МАКЕДОНЕЦ ЗА СЕКОГАШ. А ВИЕ?

Сотир Гроздановски

 

 

Сотир Гроздановски

ГРЧКИ И МАКЕДОНСКИ СТУДЕНТИ ОД СОЛУНСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ЗА ИМЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

*************

 

 

 

Недоразбирањата со нашиот јужен сосед, Грција, која за прв пат  се нарекува со тоа име тек од 1832 година,  не се од денес или вчера. Ниту, пак, од времето кога претседателот Глигоров беше на чело на Република Македонија,   туку од многу, многу поодамна. Тие се влечат од времињата кога  економската моќ на сите полиси, а особено моќта на Атина зависеше од македонските ресурси. Од македонските шуми и рудниците македонски. Но, особено од времињата  кога македонската економска и воена моќ на грчките градови државички им ја ограничи доминацијата над крајбрежните подрачја, близу до македонската територија.

И, се' така до 19-стиот век, кога со распаѓањето на Отоманската империја, Лудвиг I, кралот на германската држава Баварија, дословно го реинкарнира старото и за секогаш исчезнато грчко хеленистичко општество  и неговиот  идентитет, притоа, воспоставувајќи монархија со неговиот малолетен син Ото, како нејзин прв монарх. Тогаш целата бруталност, алчност, агресивност и нехуманост спрема соседите се докажа како темелна вредност на грчкото новостворено општество, вклучувајќи ја и  грчката  православна црква, која трае до денешни времиња. 

Со заграбувањето на туѓи територии, првенствено на голем дел од македонската географско-етничка територија, како и со злосторствата над македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија дојде и  стравот од иднината и правдата. Но во секој случај, стравот  од  раѓањето на македонската држава,  особено после распаѓањето на југословенската федерација и осамостојувањето   на Република Македонија, се покажа  како нај ефективен елемент на фобијата спрема  евентуалното обновување,  на нејзината моќ.

И кога се сметаше дека со веќе извршените поделби на македонската земја меѓу соседните новонастанати државички  за конечно решение на "македонското прашање", оваа нова состојба на Балканот покажа дека Македонија е се' уште тука, израсната одново како Фениксот од својата пепел и со неа мора секогаш да се смета и почитува.

Се бараше излез од ваквата ситуација, бидејќи нејзиното присаство се почувствува   како закана  по интересите и угледот на грчките надворешни  сојузници и  пријатели. И не беше тоа без некои посебни и неважни причини. Нивните раце  беа натопени во крвта  на Македонците за време на нивната вмешаност  во злосторничките настани на Граѓанската војна во Грција и прогонот на повеќе од 30.000 малолетни Македончиња надвор од нивните домови, без право на поврат.

И се најде! Со помош на странските дипломатски претставништва се доведоа на власт, во Македонија, квислинзи и предавници на македонските национални интереси на чело со Зоран Заев за премиер, потоа избор на албански терорист и дезертер од армијата на Македонија за претседател на законодавниот дом на Република Македонија, потоа поставување на албански терористи во Собранието и на витални положаи во државната администрација вклучувајќи ја полицијата и армијата на Македонија и така засилено се крена во извршување на пеколните планови за одново и конечно разнебитување на државата и народот македонски.

И ако тој процес трае над 25 години,  крајот не му се гледа, благодарејќи на се' позачестените протести на македонскиот народ во и надвор од Македонија и нивните инсистирања за прекин на преговорите со Грција, кој се сметаат за апсурдно - уценувачки, зошто се користат за нечесни цели и  услов за влез  на Македонија во НАТО и Европската унија.

Користејќи го образовниот систем во грчката држава, власта успеа да го интернационализира наметнатиот спор за промена на името и идентитетот на македонскиот народ и неговата држава, па така, поставувајќи ја лажната теза за се' што е македонско заправо е грчко,  се обвинува Република Македонија и македонскиот народ за иредентизам. И не само тоа, туку со дезориентација и лажно презентирање на историјата, си го труе својот народ, а од  младите генерации  создава  плејада хендикепирани идни водачи на  грчкото општество кои и понатака ќе го загадуваат балканскиот политички простор и ги дестабилизираат добрососедските односи.

За оваа проблематика пишував пред две години, верувајќи дека нашите соседи ќе изнајдат паметни решенија и некако ќе тргнат кон смирување и приближување едни кон други, согласно историските вистини.  Но, изгледа немаме работа со рамноправни партнери надвор, а најмалку  дома во средината на македонската политика, под контрола на СДСМ.

Па како и самиот наслов на мојов текст  ни сугерира, ајде да видиме за што пишував пред две години и дали ќе приметиме подобрувања или влошување на односите меѓу двата соседа, Македонија и Грција.

Студентите во мојов текст сега се постари за две  и нешто повеќе години, некои од нив се сигурно и на  одговорни должности во нивните општества, а некои, можеби, се' уште седат во истите клупи во Солунскиот универзитет и размислуваат за иднината своја.

За жал, организацијата на оваа студентска грчко-македонска средба беше на ниско ниво, би рекол на аматерско-пропагандно,  пренесена во вид на видео запис и на англиски.  За нашите читатели  со потешкотии во англискиот јазик, разговорите успеав да ги преведам на македонски, најдобро што можев.

Фалеа, дури, и основните и извонредно важни елементи, како на пример имињата на учесниците, местото на дебатата и името на организаторот. Но сепак, нашите студенти, спрема нивните одговори, доследно стоеа простум и супериорно пред безимениот грчки медијатор и пред своите грчки колеги. Прашањата беа провокативни, арогантни, на ниско цивилизациско ниво и надвор од здравиот разум. Се' на се, во согласност со грчката надворешна политика и нивниот образовен систем.

Па, да започнеме со првото прашање за нашиот студент.

"Вие го избравте овој Универзитет! Зошто?"

Со традиционална македонска почит спрема домаќинот, македонскиот студент, и ако долично не претставен со неговото име и презиме и од каде доаѓа, вешто го избегна евентуалниот судир уште на почетокот од дебатата.  Солун го наслови со Салоника и потоа се зафати со одговорот на поставеното прашање. 

"Па, Салоника (Солун), е многу близок град до моето родно место, само два и пол часа патување, а и тој од давни времиња беше центар на Балканот во кој доаѓале луѓе од разни причини и потреби скоро од целиот Балкан: Македонија, Србија, Албанија, Бугарија и подалеку."

"Главна причина, пак, за мојот избор на Универзитетот во Солун беше мојата желба да се сретнам со други луѓе, со кои во иднина, можеби, како одраснати и зрели пословни луѓе ќе бидеме пријатели, без лоши спомени од сегашните кои би евоцирале непријатност од разните прекрстувања и навредувања со недолични имиња  како "Фиромци", па "Скопјани" туку би учествувале во заеднички проекти од интерес за нашите земји". - му се придружи на својот содругар во одговорот на истото прашање вториот македонски студент, исто така долично не претставен на присутните во просторијата, и нам, потенцијалните гледачи на разговорите по пат на видео записот преку ЈуТубе.

"Но, сепак, вие имате и свој идентитет". - "секако! Тој е само мој и во секој случај ќе остане само мој и за моја лична употреба". Ја избегна замката  која би довела до некои непредвидени и неугодни моменти.

Видно возбуден од провокативното прашање на водителот на дебатата, првиот македонски студент одеднаш се јави со зборовите: "Опросттете ми, али  нашиот идентитет, Вас Грците, премногу ве загрижува, како да сте само вие ексклузивни негови сопственици!" Одговорот изостана!

 

Кој може да се смета за Македонец? 

Еве го и следното провокативно прашање: "Можете ли да ни објасните кој би можел да се смета за Македонец?"

На ова прашање се јави да одговори една грчка студенткиња, која самоуверено рече дека "За да би се нарекол некој Македонец, прво треба да е Грк, да зборува грчки и да живее во Северна Грција".

"Вашата квалификација се темели врз историјата, нели? Или се подигрувате со неа. За мене таква историја не постој!" - и' доскокна на грчката колешка нашиот втор студент.

"Јас мислам, дека единствен услов да се биде Македонец или Македонка е да се живее во Македонија. Сите ние овде во оваа просторија сме Македонци, зошто живееме во неа. Од каде доаѓа името на Македонија и кој бил првиот Македонец или кој бил вистинскиот Македонец, јас незнам, но кога зборуваме за Александар Македонски или Александар Велики, прво, тој е мртов повеќе од 2300 години, после него во оваа земја живееле премногу други луѓе и со други  идентитети: Антички или древни Македонци, Грци, Словени, Римјани, Турци, Евреи, Татари и незнам дали некој вистински можи да тврди дека потекнува баш од тој голем македонски крал и историски најуспешен владар и војсководец."- заврши овој наш студент, без реплика од присатните.

 

Заеднички проблеми.

Следното прашање се однесуваше на заедничките проблеми со кои животите на луѓето во двете земји се оптоварени и за нивното решавање се потребни заеднички заложби.

"Реката Вардар,  чии благодети  заеднички ги споделуваме, почнувајќи од мојата земја, Македонија, па се до Грција, е еден од проблемите за кои треба да се погрижеме", одговори нашиот прв студент, кој со широко познавање на скоро сите поставени прашања беше вистинска ѕвезда во дебатата. "Таа е до толкава мера загадена, да би требало заеднички да работиме на нејзиното чистење, зошто е од животна важност за двете соседни земји!" И на ова немаше реплика.

 

За проблемот со името Македонија.

"Ние можеме да разговараме и за тоа прашање, но, да би разговарале за тоа, Вие треба  да ни дадете нешто за замена". Во тој миг грчката колешка тик до нашиот студент и ѕвездата на денот, одма изусти: "Што сакаш"? "Обетките на мајка ти." - како молња викна нашиот новопечен дипломат, пропратен со урнебесно смеење на сите во просторијата. Во разговорот се вмеша уште една грчка студенткиња која фразата на нашиот јунак: "дајте ни прво Вие а после ние" ја проследе со свое прашање: "што сака овој да ни каже со 'ние сега не разговараме за името, но да би го смениле нашето име, прво Вие треба да ни дадете нешто' ?" "Мене, како Гркиња, што да ми дадете, никогаш не би преговарала за моето име!"

(Сосема исправно. А зошто би го менувала? Би рекол!  С.Г.)

"За вас Грците тоа е многу едноставно, но за нас е комплицирано, зошто ние сме дел од поголема група луѓе Славјани или Јужни Славјани, кои зборуваме скоро исти јазици, особено со Србите и Бугарите. Мојот прв идентитет е јужен Славјанин, а после Славјанин од Македонија."

 

Смена на името за влез во НАТО и ЕУ.

"За да бидете членка на ЕУ и НАТО, дали смената на вашето име е доволно висока цена за тоа?" "Не! Ние ќе бидеме членка и без да го менуваме името на нашата држава, Република Македонија." - смело и гордо одговори нашиот прв студент. Меѓутоа, еден од грчките студенти на тоа остро се спротивстави, велејќи на лош англиски јазик, дека Грција тоа нема да го дозволи, па било кој политичар да ја води нашата држава. Не е битно дали е то Самарас, Папандопулос или некој друг. -заврши студентот, очигледно вознемирен и видно возбуден, но сепак со смешок на лицето.

"А сега јас да ве прашам: Кога би Македонија одлучила да си го промени своето Уставно име, Република Македонија, во, да речеме, Северна или Горна Македонија, ќе ја преименувате ли вие оваа регија, да речеме, во Долна Македонија?" Одговор на тоа прашање не доби, македонскиот студент, но затоа пак, поранешната грчка студенткиња се изјасни дека би можела да прифати име на пример "Славјанска Македонија", бидејќи таквото име најблиску ја означува стварната состојба во земјата и во нацијата. Но за многу од грчките студенти дури ни таквата одредница не би била добра, зошто Албанците, тобоже, со својата 40% застапеност во вкупното население во Македонија, тешко да би се сложиле со тоа. 

Во продолжение на оваа, веќе, жешка полемика, пак се јави грчкиот колега кој го оспоруваше влезот на Македонија во Евроатланските структури на Европа без промена на името на нашата држава. "Јас, вели тој, во никој случај не се согласувам именката Македонија да е дел од новото име на вашата држава. Јас сум Македонец, ама несум како вие од ФЈРОМ. Јас би се сложил за компромис, ама само со сложено име." И тоа беше крајот на дебатата за овие неколку прашања, кои ги оптоваруваат добрососедските односи на Грција и Македонија. И тоа не само заради политиката која ги знае правите причини, туку заради неинформираноста на грчкиот народ за правите причини, а тие се кријат во нашиот вовед во текстов, кои  имав привилегија да го прочитате.

Заблагодарувајќи им се на студентите за нивното учество во дебатата, медијаторот ги повика учесниците да си земат по некоја фотографија за спомен и понатака да продолжат  со блиските контакти  како корисни и можни, што впрочем, и беше целта на оваа заедничка средба.

И уште сосема на крајот од  приказнава би го додал и ова: 

Штета да не им беше прикажан и документарецот под наслов "Вистината за создавањето на современата грчка држава", зошто  за сигурно, никогаш, и не би дошло до дебата со ваков профил. Се'  би им било јасно, а особено,  дека Солун и Солунското Поле се само македонски!

За судбината на "Децата бегалци од егејскиот дел на Македонија".

Ефтим Клетников

Република Online

ВО ОХРИД ПОВТОРНО СЕ ПРОТЕСТИРА ПРОТИВ ПРОМЕНА НА ИМЕТО

"МАКЕДОНИЈА ПРЕД СЕ"

******************

 

Група граѓани од Охрид  на 15 април 2018 година на Градскиот плоштад го одржа третиот протест организиран од Граѓанската иницијатива "Македонија пред се".

 

Тие на тој начин изразуваат противење на злоупотребата на државните институции од страна на власта, а на штета на македонскиот народ и држава. Нивните барања се повлекување, како што велат, на насилно донесениот Закон за јазици, поништување на т.н. Договор за добрососедство со Бугарија, неменување на уставното име на Република Македонија и ослободување на сите притворени и осудени поради настаните во Собранието од април минатата година.

Во рамки на протестот беше промовирана книгата "Име од светлина и рани" на македонскиот поет, книжевен и ликовен критичар Ефтим Клетников.

- Нашата најважна задача е одбрана на името. Книгата "Име од светлина и рани" во целина ја опишува, можеби, најтрагичната ситуација во која се наоѓа земјата денес. Во моментов се реализира еден геноциден план врз Македонија и Македонците сами да се избришат од картата на светот, рече Клетников.

Тој ја повика актуелната власт дека работи да го продаде името, со што се брише целокупната македонска меморија, бидејќи доколку го смениме името, нема да можеме историски да се вратиме ниту на АСНОМ, а камоли кон Илинден, Климент и Наум, античка Македонија.

- Европејците ни ја префрлија топката на наш терен, да извршиме самоубојство, а тие да си ги исперат рацете од било каква вина, истакна Клетников.

 

15 април 2018 година

http://www.republika.mk

 

 

Ставре Џиков, адвокат...

Ставре Џиков

МАКЕДОНИЈА БЕЗ ПОЛИТИЧКИ КЛОВНОВИ

************

Името човек/человек, името на народ, името на државата и сите поими имаат име на распознавање во човечката цивилизација. Во романот "Боите на времето" писателот го објаснува зборот човек/человек. Тој под зборот човек/человек подразбира дека се состои од зборовите "чело" и "век". Многу логично, природно и граматички го дефинира поимањето на човечкото суштество што треба да векува на овој свет, на Земјината топка. Писателот е автор на над десет романи. Од Американците добива јавно признание за љубовта кон истражување непознати летачки објекти - НЛО. Со него живо бевме заинтерисирани да се најде друг свет во космосот и убедени сме дека мора да има и други видови цивилизации.

Во македонската јавност и понадалеку познат со прекарот Марсовец, извонреден интелектуалец, малку потценет во нашата средина, а за мене добар стар пријател кичевчанецот Стојмир Симјаноски. Човекот што го предвиде раѓањето, но и умирањето на сонцето, тоа е Паскал Сотироски. Паскал е од Горнореканско, од селото Врбен, општина Маврово-Ростуше. Тој е надворешен член на академијата на МАНУ, доктор на науки по астрофизика на "Сорбона". Идејата со неговиот соселанец Владо Глигороски, новинарот Киро Кипроски, писателот проф. д-р Александар Прокопиев и проф. д-р Љубомир Кекеноски сакаме да ја оживееме со градење музејска куќа на сонцето во селото посветена на астрофизичарот Сотироски. Тоа се обично Македонци со моќ и дарба да гледаат подалеку од прагот на смртта, во нови светови. Ние, луѓето од Македонија, сме со име човек-Македонец.

А некој друг човек може да биде Грк, Србин, Албанец, Бугарин, Ром, Влав, Бошњак... Со зборот "народ" се означува човек со род поврзан семејно и со други социолошки обележја поврзани меѓу нив. Нашиот народ го има многувековното име, македонски народ. Името човек/человек, името на народот се поврзуваат со народна волја означени во хоризонтала Македонец-македонски народ. Таа народна волја катадневно, со векови, се потврдува со мајчиниот македонски јазик што го говориме-глаголиме и македонското писмо, кое го пишуваат генерации пред нас и ние сегашните македонски генерации. Крсте Мисирков со тестаменталната книга "За македонцките работи" ни го покажа патот во овие столетија на писменоста на македонскиот народ. Некаде 2000-та година заедно со г- Трифун Костовски и триесетина Македонци го посетивме родното село Постол на Мисирков. Пред тое Трифун ми раскажа дека по мајка потекнува од егејскиот дел на Македонија.

Од Постол, заминавме за Воден, Костур и за Лерин. Во Лерин не' пречека Павле Васкопулос, претставник на македонската организација "Виножито", која во градот има канцеларија. Оттаму отидовме во Овчарани, сега викано на грчки Мелити, каде што не пречека кметот Крсте Ашлеков. Илјадници македонски народ го празнуваа Илинден. На страниците на весникот "Нова Македонија" проф. д-р Билјана Ванковска објавува колумна на 26 март оваа година. Таа во колумната вистинито ќе ја опише маката и историското асимилирање на Македонците од грчките власти. Имено, во текстот: "Помеѓу сеќавањата и заборавот" ќе запише: Бегалците од Граѓанската војна во Грција се болна епизода, затворена со ѕидот на Студената војна. Тие (главно нејаки жени, деца и старци) се акомодираат во новата држава, стануваат нејзини граѓани, но се и предмет на ново сегрегирање (како "Егејци", како луѓе на кои им е дадено многу, а кои не се сосема "наши").

И денес ќе чуете како газда (ТРИФУН КОСТОВСКИ), со политички амбиции, ќе каже дека "таму некакви си Егејци ми ги нарушуваат односите со моите соседи, Албанците". 

Но тоа е наш внатрешен проблем, запретан под прашината на историјата и предрасудите за кои сме самите одговорни. Болката и траумата и натаму пулсираат. Овие луѓе со децении не можеа да ги посетат гробовите на своите родители и разурнатите домови. За Грција не е проблем постоењето на државата, туку на Македонците, без оглед на тоа од која страна на границата живеат. Ако ги снема нив, ќе исчезне и вистината за злосторствата и дискриминаторската политика на државата, која тврди дека е етнички чиста и праведна ( само затоа што моќта ја црпи од правото на вето) .

За празникот Ѓурѓовден во 2007 година се најдов во селото Брод, тоа се наоѓа под Шар Планина, косовска страна. На панаѓурот бев со Гојко Делчев Равкин, познат во емиграцијата како Гоце Македонски од Берлин, неговиот брат Мануил Јаковлевски и новинарот Киро Кипровски. Стотици Македонци и Македонки во народна носија, машки и женски, односно момчиња и девојчиња се веселеа, играа оро, пееја, празнуваа. Македонска песна одекнува под планинскиот масив, по кој се лизгаше вода надолу по Шара во голем водопад некаде околу 50 метри. Бевме тука по покана на Исмаил Бојда и Мерџан Муамеровски. Тој ден се потсетив на историчарот и етнолог д-р Ниази Лиманоски од селото Ростуше, кој просветителски долги години се ангажираше за нашиот македонски исламизиран народ да си ги спознае длабоките македонски корени. За мене, во современието, д-р Лиманоски претставува втор Гоце Делчев. Со него ме запозна писателот и историчар д-р Симон Дракул, кој во неговите младешки години учителствувал во Ростуше. По сценарио на д-р Симон Дракул познатиот режисер Бранко Гапо го снима филмот за љубовта помеѓу еден христијанин и една муслиманка, Македонци, под наслов "Сага за љубовта". 

Што е државата?!

Државата е господар на најсилниот чувар на јазикот, писмото и нејзиното име, кое се утврдува со државотворниот акт, Уставот. Државата го носи името сосема веродостојно "Македонија". Уставот не познава референдумска постапка за менување на името. Името се стекнало со стотици години, од генерации пред нас што го жртвувале животот за да изградат македонска држава. Па, така, никој нема право да изврши политичка продажба на нашето македонско име, ни под каква било цена. Од осамостојувањето и независноста на македонската држава до 1991 година, без исклучок која политичка партија и гарнитура на власт да дојде, се натпреваруваат во негативна смисла како да ја урнисаат власта, институциите да не функционираат во согласност со законот и Уставот. Како и колку, без мера, да го разнебибитуваат македонскиот народ. Невидено, да ја уништат бесмртната духовна вертикала МАКЕДОНЕЦ-МАКЕДОНСКИ НАРОД-МАКЕДОНСКА ДРЖАВА.

Тоа се луѓе КЛОВНОВИ, БЕЗ'РБЕТНИЦИ, СО СКРИЕНИ ШАРЕНИ БОЈАДИСАНИ ЛИЦА НА ПОЛИТИКАНСТВО, КОИ ПАТКААТ ОД СОСТАНОК НА СОСТАНОК СО СТРАНЦИТЕ ДОМА, КАЈ НАС И ВО СВЕТОТ. ТИЕ НЕ СЕ РОД ЧОВЕЧКИ, ТУКУ АМЕБИ ШТО ТРЕБА ДА ИСЧЕЗНАТ ВО СВЕТОТ, НА ВЕЛЕПРЕДАВСТВОТО!

Да се тргнеме од политичкото слепило што кај нас со години ни го наметнуваат политичките кловнови на власта, кои од македонскиот народ прават публика за потценување, исмејување и понижуцање на меѓународната сцена. Има "умни глави" во македонската држава што достоинствено ќе го бранат името на Македонците и на сите граѓани што живеат во нашата земја. Ги спомнав бесмртните, со почит, но ги има многу повеќе такви Македонци. Да се разбудиме и расониме од ропството на нашите души, да му се поклониме на духот на слободарите и слободата. 

СЕГА Е НАШ РЕДОТ И НА ПОМЛАДИТЕ МАКЕДОНСКИ ГЕНЕРАЦИИ ДА ЗАСТАНАТ ВО ОДБРАНА СО НАЈСИЛНОТО ОРУЖЈЕ: ЗБОРОТ, НА ОЛТАРОТ НА СВЕТОТО ИМЕ МАКЕДОНИЈА!

******* 

(Авторот е адвокат, поранешен судија и државен обвинител).

http://www.novamakedonija.com

***

 

Македонски партизани влегуваат во Битола

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНИЈА ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

(1941 - 1945)

ДЕЛ 86

*********

 

 

11. Ослободувањето на Македонија

Во германските планови во текот на летото 1944 година особено значајно место заземала Македонија и Вардарската Долина, односно комуникацијата Солун-Скопје-Белград. За Германците, македонскиот простор не бил важен само поради повлекувањето на германската група "Е" (ГАЕ). Тие будно го следеле развојот на НОБ во Македонија. Според процените на Стопанскиот штаб на Југоистокот, оружените напади врз главната железничка врска кон Грција ги извршувале македонските воени единици, додека бугарската вооружена сила (Петтата армија) била апсолутно неспособна да го смири ова подрачје. Пред капитулацијата на Петтата бугарска армија, германската команда, за да го пополни просторот на Македонија, извршила прегрупирање на своите сили. Кон крајот на август во Србија биле префрлени две дивизии. Еден дел од нив се задржал во Куманово, други делови ги зазеле гарнизоните во Охрид и во Битола. Во источна Македонија и по долината на Вардар биле испратени уште две дивизии од групата армии "Е". Во западна Македонија била засилена и балистичката дивизија "Скендербег". На 8 септември 1944 година во Скопје била формирана Германска команда за Македонија да организира фронтовска линија за одбрана од сојузничките сили, а потоа таков фронт да организира во реонот на Белград.

Дејствата во операцијата "Недела на стаорците", онеспособување на железничкиот и патниот правец во Македонија од страна на британските воздухопловни сили, започнале на 1 септември 1944 година. Истиот ден Третата и Осмата бригада разбиле една окупаторска артилериска батерија и извршиле повеќе напади на железничката линија Велес-Скопје. На 1 септември 1941 година МНО дивизија го блокирала главниот тунел на патот Прилеп-Велес. Истовремено, Четвртата бригада го започнала чистењето на областите Кочани-Штип-Струмица од бугарската окупаторска војска. Операцијата "Недела на стаорците" во западна Македонија започнала на 26 август 1944 година, со чистење на долината Кичево-Дебар. Во текот на неделата сите комуникации на правците Кичево-Струга, Струга-Дебар, Дебар-Кичево и Дебар-Гостивар биле целосно пресечени. На 1 септември Првата македонска бригада го зазела Кичево. За активностите и успесите на македонските воени сили во операцијата "Недела на стаорците", британските воени мисии ги известувале своите централи и постојано ја истакнувале нивната борбеност и решеност да се изборат за својата слобода.

На 5 септември британските воздухопловни сили ја бомбардирале железничката линија Кичево-Струга, на 6 септември извршиле напад на мостотовите јужно од Велес, на 7 септемри врз германските моторизирани единици на патот Прилеп-Велес и во Криволак, а на 8 септември јужно од Скопје. Со завршувањето на операцијата "Недела на стаорците" завршила првата фаза на повлекувањето  на ГАЕ од Грција.

Операцијата "Недела на стаорците" според воените планери завршила на 7 септември 1944 година. Меѓутоа, задоволни од активностите на единиците на НОВ и ПО на Македонија, на 10 септември 1944 година британската заднинаска мисија на Фицрој Маклин испратила порака до мисијата во Македонија во која, како продолжение на операцијата "Недела на стаорците", Главниот штаб на сојузничките сили побарал акциите да продолжат и да им се нанесува максимална штета на железничките линии, со цел да  се спречи повлекувањето на непријателот од Грција и да се убијат што е можно повеќе Германци. Кодираното име на оваа операција било "Хелиум". Приоритетни цели на операцијата "Хелиум" биле железничката линија Скопје-Велес-Битола и македонскиот сектор на линиите Кралево-Скопје и Ниш-Скопје. Исто така, се барало уништување на виталните објекти на железничката линија Велес-Гевгелија. За изведување на операцијата "Хелиум" на воените мисии им биле доставени експлозив и друг воен материјал.

Втората фаза на повлекувањето на ГАЕ од Грција траела од 26 до 31 септември. Во таа фаза, како засилување на постојните единици во Македонија, Германците упатиле повеќе специјализирани единици (инжинериски, пешадиски и градежни) со строга наредба да се спречи прекинот на железничката линија. Особено барале да се брани големиот железнички мост јужно од Гевгелија. Исто така и единиците на македонската војска имале поинаков приод во втората фаза од оваа операција. Тие биле збогатени со искуства за диверзантски дејства. Освен тоа, веќе била формирана и 42-рата дивизија на македонската војска. Искуството и бројноста овозможувале да се применува нова тактика. Така, мали диверзантски групи поставувале заседи. Диверзијата се вршела во моментот на пристигањето на возот или на колоната, а потоа побројни чети или баталјони вршеле напад, додека народот го собирал преостаналиот плен. Со таква тактика, во втората фаза, за неполни пет ден биле уништени: шест воза, шест моста, еден тунел, три железнички станици, седум дигалки за расчистување на пругите, а на преку 100 места колосеците биле оштетени.

Во почетокот на октомври 1944 година започнала третата фаза на повлекување на германската војска. Поради влошувањето на состојбата на сите фронтови, на 4 октомври 1944 година Хитлер наредил безусловно повлекување на сите германски единици од Грција и од јужна Македонија и запоседнување фронт на линијата Скадар-Велес-Осоговски Планини-Клисура-(Србија)-Бела Паланка (таканаречена "Сина линија"). Засиленото движење на германските единици во текот на октомври внимателно го следел ГШ на македонската војска и преземал соодветни мерки. ГШ побарал од сите штабови и единици да ги засилат нападите врз комуникациите, да се спречува повлекувањето на германските колони кон север и нивно разбивање. Во таа задача особено биле ангажирани 41-вата и 42-рата дивизија на македонската војска.

Заради честите и големите загуби во жива сила, на 26 октомври Командата на ГАЕ им наредила на командите на корпусите да се ограничи превозот со железницата. Последните единици на ГАЕ од Грција дури на 1 ноември 1944 година ја минале југословенско - грчката граница. Командантот задолжен за Југоистокот лично и' наредил на заштитницата на германските сили при повлекувањето да ги разурне сите објекти на сите правци, без оглед на нивното значење од воен аспект, а во прв ред потполно да биде онеспособена железничката линија Солун-Скопје-Косовска Митровица. За таа задача на заштитницата и' биле придодадени пионери и оклопен воз и воз којшто, при заминувањето, со челичен плуг ја разорувал пругата.

Во согласност со договорт меѓу Тито и Димитров во Москва, на 23 септември 1944 година во Пехчево бил потпишан договор со кој се овозможило во операциите за ослободување на Македонија да учествува и бугарската Отечествено-фронтовска армија. Оваа спогодба од македонска, односно југословенска страна, покрај генералот Михаило Апостолски и Бане Андреев, ја потпишал и Светозар Вукмановиќ-Темпо, претставник на Врховниот штаб на НОВЈ, а од бугарска страна ја потпишале генералот Кецкаров и тројца офицери. На разговорите присуствувал и генералот Павле Илиќ, началник на Главниот штаб на Македонија.

Операциите за конечното ослободување на Македонија започнале во октомври 1944 година. Главниот штаб и единиците на НОВ и ПОМ од октомври 1944 година влегле во составот на југословенската војска и го добиле официјалниот назив Народноослободителна војска на Југославија (НОВЈ). Во завршните операции за ослободувањето на Македонија македонската војска го имала следниот распоред: во источна Македонија дејствувал Брегалничко-струмичкиот корпус со 50-тата дивизија на просторот Берово-Пехчево-Делчево, а со 51-вата дивизија во реоните на Струмица и на Радовиш; 16-тиот корпус, односно Кумановската дивизија дејствувала во реоните на Крива Паланка, Куманово, Бујановац и Скопска Црна Гора, а 42-рата дивизија дејствувала на просторот Скопје-Велес-Сува Гора; во јужниот и во западниот дел на Македонија дејствувал 15-тиот корпус и тоа 41-вата дивизија во реонот Плетвар-Градско-Кавадарци-Гевгелија, 48-мата дивизија била распоредена во западна Македонија, а 49-тата дивизија дејствувала во реонот Битола-Ресен.

Воените дејствија за конечното ослободување на Македонија започнале во средината на октомври 1944 година. До 19 ноември 1944 година целата територија на Вардарска Македонија била ослободена. Македонија ја завршила војната со формирани 33 бригади, 8 дивизии и 3 корпуси. 

 

Продолжува

 

 

КОЛКУ ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК ТРЕБА ДА ЈАДЕТЕ ДНЕВНО?

*****************

за добро здравје о подолг живот.

Експертите ја одредија точната доза овошје и зеленчук што треба да ја внесеме во текот на денот за да бидеме здрави, да имаме енергија и да одржуваме здрава и балансирана исхрана.

*****

Досега препораката беше да јадеме минимално пет порции овошје или зеленчук во денот, а сега препорачената доза е двојно зголемена. Според експертите, пет порции овошје или зеленчук дневно се задолжителни, а десет се идеални и претставуваат одлична прехрамбена навика што драстично ќе ви ги намали ризиците од разни болести и ќе ви го продолжи животот. Експертите од лондонски "Империјал колеџ" што дојдоа до овој заклучок пресметале дека со толку витамински порции дневно, годишно би можело да се спречат дури 7,8 милиони случаи на прерана смрт.

Британските научници всушност се обидувале да откријат колку порции овошје или зеленчук дневно би можело да намалат одредени здравствени ризици, односно да го спречат појавувањето на болеста, па така, пресметале дека со само две и пол порции овошје или зеленчук дневно се намалува ризикот од срцеви болести за 16 %, ризикот од појава на рак за 12 % и се подобруваат шансите за подолг животен век за 15 %.

Со идеални десет порции овошје или зеленчук дневно, ситуацијата е ваква: ризикот од болести на срцето се намалува за 24 %, ризикот од други кардиоваскуларни проблеми за 28 %, ризикот од мозочен удар за 33 %, ризикот од рак се намалува за 13 %, а ризикот од прерана смрт се намалува дури за 31 %. Една порција се подразбира да содржи околу 80 грама, што е еднакво на една средна овошка или парче зеленчук, односно три големи лажици мешункаст зеленчук или листен зеленчук како спанаќ.

 

Која е разликата меѓу овошјето и зеленчукот?

**********

Според ботаничарите, овошјето е дел од растението што се развива од цветот. Исто така, тоа е дел од растението што во себе ги содржи семките. Другите видови растенија се сметаат зеленчук. Тие ги вклучуваат стеблото, листовите и корењата - дури и цветот од пупка. Наведените растенија, технички, се овошје: авокадо, грав, боранија, пченка, маслинки, пиперки, тиква, краставици, житарки, јаткасти плодови, семе од сончоглед и домати.

Во зеленчук се вклучени: целер (стебло), марула (листови), карфиол и брокули (пупка), цвекло, морков и кромпир (корен). Од кулинарска гледна точка, зеленчукот е помалку благ, посолен е и се служи како дел од главно јадење.

Овошјетое е поблаго и кисело и најчесто се служи како десерт или ужина. И од овошјето и од зеленчукот може да се направи освежувачки пијалак. Некои овошја се зрнести или јаткасти или во вид на семе. Од нутритивна гледна точка, овошјето и зеленчукот се слични. Во споредба со продуктите од животинско потекло, посиромашни се со калории и маснотии, но имаат голем процент растителни влакна. Овошјето и зеленчукот содржат состојки што се добри за здравјето, како што се антиоксидантите. Полни се со витамини и минерали. Еден оброк (половина чаша) овошје има малку повеќе калории од еден оброк зеленчук. Исклучок е зеленчукот богат со скроб, како на пример компирот или репкастиот зеленчук. Факт е дека луѓето не консумираат редовно овошје и зеленчук. Се препорачув два или повеќе оброци дневно овошје и два оброка зеленчук. Според статистиките, луѓето се' помалку јадат овошје и зеленчук. Консумирањето овошје и зеленчук последниве години е намалено за околу 10 %. Треба да запомните дека доколку овошјето и зеленчукот не се присутни на вашето мени секој ден, имате поголеми шанси да заболите од карцином, срцеви заболувања, висок крвен притисок, срцев удар и дијабетес.

 

http://www.novamakedonija.com

Ана Голејшка, поетеса и хуманитарна активисткиња.

 

 

 

Ана Голејшка

БЕЗ ПОЕЗИЈА СВЕТОТ БИ БИЛ ИСПЕГЛАНА КОШУЛА ШТО НЕМА КОЈ ДА ЈА ОБЛЕЧЕ, НИТИ ИСПОТИ НА СВАДБА

*********

 

 

Ана Голејшка е поетеса и активисткиња, една од основачите на хуманитарната акција "Ретвитни оброк", како и на поетската манифестација "Астални проекции". Годинава ќе биде објавена нејзината втора поетска книга "Напишан дом".

 

 

 

 

Овој пат ќе ни се претстави со нејзините афоризми, а се надеваме во друга прилика и со свои поетски творби. Па да започнеме:

Да се биде слободен, значи ...

- Да се љуби до бескрај. Да не се пополнуваат уплатници. Да не се плаќаат даноци.

Кога во реалноста не би постоеле ликови од романи, животот би бил...

- Светло сив, како тажно глувче.

Асталот е место на кое...

- Пишувам, пијам, пеам, водам љубов, живеам!

Кога не би постоела поезијата, светот би бил...

-Испеглана кошула што нема кој да ја облече, нити испоти на свадба.

Најтешко на светот е да создадеш...

-Чисто срце.

Отсуство на амбиција, но и голема амбиција значи...

- Македонија има отсуство на амбиција за важни нешта, но голема амбиција за погрешни нешта. Прекрасни сме.

Скопје е град во кој...

- Живеам, се нервирам и го љубам. Отсекогаш.

Денот е музика кога...

- Таа ќе клоцне и ми кажува дека е тука.

 

http://www.novamakedonija.com

 

 

 

Виолета Петковска, поетеса

 

 

 

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

****************

Виолета Петковска

 

БЛЕСОК

  • Се појави како блесок

    Се изгуби како
    утринска
    роса на првиот
    сончев зрак.
    Се појави како блесок
    со ангелска белина,
    пред олтарот на
    божествените
    дарови
    што ветуваат благослови!

    Ми постилаше бели
    пердуви кои паѓаа од
    крилјата на ангелите
    по патеката која ме
    водеше
    до твоите љубовни
    прегратки!

    Самовилите од
    небеската
    ширина истураа
    ѕвезден
    прав кој ги
    исполнува
    љубовните желби врз
    моите
    златно-жолти коси,
    кои
    сјаеја на сончевата
    светлина!

    Чекорев по белата
    патека и си

  • замислував желба
    по желба завиткани
    во мали свилени бовчи,
    и ги испраќав
    по небеските кочии,
    пратени од ангелската
    свита!

    И се појави ти, како
    блесок,
    желба остварена
    од ѕвездите,
    со
    очи полни сјај.
    Широко отворени
    прегратки кои ме
    чекаа мене...

    Земи ме на дланка и
    носи ме во срцето
    по хоризонтите на
    твоите љубовни мечти!

    А, јас, јас ќе те топлам
    во мојот здив,
    ќе ти бидам утринска
    роса која ќе ја гаси
    твојата жед.
    Ќе ти бидам сладок
    вкус во твоите усни
    со кој ќе се сладиш
    секој божји ден!
    ********
    Автор, Виолета Петковска




Kind regards : 20 април 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 139