БИТКАТА ЗА МАКЕДОНИЈА ПРОДОЛЖУВА !

Сотир

Сотир Гроздановски-Македонски

 

ГЛАСОТ НА ПОВАМПИРЕН ШАРЕН РЕВОЛУЦИОНЕР

******

 

"Референдумот е ПРАВО. Право на граѓаните да кажат што мислат за одредена работа од важност за поголем број граѓани. Референдумот е МОЖНОСТ за влијание. Можност граѓаните да бидат информирани за одредена одлука на власта, можност да се согласат или да не се согласат со таа одлука, можност да извршат притисок врз власта да донесе или не донесе одредена одлука.

Референдумот е АКТ на непосредна демократија. Акт на директно изјаснување без посредници. Акт на остварување на суверенитетот во негово уставно значење како: НЕДЕЛИВ, НЕОТУЃИВ И НЕПРЕНОСЛИВ".

Ете така, универзитетската професорка Мирјана Најчевска  ја започна својата колумна во гласилото bukefal.club oд  12 август 2018 година, со цел да не подучи,  подготви, но и осмели за предстојниот референдум да го прифатиме "безболно" како едини начин кој ќе ни донесе благосостојба и мир за секогаш.

Референдум,  закажан за 30 септември 2018 година, со чии успешен крај и прифаќање на договорот со Грција, ќе нестанеле сите долгогодишни проблеми и пречки на патот кон НАТО и ЕУ. Што би значело, народски речено, Македонија ќе "бликнела"  како сонце, а нејзините граѓани  ќе живееле, како никогаш до сега. Ќе биделе слободни да патуваат по светот безгрижно , зошто сите трошоци ќе им ги "покрива" Европската Унија, а НАТО  ќе им биде "гаранција" за нивната слобода и високи заработувачки.

Но другата страна на прикаската упорно се крие од народот. Таа се крие, зошто со неа македонската држава и македонскиот народ го даваат своето повеќе илјадно име и исчезнуваат од историјата како такви и одново се раѓаат како Северно Македонци за кој никои пред тоа ниту слушнал, ниту пак можи негде да пронајде било што за нив во ниту една книга или документ.

Македонците постануваат нов народ, кој ја започнува својата национална историја, култура, јазик, традиции, книжевност и пред евентуалното влегување во сонуваните евроатлански структури. Што значи, започнуваме со нов идентитет, ослободени од се' што не идентификуваше со векови како Македонци. И тоа не само за внатрешна употреба, туку ерга омнес, односно и надвор во светот.

За да се потврди новиот идентитет, ќе се променат сите документи кои до сега не идентификуваа како Македонци. А тоа значи, нема да постои ни трага од нашето илјада вековно постоење на планетава како Македонци. Но што е најважно, сите  наши соседи кои направиле големи злосторства и зулуми над нашиот народ и не одговарале пред никого ќе бидат ослободени од се' што до сега ги вознемируваше. Особено Грците и Бугарите. Зошто? Па затоа што и нивните денешни сојузници, наши "стратешки партнери" им помагаја во сета таа игра, а сега со еден  последен заеднички рафал и тие се ослободуваат  од своите гревови и одговорности, пред совеста и светот.

Наброеното е само еден мал дел од барањата на Грција таксативно посложени во Договорот и одобрени од Заев. Но затоа пак со промената на преамбулата на македонскиот Устав, ќе дојдат правите проблеми за државата и понатамошниот опстанок на Македонците.

Па не е за чудење што Мирјана Најчевска "заборави" да ни ги открие лагите на господинот Заев и за одземениот национален суверенитет кој се споменува како: НЕДЕЛИВ, ЕДИНСТВЕН И НЕПРЕНОСЛИВ. Зошто овој арамија   веќе ни го украде суверенитетот и го претвори во своја алатка за доуништување на Република Македонија, за полесно Македонците да ги трансформира во граѓани на општество, еднакво за секого.

Па затоа,  референдумот е стапица, кој не смеe да биде успешен во полза на предавниците и изродите, но најповеќе за Грција и другиот странски фактор. 

Професорката Најчевска не пропушти да не информира  и за одлуката на нејзините истомисленици  за референдумот заедно со референдумското прашање,  кое е предуслов за сите горе наведени "придобивки", а гласи:

 

"ДАЛИ СТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ И НАТО СО ПРИФАЌАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ПОМЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА" ?

 

Одговорот би требало да биде НЕ ! Се разбира!

Зошто таков договор не постој! Постој само приватен договор меѓу два министра на Првата и Втората страна, кој не се однесува на Македонците ниту на Република Македонија! Па спрема тоа, нема ни потреба Македонците да си губат време за такви небулози  и дилетантски мајмунлаци на некои си недоветни квази политичари-коцкари, кои се играат со нешто  што  е надвор од  нивните овластувања. И не само тоа. Тоа е потценување на својот сопствен народ, зошто подметнување на кукавички јајца во туѓо гнездо не е чесна работа. Тоа и птиците го знаат и затоа таквите јајца ги фрлаат на буниште!

****

 

 

Мирјана Најчевска во пикот на својата "шарена" преокупација.

Инаку, универзитетската професорка, Мирјана Најчевска, ни е добро позната од времињата на "Шарената револуција". Таа, како една од челните нејзини актери,  смело и "достоинствено", во една вонредно "опасна диверзантска" акција   им се приближи на македонската полиција и одлучно им ја испрска, со црвена боја, полициската станица. Но за чудо, не и нивните моторцикли. За  потоа кроце, покроце  и скришум, како ништо да не се случило,  им клизна тик пред нивните очи. А зошто и да не би, кога за неа Македонија е и така "ЌЕНЕФ" држава, но со можност да си прави рајска заработувачка. Чудно, не ли?

Е, тоа можат само  некои "преферирани" универзитетски професори  на кои,  до ден денешен не им паднало ниту влакно од главата, за разлика од многу други на другата страна од "барикадите", кои и денес се на било кои начин под "грижа" на таа иста полиција засилена  со учкини "борци" за човечки права. И тоа мораме да признаеме,  со големи заслуги на  вакви универзитетски професори, како што е самобендисанава Мирјана Најчевска,  која се' уште  бара одговор на нејзиното прашање: ЗОШТО НЕКОЈ БИ ГО БОЈКОТИРАЛ РЕФЕРЕНДУМОТ!

Има уште многу такви познати "интелектуалци" чии лица им се покриени со тврда кожа како војнички цокули, поносни  слуги на Сорос и Бејли, кои се "истакнаа" во тие бурни времиња. Времиња на омраза и гнасења од нивните  недолични постапки дури и пред очите на јавноста ширум светот. Лица на хулигани и човеколики мајмуни, кои и денес македонскиот народ раскошно ги наградува за нивните злосторства врз државата и Македонците. Но за нив, некој друг пат!

"Очекувано е да има луѓе кои позитивно би одговориле на прашањето (од најразлични причини) и луѓе кои би одговориле негативно (од најразлични причини). Она што не е вообичаено е бојкотирање на референдумот и откажување од сопственото право. Тоа не значи дека луѓето немаат право да бојкотираат или дека заради тоа треба да бидат казнети. Едноставно, се поставува прашањето: ЗОШТО НЕКОЈ БИ ГО БОЈКОТИРАЛ РЕФЕРЕНДУМОТ?!" - продолжува професорката Најчевска, правејќи се како да него знае одговорот! И потоа спрема нејзиното "авторитетно" размислување, настои да ни дообјасни за причините, сврстувајќи не сите во 8 групи луѓе:

******

1. Првата групасеедно ми е што се случува, сите се исти, гајле ми е за се...

2. Втора групане верувам во Избирачкиот список.

3. Трета група - не верувам во ДИК и нејзините способности да изведат вака сложена постапка.

4. Четврта група - знам дека ќе изгубам.

5. Петта група - се плашам.

6. Шеста група - да не го формулиравте (референдумското прашање) вака...

7. Седма група - немам појма за што станува збор, ама знам дека сите се исти.

8. Осма група - Левица, гледајте за чудење, нив не ги смета  достоини за да троши зборови.   

 *****

И на крајот од колумната  професорката Најчевска  констатира  дека :

Во секој случај бојкотот на референдумот бил одреден вид на САБОТАЖА, со која евидентно: 

МАЛЦИНСТВО  МОЖЕ ДА ЈА ДИКТИРА ВОЛЈАТА НАД МНОЗИНСТВОТО ГРАЃАНИ И ДА ГО ОНЕВОЗМОЖИ ФАКТИЧКОТО ПРАКТИКУВАЊЕ НА НЕПОСРЕДНАТА ДЕМОКРАТИЈА КАКО ПРАВО НА ГРАЃАНИТЕ. 

Верувајќи дека  нејзиниот придонес во заедничката програма,  на актуелната Влада и Зоран Заев, за потполно разнебитување на македонската држава и обезличување на македонскиот народ е значаен, Мирјана Најчевска, ја завршува својата колумна.

Но, сепак се поставува прашањето: зошто Мирјана Најчевска, од како ја напушти работата во институциите на Заев, незадоволна со третманот во средината на своите "шарени" и воопшто со погрешната насока на Владата и Зоран Заев, одново се враќа назад како повампирен дух на деструктивната "Шарена револуција" и настојува да им се додворува на своите довчерашни "борци за правда и слобода" во оваа "ЌЕНЕФ"  држава? Се враќа на местото на  нејзиното злосторството? 

ЛОГИЧНИОТ ОДГОВОР БИ БИЛ:

ЗАТОА ШТО ВОЛКОТ ВЛАКНАТА ЌЕ СИ ГИ ПРОМЕНИ, АМА ТАБИЕТОТ НИКОГАШ! НО И ЗАТОА,  ШТО Е УПЛАШЕНА ОД ВРЕМИЊАТА ШТО  ДОАЃААТ  ПОСЛЕ НЕУСПЕХОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ НА ЗАЕВ НО  И СТРАВОТ, ДА  И САМАТА НЕ СЕ УДАВИ ВО "ЌЕНЕФОТ", СО КОЈ ЈА ОКАРАКТЕРИЗИРА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, КОГА БЕШЕ "ЧЕСНО" ДА СИ "ШАРЕН" И БЕЗСРАМНО ДА УНИШТУВАШ, НАРОДЕН ИМОТ.

ЕТЕ ТОА Е НАШАТА УНИВЕРЗИТЕТСКА ПРОФЕСОРКА, МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА!

******

 

РЕФЕРЕНДУМОТ Е СТАПИЦА! БОЈКОТИРАЈ ГО!

*********************************** 

 

 

 

Македонската полиција во улога на посматрачи и одбрана на демокрацијата на шарените "револуционери".

Виктор Трифуновски

Виктор Трифуновски

МАКЕДОНЦИТЕ БИЛЕ ПЛЕМЕ

*****

 "Можеш да живееше во земја која се вика Македонија, а да те идентификуваат со племе, луѓето да живеат крајно недостоинствено и да се проколнуваат меѓусебно. Можеш, од друга страна, да живееш во земја која се вика Северна Македонија, но да живееш во достоинствени услови и да се идентификуваш со луѓе што се чесни, вредни и цивилизирани".

 

 

Во ова излагање, во неделникот ФОКУС, се врши отворена супермација на една група луѓе (подржувачи на идеата за Северна Македонија, чесни, вредни и цивилизирани) врз друга група луѓе, етнички Македонци, доминантна етничка заедница во Република Македонија според последниот попис, кои се племе. Супермација на една група на луѓе споредена со друга, ешколски пример за расизам.

Во слободно општество можеш да бидеш што сакаш, само прашање е: Зошто нашите дипломати не ги бранеа нашите слободи, туку влегоа во трговија со нив?

Почитувана Ида, Јас сум Македонец по сопстен слободен избор, претприемач со сопствен бизнис кој плаќајќи данок  ги храни твоите "чесни" и "вредни" Северно-Македонци напикани по јавната администрација и како таков живеам многу подостоинствено да речеме од НВО секторот кој проси милостиња од секакви белосветски бараби. Бидејќи во твојот текст нафрлаш имиња на автори, пробувајќи да создадеш илузија на образована и информирана личност, во овој текст ќе ти објаснам и на тебе и на таквите како тебе, дека сте прво неписмени на темите кои ги отворате и второ, дека вашето цмиздрење по ЕУ фондовите (читај незаработени пари) е единствената логика за плукање против оваа земја и народ, кои ниту тешко ти згрешиле, ниту нешто ти должат.

Користиш етички експерименти, според кои жртвувањето на еден човек, за да се спасат петмина, бил етички исправен момент. Поентата тука е дека треба Македонија и Македонците  да поднесат жртва во името на "Општественото Добро". Жртвувањето на живи луѓе, без разлика дали се работи за нивниот живот или достоинство, е племенски култ против кој ти отворено зборуваш. Астеките и Апачите колеле млади девојчиња, додека твојот Хитлер и Сталин (кои исто така ја сакале Обединета Европа) масакрирале Евреи и "буржуи" во името на "општественото добро". Сите тоталитаризми во минатото и денес, почивале токму врз твојата логика, врз логиката на жртвување во името на Општественото Добро". И сите нивни жртви биле опишувани одприлика со твојот речник, како племиња или орди без кои светот би бил, демек, поубав.

Ете тоа е твојата логика, тоталитарна и крајно нетолерантна. Тоа што Македонците денес се третирани како Евреите во 1930-тите години, не говори за нив, туку за тие што така ги третираат.

Врвна цивилизациска доблест се слободите на човекот поединец. Јас сум Македонец, бидејќи ЈАС така сакам и немам намера да чепкам по гробови за тоа да го објаснувам, оправдувам или докажувам. Исто така се идентификувам со државното знаме на Република Македонија, но и со Sвездата од Кутлеш. Она општество кое е слободно, не прави проблем од ваквите принципи. Мој живот, мој имот, мое тело, мој проблем. Никој нема право да ме ограничува што ќе правам со себеси, како ќе се идентификувам и како ќе се изразувам. Така функционира слободно општество и врз таквите принципи е градена Европската Цивилизација, за која ти и таквите како тебе, ниту имаат поима, ниту имаат виуга да ги разбере...со оглед на тоталитарниот просек кој ви е напикан во главите, по државните установи и сличните дувла на ЕУ.

Слободното општество се руши со колективистички догми, од кои најмодерни се комунизмот и фашизмот, идеологии кои вашите интелектуалци толку неуспешно се трудат да ги одвојат, ама за тоа во друга прилика.

Коминизмот  и фашизмот како најкрволочни идеологии во поновата историја, почнуваат со хумана агенда на економски план. Со патетично нарикање за сиромашните и пропаднатите работници, кои треба да се хранат од заеднички колективни казан. Твојата ЕУ, е токму на таков почеток. Твојата ЕУ денес нуди заеднички чорбалуци за сркање, олицетворени во ЕУ фондовите, од кои ти и твоите пајташи очигледно имате намера да сркате, само ви сметаат непослушните Македонци, кои нели, треба да се жртвуваат...исто или слично како Евреите и буржуите во минатото.

Твојата ЕУ денес гази врз легитимните влади, не признава референдуми спротивни на рајх-канцелариите од Брисел, не признава слободен пазар на државни обврзници, ја гуши слободата на медиумите со тоталитарни кованици од типот "Говор на Омраза", "Микро-Агресија", "Тригеринг" и се' почесто зборува за гушење на слободите и на интернет. 

Твојата ЕУ е проблем, како и балканските будалиштини на Грција кои во ЕУ станаа "Евро-стандарди".

Ако сакаш пари, создади производ и продавај го на пазарот. Јас со својот слободен избор да бидам Македонец, воопшто не сум ти виновен доколку не успеш во животот.

 

Виктор Трифуновски

Претседател на Либертаријански Клуб  АТЛАС

Капиталистички Апологет.

**********************

Славе Николовски-Катин

Славе Николовски-Катин 

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

ДЕЛ 14

ФИЛИП МАКЕДОНСКИ И НЕГОВИТЕ ВИЗИИ И ПЛАНОВИ ЗА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА

 

Современиот читател со изненадување ќе забележи колку оваа расправа за практичната политика се потпира врз аргументи од митската историја, а особено врз легендата за Херакле. Но, со цел да се разберат античките Грци од тој период, треба да се навлезе во особеноста на нивниот менталитет, како што еднаш Јакоб Буркхардт формулира дека "митот беше идеална основа за нивното целокупно постоење".

Дури и во најобичните политички прашања се правеа митски споредувања, па дури, како што Исократ овде делумно вели, да се формира митот во интерес на сегашноста и погледите на сегашноста да се проектираат според митските времиња, со цел да им се даде поголема моќ

Оваа практика одигра голема улога во личниот живот на Александар Македонски. Додека Исократ во оваа расправа го прави Херакле толку голем како прадедо на Филип, не мисли единствено на Филип Македонски туку и на античката грчка јавност. Затоа ова отворено писмо од кралот, кое исто така кружеше како памфлет низ античка Грција, се очекуваше да има двоен ефект: на Филип Македонски да влијае за да биде водач на националната војна, а на античките Грци за да подготват јавно мислење за негово раководење. Силното потенцирање на Филип Македонски како еден Хераклид, а со тоа и како вистински Елин, беше да се олесни целта: античките Грци да се потчинат на странско раководење.

Кога Филип Втори Македонски ја прочитал книгата, мора да му било добредојдено инсистирањето за неговото потекло од Херакле, па во својата политика тој мораше да го нагласува ова митско потекло, како што покажуваат најдените метални пари со ликот на Херакле. Но, од друга страна, пак, тој се смеел на наивноста што ја покажал Исократ.

Според Исократ, каков резултат требаше да донесе војната што ја водеше Филип Македонски против Персија со античките Македонци и со обединетите антички Грци? Филип требаше да им служи исклучиво на античките грчки интереси: античките Грци од Мала Азија требаше да бидат ослободени; Мала Азија да се насели со бездомни антички Грци, со цел да се ослободи Античка Грција од своите економски и социјални неволи. Тоа богатство и изобилство на Исток требаше да го добијат античките Грци. Одвај само општо се најавуваше дека и Филип Македонски би стекнал моќ, слава и наклоност од античките Грци. 

Исократ веројатно го зел овј силен реалист како идеалист, каков што беше  и тој лично, ако веруваше дека Филип Македонски би го извлекол својот меч за белите очи на античките Грци. Тој лошо го процени Филипа во еден правец, како што направи Демостен во друг, мислејќи дека целта на Филип Македонски е целосно уништување на Атина. Доколку Исократ ги знаеше тајните планови на Филиповата македонска политика, никогаш немаше да го напише своето дело "Филип".

Од уште поголемо историско значење е и тоа што Исократ се сврте кон Филип Македонски, бидејќи е непобитно дека изврши влијание врз Филиповите натамошни дејствија. Иако овие сугестии за исполнување на чисто антички грчки желби можеа да бидат туѓи за Филип Македонски, чиј начин на однесување беше чисто македонски, делото "Филип" во целина несомнено му направи силен впечаток, па затоа со радост го поздрави.

Според тајните планови, тоа беше голем морален успех и можеше да има материјална корист. Исократ, како славен публицист и професор, имаше најголемо влијание сред јавното мнение на целокупниот антички грчки свет и можеше  да го повика Филипа Македонски да ја води панелинистичката национална војна што многу ја посакуваа голем број Елини. Несомнено, Филип Македонски веднаш увиде дека идеите што му беа предложени имаа тесна врска со неговите тајни планови и цели, па затоа многу вешто ги модифицира со цел своите македонски намери да ги прикрие со панелинистичките барања.

Главната разлика меѓу неговите планови и програмата на Исократ беше во тоа што тој самиот во последно време размислуваше за доминација над античка Грција, со цел да ја поведе македонската освојувачка војна против Персија и се' друго во врска со својата империја, додека Исократ го претпочитуваше помирувањето на античките грчки држави како единствена претпоставка за национална војна.

Делото "Филип" често се интерпретираше во смисла на тоа дека Исократ му препорача на кралот обединување на античката грчка нација во една држава, или во Федералн држава, или во  лига на држави, на чело со Филип Втори Македонски, а подоцна се покажа дека Филип уште на Коринт ја имал таа идеја на Исократ.

Меѓутоа, во расправата нема трага од ваков вид. Исократ, на пример никогаш не помислуваше да се создаде политички обединета држава под раководство на Филип Македонски, туку едноставно да направи внатрешно обединување на Елада, за што го повика Филипа да го изведе во хармонија со античките грчки полиси кои ттебаше да дејствуваат смирувачки врз постојните антагонизми.

Погрешно е ако се верува дека панелинистичата идеја започна со цел обединување во една држава. Тешко е да се спореди Исократ со приврзаниците на идејата од 1848 година, кои подготвија подлога за германското обединување. Реално и кај Горгија и во "Панегирик" на Исократ (380) се бара помирување и внатрешна хармонија меѓу античките Грци. Во дадениот момент, како во петтиот век така и пред тоа, Елините немаа концепција за национално обединета држава.

Оваа замисла, што денес ни е толку многу блиска, не треба да биде внесена во грчката историја и да се зема како мерило за оценка на политичкото создавање на нација. Како Елини, античките Грци се чувствуваа обединети единствено со својата општа цивилизација, а врз тоа се потпираше и нивното национално чувство.

Додека Исократ го смета за можно внатрешното помирување на сите антички Елини-Грци со Филип Македонски, државникот Филип Втори Македонски, пак, не беше во состојба веднаш да согледа дека ова е сон на идеалист. Всушност, кога човек ќе направи ретроспектива на распалените внатрешни борби од поранешните децении, во кои античките Грци меѓусебно се распарчија, тешко може да се сфати како Исократ дошол до тоа верување.

Со пријателско обединување, како што тој сметаше, ништо не можеше да се стори. Само силата би можела да помогне. На овој начин Филип Македонски изгледа прво сакал да го спроведе својот план на доминација над Античка Грција и да обезбеди мирни услови за живеење. Поканата на Исократ, меѓутоа, можеше само да му го потврди неговиот стар план за хегемонија над Античка Грција.

Од друга страна, тој можеше да ја усвои втората точка на планот од Исократ и да го преземе водството во панелинистичката национална борба. Ова несомнено беше необично пожелно за него. Тој можеше да ја прикрије својата порано замислена македонска војна за освојување на Азија со панелинистичко знаме и така со најдобар метод да ги придобие симпатиите на античка Грција, кои беа од големо знашење за него и за неговата политика во културата, а и да добие морално оправдување за својата порано планирана доминација над Античка Грција.

Колку многу Филип Македонски ги искористи во својата политика поттикнувањата на Исократ се покажа во 338 година кога како победник кај Херонеја, повторно ја организира Античка Грција на Коринт и ги натера античките Грци да го дигнат оружјето против Персија. Филиповиот престиж во античка Грција беше многу зголемен веднаш по Мирот на Филократ и пред крајот на 346 година со успешното завршување на војната со Фокијанците, таканаречена Божја војна што ја опустоши централна Античка Грција за десет години.

Филип Македонски ги натера Фокијанците да капитулираат, беше прифатен во нивниот Амфиктионистички совет и според тоа признат како елинистичка сила. Наскоро потоа стекна доминантна позиција во Тесалија, станувајќи архон на Тесалиската лига. Во наредните години се гледа како силно војува и постигнува големи успеси.

Во совладувањето на Одрисијанското кралство, обебедувајќи ја својата нова територија со колонии како што беше Филипополис и проширувајќи ја својата сила до Црно Море, тој направи напор да го стави тракискиот јужен брег во нов судир со Атина, која имаше витални интереси во тракискиот Херсонес, односно да го обезбедува знабдувањето со жито преку Црно Море.

Политиката на Атина потоа беше маѓепсана од убедливото изразување на Демостен, кој, претставувајќи го особено атинското гледиште, многу одамна во Филипа Македонски виде непријател на својот роден град и не се срамуваше да се поврзе со Персија против него. Оттука, во Атина имаше различни мислења, дијаметрално спротивни погледи. Панелинистичката идеја за национална војна против Персија под раководството на Филип Втори Македонски доби приврзаници, особено во интелектуалните кругови, како што беше Академијата раководена од Спеусип, внукот на Платон.

Меѓутоа, раководењето на политиката беше во рацете на Демостен и тој ја натера Атина во војна. Во интерес на своите прикриени планови, покрај сите провокации, Филип Македонски сериозно настојуваше колку што е можно повеќе да го избегне конфликтот со Атина. Со крајно внимание се обиде да постигне мирољубиво решение по пат на дипломатски преговори.

Иако Атина беше известена за неговите операции кај Херсонес и Босфорот, сепак војната изби, а атинските трупи во 340 година го натераа да изврши опсада на Византиум. Непосредно пред тоа, неговата опсада на Перинг, што е на северниот брег од Мраморното Море, беше нарушена со интервенцијата на новиот непријател, Персија.

Пред неколку години, со намера да војува против Персија, а бидејќи се подготвуваше за преминување во Мала Азија, воспостави тајни односи со Хермија од Атарнеј на другата страна од Дарданелите.

Но подоцна како лукав дипломат склучи договор за пријателство и со персискиот крал, со цел да ги неутрализира сомненијата од неговиот иден непријател. Од другата страна, пак, персискиот крал ги натера намесниците да ги подржуваат Перинтијанците против Филипа, бидејќи се плашеше за своето владеење на Тракискиот брег.

 

Продолжува

Логото на НАТО

 

 

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

******

САМОСТОЈНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

 

8. НАТО-самитот во Букурешт

 

Од 2-ри до 4-ти април 2008 година во Букурешт се одржа самит на НАТО на кој требаше да се упатат покани за прием во Организацијата до Албанија, Македонија и Хрватска. Меѓутоа и покрај тоа што Република Македонија ги исполни сите критериуми за нејзино членство во НАТО, покани за прием им беа упатени на Албанија и на Хрватска. Поканата на Република Македонија беше одбиена затоа што една од членките на НАТО (Грција) приемот го условуваше со промена на името на Република Македонија. Преговорите за името се' уште се одвиваат под посредништво на ООН. Заедничкото прифатливо решение за името и за Република Грција и за Република Македонија е условот за упатување покана за прием во НАТО на Република Македонија.

Неможноста да се донесат одделни закони поради опструкциите од опозицијата беше причина Собранието на Република Македонија да се самораспушти на 12 април 2008 година. Вонредните парламентарни избори се одржаа на 1 јуни 2008 година, а на нив победи коалицијата "За подобра Македонија", предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која освои 63 пратенички мандати. Коалиционата влада (во која влезе ДУИ од албанскиот блок) беше формирана на 26 јули 2008 година, со премиер Никола Груевски.

 

9. Македонското малцинство во соседните земји 

Процесите на демократизацијата што се случија во земјата на југоисточна Европа по паѓањето на Берлинскиот sид имаа рефлексии и во промената на односот на балканските држави спрема македонското малцинство во нив.

Грција, која до тогаш воопшто не го признаваше македонското малцинство, се соочи со формирањето на политичката партија на етничките Македонци, под името "Виножито", која на 8 септември 1995 година отвори канцеларија во Лерин (Флорина). Во својот политички манифест "Виножито" се залага за соработка со сите демократски антинационалистички сили во Грција во нивната борба за мир и за европска интеграција. "Виножито" објавува и свој орган, списанието "Нова Зора".

Во Бугарија и покрај негирањето на постоењето на македонско малцинство, етничките Македонци формираа повеќе здруженија и друштва. Првата организација е формирана во 1990 година под име ОМО "Илинден". Подоцна со својата активност посебно се истакнува политичката партија под името Обединета македонска организација "Илинден"-Партија за економски развиток и интеграција на народот (ОМО "Илинден-ПИРИН"). Партијата е регистрирана како политичка во 1990 година и учествуваше на локалните избори во Благоевградскиот округ во октомври 1999 година. Меѓутоа, на 29 февруари 2000 година Уставниот суд на Бугарија ја прогласи регистрацијата на ОМО "Илинден-ПИРИН" за неуставна и ја карактеризираше како сепаратистичка. На 25 ноември Европскиот суд за човекови права во Стразбург ја осуди Бугарија поради нарушувањето на слободата за организирање собири од страна на ОМО "Илинден-ПИРИН". Основните цели на Организацијата се: заштита на човековите права, "зачувување на духовните вредности, традиции и култура на населението од областа на пиринските планини и на бегалците од Вардарска и Егејска Македонија кои се населени низ целата територија на Бугарија" и осуда на секаква "форма на насилство, екстремизам и национализам врз поединци или врз нивните принципи, без оглед на тоа дали е спроведена од државата, од партијата, од групи или од поединци или не". И покрај се' уште недефинираниот статус ОМО "Илинден-ПИРИН", во април 2007 година Организацијата е примена за полноправна членка на Европската слободна алијанса. ОМО "Илинден-ПИРИН" објавува и свој орган, весникот "Народна волја".

Првата организација на Македонците во Република Македонија е формирана на 3 април 1991 година во селото Пустец. Потоа се формираа повеќе македонски организации и друштва на македонското малцинство во Албанија. На 24 март 2002 година во Тирана сите организации и друштва се обединија во Заедница на Македонците во Албанија. Седиштето на Заедницата е во Тирана, а нејзин симбол е македонското шеснаесетзрачното  златно сонце на црвена основа. Програмската цел на Заедницата е: воведување на предметот македонски јазик во редовната настава на основните и средните училишта за учениците Македонци; организирање на нов попис на населението со меѓународни набљудувачи и воведување на посебна графа за етничката припадност Македонец во пописните листи; воведување на програми на македонски јазик на државното радио и телевизија и на државните локални радиостаници; организирање на образованието на кадри за наставници по настава на македонски јазик на факултетите и педагошките школи во Република Албанија и сл.

На последните локални избори во Република Албанија, одржани во 2007 година, за прв пат во нејзината историја учествуваа и Македонците со своја политичка партија - Македонска алијанса за европска интеграција. На изборите Македонците излегоа во голем број и го добија првиот македонски градоначалник на општина Преспа (Едмонд Темелко), а Македонската алијанса доби 8 советнички места во општинското собрание. Орган на Македонската алијанса е весникот "Преспа".

Во Косово, македонското малцинство што живее во областа Гора, исто така е организирано во здружение за заштита на македонскиот национален идентитет.

Во Србија, македонското малцинство е организирано во здруженија, а нивната активност не е попречувана од државните органи на Република Србија.

 

КРАЈ

 

 

Никола Јонков Вапцаров

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

****

 

 

 

НИКОЛА ЈОНКОВ ВАПЦАРОД

 

ЗЕМЈА

  • Таа земја
    сега што ја чекорам
    таа земја
    в пролет што ја буди југот
    таа земја
    своја не ја знам
    таа земја
    простете е туѓа!

    Рано тргам
    по фабрички друм.
    Безброј рубашки
    се тискаат
    се ројат.

    Слеани сме со раце
    со ум
    но земјава...сепак не е моја!
    Над мојата земја
    в пролет сјај се плиска
    водопади грмат
    од сонце набликнато.

    Ја сеќаваш в срце
    ти неа за блиска

  • и гледаш кај скокум
    безброј цвеќа никнат.

    Над мојата земја
    до небото Пирин се крева.
    Боровите в бура
    илинденски приказни пеат.

    Над Охрид модрината
    во просторот се слева
    а подолу уште
    на Егејот далги се леат.

    Сал ќе си спомнам
    и крвта в миг ќе сјури
    во срцето
    кое се топи во спомени нежни.

    Мој роден крај! Крај личен.
    Лулан в бури
    поен со крв
    среде витлавици мрежни.
    ********
    Автор: Н.Ј. Вапцаров

Kind regards: 15 август 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 159