ПОЧИТ КОН БИБЛИЈАТА - ВО НЕА СЕ МАКЕДОНЦИТЕ

Г.Г. СТЕФАН, Поглавар на МПЦ

Сотир Гроздановски

БУГАРСКАТА ЕГЗАРХИЈА И

МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ

*************

 

Борбата со бугарската Егзархија не е од вчера, ниту пак од потпишувањето на спогодбата за "добрососедски" односи со Република Бугарија. Исто така,  не треба да не чуди и причината што некој денешни високодостојници на Македонската православна црква "брзо подпаднаа" во  искушение  и и' се пикнаа под пазува и постанаа нејзини "синови", влечкајќи ја, при тоа, и нашата Црква со сила, да и' постане   "ќерка". Таа сега само настапува отворено и директно, зошто најде втор Зоран Заев во Синодот на Македонската православна црква, како и со однародените македонски свештеници во Бугарско-македонските цркви на МПО, на секаде во светот.

Играта е синхронизирана  и добро испланирана. Се удира силно и од повеќе страни.  Предавниците од  квинслишката влада во Македонија и предавниците од Македонската православна црква  имаат заеднички газда и работаат согласно наредбите и плановите кои ги добиваат од него, а целта е, полесно и побрзо  разнебитување на македонската држава и одземање на вековниот идентитет на македонскиот народ. Со заедничка  албанско, бугарско - грчка тупаница, во исто време, да го збунат македонскиот народ и да не му дадат можност да се снајде и да се одбрани. По се' изгледа, ВМРО-ДПМНЕ, за жал, им служи како четврта, во случај трите да не им се доволно силни за да не нокатураат, брзо и без болно. Но се' уште има време за последен "мегдан" со македонскиот народ... А времето е сега! 

Позната ни е историската борба  која доведе до обновување на древната македонска православна црква. Познати ни се  и храбрите, чесни и верни македонски свештеници кои дадоа се' од себе македонскиот народ да го оттргнат од "канџите" на црквите на нашите соседи, кои со векови   од него правеле Срби, Бугари или Грци. Го правеле, ама на крајот го изгубиле со изненадното одново раѓање на македонската држава, после Втората светска војна, кога Македонците, со свои сопствени сили  ги поставија нејзините темели. Ги поставија темелите на македонската национална држава, заедно со темелите на одамна укинатата Охридска Архиепископија, во лицето на Македонската  свети Климентива православна црква. И тоа беше радост и гордост за секој Македонец во татковината и на секаде во светот. Од Европа, Канада, Америка дур до Австралија. И денес се' уште е' и за тоа на нашите душмани им сметаме сите заедно.

Дури во македонската држава се зацврстуваа темелите  на државата и на Црквата, Македонците на секаде во светот ги рушеа темелите на бугарско-македонските цркви, кои како центри на бугарската црква и држава, служеа за тиха  асимилација на македонските доселеници, од сите делови на Македонија.  Нивната политичка гранка беше МПО или Македонска патриотска организација, која се' уште животари, но  без масовна помош на Македонците, како порано.  

Градејќи нови,  православни светилишта под јурисдикција на новообновената Македонска православна црква, во кои богослужбите ги изведуваа  наши свештеници, Македонци, се' повеќе цркви градени со македонски пари  но под јурисдикција на бугарската Егзархија, рапидно и на секаде се празнеа и затвораа. И тоа беше ренесансата на Македонската православна црква, која не смее никој да ја заборави. 

Нашата радост и гордост од извоеваната победа и обединувањето на македонскиот народ во македонски културно-верски институции и денес е главниот амалгам за Македонците надвор од Татковината, но и гарант, дека македонското име нема да загине.

Но сепак, во сета таа вистина, закитена со еуфорија заради постигнатите успеси, не ја предвидовме и опасноста која пополека, но сепак ни се приближуваше и одеднаш не затекна не подготвени за одбрана.  Егзархијата и тогаш, кога губеше, работеше трпеливо и се подготвуваше за овие времиња, кога сите заедно подзаспавме, мислејќи со создавањето на нашата македонска држава и обновувањето на нашата Македонска православна црква, ги решивме сите проблеми што не мачеа, со столетија. Мислевме дека злобните постанаа добри и дека новите времиња ги закопаа нивните секири, за секогаш. 

Се' уште чувствувајќи ја силната македонска ударна тупаница во странските земји, својата одмазничка тактика ја применија во Република Македонија. Во Македонската православна црква, поттикнати и охрабрени од предавничките потези на Зоран Заев. Со заеднички сили удрија по Синодот на МПЦ  и зад плеќите на верниците од внатре  ја започнаа својата дестабилизиција на Црквата и на македонската држава.

Се' уште угодно се чувствувам на честите посети на дел од сегашните, веќе, етаблирани Митрополити заедно со сегашниот Поглавар Г.Г. Стефан. На нивните масовно посетени богослужби во нашите новосоградени македонски цркви ширум Канада и САД,  на приватните средби и пријатни разговори за развојот на Македонската православна црква во татковината, но и за напредокот на Република Македонија, како наша едина татковина во која сме секогаш добредојдени и примени како свои на свое.  Но,  изгледа времињата се изменија и тие заедно со нив. Не им останаа верни на нашите претци, кои  и без своја македонска држава, и  поткрепа од никого, а под постојан притисок на вечните непријатели Грците, Србите и Бугарите, стоеа простум смело бранејќи ги правата  и интересите на својот поробен народ, македонскиот.

Барањето од Бугарската црква да и' биде мајка на  Македонската православна црква е апсурд и отворено предавство, које досега не се случило, доброволно да им се предаде на својот душманин. 

Застанување во ред со предавниците од криминалната и ненародна квислиншка македонска влада на Зоран Заев и напуштањето на македонските верници низ вода да пливаат и да се дават самите без никој да им подаде рака, е грев, срамота и нечесна работа и во спротивност со христијанските учења, кои  црковните великодостојници би требало многу подобро да ги познаваат.

Господо, не чесните напади и навреди упатени кон единиот заштитник на Македонската православна црква и правата на македонските верници, Митрополитот Повардарски Агатангел, ве прават недостоини да се именувате свештени лица на нашата Црква, а уште помалку, дел од македонскиот народ во и надвор од Македонија.

Вашиот став дека името на Република Македонија,  заедно со идентитетот на македонскиот народ и идентитетот на Црквата, која ви обезбедува пристоен световен живот, би требало да се трампа за влез во НАТО и Европската Унија и тоа   со еден ѓаволски потпис на најголемиот предавник во македонската историја, квислингот Зоран Заев,  е за секаква осуда. Божја или световна.

Верувам, дека чесниот и мирен македонски народ ќе најде сила да се справи и со вашето насилство и недостојно однесување, кога ќе дојде времето за тоа. Ќе најде за сигурно, зошто го изневеривте и го посрамивте пред целиот свет.

По се' изгледа, дека и вие бевте ученици на Егзархијата уште во времињата за кои зборувавме погоре, но немавте потребна сила и храброст да си ги покажете своите нечесни намери порано, зошто условите се' уште не беа созреани, а Државата беше во почесни раце.

Кога веќе зборуваме за не чесните и предавниците  на македонската држава,  Македонската православна црква и националните интереси на македонскиот народ, ќе речам збор - два и за Оснивачот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, денешниот отворен бугараш, негатор на македонската историја, македонскиот јазик, култура,  македонскиот идентитет и на крајот  предавник на македонските национални интереси, parexcellence, Љупчо Георгиевски.

И тој, како и најодговорните денешни членови на Синодот на македонската православна црква, беше чест гостин во Детроит, Торонто, Чикаго и на други места со поголеми македонски заедници, прикажувајќи се како спасител на Република Македонија од "Србо-комунизмот", со што лажно го привлекуваше  нашето внимание.  Неговите јалови  собири,  траеа и по повеќе часа. На прашањата што е со Бугарија и односите со МПО, одговорите секогаш беа негативни и дека нема ништо заедничко со нив. Меѓутоа, одма по завршените  предавања, тој мистериозно се губеше во куќите на неговите дебели финансиери од средината на МПО. Македонци, борци за интересите на бугарската Црква и бугарските национални интереси. 

Нашите сомнежи во неговите искрени грижи за Македонија и националните интереси на македонскиот народ  дури подоцна се остварија и ни потврдија дека имавме работа со предавник. Предавник кој само дошол во нашите средини за да воспостави контакти со истите како него, здружени во МПО, како тобоже Македонска организација, всушност бугарска агентура, со долг и нечесен стаж.

Тоа значи, дека никогаш работите не се такви, какви на прв поглед ни изгледаат. 

 И на крајот, уште ова:

Зарем отворениот повик на новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, господинот Христијан Мицкоски, до истиот тој Љупчо Георгиевски да им се придружи на Организацијата која, впрочем, во тие времиња за кои зборувавме беше во процес на оснивање со цел Македонија да ја "демократизира" и да постигне национално единство, не изгледа некако  чудно за денешниве времиња во кои се случуваат отворени предавства на државата и македонската православна црква? 

Уште едно прашање кое се односи до членовите на оваа најголема политичка партија во опозиција, која се' уште молчи и чека да прискочи во помош, ако на Зоран Заев му затреба, во догледно време.

ИМАТЕ ЛИ ПЛАН "Б" ЗА СПАС НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА И ИДЕНТИТЕТОТ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ИЛИ ЌЕ НЕ ИСПУШТИТЕ НИЗ ВОДА ВО НЕПОВРАТ КАКО И ВО СЛУЧАЕВИТЕ СО ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ И СПОГОДБАТА ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО СО БУГАРИЈА?

Василис Левентис

СПОРЕД ЦИПРАС, САД САКААТ РЕШЕНИЕ ЗА МАКЕДОНИЈА А РУСИЈА Е КОНТРА

 

Лидерот на партијата Унија на Центарот, Василис Левентис, вели дека Грција ќе биде во хаос доколку се согласи Македонија да биде во името на северниот сосед.

"За жал, прашањето за Скопје е затворено, а даденото решение ќе биде предавничка измама за Грција", вели Левентис според кого Грција влегла во хаос затоа што некои лидери дозволиле Македонија да биде дел од решението.

Левентис вели дека грчкиот премиер Алексис Ципрас му рекол дека Русија не сака решение за Скопје за разлика од Американците. "Ние станавме Американци. Кога и да се мешаат Американците во нашите државни работи, тие не уништуваат. Ципрас е заменик премиер", вели грчкиот политичар чија партија има 7 пратеници во грчкиот паламент и нема да гласа за решение, кое ќе  го содржи зборот Македонија во името.

Коментирајќи ја аферата Новартис, Левентис вели дека нејзиното откривање од страна на Ципрас е грешка, затоа што за неа нема обвиненија и сите се смеат за случајот кој е претставен како голема афера.

 

http://expres.mk

18 февруариi 2018 godina 

Што е човек без сенка ?

 

 

 

Валерјан Моневски

НИКОЈ НЕМА ДА НИ БИДЕ КРИВ АКО ОСТАНЕМЕ БЕЗ СЕНКА

*****

 

 

Никој нема да ни биде крив и никому нема да можеме да се пожалиме. Сите ќе ни викаат дека сами си потпишавме, сами се спогодивме и сами ќе треба да си ги голтнеме сите наши песни и стихови изнапишани, уште еднаш да ги презакопаме сите наши дејци и борци за Македонија и се' тоа во утробите наши да ни стои за да не можеме никогаш да ги извадиме.

********

Човек без сенка е оној кому не му се гледа сенката од неговата силуета додека оди по пладневно сонце. Човек без сенка е човек без душа, без достоинство, без карактер и толку е безвреден, што ставата ни сенка не му фрла на патот. Тој се движи како дух, како некој е жив, а всушност не постој.

Деновиве ме тишти и кине неправдата што пред моиве очи се случува, неправдата за името и битието македонско што сега повторно е на маса како и пред многу години и се решавало за време на Илинденското востание, Букурешт, Балканските воини, Втората светска војна. Еве сега и после сто години, дошло времето и јас да сум сведок на повторното решавање на истото прашање. Што ли ќе беше тоа прашање, сто години не решено па сега повторно да се преотвора и одново да се решава ? Ама си мислам, има некоја фалинка можеби што ни промакнала, или што не ја знаеме, или за која сме субјективни, па можеби конечно е дојдено времето за навек да се реши, згора на се' и ни отвора нови перспективи, европски и атлантски. Па и нека им биде на Грците една географска одредница во името за да се разграничи нашата од нивната Македонија и онака не сме кадарни да ја имаме цела како што порано била, дури и оваа нашава едвај ја додржуваме. Ама не било баш така едноставно и наивно како што јас си мислев и како што нашиве политичари со години ни предеа прикаски.

Откако деновиве на виделима излегоа предлозите на Грците и на загатачниот господин Нимиц, спласна мојот ентузијазам и оптимизам дека прашањето со името ќе се реши конечно на фер и задоволителен начин  и сваќам дека наместо тоа, дошло времето Грците да си го заокружат и решат нивното македонско прашање, Грците да си ја завршат работата што ја имаат почнато пред сто години. Секоја чест на истрајноста и стратегијата на која и германската фудбалска селекција може да им позавиди, игра до последен здив и гол во последната минута. Зошто ли си мислев дека нивната агенда е сега поразлична од времињата кога колеле и беселе по егејскиот дел на Македонија, кога со напалм бомби ги гореле македонските села и кога протерале илјадници Македонци и деца за никогаш повеќе на родната грутка да не стапат. Зошто наивно си мислев дека Грците ја смениле својата политика и стратегија од времето кога ги преименувале сите македонски називи и топоними на грчки јазик и кога по затвори  ги носеле слободоумните Македонци а децата со сила во градинки грчки ги носеле за да не го слушаат и говорат македонскиот јазик кој го зборувале нивните баби.

И сега одеднаш истите Грци станале наши најголеми сојузници и ќе ни помогнеле да влеземе во рајските двори на големите сојузи и европски семејства и ќе нашле фер и разумен компромис за да не биле повредени чувствата на двата народи, со една географска одредница во името, колку да се разликувало од нивната Македонија.

И дојде освестувањето кога слушнав што се' предлагаат Грците и што с'е нив ги болело, ни М од Македонија да нема, ни фиромска, ни варадарска, ни северна, името да ни се сотре како и да не постоело и дури ни една песна македонска да не смееме да испееме. Па зарем е можно такво понижување и погром да доживееме во денешно време на светскава демократија и човековите права. Па како ќе ја пееме "македонско девојче китка шарена" или "Ој Вардаре македонски" или "Мајка Македонија", а за химната и да не зборувам.

Го слушам пред некоја недела Фрчковски како ни кажува дека имало во спогодбата која Грците ја припремале и поглавје "за кое не се преговара", ама сепак морало да се почитува, а во истото поглавје бил регулиран македонскиот иредентизам, заштита на грчките национални чувства и други небулози од кои утробата ти се врти и три дена не можеш да ја собереш. Ама со тоа некако ќе сме живееле, важно било само членот на Уставот што тој го пишувал да не се менува. Па него како да му е важна само личната суета, па недај боже неговото велелепно писание да се смени, небаре Т'га за југ и Белите мугри ги напишал.

И станав свесен дека стиховите "пискотници се слушаат од Галичник до Река" како за мое време да се пишувани и дека токму сега Македонија ги лие своите солзи и пискотот нејзин  од мака и неправда само што не одекнал како кога одекнувал пред сто години по Кузман Капидан.

Ама болката, немоќта и бесот не доаѓаат од грчките андарти само, туку на неа како сол на лута рана ставаат нашите политичари и преговарачи кои не оставија во сивило и молк, во депресија невидена да нагаѓаме што тоа нашиот премиер ќе потпише со Грците и за какво ли "достоинствено", решение се изборил.

Значи сега сагата македонска е уште поголема оти пред сто години Македонија не седела на преговарачка маса и судбината и ја решавале големите европски сили, а денес, денес ја имаме таа чест и привилегија сами да преговараме и сами да си ја потпишеме нашата небитница.

Ама овој пат нема да имаме поправен испит, овој пат ќе биде засекогаш. И не ќе можеме да се исплакуваме на нашата судбина и на нашата борба за обединета Македонија и неправдите од нејзината поделба и залудни ќе ни бидат сите песни испеани, животи изгубени, судбини човечки уништени. Не ќе има кој да не слуша повеќе, бидејќи нашето поглавје ќе биде за навек затворено и со црвено пенкало во ООН запишано. Никој нема да ни биде крив и никому нема да можеме да се пожалиме. Сите ќе ни викаат дека сами си потпишавме, сами се спогодивме и сами ќе треба да си ги голтаме сите наши песни и стихови изнапишани, уште еднаш да ги презакопаме дејците и борците за Македонија и се тоа во утробите наши да ни стои за да не можеме никогаш да го извадиме. Никому нема ни око да му трепне за неправдата кон нас направена и никој нема да сака за македонцките работи веќе да слушне, а Крсте Мисирков в гроб ќе се превртува како и многу други што пред и после него за македонските работи се бореле.

Само Грците ќе ликуваат и ќе ја слават својата долго очекувана победа, ќе се ситат на нашата судбина и срцето ќе им се полни од радост и задоволство што после долги години мака да не истребат или во скопјани да не' прекрстат успеаја да ја постигнат крајната цел. Ќе ни се ситат што толку години им се правевме важни и им велевме дека сме од Македонија, а тие сиктеа од бес, ама ги тешеше помислата дека им ги оставаме сите пари спечалени и дека ќе дојде денот на нивната слава и победа. А тоа ќе значи дека ние сме биле лажговци и со туѓи перја сме се кителе и дека Грците биле во право и дека Македонија стварно само нивна била.

Тоа ли е вистината, тоа ли сака мојот премиер да ми порача сега додека ќути и води тајни преговори и ни збор не изустува додека Грците ја палат Атина, се пенават и плачат по грчките телевизии убедувајќи се дека Македонија била само нивна како малите деца што плачат по некоја играачка ? Па значи децата бегалци со сила раселени биле виртуелна стварност, виртуелни биле сите со кој на македонски јазик сум зборувал, имињата Воден, Костур и Лерин како јас да сум ги измислил и биле само сон, а не јаве. Па тие мене ми се обраќале на некој си горнославомакедонски јазик, а јас сум мислел дека мајчин јазик тој ми бил. Значи не сум бил свесен дека не постојам и дека цело време сум газел на грчка територија, згора на се' и страв во коски на Грците сум им бил и закана по нивната држава и иредентизам невиден сум ширел што пред знамето македонско сум стоел и што македонски патриотски песни сум пеел.

Деновиве го насеќам крајот на нашето постоење и битие и мала ќе ми биде сатисфакцијата што некој после некоја година ќе рече, во право беше кога така мислеше.

А во Македонија молк, сите молчат вклучувајќи ги и големите титани од партии, никој на улица не излегува, никој народ нема да го организира. Па да, кој да организира, па не се работи сега за на власт да се дојде и на удобни фотељи да се седне, сега за други прашања небитна битка се бие, овој народ на улица се вади само кога треба политички фотељи и власт некому да му обезбеди. Па зарем еден мандат собраниски вреди колку едно бреме македонско, колку една историја вековна, колку тешкото оро изиграно, колку песните народни испеани, зарем еден мандат на денешниве политичари им вреди повеќе од еден Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански, како Глигор Прличев и браќата Миладиновци, како Ѓорѓија Пулевски, Коста Рацин, Крсте Мисирков и Петре М. Андреевски. Па зарем сега нам најтешко ли ни е, па зарем нашите претци песните со мед и млеко ги пееле, или во тоа време полесно било да се изговори македонскиот збор и името Македонија ?

Затоа за молчење сега не е време, а молкот токму од тие во кој верувавме доаѓа, а молкот и тишината најмногу знаат да говорат и затоа ми се кине душава од немоќта и летаргијата која Македонија ја зафатила. Затоа и решив да го напишам ова скромно писание, барем да го кажам својот глас колку и беззначаен да е, не за партиски ситни интереси и дневни политики, не за политичарите наши и за нивните фотељи комотни, туку за нешто многу повисоко и позначајно, за нашето и моето битие, за нашата татковина со мака направена и за мајчиниот јазик македонски што го говорам. Барем децата и внуците мои да не речат утре, ете ни збор не кажа, а Македонец се викаше.

Сега ми станува појасно што мислел премиерот кој го гласавме кога велеше дека кичмата требало да ја свиткаме и дека потоа во светла иднина Македонија ќе влезела, а во спротивно кучињатаа алот нема да ни го јаделе.

Сакам да му порачам на мојот премиер дека се' на исто се сведува, дека и таа светла иднина без идентитет ако ја дочекаме, како луѓе без душа и како луѓе без сенки по улиците ќе одиме. А ако ни ја скршат кичмата нема да можеме да станеме и џабе ќе ни биде и "светлата иднина" и сите светски алијанси и сојузи во кои ќе членуваме. А луѓе без душа и без сенка за никого не се корисни и многу фајде од нив нема да видат ни тие што такви во ЕУ ќе не примат.

После ова што од Грците го изнаслушавме, сакам да му порачам на нашиот премиер дека овој пат го нема мојот глас за такви преговори и дека е време да го слушне својот народ што мисли пред да го стави својот потпис на спогодбата што Данајците му ја спремиле. Нека знае дека пишаниот збор и потпис негов ќе го издржи забот на времето и генерациите што по него идат и затоа истиот треба да е одраз на волјата и духот на народот. Пост фестум референдум и објаснувања не се признаваат, а ако отровот го испиеме не е важно што бил ставен во убаво пакување. И само уште нешто сакам да му кажам, дека и патот до пеколот со добри намери е поплочен, па затоа да не се води само од неговите добри намери кој за Македонија може да бидат кобни. Затоа е добро народот свој да си го слушне, сите слободно да кажат што мислат по ова прашање, а не во молк цела Македонија да ја држи. Му порачувам дека во најтешките моменти големите луѓе, големите војсководци и политичари со храброст и достоинство победи извојувале. Нека дозволи да му ги зајакниме преговарачките позиции како што Грците тоа вешто го прават и нека не мисли дека молкот на народот му е сојузник во преговорите.

Деновиве се вртат номинациите за оскар па му препорачувам на мојот премиер ако има време да ги погледа филмовите за Данкрк и за Винстон Черчил и да види дека не му е само нему најтешко, да види како и еден Винстон Черчил  во очај знаел да западне кога во Данкрк му стоела под опсада армија ор 400.000 војници и кога сите во парламентот го терале од Хитлер милост да бара, а тој наместо тоа, со обичниот народ отишол да проговори и волјата нивна да ја испита, а потоа  донел одлука со непријателот да не преговара. Токму затоа англиската нација го слави и ден денес не потклекнува во најтешките моменти.

Знам дека ние не сме толку голема нација како англиската и дека вие не сте Винстон Черчил но барем некоја поука можеме да извлечеме.

Познато е дека секој сам си ја крои својата судбина, па така ќе изгледа и нашата, со вашиот потпис потпишана и затоа ви порачувам и ве молам да не дозволите да станеме луѓе без сенка. Имајте предвид дека Македонија е сончева земја и затоа срамот и бедата тешко се кријат.

off.net.mk

14 февруари 2018

 

 

 

 

 

 

17 февруари 2018 година.

Македонија по Балканските војни 1912 и 1913 година.

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ 74

*********

Македонија во периодот на Балканските војни до почетокот на Втората светска војна на Балканот

(1912 - 1941)

10. Политичките сили на националнослободителното движење по војните

( продолжение )

 

Положбата во која се нашле Македонија и Македонците по завршувањето на Мировната конференција во Париз создала конфузија и престројување во кампот на емиграцијата, но и во деловите на поделената земја. Своја заслуга за оваа состојба во емиграцијата во Бугарија, но и пошироко во Македонија, имале и релевантните бугарски политички сили од двата пола: од десницата и левицата.

Идеалот за голема Бугарија бил длабоко вгнезден во сите политички структури во Бугарија. Тој продолжил да опстојува и по доживеаните порази во војните. За остварувањето на тој идеал и двата социјално-политички блока во бугарското општество, десницата и левицата, обемно ја користеле положбата во која се наоѓало македонското националноослободително движење по војните и особено присуството на големата македонска емиграција во Бугарија.

Националистичките сили во бугарското општество ја создале (обновиле) автономистичката ВМРО на Тодор Александров и на Иван (Ванчо) Михајлов. Левицата во Бугарија, на чело со Комунистичката партија, својот политички интерес во македонското националнослободително движење настојувала да го остварува преку создавањето политички структури што ќе и' бидат послушни. Пример за тоа се растурањето на поранешната "Обединета внатрешна револуционерна организација" и создавањето на обезличениот "Емигрантски комунистички сојуз", вплеткувањето на некои делови од македонската левица во Септемвриското востание од 1923 година подигнато од БКП итн.

Со еден збор - БКП, како и бугарската десница, систематски се залагала македонското ослободително движење да го претвори во инструмент на својата класна и националнополитичка стратегија. Таа настојувала тоа да го постигне не само во редовите на емиграцијата во Бугарија туку, користејќи го своето влијание во Комунистичката интернацонала и во нејзината филијала - Балканската комунистичка федерација, и пошироко, во вардарскиот и во егејскиот дел на Македонија.

Ваквото замешателство на БКП во активноста на левицата на македонското ослободително движење кај серчаните и кај Ѓорче Петров ќе предизвика, како што вели Димитар Влахов, отпор и "недоверба кон Бугарската партија на тесните", респективно и кон Димо Хаџи Димов. Истото тоа ќе се случи и во вардарскиот дел на Македонија. Овде политиката на БКП ќе се судри со политиката на КПЈ во врска со прашањето за карактерот и целите на македонското националнореволуционерно движење. Прашањето било - дали тоа и натаму треба да се темели на името и целите на ВМРО или треба да се создаде нова организација во чија основа ќе бидат вградени социјалните интереси на селото.

Во своето настојување БКП да стане арбитар во дефинирањето на целите на левицата на македонското националноослослободително движење, по неуспехот за обединувањето на двете основни фракции во него - ВМРО и МЕФО и по убиството на Тодор Александров, цела таа година ќе се обидува, со помош на Балканската комунистичка федерација, врз основа на Мајскиот манифест, да ги обедини разбиените сили на македонската левица во една организација, под името на ВМРО.

Така е создадена ВМРО (Обединета) во октомври 1925 година. Во тие напори, секој што имал поинакви размислувања од овие на БКП бил подложен на остра критика. Така, Георги Димитров, во име на Претседателството на БКФ, во писмо до ЦК на КПЈ од 16 ноември 1924 година остро ги нападнал Панко Брашнаров и Ризо Ризов и ги обвинил дека се "залагаат да создадат нова македонска организација или национално болшевичка партија во Македонија". "Тие се должни, вели тој, да го популизираат Манифестот од 6 мај оваа година". "Никаква нова македонска организација нема да се формира ниту пак некаква национална болшевичка партија", категоричен е Георги Димитров. Но, идејата за создавање "нова македонска организација" за која биле обвинети Ризо Ризов и Панко Брашнаров, според сведочењето на Васил Коларов, потекнувала од некој руски кругови во Комунистичката Интернационала. Тоа од своја страна говори дека во тој период околу иднината на македонското ослободително движење во Комунистичката Интернационала или БКФ се водела дебата која траела се'  до 1929 година. Во игра бил предлогот во Македонија на местото на ВМРО да се организира селска "земјоделска партија". Во таа дебата преовладало мислењето на БКП дека и во иднина борбата на левите сили во македонското ослободително движење треба да се одвива под името на ВМРО со додавката "Обединета", секако под контрола на БКП. Практично, БКП се залагала да се создаде лева фракција како антипод на автономистичката ВМРО. Со оснивањето на ВМРО (Об) во октомври 1925 година во Виена тоа и се случило. Но, со тоа, кризата не била решена. Се поставува прашањето - кои се причините за судирот на македонските комунисти со ЦК на КПЈ и со БКФ, респективно на Георги Димитров со КБП?

Еден непосреден одговор на така поставеното прашање гласи: правото на македонскиот народ на сопствен јазик, култура и на свој национален идентитет.

Имено, во резолуцијата за "работата и за обединувањето на македонското националнореволуционерно движење", донесена на една Обласна конференција на македонските комунисти, најверојатно одржана есента 1925 година се критикуваат македонските чорбаџии и лихвари дека "не само што не се борат за независноста на Македонија, туку тие не се борат дури ни за најосновните културни и политички права на македонскиот народ, како што се правата на македонски јазик во училиштата, книгите, весниците, за правото на име и за организирање на македонскиот народ во Југославија". Со други зборови, македонските комунисти, под форма на критика за неспособноста на македонската буржуазија да се избори за наведените права, всушност, се заложиле за афирмацијата на македонскиот национално-културен идентитет, што било спротивно на политиката на БКФ и на КПЈ водена во тоа време. Тоа и некои други несогласувања помеѓу ЦК на КПЈ и ОК на КПЈ за Македонија ќе доведат до суспензија на последниот, со што комунистичкото движење во вардарскиот дел на Македонија ќе се најде во длабока криза, која ќе трае се' до 1940 година. Впрочем, БКП за цело време меѓу двете светски војни на планот на македонската нациопналнокултурна самоидентификација ќе настојува и во Бугарија и во поделените делови на Македонија, да ја контролира активноста на левите сили во македонското националноослободително движење. Пример за тоа е прифатената платформа на оснивачката конференција на ВМРО (Об) од 1925 година. Програмските цели дефинирани на Основачкото собрание во врска со националниот идентитет на македонскиот народ се чекор назад наспрема нивното третирање во Мајскиот манифест. Ситуацијата во тој поглед, како резултат на се' поголемиот израз на националните чувства, започнала да се менува по 1928 година.

ВМРО (Об) е првата македонска политичка организација што својата организациона структура ја прилагодила на положбата на поделена Македонија. За сите три дела на Македонија биле создадени посебни обласни раководства кои одговарале пред ЦК на ВМРО (Об).

Основањето и дејноста на Обединетата во поделените делови на земјата биле различни, во зависност од конкретната положба на секој дел посебно. На пример, во вардарскиот дел на Македонија Обединетата дејствувала помеѓу 1926 и 1929 година; во пиринскиот дел и во редовите на емиграцијата помеѓу 1929 и 1936 година, кога започнало распуштањето на нејзините организации; во егејскиот дел на Македонија речиси и не профункционирала. Причините за нејзината маргинализација во вардарскиот дел на Македонија, меѓу другото, лежат во тоа, што таа не успеала да се прилагоди на состојбата во земјата во која се' повеќе јакнело националното чувство, заедно со тоа и барањата за афирмација на македонскиот јазик.

Што се однесува до нејзината активност во пиринскиот дел на Македонија и сред емиграцијата во Бугарија, таа била поврзана со јакнеењето на процесот на македонската национална самоидентификација. Слабата страна во дејноста на Обединетата во Бугарија била доктринерската фразеологија во која, во врска со македонската нација, јазик и култура, доминирала шаблонизираната реторика. Токму тоа, во својата пропаганда ВМРО (Об) да се ослободи од шаблонизираната фразеологија, да се заложи за нејзиното конкретизирање, во духот на барањата на македонската емиграција, но и на растечкото национално чувство во цела Македонија, ќе биде и една од причините што КИ, во јануари 1935 година донесе соодветна резолуција. Имено, во неа инаку објавена во април 1934 година во весникот "Македонско дело" како резолуција на ЦК на ВМРО (Об), се сугерира Обединетата да се залага за воведување на македонскиот јазик во образованието и издаваштвото и за афирмација на македонската нација.

Но, се чини дека сугестијата Обединетата својата пропаганда да ја конкретизира со актуелни барања не им одговарало на некои кругов на БКП. И затоа, една година по донесувањето на наведената резолуција, таа на Петтиот конгрес на Коминтерната, како што вели Влахов, по наредба на Сталин и на Георги Димитров, била суспендирана,  а заедно со нејзината суспензија била распуштена и Обединетата како организациона форма на дејствување на левите сили во македонското националноослободително движење. Сепак, треба да се каже дека без оглед на грубото мешање на БКП во политиката на Обединетата и без оглед на фракционерските борби во неа, ВМРО (Об) со својата активност во пиринскиот дел на Македонија, сред емиграцијата во Бугарија, во Америка и во Канада создаде простор за појавување на интелектуална и организирана пулицистика и за културна активност исполнета со македонска културно-национална содржина. Со својата активност таа даде свој прилог во јакнеењето на македонската национална свест. Израз на тие потреби, меѓу другото, е и појавата, есента 1938 година на Македонскиот литературен кружок, објавувањето проза и поезија, ликовни и музички дела исполнети со македонски мотиви. Значајно е и да се каже, дека Македонскиот литературен кружок бил организиран три години по распуштањето на Обединетата и две години по прекинувањето на секаква организационата активност поврзана со неа. Тоа и публицистичките дела што ќе се појават пред почетокот на Втората светска војна се јасен доказ за нараснатата македонска национална  самодејност. Од своја страна, од редовите на македонската емиграција во Бугарија, од пазувите на Обединетата излегоа бројни македонски интелектуалци и борци-идеалисти како: Симон Каракиров, Христо Трајков, Христо Хорлев, Божидар Митрев, Антон Југов, Васил Ивановски, Асен Чаракчиев, Христо Калајџиев, Митко Зафировски, Георги Абаџиев, Ангел Динев, Коста Веселинов, Михаил Сматракалев, Кирил Николов, Кирица Висулчева итн.

Продолжува

Сонот на Грција за "Голема Грција"

 

 

ГРЧКАТА ПРОПАГАНДА

ВО МАКЕДОНИЈА

*******

Грчката пропаганда е разгранет систем за ширење на грчкото национално чувство, култура, јазик, идеја и влијание меѓу населението во Македонија. Оваа  пропаганда е една од најстарите која делувала во Македонија, нејзиниот пробив започнува со укинувањето на Охридската архиепископија (1762 г.), а особено се засилува по појавата на Македонското прашање...

Во првата половина на 19 век во Македонија низ сите поголеми градови постоеле училишта во кои наставата била изведувана на грчки јазик, а предавањата биле на повисоко ниво, бидејќи грчката интелигенција била поразвиена и постоела постара училишна традиција. Континуитетот на училишната традиција била прекината со уинувањето на Охридската архиепископија, не во целост, меѓутоа оваа традиција била ослабена бидејќи не постоел центар кој би се грижел за македонската култура и јазик. 

Во 1806 и во 1819 година, цариградскиот патријарх Григориј V им наредил на грчките митрополити да го шират грчкиот јазик во Македонија, бидејќи под нивната компетенција спаѓала и грижата за просветата...

Официјалните турски власти во своите статистички податоци во периодот пред создавањето на Бугарската егзархија, во своите нуфузи (еден вид на матични книги), целокупното христијанско население го третирало како рум-милет, односно Грци.

 

Според Јован Цвијиќ:

во Турција верата е идентификувана со народноста и само оние народи што имаат своја црква, можат официјално да се нарекуваат со своето народно име.

... Грчкото влијание било силно во градовите додека, пак, во селата низ Македонија не можело да се одржи поради немање на вистинско грчко население. Најсилниот и најефикасен адут на грчката пропаганда при елинизацијата на населението било средновековното владеење на Византиската империја со македонската територија, во која наводно живееле Грци. Подржувајќи ги тие традиции, грчката национална пропаганда од тоа црпела докази дека македонскиот народ е составен дел од грчкиот народ, кој под притисок на Словените го примил словенскиот говор, но по својот етнички состав останал грчки.

Населението во Македонија за да се одбрани од погрчувањето, продолжило и понатаму  да го употребува усвоеното од Турците име христијани или раја, со што и понатаму останувал безимен. Односно населението не се идентификувало според својата националност, туку според својата вера и тоа на културолошка словенска основа.

Сеќавањата за минатото потполно исчезнале и кај селаните останале само нејасни преданија за дамнешната слобода која тие ја уживале. Во едно зафрлено село во близината на Охрид, во кое нема ни учител ни свештеник, а неговите жители не знаат ниту да пишуваат ниту да читаат, говорев со неколку дечиња за да дознам колку тие знаат за минатото. Ги однесов кај едно осамено и необично закосено ритче на чиј врв се наоѓаат руините на бугарскиот цар, тие се наоѓаат над езерото и долината. Кој го изградил ова? Ги запрашав. Одговорот беше впечатлив: Слободните луѓе. А кој биле тие? Нашите дедовци. Да, ама дали тие биле Срби, Бугари, Грци или Турци ? Не, не биле Турци, тие биле христијани. И тоа беше изгледа се' што тие го знаеја..

 

Според Славко Димески : 

Ваквиот однос кон сопственото име бил резултат на несогледувањето на последиците и бегањето од толкувањето на грчката пропаганда за Македонија и Македонците ... таа збрка околу името е една од причините за забавувањето на националниот развој на македонскиот народ. Тоа било и причина незакрепнатото македонско граѓанство, кое требало да го носи тој развој, да се најде во таква ситуација и во такви услови, тешко и во кривулици да се движи напред.

Во средината на 19 век во Македонија и Бугарија започнало силно антипатријаршистичко движење. Ова движење првенствено било насочено против процесот на погрчување, а населението во Македонија и Бугарија заеднички врз словенска основа настапиле против Цариградската Патријаршија притоа се барала смена на грчките митрополити и епископи, нивно заменување со домашни лица кој го познавале јазикот на населението, исто така било поставено и прашањето за обнова на Охридската архиепископија.

Како резултат на овие борби, на 28 февруари 1870 година со посебен султанов ферман била создадена посебна бугарска црква под името бугарска егзархија. Поради спротивставувањето на Патријатшијата, јурисдикцијата на бугарската црква била ограничена само на епархиите во Бугарија, со исклучок на велешката епархија во Македонија. Меѓутоа, според членот 10 од истиот ферман било дозволено доколку населението во рамките на една епархија во Македонија одлучи со 2/3 мнозинство да се приклучи кон Егзархијата, истото тоа да се уважи. На тој начин во 1874 година под јурисдикција на бугарската црква потпаднале Скопската и Охридската епархија. Создавањето на Бугарската Егзархија, двете цркви во Македонија започнале борба за контрола на црквите и училиштата, но во овој судир биле поткопани позициите на Патријаршијата која со себе го носела погрчувањето. Бегајќи од тоа, Македонците налетале на егзархиска стапица, која била поставена врз словенска основа, но со тенденција да ги бугаризира.

Треба да се потенцира дека грчката пропаганда во Македонија имала изразен антисловенски карактер, односно оваа пропаганда сакала да ја уништи словенската култура и писменост во Македонија. За антисловенски карактер на оваа пропаганда дополнителна светлина фрла и писмото од 26 август 1881 година испратено од проигуменот Дионисиј до Стефан Верковиќ, во кое истакнува: ..фанариотските владици настојуваат по секој начин да погубат и уништат се' што е словенско.  Дополнително, Дионисиј истакнува дека грчките свештеници пред властите го денуницирале секој побуден Македонец. На овој начин грчката пропаганда успеала да го стави под своја контрола селото Горно Броди, па притоа биле уапсени 40 души, 15 души биле заточени по затворите во Солун и Сер, а спасот во кнежевството Бугарија и Источна Румелија го побарале 250 души.

Потоа во селото биле донесени грчки свештеници и учители и се започнало со погрчување на тамошното македонско население. Во двете цркви повеќе не можела да се слушне молитвата  Господе помилуј, а кога еден селанец се осмелил во некоја од црквите да каже Оче наш, бил казнет со 280 гроша и еден месец затвор...

Патријаршијата за да ја засили својата позиција во Македонија започнала да се служи со најразлични средства. Таа започнала да го заплашува населението, да фрла анатеми и да го денуницира населенето пред турските власти како бунтовници, притоа властите биле поткупувани, а тоа резултирало со затворање на населението.

Бидејќи овие средства не помогнале, во 1871 година во Серес бил формиран еден силогос за ширење на грчката писменост во оваа област. Силогосот собирал сиромашни деца од селата и бесплатно ги издржувал во грчките училишта во Серес.

По Руско-турската војна раководењето со пропагандата го презеле грчките конзули во Македонија. Главна задача на грчката пропаганда во овој период  било докажувањето дека Македонија била стара грчка земја и како таква требало да се вклучи во границите на грчката држава.

Оттука биле преземени разни дејствија. Уште во 1876 година грчката пропаганда организирала издавање на етнографски карти во Лондон и Париз, од кои се гледало дека грчките претензии оделе на север се' до Ќустендил и Качаник.

Пет години подоцна, врз основа на податоците од грчкото учено друштво во Атина, германскиот картограф Киперт во Берлин во 1881 година направил карта од која се гледа дека грчките претензии биле спуштени по на југ до Кичево и Велес.

Грчката пропаганда исто така почнала да издава и статистички податоци за бројот и составот на населението во Македонија. Во овие статистики намерно бил зголемен бројот на Грци со цел да се докаже дека тие биле доминантно население во Македонија.

Грчката пропаганда почнала да отвора разни училишта и културно-просветни организации во Македонија. Преку нив се собирале приврзаници и се ширела националната грчка свест, особено меѓу Власите, кои своите деца ги испраќале исклучиво во грчките училишта.

За финансирање на овие институции се ангажирало самото грчко министерство за надворешни работи преку своите конзули во Солун, Битола, Скопје и Серес. Биле давани големи парични средства за функционирањето на просветната пропаганда. Друштвото за ширење на грчката писменост со седиште во Сер до 1879 година добило 189.000 драхми, а оваа сума во 1885 година се искачила на 536.000 драхми. Финансиските средства за ова друштво во 1896 година изнесувале 1.000.000 драхми.

Како што се зголемувале средствата така се зголемувал и бројот на грчките училишта во Македонија со текот на годините. Ако грчката пропаганда во 1877 година имала 256 училишта и 10.968 ученици, веќе во 1886 година имала 836 грчки училишта. На тој начин во 1896 година во Македонија егзистирале 970 грчки училишта со 53.633 ученика.

Според еден англиски податок кој се повикува на весникот Селаника газет во 1885 година во Солун имало 11 грчки училишта во нив работеле 39 учители и 29 учителки, а наставата ја посетувале 1060 ученика и 1230 ученички.

Според истиот податок во Серскиот санџак имало 166 грчки  училишта со 168 учители и 33 учителки, а училиштата ги посетувале 5.333 ученика и 949 ученички

Во Драмскиот санџак и во тамошните кази имало 99 училишта со 91 учител и 31 учителка, а овие училишта биле посетувани од 4861 ученик и 1387 ученички.

Во Битола била отворена полна  машка и женска гимназија, една богословија (1884 година) и неколку основни училишта, особено забавишта.

Покрај училиштата, грчката пропаганда располагала и со неколку културно-просветни друштва, како што биле : Друштвото на пријателите на просветата, гимнастичко, музичко, добротворно, театрално и др. Исто така била отворена и една печатница во која подоцна се печател, на грчки јазик, неделниот весник ФОС.

И покрај сите обиди кој грчката пропаганда ги презела за зацврстување на своите позиции во Македонија, таа не успеала да го спречи преминувањето на Македонците под јуриздикција на Егзархијата и затоа грчката пропаганда почнала да се користи и со методи од репресивен карактер.

Грчките чети на Катархјас и Каракас во 1880 година испратиле заканувачко писмо до жителите на селото Ѓавато. Од нив побарале или да го затворат словенското ушилиште или да се иселат во Бугарија, во спротивно, тие истакнале, дека ќе дојдат грчки чети во селото и нема да остават ниту живо куче. Слични закани имало и до останатите македонски села.

Во 1880 година во Струмица повторно било отворено егзархиско училиште, но грчкиот владика веднаш ги обвинил родителите на учениците дека се бунтовници и биле уапсени 15 души.

Во 1888 година во селата Муртино и Моноспитово тамошното македонско насление фошло во судир со локалните Турци и веднаш овој судир бил искористен од страна на грчкиот струмички владика да побара отстранување на егзархиските учители и нивна замена со грчки.

Во селото Босилово сите жители преминале под духовна јурисдикција на Егзархијата, со исклучок на свештеникот и неговото семејство но грчката пропаганда успеала да издејствува преку рушвет, црквата да остане на Патријаршијата.

Вооружената грчка пропаганда до 1903 година во Македонија била со послаб интензитет, а една од поголемите акции пред Илинденското востание е Андартската провокација од летото 1896 година кога поголема група на андарти навлегла во Солунскиот дел од Битолскиот вилает. Овие грчки чети биле испратени од Етники Етерија.

По Илинденското востание организатор на првите грчки чети во Македонија бил Германос Каравангелис - грчкиот митрополит во Костур.

Во Атина бил формиран таканаречениот Македонски комитет кој требало да раководи со организирањето и препраќањето чети во Македонија. Андартските чети добиле задача да по секоја цена и со сите средства да бидат уништени комитите на Македонската револуционерна организација по селата, а на нивно место да бидат создадени грчки комитети преку кои ќе се држи грчкиот патриотизам..

http://mn.mk

17 ноември 2017 година

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

**********

 Над овој гроб не тажи

секогаш има Илиндени -

само да има мажи !!!

  • Јас паднав и не жали ме,
    ниту го барај моето име во тревата.
    Јас паднав за Родината,
    зашто Родината света
    поскапа е од мајка
    на мајките таа е мајка -
    Жална Македонија!

    Телото и' го распарчија
    алчни, побеснети пцишта,
    со кундаци и ками
    името и' го ништат.
    Јас паднав, но не жали ме
    ниту го барај моето име во тревата.
    Јас паднав за Родината,
    зашто Родината света
    помила е од мајка,
    на сите сираци мајка,
    на сите вдовици мајка -
    Жална Македонија !

  • Ти само расти и помни:
    кој ти го уби дедо ти,
    кој ти го закла татко ти,
    кој ја обесчестил мајка ти,
    кој ти ја запали куќата,
    кој ти го украде сонот,
    кој ти го грабна залакот -
    а кога ќе ја откопаш
    мојата стара берданка,
    не жали дека паднав -
    јас паднав за Родината,
    туку префрли ја на рамо
    и фати ја планината !
    ******

    НАД ОВОЈ ГРОБ НЕ ТАЖИ
    СЕКОГАШ ИМА ИЛИНДЕНИ -
    САМО ДА ИМА МАЖИ!!!

Kind regards : 19 февруари 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 126