КОЈ И ЗОШТО ЈА ОБЕЗЛИЧУВА МАКЕДОНИЈА

Скопје

Сотир Гроздановски

КОЈ И ЗОШТО ЈА ОБЕЗЛИЧУВА МАКЕДОНИЈА

************

 

Македонската Империја била една од најстарите монархии и најимпресивните политички творби во човековата цивилизација. Со свои угорнини и надолнини,  успеси и неуспеси, но сепак, со вредности за почит до ден денешен. За нејзиниот подем и препознатливост меѓу тогашните светски сили, мора да им се признаат големите заслуги  на Филип II и неговиот син Александар III Македонски.

Тие со своите човекови и интелектуални квалитети придонесле Македонија да постане прва и најпочитувана светска сила во тие древни времиња.  Но, после нивното заминување и преминот на власта  во рацете на наследниците, македонската империја постанала лесен плен за Римската империја. Таа трпеливо  си ги дочекала своите пет минути и успеала да го преземе светскиот примат, кој дотогаш му припаѓал на Македонците.

Последната македонско-римска војна и воените неуспеси на   последниот македонски крал Персеј, биле крај на славната македонска империја и на македонската држава. Тоа се случило во 168 година п.н.е. Потоа Персеј, син на Филип V бил детрониран од Римјаните, приведен во Рим и после две години во заточеништво, починал. 

Со губењето на својата држава, македонскиот народ ја изгубил и својата слобода. Но не и желбата за обнова на македонската државност.

Се редеа освојувачи и поробувачи, меѓу кои Рим бил најдеструктивниот непријател за македонската територијална и народна целовитост. Поделена на четири провинции без право на меѓусебен контакт, македонскиот народ ја изгубил својата компактност, економската моќ и силата за посериозен отпор. Потоа доаѓа повеќевековното  Османлиско ропство и стварање на балканските државички Грција, Бугарија, Србија и подоцна Албанија во 1913 година. Македонија и ако целовита во оваа турска држава, не успеала да се ослободи и да организира своја сопствена држава. Но затоа, пак, активно ги помагала соседите во борбите за нивно ослободување и создавање на нивните национални државички, верувајќи, дека кога ќе дојде времето  и за Македонците, сите тие ќе им помогнат. Но, нивните намери биле подруги. Нивните намери биле да ја поделат Македонија меѓу себе, а народот македонски да го асимилираат. Така и бидна, со помош на големите сили. Најголемите апетити биле кај Грците, па Бугарите и на крајот Србите.

Сите од нив Македонците ги сметале за дел од нивните народи. За чудење и неверување: Македонците постанале  и Срби и Грци и Бугари, па дури и Албанци, само не Македонци. И така се' до денес.

 

Падова, Италија. Почит кон националните великани и нивните дела во полза на италијанскиот народ.

Скопје. Почит кон македонските великани и нивните дела во полза на македонскиот народ, а не "ИРЕДЕНТИЗАМ" и "КИЧ" спрема размислувањата на фашистот Грчев.

Втората светска војна беше правата прилика за обнова на македонската државност но, само во состав на новата југословенска федерација, спрема плановите на големите сили. Од причини што сите три дела беа во составот на соседните држави, првобитните планови за обединување на територијата и македонскиот народ не беа реализирани. Само српскиот дел постана привилегиран и ја искористи можноста за обновување на македонската државност, во лицето на Република Македонија.

И така се' до 1991 година, кога со распаѓањето на СФРЈугославија, Република Македонија постана вистински слободна, самостојна и независна државна заедница на македонскиот народ и малцинствата кои се најдоа на нејзината територија.

Меѓутоа, токму овој чин за Македонците и македонската држава донесе непредвидиви проблеми, кои траат до ден денешен. Геополитиката одново се повампири и не врати назад во 1913 година кога со Букурешкиот договор и подоцна со Париската конференција поделбата на Македонија постана реалност. Но со распаѓањето на Југословенската федерација, воскресна името македонско, за кое се мислеше дека  македонското прашање за секогаш е решено.

Борбата за повторно "погребување" на  Македонија и народот македонски одново започна. Македонските желби за вклучување во евроатланските процеси, ЕУ и НАТО,  Грците вешто ги искористија да ни  го наметнат  спорот со името,  заедно со севкупното историско наследство на древна Македонија, како услов. И така, цели 27 години, чекајќи го нашиот потполн економски крах, што не им успеа. Барем до сега. Но, тоа не значеше дека кренаа раце од своите погани накани да не дотолчат.

Странските фактори пак проработија спрема испробаните принципи кај другите  медитерански држави. Инсталираа квинслиншка влада во Република Македонија, со Зоран Заев за премиер и избрана група албански политичари со сепаратистички тенденции во полза на Албанија и Косово и така подготвени, тргнаа кон ликвидирање на македонската држава и гасење на идентитетот на македонскиот народ. 

Лавовски и не фер подржани од нашите "стратешки партнери и докажани пријатели", притисокот се засили за насилно менување на името, туркање на спомениците, преименувањето на патиштата, улиците, аеродромите, воведување двојазичност, разводнување на државните институции со вработување на полуквалификувани припадници од албанското малцинство, коалициони партнери на Социјал демократската политичка партија...   Со други зборови, поставување на луѓе на најодговорни места во државната администрација со цел што побргу да се разнебити унитарноста на Македонија и преку менување на името Македонија, конечно да се реши "македонското прашање" и поделбата на македонската теритоија да се до комплетира за секогаш.

Кога се одлучив да го пишувам овој текст, немав намера да одам толку длабоко во  историјата, туку само да ја споредам грижата за културните наследства во Македонија и во Италија. Неодамна посетив неколку нивни историски градови и забележав многу слични работи за кои на домашното население и нивните власти не им паѓа на крај на паметот да ги менуваат или уништуваат, од причини што на некој му текнало да побара од нив.  На пример, како во случајот со Македонија, Грците сметаат дека тоа се акти на "ИРЕДЕНТИЗАМ".

Се работи за спомениците, кои во Република Македонија се сметаат за "грчко наследство", спротивно на сите историски докази, и требало да се туркаат  до колку сакаме да влеземе во НАТО и ЕУ. И гледајте за чудо кој е избран за тоа да одлучува: архитектот Мирослав Грчев, Грк по националност, кој нема врска со македонските национални интереси исто како и Албанците што одлучуваат за македонските национални белези, вклучувајќи го и името на македонската држава и ред други работи поврзани со безбедноста на Македонија. Цело чудо работи, за кои Македонците во Грција, Албанија и Бугарија можат само да сонуваат. Односно би биле обесени на првите дрва поред некои запуштени патишта, како и во Граѓанската војна во Грција.

Истиот тој Грчев и уште неколку негови недоветни фашисти отворено го навредуваат македонскиот народ и неговото древно наследство во полза на Грција, Бугарија и Албанија и се' уште се на одговорни државни положаи и лавовски наградени.

И сега ќе се прашаме: зошто на Италијаните не им сметаат на стотина кипови, статуи и други национални белези на секаде по градовите лоцирани едни до други, а на Грчев му сметаат  спомениците кои ги симболизираат нашите, македонските, најзаслужни претци?

Одговорот е едноставен: Во Италија за нив одлучуваат народните власти составени од одговорни Италијани а не странци, а најмалку поранешни терористи и злосторници против Италија и народот Италијански. Во Република Македонија одлучуваат непријателите на македонската држава и на македонскиот народ. Во тоа е разликата. А не во спомениците.

И на крајот не би било пресмело да се постави прашањето: - до кога Македонците некои ќе ги третира за втора класа граѓани во нивната сопствена и едина татковина и дедовина и до кога  ќе толерираат и поднесуваат разнебитување и обезличување на Македонија и газење на македонското достоинство?

КОГА ЌЕ СЕ ИЗВРШИ ЛУСТРАЦИЈА ВО ОРГАНИТЕ НА ВЛАСТА ВО МАКЕДОНИЈА И КОГА ЌЕ СЕ ПОЧИТУВААТ МАКЕДОНСКИТЕ ЗАКОНИ КАКО ШТО СЕ ПОЧИТУВААТ НА СЕКАДЕ ПО СВЕТОТ, ТОГАШ И МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА ЌЕ СИЈА ПОВРАТИ СВОЈАТА ВРЕДНОСТ И ПОЧИТ ОД СЕКОГО. 

ТОГАШ И ПЛЕМЕНСКИТЕ ПОГЛАВАРИ ЌЕ ПРЕСТАНАТ ДА СИ ИГРААТ  МАЈТАП СО НАС И СО МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА!

ГЛАСИ ОДГОВОРОТ!

Слободан Томиќ

Слободан Томиќ

ИЗБРИШАНИ ОД ИСТОКОТ НЕЗАПИШАНИ ВО ЗАПАДОТ

1948-2018

Можеби некролог, но не е тоа. Седум децении од едно битисување на кодошење, или наведување...За Информбирото зборуваме. Лозинката беше "За Тито или за Сталин", демек ако не сте со нас, тогаш сте против нас. А, за Сталин, следеше наредба и те нема.

 

Не е ништо ново и сега, но на другата страна од Истокот, кај нас на Балканот. Балкан и натаму е буре барут. Ако експлодира, нема никој да се врати. Овојпат последиците ќе бидат преголеми, оценуваат експертите и аналитичарите за воени прашања. Но, кому му оди во прилог виорот на војната? Кому му оди во интерес да исчезнат милиони луѓе, па и цели народи?

Не бегаме од историјата и вистината дека Македонија е мајката на светот. Поради тоа и сите се бунат, добиваат алергии кога Македонија и македонизмот се споменуваат. Впрочем и тие што самите се свесни за оваа вистина, а кои и натаму не се откажуваат од кражбата, името Македонија да биде во нивна сопственост во едно се разобличени - не знаат ниту умеат како да се облечат во рувото "македонско".

Според теоријата на Хартланд, кој владее со моравско-вардарската долина владее и со Балканот. Од друга страна многу одамна американскиот председател Томас Вудроу Вилсон со став САД да има влијание врз Македонија, која би станала монархија на чело со Хабзбург, откога Австро-Унгарија се распаднала.

Сите ја разбрале и ја прифатиле вистината, што претставува Македонија и како поим и како историја и како факт, само Македонците самите, никако тоа да го сватат, да ја почувствуваат енергијата и силата на Македонија. Зошто до ваков хендикеп на самоспознавање?

Деновиве што се' не се изнаслушавме и што се' не се изнагледавме. Од помали до поголеми глупости. Од бурлески до циркузи.

Дипломатијата не е улица. Дипломатијата е наука. Дипломатијата е знаење. Дипломатијата е суштина. Дипломатијата е пракса. Дипломатијата е столбот на секоја куќа, како и на Куќата Македонија. Но, што има Куќата Македонија во моментов? За жал, лошо поставени чувари.

Светот, денот и компасот си го имаат својот Исток и својот Запад. Каде е Македонија меѓу сите стрелки, ако насокиве го објавуваат денот и ноќта, правецот и ќорсокакот? Со оглед на однесувањето на некои "политичари" Македонија е се' подлабоко во "темнината и во зоната на сумракот" или со еден збор во ќорсокакот.

Мудроста се оценува според начинот на нашето однесување кога сме во лавиринтот и барањето на клучот за излез од беспатието! Но, мудроста доаѓа и од енергијата која ја поседуваме и ја имаме кон сопствената земја и сопствениот народ. Колку се потребни авантури или играње со огнот, одењето по жилети? Кому му се потребни такви "факирски" вештини, ако сеуште не знаат како се оди по патот?

Дали воопшто Македонија треба да се впушта во најопасните воени игри, кога светот се' повеќе наликува на вулкан кој еруптира и кој се' повеќе ги испушта отровните гасови од кои се уништува секој можен центар на живот? Дали Македонија треба да ја има таа посакувана стратегија на неутралност и на соработка со двете страни од страните на светот? Чуму ни е сега "кавга" со железниот човек, кој самиот даде подршка без некој да ја побара-потврдата дека Истокот писменоста ја примил токму од Македонија. Дали наместо благодарам, ние враќаме со шлаканица?

Дали "корпа" и на "Чичко Сем" - Големиот брат во центарот на светот, светската влада на Ист Ривер, "Не" за проектот во Ерусалим?! Вакви детски "каканки" не ги пери ниту една вода. Инфантинлоста или резилот, се' повеќе се продлабочуваат, но на штета на Македонија и на македонскиот народ.

А, кому му е гајле за Македонија и македонскиот народ, ако неговата автохтоност или државотворност ја дерогира, менувајќи ја и трампајќи ја за свои лични и бедни интереси, а тоа се изгубените во времето и просторот!

Кому му е потребно токму сега да си игра со руски рулет? Знаете, казната доаѓа тогаш кога најмногу ја очекуваш и посакуваш и од Исток и од Запад.

Како и да е, претставата продолжува сакале или не, и покрај нискиот праг на НАТО интерес кој е помал од кога  и да е. Македонија фатена за уши ќе биде турната во НАТО на самитот во Јули 2018 година со условен "напредок", а тоа е влез во НАТО под временото обраќање ПЈРМ, со фуснота "се очекува ново име откако ќе се договорат Скопје и Атина со благослов на Тато".

 

01 април 2018 година

http://www.svest.mk

 

 

Христијан Мицкоски

Христијан Мицкоски

ДОЈДЕ ДО ТАМУ РАБОТАТА ЗАЕВ ДА ДЕЛИ ЛЕКЦИИ ЗА ЕКОНОМИЈАТА

**************

 Откако премиерот на Република Македонија, во интервју за "Миа", кажа дека може да му дели лекции  по економија на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на Фејсбук се огласи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Го прочитав господинот Заев. Со денови не одговараше на она што суштински го загрижува граѓанинот, а тоа е катастрофалната економија и откако мислеле што да кажат, прочитав и си велам не е можно ова да е неговиот одговор. Но, да, со Заев и тоа е можно.

Дојде работата до таму Заев да дели лекции за економија, но не  разбира дека рибата не само што мириса од главата, или опашката, како што милува Заев да каже, туку мириса цела.

Господине Заев, бидејќи народот ја гледа и чувствува вашата лекција полна со криминал, терор, бизниси по теркот евро за Вицето, евро за црквата и патем фалење дека на истиот принцип се завршиле и земјиштата на "Ваанто, Сашето и она зад Мирчо Свињарнико", неспособност, не знаење и владеење со страв, сега јас како професор со повеќегодишно искуство да Ви ја кажам мојата, онаа вистинска, која ја споделува целата јавност...економијата тоне, а народот е осиромашен.

1. За само два и пол (2 1/2) месеци едно просечно семејство е задолжено од Владата за 1200 евра. Од тие пари со кои се задолживме, наместо инвестиција во капитални проекти, седат околу 300 милиони евра неискористени во НБРМ како депозит со нула проценти камата, а државата плаќа камата за истите кон кредиторите од кои ги позајмила. Тоа ги чини граѓаните околу 1.5 милиони евра. Значи се плаќа камата, парите не се вртат, буџетот се оштетува.

2. Капиталните инвестиции, речиси, ги нема, единствените се оние кои ги направи минатата Влада на ВМРО-ДПМНЕ. Во овој период една милијарда денари е реализацијата за капитални расходи или некаде околу 16 милиони евра. Лани, во услови на политичка криза имавме речиси три пати повеќе или 2.8 милијарди денари.

3. И еве уште еден нов податок од економијата, од истите оние податоци кои што вие господине Заев ги добивате на маса во владата секој ден, но не ги кажувате на јавноста. Граѓаните во првото тромесечие потрошиле во вкупен обем 45 милиони евра помалку, споредено  со лани, година која беше година на најголемата политичка криза. Ако економијата одела напред, ако се' било како добро како што лажно се фалите, зошто народот помалку троши? Еве јас ќе ви кажам: народот нема пари, а нема пари затоа, што владата е неспособна да создаде услови за развој!

4. Барем да имавте автентични проекти во овие 10 месеци, но такви нема. Кога говорите за паркот, во Богданци, господине Заев не заборавајте дека јас го водев ЕЛЕМ, истиот оној кој јас ви го оставив без долгови, со каса полна и депозити во домашните банки од 1.5 милијарди денари и ја комплетирав првата фаза од изградбата на ветерници, а за втората со која денес се фалите целата административна и логистичка подршка јас ја завршив. Што се однесува до инвестициите, не е убаво да се игра на картата на кратко помнење, иако со сила од Владата се прават дека не знаат, но народот памети. Па доволно е, ако ништо друго да отворите Google и ќе видите дека Лимак е во Македонија уште пред неколку години, измените на урбанистичките планови за градежната парцела на Скопски Саем се направени од минатиот градоначалник на Гази Баба... и уште редици други инвестиции. Салдото за странски инвестиции е помало за 100 милиони евра, споредено со минатата година.

5. Господине Заев, говорите за укинување на радиодифузната такса и ефтината струја, а не говорите што истите пари и многу повеќе, ги одземавте од граѓаните со покачување на акцизиите за горива. А да не зборам за грабежот кој се подготвува со повисоките даноци кои ги најавувате и повисоката струја за граѓаните, што ќе значи дека граѓаните ќе ја платат неспособноста на владата од својот џеб...

И вака можам до 1001 и наназад, вклучително да говориме и за криминалните афери на оваа влада, за што има точни информации.

Да сублимирам. Гледам дека господине Заев сакате да делите лекции во раните утрински часови и тоа во период на најголемиот Христијански празник. Јас, рано утрово ќе се причестам како што доликува на еден верник, а Вам, на вашето семејство и на сите граѓани на нашата мила мајка Македонија кои го слават овој голем христијански празник сакам да им посакам, пред се', здравје, среќа и радости. 

Доаѓа многу скоро денот кога народот ќе даде одговор на вашите лекции и конечно ќе ги испрати транзиционите политичари во историјата.

 

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ, НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ !

 

http://www.mn.mk

 

 

 

 

Бил Николов

Бил Николов

"НАШЕТО ИМЕ Е МАКЕДОНИЈА"

**********

 Македонците во Бугарија се приклучуваат кон кампањата на ММДЧП "Нашето име е Македонија" и бараат веднаш да запрат антимакедонските преговори за името.

 

Најновите билборди за "Нашето име е Македонија" содржат пораки за Македонците во Република Македонија од потчинетите Македонци од Пиринска Македонија во кои се вели: "Не ми го одземајте името и идентитетот".

"Се мачиме да ги оствариме нашите основни човекови права и да се признае на тоа што сме - Македонци. Бугарија не го признава нашето постоење и не прогонува замо врз основа на нашето македонско етничко потекло. Ако Република Македонија го смени името, таа ќе го загрози идентитетот на Македонците од целиот свет. Како што е случајот и со антимакедонскиот "Договор за пријателство", овој чекор само ќе и' помогне на Бугарија во остварувањето на нејзината цел да ги избрише Македонците од постоење - изјави Ѓорѓи Христов, главен уредник на македонскиот весник во Бугарија "Народна волја".

"Дури и ако заборавиме на едноставниот факт дека Грција а ниту некој друг нема никакво право да бара промена на името на Република Македонија, "преговорите" јасно покажаа дека она што Грција сака всушност да го промени е македонскиот идентитет. И Грција и Бугарија во лицето на своите највисоки претставници недвосмислено изјавија дека Македонија може да влезе во Европа но не "македонизмот", поим со кој тие го етикетираат македонскиот идентитет. А за идентитетот и не смее да се преговара" изјави Иван Сингартијски, Копретседател на ОМО Илинден - Пирин.

Во текот на последните две децении, Обединетите нации, Стејт Департментот на САД, Европскиот суд за човекови права, Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата и Хјуман Рајтс Воч, меѓу останатите, заклучија дека Грција и Бугарија постојано ги прекршуваат правата на Македонците во тие земји и побараа од Грција и Бугарија веднаш да ги признаат своите македонски малцинства. Оваа подршка се случува зашто Македонците од соседните држави, со помош на ММДЧП, го бранат своето право на постоење и апелираат до меѓународната заедница да ги одбрани нивните најосновни човекови права, во согласност со универзално прифатените и ратификувани конвенции за човекови права.

Стојан Герасимов, претседател на Друштвото на репресираните Македонци во Бугарија меѓу кои е и тој еден од нив и кој лежел 5 години в затвор заради својата националност повикува:

"Македонци во Република Македонија - вие морате да се борите исто како ние што се бориме. Прекинете ги преговорите за името, а светот во тоа ќе ве подржи. Бранете се себеси и ќе бидете одбранети. Нашето име е Македонија. Барајте да се почитува и тоа ќе го добието."

****

 

Македонско меѓународно движење за човекови права (ММДЧТ) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. 

 

За повеќе информации:

1-416-850-7125, 

info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, 

70-сет години македонска држава

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНИЈА ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

(1941 - 1945)

ДЕЛ 84

*********

 

10.5. Прокламирањето на резултатите од АСНОМ

 

Тргнувајќи од местото и улогата што ја имало Првото заседание на АСНОМ, тоа морало да се ангажира во прокламирањето на резултатите што ги постигнало. Се разбира дека без таквата политичка и оперативна активност донесените решенија не би го имале ефектот што го оствариле.

За Македонија, Првото заседание на АСНОМ претставувало суштествен и неодминлив државотворен орган. Неговата основа лежела во оружената ослободителна борба на македонскиот народ која произлегла од битието на македонскиот народ. Присутните делегати ја изразиле суверената волја на целиот македонски народ. На тоа ги обврзувале суштината на самата борба и долгогодишните стремежи на македонскиот народ за ослободување и создавање самостојна македонска држава. Условите за тоа биле многу поинакви и многу поповолни од оние на самиот почеток на востанието. Сите овие вредности биле вградени во содржината на Манифестот на АСНОМ како специјално подготвуван документ за прокламирање на неговите резултати. Содржината на Манифестот на АСНОМ била лоцирана на три основни пункта: осврт врз постигнатите резултати; завршување на Антифашистичката војна заедно со другите југословенски народи; заземање на најконсеквентен став за прашањето на обединувањето на македонскиот народ.

Иако последново не се реализирало, треба да се каже дека во овој однос бил направен крупен чекор. Доволно е само да се спомене искажаната констатција дека "АСНОМ го прокламира пред целиот свет своето праведно и неотстапно барање за обединување на целиот македонски народ врз принципите на самоопределување" па да се види дека оваа неостварена желба македонскиот народ ја носел долго време потисната во себе. Таа желба, најексплицитно од кога и да е, била искажана на Првото заседание на АСНОМ и била изразена во писмена форма токму во Манифестот на АСНОМ. Македонското раководство со право сметало дека обединувањето на македонскиот народ од трите дела на Македонија ќе стави крај на неговото покорување и ќе претставува услов за траен мир на Балканот.

Сепак, концептот и патиштата за обединување на трите дела на Македонија останале не докрај јасно дефинирани затоа што тоа прашање не било поврзувано со борбата за национално осамостојување и обединување, туку со учеството на Македонците од трите дела на Македонија во единствениот антифашистички  фронт и со правото тие да се обединат во рамките на нова Југославија. Но, такво нешто не било можно затоа што трите држави во кои живееле Македонците имале различни погледи и однос кон тоа прашање.

 

10.6. Президиумот на АСНОМ во реализацијата на решенијата и определбите на АСНОМ

 

Во согласност со констутитивните акти, Првото заседание на АСНОМ  избрало свои органи, односно Президиум  (Претседателство) на АСНОМ од 22 члена. За негов претседател бил избран Методија Андонов-Ченто, кој ја вршел и функцијата претседател на АСНОМ. До изборот на првата влада тој, исто така, ја вршел и таа функција. Тоа било објаснето со тогашните воени услови. Во составот на Президиумот дејствувале шест поверенства на чело со повереници. Тие ја имале улогата на органи на државната управа. Според тоа и законодавната, а истовремено и извршната власт му биле доверени на Президиумот на АСНОМ, така што Президиумот бил клучниот орган на власта,

Законодавната функција на Президиумот на АСНОМ била насочена кон три пункта: натамошно организирање на органите на власта, обнова на стопанството и економијата и организирање на дејностите од јавен и општествен карактер.

За реализација на активностите од првиот пункт, Президиумот на АСНОМ усвоил неколку клучни документи. Во таа смисла Решението за организација и работа на народноослободителните одбори, проследено со упатство во кое биле дадени детални објаснувања како треба да се организираат и што треба да работат, имало посебно значење. Президиумот на АСНОМ им посветил големо внимание на НОО, бидејќи нив ги сметал за основна база на државната власт. Тој многу грижа посветил на организирањето на судската власт и на работата на безбедносните органи. Затоа, подоцна, Президиумот формирал посебно поверенство за организирање на власта. Истовремено, Президиумот го имал предвид фактот дека основните активности на теренот, во поглед на заднинската помош во борбата и одвивањето на политичкиот живот на локално ниво, треба да паднат врз овие органи. Во функција на таа цел, територијата на Македонија ја поделил на неколку области.

Заживувањето на стопанството и економијата било приоритетна задача на Пезидиумот на АСНОМ. Со тоа најнепосредно се занимавало Поверенството за народно стопанство и економска обнова, кое ги подготвило програмите и приоритетите за обнова.

Президиумот на АСНОМ сериозно внимание му посветувал и на општествените дејности. Приоритет добил просветно-културниот живот. Требало да се надминат големата културна заостанатост и неписменоста која, за време на оваа светска војна, била доста зголемена. Проработиле првите основни училишта, но со недоволно оспособен кадар за образование. Покрај тоа, биле обновени најважните установи од областа на културата.

Ништо подобра не била актуелна состојбата во областа на здравството и социјалата. Таа област била актуелна поради појавата на заразните болести. Затоа, најпрво биле организирани институциите за примарната здравствена заштита. Президиумот на АСНОМ дејствувал и во другите области на општествениот живот, давајќи го основниот придонес за неговото целосно организирање.

 

Продолжува

Големата Камена Глава

ГОЛЕМАТА КАМЕНА ГЛАВА

МАКЕДОНСКА ЛЕГЕНДА ЗА ГРАДОТ СКОПЈЕ

**************

 

Некогаш, многу, многу одамна, длабоко во шумите на една Планина, си живееле тројца браќа. Нивниот татко беше посадил по еден јавор за секој од нив, кога тие биле родени. Пред да умре, таткото им кажал на синовите: "Силата на секој од вас е во вашиот јавор!"

Еден ден најстариот брат им рекол на браќата: "Чувствувам како да ми дојде мојата сила. Ако го посечам моево јаворово стебло со еден замав на мечот, ќе бидам сигурен во тоа и ќе заминам да си ја барам среќата!"

Мавнал со сета сила, го пресекол стеблото. Утредента се поздравил со браќата, го јавнал коњот и тргнал да си ја бара среќата.

По некое време и средниот брат се сторил со снагата. Го викнал најмалото братче, сугарче, и му рекол: "Дојде време и јас да си ја пробам силата! Ако го пресечам мојот јавор со еден удар, ќе појдам да си ја барам среќата. Ти веќе не си мал, си научил како да живееш сам во шумава. Кога ќе ти дојде твојата сила, пресечи го и ти твојот јавор, та појди да си ја бараш среќата, како и ние двајцата што сторивме!"

Мавнал вториот брат со мечот само еднаш, ама силно! Јаворот паднал пресечен. Утредента, откако се поздравил со најмалото братче, и тој се качил на коњот и заминал да си ја бара среќата.

Најмалиот брат си останал да живее сам. Еден ден, после силно невреме, видел како порој носи едно пиле соколово, што беше паднало од гнездото во високите карпи. Откако го извадил од водата, тој онака силен и спретен, лесно се качил до гнездото и го вратил намокреното пиле. Кога дошол дома, почувствувал дека и нему му дошла силата и дека во жилите му зоврела јуначка крв. Го зел својот меч, излегол во дворот и таман да мавне, кога од гранката на неговиот јавор го слушна гласот: "Немој млад јунаку, не го сечи јаворот!" Тој се почудил кој зборува, оти во близина немало никој: само еден сокол седнат на гранката од јаворот. 

"Јас сум мајката на пилето што ти денес го спаси од поројот! Дојдов да ти се заблагодарам за тоа и да ти помогнам. Не го сечи јаворот, нека остане барем еден од трите да го чува споменот на вас тројцата и на вашиот татко. Туку, за да си ја пробаш силата, пресечи ја само оваа гранка на која јас седам!"

Најмалиот брат се согласи, оти беше научен да ја чува шумата и сите птици и животни во неа. Да пресече една обична гранка, му се виде премногу лесно. Мавнал тој колку што можеше посилно, ама таа гранка, на која седел соколот, да ти била потврда од железо. Светнале илјада искри, гранката паднала пресечена, но и мечот се скршил.

"Силен јунак си ти. Потешко беше да се пресече таа гранка, отколку целото стебло. Нека не ти е жал за мечот. Од оваа гранка што ја пресече, направи копје. Друг меч ќе си најдеш, ама вакво копје нема никаде. Тоа отсега ќе биде волшебно копје и тоа ќе те чува и ќе ти помогне да ги победиш и најсилните и најлошите маѓепсници." - му кажал соколот.

Само што најмладиот брат ја зел пресечената гранка в рака, а таа навистина се стори тврдо и лесно копје со златна острица на врвот!

"И ова треба да го знаеш: кога ќе ти биде најтешко и кога ќе се бориш против некоја магија што е посилна од тебе, чукни ја острицата од копјето со левата рака, од срце и тоа три пати. Копјето три пати ќе запее со гласот на сокол, а јас веднаш ќе му ја дадам и мојата сила. Така ќе го победиш секој противник. Но запомни, секогаш да се бориш само против злото и секаде да го браниш доброто! Чувај го како себе што се чуваш, а тоа тебе ќе те чува подобро отколку што ти самиот ќе се чуваш!"

Го рекол тоа соколот и одлетал. Најмладиот брат наскоро се прочул како голем јунаак. За него, со рацете на најдобриот мајстор, беше ти бил искован еден меч, потврд и поостер од сите други: спроти јунак и мечот, што се вели! Така опремен, младиот јунак тргнал секаде каде што ќе слушнел дека им треба помош на луѓето во борбата против злото, и со своето копје и со мечот ги ослободувал од насилници и зулумќари. 

И така, еден ден јунакот ја дознал и приказната за Големата Камена Глава. Во едно големо поле, си била некоја огромна  карпа во облик на човекова глава. Никој не паметел кога дошле луѓето тука, но сигурно се знае дека тие карпата веднаш ја завикале Камена Глава, зашто никој не памети дека некогаш поинаку ја нарекувале.

А карпата навистина прилегала на човекова глава: дури имала и седум големи отвори-пештери, токму како и главата на човек: две очи, две уши, две ноздри и една уста!

Како и вистинската глава и Големата Камена Глава гледала, слушала и зборувала! Во таа карпа живеел некој умен и многу добар волшебник. Сите знаеле дека Големата Камена Глава е главата на добриот волшебник. Тој секогаш ги советувал луѓето за она што е добро и ги одвраќал од сите лоши работи. Сепак, никој никогаш не го видел, така што луѓето не знаеле ни кој е, ни што е. Само што, пред да се слушне неговиот глас, од устата на Големата Камена Глава, секогаш излетувал еден прекрасен сокол!

За луѓето најважно било што добриот волшебник им помагал со своите совети и ги бранел од секакво зло и загроза. Со време, многу луѓе се населиле околу Големата Камена Глава. Помогнати од мудрите совети на добриот волшебник, тие живееле среќно и во голема слога, а нивната населба наскоро се прочула надалеку. По некое време, гласот за градот кај Големата Камена Глава стигнал и до еден многу лош волшебник, со најсилна магија. Тој се викал Љубомор, ги мразел луѓето и бидејќи не можел да ја поднесе среќата на другите, решил да го убие добриот волшебник, заштитникот на луѓето, а Големата Камена Глава да ја урне, искрши и потоа да ја стори дробен чакал и ситна песок. Долго се бореле добриот и лошиот волшебник! На крај победил Љубомор, оној лошиот. Не можел да ја турне и да ја искрши Големата Камена Глава, зашто неа ја чувала магијата на добриот волшебник. Лут заради тоа, тој ја проколнал да се затворат сите седум отвори. Големата Камена Глава така станала слепа, глува и нема, а ниту од неа веќе се слушал гласот на добриот волшебник, ниту некој, или нешто можело да влезе во Главата, ниту да излезе од неа. Луѓето велеле дека и оној сокол останал заробен во Големата Камена Глава. По ова, исплашени, луѓето се разбегале, населбата пропаднала. Веќе никој не смеел ни да поминува тука; оние што тука ќе ги затекнела ноќ, наутро ги немало никаде. Нив ги убивал и ги голтал лошиот волшебник.

Многу се натажил најмладиот брат кога ја слушнал приказната. В рака го стегнал своето верно копје, го прицврстил мечот на јуначка си снага, се фрлил на коњот и со најбрз галоп го потерал кон местото каде што луѓето му кажале дека се наоѓа маѓепсаната Голема Камена Глава. Во првите мугри стигнал таму. Добриот коњ му бил цел покриен со пењи, а тој се беше изморил од долгото јавање. Но ниту се плашел, ниту се премислувал јунакот!

Тргнал кон Големата Камена Глава. Таа навистина била иста како човекова глава, но била и слепа и нема и глува, токму како да е камен и ништо друго! Тогаш пред него излегол страшниот Љубомор. Долго се бореле најмалиот брат и лошиот волшебник. Во борбта, на јунакот му се искршил и новиот мече. Но токму кога Љубомор, престорен во чудовиште и самиот изморен и ранет, тргнал да го проголта, јунакот се сетил на советот на онаа соколица. Бргу три пати ја чукнал златната острица од своето волшебно копје, кое истиот миг три пати запеало со гласот на сокол и со сета сила го фрлил право во срцето на Љубомор! Се слушнал страшен татнеж, земјата се стресла, чудовиштето се исправило за последен пат, крикнало посилно од гром и паднало ничкум. По малку, лошото чудовиште било мртво, потоа го снемало а на земја, прикован со копјето, се покажал само еден грд старец. Со последни сили тој му рекол на јунакот:

"Ме победи со благородноста од која е направено и твоето копје!" Откако ги кажал овие зборови, се стопил и грдиот старец, а на земја останала само една влажна трага, како да поминал некој голем полжав. Така го снемало Љубомор.

Јунакот го извадил копјето и преморен тргнал кон Големата Камена Глава. Колку што еднаш ја допрел, а на неа се отвориле сите седум заѕидани отвори! Очите се отвориле и прогледале, ушите прослушале, уастата се отворила. Од устата на Големата Камена Глава излетал еден голем, прекрасен сокол, се спуштил на едното рамо од јунакот, а во истиот миг на другото му слетала онаа истата соколица на која и' го беше спасил соклето и која што му го беше подарила волшебното копје. Тогаш соколицата му рекла:

"Овој сокол, е мојот маж а јас негова жена. Дадовме завет и се сторивме соколи за да им помагаме на луѓето, се додека не се најде некој исто толку благороден, да им помогне на луѓето, а нас да не ослободи од заветот. Мажот ми, овој соколо, дојде тука, даги советува и брани луѓето во градот, а јас одлетав да им се најдам  на луѓето од планината. Твојата добрина пренесена во копјето и твојата душа посилна од силата на Љубомор, победија денес и ќе победуваат секогаш додека сте сложни. Ние ќе ви помагаме ако во вас не завладее лошиот Љубомор. Сега ќе одиме во нашата куќа, во планина, но кога ќе затреба, пак ќе се сториме соколи за да бдееме врз ова место и врз сите тукашни луѓе!"

Тогаш, јунакот прашал:

"Кажи ми уште само, како ќе ја најдам вашата куќа в планина, кога ќе затреба да ни помогнете?"

"Нашата куќа е истата онаа куќа во која сте родени ти и твоите браќа, а во неа се родени и вашите родители и дедовците на вашите дедовци!" Одговорила соколицата. Многу се почудил јунакот, посакал уште да праша, но пред уста да отвори, а соколите веќе беа летнале во небото. Во тој миг дувнале свежи ветрови низ сите седум отвори во Големата Камена Глава. Земјата повторно се затресла  и пред јунакот се исправил огромен џин. На неговите раменици, широки како цело поле, високо до облаците, сега стоела жива и Голема Камена Глава.

"И јас веќе не сум ви потребен! Добро знаете од што сте страдале и ќе знаете што треба да правите и како да се браните. Оти злото е во човекот и оној зол маѓепсник Љубомор веќе нема да дојде никогаш, ако вие не му отворите ниту еден од седумте отвори и не го пуштите внатре!" Така кажал џинот со силен глас и се изгубил!

Истоштен од борбата и од сите чуда, јунакот легнал в трева да поспие. Од неговата пот избиле неколку кладенци бистра вода, а телото каде што тој легнал, по некое време, се сторило планина која луѓето ја завикале Водно. И денес, погледнато од далеку, Водно прилега на заспан џин. Таму пак, кај што тој го положил копјето, се сторил еден висок срт, долг и тенок како копје. Секаде каде што копјето било допирано од рацете на јунакот, по сртот израснал и веднаш расцутел јоргован. На местата на кои копјето беше испрскано од крвта на оној зол волшебен Љубомор, никнале цветови, со листови густи и црвени како крв, кои не растат на ниту едно друго место. Бидејќи овој бој се водел во пролет, оттогаш, до денес, секоја пролет, високиот тенок срт обраснува со јорговани, а на истите места на кои се беа појавила за прв пат, никнуваат оние цветови,  црвени како крвта на волшебникот. Овој срт луѓето го нарекле Осој, затоа што јунакот легнал во сенката на своето копје, попладнето кога завршила борбата против Љубомор.

И денес, тој срт му прави сенка на градот, секое попладне. Од време на време, од Осој се слушаат како пиштат соколи. Заради нивната песна, и во спомен на големиот бој во кој копјето за прв пат победоносно запеало, градот што бил основан во подножјето на Водно и Осој,  неговите жители го нарекле „Копје кое пее''. Бидејќи победата врз лошиот Љубомор била извојувана со тоа копје, тие го смениле во „Со копје кое пее''. Со време, сеќавањето за тоа се сочувало во скратеното име "Со копје". Од ова е настанато денешното име "Скопје". На местото на кое лежела Големата Камена Глава, со време се развил убав и голем град. Кон него и денес водат и од него излегуваат седум патишта, на кои некогаш биле седум порти, заради што Скопје било познато и како Градот На Седумте Порти. Старите велат дека таму каде што биле очите од Големата Камена Глава, се отвориле двете клисури: Качаничката и онаа на Матка; реките Лепенец и Треска потекле низ нив за да потсетуваат на реки солзи што биле пролеани додека Големата Камена Глава била маѓепсана од лошиот Љубомор; кај што биле ноздрите, сега се отвораат клисурите кај Групчин и кај Радуша - познати и како Групчински Радушки Дервен; планината Жеден пак, го добила името по тоа што јунакот токму на тоа место бил најмногу жеден додека се борел, а се наоѓа на местото помеѓу нив, како што и носот ги спојува и раздвојува ноздрите; преслапите на Китка Планина, како и на седлото кон Матејче, оттогаш се таму каде што некогаш биле ушите на Големата Камена Глава; Таорската Клисура, најнапред ширум отворена а потоа стеснета како грло, била создадена на местото на кое била устата од Големата Камена Глава!

Секој камен што ќе го земете в рака на целиот овој простор, е дел од некогашната Голема Камена Глава. Тие се тука за да го потсетуваат секој жител на Градот Со Седумте Порти, дека луѓето онемуваат и ослепуваат, стануваат глуви, ако му се препуштат на најлошиот волшебник наречен Љубомор и дека дури и каменот прогледува, прослушува и прозборува, таму каде што ќе смогнат сила да го победат со својата добрина!

 

 

 

Големата Камена Глава.

А соколите, прашувате. Што станало со нив? Тие и денес се птици заштитници на вашиот град Скопје! Слушнете ја само песната што одекнува низ устата на некогашната Голема Камена Глава, по течението на реката Вардар:

"Море сокол пие, Вода на Вардаро". 

 

http://www.svest.mk

 

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

************

САВО КОСТАДИНОВСКИ

(На сите кои ја сакаат Македонија)

Песнава е напишана на "Гоцев плоштад" во с. Зубовце-Гостивар

  • ЗАВЕТ

    Еве не
    Тука сме
    Горди постоиме
    Не се предадовме
    И не се предаваме
    Затоа што така ни било пишано
    Затоа што сме
    Сложни Македонци непокорни
    Во душата и срцето
    Со вечен истрај, тврдокорни.

    Еве не
    пред светот
    На глас
    Завет испраќаме
    Завет и за потомци идни
    Та и тие како нас

  • Со љубов
    Да ја сакаат Македонија
    Како чеда нејзини видни.
    ******
    Саво Костадиновски, Автор
    Среда, 14 февруари 2018 година

Kind regards : 10 април 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 137