АВСТРИЈА И РУСИЈА БЕА ПРОТИВ СОЗДАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА ?

Сотир

 

 

Сотир Гроздановски

АМЕРИКНЦИТЕ САКАЛЕ СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА УШТЕ ВО 1783 ГОДИНА

***

Кој ќе завладее со Македонија, ќе биде газда на Балканот или на Македонскиот полуостров, како се нарекувал во времињата на Филип и Александар Македонски, но и многу порано од нив. И секогаш  била во центарот на нивните интереси. Зошто? Па затоа што Македонија го зазема централниот дел на Балканот низ која минуваат главните патни поврзници за Средниот Исток, изворот на сировините за кои сите европски индустриски центри на моќта се тепаат, а тоа е нафтата.

За тие времиња сме пишувале повеќе пати и секогаш сме се соочувале  со нивите интереси и грижите за така нареченото "македонско прашање на Балканот".

И денес се истите сили во игра на истиот простор, кои на Македонија и' го земаат воздухот и настојуваат да ја задушат за секогаш. Ако успеат! Англија, Франција, Германија,  Турција, Русија, па дури и САД, како една од западните сили која во тие времиња беше во развој и самата во судир со тогашниот англиски колонијализам.

Тоа е вистината за светот во кој живееме, а историјата ја докажува секој ден.  Не се важни дури и  културно-цивилизациските традиции. Центрите   по кои се разликуваме едни од другите. На пример  западниот свет со својата цивилизација  врзана за старогрчката култура и тогашниот центар Атина и источниот за македонската цивилизација со просветителско-духовниот центар Охрид. Охрид, од каде се ширела писменоста и христијанската наука меѓу славјанскиот свет, се'  до најдалечните краеви на Русија. 

Се газеле сите принципи на културното и вообичаеното секојдневно однесување меѓу соседите, меѓу сродните народи, култури и традици и тоа едните заради нафтата, другите заради морските патишта и геостратешки позиции во Средоземното Море, но и заради некои други договорени прашања меѓу нив.

Но, секако мораме да признаеме дека од сите неправди нанесени врз виталните интереси на Македонците од страна на Грција, Бугарија, Албанија и некои корумпирани кругови во власта на САД,  неможе да се преболи  руската резервираност и не одлучност,  кога македонскиот народ очекувал  и се' уште очекува братска помош. Особено  во овие времиња кога се соочуваме со напади, од повеќе страни, со цел да не разнебитат и го обесчестат нашето  достоинство, како народ.

Сечењето на  сопствениот  цивилизациски, културен, духовен и традициски  корен нема оправдување за никого. Игнорирањето на се' што македонските културни и духовни дејци направиле за развојот на цивилизацијата која денешниот славјански свет ја ужива е грев кој ќе го носат на своите плеќи  денешните и идните генерации. Тежок грев како за Русија, така и за САД.

Придонесот на Македонија во развојот на светската цивилизација не е помалку вреден за почит од придонесот на Античките Грци, односно на грчките градови. Гушењето на една цивилизација, македонската, во полза на друга, одамна исчезната и не' одамна, со помош на големите европски сили, пред се' Баварија и нејзиниот монарх Лудвиг I и син му Ото, обновена во лицето на ново створената  држава Грција,   е фрапантно фалсификување на светската историја, злосторство спрема човештвото и геноцид врз македонскиот мирољубив и цивилизиран народ. И не само тоа. Туку и недоличност за Западот својата цивилизација да ја гради врз лажни темели на мртвата старогрчка култура, така наречениот Хеленизам.

Дел од сегашните  кусогледи и корумпирани политичари немаат овластувања да делат "правда"  во полза на алчните Грци, Бугари, Албанци... уништувајќи го, при тоа, својот сопствен народ, својата сопствена македонска држава и својата сопствена македонска национална култура.

До колку нивната формална наобразба не ги подготвила за успешно справување со работата која насилно, со лаги и силни ветувања ја презедоа во Република Македонија  дека  ќе работаат во полза на македонскиот народ и поквалитетно  од Владата на ВМРО-ДПМНЕ,  поарно би било да погледнат во вековите што се зад нас. Таму е сета мудрост и зрелото размислување за човештвото, чии дел е Македонија и македонскиот народ. Да ги слушнат зборовите на владарите, нивното ехо, пораките и  вековните сочувствува со нас Македонците и нашата судбина.

Нека учат од мудроста на паметните луѓе кои уште  пред 300 години,  во Македонците гледаа лојални пријатели, чесни, работни и интелигентни луѓе.  Луѓе неправедно измачувани и злоставувани и во Римската и во Византиската и во Отоманската империја, но и за време на Бугарското царство. 

Ги има многу, но Вилијам Еварт Гладстон,  англиски либерален политичар и 12 години Премиер на Британската влада, на многу им се врежа во паметот со брилијантната изјава и порака до човештвото: "Ако Србите, Грците и Бугарите имаат свои држави, а зошто не и Македонците?" "Македонија на Македонците!" Гладстон е роден на 29 декември 1809, а умрел на 19 мај 1898 година. 

Меѓутоа, тој не е сам во оваа категорија политичари. Уште по блиску до срцата на Македонците е, Џон Квинси Адамс, вториот претседател на Соединетите Американски Држави, за кој сме должни да напишеме неколку зборови и да му изразиме благодарност и ако далеку постхумно.

Џон Квинси Адамс бил роден на 30 октомври 1735 година во местото Бреинтри, сега Квинси во американската сојузна држава Масачусетс, а преминал на 4 јули 1826 во своето родно место. Тој бил заговорник за осамостојување на Америка од Велика Британија, главна фигура во Континенталниот Конгрес (1774-1777), автор на Уставот на Масачусетс (1780), потписник на Парискиот Мировен договор (1783),  прв потпретседател (1789-1797) и втор претседател (1797-1801) на Соединетите Американски Држави. 

И ако Адамс во очите на неговите  современици  вредел за  еден од најистакнатите државници во времето на револуционерната ера во Америка, сепак, неговит углед опаднал во 19 век, за подоцна, во последната половина на 20 век одново, уште повеќе, да нарасте. 

Современите издавачи на неговата коресподенција ни ја  открија искреноста и вештото  користење на пишаниот збор, неговата важност како политичар и мислител, како и реалистичната увереност во перспективата  на американската надворешна политика и на крајот неговата патријахална улога, како оснивач на едно извонредно здраво и значајно семејство, во американската историја.

Покрај сите негови извонредни човекови особини и способности како претседател на САД, останува да кажеме  уште еден важен детал од неговата искрена и интимна корсподенција со Роберт Ливингстон, првиот секретар на Стејт департментот, важен за нас Македонците, но и за нашите соседи Грците, преземен од http://javno.mk , објавен на 11 ноември 2016 година. Па да видиме за што се работи.

 

Еве вака:

"Џон Адамс, еден од татковците на САД и нивниот втор претседател, правел јасна разлика и дистинкција помеѓу Македонија и Грција, што  е многу важно за нас, и се залагал со американска помош и двете земји да се ослободат од турското владеење и да создадат независни републики (демократии). Тоа може да се забележи и од писмото од 14 јули 1783 година, зачувано во неговата корсподенција, упатено до Роберт Ливингстон, првиот секретар на Стејт департментот.

 

 

  • Роберт Ливингстон

  • Џон Квинси Адамс

Проектот за ослободување на целата земја на античка Грција, Македонија и Илирик и подигање независни републики во тие славни столици, колку сјајно и да изгледа како шпекулација, најверојатно нема да добие должно внимание од двете империи (Австрија и Русија, н.з.) затоа што е непрактичен.

'Грците денеска, иако се зборува дека имаат имагинација и генијалност, се корумпирани во своите морални начела до таков степен, што се претвориле во неверна перфидна раса, бедна со храброст, како и со оние принципи на чест и доблест, без кои нациите не може да имаат доверба помеѓу себе, ниту да им се верува од другите',

пишува во еден параграф од писмо зачувано во коресподенцијата на вториот претседател на САД, Џон Адамс, упатено до Роберт Ливингстон, првиот секретар на Стејт Департментот, од далечниот 14 јули 1783 година. Како куриозитет може да се спомене дека шест години подоцна, токму на тој ден ќе почне еден од најважните настани во европската, а по своето подоцнежно влијание и во светската историја - Француската револуција."

Џон Адамс е вториот претседател на САД, а Роберт Ливингстон е човекот што во историјата ќе остане запишан како првиот секретар на Стејт Департментот, односно шеф на дипломатијата на САД.

 

Е па сега  ако и овие документи за "чесноста" на Грците како партнери  со кои Зоран Заев го води орото во своето лично и  пропаѓањето на македонскиот народ не ни кажуваат  со кого имаме работа,   поарно, здравје.

 

Александар Џеповски

Александар Џеповски

ГРЦИТЕ ГО ПРЕКРСТИЈА НИКОЛА ТЕСЛА ВО НИКОЛАОС ТЕСАЛОС

***

Александар Македонски го направија Грк, ама никаков споменик нема во Атина. Кирил и Методи ги направија Грци...арно ама, не ги слават и споменуваат. Василиј цар божемски Византиски... и тој "да ти бил Грк" и се разбира не го слават. Григор Прличев, кој бил грчки стипендист, го направија Грк и него  ни под разно не го слават.

Е, ова со Никола Тесла ги помина сите граници.

Никола Тесла околу 1880 година, во Македонска народна носија.

Замислете, Никола Тесла "да ти бил Грк", оној генијалец над сите генијалци и тоа дури сега го "откриваат". Ете што направи Заев, едноставно им даде поголема сила на Грците за присвојување.

На фотографијата е Никола Тесла во Македонска  народна носија снимен во неговата младост некаде во 1880 година. Најверојатно се работи за мијачка носија. Од каде му е Македонска народна носија ако не е Македонец?

Знаат Грците т.е. некој им укажа дека Тесла е чист македонски збор, а кај Србите и Хрватите има само чекиќ. Видоа слики со него во кој гордо нашиот Никола Тесла, по потекло од Велес, како носи мијачка облека и како со Михајло Пупин си разговара и се допишува на Македонски јазик, па запнаа поради тоталното право на употреба на зборот Македонија што им го даде Заев, да го направат и Грк. Сега е проблем како Бугарите заспаа па кога и тие ќе се пробудат, гледајте си сеир. Ќе го направат Тесла дека е Татар од Татаристан.

Тесла беше даден на некое православно попско семејство да го израснат, поради сиромаштијата преголема во велешкото семејство, Тесличкови. Православниот поп работеше во српска православна црква и служеше во Хрватска, во селото  Смиљане, крај Госпиќ, па затоа и Србите и Хрватите се испотепаа да докажат дека е нивни човек. Е сега и Грците влегоа во игра.

Ако, ако... Македонија е дарежлива преку Заев, дава се' и сешто за пусти пари, се разбира, во на Заев џебот.

Прашање е само кога Господ ќе ја прекине оваа лакрдија? Луѓето станаа се' и сешто, само Македонци не.

Подоле од ова дереџе не сме дошле и стануваме предмет на исмејување поради една црпка муртинска.

РАЗБУДИ СЕ НАРОДЕ МАКЕДОНСКИ И ПОЧНИ ЕДНАШ ДА СУДИШ!!!

 

Македонска нација 

Кавкаска Албанија до 387 н.е.

 

 

Македонска нација

КАВКАСКА ТЕОРИЈА ЗА ПОТЕКЛОТО НА АЛБАНЦИТЕ

 

 

За време на походот на Александар Македонски во Азија, еден владател на Кавкаска Албанија излегол пред него и му подарил едно големо и опасно куче, денес познато како кавказски овчар. Тоа е првата забележана средба на Македонците со Кавкаските Албанци.

*** 

Денес кога ќе се спомене Албанија, се мисли на државата која покрај Македонија се граничи со Црна Гора, Косово и Грција. Таа како држава постои од 1912 година, кога е прогласена независност, а призната во 1913 година. Меѓутоа, многу векови пред неа постоела друга албанска држава позната како Кавкаска Албанија, за која многу малку се говори, и ако одредени историчари ја поврзуваат со денешното потекло на Албанците.

Кавкаска Албанија (АРДАН на персиски) била античко кралство формирано во 2 век пр.н.е. во источен Кавказ, на територијата на денешен Азербејџан и јужен Дагестан. Околу 1 век пред и од новата ера територијата на јужно од Големиот Кавказ и Малиот Кавказ биле поделени меѓу Колхидите на запад, Кралството Иберија во средината и Кавкаска Албанија на истокот. Северно од Албанија се наоѓала земјата на Аланите, северозападно биле Иберите, а југозападно Ерменците. Денес јужниот дел на античка Албанија му припаѓа на Азербејџан, чиј главен град Баку се наоѓа на Апшеронскиот полуостров, а северниот на Русија.

Самото име Албанија означува планинска територија и таа се наоѓала на источните падини на оваа планина, помеѓу врвот на Кавказ и Каспиското Море. На брегот на Кспиското Море се наоѓал град со име Албана по кој земјата го добила името, а главен град на Кавкаска Албанија бил Кабалак, кој во 5 век бил преместен во Партав.

Првичната област на Кавкаска Албанија била околу 23.000 км2, а по 387 година се зголемила на околу 45.000 км2 па оваа територија понекогаш од научниците се вика "Голема Албанија". Кавкаските Албанци обожавале три божества: Сол, Зевс и Луна.

Кавкаска Албанија била каменита и сиромашна земја, која не ги привлекувала освојувачите. Се пишува дека во времето кога Александар Македонски ја освоил Азија, еден владател на Албанија излегол пред него и му подарил едно големо куче.

Кавкаска Албанија била позната по големи и опасни кучиња, т.н. кавкаски овчари. Тоа е првата забележана средба на Македонците со Кавкаските Албанци.

Во текот на 1 век, христијанството веќе почнало да доаѓа на Кавказот. Наскоро Ерменија го прифатила христијанството како државна религија (301 н.е.), а кралот на Албанија Урнајр ја примил светата тајна за крштевање од Григориј Просветител, првиот патријарх на Ерменија. Меѓутоа, неколку века потоа подпаѓа под исламско влијание. Албанија падна под Исламското освојување на Персија во средината на 7 век и беше укината во 8 век. Во постисламскиот период географскиот поим на Ардан е смален на подрачјето меѓу реките Кура и Арас.  

Се' до XI век луѓето на Кавкаска Албанија немале никаква врска со територијата на денешна Албанија на Балканот, која историја била дел од Македонската империја. На запад границата допирала до Јадранско Море, кое Римјаните го нарекувале Македонско Море, со областите јужно од Љеш, вклучувајќи ги градовите Драч и Аполонија. Потоа оваа територија била дел од римската провинција Далмација (јужен Илирик), Македонија и Горна Мезија.

Денешната република стана независна по падот на Отоманската империја во Европа по Балканските војни во 1912 и 1913 година.

Денешна Албанија

За потеклото на Албанците многу се говори, а самите Албанци се сметаат за потомци на Илирите, за што нема релевантни докази. Така, постојат три теории за нивното потекло, а според една од нив, тие потекнуваат од Кавказ.

Според оваа теорија, во 8 век, Арапите ги окупирале земјите околу Каспиското Море и зад Кавказјето. По ова освојување, Халифатот дошол во конфликт со Хазарите. Арапите биле заштитници на исламот, а Хазарите на Мојсеевата религија, па конфликтот, покрај другите, добил религиозен карактер.

Хазарите им наметнаа на Албанците многу тежок данок поради кој тие застанаа на страната на Арапите и во поголем дел преминале во ислам. Хазарскиот војсководец во војните со Арапите бил син на каганот Барџил. Кога тој влезе со армијата во Албанија, во 730 година, тој наредил да бидат убиени само муслиманите. Оваа наредба на Барџил ги натера Албанците да избегаат и да бараат спас кај Арапите. Во тоа време на Средоземното Море се воделе тешки борби меѓу исламизираните Арапи и христијанската Византиска империја. Во таа борба, Арапите го зазедоа поголемиот дел од Сицилија и дел од Јужна Италија, каде населија дел од исламизираното население од Кавкаска Албанија, кои избегаа пред Хазарите.

Борбите меѓу Арапите и Византијците во Сицилија траеле долго време и во периодот од 827-878 година. Сицилија е поделена на два дела, исламска и христијанска. Во 970 година Византијците успеале да го освојат исламскиот дел и да ги преземат Албанците, од кои дел од овој народ бил конвертиран во христијанството.

По поразот на македонскиот цар Самуил и по подмолното убиство на неговиот син Гаврило Радомир од страна на неговиот братучед Јован Владислав, кој загинал при опсадата на Драч, во дваесеттите години на XI век, византискиот император Василиј II ја завладеал територијата на некогашното Македонско царство, меѓудругото и со дел од териториите кои денес се во рамките на современа Албанија.

Дваесет години подоцна, незадоволни од византиското владеење, народи кои некогаш биле во склоп на Самуиловото царство почнале да се бунтуваат. Во 1040 година, Петар Дељан, син на Гаврило Радомир и унгарската принцеза подигнале востание. Востаничката војска тргнала од Белград кон Ниш и Скопје. Таа насекаде била добро пречекана, се зголемувала и со помош на месното население го освоила Скопје.

Согледувајќи ја сериозноста, византискиот император го испратил Драчкиот гарнизон против востаниците. Но, византиската војска составена претежно од Славјани се побунила и за цар го прогласила еден од византиските воени команданти, Тихомир. Така се создале два востанички центра, кои се заканувале да го расцепат востанието. Но, набргу Тихомир бил убиен и целото водство го презел Петар Дељан.

Синот на Гаврило Радомир, внук на Самуил, упатил дел од својата војска кон Драч и таа подржана од месното население (Македонци, Срби, Власи) ја презеле Драчката тема. Востанието се проширило и во Епир, каде целата Новопактска тема, со исклучок на Новопакт преминала под власта на Дељан. Самиот Дељан застанувајќи на чело на поголемиот дел од војската се упатил кон Солун, од каде побегнал византискиот император Михаил IV, но Солун не бил завземен, а оставениот Манојло Ивец, кој потекнувал од познат македонски род им се придружил на востаниците.

Востанието зело широк замав. Тоа се проширило во Србија, Албанија, Грција и Бугарија. Но, во 1041 година Петар Дељан бил ослепен од Алусијан, вториот син на Јован Владислав, а потоа бил фатен од византиските војски. Востанието, наскоро било задушено, а бегајќи пред византиската војска, во чии состав биле и норвешки наемници на чело со идниот норвешки крал Харалд III, голем дел од македонските востаници се префрлиле на Апенинскиот полуостров и на Сицилија. Дел од нив тука повторно ќе изгинат во судирите со Норманите.

Сепак не биле освоени сите територии кои некогаш биле во склоп на Самуиловото царство. Напротив, Дукља станува независна држава, откако во 1042 година, на крајот од дваесетипетгодишното владеење, кралот Воислав ја добил битката кај Бар против Византија.

Во истата 1042 година,  византискиот капетан Герги Манијак не задоволен од состојбата во Италија се судира со политиката на византиската царица Зое и нејзиниот трет сопруг, Константин IX Мономах. По ослободувањето од должност без причина, тој одлучи да се побуми и со армијата замина за да ја преземе власта во Константинопол. Со својата војска од Сицилија и јужна Италија и дел од Албанците што ги зеде со нив како помошна компанија, со бродови се истовари во Драч во март 1043 година. При тоа Албанците ги повеле своите жени и деца, како што било вообичаено во тоа време. За ова пишува византискиот историчар и сведок на овие настани Михајло Аталиот во делото "Historia, Corpus scriptorum Historae".

Во битката со царската војска во близина на Солун, Герги Манијак загинал и неговиот потфат не успеал. Албанците не можеа да се вратат во Сицилија, ниту да останат на византиската територија, па побараа да се населат во независната држава Дукља. Кралот на Воислав им дозволил да се населат во еден слабо населен планински регион во близина на Рабан, источно од Круја, од каде со тек на вековите Албанските племиња ќе се прошират во регионот.

Македонска нација

 

Славе Николовски-Катин

Славе Николовски-Катин

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

ДЕЛ 11

КОИ БЕА ЕЛИНИТЕ, А КОИ МАКЕДОНЦИТЕ-ВАРВАРИТЕ

 

Почетоците на македонската историја се завиени во целосна темнина. Има остри полемики за етнолошкиот проблем, дали Македонците биле Грци или не.  Лингвистичката наука има на располагање многу ограничен број македонски зборови, а археолошките истражувања во Македонија се вршат со тешкотии. И уште кога ќе се земат предвид политичките услови, религијата и моралот на Македонците, нашето убедување е зајакнато со тоа што тие биле племе блиско до Дорианите.

Останувајќи на крајниот север, тие немаа можност да учествуваат во прогресивната цивилизација на племињата кои отидоа подалеку на југ, и така во времето на Персиската војна се појавија на хоризонтот како и другите Елини, но тие не се појавија како античките Грци, туку како варвари.

Александар I Македонски, кој, иако вазал на Ксеркс, во Персиската војна докажа дека чувствуваше симпатии кон Елините и сакаше да учествува на Олимписките игри, на кои само Елините имаа пристап, најпрво беше одбиен како варварин, но кога го докажа педигрето на својот дом, Аргеада, на Тераклид Темен од Аргос, беше примен како натпреварувач.

Оттогаш кралевите на Македонија имаа третман на Елини, како потомци на Херакле; но, како и порано, така и потоа, народот беше сметан како варвари - дури и од Исократ во неговиот "Филип" - иако во меѓувреме мнозина кралеви имаа многу направено за воведувањето на античката грчка култура во своите држави.

Дури во времето на Филип Македонски, Елините видоа во Македонците не грчки странски народ, а мора да се сфати тоа ако се сака да се разбере историјата на Филип Втори Македонски и на Александар Трети Македонски, особено отпорот и пречките на кои наидоа од страна на Елините. Овој елемент е многу поважен од современото убедување дека античките Грци и античките Македонци беа браќа по вера. Тоа беше подеднакво непознато и за едните и за другите и затоа ова тврдење не би имало политички ефект. 

Одделно од локалната разлика на двата народа, впечатокот што античките Македонци како варвари го оставија кај античките Грци се објаснува со блиското сродство во кое античките Македонци живееја со векови со нивните варварски соседи Илирите на запад и Тракијците на исток. Во рамниот дел на Долна Македонија, северно од планината Олимп, во долните текови на реката Халиакмон и Аксиус, навлегоа античките Македонци на исток од планината Бермион надвор од планинскиот дел на Горна Македонија, а западниот дел беше окупиран од Илирите, додека источниот од Тракијците.

Античките Македонци мораа да го освојат тој простор постепено со борба. Ова е докажано со имињата на два антички македонски главни градови, Егеј и Пела, кои се македонски преводи од оригиналните илирски имиња Едеса (воден град) и Буномус. Покрај тоа што голем број антички жители беа истерани, сепак како што обично се случува, многу останаа и во текот на времето и на кој и да е степен на цивилизација, беа асимилирани и ставени во пониски класи од освојувачите. Истото се случи и со античките Грци кои отидоа подалеку на југ и со месното анадолско население што таму го најдоа. 

Силното илирско и тракиско влијание може да се види во античкиот македонски говор и во обноските. Но, тоа се само дреболии во споредба со античкиот грчи карактер на македонската националност. На пример, имињата на вистинските чистокрвни антички Македонци, особено на принцовите и на благородниците се чисто антички грчки во новното формирање и изговор.

Меѓутоа, основните карактеристики на античките македонски политички институции не се само антички грчки, туку и примитивно грчки.  Старата патријахална монархија над населението и војската заврши со времето на Филип Македонски и Аллександар Македонски, монархија која еднаш постоеше кај сите антички грчки племиња, додека не отстапи пред аристократските форми на владеење под влијание на полисот. Еден од факторите со кој се објаснува долготрајното задржување на старата монархија е тоа што напредната идеја на полисот не навлезе во Античка Македонија.

Од другата страна, пак, силата на кралот кој беше највисок генерал, судија и поп, кој беше приспособен на фактот дека старата античка грчка заедница и војска, во чии очи кралот беше прв меѓу еднаквите што еднаш во примитивните времиња постоеше кај Елините, се одржа до времето на Александар Македонски и потоа со помош на собранието на војската која имаше определени привилегии.

Ова собрание на војската, покрај поврзаноста кон наследното право на Аргеадскиот дом, имаше право и обврска да избира нов крал, кој се потврдуваше со акламација. Ниеден не беше сметан за законски крал освен оној кого собранието на војската го избрало. Другото право што тој го имаше беше тоа што истрагите за велепредавство мораше да се извршуваат пред него. Исто така, имаше работа и со пресудите и со егзекуцијата. Во друг поглед кралот беше претставник на правдата, а неговите поданици се докажуваа кон него со своите  дела и личен пример на вистински патријархален начин на живеење.

Но, Аргеадите не беа првите господари на целата античка македонска нација. Првобитно, племињата во Горна Македонија, Линкеста, Ореста и Елимиота имаа свои принцови и кралеви. Беа потребни мачни борби за да се спојат во македонската држава и веројатно е дека медијатизацијата на овие кнежевски куќи беше извршена од Филип Македонски, кој ја обедини македонската држава.

Војската првобитно се состоеше од дворјанството приврзано на земјата, кое беше обврзано да му служи на кралскиот принц, секогаш подготвено за дејствување. Нивното лично сродство со кралот беше изразено преку патријархалната титула "Хетаирои", кралски следбеник, титула што порано се употребуваше во Елада, како што 2.500-те Мирмидони на Ахил во Илијада се наречени исто така кралски следбеници.

Кога кралот формира совет со неколкумина од овие свои следбеници, членовите беа нарекувани следбеници на кралскиот "ентоираге". Но, тоа не беше вистинското потекло на титулата, како што до скоро се претпоставуваше. Старата Хомерова почесна титула опстојуваше во Македонија многу векови, а ја добиваа дворјаните што го следеа кралот.

Антички Македонец (лево) и Антички Грк (десно)

Ова е карактеристично сродство на кралот со дворјанството, бидејќи тој не се разликуваше од нив според облеката. Тој немаше посебно кралски амблеми, а пурпурна боја на наметките и широки шапки носеа дворјаните. Покрај оваа кралска коњаница, слободните селани селани и овчари можеа да дојдат одвреме навреме во неорганизирани групи и да се борат. Тоа беше само во четвртиот век кога тие се појавија како организирана регуларна пешадија, регрутирана и уредена коњица, во зависност од подрачјето.

Потоа почесната титула кралски следбеник и' беше исто така давана и на пешадијата во форма на пешадиски придружник. Според една двосмислена изјава, ова беше направено од Филиповиот постар брат Александар. Но, тоа веојатно беше употребено само при Филиповата реорганизација на војската. Секако, воведувањето на титулата пешадиски придружник означува дека пешадијата оттогаш дојде во исто лично сродство со кралот чија дворјанска пешадија подолг период имаше поголеми права.

Значи, владателот се движеше во долните класи на луѓето, за да го подига нивниот морал и да ја зацврстува својата сила и моќ. Тоа се случи веројатно само по добивањето на титулата пешадиски придружник кога на пешадијата и' беше дозволено да учествува во собранието на војската и да ги користи нејзините привилегии.

Во стекнувањето на правата и слободите античката македонска монархија цврсто се потпираше врз народот. Иако понекогаш имаше судири меѓу кралот и гордото дворјанство, античките Македонци во целост му беа лојални на својот крал и покажуваа голем респект кон него. Вообичаено беше за војникот да го симне шлемот кога му зборуваше на својот крал, додека пак кралот беше во добри односи и другаруваше со офицерите.

Античките Македонци беа наполно здрав народ, не беа тренирани како античките грчки атлети, туку беа како Римјаните со војнички навики. Но, покрај овие добри особености, тие имаа многу лоши навики останати од дамнешни времиња, како што беше неумеремото пиење, со што во очите на Елините беа вистински варвари. Антагонизмот беше реципрочен, бидејќи античките Македонци беа израстени во една горда и самосвесна нација, која со презир гледаше на Елините. Овој факт е исто така од големо значење за разбирање на подоцнежната историја.

Натамошното проширување на источната граница на Античка Македонија, што под Александар I дојде до реката Стримон (Струма), беше запрено од големиот развиток на Атина која беше на чело на Делијанската лига. Атина како држава се утврди и на северниот брег на Егејот, вклучувајќи го македонскиот морски брег. Таа ги потчини градовите на полуостровот Халкидики, а на крајот ја зазеде и колонијата во Амфипол, близу до планината Струма и така стекна голема благосостојба. Но кога страотната несреќа на Сицилија (413) го предизвика уништувањето на Атина, како голема сила, Античка Македонија, како и другите држави, најде нови подрачја.

 

Продолжува

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

****

САМОСТОЈНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

3. Меѓународното признавање

 

 

 

Многу е веројатно дека средината на 1992 година, периодот што следуваше по Декларацијата во Лисабон, беше "пет до дванаесет", т.е. временска точка од критична важност за приближувањето на меѓународната заедница кон Македонија и за македонската политика на патот кон признавањето. Двете политики беа ставени на сериозна проба. Се сметаше дека Глигоров и Македонија се на историски тест и во голем ризик. Во меѓувреме, неколку сценарија од соседството беа во оптек, имајќи ги предвид последиците од Лисабонската декларација. Владата го презеде ризикот да не ја менува својата политика. Таа политика почна да дава резултати. Големата грчка  пропаганда не беше ефективна и, како правило, покажа дека е контрапродуктивна.

Големиот притисок врз Македонија, предизвикан поради непризнавањето, водеше кон нови опасности и од него земјата требаше да се ослободи. Оддалечувањето на ЕУ од грчката политика и од растечкиот грчки национализам, како последица донесоа три важни одлуки:

- расправата да се префрли во ООН;

- да се преиспита и да се промени ригидниот однос спрема името од Лисабонската декларација и

- да и' се овозможи на Македонија да користи помош и средства од меѓународните фондови.

Одлуката беше донесена на самитот во Единбург одржан на 12 декември 1992 година, кога ЕУ усвои нова декларација врз основа на извештајот поднесен од Роберт О' Нил, европски медијатор меѓу Грција и Македонија, а ги имаше предвид и советите на координаторите за Југославија. Во прилог на ова, ЕУ го одобри предлогот на генералниот секретар на ООН да испрати воени сили во Македонија под името УНПРОФОР, со мандат за набљудување. Во тоа време се зголеми хуманитарната помош на најголемиот број европски држави.

Вистински успех за македонската политика беше фактот што започна процесот на признавање на земјата и на воспоставување дипломатски односи на билетарелна основа. Поголем број на држави го најавија своето признавање,  многу од нив употребувајќи го уставното име на државата - Република Македонија. Но, решавачкиот момент во јакнењето на позицијата на Републиката беше признавањето од страна на Русија, на 5 август 1992 година. Руската одлука значеше многу, демонстрирајќи  пред се' чесен однос на Русија кон балканската криза, а исто така даде поттик и за нејзино преиспитување на дотогашната подршка на Србија и на Грција. Подоцна и НР Кина ја призна Македонија, исто како и Русија - со уставното име, а тоа значеше не само натамошно релаксирање на позицијата на Република Македонија туку и можност за подршка од Советот за безбедност при ОН. Но, и покрај големата и софистицирана афирмација на Македонија, поради влијанието на големото грчко лоби во САД, во Канада и во Австралија ѕидот на изолацијата опстојуваше.

Меѓународните организации и невладините и владините, започнаа да ја прифаќаат Македонија, многу од нив повторно под уставното име. Со таков претекст "македонското прашање" беше интернационализирано кон крајот на истата година и насочено кон глобалниот и комплексен механизам на Обединетите нации.

 

Продолжува

 

"БАБИНА КУЈНА"

Готви.мк

 

Предјадење

ПИПЕРКИ СО БОСИЛЕК И СИРЕЊЕ

 

 

 

 СОСТОЈКИ

 

10 печени пиперки

1 рака свеж босилек

500 гр меко сирење

200 гр  спанаќ

маслиново масло

2 чешниња лук

**

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА 

 

1. Пиперките исчистете ги од семките и пресечете ги на половина.

2. Потопете ги во маслиново масло во кое сте исечкале лук. Оставете преку ноќ во фрижидер.

3. Во сирењето измешајте сечкан босилек и спанаќ.

4. Пиперките извадете ги од масло, исчистете ги и во средина од секоја ставете лажичка фил. Свиткајте и зацврстете со чепкалка. 

 

Добар апетит!

*************************

 

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

******

 

 ТАЖНАТА НЕВЕСТА

 

 

  • За неа китени сватови не дојдоа,
    за неа свирачи гласно не свиреа,
    не се раширија ора свадбарски,
    ниту таа го заигра невестинското
    со бел превез преку лицето.

    Таа не беше невеста во бело,
    не блесна во бела венчаница,
    не доби невестински дарови,
    ниту и' беше главата крунисана
    и љубовта од бога благословена.

    Лицето бело не и' се насмеа,
    срцето од среќа не и' заигра,
    не ја испрати мајка како невеста
    со чеизот спремен да се пофали
    ткаен и плетен од раце нејзини.

  • Таа беше најтажната невеста
    со грутка во грло заглавена,
    наместо на денот да му се радува
    и по среќата да го памети
    срце стегаше да не и' трепери.

    Ете зошто копнее по белина
    зашто не беше невеста во бело,
    не поведе оро невестинско,
    па им се радува на снегулките,
    на нивното оро по светулките.
    *********

    Автор: Розита Христовска, поетеса

    (Од стихозбирката "Душоглед")

Kind regards: 25 јули 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 155