И АКО ТЕ СЛЕЗАТ ПРЕДАВНИЦИТЕ НИЕ ПАК ЌЕ ТЕ КАЧИМЕ

Лоренс Игелбергер

Лоренс Игелбергер

АКО МАКЕДОНИЈА ОДЛУЧИ ДА ГО ЗАДРЖИ УСТАВНОТО ИМЕ, НЕМА СИЛА КОЈА МОЖЕ ДА ЈА ПРИСИЛИ НА ПРОМЕНА

************

И покрај толкуте совети и  упатства како да се извлечкаме од пајажината во која Киро Глигоров и неговите советници не заплеткаа во спорот  со Грција за името на Македонија, никако да се извлечкаме и еднаш за секогаш на место тие, ние да се ослободиме од злобните и крајно непријателски соседи. Следниве неколку текстови нека им бидат последна поука но и опомена на сегашните македонски властодршци: како да ги прекинат понижувањата натоварени врз плеќите на македонскиот народ, пред тој да преземе мерки кои му припаѓаат како  на едини суверен, во својата земја. (С.Г.)

************

Поранешниот државен секретар на САД, Лоренс Игелбергер, пред повеќе од седум години, на 24 април 2010 година,  во едно интервју за програмата "Отворено со народот" на Македонската телевизија јасно и гласно изјавил дека:

"ако Македонија одлучи да го задржи уставното име, нема сила која може да ја присили на промена"

 

Според зборовите на Лоренс Игелбергер, значи, не постој никаква причина македонскиот народ да го смени името кое го носи долго време за да некој друг биде среќен.

Околу посетата на грчка мисија во Македонија предводена од амбасадорот Маљас и професорот Кофос и нивната најавена средба во Охрид со македонски новинари и политичари, тој не е изненаден и прашува кој е "спонзорот" за ваквата симулација на македонско-грчките преговори.

- Грчката влада доста згреши со тоа што го покрена прашањето за тоа како вие сакате да се викате. Ова не е првпат во историјата два ентитети да го имаат истото име, и не треба да биде нешто за кое што грчката влада треба да се грижи и да ги носи своите приговори колку што ги однесоа досега, да ја уценуваат Македонија во поглед на европскиот пазар и во поглед на НАТО. Јас мислам дека е непотребно и погрешно, истакнува Игелбергер.

Високиот американски политичар и познавач на приликите на Балканот додава дека поентата е оти може да се види дека грчката влада повторно се обидува да ја наметне својата позиција врз македонското име.

- Грчката влада се обидува повторно да ве убеди да ја смените својата позиција, но нема да успее, вие ќе бидете исто толку цврсти по ова прашање како што сте биле досега. Мојата препорака е да не дозволите овие работи од вашиот сосед да ве загрижуваат. Останете смирени и цврсти, онаму каде што сте... ако вие одлучите дека сакате да менувате, тоа е од вас, но додека Македонија одлучува дека не сака да го промени името, дека не сака компромис по ова прашање, тогаш само останете цврсти, но смирени, нема што тие да можат да направат што ќе ве присили да го промените. До вас е да одлучите дали сакате да го промените или не, нагласи Игелбергер.

Прашање е што доколку не дојде до промена на името од страна на македонскиот народ, дали може да дојде до радикализација во меѓуетничките односи, користејќи ги Албанците како предмет и дали САД би дозволиле повторно оган на Балканот, имајќи предвид дека САД  потпишаа технички договор за подршка на Македонија? Игелбергер вели дека многу е тешко да предвиди што би сторила оваа администрација во САД, бидејќи не ги знае политиките на претседателот во поглед на Македонија или Грција.- Не велам дека не би сториле нешто да спречат војна на Балканот, мислам дека би било многу опасно да не го сторат тоа. Се надевам дека владата на САД би сторила се' да спречи војна на Балканот..., додава Игелбергер во интервјуто за МТВ.

На прашањето што би им порачал на грчките политичари, Игелбергер е со став дека Грција треба да ја остави Македонија и нејзиното име на мир.- До Македонија и до Македонците е да одлучат, а не на некој друг. Мојот совет би бил, ако сакате да го задржите името, останете мирни и покажете дека нема да го промените, но потоа обидете се да ги оладите работите, обидете се да ги спречите двете страни и вашата и грчката, од некои непромислени постапки кои би можеле да доведат до конфликт и со трпение ова прашање ќе се реши."

 

24 април 2010 година

http://www.mn.mk

 

 

Претседател на РМ Ѓорге Иванов

 

Сотир Гроздановски

НЕДОЗВОЛИВО ИГНОРИРАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА

**************

 

Деградирањето на институциите во земјата продолжува. Игнорирањето на гласот на македонскиот народ ја постигна кулминацијата до вриење, а понижувањето на научната заедница и  затварањето на истакнати личности за учество во  протестите, крај нема.

Меѓутоа, исмејувањето и навредувањето на   Претседателот на Државата ги помина црвените линии на толеранција и основно цивилизациско однесување и тоа не само од домашните примитивци, туку се' позасилено и од албанските шовинисти и терористи вгнездени во државната администрација и во нивните политички партии. Ех, само кога би го правеле  тоа во нивната матична Албанија или Косово, за сигурно би останале покуси за глава. 

Прашањето е: до каде е подготвен режимот на Заев да оди? Ми се чини дека пеколните планови на надворешниот фактор се' уште не се исцрпени и се чека  народот да реагира и со тоа да им даде  повод за крајна акција, со непредвидливи последици.

Но и покрај таквото сурово и насилничко однесување, секој ден има се' повеќе протестни маршеви во Скопје и во поедини градови низ Македонија. Сите тие го демонстрираат своето незадоволство од начинот на кој владее со македонската држава администрацијата на Заев и Ахмети. Незадоволството расте! Тајната дипломатија ги премина сите мерки, народот се држи во мрак и неизвесност. До кога? Дури и Преседателот се држи надвор од преговорите со Грција и не добива информации за предложениот нацрт-договор испратен до грчките власти, како и за грчкиот предлог  до македонските преговарачи, што е крајно не коректно и не државничко однесување. 

Нешто врие, врие, но до кога? Ќе видиме!

По се' изгледа дека сето ова што го рековме, до сега, си има и некоја голема заднина. Заднина, која произлегува од однапред ветените услуги дадени на некому од надвор,  врзани со рокови на исполнување, кои брзо минуваат, а резултати се' уште нема. Но како работите одат, а опозицијата се држи настрана од страв од оние од кои и Заев се плаши, ќе ги има. Ќе ги има, зошто и народот се плаши секој за себе, што е недозволиво. 

Верувавме во македонската Армија, во македонската Полиција, во ВМРО-ДПМНЕ, во  многубројните политички партии и нивните гласни лидери и други разни мудреци, но верувањето ни се изјалови и сега сите заедно  ги поднесуваме последиците и срамот кои ќе трае со векови. Историјата не опростува, драги мои. Таа е таква, каква ќе биде, соодветно на тие кои ќе ја пишуваат и врз изворите со кои ќе располагаат. Таа бележи се'. И добро и лошо. И патриотско и предавничко однесување и се' друго, помеѓу нив.

Алчноста кај политичарите е чудно зло,  која го нагризува целото општество, до колку е не контролирана.  Ако останува  не казнета и државата  постанува криминална. Нечистата совест кај некои од поранешните раководители на партиите кои ги сметавме за спасители на македонската држава и на македонските национални интереси, поврзана со не казнет криминал, секогаш е лесен плен за плановите на непријателот кон македонската држава и македонската нација и секогаш доаѓа по својата вересија. Спомените на  не чесните и предавнички дела кои ги правеле нивните претци на штета на сопствениот народ и затоа биле наградувани со споменици од вековните непријатели, уште поцврсто им ги  врзале рацете и умовите на нивните наследници, од кои чекавме спас. Па така, приказната за царот Трајан и неговите козји уши  денес постанува уште по актуелна, зошто скриената вистина не останува вечно скриена.   Колку подлабоко   ја закопуваш, толку побрзо  излегува на виделина. 

Колку наивно да ни изгледаат зборовите и мислите од горниот параграф на текстов, сепак имаат длабока порака, која многу од нас ја занемаруваат. Но во нив лежи јатката на денешните наши разочарувања и страови од минатото.

Луѓето кои го подмитуваа  поранешниот и прв претседател на Македонија, Киро Глигоров, да ја продаде својата сопствена држава и денес се живи и активни. Никогаш не биле земени на одговорност, туку секогаш наградувани и добро платени како универзитетски професори и советници на врвни политички фигури. Само прашањето е кога и кој ќе ги смести таму, каде многу порано требаа да бидат сместени и тоа  за секогаш.

"Едно евро за Вицета и едно евро за црквата, а тоа што ќе ти остане за мене", и до ден денес си остана како приказна, за која   никој не бери гајле. Главниот актер на таа "излитена приказна" денес е премиер и владее со македонската држава на кој не му може ништо ни целиот македонски народ. Никого не слуша, продава се' што ќе му текне, си ги полни своите банковни сметки (се разбира негде надвор каде се сите криминалци и злосторници), командува со армијата, полицијата, потпишува секакви, за цел народ, обврзувачки меѓународни договори...за уривање на спомениците од национален значај добива на поклон од Бугарите потребен алат, а народот гледа, се чуди од тоа што гледа и слуша, се "релаксира"  на јавните социјални мрежи, бара помош од овој или оној, а сам со злото,  не може да  се справи. Се надева дека "демократијата" ќе му ги реши сите проблеми со кои се соочува.

Странските амбасадори ја презедоа "советодавната" улога во македонско-албанската администрација во напорите што побргу да се реши "македонското прашање" и ликвидирањето на самата држава и  македонскиот народот во неа... Хаос, кој и најхрабрите борци ги заплашува и парализира. Зошто? Затоа што му верувавме на "демократијата" дека таа ќе   ни ги реши проблемите. И ни ги реши! Ни го даде Зоран Заев и Џес Бејли, кои требаше одамна да ги снема од Македонија. А тие, еве се' уште се тука  дури не не до кусурат и претворат во без имена маса луѓе и некоја си држава сместена во некој ќош со кои се мајтапат сите, ама ќе е во НАТО и можеби некогаш и во ЕУ?!

Но сепак, најзагрозувачка од се' е појавата на терористички закани со киднапирање на претседателот на Република Македонија и на неговото семејство и преземање на државата од некои криминални групи кои раководат со најглавните државно безбедносни структури. И тоа не сами, ами со лавовска помош на стратешките партнери и "докажани пријатели" и по урнекот на арапската пролет, која уништи повеќе национални држави, заедно со нивните лидери на начин, незапаметен ниту од времињата на вистинското дивјаштво на планетава. 

Се' што е напишано во предходниов мој текст не би имало некое посебно значење и смисол, до колку не го поврземе со текстот на професорот Игор Јанев. Професорот Јанев повеќе години ги нуди своите експертски услуги од полето на меѓународното право со кое Македонија би можела, безболно, да го реши проблемот со Грција;  да се ослободи од нејзините понатамошни  уцени, понижувања и попречување на патот кон евроатланските интеграциски процеси кои сите досегашни влади, а особено оваа ги посакуваа  по секоја цена, да ги реализираат. Меѓутоа, личните интереси ставени пред општите интереси на Македонија и Македонците превагнаа и  агонијата се продолжи за цели 27 години. Во оваа агонија на македонскиот народ учествуваа сите властодршци на македонската држава од 1991 година до денес, чекајќи го  "најголемиот јунак", Зоран Заев, да ги доврши нивните подготовки за последниот и одлучувачки удар врз се', што е македонско. Да ги реализира и на некој начин сите заедно да се сместат на сигурно место и да ги избегнат, евентуално, кривичните гонења за сите сторени кривични и криминални дела за време на нивните владеења со македонската држава. 

Но, секогаш има и последно АЛИ. Се' уште народот е тука, кој си ги чека своите последни пет минути  да собере сила и да го отфрли јаремот кои му се токми да му се стави околу вратот за да ора  туѓи неораници, уште пет црни векови.

 Имаме избор:

ИЛИ СИТЕ НИЕ ЗАЕДНО ИЛИ ЗОРАН ЗАЕВ СО СВОИТЕ ИЗРОДИ, КОИ НИТУ НА ЦРНИОТ ЃАВОЛ НЕ МУ СЕ ПОТРЕБНИ!

**************

Проф., Игор Јанев

Професор Игор Јанев

РЕЗОЛУЦИЈАТА 817 ЈА КРШИ ПОВЕЛБАТА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ

*************

Република Македонија е денес соочена со Ултиматум без преседан во светската историја. Ултиматумот е да се откажеш, како држава од се' македонско, или нема во ЕУ, пишува професорот Игор Јанев кој со години тврди дека Македонија треба да ги прекине преговорите со Грција и правдата да ја бара во ООН.

***************

Првата светска војна почна од еден многу по слаб УЛТИМАТУМ пратен до Србија, споредувајќи со овој Ултиматум на Грција со кој во долг временски период ја уценува Македонија. 

Австро - Унгарија единствено бараше од Србија да овозможи учество на своите полициски агенти во истрагата за атентатот на Фердинанд (Сарајево) на територијата на Србија, што  од Србија, нормално, решително беше одбиено. Потоа, започна Првата Светска Војна.

Сега Мега-Ултиматум за Македонија подразбира вид "откажи се од се' Македонско, или ќе останеш Фиромец во ООН, а во ЕУ нема да те примиме, не како Македонец или Македонија." Алтернатива е "потпиши дека не си Македонец, со договор-Компромис, кои ние после ќе го завериме" во Советот за Безбедност на ООН и потоа конечно во Генерелното Собрание на ООН како универзално НЕ-признавање на својот идентитет, што самиот си го потпишал и си ПРИЗНАЛ ДЕКА НЕ СИ  тоа што велеше порано дека си (со рез. на овие ОН органи, како гарант покасно да не се сети некој во новата држава т.е. влада да се премисли).

Веднаш да се стави КРАЈ на срамните преговори за името! Постој решение за името со признавањето на Република Македонија во Генералното Собрание на ООН! Не признаваат 134 држави, членки, на ООН! Со 19 држави засега немаме дипломатски односи, а кога и со нив ќе ги воспоставиме, ќе имаме над 150 држави во ООН кои не признаваат под уставното име. Нема потреба од компромиси!

Треба само да го продолжиме членството во ОН преку Генералното Собрание на ООН со уставното име Република Македонија! Со излегување од рамките на резолуцијата  817, и од рамките на Времената Спогодба, Грција веќе изврши дерогирање на овие документи.

Целата меѓународна правна наука покажа дека постој решение со признавањето на Република Македонија во Генералното Собрание на ООН!

Од почеток на проблемот со името во ООН 1993 година, политичките тела на ООН не разбрале дека не се само работи за "државното име", туку се работи и за националниот идентитет, негирање на секој елемент на нашата нација, јазикот и културата. 

Сега се бара да потпишеме во спогодбата (компромисот) со Грција дека НЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ И ДЕКА НАШАТА НАЦИЈА НЕ ПОСТОЈ! Оваа димензија на ИМЕТО никогаш не беше објаснета во ООН и државите, членки, на ООН не се свесни дека со проблематизирањето на ИМЕТО  се доведува во прашање националниот идентитет и културата на цел еден народ!

Никаква Резолуција на Советот за Безбедност или на Генералното Собрание на ООН не може да инсталира механизам за БРИШЕЊЕ на ИДЕНТИТЕТОТ на еден народ и  една држава!

Државното име нема никаква правна релација со историјата, бидејќи менување државни имиња не влијае врз историската интерпретација, исто како ни врз територијалните права и обврски на своја или другите држави. Ниту една држава нема монопол на толкувањето на историските движења. Тоа е, меѓу другото, јасно и од гледна точка дека секој може прoизволно да земе кој било период од историјата и да дава свое толкување. Историчарите направија голема штета за тнр. "проблемот со името" со тоа што се обидоа да ја поврзат историјата со името (тие се категоријално различни сфери).

Битни се следните принципи во Меѓународното право:

1. Државите немаат ексклузивни права на државни имиња. (Република Македонија е правен идентитет на држава со дефинирани граници, а Македонија е назив на географски регион).

2. Менување државни имиња не влијае на територијалните права и обврски на својата, како и на туѓа држава. Ниту овие менувања може да се толкуваат како територијални претензии или иредентизам.

3. За Правниот идентитет (ИМЕТО), како елемент од меѓународно правниот субјективитет не е релевантен  претходниот историјат или потекло на народот, како ни физички и популациски карактеристики на територијата.

4. Спорови меѓу државите за државни имиња не постојат. Не може во ова суверено право да се врши легално интерферирање од ОН или членка, ниту непризнавањето од една држава да се толкува како Спор или Разлика (поблага форма на спор во дипломатскиот жаргон).

Во случајот со Македонија при приемот во ОН направена е ЗАМЕНА на тези и едно непризнавање е преформулирано како РАЗЛИКА или СПОР. Инаку, ваков спор на Меѓународниот суд не би бил прифатен, туку отфрлен, па Советот за Безбедност беше згодна инстанца за да се не-признавањето формулира и подигне на ниво на СПОР.

Од фактот дека државно-правниот идентитет (т.е. ИМЕТО) е правна категорија која е есенцијален елемент на правната личност, ова е супстанцијален елемент на државноста (со суверена власт, територија и популација), произлегува дека некои органи  на ОН во Македонскиот пријем  ги пречекориле своите овластувања.

Елементи на ДРЖАВНОСТА во меѓународното право се:

1. Суверена власт; 2. Територија; 3. Популација, односно народ, под јурисдикција. Елементот Суверена Власт го вклучува и ПРАВНИОТ СУБЈЕКТИВИТЕТ, а овој како основен елемент го содржи ПРАВНИОТ ИДЕНТИТЕТ, односно ИМЕТО (Правниот идентитет=Името).

Заклучок е дека таквите преговори за името се БЕСПРЕДМЕТНИ. Спор е замена на теза. Постој само не признавање од една држава.

{Суверенитетот на Република Македонија се однесува не само на правно дефинирана територија (територијална јурисдикција) туку и на народот односно граѓаните кои живеат на таа територија и се под јурисдикција на државата Република Македонија.} Историски својатања не можат да бидат предмет на спорот.

5. Битен принцип е и дека државното име не може да се: откраде, фалсификува или наметне, како што не може ниту да се одземе (од ОН) или да се преформулира. Исто така, од овој принцип произлегува дека државното име не може да биде предмет на (лимитирани, конечни или бесконечни) преговори, ниту на други начин да се проблематизира ваков идентитет од надвор, задирајќи во строгата внатрешна јурисдикција.

6. Право на поседување на Правен Идентитет на Државата и самоопределување на истиот е JUS COGENS норма (т.е. норма над диспозитивниот дел од правото). Правен Идентитет на Државата е и внатрешна УСТАВНА КАТЕГОРИЈА. Ова не е предмет на какво било надворешно уредување или мешање!

Формулацијата во ОН Резолуцијата 817 или 845 на Советот за Безбедност дека двете држави ќе разговараат или преговараат за ДРЖАВНО ИМЕ е флагрантно кршење на Повелбата на ООН.

 

21 март 2018 година

http://www.expres.mk

 

АЛБАНЦИТЕ ЈА ЗАБОРАВИЈА БЕСАТА ДАДЕНА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО 1887 ГОДИНА

*********

Со создавањето на албанската држава, Албанците ја заборавија бесата дадена на македонскиот народ во 1887 година. Имено, целта на двата народа била обединети во заедничката платформа за единствено македонско-албанско национално ослободително движење.

Прв ваков обид е направен во 1887 година, кога македонски и албански патриоти формирале "Албанско-Македонска револуционерна лига". Таа има составено "Апел", во кој се нагласува дека:

"По многу обиди што ги преземале за да и' помогнеме на нашата татковина Албанија, ние разбравме дека има само едно средство за да се постигне победата. Тоа средство е обединување со нашите блиски Македонци и заедничките акции со нив за ослободување на нашата древна страдалничка татковина. На Македонците што се наоѓаат во бугарското Кнежество и на оние што живеат во Македонија..."

Како што пишува во "Апелот", Лигата подготвила Устав и Програма "самоуправа во нашите две области", т.е. 

 

"во Албанија нека наредуваат Албанците, во Македонија Македонците".

Многу години потоа, Македонците создадоа своја независна држва на еден дел од територијата на Македонија. Меѓутоа, од осамостојувањето на земјата во 1991 година, Албанците заборавија кој е домаќин во Македонија.

Во последните повеќе од две децении тие излегуваат надвор од она што некогаш било договорено меѓу нив. Подбуцнати од истите агентури кои отсекогаш работеле против Македонија, апетитите драстично им се зголемија.

Наместо да ги почитуваат заедничките цели дефинирани во минатото, денес албанските политичари помогнати од странските агентури и домашните политички слепци, го окупираа македонското Собрание, ја укинаа демократијата и на насилен пат го воведоа Законот за употреба на јазиците.

Албанците денес се обидуваат со сила да му го украдат правото на македонскиот народ да биде суверен господар на својата македонска земја и покрај почитувањето на сите малцински или ако сакате етнички права. Тие ја заборавија девизата од минатото:

 

"во Албанија нека наредуваат Албанците, во Македонија Македонците".

По настаните во македонското Собрание францускиот амбасадор Кристијан Тимоние изјави дека "може да се проблематизира безусловната препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ поради тоа што без минимум концензус и без цивилизирана дискусија беше донесен Законот за употреба на јазиците во Собранието. Тој изјави дека инцидентите во Собранието не се глетка од парламент на европска држава."

Исто така видно разочаран дека видел настани за кои мислел дека се дел од минатото, тој ќе потенцира дека при донесувањето на овој закон "немало минимум концензус за процедура за усвојување закон и нема цивилизирана дискусија за теми од интерес на граѓаните. Не е мое да судам, но глетката што ја видовме беше се' само не глетка од еден парламент на европска држава."              

Претседателот Талат Џафери, во седница како да се одржува во планина а не во македонското Собрание, со усвојување на Законот за употреба на јазиците надвор од процедурите, по 2001 година повторно "стрелаше" во македонскиот народ, доведувајќи ја во прашање унитарноста на Македонија.

Во тоа имаше подршка од владата на Зоран Заев и неговите 44 пратеници-предавници-слепци кои ја водат земјата кон провалија.

Единствено кој се спротивстави на донесувањето на законот за јазиците во Собранието беше поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Свесен за последиците од законот, за кој и порано предупредуваше за она што се случува во земјата, тој се обиде да го спречи неговото донесување, но беше спречен од обезбедувањето. Браво за Груевски, но една ластавичка не ја прави пролетта.

Ако видиме што се случува во другите собранија на други земји како се бранат ставовите, се прашуваме:  зошто освен вербална изостана другата подршка на пратениците од опозицијата?

Единствена одбрана на унитарноста во земјата сега е во рацете на претседателот Ѓеорги Иванов, кој не треба и не смее да го потпише указот за овој закон. Но тој се соочува со закани како од дома, така и од надвор.

Албанските политичари во Македонија велат дека Законот за јазиците ќе го спроведат без разлика дали е потпишан или не од претседателот. Од друга страна албанскиот премиер Еди Рама, кој упати критики до македонскиот претседател Ѓорге Иванов, се заканува дека "албанскиот јазик не е јазик на непријателот, туку е јазик на уставотворен народ во Македонија. Без Албанците нема Македонија."

Со вакви закани кон Македонците кои не се насилници, се испраќа порака дека македонскиот народ не смее да има држава. Оттука се прашуваме:

Дали треба да станеме насилници, да правиме ужасни работи за да опстанеме и Европа да не сфати сериозно дека постоиме како македонски народ?

Македонците не смеат да дозволат да го сменат името или во својот дом некој друг да им командува, но ќе ги почитуваат сите права на етничките заедници. Меѓутоа, до колку некој ја премине границата на пристојно однесување, македонскиот народ ќе нема друг избор, освен да се брани.

 

Подобро е сите да изгинеме и да не запаметат  како Македонци, отколку сами да се избришеме, бидејќи тогаш навистина не сме вределе како народ за да некој не забележи во светската историја.

 

 21 март 2018 година

http://www.mn.mk

Алексанар III Македонски

Едмонд Бушие дел Бел

МАКЕДОНИЈА ИМАЛА ЗАД СЕБЕ ДОЛГО МИНАТО И ОЧЕВИДНО МАКЕДОНЦИТЕ НЕ СЕ ГРЦИ

************

Едмонд Бушие дел Бел е роден на 23 август 1878 година во Везиње, Франција. Завршил класична гимназија во Кондорсе, а потоа дипломирал на правниот факултет. Како доктор по право, бил висок финансиски службеник во Париз, советник во министерството за финасии, а во текот на Првата светска војна заземал видно место во Главниот штаб на француската Источна армија на Балканот.

По доаѓањето на Солунскиот фронт, Едмонд Бушие дел Бел имал можност повеќе време да престојува на Завојот на река Црна, каде останува шест месеци. Потоа го следи движењето на Армијата кај Островското Езеро, во Лерин, Битола, во Прилеп и Скопје, каде што завршува и неговиот животен пат. Умира во Скопје на 20 октомври 1918 година.

Едмнонд Бушие дел Бел  во тоа време напишал книга за Македонија и Македонците, која по неговата смрт е печатена во Париз во 1922 година под наслов: "La Macedoine et Les Macedoniens", (Paris 1922, 80 IV.303). Книгата на Едмонд Бушие дел Бел, која се појавила од печат, четири години по неговата смрт, наградена е од Француската академија на науките. Денес, кога Грција и' го оспорува правото на Македонија за користење на името, книгата на Едмонд Бушие дел Бел е интересна и значајна од повеќе аспекти.

Согледувајќи дека Македонија уште долго време ќе биде предмет на внимание на Европа, Едмонд  Бушие дел Бел се обидува да даде свое решение за македонското прашање. Врз основа на личните опсервации и искуства стекнати за време на престојот во Македонија тој со своите записи ќе констатира дека населението и ако е слично, сепак се разликува од Бугарите и Србите, дека "Македонските Словени не се Грци". Едмонд Бушие дел Бел не само што го разликува населението во Македонија, туку и посочува како решение дека "населението на Македонија треба да биде одделно како посебна народност чие што име скратено би било Македонци". Ваквите негови констатации и решение се посебно интересни па затоа ви пренесуваме извадоци од неговата книга во кои тој вели:

"Ниту од вчера, ниту пак од денес, датира македонското прашање. Македонија имала зад себе долго минато, а во иднина нема да престане да ја занимава Европа. Тоа што Македонија и' стана позната на Европа се должи, главно, на два факта и тоа: на својата географска положба како раскрсница на светските патишта: едниот од Белград и од Нови Пазар низ Вардарската долина за Солун и другиот - Старата Via Ignatia од Драч пак за Солун, додека Солун како пристаниште на Македонија и по важност не стои поназад од Цариград и Суец. Од Солун може да се владее над Источното Средоземно Море и над патиштата за Азија.

Другата причина е: населението е различно по народност, по потекло и над него уште одамна се спроведува тактика на влијание од страна на соседните балкански држави, подржани од големите сили, чии што интереси се поврзани со положбата на балканските земји...

Македонија ја населуваат три групи народности. Едната е оспоруваната народност Македонските Словени, или, кратко речено Македонци, кои ја образуваат јатката на селското население. Потоа се јавуваат три други народности кои се стремат за господство над Македонците: Бугарите, Србите и Грците и три  далечни народности: Власи, Турци и Евреи. Но ниедна од овие народности не населуваат определена територија, туку се јавуваат овде онде во земјата. По сите полиња на Македонија се среќава една народност од селани со словенски јазик од источноправославна вероисповед. Нив Бугарите ги сметаат за свои "по јазик и по срце", повикувајќи се дури на Велика Бугарија, создадена со Санстефанскиот договор и на името "Бугари" под кое жртвите на Берлинскиот договор се бореа против турското ропство. Србите ги сметаат за "Срби" - бидејќи Душановата држава ја вклучувала некогаш и "цела Македонија", од спомениците што го преживеале турското ропство и дека јазикот бил "старосрпски" и затоа што и Македонците славеле "слава". На крајот доаѓаат и Грците, за кои немало решавачко значење потеклото, ниту јазикот, туку само "духот" и културата, која била грчка и како што за Французите, на пример, не можело да се каже дека не се Латини, така и за Македонците не можело да се рече дека не се "Грци".

Очевидно е дека Македонските Словени не се Грци. Но и покрај фактот што имаат некои сличности во наравите, верата и јазикот со Бугарите и Србите, тие се разликуваат и од едните и од другите. Прашајте еден селанец од Островска околија, или од Битолска, како се чувствува, тој ќе ви одговори девет од десет пати: МАКЕДОНЕЦ! Затоа словенското население на Македонија  треба да биде одделно како посебна народност, чие што име би било Македонски Словени или, скратено, МАКЕДОНЦИ..."

И ако Француската дипломатија отсекогаш била добро запозната со состојбата во Македонија, како голема сила која играла видна улога во светот и влијаела на историските текови, таа не одиграла конструктивна улога во зачувување на целовитоста на Македонија. Тргнувајќи од сопствените интереси, често пати своите "симпатии" ги насочувала кон Србија и Грција, односно кон оние кои имале голем апетит кон Македонија. За разлика од неа, француските интелектуалци отсекогаш гледале со симпатии кон македонскиот народ.

Меѓутоа, како и во минатотот така и денес, на прашањето на било кој од ЕУ, како се чувствуваат граѓаните на Македонија, тие ќе ви одговорат од денес, десет пати дека се Македонци, и дека нема да го сменат името. Затоа, како водечка земја во ЕУ, Франција која добро ја познава Македонија, треба еднаш за секогаш да и' застане на незаситните барања на нивниот пулен Грција и да и помогне на Македонија да стане ќленка на ЕУ и на НАТО.

 

21 март 2018 година

http://www.mn.mk

 

Бугарска војска во Софија (Скопје)

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ 81

**********

МАКЕДОНИЈА ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

(1941 - 1945)

7. Обидите на окупаторите да предизвикаат граѓанска војна во Македонија

 

 

Бугарските, а нешто подоцна и германските окупатори во Македонија, согласно утврдените идеи, се обиделе од месното население да создадат оружени сили како свои соработници во борбата против целите на националноослободителното движење на македонскиот народ. Со тоа, окупаторите се обиделе да предизвикаат граѓанска војна во Македонија. Идејата за формирање контрачети потекнала од директорот на Битолската област Антон Козаров.

На 22 август 1942 година А. Козаров, со итна и доверлива наредба, покрај другото, побарал од своите околиски управници: "во секоја општина да се организира вооружена група од 15 до 20 или повеќе лица". Неговата идеја ја прифатил Димитар Раев, директор на Скопската област, а со неа се согласил и бугарскиот министер за внатрешни работи Габровски. Бугарската влада го одобрила формирањето на вооружените контрачети, кои ги обезбедила со оружје, опрема, храна и парични средства. Контрачетите дејствувале во редовите на бугарската полиција и војска и биле во функција на окупаторската власт. Министерот Габровски, на 10 април 1943 година, издал наредба за ликвидација на НОД на Македонија.

По капитулацијата на Италија, особен интерес за активностите и за ангажирањето на контрачетите на Иван (Ванчо) Михајлов покажал Хитлер. Бидејќи на Источниот фронт германските сили трпеле се' поголеми загуби, а развојот на НОД во Македонија станувал се' посилен, на Хитлер му требале нови сили за уништување на "комунистичката зараза". На негова покана, во ноември 1943 година, Иван Михајлов отпатувал во Берлин, каде што примил наредби и инструкции од фирерот да ги зголеми и да ги засили активностите на контрачетите, а потоа да ги насочи кон егејскиот дел на Македонија. На овој состанок И. Михајлов, Химлер и Хитлер се договориле во егејскиот дел на Македонија, што бил под окупација на Германија, да се формира еден полк од три баталјони во кој би влегле "егејски Бугари", следбеници на Иван Михајлов, со задача да го ликвидираат НОД и да воспостават ред и мир. Бугарската влада, со помош на Гестапо и на СС-полицијата, во втората половина на 1943 година формирала осум контрачети со бројна состојба од 50 до 60 луѓе, а во текот на 1944 година бројот нараснал до 200 луѓе во секоја контрачета. Но овој обид, уште на почетокот, бил осуден на неуспех. Македонскиот народ веќе ја беше одбрал страната на Антихитлеровската коалиција.

Следниот обид бил направен по капитулацијата на Бугарија. Германците процениле дека во тие услови најцелисходно би било да се реализира идејата за "Независна Македонија", на чело со Иван Михајлов. Наредбата за создавање на "Независна Македонија" ја потпишал Хитлер на 5 септември 1944 година. За реализација на оваа идеја тој ги одредил д-р Гарбен и германскиот конзул во Скопје Артур Вите. На 6 септември 1944 година Иван Михајлов пристигнал во Скопје и веднаш ги започнал подготовките околу прогласувањето на "Независна Македонија". Меѓутоа, неговите следбеници го информирале дека македонската држава е веќе создадена и дека е доцна да се прогласи "Независна Македонија". Депримиран и разочаран што не успеал да ја прогласи "Независна Македонија" во која живеат Бугари, а под протекторат на Германија, во вечерните часови на 7 септември 1944 година Иван Михајлов си заминал од Скопје. Откако пропаднала идејата да се создаде "Независна Македонија", безбедноста на македонскиот простор ја презела Германската воена управа, која политички му била потчинета на д-р Херман Нојбахер.

Неуспешни се покажале и обидите на окупаторот преку четничкото движење да се предизвика судир меѓу македонскиот народ каде и обидот да се предизвика меѓуетнички судир во западна Македонија, преку албанските националистички организации.

 

8. Проширувањето на воените дејствија и новата воено-територијална поделба на Македонија во  текот на летото 1944 година

 

По Пролетната офанзива и особено по извршувањето на противофанзивата, Народноослободителната и антифашистичка војна, во текот на летото 1944 година, ја зафатила речиси целата територија на вардарскиот дел на Македонија. Се создавале нови слободни територии, се формирале нови партизански одреди, баталјони, бригади и дивизии. Покрај тоа, политичкото и военото раководство преземале бројни мерки за засилување на борбата, за воспоставување на народната власт на слободните територии, но и за меѓународно признавање. Додека  ЦК на КПМ и Иницијативниот одбор главно се занимавале со свикувањето и одржувањето на АСНОМ, Главниот штаб на македонската војска ги вршела подготовките за конечното ослободување на Македонија. 

Поради големиот прилив на нови борци, ГШ на македонската војска проценил дека е потребна нова воено-територијална поделба на Македонија. Таа се извршила според планот што го изработил Главниот штаб на НОВ и ПОМ.

Според овој план, територијата на вардарскиот дел на Македонија била поделена на четири оперативни зони:

Првата или Скопската оперативна зона ги опфаќала Скопскиот, Кумановскиот и Велешкиот реон.

Втората или Битолската оперативна зона ги опфаќала Битолскиот и Гевгелискиот реон.

Третата, односно Брегалничко-струмичката оперативна зона ги опфаќала Штипскиот и Струмичкиот реон.

Четвртата оперативна зона ги опфаќала Дебарскиот и Кичевскиот реон. Потоа, со одлука на Главниот штаб, биле формирани штабови на оперативните зони.

Поради недостиг на соодветен кадар, командите на бригадите кои дејствувале на териториите на одредените оперативни зони биле овластени истовремено да ја вршат функцијата штаб на соодветната оперативна зона. Во планот од Директивата бр. 1 се предвидувало во првите три оперативни зони да се формираат по две двизии. Истовремено се предвидувало да се формираат повеќе помали партизански одреди за извршување помали борбени задачи во тилот на окупаторските сили и за одредени специјални акции.

 

Продолжува

 

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

****************

ГОЛЕМАТА МАЈКА

Од стихозбирката "Оловни мониста"

  • Еј, вие сеништа мрачни
    со лажни тешки крстови
    обесени околу вратот,
    овој пат за Големата мајка
    ли го стокмивте одарот?

    Со лажна тага за покојникот
    сте спремиле темјан и босилок,
    а околу смртната постела
    бесни пци разлигавени
    за глодање коски настрвени.

  • Зар од клетви не се плашите
    во срцето на светот да чепнете,
    страните да му ги разместите
    и да ги измешате планетите
    а денот и ноќта да ги споите.

    Небото без ѕвезди да остане,
    ни сонце да има ниту месечина,
    наместо дожд, солзи да капат
    и сите часовници да запрат
    за времето да не го мерат.

    Па зарем уште не сфативте
    оти таа мајка е бесмртна,
    уште е на нозе исправена
    и со глава гордо крената
    воздивнува, но душа не дава.

    Не легнува таа на постела,
    се спрема гости да пречека,
    синовите македонски јунаци,
    сонцето древно златокрако
    и знаме везено со име нејзино.

    Розита Христовска,
    14 март 2018 година

Kind regards: 25 март 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 134