СО ЉУБОВ И ПОЧИТ КОН МАКЕДОНСКИОТ КУКУШ!

Сотир

Сотир Гроздановски-Македонски 

ЗБОГУМ КУКУШ

***

На  21 јуни 1913 година беше изгорен градот Кукуш, родното место на Гоце Делчев, симболот на македонскиот непокор од времето на Илинденското востание,  1903 година.

*** 

 

"Илјадници кукушани и жители од околните помали места ги напуштаат своите живеалишта, и поголемиот број  од нив, преку Беласица, пристигна во Струмица". Се вели во аналите од тие тешки времиња на македонскиот народ.

Сведоштвата велат дека кукушаните додека го гледале чадот од пожарот кој се издигал високо во сивилата на небото, со солзи извикувале : "Збогум, збогум, наш македонски  Кукуше"!

Сведоштвата и на Владимир Алексов Караманов, окружен управител за Кукуш во тие времиња и денес потсетуваат на таа, една од најдраматичните и крвави историски трагедии извршена врз Македонците во егејскиот дел од Македонија,  зграбен 1913 година, окупиран и постапно ѕверски однародуван на начин, својствен за Грците. 

Како што на многу од нас ние  добро познато, балканските војни беа гробари на Отоманската империја, но и на Македонија, како нејзин составен дел над 4 векови. Гробари за турската империја зошто од неа се изнедрија новите балкански државички Србија, Бугарија, Грција и Албанија, а за Македонија затоа што  со помош на големите европски сили, САД и Русија, дојде до распарчување на нејзината  територија, во полза на новостворените балкански државички, а со асимилација на Македонците, до решавање на "македонското прашање". Барем така си мислеа сите учесници во  овој гнасен и не човечки геноцид над еден цел балкански народ.

Меѓутоа, изненадувачки за сите нив, сметките им ги измеша Втората светска војна и новата констелација на силите во Европа: раѓањето на новата Федерална Југославија, во која делот од македонската територија окупирана од Србија, заедно со народот во неа, стана  една од нејзините рамноправни федерални единици со име Република Македонија. Нејзиното  раѓање како огнената птица Феникс од пепелта, постана  коска во грлата на нашите "пријатели" и денешни "стратешки партнери",  и причина за одложување, но не и заборавање, на нивните пеколни планови   за некои други времиња, кога ќе ја раздробат заедничката јужнословенска држава на помали парчиња, за да се вратат назад кон Македонија  и да ја докусурат за секогаш. 

Времињата дојдоа, Југославија ја нема повеќе, нејзините делови заедно со Република Македонија останаа одново закрвавени, искарани и сами на балканските ветрометини во рацете на ЕУ и на НАТО како топовско месо за поткусурување и  остварување на нивните  себични интерси.

Ете тука започнува и новата прикаска за обновување на голготите со кои ние, Македонците, одново сме изложени на нови страдања,  обезличување и со "сопствена волја", нестанување како држава и Македонци.

Сето ова што се случува со  нас и со нашата држава е дел од тие  одложени  западни планови за конечното решавање на "македонското прашање" на начин, кој најдобро им одговараше.

СДСМ на Заев, Димитров,  Грција, Бугарија, Албанија, се дел од таа игра. Но, нејзиниот крај немора трагично и да заврши.  Ние, Македонците,  секогаш сме изнајдувале решенија за нашите проблеми и тогаш, кога не сме имале своја држава, ниту полиција ниту армија, а најмалку образовани  и паметно трпеливи луѓе, кои би можеле да направат многу за сите нас да го сочуваме националното достоинство, заедно со нашето уставно име. Само, доколку се потрудиме и малку повеќе осмелиме.

Да се осмелиме и од  академските редови да ги отстраниме непријателските елементи кои, веќе одамна, отворено работаат против  националните интереси на македонската држава, во полза на  душманите, внатре и надвор, од Македонија.   Ни треба само повеќе самодоверба во сопствените внатрешни сили. А ги имаме и надвор, доста. Имаме над 140 држави, членки во ОН и неколку во СБ на ОН. Потребно ни е посилно единство и заедно ќе ја победиме власта на Заев.

Не е едноставно, но најлоша е меланхолијата која не обесхрабрува и парализира во започнатите акции. Референдумот не ни е нашето решение. Решението е во македонскиот народ дома и во нас надвор. Потребен ние водач-организатор кои ќе не обедини и насочи кон целта, а таа е враќање на македонската држава во рацете, на македонскиот народ. По се' изгледа, ВМРО од 1893 година нема ништо заедничко со раководството на ДПМНЕ како лажен слоган на бугарскиот слуга Љупчо Георгиевски  и затоа не е таа сила која може Републиката и македонскиот народ да го води кон речената насока. Ваквата положба во ВМРО била и во времињата на Гоце Делчев, па затоа не е за чудење ако и денес  има инфилтрирано во нејзините редови, односно во централното раководство, уште по перфидни елементи кои на Македонците не им мислат добро, зошто  се платени со лева, евра или некоја друга валута.

А сега, да се вратиме на македонскиот Кукуш, да го погледнеме не уставниот договор и со Грција, за вистински да видиме , со кој имаме работа, па  да ја завршиме прикаската, за денес.

Борбите за Кукуш започнале на 21 јуни 1913 година, во која грчката војска го опожарила  и за неколку дена тој бил срамнат со земјата. Нивната цел била пред се'  и да се избришат спомените за Гоце Делчев, душата на македонското револуционерно движење за ослободување на Македонија од турското ропство, но и со сите расположиви средства, истребување на  македонскиот народ од  македонската земја. 

Во крвавите борби заедно со Кукуш, нестанале  многу Кукушани. Грчката омраза спрема македонскиот народ и тогаш, како и денес, била брутално варварска и без трошка хуманост. Ножевите и куршумите на грчките злосторници не бирале кого ќе го покосат за секогаш. Како и подоцна во таканаречената Граѓанска војна во Грција, кога без траги нестанаа за секогаш многу деца, мажи, жени, болни или немоќни и за сето тоа останаа до ден денеш, неказнети. 

Но затоа пак  сведоштвата за тие крвави настани, сепак, останаа   за секогаш да не потсетуваат на нивните злосторства, кои безмилосно ги вршеа над македонскиот народ, и  си го чекаат времето кога Грција ќе мора да се појави со своите закрвавени раце, од македонската крв, пред правдата на човештвото.

Тоа е и причината за нивната безкрупулозна уцена врз македонските изроди за донесување погубни и општо применливи договори за самоуништување и бришење на македонската држава и нејзиното исконско име од картата на светот.

Крвави настани има и премногу, кои не смеат да се заборават.  Времињата си минуваат, но спомените на македонските жртви вградени во темелите на македонската држава и општество  секогаш се со нас и живеат во нас како храна што живот значат. Тие  се дел од нашето минато. Од нашата историја!  Плачот на децата, жените, старите и немоќните Македонци се' уште ечи во воздухот кои го дишеме и денес. Тој не гуши, но во исто време не охрабрува иако многу меѓу нас не го чувствуваат како свој. Како плач и бол на нашето национално тело кое остана зад нас за секогаш, како аманет. 

И за крај, сите тие еден ден ќе се срамат, од самите себеси! Ако не' пред нас денес, за сигурно пред некоја нова македонска генерација, која, да се надеваме, ќе се грижи повеќе за се' она што дел од нас, денес, го продаваат за влез во некоја сегашна европска унија и некој "одбрамбен" (НАТО) сојуз, кои тогаш ќе бидат дел од нашата историја.

 

Ваш Сотир

Дел од изворите врз кој се базира текстов е преземен од Википедија и "Македонска Нација".

 

 

Врховен суд на Република Македонија

 

Милојка Калкашлиева судијка на Врховниот суд во пензија

ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР НЕ Е СКЛУЧЕН ВО ИМЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

***

 

 

Договорот склучен на 17 јуни 2018 година во Нивици крај Преспанското Езеро, таканаречен "историски", не е склучен во име на Република Македонија. Тој договор е склучен, како што стои во неговиот текст, меѓу грчката република и некоја втора страна за која не е наведено име, туку е опишана со број и со датум на актите. Република Македонија е држава со име во кое зборот Македонија е име на државата уште од АСНОМ во 1944 година - демократска, народна, социјалистичка, но секогаш Република Македонија, без никаква додавка меѓу Република и Македонија и која до 1991 година беше во состав на Југословенската Федерација, а од 8 септември 1991 година, државата Република Македонија е суверена и самостојна држава со свој Устав и закони, кои, според Уставот, секој е должен да ги почитува.

Според Уставот, меѓународните договори во името на Република Македонија ги склучува претседателот на Република Македонија. Може и Владата, но само кога тоа е определено со закон. Министер, пак, и министер за надворешни работи, воопшто не може во име на Република Македонија да настапи како договорна страна во склучување меѓународен договор. Оттука, Преспанскиот договор не може да создава обврски за Република Македонија, како поради фактот што не е наведено името на државата Република Македонија како договорна страна, така и поради фактот што министерот за надворешни работи се потпишал на тој договор како овластен претставник на втората страна. Владата не можела да му даде овластување на министерот за потпишување таков договор, затоа што Владата не е надлежна да склучи договор за промена на името на државата.

Погрешно е потпишувањето на Преспанскиот договор од страна на министерот за надворешни работи да се доведува во врска со потписот на министерот за надворешни работи ставен на Привремената согласност од 13 септември 1995 година, затоа што Привремената согласност е склучена во време кога во примена во Република Македонија се' уште беше Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори донесен во СФРЈ, кој престана да важи со донесувње на Законот са склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори ("Службен весник на РМ" бр,5/98), во кој детално е уредена постапката за склучување меѓународни договори од страна на Република Македонија.

Освен тоа, во Привремената согласност, ниту, пак, во резолуциите на Советот за безбедност 817 и 845 не станува збор за промена на уставното име на Република Македонија. Промената на уставното име и неговата употреба ерга омнес е "креативно" прифаќање туѓи предлози од страна на оваа влада. Никој нема право за таква промена на името, па ни претседателот на државата за кој нема ограничување за склучување меѓународни договори. Ни тој нема право со друга држава да договара промена на уставното име на Република Македонија. Уставот не предвидел таква основа, а без уставна основа не може да се склучуваат меѓународни договори. Склучениот меѓународен договор мора да биде во согласност со Уставот на Република Македонија, а Собранието може да го ратификува само доколку е во согласност со Уставот.

Затоа, господа пратеници, внимавајте, ваша должност е да го почитувате Уставот, се заколнавте на тоа, вие сте пратеници во Собранието на Република Македонија и вие можете да ратификувате само меѓунарден договор во кој како договорна страна се јавува Република Македонија и чија содржина е во согласност со Уставот. При одлучувањето за ратификацијата мора Уставот да ви биде водилка.

Преспанскиот договор не е договор на Република Македонија. Читајте го внимателно текстот. Нашата држава - Република македонија, ја нема во тој договор. А погледнете во архивата на Собранието и ќе видите колку многу меѓународни договори ратификувало Собранието и на сите стои името на државата Република Македонија. Зарем ќе ратификувате меѓународен договор во кој не стои Република Македонија како договорна страна?

Содржината на Преспанскиот договор не личи на договор, туку на еднострано дадени наредби од првата страна што мора да направи втората страна, за на крајот, втората страна откако ќе направи се' како што бара првата страна, може да очекува и да добие нешто на "подарок". Наредбите, пак, што првата страна и' ги дава на втората страна се грозни, недозволени во меѓународното право и со нив, меѓу другото, се крши Повелбата на Обединетите нации, а во преамбулата на договорот се повикуваат и на неа. Не верувам дека постои држава што такви наредби ќе прифати, а нам Владата сака да ни ги продаде како пат кон светла иднина.

На втората страна и' се диктираат и постапка и содржина за измена на Уставот. Не може Уставот на Република Македонија да се менува по диктат на друга држава. Уставот на Република Македонија содржи одредби со кои е уредено прашањето за измени на Уставот. Според тие одредби, предлог за пристапување кон измени на Уставот може да поднесат претседателот на Републиката, Владата, најмалку 30 пратеници или 150.000 граѓани. Но со предлогот не почнува постапката за измени на Уставот, туку за да почне постапка за измени на Уставот, Уставот предвидува Собранието на Република Македонија да донесе одлука за пристапување кон измена на Уставот, а таа одлука се донесува со двотретинско мнозинство од вкупниот број пратеници.

Срамото и големо понижување за државата ќе биде ако Владата како свој предлог за измени на Уставот го поднесе Преспанскиот договор. Но, од оваа влада и тоа може да го очекуваме. Сепак, двотретинското мнозинство што Уставот го бара и за пристапување кон измени на Уставот, се надевам ќе го спречи тоа.

Но не смее да дојде ни до ратификација на Преспанскиот договор, а ако сепак, за пратениците поважни се интересите на туѓа држава од нашите национални интереси, тогаш надежта ни останува кај претседателот на државата, а потоа и во Уставниот суд, чија уставна должност е да го заштитува Уставот.

Зарем вреди, за датум за пристапни преговори со ЕУ и за зачленување во НАТО, кои се толку неизвесни, да се бара од Република Македонија и од македонскиот народ самоуништување како држава и како народ? А со Преспанскиот договор токму тоа се бара од нас. Да не го дозволиме тоа!

 

25 јуни 2018 година

http://kolozeg.info/2018/

 

 

 

 

 Свекрва

КОМЕНТАРИ

 Одложен е датумот за преговори со ЕУ, а Заев ќе продолжи да ги распродава државните интерси.

 ***

 

 

Македонија не добива датум за отпочнување на преговорите со Европската Унија оваа година, иако тоа беше најавувано од страна на премиерот Зоран Заев, но и Евроатланските интеграции на Македонија не  треба и смее да бидат поврзувани со договорот кој предвидува бришење на македонската држава и народ. Уште помалку промената на уставното име треба да биде предмет на изјаснување на референдум.

Откако Македонија ја изгуби европската иднина, македонскиот народ се соочува со нови уцени.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека очекува лидерите на земјите членки на Алијансата на Самитот во јули да донесат одлука за официјално започнување на преговорите за полноправно членство на Македонија во НАТО, но приемот на земјата ќе зависи од епилогот на Договорот со Грција односно неговото прифаќање на референдум. Тој предупреди дека доколку Договорот за името не помине на референдум, тешко дека Македонија ќе добие покана за НАТО.

По потпишувањето на договорот со Грција, граѓаните на Македонија ќе треба на референдум, кој ќе се одржи во септември или октомви, да го прифатат или отфрлат новото договорени име Република Северна Македонија за севкупна употреба.

Тоа значи промена на Уставот и обезличување на  Македонците, нешто што македонскиот народ тешко ќе го проголта.

Актуелната власт предводена од лидерот на СДСМ Зоран Заев и нивните подржувачи ќе прават се', од уцени, заплашувања, па до разни ветувања, само за да можат да спроведат успешен референдум. Во тој контекст е и уцената на Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг дека Македонија нема да биде примена во Алијансата доколку македонскиот народ на референдум не го прифати новото име, спротивно на сите меѓународни норми и препораките на Меѓународниот суд на правдата.

Ако на Брисел му беше толку многу да го заокружи јужното крило на НАТО со Македонија, тогаш тој ќе не примеше под уставното име, многу одамна без Грција да може да се спротивстави, особено поради нејзиниот банкрот и неможноста да го отплаќа својот долг кон кредиторите.

Очигледно е дека, овде се работи за нешто друго, планови кои подразбираат со преименување на македонскиот народ да му се одземе неговото суверено право на територијата и тука да се населат бегалците и мигрантите кои европските земји не ги сакаат.

Меѓутоа, на ова им се спротивставува мнозинството од македонскиот народ и неговиот претседател Ѓорги Иванов, зошто никој нема право на референдум да го менува уставното име. Нашето име ниту сме го добиле на референдум, ниту смееме да го смениме на референдум. Тоа име им припаѓа на генерации пред нас и на генерации после нас.

Од друга страна македонскиот народ има негативно искуство со референдумот од 2004 година кога граѓаните требаа да се изјаснат за Законот за територијалната поделба на Република Македонија, со кој се направи етничка поделба на албански и македонски "територии".

Тогаш македонските граѓани предводени од опозицијата беа против новата територијална поделба, но тој не беше успешен бидејќи владеачката коалиција на чело со СДСМ го опструира со закани и уцени, барајќи од граѓаните да не гласат на референдумот, со паролата "Некои прашања не заслужуваат одговор".

Исто така, тогаш меѓународната заедница негативно се произнесе по референдумската иницијатива. Најглавни по тоа барање беа САД кои два дена пред референдумот ја признаа Република Македонија под уставното име. Сето тоа резултираше со неуспешен референдум, иако мнозинството се искажало против новата територијална поделба. Едноставно, спречени од СДСМ и залажани со ветувањата на САД, референдумот не бил успешен поради тоа што излезноста била 26,58%, односно не бил постигнат законски потребниот процент од 51% излезност на вкупниот број избирачи.

Денес, четиринаесет години по тоа, самото поставување на референдумското прашање кое би гласело на пример "Дали го прифаќате новото име Република Северна Македонија, само земјата да влезе во НАТО и ЕУ"? Навистина како прашање не заслужува одговор.

Очигледно е дека на актуелната марионетска влада  македонските национални и државни интереси ништо не им значат. Таа е решена по секоја цена да спроведе успешен референдум за да го смени името. За да не им се случи истотот поради кој пропадна референдумот во 2004 година и за да се изигра волјата на народот, актуелната власт размислува за намалување на цензусот за излезност од 50% и измена на Законот за референдум.

Ако се има во предвид дека власта досега го прекрши Уставот и законите на земјата со склучување на меѓународниот договор од страна на Владата, сосема е веројатно и овојпат таа да го изигра и уставниот цензус.

Инаку, ако нема промена во Законот за најавениот референдум, на него ќе треба да излезат повеќе од 900,000 граѓани, што е половина од околу 1,800, 000 гласачи, колку што беа регистрирани на последните избори. А за договорот да добие подршка, ќе треба да има повеќе од 450,000 гласа "ЗА".

Затоа, до колку дојде до референдум, јас ќе ги повикам сите мои роднини, пријатели и сите кои ме почитуваат, да го бојкотираме референдумот.

Исто така, ќе ја повикам дијаспората која ја има историската должност исто како 1990-та година, да апелираат кај своите роднини и пријатели во Македонија да го бојкотираат рефрендумот.

ЗА МАКЕДОНИЈА СЕ РАБОТИ!

 

http://mn.mk/komentari

27 јуни 2018 година

 

Славе Николовски-Катин

Урлих Вилкен

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

ДЕЛ 8

КОНФЛИКТИ НА ЕЛИНИСТИЧКИТЕ (АНТИЧКИТЕ ГРЧКИ) ГРАДОВИ-ДРЖАВИ

 

Спарта беше понижена и не можеше да се меша во наредните години, кога Епаминонда со повторни поход во Пелопонез ја направи целосно немоќна, со ограбувањето на Месенија, врз чии плодови и снабдување со работна сила се потпираше неговата економска и политичка моќ и со организирањето на федерална аркадијанска држава со новосоздадениот главен град Мегалополис.

Меѓутоа, целите на Епаминонда беа поголеми; тој работеше за хегемонија на цела Античка Грција. Доколку, како што беше погрешно претпоставено, неговата намера беше панелинистичка национална политика, како што во тоа време беше политичката ситуација, тој ќе побараше соединување на Елада под раководство на Тебанците за војна против Персија и за уништување на врховната власт на Големиот персиски крал. Наместо тоа, тој се чувствуваше како жртва на проклетството на своите години.

Со цел да воспостави доминација над другите антички Грци, тој преговараше со персискиот крал, кому јакнеењето на атичката морска сила, колку што беше непријатно за око, толку му беше пречка на неговиот пат, па Епаминонда го задолжи својот амбасадор Пелопид да внимава во Суса и понизно да моли за соработка со Големиот крал. Но, во 362 година, кога Епаминонда загуби кај Мантинеј во битка која Големиот крал повторно генијално ја водеше, политиката на Тебанците како голема сила пропадна, бидејќи тоа не одговараше на вистинската моќ на државата која се потпираше и се одржуваше само врз личноста на Епаминонда.

Оваа епизода на тебанската хегемонија не беше од големо значење за античките Грци, туку само предизвика болна празнина во воената моќ на нацијата со уништувањето на Спарта. Во оваа ситуација и втората атичка морнаричка лига не можеше да егзистира. И покрај ветувањата од 377 година, Атина почна повторно да ја води политиката на првата лига во нејзината работа со членовите, па во 357 година Киос, Родос и Кос, побудени од интригите на Маусол од Карија, кренаа востание и се отцепија.

Ништо не може да фрли поголема грозна светлина врз слабите услови на Античка Грција од фактот дека по неуспешната борба во 355 година Атина беше принудена, со закана за објавување на војна од персискиот крал, да им дозволи на отпадниците да си одат: тоа беше новиот и силен крал Артаксеркс III Окус. Така, Атина се откажа од положбата на врховна голема сила, а како резултат на тоа се создаде општ хаос во Античка Грција.

Наспроти античките Грци застана персиската монархија. Бездруго, понекогаш изгледаше дека ќе дојде до раскин преку револтот на намесниците и провинциите, но со помош на античките грчки наемници таа постојано го одржуваше своето постоење; единството на империјата беше прво и единствено, бидејќи во Античка Грција имаше постојана поделба која изгледа не водеше кон обединување на силите.

Во овој конфликт на античките грчки градови-држави со меѓусебен немир, не беа полесни ни внатрешните состојби на различните полиси. Дали моќта ја задржаа демократите или олигархистите, опозиционерите од непријателските партии ја изразуваа огорченоста, а доминацијата на победата стана дури подеструктивна од поразот.

Радикалната склоност на демократите, како во Атина, што започна во петтиот век стана уште поекстремна. Пролетеријатот под раководство на своите демагози се развиваше се' повеќе во доминантна класа, а популарните трибунали, кои, поради покачувањето на паричниот надомест на членовите, беа насочени не само против политичките противници, туку посебно и против сопствениците на имоти, со намера да се конфискуваат.

Тоа беше основа за борба на бедните против богатите и во тој процес се спротнаа многу радикални барања, како што беа поделбата на земјата, укинување на долговите итн. Војната на класите во олигархиските држави се водеше со ист занес. Така, оние што беа прогонети и што банкротираа постојано го зголемуваа пролетеријатот без закани и сила, како што Исократ го опишува тоа во 380, а со голема нагласка во 346 година.

Тоа стана опасност за цела Елада. Притоа немаше големи индустриски капацитети во кои ќе се обезбеди работа за масите. Многумина станаа разбојници по патиштата, а пиратите го направија морето несигурно, но најголем број од нив беа гонети од желбата да се запишат како наемници во служба на некој управувач кој нудеше највисоки примања.

Овој наемнички систем беше големо зло што влијаеше врз целата нација. Златото на персискиот крал беше главната атракција. По шокот на походот на "десетте илјади", тој настојуваше се' повеќе да се потпре врз армијата на античките наемници. Меѓутоа,  неговите напори делумно беа неостварени, бидејќи непослушните наемници  и земјите, како што беше Египет, се запишаа како антички грчки наемници за да се борат против него.

Античка Грција не даваше само војници, туку и офицери. Мнозина од најглавните генерали во тоа време, доколку беа невработени или имаа чувство на одвратност спрема политичките домашни услови, се приклучуваа кон странските служби и често му го вртеа грбот и се бореа против Големиот крал. Ова растурање на националната моќ одеше во корист на странците!

Комотноста што наемниците можеа да ја најдат имаше друга злонамерна последица; во Античка Грција многумина од заедниците започнаа да се запишуваат наемници, со цел повеќе или помалку да ја избегнат обврската за служење војска за својата земја. Дури кога атинскиот Ификрат организира едно ново тело на лесно вооружени припадници, изгледаше дека граѓаните мислеа оти е подобро да се отиде во тешка вежба што е потребна за оваа нова формација отколку да се регрутираат во наемници.

Најлошо беше пропаѓањето на старата идеја на државата што еднаш ги инспирира граѓаните со гордо сознание дека нивна највисока и благородна обврска е да ја бранат својата држава со својот имот и со својата крв. Државата стана се' повеќе почитувана и поддржувана институција, чија главна задача беше да ги убеди граѓаните за можниот лесен и удобен живот и да им организира величенствени фестивали. Така, во Атина, по споменатиот неславен крај на социјалната војна во педесеттите години, неизбежен резултат беше еден пацифизам, кој ја напушти политиката на империјалната сила, поттикнувајќи ги и зголемувајќи ги материјалните интереси.

Но, идејата на полисот не само што ослабе во тешката борба за живот, туку беше разнишана и од теориите на водечките интелектуалци. Индивидуализмот проповедан од софистите во далеку поинтезивната интелектуална револуција на петтиот век, повеќе го јакнеше чувството што дотогаш преовладуваше кај припадниците на државата. На највисоката вредност на животот, според законите што беа донесени за граѓаните на полисот и' се противставија софистите, ги оспорија природните права на единката и ги прогласија законите како конвенции на луѓето.

 

 

 

 

Прокламирајќи го правото на посилниот, тие удрија на корените на полисот. Колку опасно би било оживотворувањето на овие доктрини во практиката, се покажа од намерните настојувања на Алкибијад да изигрува супермен. Сократ, се разбира, се бореше за оддалечување од таа доктрина, но додека неговите барања за професионална обука на граѓаните и за формирање на власт од експерти, одговараше за целосна трансформација на древниот полис, вистинското пропаѓање на полисот, што се случи во четвртиот век, водеше само кон зајакнување на индивидуализмот и напуштање на идејата да управува државата.

Концептот според која личноста е доволна сама за себе со своето знаење и моралност и нема потреба од држават, го доведе Сократовиот Антистен, основачот на циничното училиште, синот на Тракијка која не можеше да стане граѓанка на Атина, до идеалот за една целосна заедница на човечкиот род. И така се појави космополитската идеја, која понатаму ја разви неговиот ученик Диоген од Синоп, кој го искова зборот космополити, "граѓани на светот". Таа фатална фраза со својата волшебност трае до денешни дни.

Меѓутоа, светската империја создадена од Александар Трети Македонски беше поинаква од овој космополитизам. Нема сомнение дека оваа идеја на циниците беше еден од елементите со кои се карактеризира четвртиот век, кој  го подготви елинистичкото мислење за универзална империја.

 

Продолжува

 

Распаѓањето на СФРЈ

 ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

***

ФЕДЕРАЛНА МАКЕДОНИЈА ВО ЈУГОСЛОВЕНСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА

(1945-1991)

 

4. Распадот на СФРЈ и осамостојувањето на Република Македонија

 

 

Кон крајот на седумдесеттите години СФРЈ западна во најсложената политичка и економска криза. Нејзиниот распад беше навестуван и порано, но се чини дека веќе ја достигна кулминацијата. Сепак и од оваа временска дистанца се' уште е тешко точно да се утврдат сите причини и да се  лоцира почетокот на распадот на СФРЈугославија. Јасно е само тоа дека проблемите не ја одминаа Македонија, туку напротив, тие овде беа најизразени.

Во почетокот на мај 1980 година, кога замина творецот на повоена Југославија - Тито, иако беше воведено колективно Претседателство во државата и во СКЈ, тие органи не можеа да се снајдат и успешно да ја водат државата која остана без дотогашниот неприкосновен авторитет. Титовото име уште десетина години беше употребувано како синоним на иднината и како обединувачко лого на државата, но се' појасно стануваше дека нејзе и претстој распаѓање. Летото 1980 година економската нестабилност кулминираше со најголемата инфлација во повоена Југославија, од 45%. Опаѓаше животниот стандард, се зголемуваше незадоволството и порасна националната нетрпеливост. По долги недоразбирања, натегања и дискусии која република да предложи претседател на Југословенската влада, во почетокот на 1989 година за претседател на Владата беше избран Анте Марковиќ, по националност Хрват. Треба да се констатира дека Марковиќ со неколку владини либерални и реформски потези до извесен степен ја врати довербата кај народот. Неговата политика беше безрезервно подржана во Македонија.

Сепак, републиките кои подолго време се подготвуваа за осамостојување (Словенија и Хрватска), незадоволни од тоа што воопшто и се случи изборот на премиер, му ја откажаа довербата и одбија да ги уплатуваат обврските кон Федерацијата. Србија, пак, како одговор на тоа, изврши упад во платниот промет, присвојувајќи голема сума средства од федерацијата. Барањето за поголем воен буџет од страна на ЈНА, која веројатно имаше тајни планови воено да интервенира, не го одобри Анте Марковиќ и тоа го посочи како причина за да се повлече од премиерската функција.

Политичката криза кулминираше во меѓунационалните и меѓурепубличките односи. Иако во Македонија таа криза не беше така силно изразена како во некои други републики и во покраината Косово, факт е дека и македонското раководство беше затечено и дезориентирано. Тоа немаше сопствена визија, па во југословенскиот врв наизменично го подржуваше или она што го бараа Словенија или Хрватска - осамостојување или, пак, она што го бараше Србија - задржување на федерацијата со нејзино рекомпонирање. Раководството на Словенија предлагаше раздружување на републиките, а потоа здружување на економска основа, додека Србија не можеше да се откаже од федерацијата со цел сите Срби да живеат во иста држава. Србија не можеше да ја прифати концепцијата за раздружување и поради нејасниот статус на покраините, кои со уставните промени од 1974 година безмалку функционираа како републики. Бензин на огнот долеа и Меморандумот на САНУ за решавање на српското национално прашање, а некои републики него го протолкуваа како тенденција за нова српска доминација во Југославија.

Конкретниот чин за распадот на СФРЈ беше референдумот на СР Словенија од 23 декември 1990 година, кога 88,5% гласаа за истапување на оваа република од федерацијата, а чинот на осамостојувањето беше проследен и со неколкудневна војна по која Словенија, подржана однадвор, немаше никакви шанси да остане во федерацијата.

 Продолжува

Розита Христовска-Македонска

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

***

 

 

Розита Христовска-Македонска

 

МАЧЕНИЧКА 

 

  • Оваа кротка мајка
    ни даде небо.
    И крилја ни даде да летаме.
    Високо.
    Највисоко.
    А ние што сторивме?
    Сонцето и' го засенивме.

    Оваа плодна родилка
    ни даде ниви и полиња.
    Да сееме и да пееме.
    Да ги позлатиме со жито
    и родот да го жнееме.
    А ние што сторивме?
    Ја накотивме со кртови
    да и ја ријат утробата.
    Да и' ги гризат корењата.

  • И води бистри ни дари
    жедта да си ја гасиме.
    Не се наситивме.
    Сега би сакале
    душата да и' ја земеме.
    Па ајде,
    нафрлете се,
    ете ја пред нас исправена.
    Мајка со душа најголема.
    Мајка страдна намачена
    од своите родени одродени
    и од туѓи посвоени.
    ******
    Автор, Розита Христовска

    17 јануари 2018 година

 *****************

Kind regards : 01 јули 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 152