САМО ЕДНА Е МАКЕДОНИЈА

 

 Сотир Гроздановски

И НЕ СМЕ СИТЕ ИСТИ

 Не сме сите исти по многу што, но, особено по карактерот, моралот и љубовта кон татковината. 

***

Безумието, бруталноста и примитивизмот на   "Шарената револуција" не разувери и ги расчисти сите наши двоумења и сомнежи во таа исконска вистина. Со нејзината  демонска сила кога го истресе целиот свој бес по улиците на нашата татковина. Кога ги претвори до вчерашните вистински луѓе во диви ѕверови, кои почнаа да режат еден на друг. Да се плукаат еден со друг. Да ги нагрдуваат куќите, убавите фасади на државните институции, прекрасните обележја на нашите предци, чии коски ги чинат темелите на македонската држава и смисолот на нашето живеење. Да ги обезличуваат со тони различни бои кои би им добро дошле на оние за чии, наводно,  интереси тоа го прават.  Да ги палат автомобилите по улиците, дуќаните, канцеларијата на претседателот на Република Македонија. Но, нај застрашувачки беа ТВ кадровите   од мирното однесување на македонската полиција и покрај сите навреди од некои "борци за правда и слобода". Навреди, кои се закануваа во секој миг да се претворат  во  вулканска ерупција  и наместо вжештена лава, да потече врела македонска крв,  за туѓи  интереси.

Тоа беше вистински увезен своеврстен "демократски" излив на бес и примитивизам како вовед во идните, уште по деструктивни деиности на квислиншката ново инсталирана влада во Република Македонија, на чело со Зоран Заев и неговата  шарена коалиција.

Македонската влада на Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ беше нарекувана режим кој треба да го снема, сега и одма. Полицијата да е ненародна и ако на сите предизвици не реагираше како доликува во такви прилики на безумие. Мирно и стоечки ги поднесуваше  сите навреди и понижувања, вџашени, притоа, и изненадени од појавата на злонамерните чудовишта во нашата, инаку, мирна и цивилизирана земја.

Меѓу таквите чудовишта и ѕверови во предните деструктивни редови секогаш беше и предводникот на оваа криминално-злосторничка револуција, денешниот премиер на македонската влада Зоран Заев, гробар на македонската држава и народот македонски, потоа, министерката за народна одбрана Радмила Шеќеринска, па универзитетските професори Гордан Калајџиев, Мирјана Најчевска и редица други, како и Ирена Стеријовска, големата антифашисткиња и некаков режисер во кругот на уметниците.

Но, најнеочекувано и длабоко потресно беше сознанието, дека сите тие разулавени чудовишта не беа обични луѓе кои би имале потполно право да реагираат на неправдите, не вработеноста и сиромаштијата во земјата. Тоа беа "угледни" и добро ситуирани припадници на македонскиот  "крем над кремовите". Тоа беа припадници од македонската образовна и културна заедница, воспитувачи на младите македонски идни кадрови кои би требало да ја подобрат севкупната економска, културна и политичка  клима во македонската држава и обезбедат повисок животен стандард на народот македонски. Повисок животен стандард и углед на македонското општество со длабоки корени, во светската цивилизација.

Тоа беа уметници, театарски и филмски актери, испотрошени политичари, правници, разни увезени провокатори и платеници на анархистот Сорос, сите со една и заедничка  цел, уривање на легално избраната власт во земјата и избор на нова , по свој урнек.

И тоа се случи. Ги избраа своите луѓе од СДСМ на чело со Зоран Заев, за кои беа уверени дека ќе доведе во Република Македонија "правда и слобода", "живот за сите" и дека на секаде ќе протече мед и млеко, од кога ќе не турне во НАТО и ЕУ, без име и презиме македонско.

А Никола Груевски? - тој, пак, како жртвено јагне уплашен и уценет, нестана пред очите на оние, кои го сметаа за спасител на нацијата.  Го изневери својот народ кој му веруваше долги низ години, притоа, овозможувајќи му да се обезбеди себеси и своите другари за  и после, од како ќе биде заборавен од секого и  преземен од историјата да живее  со својата тежина, која веќе и сега ја чувствува на плеќите свои. 

Народот  згрозен од се' што се случува,  очевидец на распаѓањето на својата сопствена држава, останат без "јунаци" кој би го повеле во нови победи, па макар и по цена на нашите животи, го следи мирно водачот на "шарената револуција" се' дури не не прекрсти и закопа за секогаш, безимени и без достоинство.

Дали тоа и навистина ќе се случи, зависи од нас!

Зоран Заев и сите како него, почнувајќи од Киро Глигоров  па наваму, си имале и се' уште си имаат свои или туѓи планови за нашата  небиднина! Имаме ли ние нешто за нашата поарна иднина? За да не бидеме  само статистика во историјата и македонски "жртвени јагниња" во рацете на соседите, НАТО и Европаската Унија? Да не бидеме исти со нашите џелати и изроди, на кои ништо свето им нее?

 

 АКО ВИСТИНСКИ СИ ЈА САКАМЕ СВОЈАТА ТАТКОВИНА?  

Ете толку од мене, за сега!

проф. Горазд Росоклија

Проф., Горазд Росоклија

МАКЕДОНИЈА ЈА ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ ЗАД СЕБЕ НЕМААТ СОЗДАДЕНО НИШТО КАКО МАКЕДОНСКА ВРЕДНОСТ

****** 

 

 

Бугарските историчари кои сега ќе ја интерпретираат македонската историја, 100 години не успеваат да се "договорат" со српските, кој која битка ја добил, кој ја загубил, кој почнал прв...ниту со Грците кој врз кого направол геноцид, од царевите Борис и Симеон, преку Василиј втори до Калојан и балканските војни.

Но, заради умот на неумните кои ни ги инсталираа, истите тие историчари ќе водат разговори со исто толку умни од "наша" страна, за нашата македонска историја, или можеби разговори за нивната историја или како што на сите ни се чини ќе имаме диктат како ние, Македонците, да ја интерпретираме историјата?  Сопствената историја!

Бидејќи "нашиот" или "вашиот", кого вие го биравте не ние (дијаспората), нема црвени линии во неговото циркузантско или според некои тамошни аналитичари "глобалистичко" сфаќање на светот, применето исклучиво во Македонија и склучиво врз Македонците, ќе бидеме првата и верувам последната земја чија историја ја пишуваат луѓе кои го негираат нејзинотоправо на постоење.

Појдовна основа на бугарските историчари е еден идиотски концепт кој го слушам откако сум роден, а роден сум од родители Македонци во срцето на Скопје, главниот град на Македонија, дека јас национално не сум тоа што сум, Македонец, туку дека сум Бугарин затоа што Гоце, Даме, Јане...се чувствувале македонски Бугари.

Тоа е исто како на Американците да им кажете дека не се Американци туку се Британци, затоа што Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон и компанија, татковците на нацијата, биле и се чувствувале како Британци.

Да, биле Британци, но нивните акции довеле до создавање американска нација која нема намера да се враќа на "своите корени" и Американците да стануваат Британци.

Идејата и борбата на Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански...за автономна Македонија, генерациите после нив ја реализирале создавајќи не' автономна туку самостојна Македонија, а ние продолживме на таа самостојна Македонија да и ја создаваме историјата како Македонци, не како Бугари.

Денес, две битанги и една лигава, приглупа, а нахакана гуска, кои во нивните животи освен пљачка, лигавење, слугување и одење од функција на функција и скап живот врз грбот на од нив осиромашениот Македонец не наптавиле ништо друго, ништо за Македонија и за Македонецот, ќе го бришат тој Македонец, сите нас, од постоење и ќе не лишат од имањето своја држава.

Знаеме дека се' ќе потпишат, но знаеме и дека тоа се' ние ќе го избришеме, нема да им дозволиме тие нас да не избришат.

 

15 мај 2018 година

http://macedonia365.com/11093/

Проф., Горазд Росоклија

НЕ НОСАТ НА КЛАНИЦА, А НИЕ ОЧЕКУВАМЕ ПОДОБАР ЖИВОТ

******

Фејсбук статус на проф. Горазд Росоклија од универзитетот Колумбија во Њујорк:

 

 

Државата не постои, нацијата ја бришат. Заев и тие околу него купуваат време (месеци), давајќи им на сите (коалициони партнери и соседни држави) се' што ќе побараат.

ДУИ се позиционира за поделба на територијата и за (одработен) статус на неговото лидерство во Голема Албанија.

МПЦ е веќе етаблирана како БПЦ и свештенството ќе ги задржи своите позиции во делот што ќе се припои кон Бугарија. А амбасадорите под чии диктат се случува сево ова ќе се пензионираат како милионери.

Историјата што во последните 100-тина години ја создававме како Македонци ќе стане фуснота, во бугарската и албанскта историја.

 

НЕ НОСАТ НА КЛАНИЦА, А НИЕ (мнозинството) ОЧЕКУВАМЕ ПОДОБАР ЖИВОТ

 

07 мај 2018 година

www.svest.mk

 

д-р проф.,Тања Каракамишева

 Тања Каракамишева

ЗАБРАНЕТИОТ ГОВОР 

Само што се вратив од Националниот совет за евроинтеграции! Шокирана сум од сите!!!

***

Доминантното чувство ми беше дека сите говорници се Норвежани, или Данци во најмала рака, дека заправо јас не бев во Македонското собрание, туку во собрание на Обединетото кралство, на пример, и дека во таа земја во која живеат говорниците ТЕЧЕ МЕД И МЛЕКО!

Шокантноста ми е поголема и поради фактот што според говорниците Македонија е рај на земјата и дека еве една година сите ние живееме во овоземски, а можеби и рајски убавини, само што тоа ние, обичните смртници не сме го знаеле, ама среќа наша има кој да не просветли!

Бидејќи не верувам дека еден збор ќе биде пренесен на медиумие, Ви го давам на увид мојот говор за вистината!

Ниту еден медиум нема храброст да го објави мојот говор! Во слободново и демократско општество место за критики нема! Сите треба да лазиме пред Заев и да му велиме шефе ти си најумен! СТРАШНО!!!

 

ЕВЕ ГО ГОВОРОТ:

***************

Ви благодарам претседателе, за прв пат од постоењето на овој Национален совет имам можност да се обратам со свое видување за Извештајот на Европската Комисија. Како што е познато, овој Совет е раководен од опозицијата. За жал, минатата опозиција никогаш не ми упатуваше покана како професор, но еве добро е што сега работите се менуваат на подобро!

Моето излагање во врска со Извештајот ќе биде фокусирано на политичките критериуми, на вистинската заштита на човековите права, на правосудниот систем во целина и секако, на клучната детерминанта во правото на ЕУ, но и во нашиот систем, владеењто на правото!

Ќе нотирам неколку клучни недостатоци што не се содржани во Извештајот, а кои мораа да бидат внатре, не поради нечии лични желби или потреби, туку затоа што на сите граѓани на Република Македонија им е потребен еден објективен ненавивачки извештај кој треба да ги детектира сите слабости на системот со цел натаму да се работи во насока на пронаоѓање соодветни решенија, за нивно надминување!

Со премолчување на проблемите, или со нивно ставање под тепих, мислам дека ниту ЕУ, ниту Република Македонија ќе има некаква полза!

Првото прашање е секако зошто  Европската Комисија,  Европската Унија  и претставниците токму овој извештај го претставија најпомпезно во делот на нотираните успеси кога од друга страна се гледа дека во повеќе од половината од поглавјата резултатите се утврдени како незадоволителни, како поглавја во кои не се нотира никаков напредок, или пак е утврден сосема мал напредок!

Зошто ЕК токму сега пројави желба да го набилда овој извештај со позитивна енергија која реално не соодветствува со она што се случува на терен и зошто розевите очила за состојбите во РМ се ставаат токму сега? Дали е тоа заради потребата од брзо решавање на името?

Граѓаните кои живеат во Македонија, независно од нивната партиска, етничка или друга припадност, секојдневно прашуваат кои се тие вистински реформи што се случуваат во државата, кога истите не се гледаат, а уште помалку се чувствуваат?

Дали овој Извештај е наменет за РМ и за нејзините граѓани, или за некој друг? Граѓаните за жал не можат да видат, ниту да почуствуваат политички, правни, а најмалку економски подобрувања во земјата!

Во овој контекст навистина би побарала објаснување од претставниците на ЕУ зошто во делот што се однесува на Собранието на РМ нема ниту еден единствен збор за нелегалниот, неделовничкиот и неуставниот избор на претседателот на Собранието на РМ што се случи на 27 април 2017 година.

Зошто нема ниту една буква за прекршувањето на процедурата при изборот на претседател, нема ниту една буква за прекршените 20 члена од Деловникот, 4 члена од Законот за Собранието и неколку уставни одредби!

Нема ништо за правниот и процедуралниот хаос што го направи актуелната власт тој ден, за политичкото насилство што беше извршено тој ден, за невладеењето на правото во храмот на демократијата како што треба да се гледа собранието, за грубото газење на Уставот, на Деловникот и на Законот за Собранието на РМ!

За жал, ЕК не најде сила да го види газењето на Уставот и на другите правни акти во земјата од страна на сегашната власт! Политичкото насилство мораше да биде нотирано и осудено од страна на ЕУ со истата жестина како што беше осудено и физичкото насилство!

ЕУ не смееше да си дозволи да се стави во позиција да промовира селективно владеење на правото во земјата најмалку заради својот углед и авторитет што го ужива меѓу граѓаните на РМ!

ЕУ мораше да излезе со конкретна осуда на политичкото насилство во државата, макар срочена и во една реченица, затоа што претставниците на ЕУ знаат дека кршењето на Уставот и на Деловникот на Собранието нема да ја донесе РМ на повисоко скалило од развојот на правната држава, туку ќе ја смести во групата држави каде владее политичкиот волунтеризам, правната анархија, што секако не е добро за никого!

Владеењето на правото е најважниот принцип врз кој почива ЕУ и сите земји-членки на ЕУ. И во Македонија, како земја кандидаткиња за членство во ЕУ мора да владее правото за сите и за секого, бидејќи друг избор немаме!

И покрај комплетното замижување за нелегалната процедура за избор на претседател, во Извештајот сепак е наведено дека промената на власта била одложена поради одбивањето на претседателот Иванов, од политички и легалистички причини да му даде  мандат да формира влада на лидерот на СДСМ кој имаше подршка од мнозинството во Собранието. Извештајот содржи еден класичен и опасен спин што се забележува во неговиот вординг, кој не смееше да се дозволи да биде ставен на хартија, а тоа е дека на 27 април 2017 година затоа што бил избран првиот етнички албански претседател на Собранието, биле предизвикани насилни напади од страна на демонстрантите пред Собранието!

Поврзувањето на првиот етнички албански претседател на Собранието со насилните напади во Собранието или ставањето на етнички предзнак на настаните што се случија во Собранието е невистина која мора да се тргне од Извештајот, затоа што настаните од 27 април не беа етнички мотивирани, туку на против, реакцијата на граѓаните дојде заради прекршувањето на правото во државата!

Ако ЕК навистина сака да биде објективна во Извештајот треба да нотира дека поради прекршувањата на Деловникот, Уставот и Законот за Собрание од страна на пратениците на актуелната власт, се случи и влезот во Собранието, како и подоцна непосакуваното од никого физичко насилство.

Неуставната и неделовничка акција на пратениците од власта ја предизвика реакцијата на демонстрантите!

Знам дека ако вака се нотираа работите во Извештајот, ЕК ќе требаше да побара политичка и кривична одговорност и за пратениците од власта поради флагрантна повреда на владеењето на правото, но тоа е објективаната реалност која за жал не е нотирана никаде!

 Ако вака беа нотирани правните факти кои се реалност, тогаш Извештајот сигурно ќе добиеше поголема тежина и прифатеност во очите на мнозинството македонски граѓани!

Апропо настаните од 27 април, интересно е што во Извештајот нема ниту збор за незаконското приведување на пратениците од опозицијата без предходно да биде симнат нивниот имунитет како што налага Деловникот на Собранието и Уставот на РМ! Слушаме од министерот за внатрешни работи дека пратениците уживале имунитет само за притвор, а не и за приведување?! Срам! А како пратениците беа однесени во притвор, со чочек или со приведување? Како е можно да се има имунитет за притвор, а да се нема имунитет за приведувањето, па како тогаш ќе стигне пратеникот во притвор е прашањето што требаше да го одговори "инвентивниот" Оливер Спасовски? 

За волја на вистината, Народниот правобранител на РМ ја констатираше оваа незаконитост, на истата незконитост укажа и лично Талат Џафери, но во Извештајот на ЕК не е ништо нотирано! Повторно замижување пред незаконитостите и ставање на валканите алишта под тепих со што се намалува интегритетот и кредибилитетот на овој Извештај!

Нема ниту збор за најтешката кривична квалификација "терористчко загрозување на уставниот поредок" што ја добија лицата кои пееја македонска химна во Собранието и кои зборуваа за потребата од унитарна Македонија, и Македонија како држава на сите нас!

Од друга страна, нема осуда за албанскиот пратеник кој пееше химна на Република Албанија во Собранието на РМ!

Во делот на реформите на судството, чудно е што нема никаква реакција или барем укажување од страна на ЕК дека премиерот Заев не може да раководи со Советот за реформи во правосудниот систем на земјата!

Ова се коси со уставните начела во земјата, кои едновремено се и начела во правото на ЕУ!

Се коси со начелото на поделбата на власта, се коси со начелото на независноста и самостојноста на судството, но и со интегритетот и самостојноста на судиите кои како членови на советот за реформи се принудени да му стојат мирно и да му се директно подредени на премиерот!

Во Извештајот е нотирано дека и натаму околу 60% од предлог-законите во Собранието се донесуваат по скратена или итна постапка без за тоа да постојат конкретни причини. Јасно е дека скратената постапка на донесување на законите го намалува квалитетот на предло-законите. Во овој дел од Извештајот повторно нема ниту збор за кршењето на деловничката процедура при носењето на Законот за употребата на јазиците од страна на Талат Џафери и Артан Груби како претседател на собраниската Комисија за европски прашања! Нема ниту збор за злоупотребата на европското знаменце за политички цели што беше констатирано од нколку амбасадори во земјата, нема ниту збор за директната дискриминација што овој закон би ја правел кон другите малцински заедници во државата кога ќе стапи во сила!

Ноторен факт е дека Законот за употреба на јазиците е дискриминаторен за сите останати заедници во земјата!

Со него на јасен начин и недвосмислено се фаворизира употребата на албанскиот јазик како надреден над сите останати малцински јазици, и спротивно на Уставот се наметнува како втор службен јазик на цела територија на државата. Законот е спротивен на амандман 5 од Уставот, спротивен е на Охридскиот рамковен договор, поточно на точка 6, како и на Анекс Б, точка 8 која прецизно го дефинира опсегот на примената на законот за јазиците.

Иако оваа власт го зголеми рокот за јавни консултации во однос на политиките и законите од 10 на 20 дена, сепак ноторно е дека се' уште нема институција која е одговорна за контролата на квалитетот на самиот процес на консултации што е критичка слабост. Задолжителните интер-министерски консултации се формалност. И самите институции немаат потреба да прават детален осврт на сите забелешки добиени во процесот на консултации, недостасува целосен увид меѓу кажаното на консултациите и немањето прецизни бројки што примената на конкретните закони ќе значи за буџетот на државата.

Собранието и натаму нема доволно контрола над владиното трошење пари, вклучително и тоа колку владините предлози имаат буџетски импликации.

Во делот на реформата на администрацијата набележано е дека летото 2017 година Владата има незаконски разрешено или им го има незаконски престанато мандатот на илјадници членови на управни и надзорни одбори, комисии, и други тела, како и на топ менаџерите на 85 јавни институции врз основа на нивната наводна опструкција при трансферот на власта! Не постои ниту еден доказ за наводна опструкција при трансферот на власта!

Власта се' уште не  обрнува внимание на целосно почитување на системот на заслуги при регрутирањето на лица на позициите во јавната служба. За жал системот на заслуги, образованите компетенции и стручните квалификации на кандидатите за оваа Влада не се воопшто важни. Важна е партиската лојалност и членска книшка! 

И покрај забелешката дека има прекумерна употреба на привремените договори за вршење услуги или други видови на регрутирање кои го бајпасираат принципот на заслуги и употребата на отворен натпревар меѓу сите кандидати, Владата и натаму тера со партиски директиви при новите вработувања!

Нема ниту збор за извршените незаконски разрешувања на професионалци во администрацијата, во МВР од страна на оваа власт, ниту збор за незаконското унапредување или уназадување зависно од партиската припадност на вработените по неколку скалила на работните места во администрацијата, нема ни збор за отказите што илјадници луѓе ги добија од оваа власт само затоа што биле вработени од претходната, ни збор за мобингот што се прави од високи функционери во владата врз вработените, ни збор за бројни примери на судир на интереси што носителите на власта ги имаат при работењето, ни збор за непотизмот, за вработувањата на свои роднини, деца во државните институции.

Понатаму, во Извештајот се наведува дека на државата и недостасува соодветна координација меѓу клучните институции во делот на имплементацијата на политиките. Нема ниту минимални барања или насоки во секторот за планирање кај министрите. Како резултат на ова секторот на планирање останува слаб, што се одразува и врз нецелосното и само на хартија ставено финансиско планирање. Квалитетот на координативниот систем на ЕУ интеграцијата како во делот на политичките мерки, така и во делот на имплементацијата на помошта од ЕУ фондовите останува мал.

Фудаменталните права продолжуваат да бидат во голем дел пропишани во законите, но имплементацијата на законите бара одржлива заложба кон реформите. За жал зборуваме за човекови права, а основното право на секој Македонец да се нарекува Македонец и така како  што чувствува никој не го штити!

Се водат тајни преговори за промена на нашето државно име, се крши Уставот и законите во државата во делот на преговорите, само за РМ се измислуваат дополнителни критериуми за членство во НАТО и во ЕУ, се додаваат услови со кои не се почитува домашното, ниту меѓународното право каде јасно стои дека државното име и идентитетот на нацијата се јус когенс категории, фундаментални принципи, инхерентни вредости кои ние ги имаме стекнато како такви многу пред Грција да го преименува својот регион во Македонија, во 1988 година!

Името и идентитетот се елементи на нашата државност, тие се елементи на нашиот правен субјективитет како држава! Во оваа смисла, заштитата на фундаменталните права на граѓаните на РМ треба да се движи, пред се', во заштитата на нашето универзално признато право на самоидентификација како Македонци, во заштита на правото самостојно да одлучуваме какво ќе биде нашето име, каков ќе биде нашиот идентитет, бидејќи сето тоа го дефинира и нашето достоинство како поединци, но и како државјани на РМ.

 

НИКОЈ, ВКЛУЧИТЕЛНО И ЕУ  НЕ МОЖЕ ДА НИ ГО ПОРЕКНЕ ПРАВОТО ДА БИДЕМЕ МАКЕДОНЦИ!

******

 

27 април 2018 година 

http://www.dudinka.org/забранетиот-говор-на-тaња-каракамише/

 

 

Џејсон Мико

Џејсон Мико 

 ДА ЗАБОРАВИТЕ КОИ СТЕ Е ДОЛГОРОЧНА ОПАСНОСТ ЗА МАКЕДОНИЈА

****

 

Таканаречените "преговори за името" се на пауза (следните преговори меѓу министрите за надворешни работи се планирани на 3 и 4 мај 2018 г. а двајцата министри молчат пред јавноста) па поради тоа, дозволете ми да почнам со нешто што може на прв поглед да ви делува малку необично. Дали знаевте дека на планетава им четири Кереци?

Ве молам да одвоите малку од вашето скапоцено време и размислете за тоа. Четири етнички Кереци. На целата планета. Веројатно ќе ме прашате - "а што е впрочем тоа Керек?" "Не е ни важно", ќе ви одговорам, "бидејќи се на пат да бидат целосно изумрени, па зошто да губиме време да дознаеме нешто за нив?"

Ако баш ве интересира, Кереците се (или, барем во моментов беа) етничка заедница во Русија. "Во текот на 20 век, Кереците безмалку целосно се асимилираа со народот Чукчи", пишува доктор Википедија (каде исто така пишува дека постојат околу 16.000 Чукчи). Ви реков дека овој текст е по малку необичен, но тоа е затоа што сакам да потенцирам еден момент. А тоа е дека во минатото имало многу повеќе Кереци. А сега скоро и да ги нема. Зошто? Не сум потполно сигурен, но претпоставувам дека заборавиле кои се и што се; дозволиле да бидат апсорбирани од друг народ.

Доколку овие разговори доведат до тоа да имаме ново "име" за Македонија, тогаш, со текот на времето, македонскиот идентитет на Македонците ќе почне да бледнее, во почеток постепено, а потоа се' побргу и побргу. Ова е факт поткрепен од историјата, а историјата е буквално преполна со групи на луѓе кои веќе не постојат. Како што идентитетот на Македонците ќе бледнее, така ќе се шири и расте идентитетот на други групи, што е нормален исход кога една етничка група ја промовира својата култура, историја, јазик... Ова се случува со етничките Албанци во Македонија (и нивните собраќа во Косово и Албанија), со соседните Бугари кои инсистираат дека Македонците се Бугари, Грците си поставија за цел да го избришат секој спомен на идентитетот на етничките Македонци, Србите сметаат дека Македонија е всушност "Јужна Србија" и сите тие продолжуваат да ги наметнуваат своите идентитети на сметка на забрзано намалениот македонски идентитет (ако ми дозволите еден груб американски израз - ќе го користиш или ќе го загубиш).

Од една страна, нема ништо лошо ако идентитетите на овие групи продолжуваат да растат и развиваат на различни нивоа - тоа и треба да го прават етничките групи (иако во ЕУ мислат поинаку). Но, што се случува доколку една (или повеќе) идентитетски групи растат, а друга се смалува, особено ако делат заеднички простор? Што се случува кога нема услови на вакум? Како што велам, "силата не толерира вакум".

Може да се рече дека, како што бледнее идентитетот на Македонците, така други идентитети агресивно ќе се шират во празниот простор. Ова пак ќе продолжи да ја слабее структурата на Република Македонија дотаму, што до некоја точка во иднината, или граѓаните ќе речат "дај да ја баталиме оваа работа" и ќе ја поделат државата меѓу соседите, или пак соседите ќе си речат дека"нема поента и понатаму за ова да велиме дека е функционална држава на луѓе кои себеси се нарекуваат 'Македонци', па ајде да се здружиме меѓу себе и со меѓународната заедница за да ја поделиме".

Јасно е дека многу од овие погоре посочени држави и етнички групи би сакале да го видат и да го реализираат токму ова сценарио.

Гледаме дека државата како Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Канада, Белгија и многу други се под закана од распад (можеби малку ги поедноставувам работите во врска со Канада, на пример, која сепак е главно унифицирана држава, но сепак има силен француски идентитет во Квибек).

Едноставна , а сепак многу длабока е вистината дека за нешто да расте, тоа мора да се храни. Но, важи и обратно, за нешто да се намалува, мора да се изгладнува одреден временски период, додека не изумре.

За нашите идентитети е многу важно да знаеме и никогаш да не заборавиме кои сме и што сме, а тоа е клучно важно и за нашата безбедност како нации и како национални држави. Да се осврнеме кон мудроста на минатото. Џорџ Орвел напишал дека "најефективен начин да се уништи еден народ е да се негира и избрише неговото сеќавање за сопствената историја". Рускиот дисидент Александар Солжењицин вели дека "за да уништите еден народ, мора да им ги пресечете корените". А Милан Кундера, во "Книга за смеата и заборавот" вели дека "првиот чекор кон ликвидирањето на еден народ е бришењето на неговото сеќавање. Уништете им ги книгите, културата, историјата...Наскоро таа нација ќе почне да заборава што е и што била". Во Варшава, Полска, на почетокот на неговото второ патување во странство, претседателот Доналд Трамп му порача на полскиот народ и на светот дека "нашите непријатели се осудени на пропаст бидејќи ние никогаш нема да заборавиме кои сме. И ако не заборавиме кои сме, никој нема да може да не победи".

Политичари, професори, тинк-тенкови и невладини организации во САД и во ЕУ со право велат дека е клучно важно Македонија да остане независна национална држава бидејќи тоа ќе ја засили регионалната стабилност. Но, во исто време, тие рабоаат на тоа да се избрише македонскиот идентитет, што ќе го постигне токму спротивниот ефект.

Јакнењето на идентитетот и одбраната на демократијата (и на националната држава) се два поврзани процеси. Во својата книга "Одбрана на идентитетот: Ненадоместлива улога на одбраната на демократијата" Натан Шарански, израелскиот автор роден во Советскиот Сојуз, ги упатува своите читатели во неговата верба дека нашиот идентитет, како индивидуален така и на групите луѓе, е клучен во одбраната и заштитата на демократијата и слободата. 

Шарански вели: "Не само што силните идентитети се клучни за поединците кои сакаат да водат живот исполнет со смисол, туку тие се клучни и за подготвеноста на нашите демократски држави да ги браниме слободите кои токму ги цениме. Универзалниот квалитет на идентитетот му дава значење на животот кое е поголемо од самиот живот. Идентитетот, посветеноста во животот, се клучни бидејќи ја задоволуваат потребата на луѓето да бидат дел од нешто што е поголемо од нив самите. Демократијата упатува на цената на слободата; идентитетот ни дава причина да бидеме слободни...Без идентитетм демократијата е неподготвена да ги брани своите вредности".

Ова е долгорочната опасност со која е соочена Македонија. Владата може колку сака да го промовира својот план 3-6-9-, но се' додека преговара за идентитетот на македонскиот народ, сите други планови ќе пропаднат.

 

11 мај 2018 година

http://www.kurir.mk/kolumni/

 

 

 

 

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНИЈА ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

(1941-1945)

ДЕЛ 91

13.4. Трансформацијата на АСНОМ во Народно собрание и изборот на првата Влада на Демократска федерална Македонија

*** 

Со одржувањето на Третото заседание на АСНОМ (14-16 април 1945) во Македонија се заокружил еден многу значаен историски периотд којшто започнал со подготовките за свикување на АСНОМ а завршил со неговото трансформирање во Народно собрание на Македонија. Поради тоа, 16 април треба да претставува датум на завршувањето на Народноослободителната антифашистичка војна во Македонија (1941-1945), а потоа започнува таканаречениот повоен период на развојот.

Одржувањето на Третото заседание на АСНОМ било условено од низа причини. Македонија веќе неколку месеци вила слободна. Времемто по Второто заседание било исполнето со многубројни и разновидни активности. Президиумот на АСНОМ сметал дека активностите треба да бидат верифицирани од највисокиот државен орган. Освен тоа, се' уште било отворено прашањето за формирање на првата влада. Втората причина произлегувала од потребите за усогласување на организацијата на власта во републиките со федерацијатаа. Имено, наместо Националниот комитет за ослободување на Југославија, кој за време на војната вршел улога на влада, на 7 март 1945 година се формирала Привремената влада на ДФЈ. Истото требало да биде реализирано и во републиките, односно да се пристапи кон создавање на т.н. земски влади и кон изедначување на системот на власта.

Така, на 16 април 1945 година, врз основа на донесените акти на Третото заседание на АСНОМ, се формирала првата Влада на ДФМ. Формирањето на владата на ДФМ имало длабоко државнотворно значење. Таа е првата влада во историјата на македонскиот народ. Без оглед на нејзиното програмско определување за иднината на ДФ Македонија во југословенската федерација, таа имала и политичко-историско значење. Како што е веќе спомнато, од 2 август 1944 па до 16 април 1945 година, нејзината функција ја вршел Президиумот на АСНОМ, кој  имал тројна улога. По 16 април 1945 година Президиумот на АСНОМ продолжил да функционир како Президиум на Народното собрание на Македониј, со битно намалени ингеренции во законодавната дејност. Владата на ДФ Македонија станала основен носител и столб на државната политика во Македонија и го креирала целиот законодавен механизам. Се разбира, не без преголемата интервенција на КПМ, изразена и преку спојувањето на функциите во овие органи.

Иако веднаш по формирањето, Владата на ДФМ прифатила да се  прилагоди кон централистичкиот систем на југословенското уредување, во некои области таа сепак морала да дејствува автономно. Со неа се остварила определбата на АСНОМ за формирање македонска влада, а Македонија го дооформила сопствениот систем од органи на власта, како современа држава.

 

14. Просветно-културниот и верскиот живот (1941-1944)

*** 

Во текот на народноослободителната и антифашистичката војна (1941-1945), во Македонија се одвивал културно-просветен и верски живот на македонскиот народ, вклучувајќи ги и националните малцинства. То се одвивал напоредно со воените и политичките активности во борбата за ослободување и бил изразен низ повеќе сегменти, а како позначајни може да се издвојата образовните активности, културата и верскиот живот.

Така, на пример, во областа на образованието, НОАВМ претставувала продолжение на долготрајната борба на македонскиот народ за создавање сопствена македонска база за просвета, култура, јазик, уметност, односно борба за еманципација на македонската нација. Истовремено, таа борба се водела против наметнувањето на туѓи образовни и културни програми присатни во Македонија за време на нејзината окупација.

Уште од почетокот на војната, односно од почетокот на востанието од 1941 година, раководството на НОАВМ ја развило идејата за национална самобитност. Таа идеја се реализирала со употребата на македонскиот јазик во непосредната комуникација и во пишуваните документи. Разни упатства, апели, препораки и слични материјали биле пишувани на народниот македонски јазик, кој бил официјализиран со Решението на АСНОМ за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во Македонија.

Во рамките на највисоките воени, политички и државни органи, уште од 1943 година работеле разни агитационо-пропагандни одделенија. Така, во составот на Главниот штаб, биле организирани служби со референтства за школоство и за верски прашања. Тие, во рамките на можностите и во согласност со воените услови, преземале активности за да профункционираат основните училишта и да се остварува верскиот живот на населението во населените места.

Првите македонски училишта биле отворени во септември 1943 година на слободната територија во западна Македонија, во неколку села каде што имало услови затоа. Исто така, на оваа слободна територија верскиот референт организирал собир на православните свештеници.

На Првото заседание на АСНОМ проблемот со описменувањето и образованието на македонското население се нашол меѓу најанализираните прашања. Било предложено да се формира посебна комисија за утврдување на основните принципи на македонскиот литературен јазик и за подготовка на службеното писмо, но и за подготовка на букварот и другите неопходни учебници. Во Президиумот било формирано посебно Поверенство за просвета, кое ја презело улогата наресорен орган за образование и култура.

На почетокот се изучувал и предметот веронаука, кој подоцна отпаднал поради определбата за одделување на црквата и државата. Набргу потоа биле организирани курсеви за описменување и биле преземени редица оперативни активности за организирање на образовниот систем. Веќе во ноември 1944 година, во поголемите градови на Македонија, биле отворени повеќе гимназии и стручни училишта. Образовниот систем се надградувал со организирање со организирање целосен опфат на популацијата и со отворање на првите училишта на јазиците на националните малцинства во Македонија.

Многубројни биле манифестациите од областа на културата. Тие се манифестирале преку уметничкото творештво на учесниците во борбата, како и преку ширењето на тоа творештво и на други уметнички вредности меѓу самите учесници. Така,  за време на овој период, македонското литературно творештво ги продолжило и успешно ги надоградило тематските и естетските вредности, традицијата и континуитетот на книжевната писменост. Писателите војувале истовремено и со зборот и со оружјето, го подигнувале моралот на своите соборци за да истраат во борбата за слобода. Секако, челните места во литературното творештво им припаѓаат на Кочо Рацин, Коле Неделковски, Венко Марковски, но покрај нив се појавиле и многу други творци што ја збогатиле книжевната ризница. Оваа врвна литератуна тројка била надополнета со творештвото, уако не многу богато но многу значајно, на Мите Богоевски, Ацо Караманов, Волче Наумчески, Цеко Стефанов Попиванов, кои пишуваче на македонски јазик, а потоа следувала новаѕа генерација литературни творци по завршувањето на војната (Блаже конески, Славко Јаневски, Владо Малески, Ацо Шопов, Коле Чашуле и други).

  • Блаже Конески 1921-1993

  • Славко Јаневски 1920-2000

  • Ацо Шопов 1923-1982

Раководството на НОД уште од почетокот на 1941 година особено внимание и' посветувало на издавачката дејност. Организирањето на тајните техники за пешатење и самото печатење, покрај другото, придонесувале за ширењето на македонскиот јазик, просветата и културата. Првите форми на издавачката дејност биле разните прогласи, весници, билтени и друг пишуван материјал.

Во текот на борбата се појавиле педесетина информативни весници, билтени и слични гласила со разни имиња. Меѓу нив најпознати биле: "Дедо Иван", "Народен глас", "Млад борец", "Билтен на ГШ на НОВ и ПО за Македонија", "Илинденски пат" и други. Во почетокот издавачката дејност се одвивала преку т.н партиска техника, раководена од ПК на КПЈ за Македонија, но подоцна таа се ширела преку другите структури на борбата. Така, речиси секоја бригада и покрупна воена единица на македонската војска објавувала свој весник. Од 29 октомври 1944 година во селото Горно Врановци започнало печатењето на првиот македонски дневен весник, еден од симболите на македонската државност, весникот "Нова Македонија". АФЖ го објавувал весникот "Македонка". Во Горно Врановци започнала да работи првата радиостаница "Слободна Македонија", а на 28 декември 1944 година, со директниот пренос на Радио Скопје, започнала работата на оваа куќа која е, исто така, еден од симболите на македонската државност. Своје влијание врз развојот на издавачката дејност имале македонските литературни творци кои своите прилози ги објавувале на македонски јазик во многубројните весници. Иако во воени услови, во рамките на издавачката дејност, како брошури биле објавени 32 наслова, 69 прогласи и соопштенија, збирката на документи - АСНОМ, еден зборник на македонски борбени песни и друго. На тој начин се создала плодна подлога за натамошниот развој на издавачака дејност и воопшто за развојот на македонскиот јазик и културата воопшто.

Музичката дејност, како манентен дел на секојдневното живеење и војување, била нагласено присутна. Низ песната народот спонтано ги изразувал чувствата, пораките и наклоноста кон ослободителното движење. Песната, пак, придонесувала за јакнење на ослободителната свест и борбениот морал и била третирана како нивен составен дел. Така се создавала партизанската песна, која се појавила од нотите на музиколозите или, пак, била испеана во некој народен мотив. Затоа во македонскиот фонд на партизански песни се присутни и оригинални творби но и музички творби со преземени мотиви. Песните ги изведувале соло-пеачи или партизански хорови, кои се појавиле во текот на 1943 година. Во мај 1944 година во Локов бил формиран ансамбал што го добил името "Опере'та", која за кратко време станал популарен меѓу борците и населението. Веќе во вторта половина на 1944 година се формирале повеќе ансамбли, а есента истата година во Горно Врановци пристигнале повеќе музички творци: Петре Богданов-Кочко, Тодор Скаловски, Трајко Прокопиев, Властимир Николовски и други. Тие придонесле за афирмацијата на македонската песна, како еден од фундаменталните извори на инспирација за борба и за творештво.

 

Продолжува

Розита Македонска Христовска

 

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

****

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

 

 

 

 

На квечерина...

ЗАСПАНА ПРОЛЕТ

  • Да не беше ти
    не ќе се пронајдев себеси.

    Да не го запреше
    времето во мене,
    минато ќе беше
    моето насмеано лице.

    Не ќе ме гледаа чудно
    кога врвам по патот
    сама а насмеана
    па им заличувам
    на некоја што не сум јас.

    Не ќе дознаев никогаш
    дека полната месечина
    повикува на романтика
    и вечера за двајца
    крај разгорен камин
    и свилена постела,


  • а не е морничава најава
    на нечестиви сили
    и озабени врколаци
    што демнат во мракот
    со закрвавени очи.

    Да не беше ти
    никогаш не ќе дознаев
    дека сум само осамена
    а не само полужива
    и од радоста заборавена,
    дека сум чувала
    уште една пролет
    заспана во мене,
    чекајќи зрачец светлина
    за да ме разбуди,
    за да ме расцути.
    ***********
    Автор, Розита Христовска
    8 мај 2018 година

Kind regards : 19 мај 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 144