РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ERGA OMNES

Сотир Гроздановски

 

Сотир Гроздановски

ИМААТ ЛИ МАКЕДОНЦИТЕ ОДБРАНБЕНИ МЕХАНИЗМИ ВО СИТУАЦИИ КОГА ДРЖАВНИТЕ ОРГАНИ РАБОТААТ ПРОТИВ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА ?

**********************

 

 

Личната безбедност на граѓаните и безбедноста на заедничките државни  простори  се загарантирани покрај со интерните правни прописи на секоја државна заедница, поединечно, и со меѓународни закони, за кои "гарантира", пак, Организацијата  на Обединетите Нации, со своите безбедносни механизми. Меѓутоа, посилните секогаш изнајдуваат дупки во заеднички донесените правила на однесување,  и така свесно ги повредуваат правилата  на играта, со цел по секоја цена да ги задоволат своите интереси насочени кон туѓи земји, нивните рудни богатства, нивните шуми и водни ресурси, но во некои случаеви кога се дрзнуваат дури и народите да ги истребат од нивните вековни огништа и ги расеат по светот, да избегаат од одговорноста  за причинетите злосторства, како на пример со Македонците во Грција и Бугарија.  

Македонскиот проблем е  специфичен и се протегнува низ долг временски период. Се работи за земја сместена на геополитички и стратешки простор на Балканот, каде се судираат интересите на големите западни, европски и источни сили. Но не само нивните. Соседните држави, со кои Македонија се граничи се заинтересирани дури и повеќе, зошто се работи за грабење на нејзината територија и нејзините природни и културни богатства. За народот никој не е заинтересиран што ќе стане одкако ќе си ги задоволат нивните егоистични интереси. Ако неможат ништо друго, ќе гo асимилираат и по пат на образовниот систем и со тек на времето, за секогаш ќе му ги избришат сеќавањата за она што некогаш бил и кои  биле  неговите предци.

Македонската прикаска е долга и за неа сум пишувал повеќе пати. Овој пат ќе ја скратиме, зошто знам дека многу од вас ќе се запрашаат: - па добро, ако не поделија еднаш, а сега делот окупиран од Србија е  веќе 27 години независна,  самостојна македонска држава и членка на ООН, кој ѓаол е со светов околу нас?- зарем немаат друга работа освен чепкање по нашите животи и нашата држава?  Не ни даваат слободно да дишеме во нашата сопствне земја! Што бараат повеќе од нас? Те да си го смениме името на државата, те идентитетот, те јазикот, па историјата, па им сметаат спомениците на нашите предци за кои претендираат дека се дел од нивната "славна" историја, те имињата на аеродромите, патиштата, улиците, плоштадите по градовите, државното знаме, грбот и на крајот Уставот, за да биделе сигурни дека никој не би можел, во некоја иднина, да ја преиначи вековната кражба на еден народ. Кражба на  македонскиот народ со милениуми стар на овие простори и со големи придонеси за светската цивилизација, писменоста,  културата, па и земја преку која дури и Христијанството стигнало во Европа и пошироко во азијските простори, преку Русија. Каде е сега  светската организација (ООН) со своите безбедносни механизми да не заштити  од членките кои неги почитуваат меѓународните прописи, туку на против, ги брани нивните насилнички однесувања спрема Македонија и Македонците?  Нашата безбедност е загрозена баш од таквите "меѓународни" организации, во кој спаѓа и НАТО и Европската Унија.

Ех, драги мои браќа и сестри, не е во игра само веќе кажаното.  Има уште многу! 

Грција, Бугарија и нејзините сојузници, а наши "стари пријатели и стратешки партнери" сакаат да не снема од овие простори за секогаш, како Македонци. Да го избришат името Македонија, заедно со нашиот идентитет. Да бидеме народ без историја, без јазик, култура, обичаи, музика, песни, традиции, писменост за полесно да не втурнат, како овци, во НАТО и евентуално како идни Зомби во ЕУ. Да им бидеме топовско месо во идната светска војна, која ни ја подготвуваат како "подарок" што сме добри послушници и што дозволуваме без никаков отпор да се самообезличиме и избришеме од списокот на народите во кои со милениуми бевме записани со големата буква "М". 

Но сепак, главната причина за геноцидот што ни го подготвуваат се крие во желбата злосторствата над Македонците во егејскиот дел на Македонија, да се избришат од нивната совест за секогаш. Да се скријат од правдата нивните нечовечки убивања со  напалм бомбите за време на Граѓанската војна во Грција, за траг од жртвите да не остане, потоа протерувањето на децата  од страв да не го зголемат наталитетот на македонскиот народ, кога ќе им  дојде времето, а најповеќе, кога еден ден ќе си ја побараат својата земја, природните и културните богатства заедно со наплатата за нивното безправно експлоатирање ит.н.т.

Ама,   сето ова што надворешните наши вековни непријатели го бараат од нашата нова "реформска" влада предводена од Зоран Заев и неговата свита не би требало многу да не загрижува. Тие си бараат се' што им треба, без трунка да дадат за возврат, при тоа играјќи се мајтап со целиот наш македонски народ, што не сме кадри да си избереме паметни и образовани луѓе кои успешно ќе ги бранат нашите национални интереси и пред светските институции на правдата, кога е потребно. 

Грците, Бугарите, па сега дури и Албанците  отворено бараат   разнебитување на македонската држава и народот македонски, или ќе горел Балканот, спрема заканите на Али Ахмети. Па нека изгори, ако треба, ама нема ниту пепел да остане и од сите наши душмани.  

Е сега, прашањето не е повеќе ниту за Грците со кои биле при крај да ни го сменат името и се' друго во некој си пакет или за Бугарите на кој Заев веќе им ја подари Пиринска Македонија заедно со Македонците, а нашите црковни великани Македонската црква да им биде ќерка на Бугарската црква, туку до нас, Македонците во Република Македонија и надвор во странските земји кои наскоро ќе мораме да вадиме нови патни документи, ама со некои нови имања, како замена за нашите родни краеви и земјата од каде сме дошле.

Прашањето е до нас, дали да им ги прифатиме нивните налудничави барања или да им се спротивставиме со сите можни средства кои ни стојат на располагање и така да ја одбраниме државата, името македонско и  нашето национално достоинство. Националното достоинство и  угледот на името Македонија заедно со спомените на изгинатите илјадници и илјадници предци за нејзиното создавање, за да ни биде кров и постела кога тие ќе заминат во историјата, од која ние лесно се откажуваме.

И не само тоа. Прашањето е : - имаме ли ние, како  народ, некои безбедносни механизми со кои би им парирале на оваа бездушна криминална банда, која насилно и со лаги ни ја зеде државата и  сите нас не претвори во уплашени заложници на нивните болни амбици?

Имаме ли и други средства кои ќе бидат доволно силни и гласни властодршците на нашата држава да ги почувствуваат доволно отрезнувачки и да се одрекнат од погрешниот пат кои сите нас не води во неповрат?

По се' изгледа дека сме сите маѓепсани или просто неверуваме дека сме ние тие кој овој тешко болен човек ги продава  и безсрамно  ги влечка со неговите Албанци за нос. Толку маѓепсани и без чувство за срам,  молејќи го да престане со своите глупави политики. Молејки го  нашиот премиер Заев, скоро клекнати на колена, од страв да не ја повредиме "демократијата" на европските мешетари кои не заслужуваат да со своето се' почество навраќање на кафе-муабет, да ја поганат нашата света македонска земја.

И за крај, ќе се разбудиме ли еднаш? Ќе си дадеме рака еден на друг и сите заедно на овие криминалци, без човеково достоинство, им станеме вистински простум и им кажеме:  СИКТЕР ОД МАКЕДОНИЈА, па макар изгинале сите до еден , ама барем чесно, како Македонци. 

Ако сте вие браќа и сестри подготвени за таков еден чесен подвиг за ослободување на Македонија од овие изроди и гнасни предавници, верувам дека и многу од нас, надвор од татковината, ќе ви пружиме се' што е можно и потребно. Уште повеќе од она што досега го правиме. 

Дури и ВМРО -1893 и без своја држава имаше свои безбедносни механизми и се справуваше со непријателот бранејќи ги интересите на македонскиот народ, за разлика  од сегашното  бугаризирано раководство на ВМРО-ДПМНЕ, кое здружено со СДСМ и Албанците на господинот Трифун Костовски, ја разградува Македонија. Тоа се грижи за неизградените патишта и зголемување на платите, а државата ни нестанува пред нивните и нашите здрави очи. Каква лакрдија!

 

Имаме ли јунак над јунаците да го поведе народот во одбрана од денешните изроди и гнасни предавници или чекаме да не распродадат како стока на ат пазар?

Или доброволно ќе му ги предадеме нашите браќа и сестри во егејскиот дел на Македонија одново да ги колат и им ги палат  домовите и плачкосуваат  имотите овие ѕверови со крстови на главите и наоружани до заби АНДАРТИ ОД 19  век,  пандант на американскиот КЛУК-КЛУКС-КЛАН.

СЕ' ЗАВИСИ ОД СИТЕ НАС ЗАЕДНО!

ГРЧКИ АНДАРТИ ПОДГОТВЕНИ ОДНОВО ДА УДРАТ ПО МАКЕДОНЦИТЕ И НИВНИТЕ ИМОТИ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА.

Македонија - Erga omnes

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ERGA OMNES

*************

Моќна порака која на 27 април 2018 година граѓаните на Република Македонија ја испратија до сите политички субјекти во државата и до меѓународната заедница. Граѓаните сами проговорија кои сме ние - МАКЕДОНЦИ И САМО МАКЕДОНЦИ.

 

Не потсетија на аманетот на нашите предци. Едногласно го осудија откажувањето на народните изроди на власта од идеалите, вредностите и визијата на Гоце Делчев, Даме, Питу, Јане, Ѓорчев. Потсетија на борбениот дух и жртвите на Кузман Јосифовски-Питу, на Апостолски, на Шарло, на Ченто. Нема откажување од одлуките и резултатите на АСНОМ, нема откажување од референдумот од 1991 година. Повеќе од очигледна беше подготвеноста и решителноста да се брани Уставот на Република Македонија и Декларациите за сувереност, независност и меѓународно признавање на Република Македонија.

На прашањето КОЈ СУМ?

КОИ СМЕ? СИТЕ ЕДНОГЛАСНО ОДГОВОРИЈА: ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ. ЈАС СУМ МАКЕДОНКА. НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ. НИЕ СМЕ МАКЕДОНИЈА.

И затоа:

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ЕРГА ОМНЕС!

АКО НЕ СЕГА И ТУКА, КОГА ДА СЕ САКА МАКЕДОНИЈА?

КОЈ АКО НЕ НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ?

СО ШТИТОТ ИЛИ НА ШТИТОТ!

 

27 април 2018 година

htpps://www.svest.mk/republika-makedonija-erga-omnes/

 

 

 

 

 

Македонија 1911 година

 

 

Протест за одбрана на името

ДА БИДЕМЕ ЖИВ ШТИТ ПРЕКУ КОЈ НЕМА ДА ПОМИНЕ ПРЕИМЕНУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА

****************

 

Околу  три илјади граѓани во четвртокот на 26 април 2018 година присуствуваа на протестот за одбрана на името Македонија кој се одржа пред македонското Собрание, во организација на македонската координативна мрежа СУМ - Сите за унитарна Македонија.

 

 

 

Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без нашето име, од кое уште се плашат како од чума, порачаа учесниците на протестот.

Димче Донески, професор по македонски јазик и литература истакна дека преименувањето води кон големо ништо.

"Дојдов овде повикан од гневот одвнатре од се' она што денес го прават неколкумина поданици, без'рбетници, неколкумина платеници среброљупци и еврољупци, предавници на родот, на зборот, на јазикот и на крстеното име - библиска Македонија. Дојдов заедно да го кренеме нашиот глас за да чујат и да видат сите, сите да знаат дека оваа земја не е само оваа земја - туку држава со сите нишани, држава на еден исконски народ, суверена Република Македонија", рече Донески.

Учесниците на протестот медијаторот Метју Нимиц го нарекоа "излитен и истрошен дипломат, кој долги 27 години се храни и црпи од нашето достоинство и пари".

"Господине Метју Нимиц, ти благодариме доволно. Тенк ју и веќе претенк ју. Ти порачуваме, чичко Метју, е јалова Мисијата твоја и на твоите ментори е неуспешна и ќе остане јалова, затоа послушај го гласот на непокорниот Македонец и врати се во седиштето на ОН и кажи им го тоа на твоите ментори. Кажи им дека дојде часот да кажат збогум ФИРОМ и добредојде за Република Македонија", рече Донески.

Според учесниците на протестот, подршката од 32 илјади граѓани им го одзело правото на политичарите да решаваат за промена на името, за идентитетот и за воведување на двојазичност. Досега, како што информираа, 17.500 лица ја потпишале петицијата за неменување на името Македонија.

Македонската координативна мрежа СУМ - Сите за унитарна Македонија, ја сочинуваат повеќе организации, како : "Македонски манифест", "Преродба", "Став", "Код", "Ние, наши, христијанско братство", "Тврдокорни", Македонското патриотско здружение "Васил Чакаларов", "Бригада", македонско патриотско здружение "Пере Тошев" - Прилеп, Граѓанска иницијатива за одбрана на името Македонија и ослободување на неправедно притворените "Вевчани" - Вевчани, граѓанските иницијативи за одбрана на името Македонија и идентитетот на македонската нација од Охрид, Битола, Велес, Кочани, Штип, Кавадарци, Мислешево. 

 

26 април 2018 година

http://macedonia365.com/10270/

Зоран Заев за БТВ

Заев за БТВ

ГО РРИЗНАВАМЕ БУГАРСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

**************

Ние, делот на таа историска Македонија, која е во Бугарија, го признаваме како бугарски дел и тука нема никакви дилеми, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за бугарската БТВ.

 

"Ако ги погледнеме историски каде била таа историска Македонија, има еден дел во Бугарија. Има еден дел во Грција! Ние сме само еден дел. И тоа е факт - ние сме горниот дел, северниот, Вардарски дел", рече тој.

Во еден дел од интервјуто тој вели дека е многу важно дома да не бидеме понижени: "Кога влеговме во оваа зграда, однадвор пишува Влада на Република Македонија. Да не се бара тоа да го промениме", вели Заев.

На прашањето дали разговарал со некој од бугарските колеги во врска со евентуално ново име на земјата, Заев вели:

"Не. Мислам дека иако имаше некои јавни изјави, конечно стана јасно дека, во суштина, тоа и не е важно. Ние делот на оваа историска Македонија, која е во Бугарија, го признаваме како бугарски дел и тука нема никакви дилеми. Ние го нарекувме Пирински дел, зашто Пирин е најголемата планина, но таму живеат граѓани на Бугарија, од кои некои се чувствуваат Македонци и тоа е нивно право. И немаме таков проблем", изјави премиерот Зоран Заев во интервју за БТВ.

25 април 2018 година

http://macedonia365.com/10193/

 

професор д-р Светомир Шкариќ

Професор д-р Светомир Шкариќ

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ ЌЕ ПАДНЕ НА УСТАВНИОТ СУД, ДУРИ И ЗАФЕРИ ДА ГО ПОТПИШЕ УКАЗОТ

***************

"Многу одредби од Законот за употреба на јазиците вака како е напишан нема да можат да поминат во Уставниот суд и под услов Уставниот суд да се наоѓа на најниско стручно ниво. Тоа им е јасно и на самите автори на Законот за употреба на јазиците. Уставниот суд голем број од одредбите би ги укинал, а некои, можеби, и би ги поништил", вели професорот Светомир Шкариќ во интервју за "Фактор".

Според универзитетскиот професор по уставно право, Законот за употреба на јазиците, така како што е напишан, тешко дека ќе може да се оформи како законодавни акт, ќе има доста пречки.

"Претседателот на Собранието може да го потпише Законот за употреба на јазиците и да го прати до Службен весник со образложение дека претседателот на Македонија го крши Уставот, а тој како спикер на Законодавниот дом е должен да го испрати Законот на публикување бидејќи секој граѓанин, вклучувајќи го и Иванов, има обврска да го почитува Уставот. Но и со тоа нема да биде решен проблемот затоа што тогаш доаѓа најтешката пречка во врска со стапувањето на Законот во сила, а тоа е Уставниот суд. Ако законот биде објавен со дефектен указ, Уставниот суд би можел да се произнесе дека таквиот акт не може да го земе во постапка за разгледување бидејќи не е Закон., изјави проф. Шариќ во интервју за емисијата Фактор магазин на ТВ24.

Шкариќ оцени дека Законот за употреба на јазиците не одговара ниту на албанската етничка заедница, па и на оние што го предложиле затоа што Законот инсистира на строго почитување и развој на мултукултурализмот, а не на интеркултурализмот. Шкариќ, кој во еден период му беше советник на претседателот сугерира во Собранието да отпочне постапка за импичмент поради тоа што Иванов на неколку наврати за време на неговиот мандат го прекршил Уставот.

27 април 2018 година

http://macedonia365.com/10288/

 

Ацо Станковски

Ацо Станковски

КОЈ СУМ

*********

Беше еднаш еден народ, достигна големи цивилизациски вредности, но стана цел на примитивните и бессовесни орди кои го ограбија, неговата територија, неговата историја и на крајот му го земаа името и идентитетот и, тој исчезна од лицето на земјата. Оваа ли е нашата прикаска? Ова ли е ужасната судбина на мноштво поробени и претопени народи, со славна историја, но кои денес како фосили во антрополошки музеј се изложени, само како научни примероци? Само да се покаже суровата судбина на уништените народи, култури, јазици и идентитети и сето она што го чини животот таков каков е. И се прашувате, како се случило тоа? Како тие силни народи што создале цивилизации, исчезнале така бедно, така мизерно, како никогаш да не постоеле. И се чудиме!?! Но ете, одговорот доаѓа како судбина и ние денес гледаме уште еден таков пеколен план, тука е, се одвива пред нашите очи, а тоа е демонскиот, убиствен и предавнички план 3-6-9. Само да ја собереме оваа тријада и да ја поделиме со нејзините сегменти - збирот е 18, а поделен со три дела го дава соодносот 6-6-6, што според "Откровението" на Свети Јован Богослов е бројот на SВЕРОТ. Еве ви го тој навидум вешто замаскиран план за жртвување на еден народ од страна на современите сатанисти што ја добија власта во Република Македонија и чија задача е да завршат со македонскиот народ, со неговата традиција, со неговиот идентитет, со неговата историја, со неговиот јазик, со неговата култура, со неговото име...За секогаш.

Платата пак на овие предавници и џелати на македонскиот народ ќе им биде банална, како на Јуда, но исто така и вечното проклетство иде со сето тоа. Но тие ниту гледаат, нит слушаат, нит разбираат, тие се далеку од вистината и од сите духовни и морални вредности што човека го прават човек, со сето достоинство, сила и убавина, со сето она што му е дадено како вредност од Создателот. Но завидливците и злобните не мируваат, нивниот садизам не престанува со деструктивните игри. Тие магепсуваат со лагите, со моќта која ја приграбија се закануваат и мачат, а моралноста им создава перспективи да напредуваат далеку во лавиринтот на ужасот, мислат дека се недопирливи. Со подмолни средства го протуркаа договорот со Бугарија каде ја укинаа македонската историја, јазикот и идентитетот. И тоа им пројде, не како постигнување, туку како закана и тортура. Потоа ја поделија државата со Законот за двојазичноста. Ќе создаваат уште една албанска држава, трета по ред, овојпат на територијата на Република Македонија. О ова им проаѓа иако со потешкотии, но кодошите прават се' за да пројде. Разнебитувањето на сопствениот народ им е пасија и страст од која овие предавници не можат да се откажат. Бесрамноста што ја носат во себе им дава сила за оваа недоличност.

Потота, тие се нафрлија на името. На светиот аманет од Бога, да се чува ова име за навек зошто влегло во Добрата книга, во Божјата книга, а она што Бог го кажал не смее да биде откажано. Ќе се дрзнат ли овие кодоши да му откажат на Бога? Да ја срушат светата земја и нејзиниот чесен народ во пеколниот амбис? Зошто да не? Та тие му се слуги на господарот на лагата, за нив ова злосторство ќе биде подвиг и задоволство. Нивните тенденции се веќе докажани и јасни. Но какви се нашите? Ако се плашите и од страв за себе и ближните бегате од праведната одбрана на светите, вие ќе им станете слуги на слугите на Човекоубиецот, на Нечестивиот. И ќе бидете помизерни од предавничките злобници зошто ќе им служите токму ним. Но ако застанете достоинствено против, тогаш вашата борба ќе биде благословена за секогаш. Зошто бранејќи го името на светата земја ќе ја браните Божјата вистина и своето постоење и доблести и правдини. Ќе ја одбраните Македонија и македонскиот народ и јазикот македонски и историјата и идентитетот и своето име. И нека им е слава на сите оние што ќе влезат со целата своја вера и љубов и непокор во иваа света борба, од Бога подржана во вјеки вјеков.

 

25 април 2018 година

http://www.svest.mk/kolumna/na/aco/stankovski/koj/sum/

 

Адам Смит

Виктор Трифуновски

ЖИТИЕТО НА АДАМ СМИТ, ПРОКЛЕТСТВОТО НА БАЛКАНОТ И ОПАСНИТЕ ЗАМКИ НА УТОПИЗМОТ

**********

 

Пред скоро два и пол века, шкотскиот математичар Адам Смит докажа дека еден народ е богат онолку колку што му продава на остатокот на светот. Во новото капитално дело "Богатството на народите" тој оди до најситни детали кои се однесуваат на обичниот човек. Објаснувајќи дека пиварот, месарот или пекарот ги служат своите купувачи поради сопствениот личен интерес. Смит поставува и (за тоа време) нова морална вредност, според која личниот интерес на поединецот, без да се повреди имотот или животот на друг човек, е морално исправна цел.

Но светот не живеел секогаш согласно Смитовите сваќања. Тажно е да се забележи, но освен ерата на либералниот капитализам во периодот 1814-1914 година, остатокот на човековата историја е исполнет со војни, освојувања, масовни крвопролевања.

Зголемувањето на богатството не било секогаш одработувано со продавање на производи низ остатокот на светот. Од речните цивилизации на Египет, Кина и Месопотамија, па се до средновековните империи, богатството се зголемувало најчесто на варварски начин. Јас ја освојувам туѓата земја и сите нејзини ресурси, додека поразените се судени на смрт, или се претворени во робови.

Идеите на Адам Смит се револуционерни, бидејќи почиваат на создавање на ново богатство, нова вредност, на мирољубив начин, без војни и освојувања. Јас имам 40 денари во џебот, но ми се јаде бурек. Од друга страна е бурекџијата кој продава бурек за пари. За мене парите се безвредни доколку со нив не ги задоволам сопствените потреби, а во моментот тоа е четвртина бурек. Од друга страна, за бурекџијата повредни се 40-тите денари, отколку четвртината бурек. Се наоѓаме и доброволно вршиме размена, јас добивам нешто што ми значи повеќе од моите 40 денари,  тој добива повеќе од продадената четвртина бурек. И двете страни добиваат, ВИН-ВИН! Никој не е поразен во војна, никој не е повреден, никој не е поробен.

За да можеме во животот да си дозволиме повеќе добра, треба да произведеме и продадеме што е можно повеќе добра или услуги. Најголемата поплава од иновации и иноватори во историјата е периодот од падот на Наполеон 1814 година, па се' до Првата светска војна 1914 година. Тогаш имало најмалку војни и освојувања. Но, ни тој период не бил идеален, односно тогаш се појавиле нови деструктивни идеи кои во основа го имаат средновековниот варваризам и логиката на освојувањето.

Карл Маркс, на пример, кој во своите дела лаже за положбата на работниците, пишува дека тие требале да се дигнат на револуција и... да украдат се' што поседуваат капиталистите, односно оние најуспешните и најпродуктивните. Како прво, положбата на работниците во тоа време можела да биде лоша споредено со денешниве услови. Споредено со животот во предкапиталистичка Европа и Америка, фабриките и рудниците биле рај, додека најпродуктивните работници се случувало да станат инвеститори, нешто незамисливо во време на феудалната аристократија. Просечната куповна моќ во САД, по завршувањето на Граѓанската војна и укинувањето на ропството 1865 година, па се до Првата светска војна 1914 година, има пораснато за преку 300%.

Оние злобни црвени тролови дека западните земји биле богати поради колонијализмот и ропството се обичен крик на завист и незнаење. Саудиска Арабија, Нигерија и Индија имале робови се' до 1960-тите години, па зошто и тие не станале богати како САД или Англија? Колонијална сила била и Португалија, која е денес синоним за сиромаштија во Европа.

Денешните богати земји, се трансформирале од аграрно-рурални во индустриско развиени, поминувајќи низ период на многу ниски даноци и отсуство на речиси секакви економски регулативи. Скандинавските земји,  за југословените денес се сосема погрешна асосијација за некаков "модерен социјализам", станале индустриски развиени во доцниот 19-ти век, кога државите трошеле едвај 6% од вкупниот БДП (денес трошат и преку 50%)

Кога ќе го погледнете високиот животен стандард на Германија, тој НЕ почива врз обемните социјални програми кои денес ги користат балканските лузери и останатата белосветска фукара која таму се довлечкала. Германија е богата бидејќи не можете ниту да ги изброите брендовите со кои ги поплавува светските пазари. Германија има 4% од вкупната светска популација, а има преку 20% од вкупното индустриско производствов во светот. Согласно идеите на Смит, Германија му продава МНОГУ на светот и затоа е богата. Ако социјалните програми го зголемуваа животниот стандард, Источна Германија, СССР и нивниот блок денес ќе беа најбогати.

И сега, кој систем и' е потребен на Македонија доколку сака повисок животен стандард? Нема дилема! Даноците мора да одат надолу, регулативите да ги нема, економските слободи мора да добијат на интензитет. Она што државата МОРА да го направи е да обезбеди функционирање на правото, како и заштита на јавниот ред и нашиот имот. На секој поединец, не само во Македонија туку и на Балканов мора да му стане јасно дека ќе може да си дозволи повеќе производи или услуги, само доколку стане попродуктивен на пазарот, во доброволната размена на приватни добра и услуги.

Сонувајте што би сакале да поседувате, драги мои балканци, и како со своите способности тоа да го постигнете. Секој може да ја зголеми сопствената продуктивност со знаење и искуство, без разлика на возраста. Некој од вас ќе почне бизнис во подрум или гаража, некој можеби ќе работи за странски компании преку интернет. Нема да можат сите да заминат надвор од земјава и оние кои ќе останат ќе можат да преживеат единствено благодарение на сопствената продуктивност. Бидете алчни и грамзиви, бидете себични и служете им на што повеќе луѓе по светот. НЕМАТЕ ДРУГА АЛТЕРНАТИВА!

Програмите на политичките партии се полни со утопизам и како такви се некомпатибилни со реалните проблеми на овдешниот обичен човек. Посебно младите треба да се држат понастрана од интелектуалците во "општествените науки" кои на Балканот редовно продуцираат идеи за ГОЛЕМИ ДРЖАВИ. Таквите идеи не се ништо друго туку обична варварска пред-капиталистичка догма. Таквите интелектуалци се неупотребливи на пазарот. Нивниот труд и идеи се безвредни вон политичките кампови, а тој комплекс на безвредност нема никогаш да исчезне кај ваквите квази авторитети. Променете се себеси, ќе се промени се' во однос на ВАС. Успејте на пазарот, сте успеале и во животот.

4 март 2018 година

http://macedonia365.com

 

 

 

 

 

Божин Павловски, академик

Божин Павловски

АЛИ АХМЕТИ ЌЕ ЈА НАДЖИВЕЕ И МАКЕДОНИЈА

********************

 

И порано сум напишал дека Али Ахмети е мудар човек што живее со идеалите на својата албанска нација, но по неговиот Facebook статус, што го видов сега, мислам дека е малку да се каже дека е само мудар. Тој е премудар наспроти политичарите од македонско потекло. Се плашам дека не само што ќе ги надживее сите, туку му се насмевнува можност да ја надживее и Македонија.

Замислете, во услови кога гласачите ја приграбија идејата за граѓанска држава и го поразија забеганит режим, Ахмети ја издејствува најголемата националистичка концесија за која се борат и често гинат националните водачи. Око не му трепнува за своите партнери во политиката, вклучувајќи го и последниот, кој толку брзо го сврте јавното мислење против себе.

Кога би се одржувале избори сега, по овој грандиозен успех, веројатно Али би привлекол гласачи за 30 пратенички места.

Браво Али. Подобро од сите твои колеги перформираш во демократското надмудрување. Ем амнестиран за политички крвав криминал, ем најдобар на политичката сцена. Случајно во 2001 година да нападнеше со странски платеници некоја поасолна земја - истата година ќе лежеше два метра под земја. Но во нашиов случај ќе бидеш славен и ќе го добиеш највисокиот постамент.

Штом ти успеа да го убедиш својот партнер дека албанизацијата на Македонија е основа за градење на граѓанско општество, многу полесно ќе го убедиш дека ајварот може да се прави и од глина. А дека уште во текот на оваа година ќе го закачиш пред македонскиот парламент знамето на Албанија - не треба да се сомневаме.

 

(Facebook статус на академик Божин Павловски)

15 март 2018 година

http://macedonia365.com/7447/

 

 

Олег Шчербак, руски амбасадор во РМ

Олег Шчербак

МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ НА РЕФЕРЕНДУМ ДА ОДЛУЧАТ ДАЛИ СЕ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО

*******************

 

 

Македонија да не го прифати притисокот за избор меѓу западот и истокот - изјави рускиот амбасадор во земјава, Олег Шчербак. Според него, граѓаните на референдум треба да решат дали се за членство во НАТО.

"НАТО не е елитен голф клуб, не е хуманитарна организација, не е школо на миротворци. Тоа е цврста воено-политичка структура изградена по принцип на мафијаа, каде шефот на мафијата одлучува за се', а сите други имаат улога на извршители", вели амбасадорот Шчербак.

Многу опасна игра е, и ние не би сакале тоа што НАТО го користи принципот на евро-атлантска солидарност и воопшто не сакаме во оваа авантура да биде вовлечен и братскиот народ на Македонија. Да го претворат во топовско месо на НАТО, а територијата на вашата прекрасна земја да ја претворат во уште една база. Поради тоа сосема е логична нашата негативна реакција за таа идеја, рече рускиот амбасадор во земјава.

Амбасадорот Шчербак смета дека сите придобивки од НАТО се пропагандистички мит.

 

Извор: МРТ

24 април 2018 година.

http://macedonia365.com/10120/

 

Никола Вражалски
1914 - 1997

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНИЈА ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

(1941 - 1945)

ДЕЛ 88

***********

 

13. Македонската држава (1944 - 1945)

13.1. Првото заседание на АСНОМ како поттик за натамошниот развој на НОАВМ

 

До Првото заседание на АСНОМ биле формирани и дејствувале пет македонски и една косовско-метохиска бригада, како и пет самостојни партизански одреди. По Првото заседание на АСНОМ тој број видливо се зголемил. Во август 1944 година се формирале седум, во септември уште седум и во октомври уште осум, што значи нивниот број нараснал на вкупно дваесет и две бригади кои дејствувале во составот на дивизиите.

Бидејќи АСНОМ ја вршел функцијата на највисок ослободителен одбор, истовремено и на највисок  орган на државната власт, неговите активности за натамошното организирање на органите на власта во Македонија биле доста присутни, иако се одвивале во координација со ГШ и политичкото раководство на движењето. АСНОМ бил, исто така, одговорен и за она што се случувало на планот на борбата и на планот на освојувањето на политичката власт. Имено, процесот на создавањето и натамошното организирање и зацврстување на народните одбори продолжил и по Првото заседание на АСНОМ со несмален интензитет. Секако дека свој придонес во овој процес имале зголемениот број единици на ослободителната војска и создавањето на новите слободни територии. Условите битно се подобриле по капитулацијата на Бугарија, бидејќи во многу места што се ослободиле од бугарската власт илегалните органи на власта се легализирале. Таму каде што ги немало, се создавале нови органи. Во времето кога во Македонија се воделе завршните операрции за ослободувањето на Македонија веќе дејствувале околу 2.000 народни одбори, иако нивната густина, како и интензитетот на нивното формирање, не биле на секаде исти.

На крајот од 1944 година настанала потреба за реорганизација на органите на власта. Таа произлегла од преголемиот број НОО (3.184 со 37.870 одборници). Размислувањата оделе кон тоа тие органи да се окрупнат преку формирањето окружни одбори, со помал број околиски и месни НОО.

 

Продолжува

Жаклина Михајлова

 ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*****************

МАКЕДОНИЈА КАТАНА МУНДИ 

 

Жаклина Михајлова 

 Жаклина Михајлова е родена на 10 март 1964 година во Кочани, Македонија. Во Сиднеј живее и работи од 1990 година. Во 1984  година завршила Педагошка академија во Скопје, а во 1986 година завршила Филолошки факултет - група "Национална литература и македонски јазик", на Универзитетот "Кирил и Методи".

Од најрани детски денови се занимава со литература и култура. Била член на Детската радио драма при националното македонско радио, а глумела детски улоги во повеќе радио драми и ТВ серии. Работела како новинар и водител во Македонската телевизија и како професор по македонски јазик во гимназијата "Раде Јовчески-Корчагин" во Скопје. Потоа, како дописник на повеќе весници и списанија низ светот, како уредник и водител на Македонските радио програми "Македонски бисери" во Волонгонг и "Македонски глас" во Сиднеј. Денеска Жаклина Михајлова работи како учителка по македонски јазик во редовното Основно училиште во Калтон - Сиднеј.

Жаклина Михајлова е еден од основоположниците и уредниците на Македонскиот телефонски именик за Нов Јужен Велс и Канбера - најтиражната публикација на македонски јазик печатена надвор од Македонија. Таа е активист и хуманист, промотор на македонскиот јазик и македонската култура и доброволно работи на организирање и креирање на Манифестации кои го поттикнуваат зачувувањето на македонската култура и традиции. Таа е иницијатор и повеќе од 20 години организатор на Македонски бал за бизнисмени и професионалци во Австралија, а била организатор и на повеќе аматерски музички фестивали, како и на два детски музички фестивали во Сиднеј: "Македонче" и "Златно славејче". 

Објавувала поезија и проза во најразлични литературни списанија и весници ширум светот. Досега ги има објавено збирките поезија "Од по жица", збирката хаику поезија со наслов "Цут", како и сликовницата за деца "Патувањето на Дедо Мраз".

Жаклина е член на Друштвото на писателите на Македонија и член на Друштвото на новинарите на Македонија. Таа е претседател на Македонскиот просветно училишен одбор на Нов Јужен Велс, член на Координативното тело на федерацијата за јазици на заедницата во Нов Јужен Велс, член на Асоцијацијата за модерни јазици на НЈВ, член во Македонското литературно другштво "Григор Прличев" од Сиднеј, член е во Австралиско - македонскиот театар во Сиднеј, а членува и во повеќе добротворни организации.

 

НА МЕГДАН ЕЈ, МАКЕДОНЦИ

  • На мегдан,
    еј, Македонци,
    за Армакедон
    излезете!

    Од вашето - туѓо
    не правете,
    со доброто зло победете!

    Еј, вековни паталци
    очи отворете,
    срце раширите...

    Еј, прадедовци
    аманет испраќаат:
    чакрите очакрете ги,

  • црквите отворете ги,
    одродите проколнете ги,
    изродите дотолчете ги!

    Еј, свето вљубени,
    еј, свето примати,
    еј, свето писмени,
    еј, ѕвезди водилки,
    еј, ти розо на водата,
    жива да си,
    и Сонцето без
    тебе не е сонце,
    Македонијо!
    *******
    Автор, Жаклина Михајлова - среда, 08 Јули 2015 02:00

Kind regards : 01 мај 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 141