МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ

Сотир Гроздановски

Сотир Гроздановски

ЗОШТО ДЕНОТ НА АРМ НЕ ПРОДОЛЖИ ДА СЕ ПРОСЛАВУВА НА СЛАВЕЈ ПЛАНИНА ?

**********************

Изродите ја започнаа втората фаза од деградирањето и обезличувањето на македонската држава, заедно со  идентитетот на македонскиот народ. Ја започнаа сосема сериозно и брутално. Ja започнаа плански,  организирано и деструктивно од таму, каде што најмногу боли и од што се тресе целото  македонското битие. Удрија по  изворот на нашето вековно постоење,  од каде ја црпиме нашата сила за 'од кон иднината: од историјата, јазикот и на крај од името. Каде ќе застанат, никој не знае, се' дури не одлучиме и ние да удриме на начин,  како што секој насилник и злосторник заслужува. Бруталноста на нивните деиствија за што побргу да не докрајчат и да избришат се' македонско на овој мал македонски простор, но и на секаде по светот каде судбините не однесоа, но не не сотраа, не стивнува. Начинот на кои го прават тоа е фасцинантен и скоро магичен. Со многу ветувања и лаги и некоја смиреност со која дел од народот го замајуваат за  да не си го гледа својот крај и крајот на  својата држава, натопена со крвта на илјадници изгинати за ние да имаме, поарна иднина. И ние и сите оние македонски генерации, што доаѓаат после нас.

Ако омразата спрема нашето древно минато во кое се корените на денешниве времиња ја земеме за првата фаза, а фтората  уништување на асномските корени на македонската обновена и современа македонска држава, тогаш за сигурно немаме трета фаза во која ќе продолжиме да опстојуваме како Македонци. Со насилното и безимено влегување во НАТО и Европската Унија и доброволното одрекнување од македонскиот суверенитет, може да се смета дека влегуваме во третата и последната фаза на нашето слободно постоење. Ако би тоа бил "рајот" во кои не влечкаат сегашните властодршци од коалицијата на СДСМ и албанските терористи, Господ нека ни помогне  таа фаза на нашето умирање да биде брза и безболна.

Кога ја споменавме втората фаза како уништување на асномските достигања на македонскиот народ, не смееме да  го заборавиме деградирањето и отуѓувањето и на безбедносните сили на Република Македонија, вклучувајќи ја АРМ и Полицијата. Тие се до таа мера разводнети и инфицирани со елементи на кои не им е местото таму, да неможат да се сметаат, веќе,  како вистински безбедносни сили на Македонија и народот македонски.

Ако ги погледнеме, пак, безбедносните сили на другите републики од поранешната заедничка држава, слободно ќе можеме да заклучиме дека со безбедносните сили на Македонија не управува македонскиот народ, како едини уставотворен  и мнозински народ во земјата и одговорен за безбедноста своја и на сите национални малцинства во неа. Кај нив, неможе да се замисли тоа што кај нас постана редовна глупост и тотална неодговорност и наивност да се има доверба во искрените намери на вчерашните отворени агресори врз македонската држава и  македонскиот народ, посебно. Доверба после  војната од 2001 година, кога  албанското малцинство заедно со своите браќа од Косово и Албанија кренаа рака на македонскиот народ и неговата држава, со цел да грабнат уште еден дел од западна Македонија и ја приклучат кон Албанија. Но не само тоа, туку со ѕверските изживувања над убиените бранители на Македонија, да завијат во црно  многу македонски мајки и татковци за секогаш да жалат и заради своите верувања,  дека никогаш повеќе Албанците нема одново да ги отворат боиштата, на своите предци. 

Денес, во знак на некаква соживот, македонските политички партии им дозволија на истите тие помилувани злосторници од внатре да ја разнебитуваат државата и ги загрозат темелните вредности не само на македонскиот народ, туку и на другите национални малцинства.

Од подолните размислувања на Трајан Петровски ќе можете, драги мои читатели, да сознаете многу повеќе за последиците на таа македонска доверба спрема  вчерашните и денешните отворени непријатели, кои имаат длабоки корени во минатото, но и незаслужено влијание во денешните внатрешни и надворешни работи на македонската држава.

Прво, нешто за Трајан Петровски.

Тој е поет, раскажувач, романсиер, публицист, преведувач, дипломат, колумнист  и општественик роден на 31 јануари 1939 година во с. Арбиново, Охридско. Завршил Правен факултет во Скопје. Бил претседател на Советот на СВП, секретар на ДПМ. Бил амбасадор на Република Македонија во Турција, Кралството С. Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Централно-азиските држави.

Тој е автор на повеќе книги, од кои ќе споменеме само неколку: И падина и гороцвет (поезија, 1964); Опаленик (поезија,1967); Благослов на лебот (поезија, 1969); Водици (поезија, 1969); Дреновина (поезија, 1971); потоа Огненото лице на Дебрца (монографија, 1972); Вовчето Киро (роман за деца,1973); Горчлив австралиски патопис (1974); Каирска магија (запис, 1988); Смалувањето на човекот (раскази, 1988); Житија караормански (записи, 1989); Здравица за потомците (роман, 1995); Верување во Охрид (поема, 1996); Живеам во Азија (поезија, 2000); Беседење по дервишки (поезија) и уште неколку други.

Добитник е на наградите: "Рациново признание", "Кочо Рацин", "Детска радост", "Ванчо Николески", "Григор Прличев", "Златен Јупитер" на градот Тосија (Турција), потоа "Златно перо" и "Повелба на градот Охрид".

А сега, кога сознавме со каква личност имаме работа, да почнеме со пораките во неговите колумни, кои се предмет на текстов пред вас:

 

1. Чествувања по повод формирањето на Армијата на Македонија.

********************************************************************

"Како датум на формирањето на Армијата на Република Македонија е прифатен 18 август, според денот кога е формиран баталјонот "Мирче Ацев" на Славеј Планина, во 1943 година, во Слободната територија Дебрца. Овој значаен историски датум, по независноста на Македонија се одбележуваше достоинствено, со пригодни свечености што доликуваат на неговото величие во македонската историја, на местото на настанот, со присуство на највисоките државни раководители и функционери од соодветните ресори.

Посебно импресивно беше масовното присуство на населението од славна Дебрца, од Охридско и од другите места. Се чествуваше како голем празник. Се евоцираа спомени на живи учесници, на истакнати интелектуалци, на борци од првиот строј. Нормално, учествуваа и високи претставници на Армијата, кои се грижеа за организацијата и дел од протоколот.

Свеченостите траеја до 2000 година.

Оттогаш наваму, церемониите на одбележувањето на Денот на АРМ, 18 август, се одржуваат во касарната Илинден во Скопје, со скудна програма, несоодветна на значењето на овој датум. Церемониите во касарната Илинден ја немаат истата тежина, како оние што се одржуваа по независноста на Македонија на местото каде што се одиграа најзначајните историски настани во Народноослободителната, татковинска борба, на Слободната територија Дебрца, вклучувајќи ги епохалните настани на Планините Славеј и Караорман.

Останува прашањето зошто се бега од реалноста. Од историската обврска. Зошто се омаловажува Славеј и Слободната територија Дебрца, кои беа држава во вистинската смисла уште во 1943 година, во самиот виор на војната, пред да се случи слободата. Првата слободна македонска современа држава. Пред АСНОМ.

Прославата на ваков значаен датум на нашата Армија, со протоколарни церемонии од типот на држење два-три кратки говори, смотра на почесна чета или баталјон и со војничко гравче, во Скопје, не можата во никој случај да бидат замена за Славеј.

Прославите од овој вид во другите републики од поранешната сојузна држава СФРЈ имаат сосема подруга, импресивна димензија. Тие се одржуваат точно на местата каде што биле формирани првите партизански одреди. За совет може да се прашаат претседателите на Хрватска, господата Стипе Месиќ и Иво Јосиповиќ, словенечките или српските претседатели и политичари". Вели Трајан Петровски

  • Трајан Петровски

  • Славеј планина

Но покрај ваквото деградирање на светите места на македонскиот народ од времињата кога се создаваше македонската современа држава во времето на НОБ, нечесното однесување на новите властодршци во Македонија, одат уште подалеку.

 

2. Послание до граѓаните.

**************************

"Насилно се претвара Општина Дебрца во општина Депонија, спротивно од сите еколошки стандарди, историското значење, културното наследство, традицијата, егзистенцијалните аспекти и многу други елементи на современото живеење на луѓето кои живеат таму и ги негуваат спомените на изгинатите млади партизани за слободата на Македонија". Вели господинот Трајан Петровски, во своето Послание, до учесниците на протестниот собир во Дебрца, од 22 април 2018 година, по повод намерата да се гради регионална депонија кај селото Годивје и оди понатака.

"Дебрчани, охриѓани, македонски народе. Отворете очи. Станува збор за насилничка намера. Кренете глас до небо, ДЕБРЦА е СВЕТИЛНИК на македонската историја. И во Илинден и во НОБ, СВЕТИЛНИЦИТЕ уживаат посебна заштита. Минатата година повторно воскресна пакосната идеја за изградба на депонија (буниште, ѓубралник) токму во Дебрца, во атарот на селото Годивје. Жителите на Дебрца се соочија со безобѕирен ултиматум, со недоквакани образложенија дека така било договорено на највисоко ниво, во ресорното министерство на естаблишментот, во консултација со некакви меѓународни експерти!)!

Кажете гласно дека најголемата одговорност ќе падне врз плеќите на премиерот Зоран Заев, како првоодговорен во естаблишментот, независно кој е директно одговорен од наводните "големи стручњаци" натоварени со привилегии, кои се зафатиле со ваква сериозна задача.

Кренете црвен картон - нема отстапница!

Борбена и славна Дебрца, македонската Прва Слободна територија (читај Република) во екот на Ослободителната војна против фашизмот, не смее да дозволи од светилник на историјата да се претвори во буниште на историјата и на иднината. Дебрца не е ничија сермија.

Дебрца (славна) е Првата македонска територија (читај Република) уште од 1943 година. Без неа не ќе беше ни АСНОМ.

Во Дебрца се формираа првите воени единици на македонската антифашистичка, ослободителна војска. Баталјонот "Мирче Ацев" беше формиран на Славеј Планина на 18 август 1943 година. Првата Македонско-косовска ударна бригада беше формирана во славно Сливово, во ноември 1943 година.

Во истата таа година беа отворени првите училишта на македонски јазик. Беа создадени првите органи на народната власт.

Во Дебрца беше седиштето на Главниот штаб на НОВ и ПОМ.

Во Дебрца беше формирано првото Верско поверенство, почетен чин на Афтокефалноста на македонската црква.

Во Дебрца дејствуваше Првата воена болница, среде планина. Во Дебрца беа стационирани првите воени сојузнички мисии. И да не набројувам повеќе. Има уште многу први работи. Да не ги споменувам палежите и загинатите за слобода.

Дигнете се еколози, љубители на недопрената природа! Во Дебрца не смее да се гради никаков објект од типот на депонија, заради заштитата на Охридското Езеро и забраните од УНЕСКО. Реката Сатеска со сите околни притоки е поврзана со водите на Охридското Езеро. Локацијата за депонија во Годивје е покрај Автопатот за Охрид, на растојание од триста метри.

Дегутантни се приказните за споредба со наводна современа технологија, по примерот на Швајцарија и другите европски цивилизирани држави. Целата наша државичка е депонија. Ние не сме кадри да менаџираме такви објекти, какво и да биде совршенството.

Зачудувачки е молкот и на градоначалникот на Охрид, на насилничкото, кабадахиско обезличување на Дебрца.

Па сепак, нека знаат сите дека нашата слободна територија нема да се предаде по никоја цена. Нема да моли за милост и да клекне на колена. Таа е веќе востаната. Ќе го брани својот беден и уценувачки опстанок со востание.

ВОСТАНИЕ"!!! - со што го завршуваме и Посланието на Трајан Петровски, верувајќи дека неговиот глас ќе допре до луѓето кои претендираат дека се вистински претставници на македонскиот народ и дека се' што чинат, чинат со добра намера и за заеднички интерес.  

Извори за текстов:

http://www.mkd.mk/kolumni/

http://www.webohrid.com/poslanie/na/trajan/petrovski/

 

 

Ицо Најдовски Перин

ГРЦИЈА НЕ ВОДИ ПРЕГОВОРИ, ТУКУ  ПОЛИТИКА НА УЦЕНА КОН МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

******************

Грција со години не води преговори со Македонија, туку политика на класична уцена за името на државата, јазикот и народот. Таа не е спремна, не само да попушта во преговорите, туку не е спремна за основни чекори, за тие т.н. мерки на градење на доверба. Така да, не можеме да живееме во илузиjа дека Грците ќе попуштат. Грците се со една одредена агенда и ќе ја следат до крај. Прашање е само што ќе прави Македонија и македонската влада.

 * / *

Ова во интервју за македонската програма на мелбурнското радио "3ZZZ" кај водителот и новинар Ицо Најдовски го изјави Јоргос Пападакис, грчко-македонски аналитичар и член на политичката партија "Виножито". Пападакис во моментов е во Брисел, седиштето на Европската Унија, од каде го следи последниот развој на настаните околу македонско-грчкото прашање за името на нашата земја.

"Со години наназад зборувам дека единствена цел на Грција за преговорите  со името не е самото име, туку името на народот и името на јазикот. Тоа се гледа сега многу јасно, бидејќи во преговорите се отвори прашањето како ќе се нарекуваат нејзините граѓани, како ќе се нарекува јазикот итнт. Грција сака да има јасна одредница меѓу граѓаните, Македонците во Република Македонија и Македонците надвор од Република Македонија. Тоа им е целта", вели Пападакис, додавајќи дека Грција преговара само условно кажано, но во суштина тоа не се преговори, туку уцена на Грција против Македонија и македонскиот народ.

Пападакис вели дека до одреден степен ја разбира Владата на премиерот Заев, бидејќи, како што вели, тие дошле на власт со мандат на промени.

"Една голема промена за Република Македонија би била влез во НАТО и почетокот на преговори со Европската Унија. Тоа го сваќаат луѓето во Владата како даден мандат од македонскиот народ и покушаваат некако тоа да го промовираат. Една голема пречка за тоа е секако ставот на Грција околу името на Република Македонија, македонскиот народ и јазикот. Затоа велам, го разбирам обидот на новата влада да го реши тоа. Од друга страна, пак,  не може тоа да се реши по секоја цена. Тоа мора да е јасно и во Републиката и надвор и посебно тука во Брисел, каде што улогата на Европската Унија не е таа која би требало да биде", вели Јоргос Пападакис.

Тој вели дека Европската Унија направила голема грешка што еден билатерален спор го претвори во еден европски спор и тоа сега го плаќаме сите.

На прашањето од новинарот Најдовски дали Грците се спремни да попуштат во спорот со цел да има решение, Пападакис е категоричен дека тие не сакаат и нема да попуштат.

"Пред неколку дена читав интервју на директор од еден тинк-тенк во Атина. Тоа тинк-тенк кој ја диктира надворешната политика на Грција. Тие се јасни. Човекот вика дека бараат европски фондови за да го отворат граничниот премин кај Маркова Нога. Тоа се смешни работи, такви европски фондови за една толку мала работа. Грција не е спремна, не само да попушта, туку не е спремна за основни чекори, за тие мерки на градење на доверба. Така да, не можеме да живееме во илузија дека ќе попуштат Грците. Грците се со една одредена агенда и ќе ја следат до крај. Прашање е само што ќе прави Македонија и македонската влада".

Пападакис прогнозира дека исходот од сегашната ситуација е дека на крај нема да се постигне договор.

"Имаме изјави од двете страни кои се обидуваат да го припремат теренот за неуспех на преговорите и мислам дека полека ќе биде јасно дека сигурно не може до јуни, а не знам и дали воопшто ќе може да биде решен тој спор, под такви услови, под уцените на Грција и под притисок да се реши "now or never". Така да, дури иако сите велат дека стигнавме многу поблиску од претходните пати, мислам дека и овојпат не може да се реши и мора Македонија да има алтернатива како ќе пречекори преку НАТО и преку Европската Унија", со што го завршува разговорот со новинарот Ицо Најдовски-Перин, за Македонската програма "3ZZZ" од Мелбурн, Австралија.

 

25 април 2018 година

http://macedonia365.com/10174/

Јоргос Пападакис (лево) Ицо Најдовски-Перин (десно)

Херонеја - Беласица

Професор Димче Донески

ХЕРОНЕЈА 338 ИЛИ БЕЛАСИЦА 1014

ОД НАС ЗАВИСИ!

*******************

Драги мои Македонци! Македонија многупати низ вековите се наоѓала на крстопат и многупати одлучувала каква сака да биде и да остане. Бидувала или не и после сите битки останувала Македонија. Можеби победувана и поробувана, но сепак непокорна македонска со свои македонски нишани со кои опстанала и до денес. А денес, токму денес и деновиве, оваа наша Македонија е на уште една балканска, европска и белосветска ветрометина. И денес треба одново да се бориме и избориме за да ја сочуваме и не само за себе, ами за сите идни поколенија и тоа токму каква што и ни ја дадоа предците - Македонија за Македонците и за внуците на Македонците!

Се бориме ли доволно? Се арчиме ли за Македонија како што се арчеа Гемиџиите, како што се арчеа комитите и партизаните и по нив асномците и по нив бранителите? Се арчиме ли ние, денешните Македонци за иднината и биднината македонска?! Та вие сами знаете дека не е така. А особено тие. Оние кои денес се претпоставуваат како божемни македонски водачи и раководители. Оние кои денас ја водат "виткајкичма - дипломатијата", кои бесрамно, во преговорите со соседите, кажуваат дека ние Македонците немаме црвени линии како  што сите нормални околу нас ги имаат исцртано. А, да ги прашам денешниве наши преговарачи: зарем крвта на паднатите за Македонија и за нејзината слобода не е доволно црвена и света за да ни биде црвената македонска линија? Зарем името и јазикот не се нашите нишани кои мора да останат нашата црвена линија?!

Господо драга, прстот на умот и умот в глава пред да се одлучите да го извалкате македонскиот образ. Прстот на умот и умот в глава пред да помислите на евроамериканските сребреници со кои сакате на најмизерен начин да ја предадете и продадете македонската светост и македонската библиска вечност!

Заборавивте ли на славната македонска империја од која и денес се плашат оние, јужните? Заборавивте ли на славната македонска фаланга и на славната Херонеја во која до корен беа поразени тогашните Грци, Атињаните, поразени од тогашните "варвари од север", мудриот Филип и неговиот уште пославен син, најголемиот Македонец, Александар? Потсете се уште еднаш на таа историска битка од која и денес се плашат сите оние кои знаат дека не се наследници на древните наши македонски цареви Филип и Александар.

Господо драга, Херонеја нека ни биде мотивот и силната волја за да не потпаднеме под ничие влијание и за николку пари, зашто Македонија е поскапа од се'. Македонија е поскапа и од нашиот живот, зашто само Македонија е нашиот живот а нашиот живот е единствениот живот-само во татковината со вечно и библиско име: Македонија!

Драги мои Македонци и Македонки: Херонеја нека ни биде примерот и изворот на нашите сегашни и идни одлуки и битки како треба да се бориме против негаторите, против пропагаторите на лажен живот и лажна божем европска Македонија. Херонеја од 338 година пред нашата ера нека ни биде мотив за нова Херонеја 2018 во која со силна духовна битка за името и со силен македонски патриотизам ќе излеземе победници над сите злососедски и белосветски душмани кои решиле да не' уништат, да не' сотрат. Да не' ослепат, нас овдешните милиони Македонци, онака како што на една друга битка кај Беласица во 1014-тата година ги ослепија четиринаесетилјадните самоилови војници и Македонци кои, за да биде поголема трагедијата, настрадаа токму од Гркот Василиј.

И денес, истите тие кои ни зборуваат за демократија, а не ја спроведуваат во своите граници, истите тие ни кажуваат како требало да се викаме и да се именуваме и внатре во Македонија и надвор од неа. Не е ли срам, Македонци мои, да се откажеме доброволно од се' што нас не' прави силни и достоинствени, горди и величенствени: Македонци!? Не е ли срам да се откажеме од 33 пати спомнатата Македонија во најсветата книга, во Библијата? Не е ли срам, без борба, без оружје и без ропство сами да си се откажеме од крстеното ни име библиско, од милениумското ни и вечно име Македонија?!

Срам е, ести најголем срам е и не само пред себеси, ами триж повеќе пред нашите родени деца и уште триж повеќе пред нивните родени и неродени деца чии прадедовци со крвта своја ја испишуваа историјата и иднината на оваа и онаа поголема Македонија!

Ете, затоа, ете заради нив, заради нашите деца и заради децата на нашите деца треба простум да застанеме пред големата измама на божемната Европа во Македонија и Македонија во лажната Европа-без Македонци и без името Македонија! Ете, затоа треба да им укажеме и да ги предупредиме нашите денешни раководители дека е време да ја избереме Херонеја 338, за да не ја доживееме Беласица 1014, за да не го доживееме своето доброволно салто мортале сега и засекогаш. Зашто, ако еднаш им дозволиме да не' прекрстат, ако еднаш им дозволиме да не' згазат, засекогаш ќе останеме поразени, покорени, понижени и умрени за навек како Македонци.

Февруари е, и нека ни биде причина за уште еден славен февруарски поход во кој мора да го зајакнеме својот македонски имунитет и својот македонски идентитет за да издржиме во оваа македонска зима во која демнат балканските и белосветски измами против единствената ни татковина, Република Македонија!

Време ести за семакедонско обединување под барјак-ѕвездата на македонскиот Кутлеш. За да не' биде, за да не' има. Сега, како и многупати досега. 

Сега и за секогаш!

16 февруари 2018 година

http://macedonia365.com/5410/

 

 

 

 

Македонски војник умира само со пушка в раце.

 

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНИЈА ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

(1941-1945)

ДЕЛ 89

**********

 

 

13.2. ПОДГОТОВКИТЕ И ОДРЖУВАЊЕТО НА ВТОРОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ

 

Крајот на 1944 година во Македонија бил дочекан во слобода. На самиот крај од годината (28-30 декември 1944) година се одржало Второто заседание на АСНОМ, исто така значаен државен и политички настан.

Одржувањето на Второто заседание на АСНОМ (во документите означувано како прво вонредно) произлегло од дотогашните успеси, но и од потребите да се продолжи замислениот од во оформувањето на новата држава. На ова заседание, преку поздравите од страна на меѓународната заедница, особено од големите сили, пристигнале повеќе признанија за она што било веќе направено. И од самите Бугари била осудена улогата на Бугарија во текот на Втората светска војна и бил поздравен планот на Македонија за создавање сопствена држава. Од страна на ОФ на Бугарија (отечествен фронт) бил искажан принципиелен став во врска со создавањето на интегрирана Македонија. Тоа го поздравила и македонската емиграција. Во оваа смисла не изостанале поздравите и од Македонците од егејскиот дел на  Македонија.

Веројатно било неопходно да се зборува за заедничката борба на македонскиот народ со југословенските народи. Но, во некои сегменти тоа заедништво добивало пренагласен карактер. Имено, низ Второто заседание на АСНОМ од некои претставници на југословенскиот врв (на пример, Едвард Кардељ) била застапувана тезата за силна и централизирана Југославија како гаранција за иднината на Македонија. Тоа било направено поради претходно пласираните гласови за наводниот "македонски сепаратизам". Всушност, треба да се признае дека во Македонија, кон крајот на 1944 година и во почетокот на 1945 година, постоела извесна еуфорија. Македонија прва се ослободила и ги верифицирала остварените резултати преку своето заседание, но никако не може да се говори за присутен сепаратизам. Не постоеле услови за поинаков развој на настаните, па затоа сите напори биле насочени кон помошта на другите југословенски народи за конечното ослободување на Југославија. Имало и неоправдана самокритика од страна на некои раководители во Македонија дека малку било направено и малку се прави за заедничката борба, но тие реакции произлегувале од потребата да се следи генералната југословенска линија во општите процеси. Била присутна неоправдана вознемиреност за наводното дејствување на некои "реакционерни сили", па така на удар се нашле и чесни луѓе, стопанственици и интелектуалци што не се согласувале со општите оцени. Против нив безбедносните органи примениле голем степен на самоволие од позиција на сила, употребувајќи репресија.

 

Продолжува

Славко Јаневски, 1920 - 2000

 

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*****************************

Славко Јаневски

 

 

 

ЦВЕТОВИ

  • В Тиквешко негде, в некое село,
    кај в слана тивко венеше цвете,
    - убија дете.

    Последна солза од око капна...
    кога на ридот есента стапна,
    в крви се изми утрото бело.
    И кога в зраци челикот светна
    последна мисла ко птица летна:
    "Мајка ми сама остана в село".

    О, детски очи!
    Криевте в себе небесно катче...
    Румено крвје течеше в жили
    в радост без почини...

  • Кај око детско натопи земја
    гороцвет никна, разлиста пролет,
    кај крвта врела растопи слана
    црвена роза закити поле.

    Мајската роза и цветот модер
    в миризма молат:
    "Закити, друже, огнена пушка
    со цвеќа млади,
    па напред појди и друга деца
    брани со гради".

    В Тиквешко негде, в некое село,
    кај в слана тивко венеше цвете,
    -убија дете.
    *********
    Автор, Славко Јаневски

Kind regards : 06 мај 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 142