МАКЕДОНСКИТЕ ТИГРИ СВЕДЕНИ НА ЧУВАРИ ЗА КУЧИЊА

Сотир

Сотир Гроздановски-Македонски

 ЗОШТО СЕ ПРИМЕНУВААТ НЕЗАКОНСКИТЕ АКТИ АКО НЕ СЕ ПОТПИСАНИ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА?

****

Зарем е можно во 21-от век еден од најстарите народи на овие европски простори, Македонскиот, сам од внатре да се изеде и да исчезне за секогаш со помош на својата Влада и без отпор на политичките партии од македонскиот блок? 

 

И за многу помали прекршоци на правниот систем, во  било која суверена и независна држава, народот би реагирал соодветно. Зошто тоа  не се случило на време во една европска држава како Македонија, членка на ОН и призната како суверена и независна држава и покрај тоа што власта во неа е преземена на нелегален и против уставен начин од група уличари, терористи и аболицирани криминалци?

Зошто такви насилници неказнети од највисоките македонски институции и органите на безбедноста на македонската држава  се' уште изигруваат легална власт и во највисокиот законодавен орган на Република Македонија, Собранието, носат  обврзувачки правни акти, а Уставниот и Врховниот суд заедно со државното обвинителство молчат?

Зошто сите протести против албанската платформа, договорот со Бугарија и најназад со тотално уништувачкиот капитулантски и понижувачи "историски" договор со нашиот најголем историски злосторник, Грција, останаа незабележани од светската јавност и се ставени ад акта како безвредни улични случувања?

Како случувања на "безвредни" и "недостојни" за почит  луѓе-Македонци кои се осмелија да побараат помош и права, во нивната сопствена земја,  од владата која во заедница со едно малцинство, кое неколку пати крена рака на нив и на нивната матична и едина држава,  и сепак останаа без заслужено внимание и почит дури и од најголемите македонски политички партии!

Зошто  централното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и сите други, така наречени, "патриотски македонски партии" го напуштија својот сопствен народ за така обезглавен и понижен да моли за  основни човекови права од своите изроди и крвни непријатели, кои  загадувајќи го  македонското општество со својот примитивизам  ни се потсмеваат безсрамно, ѕиркајќи низ пенџерите на нивните богато украсени канцеларии? Зарем никој од нив не чувствува ниту трунка грижа на совеста за тоа што ни го прават на сите нас дома и надвор од родната земја?

Зарем дојдовме до дното на нашето човечко достоинство и останавме без алтернатива за нашата денешнина и утрешнина? До таму, ли, дојдовме за да клечиме како питачи пред европските политички манипуланти и понизно ги молиме да не примат во ЕУ и НАТО? Да не примат како стадо овци без име и без презиме, но и без сопствен кров над главата и без сопствен под под ноѕете? 

Што е тоа што домашните изроди и предавници на чело со Зоран Заев и неговите шарени монструми ги тера да си го продаваат својот сопствен народ и ја разнебитуаваат својата држава за која толку многу се бореа за да ни докажат дека се поарни од Никола Груевски и неговата партија?

Мои драги браќа и сестри, Македонци, причината, секако, е во нашите властодршци. Но,  и еден голем  дел од вината лежи и во сите нас, зошто пропуштивме да го слушнеме злосторниот глас на Зоран Заев кога уривајќи ги државните институции, заедно со шарените револуционери, јасно и гласно ни ги полнеше ушите со зборовите: - кога ќе дојдеме на власт, живи луѓе ќе јадеме! А ние, како замаени и смрзнати Зомби  им ги чистевме урнатините и нечистотијата која ја оставаа по улиците, извикувајќи: Не можете толку да извалкате, колку ние можеме  да исчистиме!

И така тие  си продолжија со уривањето, но сега од внатре,  скриени во убавите владини и министерски канцеларии.  А ние, напуштени,  обесправени  и  голораки, од УЧК-ините борци за "човекови права", до заби вооружени со македонски пари, чекаме да ни дојде правдата.

Втората причина за сето ова што го прават сегашните властодршци е стравот од криминалот со кој се закитени нивните празни глави, па затоа се' ќе направат само да побегнат од одговорноста и  гниењето  по затвори!

Тоа го знаат надворешните  нивни наредбодавци и креатори на деструктивните планови за уништување на македонската држава и народот македонски. Тоа го знаат оние кои веруваа дека со поделбата на македонската територија заедно со македонскиот народ во неа дека конечно и "македонското прашање" за секогаш е решено и затоа тргнаа по светот да бараат други невини жртви да ги доведат до питачки стап. Но, се излагаа. Огнената птица Феникс одново се роди од пепелта и си го врати своето исконско име за да биде   пиемонт на идното обединување на распарчената Македонија. 

Ете тоа е причината што ги натера дивите волци и нивните хранители одново да се вратат на местото на злосторството недовршено во двете Балкански воини во далечните 1912 - 1913 година, за да ја довршат работата како  благодарност, за даровите што ги добија тогаш. Но, како сега се најдоа пред веќе суверена и самостојна и дури од нив официјално призната со нејзиното уставно име Република Македонија, требаше да се изнајде внатрешен играч кој ќе ја доврши  играта, а при тоа целата вина да падне врз народот кој се самоубил доброволно, со помош и одобрување на своеизбрани национални водачи. И, го најдоа Зоран Заев и предавничката македонско-албанска политичка коалиција СДСМ/ДУИ и двата партнери со нивните гнасни опашки од нивното минато.

Зоран Заев заради личните тешки криминални дела спрема сопствената земја и народот македонски и Али Ахмети од ДУИ, албански терористчки командат во војната од 2001 година заради извршените злосторства против македонската држава и народот македонски. И двајцата тешки криминалци и злосторници на кои им се закануваа со робија, без ограничено времетраење.

Но, зарем ние треба да бидеме соучесници во нивните злодела и сами да се жртвуваме за нивниот спас од ѓаволот? Не, никако тоа него заслужуваат, но не само СДСМ, туку и доста други кои со своите злодела се скриваат зад нив.

Зарем не ние веќе очигледно дека во оваа нечесна игра има повеќе играчи? Едни во првите редови, а вторите зад нив како подржувачи во сенка! Инаку, како е можно да се склопуваат меѓународно обврзувачки договори крајно штетни за сите нас кои и' припаѓаме на ова парче земја без подршка на сенката!

Како можат да се во сила и да се применуваат  во Република Македонија, а да не се уставноправно валидни и без потребна согласност на Претседателот на Република Македонија, како еден од најважните столбови на македонската држава? Како е тоа можно да се случуваат такви катастрофални настани  без согласност на народот и опозицијата, а и другите политички партии од македонскиот мнозински блок?

Зарем моќта на оваа не валидна влада е поголема од моќта на сите нас, народот македонски, заедно со огромен број разни  друштва и организации во кои членуваат патриоти и способни луѓе за борба со секакви средства кои ни стоат на располагање? Каде ни се нивните големи водачи кои секојдневно ни ги замаглуваат очите и заглушуваат ушите, седејќи пред ТВ екраните и слушајќи ги нивните анализи за она што веќе и пилињата на гранките цвркутат? Каде се нивните вистински изблици на сочувства со народот кога е во  акции за одбрана на македонската држава и националното достоинството?

Народот треба водачи, а не  реторики со лажни слонови солзи критикувајќи го  Зоран Заев и неговата дружина за злата кои ни ги прави, во кои и самите имаат добар дел од одговорноста. Имаат и те како добар залак од злосторствата, зошто секое зло е дел од погрешно чинење и воопшто ништо не чинење да се попречи злото кое галопира кон жртвата, да ја сотре.

Знаете ли другари и другарки, од политичките партии на македонскиот блок, кога ќе го заслужите гласот на својот народ на идните избори? Тогаш, кога, макар во овие судбоносни времиња за Република Македонија и нејзиниот народ сите заедно ќе  се сплотите во една семакедонска  партија и заедно со нас надвор од земјата да доведеме на власт, во Македонија, луѓе кои ќе ги исправат сите неправди и штети нанесени до сега врз нашата македонска држава и угледот на македонскиот народ и сите други граѓани на Македонија, користејќи ги инструментите на меѓународното право и Повелбата на Обединетите Нации за основните човекови права.

Ако македонскиот народ обединет, за време на Втората светска војна, успеа да ги истера од земјата сите непријателски сили на чело со Хитлера и неговите внатрешни квинслинзи и изроди со Ванчо Михајлов, сега, кога веќе ја имаме својата македонска држава, голем срам би бил за сите нас, ако дозволиме нашите вековни непријатели да не вратат назад во времињата за кои мислевме дека се зад нас. 

Да не вратат во историјата кога со изродите слични на денешниве имаше работа судот  на правдата при вистинската Гоцева ВМРО од 1893 година и подоцна.

Нека типови како Зоран Заев  во македонската историја останат само како лош пример за  идните генерации, како не треба да се владее со Македонија и нејзиниот народ. МАКЕДОНСКИОТ! 

Ваш Сотир

Македонските Тигри во акција

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ДУРИ И ТИГРИТЕ ГИ СВЕДОА НА ЧУВАРИ ЗА КУЧИЊА

 Разградувањето на македонската држава продолжува

 

 

Од како со договорот за "добрососедски" односи со Бугарија се удри по историјата, културата, традициите, со други зборови по идентитетот на македонскиот народ,   дојде на ред името и идентитетот на македонската држава.  Од како пак "нашиот" дарежлив премиер ги исполна сите "хуманистички" "замолби"  и на соседна Грција, како посебен подарок за својот колега Ципрас со задоволство се одлучи, човекот, без да не праша, да ни ги промени  и имињата. На Република Македонија во "Република Северна Македонија", а нам ни одреди да се викаме "Северни Македонци". Па, сега ние сакале или не, тоа беше неговата одлука и точка. 

Ах, ќе забораев на албанската платформа со која албанскиот јазик ( исто така по "замолба"  на Албанците и нивниот врховен поглавица Еди Рама и, се разбира секогаш, со добра волја на нашиот "поглавица") стана "официјален" јазик во Македонија. Претпоставувам  зошто тоа и се случи: - заради закаснетата исправка на "неправдата", со која се оптоварени Македонците. Впрочем тоа стој и во нивната платформа полна со желби и обвинувања   заради "страшниот геноцид извршен во минатото врз автохтоните и државнотворни" Албанци и нивното "попречување" во демографскиот развој со кој имаа "племенита желба" да ја преплават македонската земја  со " поглавици" и  хорди  од  своите  племиња, а потоа да ја "оплеменат со својата висока култура и цивилизациски вредности", земјата македонска.

Но не е само тоа! Албанците  од Бога добија и надокнада во вид на некоја камата за задоцнет долг,  денес да управуваат со половината од македонската држава и задолжително да им ги љубиме нивните раце во знак на благодарност.

И во оваа фаза на обезличување на Република Македонија беа потребни внатрешни изроди и  предавници. Еден од нив, покрај Зоран Заев како "најистакнат државник" во историјата на Македонија,  секако е министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој е исто така своеврстен "капацитет" и голем "македонски патриот" во  полето на безбедноста на македонската држава и народот македонски.

Оливер Спасовски,  пак, како десна рака на својот работодавач и газда на албанско-македонската политичка партија СДСМ, се зафати со редуцирање на "словено-македонските" безбедносни  кадрови во неговото министерство  и замена со "високо образовани и лојални" кадрови од редовите на УЧК.  Како искусни борци за "човекови права",  во неколку "хумани" вооружени акции против македонските "непослушници", овие УЧК-овци денес ја оплеменуваат дури  и владата на Зоран Заев, па Собранието на Република Македонија со својот истакнат, во "херојските" борби кај Вејце и денешен претседател Талат Џафери, и скоро сите министерства со јунаци и "лојални"  граѓани на Македонија, какви ниту една друга мајка, освен албанската, до сега нема родено. 

Набројувањето на албанските кадрови не завршува тука. Нив ги има на секаде, па ајде да наброиме уште некои важни положаи, за да не ни се налутат. Образованието, команданти на најелитните единици во македонската армија, полицијата, па лични  советници на Зоран Заев, па во разни одбори и комисии во кои се решаваат  деликатни прашања за македонската држава и нејзиното име и  идентитетот на Македонците и така со ред до недоглед.

А сега, за да не претераме, ќе одиме уште со најновите и важни новости  во врска со насловот и тоа ќе биде крај за денес.

Објективните македонски медиуми, како "Курир" "Нетпрес" и "Македонска Нација" со неверување констатираат дека од пред неколку дена 30 припадници на Тигрите со потпис на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, а на предлог на нивниот командант Митко Даневски, под казна се распоредени во Единицата за службени кучиња.

Според информациите, причината за ова е нивниот оправдан револт поради политичкиот пазар на релација СДСМ-ДУИ на сметка на Единицата, во која по коалицискиот клуч треба да дојде нов заменик-командант предложен од ДУИ. 

За политичкиот пазар кој постои на сметка на оваа единица јавноста беше неодамна запознаета, но сега ова групно распоредување всушност отвора пат за нови 30 партиски активисти на ДУИ кои заедно со новиот заменик команднт без никаков критериум ќе влезат во оваа елитна единица. Инаку, досега во овие 30 сменети специјалци, државата во просек инвестирала по 100.000 евра од лице во нивна селекција, обука, тренинг и опрема, пренесува "Нетпрес".

Во информацијата се вели дека со еден потпис Спасовски поништува драгоцена бројка на докажани специјалци кои изминатиот период поминаа ригорозни специјалистички алпинистички, нуркачки и обуки за напад од воздух и со тоа свесно ги намалува капацитетите за справување со кризни ситуации на македонската полиција.

Дополнително, се вели во информацијата во "Нетпрес", секој од распоредените специјалци губи во просек од 20 до 25 илјади денари од својата плата, бидејќи им се укинува додатокот на плата како припадници на Тигрите. 

Намерно, ниту еден од нив не е прераспореден во полициски станици или во местото на живеење, со цел понижувањето и казната за овие елитни воини да биде занимање со област која не им е дел од нивната обука, а тоа е водење на кучиња по спортски натпревари и јавни манифестации.

Па, нека ние на здравје драги браќа и сестри, македонската безбедност ни е загарантирана и можеме спокојно да спиеме. УЧКИТЕ бдеат над нашата "Република Северна Македонија" и над сите нас "Северните Македонци", било каде и да сме.

 

Ваш Сотир

 

Илија Чашуле

Илија Чашуле

БРИГИТЕ СЕ ЕДЕН ОД НАЈСЛАВНИТЕ НАРОДИ ВО ЧОВЕЧКАТА ИСТОРИЈА

***

 

Херодот раскажува дека египетскиот фараон Псаметих во седмиот век пред нашата ера (а ова го има анегдотално во секој учебник по лингвистика) направил опит и затворил две деца за да види кој збор ќе го проустат без контакт со луѓе. Тие рекле бекос и Псаметих утврдил дека е тоа фригиски (бригиски) збор и го прогласил за најстар јазик на човештвото. Тоа е легенда, но ако се слушаме подобро, Египќаните ја знаеле големината на Бригите!

Кога некои од Бригите се преселиле во Мала Азија, станале најкултурна и голема цивилизација. Биле извинредни копаничари, песнопојци, играорци, килимари. Фригиската капа станала симбол на слобода дури и во француската револуција. Нивни бил и славниот цар Мида кој од алчност се претворил во злато...

Кога стигнал Александар во Фригија, ги нашол своите земјаци и со тоа го распетлал Гордиевиот јазол (Гордиј е исто фригиски цар).

Тие, и понатаму мигрирале се' до Индија/Пакистан, според индиските научници името на санскритското божество на огнот, Бхригу, е во нивна чест. Да не може човек да се изначуди. Тие што останале во Македонија биле сродни со Пајонците, а старомакедонското наследство и јазик е исто бригиско. (името на Скопје, на Вардар, на Штип е бригиско).

И на врвот на светот, во Пакистан се директните потомци на Бригите (Бурушите) кои во голема мерка го сочувале јазикот. Мене ми се даде честа тоа да го откријам заедно со супстратните елемени во македонскиот и балканските јазици.

Звучи фантастично, но на оваа тема имам објавено 5 книги и дваесетина научни трудови во најугледни списанија.

И ние, јунаци, сме зачувале од бригиското наследство, впрочем, олицетворено и во ендомините Мијаци и Брсјаци ( од Березити).

Имаме со што да се гордееме. Грците бледнеат пред големината на Бригите.

Вистината се тенча, ама не се кине!

 

27 јуни 2018 година

http>//mn.mk/istorija/14763

 

 

Славе Николовски-Катин

Славе Николовски-Катин

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

ДЕЛ 9

МОНАРХИЈАТА-СИСТЕМ НА ВЛАДЕЕЊЕ КАЈ ЕЛИНИТЕ

 

Во античките грчки полиси имаше реакција против идејата за индивидуална склоност.  Се појавија многу мислители, кои, и покрај негативното чувство кон тогашната држава, не ја негираа идејата за држава, туку сакаа да ги лекуваат душевните болести на полисите со предлагање реформи. Најрешителна и најрадикална е извонредната творба, што Платон, најславниот Атињанин од тоа време, ја изгради во своето дело "Република" во кое го зацрта идеалот на државата и правдата.

Подоцна тој беше приморан да согледа дека таа конструкција беше единствена што одговара на боговите, а на крајот од животот тој ја претстави новата идеална слика, земајќи го повеќе предвид вистинскиот свет, ја стави во "Законите" најнапред точно правната кохезија што ја отфрли во "Република".

Иако почетоците и заклучоците на теориите се разликуваа во голема мера, многумина се сложија со идејата дека монархијата е идеална форма на власт. Ова пробудување на монархистичката идеја е едно од влијанијата кои го трасираа патот на Филип Втори Македонски и Александар Трети Македонски во Античка Грција.

Тоа може да произлезе и од индивидуализмот на петтиот век. Во практиката тоа беше унапредено не само со смалувањето на полисот, туку и со појавата на здрави закони на периферијата на античкиот грчки свет, кои ги штитеа или ги прошируваа античките грчки интереси, како Дионис Први од Сиракуза, кој ги заштити западните антички Грци од Картагена, или Јасон од Фера, моќниот господар на Тесалија, на кого многу му сметаше, па дури и Еугора од Кипар.

Првиот од теоретичарите што дојде до монархистичкото решение беше гореспоменатиот циник Антистен. Тоа беше последица на неговите погледи што ги најде во циничкиот модел на еден совршено умен човек, чии иделаи водат во овј свет на здружено човештво. Стилот на времето беше да се погледа во минатото за да се најде основата за потребите на иднината, па така Антистен го претстави Херакле како митски шаблон, кој со своите постојани услуги беше добродетел на човештвото.

Грчки градови-државички

Од историјата на светот Антистен го избра великиот Кирус, основачот на Ахеминедиската империја и го прикажа како да го познаваа и персиските легенди, како идеален монарх кој се грижеше за своите потчинети, како татко за своите деца, или како овчар за своето стадо. Исто така, Ксенофон во својата "Киропедија" го претставува Кирус како иден антички грчки освојувач на Азија, како идеал на светски владател.Така ја презентираше монархијата како правилна форма на владеење, бидејќи таа сама-спротивно на мрачното механичко изедначување на демократите-знаеше како да ги пресмета индивидуалните постигнувања.

Платон во својата "Политика" го изнесе идеалот на апсолутната монархија на мудриот човек, кој можеше тешко да се реализира, и на крајот во своето дело "Закони" тој му даде предимство на ограничувањето на монархијата со закони и на конституционално управување.  Колку силен интерес чувствуваше кон монархијата како вистинско постоење покажуваат неговите повторни посети на Сиракуза и неговите ревносни но и заразни напори да ја облагородни нејзината власт.

Во успешните години Исократ, големиот политички памфлетист, се здружи со оние што во монархијата видоа лек за мизеријата. Во неговите пишани преписи до киприотскиот принц Никокле (во седумдесеттите години на четвртиот век) тој зборуваше сосема јасно за предностите на монархијата, но тврдеше дека самите антички Грци не би можеле да поднесат крал. Токму оваа монархска идеја го доведе до неговиот крај.

И во овие политички мрачни денови на четвртиот век античката грчка цивилизација ги продолжи големите традиции на петтиот век и беше во целосен процут. Како во интелектуалните, така и во уметничките сфери постигнаа извонредни резултати кои останаа вечни. Непротивставувајќи се на својата политичка пропаст на крајот од Пелопонеската војна, особено Атина се' уште ја одржуваше водечката централна положба, што ја стекна во петтиот век во Јонија.

Доколку античката цивилизација прими панелинистички карактер, Атичката империја од петтиот век и покрај краткиот век на траење, не малку придонесе во таа насока. Од Атина, главата на империјата од стотина вазални градови, широка река на атичка цивилизација се пролеа во Елада на островите и во крајбрежните делови на Егејското Море: атичките закони и атичките институции, атичкиот говор и носии надалеку се проширија, особено во Јонија.

Но, ова влијание не беше ограничено само на Империјата. Штом Атина, со пристаништето Пиреј стана економски центар не само на сојузниците туку и на целиот елински свет, таа исто така, како центар на цивилизацијата, како со магнет ги привлече истакнатите интелектуалци и уметници од сите делови. Софистите го најдоа својот центар во Атина, работеа на атичкиот говор и дури помогнаа да се создаде уметнички атички прозен стил, покрај тоа што тешко имаше софист кој беше роден во Атина.

Сите овие влијанија навлегоа многу длабоко за да можат да бидат отстранети со пропаѓањето на Империјата. Исократ, господарот на новиот ораторски стил, можеше да се фали во своето дело "Панегирик" (380) дека неговиот роден град го оставил зад себе другиот свет во мислењето и говорот-во филозофијата и реториката-што неговите учени луѓе станаа учители на другите, дека градот е причина терминот Елин да не значи повеќе расно потекло, туку начин на мислење, а оние што се нарекуваа Елини беа тие што ја зедоа атичката култура од оние, што имаа обично потекло.

Тоа значи дека Исократ го виде вистинскиот Елин само кај античките грчки воспитаници на атички начин и според тоа го стесни концептот за Елинот. Но, тоа не значи, како што обично се претпоставува дека варварите со атичко образование ги сметаше за Елини. Оваа подоцнежна идеја, што ја менува расната разлика на Елинот и варварот, спротивно на цивилизациите, беше сосема туѓа за него поради неговата омраза кон Персија, наследниот непријател, за која тој многу остро се изрази во самата расправа. Секако, тоа е манифестирано во елинистичкото време по формирањето на светската империја на Александар Трети Македонски.

Сепак, кога Исократ го напиша тоа, веќе имаше многу варвари кои повеќе или помалку беа под влијание на античката грчка цивилизација.  Во наредните неколку десетлетија таа навлезе подалеку и во негрчките предели, а во некои делови дури и целосно. Доколку овој феномен имаше свои причини во ширината и потребата од експанзија на античката грчка цивилизација, тоа има најголемо значење за разбирањето на делото на Александар Македонски. Тој ги вложи сите сили не претпоставувајќи ги можностите на стварноста. Но, феноменот имаше и други причини. Едната беше безнадежниот услов на мајката земја која протера многу силни елементи да ја бараат својата среќа во други земји. Веќе ние зборуваме за масите кои отидоа преку море и кои служеа како наемници во Мала Азија или во Египет за или против Големиот крал.

Тажни од загубата на мајката земја, овие многу илјадници наемници, кои живееја во други држави, во период од многу децении, беа приморани, свесно или несвесно, да придонесуваат за ширењето на античките грчки обичаи и живот во тужите земји. Од друга страна, пак, овие антички Грци од најразлични области на мајката земја, живееја заедно во војнички единици и не беа подготвени да го прифатат тоа ниво на локалните особености, што беше надминато според Александар Македонски. Не беа само наемниците и трговците, кои отидоа во други држави заради своите потреби, туку беа прогонети и уметниците кои не можеа да најдат работа во своите сиромашни места.

На Пелопонез, каде цветаше училиштето на Сикион, на почетокот од овој период слушавме за изградбата на славниот храм на Атина Алеа во Тега, изграден од Скопа, славен според својата големина и убавина, слушавме за прекрасните нови згради на Херон од Епидаурус. Но, Атина тогаш беше толку сиромашна, што само потребните згради се градеа и затоа често атичките уметници ги среќаваме во други земји.

 

Продолжува

 

Република Македонија

 

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

***

САМОСТОЈНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

 

1. Распаѓање на Југославија

 

Распаѓањето на Југославија беше резултат на длабоки економски и развојни контрадикции кои социјализмот без демократија, човекови права и пазарна економија не можеше да ги реши. Пресвртен момент, без сомнение, претставуваше XIV-от конгрес на КПЈ од јануари 1990 година. Настаните, несогласувањата и поделбата на XIV-от партиски конгрес имаа катаричен ефект врз јавноста во Македонија. Тие настани веднаш предизвикаа ослободување од партиската елита, масовно преминување на членството во новоформираните партии и, на крајот, преиспитување на позицијата на Македонија во федерацијата. Националистичкиот бран што се појави во тоа време насекаде во Југославија, а особено во Србија, имаше пресудна улога во времињата на македонското јавно мислење. 

Српската православна црква ги обнароди своите претензии за јурисдикција над Македонската автономна црква, додека силните српски политички партии ја преименуваа Македонија во Јужна Србија или во Вардарска бановина, име што го носеше вардарскиот дел на Македонија за време на српското владеење во периодот од 1913 до 1941 година. Во Србија имаше и такви што ја пречкртаа Македонија од новата карта на Југославија. Општо земено,  психолошката подлога веќе беше присутна и се размислуваше за дисолуција од федерацијата, иако недостигаше реална стратегија за стекнување на независноста и самостојноста. 

Во текот на пролетта 1990 година беа регистрирани четири големи политички партии, кои добија голема подршка од електоратот, заедно со 22 помали. На првите парламентарни избори одржани во ноември 1990 година овие партии добија 120 места во Собранието. 

Парламентарните избори од 1990 година произведоа три состојби што имаа далекусежен ефект на раниот период од македонската независност:

- националните партии не го освојиа мнозинството во Собранието. Тоа беше прв и единствен случај меѓу некогашните југословенски републики и редок случај меѓу источноевропските земји на првите парламентарни слободни избори;

- беше формирана експертска влада, која зависеше од консензуалната подршка на граѓанските и на етно ориентираните партии; - за прв пат во источноевропските земји во транзиција една етничка малцинска партија беше вклучена врз еднакви основи не само во Владата туку и во сите владини тела, министерства, агенции итн., делејќи ја одговорноста во процесот на владеењето.

Наа 25 јануари 1991 година новоизбраното повеќепартиско Собрание усвои Декларација за независност на Република Македонија со која, меѓу другото, Република Македонија со која, меѓу другото, Република Македонија беше дефинирана како суверена држава, која во согласност со нејзините интереси ќе одлучува независно за сопствените односи со другите држави.

Во мај-јуни 1991 година следуваше уште еден обид на Глигоров и Изетбеговиќ за "асиметрична конфедерација", последен во серијата преговори.

Крвавата разврска на поранешната СФРЈ започна кон крајот на 1991 година со интервенција на ЈНА во Словенија. Потоа следува Хрватска и Босна. Со Дејтонскиот мировен договор од ноември 1995 година, Босна и Херцеговина стана протекторат на меѓународната заедница.

Продолжува

 

Жаклина, поетеса

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

***

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

 

 

 Жаклина Михајлова

ДВОЈНИК

  • Како на стража војникот
    над мојот разум царува двојникот.
    Исправено, постојано, цврсто стои
    и клука неизмерно во мислите мои.

    Што мислам јас, чудно,
    и тој мисли, откривам!
    Што правам јас и тој прави,
    сокривам:

    Каков леб се дели,
    за какви цели
    образот се бели?

  • Каде ли овој брод оди?
    Кој ли кормилар и во
    кој правец го води?

    Еден куп прашања, рој,
    всушност,
    совеста моја се бори за
    насушност.
    ***********
    Автор, Жаклина Михајлова

Kind regards: 8 јули 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 153