МАКЕДОНИЈА НАД СЕ' !

Проф., Ненад Новковски

Сотир Гроздановски 

ПОДЕЛИ ПА ВЛАДАЈ ?

Професорот Ненад Новковски  против  Македонците во светот

 

Атакот врз нас, македонскиот народ,  надвор од нашата матична држава  со која  сме поврзани   генетски, историски, културолошки, традициски... е срамотен чин.  Срамотен, за некои кој  знаат што е срам и тажен, што самите тие не се чувствуваат  Македонци, туку  дел од некоја вонземјена  безимена маса, која случајно живее на македонските простори. Ако Грците, Евреите...би се одрекле од своите иселеници, не би ја имале таа сила со која не тепаат како мали деца и брзо би ги изеле волците. Учете од поарните, за да не бидете полоши од нив!

***********

Oва го споменувам уште на почетокот од текстов затоа, што на некои, во овој случај  "видни" личности од македонската универзитетска заедница се' уште не им е јасно дека Македонците од егејскиот, пиринскиот и албанскиот  дел на распарчена Македонија и на секаде каде што не има, сме дел од македонскиот народ и сме загрижени за настаните кои се случуваат во нашата едина матична земја, Република Македонија. Не им е, очигледно, познато затоа што мислат дека освен нив, сите други немаат право на своите огништа, кои се' уште тлеат во селата и градовите низ Македонија испустени но не и заборавени. Испустени заради  погрешни демографски политики на  нелуѓе,  баш како нив. Зошто?  Затоа што Македонци не им се потребни на Грците, Бугарите, Албанците ... им треба земјата! А земјата полесно се продава, кога нема кој да ја брани!

Во овие нови "демократски", "плуралистички", "земјано-шарено-либерално-слободно пазарни" времиња кога е се' дозволено и ставено на тезга за продавање, нема повеќе ништо свето и достојно за почит. Се продава татковината, идентитетот, јазикот, историјата, народот, семејството, традициите, унитарноста на Македонија со воведување двојазичност на целата македонска територија под закана на немири од страна на албанските политичари - поранешни терористи ... се' се продава и тоа на легален начин со еден потпис и со климање на странските газди во знак на одобрување и се' зад плеќите, на сопствениот народот. Денес Македонец, утре си Бугарин, Албанец или Грк.

Денешните моќници утре, откако ќе ја завршат својата предавничка улога, ќе ги снема од местото на злосторствата или пак ќе ги снема за секогаш како отпад и потрошен материјал, на некое сметлиште.

Тие што се одрекнуваат од својот народ, се одрекнуваат самите од себе. Но, кога ќе се одрекнат од народот кои го истерале од нивните вековни огништа заради сиромаштијата која им ја подметнале како причина за егзодус, тогаш и Господ ќе ги казне. Мораме да ги прашаме и ова:  Кои ви го дозволил да го правите тоа? Какви се тие ваши изопачени умови во кои се вртат монструозни мисли? Од каде толку и такви криминогени насилници без совест и човеково достоинство на еден таков мал простор, каков што е Република Македонија?

Денес, кога живееме во времиња во кои владее правото на посилниот  и кога секоја страна си ги поставува своите интереси што може повисоко,   нашата сплотеност е таа  сила со која  ефикасно можеме да се избориме за нашите права, нашата слобода и нашата безбедност.  Без тоа, ниту НАТО, ниту ЕУ, а ниту нашите стратешки партнери нема да не спасат. Имаме и историско искуство, со такви пријателства.  

Македонија и македонскиот народ е во ситуација на тотална капитулација не заради народот, туку заради генерација управувачи   недорасната за улогата во играта, за која се нафатија да ја играат. Но, мораме да признаеме и заради грешките на дел од народот кои им овозможи да ја преземат власта во земјата, која сега ја продаваат заедно со сите нас. 

Се разбира дека и образовниот систем  на македонската држава сноси голем дел од вината за ваквата положба во нашето општество. Тоа е неадекватно организирано и потребни му се реформи. Реформи, кои ќе му овозможат да производи квалитетни кадрови за денес и за времињата кои доаѓаат. 

Се поставува прашањето: ако имаме во македонскиот образовен систем луѓе кои не научиле да си ја сакаат, прво, својата татковина, својот народ, својата историја, својата култура, не го почитуваат својот мајчин јазик, плукаат на својот идентитет, својата националност е сметаат за измислена, фашизоидна, вештачки створена во "седум дена од некоја повисока сила", каков ќе ни биде резултатот? Ако погледнеме околу себе,  ќе го видиме. Имаме типови како Мирослав Грчев, Мирјана Најчевска, Гордан Калајџиев, Љубомир Фрчковски, Ненад Новковски, Љупчо Георгиевски, Стојан Андов, Трифун Костовски, Зоран Заев...да набројувам уште? Мислам дека не е потребно. Зарем со такви луѓе можеме да градиме и да сочуваме  македонска национална или мултинационална држава која може да се справи со соседните кои заедно сплотени сакаат да не изедат до последна коска, а после да си ги извадат очите една со друга? Нема шанси, драги мои! 

Македонскиот народ има проблем со огромен број кадрови произведени  во минатиот образовен систем створен за тие заеднички времиња, за живот во една заедничка држава на не замерување, со најразлични интереси и за кои се' што било пред АСНОМ-ска  Македонија не е наше, туку на соседите. И не само тоа, туку и нивните чувства за своите браќа и сестри од деловите на Македонија подарени на Грција, Бугарија и Албанија се искривоколчени и неприродни. Дури непријателски. 

Како резултат на  времињата, погоре спомнати, Македонците од егејскиот дел на Македонија, пиринскиот дел на Македонија и албанскиот дел на Македонија не се сметаат  и денес како дел од македонскиот народ, ами за некои, таму, со кои никогаш не сме имале никави врски. И сега,  со заострувањето на позициите на Грција и Македонија околу името на Република Македонија и зголемувањето на желбите,  по секоја цена, да се влезе во НАТО и Европската Унија,такви монструми секој ден  се' повеќе изронуваат од своте дупки  и, за жал,   на сите нас ни прават големи национални штети, во полза на Грците, Бугарите и Албанците. Тие се "тројански коњи" во македонското општество стратешки позиционирани и инфилтрирани во сите пори во македонската држава. Нив, странските фактори секогаш ги активираат кога ќе видат дека, единството на Македонците им ги загрозува нивните себични интереси.

Еден од тие "тројански коњи" кои му служи на странските сили и нивните себични интереси, а кој е активиран од неодамна, е и професорот Ненад Новковски. Некогашен  министер за образование во владата на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски. Господинот Георгиевски, еден отворен непријател на се' што е  македонско и нескриен соработник на бугарските безбедносни служби, кои несметано роварат низ Македонија и регрутираат свои соработници. Се разбира со грдни пари. Како и секогаш во историјата, до денес. 

Но, пред да речам неколку збора за професорот Новковски, сакам да го споменам поранешниот градоначалник на Скопје Трифун Костовски, како еден од "тројанските коњи" во полза на албанските иредентисти во Македонија. Тој пак, злоупотребувајќи ги минатогодишните општомакедонски протести наречени  "За заедничка Македонија" и бранејќи ги "неговите" Албанци им порача на "Егејците" да си одат  во Грција и таму да си ги бараат своите права. Тука во "мојата" Македонија, рече господинот Костовски, немате што да барате. Престанете да ме карате со моите Албанци!  Изрече, непорече  и ене го уште не е умрен од срам.

Ставајќи ги "неговите" Албанци пред нашите Македонци под окупација на Грците,  заправо проба да го држи македонското тело и понатака поделено, баш како што странските фактори во Македонија и сакаат. 

Ништо поарно не размислува ни нашиот универзитетски професор Ненад Новковски. Тој, за време на масовните протести на Македонците ширум светот за одбрана на името на Република Македонија, но и на своето сопствено, а посебно за протестите на Македонците во Австралија, на својот Fasebook напиша,  а го пренесе expres.mk следното: "Јас ги разбирам целосно државјаните на Австралија од македонско потекло во одбраната на нивните интереси. Имено, ако се откочи влезот на Македонија во ЕУ и на целиот регион, ЕУ бргу ќе напредува, Австралија релативно ќе назадува и нивниот стандард ќе падне. Оттука, тие имаат легитимно право да прават опструкции на нашиот влез во ЕУ. Но немаат право да не прават будали и да барат од нас ние да им го спроведеме тој интерес, наспроти нашиот интерес". Заврши нашиот ценет "македонски патриот" и воспитувач на македонските млади генерации, универзитетскиот професор Ненад Новковски.

Треба ли да објаснуваме од каде доаѓаат проблемите со кои се соочува Македонија денес и на кого му служи дел од македонската образовна заедница?

 

Не е ли потребна нова лустрација  ако се стремиме  кон држава во која ќе има праведен  "ЖИВОТ ЗА СИТЕ" ? Или кон држава со тактика :

ПОДЕЛИ ПА ВЛАДАЈ?

**************

 

 

Александар Русјаков

Александар Русјаков

А ШТО САКА "ДЛАБОКАТА ДРЖАВА" ОД СИОТ СВЕТ ?

******************

Никогаш на сум бил некој гласен русофил. Ниту пак, како многумина во Македонија, сум поголем Американец од Американсите. Напротив, сум плачел на Есенин, исто колку на Едгар Алан По, се смеам на Гогољ како и на Твен, восхитен сум од Достоевски како што му се восхитувам на Хемингвеј, сум мечтаел на Висоцки идентично како со Том Вејтс, ме фасцинираат Тарковски и Орсон Велс, Балабанов и Тарантино, Лунгин и Џармуш, Зјагинцев и Пол Томас Андерсен. Но, во однос на американската и руската политика воопшто немам идентични ставови. Едноставно, однесувањето на овие две светски велесили, не ми изгледа исто. Неоспорен е фактот дека изминативе неколку години, Путинова Русија е во фокусот на западниот свет. Анексијата на Крим, интервенцијата во Сирија, наводното мешање на Русија во претседателските избори во САД се трите причини заради кои политиката на Владимир Путин секојдневно е во ударните вести. Оттука, следуваат санкциите на Европската Унија кон Русија, постојаните јавни обвинувања дека рускиот претседател е диктатор, лудата изјава на британскиот министер за одбрана дека Русија е поголем непријател за Британците од ИСИС, ракетниот штит што САД го реди во земјите што граничат со Русија, но и секојдневната медиумска хистерија што тера силна антируска пропаганда. Се' ќе беше во ред ако аршинот беше еднаков.

Вистина е, се случи анексијата Крим, инаку руска територија што советскиот претседател Хтушчов и' ја подари на Украина, но таа анексија беше спроведена преку референдум, без испукан куршум, без пролеана капка крв и тоа така откако "длабоката држава" на САД, преку лудиот Сорос и неговите хистерични активисти, како и уфрлените платеници терористи, го извршија терористичкиот акт на Мајдан и целосно ја урнаа и поделија украинската држава. Сето ова е докажано и документирано со докази, но зошто сите го забораваат Косово? Таму немаше референдум,  ами напротив, нелегитимна воена интервенција на НАТО предводена од САД, каде што загинаа илјадници цивили и без никаква здраворазумска причина беше употребен забранетиот осиромашен ураниум заради кој денес смртноста од рак на Балканот е зголемен десет пати. Територијата на Косово насилно беше отцепена од Србија. Само што тогаш бомбардирањето, осиромашениот ураниум, прогонот на Србите и отцепувањето на територија од држава беше демократски чин, а сега референдумот и мирното враќање на Крим кон Русија да ти бил не демократски чин на насилство и окупација.

Вистина е, се случи руска воена интервенција во Сирија. Ама сето тоа си има причинско-последичен тек. Најпрво се појави некаква сириска вооружена опозиција, која тргна на сила да го руши сирискиот претседател Башар ал Асад. Од сите непристрасни извори се гледа дека овие вооружени борци воопшто не се Сиријци, туку повеќето од нив дејствувале на боиштата низ Африка за време на Арапската пролет. Јасно, станува збор за платеници. Потоа од нигде никаде никна ИСИС, огромна и моќно вооружена терористичка организација, која прогласи калифат на делови  од Ирак, Либија и Сирија. Приложените докази и фотографии покажуваат вмешаност на американски конгресмени и генерали во создавањето на оваа организација. Американците и Британците тргнаа во некаква смешна филмски изрежирана акција против калифатот од која невидовме никакви резултати. Дури тогаш почна руската  воена интервенција против ИСИС, на територијата на Сирија, ама откако сириските власти сами побараа вмешување на руската војска што е дозволено од Обединетите нации. Резултатот го знаеме, ИСИС е уништен и го нема во Сирија. Но што правиме со воените интервенции врз Ирак, Авганистан, Србија, Либија и Сирија, кои ги почнаа САД и НАТО? Ги повика ли некој нив? Добија ли дозвола од Советот за безбедност при ООН? Какви се резултатите по нивните интервенции? Донесоа ли мир, демократија и правда? Не, САД, Британија и НАТО никој никаде не ги повика, сами тргнаа во војна. Нема дозвола од Обединетите нации. Од нивната воена интервенција Косово е отцепено од Србија, луѓето таму се дават во сиромаштија, криминалот владее, а Бондстил е тренинг-камп за терористи и лабораторија за производство на хероин. Од друга страна, Ирак, Авганистан и Либија повеќе не се држави. Таму владее хаос и смрт. Воените интервенции однесоа милиони човекови жртви, не за демократија, туку за нафта и опиум. И како тогаш кратката руска воена интервенција на повик од сириските власти што е легитимирано во ООН, по која ИСИС е уништен и изолиран е нелегална агресија, а вистински нелегалната агресија врз ИРАК, Авганистан, Србија, Либија и Сирија спроведена од САД и НАТО, по кои се спушти пеколот на земјата, се демократски и правдољубиви? Некој овде сака некого луд на направи.

На крајот, дојдовме и до наводното мешање на Русија во изборите во САД.  Хилари Клинтон и ден-денес се пенави околу ова. А цврсти докази никаде нема, само шпекулации и медиумска хистерија. Хилари Клинтон залудно вреска. Нејзините сомнителни финансиери, воените масакри спроведени во нејзино време како државна скретарка, врските со белосветскиот банкстерај, лагите и лошите политики на демократите, но и доказите што за нив ги извадија чуварите на демократијата Џулијан Асанж и Едвард Сноуден, како и американскиот народ на кој очигледно му преседна, ја урнаа Клинтонка. Тука Путин ништо не и' е виновен.

Асанж и Сноуден не ги гони "диктаторот" од Русија, туку "демократијата" на САД.  На крајот на краиштата, Сноуден, кој обелодени како "длабоката држава" го прислушува сиот свет, побегна во Русија. А САД како држава се последни на планетава што треба да зборуваат за мешање во избори. Нема да споменувам други примери, САД се мешаат секаде и секогаш во избори, доволно е што живеам во Македонија за да потврдам дека американскиот амбасадор Џес Бејли си спроведе избори за себе и неговата "длабока држава", а еве го сега како командува со судови, со октроирана власт и медиуми. Да зклучам! 

"длабоката држава на САД е држава во држава, во неа се вмрежени сопствениците на изопачената моќ, компромитирани политичари, воените профитери, корпорациските лудаци, светскиот банкстерај и медиумската машинерија на неолибералните фашисти и сите тие сакаат светот и неговото богатство само за себе, сакаат да ги збришат различностите и културите за да создадат робовска маса што не мисли, а троши и да ја окупираат планетата за сопствени цели.

Појавата на нова сила, која заговара мултиполарен свет на еднакви држави и народи без разлика на нивната големина и сила, не е опасност, туку позитивен тек на постоењето.

 

Александар Русјаков

http://www.infomax.mk

08 март 2018 година.

Душан Ристевски, писател

Душан Ристевски

ГОСПОДИНЕ ЗАЕВ НАС ВО АВСТРАЛИЈА НЕ ИМА ПОВЕЌЕ ОД 200.000 И УШТЕ ТОЛКУ ВО АМЕРИКА, КАНАДА И ЕВРОПА

************

 

Драги браќа и сестри! Лично сум загрижен како и сите вие, што Владата на Република Македонија го води процесот на разговори со Атињаните околу нашето уставно име и националниот идентитет. Од владата се бара да се влезе во НАТО и ЕУ по цена на губење на својот идентитет и својата држава. Јас и сите вие, чувствуваме одговорност да не молчиме и затоа сме дојдени овде да им кажеме на сите пратеници во парламентот без разлика на нивната политчка определба, без разлика на нивната верска и национална припадност дека не се сложуваме со нивното предавништво, со нивната подлост и мизерност, со нивната зачмаеност и плиткост, со нивната игоцентричност и малоумност, со нивната ѓаолска желба да ја уништат македонската нација.

 

 

СИДНЕЈ 04 март 2018 година

Драги браќа и сестри! Ние сме сведоци на секојдневно деградирање не само од фашистичко настроените соседи кои употребуваат се'можни уцени и сатански игри туку деградирани и понижувани од самите македонски малоумни и алчни политичари. Нашата нација е ставена на гилотина со која управува Заев и неговите безлични и бездушни пиони предавници и без интегритет парламентарци кои профитираат од смената на името, јазикот и уставот. Но не се само тие. За да може Заев да дојде до својата подла цел, со молчење го одобрува тоа и опозицијата во парламентот како и институциите со кои управуваат сенилни старци како што е Македонската академија на науките и уметностите, Македонската православна црква, Друштвото на писателите на Македонија како и Друштвото на новинарите на Македонија. За жал, во последните две години и самиот сум член и се срамам тоа јавно да го кажам. Со него управуваат луѓе без и малку достоинство. Тие се глупаво неми кои ги гледаат своите лични интереси. Значи за жал, нема ниту една институција која има јавно истапено во интерес на нашите национални интереси и права. На сите интелектуалци и прогресивни сили во Македонија им је ставена јамка од политичари-зданија без интегритет.

Господине Заев, нас во Австралија не има повеќе од 200.000 и уште толку во Америка, Канада и Европа и не има уште неколку милиони во поробените делови на Македонија. Дали ги прашавте нив, дали не прашавте нас за да знаете какви се нашите желби и сонови, каде се нашите души и срца.

Господине издајнику Заев, ги преименувавте аеродромот и автопатот и почнавте да демонтирате споменици само да ги задоволите Атињаните, а за тоа колку пари добивте или можеби си ја продадовте душата за едно шише узо? Дозволете ми да ви дадам еден предлог како вас така и на сите парламентарци (посебно на Македонците) кои како кукавици седите во арамиското издајничко дувло на парламентот. Зошто сите не отидете на гробиштата каде што се закопани вашите баби и дедовци, зошто не отидете и на гробовите на вашите мајки и татковци и како прво, од надгробните плочи да го избришете кириличното писмо и на гробот напишете на елински или арнаутски, бугарски или српски јазик? Или зошто не го демонтирате или подобро не ги искршите спомениците на вашите мајки и татковци. Знам, имате потполно право тоа да го направите оти тие се гробови и споменици на вашите најблиски, но кој ви даде право да го рушите споменикот на мојот татко, на мојата мајка? Кој ви даде право да ги рушите нашите споменици и спомениците кои им припаѓаат на македонскиот народ? Со секое уривање на националните обележја се урива нашето минато, нашата историја, се сече коренот од кој живееме, се урива нашата гордост, се урива нашата иднина.

Вие не сте избран да одлучувате за нашата иднина и иднината на нашите деца, за иднината на нашата нација и држава. Не сте избран да правите национално-културен геноцид врз Македонците. Не сте избран да го земате нашето достоинство и гордост. Не сте избран да ги понижувате и зaгушувате мислите на интелектуалците и прогресивните сили во Македонија.

Запомнете издајнику Заев, ние сме Македонци од род, Македонија е нашата држава, јазикот ни е македонски. Поради тоа никој нема право да менува со каква било уцена или диктат ниту да заговара решенија на негирање на нашата историја, нашиот идентитет или јазик.

Господине Заев, за да ја спасиме Македонија, најдобро ќе биде да си дадете оставка, да си ги земете парталите и да си се вратите од каде што сте дојдени.

 

Букефалд Сиднеј

09 март 2018 година

 

Отец Петар Драгојловиќ.

ЕПА НЕ Е БАШ ТАКА, БРАЌА ГРЦИ !

Српските попови контра грчките

********

 Не е баш така браќа Грци - им порача српскиот отец Петар Драгојловиќ на своите грчки браќа во Христа, откако на протестите во Атина се појавија и грчки  црковни великодостојници, кои го подржаа националистичкиот протест против Македонија.

************** 

"Епа не е баш така браќа Грци. Со сета почит, не може Македонија да е само Грчка. Егејска македонија е грчка бидејќи денес таму главно живеат Грци и припаѓа на грчката држава. Вардарска Македонија е Македонска и таа држава се нарекува Република Македонија. Никој нема право да одзема име и јазик на еден народ и една држава. Во Република Македонија 80% од населението се Македонци и не се ниту Грци, ниту Бугари ниту Срби. Во неа мнозинскиот народ е македонски. Како што во Пиринска Македонија мнозинството се Бугари. Што значи, Македонија е територија на три држави и многу народи кои живеат во три држави, но главно Грци, Македонци и Бугари. 

Мене како Србин и православен игумен кој живее во Србија, Македонците ми се драг и посебен народ, кои имаат своја држава, свое име, своја нација, свој јазик, своја историја. Исто така, ги сакам и ценам Грците и Бугарите, но не подржувам ничиј елитизам или етношовинизам, било тоа да е кај поединци во секој народ, или кај некои поголеми групи од секој народ. Ниту српскиот, ниту бугарскиот, ни грчкиот, ни македонскиот. А паролата - Македонија е грчка, му се допаѓа тоа некому или не, е шовинистичка и елитистичка. Грците немаат право да ја присвојуваат цела Македонија, ниту да имаат ексклузивитет на нејзиното име. А, оној кои и малку знае историја, знае дека дури и античките Македонци, зборувале потполно различен мајчин јазик од Грците, односно биле различен народ од Грците. Така, да Грците не можат да присвојуваат ниту антички Македонци, а не можат ниту денешни Македонци и денешната Република Македонија" - пишува игуменот Петар Драгојловиќ, на својот Фејсбук профил.

Уредник

05 февруари 2018 година

Џејсон Мико

ПОЧЕСНА ТИТУЛА "МАКЕДОНСКИ СЕНАТОР"

ЗА ЛОБИСТОТ ЏЕЈСОН МИКО ОД САД

************

"Ќе и' помагам на Македонија и Македонците до крајот на мојот живот!"

 

Реагирајќи на одлуката на Владата да го разреши од почесен конзул во Тусон, САД, Светскиот македонски конгрес реши да го награди македонскиот лобист Џејсон Мико со почесна титула "македонски сенатор".

**********

Светскиот македонски конгрес изразува жалење и разочарување од одлуката на Владата, оценувајќи ја како "атака врз македонските лобисти, кои отворено работаат за македонските национални и државни интереси во светот" и како "расчистување со потврдени пријатели, кои им помагаат на Македонија и на Македонците по прашањата од национален и државен интерес".

"СМК верува дека, и покрај одлуката на Владата за разрешување на Џејсон Мико од почесен конзул, тој и натаму ќе работи за Македонија и за македонскиот народ во Соединетите Американски Држави и во светот", стои во соопштението во кое му се изразува благодарност на Американецот со унгарско потекло, автор на филмот "Името е име" и потписник на колумни во кои го брани правото на Македонија на свое име и на македонскиот народ на свој идентитет и јазик.

Мико на својот профил на "Твитер" уште на денот на разрешувањето најави дека нема да запре да ги подржува Македонија и Македонците.

"Благодарам, но јас ќе продолжам да правам се' што можам за да им помогнам на Македонците и на Македонија до крајот на мојот живот", порача тој.

 

08 март 2018 година

http://expres.mk

 

Димитрис Каменос

Димитрис Каменос

НЕМА ДА ИМА РЕШЕНИЕ ЗА ИМЕТО!

**********

 

Песимизам за постигнување договор со Македонија за нејзиното име изрази Димитри Каменос, еден од потпретседателите на грчкиот Парламент и пратеник на партијата Независни Грци.

"Така како што се одвиваат работите, нема многу можности. Нема да има решенеие. Тие луѓе не можат да ги променат нештата што ние ги сметаме за неопходни и што треба да се направат како гаранција. Заев ни зборува за меѓународен договор, вели : Ние нема да си го смениме јазикот, нема да смениме ништо, нема да го промениме Уставот, само броевите на автомобилите ќе ги сменат", изјави тој за грчката телевизија СКАЈ.

Пратеникот го критикува македонскиот премиер, Зоран Заев, дека "во екото на сериозни преговори си дозволи хумористични изјави за промена на грчкиот Устав" и бара од него да се изјасни за "турската провокација" со воени бродови во близина на Кипар.

"Заев сака да влезе во Европа. Не сака ли да влезе? Во која Европа сака да влезе? Даде ли некаква изјава за турската провокација? Доаѓа господинот Заев и ни вели дека сака да влезе во Европската унија. Границата на неговата земја ќе биде на Европска унија, ќе сака ли утре тоа да биде подржано од ЕУ и од Грција ли?, прашува Димитрис Каменос, кој не е во роднински врски со лидерот на партијата и министер за одбрана на Грција, Панос Каменос.

 

08 март 2018 година

http://expres.mk

 

Танос Докос

Танос Докос-грчки аналитичар

АКО НЕМА ДОГОВОР, СЕГАШНОТО ИМЕ ЌЕ СТАНЕ ТРАЈНО 

***********

 

Танос Докос, директор на грчкиот тинк-тенк за надворешна политика ЕЛИАМЕП, смета дека во случај да нема решение на спорот со Македонија, сегашното име на северниот сосед би можело да стане трајно, не прецизирајќи дали мисли на уставното или на привремената референца.

"Ако нема договор, сегашното име може да стане трајно, земјата што би можела да биде партнер може да се оддалечи и да стане отворена за други да играат игри на Балканот, што Грција не го посакува, бидејќи Балканот е нејзино природно опкружување", изјави тој за американскиот магазин "Форин Полиси".

"Сега сум помалку оптимист отколку што бев пред две недели. Не велам дека ја отфрлам можноста, но не мислам дека се големи шансите за решение во моментов", додава Докос.

Првиот човек на ЕЛИАМЕП и' дава подршка на Владата за решавање на проблемот, истовремено критикувајќи ја за однесувањето кон домашната јавност и кон опозицијата.

"Справувањето со ситуацијата од страна на грчката Влада на стратешко ниво беше позитивно, бидејќи тие сфатија дека постoи прозорец на можност да се затвори ова прашање еднаш за секогаш. На тактичко ниво, се плашам дека не се справија добро при постигнувањето некакво разбирање со другите политички партии и во однос на подготвувањето на јавното мислење. Тие го сметаа ова за можност да ја навредуваат опозицијата", изјави Докос.

 

08 март 2018 година

http://expres.mk

 

Ацо Шопов - 1942 партизан во Третата македонска ударна бригада.

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ 79

**********

МАКЕДОНИЈА ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

(1941 - 1945)

5.3. Слободна територија во текот на 1943 година 

 

Создавањето на слободната територија во текот на НО борба во Македонија 1943 година имало многукратно значење. Нејзиното значење може да се оценува од историско-политички и од воен аспект.

Значењето од историски аспект е набележано во многубројните прогласи, повици и други документи што беа ги упатувале политичкото и военото раководство до македонскиот народ. Во нив се видливи мотивираноста од слободарските идеи на Илинден и Крушевската република и желбата за остварување на нивните идеали по четириесет години. Слободната територија била бранета со голема упорност бидејќи неа борците ја чувствувале како симбол на слободата и државноста на македонскиот народ.

Од воен аспект значењето на слободната територија исто така било големо. Во неа дејствувало раководството на НОД, односно военото раководство олицетворено во Главниот штаб на НОВ и политичкото раководство олицетворено во Партијата, политичките и масовно-политичките организации. На слободната територија профункционирале органите на народната власт. Тие можеле да функционираат по отстранувањето на окупаторската власт од слободната територија. Нивната активност, во почетокот насочена само кон собирање материјална помош, оружје и муниција, на слободната теритоија се проширила со многу други содржини. Нивното создавање придонесло за натамошно успешно развивање на борбата.

Создавањето на органите на власта е од посебно значење за градовите Кичево и Дебар, кои биле првите ослободени градови каде што се формирале повисоките органи на локалната власт. Тоа се одвивало на заеднички митинзи при што, покрај другото, нивното формирање имало и забележлив пропаганден карактер. Истовремено, слободната теритоија била значајна и за развивањето на општествено-политичкиот и верски живот. Таму профункционирале масовните политички организации (НОФ, АФЖ, НОМС), а било формирано и верско намесништво како зачеток на МПЦ и на верскиот живот.

 

5.4. Истакнувањето на програмските цели на борбата

 

Напоредно со развојот на народноослободителната борба во Македонија прашањето за сериозно истакнување на програмските цели станувало се' поактуелно. Факт е дека истакнувањето на целите, од многу причини, не можело да е случај на самиот почеток на востанието од 1941 година. Тогаш биле упатувани ошти повици за антифашистичка борба, додека повиците за создавање сопствена држава и за обединување на македонскиот народ се поставувале во доста завиена форма. Веројатно на тоа влијаело заедничкото водење на антифашистичката борба со другите југословенски народи. Нагласувањето на македонското национално прашање било придружувано со извесен страв од очекуваното обвинување за македонски сепаратизам. Биле присутни инструктори, делегати и сл., испратени од југословенското раководство за да помагаат, но и да ја контролираат ситуацијата.

Во втората половина на 1943 година се засилиле идеите и сознанието дека поставувањето на тоа прашање како програмско барање ќе претставува нов мотивирачки импулс во борбата за ослободување и ќе ги амортизира гласините за наводното "предавство" на македонските национални интереси.

 

5.5. Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ

 

Реализацијата на заклучокот за пристапување кон подготовки за одржување на АСНОМ - Антифашистичко собрание и за избирање на највисоките државни органи претпоставувала формирање на посебен орган кој што би ги реализирал тие подготовки. Таков орган бил Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ.

Датумот на неговото формирање не е точно утврден, но е сигурно дека во првата половина на ноември 1943 година тој веќе функционирал во селото Црвена Вода на падините на планината Караорман. Во неговиот состав влегле истакнати македонски борци и државници. Негов претседател бил Методија Андонов-Ченто, идниот претседател на АСНОМ и на македонската држава, а негов член бил и командантот на ГШ на НОВ и ПОМ Михајчо Апостолски.

По формирањето, Иницијативниот одбор (ИО) за свикување на АСНОМ не се задржа само на вообичаени или технички подготовки туку во таа насока презел доста воени и политички функции што претходно ги извршувале Главниот штаб или пак ЦК на КПМ. Така, ИО станал политички и претставнички орган, но и највисок орган на државната власт во Македонија. По неговото формирање престанало да постои едно од тогашните општи политички тела, т.н. АНОК (Акционен народноослободителен комитет), кое немало таква јасно дефинирана функција каква што ја имал Иницијативниот одбор. 

Функцијата на ИО била многу поизразена од почетокот на 1944 година кога, заедно со ГШ, се вклучил во политичкото објаснување на целите на борбите на македонскиот народ. Освен тоа, ИО се вклучил и во активностите за конституирање на системот на локалните органи на власта, извршил административна подела и ги утврдил реоните и критериумите за избор на делегатите за Првото заседание на АСНОМ. Тој подготвил неколку апели што ги упатил до македонскиот народ, до неколку истакнати интелектуалци во Македонија и меѓу емиграцијата во Бугарија, барал да се вклучат во ослободителната борба и да ја дадат потребната помош за нејзин конечен успех, да ги заборават шпекулациите дека таа, наводно, се водела за обнова на претходната Југославија во која доминирала една нација. Понатаму, ИО врз себе ја презел одговорноста да разговара со врховното југословенско раководство, односно со Јосип Броз Тито, за иднината на Македонија во југословенската федерација и за стојалиштето на југословенското раководство за обединувањето на македонскиот народ. Од страна на ИО било побарано делегацијата во состав Методија Андонов-Ченто, Емануел Чучков и Кирил Петрушев во разговорите со врвот на југословенското движење да го постави, како што се вели, "главниот проблем на македонската борба-прашањето за целосна обединета Македонија". ИО расправал и за заедничката борба со Македонците кои се бореле во рамките на антифашистичките движења на Бугарија и на Грција.

Продолжува

 

Ацо Шопов, 1923-1982

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

***************

АЦО ШОПОВ

е еден од основоположниците на современата македонска книжевност, роден во Штип на 20 декември 1923 година а починал во Скопје на 20 април 1982 година. Неговата прва збирка ПЕСНИ (1944) е прва книга на македонски јазик објавена во слободна Македонија. Ацо Шопов бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) и негов член од основањето во 1947 година; прв претседател на Советот на фестивалот Струшки вечери на поезијата; претседател на поранешниот Сојуз на книжевните преведувачи на Југославија; член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) од нејзиното основање (1967); член на Македонскиот ПЕН центар; прв директор на издавачката куќа Кочо Рацин од Скопје. Ацо Шопов бил и долгогодишен директор на издавачката куќа Македонска книга, како и главен уредник на повеќе списанија, меѓу кои и сатиричниот весник Остен и Амбасадор на СФРЈ во Сенегал (1971-1975). Својата кариера, Ацо Шопов, ја завршува како претседател на Републичката комисија за културни врски со странство.

Своето рано детство, Ацо Шопов, го поминал во родниот град со браќата Димитар (1920-1972) и Борислав (1927-1996), татко му Ѓорѓи Зафиров-Шопов (1893-1944) и мајка му Костадинка Русева (1897-1942).

Уште како гимназијалец, во 1940 година, Ацо Шопов станал член на СКОЈ, а две години подоцна, се вклучил во антифашистичката борба, во редовите на Третата македонска ударна бригада. Член на истата бригада била и неговата љубена, Вера Јоциќ, која загинала на 22 мај 1944 година и на која Шопов и' ја посветил прочуената песна "Очи".

По војната, Ацо Шопов матурирал во родниот град Штип и заминал за Скопје, каде ги завршил студиите на Филозофскиот факултет, на отсекот по чиста филозофија. Автор е на првата повоена книга на македонски јазик во слободна Македонија, Песни (1944 г.). Има објавено тринаесет збирки поезија и исто толку избори од поезијата на македонски јазик, како и петнаесетина избори препеани на странски јазик. 

За време на престојот во Африка, тој го превел изборот од поезијата на сенегалскиот петседател, Леополд Седар Сенгор, добитник на "Златниот венез" на Струшките вечери на поезијата, во 1975 година. Истата година, Ацо Шопов бил именуван за претседател на Републичката комисија за културни врски со странство, но три години подоцна (1978 г.) болеста го присилила да го напушти активниот живот. Четири години подоцна, на 20 април 1982 година, Ацо шопов почина во Скопје, во   58-та година од својот бурен и плоден живот. 

 

*******************

ЦРНО СОНЦЕ 

  • 1.
    Ни исток имаш црно сонце, ни имаш запад,
    ни небо за молитва ни земја за напад.

    И секој што ќе посака да ти се напие од сјајот,
    изгнаник е од пеколот и изгнаник од рајот.

    Тревите се веднат, дрвјето трчат боси,
    пред твојот цвет што гори и црна пепел носи.

    Црно сонце, птицо преправена во ѕвезда,
    кој мисли дека те сфатил, не знае што е бездна.

    Црно сонце, црно без исток и без запад,
    црно сонце за жедни на брегот што стапат.

    2.
    Од која незнајна земја, како долета тука,
    о црно сонце, птицо во живо дрво што клука.

    Кој маѓесник те прати, со каква тајна сила,

  • ѕуницо над триста Волги и преку триста Нила.

    Каков е тој небесен пос, таа шарена лента,
    од сите темни галаксии па до нас - два континента.

    Зар да те истрадам сега пред да знам како се страда,
    пред да те видам како вселенаска барикада.

    О црно сонце, песно, о кој ли тоа те става
    на плеќи да те носам место својта глава.

    3.
    Каде ли ме водиш сега, која ли пештера глува
    се' што ќе биде наше ќе знае да го чува.

    Sвездите гледаат во нас, а ѕвездите се слепи.
    Ние сме само на светот како две сраснати крепи.

    Кој тоа над нас стои, кој тоа над нас ѕида
    за да ни закопа живи во мртва пирамида.

    О песно, земјо, жено, о живот и смрт ведно
    се што ми носиш денес сам ќе го испијам жедно.

    Ни исток имаш црно сонце, ни имаш запад.
    Попусто те молам со молитва за напад.
    *******

    Автор, Ацо Шопов

Kind regards : 13 март 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 132