РЕФЕРЕНДУМОТ Е СТАПИЦА ! БОЈКОТИРАЈ ГО !

Сотир

Сотир Гроздановски-Македонски

ШТО СЕГА И ДО КОГА ВАКА?

****

Многу беше речено и уште многу ќе се говори  за референдумот со кој Зоран Заев се токми  одново да не излаже  и жедни   преку вода да не одвлече во неповрат. Да ни ја продаде што туку стечената држава, а нас да не втурне  во црнило од кое едвај се извлечкавме, испрскани со  крвта на нашите најдобри синови и ќерки.

Слаткоречиво да не излаже и скапо да ни го продаде   својот пеколен, така наречен, Преспански договор со Грција,  те во полза и задоволство на неговите наредбодавци, конечо  да го стави ад акта фамозното "македонско прашање на Балканот".

Тоа е договорот кој неуставно и не законски го потпишаа  министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коsијас,  со кој се предвидува, по диктат на Грците, целосно обeзличување и разнебитување на Македонија, како суверена држава,  заедно со бришење  на се' што е македонско во   нашето паметење  од памтивек, до денес.

Битката е тешка, но не мора да биде и губитничка! Македонскиот народ има сили во себе да се справи со внатрешните непријатели до колку заеднички,  одлучно,  енергично и координирано дејствува.  Сите заедно можеме се'! Можеме нив и нивниот пеколен референдум да ги сместиме за секогаш таму, каде им е местото: на буниште, каде се сите такви како нив!

Многу наши  политиколози, универзитетски професори, по некој се' уште лојален новинар... веќе смело истапија во одбрана на нашите национални интереси. Интересите наши, на Македонците, во земјата и надвор од неа.

Кога ќе речеме смело, значи и нам водата ни дојде до грлото и ножот до коските, па турнати в ќош од каде нема повеќе каде  да се бега, целосно се ставија во служба на својот загрозен народ и  македонската држава   верувајќи во правдата, која  е спора, но сепак  се' уште тука околу нас, чекајќи си ги своите пет минути.

Своите пет минути после сите сплетки и понижувања одново да  го види светлото на новите денови и себе во нив како стожер на иднината на Република Македонија и народот во неа. Како стожер  кој ќе ги исчисти сите  криминалци, злосторници, душмани, предавници и изроди од македонската земја, за секогаш.

Поврзано со отпорот на Македонците против референдумот, како последно оружје на властодршците со кое се сака нивно  дотолчување и сведување на аморфна маса, теророт и секојдневните притвори на  луѓе од кои властите се плашат,  не престануваат.

Делови од безбедносните сили на джавата под контрола на СДСМ и Заев безмилосно се справуваат со неистомислениците како никогаш пред неговото доаѓање на македонскиот престол. Тоа значи, диктатурата од мрачните времиња на ИНФОРМБИРОТО одново се враќа во Република Македонија, но сега под чадорот на нов газда, полош од првиот. Зошто? Затоа што на првиот му беа интересни "забеганите" политичари и високи војни старешини, а на сегашните, заедно со уништување на македонската држава уште и целиот македонски народ со неговата комплетна меморија и од него создавање, безимени ЗОМБИ кои втурнати во НАТО и Европската Унија би биле перфектно топовско месо за туѓи интереси. Баш како и во Балканските и воините после нив, кога верувајќи им на соседите во напорите за уништување на Османлиската Империја и создавање нивни сопствени "самостојни" државички, си ја изгубија својата територија и можноста за  сопствено ослободување.

Злосторствата  врз честа и достоинството кои овие нови монструмни властодршци им ги нанесоа на Република Македонија и Македонците  се немерливи со денешни и современи аршини! Тие се непознати во аналите на  човештвото и нивните истории! За нив нема соодветна казна во временско траење, ниту запишана во било каков позитивен правен акт!

Овие примитивни  чудовишта, злосторници и терористи, довчерашни прикриени "луѓе", како водачи на деструктивната шарена револуција, а сега "водачи" на државата, можат да се споредуваат само  и едино со африканскиот диктатор и вистински човекојадец, ИДИ АМИН! Но ниту  и со него! Зошто тој си ги јадеше своите сонародници, можеби и метафорички, ама не им ја продаде државата, нивната историја, култура, идентитет...!

Сме се изначудиле прво со добрососедскиот договор со Бугарија  потпишан од Зоран Заев и Бојко Борисов од Бугарија, но што се вели, "кучињата лаат караванот си врви". На никој не му пречи што непотпишан од Претседателот на Републиката,  Ѓорѓе Иванов, во некои свери од животот слободно и непопречено се применува. Осмелени од тој успех и мирно прифатен од "мнозинството" на народот, го доведоа на политичката сцена и делот од Тиранската платформа во врска со "законот за употреба на јазиците" во Македонија.

По исто сценарио како и со Бугарите,  државата  ја претворија во двојазична  без око да им трепне, ниту влакно од главите да им падне. Го изедначија македонскиот  со албанскиот јазик, кои не му е  до колена рамен, а уште помалку  да му биде достоен лингвистички партнер,  во Република Македонија.

Неконтролирано  трошат народни  пари за унапредување на нешто што по сите мерила ги надминало правните меѓународни норми со кои се штитат човековите права и правата на малцннските заедници во земјата во која живеат, но не придонесуваат со ништо, во нејзиниот напредок.

И еве не сега,  пред вратите на Партенон за да им ја предадеме и целата држава на Грците, зошто така тие сакаат, а нашите "мудри" политичари секогаш насмеани  и добрососедски расположени,  брзаат да ја завршат работата  како би постанале прави европски безкичмењаци, примитивци, циркузанти, предодредени за потсмев и  луѓе кои самите си ја стиснуваат вратоврската, за најдостоинствено самобесење.

До кога вака, браќа и сестри Македонци? Зарем сме толку немоќни  за да им се спротивставиме на оваа мала група мангупи и вистински  измамници и изроди  од актуелната власт, или  сме толку заплашени дури и подготвени сами да се обесиме, за да не ја ставаме меѓународната заедница во "бела"?

Зарем сите безбедносни сили на Република Македонија се сооучесници во кашата која не може да ја изеде ниту кучето на Василица, што би рекла мојата мудра и покојна мајка?  

Знам дека точката на вриење се' уште не ја достиганала највисоката градација на нашиот природен топломер, ама што е доста, доста е! Референдумот е замислен од неговите креатори како последна задача за домашните предавници од проектот "конечно решавање на македонското прашање" и затоа ќе направат се' што е можно, целта да ја постигнат на време.

Дури, по некои извори и  Сенатот на САД  изгласал Резолуција со која се дава поткрепа на македонската влада во таа насока. Цената за не извршување на задачата е очигледно висока, па затоа на домашните извршители им се брза со референдумот, зошто и нивната сопствена кожа е ставена на тапан. Но, тоа е нивна грижа, а нашата е да ги оневозможиме во нивните накани!

Договорот со Грција е последната стапица на нашите непријатели со која сакаат да не збришат еднаш за секогаш. Референдумот не смее да успее, зошто повраток назад  нема. НАТО и Европската Унија не се достојни за понижување  на сите наши предци  и жртвите кои ги дале за она што ни го оставиле да чуваме, надградуваме и предаваме на генерациите Македонци после нас.  Нашето име, идентитетот на македонската држава и идентитетот на македонскиот народ се пре скапи, за таква  едноставна и неодговорна трампа нешто за ништо! Затоа,

 

 ИГНОРИРАЊЕ НА РЕФЕРЕНДУМОТ И ПОТПОЛН  МАСОВЕН БОЈКОТ Е НАШАТА АЛТЕРНАТИВА, СЕ' ДРУГО ЗА ТОА ПОТОА !

 

Кога зборуваме пак за НАТО и Европската унија, Референдумот и условите кои ни се поставуваат за влез во тоа "високо" европско друштво со несигурна иднина, не ќе биде на одмет да го прочитаме, сите заедно, и текстот  на познатиот аналитичар и професор Љупчо Ристовски објавен на неговиот Facebook profile, а пренесен во целост  од  https://taratur.com под наслов:

 

И' СЕ СПРЕМА "ПЛАСТИЧНА ОПЕРАЦИЈА" НА МАКЕДОНИЈА. ВЛАДАТА ДА ОБЈАВИ СЕ' ПРЕД РЕФЕРЕНДУМОТ !

***

Па да започнеме и со него:

Познатиот аналитичар и професор Љупчо Ристовски напиша предупредувачки статус за тоа што ни се спрема со претстојниот референдум. Ја повика Владата доколку има искрени намери, да објави се' она што се крие од јавноста, како на пример каква ќе биде преамбулата по промената на Уставот. Во продолжение го објавуваме во целост.

Значи, ќе морам да бидам упорен докрај. Владата не' фокусира на референдумот и ја исцрпува енергијата на нацијата со формата. Суштината е УСТАВОТ и амандманската интервенција по референдумот.

ТАРГЕТ на Грција беше Уставот, а механизмите и патот до тоа не ги интересира.

ЗАТОА СВРТЕТЕ ГО ФОКУСОТ НА ВАШЕТО ВНИМАНИЕ НА УСТАВНИТЕ АМАНДМАНИ И ВО ЕДЕН ГЛАС ДА БАРАМЕ НИВНА ОБЈАВА ПРЕД РЕФЕРЕНДУМОТ, ДО ТОЧКА И ЗАПИРКА.

Или попластично: Ако преамбулата е главата на Уставот, во неа се дефинира личниот опис на државата и нацијата која ја организира. Целта на Грците е да извршат "пластична операција" со која ќе ни го сменат личниот опис на нацијата и плус "неврохирушка операција" со која ќе ни ја извадат меморијата од главите (оти тоа е историјата - меморијата на еден народ) и да ни вградат чип со нови историски информации кои се лажни, при тоа со наша писмена Изјава за согласност (референдумот).

Затоа ве замолувам, целата интелектуална критична јавност да започне во еден глас, вклучително и новинарите, сите медиуми, целата јавност, сите вие на социјалните мрежи...барајте јасно и гласно: 

ДА СЕ ОБЈАВАТ ПЛАНИРАНИТЕ АМАНДМАНСКИ ИЗМЕНИ НА УСТАВОТ ПРЕД РЕФЕРЕНДУМОТ. 

Така ќе му овозможиме на просечниот граѓанин валидни информации за носење исправна одлука. Се' дотогаш и јас ќе сметам дека позади овој проект стојат СКРИЕНИ НАМЕРИ НА ВЛАДАТА!

 

Љупчо Ристовски

По објавувањето на интегралните амандмански интервенции во Уставот, ако е се' чесно и искрено, значи ако се на сцена ИСКРЕНИ НАМЕРИ НА ВЛАДАТА, тогаш секој слободно нека си одлучи, дали сака таква промена каква што се предлага со уставната интервенција, оти  за секоја операција, било пластична или невро-хируршка, се бара претходна согласност или од лицето или од родителот. Притоа, хирурзите прават и реконструкција на тоа кое следи, а на запад и комјутерска симулација пред  и потоа, по операцијата.

Затоа е и референдумот...за да и' се даде можност на нацијата да даде согласност за промена предвидена со интервенција во Уставот со уставни амандмани. Занчи, треба да дадеме согласност како народ, за нешто за што немаме реконструкција околу тоа што следи конкретно.

Значи тезата е извртена, се втурнува нацијата да гласа за согласност за членство во НАТО и ЕУ што е последица на нешто претходно, се втурнува да се изјасни за прифаќање на спогодбата со Грција од Нивици...а притоа се држи во најголема тајност договорената амандманска интервенција во Уставот, оставајќи на тој начин простор за сомневање дека нацијата ќе биде ставена пред свршен чин.

УСТАВОТ е актот со кој се дефинира државата и општественото уредување, а со преамбулата се дава личниот опис на нацијата и нејзината вековна борба за државотворност, се пренесува меморијата од генерациите дејци и настани од минатото...се' е тука. Каков запис ќе вградиме во преамбулата, такво ќе биде лицето на државата према надвор.

Со точка 1.3.ѓ од Спогодбата, се симнува државнотворноста на македонскиот народ од секоја официјална државна институција, кои пак губат секаква етничка компонента и белег и стануваат "ничии и сечии", исто како и општествената сопственост од минатиот систем. Тоа е знак дека секој може да ја разграбува, ќе се повампират сите екстремизми кај соседите за нова асимилација во втора декада на 21-от век.

Придавката Македонски губи секаков државотворен капацитет и се врамува само во приватната сфера и само за по дома. Овие сериозно незгодни и тешки сидра се опасност да се направи историска грешка ако се пренесат во Уставот со амандманските интервенции.

Сево ова може да се избегне, ако владата е искрена пред нацијата во своите намери да го сочува националното достоинство на македонскиот народ и претходно и навреме го сподели оригиналниот текст на амандманските интервенции во Уставот. Во спротивно, СЕ' Е ЛАГА и пораката станува јасна како бел ден.

ДАЛИ СЕ РАЗБИРАМЕ КАДЕ Е ПРАЗНИНАТА ЗА НОСЕЊЕ НА ОДЛУКА ОКОЛУ РЕФЕРЕНДУМОТ ? 

 

Ваш Љупчо Ристовски

проф. Кекеновски

 

Проф. д-р Јове Кекеновски

РАЗЛИКА ПОМЕЃУ "НЕ", ОДНОСНО "ПРОТИВ" И "БОЈКОТИРАМ"

 

 

Додека не почнала кампањата на власта (бидејќи повеќе од сигурен сум дека на останатите ќе им биде забрането да агитираат спротивно на владеачката волја) еве едно кратко видување и објаснување за разликата помеѓу "не" односно "против" и "бојкотирам" на закажаниот референдум за 30 септември 2018 година.

***** 

* Со излегувањето на закажаниот референдум без разлика како е гласано (за или против) се дава легитимитет на склучениот неуставен, незаконски односно од правен аспект апсолутно ништавен Преспански договор како и на референдумскиот процес, а со тоа се зајакнува позицијата на политичката гарнитура на власта.

* Со излегувањето и гласање на референдумот паѓаат во вода тврдењата дека референдумското прашање е двозначно или повеќезначно како и тврдењата дека референдумот не е' во согласност со Уставот и Законот за референдум и други облици на изјаснување.

* Со излегувањето на референдум без разлика што еден дел од граѓаните ќе гласаат "НЕ" односно "ПРОТИВ" им се овозможува на организаторите и иницијаторите (во овој случај партиите на власт) уште во стартот да се прогласат за победници. Зошто? Затоа што во една ваква моментална констелација на односи, бројот на оние кои ќе излезат на гласање на референдумот и имаат став "НЕ" односно "ПРОТИВ" ќе биде многу помал од оние кои веќе го бојкотираат и од оние кои ќе гласат "ЗА". Со тоа, без разлика што гласот е "НЕ" односно "ПРОТИВ" овие гласачи стануваат дел од изнасилената и неправна политичка игра и оставаат можност крајниот резултат да биде предмет на потсмев и триумфализам.

* Во претпоставена ситуација кога поголемиот дел од граѓаните ќе го бојкотираат референдумот можно е соодносот на оние кои гласале "НЕ" односно "ПРОТИВ" да биде во размер 1:3 или 1:3,5 во полза на оние кои се "ЗА" и тоа му дава дополнителен мотив на организаторот и иницијаторот за омаловажување и санкционирање по разни основи на политичките неистомисленицци и понатамошна вербална и политичка манипулација со резултатот од референдумот и чувство на семоќност кај победниците.

* Со излегување и гласање на референдумот дури и оние кои се изјасниле "НЕ" односно "ПРОТИВ", истите свесно стануваат соучесници во започнатиот процес на самообезличување и самонегирање.

* Со гласање "НЕ" односно "ПРОТИВ" без разлика на бројот на гласови, нема да се поништи ниту промени волјата и намерата на власта, по секоја цена во пракса да ги спроведе еднострано преземените обврски од Договорот од Преспа.

* Дури и оние кои ќе гласаат "ЗА" мораат да имаат предвид дека интегративниот процес за Македонија не започнува веднаш на денот на референдумот, туку неколку години подоцна. Исто така подржувачите мора да ги имаат предвид и престстојните структурни и суштински реформи кои ќе се случуваат во ЕУ, како и можноста по британскиот Брегзит да се случи некој нов европски егзит (евентуален Фрегзит) како и промена на консензуалниот начин на одлучување.

 

ШТО СО БОЈКОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ ? 

Со бојкот на рефрендумот се делегитимира договорот од Преспа и целиот референдумски процес, а со тоа од една страна на сите им се става јасно до знаење дека договорот и процесот се антиуставни, противзаконски, понижувачки и изнасилени, а од друга страна граѓаните ја избегнуваат можноста да бидат предмет на сегашна и идна манипулација и злоупотреба за дневно политички цели и интереси.

* Со бојкот им се кажува "НЕ" на двојните и наводни прагматични политики на сите политичари кои водат дневна и лукративна политика, пред се' на оние кои во моментов глумат загрижена опозиција и немаат став.

* Со бојкотот на референдумот јасно се дава до знаење дека граѓанинот не сака да гласа за договор кој не е влезен во сила и кој набрзина е ратификуван во постапка спротивно на деловничките и процедуралните одредби.

* Со бојкот на референдумот се создава можност за поништување на преспанскиот антиуставен и противзаконски договор и во иднина да се дојде до подостоинствен нов уставен и консензуален договор.

* Со бојкот им се дава јасно на знаење на сите членки на ЕУ и НАТО дека ги сакате и почитувате европските принципи и вредности, а пред се' владеењето на правото и неговите постулати. Не е дозволиво  и етички од "устите" на членките во ЕУ и НАТО алијансата да произлегуваат громогласни барања за почитување на европските принципи и вредности (главен од нив е владеење на правото), а истиот тој принцип во земја кандидат за ЕУ и НАТО драстично да биде погазуван и непочитуван. Дали граѓаните на државите членки на ЕУ и НАТО би гласале за договор кој е противуставен и незаконски и на сопствена штета и на референдум кој е повеќезначен само да ги удоволат нецивилизациските и каприциозни барања на својот сосед?

* Со бојкот на референдумот јасно се става до знаење дека не се сака влез во ЕУ и НАТО со подвиткана и скршена кичма и обесчестени, туку достоинствено и рамноправно членство односно влез на голема врата онака како што доликува на еден цивилизиран и рамноправен народ и држава.

* Со бојкот на референдумот се кажува "СТОП" на не консензуалните и лични договори и спогодби по терк на мала група политичари.

* Со бојкот на референдумот се кажува големо "НЕ" или ДОСТА Е на правното и политичко насилие кое секојдневно се врши врз граѓаните на Република Македонија од страна на актуелната власт, по секоја цена граѓаните да излезат на референдум, а само заради спас на сопствената кожа и кариера.

* Со бојкот им се праќа јасен сигнал и се дава до знаење на целата маѓународна заедница дека овој народ има свој став и достоинство, свои корења, своја историја и не подлегнува на задкулисни и нечесни игри  на сопствена штета.

* Со бојкотот се овозможува јасно пребројување на оние кои ја подржуваат ваквата сервилна политика и оние кои се против договорот и референдумот, а со тоа се ослабува позицијата на актуелната политичка гарнитура и се создава можност за нејзина демисија, односно заминување. Исто така со бојкотот се запечатува политичката судбина на лидерите калкуланти и нивните сервилни следбеници.

* Единствена опасност од бојкот на референдумот е можноста Вашиот глас да биде злоупотребен од партиските измеќари и слепи послушници. Но, и за тоа има лек. Поголем број на набљудувачи и водење перфектна евиденција на оние кои гласале.

П.С. Господа сеачи на магла (како од власта така и оние кои глумат прагматична и фиктивна опозиција) и правото на бојкот е демократско право. Никаде, ниту во Уставот ниту во било кој закон пишува дека правото на бојкот е забрането. Тоа е граѓанско право за кое никој нема овластување да го спречи, одземе или скрати, а уште помалку да се обиде да го злоупотреби отсуството од гласачкиот процес и гласачкото место.

 

проф. д-р Јове Кекеновски

https://www.mkd.mk

 

 

 

Стевчо

 

Стевчо Јакимовски

ЌЕ ИМАВМЕ ЛИ ДЕНЕС ИСТОРИЈА И ШТО ЌЕ СЛАВЕВМЕ АКО ПИТУ ГУЛИ ОДЛУЧЕШЕ ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ЗАЕДНО СО ГОРСКИОТ ШТАБ ?

****

 

"Историјата! Лајна!!! Неа ќе ја пишуаат некои дебелогазовци"! - ова му го вели Питу Гули во црквата вечерта спроти битката на Мечкин Камен на претседателот на републиката Никола Карев, затоа што Карев го одвраќа да не оди на Мечкин Камен туку сите да се повлечат, сфаќајќи дека се предадени. А, знаете ли од кого се предадени? Како што Карев вели, од оние што седат по софиските кафеани. Да бидеме попрецизни-Бугарите. На чело со Борис Сарафов. Колку ли само симболика има во овј фрагмент од филмот "Република во пламен". И така би, вечен наш Питу! Историјата ќе ја пишуваат некои дебелогазовци од Бугарија, Грција и од земјата која ти ги покри младите ти очи.

Ќе имавме ли денес историја и што ќе славевме ако Питу Гули одлучеше да се повлече заедно со горскиот штаб? На Мечкин Камен се пишуваше Македонската историја и денес на истото тоа место, нашиот претседател Ѓорѓе Иванов си обезбеди место во историјата. Со својот говор, јасен и недвосмислен, жртвите на Питу Гули и неговата чета ги направи да имаат смисла. Со својот говор покажа дека не загинале попусто. И денес има некои питовци. Питу Гули се борел беспари и загинал да ја одбрани честа на крушевчани и на Македонија. Претседателот на државата ја брани честа со плата од народот. Платен од народот е и премиерот, ама тој предава. Тој служи на други интереси и спроведува туѓи политики.

За прв пат се гордеам со претседателот Ѓорѓе Иванов. Неговата сила, неговиот збор и неговата одлучност дава нов импулс во битката за одбраната на уставното име! Тоа го стори токму пред американскиот амбасадор и високиот претставник од Стејт Департментот. Што би рекла онаа народната - "Устите им беа насмеани, а очите насолзени" од тага што ги слушаат одлучните зборови, зборовите на претседателот на државата онака, како што доликува.

"Не отстапувам од своите принципи, нема да потклекнам на никакви притисоци" - тоа е вистинскиот одговор на вистински претседател кој дал заклетва пред Уставот, свесен дека јаде народен леб.

Сега очекувам нов маневар од Американските дипломати. Притисокот да го насочат кон власта. Да го сменат референдумското прашање, да има само едно прашање. Убеден сум дека работите отидоа предалеку, враќање нема. Власта ќе претрпи пораз на овој референдум. Ќе претрпи тивок бојкот, по принципот на Пиги од "Среќна нова '49" - "Ај кој ти е*е матер".

Овие прашања не заслужуваат одговор.

Ако Заев мисли дека сме сите глупави, очигледно се излажал. Референдумот ќе бил консултативен. Па што сме му ние, платена консултантска куќа? Нема тоа така лесно да помине!

НАПРЕД ПРЕТСЕДАТЕЛЕ, СИТЕ НИЕ СМЕ СО ТЕБЕ! НЕ ЈА ДАВАМЕ МАКЕДОНИЈА! 

*****************

 

Тања со својот народ.

д-р професор Тања Каракамишева

НЕ БЕ, НЕ СО ТИЕ КУРШУМИ "ПРИЈАТЕЛИ"!

*** 

 Значи вака, иако многу работи, да не речам се е јасно како бел ден, мое е, наше е што правно повеќе ги разбираме работите да повторуваме, објаснуваме, прежвакуваме повторно и повторно за да превенираме секаква опасност луѓето во овие клучни моменти за државата да бидат (о) ставени во заблуда и забуна! Заблудата за и околу историскиов момент лесно може да прерасне во заблуда и забуна за иднината и за нашето национално разнебитување  ако не реагираме на време и со здрав разум!

Да не биде после ама не разбравме добро затоа гласавме по инерција, или ете бевме поведени од силата на пропагандата која навистина е пуштена на илјадници децибели од дебили! Не, ќе немаме уште еднаш таков луксуз за правење наудрени иако за волја на вистината нашата нација знае да биде европски рекордер во тој спорт! Затоа, молам за внимание и сериозност при читањето на текстов!

Прво и основно треба да е јасно дека сите генерации што во моментов имаат избирачко право во земјата се стававени и исправени на пресуден крстопат на кој никогаш повторно нема да бидат ако се донесе погрешна одлука! А одлуката што ни ја токмат властопредавниците е кобна за сите Македонци по род без разлика каде живеат или каде во моментов работаат и престојуваат.

Во пакет, сите ќе бидеме приморани од "демокративе" во име на некои као "повисоки вредности" ки никој не ги гледа како дофатлива категорија, да прифатиме една идиотска вистина дека влезот во "демократското" семејство, колку и да тоа изгледа очајно и трагикомично сега е правопропорционално поврзан со нашата итна, неодложна потреба да се самоукинеме, самоуништиме и така зомбирани да веруваме во некое подобро утре, секако со нови, лоботомирани северни мозоци!

Еве и да не сакам да отидам понатаму во објаснувањето на налудничавите тези, верувајте дека самиот пристап кон нас како кон живи битија, како кон луѓе навредува и потценува до бесвест! Замената на тезите и извитоперувањето на вистината, на фактите, на меѓународните норми што важат за сите луѓе на земјината топка, ама не и за нас Македонците е тоа што го прави овој дегенски проект уште поболен и посрамен!

Во име на некаква демократија, иако и демократијата во моментов се наоѓа превртена во нејзиниот вечен гроб, се продава чист садизам, чиста садо-мазо егзибиција на пропаднатиот неолиберализам претставен преку подвижните скелети на малубројната "елита" која ни се точка по институциите како на кванташки пазар, нудејќи бофал роба во замена за здрав разум!

Умислени дека се се' уште дрматори на европаката сцена тргнале во поход на конечно справување со најстарата империја во Европа, со народ запишан триесетина пати во Библијата, со луѓето потомци на генерациите што го донеле христијанството во Европа! Комплексите дека се луѓе со пониска историска вредност ги јадат од внатре нивните души, како црви!

Оттука и им доаѓа потребата да не омаловажат до бесвест, да не згазат со цокулите, да не распнат на вечниот крст за никогаш повеќе глава да не успееме да дигнеме! Тоа е таа "демократска" шизофренија која мантрачите на злите духови ни ја шират како вечна судбина и како вечна иднина!

Но, да се вратиме на суицидното дело за кое бараат од нас хвалоспевски да се изјасниме, а се' со цел тие да останат чисти, а ние да бидеме прогласени за народ со крвави раце!

Демек еве ги самите си пресудија, сами на кол се набија! Ние не сме виновни за тоа! Ете тоа е таа расипана, во душата смрдена стратегија што удира од далеку на странска реа ама сепак мора да звучи, да мириса на домашна, мора да мириса на нас самите, иако ние  сме само статисти во нејзината подготовка и комплетна реализација!

Сега кога им треба сапун или течен шампон да си ги измијат крвавите рацете од стореното геноцидно злосторство без срам и без перде ќе го викаат на помош народот што го убиваат на рати, пополека и садистички за да изгледа дека токму тој народ, всушност, се доутепал самиот, а тие фини либерално намирисани остануваат чисти и без дамки по нивните бели ракавици!

Ееее, нема да пројдете така нечепнати, вие љубители и подготвувачи на овој национален хорор филм во Македонија во повеќе продолженија! Вала нема така лесно да се измолкнете од сценариото!

Па што мислевте бре дека Македонците се до тој степен луди што ќе ви дозволат да мачкате со вашите зли опашки по нивната историја, традиција и име?

Не бе, не со тие куршуми "пријатели"!

Колку и да ви е желбата голема, а умот мал, ние Македонците ви ја прочитавме големата игра и верувајте нема да ви дозволиме таков Мулен Руж да играте со нас дури не држи умот, а богами и животот!

 

https://infomax.mk

 

 

 

 

 

Виктор Трифуновски

МУЛТИКУЛТУРАЛИЗМОТ МОРА ДА УМРЕ

****

Виктор Трифуновски

Мулти-културализмот како концепт е применлив исклучиво во (нео) комуњарска Европа и Северна Америка. Мулти-културни се оние средини во кои има што помалку (по можност и воопшто) домицилно бело христијанско население и што повеќе од сите други раси, вери и етноси. Мулти-културна е онаа средина каде домицилниот јазик изумира, каде има што повеќе странски јазици.

***** 

Збор-два за мулти-културализмот, како модерен атак врз човековите слободи. Не можеш да бидеш мулти-културен во Јемен, Судан, Иран, Сауди Арабија, Пакистан... За такви средини , мулти-културализмот е табу тема на локално ниво, односно непристоен и политички некоректен муабет, доколку некој отвори уста од овде.

Во Европа, позитивни примери на мултикултурализмот се Брисел, Ротердам, Виена, Лондон, Париз, Минхен, Франкфурт, Малме... каде белите христијани се малцинство, во изумирање или масовно иселување. Негативни примери каде мулти-културализмот тешко вирее се: Варшава, Талин, Будимпешта, Брно, Братислава и сл. Се разбира, доколку поставиш прашање за мулти-културализмот на Косово, тоа е непристојно и политички некоректно однесување.

 

Во Македонија, како позитивен пример за мултикултурализам НЕ се зема Крушево, каде во мир живеат Македонци и Власи (на пример) ниту пак Чучер-Сандево каде без проблеми живеат Македонци и Срби. Позитивни примери за мулти-културализам се Старата скопска чаршија, каде етничките Македонци се отселуваат одамна (ако воопшто некој останал) понатаму: Бутел, Гази-Баба, Чаир, Топанско Поле, Струга, Куманово каде Македонци има се' помалку. Негативни примери, каде мулти-културализмот тешко вирее се: Битола, Прилеп, Штип, Берово, Делчево. Се разбира, непристојно е да се зборува за мулти-културализам во Арачиново или да речеме Зајас.

 

Кој е крајниот резултат?

Различните култури притискаат кон различни, кон поинакви правила на живот, но и закони. Во Европа карикатурата на Мухамед беше забранета за прикажување, согласно мулти-културните стандарди кои владеат. Некогашна слободна Европа, која му се смеела на Источниот комунистички блок поради изрекувањето казни за кажан виц, шега, хумор... или било каков друг облик на исмевање...сега оди по истите тоталитарни стапки. Според кои тоа закони, обичаи или норми, е забрането исмевањето на пророкот Мухамед? Според уставите на Англија, Франција, Германија и др....сигурно НЕ. Тоа е забрането согласно Шеријатското право. Забраната за прикажување на карикатурите на пророкот Мухамед е прва, но не и последна победа на Шеријатското право против слободата на говорот.

Понатаму...по многу јавни базени, претежно во Германија, Шведска и Франција, постои полова сегрегација, поделба на машки и женски дел. Според кој тоа устав непознатите мажи и жени не треба да се гледаат меѓусебно без алишта на себеси? Според НИЕДЕН. Тоа е забрането согласно Шеријатското право, кое е на Запад прифатено токму во духот на мулти-културализмот. Уште една победа за шеријатското право, овој пат врз половата еднаквост.

Понатаму...според кој тоа устав, според кои закони или обичаи, свинското месо мора да се одвои од останатите типови месо, односно да не се преработува или продава на исто место? Тоа се т.н. ХАЛАЛ СТАНДАРДИ, повторно согласно Шеријатското право.  И уште една победа за Шеријатското право, овој пат против слободниот пазар.

Кој е следниот таргет на Шеријатот во Европа...сечење на раце поради кражба, ампутација на клиториси кај девојчиња, каменување поради неверство...што?

Во Македонија е опасно да зборувате против Охридскиот Рамковен договор, а доколку тоа го правите, добивате предупредувања, од најави за распад на државата, па се' до нарушување на безбедноста, колективна, но и лична. Што е тоа ако не директна закана по живот? Во исто време, опсесијата со мулти-културализмот кај одредени Македонци, донесе една нова перверзија која е на Запад одамна присутна. Тоа е АВТО-ШОВИНИЗАМ, омраза кон сопствената група, нација, етнос, раса. 

Мирослав Грчев е типичен, но не и единствен пример на авто-шовинизам во Македонија. Во Хрватска таков е примерот со пратеникот Иван Пернар, во Србија е новинарот Предраг Луковиќ. Во Англија таков е примерот со Џереми Корбин и писателот Џон Греј. Кај Русите тоа е тенисерката Ана Курникова. Во Америка такви се Мајкл Мур, Вард Черчил, Саманта Би, Розалина Бар...итн.

Такво нешто има само кај христијаните од европско потекло, кои мулти-културализмот ги држи на обвинителна клупа, поради нивното минато на колонисти или наводни репресивци кон одредени различни групи.

Мулти-културализмот МОРА да умре, да исчезне, да го снема, да заврши на буништето на историјата...а на негово место да се врати старата добра НАТУРАЛИЗАЦИЈА!

******************

Наде

Наде Проева

ПРЕДАВАЊЕ ЗА ИСТОРИЈАТА НА АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ

*****

Во Пустец, преспанскиот дел од Македонија во состав на Албанија, универзитетската професорка во пензија, Наде Проева, одржа деновиве предавање за историјата на античка Македонија. Модератор на настанот беше Васил Стерјовски, активист од редовите на македонската заедница во Албанија.

Проева, која има објавено над 100-тина научни студии и важи една од најдобрите светски познавачи на историјата на античките Македонци, зборуваше за посебноста на античките Македонци и како етнос и како култура и нивната религија.

"Во пишаните извори, старогрчките и римските автори прават јасна разлика меѓу античките Грци (Хелените) и античките Македонци. За античките Грци, Македонците биле варвари, впрочем како и сите други народи што зборувале неразбирливо, односно брбореле на јазик што бил различен од хеленскиот (старогрчкиот). Во пишаните извори има податоци дека на Македонците им бил потребен преведувач за хеленскиот (старогрчки), како и за илирскиот јазик, што јасно ја покажува посебноста на античките Македонци", рече меѓу другото професорката Наде Проева. 

Професорката Проева одговараше и на многу прашања на присутните Македонци, поврзани со славното македонско минато.

 

https://www.mkd.mk

 

Славе Николовски-Катин

Славе Николовски-Катин

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

ДЕЛ 13

ФИЛИП МАКЕДОНСКИ - КРЕАТОРОТ НА МАКЕДОНСКАТА ФАЛАНГА

 

Епаминонда го подели фронтот во офанзивно и дефанзивно крило со цел брзо да ја реши битката. Офанзивното крило беше необично длабоко-како што  пред тоа понекогаш се случуваше во Бојотија - и беше формирано од најдобрите коњички единици.

Неговата задача беше да тргне напред со концентриран напад, да го пробие фронтот и да ја реши битката, додека дефанзивното крило се движеше напред пополека и остануваше повеќе во одбрана, така што во моментот на судирот на борбената линија беше фактички косо поставено, како што античките луѓе ја нарекуваа формацијата.

Епаминонда, формира две крила од тешка пешадија и ги зацврсти на левото крило готови за напад, а неговата коњица служеше само да ги заштити страните. Бидејќи досега со паралелни борбени формации битката главно се решаваше од двете страни на десното крило, неговиот напад од лево имаше ефект на изненадување.

Тактика што на Епаминонда му донесе победа во Леиктра и Мантинеја сега беше прифатена од Филип Втори Македонски, но модифицирана во зависност од различниот состав на античката македонска војска. Офанзивата и' ја определи на својата одлична коњица, кралските следбеници, а дефанзивата на пешадиската фаланга што ја создаде за оваа цел.

Филип Македонски не ја затвораше офанзивата на едно крило, туку ја пушташе својата коњица да напаѓа понекогаш и на десното крило, а понекогаш, како кај големата победа на Херонеја, на левото, веројатно зависно од особеностите на земјиштето или позицијата на непријателската војска.

За да се оствари предходно наведената тактика Филип Втори Македонски мораше темелно да ја реорганизира својата војска. Планинските единици што ги презеде ги трансформира во регуларна коњица, поделувајќи ја во полкови, тактички единици кои беа регрутирани според подрачјата. Овие кралски придружници беа вооружени со шлемови, оклопи, сабји и со копја направени од најдобро дрво.

Бидејќи стремените се' уште не беа пронајдени, тие не можеа, како јавачите во средниот век, со притискање врз јажето да ја зголемат силата на убодот на своето копје, туку мораа да ракуваат со слободна рака, како што стои на мозаикот, претставувајќи го Александар Трети Македонски во битка.

Реорганизацијата на пешадијата беше совршена. Дали и колку пред Филип Македонски имаше воопшто организирана пешадија која можеше да се нарече пешадија е спорно, како што е наведено погоре за името кралски придружници. Секако, Филип Македонски беше креаторот на славната античка македонска фаланга. Со цел да ги продолжи косите формации, потребно беше да се создаде пешадија за дефанзивното крило. Тоа го објаснува необичната опрема и употребата на фалангата.

Очигледно беше дека сите овие иновации, особено изведувањето на косата борбена формација, бараа многу поголемо тренирање на коњичките единици. Затоа тие беа добро извежбани и истренирани за борба, за марширање и маневрирање. Така Демостен со восхит признава дека и лето и зиме и дење и ноќе не постоеја пречки за акциите на Филип Втрори Македонски.

Додека во слободните антички грчки држави луѓето обично не сакаа да одат на воени вежби, туку повеќе сакаа да бидат платени наемници. Античките Македонци, пак, како дворјаните така и селаните, го следеа својот крал со ентузијазам, кој ги водеше од победа во победа и како што беше покажано од лузните што му го покриваа телото, тие со него ја делеа и опасноста и заморот. 

Филип Втори Македонски успеа да им се наметне посебно на своите офицери со својата личност преку институцијата корпус на "дворски пажови". Со ангажирањето на оваа дворјанска младина, во чие физичко и интелектуално тренирање лично присуствуваше и монархот, тој создаваше еден вид кадетни корпуси за своите офицери. Тоа исто така значеше постојано сплотување на интересите на македонското дворјанство, кое во минатотот беше често незадоволно.

Според примерот на лесно вооружените пелтаси (со кружен штит), кои беа воведени од атињанинот Ификрат и вооружени со долги копја и само со кружен штит(пелта), Филип Втори Македонски им даде на своите фалангисти како главно оружје, покрај мечот, многу подолги и потешки копја, заедно со малите "пелти" носени со придржувач на раката, шлем, заштитник на потколената и веројатно кожно плато со метален заштитник.

Според тоа, тие беа нешто меѓу тешко вооружена пешадија и пелтасите, погодни за бавно настапување и за подршка на нападите, потоа да вршат побрзи напади во движење и по потреба да се спсобни брзо да се движат. Построени во збиена формација на полковите, во битката на дефанзивното крило тие мораа да го следат полека нападот на коњицата и да го задржуваат непријателот.

На страните на оваа формација имаше лесно вооружена пешадија, чија борбена улога беше брзо да настапи и да направи врска меѓу коњицата и фалангата. Тоа беше 'рбетот на античката македонска војска, но подоцна беше дополнета со помошни единици од Тракија и од други соседни варварски држави.

Филип Втори Македонски зазема истакнато место во историјата на вештината на војувањето, бидејќи тој беше првиот кој ги спои сите видови борци во една тактичка единица. Тој исто така ја означи пресвртницата во развојот на стратегијата, бидејќи беше првиот - доколку тоа не му се припишува на Епаминонда - кој за целосно уништување на непријателот совесно ја водеше "одбранбената стратегија", како што обично се нарекува според класичната книга на генералот Фон Клаусевич, "Од војната".

Бидејќи поранешните битки античките Грци обично ги сметаа како натпревар, победник беше оној што го држеше бојното поле и што подигнал трофеј, додека победената страна се повлекуваше, Филип Македонски по победата застануваше на чело на коњицата и го гонеше непријателот до последен здив на човекот и коњот.

Какво немилосрдно гонење, се гледа од изјавата што е наскоро добиена, а според која, по победоносната борба со Трибал, при гонењето Филип Втори Македонски беше несреќно ранет во ногата со копје од еден од неговите што го следел.

Македонската фаланга во борбено дејство.

Филип Македонски ја означува и епохата на вештината на опсадување на градови. Стариот метод на гладување на непријателот не беше доволно добар за оние што ја воведоа стратегијата на одбрана.

Тој беше првиот кој на Исток ја примени опсадната техника, како што Дионис I од Сиракуза постапи со античките грчки и картагенските инжинериски единици. Филиповите опсади на Перинг и Византиум (340) и покрај неуспехот, беа епохален изун на науката. Поради ефектот од оваа револуција во правење опсади, Атина и другите градови започнаа да ги градат своите sидови од камен наместо од тули кои не беа доволно цврсти.

Очигледно беше дека сите овие иновации, особено изведувањето на косата борбена формација, бараа многу поголемо тренирање на коњичките единици. Затоа тие беа добро извежбани и истренирани за борба, за марширање и маневрирање. Така Демостен со восхит признава дека и лето и зиме и дење и ноќе не постоеја пречки за акциите на Филип Втори Македонски.

Но, во друг однос, односно во воената моќ, оваа монархија беше супериорна над античките грчки полиси. Не само што врховната команда беше во рацете на кралот, туку исто така и целото раководење на надворешната политика. Додека во слободните држави, растроени од внатрешните клики, прашањата на надворешната политика беа решавани сега на еден начин, подоцна на друг, со одлука на мнозинството по долги контрадикторни говори на демагозите, во македонската монархија одлучуваше самиот крал.

Демостен го призна тоа како голема предност на својот противник. Во такви услови можеше да се формира постојана еднообразна далекусежна политика, планирањето и извршувањето беа во исти раце, а државникот и генералот беа обединети во еден човек.

Во 346 година Исократ во своето дело "Филип" ја определи токму таа силна позиција на владателот во извршувањето на панелинистичката програма. Во првиот дел од расправата Исократ го опишува помирувањето на античките елинистички држави што, како и Горгија, лично го покажа во своето дело "Панегирик" (380), каде беше потребна обична воена претприемчивост.

Тој му даде практичен предлог на Филип со тоа што требаше прво да ги смири една со друга четирите водечки држави, Атина, Спарта, Теба и Арго, кои со него би ооштеле преку своите амбасадори, а потоа другите мали држави би го следеле тој пример.

Нему, како потомок на Херакле, нема да му биде тешко, бидејќи секоја од овие држави има некоја врска со неговиот прадедо Херакле. Нивните очајни состојби ќе ги натераат да склучат мировен договор, а и Филип Втори Македонски би добил слава и наклоност низ цела Античка Грција. Во вториот дел од расправата Исократ зборува за војната со Персија. Тоа беше најпогоден момент, бидејќи Персиската империја слабееше поради револтот во голем број територии.

На Филип Втори Македонски му требаше само да оди во Мала Азија и да најави слобода, а многумина од намесниците би го поздравиле како нивни пријател во нужност и би ја отфрлиле вазалската зависност од Големиот крал. Тука, исто така, Исократ укажува на Филиповиот прадедо Херакле кој еднаш ја совладал Троја за неколку дена, а Филип Македонски може да му парира со човекољубие и наклоност кон античките Грци.

Доколку е изводливо, тој би ја уништил Персиската монархија, но ако е невозможно, тогаш барем да ја отсече Мала Азија од Галиција до Синоп, да формира колонии за бездомните скитници кои ја тероризираа Елада и така со тој бедем да ја заштити античка Грција од Исток. Доколку тоа беше невозможно, тогаш тој би требало барем да ги ослободи античките Грци во Мала Азија од персискиот јарем.

Тој беше сигурен дека ќе добие најголема слава и благодарност од античките Грци. Исократ завршува со предупредувањето дека Филип Втори Македонски треба да биде добродетел кон античките Грци, крал а не тиранин на Македонците и дека треба да ги ослободи варварите од варварскиот деспотизам и да им пружи елинистичка грижа и заштита.

Инаку, во поголем број продолженија ќе се обидеме преку порталот "Македонска нација" да го претставиме историскиот роман "Александар Велики" од германскиот научник Урлих Вилкен (Ulrich Wilcken ALEXANDER THE GREAT), преведен и прилагоден од англиски на македонски како "Александар Македонски" од Славе Николовски-Катин, а во издание на Издавачката куќа "Мисла" од Скопје, во 1988 година. Преводот на романот "Александар Македонски" беше прво дело за Античка Македонија на македонски јазик и беше добро прифатен пред триесетина години.

 

Продолжува

 

 

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

*****

САМОСТОЈНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

5. Кризата на Косово

 

Но, во почетокот на 1999 година, Македонија повторно се најде во центарот на вниманието. Во првите месеци од 1999 година започна војна на Косово. НАТО се закануваше со интервенција. На 24 март 1999 година најмоќната воена машинерија во светот ја нападна ФР Југославија. Во Македонија имаше околу 16.000 НАТО-војници за време на воздушните напади. За два и пол месеци, додека траеше кризата, Република Македонија прими 360.000 бегалци, што беше 17-18% од вкупното население на земјата. Поголемиот дел од нив се вратија назад, а некои останаа на Запад.

Во 1999 година беа одржани и претседателските избори.  За претседател беше избран Борис Трајковски.

 

6. На работ на меѓуетничка војна

 На 16 февруари 2001 година група албански екстремисти започнаа престрелка со Армијата на РМ. Зад прокламираната цел за поголеми колективни права на Албанците во Македонија, што можеше да биде решено преку институциите на системот бидејќи албанските партии партиципираа во власта, се криеше вистинската цел - дестабилизирање на државата, по можност анектирање на северозападните делови од Македонија кон Албанија или кон Косово. Таа мала престрелка за само еден месец прерасна во вистинска војна, кога во март, во Тетово, за време на одржувањето на митингот од три невладини организации под мотото: "Стоп за државниот тероризам против Албанците", започна оружен судир меѓу група албански екстремисти од една страна и полицијата  и АРМ, од друга страна. По ова, бранови од бегалци започнаа да го напуштаат градот Тетово. При крајот на месецот, по наредба на врховниот командант на безбедносните сили Борис Трајковски, започна операцијата за чистење на албанските екстремисти. Но ситуацијата не се промени. Во ситуација кога постоеше можност за прераснување на судирот во целосна граѓанска војна, во мај 2001 година беше избрана Владата на политичкото единство.

Во јуни 2001 година воените акции се доближија и до Скопје. Скопското с. Арачиново, на 15 км од главниот град, беше во рацете на т.н. Уштриа Клиримтаре Комбетаре (УЧК) - Националноослободителна армија (НОА). На 24 јуни припадниците на македонските безбедносни сили презедоа жестока акција. Кога се очекуваше конечен пораз, по интервенција на преставниците на Европската Унија и на НАТО, акцијата беше прекината, а силите на НОА под меѓународна заштита беа извлечени од селото. Под притисок на меѓународната заедница, на 5 јули беше потпишан прекин на огнот. Но, НОА продолжи со своите напади врз македонските безбедносни сили.

 

7. Охридскиот договор и настаните по него

На 8 август, по долготрајни преговори, во Охрид беше парафиран Рамковниот договор, кој беше потпишан во Скопје на 13 август, од лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ПДП и ДПА, од претседателот Борис Трајковски и од меѓународните претставници.

По ова започна процесот на имплементација на Рамковниот договор во Уставот и во институциите на системот.

На 15 септември 2002 година беа одржани парламентарни избори во Македонија. На истите победи коалицијата "За Македонија заедно", која освои 60 пратенички мандати. На 31 октомври беше избрана новата коалиција, а премиер стана Бранко Црвенковски. Демократската унија за интеграција, уште една партија на Албанците од Македонија, стана дел од Владата.

Во периодот 1-15 ноември 2002 година беше спроведена најголемата статистичка операција - пописотна населението, докаќинствата и становите во Македонија. Според резултатите од пописот, во Македонија живеат: 2.022.547 жители од кои : 1.297.981 Македонци (64,18 %); 509.083 (25,17%) Албанци; 77.959 (3,85%) Турци; 53.879 (2,66%) Роми; 35.939 (1,78%) Срби и други 2,44%.

Претседателот Борис Трајковски загина во авионска несреќа на 26 февруари 2004. На претседателските избори од 28 април 2004 година за претседател беше избран Бранко Црвенковски. На 1 април 2004 година стапи во сила Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Република Македонија, која беше потпишана на 9 април 2001 година. На 22 март 2004 година беше предадена апликацијата за членство на Република Македонија во ЕУ и во НАТО структурите.

На 5 јули 2006 година се одржаа петтите парламентарни избори. На истите победи коалицијата "За подобра Македонија", предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која освои 44 пратенички мандати. На 27 август новата коалициона влада беше избрана заедно со пррмиерот Никола Груевски. Демократската партија на Албанците (ДПА) стана дел од Владата.

 

Продолжува

 

 

Петре М. Андреевски

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

***

 

 

 

 

ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ

 

ТЕШКО МЕНЕ

  • Мене да ме нема, тебе што те нема,
    тешко тебе, тешко мене:
    веќе ми се расипа лицето од плачење,
    земјата не може солзите да ми ги собере.

    Сега само ноќта ми е доделена,
    да бидам светулка што не гледа
    дека светлината и' служи за гледање,
    да знаат сите што знам и не знам,
    да не можам да скријам ништо од никого
    и сите да се плашат од мојата вистина.

    Тешко кого вистината го лаже,
    тешко кому срамот му откажува
    тешко и на тој кој нема како
    да си ја намали својата тежина.

    Сега и сонцето не ми влегува в соба,
    оти знае дека и ти не си во собата.

    Тешко на куќата што не се одsива,
    тешко и онему што не знае за тешкото,
    тешко мене, тешко тебе:
    младоста да си ја изминеш,
    а староста никаде да не си ја сретнеш.

    Веќе се' ми е поместено, преместено,
    (ти ме чекаш, а јас никого не чекам)
    се' што носам, ќе ме износи,
    но тешко тој што има многу тешко
    и тешко тој што нема,

  • тешко кому слободата му ги остава
    самонејзините пранги и окови,
    тешко мене дури ти ни тежиш,
    тешко кога и убавото е страшно.

    Што не можам на јаве, можам во сонот
    и за мојата тежина и за твојата,
    но тешко и онему што има многу за можење.

    Пламенот не е само она што се гледа,
    па тешко онему што го толкува однатре:
    не го запознал горењето, туку тој што гори
    и изгорел, се изгорел или слеп се вратил.

    Тешко кому жалта му е обврска,
    тешко кому не му тежи тешкото,
    тешко тебе, тешко мене.
    *********
    Автор: Петре М. Андреевски

 

****************************************

Kind regards: 10 август 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 158