ИМА ЛИ КОЈ НЕ ЗНАЕ КОЛКАВА Е МАКЕДОНИЈА?

Сотир Гроздановски-Македонски

ЗОШТО ИМ СЛУЖАТ БЕЗБЕДНОСНИТЕ СИЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА?

*** 

Дојде времето кога  навистина треба да се вратиме многу години и векови наназад за да сознаеме - што ги натерало луѓето да се организираат во заедници, кога им било убаво и така, сами со своите семејства да си шетаат слободно низ џунглите и да си ги вршат своите катадневни работи далеку од очите и рацете на другите, по некои специфичности, различни од нив? Зарем имале некои посебни потреби кои самите неможеле да си ги обезбедат за да имаат мир  на својот етаблиран животен простор?  Живееле ли во вистинска  џунгла во која посилниот владеел над послабиот и бидувал изеден  само затоа што тој, посилниот, тоа можел да го стори? Затоа што бил помоќен од другите? Им требалe, можеби,  средства за одбрана од диви животни, елементарни настани, поплави, ветрови, суши, напади од некои други агресивни и плачкашки племиња,  насилници во семејствата, над децата, жените, немоќните...?

Да! Најверојатно сите тие потреби им биле причина да се обединат, со цел животот да си го направат  поподнослив и побезбеден. Затоа, на просторот кои си го означиле  за постојано живеалиште,  организирале  заедници, а да би се разликувале едни од другите, на заедниците им давале посебни имиња.  Потоа си избирале вредни, способни и пред се' чесни и угледни луѓе од својата средина, за да им ги организираат и обезбедуваат заедничките потреби.  И така, стигнале до општества со  посовршени управни системи, што довело и до реорганизирање и усложнување на органите во служба на народот. Се разбира, сето тоа не им го подарил никој, ниту пак дошло лесно и без работа, без борба, без крвопролевање, гинење, со цел  секоја идна генерација да живее поарно  и побезбедно од предходната.

Развојниот  пат  на Македонците во ништо не се разликувал од патот на сите други мали или поголеми народи и нивните општества, почнувајќи  од најдревните времиња, па до овие, поновите, во кои и ние живееме.  Многуте разни племиња со различни имиња, традиции, обичаи, култури, но сепак со заеднички животни интереси биле  најглавните причини да се обединат во еден народ и да живеат мирно и безбедно во една, заедничка држава, нарекувајќи ја, спрема некои свои критериуми, прифатливи за мнозинството, Македонија, а по неа, со името Македонци, себеси.  Тие, како македонски народ, заедно со севкупната македонска територија  ги издржале сите вековни предизвици, успеси и неуспеси, удолнини и угорнини, се' до денешни времиња. Кој не верува, нека ја прегледа Библијата, светата книга на христијанското човештво и неговата мудрост како доказ, зошто таа е дел од летописот на нашето постоење. Таму е вистината за сите кои биле и не биле од нејзините почетоци до денешни денови, денови на лагите, алчноста и искривувањето на вистината.

И ако заради попатните настани кои доведоа до разни географски и насилни територијални прекројувања и  присвојувања од соседите, нанесените тешки и видливи лузни, сепак, Македонците   издржале  и го положиле испитот на историјата како зрел, достоинствен и народ склон на заедништво и соживот, дури  и по цена на самоповредување.

Република Македонија, е   амалгамот на македонското единство. И баш затоа што е симбол на идното обединување на Македонците врз престарите  и не уништиви корени, претставува и денес страв за нејзините  џелати, Грција, Бугарија и Албанија. Во тие незаобиколни факти, лежи и нивната агресивност со која сите заедно и во исто време   се нафрлија со сите свои и туѓи сили да ја докрајчат и разнебитат, за секогаш.

Разликата од времињата кога македонскиот народ опасноста по  слободата и опстанокот на својата држава ја гледаше надвор од своите граници е во тоа, што сега ја гледа   во домашните квислинзи и петоколонаши. Ја гледа во својата Влада и сите административни институции, инфицирани со разни терористи и аболицирани криминалци, отворени и безсрамни слуги, на надворешните наредбодавци.

Јас намерно ги прескокнав добро познатите причини кои на нашите крајно непријателски настроени соседи им послужија како повод за интензивирање на нивните агресивни напори со цел обезличување и добитисување на нас како македонски народ и на нашата македонска држава. Но сепак, јас нема сосема да ја прескокнам правата вистина. А таа е: - да си ја избришат одговорноста пред светот и својата гнасна совест, за сите злосторства направени спрема Македонците во Егејскиот, во Пиринскиот и делот на Македонија во составот на Албанија. Да, точно! Албанија, најмладата  и нај агресивната државна творевина на Балканот, со корени во Азија и една од најнепријателски настроените спрема Македонците, со кој голем дел од нив го делат македонскиот животен простор и благодетите на македонскиот образовен систем и културата македонска. Но, секое добро и зло има свој рок на траење!

Ги прескокнавме годините и вековите и дојдовме до денешнината во која живееме во времиња на монструми, лажговци, мангупи, акрапи, предавници, изроди, луѓе кои за пари си ги продаваат и своите сопствени деца, но што е најстрашно и народот свој кој ги избрал да го водат, да им го органзираат животот и да им ја чуваат државата од надворешни и внатрешни непријатели во духот на  законите и Уставот, како највисок правен акт, во  земјата.

Дојдовме до времињата кога Република Македонија со паѓање во рацете на група криминогени монструми, на чело со Зоран Заев,  ги брои деновите на својот нестанак во полза на окупаторите од времињата на балканските војни 1912 и 1913 година. Во полза на Бугарија, Албанија и од 17 јуни оваа 2018 година и на најголемиот крвник на македонскиот народ во Егејскиот дел на Македонија, Грција. Неверојатно, но вистински и мајсторски остварено. Без куршум да пукне, овој повеќе пати аболициран тежок криминалец со смрзнат и циничен осмев на лицето и човеколико суштество со малку или никакво паметење, нија продаде македонската држава, историјата, културата, јазикот, ни ги преименува спомениците, патиштата, аеродромите, сите национални интереси, идентитетот на државата и народот и накрај им се сврте на народот со ќотек, користејќи ја својата албанизирана војска и полиција. Зошто, затоа што се кренал да си ја брани државата и својата иднина како  народ, македонски.

Можно ли е тоа што се случи со договорот потпишан пред неколку изминати денови, во присуство на високи самоизбрани европски бирократи,   да стане вистинска стварност?  Можно ли е и покрај волјата на македонскиот народ и сите правни акти за национално предавство, во сите светски правосудни системи? Ќе дозволиме ли сите  ние,  Македонците, дома и  надвор, во светот, да си го дозволиме тој отровен луксуз? Луксуз, кој ни "овозможува"  доброволно со насмевка на лицата да исчезнеме заедно со нашата древна историја, јазик, култура, литература, фолклор, традиции и да прифатиме ново име за нас и за македонската држава? Да прифатиме  само затоа што тоа го посакуваат Грците, Бугарите, Албанците и таканаречените "големи демократски" сили, кои попат речено, но важно да се посочи, деновиве се повлекоа  и од ОН од Повелбата за ЧОВЕКОВИ ПРАВА, и со наведнати глави, посрамени како кукавици за век и веков да го продолжиме нашето ново постоење, како северни Македонци?  Без никакви врски со нашето минато, како ново родени деца? Ќе му ги исполниме ли болните амбиции и желби за власт на монструмите  Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, Никола Димитров,  Љубомир Фрчковски,  и редица други недоветни и умоболни таканаречени интелектуалци како Мирјана Најчевска за која Македонија била ЌЕНЕВ и Мирослав Грчев  за кого македонската нација била фашизоидна и створена од Тито, или обединети сите заедно ќе ги испратиме на "одмор" на историското ѓубриште, каде и припаѓаат, за секогаш?

 

Ќе им дозволиме ли на вистински не народната  од надвор поставената власт и на поранешните терористи и аболицирани криминалци,  безбедносните сили на Република Македонија  да ги користат  за тепање на македонскиот народ, или сите обединети ќе го интензивираме нашиот се'македонски револт на непокорот до истребување на гнидите и вошките со посилни и по ефективни пестициди?

Друг избор немаме!

 

Ваш Сотир 

Алдо Климан

 

Алдо Климан

НА 17 ЈУНИ 2018 ГОДИНА ЦРНИ СКОТОВИ НИ ЈА СИЛУВАА НАШАТА МАЈЧИЧКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

***

 

 

Пред очите на сите Македонки и Македонци, потомци на славниот и нескршлив македонски народ и пред очите на целата светска јавност глутници подмолни македонски заговорнички скотови и ѓубриња заедно со острвените грчки фашизоиди и нивните европски и светски помагачи во тој гнасен нецивилизациски чин безмилосно и безумно ја силуваа нашата невина , достоинствена и горда мајчичка-татковина, Македонија.

 

Потпишување на договорот со Грција: Зоран Заев и Алексис Ципрас стоат и Никола Димитров и Никос Коѕиас седат. Нивици 17 јуни 2018 година

За да го спроведат злосторството до крај, црната квислиншка тројка Зоран Заев, Никола Димитров и Радмила Шеќеринска и нивниот големоалбански аѓутант Бујар Османи се на самото место во Нивици, во тоа македонско место што ни криво ни должно влегува во најмрачната македонска и светска историја, место на грчко-македонската граница преку која во очај и ужас, пред фашистичките грчки штикови и митралески престрелки во 1948 година бегаа и стари и млади, болни, ранети, жени и деца, нашите македонски прогонети душишчки од Егејскиот дел на Македонија, безмилосно искорнети од своите топли дедовски огништа и домови, искорнати од животот. Тие предавнички изроди, со опинци наместо образи, беа дојдени во Нивици еднаш за сите времиња токму ним, на тие наши страдалници, да им ја запечатат устата, да им го сотрат правото на сеќавања на својот дом и на сите нивни далечни семејни слики и спомени.

Злосторничките грчки фашизоиди и исконски мразители на се' што е македонско, Алексис Ципрас и Никос Коѕијас, се посветените богови-силуватели на Македонија, на кои нашиот мизерен предавнички и капитулантски џган на поддавалник им ја предадоа Македонија, во целосна немилост.

Во Нивици се и црните Кумови на овој невиден меѓународен злостор Јоханес Хан, Федерика Могерини и Метју Нимиц. Тие морални очајници беа таму како мрачни секунданти на Европа и на светот што сосема го изгубиле хуманистичкиот компас, за да видат со свои очи и да им потврдат на своите налогодаватели дека смртниот злостор успешно е извршен и оти Македонија и дефинитивно е мртва, а македонскиот народ избришан од списокот на народите во светот.

Триумфот на домашното и меѓународно криминално-политичкото зло е целосен! А денешниот "славеник" Никола Димитров, пак, свечено изјави дека овој ден е историски.

Да, мизерен предавнику Димитров, но историски денови се и деновите што се запишани со црни мрсни букви на најстрашни и најбедни моменти во човечката цивилизација. А ова е токму таков ден: Најцрн, Највалкан, Најстрашен ден во историјата на македонскиот народ, но и во историјата на Европа и на светот, а твојот гнасен потпис овој ден ќе  го овековичи на црните страници на историјата.

Погледнете се само вие неколкумина организирани неранимајковци, Заев, Димитров, Шеќеринска, Османи, Ципрас, Коѕијас, Хан, Могерини и Нимиц, така собрани на некрофилската гозба над гробот на Македонија! Тоа е целото ваше приватно друштвенце што ја подготви оваа злостотничка трпеза и што денес се храни со смртта на нашето македонско име, со смртта на нашата татковина Македонија. Тоа е тоа ваше мало, безобѕирно, дрско приватно друштвенце - наспроти целиот македонски народ!

Па зарем мислите дека тоа ќе ви помине?! Борбата со вас и со вашиот мрак е немерливо зло кое допрва почнува!

Сите вие заедно и секој од вас одделно е persona non grata во Република Македонија!

Зоран Заев е непожелно лице во Република Македонија!

Никола Димитров е непожелно лице во Република Македонија!

Радмила Шеќеринска е непожелно лице во Република Македонија!

Бујар Османи е непожелно лице во Република Македонија!

Алексис Ципрас е непожелно лице во Република Македонија!

Никос Коѕијас е непожелно лице во Република Македонија!

Метју Нимиц е непожелно лице во Република Македонија!

Федерика Могерини е непоженло лице во Република Македонија!

Јоханес Хан е непожелно лице во Република Македонија!

***

ПРЕТСЕДАТЕЛЕ ИВАНОВ НЕСИ САМ! СО ТЕБЕ Е ЦЕЛИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД!

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!

ДА ЖИВЕЕ СЛОБОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

 

17 juni 2018 година

https://republika.mk/928386

 

проф. Јован Донев

 

Јован Донев

СО СИТЕ СИЛИ ЌЕ СЕ СПРОТИВСТАВАМ ОВОЈ ДОГОВОР ДА НЕ ВЛЕЗЕ ВО СИЛА

***

 

Тој ќе биде единствениот договор помеѓу две држави, во кој едната страна доброволно, што викаат Србите "ничим изазваним" капитулира и се откажа од својата историја и култура. Го менува името на сопствената држава, а со тоа и националната припадност на сите граѓани. Овој договор  истовремено ќе влезе и во сите учебници по историја на демократијата. Ќе преставува пример, но и поука, дека најголема закана по демократите не е крајната левица или десница. Најголема закана е кога власта ќе ја преземе клика која бесрамно го лаже и манипулира сопствениот народ. Нешто, од што демократските системи не можат да се одбранат, бидејќи очекуваат лидерите да имаат високо подигнат праг на сопствен систем на морални вредности и патриотизам.

Цивилизациски достигнатиот систем на морални вредности е основа врз која почива секој еден демократски систем. Насилничкото однесување кое го покажува оваа владеачка клика, (а кое, како и секое насилничко однесување, е резултат на простаклук, предизвикан од недостаток на систем на морални вредности) во однос на сите национално битни прашања (употребата на албанскиот јазик, договорот со Бугарија, како и овој договор со Грција), веќе го доведува во прашање и постоењето на македонската нација. Нејзиното упорно инсистирање на поседувањето на апсолутната вистина за тоа што е добро, а што лошо за граѓаните на оваа држава, ги поткопува основите на македонската нација. Всушност, примената на ваква практика, која е резултат на непостоењето, ниту на минимален праг на морални вредности, би ги загрозила темелите на секоја една нација во светот. Не постои ниту една власт во светот, која по вакви сериозни прашања не побарува јасен национален концензус.

Примерот со Грција во овој момент се чини е најприкладен. Грчката влада со овој договор доби се' што посака, но сепак, на барање на опозицијата, се согласи за неговата содржина да се расправа во парламентот. Во Македонија, нашата легално избрана владеачка гарнитура, не само  што тоа не го стори, не само што како црн ѓавол, криеше за што преговара, туку се бара прво македонското собрание да го ратификува договорот, а потоа да се оди на референдум. По свадба тапани. 

Оној момент кога преку ратификација, овој договор ќе стане важечки, ниту свети референдум веќе нема да може да ја смени новата фактичка состојба. Токму и затоа во текстот на договорот во однос на референдумот стои "ако се одржи...".

Поразително е, но за жал, ваквите трикови на владеачката клика како и во случај со Законот за употребата на албанскиот јазик, прво Собранието да го усвои, а потоа да се испрати во Венецијанската комисија, покажува дека тие не само што немаат никаков морал, тие не' сметаат, сите колку што не има, на број, за морони. Не' гледаат во очи и без око да им трепне лажат. Лажат сушат!

Текстот на постигнатиот договор помеѓу Заев и Ципрас не заслужува никаква елаборација.

Сепак, тој е добар повод за семакедонско обединување. Стана сосема јасно дека во овој момент граѓаните на Република Македонија, припадниците на македонската нација, немаат влада која ги штити нивните интереси. Може да звучи и патетично, но време е еднаш за секогаш да ја научиме основната лекција на демократијата. Секогаш гласај за некого. Никогаш не гласај против некого. Грешката што ја направивме сите заедно на последните парламентари избори ќе ја платиме како што ги плаќавме и сите грешки, до сега. Но тоа ќе се исплати само доколку ја научиме лекцијата. Без оглед кој и да е на власт, само ние, сите заедно, сме чуварите на нашата држава и нација. Ние, а не некоја неморална владеачка клика, ќе ја одредиме нашата судбина. 

За да го постигнеме ова, јасно и гласно треба да кажеме: не е време за референдум! Време е за вонредни парламентарни избори! Само на такви избори, доколку победи партијата која сака да ми ја смени националната припадност, тоа ќе го прифатам.

 

Се разбира нема да ми биде драго, но ќе ја почитувам волјата на мнозинството граѓани. Се' до тогаш со сите сили ќе се спротивставувам, овој договор да не влезе во сила.

 

15 јуни 2018 година

https://www.mkd.mk/kolumni/ 

Дафина Стојаноска

Дафина Стојаноска

ПИРЕЈОТ И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НИКОГАШ И НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ГО СОТРЕ

"Пиреј е троскотна трева, а некои ја викаат и коштрева. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева"

***

Се појави еден лик во државава и се осмели и пирејот да го откорне, да го сотре. Нема право - да, но има смелост, има дрскост, има невиден потценувачки однос кон Македонскиот народ. Досега не е роден ваков изрод. Ваков предавник не се памети. Немало досега.

Македонијо! Срами се од овој човек. Не знае што прави. Продава мајка и родна куќа, а се колне во истите. Се колне во сопствените деца. Не ќе да е овај Македонец. Или не заслужува да биде. А, повеќе и не е. Тој е граѓанин на Република Северна Македонија. И, да, се гордее со тоа што го направил.

Да згрешиш не свесно, несакајќи, немислејќи, можеби и да е за простување. Но, да згрешиш свесно, знаејќи што правиш, тоа не е за простување. Колнат многу Македонци денес. Не им е за замерка. Колнат, зашто им е продадена земјата, зашто им е продадено името. И, не, ова не е за простување. Никако не е.

Зарем татко на деца може да се колне во истите и да го прави ова? Каков пример е тој за сопствените деца? Каков пример е тој за неговите сопартијци и гласачи? Кога се осмели името да го продаде, зарем може некој повеќе да му верува?

Да, ја доби подршката (не толку од сопствениот народ, колку од надворешните "помагачи"), но никогаш нема да ја добие прошката за ова. Не дури дише, туку и потоа.  Да те проколне сопствениот род е најтешката казна. Нема мир да има дури е жив и потоа. А, тоа потоа, значи дека клетвата ќе ги гони и неговите поколенија. Зашто, тој упропасти цели идни поколенија на Република Македонија. Зашто, тој ја поништи Република Македонија без око да му трепне.

Од говорот на телото добро ја совладал само онаа здрвена насмевка, онаа дрска здрвена насмевка која му се потсмева на Македонскиот народ, онаа дрска здрвена насмевка која ја имаат и луѓето околу него. Зарем сите се негови истомисленици, зарем сите се предавници на сопствениот народ? Цинични се сите нивни насмевки во однос на ова велепредавство. Се смеат, а те продаваат. Се смеат, а те уништуваат.

Народе мој, народе македонски, срамете се од денот 17-ти јуни, лето господово 2018-тата година. Тоа е најцрниот ден за Македонскиот народ и Македонската историја. Тоа е денот кога престана да постои Република Македонија.

Но, ако Петре М. Андреевски го споредува Македонскиот народ со пирејот, ако некој си мисли дека успеал да го откорне пирејот, гадно се излажал. Пирејот и Македонскиот народ никогаш и никој не може да ги сотре.

Петре М. Андреевски и 12 години по неговата смрт живее со неговото слово и неговите дела за Македонија. Тоа е Македонец кој живеел, творел и создавал за Македонија. Ваквите великани живеат и по нивната смрт. За разлика од нив, живите предавници ги проколнуваат уште на живот.

Слава му на овој Голем Македонец, а срам и арам на предавниците на Македонија.

"Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е, ести голем, ако останеме без името наше, од кое уште се плашат ко од чума. А без име, векутуми, а без него и гробовите ќе ни бидат празни..."

 

15 јуни 2018 година

http://media24.mk/2018/

 

 

Славе Николовски - Катин

Славе Николовски-Катин

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

ДЕЛ 6

ВИЛКИНСОНОВАТА БИОГРАФИЈА ЗА АЛЕКСАДАР МАКЕДОНСКИ

 

Авторот на историскиот роман за Александар Трети Македонски и Македонската Империја се служел со различна и огромна литература. Затоа, може да се рече дека горе изнесеното е состојбата на литературните податоци за животот на Александар Македонски. Интерпретациите на неговата кариера се потпираат само врз оваа мала група извори. Биографите на Александар Македонски се разликуваат во зависност од тоа кој извор го избрале: се прифаќа Куртиус овде, или се одбива Аријан таму, се прифаќа Диодор овде, се одбива Плутарх таму ит.н.т.

Некои современи писатели го достигнаа врвот на своето истражување, каде што концептот за Александар Трети Македонски стана повеќе определен, а тие почнаа да го одбиваат или да го прифаќаат податокот во зависност од тоа дали тој се содржи во нивната карактеризација.

Овде нема потреба да се нагласува таа опасност. Стапицата лесно се поставува ако се има предвид дека податокот е брзо прифатен и конфузен. Освен тоа, современиот научник, веројатно под влијание на други научници, понекогаш присилно бара модел во карактерот на Александар. Но, зошто Александар Македонски (или која да било друга историска личност) мора да се однесува секогаш исто? Зарем мора да има некаков систем во Александровите акции?

Може да биде вистина, на пример, дека Александар Македонски можел да биде брутален и љубезен, во зависност од своето расположение, или според она што било погодно за неговите намери во моментот. Можеби во неговиот карактер доаѓало до израз и малку мистика и нерационално однесување, но не во нормалниот портрет како лукав војник и пресметлив државник.

"Вилкинсоновата биографија за Александар Македонски е трајна, бидејќи содржи комплексност на човек. Таа не настојува да го прикаже како посебен модел. Го опишува како индивидуа со постигнување на успехот кој му донесе моќ. Вилкенсоновиот Александар Македонски не е обичен човек. Никој што има направено толку многу и во толку кус период не може да биде обичен, но за Вилкен тој сепак останува човечен. Тоа е судбината на Александар да се однесува како човечко суштество, да се движи на голем простор, учествувајќи врз животите на безбројните луѓе во своето време и предизвикувајќи фантазии кај оние што живееја по него", ќе напише Еуген Н. Борза кој е автор на англискиот предговор на романот "Александар Велики" од Урлих Вилкен, а Славе Катин е автор на преводот на македонски јазик на истиот предговор.

Според Урлих Вилкен, не е лесно да се пишува за посебниот живот на Александар Македонски во континуитет, поради празнините и искривеноста на настаните кои преминале во преданија. Без сомнение, тешко е кога описот е наменет во прв ред за широкото население и за образованите читатели со нивните различни интереси и различни склоности и ставови кон древниот свет.

 

Не е лесно да се сфати личноста на Александар Македонски. Откако Драјзен во 1833 година го поплочи патот за идните истражувачи со своето извонредно дело, правејќи го првиот чекор, ваквите различни концепции на великиот монарх беа забрзани и затоа не би било претерано ако се рече дека секој истражувач има еден Александар за себе.

Како дојде до тоа и по еден век на ревносно проучување, Александар Македонски се' уште да биде проблем и предмет на расправа? На прво место треба да се земе предвид фрагментарниот карактер на нашите традиции. Како последица на доминантното влијание на класицизмот во времето на кралевите голема загуба претрпе, главно, елинистичката проза, а особено литературните дела за Александар, посебно помеѓу неговото време и владеењето на Августин.

Зашто подоцнежните автори ги искористија и создадоа идеи приближни на старите автори кои пишувале или во времето на животот на Александар или веднаш потоа, како што се Калистен, Онесикрит, Неарх и други, или Клитарх, кој околу 310 година пред н.е. го направи, веќе делумно легендарниот Вулгате, или Аристобул и Птоломеј, синот на Лаг, кој како крал на Египет, од лично сваќање и со употреба на официјалниот дневник на Александар Трети Македонски, ги напиша своите мемоари, кои се толку многу важни од војнички аспект.

Разбирливите зачувани кажувања почнуваат само од периодот на Августин. Најнапред тука се Диодор и Помпеј, последниот само во бледите цитати на Јустин од вториот век, потоа доаѓа Куртис Руфус во текот на владеењето на Веспазијан и на крајот Плутарх и Аријан во вториот век.

Првите тројца ги црпат податоците од Клитарх. Аријан најдобро информира за воените подвизи на Александар Македонски како државник или економист, или да се навлезе во неговиот живот или во неговата личност во целина, веднаш се соочуваме со тоа што треба да се опише една натрупана урнатина.

Второ, во самата древна литература има дијаметрално спротивни концепции и оценки за Александар Македонски. Од една страна, има погодни, не панегирички слики, од друга, пак, омаловажување, дури непријателски судови кои го прикажуваат како извештачен деспот од Исток, или како авантурист што се здобил со среќа. Ова двокарактерно предание придонесе да се има широко несогласување меѓу современите автори.

Најголемата тешкотија лежи во личност на Александар Македонски. Покрај тоа што неговиот карактер е многу комплексен и содржи јасно непомирливи спротивности, има и натчовечки квалитети. Неговиот гениј никогаш докрај не може да се објасни и затоа некои работи остануваат неразјаснети.

Загатката за неговиот живот не може да се реши само со разум, бидејќи, покрај чистиот трезвен интелект, тој во себе има и многу нешто што не е разбирливо. Доколку Александар Македонски едноставно биде опишан како ладен пресметлив политичар, ќе се запостават романтичните и мистичните црти во неговиот карактер.

Најпосле,  неговите достигања предизвикуваат голема збрка поради тоа што прераната смрт го прекинала во средината на неговата активност. Пред нас имаме еден сјаен почеток, но во ниеден момент не е кажан последниот збор.

Изучувањето на историјата често може да биде потешка задача отколку обидите да се добие вистинската слика за личноста на Александар Македонски. Никој не може да претпостави дека го добил вистинскиот портрет. Но, приближно на тоа е искушението како обид што претставува лична награда на авторот затоа што се занимавал со тоа.

Ова бара многу испитувања во нашето време, па така тоа стана моја  преокупација уште од млади денови. Мојата цел во ова книга е да го прикажам растењето и развојот на личноста на Александар Македонски, која е во постојан процес на еволуција и да покажам како идеите постојано се ширеа и се создаваа во неговиот ум.

Во врска со тоа се обидов да му презентирам на читателите поврзано раскажување за неговиот живот. Тоа го претставувам со описот на времето во кое се родил и на крајот додавам преглед на ефектите од неговото животно дело врз идните периоди. Ова го напиша Урлих Вилкен во Берлин, во јануари 1931 година.

Исто така, тој напиша дека Александар Македонски отвори една нова ера во историјата на светот и со своето животно дело го определи развитокот во многу наредни векови. Тој е еден од највпечатливите меѓу големите луѓе на историјата, бидејќи неговото дело е остварено во многу кратко време.

Кога умрел, тој се' уште немал наполнето триесет и три години. Како голем освојувач ја импресионира човечката имагинација на сите раси. Го подјармил Исток и навлегол во Индија, земјата на чудата. Легендата за него, еднакво прифатена на Исток и на Запад, го доведува до тогашните граници на Земјата, па дури и до вратите на рајот.

Трајниот разултат на неговиот живот, меѓутоа, не е импресијата што ја освои со тешка борба, туку со развој на цивилизацијата широко во светот. На овој начин неговата моќ влијаеше и влијае врз историјата на човештвото дури и до наше време. Прво имал желба да создаде своја империја, решен на бојното поле да создава услови за проширување на новата цивилизација.

Во дискутабилното прашање, кои се силите што ја создаваат и ја формираат историјата,  Александар е најочигледен пример во корист на погледот што ја определува решавачката улога на личноста. Не може да се сфати Александар како гениј од околината во која живеел, или како продукт на неговото време и на државата.

Тој како и секој друг човек е под влијание на своето време и родното место, но неговиот дух беше зазел таков тек, до кој природниот развој на неговото време и околина никогаш немало да доведат до крај. Како и секој голем водач на луѓе, тој самиот се уфрлил во текот на епохата, но, не си дозволил да биде понесен или издигнат од брановите, спротивни на неговите идеи на кои жестоко им се противставувал.

Несомнено, тој може да се смести како феномен во четвртиот век и може да се смета како предходница на елинизмот - име на кое му се додава подоцнежната трансформација на класичниот елинистички свет што тој го започна - претходница на која тој прв и' дава целосен сјај. Се покажа дека во многу случаи тој ги исполнил задачите на своето време.

Почетната работа на неговиот велик татко Филип Втори Македонски била најзначајна. Од него тој не само што го наследил инструментот за победа, неспоредливата македонска војска, туку и решението на античкото прашање во Коринтската лига и идејата за панелинистичка војна на освета против Персија.

Несомнено, во исполнувањето на своите идеи, Александар Македонски постепено беше го модифицирал она што го наследил, односно, отстапил од татковата врвица. Но без Филипа, кој исто така е една од големите личности на светската историја, Александар не може да се сфати.

Затоа прво треба да се претстават политичките, интелектуалните и економските тенденции на тогашниот свет во четвртиот век, односно во колкава мера тие придонесуваат да се оцени издигнувањето на Македонија под Филип Втори Македонски и нашата почит кон Александар Трети Македонски.

 

Продолжува

 

Република Македонија

 

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ФЕДЕРАЛНА МАКЕДОНИЈА ВО ЈУГОСЛОВЕНСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА

(1945-1991)

ДЕЛ 97

 

 

2. Периодот на експериментот "самоуправување" 

(1953-1970)

 

 

Замислените промени започнаа во 1950 година со донесувањето на југословенскиот Основен закон за управување со државните стопански претпријатија и стопанските здруженија од страна на работните колективи. Обиди за децентрализација се направија и во земјоделството со напуштањето на земјоделските задруги основани по примерот на колхозите во СССР. Меѓутоа, стопанските реформи поизразено се почуствуваа дури по 1953 година, кога беа донесени новите уставни документи, а од меѓународната политичка сцена замина диктаторот Јосиф Фисарионович Сталин. Соодветни промени се извршија и во администрацијата, како и во организирањето на локалната управа. На пример, обласните одбори во Македонија беа укинати само по нивното едногодишно постоење.

Во обидите да се "демократизира", КПЈ, на нејзиниот Шести конгрес во 1952 година утврди два најважни пункта на идното дејствување: на внатрешен план - да се води борба за работничкото самоуправување, а на надворешен план - борба сталинизмот. Освен тоа, КПЈ го промени името во Сојуз на комунисти, па и тоа се сметаше за сериозна "демократска" промена, иако стануваше збор само за формална.

Периодот во кој КПЈ ја остваруваше нејзината најприоритетна задача, односно "борбата за работничко самоуправување" траеше дваесеттина години. Замислената трансформација, која во јавноста го доби слоганот -"фабриките на работниците", на почетокот се чинеше уверлива, па и остварлива. Но, "избираните" работнички совети, кои на почетокот имаа извесна позитивна улога, барем во тоа што се напуштија гломазните дирекции на државен монопол, постепено се претворија во органи за манипулирање со правата на работниците во врска со остварувањето на нивната добивка. Се покажа дека партиските, а преку нив и државните органи, не беа подготвени така лесно да се откажат од новосоздадената вредност, па измислуваа разни начини и натаму да остваруваат пресудно влијание во нејзината распределба.

Поради спомнатото, во СК се појавија две струи од кои едната се залагаше за промени а другата за задржување на стекнатите позиции на СК. Оние што беа за промена на позицијата на СК и за негово трансформирање во модерна демократска партија беа обвинети за антикомунизам и за прозападна ориентација.

Воведувањето на општините како основни општествено-политички заедници во 1955 година, во извесна смисла, имаше позитивен тренд во насока на замислената децентрализација, но некои од нив, особено побогатите, тоа го злоупотребуваа, затворајќи се во сопствените рамки. Некои од нив се бореа да ги задоволат само тесните општински интереси, што се одрази на економски план, бидејќи се разви борба секоја општина да гради "своја", наречена "политичка" фабрика. Обид за реформирање на Сојузот на комунистите во државата и во републиките беше Седмиот конгрес на СКЈ, одржан во Љубљана, 1957 година. Иако тој изрази мали резерви спрема самоуправувањето, главно се концентрираше на партиската дисциплина, за која се сметаше дека е една од основните причини што работите не се одвиваат добро. Сепак, поради едни или други причини, а најмногу поради помошта што на Југославија и' доаѓаше од САД и од некои други западни замји, во периодот меѓу 1951 и 1957 година, беше остварен нејзиниот најголем развој. На пример, само во НР Македонија статистичките показатели забележаа дека порастот изнесувал дури 17%, што му беше припишано на "самоуправувањето", како вистинско решение за натамошниот развој. 

Поради неколкуте општествени и стопански промени и краткотрајни реформи, созреа идејата за нови уставни промени, кои беа направени во 1963 година. Во фазата на нивното донесување се одвиваше широка дебата. Нејзината цел имаше и длабоки политички мотиви, а основната идеја беше натамошното зацврстување на системот, тогаш промовиран како "политички систем на социјалистичкото самоуправување". Во поразвиените републики (Словенија) дебатата се одвиваше во насока на воведување поголема политичка и стопанска автономност, а во помалку развиените (Македонија) таа остана во рамките на идеолошките "предности" на самоуправувањето. Поради спротивставеностите што постоеја во врска со стопанскиот развој, уставите од 1963 година не донесоа некои битни промени, туку само небитни модификации на постојното. За да се засили социјалистичката и комунистичката основа на системот, во уставните документи беа променети називите. Зборот "народни" насекаде беше заменет со зборот "социјалистички", па и тоа беше сметано за успех. Наместо Влада, беше воведен Извршен совет. Заостанувањето на СР Македонија го продлабочи катастрофалниот земјотрес во Скопје од 26 јули 1963 година, чии последици и покрај солидарноста на југословенските народи и од странство, долго време не можеа да се залечат. Во периодот меѓу шеесеттите и седумдесеттите години, незадоволството од уставните промени и од слабиот стопански раст предизвика диференцирање на две струи: етатистичка и либерална. Првата за залагаше за поцврста федерација, а втората за поголема слобода во развојот на економскиот систем. Заостанувањето во стопанскиот развој и дискусиите за поголема демократија резултираа со експанзија на националистички струења, особено на Косово. Причините за тоа не се лоцираа таму каде што беа, туку беа покривани со често употребувана фраза - "застој на социјалистичките самоуправни односи".

 

Продолжува

 

Охрид

ОТВОРЕН 51. МЕЃУНАРОДЕН СЕМИНАР ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, ЛИТЕРАТУРА И КУЛТУРА ВО ОХРИД

***

 Седумдесет и четири странски студенти кои го слушаат предметот македонски јазик во рамките на студиските програми на своите универзитети, студенти кои истражуваат теми во врска со македонскиот јазик, литератута и култура и научни работници и универзитетски  професори кои истражувале или истражуваат проекти од областа на македонистиката од 25 држави се дел од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура што од денеска по 51-ви пат се одржува во Охрид.

Ректорот на Универзитетот "Свети Кирил и Методиј" од Скопје Никола Јанкуловски, во обраќањето пред учесниците истакна дека не случајно уште од оснивањето во 1967 година Семинарот се одржува во Охрид, културно-историското светилиште каде духот и традицијата на Охридската книжевна школа и Светиклиментовиот универзитет претставуваат непресушен извор на македонското слово.

- Токму од тука произлегува голем дел од словенското ракописно наследство врз кое се темели развитокот на словенското слово и создавањето на одделни писмени традиции. Затоа токму овде дел од вас првпат ќе се сретнат со македонското слово, а дел од вас ќе ги прошират и надградат своите познавања од областа на македонскиот јазик, литература и култура - истакна Јанкуловски.

Ректорот на УКИМ истакна дека Семинарот со своето петдецениско постоење претставува сериозна институција која ја афирмира и анимира македонистиката, македонскиот јазик, литература и култура, дедека странските учесници се препознаваат како амбасадори на македонистиката низ светот.

- Согледувајќи ги резултатите од минатото,  веќе со почетокот на овогодишната летна школа отвораме нова страница во нашата традиција. Вие станувате дел од над четири илјади досегашни учесници од 50 земји во светот, меѓу кои се наоѓаат и имињата на истакнати македонисти, професори по македонски јазик и литература на странски универзитети, слависти, балканисти, преведувачи, фолклористи, етнолози, археолози, научници и студенти кои го изучуваат македонскиот јазик по универзитетите ширум светот-рече Јанкуловски изразувајќи задоволство од големиот интерес за учество на Летната школа.

И оваа година во рамки на програмата учесниците ќе ги развиваат вештините од областа на македонскиот јазик, ќе ги совладуваат преку лекторските часови на искусни професори и истакнати научни работници од катедрите за македонски јазик и јужнословенски јазици, за македонска книжевност и јужнословенски книжевности, Катедрата за славистика при Филозофскиот факултет "Блаже Конески".

Покрај предавањата, учесниците во попладневните термини ќе ги следат курсевите по избор кои ќе ги раководат специјалисти од соодветните подрачја, а преку нив учесниците ќе можат поконкретно и интерактивно да се запознаат со најновите истражувања што се предмет на нивниот интерес.

- Сигурни сме дека со нивната стручност и искуство ќе ви бидат одлични водичи низ тајните на македонскиот збор. За проширувањата на вашите знаења од областа на македонистиката во рамки на предвидените предавања и курсеви по избор е ангажиран наставен кадар од нашите високообразовни наставни и научни институции, МАНУ, Филолошкиот факултет, институтите за македонски јазик, за македонска литература, за национална историја, Институтот за фолклор, Природно-математичкиот факултет, Православниот богословски факултет... - истакна ректорот на УКИМ.

Во рамки на Семинарот се одржа и 45-тата Меѓународна научна конференција на која македонските и странските експерти пред учесниците на летната школа ги презентираа своите најнови истражувања од областа на македонистиката. Темата на лингвистичката секција на годинашната Летна школа беше "Статусот на македонскиот јазик во и надвор од границите на Република Македонија", додека на литературната секција - "Поетски книжевен тестамент (Кочо Рацин, Блаже Конески и Петре М. Андреевски)"

 

17 јуни 2018 година

https://www.novamakedonija.com.mk

 

 

Ацо Шопов

 

 

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*****

 

 

 

 Ацо Шопов

 НА ГРАМОС

 

 

  • I

    Проштавај, роден кат,
    Егеју, колевко моја!
    Јас ранет последен пат на мртов Грамос стојам.

    Овде ја закопав денес,
    под твојот пепел врел,
    верата која ме крена
    на подвиг суров, смел.

    Ме гушат облаци црни,
    свирепа болка ме стега
    и тешки спомени врнат...

    В богато Воденско поле ронела
    пченица злато.
    Но сепак -
    никога пролет
    не дошла
    в селските катој.


    Мајка ми кршела прсти,
    лулела
    детенце мало,
    со солзи
    полнела грсти
    крај старо
    дрвено рало.


    Татко ми
    в младини
    чмаел,
    сонувал
    вишнова зора,
    вековни -
    надежди ткаел
    в ноќните
    таговни ора.

    В ората
    играел лудо
    сите се
    чуделе в село,
    но штом се
    на утро будел
    стемнувал
    високо чело.

    На нива
    тргнувал рано,
    над секој
    замирал садник,
    а дома
    плачеле саноќ
    стиснати
    дечиња гладни.

    В дожлива утрина,
    тихо
    заминал
    некаде долу.

    Вградот го
    пречекал вихор,
    вихор го
    потфатил
    в Солун.

    Тој млад бил,
    имал сили,
    в животот чекорел
    здраво,
    ги љубел
    своите мили
    своето село -
    Јавор.

    Тој раснал -
    в негови скутој
    корав бил,
    здрав
    и волен
    но бргу
    закашлал луто
    и легнал
    в постела
    болен.

    В собата стаиало сиво.
    В градот му
    загорчел лебот,
    тој псуел
    гурбетски живот
    колнел
    туѓинско небо...

    Пројури времето - срна,
    сал тешка остави трага.
    В тага те завија црна
    Родино моја драга!

    Проштавај, роден кат,
    немирно детство збогум!
    В срце те чувствувам пак
    трепетно, живо многу!
    Ме гушат облаци црни,
    свирепа болка ме стега
    нови спомени врнат:
    јас уште, уште гледам,
    безумно в планина бегат,
    со ситни, скршени крилца,
    ранети дечиња - пилци.
    В нивните сковани усти
    проклетство уште слушам...

    О, се е така мртво
    се е така пусто
    како во мојата душа!

    II

    Проштавај, роден кат,
    проштавај, мајко моја!
    Јас денес последен пат
    на наши пепелишта стојам.








  • Ти чекаш некаде тамо
    кај Вардар слободен шуми,
    и чудни приказни носи
    на Кукуш, Кавала, Струма...

    Чекаш во краишта сини -
    кај песни тракторни грмат,
    кај в цела земја, чинам,
    сончева плиснала срма.

    Чекаш во некое село,
    в куќуче задружно, бело,
    кај жита златести класат,
    и мирно, прснати в гора,
    стадата задружни пасат.

    Чекаш. И секоја вечер,
    стивне ли селото в почин
    и мрака го надваса темен,
    ти тажни упиваш очи
    в далечни планини неми,
    и трпеш в мисли - јата,
    во желби да се вратам!

    Мајко!
    Забрави свидно чедо,
    забрави свиден спомен...
    Селата спалени лежат,
    спалени чадат домој!

    III

    Во барут,
    дим
    и крв
    в грохотна канонада
    Елада
    стана плен
    падна,
    мајко.
    Елада.
    Ревна Белиот Егеј
    под црвен облак криен.

    Та, зошто девет лета
    со крв ја поевме ние
    нашава земја светна,
    и безборј нејни чеда,
    без гроб
    и трага,
    мајко,
    во ова мртво утро
    со мртви очи гледат?!

    Елада!
    Елада!
    Зошто девет рани
    на градиве носам,
    зошто девет лета
    јас в борбата страдам?

    IV

    Денес,
    мајко моја,
    пред зорница јасна,
    в предавничка рака
    слободата згасна.
    А мислевме
    ние -
    ќе изгреат зори,
    мечтаени долго
    од наши
    и Грци,
    збратимени сите -
    од море
    до море,
    народите в љубов
    ќе согреат срце...
    Слободата -
    пламен,
    ни гореше в очи,
    но најдовме само
    ископани јами.

    Памети го,
    мајко,
    овој крвав злочин:
    се' отрова змијска,
    без милост,
    во ѕверој,
    ја убија наш'та -
    в иднината -
    вера!

    Јас в окопи гниев
    со мојата чета,
    в декемвриски студој,
    по дождој,
    по жеги,
    и помина така
    уште едно лето -
    не стапивие в борба,
    не минавме меѓи!
    Се бунеа борци...
    Притаена злоба
    им светкаше
    в поглед
    ко в темница -
    кремен:
    "Та, додека уште
    ќе лежиме в гробој!
    Штом отиде Маркос
    и борби ќе нема..."
    Но загрме тогаш
    ураган оган
    в крв ноќта
    се изви, -
    ни попрска лице.
    На Вич
    ниту птица
    не прелета жива,
    а тамо -
    на Грамос,
    во борбата дива
    ни падна
    од раме
    последното знаме.



  • А борците,
    мајко
    ранети
    и слаби,
    што мислеа
    кај вас
    да преминат кришум,
    предавничка рака
    ги задржа,
    зграби -
    се најдоа сите
    пред нејниот нишан.
    Ко секој да беше
    и подел
    и поган -
    ги стрелаа,
    мајко,
    со рафален
    оган!

    V

    Мајко!
    Во барут,
    дим
    и крв,
    и грохотна канонада, Елада
    стана плен,
    продадена-
    Елада!
    Од сите мртви,
    живи
    и мене,
    за сите
    времиња
    за сите векој -
    проклетство
    нека
    падне, мајко,
    на тие -
    што ја убија
    денес
    нашата младост
    нашето детство!

    За Маркос,
    за сите наши несони ноќи,
    за се' што љубевме силно
    и жарко,
    за нашите маки,
    за незнаен покој,
    за пушката што ја во десница
    држам,
    за болката што ми нагризува
    гради,
    за се'!
    за се'!
    проклетството вечно
    нека го спржи,
    убиецот,
    мајко,
    Захаријадис!

    VI

    Проштавај, роден кат,
    Егеју, колевко моја!
    Јас ранет последен пат
    на мртов Грамос стојам.
    Пусти се боречки стреи,
    чамее нивниот праг,
    там жетва крвава жнее
    и бесно ликува враг.
    Не, знам...
    ќе дојде време
    за нова
    барикада,
    ќе стапи
    нова смена
    за одмазда
    во бој!
    Во бура
    зрив
    и пламен,
    во нова
    канонада,
    ќе никне
    и ќе бликне
    прероден
    крајот мој.
    Да, знам...
    се ближи време
    за нова
    барикада.

    Елада
    пак ќе биде
    слободна,
    лична,
    млада...
    А мој роден крај,
    ќе цвета
    в ширни поли,
    ќе листат
    пролет - мај
    Кавала,
    Кукуш,
    Струма.

    Егејот син
    и волен
    ќе шепне чудни думи,
    и в сончев залез мирен,
    ќе праќа поздрав ширен
    на Вардар,
    Шар
    и Пирин...
    Јас за тие деној
    за тие зори,
    Родино моја,
    Родино страдна
    луто се борев
    и вбојот паднав!
    *****

    Автор Ацо Шопов

Kind regards : 20 јуни 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 150