бугарија или далеку било кон Република Турција (таму лошо ќе поминат, зарем не?), туку само кон нашата земја? Мислам дека и самите сте свесни и не треба да Ви објаснувам ЗОШТО, нели?

Дали некој од присутните амбасадори на членките на ЕУ во Република Македонија, а и бирократите во Брисел некогаш помислуваат на фактот дека грчките блокади се брутално нарушување на една од темелните вредности на самата ЕУ, а тоа е слободната комуникација на луѓе, идеи и стоки меѓу земјите и народите? Очигледно, судејќи по Вашето однесување и индифирентност, но и однесувањето на другите амбасадори на членките на ЕУ во Македонија, НЕ Е!

Амбасадоре Жбогар, во последно време интензивно крстарите низ Македонија, го посетивте Прилеп, па Радовиш, што е за поздравување, но добро е и самиот да појдите малку на југот од нашата земја, на граничниот премин Богородица и да видите лично што се случува таму. Од македонска страна ќе видите полицајци од повеќе ЕУ членки (Австрија, Унгарија, Словачка, Чешка...) кои будно ја блокираат балканската емигрантска рута, чувајќи ја на тој начин и вашата земја, Словенија, но од спротивната страна на границата е грдата слика што ни ја приредува членка на организацијата што вие ја претставувате во Република Македонија.

Мора да се признае, економски штети трпат поединци и компании и во Грција, но нив мува не ги лази, тука е Европската Унија, особено Германија, кои како на притисок на копче, кога ќе им затреба на Грците, ќе истурат десетици милијарди евра.

Не знам дали во делокругот на Вашата мисија во Македонија се проблеми со блокадите на границата за коишто Ви се обраќам, но би било добро за Вашата професионална кариера, но пред се' на субјектите погодени од ваквото нецивилизирано однесување на членка на ЕУ, некој во Брисел конечно да реагира на овие проблеми.

Знам, ЕУ се соочува со големи главоболки заради Британскиот Егзит, а особено по изборот на г. Доналд Трамп за председател на САД, но некои прашања не смеат да се стават под тепих бидејќи не може да се предвиди до кој степен можат да ескалираат работите.

Екселенцио, амбасадоре Жбогар, се надевам дека наместо да наметнувате модели каква влада и' треба на Македонија (тое е стриктно наша работа, а не на ЕУ),  ќе се посветите и на темата за блокадите на границата.

Воедно, Ве замолувам моево јавно обраќање, па сватете го и како личен протест, да го пренесите на г-ѓица Могерини (не знам дали италијанскиот амбасадор во Македонија нешто сторил до сега на тој план), како и на г. Јоханес Хан, па чунки некој во Брисел конечно ќе свати што се' провоцира една Ваша членка на "брдовитиот Балкан".

 

Со должна почит,

М-р Мартин Треневски, поранешен амбасадор на Република Македонија во Шведска, Норвешка, Финска, Естонија, НАТО и поранешен Министер во две демократски влади во независна Македонија.

***************************

https://infomax.mk

 

 

 

Панде Колемишевски

 СЕВЕРНА Е ГЕОГРАФСКА - НЕ Е НАЦИОНАЛНА ОДРЕДНИЦА

Пишува: Панде Колемишевски

 

 Една народна поговорка вели: "Кога нешто многу ти ветуваат, ти земи и понеси со себе помало торбе!"

**** 

Со оваа поучна поговорка може да се назначат и македонските преоптимистички позиции во однос на потпишаниот договор за пријателство со Бугарија. Големите ветувања од едната страна и илузиите дека во односите ќе тече мед и млеко од другата, брзо се распрснаа по изјавите на бугарскиот премиер Бојко Борисов и претседателот на државата Румен Радев, поврзани со изјавата на македонскиот претседател на Владата, Зоран Заев, за идентитетот на Илинденското востание. Особено со нивното барање македоскиот лидер да се извини за изреченото дека востанието е македонско.

Минатиот петок (10 август), во колумната што ја објавив под насловот "Македонија на дланка или НАТО и ЕУ на гранка", напишав дека одбележувањето на овој (2018) Илинден и денот на АСНОМ е последниот Илинден за кој македонски политичар можеше јавно од говорница да изјави дека Илинденското востание е македонско или да се употреби дефиниција дека е востание на македонскиот народ. Само ден-два потоа дојдоа пробните, само млаки, но во основа заканувачки, реагирања од бугарските челници, кои укажуваа дека на Македонија тоа веќе не и' е дозволено.

Недипломатско изречените барања од страна на двајцата највисоки претставници на власта во Бугарија македонските политичари да внимаваат како ги именуваат историските настани, засега само од подалечната, а утре и од поблиската историја на Македонија, не се ниту случајни, ниту наивни. Тие никако не може да се третираат како гаф, лупинг или невнимателност од нивна страна, како што се обидуваат да ги претстават или замаглат македонскиот печат или некои политичари од власта.

Бугарските пораки не се плод на случајност, на нивната политичка или лична суета, на нивниот гол популизам, на некакво незнаење, туку рефлекс на вековен однос кон македонското прашање, на долго градена осмислена стратегија за зачувување на бугарските политички интереси во однос на него. Бугарските политичари се полни со историско искуство, кое доследно го почитуваат, не се наивни, лекоумни и празнозборливи како новата македонска политичка генерација. Нивните пораки  содржат јасна цел и индиректни упатства до македонската политика и наука, кои може да се срочат во неколку збора - внимавајте вие во Македонија што зборувате и пишувате кога станува збор за Бугарија, како за минатото така и за сегашност. Внимавајте, инаку ќе си го добиете.

Беше навистина симпатично и надежно однесувањето на Бојко Борисов и на енергичната и претставителна министерка за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева, во време кога Бугарија претседаваше со Европската Унија, меѓу јануари и јули годинава, како што беше и од страна на македонските при срдечните, навидум искрени, пријателски средби. За жал, бугарските големи ветувања за одредување датум за почеток на преговори за членство во ЕУ не се остварија со капацитетот што го најавуваа, што може да се оцени како половичен успех  или целосен неуспех во поглед на Македонија.

Не може да се оспорат нивните настојувања да и' помогнат на Македонија, но иднината може да покаже дека тогашниот однос бил само привремено лицемерство и плод на итрина. Тие во секоја ситуација може да се однесуваат комотно и лежерно од една страна, заканувачки, со кренат прст, од друга, доколку е потребно, зашто нивната политичка позиција во Европската Унија е неспоредиво посилна од македонската. Со самото тоа, како и со потпишаниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји, зошто да не се признае дека дел од македонската иднина свесно е предаден во бугарски раце и стана зависен од бугарското политичко расположение.

Актуелната македонска власт не остана имуна на љубезноста. Возврати дури и со поголема љубов и разбирање. Премиерот Заев направи сериозен, да не речеме историски ретро-скок, воздигнувајќи ги односите на ниво на браќа, ословувајќи ги Бугарите како браќа на Македонците. Иако во Бугарија целата наука и политика се трудеа со децении да докажат дека, ако навистина не сме браќа, тогаш барем да сме блиски братучеди, сега од македонска страна тое е подигнато на многу поблиско ниво.

Дали македонскиот лидер терминот браќа го употребува во смисла на заеднички национален идентитет, или го сместува во еден поширок контекст како балкански браќа, како што сме биле браќа со Србите, како што сме браќа со Албанците и со Американците, останува нејасно. Иако кај некои аналитичари не е далечна помислата дека на овој начин индиректно се соопштува дека идната Северна Македонија ќе гради ново братство-единство со Бугарија, ќе работи на нов геостратегиски проект за обединување еден народ во две држави, или два народа во една држава, останува да проценат поупатените политичари и балкански и глобални прогнозери.

Непосредно по Договорот со Бугарија се надоврза и потпишаната спогодба за разликите за името со Грција, со која Македонија трајно го губи своето досегашно име, губи дел од себеси и под повеќето веќе стекнати и потврдени историски, национални, уставни, законски, традиционални и други елементи и придобивки што обележуваат постоење на еден народ. Сето тое не се гледа од текстот на самата спогодба, но се подразбира дека ќе се случи тоа со драстичната ревизија на Уставот, што следува по одржаниот референдум.

Преку амандмани во Собранието, се' што досега било именувано како Македонија ќе биде запишано како Северна Република Македонија ( или само Северна Македонија-изборот е наш) и секаде каде што стојат термините македонски, македонска, македонско, ќе бидат "збогатени" со додавката "север" што е географска, а не означува национална одредница. Преку новите дефиниции на преамбулата во Уставот ќе бидат отстранети дури и индиректните историски референци. Македонија нема да биде означена како држава на македонскиот народ, во нив не ќе може да има ни далечно спомнување, ниту мирис за историскиот континуитет ниту на народот ниту на државата, никаква трага од македонското автентично, самобитно историско и културно наследство.

Она што Бугарите се трудеа да го дисквалификуваат, да го елиминираат на разни начини, со мир или со сила стотина години, на мудрите Грци, на грчката супериорна балканска дипломатија, им успеа само со еден потег. Со само еден клик на компјутерот-како што е напишано во спогодбата. Со тој клик во идната Северна Република Македонија, нејзините водачи не ќе можат Илинденското востание да го нарекуваат востание на македонскиот народ, затоа што народот ќе го нема како дефиниција, ниту, пак, ќе им биде дозволено да го употребуваат името Македонија како "голо име" во ниту една официјална пригода.

Тешко е да се напише, грдо е да се прочита, но е вистина што мора да се прифати. Договорот со Бугарија и спогодбата со Грција во основа, ако се исклучат прашањата и одредбите за името, идентитетот на нацијата и јазикот, на кое поле македонската дипломатија доживеа тежок неуспех, се одлични документи потпишани меѓу држави што имале долги нерешени спорови. Секој нормален, писмен, полуписмен, дури и неписмен човек ќе ги поздрави договорите за воспоставување траен мир меѓу народите, за неповредливост на границите, за почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност, за стабилност на регионот, за соработка и пријателство, за мирно решавање на сите можни конфликти.

Никој не може да биде против заложбите земјите да ги зајакнат, прошират и продлабочат свои билатерални односи, да постават цврсти темели за зајакнување и почитување на добрососедските односи и за развивање на нивната севкупна билатерална соработка. Ниту против соработката и стратегиско партнерство во земјоделието, цивилната заштита, одбраната, економијата, туризмот, индустријата, инфраструктурата, транспортот, прекуграничната соработка, културната размена и така натаму и така натаму.

Во таа смисла треба да се уриваат стереотипите на Балканот, но никој притоа не работи во корист на својата штета. Едно се стереотипите, друго е вистината, трето се последиците од тие уривања на јуриш. И да не биде ситуација од големата вреќа полна со ветувања на крајот да се извлече само некое жешко чкорче.

 

http://www.nm.mk

 

 

 

 

 

 

Мартин Треневски

 

ЕТЕ НИ ГИ БЕНЕФИЦИИТЕ (!?) ОД ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО

Пишува: М-р Мартин Треневски

 

 

Помина уште еден Илинден. И наместо да му се израдуваме, како секогаш во минатото на нашиот најсветол датум - 2 август - двојниот Илинде, сега се соочуваме  кој знае по кој пат со брутална антимакедонска кампања од источните соседи кои настојуваат да не одмакедончат, а светиот Илинден да си го присвојат, да не натераат и да ни наметнат нам, на Македонците - со некакво писание што го нарекуваат Договор за пријателство, да се откажеме од нашето легитимно право да си го величаме и славиме тој датум - како еден од најславните во нашата историја.

Повод за најновата антимакедонска хистерична реакција од официјална Бугарија е изјавата на Зоран Заев дека Илинденското востание е македонско!!! После таа изјава тргна лавината на бурни, непријатни, заканувачки и уценувачки реакции на првите луѓе во членката на Европската Унија - Република Бугарија. За бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева  Илинденското востание "Само географски и' припаѓало на Македонија" (демек бидејќи се кренало на македонска територија - во Крушево).

Премиерот Бојко Борисов се закани дека заради споменатата изјава: "Кога ќе дојде  (Македонија) да е пред вратите на ЕУ и ние треба да дадеме согласност"!? А извесен Румен Петков, претседател на партијата Алтернатива за бугарска преродба предупреди дека преговорите за прием на Македонија во ЕУ и НАТО треба да се доведат под прашање "заради непризнавање на бугарското учество во илинденското востание"! (Забелешка: Ние во Македонија не спориме дека поединци од Бугарија учествувале во Илинденското востание, на пример Бугаринот Тодор Паница и други, но тоа во никој случај не го прави востанието "бугарско" како што настојува бугарската наука и политика!).

Антимакедонската хистерија доживеа своја кулминација со реакцијата на бугарскиот Претседател Румен Радев кој побара "Владата на Бугарија да увиди дали е прекршена некоја одредба од Договорот за пријателство, а воедно побара и "дополнителен анекс-договор за промена на односите со Македонија" (!?).

Со цитираните и многу други слични изјави дека немало извинување од Зоран Заев за неговиот изречен наводен гаф (Заев сепак во меѓувреме јавно се извини со констатација дека Илинденското востание "било и бугарско" (!?), Бугарија ни даде јасно до знаење две работи: прво, официјална Софија нема намера да се откаже од праксата од времето на Тодор Живков за негирање на македонското славно минато и негово присвојување како свое. Напротив, таа пракса постанува уште пожестока бидејќи Бугарија сега како членка на Европската Унија е во многу посилна позиција и така осилена во рамките на ЕУ - принципот за решавање на проблемите со соседите во позиција ултимативно да наметнува свои интереси и ставови! И второ, што произлегува од предходно изнесеното, токму како членка на ЕУ Бугарија ќе ја употреби таа нејзина предност како членка на ЕУ за да  не уценува, т.е. блокира на секој чекор во текот на преговорите за членство на Македонија во Унијата доколку не ги исполниме нејзините барања, особено во контекстот на нашето историско минато што тие сакаат да си го прикажат како свое.  Веќе помалку подзаборавениот македонски историчар М-р Драган Ташковски ваквата пракса на Бугарија своевремено ја нарекуваше "Културен паразитизам".!!! Со други зборови: приклепување од бугарска страна на наши историски вредности, ликови и настани и нивно прикажување како свои, т.е. бугарски.  

Но, бидејќи  бугарската страна секогаш се повикува на историјата (според нивно гледање и толкување), па би ги запрашал во оваа прилика како ќе го објасни следниов според мене ( не сум историчар, но историјата ми е пасија) многу интересен и важен детал.

Имено, во осумдесеттите години од минатиот век истражував во Државната библиотека на Нов Јужен Велс во Сиднеј, Австралија, што пишувале австралиските весници за Илинденското востание 1903 година и наидов на еден - според мене многу интересн и важен податок. Имено, весникот "Ди Ејџ" (The Age), што излегува во Мелбурн, во бројот од 18-ти август 1903 година објавува информација според агенцијата Ројтер во каоја ја цитира изјавата на тогашниот бугарски премиер, генерал Рачо Петров за еден софиски весник во која тој нагласув дека "позицијата на бугарската влада (се однесува на Востанието во Македонија, МТр) е апсолутно коректно (!) и дека бугарската влада "со внимание ја варди границата за да спречи преминување  од Македонија"!!! (Забелешка: Во тој период Македонија сеуште е провинција во Отоманската империја).

Генералот Рачу Петров исто така тврди во споменатата изјава: "Востанието во Македонија е чисто национална (т.е. македонска зб. моја) работа на внатрешниот комитет (се мисли на ВМРО, зб.моја)". ( Види: Мартин Треневски, "Илинден 1903 во австралискиот печат, стр. 103, издание Матица Македонска, 1998 и во дополнителното издание на истата книга на англиски јазик: Тhe 1903 Ilinden Uprising In the  Australian Press, pag 77, во издание на Македонска Искра, 2007).

Следствено, работите не се баш такви за бугарската страна да може на сила да наметнува ставови за историското минато на Македонците, какви што и се нејзе по волја. Зачудува само молкот на нашите историчари од Инстотутот за национална историја на Македонија. Катедрата по историја на Филозофскиот факултет, а посебно молкот од патријарсите на македонската историја во МАНУ (!!!) кои сега, кога ни е најпотребно, никаде ги нема.

Бугарската страна, според Договорот за пријателство потпишан на 1 август 2017 година сред Скопје, сега и комисиски ќе не убедувала дека тони и тони историска литература од наши историчари не ќе важи повеќе, нашите историчари ќе треба да си ги искинат, или запалат - сеедно, своите дипломи, а тие со документи ќе не убедувале дека сме биле во заблуда - теза што кога не би била многу, премногу опасна, би била гротескна.

Загрижува и ставот на фамозната Европска Унија која очигледно нема механизми да ги заузда некои свои членки кои, како во предметниов случај, силеџиски наметнуваат свои ставови на други без да ги почитуваат елементарните норми, ниту пак меѓународни документи за основните права на народите.

Малку скандинавски дух и пракса од страна на ЕУ би ни користела многу на сите нас во регионот, без разлика дали сме нејзини членки или не сме!

 

http://www.mn.mk

 

Манојил (Мане) Јаковлески

ВЕЛЕПРЕДАВСТВО Е КОГА ВЛАДИН ФУНКЦИОНЕР, ЗА ВРЕМЕ НА СВОЕТО ВЛАДЕЕЊЕ РАБОТИ ИЛИ ПРОПАГИРА ПРОТИВ СВОЈОТ НАРОД И ДРЖАВА

Пишува: Манојил (Мане) Јаковлески

 

Предавство или велепредавство не се разликите во мислата, говорот и уверувањето. Тоа е богатство на општеството, во тоа е смислата на демократијата.

Се разбира, антидемократски е квалификацијата предавник за сите што различно мислат, говорат и имаат свое спротивно уверување од било која власт.

И во Македонија, како и во секое демократско општество, не се предавство или велепредавство разликите во мислата, говорот или уверувањето. Тоа e здраво демократско општество.

Велепредавство е кога владин функционер, за време на своето владеење работи или пропагира против својот народ и држава.

Дали постојат предавници? Се разбира, непријателот не може да Ви биде предавник, затоа што тој Ви е деклариран противник. Непријателот никогаш не може да биде предавник, но предавникот може секогаш да Ви стане непријател.

Тој што ве предал поради материја, на пример пари или власт, или и едното и другото.

Во кривичното законодавство, современите општества изградиле институт велепредавство.Тој што полагал заклетва дека нешто ќе штити и брани по Устав и закон, а поради интерес, ја погазил заклетвата и прешол на другата страна. Стеpенот на одговорноста го квалификува делото на предавство или велепредавство.

Некој може да побегне од земјата и да не ја брани од напад на непријател во случај на окупација и геноцид, иако одбраната на земјата е обврска за сите нејзини државјани ќе се смета за кукавица, предавник.

Кога офицерското лице или владин функционер ќе побегне од земјата, е тоа се смета за дезертерство, предавство или велепредавство и нему му се суди, за тоа одговара и лежи затвор, затоа што полагал заклетва пред да седне на тоа место.

Таквите функционери се судат по редовна постапка, а понекогаш им се пресудува смртна казна, во редовна или итна постапка.

 

http://mn.mk/komentari

 

Алексадар Џеповски

 МРТВИТЕ, ИСЕЛЕНИЦИТЕ И КОСОВСКИТЕ АЛБАНЦИ ЌЕ ГЛАСААТ НА РЕФЕРЕНДУМ СО БЛАГОСЛОВ ОД БЕЈЛИ

Пишува: Александар Џеповски

 Тој (Бејли) насмеан преку ночари ќе не направи националисти и шлам европски ако се осмелиме и тоа само интимно, мисловно во нас да го критикуваме.

 

 

Рефрендум ќе има, сакале тоа или не, па наместен до даска и подржан од сите "најголеми демократи и либерали" на големата победа на свесните Северни кретени. Да излезат само десет Северни, Бејли ќе направи еуфорија дека излегле два и пол милиони Северни или 115% од населението. Кој нема да се огласи, ќе запрети дека НАТО ќе бомбардира и тогаш сите ќе речат подобро северни него ли бомбардирани.

Бојко на Зајко пајташот, кој се пофали јавно дека има одено со мажи, ќе се налути од  мака и ќе бара да има корекции т.е. да бидеме северни татари или ветото неизбежно.

Ердоган си даде клетва дека ќе остане оригиналното име па да се преврти цела Грција која пак дели "лекции и шлаканици" на Русија каде "греши и зошто".

Со еден збор...ЏУНГЛА. Рековме, мртвите Албанци и сите иселени Албанци како и сите илегалци и Косовари со фалсификувани македонски пасоши ќе "излезат на референдум и ете ти беља. Беља од Бејли кој мора да повраќа од радост за дневницата од Сорос. Милионче на ден!

Сето ова е наш грб и сметка. Се запнале курбан да оди Македонија преку име за на крај преку територија со цел да одработат за ѓаволските секти во сенка.

СО БОЈКОТ ИЛИ БЕЗ, СО РЕФЕРЕНДУМ ИЛИ БЕЗ...ЕДНО Е СИГУРНО: 500 ГОДИНИ ИЗДРЖАВМЕ ТУРСКО, ПА ОСТАНАВМЕ МАКЕДОНЦИ И ТОА ПРАВОСЛАВНИ. КОЈ НЕ ПОТЦЕНИ, ГУБИ. КОЈ ДУШМАН ВЛЕГОЛ - МАКЕДОНИЈА ГО СТАВА ВО ГРОБ!!! АМИН!

http://www.mn.mk

 

 

Славе

Славе Николовски-Катин

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

ДЕЛ 15

ФИЛИП ВТОРИ МАКЕДОНСКИ-ГОЛЕМИОТ ХЕГЕМОН

 

И ако Филип Втори Македонски остана навреден од атинската помош на Византиум, сепак избегнуваше директен судар со Атина. За да го обезбеди своето македонско кралство, замина за Добруџа да се бори со Скитите и Трибалијанците (339). Тоа беше кога Амфиктионистичкиот совет му даде наредба од новата "света војна" против Амфис да се пресели во централна Античка Грција по лошо проодниот пат на Термопилите (339) година.

И така, кон крајот на август 338 година, во Бојотијанската рамнина кај Цефис во близината на Херонеја, се случи голема и решавачка битка, во која Филип Македонски целосно ги порази комбинираните сили на Атина и Теба. Со оглед на курсот што го имаа земено работите во Атина и во цеала Античка Грција во период од неколку децении, политиката на Демостен беше изложена на критика, бидејќи во своите атински аспирации не ги зеде предвид вистинските факти и затоа секогаш ќе остане само како очевиден модел на страстен патриотизам.

Тоа е славна страница во историјата на Атина, кога под негово раководство се почувствува нејзиното гордо минато и дека нема да се роди супериорна сила без борба. Се7 уште на државните гробишта Керамеикос во Атина со емоција се читаат стиховите испишани на гробовите на оние што паднаа кај Херонеја:

 

О време, ништо човечно не може да ја прескокне глеткава: Затоа кажи им на сите каква несреќа може да не снајде. 

Како, борејќи се на Бојотијанската историска рамнина за да ја спасиме нашата света Елада, ние бевме погубени.

Уште еднаш Филип Македонски ја доби битката со формацијата кос строј.

 

Офанзивата на левото крило и командувањето со коњицата Филип  Македонски му ги довери на својот син Александар Македонски, кога беше на осумнаесетгодишна возраст, додека тој лично го водеше дефанзивното десно крило. Така младиот Александар на чело на следбениците на дворот ја нападна "Светата чета" на Тебанците, додека неговиот татко соочувајќи се со Атињаните ја држеше назад својата фаланга и на почетокот се повлече на кратко растојание за да ги измами да излезат надвор од нивните борбени позиции.

  • Филип Македонски

  • Александар Македонски

Откога успеа во ова, тој напаѓаше победоносно, а Александар Македонски во меѓувреме ги принуди во бегство Тебанците и ги тераше на десната страна што го опкружуваше непријателскиот центар со страничен напад и затоа победата беше целосна.

Тоа беше необична акција на Филип Втори Македонски во која него прогонуваше непријателот по Херонеја, туку остана на бојното поле, дозволувајќи му на непријателот да се повлеќе на југ. Во тоа го гледаме човекот кому, според зборовите на генералот Фон Клаусевич, војната му е само продолжение на политиката, но со други средства.

Сега дојде неговиот момент да ја оствари долго планираната реорганизација на Античка Грција. Таа ситуација и се очекуваше по смирувањето со античките Грци. Со откажувањето да го прогонува и уништува непријателот, многу јасна беше неговата искрена желба за приспособување. Овде повторно можеме да ја водиме големата предност на единството на војничката команда и политичката контрола во личноста на монархот, во споредба со стратезите на полисите зависни од јавните собири.

Тебанците мораа да платат со разочарување затоа што Филип Македонски ги спои со Атина. Мора да се ангажираат со обновата на Платеја и Орхомен и да го издржуваат македонскиот гарнизон во Кадмеја. Меѓутоа, Филип Македонски покажа кон Атињаните голема благост: ги врати нивните затвореници без откуп, дозволувајќи им на Антипатер и Александар да ја однесат пепелта на мртвите во Атина во свечена поворка, а им понуди и пријателство и сојуз со гаранција дека Атина ќе ја остави слободна и независна.

Но, притоа тие мораа да ја распуштат военоморнаричката лига и да се откажат од тракискиот Херсонес, бидејќи загубата од отстапувањето на Ороп беше ненадоместлива. Со години Демостен правеше таква слика за Филип Македонски пред Атињаните како тој да е најголем бандит чија единствена цел му е да ја уништи Атина. Така тој ги натера да имаат страшен отпор спрема него. Благоста на Филип Македонски толку многу ги изненади што едноставно се збунија од радост и благодарност. Тие му подарија атичко државјанство на Филип Македонски и на неговиот син Александар Македонски и направија статуа на кралот во нивната Агора.

И во текот на овие преговори за посебен мир со Атина, Филип Македонски сосем малку го поткрена превезот од своите планови, со што повика Атињаните да стапат во "универзалниот мир" и да се приклучат кон "Советот на лигата" што тој сакаше да го формира. Освен тоа, тој ги стекна грчките симпатии со тоа, што внимателно го прошири гласот дека сака Античка Грција да ја води во панелинистичка војна против Персија.

Кога се пресели со својата војска од Атина на Пелопонез, со радост му беше посакано добредојде од градовите што му беа верни, а засебни мировни договори беа склучени со оние што до тогаш му се спротивставуваа. Само Спарта одби да попушти, па затоа доживеа опустошување на Лаконија од страна на Филип Македонси, заедно со нејзните стари непријатели, Аргивите и Месенијанците, поради што основниот антички грчки арбитражен суд им додели на овие нејзини непријателски соседи сите погранични места што ги бараше Спарта во текот на повеќе векови.

Така, всушност, Филип Македонски стана господар на цела Античка Грција и можеше да оди понатаму да ја зацврстува својата власт со легални форми. Со оваа намера тој ги повика сите суверени антички грчки држави на копното (се' до македонската граница), како и островите, да испратат дипломатски претставници на Коринт, со цел да се конзултираат со него за новиот поредок во Античка Грција.

Филип Македонски ја отвори постапката со читање на манифестот "Диаграма" во кој ги изложи своите предлози пред да се соберат дипломатските претставници. Несомнено, ова ја негира вистината дека во дискусијата за Кралскиот мир на Сардис, пораката од Големиот крал беше ставена пред грчките претставници. Додека тие беа принудени со закана да го прифатат она што им беше диктирано од Големиот крал, Филип Македонски им го поднесе својт документ само како основа за претстојните дискусии.

Тие на Коринт се задржаа со месеци, можеби до пролетта на 337 година. Дека Манифестот "Диаграма" беше ставен во обврзна форма, повеќе од сигурно само може да се претпостави, иако Филип Македонски за време на конгресот им се претстави на дипломатските претставници со сиот свој шарм и љубезност, што можеше да го покаже кога сакаше. Тој беше страшно неспокоен и сакаше да ги добие симпатиите на античките Грци, што беше важно за реализацијата на неговире цели. Резултатот на овие преговори беше договорот за сојузништво меѓу Филип Македонски и античките грчки претставници на Коринт, а тоа се потврди со заклетва од сите странки.

Неговите главни точки се следните: Филип Македонски склучи со античките Грци пријателство и едностоен офанзивен и дефанзивен сојуз. Не е определено, но не е ни невозможно дека дури тогаш, како на последното обновување на овој договор за сојузништво во 302 година, античките грчки држави се сложија меѓу себе за пријателство и за офанзивен и дефанзивен сојуз. Лигата на античките Грци формирана со овој сојуз беше претставен од општ Федерален совет, во кој секоја држава посебно мораше да испраќа свои пратеници по број кој варира според нивната воена моќ.

Овој совет ги одржа своите општи заседанија во времето и на местото од четирите големи панелинстички игри (на Олимпија, Немеја, Делфи и Истмос), додека за обични состаноци веројатно бил избран Коринт, а тоа е местото каде што беше седиштето на постојаниот деловен комитет од пет претседатели. Во првиот параграф: слобода и автономија, а веројатно исклучување од данок и од воено ангажирање, имаше добиено секој член од лигата.

Независно од Теба, сместувањето на античките македонски гарнизони во Акрокоринт, Јалцис и Амбрација беше во интерес на лигата, а одобрено од конгресот. Како и во втората Атичка военопоморска лига, хегемонијата на Атина беше вон Федералниот совет, во кој Филип Македонски беше хегемон, сојузен генерал, избран доживотно од конгресот. Неговото античко Македонско кралство природно не припаѓаше кон Елинистичката лига.

Преку Филиповата позиција како хегемон, оваа Елинистичка лига на државите, на чии индивидуални членови со закон им беше загарантирана слободата и автономијата, постојано беше сврзана со античкото Македонско кралство со помош на личниот авторитет на Филип Втори Македонски.

 

Продолжува

 

 

 

Саво Костадиновски

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

**********

 

 

 

Саво Костадиновски

 

СТРАЖАРИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА БИДНИНА И НЕПОКОР 

  • Биди горда земјо моја на твојот народ
    стражари те чуваат од памтивек од века,
    биди ни спокојна и спокојно живеј
    и веруј дека светла иднина те чека.

    Слогата во нас најмногу ни вреди
    слогата во нас е најјаката сила
    а тоа е аманетот на нашите предци
    аманет за живот и слобода мила.

    Ние сме народ со име, јазик и култура
    и не даваме никој ништо да ни оспорува,
    штом светот не' знае за древна земја
    затоа истрајот наш секогаш победува.

    А така не учеше вечниот комитски глас
    како татковина да ја сакаме и да ја браниме,
    заедно и сложно со востанички дух
    за секогаш славно да ја одбраниме.

    Не замолкнува ехото на вечниот глас
    штом со љубовта на срцето се слуша,
    а тоа е љубовта кон татковината
    со слободарска комитска душа.

    Обврска е на сите да бидеме будни
    татковинска љубов да не ни побледува,

  • со стамени чекори да одиме напред
    правдата секогаш има да победува.

    Македонствувај така народе македонски
    во душата и срцата со непокор и истрај,
    секој да се чувствува за горд патриот
    и тогаш кога неправдите си немаат крај.

    Биди горда земјо со твојот народ
    те чувале, те чуваме и ќе те чуваат,
    твоите комити, илинденци и асномци борци
    во свеста со непокор и да не порекнуваат.

    Верувајте дека и ова безумно премрежје
    засекогаш во неповрат ќе мине,
    ќе дојде и часот гласно да запееме
    МАКЕДОНСКО ИМЕ НЕМА ДА ЗАГИНЕ!
    ********


    (Инспириран според говорот на Манојло - Мане - Јаковлески
    одржан на 2 август 2017 година во Крушево).
    ***********
    Автор: Саво Костадиновски

Kind regards : 20 август 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 160