МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ! СИТЕ ВО СКОПЈЕ - 27.02.2018 ВО 18: 00 ЧАСОТ.

НА 27 ФЕВРУАРИ 2018 ГОДИНА ДА КАЖЕМЕ ДЕКА СМЕ ЗА ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

Во организација на македонските иселеници, на 27 февруари (вторник) 2018 година со почеток во 18.00 часот пред Мисијата на Европската Унија во Скопје, ќе се одржи Семакедонски протест за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата!

Македонците во татковината и во светот бараат:

1. безусловен крај на разговорите за името Македонија со Владата во Атина и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка Република, како јасна разлика од истоимената северна провинција на Грција и југо-западната провинција на Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик, туку на англиски јазик Republic of Macedonia, меѓународниот код МКД односно МК;

2. повлекување на Законот за употреба на јазиците;

3. повлекување на Договорот Заев-Борисов;

4. итно ослободување на притворените и осудените за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година;

5. итно ослободување на Едмонд Темелко од обвинение и домашен притвор.

Барањата ќе бидат доставени до Претседателот, Собранието и Владата на Република Македонија, како и до странските амбасади во Македонија.

До колку Владата не ги прифати барањата, Македонците во татковината и во светот бараат самораспуштање на Собранието и одржување вонредни парламентарни избори со обезбедување услови за остварување  на избирачкото право во седмата изборна единица, без обврска за упис во избирачките списоци на секои парламентарни и претседателски избори.

Македонците во татковината и во светот ортфрлаат референдум, ратификација на меѓународен договор и промена на Уставот со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Ги повикуваме Македонците, по род и државјанство, ги повикуваме припадниците на сите етнички заедници во Македонија, Македонската Православна Црква, здруженијата на Македонците во Републиката, масовно да се приклучат во подршка и со присуство на свои членови и симпатизери на Семакедонскиот протест на 27-ми февруари 2018 во 18.00 часот!

********

На 27 февруари во 18.00 часот сите заедно, громогласно да кажеме, дека сме за "Една единствена, заедничка и унитарна Македонија!"

 

ЗАПОЧНА НАЈАВЕНИОТ ПРОЦЕС ЗА ДЕМОНТАЖА НА ДРЖАВАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

*******

 ПОВИК

Почитувани Македонци и пријатели, со подмолната ноќна демонтажа на споменикот на македонскиот револуционер и близок соработник на Гоце Делчев и Даме Груев, Андон Лазев Јанев-ЌОСЕТО, актуелната власт го започна најавениот процес за демонтажа на државата на македонскиот народ - Република Македонија.

 

Ние, Македонците, сме должни да се спротивставиме на ваквите антимакедонски дејанија. Да се спротивставиме по секоја цена и на секаков начин. Да се спротивставиме до целосно сопирање на обидите за демонтажа на нашата држава, Република Македонија.

Токму затоа, Извршниот Комитет на МААК донесе одлука и официјално да го повика своето членство, симпатизерите и сите Македонци да дадат поддршка и да се придружат на протестот закажан за  

27 февруари (вторник) во 18.00 часот пред мисијата на Европската Унија во Скопје.

Време е за безкомпромисен отпор. Време е за решителна акција. Но време е и за мудрост и претпазливост за да не се полнат затворите со македонски патриоти само заради нивната несебична љубов кон ТАТКОВИНАТА.

 

ИК на МААК

Страшо Ангеловски, Претседател

**********************************

НАШАТА ПОМОШ ЌЕ ТРАЕ ТОЛКУ ДОЛГО КОЛКУ ШТО ЌЕ ТРАЕ ТИРАНИЈАТА ВРЗ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

МАКЕДОНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА!

 

АКО ИМАТЕ ЖЕЛБА ДА УЧЕСТВУВАТЕ НА СЕМАКЕДОНСКИОТ ПРОТЕСТ НА 27 ФЕВРУАРИ ВО СКОПЈЕ, А НЕ ЖИВЕЕТЕ ВО СКОПЈЕ, НИЕ ЌЕ ВИ ОБЕЗБЕДИМЕ ПРЕВОЗ. ПИШЕТЕ НИ ПОРАКА.

Македонија е под опсервација на специјални надворешни и внатрешни сили за промена на името на државата и идентитетот на нацијата.

Македонците во светот, како нераскинлив и неотуѓив дел од македонскиот народ, чии корени се во Македонија, имаат историска и морална обврска да помогнат во одбрана  на Татковината! Во одбраната на името на државата и идентитетот на нацијата.

Неодложно е потребно семакедонско помирување и обединување  во целиот свет за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата! Со Македонија постоиме сите, без Македонија ќе исчезнеме како нација.

По тој повод, Македонската Глобална Координативна Мрежа - КАНАДА, како сојуз на македонски патриотски организации во Канада, кои се дел од Глобалната Македонска Координативна Мрежа, одлучи и ќе направи се' во своите можности Семакедонкиот Протест на 27-ми февруари да буде масовен и го покаже единството на македонскиот народ.

Македонската Координативна Мрежа од Канада ќе ги покрие целосно сите трошоци за озвучување на протестот, воедно ќе ги покрие и трошоците за автобуси на сите организирани групи во Македонија кои не се во можност да ги покријат сами. До сега имаме 13 автобуси од разни градови на Македонија.

Нема да дозволиме тешката финансиска ситуација да ги остави патриотите дома, додека цела Македонија и Македонците во Светот се дигаат за одбрана на македонските национални права.

Нема да дозволиме семејствата на нашите уставобранители да останат без леб додека нашите браќа и сестри гнијат по македонските затвори само затоа, што си ја бранат својата земја.

 Ова е почеток! Нашата помош ќе трае толку, колку што ќе трае тиранијата врз македонскиот народ, од кој сме дел и ние!

27-ми ФЕВРУАРИ 2018 ГОДИНА ВО 18:00 ЧАСОТ ПРЕД МИСИЈАТА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО СКОПЈЕ!

Да ни е вечна нашата Македонија, браќа и сестри Македонци!

*******

Гордана Димовска

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ПОВТОРНО СТАНАА НА НОSЕ ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА

*********

Македонците во целиот свет повторно станаа на ноѕе и одржуваат демонтрации искажувајќи ја својата загриженост за моменталната состојба во Македонија и можноста од промена на нејзиното име. Следува и најавен протест во Мелбурн, Австралија под мотото НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ ВО ОДБРАНА НА МАКЕДОНИЈА со повик до сите Македонци во државата Викторија и пошироко да излезат масовно и да го кажат своето НЕ за промена на македонското име двојазичноста во Македонија која се спроведува од страна на новата и не легална влада на Зоран Заев.

СООПШТЕНИЕ ОД ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА ПРОТЕСТОТ ВО МЕЛБУРН

 

Одборот за организирање и одржување на мирните протести ја информираат Македонската заедница за следното:

1. Мирниот протест "Ние сме Македонци во одбрана на Македонија" ќе се одржи на 04 март 2018 година;

2. Зборното место за македонскиот народ од Мелбурн и Викторија е во паркот CARLTON GARDENS, Victoria St., CARLTON, vo 12:00 часот на пладне;

3. Маршот ќе започне во 13:00 часот и ќе се движи по Spring St. до Парламентот на Викторија.

Апелираме до сите Македонци со своите семејства, роднини и пријатели да го посветат 04 март за спас на името на Македонија, македонскиот јазик, идентитетот, Црквата, културата и народните традиции.

Сите сме запознати дека над Македонија се надвиснати најцрните облаци, најтешките денови и најголемата неизвесност да се задржи вековното име на Македонија како и идентитетот на македонскиот народ.

Заради забрзаните национални разнебитувања Македонија го повикува секое нејзино чедо на 4-ти март 2018 година да стане простум во одбрана на својата Татковина и нејзината биднина, нејзиното име и името на народот македонски.

 

Гордана Димовска

Мелбурн, 24 февруари 2018 година

Мицотакис

Кирјакос Мицотакис

ФРАЗАТА НА МЕРКЕЛ "МАКЕДОНСКИ ПРЕМИЕР" НЕ Е ВООПШТО КОРИСНА

 

Ставот на Меркел дека во Берлин го поздравува македонскиот премиер, според лидерот на грчката опозициска партија  "Нова  демократија", не е корисен во конкретниов момент. Кирјакос Мицотакис , во интервју за грчката телевизија Скај, рече дека "треба да се избегнува употребата на термините "Македонец" и "Македонија" за Скопје".

- Ставот на Меркел не беше корисен во овој момент. Кога постојат отворени преговори и постои голема чувствителност кај јавното мислење, добро е да се избегнува употребата на терминот "Македонец", "Македонија" кога се однесува на ПЈРМ, на државата на Скопје. Го кажувам ова, бидејќи, ако нешто се покажа од овој случај, е дека постои голема патриотска чувствителност во денешното општество околу ова прашање и дека никој не може тоа да го игнорира. По осум години голема криза, Грците, во прашањата за нивниот национален идентитет се особено чувствителни. Сите Грци, не само Македонците - вели Кирјакос Мицотакис, алудирајќи на Грците кои од северниот дел на земјата се самоопределуваат како Македонци.

Претседателот на опозициската Нова демократија упати остри критики до Ципрас во однос на тоа како управува со прашањето за името, вели дека грчкиот премиер уште од почетокот води погрешна преговарачка политика, затоа што требало, според Мицотакис, уште на самиот почеток да побара уставни промени.

- Како почетна точка не ја постави суштината на прашањето. Која е суштината? Ако Скопје не го смени Уставот, не разговараме за ништо понатаму. Ова ние го кажавме од самиот почеток. Го поставивме како непрекршлив услов за каков било разговор. Господинот Ципрас не го стори тоа. Па дури и господинот Заев јасно вели: "Јас немам намера да го менам Уставот". Тогаш, за што точно разговараме? Јас ќе ви кажам за што разговара господинот Ципрас. За решение, што не е пакет-решение, туку е решение на рати. Дава се' и купува на рати. Што купува? Да се договориме сега за името, без оглед кое ќе биде тоа, а потоа Скопје да преземе некои обврски - рече Мицотакис во интервјуто за ТВ Скај.

Според претседателот на Нова демократија, договор со овие карактеристики не е прифатлив за неговата партија, бидејќи не им служи на националните интереси, а решението "мора да ги штити националните интереси, да се справува со прашањата со иредентизмот и да обезбеди дека сите промени што ќе се направат, ќе бидат промени во Уставот на Скопје".

 

"Нова Македонија"

24 февруари 2018 година

Петре М. Андреевски 25 јуни 1934-25 септември 2006 г.

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

********

ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ

ТЕШКО МЕНЕ

 

Мене да ме нема, тебе што те немам,

тешко тебе, тешко мене:

веќе ми се расипа лицето од плачење,

земјата не може солзите да ми ги собере.

 

Сега само ноќта ми е доделена,

да бидам светулка што не гледа

дека светлината и' служи за гледање,

да знаат сите што знам и што не знам,

да не можам да скријам ништо од никого

и сите да се плашат од мојата вистина.

 

Тешко кога вистината лаже,

тешко кому срамот му откажува,

тешко и на тој што нема како

да си ја намали својата тежина.

 

Сега и сонцето не ми влегува в соба,

оти знае дека и ти неси во собата.

 

Тешко на куќата што не се одѕива,

тешко и онему што знае за тешкото,

тешко мене, тешко тебе:

младоста да си ја изминеш,

а староста никаде да не си ја сретнеш.

 

Веќе се' ми е поместено, преместено,

(ти ме чекаш, а јас никого не чекам)

се' што носам, ќе ме износи,

но тешко тој што има многу тешко

и тешко тој што нема,

тешко кому слободата му ги остава

само нејзините пранги и окови,

тешко мене дури ти ми тежиш,

тешко кога и убавото е страшно.

 

Што неможам на јаве, можам во сонот

и за мојата тежина и за твојата,

но тешко и онему што има многу за можење.

 

Пламенот не е само она што се гледа,

па тешко онему што го толкува однатре:

не го запознал горењето, туку тој што гори

и изгорел, се изгорел или слеп се вратил.

 

Тешко кому жалта му е обврска,

тешко кому не му тежи тешкото,

тешко тебе, тешко мене.

 

Автор, Петре М. Андреевски

**********

 

 

Kind regards : 25 февруари 2018 година

Sotir Grozdanovski borj 128