СЕ ОТКАЖУВАМ ОД СДСМ!

Сотир

Сотир Гроздановски

ЈАС ТЕБЕ СЕ' А ТИ МЕНЕ НИШТО! ПРИВАТЕН ДОГОВОР МЕЃУ ДВАЈЦА ЛАЖГОВЦИ

******

Политичката сцена во Македонија наликува на детско игралиште, каде е се' дозволено, зошто за секоја штета, навреда или повреда, родителите ќе се погрижат за отстранување на  последиците.

По се', Владата на Република Македонија на чело со премиерот Зоран Заев се вклопува во горниот параграф. Зошто? Затоа што македонскиот народ има работа со недоветни и палави деца кои ја изневерија дадената заклетва дека се' што ќе работаат ќе работаат по Уставот и македонските закони. А пред се', ќе ги штитат националните интереси на македонските граѓани и унитарноста на македонската држава.

И кои е виновен за сето тоа? Пак ние или дел од нас, како нив, кои ги ставија своите гласачки ливчиња во нивните кутии и останаа живи!

Виновни сме сите заедно за се' што ни се случува. Виновни сме зошто не им ги сосековме корените уште дури траеше нивната "Шарена револуција", туку  криминалните "перформанси" ги сметавме за детски несташлуци и ако нивните очигледни последици покажуваа дека се крајно деструктивни  по народниот имот и угледот на македонската држава во светот. Виновни, зошто  последиците од нивното урлање и уривање на се' до што им дојде до рака и око, не се потрудивме да ги сфатиме сериозно и попречиме на време.  Виновни сме, зошто наивно верувавме дека тоа е само уште една детска болест на група незадоволници, која самата од себе ќе нестане, кога ќе им се истроши енергијата и незадоволството. Но, ако сето тоа го погледнеме од денешна перспектива, играта со трпеливоста на македонските граѓани,  вешто изрежирана, имаше за цел крвопролевање и граѓанска војна со конечен  епилог, нестанок на македонската држава. Но во исто време ни сугерираше дека  интересите на македонската држава и на македонскиот народ веќе се продадени од двете страни, на македонскиот политички спектрум, а настаните се само циркус и игра на некои мајмуни  од некоја далечна планета, до тогаш туѓа за нас.

До колку констатираме дека горе реченото е блиску до вистината, а  не  превземеме корективни мерки, навистина и државата ќе  ја изгубиме, во име на "демократијата", која Западот ни ја проповеда, ама самиот не ја спроведува. Зошто? Затоа што таа никогаш не била скроена подеднакво за сите нас, туку само за тие кои ја измислиле за поарно да живеат, на наша сметка.

Ако сметаме, пак, дека  и древните Грци ја измислиле демократијата за поарно да му биде на народот, се  лажеме и себеси и целиот свет.  Демократијата не ја измислиле  како би народот дошол полесно до своите човечки права, туку  како би грчките властелини владееле полесно со неписмениот народ и со робовите, и угодно живееле, како и секогаш. Угодно живееле и секогаш сплеткареле како би добиле нешто за ништо. И така до ден денешен, кога го добија премиерот на Република Македонија, ценетиот Муртинец, Зоран Заев за соговорник, кој е подготвен да им ги исполни сите желби, по принципот "СЕ' ЗА НИШТО", со цел да со нашето туркање во НАТО и ЕУ, заедно со својата свита и понатака ги задоволува своите апетити, на туѓа сметка.

Но, сепак, на крајот алчноста на "демократите" ја среде, за секогаш,  и самата демократија, заедно со старогрчката цивилизација.

Ако се запрашаме како беше можно самите властодршци да придонесат за таквата своја трагедија и  самоуништување, треба само да се потсетиме, во какво општество живеаа грчките градови-држави. Во робосопственичко! - кое  живееше од трудот  на робовската работна сила и неписмените граѓани. Па така, со зголемувањето на животните потреби на властодршците, се зголемуваше  и бројот на робовската работна сила, која со тек на времињата постана доминантна, и придонесе  стариот робовски систем да се замени со нов, а древната грчка цивилизација, заедно со нејзината богата култура и наука  неславно да си замине во историјата. И таму, покриена со длабоки слоеви  од римската и културата  на Османлиската Империја, да нестане  и од паметењето на новата композиција од Африканци и Албанци, коренот на денешната грчка држава со која нашата влада разговара и преговара за нешто, што тие без никакво право го посакуваат од Македонците, како свое историско наследство.

Со револуцијата од 1821 година за ослободување од Отоманската Империја и големата помош од европските и прекуморски сили, се начна идејата за обнова на одамна нестанатото грчко општество, сега во лицето на првото грчко кралство на чело со Баварскиот 17-ет годишен крал, Ото.

(Поопширно за создавањето на новата грчка држава во мојот превод, на македонски јазик, на грчкото видео: "документарец кој  ја шокира грчката јавност", МЗ бр.35)

А сега да видиме откаде толку голема љубов на Западот кон Грција, та заради неа,  со сите сили сака да ја уништи македонската цивилизација и култура, и целото нејзино историско наследство, заедно со Филипа и Александра да им го предаде како дополнителен подарок на онај од  1912-1913 и потоа потврден со Парискиот договор 1919 година, после завршетокот на Првата светска војна.

За сигурно има и други причини за целиот овој политички хаос во светот,  но ние ќе се задржиме на најголемиот "кривец", а тоа е љубовта на Баварскиот крал Лудвиг Први и неговиот син Ото спрема старогрчката цивилизација и култура. Но и желбата,  после завршетокот на грчката револуција од 1821 година за ослободување од Отоманската Империја, да го реставрираат  грчкото општество,  верувајќи дека тоа се' уште е живо и витално, како што  си го замислуваа, да е. Тој за време дури Англичаните и другите  стрвинари ги крадеа остатоците од старогрчката цивилизација и носејќи ги во своите земји за  украсување на нивните дворови и бавчи, луѓето на Лудвиг Први правеа скици и цртежи и ги претворуваа во копии, со кои  неговиот главен град Минхен, го претворија во нова Атина на тлото, каде никој не ни помислуваше дека е можно да се види. Во Баварија, една од германските сегашни сојузни држави.

Пратениците кои Лудвиг Први ги испратил да извидат какви се можностите во ново ослободените краеви на античка Грција, неочекувано на улиците на урнатата Атина и другите грчки градови се сретнаа со сиромашни и гладни Арнаути (Албанци) наместо Хелени, и одма го известија својот владар во Баварија, советувајќи го да крени раце од оваа земја и овие луѓе, зошто овде не расте ниту трева, а камоли некој си Хеленизам, за кој Лудвиг во неговите сонувања го гледаше, како рајска градина.

И ако разочаран, но  не и обесхрабрен, Лудвиг Први се зафати со работа и по урнекот на Минхен, неговиот главен град, ја обнови Атина, мислејќи дека така ќе ги реализира своите сништа и желби.

Во недостиг на своја сопствена, доволно силна и значајна цивилизација и култура, Западот им се приклучи на Баварскиот ресторатор Лудвиг Први и неговиот син Ото. Ја постави западната млада и без свој сопствен темел цивилизација и култура на пиедесталот на мртвата грчка античка цивилизација и постана нејзин заштитник и покровител.  Тоа беше  времето кога Западот покрај своето покровителство и заштитништво над  новоствореното грчко кралство на чело со 17-ет годишниот син Ото, постана и заговорник за негово драстично проширување на туѓи територии, за да биде, најверојатно, сразмерно со величината на земјите од западната меѓународна заедница, која ја прифати грчката култура и цивилизација, за своја лулка. 

Ете тука се почетоците на македонските проблеми  со новоствореното грчко кралство , во историјата за прв пат наречено, Грција.

Не лежат ли тука сите причини  и за сплетките околу името и идентитетот на Македонците  и на македонската држава? Не е ли тоа причината за доуништување на континуитетот на  една од најстарите и се' уште жива цивилизација и култура на светот - Македонската, како би Западот го сочувал своето ЕГО и докажал дека за нив постои само една цивилизација вредна да се почитува, а таа е Западната? Јас верувам во тоа. Зошто пак така? - затоа што независно  од фактот што сме  дел од христијанскиот свет, Македонија е сепак дел од светот кој  јазично и културолошки природно му припаѓа на Источната сфера, да речеме славјанската, чии центар е Русија. А на тој центар, геостратегиски местото не му е во Медитеранот.  

Ајде сега да видиме како би требало тоа да се случи, а да не изгледа дека посилниот го убива послабиот, на кукавички начин. Да се случи елиминација на македонската цивилизација преку убивање на сегашната македонска држава, Република Македонија, или со разни сплетки да и' се припиши на Грците, заедно со сите други наследни вредности, кои одат со неа.

Се започна со членството во НАТО и Европската Унија како мамка и замка. Услов, прво името на државата и идентитетот на народот по барање на Грција, но истовремено и барање активни помагачи внатре во македонското општество, за таа операција да биде доброволна акција и безболна, брзо и ефикансо завршена и без последици за нарачателите и целиот Запад.  Присилно уривање на легално избраната Влада на ВМРО-ДПМНЕ и устоличување на нова од СДСМ со Зоран Заев како најпогоден квислинг и премиер, кој најлесно и најбрутално ќе  ја изврши зададената задача од "меѓународната заедница". 

Замислено, организирано и ставено во функција!

Но, пред да се дојде до оваа фаза на разнебитување на македонската држава и обезименување на македонскиот народ се извршија многу тајни и тифки подготовки, кои веќе ни се добро познати. 

Се започна со менување на името на македонската држава, како пречка за добрососедски односи со Грција, а со Бугарија, со јазикот и заедничката историја и сето тоа се поврза со нашите желби и аспирации за влез во евроатланските структури, ЕУ и НАТО. Сосема расипана работа и уцена со крајно нечесни цели, но тогаш привлечна. Па, да видиме, на кусо, како се развиваа работите.

Прво, со  осиромашувањето на земјата и народот преку приватизацијата и поттикнувањето на корупцијата и масовните "легални" кражби на народниот имот и нестанакот на огромен број работни места, иселувањето за Македонците, да постани примарна опција за преживување.

НАТОвите уништувања на Србија и насилното отцепување на дел од нејзината територија, Косово, во полза на Албанците, и насочување на бегалската албанска маса од над 400.000 кон Македонија, да послужи како ефикасен начин за големи промени во  културолошко-демографската слика на македонската држава, е следното злосторство како "подарок" од нашите стратешки партнери и "докажани" традиционални пријатели.

Па потоа побуна со оружје и масовни убиства   за остварување "поголеми" "човечки права" за албанските бегалци од Косово во 2001 година и сето тоа како благодарност за пружената пријателска македонска рака во времињата на животни потреби. 

И уште поблиску до денешнинава, друга побуна во "Диво насеље", како освета за не остварената поделба на Македонија во 2001 година. Следеше и изедначување на Албанците и Македонците, те со братска помош на "шарените мајмуни" удар врз легалната влада на ВМРО-ДПМНЕ, формирање и насилно устоличување на квислиншка влада на чело со Зоран Заев и неговата "Франкенштајнова" СДСМ, да би се дошло до целта, која денес е во тек на реализација ?!

Но, мораме да си признаеме дека најголемата грешка, како на суверен народ во Република Македонија ни беше и ќе остане, нашата наивност и недоинформираноста за улогата и целите на Европската Унија и НАТО, како тобоже "спасители од сите зла кои ни се заканувале од Истокот".

При сето веќе кажано, треба да си ја припишеме и дополнителната грешка, а таа  е нашата брзоплета дозвола на надворешните големи сили, кои, впрочем, ја измислија Европската Унија и НАТО за полесно пљачкосување на малите европски држави, меѓу кои е и Македонија, за мали подароци на широка  порта  да влезат во Македонија, потоа заедно со Заев и Ципрас слободно и безмилосно да роварат низ неа како  мрачни сенки на месојадните диносауруси  од изминатите времиња, не најдувајќи на пречки на кој пишува:  СТОП! 

 

Ваш Сотир

Претседателот на Турција Реџеп Тајп Ердоган

Ердоган

АКО ГРЦИЈА НЕ ПРЕСТАНЕ ДА ПРОВОЦИРА, ПОВТОРНО ЌЕ БИДЕ ТУРСКА ПРОВИНЦИЈА

****

 

Грчки воени авиони од типот мираж на 29 мај 2018 година навлегле во спорната зона околу неколку помали острови и островот Кипар.

Како што наведува Турскиот весник "Заман", турската воена авијација пуштила 4 авиони ф-16 за да ги пресретнат грчките миражи.

После овој настан се огласил и претседателот на Република Турција Реџеп Тајп Ердоган. Според весникот "Заман", Ердоган рекол:

 

Ако Грција не престане да провоцира, може повторно и лесно да биде претворена во турска провинција, затоа што во споредба со Грција, Турција е помоќна во секој поглед. Изјавил Ердоган.

 

5 јуни 2018 година

http://republikamakedonija1.blogspot.com/2018

 

проф. д-р Тања Каракамишева

Тања Каракамишева

ГО ПОВИКУВАМ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ...

***

Го повикувам претседателот на Републиката г-дин Ѓорѓе Иванов да излезе на прес-конференција и јавно да му ги каже на народот следните факти:

 

1. Согласно Уставот на РМ, согласно Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори и согласно меѓународното право никој во Државата, а најмлаку Зоран Заев и Никола Димитров имаат право и надлежност да склучуваат меѓународен договор со Грција за промена на нашето име!

2. Со меѓународен договор не може да биде сменето името на Државата, името на Нацијата и Идентитетот! А ако тоа се случи, Република Македонија ќе биде запишана како преседан држава во светската политика и како држава која не го почитува меѓународното право!

Според меѓународното право спор за државни имиња не може да постои! Таков спор е невозможен!

3. За промена на име на држава можат да одлучат само и единствено СУВЕРЕНИТЕ ГРАЃАНИ НА ДРЖАВАТА НА РЕФЕРНДУМ!

Секој склучен меѓународен договор за промена на името пред да се случи референдумот и да се види дали граѓаните воопшто сакаат промена на името е ништавен!

Таквиот меѓународен договор нема да произведува никакви правни дејствија, ниту ќе произведува правни ефекти!

4. Со склучен меѓународен договор не може да се иницира промена на Устав! Постапката за промена на Уставот е јасно утврдена во Уставот, а не во меѓународен договор. Склучен меѓународен договор спротивно на Уставот на РМ не може да се применува, а уште помалку може да биде основа за започнување поставпка за промена на Уставот.

Во член 2 од Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународен договор, како меѓународен договор се смета договор кој РМ ќе го склучи во писмена форма со една или со повеќе држави или со меѓународна организација со кој се утврдуваат права и обврски за државата, согласно со Уставот на РМ и меѓународното право.

И самиот закон упатува на фактот дека меѓународниот договор мора да биде во согласност со Уставот, односно дека со меѓународниот договор не може да се менува Уставот на државата!

5. Ако, како што вели Заев, целта на меѓународниот договор што го договора со Ципрас е заради нашето зачленување во НАТО и започнување преговори со ЕУ, тогаш според нашиот Устав, закони и според меѓународното право таков вид меѓународни договори може да склучи единствено и само шефот на Државата и никој друг!

6. Претседателот Иванов треба јавно да каже дали целата постапка што ја води Владата е во согласност со Уставот, бидејќи станува збор за негов ресор и за негова уставна надлеѓност!

Јавноста ЗАСЛУЖУВА да го чуе мислењето на претседателот на Републиката сега и веднаш!

Секое одолговлекување на правната вистина околу тајните преговори за промена на нашето државно име ја става Република Македонија во заложништво и ја внесува во уште поголема неуставност и незаконитост од која нема да може да излезе ако најповиканите институции навремено не реагираат!!!

 

5 јуни 20118

http://republikamakedonija1.blogspot.com/2018

 

Миленко Неделковски

Миленко Неделковски

КОГА ПРАВИТЕ ТРИБИНИ ПО ОПШТИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ, ДЕ ОДГОВОРЕТЕ НА ОВА ПРАШАЊЕ

******

 Гнасни ми се створовите што тераат се' една те иста прикаска за тоа како "еден е изборот", односно дека ако не станеме членка на ЕУ и ако не влеземе во НАТО, ќе сме пропаднеле.

 

Настрана тоа што земјите членки на НАТО и ЕУ се режисерите на војната  во 2001-ва, настрана што они се составувачите на Охридскиот договор, територијалната распределба, Пржинските договори, Тиранскиот договор, договорот со Бугарија, пучот врз владата на ВМРО-ДПМНЕ, прислушкувањето, контролата над судството, притворањето на врвни уметници и интелектуалци, енормното задолжување, високите цени на горивата, протерувањето на рускиот дипломат..., настрана што се  они спонзори и идеоносци на "шарената" револуција, кршењето, рушењето и фарбањето на градот..., настрана се' -

ОНИ СЕ ТИЕ ШТО БАРААТ ДА СИ ГО ПРОМЕНИМЕ ИМЕТО, ИДЕНТИТЕТОТ, ЈАЗИКОТ И ИСТОРИЈАТА.

Е сега, ако ги оставиме настрана сите овие погоре наведени факти кои интензивно ги живееме и сме нивни свидетели, останува основното прашање заошто сакаме во ЕУ и НАТО, ги споделуваме ли нивните вредности и ни носи ли тоа спокоен живот и благосостојба?

Одговорот на сите овие прашање е НЕ.

Примерите на раселени и опљачкани Романија и Бугарија, раселена и уништена Хрватска, раселена Португалија, задолжени Грција, Италија и Шпанија, ЕУ-сирачиња во Полска се насликани пред нас секојдневно.

Платите, пензиите и слично во "младите" ЕУ држави се под човечко достоинство. Таму па каде се пензиите и платите високи, во Скандинавските земји, на пример, таму е висок степенот и на силување на плавуши Швеѓанки од црномурасти афричко-азиски доселеници од исламска вероисповест. И таму, овие држави им велат на силуваните "навикнете се". Како вицот при силување: ако не можеш да се оттргнеш, препусти се ужитку.

За жал по ЕУ-Брисело-Натовските заљубеници, акциите и политиките на лидерите на најмоќните "западни" (за САД запад е Сибир) секојдневно со документи и официјални изјави потврдуваат дека зачленувањето во ЕУ и НАТО за нормален народ, каков е Македонскиот, НЕ Е ОПЦИЈА.

Ево податок направен од сериозна студија нарачана од фрнацуската влада и Претседателот Макрон. Таа студија е направена во октомври 2011 година на 2.200 страници и се вика "Предградијата на Републиката" ("Banlieue de la Re'publique"). Извештајот/ студијата е изработен од Жил Кепел, почитуван политички научник и специјалист за исламот, заедно со пет други француски истражувачи. Таму се вели дека 6-и-пол милиони муслимани во Франција, значи 10% од населението, живеат во 1.500 урбани зони наречени urbaines sensibles, значи сензибилни зони каде владее безвластие и каде државата, полицијата и војската не влегуваат. Тоа се енклави на криминалот и религијата што сака Европа да ја врати милениум наназад. За тоа подетално имате во преубав текст на "Коложег": 1500 зони, најмногу околу Париз, Бордо и на Азурниот брег. Ни власт, ни закон, ни данок, ни бутур. Грубо пресметано Франција според територија и жители е 30-тина пати поголема од Македонија. Односно овие "сензибилни зони" претворени во македонски бројки значат дека кај нас, доколку сме толку "развиена демократија" како Франција, би требало да има 50-тина чувствителни зони со над 220.000 луѓе во нив. Зони каде полиција или официјална власт не може да влезе.

А, да не заборавиме, Франција е една од постојаните членки на СБ на ООН, со право на вето. Таа е светска нуклеарна супер велесила и од таму доаѓа "таткото" и идеата за Европската унија.

Па така, да го прашаме Никола Димитров, Рада Шеќеринска, или од другава страна Александар Николовски, Никола Србов или Влатко Ѓорчев: Таму ли сакате да не убутате? Во несигурност, криминал, исламизирање, силување??

За на овие од погоре да не им биде лесен одговорот, еве им уште еден податок. Имено, во најразвиениот дел на Вавилонската курва, Скандинавија, постои држава по име Шведска каде е објавен полицискиот извештај - анализа наречен "Utsatta omraden 2017 (Ранливи области 2017), за тоа дека точно 61 дел од оваа "бјутифул кантри! се таканаречени "забранети зони", каде што полицијата веќе не влегува и нема ингеренции. Таму оперираат 200 криминални мрежи кои се состојат од околу 5.000 криминалци вклучително и деца на 10-годишна восраст кои биле вклучени во сериозни кривични дела поврзани со оружје и дрога.

Значи, кога некој, еве јас на пример, јавно (јасно и гласно) се противам на било каква форма на влез во НАТО или ЕУ не е тоа затоа што сум русофил, ЕУ-хејтер или тип кој стално наоѓа некои маани. Не, јас едноставно прашувам дали ние сакаме да живееме во брак со, на пример, таква Франција?

 

28 мај 2018 година

http://www.dudinka.org

 

проф., д-р Тања Каракамишева

Тања Каракамишева

ЗА ВИСТИНАТА НА МАКЕДОНСКАТА  ИСТОРИЈА

*****

Еден сублимиран текст во знак на револт и искажување целосно негодување на "тезата" на Заев дека Македонците имале словенско-албански корени!? Една многу позната лекција упатена до шутнатите!

*** 

Демостен, преку своите "Филипики" ја урива целата грчка историја и ги вади на површина нивните лаги и погрешни перцепции за нивните корени. Еден од најголемите докази дека Македонците немале никакви етнички и биолошки врски со Грците дава токму големиот грчки мислител од тоа време, Демостен.

Тој ги нарекува Македонците "варвари", за Филип Втори вели дека не само што не е Грк, туку немал ништо заедничко со Грците. За Демостен, Филип бил само "обично шугаво суштество од Македонија", кој ја опишува како земја од која "не можеш да доведеш ниту еден роб кој вреди за нешто".

Во чест на Демостен е изграден споменик во Атина на чија плоча стои запишано: "само доколку твојата сила беше еднаква на твојата мудрост, никогаш Елада не ќе беше управувана од Македонци". Во "Филипиките" Демостен зборува дека Филип утврдувал градови во областа Линкестида. Тој зборувал дека "Филип не е ниту Хелен, ниту има нешто со Хелените, не е ниту варварин, туку е од чумата македонска, од која човек ни роб не би купил".

На статуа подигната во Атина во негова чест е испишан натписот: "Да беше твојата сила, Демостене, еднаква на твојата мудра цел, никогаш Грците не ќе беа управувани од Македонскиот јарец." Статуата била изработена од бронза од страна на Полиектус, а била подигната во 280-279 г.п.н.е по предлог на Демокарес, внук на Демостен.

Интересно е и тоа што Елините ја ставаат Македонија надвор од нивната Елада.

Постојат многу грчки записи дека не само што Елините и Македонците биле различни по крв, туку биле и големи непријатели. Историјата досега запишала многу нивни меѓусебни битки. Ако биле еден народ, како што денес кажуваат современите Грци и политичари, зошто тогаш тие меѓусебно војувале, зошто Елините ги опишувале Македонците како окупатори на нивната Елада? Античките историчари дури ги набљудуваат како две различни раси.

Нешто подоцна, слично пишуваат и римските историчари, кои гледаат значајна разлика меѓу двата народа. Повеќепати е запишано дека Македонците вршеле невидени масакри врз Елините. Оттука зачудуваат грчките тези дека станува збор за еден ист народ. Плутарх своевремено запишал и дека Елините ги мразеле Македонците и Александар. Александар Македонски бил непожелна личност и поради тоа што настојувал неговите луѓе, телохранителите и војниците да зборуваат на нивниот мајчин македонски јазик. Очигледно е дека денешните Грци се обидуваат да го изградат својот нов етнички идентитет врз коските на Македонските кралеви, заборавајќи дека тие се нешто сосема друго, дека доаѓаат од субсахарска Африка, дека нивните предци се племињата од Етиопија и Буркина Фасо од кои го наследиле црниот тен на нивната кожа, а не русите коси на Александар.

 

Александар убива шест илјади Грци во Теба.

Дека и самите Грци признавале оти меѓу нив и Македонците постоеле огромни разлики, покажуваат бројните историски сведоштва дека уште пред времето на Филип, Елините ги нарекувале Македонците "варвари". Имало и периоди кога двата народа не војувале меѓу себе, но омразата постоела. Зарем еден народ може да се мрази сам себе до степен на уништување?

Денешните грчки историчари прават се' само да ги искриват сваќањата на Демостен и другите грчки мислители од тоа време. Дури и го забраниле печатењето на неговите "Филипики". Според нив, Демостен ги одвојувал Елините од Македонците само од културолошка гледна точка. Тоа е навистина смешно. Постојат и многу светски научници кои потвдруваат дека поимот "варварин", Грците го употребувале за луѓе кои зборувале на јазик различен од грчкиот и неразбирлив за Грците. Тоа е уште еден доказ дека Македонците зборувале на македонски, а  не на грчки јазик.

Но, покрај Демостен постоеле и други Грци кои нашите предци ги нарекувале со понизни зборови. Таков е на пример хеленскиот историчар Исократ, потоа мислителот Разимах. Тоа се луѓе кои живееле двесте години пред раѓањето на Александар. Очигледно дека древните Елини имале вродена омраза против античките Македонци.

Понатаму, ако Филип Втори бил Грк, зошто Грците во сите нивни градови биле радосни кога разбрале дека македонскиот крал е мртов, па дури и славеле? Напротив, ако тој бил Грк, како што тврдат денешните Грци, тие требале да го оплакуваат, да го жалат. Но, тие мислеле дека конечно со неговата смрт ќе се ослободат од македонското ропство.

 На сцената доаѓа Александар Македонски, кој пред походот на Персија задушил многу грчки бунтови. Најпознат е оној во Теба, кога Александар и неговата војска ја рушат до темел. Тогаш биле убиени речиси шест илјади Грци во таа област. Останатите избегале во Атина. Власта во Атина вчудоневидена од силата и моќта на македоснката армија, почнала да му се понижува на Александар Македонски и да ги оправдува неговите походи. Тоа било знак на стравопочит, со цел да се спасат самите себе од копјата на Македонците. Александар имал многу битки против Грците, а една од посериозните била онаа при влегувањето во Персија.

Историчарот Артур Вајгал запишал: "најпосле Грците, опколени од целата македонска војска биле обесхрабрени и заклани како стока, останале живи само две илјади, но нив ги заробиле..."

Зарем на Заев никој до сега не му ги објаснил овие историски факти кои се дел од ГРЧКАТА ИСТОРИЈА, факти кои јасно ги разграничуваат Македонците од тогашните Елини? Како е можно целата оваа историја потврдена од познати личности Заев да ја фрли во канта и да мисли дека од неговите глупави мисли почнува Македонската историја според која ние, нели Македонците сме имале словенски и албански корени? 

Има ли, бре, некој историчар во тоа владино дувло да му каже дека Македонската историја не е црпната работа, туку дека е исклучително длабока и суштинска од аспект на постоење милиони факти и аргументи?

 

27 мај 2018 година

http://www.dudinka.org

 

 

Арнаути (Албанци)

д-р Петар Поповски

ЗА АРНАУТИТЕ

****

 Почитувани пријатели, Ве читам како реагирате на последните настани врзани со лудилото на "Дивите Геги", навивачи од "Шкендија"...! Ве разбирам. И јас не можам да сe помирам со гневот, омразата и злобата на Гегите (Арнаутите), т.н. "Албанци" кон Македонците. Таа не е од вчера, туку од денот кога пред скоро три столетија ги донесоа Турците од Азија за да го држат Македонецот во покорност. За злосторствата кои нивните предци ги вршеа врз македонскиот народ издадов двотомна студија под наслов "КРВАВО ДОСИЕ", за кое некој Геги "интелектуалци"...? повикуваа на линч, иако таа студија е градена врз аргументи, а не врз "рекла казала".

Ќе изнесам само еден релевантен податок. Имено, за последниве три столетија, како последица од нивниот терор и невидено насилство, од денешна Шкипија и Западна Македонија се иселени над 1.400.000 етнички Македонци во разни земји од светот. Се работи за див народносен елемент, кој претставува мешавина од над десетина азиски племенски групи, за кои мноштво учени-истражувачи рекле дека "се далеку од цивилизацијата".

Моите истражувања показаа, дека сите оние кои ја проучавале и анализирале оваа племенска мешавина се единствени во заклучокот дека се работи, како што стои во голем број студии, за "диво и најпогано племе што го родила човековата цивилизација".

Затоа не треба да се изненадуваме и чудиме. Таква ни била судбината, да живееме едни покрај други. Инаку, според пишаните извори, Гегите (Мирдитите, Печенезите, Татарите, Туркмените, Монголите), кои ја сочинуваат ова племенска група се најплашливи. Меѓутоа, кога зад нив стој некој голем заштитник, тогаш тие се посилни од него. Ете тоа е вистината за дивото Гегско племе. Да не се чудиме, може да дојде и до полошо. Тие денес владеат со Македонија, благодарејќи на "Дивиот Запад", а не домородниот македонски елемент, за жал и за голема несреќа, срамота и трагедија, што е последица на нашето неединство.

 

25 мај 2018 година

http://www.dudinka.org

 

д-р Петар Поповски

Д-р Петар Поповски

РЕАГИРАЊЕ ПО ПОВОД 1000 ГОДИШНИНАТА НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА

********

Почитувани пријатели, последниве вечери на електронските медиуми гледам спот со кој се најавува прославата на, наводната, јубилејна 1000 годишнина на Охридската архиепископија. Бидејќи сум доволно упатен во историјата на нашата Света Црква, се прашувам: како е можно да се слави 1000-годишнина, кога таа иста Архиепископија е основана, не во 1018, туку многу порано, дури во 535-та година, што значи 483 години порано. Тоа било сторено од страна на Папата Виргили (531-562) со Свето Папско Послание, а на молба од македонскиот император Јустинијан I (родено име Петар Кристо Саватиев).

Овој чин претставува голема навреда и своевидна провокација за нашата Света Црква, која е прва и единствена Апостолска црква на европските простори, а потоа и како Мајка црква на сите помесни цркви во христијанскиот православен свет. Споменатата 1018 година е сметана како погубна за нашата Света Црква, бидејќи тогаш, всушност, Охридската Патријаршија Македонија Прва (во 999-та година со свето папско послание е унапредена во Патријаршија од страна на Папата Гргур V (966-999), а на молба од  склавинскиот македонски цар Самоил), тогашниот император Василиј II Македонски на Македонското (средновековно) Царство, од страна на Западот намерно и тенденциозно преименувано во "ВИЗАНТИЈА", кога го освоил Царството на Самоил, што се случило по ослепувањето на неговите војски, ја деградирал Охридската Патријаршија во Архиепископија. Тоа тој не го сторил од задоволство, од некој презир или суета кон таа Света Црква, туку поради постојните државни закони, кои не допуштале во државата да има повеќе од еден цар и еден патријарх. Тогаш за врховна државна црква се сметала Цариградската патријаршија, под чие ведомство биле и сите други цркви: Никејската, Ерузалимската, Кипарската и Александриската Црква. Но затоа, пак, ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА ја прогласил за независна и и' придодал уште 12 епархии и други привилегии. И покрај тоа, во духовните кругови и во писмената комуникација и документација Охридската Црква и натаму била титуларна како Патријаршија, бидејќи деградирањето било извршено по државна, а не по црковна линија, што се косело со евангелиските правила и канони. Тоа е вистината.

Ова што сега се случува со нашата  Света Црква, би можело да се рече дека се прави од незнаење на архиереите на историјата на Црквата на која и' служат. Меѓутоа, гледајќи ја вистината в' очи, Јубилејот 1000 годишен не се однесува на 1000 години на Архиепископијата, туку Јубилеј на неканонското деградирање на Охридската Патријаршија во Архиепископија, што е некоректно, непримерено, тенденциозно и крајно навредливо за македонскиот православен свет и воопшто за Македонија и македонскиот народ, кој си ја знае и почитува својата историја и историјата на својата Света Црква, на Охридската Патријаршија Македонија Прва... Несомнено, своевиден акт на отворен антимакедонизам, сакал тоа некој да го прифати или не...!?

 

25 мај 2018 година

http://www.dudinka.org

 

Пишува Славе Катин

Урлих Вилкен

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

ДЕЛ 3

СОВРЕМЕНИ ПРОУЧУВАЊА ЗА ГОЛЕМИОТ АЛЕКСАНДАР

 

Според Урлих Вилкен, Александар е човекот за кој најмногу се зборува, најславен човек во современот век. Меѓутоа, кога критиката го нападна Александар на Тарн, зашто беше премногу идеалистичен, тој одговори во еден научен труд дека Александар бездруго бил првиот кој размислувал за обединување на човештвото. Неговата унија ја опиша (употребувајќи го терминот "хомонија") како една од најголемите револуции на човечката мисла.

Тарн беше адвокат по занимање, а им посвети големо внимание на овие настани со цел да го подржи својот став и покажа бистроумност во работата. Неговата лоша здравствена  состојба го присили да се повлече во 1905 година, а со тоа беше спречен остатокот од својот живот да го посвети на историските работи. Тарн беше добро ситуиран и не сметаше дека треба да бара универзитетска позиција како средство за помош. Сместен на својот шкотски имот, повремено патуваше во Лондон за да прибере материјал. Тој живееше "добар" живот на повисоката британска класа.

Една критика се однесува на: "мирниот џентлменски и спортски Александар на Тарн", дополнета "со извонредни погледи за животот, смртта и честа, како и за воздржаноста во љубовта и виното кои се здружени во англиското благородништво". Тарновиот идеалистички Александар стана доминантен портрет. Покрај тоа, пореалната и поточната (иако можеби помалку интересна) концепција на Вилкен избледе кај големиот број проучувачи на оваа материја.

Делумно како одговор на критиката кон него, а сигурно во одбрана на делото на својот херој, во 1948 година Тарн ја издаде книгата "Александар Велики" во два тома. Првиот том претставува кратка биографија за Александар, малку ревидирана верзија на неговите поранешни статии од книгата "Античка историја" издадена во Кембриџ, во која главните тези за мотивите и концепциите на Александар енергично се презентирани.

Вториот том со поднаслов "Потекло и студии", е серија на проучувањата на главните промени во учењето на Александар, како и детално размислување за потеклото на проблемот. Иако следбениците не се сложуваат во целост со погледите и заклучоците на Тарн, општа е оцената дека ова дело претставува чекор напред во проучувањата на Александар, манифестирајќи ја внимателната истражувачка дејност и ерудицијата со која авторот го изгради портретот на Александар. 

Александар војсководец.

Спротивно на идеализираниот лик од Тарн, А.Р. Брн врз Александар фрла друга светлина. Одличен генерал, моќем владател, силна личност, Александар на Брн остава послаб впечаток надвор од античкиот грчко-римски свет. Неговата империја пропадна, па дури и митологијата ја опкружи неговата личност, која формира широка традиција во азискиот фолклор и беше единствен производ на класичната романтичност.

За Брн, единствена заслуга на Александар е проширувањето на македонското и грчкото влијание на Исток, но ова го исцрпе елинизмот и ги спречи античките Елини-Грци да се здобијат со доволна моќ за да ја одбијат римската доминација. Можеби ниту еден од современите писатели не се противставувал толку силно на стандардната интерпретација на Александар како историски херој.

Во 1949 година, Ф. Шахермаер ја издаде книгата "Александар Велики, неговата природна надареност и моќ" на германски јазик и претстави таков Александар кој, според еден критичар, е како "концепција што би била невозможна пред Хитлер и Втората светска војна". Александар на Шахермаер е брилијантен, иако немилосрден, човек со амбиција кој ја определил и границата на античка Македонија, која беше малечка, па затоа решил да го прошири својот свет и своето кралство.

Поседувајќи силно его и неограничена моќ да дејствува решително, овој Александар успешно ги отфрлил ограничувањата на македонското феудално благородништво и во Азија се покажал како немилосрден.

Немилосрден, моќен и мистичен, тој го урнал стариот поредок и создал нова светска држава, според своето сопствено убедување. Однесувајќи се "како млад нацист што се изгубил во Алпите", се покажал способен да го исполни сонот за освојување на светот. Ваква е концепцијата на Шахермаер, која делумно е предание започнато од Драјзен, но секако речиси поинтевизирано врз искуството во Германија. Шахермаер на крајот се зазема за тоа дека светот видел многу титани, па нека се соочи уште со еден.

Во последниве години делото на Ернс Бадијан придонесе да се разбере Александар преку претставувањето на делото на Тарн и друг вид критика. Бадијан како и Шахермаер го подржува мислењето дека Александар барал пошироки хоризонти отколку неговото кралство во античка Македонија.

Издигнат на престолот од благородниците, кои се надевале да владеат преку него, Александар наскоро сфатил дека треба да ја зачува својата независност од различните античко-македонски фракции на кои тој им бил играчка.

Редејќи успех по успех на бојните полиња во Азија, Александар почнал да ги заменува постарите антички Македонци со други луѓе. Многумина протерал од својот двор и станал крал со свое сопствено владеење. Цената што ја платил за својата слобода, меѓутоа, била бариера што ја изградил меѓу себе и европските традиции, бидејќи Александар се однесувал како ориенталски деспот.

 

Картата на Македонската Империја

Тој не бил способен да се повлече од врвот на моќта, кој во истовреме бил и врв на осаменост. Бадијан не дава точни биографски податоци (а се очекуваше дека тој ќе го стори тоа), но Александар кој почна да се појавува во неговиот популарен напис е човек кој се искачил на врвот со цел да се пронајде себеси, но притоа се одделил од своите сопствени обичаи, и станал немилосрден поради несигурноста.

Александар на Бадијан е чист прагматист без да поседува филозофски погледи на светот што му ги дава Тарн. Кај Бадијан тој е со особена волја одвреме навреме да го искористи секој погоден миг за да ја постигне својата цел. Ова е еден неморален Александар, целосно окупиран со борбата за да ја осигура својата позиција како апсолутен господар.

Со цел да го добие ова, а поттикнат од својот огромен талент, тој ја завршува едната и достигнува друга е ра. Тоа е се' уште слика на светски сподвижник, чии мотиви се поврзани со неговите сопствени амбиции и намери за опстанок.

Џори Радет направи мистичен Алекдсандар, убеден за своето потекло од Бога, барајќи ја својата апотеоза во Индија, а однесувајќи се како во "Илијада". Пленувачката прикаска на Радет е современ роман, ставен во религиозни и политички рамки, но дава особености на карактерот на Александар што го привлекува современиот читател. Тоа помага да се објасни каризматичкото држење на субјектот што секогаш се манифестираше за време на приемите.

Ц.А. Робинсон, помладиот, пак, следејќи ја традицијата на Тарн, ја прифати идејата за сонот на Александар за братството меѓу луѓето. Портретот што го направи Робинсон за Александар фрла поголема светлина, а избегнува многу од преданијата непријатни за кралот. А има и други Александровци.

Испитувањето на литературата покажаа дека во биографијата на Вилкен (1931), се појавуа повеќе од педесет серии биографски проучувања, поголем број белетристика, вклучувајќи ги и романите, поезијата и драмата, а и бројни преводи и критички есеи за постари епски песни. Нема сомнение дека популарноста на Александар продолжува со несмалено темпо и во сегашно време.

 

Продолжува

Поделена Македонија

 

 

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ПИРИНСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

(1941-1945)

ДЕЛ 94

 

1. Подготовките, почетокот и текот на востанието

 Во територијата на пиринскиот дел на Македонија, набргу по германскиот напад на СССР, подготовките за оружено востание започнале под раководството на БРП (Бугарска Работничка Партија).

Нападот на Германија врз СССР бил повод ЦК на БРП да донесе решение за почеток на востание. Подготовките биле најинтензивни во Пиринскиот дел од Македонија. Тоа може да се објасни со тоа што таму дејствувале силни партиски организации кои ја подржувале политиката на БРП и го прифатиле решението за оружено востание. Иницијатор на таа активност бил Окружниот комитет на БРП за пиринскиот крај. Тој орган презел мерки да се засолнат активистите на кои им претстоело апсење и да се илегализираат, а потоа да се пристапи кон вооружување. Членовите добиле задачи и реони на кои требало да дејствуваат. Во реонот на Разлог, на крајот од јуни 1941 година веќе се формирала првата партизанска чета и биле изведени и првите акции, а кон крајот на јули се формирала уште една.

Напоредно со вооружувањето. пиринските одреди вршеле и политичко-пропагандна дејност. Нивната активност постепено била прифаќана особено од младината. За секретар на Окружниот комитет на БРП, на 23 септември 1941 година, бил избран Никола Парапунов. Со негова помош во текот на есента биле извршени промени уште во некои партиски раководства. Меѓутоа, во текот на зимата партизаните биле приморани да се повлечат од горите и да живеат легално или полулегално кај нивни јатаци.

Дејствувањето на партизанските групи било отежано поради зголемената будност на бугарската полиција. Каналот по кој се доставувало оружјето од линијата Метаксас од југ бил провален, а повеќе активности биле затворени. Меѓу нив се нашле и членови на Окружниот комитет, што доста влијаело на активностите. Во судските процеси биле донесени неколку смртни пресуди, а една од нив била извршена. Тоа оставило други негативни последици. Се појавила одредена колебливост, особено во централното партиско раководство на БРП, каде што се заговарало да се причекаат "подобри времиња" за борба. Парапунов не  се согласувал со тоа и размислувал да се промени нешто во начинот на дејствувањето. Тој истакнувал дека без учество во Антифашистичката војна, Македонија и македонскиот народ не ќе можат да ја стекнат својата слобода. Биле преземени и чекори за поврзување на партизанското движење во пиринскиот со партизанските движења во егејскиот и во вардарскиот дел од Македонија. Во овој период била изведена акција во градот Горна Џумаја.

 

2. Оружената борба во текот на 1943 годиа

 Во текот на пролетта 1943 година и антифашистичкото движење во Бугарија зело замав. Била направена реорганизација. Пиринскиот дел на Македонија ја сочинувал Четвртата зона. Во тој период се формирал Горноџумајскиот партизански одред "Никола Калапчиев". По неговото формирање одредот остварил неколку забележливи акции. Во април 1943 година се одиграле неколку политички активности, а на 1 мај 1943 година се формирал одредот "Јане Сандански". Бил отпечатен првиот број на весникот "Работничко знаме", орган на РП во Разлошко. Неговите воени дејства биле ограничени на Разлошка, а делумно на Неврокопска и Светиврачка околија. Пред настапување на зимата 1943/1944 година одредот се поделил на три дела.

 

3. Масовизирањето на оружената борба во текот на 1944 година

Во 1944 година, поради промена на општата воена состојба, се почувствувал нов подем на востанието. Освен капитулацијата на Италија на 8 септември 1944 година, голема улога имало и напредувањето на сојузниците (СССР, САД и Велика Британија) на фронтовите. Тоа се одразило и во другите земји во кои се воделе антифашистички борби (Грција и Југославија), а се одразило и во Бугарија. Меѓутоа, загубите на одредот "Никола Калапчиев" (загинувањето на командантот Арсо Пандурски и на Никола Парапунов), не можеле брзо да се надоместат. Се формирале нови органи, нивното седиште било пренесено во Разлошко, па состојбите биле релативно консолидирани. Разлошкиот партизански одред се преименувал во "Никола Парапунов", а бројот на партизаните се зголемил на 75. Овој одред остварил неколку успешни акции во Пиринско. Тоа предизвикало гнев на полициските структури, кои презеле жестоки акции. Без судски процес, на 29 мај 1944 година биле ликвидирани 14 борци.

Зголемувањето на бројот на партизанските одреди во текот на 1944 година како и на нивната пополнетост со борци, биле во постојан подем. Разлошкиот партизански одред се реорганизирал во три баталјони, кои развиле борбени активности во Горноџумајско. Во 1944 година нови партизански одреди се формирале во Неврокопско, Светиврачко и во Петричко.

Така, по тригодишното дејствување, пред 9 септември 1944, партизанското движење во Бугарија станало доста масовно. Во овој период тоа го достигнало својот врв. Партизанските единици ја презеле контролата над ситуацијата во овој регион. На 9 септември, кога капитулирало Царството Бугарија, тие слободно влегле во сите градски центри со цел да се вклучат во формирањето на новата власт на Отечествениот фронт.

 

4. Обидите за обединување

Треба пред се' да се има предвид фактот дека антифашистичките движења на Македонците во Бугарија, во Грција и во Југославија не биле раководени од еден центар. Навистина, нив ги раководеле комунистички партии, но тие имале различни ставови за македонското национално прашање. Сепак, кај борците се појавиле идеи за соработка и за евентуално обединување на партизанското движење и на македонскиот народ по ослободувањето. Иницијативи пристигале од сите три страни, иако не со ист интензитет.

Така, директни контакти меѓу Македонците од пиринскиот дел на Македонија и претставниците на ГШ на НОВ и ПОМ, ако се исклучат делегирањето на претставници од пиринскиот крај на Првото заседание на АСНОМ (2 август 1944) биле воспоставени на 10 октомври 1944 година. Од страна на ГШ присуствувале Михајло Апостолски (командант) и Бане Андреев (политички комесар), а од пиринскиот дел на Македонија Крсто Стојчев и Крум Радонов. 

Во следниот период контактите зачестиле, а особено по 9 септември 1944 година, кога се остварувале и непосредно и на разни нивоа. На првата средба Крсто Стојчев ја искажал желбата за обединување на македонскиот народ. Таа желба јасно била искажана на Второто (прво вонредно) заседание на АСНОМ одржано во Скопје на 28-30 декември 1944 година од страна на претставникот на Бугарската влада и на ОФ Бугарија. Овие ставови на Владата на ОФ Бугарија повлијаеле македонскиот народ да поверува дека до таквото обединување, по завршувањето на Втората светска војна, сепак ќе дојде. Меѓутоа, не поминало многу време веќе се создале непремостливи пречки за остварувањето на тој идеал на македонскиот народ, иако со неговото масовно учество во војната, тоа обединување народот го заслужи.

 

Продолжува

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

********** 

 

 

 

Жаклина Михајлова

РЕТКА СЛИКА

  • Пред сјодвање,
    во огледалото загледани:
    Таа - со насмевка, шеснаесетка,
    сјаен оган во очите,
    Тој - со изгор очи затворени,
    усни цврсто на рамо прилепени,
    занес со Кирон притиснат,
    миг во момент пропаднат.

    Таа - во молк како Божица,
    заслепена, оглувена, обезглавена божем,

  • Тој - како славеј во ноќ - дење распеан,
    Да се каже, да се докаже, да се покаже.

    Во чиј ли ум вистината да се вреже?
    Огледани сега, одгледани во друго време,
    загледани во иднината,
    во далечијата, во небиднината...
    Таа и тој - маса во етер,
    тој и таа - магла во ветер!
    *********
    Автор, Жаклина Михајлова

 КИРОН - Каирос ( Во старомакедонската митологија, Кирон е младич со кој е претставен испуштениот момент)

*****

Kind regards : 5 јуни 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 147