ИМЕТО НИ Е МАКЕДОНИЈА!

Ѓорге Иванов, претседател на РМ

 Ѓорѓе Иванов

НЕМОЈ СЛУЧАЈНО НЕКОЈ ДА ПОМИСЛИ ДА ПОСЕГНЕ ПО МАКЕДОНИЈА

 

Не дозволувам нити промена на име нити ќе потпишам двојазичност. Никогаш нема да дозволам некој да си игра со судбината на Македонија и чувството на Македонците. Ова е Македонија и никој нема право да се пазари со неа!

***

Во недостиг на клучни документи, а со цел обезбедување на поширок концензус за прашањето за името, Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов го охрабрува претседателот на Владата на Република Македонија г. Зоран Заев да ги достави предлогот за водење на преговори со уставна основа, нацрт на договорот, како и ставовите на делегацијата во водењето на преговорите.

Ставот на претседателот Иванов дека не прифаќа решение за прашањето за името за севсекупна употреба или ерга омнес е основен непроменлив прицип, што е во согласност со утврдената правна рамка за водење на разговорите за разликата околу името во рамките на Обединетите нации и во никој случај не е насочен против интеграцијата на Република Македонија во Европската унија и во НАТО.

Претседателот Иванов укажува на потребата од постигнување на национален концензус за надминување на разликата околу името и изнаоѓање решение кое нема да го наруши достоинството на македонскиот народ и граѓаните. 

Се наведува во соопштението на претседателот.

Сотир

 

Сотир Гроздановски

ДО КОГА ГРЦИТЕ ЌЕ НЕ КОЛАТ?

**** 

Уплашени од иднината и следејќи ги настаниве кои ни ги  исцрпуваат душите и парализираат телата,  пополека се трансформираме во  суштества без волја за самоодбрана  од најлошото, што ни се заканува со уништување. Од најлошото што не затекна  неподготвени за самоодбрана и одбрана на земјата во која сме се родиле и  биле сигурни  дека  ќе не чека за  да не прегрне и да ни опрости за се' што сме и' згрешиле или за се' што сме и' ветиле,  а не успеале да доисполниме. Ќе имаме ли време  и прилика за да ги извршиме нашите  должности   и на крај да си заминеме, со чиста совест и бел образ?

Сум рекол и пак ќе повторам: - се' зависи од нас и од никого друг! Од карактерот наш и љубовта кон татковината ни Македонија!

Ако сме страдале од нашите соседи и докажани душмани,  во времињата кога бевме без своја држава како овци без стопан,  зошто денес дозволуваме да страдаме уште повеќе, до самоистребување, од нашите домашни предавници и изроди? Зарем писоците и  искривените од бол лица на нашите заклани предци од истите тие душмани, надворешни и внатрешни, не ни се доста за да се свестиме и престанеме со новите предавства на се' она што ни преостана како аманет, да него даваме без отпор? Зарем нашиот страв од иднината е посилен од нивниот, гледајќи во  исуканите ножеви на грчките злосторници готови да им ги пресечат  вратовите само затоа што беа Македонци?  Од нивните крволочни попови, кралеви и војни наредбодавци да сотрат се' што за нив било славофоно население во егејскиот дел на Македонија? Зарем сакаме да ги ослободиме од сите веќе сторени злосторства за кои се' уште не се соодветно казнети? Да ги наградиме со наше одрекнување од самите себеси за да не  бидеме легално и морално во можност да им дадеме братска рака кога ќе им бидеме потребни и тие нас кога ние ќе бидеме во неволја како и што сме? Да им ги оставиме  крвавите  животински шапи и понатака да го истребуваат македонскиот народ , како би ние обезимени, како овци, влегле во НАТО и Европската Унија?   

Самоодбраната е од Бога дадена, а законите,   самите ги создаваме за да им бидеме слуги на властодршците. До кога, така?

Се' уште верувам дека "самото светло оружје не ја добива војната, туку срцата на јунаците".  Но, прво ни треба вистински македонски јунак да застане на чело на "колоната" и да викне следете ме браќа и сестри, за слободата на Македонија! 

Ако со чудење само чекаме некој однадвор да ни ја донесе слободата и мирот во нашите животни средини, ќе се начекаме! Ниту ЕУ, ниту НАТО не е таа опција, туку ние самите. Зарем не ние доста мајтапењето на Зоран Заев и неговата дружина? Зарем навистина никој не  му  е дораснат да му каже дека е доста со неговите игри? Изгледа дека тој не разбира, кога некој по многу пати  в лице му вели дека е недоветен и недостоен да се нарекува премиер на една древна земја те мирно да си замине каде  приѓа! Па зарем Коѕијас и Ципрас кога отворено се изигруваат со достоинството на македонскиот народ  Зоран Заев, Никола Димитров и сите уште понедоветни околу нив, вклучувајќи го и нивниот правен советник Љубомир Фрчковски  не ги разбираат нивните нецивилизирани пораки? Чудно!

 

Им велат, драги мои:

"НИЕ НЕ ВЛЕГОВМЕ ВО ОВИЕ ГЛУПАВИ РАЗГОВОРИ СО ВАС ЗА ДА ВИ ДАДЕМЕ НЕШТО; - ВЛЕГОВМЕ ДА ВЕ ИЗБРИШЕМЕ ОД ЛИЦЕТО НА ЗЕМЈИНАВА ТОПКА ЗОШТО НЕ СТЕ ДОСТОИНИ НА ИМЕТО КОЕ ВАШИТЕ ПРЕДЦИ ВИ ГО ОСТАВИЈА. ИМЕТО МАКЕДОНИЈА Е ПРЕГОЛЕМО ЗА ВАШИТЕ СПОСОБНОСТИ ДА СЕ НОСИТЕ СО НЕГО!"

Нашиот достоинствен одговор треба да е следниот : 

ВЕ СЛУШНАВМЕ! ЗАТОА  ПРЕКИНОТ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ВАС НЕКА БИДЕ "ERGA OMNES", ЗА СЕКОГАШ!

А до колку и тоа него направат, уште едно "erga omnes". 

Но сега за нашите малоумници!

*** 

ДО КОГА ГРЦИТЕ ЌЕ НЕ КОЛАТ, А НИЕ БЛЕЕМЕ?

****

 

Ваш Сотир

 

 

 

 

 

 

Република Македонија

ГРЧКАТА АРМИЈА И НЕЈЗИНИТЕ SВЕРСТВА НАД МАКЕДОНЦИТЕ

****

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе ги фати!

Во писмата на грчките војници испратени од фронтот може да се види со каков ужас се соочувало македонското население во селата и градовите под грчка окупација. Крвавата колекција од околу стотина писма преку воената пошта на грчката армија требало да бидат доставени до адресите напишани на пликот, но поштата била заробена од бугарската армија во Разлог на 14 јули 1913 година и писмата стигнале во јавноста. Станува збор за страотна колекција на автентични сведоштва, кои, како што тврди проф. д-р Љубомир Милетич, таа 1913 година биле донесени во Државниот архив во Софија. Во писмата грчките војници на своите роднини и пријатели им се фалат дека секаде каде што поминале не оставиле ниту еден жив славофон што им паднал в рака, дека ги силувале сите славомакедонки кои биле фатени од нив, дека ги запалиле сите села на славофоните и слично.

 

Пред сто години

По заминувањето на османлиската војска од Македонија, Србите, Грците и Бугарите настојуваат да ги задржат подрачјата под своја власт. Ваквата пделба на освоените територии во Македонија меѓу Србија, Грција и Бугарија било решено со Тајниот додаток на Договорот за пријателство и сојуз, но прашањето меѓу Бугарија и Грција останало отворено, а очекувањата на македонскиот народ биле сосема изневерени. Имено, Македонија не само што не била ослободена туку била распарчена и поделена од таканаречените братски народи. По Лондонскот мировен договор од 30 мај 1913 година, Србија завладеела со западниот и централниот дел на Македонија, Грција ја добила јужна Македонија, а Бугарија си го припоила источниот дел на Македонија.

Еден месец по Лондонскиот мировен договор, со кој е завршена Првата балканска војна, почнува Втората балканска војна, која за околу педесетина дена, колку што траела, однела голем број жртви, најголем број цивили Македонци, кои биле изложени на вкрстен оган меѓу армиите на балканските завојувачи. Сепак, според документите зачувани до денес, најголемите ѕверства во двата ужасни летни месеци на Втората балканска војна ги направиле грчките војници кои вршеле ужасен, крвав геноцид низ Егејска Македонија.

 

Колиме по заповед на кралот

Од писмата на грчките војници испратени од фронтот може да се види со каков ужас се соочувало македонското население во селата и градовите под грчка окупација. Крвавата колекција од околу стотина писма преку воена пошта на грчката армија требало да бидат доставени до адресите напишани на пликот, но поштата била заробена од бугарската армија во Разлог на 14 јули 1913 година и писмата  стигнале во јавноста. Станува збор за страотна колекција на автентични сведоштва, кои, како што тврди проф. д-р Љубомир Милетич, која веднаш, таа 1913 година, била донесена во Државниот архив во Софија.

Во писмата грчките војници на своите роднини и пријатели им се фалат дека секаде каде што поминале не оставиле ниту еден жив славофон што им паднал в рака, дека ги силувале сите славомакедонки кои биле фатени од нив, дека ги запалиле сите села на славофоните и слично. И сите ужаси што ги правеле, како што вели проф. Милетич во својата книга за теророт на грчката војска во Егејска Македонија, објавена само неколку месеци по завршувањето на Втората балканска војна, а во која се објавени и 53 потресни фотографии од ужасите направени врз Македонците, војниците ги правеле, како што признаваат во писмата, по заповед на командата и на грчкиот крал. Еве неколку извадоци од грчките воени сведоштва за масакрот што го направиле андартите на фронтот во јужниот дел на Македонија за време на Втората балканска војна:

- По заповед на кралот ги палиме сите славофонски села; ги силуваме сите млади момички што ги фативме - пишува еден од војниците на кралот. Друг пишува: - со радост ги палиме славофонските села; ако нема мажи, ги убиваме жените и децата. Во писмото на трет војник пишува дека селата во кои нема Грци ги гориме до темел за да не може одново да никне таа гнасна славофонска раса. Еден од војниците пишува дека ги наоѓале селаните скриени по разни места: - секојдневно наоѓаме мнозина од нив и ги убиваме. Во писмото број седум пишува: - таква е наредбата - да ги палиме селата, да ги убиваме младите. Едно од писмата сето тоа што се прави на теренот го споредува со касапница: - ова што го правиме со славофоните е касапница; нема нивно село или град кој не е изгорен.

Слично на него еден од војниците ги известува своите пријатели во некое село близу Атина: - ги убиваме сите славофони кои ќе ни паднат в раце, што значи дека нема заробеници, нема сведоци. Еден друг војник сепак покажува некакво мало сочувство, пишувајќи дека палењето на селата и убивањто на недолжниот народ е нечовечко дело затоа што сите што ги заробуваме ги поминуваме под нож. Според писмата цитирани во француското издание на овие ужасни писма може да се констатира дека масакрот се вршел масовно и во секоја прилика. Така еден од војниците со своето писмо вели дека "од 1200 заробеници, кои ги заробивме кај Нигрита, не останаа повеќе од 41 во затворот", а друг ладнокрвно ќе напише дека "во селото Броди фативме пет славофони со една мома од Сер. Ги затворивме во една визба, девојката ја убивме без мачење, а мажите многу ги мачевме, живи им ги извадивме очите".

Следното писмо цитирано и во францускиот превод потврдува дека "каде што ќе најдеме еден или двајца славофони, веднаш ги убиваме како врапчиња". Еден негов соборец, можеби верник, во своето писмо ќе констатира дека "ова што се случува сега не се правело никогаш по Христа; елинската армија ги пали сите славофонски села и ги убива сите што ќе ги сретне. Од писмото на друг војник може да се види дека во Егејска Македонија грчката војска правела невидени масакри, дозволувајќи војниците да се однесуваат како да се во кланица: "Ми дадоа 16 заробеници за да ги доведам во дивизијата, а јас доведов само двајца; другите ги изеде мракот - ги убив попат".

 

Распнувани по дрвјата низ шумите

Според проф. д-р Милетич, кој само неколку месеци по масакрите направени за време на Втората балканска војна во Егејска Македонија, самиот успеал да собере голем број сведоштва, документи и фотографии, но и да разговара со дел од преживеаните што успеале да побегнат во Бугарија, грчката војска направила невиден масакр, всушност геноцид над цивилното македонско население од Сер до Солун, преку Кукуш, Дојран и Струмица. Со првичните податоци собрани набрзо по масакрот се потврдува огромниот број мажи, жени и деца кои се водат како исчезнати.

За војниците, според Милетич, не теба ни да се зборува; тие не само што се убивани, туку и најѕверски се мачени, распнувани на дрвјата по шумите, врзувани со телеграфски жици, поливани со газија и живи палени. Многу такви случаи се регистрирани во околината на Струмица, но и во други делови на Македонија каде што дејствувала или макар само поминала грчката војска.

Меѓу ивршените грчки ѕверства, како што вели проф.  д-р Милетич во својата книга со документи и фотографии од војната, објавена во Софија во септември 1913 година, како најкарактеристични по варварствата, по палењето живи луѓе се одвојуваат селата Аканџали и Попово, градовите Сер, Кукуш, Гевгелија, но и  селата Герман, Крчово, Спатово, Крушово, Ѓуреџик, Горно Броди и други. Истовремено, користејќи ја воената состојба специјални групи грчки злосторници вршеле масовни убиства и во регионите кои не биле зафатени со воените дејства.

Сведоштвата објавени во книгата на проф. д-р Љубомир Милетич потврдуваат дека на 20 јуни грчката војска стигнала пред Гевгелија, се укопала на околните  ридови и почнала да дејствува со артилерија. Гледајќи како населението се повлекува преку мостот на Вардар, дејството на артилеријата го свртиле во таа насока, па во тој невиден масакр на цивили загинале голем број гевгеличани. Кога преживеаните се искачиле на Стојаковската височина, се свртиле да видат  што се случува зад нив и тогаш виделе дека горат селото Сехово, Шлопенци, Мачуково, Смол и Бајалци. Во градот Гевгелија веќе била започната страшна тортура врз оние што не успеале да побегнат. 

Грчките андарти и војниците ограбувале и убивале по улиците и дворовите. Бежанците Јоаким Дучев и Гоне Чавдаров од село Богданци сведочеле дека андартите убивале без да прават разлика во возраст и спол. Според нив, од Богданци успеале да побегнат 80 семејства, но 370 останале во селото па тие не знаат што се случило со нив. Многумина и од оние што успеале да заминат од Богданци, умреле за време на бегството од Струмица до Пехчево. Така, Гоне Чавдаров попат ги изгубил своите двајца браќа, сестра си и својата бремена сопруга со малата ќеркичка. Подоцна дознал дека жена му останала во селото Дурбаки, дојранско и дека таму се породила.

Според д-р Милетич во Бугарија имало стигнато голем број деца од Гевгелија, кои не знаеле да кажат каде им се родителите. Во сведовштвото запишано во септември 1913, значи само еден месец по завршувањето на Втората балканска војна, во Самоков биле дојдени две дечиња, Томе и Слобода Заринови, братче и сестриче од Гевгелија, кои успеале да побегнат заедно со некои луѓе од градот со кајче преку Вардар. За родителите велат дека останале во Гевгелија, но д-р Милетич смета дека нивните родители најверојатно се загинати во метежот што настанал по дејството на грчката артилерија врз бегалците. И друго дете од Гевгелија, Аргир, кое во мигот кога се собирале документите за книгата се наоѓале во Радомир, не знаело што се случило со неговите родители.

За неколку дена Гевгелија и гевгеличани, според Милетич, ужасно настрадале не само од дејството на грчката артилерија туку од здружувањето на грчките војнички банди со месните Турци и Цигани. Деветнаесетгодишното момче Мито Иванов од Смоквица, гевгелиско, само  десетина дена по завршувањето на војната сведочело дека селото Мрзенци на 20 јуни било запалено со газија од Грците и Циганите, мажите биле исклани, а жените силувани. Сите девојки биле однесени некаде надвор од селото и ниту една од нив не се вратила дома. Следните денови, на 24, 25 и 26 јуни целата гевгелиска чаршија била ограбена и опустошена од грчките андарти, а ограбени се и куќите на сите побогати гевгеличани.

Според сведоштвата на Мито Илиев од селото Аканџали, дојранско, кој есента 1913 година бил со група бежанци сместен во градот Самоков, грчката војска влегла во селото на 23 јуни во пет часот попладне, веднаш собрале 60 селани, ги однесле во блиската корија и ги убиле. Истата ноќ цело село ечело од писоците на жените и девојките што грчките војници ги силувале до смрт: - Со свои очи видов како ја обесчестија снаата на Стојан Поповалијата, ќерките на Стојани Пелтек Илиеви, дванаестгодишната ќеркичка на Коста Турбашиски. Момите и жените беа врзувани по три, беа тепани и фрлани под нозете на коњите. Следниот ден ги запалија селата Аканџали, Дурбали и Николич-сведочи Илиев. 

 

Масакар во Малешевијата

Според сведоштвата на неколкумина бежанци од Пехчево, во градот, при влегувањето на грчките војски, населението излегло да ги пречека, но по ден-два војската почнала со ѕверствата, убиства, грабежи и силувања. Силувани биле Магда Гичева 50 години, баба Генка Цевкова 80 години, Султана Секулова 60 години и сите други жени што биле во градот, а биле над десетгодишна возраст. Во селото Панчарево биле заклани Дамјан Ризов 18 години, Иван Стојков 55 години, Стојан Петков 35, Ангел Марков 25, Стојан Илиев 25 и други. Во Разловци биле силувани снаите на Георги Златков, Стојанка и Васа, а му биле одземени и 30.000 оки жито, 2000 оки сено. Во Умлена биле убиени Ангел Батев и син му, а биле силувани 13-годишната ќерка на Коце Султан, потоа Марија Накова, Роса Гогева, Ивана Гогева и Галина Христова.

Грчката војска во селото Владимирово се здружила со турското население, ги одвоиле мажите од жените, а потоа однеле 14 девојки заедно со Параска Чолова. Струмичанката Марија Георгиева Ичева, која успеала да побегне од градот на 29 август 1913 година, раскажала за грчките злодела направени во Струмица и околните села, кои биле запалени до темел од андартите и нивните турски придружници. По повлекувањето на Грците, во градот и селата се вратиле само Македонците. Останатите жители на градот, Грци, Турци и Евреи заминале од Струмица. Сега слушам, раскажала Ичева, дека некои гркомани почнале да се враќаат. Од Турците ниту еден не беше вратен пред да тргнам на 29 август за Бугарија. Имаше Турци кои од почетокот кога навлегоа Грците заедно со нив грабеа, палеа и убиваа. Кога Грците се повлекуваа, со сила ги тераа сите Турци да заминат од Струмица. Мнозина од нив велеа: јас ниту сум грабел, ниту сум убивал, но не смеам да останам зашто Грците се закануваат, бараат да заминеме со нив. Една учителка ми раскажуваше, сведочи Ичева, дека ноќта на 10 август ја однеле во касарната и таму била силувана од командантот, а потоа 24 часа се ределе војниците. Сега е болна.

Според сведоштвата што ги собрал проф. д-р Милетич може да се види какви ѕверства правеле Грците, но на крајот од книгата тој најавува слични документи и за ѕверствата на српските и црногорските војски, потврдени со сведоштва на бежанците од тиквешко, велешко, штипско, кочанско, кратовско, паланечко, радовишко и од други делови на Македонија каде што дејствувала српско-црногоската војска. Се разбира, кон овие ѕверства треба да се додадат и ѕверствата што врз македонското население ги правела бугарската војска, па ќе се заокружи крвавата слика за страдањето на македонскиот народ во Балканските војни, поделен со договорот во Букурешт токму меѓу оние што ѕверски го газеа, уништуваа и убиваа за да го "ослободат".

 

6 јуни 2018 година

http://republikamakedonija1.blogspot.com/2018/05/1913.html

 

 

 

 

 

Македонија на грчка карта

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

***

ФЕДЕРАЛНА МАКЕДОНИЈА ВО ЈУГОСЛОВЕНСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА

(1945-1991)

ДЕЛ 95

 

Периодот по Третото заседание на АСНОМ во 1945, па се' до осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година, претставува единствен и во основа неделив, но во историско-периодизациска смисла во него може да се издвојат неколку покарактеристични етапи. Притоа, секоја етапа има свои карактеристики иако, во основа, секоја од нив претставува нов чекор кон осамостојувањето на Република Македонија. Треба да се има предвид и тоа дека развојот на НР Македонија во голема мера беше условен од оној на југословенската федерација, која функционираше како држава со централизирана власт.

Со преименувањето на АСНОМ во Народно собрание на ДФ Македонија и со формирањето на првата Влада на ДФ Македонија на 16 април 1945 година започна првата етапа, односно периодот на административно-централистичкото управување и на етатизацијата во кој, освен кон обновата и изградбата на земјата, активностите беа насочени и кон јакнењето на федерацијата и на нејзината власт. Кон крајот на следната 1946 година беше донесен Уставот на НР Македонија. Тоа е првиот уставен документ во историјата на македонскиот народ кој, всушност, беше во функција на етатизацијата на власта, инаку веќе зацртана со Уставот на ФНРЈ, донесен на почетокот од истата година. По неколкугодишното функционирање, во 1953 година тие беа заменети со нови уставни документи. Во нив беа внесени промени што овозможуваа олабавување на административно-централистичкиот систем на власта и на воспоставените односи во државата. Таквите промени понатаму се одразија доста поволно во споредба со состојбите што постоеја во другите земји на таканаречената "народна демократија" во југоистаочна Европа, но тоа не беше доволно за посамостоен развој на НР Македонија наспрема федерацијата.

 

Продолжува

Славе Николовски-Катин

Урлих Вилкен

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

ДЕЛ 4

КОЈ Е УРЛИХ ВИЛКЕН АВТОР НА РОМАНОТ

"АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ" ?

 

 

 Урлих Емил Елијас Фридрих Вилхелм Вилкен е роден во Стетин (сегашен Шчецин) на 18 декември 1862 година. Вилкен го започна своето редовно школување во Тебинген, потоа се пресели во Лајпциг каде што студираше египтологија и асириологија, од каде што на крајот дојде во Берлин да работи со Теодор Момсен. Дисертацијата за историјата на римскиот Египет му овозможи на младиот научник да добие звање асистент за египетски студии на Берлинскиот музеј, каде што од 1883 година беше одговорен за една пристојна колекција од папирусни документи.

Во текот на наредните три децении Вилкен со успех предаваше во Бреслав (каде што стана универзитетски професор во 1891 година), потоа во Вирзбург, Хале, Лајпциг, Бон и Мидхен, пред да се врати во Берлин како следбеник на Ото Хиршфелд. Во 1921 година Вилкен стана член на Германската академија во Берлин. Тоа беше во текот на почетната фаза на неговата научна кариера, станувајќи еден од основачите на папирологијата. Во тоа време песокот на Египет откри поголем број прецизни папирусни документи, а папирологијата беше се' уште непозната во последната деценија од деветнаесеттиот век.

Користејќи го своето одлично познавање и на египетските и на класичните студии, тој стана првокласен самоук експерт. Многу години подоцна, во признанието на неговата пионерска работа во оваа егзактна дисциплина, Меѓународното братство на научниците на неговиот седумдесети роденден го прогласи за главен папиролог.

Интересот на Вилкен се прошири многу брзо. Во 1899 година ги публикуваше двата тома за античките грчки прогонети граѓани во Египет и Нубија, научен труд кој веднаш беше признат како значаен есеј во економската историја. Многу рано овој брилијантен Германец откри дека проучувањето на документите за прогонетите граѓани не беше цел сама за себе, туку средство за поголемо разбирање на големата историска сцена. Тој се' повеќе навлегуваше во проучувањето на елинистичкиот економски систем и за птоломејскиот меркантилизам.

Економските погледи на Вилкен во книгата "Александар Велики" очигледно се јасни за читателот. Во последната глава, посебно е предадена веројатно најшироката економска ориентација на Александар и на неговите следбеници. Вилкен е во таа група на европските историчари која ја согледа важноста на примената на новата интелектуална дисциплина за проучување на историјата.

Во 1924 година Вилкен го напиша своето дело "Грчката историја во рамките на стариот век", прирачник за студенти и наставници, кое до 1958 година доживеа осум изданија! Триесеттите години за Вилкен беа особено плоден период. Историјата, папирологијата, правните науки, палеографијата и епиграфијата, сето тоа беше негов делокруг. Тоа беше во таа деценија кога се појави неговата книга "Александар Велики", заедно со бројни кратки студии за македонскиот крал.

Втората светска војна ги спречи активностите на Вилкен, како што беше случајот со многу европски научници. Ни' беше речено дека политичките настани од тој период го разлутија и го разжалостија. Наскоро по прославата на неговиот осумдесетти роденден во 1942 година, Вилкен го напушти Берлин поради лошата здравствена состојба и поради интензивираните сојузнички воздушни напади. На 10 декември 1944 година умре во Бадеб-Баден.

Книгата "Александар Велики" беше публикувана во Лајпциг во 1931 година, а две години подоцна преведена на англиски и на француски. Таа брзо беше примена со ентузијазам. Критиките во тоа време ја прогласија како "восхитувачко целосна и точна слика", "најдобра биографија за Александар дотогаш" и "ремек дело на историска интерпретација".

Имаше и неповолни коментари во ревиите кои забелижија грешки во помали детали или се спротивставија на скудните забелешки (праведна критика за сериозните научници на материјата), или несогласувања со одделни интерпретации на личноста и на плановите на Александар.

Тешко е да се најде публикуван биографски материјал за Вилкен. Тој имаше лоша среќа (ова би одговарало на неговиот поглед кон историјата) што ги помина  своите последни  години во хаосот на военото време во Германија. Во текот на тој период многу европски весници кои во друг случај би ја забележале неговата смрт, беа или исклучени или им беше редуцирана нивната публицистичка активност.

Веднаш по воениот период често беше тешко да се обноват научните проучувања, особено кај оние нации кои во голема мера страдаа во големата несреќа. Така смртта на важниот научник привлече помало внимание одошто обично. Доволно е да се спомене дека Вилкен ја продолжи традицијата установена од Драјзен. Вилкенсоновиот Александар е важна историска личност. Тој, меѓутоа, не ги поседува сите идеализми што Тарн му ги припиша. За Вилкен, Александар е битно не мотивиран од некој голем предомислен план, но тој е оној што во многу случаи реагира рационално во овие историски околности, кои го сместија во позиција на голема сила.

Нашите литературни податоци за животот на Александар се скудни, потпирајќи се речиси целосно врз пет биографски и историски извори, плус еден роман кој потекнува од античкото време. По хронолошки ред, писателите се следни:

Диодор, Елин (антички Грк) од Сицилија, од средината на првиот век пред н.е., кој напишал општа историја во четириесет книги, од кои петнаесет се зачувани, а една од нив (седумнаесеттата) целосно се однесува на Александар.

Квинтус Куртиус е латински автор од средината на првиот век од н.е., од кого е познат само научниот труд "Историја за Александар" во десет книги, од кои се поголем број зачувани.

Веројатно најславниот од древните автори за Александар е моралниот есеист и биограф Плутарх, чија книга "Животот на Александар" е напишана во почетокот на вториот век.

Исто така, од вториот век датира скратената верзија за Александар во трудот на Јустин, кој, имал фундаментално различни интерпретации  за Александар, меѓутоа, тоа не е ништо повеќе од епитом на раната општа историја од Помпеј Трог. За несреќа Трог е изгубен, затоа Јустин се смета дека има слаб одраз од оригиналот.

На крајот, целосно е зачувана книгата "Војничкиот успех на Александар" од Аријан, која е напишана во средината на вториот век, а е најцелосен и најточен извор што постои. За одбележување е и верзијата на популарниот роман за Александар од почетокот на четвртиот век. Исто така, интересен е класичниот роман за Александар, во кој може да се сретне малку нешто како сериозна историја.

Треба да се спомене дека меѓу најраните зачувани извори, оној од Диодор, е напишан речиси три века по смрта на Александар, а најдобрата верзија е од Аријан, околу два века подоцна. Најсуштествените прашања со кои се соочуваат современите научници, меѓутоа, се однесуваат на изворите и традициите кои ги следеа живите автори.

Изданието е комплицирано поради фактот што најголем дел од литературата од елинистичкиот период е изгубена, вклучувајќи ги многуте познати дела напишани за Александар во периодот веднаш по неговата смрт. Но, сепак, има останато некои преданија за Александар. Илјадници веќе изгубени фрагменти од десетици историчари на Александар постојат во трудовите на подоцнежните класични автори.

На пример, Плутарх вели: Кар од Митилен раскажува дека еднаш за време на еден банкет, Александар по пиењето му го дал пехарот на еден од своите пријатели...". Почетокот на овој пасус покажува дека Плутарх знаел или од прва или од втора рака за исказот на поранешниот писател за Александар чие име е Кар, кого тој го наведува како извор за прикаската на банкетот, а чиј труд е загубен, со исклучок на околу дваесетина вакви или слични фрагменти.

Некои од овие историски фрагменти им овозможуваат на современите автори да реконструираат некои од трудовите на тогашните писатели, а во некои случаи дури и да ги критикуваат сега живите писатели врз основа на тоа колку тие биле зависни од изворите на податоци, Така, се добива една замаглена слика во напорите да се реконструираат тривековните еленистчки преданија за Александар.

 

Продолжува

Пишува: Славе Катин

 

 

Ана Бунтеска-поетеса

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*******

 

 

 

Ана Бунтеска

 ДА МИ Е ДА ЗНАМ

  • Да ми е да знам
    Што во градите ти спие
    И која песна пилето ти ја црцори
    Та дали во песната мене ме спомнува
    Со копнеж по кожава која по тебе боли
    И страст по усниве кои без тебе изгризани се.

    Да мие да знам
    Да ми е само да знам по која патека врвиш
    И демек случајно на патот да ти се најдам
    Со коси распуштени и кроток поглед
    Премрзната на студов и со врелина во срцево
    Па да ти украдам еден насмев
    Набрзина и леко в образ да те бакнам
    Мирисот уште еднаш да ти го сетам
    И во градиве да го заробам
    За да ми трае на лето и до следната зима.

    Ех
    Да ми е да знам
    Да ми е да знам дали некојпат ме сониш
    И дали во сонот љубов водиме
    Рака в рака стиснати дали се држиме
    И усните твои дали во вратот ми шепотат
    Дур на моите спијат сите воздишки за тебе збрани
    Душо моја изгубена
    Љубов моја низ времево некаде испуштена.

    Да ми е да знам дали срцето ти венее
    И дали мислите накај мене ти се вртат
    Дали мечтаеш со очи отворени
    И дали душата за мене си ја затворил.

    Да ми е само да знам
    Во денот што ќе осамне дали сенката ми ја бараш
    Или едвај ноќта ја чекаш за да не ја најдеш
    Дали мирисот низ ветрот ми го ловиш

  • И дали некогаш ти доаѓа
    Ете така
    Од нигде никаде
    Името да ми го промрмориш
    Тивко, за никој да не те чуе
    Дури ни срцето твое да не знае.

    Да ми е да знам
    Дали кришум фотографии мои низ прсти вртиш
    И дали спомени насмевки ти будат
    Дали го паметиш телово по тебе како вие
    И очиве како по тебе светат
    Љубов одмината и остината
    Прерано овенета и предоцна најдена.

    Да ми е само некако да знам.
    Во душата какви тајни за мене носиш
    И дали уште окото твое ме бара
    Дали некојпат ти иди
    Прстите силно, до бол да ги стиснеш
    Од немоќ и желба кожата да ми ја милуваш.

    Да ти е само да знаеш
    Дека времето стои
    А со него и душава моја
    Во песочен часовник заглавена
    Та ниту мрда
    Ниту да претне може
    Дур еден ден не препукне
    И со неа сите часовници на светов не застанат
    По тебе времето да престане да се мери.

    Да ми е да знам
    И да ти е да знаеш
    Колку еден без друг не не' бива
    И колку сам по сам за греој сме
    Љубов моја
    Душо моја
    Да ти е да знаеш
    Да ми е да знам.
    *********
    Автор Ана Бунтеска

Kind regards : 11 јуни 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 148