НЕ НА ГРОБАРОТ ГРЧЕВ

Македонско Собрание

Сотир Гроздановски

ОДНАРОДУВАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ  НА АЛБАНСКИ НАЧИН

************

 

Господарите на смртта никогаш не спијат. Секогаш ги анализираат своите успеси и неуспеси од изминатите времиња и планираат нови изненадувања. Не го заборавија дури и "македонското национално прашање" и затоа одново пак се вратија, за еднаш за секогаш да го затворат. Македонските властодршци, пак, засилено си ги спроведуваат своите пеколни политики и прават терен за асимилирање на македонскиот народ, но сега не само на грчки или бугарски или уште многу порано на српски, туку  на албански начин и тоа во својата сопствена држава и со помош на грст македонски предавници.

Народот стои немоќен, обезглавен и без идеја како да се справи со една група насилници за кои непостој ништо цивилизациско што би ги попречило во нивните примитивно фашистички накани. Албанците напредуваат во се' што ќе наумат. Дивјачки и од никого не попречени ги кинат и палат македонските државни знамиња и се исмејуваат со обичните луѓе. Хаос, каков никогаш не бил во Република Македонија.  Со право вели народот: "Господ да те чува од арнаутин, но и  од домашен предавник!"

Последната победа им беше изгласувањето на законот за јазиците на 14 март 2018 година,  односно законот за општата употреба на албанскиот јазик во Македонија. Но, дали ќе стапи во сила, како што се надеваат Албанците, зависи од одлуката и потписот на указот од Претседателот Иванов, кој за тоа даде и своја изјава. (погледаите го видеото подолу)

Затоа подршка на Претеседателот на секаков начин. Сам неможе да го издржи притисокот со кој одлучил да се бори. Секој од нас да си ја изврши својата задача и одење на уривање на Владата дури уште имаме време.

Понатака, Собранието е под контрола на Албанците, а пратениците од СДС со гордост и понизност им ги исполнуваат сите желби, како би останале на власт нешто подолго.   Телевизиите грмат од разни трибини и дебати со учество и на македонски и на албански мудреци , а  никој нема  идеи како да се стане на пат на кршителите на правото и демократијата во Македонија. Албанците се играат мајтап и со претседателот на Републиката, но и со народот.  Народот, пак, така обезглавен и без поткрепа од политичките партии во опозиција, покушава на секој начин да го привлече вниманието на светската јавност, очекувајќи ја нивната солидарност во  борбата за самоопредлување и мир во земјата, но пред се', во борбата за зачувување на уставното име на Република Македонија и идентитетот на Македонците дома и на секаде во странските земји.

Македонскиот народ, со право речено, ја изгуби довербата во своите политичари. Последната надеж им беше во ВМРО-ДПМНЕ, но и тие си го покажаа правото лице, кое не им беше видливо дури беше помирно во државата. Но, откако Заев ја презеде власта на начин тотално понижувачки и за најпримитивна  држава на крај од светот, се' тргна наопаку.  Тие кои би требало да ја покажат својата зрелост, одважност и со трошка љубов кон народот и својата татковина, останаа неми и без идеи за спас на унитарноста на државата. Се претворија во колумнисти, на место сите заедно да го покренат народот во одбрана на македонските државни и национални интереси. Се разбира со мали исклучоци, како на пример универзитетските професорки Тања Каракамишева, Солза Грчева, Билјана Ванковска, Милена Плетварец, професорка по Историја од Прилеп, да споменеме само некои.

Институциите се парализирани и под контрола на група предавници предводена од криминалец-психопат со ограничена интелигенција и без трунка љубов кон македонската држава и идентитетот на македонскиот народ. На другата страна пак, албанскиот дел на владата си ги извршува своите зацртани планови од тиранската платформа. 

Спрема изјавите на подпретесаделот на македонската влада, Бујар Османи,  "јавната администрација во Македонија  ќе се обучувала на албански јазик, и дека за обучување на албански јазик, очекува помош од Косово и од Албанија. Османи, очигледно не го интересира колку ќе ги чини граѓаните на Македонија донесувањето на Законот за јазиците, со оглед на тоа што не знае колкави се финансиските импликации кои очигледно ќе ги има применувањето на овој Закон. Од друга страна пак, првите пресметки се дека околу 2,000.000 евра годишно ќе се трошеле од државниот буџет само за обука на вработените во државната администрација, или за период од потребните 5 години, тоа би било над 10,000.000 евра кои ќе завршат кај учителите по албански, во голем дел од Косово и Албанија. Другите трошоци: нова документација, информативни табли, средства за комуникација... не се пресметани во трошоците. Вкупно 130 илјади административци треба да се подготват за обуки на албански јазик, што значи дека секој вработен во јавниот сектор ќе мора да знае албански, или да се соочи со отказ." Пренесува vesnik.mk од 15 март 2018 година.

Се' насе, тажна слика која Македонија не ја заслужува после толку векови робувања на туѓинци, но и како држава на Македонците од 1944 година до неодамна.

Како да не ни беа доста грчките, бугарските, српските (до Втората светска војна) пропаганди со кои ни го однародуваа и асимилираа нашиот народ, вршејќи злосторства, протерувања од нивните домови и затварања по пустите грчки острови, па сега доброволно да им се предадеме и на Албанците да не понижуваат и во нашата сопствена држава да не казнуваат до колку не го учиме нивниот јазик, на целата македонска територија. И не само тоа, ами и слободно да си увезуваат албански учители од Косово и Албанија за да не подучувале на албански јазик и тоа на наш трошок.  Не е ли тоа и премногу понижувачки за да го поднесуваме стоечки и со одобрување на македонски пратеници во македонското Собрание, под контрола на воени дезертери и команданти на УЧК кои војуваа неколку пати против македонската држава и народот македонски?

Ако некој мисли дека слободата ќе нија донесе некој друг освен нас или дека ќе ни ја сочува државата, нејзиното име, идентитетот  наш, традициите, историјата, културата, јазикот и многу друго, се лаже самиот себе и сите нас дома и надвор од Република Македонија.

Слепото верување во политичките партии кои не лажеа и се' уште не лажат дека се грижат за Македонија и се ќе направат за нејзината чест и достоинство, а заправо заедно соработуваат во нејзиното разнебитување и сотрување на сите нас како народ од искона, не смее да се толерира, зошто значи самоубиство и ставање, со нашите сопствени раце, јаже околу нашите вратови, за да се обесиме.

Ние, Македонците од Америка, Канада, Австралија и оние по европските држави ја докажуваме нашата лојалност кон татковината и подготвеност да ви помогнеме, драги браќа и сестри, до колку и самите се покренете и масовно им се спротивставите на криминалната група која насилно ни ја презеде државата со ветување дека се бори против "режимот" на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ за да ни донесе    благосостојба. Благосостојба, а не уривање на се' што е изградено, вклучувајќи ги националните симболи без кои сме никои и ништо, продавање на државата и разнебитување на сите нас дома и надвор од Македонија. Само заедно можеме да ја исчистиме земјата од изродите и странските платеници и предавници.

Само заедно можеме да им докажеме на забеганите пратеници во македонското Собрание дека можат да бидат Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Босанци ... но ако не се Македонци кои ќе ја чуваат Република Македонија како национална држава на Македонците со јазикот македонски како амалгам кои ќе ги држи сите заедно како еден народ, народ на Македонија, се разбира дури ја почитуваат Република Македонија и сакаат да живеат во неа, тогаш како такви, не и' се потребни на Македонија. 

Определбата на пратеничката од СДС, Фросина Ременски, како одговор на протестантите пред нејзината куќа, дека од сношти покрај Македонка, постанува Албанка, Турчинка, Србинка, Ромкиња, Влаинка, Босанка... затоа што ги сакала сите и им мислела добро без разлика на нивната вера и етничка припадност. ( за жал заборави да ја спомене и бојата на нивната кожа, но можеби друг пат ќе ја прошири листата). "Вие сте гробари на мирот на земјата и верата во која се колнете. Тој фашизам и безобразлук да си го практикувате дома. Кривично ќе ве гонам". Им се заканила на сонародниците кои протестирале заради нејзините изјави во полза на "обесправените Албанци во Република Македонија".

Почитувана Фросина Ременски, вие можете да бидете се' што сакате да бидете, ама неможете да бидете Македонка, зошто работите против националните интереси на македонскиот народ и на македонската држава. И верувајте, кога и да биде, македонскиот народ ќе ви  ја испорача сметката да ја платите, до колку не побегнете предвреме заедно со Заев на некој грчки пуст остров па да ве бара со помош на Интерпол. Јас со внимание ги ислушав вашите мудрости и искрено да ви кажам, дека би бил среќен кога вас и сите како вас би ве снемало од оваа "ќенеф" држава, како што многу пати ја нарече вашата колешка Мирјана Најчевска и уште некои како неа, зошто по никои општествени мерила не заслужувате да бидете во земјата на Александар и Филип Македонски, како и земјата на Гоце Делчев, Даме Груев, Питу Гули и плејада други кои ги положиле своите животи во темелите на македонската држава и за слободата на македонскиот народ.

 

САМО ЗАЕДНО ЌЕ ЈА ОДБРАНИМЕ МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА!

САМО ЗАЕДНО ЌЕ ГИ ОДБРАНЕМЕ МАКЕДОНСКИТЕ ДОМОВИ И НАШИТЕ СТАРИ И ПРЕСТАРИ ОГНИШТА КОИ СЕ' УШТЕ ТЛЕАТ И ЧЕКААТ ДА СЕ ЗАПАЛАТ!

САМО ЗАЕДНО ПРОТИВ ГРОБАРИТЕ НА НАШИТЕ СПОМЕНИЦИ!

АКО НЕКОЈ ПОВИКУВА НА ВОЈНА, ЌЕ ЈА РАЗГЛЕДАМЕ И ТАА ОПЦИЈА, ЗОШТО САМО НАРОДОТ Е СУВЕРЕН!

******* 

Професор Љубомир Цуцуловски

НЕШТО ДЛАБОКО СЕ СЛУЧУВА ВО МАКЕДОНСКОТО ОПШТЕСТВО

*********************

Нешто се случува. Нешто длабоко  и сериозно се случува во македонското општество. Татне, бучи и се' повеќе се приближува. Политичарите-големи или мали, на повисоки или на пониски функции, тоа е сега сеедно-најчесто молчат, како да се дел од колекцијата на новоизградени камени статуи. Служат како украс. Некои од нив, оние поголемите (или за кои се мисли дека се) час нешто кажуваат, час кажаното го одрекуваат, потоа го модифицираат или го преобликуваат. Мислат дека се вешти и дека многу знаат. Дел од тие што ги избрале (дел од граѓаните) и понатаму веруваат во тоа-дека нивните избраници знаат и умеат каде и зошто ги водат. Знам, тешко е да се признаат сопствените заблуди.

И,  додека ја гледам оваа и тажна и трагична колона, оваа шарада на се' и сешто, ги читам следниве редови: "Политичкиот активист може да биде генијален во својата област, но да нема поим за средствата на познанието со кои се служат научниците и кои им се познати дури и на студентите, почетници. На пример, Ворошилов и Буџони, разгледувани од научен аспект, од сето што се случуваше не разбираа повеќе од коњите на кој јаваа, за време на парадите. Но, затоа, беа добри Сталинови помошници и совесно и' служеа на неговите цели. Самиот Сталин, разгледуван од научен аспект, разбираше нешто повеќе од нив". (Александар Зиновјев: "Полетта на нашата младост", 1983).

Нешто длабоко и сериозно се случува во македонското општество. Татне, бучи и се' повеќе се приближува. А нашите политичари, пратеници или функционери, качени на своите коњчиња јаваат и јаваат, не водејќи сметка дека некогаш, сеедно кога, ќе дојде време за давање сметка-како пред себе, така и пред другите. Дотогаш, нека јаваат самозадоволни.

 

Секој во својот живот има свои пет минути. Потоа, и тие минуваат. Сепак, газат се' пред себе, макар што можност за накнадно себе-поправање нема.

************

Проф., Љубомир Цуцуловски

Професор  Љубомир Цуцуловски

МОРАЛО...

Морало... Во функција на премиер, Зоран Заев изјави дека до крајот на неделава   МОРАЛО   да се донесе Законот за јазиците. Во овој ултимативен став се изумуваат неколку суштествени нешта.

************ 

1. Дека е неопходно да се прави разлика помеѓу она што требало да биде и она што би морало да биде. Во овој свет ништо не мора да биде, бидејќи, во прицип, се' може да се избере, односно да се одбегне-освен, да се умре. Додуша и смртта може да се избере. Некој, на пример, може да одлучи да се самоубие. Меѓутоа, самата смрт-смртта сама по себе-не може да се одбегне. Таа нужно доаѓа по секого, независно кој е и што и да е.

2. Се изумува дека луѓето, вклучувајќи ги и пратениците, не се копчиња за автоматско притискање, туку дека и тие умеат да размислуваат и да реагираат.

3. Понатаму, како ќе се оди на гласање, ако претходно не се разгледаат поднесените амандмани? Можеби нивниот број навистина е голем. Меѓутоа, што да се прави кога во Законот за работа на Собранието на РМ прецизно е предвидено:

Ако претседателот на Републиката одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот, Собранието повторно го разгледува законот согласно со Деловникот, во рок од 30 дена од денот на донесувањето на законот. По повторното разгледување на законот, амандмани можат да се поднесуваат само во врска со укажувањето на претседателот на Републиката. (Член38, став 3 и 4)

Дали затоа што некому му се ита, односно му се брза, без каков било пардон ќе се газат законите и Уставот? Но, едно се амбициите, друго се законите и Уставот, бидејќиии без нивно почитување не е можна правна држава. Без правна држава се запаѓа во состојба, која претходела на законите и во која, како што сметал Томас Хобс, владеела сеопшта  борба на секој против секого, бидејќи без нив (законите) човек на човека е волк-додава Хобс. Дали некој од власта, но и од пратениците, тоа го посакува: секој секому да е волк и да владее сеопшта војна на секој против секого?

4. Тешко е да се претпостави дека пратениците ќе манифестираат толкава послушност (т.е. Немоќ) пред газдите, особено што дел од пратениците целосно се свесни како продолжи "легално" продолжената собраниска седница и како се водеше (меѓутоа и како се "избра"!) собранискиот спикер.

5. Уште потешко е да се претпостави дека пратениците ќе манифестираат немоќ и слепило не само заради фактот што голем број на подржувачи на оваа власт, како и нивни лојални новинари, почнуваат да се вртат против власта, која токму досега ја подржваа. Кој пратеник ќе си дозволи таков луксуз да дојде во судир со Уставот, со законите и со граѓаните, како и со интелектуалците и со медиумите, кои веќе се чувствуваат загрозени од токму постоечката власт, макар што ја подржуваа токму оваа власт?

Оттука, тоа што ќе се каже, пред да се каже, треба да се одвага. Тоа значи прецизно да се проценат последиците од она што ултимативно се поставува како барање-донесување на законот! Мора да се прави разлика помеѓу тоа што мора и тоа што треба. Многу работи требаат. Сепак, стварноста е далеку од нив. Од друга страна, многу нешта на стварноста не и' требаат, меѓутоа, во името на нечие "мора", стварноста ќе морала да се сообрази со она што не и' е потребно. Исто така, нејасно е како со лесна леснотија се преминува преку последиците од одредени одлуки, како што и лесно се заборава барем нешто да се научи од историјата. Историјата се отвара, налик на книга која сака да биде прочитана. Само што некои не сакаат да ја прочитаат. Кога ќе ја прочитаат-ако воопшто ја прочитаат-се плашам дека ќе биде касно. Затоа, нека секој размисли, пред нешто да одлучи. Особено, што над сите лебдат три црни снегулки: Законот за јазиците, промената на името (со сите последици), како и Договорот за добрососедски односи, кој треба да ја ревидира сета досегашна историја на Македонија и на Македонците. Притоа, треба да се има предвид дека црните снегулки лесно можат да преминат во црни олуи.

 

П.С. Со ова го заокружувам моето присуство на  "Фејсбук". Во основа, што имав да кажам, кажав.

"Фејсбук" статус на професор Љубомир Цуцуловски

 

09 март 2018 година

http://netpress.com.mk

 

 

Prof., Мирослав Грчев

Миленко Неделковски

КОЈ Е ГРОБАРОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ СПОМЕНИЦИ

МОНСТРУМОТ МИРОСЛАВ ГРЧЕВ

**************

До колку се прашувате дали нема барем малку Македонски ген, чувство, пркос, доблест во лицето Мирослав Грчев, одговорот е математички прецизен - НЕ!

Тој, де јуре и де факто НЕ Е МАКЕДОНЕЦ!

 

Татко му Костаки (Таки) Грчев е Грк, бежанец од Грција. Откако избегал од Грција после Втората светска војна, се населил во Струмица во "Бежанската маала", на таканаречената "Грчка" улица. Живеел во близината на кафеаната "Бежанка" каде што се собирале гркоманите и Грците бежанци. Презимето Грчев го добил токму затоа, што бил Грк. (како во "Кум" кога малиот Виторио вели дека е од селото Корлеон на Сицилија, па граничниот полицаец од САД му става име Вито Корлеоне). Струмичани не ги сакале и со нив не се дружеле. Ги сметале за страно тело и за непријатели. Значи, не е Егеец (Беломорец), ами чистокрвен Грк. Таки, татко му на Мирослав, бил грчки Арнаутин, односно човек кој немал каде да се врати.  Апатрид - човек без татковина, без национално чувство, без огниште, без граѓанство. Тоа семејно историско наследство, очигледно, го прогонува до денешен ден. 

Подоцна Таки се вработува во "Електро Југ", нешто како ЕЛЕМ што е сега, па заминува да ја гради Мавровската хидроцентрала. Таму ја среќава Ферида Хусевиќ од Босна, која исто така доаѓа да работи на изградбата на хидроцентралата. По завршетокот на градбата, двајцата се земаат и се преселуваат во Скопје, каде работаат во директоратот на "Електро Југ".

Костаки Грчев бил за целиот свој работен век предмет на подсмев од колегите во фирмата заради тоа што сопругата го прогонувала и малтретирала, викајќи по него низ ходниците на фирмата "Таки мој". Така и го нарекувале колегите, Таки мој.

Од бракот помеѓу Гркот и Босанката се раѓа Мирослав Грчев и уште еден брат со кого со години нема блиски врски.

Мирослав Грчев е архитектот во служба на Зоран Заев кој го сруши споменикот на Андон Јанев Лазар-Ќосето, а оваа  недела се подготвува да го урива споменокот на Александар Македонски на сред скопскиот плоштад.

 

НЕ ЗА ГРОБАРОТ,  АКО СМЕ МАКЕДОНЦИ! 

12 март 2018 година

http://www.dudinka.org

 

Манастир св. Прохор Пчински

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ 80

********

МАКЕДОНИЈА ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

(1941 - 1945)

5.6. Македонското национално прашање и балканските држави на крајот од 1943 година

 

Во поглед на иднината на југословенските народи особено значење имале одлуките на Второто заседание на АВНОЈ, одржано на 29 ноември 1943 година. Во одлуките за изградба на Југославија се констатира дека таа "се изградува и ќе се изградува врз федеративен принцип што ќе им обезбеди полна рамноправност на Србите, Хрватите, Словенците, Македонците и Црногорците, односно на народите на Србија, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина". Одлуките на Второто заседание на АВНОЈ, донесени во услови на НОВ, биле прифатливи за НОД во Македонија, бидејќи македонскиот народ за прв пат ја добил можноста, врз нивна основа, да ја продолжи борбата за создавање своја, македонска држава, како рамноправна членка на југословенската федерација.

По објавувањето на решенијата на Фторото заседание на АВНОЈ, реагирала Бугарија, поточно нејзината БКП. Таа не го одобрила изборот на Македонците Владимир Поптомов и Димитар Влахов за членови на АВНОЈ - како претставници на пиринскиот, односно на егејскиот дел на Македонија. БКП сметала дека со врзувањето на Македонија како идна членка на југословенската федерација се прејудицираат желбите и интересите на македонскиот народ и дека тоа решение било донесено поради "прагматичен национализам". Таа сметала дека македонскиот народ треба да има право на самоопределување. Затоа, ОФ на Бугарија ги отфрлил решенијата на Второто заседание на АВНОЈ и со посебна декларација ја повикал Македонија да избере свои претставници во Народното собрание на Бугарија. Секако, поради учеството на Бугарија во војната на страната на фашистичката оска, тоа барање на Бугарија било анахроно и неодржливо, иако било пуштено заедно со примамливата парола за "целокупна, слободна и независна Македонија". Освен тоа, Македонија водела заедничка борба со другите југословенски народи и, на некој начин, се сметало  дека го исцрпила правото на самоопределување.

Од друга страна Грција, поради учеството на југословенските народи на страната на антифашистичката коалиција, не го спорела државното уредување на Југославија, ниту пак конституирањето на држава Федерална Македонија. Но малку подоцна, поради масовното учество на Македонците во антифашистичката војна и истакнувањето на нивните национални права, таа го проблематизирала македонското национално прашање не само во егејскиот туку и во вардарскиот дел од Македонија.

 

6. Германско-бугарската офанзива во првата половина на 1944 година

 

Германско-бугарската зимска офанзива во реонот на планините Кожуф, Меглен и Пајак започнала во услови кога сојузничките сили извршиле пробив во централна Италија и кога се подготвувале за отворање на Вториот фронт во Европа, а офанзивите на југословенското војувалиште биле зголемени и засилени. Со оглед на тоа дека Германија била загрозена речииси од сите страни, германската Врховна команда решила да ја засили Групата армии "Е" (ГАЕ) што се наоѓала во јужна Грција под команда на фелдмаршалот Александар Лер. Македонската војска имала за цел да се размести на просторот на главните комуникациски правци по долината на реката Вардар и да ги започне борбените акции со тежиште на железничката линија. Дејствата на македонската војска ги забрзале подготовките и почетокот на Германско-бугарската офанзива во Меглен и во кожуфско-мариовскиот простор. Офанзивата започнала на 5 јануари 1944 година и траела до 20 јануари кога германските и бугарските сили, по неколку обиди да ги освојат позициите на партизаните, не успеале во тоа и го прекинале гонењето на македонската војска.

Политичкото и военото раководство на македонското националноослободително движење по завршувањето на Германско-бугарската зимска офанзива извршиле анализа на дејствата во зимската операција и донеле одлуки од стратегиско значење. Во натамошното дејствување нивната основна цел била оружената борба да се разгори низ целата територија на Македонија. Истовремено се настојувало да се оствари допир и со пиринскиот дел на Македонија, да се развива соработка со антифашистичките сили во јужна Србија и да се остварат заеднички дејства. Откако била анализирана воената и политичката ситуација, се оценило дека окупаторот ќе преземе уште посилна офанзива, па по тој повод македонското политичко и воено раководство го разроботиле планот за февруарскиот поход. Основната замисла на фебруарскиот поход била да се изврши пробив со две оперативни групи во бројност до бригади, кои кои ќе имаат воено и политичко раководство од највисоките форуми. Пробивот да се  изврши со една група во  централна, а со друга низ источна Македоинија. Третата група, исто така во бројност на бригада, добила наредба да остане во реонот на Кожуф, со задача да дејствува во Тиквеш и по десниот брег на Вардар јужно од Велес. Со таквата замисла военото и политичкото раководство имале за цел, од политички аспект, оружената борба што повеќе да се разгори низ цела Македонија. Успешното изведување на походот (31 јануари - 22 февруари 1944 г.) претставувал пресвртница на војнички план во полза на единиците на НОВ и ПО на Македонија. По завршувањето на операциите од февруарскиот поход уследиле низа значајни акции од страна на единиците НОВ и ПО на Македонија врз чувствителните точки на окупаторот низ цела Македонија.

ФЕВРУАРСКИ ПОХОД НА НОВ И ПО НА МАКЕДОНИЈА 31.I. do 22.II. 1944 година

На 27 и 28 февруари 1944 година во манастирот св. Прохор Пчински било одржано воено-полититчко советување на кое била извршена анализа на борбените дејства во текот на февруарскиот поход,  а потоа и на воената и политичката состојба во светот, на Балканот и во Југославија, со тежиште на настаните во Македонија. Особено внимание им било посветено на подготовките за одржување на Првото заседание на АСНОМ.

Како резултат на успешните борби биле создадени повеќе слободни територии во оперативните зони во Македонија. На слободните територии биле организирани и започнале да дејствуваат новосоздадените команди на подрачја и места и народноослободителните комитети. Тие, покрај заштитата на слободната територија, имале за цел да го мобилизираат населението да пристапува во македонската војска и да се создаваат нови одреди, баталјони и бригади. Пролетната офанзива во Mакедонија од 1944 година ја презеле бугарските и германските сили против НОВ и ПОМ и одредени српски и косовски единици. Со оглед на ангажираните сили, просторот во кој се водела и поставените цели, Пролетната офанзива претставува операција од стратегиско значење.

 

Продолжува

 

Славко Јаневски
1920 - 2000

 ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

************

Славко Јаневски 

 

Славко Јаневски е роден во Скопје, каде што завршил основно и стручно-техничко училиште. Од 1945 година е уредник на првиот македонски весник за деца "Пионер", а потоа бил главен уредник на повеќе книжевни списанија, како што се: списанието за деца "Титовче", списанијата за литература и уметност "Нов ден" и "Современост", литературниот весник "Хоризонт" и хумористичко-сатиричниот весник "Остен". Во меѓувреме работел како уредник во издавачката куќа "Кочо Рацин", "Наша книга" и "Македонска книга".

Во 1946 година, во Скопје, Славко Јаневски, Блаже Конески, Ацо Шопов, Владо Малески и Коле Чашуле го формирале Друштвото на писателите на Македонија, кое тогаш броело 7 члена. Потоа, Јаневски бил и претседател на Друштвото. Исто така, тој бил и член на Македонскиот ПЕН центар, претседател на Советот на СВП, како и член на МАНУ од нејзиното основање во 1967 година.

Јаневски оставил трага и во македонската киноматографија, како автор на неколку филмски сценарија:  историската дрма Војдан Чернодрински, "Македонска крвава свадба"...

Славко Јаневски е автор на многубројни книги за деца, патеписна проза, збирки раскази, романи и поезија, кои што се преведени на повеќе светски јазици. Според Георги Старделов, поезијата на Јаневски се одликува со повеќе карактеристки, како: хумор, фантастика, критичност, магија, сублимација и жива човечка историја. Во основата на неговата поетска имагинација  лежи хуморот.

 

 

 Т И Ш И Н А

*****

  • Кога булките ќе се истргнат од својот корен
    и ќе појдат
    една по една
    кон својот залез
    не следи ги.

  • Свадби веќе нема,
    на секој чекор стои по една есен
    смешна, бела и гола.

    Кога булките ќе остават зад себе пустош
    затвори го во себе дождот.

    Нека ѕвони во олукот на твоите жили
    под еден познат таван.
    И молчи.

    Кога ќе падне ветрот на твојот прозор
    со три писоци танки
    и плач на незрел жерав
    пак молчи.

    Автор, Славко Јаневски

Kind regards: 20 март 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 133