ЌЕ ВЕ ПОБЕДИМЕ ИЗРОДИ. МАКЕДОНИЈА Е СЕ' ШТО ИМАМЕ!

Сотир

Сотир Гроздановски-Македонски

НА СУГАРЕ МУ ПУКНАЛ ФИЛМОТ ПА НИ ВЕЛИ  ЛУТИТО ДЕКА МУ БИЛО СМАЧЕНО ОД ЕДНИ ТЕ ИСТИ КВАЗИПАТРИОТИ И АПАШИ КОИ ЛАЕЛЕ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА СНЕМАЛО

****

 

Прелистувајќи ги насловите на прилепскиот  весник "Народен Глас", од 8 јули 2018 година, вниманието ми го привлече еден невообичаен и иритирачки : "На Сугаре му пукна филмот"! Но, пред да речеме збор два за текстот, би сакал прво да ве запознам со кусата биографија на неговиот автор.

Toa е господинот Горан Сугарески oд Прилеп, роден на 3 август 1973 година,  сега успешен политичар во врвот на СДСМ-та Влада. Тој е правник, производ на престижниот правен факултет "Јустинијан Први" при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, каде станал и магистер по политички науки. Во периодот од 2000 до 2003 година бил советник во советот на Општина Прилеп, каде до 2008 година работел како комунален инспектор.

Во периодот од 2008 до 2016 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија. Како таков, во текот на пратеничкиот мандат, Сугарески бил член на парламентарната делегација за соработка со НАТО, на комисиите за прашања за избори и именувања, за одбрана и безбедност и на Законодавно-правната комисија, како и заменик-член на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во периодот од 2013 до 2015 година бил заменик-координатор на пратеничката група на СДСМ, а потоа станал и координатор до 2016 година. Од 1 јуни 2017 е Министер за транспорт и врски, заменувајќи го предходниот Министер, Владо Мисајловски.

Не можам а да не се сложам со напишаното, па потоа  да ги наполнам белите дробови со чист воздух и гласно да викнам : Каква импресивна биографија! Меѓутоа, и самиот наслов на  текстот на неговата Фејсбук страница доволно кажува, кој е и колку вреди. Што би се рекло, "секоја птица лета во своето јато", па така и нашиот Сугаре, на кого му пукнал филмот, или поарно фитилот, па експлодирал. А како да не! Такви се сите  истренирани НАТО-ци! Тие кога ќе се уплашат од противникот и од вистината која ги следи нивните нечесни дејствија, со надмоќна сила одма удираат по послабиот, дури се' уште можат.

 

Горан Сугарески

Инаку, нашиов Сугаре уште во почетокот на својот повик до македонските граѓани се претставува како обичен "човек" и "вистински" патриот, спротивно на СДСМ-овската идеологија во која било срам да се биде патриот (тврдење на Зоран Заев). Па ево како го започнува своето обраќање, кое ни го пренесува и "Народен Глас" од Прилеп, градот херој за време на Втората светска војна, градот на првиот претседател на АСНОМ, односно на македонската Влада, Методија Андонов Ченто, подоцна ликвидиран од предходниците на Зоран Заев.

 

 

Почитувани граѓани,

Сакам да го изразам моето лично мислење, не политичко, туку лично како граѓанин на оваа наша држава која конечно мора да се придвижи напред за да можеме сите да напредуваме, и продолжува.

Смачено ми е веќе едни исти луѓе секојдневно да ги слушаме и гледаме како прогласуваат капитулација на државата, предавство и нејзино продавање. 

Ниту некој може да поништи и избрише Македонски народ и Македонски јазик ниту тоа некогаш ќе се случи. Ние сме Македонци и така ќе останеме. Доста е плашење на луѓето дека државата ни капитулирала или дека сме ја продале или пак ќе се случи федерализација, тоа никогаш ниту се случило ниту ќе се случи.

Сето тоа е продавање на ветер и магла, само празна политика за да можат да купуваат привремено политички поени. Демек "тие" се борат за заштита на националните интереси, а всушност долги години се штитеше само криминалот што го правеа.

ВМРО-ДПМНЕ согласно нивната програма бараше референдум, ќе има и референдум но не за ВМРО, туку за граѓаните јасно и гласно да си кажеме за што се определуваме.

Нека предложат членови на ДИК и да одиме на референдум, ние народот јасно да си ја изразиме својата волја, се друго е демагогија, лаги и манипулации.

Нашиот народ е многу паметен и повеќе сум од сигурен дека со големо мнозинство ќе ја изрази својата волја дека сакаме да станеме членка на НАТО и ЕУ.

Јас цврсто стојам зад оваа одлука и убеден сум дека и граѓаните на оваа наша напатена држава тоа ќе го потврдат на референдумот.

ЈАС СУМ ЗА ПРОСПЕРИТЕТНА, ЕКОНОМСКИ СИЛНА И ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА.

Фејсбук статус на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

 

8 јули 2018 година

http://narodenglas.com/сугаре-распали-на-фејсбук-смачено-ми-е/

*****

 

ПА ПОЧИТУВАНИ МИНИСТРЕ СУГАРЕСКИ

***

 

Што е многу, многу е и ако е од еден министер на оваа "реформска" Влада предводена од типови како Зоран Заев, Никола Димитров, Оливер Спасовски, Радмила Шеќеринска, Али Ахмети, Бујар Османи ...! Ако не се сеќавате на старата македондска изрека, ќе ве потсетам, за да ја знаете за друг пат. "Баба лаже, трап не лаже".

Ако мислите, пак, дека македонскиот народ е многу паметен, а за сигурно е,   а вие се' уште се сметате од него по паметни и се' уште верувате дека можете  да  го преведете жеден преку река и овој пат, мислам дека ќе се излажете. Но, такви како вас немаат друг избор.  Стиснати в ќош, се' ќе направат само да ја извлечкаат, некако, главата од "ќенефот" на професорката Мирјана Најчевска, но без разум и од таму не се излегува лесно.  Сепак, таа испадна по ербап од сите вас.  На време си ја извлечка  нејзината и побегна од вашето друштво кое нема повеќе каде да бега, туку само да тоне се' подлабоко. Женски инстикт! Нели?

Понатака. Па господине Сугарески, споменувате работи кои изгледа дека само вие ги знаете и разбирате, а ние појма за тоа немаме. Не ли е тоа  премногу арогантно и непристојно? Зарем научните сведочења и сознанија на  поголемиот дел од  македонската академската заедница не се фактор кои треба и вие да го почитувате  кога зборувате и преговарате за нашето име и нашиот национален идентитет? Зарем се' уште не се освестивте и прогледавте дека и НАТО и ЕУ не не сакаат во нивните друштва како народ и македонска држава. Зарем се' уште не ви дојде паметот за да сватите дека и оваа последна покана за НАТО е врзана како и секогаш со тотално разнебитување на народот и државата? Што мислите дека ако ги потпишавте договорите кои македонскиот народ не ги прифаќа како свои, зошто се противуставни и против националните интереси  а вие сепак ги туркате напред како да се правомоќни, мислите дека ќе поминете не казнети? Ова што вие  им го правите на Македонците освен Грците и Бугарите никој друг не им го има направено.Тоа е велепредавство и национален геноцид во 21 век, кој не застарева. 

Вие сте уште еден од вашата фела кој она што пишува во Договорите него разбира, па затоа и се чуди  што Македонците реагиараат така како што реагираат, а вие ги нарекувате дека биле апаши, кучиња кои лааат и квазипатриоти. А што сте вие, почитувани министре? Ако сте, како соучесник, договориле зад грбот на својот сопствен народ промена на неговото државно име заедно со неговото сопствено кој му го дале неговите родители за време на традиционален обред стар со столетија, како да ве наречеме? Човек? Не! Тоа не ви доликува. Вие сте монструм без совест и без ум и разум.

Секој еден учесник во масовните дебати на Фејсбук или Твитер,  е најобичен македонски човек. Прво, загрижен за вашето ментално здравје, а после за судбината на нашата татковина, Македонија. И можам да ве уверам, господине Сугарески, дека е многу поздрав и по чесен од вас и сите вас заедно во вашата криминална влада.  Вие сте обичен криминалец, изродник и предавник.

Не сум сигурен дали сите изречени изрази на револт од моја страна ќе бидат доволни  да поцрвените од срам, но не ги бришам! Ете за инает, министре за транспорт и промет во владата на Зоран Заев и Али Ахмети, мојот "најомилен терорист и "најлојален" Албанец во Република Македонија.

Па што ни останува нам, на Македонците, ако од сето тоа што ви го изнапишаа Грците  и Бугарите за вас, како нарачка, да им го испорачате во најскоро време се одрекнеме и тргнеме по патот кој ни го трасира господинот Заев во новата иднина како "Северни Македонци"?  Зарем од како ќе ја преименувате Македонија во Северна Македонија, која како новостворена држава на Балканот без никакви допирни точки со комплетното наше минато од антиката до осамостојувањето во 1991 година, ќе бидеме и понатака она што се' уште сме? Или ќе постанеме новокрстено бебе без икакви сознанија за нашето  историско минато,  за нашите дедовци, прадедовци и се' друго што сме го наследиле како Македонци? 

Сакаме ли  да влеземе во грчко-бугарско-албанската стапица и сами да  си признаеме дека сме вистински најмлад народ на земјината топка,   створени после Втората светска војна од Тито како луѓе без никакво  сеќавање за светот околу нас?  Да молиме за влез во ЕУ и НАТО, како едина алтернатива за нашето идно преживување на овие простори за кои многу наши предци своите животи ги положиле, како би ние и нашите поколенија  живееле поарно од нив? 

Вредно ли е, воопшто, да се зборува за тоа како реална позиција од која би тргнале во "нови победи" на патот кон иднината  која треба да ја градиме  за македонските генерации кои доаѓаат?

Вашите лаги се толку провидни и аматерски, господине министре, да воопшто  илузорно  е да се зборува за нив било каде и било со кој, а најмалку со вас.  

Дека ние сме останувале и понатака Македонци, те федерализација ниту постој ниту ќе биде, те јазикот ниту е чепнат, како и нашата историја,  ревизијата на школските учебници е во наша полза,  а не задоволување на барањата на најголемите злосторници на македонскиот народ, Грците, Бугарите, Албанците, па и во некоја рака и Србите... сето тоа што се зборува околу, по социјалните информативни мрежи се  лаги и не вистини. Во тоа сакате   да не убедите при здрави очи и здрави уши? 

Па другар Сугарески,  ако е сето тоа само мед и млеко и ништо не се менува со овие силни договори помеѓу Бугарија, Грција и со Албанците во Македонија,  кој ѓавол ве тераше да се мачите и да трошите огромни суми народни пари за таму и ваму по светот да шетате и на крајот да ги потпишете,  а од нив  полза за никого?

Па уште барате референдум,  сакале ли  ние или не, но не за ВМРО, туку за граѓаните јасно и гласно да се искажат, за што се определуваат.

И одново нагласувате дека "нашиот народ бил многу паметен и повеќе сте биле од сигурен дека со мнозинство ќе ја изрази својата волја дека сака да станеме членка на НАТО и ЕУ". Сигурно "ДА", но под условите кои вие немате образ да ни ги споменете, "НИКОГАШ"!

Се' е можно господине  министре, но сигурен сум и јас дека овој пат  многу и од оние кои ги заведовте порано, сега ќе размислат два пати пред да стават гласачко ливче во вашите кутии за нешто што ќе ги турне уште подлабоко во амбис, од кој нема лесен излез.

Ете баш затоа човеков на неговата Фејсбук страница не направи и квазипатриоти и апаши и кучиња кои лаат дека Македонија ќе ја снемало  само да не убеди да престанеме да мислиме подруго од него и неговата дружина. Да престанеме да размислуваме подруго од владата во која е тој угледен член, зошто и после се' што испрочитавме и сознавме од договорите за добрососедски односи и со Бугарија и со Албанците и со Грците, не сме го разбрале добро. "Ние знаеме што е добро за сите граѓани во државата", си размислува министеров со "умот", "па затоа верувајте ни и излезете масовно на референдумот што ви го подготвуваме. Јажето со кое самите ќе сисе обесите со насмевка на вашите лица, нема да ве кошта ниту денар. Грците ќе ни го сплетат како подарок за вашето добрососедско разбирање, на нивните желби". Аха, што велите на ова? 

ТОА НИ ГО ГАРАНТИРА ПРИЛЕПСКИОТ СУГАРЕ, ПОРАНЕШЕН КОМУНАЛЕН ИНСПЕКТОР И СЕГАШНА ЗАКРПА НА ЗОРАН ЗАЕВ ОД МУРТИНО!

 

Ваш Сотир 

 Албанците ја заборавија "Бесата"

ВО АЛБАНИЈА НЕКА НАРЕДУВААТ АЛБАНЦИТЕ, ВО МАКЕДОНИЈА МАКЕДОНЦИТЕ

 

 

Овој албански традиционален "чесен" збор му беше даден на македонскиот народ во 1887 година. Имено, целта на двата народа била обединети во заедничка платформа за единствено македонско-албанско национално ослободително движење.

Прв ваков обид е направен во 1887 година кога македонски и албански патриоти формрале "Албанско-Македонска револуционерна лига". Таа има составено "Апел" во која се нагласува дека:

"По многу обиди што ги преземаме за да и' помогнеме на нашата татковина Албанија,  ние разбравме дека има само едно средство за да се постигне победата. Тоа средство е обединување со нашите блиски Македонци и заедничките акции со нив за ослободување на нашата древна страдалничка татковина. На Македонците што се наоѓаат во бугарското Кнежевство и на оние што живеат во Македонија..."

Како што пишува во "Апелот", Лигата подготвила Устав и Програма за "самоуправа во нашите две области", т.е. во Албанија нека наредуваат Албанците, во Македонија Македонците".

Многу години потоа, Македонците создадоа своја независна држава на еден дел од територијата на Македонија. Меѓутоа, од осамостојувањето на земјата во 1991 година, Албанците заборавија кој е домаќин во Македонија.

Во последните повеќе од две и пол децении тие излегуваат надвор од она што некогаш било договорено меѓу нив. Подбуцнати од истите агентури кои отсекогаш работеле против Македонија, апетитите драстично им се зголемија.

Наместо да се почитуваат заедничките цели дефинирани во минатото, денес албанските политичари помогнати од странската агентура и домашните политички слепци, го окупираа македонското Собрание, ја укинаа демократијата и на насилен пат го воведоа Законот за употреба на јазиците.

Албанците денес се обидуваат со сила да му го украдат правото на македонскиот народ да биде суверен господар на својата македонска земја и покрај почитувањето на сите малцински или ако сакате етнички права. Тие ја заборавија девизата од минатото: "во Албанија нека наредуваат Албанците, во Македонија Македонците".

По настаните во македонското Собрание францускиот амбасадор Кристијан Тимоние изјави дека "може да се проблематизира безусловната препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ поради тоа што без минимум консензус и без цивилизирана дискусија беше донесен Законот за употреба на јазиците во Собранието. Тој изјави дека инцидентите во Собранието не се глетка од парламент на европска држава".

Исто така видно разочаран дека видел настани за кои мислел дека се дел од минатото, тој ќе потенцира дека при донесувањето на овој закон "немало минимум консензус за процедура за усвојување закон и нема цивилизирана дискусија за теми од интерес на граѓаните. Не е мое да судам, но глетката што ја видовме беше се' само не глетка од еден парламент на европска држава."

Претседателот Талат Џафери, во седница како да се одржува во планина, а не во македонското Собрание, со усвојување на Законот за употреба на јазиците надвор од процедурите, по 2001 година повторно "стрелаше" во македонскиот народ, доведувајќи ја во прашање унитарноста на Македонија.

Во тоа имаше подршка од владата на Зоран Заев и неговите 44 пратеници - предавници - слепци кои ја водат земјата кон провалија.

Единствено кој се спротвстави на донесувањето на законот за јазиците во Собранието беше поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Свесен за последиците од законот, за кој и порано предупредуваше за она што се случува во земјата, тој се обиде да го спречи неговорот донесување, но беше спречен од обезбедувањето. Браво за Груевски, но една ластавичка не ја прави пролетта.

Ако видиме што се случи во другите собранија на други земји како се бранат ставовите, се прашуваме, зошто освен вербално изостана другата подршка на пратениците од опозицијата.

Единствена одбрана на унитарноста во земјата сега е во рацете на претседателот на државата Ѓорги Иванов, кој не треба и не смее да го потпише указот за овој закон. Но тој се соочува со закани како од дома така и од надвор.

Албанските политичари во Македонија велат дека Законот за јазиците ќе го спроведат без разлика дали потпишан или не од претседателот. Од друга страна албанскиот премиер Еди Рама, кој упати критики до македонскиот претседател Ѓорги Иванов, се заканува дека "албанскиот јазк не е јазик на непријателот, туку е јазик на уставотворен народ во Македонија. Без Албанците нема Македонија".

Со вакви закани кон Македонците кои не се насилници, се испраќа порака дека македонскиот народ не смее да има држава. Оттука се прашуваме:

Дали треба да станеме насилници, да правиме ужасни работи за да опстанеме и Европа да не сфати сериозно дека постоиме како македонски народ?

Македонците не смеат да дозволат да го сменат името или својот дом некој друг да им командува, но ќе ги почитуваат сите права на етничките заедници. Меѓутоа, доколку некој ја премине границата на пристојно однесување, македонскиот народ ќе нема друг избор освен да се брани.

Подобро е сите да изгинеме и да не запаметат во историјата како Македонци, отколку сами да се избришеме, бидејќи тогаш навистина не сме вределе како народ за да некј не забележи о светската историја.

 

8 јули 2018 година

bukefal.club

 

Џејсон Мико

 

Џејсон Мико

ВРЕМЕ Е ДА КАЖЕТЕ ВО ЕДЕН ГЛАС "НИЕ СМЕ МАКЕДОНИЈА. НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ"!

 

 

 

ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ ВО ДЕНОВИТЕ

ПРЕД ДА СЕ ПОТПИШЕ ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА 

 ***

Американецот Џејсон Мико, голем подржувач на македонската кауза, во својата колумна "Љубовта меѓу Коѕијас и Османи и други факти" објавена Јануари 2018 година им се обрати на Македонците со пораката "Сега е време да бидете единствени и да кажете јасно, со еден глас: "Ние сме Македонија. Ние сме Македонци". 

"Следењето на вестите од Македонија овие денови е како да пиеш вода од противпожарно црево. Прво, го имавме Законот за јазици, кој овозможува албанскиот јазик да се користи низ целата земја спротивно на Охридскиот рамковен договор, за кој во 2001 година ни беше кажано дека ќе го означи крајот на албанските барања. Многу луѓе тогаш безобразно не' лажеа. Да се надеваме дека претседателот Иванов ќе стави вето и/ или дека Уставниот суд ќе го прогласи Законот за неуставен. Како и да е, секој закон што ќе биде изгласан сега може во иднина да биде поништен. Имајте го тоа секогаш предвид.

Потоа, го имавме договорот за 'добрососедски односи' меѓу Македонија и Бугарија, кој беше ратификуван во македонското Собрание со најтесно можно мнозинство. Во исто време, Бугарија го презеде ротациското претседавање со Европскиот совет и најави дека ќе почне да ја употребата времената референца БЈРМ за да и' се обраќа на Македонија. Бугарија, исто така, одбива да го признае постоењето на одделен македонски јазик или национален идентитет. Толку од нејзиното 'добрососедство'.

А потоа,  го имаме и таканаречениот спор со името. Грчката Влада сега бара од Македонија секое ново име да мора да биде користено ерга омнес, вклучително и внатре во Република Македонија, што ќе значи менување на македонскиот Устав. Минатата недела портпаролот на грчката Влада, Димитрис Sанакопулос, за солунското Радио 94,5 изјави дека "ќе има промена на уставното име, за да  се сретнеме на половина пат и да постигнеме решение". Промената на името и на идентитетот со прифаќање на 'меѓународно' име е неприфатливо за кој било народ на планетава Земја. Промената на името и на идентитетот со промена на Уставот може единствено да се нарече - предавство.

Во други вести останувам убеден дека нешто не е в ред со министерот за надворешни работи Никола Димитров. Медиумите јавија дека 20 дена изчезнал од јавноста, а го немаше ниту на социјалните мрежи. Конечно, се појави ви четвртокот, на 11 јануари, во Солун, на средба со грчкиот министер Никос Коѕијас, што е чудно, ако имаме предвид дека само два дена претходно, на 9 јануари, Коѕијас во Атина имаше средба со вицепремиерот Бујар Османи за истото прашање. Кој е вистинскиот министер за надворешни работи на Македонија? Во исто време, Димитров за грчката ТВ 21 изјави дека 'изразот Македонија не и' припаѓа  експлозивно (ексклузивно) на Грција или на 'Македонија', бидејќи се однесува на поширока географска област и оттаму вистинскиот одговор на прашањето на иредентизмот е да се почитува принципот на неексклузивна употреба и дека изразот 'Македонија треба да се користи од двете земји подеднакво'.

Овој чекор е многу чуден, бидејќи ќе ги разгневи меѓународните претставници, кои притискаат Македонија да ги смени своето име и идентитетот без оглед на цената што ќе ја плати, а во исто време со сигурност ќе ги разгневи Грците. А самите Грци имаат доволно свои проблеми, имајќи предвид дека 68% од нивните граѓани се спротивставуваат зборот 'Македонија' да се употребува од страна на ...Македонија. 

Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, лидер на Независни Грци, помалиот коалициски партнер во Владата на Ципрас, побара да се спроведе референдум за спорот со поранешна југословенска Република Македонија. Според грчкиот весник 'Катимерини', тој и неговата партија се на став дека зборот 'Македонија' не смее да се користи од страна на Македонија, што дополнително ги комплицира работите во грчката Влада и во преговорите.

Од друга страна, министерот Коѕијас не ја крие својата љубов кон македонскиот вицепремиер Османи. Во интервју за грчката телевизија АНТ 1, Коѕијас го испофали ставот на Османи во врска со можниот референдум во Македонија: 'Двете славомакедонски партии во своите платформи се обврзуваат да се спроведе референдум. Но, оваа обврска ја нема во платформата на албанските партии. Господинот Османи, кого со задоволство го очекувам во посета утре, тој е вицепремиер на Владата, доаѓа од најголемата албанска партија и рече дека не е многу умно да се спроведе референдум...'

Во ова долго но одлично интервју на англиски, Коѕијас навлегува во многу други детали за проблемите што грчките политички партии ги имаат околу  спорот за името. Притоа, нормално е дека грчката Влада повеќе ги сака ставовите на Албанците од Македонија, на кои, искрено, не им е многу гајле за македонското име.

Едно прашање, кое почна бавно да се појавува во вестите, анализите и коментарите околу спорот, е прашањето на идентитетот. Тоа би тебало да биде главното и централно прашање. Димитров самиот зборуваше на оваа тема кога конечно се појави во јавноста и за Ројтерс изјави дека 'јасно е дека идентитетот е многу важен за нас'. Јас, сепак ова би го преформулирал -идентитетот не е многу важен, идентитетот е од клучно значење.

Посредникот на Обединетите нации, Метју Нимиц, во интервју призна дека 'идентитетските прашања' се од големо значење за 'северниот сосед', што е чудно,  ако имаме предвид дека во август 2017 година за Би-Би-Си изјави дека 'ние само разговараме за име на оваа држава кое ќе се користи во дипломатски цели. Тоа нема да влијае на обичните граѓани. Не преговараме за идентитетот. Да преговаравме за идентитетот, јас ќе се повлечев'.

Се' на се', Македонците се соочуваат со неверојатни предизвици овие денови. Но, мора да останете силни и да се држите заедно, бидејќи во спротивно, разделени ќе бидете лесно поразени. Ова не е време за колебање, за расправии или за меѓусебни борби. Сега е време да бидете единствени и да кажете јасно, со еден глас: 'Ние сме Македонија. Ние сме Македонци", напиша Мико во својата колумна која ја пренесува порталот "Свест.мк".

************

 

Славе Николовски-Катин

Урлих Вилкен

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

ДЕЛ 10

РАЗЛИКИТЕ И ЕДНАКВОСТА МЕЃУ ЕЛИНИТЕ И ВАРВАРИТЕ

 

Напливот на бегање од Елада предизвика и други соодветни барања, бидејќи намесниците и династиите од Мала Азија сакаа да ги китат своите градови со античка грчка уметност и да ги привлечат античките грчки поети, музиката и ораторите во своите дворци. Причината за овој феномен, кој всушност се сметаше како "претходник на  елинизмот", е во фактот што со векови античката грчка цивилизација, постепено од Ијонија, многу длабоко навлегуваше во Лидија, Карија и Лиција, подгревајќи ја амбицијата на нивните самосвесни династии.

Најсилен од сите нив беше Мавзол од Карија. Тој го прошири својот простор на владеење, со рапидно зголемување на населението, каде од античките грчки уметници беа изградени убави палати и храмови. Како вљубеник во античката грчка уметност, тој го издигна својот двор во дворец на музите, повикувајќи антички грчки уметници и поети. Кога умре во 352 година, неговата вдовица Артемида одржа натпревар на античките грчки поети и реториканти на неговиот закоп и започна да го гради гигантскиот гроб, кој веројатно самиот го имал испланирано.

Гробот се сметаше меѓу седумте светски чуда и беше наречен Мавзолеј, термин кој се' уште се употребува за големи гробови, а се употребуваше и во античко време. Ова извонредно здание беше дело на првите уметници од античкиот уметнички свет. Архитекти беа Питеј и Сатур, скулпторски го декорираа Скоп и Леохар, Тимотеј и Бријакс. Друг пример на античката грчка уметност од тој период на Исток од убав мермерен саркофаг, а направен од античките уметници за кралевите на Сидон во четвртиот век.

Но, веројатно највозбудливиот пример за навлегувањето на античката грчка култура во овие земји се содржи во она што го направи помалку значајниот персиски вазал Хермија од Атарнеј (во Тројад), кој живееше во услови на блиска врска со платонистите Ераст и Кориск и како благодарност кон нив е именуван градот Асос. По смртта на Платон, Аристотел се смести таму каде што престојуваше три значајни години од својот живот што ги посвети на истражување и учење, во тесна врска со Хермија.

Додека ги набљудуваме почетоците на мирното и тивко навлегување на античката грчка култура на Исток, како и во Италија и во Картагена на Запад, идејата за национална војна на обединетите антички Грци против Персија се разви во исто време и беше многу пропагирана.

 

Дворецот на музите и Артемида, сопругата на Мавзол

Оваа панелинистичка идеја, како што ние ја нарекуваме суштествената црта на тоа движење, е од фундаментално значење за да се сфатат Филип Втори Македонски и Александар Трети Македонски. Бидејќи тоа беа тие кои, во интерес на својата политика, најпосле го прифатија тој концепт и во свој стил почнаа да го извршуваат. Старата мисла на спротивност помеѓу Елин и варварин поттикна нов нашин на живеење.

Во големата Персиска војна дојде до израз тоа силно самосвесно национално чувство што во голема мера придонесе за огромното зголемување на нацијата во петтиот век. Оваа спротивност беше намалена и ја почувствуваа оние што се бореа да ја одвратат војната на античките Грци, а тоа дојде до израз по 412 година, кога Персија повторно почна да се меша во внатрешните работи на Античка Грција. Тој пат на античките Грци не беше погрешен. Во меѓувреме софистите, почнувајќи од законот на природата, прокламираа еднаквост кај сите луѓе, а со тоа и на Елините и варварите.

Тоа го бараше времето и ги натера луѓето да ја прифатат  панелинистичката идеја. Прв кој јавно ја прокламираше оваа идеја беше елоквентниот Горгија, кој кога античките Грци беа собрани на Олимписките игри - за жал, не знаеме точно во која година - ги наговори да се сложат ("Хомоноиа") да војуваат против Персија и ги повика да ги изберат не античките грчки градови, туку територијата на варварите како награда за оние што се бореа.

Таа војна за освојување на Персија бараше брзо обединување на античките Грци. Панелинистичката програма на Горгија беше брзо пренесена од реторичарите по него, а е оправдана затоа што тоа го зголеми интересот кај народот. Тоа најпрво беше издигнато до историско значење од Исократ, ученик на Горгија, чие огромно значење како политички писател не беше до скоро признато и покрај тоа што неговата ораторска способност никогаш не беше доведена во прашање.

Во 380 година, шест години по Кралскиот мир, тој го создаде своето дело "Панегирик", ремек дело на епидеиктичката ораторија, што ја потврди неговата слава како прв политички писател на тоа време. По форма тоа беше говор пред Олимпискиот празничен собир, по моделот на Горгија, а реално тоа беше памфлет кој циркулираше и се читаше низ цела Античка Грција.

Од панелинистичката програма за помирување на античките Грци со цел да се обедини националната борба против Персија, Исократ одговори на прашањето што не беше поставено од неговите предходници: кој требаше да ја поведе оваа војна. Исократ ги посочи Атина и Спарта. Меѓутоа, поради големите услуги што Атина и' ги даде на Елада, тој побара најпосле да се каже дека Атина има поголемо право на самостојно раководење. Се разбира, Атина мора прво да воспостави поголема контрола на морињата, а со тоа гледиште тој многу итро ја даде иејата за нова Атичка поморска лига.

Тој ја оправдуваше националната борба, која, како и Горгија ја сметаше за војна на освојување, не само заради материјалните резултати на победата - богатството од териториите во Азија би било пренесено во Античка Грција. Со тоа би се надминала бедата, коренот на сите крвави караници.

Од гледиштето пак на националната чест, срамниот Кралски мир би бил поништен, а Елините во Мала Азија би биле ослободени. Крајниот благодет од војната, меѓутоа, би било тоа што со поделбата на опасноста и добивките античките Грци за себе би добиле сигурен и постојан мир.

Пропагандата на Исократ беше извонредно успешна, исто колку и заинтересираноста на Атина како нова поморска сила. Три години подоцна, и секако поради влијанието што тој го имаше врз јавното мислење, беше формирана втората Атичка военопоморска лига. Од друга страна, пак, идејата за смирување на Атина и Спарта и поделбата на управувањето на копното и морето, што тој со одушевување го докаша, беше сметано како утопија.

Сепак беше понесфатливо дека Спарта ќе се откаже од примарноста во раководењето. Во наредните години, откако антагонизмите на водечките држави се зголемија, Исократ наскоро призна дека Елада не ќе има внатрешен мир, па затоа таа ги исполнува условите за општа национална војна. Партикуларизмот претставен со идејата за слободен и независен полис беше многу длабоко всаден кај античките Грци.

Така, Исократ, како и многу други, како што видовме, се сврте кон монархиско решение и сред елинскиот свет се сметаше за силен човек кој не беше врзан со законите и конституцијата на полисот, туку имаше сила и склоност кон панелинистичката идеја. Тој им ја претстави својата програма поединечно на неколку владатели, на Јасон од Фера, моќниот обединувач на Тесалија, на кого му беше дадена доверба во војната со Персија, а потоа на Дионис I, најголемиот владател на Запад. Но, првиот од споменативе наскоро беше убиен (370), а вториот, за кого ваквите планови беа многу туѓи, умре во 367 година.

Исократ, меѓутоа,можеше да чека. Наспроти неговите разочарувања, наспроти неговите одрекувања од Атичката поморска сила во свечениот говор "На мирот" од 355 година, до што беше доведен по пропаста на Социјалната војна, тој жилаво се поврза со панелинистичката идеја. Во меѓувреме, тој живееше да ја види силната експанзија на Македонија на чело со кралот Филип Втори Македонски и почувствува дека таму на север се раѓа една нова сила.

Во 346 година, меѓутоа, кога по многу години војна Атина го склучи Мирот на Филократ со Филип Македонски врз основа на статус кво, старецот тогаш имаше деведесет години - со големо задоволство од обновата на мирот, го зеде перото и во своето дело "Филип" напиша отворено писмо до кралот, ставајќи ја пред него својата панелинистичка програма со покана да ги помири Елините и да ги води против Персија, традиционалниот непријател.

Кој беше тој Филип Втори Македонски во кого Исократ се надеваше дека ќе му се исполнат желбите?

 

Продолжува

 

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

****

САМОСТОЈНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

 

2. Чекори кон независност

Како резултат на распаѓањето на Југославија за Македонците натамошното останување во федерацијата ќе значеше земање учество во конфликтот што не беше нејзин, а освен тоа, сојузувајќи се со една од страните во конфликтот, ќе ризикуваше да ја изгуби сувереноста која со векови беше сон на Македонците.

На 8 септември 1991 година во Македонија беше одржан референдум. На гласањето 95,1% од граѓаните гласаа со "ДА". Така, 8 септември стана нов важен датум во историјата на македонскиот народ, на кој тие се изјаснија за суверена и независна Македонија.

Врз основа на резултатите на референдумот, Собранието на Република Македонија, на својата седница од 17 септември 1991 година, усвои  декларација со која Македонија се прогласи за суверена држава, со што беа комплетирани легалните аспекти на независноста.

На 17 ноември 1991 година Собранието на Република Македонија го усвои и го изгласа Уставот на Република Македонија. Претходно Уставот беше разгледан и "одобрн" од повеќемина експерти од ЕУ, како и од други тела.

Во почетокот на декември 1991 година претседателот Киро Глигоров започна кампања за меѓународното признавање на Македонија. Тој им испрати писма на претседателите на државите во целиот свет, а потоа и одделни писма до членовите на ЕУ и до некои соседни држави и меѓународни организации. Во овие писма меѓународната заедница идиректно беше предупредена дека непризнавањето на Македонија би имало несогледиви последици за мирот и стабилноста на Балканот, па дури и пошироко.

На 17 декември 1991 година Собранието на Република Македонија усвои Декларација за меѓународно признавање на Република Македонија како суверена и независна држава, барајќи меѓународно признавање. Неколку дена подоцна Министерството за надворешни работи и' ги достави на Бадинтеровата Арбитражна комисија сите неопходни документи за признавање на Република Македонија. На 11 јануари 1992 година, на состанокот на ЕУ, извештајот на Бадинтеровата комисија позитивно ги оцени условите на Словенија и на Македонија за признавање и и' препорача на ЕУ да ги признае двете земји. Имајќи предвид, уште тогаш, некои прашања поставени од Грција во врска со името на државата, Бадинтеровиот извештај јасно нагласи дека "името на државата не имплицира никакви територијални претензии". Извештајот беше обнароден на 15 јануари 1992 година. Неколку часа подоцна новинските агенции објавија дека Европскиот совет решил да ги признае Словенија и Хрватска, но не и Македонија, што предизвика шок и големоо разочарување во земјата.

Од тој момент Македонија се најде во многу тешка надворешна и внатрешна ситуација. Разочарувањето ја замени еуфоријата. Јавноста беше длабоко убедена дека меѓународната заедница, во овој случај, ќе ја поправи несправедливата и нечесна политика спрема Македонија во историјата и дека на државата ќе и' биде дадено место што таа морално го заслужува во заедницата на независните држави. Водечките политички кругови, кои една и пол години работеа многу добро и на надворешен и на внатрешен план, исто така беа изненадени. Ова непризнавање националистичките партии го искористија за притисок, конфликти и борба, бидејќи сметаа дека "никаде независноста не била извојувана со писма и без борба и жртви".

Есента 1992 година Грција воведе необјавена и жестока економска блокада врз Република Македонија и на 17 февруари 1994 година ја затвори границата, со намера да предизвика голема економска криза и да го види својот северен сосед "на колена".  Ова коицидираше со  трговските санкции на ООН против Србија донесени во јуни истата година, што од своја страна и' ги зголеми тешкотиите на Македонија. Бидејќи не постој железничка линија со Бугарија и со Албанија, а патниот сообраќај е во  лоша состојба, Македонија целосно беше изолирана. За јавноста овие настани беа парадоксални: Македонија, која направи се' што треба да избегне судир и војна и која мирно, легално и демократски излезе од Југославија, беше де факто казнета и лишена од нормален живот.

Во почетокот на 1992 година ниту ЕУ ниту САД не манифестираа загриженост за конфликтот во поранешна Југославија. Поголемиот дел од сличните федерации и држави при распаѓањето имаа исти проблеми, но тие не се развија во војна или во поголем конфликт. Па така се чинеше дека прашањето на самостојноста на Македонија и грчкиот прв услов да се одложи нејзиното признавање набрзо ќе бидат надминати. Веднаш по состанокот на Европскиот совет, на кој беше признаена независноста на Словенија и на Хрватска на 15 јануари, беше нагласено дека признавањето на Македонија е одложено само за кратко време за да се расчистат некои работи со Грција, но и дека нема да бидат потребни повеќе од неколку недели за да се изнајде решение. Меѓутоа, грчката политика, несомнено во координација со интересите на Србија, стана многу поцврста, поофанзивна и многу поактивна во ЕУ и на други места. Како резултат на ова нејзино ангажирање, на неколку состаноци на Европскиот совет одлуката да се признае Македонија беше одложувана или не беше прифатлива за Грција.

Конечно, во Лисабон, на 27 јуни 1992 година, беше усвоена декларација од Европскиот совет која претставуваше голем удар за македонските очекувања. Во неа се истакна дека признавањето ќе се случи единствено под име што нема да го содржи зборот "Македонија".  Документот ја шокира јавноста во Македонија и и' даде предност на Грција, која продолжи и понатаму со негирање на независноста на земјата, националниот идентитет и меѓународната позиција. Реакцијата на јавноста на овој документ беше лоша, па дури и во Западна Европа и во САД, а некои набљудувачи очекуваа интервенција од соседните држави. Тоа беше врвот на компромисот на ЕУ со Грција, кој концидираше со многу внатрешни контраверзии во самата унија.

Се поставува прашањето: кои беа мотивите за ваквата грчка политика спрема Република Македонија? Зошто Република Македонија предизвика толку големи емоции во Грција (повеќе од еден милион луѓе излегоа на демонстрации во Атина и во Солун)? Зошто независноста на Македонија се поврзуваше со грчката сигурност а на народот му беше наметнато да чувствува дека границите на Грција не се безбедни?

Еден од одговорите лежи во меѓународните последици од признавањето на македонската држава. Во случај да ја признае Македонија, Грција треба да го признае и етничкиот идентитет на македонското малцинство што се' уште живее во северна Грција, да прифати дека Грција не е национално хомогена туку мултинационална држава, со сите можни политички последици, како и да ја прифати европската регулатива за третманот на малцинствата и за заштита на нивните културни права.

Продолжува

 

Баклава со јагоди

"БАБИНА КУЈНА"

Готви.мк 

 

АКО ВИ ЗДОСАДИ СО ОРЕВИ, ПРОБАЈТЕ ФАНТАСТИЧНА БАКЛАВА СО ЈАГОДИ

******

 

 

 

Наместо класична со ореви, пробајте ја оваа фантастична баклава со јагоди, ќе барате парче повеќе! 

 

СОСТОЈКИ:

1/2 кг тенки кори

200 гр мелени ореви

100 гр суво грозје

300 гр јагоди

1 лимон

1 ванилин шеќер

600 гр шеќер

масло

 

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Намастете тепсија со масло, па ставете ја првата кора на дното, ставете втора кора па намачкајте ја со масло и така редете ги околу 1/3 од корите, потоа ставете половина од мелените ореви и сувото грозје.

Преку нив исецкајте тенко јагоди па покријте повторно со кори, потоа фил и јагоди и покријте со кори и секоја премачкајте ја со масло.

Кога ќе го потрошите материјалот, исечете на коцки па печете на 200 степени околу 20-30 минути убаво да порумени. Згответе сируп од шеќер и вода и додајте ванилин шеќер и парчиња лимон.

Печената баклава прелијте  ја со млак сируп и оставете да се излади и да впие.

Уживајте!

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*****

 

 

Жаклина Михајлова

 

СОВЕТ

  • Ако ме прашаат мене совет да им дадам,
    ним страсно ќе им речам:
    "Вистината пронајдете ја еднаш,
    за луѓе да станете веднаш!"

    Погледнете во себе прво,
    исчистете дамари црни,
    извадете љубов и правда,
    добрина и насмевки заборавени.

    Со нив напред тргнете,
    радост на сите дарете.
    Среќата сама ќе ве пронајде,

  • од ќорсокак ќе ве извади и ќе ве следи
    се додека вашето сонце не зајде.

    Оставете зад себе гордост,
    постелете пред себе радост,
    и раната слана тогаш изгорот
    во бериќет ќе го слее.

    Направете паметник вечен
    во вашата душа што твори,
    со добрите дела преслечен,
    низ генерации за вас да се говори.
    ******
    Автор, Жаклина Михајлова, поетеса

 *****************************

Kind regards : 15 јули 2018 гоина

Sotir Grozdanovski broj 154