Велигденски јајца

Сотир Гроздановски

ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - ВЕЛИГДЕН

**********

 

Велигден, или Воскресение Христово, е најважниот верски празник во православниот календар. Со него, Христијанските верници го прославуваат воскреснувањето на Исус Христос по неговата смрт, со распнување од Римјаните, околу 27-33 година од н.е. Тоа се случило на третиот ден по неговата смрт, сметајќи го и денот на смртта, т.е. првиот ден недела по Велики петок.

На тој ден, православните христијани  се поздравуваат со поздравот: "Христос воскресна", на што се одговара со "Навистина воскресна".

Велигден и празниците кои се поврзани со него се подвижни празници. Тие не паѓаат на ист датум секоја година според грегоријанскиот (цивилниот календар) или јулијанскиот календар ( кој го следат движењето на Земјаа околу сонцето и годишните времиња). Тие се фиксни според месечевиот календар кој е сличен, но не ист со еврејскиот календар.

Спрема Светото Писмо, Велигден, или Воскресението Христово се празнува по еврејскиот празник Пасха (хеб, песах), во првата недела по полна месечина, која што е на самиот ден на пролетната рамнодневница или непосредно по неа. Во периодот од 1900 до 2100 година Велигден може да се падне помеѓу 4 април и 8 мај.

Во православието, подготвувањата започнуваат со Великите пости. По петтата недела (ден) од великите пости доаѓа Цветната недела, која завршува со Лазарова сабота. Овој ден го означува завршетокот на Великите пости, иако празникот продолжува и следната недела.

Потоа доаѓа празникот Цветна недела (Цветници), Светла седмица и најпосле самиот Велигден и постот прекинува веднаш по Божествената литургија. По Велигден следи Томината недела, за време на која нема постење, дури ни во среда и петок.

Велигденската служба започнува на полноќ (почеток на Велигденското утро).  Со тоа што оваа служба е на полноќ, на истата и е загарантирано дека ниедна литургија нема да дојде пред неа изутрината. Ова се должи на фактот што Велигден се смета за "празник над празниците".

Обичаи

*****

На велик Четврток се вапцуваат првите три јајца. Првото јајце е  посветено на Господа, второто на домаќинот на куќата и третото за бериќет и среќа. Тогаш не смее да се вапсуваат други јајца. На тој ден Исус го фатиле.

На велики Петок е строгиот пост. Правилниот пост е само да се пијат течности, поточно вода, чај и т.н.т. На тој ден Исус го распнуваат. Христијаните во тоа време постеле од жалост, бидејќи јадењето претставувало задоволство, па затоа тие сметале дека не треба да јадат.

На велика Сабота Исус веќе умира. Тогаш навечер се оди во црква и некаде кај 00:00 часот се кружи околу црквата, а пак по 00:00 часот се "кршиме" со јајца.

Во неделата се мрси. На тој ден Исус воскрснува.

 

НЕШТО ЗА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ЈАЈЦА 

***************

Велигденските јајца се обележје на големиот христијански празник Велигден. Тие се вапцуваат и се украсуваат во текот на Велика недела, најчесто на Велики четврток или Велики петок.

Вапцаните јајца обично се ставаат во кошница наполнета со слама, така што наликува на птичје гнездо.

 

Обичаи

*******

Дарувањето на велигденски јајца било и се' уште е голем христијански обичај. Секогаш се водело сметка да секој член на семејството и секој гостин  добие јајце со одредена симболика; момчињата и девојките добивале јајца со исцртано венче за да си најдат животен сопатник, а деверот добивал јајце исцртано со будилник или рака со прстен, часовник и цвеќе.

При капењето на децата, во водата се ставало црвено јајце и со него им се триеле челото и образите да бидат црвени, како симбол на здравјето. Првото бојосано јајце било наменето за Господа, второто за  куќата, односно домаќинот и по едно за секој член на семејството. Се верувало дека токму првобојадисаното јајце има голема заштитна моќ, па затоа било за заштита од градоносни облаци. За подобар род на полињата, го закопувале во земјата на лозјата или во нивите. Се сметало дека дури и лушпите од велигденското јајце имало заштитна функција.

Полноќта на Велика сабота се оди в црква и сите присутни со песната "Христос воскресе" три пати ја обиколуваат црквата. Таму се останува до големата литургија, а потоа се причествуваат, се кршкаат со црвените јајца и се омрсуваат.

На Велигден, рано на утро, сите одат во црква за да чујат "Христос воскресе" и да се причестат. По литургијата во црквата, се оди на гробишта, каде што се остава по едно јајце на гробовите за и на мртвите да им се каже дека дошол Велигден.

 

 

Велигденска трпеза

МИТОВИ И ЛЕГЕНДИ

*****************

 

Има различни легенди за традицијата на вапцаните јајца. Една од нив е дека кога Исус Христос бил распнат на крстот, една кокошка дошла и под него снесла јајце. Крвта од лицето на Исус капела врз него и го обоила црвено. Затоа и денес првото јајце се бојадисува во црвено, а потоа најстарата жена во семејството со него ги трие децата по образите или им исцртува крст по челото за здравје. Останатите јајца се обојуваат во различни бои и се цртаат. Сината боја ја симболизира непорочноста, виолетовата - крстот, зелената - Христовите ученици, а жолтата - самиот Господ.

Друга легенда раскажува за Дева Марија, која им давала јајца на војниците кај крстот при распнувањето на Исус Христос. Таа ги молела да бидат помалку насилни кон Исуса и притоа плачела. Нејзините солзи паднале врз јајцата и ги обележале со точки во цветни бои. 

Трета легенда раскажува за Марија Магдалена која отишла до гробот на Исус за да го миропомази неговото тело. Таа носела со себе кошница со јајца, за да руча. Кога пристигнала во гробницата и ги извадила јајцата, нивните бели лушпи, за чудо, биле обоени со боите на виножитото.

Исто така постој легенда дека кога Исус Христос бил распнат на крстот, неговите пријатели го гаѓале со јајца. Но, според Господовата волја, штом ќе го допреле неговото тело, се претворале во црвени јајца. Во чест на таквото чудо луѓето почнале да ги вапцуваат велигденските јајца црвени.

Постој  и друга легенда која вели дека Марија Магдалена отишла кај римскиот цар Тибериј и му однела црвено јајце, кажувајќи му ги зборовите: "Христос воскресна!" и му раскажала за воскресението на Исус.

Во последните децени, особено во Германија, на трпезата се појавува и Велигденски зајак. Една од легендите го објаснува неговото појавување со паганската Божица Естра - таа претворила една птица во зајак, но тој продолжил да несе јајца. Друга германска легенда вели дека Велигденскиот зајак од децата криел обоени и насликани јајца во градината. Во Америка децата веруваат дека ако се послушни, Велигденскиот зајак ќе им донесе гнездо, полно со шарени јајца.

И така продолжуваат и митовите и легендите, па една пак вели дека кога го воделе Христос на Голгота, за да биде распнат, во толпата бил и Симеон од Кирин со две деца. Едниот син - Руфус, носел со себе зајче. По едно време крстот паднал на земјата. Потоа се слушнал детски писок. Се покажало дека крстот паднал врз зајчето и тоа умрело. Трогателниот плач на момчето го натерало Исус да се сврти и, покрај своите маки, да го допре животинчето и да му направи крстен знак. Зајчето оживеало и исплашено побегнало. Набргу потоа се појавило под крстот на распнатиот Христос. Кога вечерта учениците отишле да го земат телото на Спасителот, тоа уште било таму, а очите му биле црвени од тага и солзи. Ова зајче луѓето го нарекле Велигденски зајак.

Како било да било,

 

ЧЕСТИТО ДА НИЕ ВОСКРЕСЕНИЕТО ХРИСТОВО И ЗА МНОГУ ГОДИНИ ДА ГО ПРОСЛАВУВАМЕ ВО СЛОГА, ЉУБОВ И ДОБРО ЗДРАВЈЕ!

 

Материјал за текстов од

ВИКИПЕДИЈА

 

Џејсон Мико

Џејсон Мико

АНТИЦИПАЦИЈА, АПСУРДНОСТИ И АВИЈАЦИЈА

*****************

 

Грчкиот весник Катимерини јавува дека министерот за надворешни работи Никос Коѕијас ќе допатувал во Скопје на неговата долго очекувана и антиципирана посета на Македонија, во четврток, 22 март. Весникот воедно јавува дека "само неколку дена пред Коѕијас да се упати кон Скопје, врз преговорите за решавање на спорот меѓу Грција и Поранешната Југословенска Република Македонија се надвија темни облаци откако се дозна дека неговиот хомолог Никола Димитров, при неговите средби  со претставници на Европската Унија, за грчките позиции велел дека се 'апсурдни'. Според дипломатски извори, оваа изјава на Димитров не е добро примена во Атина и грчките функционери по ова се прашуваат дали властите во Скопје имаат правилен пристап кон преговорите".

Се разбира дека грчките позиции  се апсурдни. Било која земја која бара од друга земја да го смени своето име, идентитетот и се' друго што ја чини нејзината единственост, од старт се однесува апсурдно. Ова однесување воедно е детско, бесмислено, опасно, глупаво и просто кажано - злобно. Можеме само да се надеваме дека Димитров ќе има кичма да каже - "доста е"! Целата оваа епизода од македонската историја е за срамота, никаде не ја води државата и всушност ја уназади Македонија.

Според други медиумски извештаи, Коѕијас во Македонија ќе донесе нацрт договор на 20 страници со 55 членови. Катимерини наведува дека во овој договор се наведени пет предлози за името и се додава дека "се претпочита да се користи словенската верзија", како и дека "Атина инсистира на промена на уставот на државата како предуслов за да се реши спорот" - прашање околу кое Зоран Заев врти како "киша око Крагујевца". Заев изјавил дека се надева дека спорот ќе се реши до летото, што е далеку од неговата изјава пред само неколку недели дека се надева на решение до март. Ова само ни го покажува неискуството и несфаќањето на работите од страна на Заев, што секако е лошо за Македонија.

Од другата страна на Атлантикот, во САД, еден мој пријател ми укажа дека на неодамнешната вечера организирана од Американскиот хеленски институт во Вашингтон забележително не се спомнувала една тема - Македонија. Говорниците од грчко-американската заедница на вечерата зборувале за Грција, Хеленизмот, грчката дијаспора, проблемите со Турција..., но за чудо не спомнале ништо за Македонија. Во оваа куса видео снимка може да ги слушнете како разговараат за сите овие теми, но ако Македонија навистина им е толку важна и толку им значи, веројатно ќе ја спомнеа меѓу другите прашања од интерес за Грција. Барем некој од нив ќе кажеше "ние сме Грци и Македонци". Место тоа, Грците молчат. Се поставува прашањето: колку навистина им е важна Македонија на нив? Или се е само блеф од нивна страна? Знаеме дека кога таканареченото прашање за името не е во фокусот на вниманието, Грците како да не се грижат многу за него. Дали воопшто се грижат? Или е тоа само можност за нив да се удираат во гради и да викаат по Месечината?

Претходната македонска Влада имаше многу пропусти, но стори и многу добри работи. За почеток, таа сфати дека спорот за името - ајде да бидеме искрени - е нерешлив, освен ако Македонија се согласи да се откаже од своето име, идентитетот, историјата и многу други нешта. Иако претходната Влада се посвети на приемот во НАТО и во Европската Унија (и беше првата политичка партија која се обврза на овие две цели, долго пред СДСМ да го стори тоа) сепак не беше подготвена на интеграции по секоја цена. Што и да велат Заев и Димитров, сепак постојат некакви црвени линии. Бидејќи претходната македонска Влада не беше подготвена да се согласи Македонија да си ја продаде душата, таа се фокусираше на други нешта - како што е економијата. Таа беше далеку од совршена, но многу работи ги стори како што треба, а само еден пример за тоа е намалувањето на невработеноста низ годините. Друга беше во развојот на туризмот и авијацијата. Неделава интернет страницата Екс Ју Авијациски Вести објави дека "скопскиот аеродром очекува два милиони патници до есента, што ќе биде првпат таква бројка да се постигне во текот на една година".

Како дојдовме до овој резултат? Дали затоа што, како прво (1) имавте лидери кои имаа визија да инвестираат во нов аеодром, да донесат нови авијациски компании и да го промовираат туристичкит потенцијал на Македонија низ светот? Или, опција (2), партијата која беше на власт и која и сега е на власт, не направи апсолутно ништо? Ако ја одбравте опцијата под (1), честитам, вие сте победник! Знам дека сум саркастичен тука, но поентата ми е дека Заев и неговата Влада, водени од соништата и големата љубов со меѓународната заедница и очекуваната слава ако го "решат" спорот за името, ја туркаат Македонија како што ја знаевме досега во смрт и трчаат по недофатлив сон. Спорот не може да се реши без да се жртвува Македонија, нејзиното име, идентитетот, се' што Македонија претставува (освен ако Грција се откаже од своте апсурдни позиции). Спорот може единствено да се "реши" со бришење на Македонија. Заев ова го знае ова ама баш му е гајле, или не го знае и оттаму нема право да биде премиер. Како и да е, тој го потроши мезмалку целиот свој политички капитал на ова прашање, а на сметка на другите теми кои ја преокупираат Македонија. Поради ова, историјата нема да има високо мислење за него.

 

23 март 2018 година

http://www.svest.mk

 

 

Тања Каракамишева

Професор д-р Тања Каракамишева-Јовановска

МАСТЕР ЛАГАТА НА ЗАЕВ И НА АХМЕТИ

***************

Концептот на Заев   "Едно општество за сите" , замислено да функционира со два различни службени јазици, е чиста Утопија, контрадикторна измислица и класична лага! Јазикот е интеграциски фактор, во секое општество.

 

Не' случајно, најголемиот дел од демократските држави во светот имаат еден официјален, еден службен јазик за сите и други јазици што се во службена употреба во средини каде одредени малцинства се застапени во поголем процент.

Но, употребата на малцинските јазици никаде не е регулирана како официјална, како обврска за употреба на цела територија на државата. Зошто? Многу едноставно, затоа што сите знаат и сите сфатиле, освен Заев, дека во демократски услови еден јазик значи едно интегрирано општество ЗА СИТЕ!

Нашиов голем "демократ" Заев чул, ама не до чул за демократијата и за интеграцијата, па упорно не убедува во СПРОТИВНОТО!

Не убедува дека со употреба на два службени јазика во мултикултурно општество, како што е македонското, и на цела територија на државата, ќе создал едно општество во кое сите ќе биле рамноправни и еднакви!?

Тешка лага и конструкција за неписмени, недоветни луѓе и за манипулатори од типот на Заев!

Е, како бе Заев според твојата логика Турците, Ромите, Власите, Бошњаците, Србите и другите малцинства во земјава да се чувствуваат рамноправни и еднакви со Албанците кога Албанците де јуре и де факто имаат поголеми права од нив? Ти им даваш поголеми права на Албанците од сите останати!

Како тие да се чувствуваат еднакви со Албанците кога твојата измислица од концепт, тие не се рамноправни и еднакви, а ти упорно тврдиш дека се? Како Македонците да бидат убедени дека ова е начинот како да се зачува државата Македонија целовита и унитарна, кога на секој чекор гледаат ретроградни тенденции, гледаат нееднаквост, нерамноправност, неправност, гледаат како нивната држава некој намерно ја дели, намерно го убива соживотот, намерно ја гази толеранцијата, намерно создава нетрпеливост и национална омраза под превезот на твојот концепт?

Зошто Заев еднаш не ги повикаш Али или Артан, барем еднаш, кога даваат прес или изјава за европските вредности да ги видиме застанати до Македонското знаме, да ги видиме застанати на Македонската химна? 

Еднаш да кажат, макар, со пола уста дека Македонија е нивна Татковина, дека и тие се чувствуваат како Македонци од албанско етничко потекло и дека сакаат да живеат во унитарна Македонија, како нивен дом.

Еве замоли ги лично, ако имаш авторитет, пред целата македонска јавност да кажат дека Македонија е нивна Татковина, дека работаат за доброто на Македонија, дека прават проекти за подобар стандард на сите, дека носат инвестиции за Македонија, дека редовно плаќаат даноци, дека се Македонци со албанско етничко потекло!

Значи тоа да го чуеме еднаш пред цела јавност, не мора два пати!

Тогаш, можеби, ќе поверуваме во твоите ОТРОВНИ ЛАГИ!!!

 

18 март 2018 година

http://www.svest.mk

 

 

 

Ацо Станковски

                Ацо Станковски              

НАСОКИ

**********

Еден од најголемите филозофи на 20 век, Даисетсу Теитаро Сузуки, во една прилика ќе констатира дека го имаат она што го немаат, а оние, од источната, претендираат дека го немаат она што го имаат. Овој мудрец на источната и западната мисла, воедно, ја воздигна филозофијата до поетика, промислувајќи ја општочовечката духовност и сублимирајќи ја во длабинска порака, искажана во најдобрата традиција на зен-будизмот.

Таа порака денес добива голема тежина и уште поголема вистинитост. И тоа не само на културолошки план, туку и во контекстот на геостратегијата.

На ум ми доаѓа трагичната личност на еден од најталентираните геополитичари од првата половина на 20 век - Германецот Карл Хаусхофер, кој заговараше светски пакт помеѓу Германија, Русија и Јапонија, како геостратегиски одговор на колонијалната доминација на Велика Британија и САД. Овој концепт профункционира од 1939 до 1941 година, но неразумниот потег на Хитлер со планот "Барбароса" и нападот на Советскиот Сојуз, го претворија овој прв обид за евроазиски сојуз во прав и пепел. На крајот на војната, 1945 година, Хаусхофер и неговата сопруга извршија самоубиство во Швајцарија, каде Хаусхофер емигрира со неговото семејство по раскнот со Хитлер, кој појде по некој сосема ирационална стратегија, тотално неприфатлива за генијалниот геополитичар.

Неговиот син, Албрехт, кој учествуваше во атентатот на Хитлер во 1944 година, беше фатен и стрелан нешто подоцна, на неколку дена пред капитулацијата на нацистичка Германија. Политиката и поетиката се преплетуваат, тие ескалираат во својата димензија во зависност од интезитетот на борбата, која е вечна.

Оваа борба се води на сите нивоа без исклучок. Како што денот се бори со ноќта, а животот со времето, така се борат и поларизираните страни на големата сцена на светскиот театар.

Едните се борат за предоминација, другите за правда и слобода. Тоа веднаш станува јасно, кога ќе се запознаете со историјата на конфронтираните страни и природата на конфликтот.

И ние, како народ и држава, сме ставени во невозможна ситуација. Да ја толерираме се' поарогантната дружина, која денес владее со Република Македонија на начин, колку насилен, толку и неодговорен или да се спротивставиме на ваквото тиранско владеење со сите средства.

Зошто оваа хунта нема никакво морално чувство врз кое би се изградило, макар, трошка доверение за договор, со кој би продолжил политичкиот процес во Македонија на  еден фер начин. Едноставно од нивното лидерство извираат неограничени квантуми лаги, кои го трујат и понижуваат македонскиот народ и другите националности.

Ова веќе станува ноторно правило, кое се' повеќе и повеќе се потврдува. Веќе никој од оние, кои се чувствуваат како македонски граѓани во полноста на ова значење и како лојалисти кон нацијата и државата, не веруваат дека овој режим, оваа хунта, е во состојба да излезе на избори. Та, тие не сакаа да излезат и кога беа опозиција на минатата власт, а камоли сега, кога ги имаат инструментите за репресија на државата и кога ги партизираа сите релевантни институции на системот. Затоа, да бидеме реални, оваа хунта по никоја цена нема да дозволи да падне од власта на фер и демократски избори, се' додека експонентите од "длабоката држава" не им наредат.

И, што сега? Што да се превземе? Народот е на работ од страшна револуционерна ерупција. Но, хунтата тоа не го гледа, се надева дека и ова ќе пројде и ќе дојде мирно море. Можеби, но тука  има еден голем и постојан проблем. Оваа хунта, составена од неспособни и арогантни протагонисти, никако не знае да создаде подобри услови за живот на секој план. Тоа граѓанството веќе го знае и повеќе нема шарени лаги. Пред хунтата нема да има мирно море, туку еден ужасен и деструктивен цунами.

 

18 март 2018 година 

http://www.svest.mk

 

 

 

 

Џејсон Мико

Џејсон Мико

ДА СЕ БИДЕ ИЛИ НЕ: МАКЕДОНИЈА?

****************

Што се случува денес во Македонија: Илегално избран, самонаречен "спикер" на македонското Собрание (кој е поранешен герилец, кој дезертираше од својата должност како припадник на Армијата на Репубчика Македонија да им се приклучи на бунтовници кои сакаа да ја поделат Република Македонија на два дела) на сила протурка закон со кој албанскиот јазик се прогласува за со-службен на целата територија на Македонија, без дозволи да се разгледаат амандманите предложени од опозицијата. Меѓународната заедница, во најголема мерка, се прави дека не го глеада ова. "Не е мој проблем"., велат тие. Ова ќе биде додека не стане дел од нивните проблеми. Законот на непредвидени последици е, сепак, вистински закон.

Да одиме понатаму. Изгледа дека и покрај целиот оптимизам кој во изминатите месеци го промовираше Владата на Зоран Заев во таканаречените "преговори за името", доаѓаме во ситуација кога високите очекувања треба да се спуштат на земја. Владата се обврза дека нема да ја информира јавноста за тоа што се случува (не многу транспарентно од нивна страна), но сепак до медиумите протекуваат доволно информации за да сфатиме дека претходните спинови се растураат. На пример, во февруари Зоран Заев рече дека се надева дека целиот спор ќе се разреши до средината на март ( ако го видите Заев, кажете му дека средината на март е неделава). Беше јавено дека грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас ќе допатува во Македонија рано следната недела да го претстави предлогот на грчката Влада. Неделава "Катимерини" не информираше дека оваа посета е одложена на неопределено време, додека МИА јавува дека грчкиот весник "Та Неа" ја очекува посетата на 22 и 23 март. Други медиуми пренесуваат слично. Изаберете на кого ќе му верувате. Самиот Заев неделава кажа дека преговорите "не' носат поблиску до решение". Оваа изјава е далеку од оптимистичките изјави кои ги даваше во изминатите девет месеци.

Во секој случај, Заев и неговиот министер за надворешни работи, Никола Димитров,  продолжуваат барем формално да ја бранат тезата дека за македонскиот идентитет не може да се преговара. Димитров рече дека одредницата не смее да се користи за идентитетските прашања на било која од двете држави. Тој сепак, допрва треба да објасни како тоа може да се смени името, а идентитетот да остане непроменет. Димитров одби да одговори на прашањата за грчкото инсистирање Македонија да си го смени Уставот. Во друг текст објавен од МИА, Димитров на новинарско прашање за промената на македонскиот Устав одговори дека би било покорисно да разговараме за нашите цели, односно дека целите кои Грција сака да ги постигне се идентични со целите на Македонија. Оваа изјава е далеку од категоричниот став дека "нема да го смениме македонскиот Устав".

Од грчка страна, некои медиуми јавуваат дека нема да има договор без да се смени Уставот. Грчкиот министер Коѕијас изјави дека Уставот мора да се смени за прашањето да се реши по принципот "ерга омнес". Во погоре наведениот текст на "Катимерини" се вели дека "упорното одбивање на премиерот на БЈРМ, Зоран Заев, да ја разгледа можноста за промена на Уставот на земјата и со тоа да се надмине грчката загриженост околу иредентизмот е јасен показател". Во текстот исто така се наведува дека "грчките официјални лица велат дека Заев може да убеди дел од пратениците да прифатат уставни промени". Ако ова не е мешање во внатрешните политички прашања, незнам што е. Многумина Македонци многу оправдано се загрижени дека Заев ќе продолжи да ја вергла неговата приказна, ќе ветува дека "нема да се смени Уставот", но во истовреме ќе работи на тоа да се "регрутираат" доволно пратеници за да се издејствува промена на Уставот. ВМРО-ДПМНЕ од своја страна безрезервно кажа "НЕ" на можноста да се менува Уставот, но останува стравот дека Заев ќе ги искористи сите средства што му се на располагање - вклучително и средствата на одредени амбасади кои инсистираат на тоа да се дојде до решение на спорот и сето тоа засилено со "притисок" од ДУИ и другите албански партии да дојдеме до промена на Уставот.

Што значи ова за Македонија и за Македонците? Дали Република Македонија ќе ја биде или не? Повторно, морам да подвлечам дека менување на името значи менување на се'. Размислете малку за момент. Интернет домејните. Дали ќе се смени ознаката .мк? Дали Грците ќе инсистираат таа да се смени? Како љубител на вино, јас сега пијам вина од Република Македонија. Гордо им велам на моите роднини, пријатели и на сите што ги знам дека Македонците правеле вино 4.000 години, а јас уживам да ги пијам македонските вина 22 од тие 4.000 години. Но дали ова ќе се смени? Дали Репувлика Македонија ќе ја биде или не?

Соучесниците во обидот Македонија да се направи нешто друго, нешто што не е, ќе бидат изведени пред лицето на правдата, на овој свет или на следниот, но во меѓувреме борбата продолжува. Најдобрата гаранција за натамошното постоење на Македонија како Македонија и се' што тоа значи за македонскиот народ, е постојано да се бориме за зачувување на македонското право да постои и за правото на македонскиот народ да постои и да напредува. Оваа борба никогаш нема да заврши и мора да биде пренесувана од една на друга генерација и на генерациите кои допрва ќе се родат. Тоа е тешка борба, но достојно е да се води.

 

16 март 2018 година

http://www.svest.mk 

Манастирот св. Прохор Пчински

 

 

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНИЈА ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

(1941 - 1945)

ДЕЛ 82

********

 

 

 

9. Прашањето за обединување на Македонија во текот на Втората светска војна

 

Прашањето за обединувањето на Македонија станало основниот и главен двигател на националноослободителното движење без оглед на тоа колку во него биле присутни емотивниот набој, романтизмот и дали за тоа имало реални можности. Таа идеја, како и самата борба, имале свој еволутивен пат што е поврзан со развојот на НОД. Во првите две години догматскиот приод кон пролетерскиот интернационализам, космополитскиот пристап кон националното прашање и многу други околности влијаеле ослободувањето на Македонија да се поставува во општи рамки. Од третата фаза на војната, односно од летото 1943 година, кога антифашистичките сили стекнале решителна предност, во тие рамки прашањето за ослободувањето и обединувањето на Македонија добило поинаква суштина.

Методиј Андонов-Ченто 1902 - 1957 год.,

Прашањето за обедување на Македонија особено било разгледувано од членовите на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. На првиот состанок на проширениот Иницијативен одбор за свикување на АСНОМ, одржан на 30 април 1944 година, покрај прифаќањето на одлуките и решенијата за составот на делегацијата донесени на Второто заседание на АВНОЈ и решенијата за составот на делегацијата за Пленумот и за Президиумот на АВНОЈ, од дискусијата произлегло дека  еден претставник на Иницијативниот одбор треба да се испрати кај АВНОЈ и Врховниот штаб за да се воспостави непосредна соработка со одговорните тела на Федеративна Југославија и да се изнесе вистинската состојба во Македонија, особено со нејзиното обединување. По разгледувањето на значењето на овој проблем била избрана делегација на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ во состав: Методи Андонов-Ченто, Емануел Чучков и Кирил Петрушев. Оваа делегација отпатувала на Вис на средба со НКОЈ.

Седницата на Националниот комитет за ослободувањето на Југославија се одржала на 24 јуни 1944 година и на неа присуствувале Тито и другите раководители на НКОЈ. На дневниот ред биле две точки: известуањето на Иницијативниот одбор и македонското прашање. За содржината и проблемите по двете прашања, едноподруго говореле Емануел Чучков, Методи Андонов-Ченто, па Кирил Петрушев. На крајот, Ченто го поставил прашањето како да се воспостави врската со Македонците во егејскиот  и пиринскиот дел на Македонија и предложил НКОЈ да издаде меморандум за Македонија од кој ќе се види дека и македонскиот народ се бори против заедничкиот фашистички непријател, но и за остварувањето на националното право за свое обединување. Но, прашањата за воспоставувањето врски со егејскиот и пиринскиот дел на Македонија и издавањето меморандум за Македонија од страна на НКОЈ биле премолчени во дискусијата. На крајот Тито предложил да се донесат заклучоци во врска со македонското прашање, нагласувајќи дека: "историските идеали на македонскиот народ за обединување се негово национално право...со оглед на состојбата во соседните земји и договорите меѓу сојузниците, прерано е тоа да се поставува затоа што би ја ослабнало борбата против заедничките окупатори; за остварување на тоа право, најдобро е да се соработува со сите народноослободителни движења; треба што поскоро да се одржи заседанието на АСНОМ и да се формира Народноослободителен фронт".

Анализата на идејните определби за обединувањето на Македонија и на практичните чекори во текот на Националноослободителната и антифашистичка војна во   вардарскиот дел на Македонија покажуваат дека прашањето за обединување на македонските теритоии постојано било присутно. Меѓутоа, било присутно и влијанието на други фактори, пред се' меѓународното противење на обединувањето на Македонија, особено од страна на Велика Британија. Влијанието на меѓународниот фактор на обединувањето на Македонија се покажало како решавачко и тогаш кога веќе се создале реални можности и желби за обединување на пиринскиот со вардарскиот дел. 

 

Продолжува

 

Виолета Сековска, поетеса

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

***********

 

  • ПРОКОБА

    Време од судбата бега,
    таму горе на небото
    каде зората зарудува,
    каде сила и верба изнудува.

    Време бега од судбата,
    таму покрај гробиштата
    каде коските се грчат
    и чемерна болка вијат.

    Време од судбата бега,
    каде оган жари во душата,
    каде солзи исти леат,
    каде маки исти се делат.

  • Мајка со ѕвезда и месечина,
    друга мајка со крст и кандило,
    стрела огнена ги пробила,
    чеда мајкини им одзела.

    Бела пепел ги сториле.
    Една мајка единец жали,
    друга мајка солзи рони...
    Стрела луто колнат!

    И двете не знаат
    чија пепел жалат.
    Зарем важно ли е
    кога иста болка делат.

    Автор, Виолета Сековска
    Среда, 01 јули 2015 година

Kind regards : 28 март 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 135