"ЌЕ УМРЕМЕ НО НЕ ОТСТАПУВАМЕ"... ЕРДОГАН

Мирјана Најчевска

 

 Сотир Гроздановски

ДО КОГА ТАКА ПРОФЕСОРКЕ ?

***********

 "Јас не сум дел од овие 200 што милуваат да се нарекуваат интелектуалци, јас сум дел од другите, оние, кои сакаат Македонија да го живее 21 век".

 

 

Мирјана Најчевска, Универзитетска професорка, Скопје

 и нејзините писанија

 

Почитувана професорке   и ние сакаме Македонија да го живее не само 21-от век, туку многу векови што доаѓаат. И ние сакаме Македонците да се множат и да спокојно и пристојно живеат во Македонија, а не да талкаат по светот за парче леб. А тоа што  велите дека    "не сте како оние 200 кои милуваат да се нарекуваат интелектуалци и сакаат Македонија да остане шупак на Балканот од која ќе избегаат сите млади", во право сте. Вие никогаш нема да бидете како нив, зошто ги немате нивните квалитети. Вие сте празна и длабоко несреќно разочарана личност заради своите лични фрустрации и неможноста да се вклопите во општеството кое ве храни и негува. Тие барем видоа дека од такви како вас, кои сакаат да го одживеат овој век и  зад себе  да му остават  ЌЕНЕФ на идните генерации, нема фајде. Затоа, храбро се зафатија да спасат нешто, што уште може да се спаси.

Кога веќе се служите со таков крајно вулгарен речник,  не пристоен   за една универзитетска професорка, ќе се осмелам да ве запрашам едноставо: - што сте направиле вие за нашата заедничка татковина за да не биде ЌЕНЕФ, или, модифицирано од пред неодамна, како ШУПАК на Балканот? 

Видите, почитувана професорке, тие 200 кои милуваат да се нарекуваат интелектуалци се' интелектуалци и чесни Македонки и Македонци, некои од нив школувани во светски престижни образовни институции и за сигурно не сте им ни до колена рамна. Тие  потписаа заедничко писмо со чесна намера за да ја сензибилизираат   светската јавност  да реагира на масовното кршење на човековите права и правото на државност и самоопределување на народите, меѓу кои е и Република Македонија и македонскиот народ. На неправдите кои и' се нанесуваат на Република Македонија од страна на Европската Унија, Грција и големите западни сили. И за ваша информираност, почитувана професорке Најчевска, тие 200 интелектуалци на кои и Боговите им се поклонуваат и осмелуваат  го прават  тоа што го прават, зошто чувствуваат одговорност да ја бранат Македонија од такви како што сте вие, кои направија вистински ЌЕНЕФ или ШУПАК од Македонија и уште и' се закануваат со обезличување, понижување и тотална деструкција. И тоа само, да би го "проживееле 21 век", а после цел свет нека нестане, во неповрат.

Текстов го пишувам како реакција на вашите крајно не здрави размислувања и искривени перцепции за светот во кој е поставен проблемот што соседна Грција го има со името на Република Македонија, но и како реакција на нивните иредентистички  желби да го обезличат македонскиот народ и во Грција и во Македонија и на секаде во светот каде не има. Го пишувам со желба, неинформираните  Македонци  да сознаат кои ни се воспитувачи на младите македонски поколенија во Република Македонија и кои се предавниците на македонските државни и национални интереси. Го пишувам најповеќе  и  затоа, за да видиме со какви монструми  се соочуваме во нашата борба за опстанок на нашите вековни животни простори. 

Па да кренеме со вашите мудрости и да видиме до каде ќе стигнеме.

Почитувана "шарена професорке" велите дека, цитирам: "Во Уставот не постој забрана за промена на името на државата (како што постој забрана за капитулација), што значи дека за тоа може да се разговара и преговара".

Па зарем за вас "капитулацијата", како знак на срам, самопонижување и немоќ на народот да се одбрани од непријателот е забранета,  а доброволното предавање без проба да се  браниме,  како во случајот со Република Македонија и Грција, дозволено?  Па има ли поголема капитулација од самоуништување на државата и на народот, како што вие предлагате, само да се проживее 21-ов век ? Вие сте универзитетска професорка, почитувана Најчевска и би требало да ја разберете длабоката суштина на поимот "капитулација" за која не смее да се разговара по секоја цена. Во неа е содржано  менувањето на името на Државата и идентитетот на македонскиот народ. И затоа во Уставот не е посебно користена формулацијата која вие не ја разбирате. Со капитулацијата, речено е се'! 

Второ: "Јас мислам дека дел од активностите на претходната влада направени после донесувањето на пресудата можат да бидат перцепирани како иредентистички".

Па почитувана професорке, барем нешто таа влада направила да се докаже дека Македонија не ја прекршила  "привремената" Спогодбата за не попречување на Македонија во меѓународните интеграции или слободни комуникации, туку   Грција. Грчкото непочитување на пресудата од еден меѓународен суд што значи за вас? Како би требало тоа да се перцепира, по ваше стручно мислење? А како треба да се толкуваат грчките демонстрации предводени од истата таа грчка влада и нивната Црква со која вие "другите" зад плеќите на македонскиот народ ја продавате македонската држава и идентитетот на сите нас, кои не сме како вие, "другите"? Кој ви го даде тоа право, почитувана професорке? Зарем не гледате дека  провоцирате граѓанска војна во Македонија? Или може би тоа и го посакувате, па да не снема за секогаш сите заедно?

"Шарената револуција" беше првиот степен од вашите пеколни накани. Уништувањето на македонскиот општествен имот и срамотењето на сопствената држава и народ, требаше да биде ќибрит кој ќе го поттикне меѓусебниот судир на Македонците, но изгледа оние, другите, добро ве прочитаа, па не ви ја дадоја таа шанса. Вие лично, од таа "шарена револуција" излеговте како губитник, зошто дури и тие, вашите, кои не се како оние "другите" видоа дека сте никој и ништо, способни само да се играте со детски играчки, како револт што родителите не ви купиле "лизалки", а такви, каква што и сте, дури и ним не  им сте  потребна.

Трето: Во оваа ваша "додавка" зборувате за изборите како чист лист хартија за пишување на се' што ќе му текне на вашиот шарен лидер да си запише и да оди на пазар во Бугарија, Албанија и сега во Грција и да продаде се' што може да продаде, па и своето сопствено семејство и сите негови роднини од кога постој името и презимето на Зоран Заев, како да се лубеници или пиперки. И вие како универзитетска професорка тоа така го разбирате дека граѓаните навистина со таа намера излегоа на избори? 

Четврто: "Никој не преговара за идентитетот на граѓаните како што се тврди во писмото, туку за името на државата".

Тоа не е за чудење, зошто не се разговара за вашето име " Мирјана Земјанка", а пошто се разговара за името мое, Сотир Гроздановски, по род Македонец, од претци Македонци (не се сеќавам само од кое племе како дел од македонската нација биле претците на моите претци, пошто беше многу одамна кога им се придруживме на сите други, ми се чини Пелазги или така нешто, па затоа ви  се извинувам) и те како е важно. И не само тоа, туку и името на земјата на која сум се родил заедно со сите мои кои ги наброив, живи или одамна во гробот во моето село Буково, само два километри од Хераклеа, градот основан од Филип Втори Македонски, се викаше, се вика и секогаш ќе се вика Македонија, а не Грција. Е па секој кој мисли дека е тоа овластување за Зоран Заев од Муртино, по потекло и самиот не знае кој е и што е,  да чини што ќе му текне да прави само да го "реши" проблемот кој Грција го има со мене, тоа се само негови инсинуации, зошто јас такво право и на таков еден криминалец и недоветен створ, а не човек, никогаш не сум му дал.

Петто : "Во изминатите 20 години се водени безброј расправии и мислам дека е веќе се' кажано и прекажано и дојде време да го разрешиме проблемот".

Ма немојте! Па го најдовте Зоран Заев, од Муртино и Никола Димитров, на кој дури и татко му му остави аманет да не се прчка во такви работи за кои појма нема како се решаваат. Да, татко му Димитров му порача и на сите такви како син му, "Рацете да му се исушат на секој кој ќе стави потпис за промена името на Македонија".  Каде се македонските историчари, лингвисти, поранешни политичари, МАНУ итн. Ги повика ли некој за да разговараат за  проблеми за кои вие зборувате, на место такви аматери и брзоплети примитивци да ги решаваат прашањата за кои не се компетентни, а најмалку дораснати на грчките злосторници над македонскиот народ, па сега за сето тоа треба уште и  да бидат наградени? 

Шесто: " Се умирало за различни работи и со различни нешта на усните и вера и цареви и невиност и чесност, за кои денес не се умира. Ама овие што се нарекуваат себеси интелектуалци, можеби не знаат дека е 21 век".

Е сега, Мирјана Земјанка,  навистина сосема заглавивте во своите "ќенефи" и не знаете што зборувате. Па што се однесува до мене, поарно останете таму и што подлабоко, оти можат еколозите да ве обвинат за загадување на природата, која е во 21 век заштитена како руска мечка.  Па вие навистина ептем ништо не разбирате ниту човечко  во себе, имате. Па ако сте вие сосема недоветна и тотално необразована (и ако имате некоја диплома), мислите дека сите други ви се слични?

Седмо: "Дали под национално сплотување подразбираат сплотување на граѓаните или на напатениот македонски народ"? 

Сигурно на напатениот македонски народ, минус такви од вашата дива и нецивилизирана  врста.

Осмо : "Да наречеш нешто ургентно решавање на спор после 20 години е навистина малоумно, пардон, интелектуално.

Почитувана професорице, Македонија нема спор со Грција, туку обратно. Зошто треба да се брза за нешто што не е наша работа. Вие изгледа сте за решавање на овој наметнат спор по секоја цена, зошто не се чувствувате Македонка, исто како и Албанците. Инаку да е спротивно, тогаш би се бореле исто и посилно од Грците, кои по сите историски податоци плукаат и тераат по свое, дури не најдоа послаб од себе да го пренесат жеден преку вода. И го најдоа Зоран Заев и тие кои се од другата страна, како вас и шарените кои би се продале за чаша боза.

Деветто: "Јас добро ќе ги запаметам имињата на овие потписници како луѓе кои сакаат Македонија да остане шупак на Балканот од кој ќе побегнат сите млади и која пополека ќе одумре затрупана во сопствените фекалии. И ме интересира што е она што го нудат како алтернатива тие 200 што велат дека се интелектуалци кои се потпишале на писмото"?

Ех моја Мирјана Најчевска.  Вие сте тежок болесник и длабоко разочарана во своите животни неуспеси. Па ако се тие млади, за кои зборувате, како вас недоветни и штетни по интересите на својата земја и за народот македонски, поарно заедно со вас да ги нема, одошто да ја загадуваат земјата и да прават еколошка катастрофа. А вие, покрај реченото, ма колку покушавала својот не човечки бес да го истресете каде ќе стигнете  повредувајќи ги националните чувства  на народот со кој секојдневно се среќавате, не најдувате лек. 

Тоа е вашиот проблем, почитувана професорке Мирјана Најчевска и затоа во барање истомисленици, најдувате духовно задоволство и некоја вредност со која би го привлекле вниманието во средината во која делувате.

 

За текстов делумно се користени и размислувањата  на професорката Најчовска во:

http://еxpres.mk

19 февруари 2018 година

 

Иванов и Ердоган

ЌЕ УМРЕМЕ, НО НЕ ОТСТАПУВАМЕ ОД ОДЛУКАТА ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА УСТАВНОТО ИМЕ НА МАКЕДОНИЈА

 

Деблокадата на интегративните процеси е клучна за долгорочна стабилност, безбедност и напредок на целиот регион. Во наредниот период очекуваме конструктивна подршка, помош и отворено лобирање за членство на Република Македонија во Алијансата од страна на нашите пријатели - земји членки на НАТО. Поканата за членство ќе биде дополнителен поттик за националните реформиски процеси и ќе претставува позитивен пример во регионот, изјави претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по денешната средба во Анкара со претседателот на Република Турција, Реџеп Таим Ердоган.

Иванов изрази благодарност за принципиелниот став на Република Турција за решавање на билатералниот спор, кој Република Грција го има со Република Македонија, за уставното име.

- Во 21 век, недозволиво е сувереното право на самоопределување на една држава, гарантирано со Повелбата на Обединетите Нации, да биде оспорувано од која било друга држава. Разликата околу името треба да се решава во рамките на ООН и во рамките дефинирани со Повелбата на Обединетите нации, резолуциите на Советот за безбедност на ОН, Времената спогодба и пресудата на Меѓународниот суд на правдата од 2011 година. Задирањето во прашања, како што е идентитетот, јазикот и Уставот на Република Македонија, не придонесува, туку напротив го отежнува процесот за изнаоѓање на решение. Ме радува фактот што Претседателот  Ердоган и при оваа посета искажа целосно разбирање за нашите ставови по однос на оваа тема и стои на македонска страна, рече Иванов, кој претстојува во официјална посета на Турција.

Иванов се зааблагодари и за долгогодишната принципиелна и безрезервна подршка и особено за начинот на кој Турција ја подржува Македонија на патот кон полноправно членство во НАТО.

Турскиот претседател ја повтори подршката на Турција за интеграција на Македонија во НАТО, а го реафирмираше и принципиелниот став во однос на употребата на уставното име на Република Македонија.

- Ние сме први што го признавме уставното име на Република Македонија. Она што го мислевме тогаш, го мислиме и сега. Ние не мрдаме ни лево ни десно. Турција во дипломатијата никогаш не се однесува двострано. Ние откако сме донеле своја одлука, ние умираме, но не се враќаме назад. Ердоган, истакнувајќи дека покрај признавањето на уставното име на Македонија и името на нацијата, Турција била првата земја што испратила свој амбасадор во Македонија.

На средбата била констатирана потребата од интензивирање на соработката во борбата против тероризмот.

- Ги следиме сите акции што ги превзема Република Турција, свесни сме кое зло и е нанесено на Турција од терористички организации, особено од организацијата на ФЕТО. Ние уште на самиот почеток како држава го кажавме нашиот став и подршка за сите легитимно избрани институции во Република Турција. Суверено право на Турција е да ги заштити граѓаните и границите од сите форми на тероризам, рече Иванов.

- Македонија ја изрази својата решителност во врска со нашата борба против теророт, особено ФЕТО, која е опасност за двете држави. Оваа организација мора да ја искорениме од сите места во светот. Македонија е земја која што направи конкретни работи во врска со оваа борба, изјави Ердоган.

Претседателот Иванов оцени дека Македонија негува традиционално пријателски односи со Република Турција и динамиката на средбите е доказ за пријателството и за високиот степен на меѓусебна доверба и соработка како две земји и двата народи. Двајцата претседатели размениле мислења за внатрешните политички прашања на двете земји, за актуелните состојби во регионот, како и за прашањата од надворешно политички интерес за Република Македонија и за Република Турција.

www.kurir.mk

20 февруари 2018 година

 

Христијан Мицкоски

Христијан Мицкоски

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ Е АНТИУСТАВЕН И НЕПРИМЕНЛИВ

 

На прашање каков е ставот на ВМРО-ДПМНЕ за изгласаниот Закон за употреба на јазиците од страна на владејачкото мнозинство на СДСМ, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата Отворено на ТВ 24 истакна дека во неколку прес конференции го кажал ставот на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа дека овој Закон е антиуставен и неприменлив.

- Ги повикавме владејачките коалициони партнери да формираме работна група која што ќе ја сочинуваат сите парламентарни партии, каде што ќе повикаме експерти, претставници од македонската академија на науките и уметностите, претставник од кабинетот на претседателот на државата, додаде тој.

Мицкоски потенцираше дека причината поради која поднеле голем број на амандмани е поради тоа што биле брутално одбивани од страна на Владата на СДСМ да формираат работни групи. Тој уште еднаш ппобара од владејачкото мнозинство да го повлечат законот и да седнат на маса се' со цел да се подобри законот и да се направи применлив за сите.

Мицкоски рече дека не само што ВМРО-ДПМНЕ смета дека законот за двојазичност е не уставен, туку дека и голем број на експерти и универзитетски професори го окарактеризирале истото.

www.kurir.mk

20 февруари 2018 година

Тања Каракамишева

Тања Каракамишева

КОИ СМЕ НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ ?

************

Според науката и објавените научни стајалишта на странски автори (Welz, Szulc, Orbini, Kostrzevsky, Arthur de Cobineau, Borza, Dolci), денешните Македонци потекнуваат од најстарите Пелазги чии што ограноци во праисторискиот период се простирале од Индија се' до крајните граници на Западна Европа.

Автохтониот древномакедонски народ кој имал свое писмо и зборувал ист јазик ,светската наука го идентификува како Пелазги, Анти, Венети, Древномакедонци, Феникијци, Траки, Илири, Словени, всушност, сите овие биле иста популација со различни имиња (сите припаѓале на големото Пелазгиско древно родово стебло).

Во античките извори стои дека Македонија е Венетско-Античко-Пелазгиска кованица со значење на Рамна Земја.

Според античкиот историчар Justin "Македонија претходно се викала Ематија (мајка) 'по бижица Ма' која била позната по народот Пелазги", а според историчарот Strabon "Во Ематија (Македонија) живееле Илири и Епирци, како и Пеоните (Древномакедонците). Исто така, живееле и Антите и Венетите, браќа по род на Пелазгите и на Пеоните (нарекувани Пелагони-нашата денешна Пелагонија). Етимологијата на името Ематија (Матија) во науката се толкува како алуминација на божицата на земјата Ма (Мајка), или името на првиот Македонски цар Македон, син на врховниот бог Зевс и на Тија, кој живеел во Македонија северно од Олимп, во Европија, чиј син Европ имал иста кралска власт.

И други антички историчари (Strabon, Pompej Trog, Markus Justinius) имаат потврдено дека Македонците во земјата Македонија се древномакедонски-Пелазгиски народ, во историјата дефиниран како Протословенски (Прасловенски) народ.

Пелазгите го добиле името од народот Пеласти (Беласти) термин со исто значење и во современиот македонски литературен јазик.

Овие еднородни, еднојазични народи ги наоѓаме растурени на огромен простор и поделени на истородни народи кои со себе го носеле името на својата Татковина - Македонија.  Македонското влијание егзистирало и кај средновековните хроничари кои забележале дека византискиот император себе си се нарекувал Василиј Македонијан.

Македонскиот народ уште од петтиот век п.н.е. егзистирал на истово македонско тло каде живееме денес, значи од неолитит до денес, чии археолошки наоди имаат древномакедонска содржина и карактер со артефакти на врежани зборови "Македон", "род Македонски", "Македонец".

"Печатот од Говрлево" артефакт од пред 8000 години пронајден во Скопско, говори за високото цивилизациско достигнување на Македонските зборови -Ц, л, с,БО,с,м или според денешниот јазик и писмо -"Сал со Бог сум".

И не случајно Македонија е дури 28 пати спомната во Светото писмо-Библијата која е пишувана на древномакедонски јазик - кој-не, кој бил првиот есперанто за комуникација на народите, во времето кога на трите континента, Европа, Азија и Африка, владееле Македонците.

Старозаветниот пророк Мојсеј, во 15 и 14 век п.н.е. има соопштено дека Македонците поседувале поморска флота кога вели (бродовите од страна на Китим), а зборот Китим на древномакдеонски и современ македонски јазик е со исто значење, во преносна смисла, кога ќе речеме се кити со цвеќе, или китка од цвеќе и буквално Македонија со своите природни убавини од Бога дадени, е како китка од цвеќе, а во близина на Скопје има планина Китка, чие име се среќава во Библијата (Genezis, 10.4). Заслужува да се спомене и дека Македонскиот цар Александар III Македонски доаѓа од земјата Китим.

Важно за посочување е и дека Египетскиот крал Psametih I (654-609 година п.н.е.) наредил да се направи истражување кој народ е најстар во светот.

Истражувањето докажало дека древномакедонците се најстариот народ во историјата на цивилизацијата.

Според Haarman, "Македонија е постојано населена територија во Европа од 6.620 година п.н.е. и претставува јадро на најстарата светска цивилизација која со плејада македонски умови и со своите цивилизациски вредности, култура, писмо, јазик ја облагородува Европа",

Македонија, благодареније на автентичниот еднороден народ во неолитот имала свое организирано автохтоно еднородно население, со длабоки корени во најдалечното минато и била место на многубројни еднородни кралства.

Хомер, (9 век п.н.е.) ја споменува Ематија (Матија) име за Македонија и' вели: "Македонецот Tukidud  не ги користел етниконите на други народи", Македонецот Stefan од Бизант запишал: "Матија прво име на Македонија",

лингвистот Autenrieth кој го дал првиот речник за хомеровите зборови вели: "Аматија е античко име на Македонија", додека Tit Livius вели: "пред појавата на името Матија, територија на Македонија, била нарекувана Пеонија".

Легендарниот древномакедонец Хомер заслужува посебно внимание, бидејќи своето епохално дело "Илијада" го напишал на Пелазиско-Античко-Венетско-Древномакедонски јазик каде дава драгоцени податоци за древномакедонската популација која оставила свои неизбришани вредности во развојот на првата прочуена Егејска култура во Европа и во светот. Ова покажува дека древномакедонците ги имаат поставено темелите на светската цивилизација.

Современата македонска наука за етимолошкото толкување на епосот Хомеров "Илијада" зборува за  терминот Илијада со изворно значење од коренот "Илиј" со значење на "Сонце" и придавката "ада" со значење на земја или заедно Сончева земја. Токму поради ова Сонцето е македонскиот древен симбол на етногенородот и потврда за Македонскиот идентитет. Артефактот со 8-кратното сонце старо 4000 години е најден на карпа во Кратовската област во Македонија.

Во Македонија денес постои лингвистички и друг доказен материјал стар најмалку 25.000 години кој преставува идентична основа на современото македонско писмо и јазик, што го содржи кодот за дешифрирање на минатото.

Откриените наоди на македонско тло од времето на неолитот зборуваат за Македонска форма на државно уредување наречена затување (најстар светски облик на државно уредување), најдени со фонетски и знаковни натписи "македонско автохтоно население со длабоко регистрирани корени во најдалечното минато, артефактот од тлото на Македонија, село Осечани од периодот меѓу 7. и 6. век п.н.е. каде стои: "Еа зет е Трак" или на современ македонски јазик "Овој  зет е Тракиец" што укажува дека Пелазгите, Антите, Венетите, Древномакедонците, Бригите, Мизите, Пајонците, Пелагонците, Илирите, Траките, Дарданите, Трибалите, Сарматите... и уште други биле нарекувани со заедничко име Македонци. 

Државата Македонија е посведочена на артефакт од македонскиот археолошки локалитет село Градешница, период од 5.862 година п.н.е.

Рускиот научник Дитјакин и рускиот академик Гриневич велат дека "Словените на Балканот не дошле од зад Карпатите и "карпатската теорија е неоснована", продолжувајќи натаму дека "претците на современите Словени биле Пелазги".

Генерации Македонски цареви ја промовирале доктрината да се стави крај на ропството, пљачкосувањето и убивањето во светски размери.

 

News 24.mk

14 февруари 2018 година

 

 

 

Андон Лазов Јанев - Ќосето

БРУТАЛНО ОТСТРАНЕТ СПОМЕНИКОТ НА ЌОСЕТО, НАЈБЛИЗОК СОРАБОТНИК НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ И ДАМЕ ГРУЕВ

**************

 

Не стивнуваат реакциите по отстранувањето на споменикот на Андон Лазов Јанев-Ќосето, македонски револуционер и близок соработник на Гоце делчев и Даме Груев од крајот на 19 и почетокот на 20 век, поставен пред зградата на судот во центарот на Скопје.

Денес, 22 февруари 2018 година во три часот наутро, на кукавички начин, споменикот беше отстранет. Граѓаните на социјалните мрежи го коментираат овој чекор на градските власти и изразуваат гнев и не слагање со ваквите не народни акти, со кои владата на Зоран Заев ја испитува  точката на вриење на македонскиот народ.

Има премногу коментари и изливи на не слагање со политиките на владеачката гарнитура на Зоран Заев, од кои ќе издвоиме само неколку:

"Сакате да се играме рушење, ајде повелете. Владата ќе ги руши спомениците, а ние ќе ја рушиме Владата". "Македонскиот споменик на Ќосето е срушен, ајде да видиме рушете ги на УЧК на секаде низ Македонија".

"Ве потсетуваме, дека су рушење споменици, не можете да ја избришете колективната свест на Македонците".

"Затвораме детски болнички оддели, рушиме споменици, менуваме имиња на патишта, воведуваме данок на физички лица, оставаме деца да бидат силувани, поддржуваме продукција на УЧК песни. Ме радуваат меркиве на Владата. Токму во центарот на приоритетите".

 

СЕ' МАКЕДОНСКИ НАЦИОНАЛЕН СОВЕТ- МАКЕДОНИУМ

***************

Со синоќешното одстранување на споменикот на Антон Лазов Јанев-Ќосето е извршен чин на манифестација на сила и внесување на страв од страна на нелегитимната власт врз народот во очи на СЕНАРОДНИОТ ПРОТЕСТ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ закажан за 27-ми февруари 2018 година во Скопје, пред претставништвото на ЕУ.

Ваквиот вандалска акт е само доказ за деструктивната политика  која ја води нелегитимната власт на чело со Зоран Заев. 

Во цела Западна Македонија, Скопје и Куманово се поставени споменици на БАЛИСТИ, ТЕРОРИСТИ кои убиваа Македонци и никој за тоа не реагираше.

Се' Македонскиот Национален Совет-Македониум дава збор пред македонскиот народ дека денот на паѓањето на оваа нелегитимна предавничко-терористичка власт ќе биде денот кога ќе бидат срушени сите споменици на балисти и терористи на УЧК и Балистите Комбетер кои немаат врска со светлата македонска историја и борбата за македонската кауза, како и дека ќе се изгради Sид на Срамот, на кој ќе бидат испишани имињата на сите предавници на Македонија.

Го повикуваме македонскиот народ на 27-февруари масовно да излезе на протест, без оглед на политичката, партиската и верската определба и да застане во одбрана на македонските национални и државни интереси.

 

Се' Македонски Национален Совет-Македониум

"Се плашевте од споменикот на Ќосето, сега мир ќе немате од сенката на Ќосето".

 

Македонија по Балканските војни 1912-1913 година

 

 

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ 75

**********

 Македонија во периодот на Балканските војни до почетокот на Втората светска војна на Балканот

(1912-1941)

 

 10. Политичките сили на националноослободителното движење по војните

(Продолжение)

 

Поделбата на Македонија, како што е веќе речено, објективно отворила процес за поделба на македонското националноослободително движење во различните делови на поделената земја. Но, и покрај овие услови, и ако ослабено, тоа не се откажало од својата цел - ослободување и обединување на Македонија и нејзино организирање во самостојна државна единица на Балканот, со сите национално-културни обележја на посебен ентитет, при што во рамките на условите во кои дејствувало, започнало да се прилагодува на реалноста.

Во периодот помеѓу 1920 и 1930 година тој процес не е толку забележлив. Тоа е време во кое се' уште дејствуваат ветераните на ослободителното движење, време на  тешка и на болна трансформација, честопати со трагични последици. Промените почнале да се забележуваат десет години подоцна, кога на политичката сцена настапила една нова и млада генерација, релативно ослободена од баластот на минатотот, која не можела да биде обвинувана за нејзините ставови во минатотот, како туѓи агенти и непријатели на државата.

Промените започнати во почетокот на триесеттите години во емиграцијата во Бугарија своето целосно обликување го постигнале кон крајот на деценијата. И што е важно, во фокусот на борбата не била пушката, туку пишаниот збор, литературата, поезијата, сликарството, музиката театарската аргументација за природните права и стремежи на еден народ за културно-национално самоопределување.

По триесеттите гоидини  на XX век тоа е посебно видливо во вардарскиот дел на Македонија, во рамките на кралска Југославија. Така, во 1932 година овој процес го обележува оформувањето на една средношколска литературна група, која потоа се трансформира во политичка организација наречена Македонска младинска организација револуционерна (ММОР). Целите на нејзините настојување биле: признавањето на македонскиот индивидуалитет, полна слобода, право на свои училишта со настава на македонски јазик, свои чиновници и судови, на Македонците во Југославија да им се признае правото на рамноправна нација, како на Србите, Хрватите и Словенците.

По 1930 година на политичката сцена во Вардарска Македонија се појавува студентско движење. Од редовите на македонските студенти се раѓа познатата студентска организација на Македонски народен покрет (МАНАПО). Тоа било дело на македонските студенти во Загреб, каде што имале поголем простор за дејствување. Во јавноста се афирмирале со своето културно-уметничко друштво наречено "Вардар". Од 2 јули 1936 година машкиот хор  на друштвото организирал турнеја низ градовите на вардарскиот дел на Македонија. Настапиле во неколку града: Куманово, Скопје, Велес, Прилеп и Кочани. Програмата на концертите се состоела исклучиво од македонски народни песни. Секаде каде што настапувале предизвикувале бура од народни емоции. Поради стравот од ширењето на овој бран од македонско национално самоизразување, власта го забранила продолжувањето на турнејата по другите градови на Вардарска Македонија.

Во Загреб друштвото се зафатило да издава свој весник на македонски јазик. Весникот бил наречен "Вардар", а од него излегол само еден број. По излегувањето на првиот број (30 март 1937 година) власта го забранила.

МАНАПО од Загреб својата организација ја проширил сред македонските студенти во Белград и во Скопје. Политичките цели на МАНАПО биле дефинирани на собирот во Охрид одржан на 28 август 1936 година. Во нив меѓу другото се вели: 

"Ние Македонците, како посебен народ во борбата влегуваме здружени во независно народно движење со следниве начела:

1. МАНАПО е независен и единствен  политички, економски, национален и културен покрет во кој може да влезе секој без оглед на националноста, верата и сполот, што се согласува со следните начела:

2. Признавање на Македонија за историска единица и Македонците за посебен народ;

3. Во федеративно уредена Југославија да биде посебна единица;

4. МАНАПО се темели на легални народнодемократски принципи во борбата за слобода и мир".

Целта на МАНАПО била преку политичка активност да ја афирмира својата дејност пошироко сред народот. Со таа цел во Прилеп и Преспа во текот на 1936 година под формата на независна листа, бил направен обид за учество во локалните избори. Во 1938 година во коалиција со здружената опозиција, пред се' со Народната земјоделска партија на д-р Драгољуб Јовановиќ, МАНАПО учествувал во парламентарните избори. Немајќи политичка можност самостојно да настапи на изборите, МАНАПО ги подржал кандидатурите на  Здружената опозиција. Изборните резултати што ги постигнала Здружената опозиција  во Македонија ја покажале популарноста на МАНАПО и укажале на тоа дека без негова подршка никој не можел да смета на позначаен успех во Вардарска Македонија. Во тој момент интересите на МАНАПО се поклопувале со интерсите на опозиционата Земјоделска партија на Јован Јовановиќ-Пижон во Србија.

За време на изборната кампања водена во 1939 година на предизборните собири во Велес, Прилеп, Битола и во Охрид, покрај говорниците на Земјоделската партија на Пижон, говереле и претставниците на МАНАПО. Тие говореле на македонски јазик и се залагале за признавањето на македонскиот национален идентитет, за правото на самоопределување, Македонците да можат слободно да го употребуваат своето име Македонец, за федеративно уредување на Југославија итн. Ваквите настапи на претставниците на МАНАПО наидувале на широк одек сред народот во Македонија. "Тие го охрабрувале него и го подигале неговото национално десјтвување".

Македонската национална активност на МАНАПО и на други интелектуални кругови во тој период се одразиле во повеќе сегменти на македонскиот општествен живот. Значајна дата во тој поглед претставува излегувањето на веќе споменатото месечно списание "Луч" во јуни 1937 година. Тоа излегувало до 20 мај 1938 година, кога властите го забраниле. Излегле вкупно 7 броја. Во него се објавувале статии на српски и на македонски јазик.

Накусо речено, целта на Редакцијата била на психолошки план да ја разбуди енергијата на македонскиот народ, таа да се ослободи за акција за совладување на сите "тешкотии пред кои се наоѓале во ова време".

Особено значајна дата во афирмацијата на македонскиот национално-културен идентитет претставува објавувањето на првенецот на македонската современа поезија, стихозбирката "Бели Мугри" на Коста Рацин (1939 година) во Самобор, Хрватска. Тоа е мала епистоларна збирка на поезија, која изврши огромно влијание во подигнувањето на националната свест на македонскиот народ.

Нараснатото и јавно манифестирано македонско национално осознавање на широките маси во вардарскиот дел на Македонија под српска власт во Србија предизвикало голема вознемиреност и страв. Рефлексија на оваа појава во Србија претставува статијата на познатиот српски археолог Никола Вулиќ, објавена во весникот "Време" во Белград под карактеристичен наслов: "Јужна Србија или Македонија". Во неа се негираат името Македонија за вардарскиот дел на Македонија, како и правото на нејзиниот народ да се нарекува Македонци. Оваа статија на Вулиќ во вардарскиот дел на Македонија предизвикала жестоки реакции. Слични реакции имало и во редовите на македонската емиграција во Бугарија. Особено остро реагирале македонските студенти во Загреб. Тие со помош на своите хрватски колеги успеале да го спречат Вулиќ да одржи предавање на 2 декември истата (1939 г.) пред студентите во Загреб. Во директен контакт со него го принудиле да прифати дебата за одржливоста на ставовите изнесени во весникот "Време".

Дебатата се одржала во Загреб на 3 декември 1939 година. Од македонска страна учествувале пет лица предводени од Коста Рацин, а од српска професор Никола Вулиќ и Јован Радоњиќ. Дебатата била долга и остра. Македонските преставници ја искористиле шансата на јавна сцена да ги отфрлат тезите на Вулиќ и да го одбранат правото на македонскиот народ на постоење, еднакво на правото на другите соседни народи.

Судирот со тезите на Вулиќ, т.е. со големосрпската идеологија при крајот на 1939 година претставува врв на еден извонредно успешен марш на македонскиот народ за културна, национална и политичка афирмација како национален субјект во рамките на Кралството Југославија. Тоа пред почетокот на антифашистичката и народноослободителна борба во Втората светска војна претставувало голем исчекор. Заслужува да се подвлече дека тоа што го правеле македонските интелектуалци од ваардарскиот дел на Македонија се совпаѓало со активноста на македонските интелектуалци околу Македонскиот литературем кружок во Бугарија. Тоа е доказ дека борбата на македонскиот народ во поделена Македонија, во која меѓу поделените делови биле забранети секакви контакти, била напојувана со идеите на Илинденското востание, па тие објективно ги носеле истите стремежи.

Својот историски исчекор во развојот на македонската културно-политичка мисла МАНАПО го направил како народно студентско движење. Меѓутоа, приближувањето на Втората светска војна на Балканот и нужноста да се учествува во неа а страната на антифашистичките сили на дневен ред го поставиле прашањето за создавање политичка партија со своја идеолошка и организациона програма. МАНАПО, како општонародно движење ги исцрпело своите можности. Како нов современ политчки субјект се појавила Комунистичката партија во Македонија, како дел на Комунистичката партија на Југославија.

Платформата на КПЈ во Македонија била дефинирана врз историските стремежи на македонскиот народ за слобода и независност. Тие се вградени во декларацијата на КПЈ (пролетта 1939 г.) под наслов: "КПЈ и македонскот национално прашање". Основната поента на оваа декларација е: "Македонците се посебна нација на Балканот, не се ниту Грци, ниту Срби, ниту Бугари" и без полна слобода на македонскиот народ "не може да се говори за консолидација на Југославија".

Од есента 1939 година и особено во првата половина на 1940 година доаѓа до брзо политичко и организационо ширење на Комунистичката партија во Македонија. Во повеќе места биле создадени месни партиски организации. На 2 септември 1940 година на Водно покрај Скопје била одржана Покраинската конференција на КПЈ во Македонија. Во Резолуцијата донесена на Конферецијата биле определени непосредните задачи на партиската организација во Македонија. Во нив на прво место е нагласена поптребата за "создавање општ македонски националнореволуционерен фронт" како дел од "општата борба на пролетеријатот во Југославија". Основната поента на Резолуцијата е дека "само сојузот меѓу работниците во Југославија со македонското националноослободително движење може да стави крај на српскиот империјализам и да им донесе слобода на сите народи".

Годината 1940  во вардарскиот дел на Македонија била забележана по масовните демонстрации во Прилеп и во Охрид по повод прославата на годишнината на Илинденското востание. Илинденските демонстрации биле израз на нараснатото силно македонско национално движење.

Анализита на настаните во политичкиот живот во вардарскиот дел на Македонија во текот на 1940 година, особено во втората половина од годината, говорат дека македонската партиска организација станала доминантен фактор во развојот на македонското националноослободително движење. Но, во исто време, во нејзиното однесување е забележана и монополизација на општествениот живот, изразена низ настојувањата за дисциплинирање на културните творци. Карактеристичен пример во тој случај бил бојкотот на Коста Рацин, авторот на "Бели Мугри", еден од жестоките опоненти на тезите на големосрпскиот национализам во дебатата со Никола Вулиќ. Таа одлука предизвикала сериозна конфузија во интелектуалните кругови блиски до националното движење во Македонија. Тие што "Бели Мугри" ја прегрнале како еманација на македонскиот дух, сега се нашле пред дилемата како да се постават спрема авторот и неговото дело. Дали да се оддели делото од авторот, односно авторот од делото  и можно ли е тоа? Тоа била сериозна дамка во политичкиот капитал на Партијата.

Македонското националнослободителното движење во трите дела на поделена Македонија кон крајот на четвртата деценија од дваесеттиот век, непосредно пред пренесувањето на Втората светска војна на Балканот, навлегло во нова и повисока фаза на развој. Тоа е време во кое, во сите три дела на Македонија: вардарскиот, егејскиот и пиринскиот, без оглед на поделеноста и непостоењето на политичка и организациона поврзаност меѓу револуционерните сили на македонскиот народ, благодарение на претходните борби, на традицијата и изградената колективна историска и национална свест, процесот на афирмација на македонскиот национален и политички индивидуалитет, изразен низ формата на одбрана на правото за самостојност на македонскиот народ, ги зафатил скоро сите слоеви. Во сите три дела на Македонија на дневен ред се нашла борбата за признавање на националната самобитност на Македонците, борбата за афирмација на македонскиот јазик и за откривање на сопственото историско битие. Тоа е период во кој се акцентирала потребата од организиран и осмислен напор за афирмација на наиционалното културно наслледство на македонскиот народ и за развивање на современата македонска култура.

 

Продолжува

Константин Миладинов (1830 - 1862)

 

 

 

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*************

НА ЧУЖДИНА

  • На чуждина

    Ја си дремам,
    Зашчо немам
    Шчо да чинам
    На чуждина.
    Имах дома
    Една мома
    Наружена,
    Накитена; -
    С'нце греит,
    Ког' се смеит.
    Та ме љубит
    И се губит
    За моето
    Счастје клето.
    А ја тука
    Беден пука
    Од жалење,
    Од страдање.
    Крилја бара
    на пазара
    Да си метнам,
    Та да летнам,
    И да идам
    Да ја видам;
    Ама нема
    Да си зема.
    За тва седа
    И за Неда
    Мислеешчем,
    Жалеешчем.
    Ја не дремам,
    Ами земам
    Перо, книга

  • И со брига
    Ахтам, дишам
    И си пишам:
    "Ах миленце,
    Ти поленце!
    Как ' си била
    Златокрила,
    Крило павни,
    Ветер мавни;
    Над планини
    На вишини
    Подкрени се,
    Оп'ти се,
    И од тамо
    Дојди вамо.
    Чистороса,
    Златокоса,
    На рамена
    Растурена
    Коса фрли
    И обгрли
    Мене бедни
    П'т последни.
    Тога веќе
    Мајско цвеќе,
    Не ќе дремам,
    А ќе земам
    Расцутена,
    Миск обелена,
    Сколова
    Живот нова.
    **********
    Автор, Константин Миладинов

Kind regards : 25 февруари 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 127