НЕ СИ ИГРАИТЕ СО СВОЈОТ НАРОД

Проф. Мирјана Најчевска

Сотир Гроздановски

КОРЕЛАЦИЈА ПОМЕЃУ "ГРУЕВИЗМОТ" И "ЗАЕВИЗМОТ"

 

И денес меѓу нас има секакви и "такви" и "вакви", но и "никакви", кои би можеле да се вклучат и таму и ваму или никаде, спрема тоа, како кој има потреба да ги вработи некаде и им овозможи да си обезбедат некаков статус во општеството и да се слушне нивниот став и глас за нешто ново што доаѓа. Во блиското минато прилика за тоа беше "шарената револуција", наречена од некои уште како "народно движење за правда, слобода и живот за сите", а учесниците во неа, самодефинирани како револуционери или борци за човекови права, односно, борци  против "режимот" на Груевски или борци против "Груевизмот", кој ја држел Македонија "заробена" повеќе од 10 години и "изолирана" од целиот свет со својот "национализам", односно "македонизам". 

Немав намера да го бранам "Груевизмот", "Бранковизмот", "Георгиевизмот" или било кои други режим кој не се покажал кадер да ја води македонската држава и народот македонски во постојан развој и безбедност. Да го чува  и сочува   името  на македонската држава и идентитетот на македонскиот народ со сите негови атрибути по секоја цена, дури и по цена, вредна да се потегне и меч. Намерата ми беше, само,  да направам некоја споредба помеѓу нив, по објективна, што е можна, а на моите читатели, пак, да им го свртам вниманието кон играта, со која ни се загрозува  опстанокот. 

Ја спомнав "шарената револуција" која, можеби, имаше некои добри намери, но средствата и начинот со кој  сакаше да се постигнат, никогаш не би ги користел во својата сопствена земја. Тие беа деструктивни, несериозни, неодговорни, зошто нанесоа огромни материјални и многу други штети кои и денес се чувствуваат по угледот и материјалната благосостојба на народот. Но и ни донесоа зло во земјата , кое е наменето да ја обезличи, обезвредни и на крајот ја докусури Македонија, а македонскиот народ го претвори во народ без татковина и со статус на безвредна и аморфна маса во составот на европската и светската заедница на народите.

Таа  на Македонија и' го донесе ова што го имаме, од што "освестените" нејзини актери денес гневно се дистанцираат. Се дистанцираат, зошто нивните лични цели и амбиции не беа задоволени.  Не беа вклучени   во реализацијата на  "Заевизмот" роден, инсталиран и пуштен во акција од надворешни сили, кои никогаш не и' мислеле добро на Македонија и на Македонците.

Впрочем и "шарената револуција" беше скроена по урнекот на "албанската револуција" од 2001 и подоцнежните години наваму. Нејзините осмислувачи, организатори  и финансиери беа и останаа  исти. Целите исто така,  да се разнебити Македонија и македонскиот народ. Нејзините борци беа наречени, во почетокот, бандити и терористи, а подоцна, промовирани  во "борци за човекови права и слободи". Потоа рехабилитирани и на крајот, како награда за извршената но не довршена "работа" сместени  во сите институции на  државата, почнувајќи од полицијата, војската, разните министерства од витален значај,  па се' до главата на законодавната власт на Република Македонија,  Собранието.

За  очекување е,   "заслугите за народ и просперитет" на македонската држава да бидат  наградени со отстапување на највисоката  државна и воена власт  во земјата, покрај законодавната, па да се затвори и тоа прашање: "правдата да биде задоволена", едно малцинство со учество од помалку од 20% во вкупното население дa ја контролира Македонија и нејзината судбина. Но и да му се даде добра прилика, поуспешно да ја разорува  државата од внатре, што досега така убаво и ефикасно му оди од рака како најактивен и "најконструктивен" партнер на СДСМ во преговорите со Грција, околу демолирањето и разнебитувањето на  Македонија. 

"Режимот" и "Груевизмот" го нема повеќе, "шарената револуција" си ги исполни своите цели и "Заевизмот" профункционира. Топењето на македонската држава, е во полн ек. Потоа обезличувањето на македонскиот народ, владеењето на "слободата, правото и правдата" и можноста секој да се најде зад вратите во Шутка или Идризово, до колку се сомнева дека  сето ова што ни се случува,   е  спротивно на  "демократијата".

После договорот за добрососедство со Република Бугарија, со комплетирањето на Тиранската платформа и оргијањето и ликувањето на албанските политичари и нивните надворешни ментори заради воспоставената двојазичност на целата македонска територија, при тоа истиснувајќи го  македонскиот народ на маргините од македонското општество,  сите видовме каде не води новата "реформска влада"  со која сите странски советодавци се "восхитуваат".

Се восхитуаваат, зошто најдоа, конечно, некој во Македонија кој како робот ќе ги извршува нивните сценарија  за довршување на она што и' го наменија на нашата земја  пред 100 и кусур години, во времињата кога ја распарчуваа македонската територија и македонскиот народ. Тогаш не успееа потполно да ги реализираат своите пеколни планови, а сега ете со раѓањето на "Заевизмот" и "албанизмот" се створија можности  нивниот сон да биде остварен:  Македонскиот народ да нестане од меѓународната сцена, заедно со македонската држава.

Што значи, кремот на сите благодети кои ќе ни ги донесе оваа  "народна" влада на СДСМ,  ДУИ и "Заевизмот", секако ќе биде преименувањето на Македонија во нешто што на никој досега во светот не му паднало на памет да му го стори на својот сопствен народ и својата сопствена држава. Се разбира, до колу Македонците ќе си  дозволат таков "луксуз" еден грст налудничави "шарени" злосторници обединети со грст предавници и недоветни пауни од владеачката гарнитура на Заев, до тоа тереџе да ги доведе при здрав ум и отворени очи.

Да, со име, кое "Грција" им го наменила како одмазда за сите нејзини историски неуспеси во борбите со Македонија и нејзините храбри водачи и горди Македонци, но и со цел да  ги сокријат сите злосторства од минатото и сегашноста направени спрема Македонците во сојузништво, со своите партнери. Особено, во егејскиот дел на Македонија.

Тоа "мора" да се заврши за време на најголемиот предавник во историјата на Македонија, устоличен надвор од сите законски норми на македонското правосудство  и со помош на "меѓународната заедница". Сега му е мајката народе! Така си размислуваат нашите соседи.  "Дури е железото жешко, можеме да го обработуваме и да правиме со него, се' што сакаме"!

Криминалниот акт кој ни се подготвува  како пакет со содржина која би требало со задоволство да ја прифатиме,  се разбира  до колку вистински го изгубиме умот и разумот, би можел да биде "круна" на новата влада и "Заевизмот" и "сигурен" пат кон "среќната" иднина во прегратките на НАТО и Европската Унија, со  единственото име на светот, како нова Балканска "ЌЕНЕФ"  држава, спрема јавната изјава на нашата "шарена револуционерка" и универзитетска професорка, Мирјана Најчевска.

Јас намерно не сакав да ја цитирам нејзината комплетна изјава изречена пред стотици нејзини подржувачи  за време кога веруваше  во идеалите од кои набрзо се откажа, откако се почувствува изиграна, понижена и отфрлена со многу други како неа., но сметам дека и оваа куса верзија е доволна да видиме со какви луѓе од "шарената револуција" имаме работа и денес. Се разбира, повеќето од средината на "кремот над кремовите" во Македонија. Од  образовната заедница на македонската држава, од која зависи, за жал, иднината на македонскиот народ, вкупната култура и над се', способноста за било каков современ развој.

За чудо, овие одродени  членови на нашата заедница   денес  бесрамно учествуваат во разни ТВ дебати и гневно  го критикуваат  режимот во чие устоличување и самите активно учествуваа со својата невидена агресивност,  примитивизам и уништување на народниот имот, како да беше сопственост на нивниот финасиер, мултимилијардерот Џорџ Сорос. Го критикуваат новиот режим, но сепак се држат за него и подржуваат во она што го прави против интересите на македонскиот народ, кој и така  за нив не значи многу.  Се грижат за својата повредена суета и можеби што ќе се случи утре со нив и нивната иднина, кога и "Заевизмот" ќе нестане без трага и глас, како и многу  други како нив, во минатото.

Но сепак, критикувајќи го "Заевизмот", не смееме да ги занемариме и големите грешки на "Груевизмот", кои покрај позитивните резултати кои им го, колку толку, подобрија животот на народот во Македонија, не може да му се опрости доброволното напуштање на власта во полза на актуелнава "Хунта", како денес со гнасење и со право се нарекува новата влада од мнозинството народ, во земјата.

На Конгресот во Валандово, одржан неодамна, ВМРО-ДПМНЕ избра и свој нов лидер во лицето на господинот Христијан Мицкоски. После овој настан се роди надеж дека положајот на  македонската политичка сцена ќе им се подобри и можеби во идниот изборен циклус или порано од тоа, оваа најголема опозициска партија во земјата ќе успее да го превземе водечкото кормило и ќе  го промени негативниот тренд, со  кој Заев и неговата "реформска" влада ја турка  Македонија во хаос и длабок амбис, од кој е тешко да се излезе не повреден. Но, спрема позициите кој новиот лидер ги зазеде и изјавите кои ги даде во јавноста, тој му даде посилен ветер в'плеќи на Заев. Му го обеззбеди зацртаниот пат што поскоро да ја уништи македонската држава и го разнебити македонскиот народ. Тоа значи, Заев да си ја врши својата работа и да "земе" одговорност за своите постапки, а ВМРО-ДПМНЕ ќе се "грижи" за националните интереси на народот и државата, правејќи недоветни од сите нас дека е можно сето тоа во непостоечка држава и обезличен  македонски народ. 

Постана ли Мицкоски партнер, во сенка, на криминалната "реформска" влада на  Зоран Заев?  Прашање е за членовите на најголемата опозициска партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ! Зошто, од заедничките "стратешки" цели по секоја цена да се внесе Македонија во клуб кој не те сака се' дури не  се разнебитиш самиот себе си, таков е логичкиот заклучок.

 

*********************

Ова ли е Премиерот на нашата македонска држава од кој се очекува да ги штити македонските национални интереси, правото и правдата во земјата? Овие ли се борците на "Заевизмот" кои ги тероризираат своите сопствени безбедносни органи? Овие ли се борците за слобода, правда и живот за сите?

Ова ли е "бруталната и насилна полиција" со која оваа "шарена антимакедонка" и "антифашисткиња", ИРЕНА СТЕРИЈОВСКА, шетајќи се по соседските ТВ и плукајќи по својот сопствен народ и се' што е македонско се подигрува и ја понижува, а тие "го молат Бога да не ја казнува, зошто и така сиротата не знае што прави"?


Ристо Никовски

************

Ристо Никовски

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЃОРЃЕ ИВАНОВ И ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ

Предлозите на Метју Нимиц навредливи

МАКЕДОНИЈА БЕЗИМЕНА

 

Предлозите на Нимиц се навредливи. Со кој било од нив, Македонија  останува безимена и обезличена. Сите предлози се, всушност, нова референца, слична на таа од СБ на ООН ("поранешна..."). Овие се, можеби, малку подобри од неа, ама трајни и овој пат, не дај Боже, една треба да се ефектуира со наша согласност која ќе не обврзува да ја користиме. Поточно, самите да се третираме како безимени. Еве подетално.

Сегашното име е - Македонија. (Не "Република Македонија", како постојано се повторува во земјава). Тоа е името кое во праксата се нарекува - кратко или вистинско име. На меѓународната сцена, државите се - Франција, Германија, Данска, Индонезија, Перу, Алжир, Монголија, Турција, Хрватска, Србија, Шпанија... така се викаат сите поред, вкупно скоро 200. Без исклучок. Пред некоја вечер, во ракомет, ние загубивме од Шпанија а не од Кралството Шпанија, кое е нивното т.н. долго име кое скоро никаде официјално не се употребува. За разлика, бидејќи името ни е нелегално суспендирано во ООН, ние бевме "FYR Macedonia",. Значи, без име. Или имаш име и со него те третираат, или немаш, како во споменатиов случај. Тоа што се користи во Хрватска сега е скратена референца или некаков код за да не разликуваат од другите. Име во никој случај не е ниту може да биде. Што значи FYR? Не треба да се залажуваме. Оваа кратенка може да ни изгледа подобро од целата референца од ООН, исто така факт е дека сите го гледаат и читаат само "Macedonia", ама формално правно, а тоа е клучно за нас, на шампионатот ние сме - безимени. Додавката "FYR" го девалвира и обезвреднува зборот "Македонија" кој е само дел од референцата ама не е име. Така ни се случува и на безброј други места.

Дека горното тврдење е точно, отворете на Интернет и побарајте - листи со членки на ООН, ОБСЕ, на НАТО, на ЕУ...било каде, во која било организација...во светската банка, ММФ...ќе видите дека сите и секаде се наредени според своите имиња и по таков азбучен ред. Набргу ќе има зимски олимписки игри и земјите ќе дефилираат со своите имиња и по тој редослед. Никаде и за ниту една држава не пишува дали е република (огромен број од државите имаат таква политичка определба), сама или со додавка - народна, народна демократска, социјалистичка, исламска, федерална...или (кон) федерација, комонвелт, кралство или обединето кралство, војводство... Некои, пак, имаат само име, без политички одредници: Канада, Ирска, Јапонија, Босна и Херцеговина, Унгарија... "Долгото" име на Грција, на пример, е (Х) еленска република ама тоа никаде не се споменува. Никој не ги знае како такви. Јужниот сосед е најдобар пример дека само името на државата е важно а не политичката определба.

Да заклучиме: во меѓународното општење земјите влегуваат само со своето име и без додатните политички определби, кои имаат секундарно значење. Тоа е универзално правило, користено од сите. Ние не смееме да бидеме нешто трето, измислено. Значи, нема случај во светот името на која било држава да биде некаков состав од политичка определба (република), географска додавка (северна, вардарска...) и некаква именка која нема да има никакво значење, најмалку име (Македонија). Ако ние прифатиме нешто такво, без оглед каков е притисокот, блокадата, уцената и ултиматумот, амбициите на (НАТО, ЕУ) тоа значи дека не сме како сите. Тоа би било историска грешка на негирање на самите себе бидејќи таквото решение апсолутно ќе значи дека прифаќаме да бидеме третирани како ПРИВРЕМЕН ДРЖАВЕН СУБЈЕКТ. Како и до сега. Трајни држави не можат да бидат безимени или именувани со безсмислен композит. Не треба да има дилеми дека фактичкото немање на име неизбежно, иако постепено, а тоа е и стратегијата и целта на САД, ќе води во директно негирање и на националниот идентитет на народот и ќе следи нов ужас без крај.

Според предлозите на Нимиц, оваа држава нема да има никаква врска со името - Македонија, во никој случај. Користениот збор евентуално ќе асоцира само дека сме дел од регионот Македонија и ништо повеќе. Ако е така, а апсолутно така е, да видиме што ни предлага Нимиц.

 

Во предлозите на Нимиц нема име за нашата држава.

******************

Тој ни нуди Описни формулации, или референци, кои немаат никаква врска со некакво име. Сите пет се такви. Во нив Нема име. На пример, според Нимиц, нашето "име" треба да биде "Република Северна Македонија", или "Република Горна Македонија", или "Република Вардарска Македонија, или Република Нова Македонија", или "Република Македонија (Скопје)". Каде е и кое е во нив името?

Нема такво нешто. Тоа се ОПИСНИ непристојности за да можат да не распознаваат, а нас да не залажат. Ништо повеќе. Во суштината, тоа се нови референци. Ако која било прифатиме, нема да имаме и политичка определба, како и сите други држави во светот и, плус, наметната со сила географска/временска додавка.

Според Нимиц и неговите ментори, нашето име треба да бидат сите тие три збора - заедно. Поединечно, зборовите нема да имаат никакво значење и ќе биде забрането да се делат. Тоа важи за сите предлози. И додека сите земји, на секаде, ќе бидат претставени со своите имиња, ние ќе бидеме смешна бркотница од зборови. Поточно - безимени и со бесмислена референца, овој пат прифатена и од нас. Уникум.

За да биде појасно за читателите, еве и пример за што се работи. Моето име е Ристо а презимето Никовски, што е систем и кај сите други. Нимиц тоа го брише и вели - ти отсега ќе се викаш Ристо Никовски од Ресен, бидејќи комшиите се бунат. Си создавал недоразбирање (иредентизам) со името на нивниот внук. Ако прашам -добро, ама кое ќе ми биде името ? - ќе ми одговори: Ристо Никовски од Ресен! Се разбира, исто ќе ми биде и презимето. Повеќе нема да имам ниту име, ниту презиме, а тоа значи ниту личен идентитет. Ќе бидам безимен, со референца. Таа ќе ме одвојува од другите како - изрод. Ако одам на училиште, учителката ќе мора да ме прозива - Ристо Никовско од Ресен, а сите други само по име. Истото го предлага Нимиц и за државата. Без срам и перде.

Нимиц се обидува да не пренесе преку вода и државата да ни ја остави без целосен меѓународен правен легитимитет, што значи и идентитет. Секаде ќе бодеме очи. Ќе бидеме нерегуларна држава, како и досега. Тоа мора да ни биде јасно, бидејќи таква е и целта. Тоа не е игра на Нимиц, ниту на ООН. Во светската организација нема буџет за неговата медијација, што значи некој друг го плаќа. Строго правило во капитализмот е тој што плаќа, тој   ја одредува и музиката. Така и бидејќи финалниот расплет по распадот на Југославија престои и поткусурување ќе биде неизбежно.

Кај нас, никој не ги разбира овие работи. Се нема поим што се случува. Ова се дипломатски финеси, бидејќи и проблемот е од тој ков, а такви експерти - немаме. Одамна ни се потребни странски. Земја што нема име не може да има ниту народ со свој национален идентитет. Едно со друго не иде. Така третираниот државен субјект е во некаква транзиција и треба да се чека што од него ќе испили. Во политиката нема случајности, а во дипломатијата - ич. Неспорен факт е дека во сите пет предлози на Нимиц, кои главно се потврдија како точни,

НЕМА ИМЕ ЗА НАШАТА ДРЖАВА. ИМА САМО РЕФЕРНЦИ ДА НЕ ПРЕПОЗНАВААТ.

За крај и најважното. Добро, ќе прифатиме кој било од предлозите на Нимиц и, фактички, ќе се откажеме од името Македонија. Ќе потпишеме и договор со Грција. Советот за безбедност на ООН ќе ни одреди нова референца. Сега, никој нема да ни го оспорува националниот идентитет. Така се договориле бидејќи не можат да не разнебитуваат како народ и да бараат наша согласност. Не се толку глупи. И, што следи ? Кој може да гарантира, и како, дека тоа ќе биде крајот на нашите маки ? Нема такво нешто. Ако не се почитува Привременета спогодба, која е чисто американско дело, ако пресудата од хашкиот суд е нечие "мислење" кое не се есапи... зошто новите решенија ќе имаат поинаков третман ако се покажа дека не им одговараат на сатрапите ? Зошто да се верува дека нема да следат понатамошни конкретни чекори за бришење на Македонците ? Тоа е основната намера на САД. Нели референцата од ООН ќе беше за неколку месеци ? Нови фази апсолутно ќе следат и тоа брзо. Такво е сценариото. Проектот не е завршен. Крајно време е да кренеме глава и да тропнеме на маса. Иредентизам има само Грција,  а не кај нас. Тие постојано тврдат дека "Македонија е грчка". За солунскиот владика Монастири (Битола) и други наши градови се исто така грчки. Што значи тоа ? Добро соседство ? Тирана официјално тврди дека кај нас има "албански окупирани територии". Нели се то класични примери на иредентизам ? Кај нас нема ништо слично. Во прашање е македонскиот народ, не името на државата. Ова се само техника како да се постигне целта.

* * * * * * * *

Периодот пред нас ќе биде драматичен. Во прашање е опстанокот на македонскиот народ. Вашингтон, помогнат од Брисел, е решен да не докусури. Мораме да бидеме максимално внимателни и што по единствени и ако е тоа невозможно. Дадените отстапки во Давос не водат никаде, освен во пораз. Сите аргументи се чуваат за финалното пазарење, ако до тоа дојде..

И за крај: единствено решение кое би можеле да го прифатиме е тоа нашето име да биде Македонија со евентуална додавка во заграда (Скопје) и тоа со двојно или тројно помали букви. Се разбира, само за надворешна употреба. Таа главно би се користела под името ама може и во продолжение. Политичката определба - "Република" си останува ама таа треба и мора ретко да се корист. Како анахрона, додавката (Скопје) ќе отпадне со текот на времето.

Грците ја повторуваат ерга омнес и ако се свесни дека тоа е илузија, ама ако евентуално (привремено !) се повлече од неа тоа пак ќе биде нивна голема отстапка, што нема врска со реалноста. Ама така се преговара, за да се добијат поени од ништо. Моментално, ние самите се прекрстуваме и си го бришеме името, постојано трубејќи - Република Македонија, Република Македонија .. Ние сме Македонија и мораме тоа да останеме. Без тоа - нема Македонци кај нас. Ќе бидат измислените од Грција.

Тоа се основните рамки во кои МОМЕНТАЛНО мораме да делуваме во одбрана на своите универзални права.

 

Доставено до: Ѓорѓе Иванов, Претседател на Република Македонија,

                     -  Христијан Мицоски, лидер на ВМРО- ДПМНЕ.

 

31 Јануари 2018 година

http://www.dudinka.org

 

Алдо Климан

Алдо Климан

 МАКЕДОНИЈА СВРТЕНА НАОПАКУ

РЕКВИЕМ ЗА МАКЕДОНСКАТА ОПОЗИЦИЈА ?

 

Најголем бедник и лигавец е оној, на кој единствени пријатели му се непријателите на неговиот народ.

*******

Зоран Заев сака "дијалогот" за името на Република Македонија што поитно да го сведе на директен договор Заев-Ципрас, како во случајот Заев-Борисов. Исходот е добро познат. Дотолку повеќе загрижува последната, апсолутно премалена, бескрвна и контроверзна изјава на челникот на опозицијата Христијан Мицкоски дека сега "одговорноста за процесот за името е на Владата, ВМРО-ДПМНЕ останува на браникот на заштита на националните интереси".

Но на кој начин Мицкоски тоа го замислува да биде на "браникот" ако вака неборбено се иззема од процесот за името, кога се знае дека во највиталните национални прашања Заев се однесува според царскиот принцип Владата - тоа сум Јас, и одлучува како што ќе му текне, а сега дури и од опозицијата практично доби carte blanche така да постапи?

 

Неколку воведни пораки :

- Името и идентитетот ни е се' што имаме. Во именикот на народите никој не може да не пронајде под XYZ,

 - Затворете ги очите и размислувајте, бидејќи најслеп е оној што има очи а не гледа и најглув е тој што има уши а не слуша.

- Диктатурата секогаш е цили-мили со тебе додека не ја почувствуваш врз сопствениот грб,

- Леле си му на оној глуп диктатор што не научил ништо од судбината на другите дијтатори,

- Најголем бедник и лигавец е оној на кој единствени пријатели му се непријателите на неговиот народ,

- Тешко на тој што за пет минути слава ги продава сето минато и иднина на својот дедовски и мајчин род,

- Предавниците и окупаторите секогаш одат рака под рака,

- "Мртов и бел" е секој оној предавник што се залажува дека раката на злото е помоќна од раката на правдата.

 

Изјави на опасни намери. Опозициски "танц на малите лебеди".

Квислиншкиот премиер Зоран Заев штотуку најави дека "преговорите" (читај: "наговарањата") за апсолутно непотребната, неподносливо и непоправливо штетна промена на уставното име на Република Македонија, за неколку дена, по доаѓањето на Нимиц во Атина и во Скопје, "ќе се крене на повисоко ниво", те ќе се пренесе на министрите за надворешни работи Димитров о Коѕиас. Тоа едноставно е жив ужас! Зашто тоа всушност најбуквално значи дека, од аспектот на интересите на Република Македонија, сето тоа двеиполдецениско меѓународно мрцварење сега драстично "ќе се спушти на многу пониско ниво" (на двајца, само двајца за нас тотално дискутабилни преговарачи!). Веќе многу убаво видовме како на тоа тнр. "повисоко ниво" се одвиваа "преговорите" Коѕиас-Димитров, со нивните опиени широки освојувачко-предавнички насмевки на лицето : се' што ќе споменеше Коѕиас, Димитров веднаш ветуваше и  даваше на големо и на широко како да е од татко му.

Тоа топло-братско, "фасцинантно" грчко-македонско пријателство и разбирање и договарање помеѓи Коѕиас и Димитров набргу, во наредните недели или месеци ќе се "крене" на уште "повисоко ниво", т.е. на "највисоко ниво" на "модерните политичари од нов ков и ново време", како што "заебантски" на сметка на бедното предавништво на "колегата" од "оваа земја" Зоран Заев би рекол грчкиот премиер Ципрас. Тоа "највисоко ниво" (само тие двајцата : Заев-Ципрас!), до кое лазејќи подмолно педа по педа се довлечка предавништвото на Заев, ќе биде не "највисоко" ами апсолутно, смртно "највисоко ниво" на одговорност на квислиншкиот премиер спрема македонскиот народ и неговите желби и уверувања и кон државниот суверенитет на Република Македонија, бидејќи тој нема таков тотал (итар) ен мандат од македонските граѓани  апсолутистички да прави онака како што ќе му текне, како што постапи во Давос со ad hoc  истресената изјава дека ќе ги менувал имињата на автопатот и на аеродромот. За жал, никој, па ниту од редовите на опозицијата, таа непримерена дрскост и узурпација на националните политички одлуки и интереси не ја прокоментира како најобичен државен криминал и диктаторска постапка, туку и тоа се прифати како свршен чин, за кој, меѓутоа, не е спроведена ниту најосновна политичка консултација, а за донесување официјална одлука на ниво на републичката власт за преименување на тие големи и важни национални објекти и да не зборуваме. Токму спротивното, опозицијата "диппломатски" ја поздрави "добрата волја" на двете страни за изнаоѓање решение околу името, како да не ние совршено јасно кон што и кон какво "решение" води сето тоа. Каква "добра волја" има во тоа, освен лежерното грчко, веќе препознатливо: "Заев, даваш-недаваш? Абе Ципрас, реков: давам се'!"

Таа бедна, наметната Заевска политика на свршен чин и исто така несфатливо постојано национално и политичко "легнување на брашно" по разни витални прашања, што менторот на Заев Фрчковски цинично го наречува "апсорбирање на проблемот" (па за две три недели, вели, се' ќе се заборави), трае од самиот почеток на ова незапомнето и неспитомливо Заевско лудило по последните парламентарни избори. Јасно е дека политичарите имаат свои начин и право на разбирање и интерпретација на нештата, но ако совршено јасно и недвосмислено се гледа дека во најважните национални и државни прашања квислингот Заев не само што нема и не поставува никакви "црвени лини" кон оние што безобѕирно не ограбуваат, па нема дури ни "шарени" линии, па ни "линии на најмал отпор", туку само најбедни предавнички линии! - е, тогаш би се очекувало опозицијата на таквото однесување да реагира далеку поостро и не со политичко вербално "фино држење", зашто во спротивно, на народот, на најшироката јавност и' се испраќа апсолутно погрешна порака. Сметам дека во оваа ситуација кога се одлучува за нашата македонска цивилизациска смрт или цивилизациска слобода, нештата треба да се именуваат со нивните вистински имиња, колку тоа и да зазвучи грубо за лежерните, апатични уши на оние во Македонија што не разбираат, или не сакаат да разберат за што се работи. Зашто на големиот внатрешен и меѓународен заговор против нашата татковина и против нашиот народ што се реализира "на ѓон" не може да се реагира само со суптилен политички балетски "танц на малите лебеди"

Треба да се знае дека внатрешните и надворешните окупатори на Република Македонија ќе сторат се' што е во нивна моќ, од опозицијата и од јавноста да добијат  "говор на прифаќање и толеранција" како возврат за својот длабок и неподнослив "говор на омраза", искажан низ сопствените далтоновски, каубојски постапки, но и низ секојдневните безбројни шовинистички изјави против македонскиот народ, против македонската национална и културна историја, против македонскиот јазик, и се' - на се' заедно, со голем потсмев и подбивање, против Република Македонија. Тој цинизам не го измислија тие; познат е и далеку пред времето на германскиот нацизам и италијанскиот, бугарскиот и грчкиот фашизам што со длабоки и болни лузни врз нашите македонски гробови и души ја шифрираа својата "голема култура и хуманост".

На таа уличарска политика на обер неранимајковците на чело со квислингот Зоран Заев и Никола Димитро и целата нивна големоалбанска свита, кои се способни само меѓународно да ја проституираат и да ја бламираат македонската официјална политика, никако не смее да и' се оди во пресрет, бидејќи таа не одбира средства за да го истурка и да го реализира своето невидено политичко насилство и предавништво. Што повеќе "се има" "партнерска" работа со неа и со сите нив, дотолку повеќе ќе се контаминира секоја чиста политичка мисла и вистински напор и намера да се спаси Република Македонија од нејзиното директно и безочно уништување и растурање, што тие веќе максимално и неповратно го остварија и за што сега настојуваат да си создадат (демократски) алиби и да ја делат, па дури, ако може и сосема да ја префрлат одговорноста на други, но никако не и да им овозможат вистинско цивилизирано соодлучување за највиталните и најсудбоносни прашања.

Дотолку повеќе неверојатно и загрижувачки зазвучи последната, апсолутно премалена, бескрвна и капитулантска, а секако контроверзна изјава на челникот на македонската опозиција Христијан Мицоски дека сега "одговорноста за процесот за иметот е на Владата, ВМРО-ДПМНЕ останува на браникот на заштита на националните интереси". Но од таа сосема дубиозна изјава остана нејасно и недоречено на кој начин тоа со "браникот" го замислува Мицоски, кога сите многу многу добро знаеме дека во највиталните национални прашања Заев се однесува според царскиот принцип: Владата - тоа сум јас, и одлучува како што ќе му текне, а сега, ете, дури и од опозицијата ја доби оваа carte blanche токму така да постапи?

За жал, уште едно (страшно!) и конечно легнување на брашно, или ептен брзопотезно "апсорбирање" на проблемот, како што тоа би го дефинирал нивниот смртен опонент Љубомир Фрчковски, кој, како вообичаено, во вистинскиот момент се најде да изурне од својата антинационална, антимакедонска црна дупка. 

Господине Мицкоски, наместо вашата ужасно млака, помирлива, препуштена на судбината, делумно искажана, а делумно иманентно содржана порака до Заев и компанијата, во смисла: "Само однесете не' во НАТО и во ЕУ, со името на Република Македонија правете што сакате -  тоа е ваша одговорност, а ние ќе бидеме на браникот на националните интереси", требаше најенергично и најуверливо да вложите и јасно пред целата домашна и светска јавност да искажете 35.000 аргументи во одбрана на нашето уставно име и никој да не смее ни да помисли да го чепка по никаква цена и за никаков беден компромис. Тоа, господине Мицкоски, би била единствената автентична и уверлива одбрана на македонските национални интереси, а не итно одење по нови совети кај евроатланските куклари Хан, Могерини, Дол и особено кај Кнут Фленкештајн со убавото му и многу сликовито име ("кнут" - камшик со оловни топчиња на врвот), кој заедно со хрватскиот европратеник Тонино Пицула, први меѓу првите, на сите места во Извештајот за Република Македонија, со црн фломастер, дивјачки го пречкртаа нејзиното достоинствено име и наместо него напишаа некое со европолитичка варикина исплакнато име "таа земја", "земјата", а наместо "македонски народ" ставија празен збор "народ". Затоа, само вие одете кај нив во Брисел, но таму веќе стопати беа Заев и Димитров и Ахмети и Османи, а за бугарските, грчките и албанските превеани политичари и да не зборувам. Доцна е, господине Мицкоски, за први впечатоци кај оние што ни ја раскопачија и ни ја уништија државата!  Со нив нема договор, туку само лазење, ако веќе немате сила пред нив да застанете простум. А таа можност штотуку е пропуштена.

 

http://mail.mn.mk

 

 

Македонски бегалци во Бугарија

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ 72

************

Македонија во периодот на Балканските војни до почетокот на Втората светска војна на Балканот

(1912 - 1941)

 

  9. Македонското националноослободително

движење пред предизвиците на новата положба

 

Воините и поделбата на Македонија довеле до изместување на македонското национално и револуционерно движење од неговата природна средина и до создавање на две нови средини и на два нови центра: едниот надворешен и, изместен од природната средина на македонскиот народ, меѓу македонската емиграција во Бугарија, вториот во поделените делови на Македонија. Првиот, непосредно по војните, бил исполнет со амбиции да ја има в раце доминацијата во раководењето со националното и револуционерно движење на македонскиот народ. Времето на неговото дејствување било ограничено од природните процеси. Вториот, во својата природна македонска средина, водејќи сметка за ставрноста на поделената и поробена Македонија, се приспособувал на новите услови.

Независно од наведените турбуленции на кои било изложено македонското ослободително движење по војните, тоа не ја загубило својата македонска национална ориентација. Уште повеќе, тоа ќе изврши силно влијание, поминувајќи низ драматични фази, ќе се стабилизира и ќе се оформи во фактор на одбрана и на афирмација на националните белези, на културниот и националниот идентитет на македонскиот народ. Носител на овој процес, обезбедувањето на неговата стабилност во сите три дела на Македонија, било селото. Тоа, во својата затвореност за туѓите јазични влијанија, им обезбедувало континуитет на македонската народна култура, јазик и обичаи, како и на идеите на Илинденското востание за ослободување и конституирање на Македонија како автономна држава на Балканот, под заштита на една или повеќе големи држави.

Всушност, по логиката на работите, селото во конкретната ситуација израснало во симбол на отпорот  против туѓата национална, културна и јазична пенетрација во неговата средина. Тоа се спротивставувало со својата вековна култура, со обичаите и со јазикот, така што самото станало асимилатор на оние што биле испратени да го асимилираат или на поголеми малцински групи кои се нашле во неговата мнозинска средина. Типичен пример во тој поглед биле населените грчки бегалци по Турско-грчката војна, кои го прифатиле јазикот на македонските селани како средство за комуникација, за трговија, за градење на добрососедски односи. Македонскиот јазик се пробил и во судските акти во кои се регулирале купопродажните договори. Така на пример, во договорите за продажба на имоти, склучени помеѓи Грци и Македонци, заверувани од грчки судови во Воден, во Лерин итнт., за јазикот на продавачот Македонец стоело дека е "македонскилингвистички идиом", односно "македонски" или "локален славофонски идиом". Токму тогаш, вели австрилијанскиот научник Лорин М. Денфорт, "еден огромен број од словенското население, кое претходно се сметало за месни Македонци во регионална или етничка смисла, почнало да се смета за 'Славо Македонци' или 'Македонци' во национална смисла. Во ова време, исто така, се' поголем број словенско население започна својот јазик да го вика македонски јазик, кој што во минатото едноставно го викаа 'нашиот јазик' или 'стариот јазик'. "

Треба да се каже дека појавата за која станува збор не била карактеристична само за егејскиот дел на Македонија. Истото се случувало и во вардарскиот дел на Македонија, под српска власт. Оттука и  методите што ги преземале грчката и српската власт, за да и' стават крај на оваа состојба, биле исти или слични. Но, и во едната и во другата држава, тешко се доаѓало до посакуваните резултати. Напротив, и покрај  сите режимски репресалии, продолжувало ширењето на македонскиот јазик во средините во кои македонскиот народ бил мнозинство. И токму репресалиите против јазичните и културните права на македонскиот народ и во егејскиот и во вардарскиот дел на Македонија ќе го привлечат вниманието на некои меѓународни фактори, пред се' на Англија, и ќе поттикнат иницијатива пред Лигата на народите во Женева во текот на 1924/1925 година, а потоа и во 1927/1928 година за давање ограничена културна автономија во сферата на основното образование (од прво до четврто одделение) и во употребата на месниот македонски јазик во црквите. Резултат на оваа интервенција на Лигата на народите во Женева, на инсистирање на Англија, било печатењето на букварот на македонски јазик, наречен Абецедар, за потребите на децата во егејскиот дел на Македонија.

Меѓутоа, колку што бил поголем отпорот на македонското село и на интелигенцијата произлезени од неговите редови против грчката политика за асимилација на македонското население, толку државата поагресивно прибегнувала кон употребата на разни терористички средства за да го задушат македонскиот јазик. Станало сосема јасно дека без неговото искоренување, тешко би можело да се постигне ефикасна грцизација на големото македонско малцинство. Репресијата против македонскиот јазик и име ќе се подигне на ниво на концензус на грчката државна политика, без оглед на тоа од која и од каква политичка природа била владата што се наоѓа на власт, диктаторска или демократска. Посебен пример во тој поглед претставува времето на Метаксас во Грција по 4 август 1936 година.

За време на диктатурата на Метаксас во земјата била создадена атмосфера на неподнослива ксенофобија кон се' што е словенско, македонско. Основна преокупација на тогашната влада, велат грчките хроники од тој период, била најстрого да се забрани употребата на македонскиот јазик, односно "дијалектот на улица, во кафеана, при трговијата и воопшто во секоја слична ситуација".

Целта на оваа политика била "најпосле новите генерации да сфатат дека живеат во Грција и дека предметот грчки јазик не се учи во училиштата како странски јазик".  Во Западна Македонија биле основани вечерни училишта за "славофони" и "туркофони". Во нив оделе жени од 15 до 45 години и мажи до 50 години, а се учеле читање, пишување и историја. Македонскиот јазик и кирилското писмо биле прогонувани од сите подрачја каде што биле присутни, во црквите се бришеле старословенските натписи, црковните служби биле исклучиво на грчки јазик, и ако населението не го разбирало.

Нема што, во прашање е врвен цинизам со кој грчката држава ја спроведувала асимилацијата на македонскиот народ. Тоа е чист културен и национален геноцид, се' во функција на обезличувањето, како што е веќе речено, на македонскиот словенски лик и земјата. 

На 15 јули 1937 година во "Државниот весник на Грција" бил објавен декрет со кој во јавната и приватната комуникација се забранувала употребата на словенските имиња на градовите и на селата.

Треба да се каже дека државниот канибализам со кој се прогонувало се' што е македонско понекогаш предизвикувал индигнација дури и во режимскиот печат.  Вангел Ајановски - Оче во својата книга "Егејски бури" пренесува дел од една дописка од Воден, објавена во весникот "Акрополис", во врска со мерките на режимот против славофонскиот јазик. Во написот се цитира и следнава критичка сугестија на весникот: "Сето ова треба да го направиме со една добро планирана акција, без скокови и падови, со строг и до подробности изработен план, без кревање врева околу себе за стореното и постигнатото. Едноставно тука треба да се слуша грчкиот збор, а не населението да зборува на некое македонско наречие кое кај странците и минувачите создава впечаток дека тука и по 25 години грчката управа не го научила населението да го зборува јазикот на државата".

Во грчката јавност немало дилема дали треба да се искорени употребата на македонскиот јазик кај Македонците што живееле во Грција. Она на што некои поединци реагирале било на кој начин тоа се сакало да се постигне. Колку бил голем притисокот сведочи еден близок пријател на Метаксас - Гозоманис. Тој имал храброст пред диктаторот писмено да ги изнесе  личните несогласувања со она што го правела власта: "Да се псујат, напишал тој, на пример, старци и стари жени на улица или да се влечат по полициски станици, бидејќи не знаат да зборуваат грчки, е нешто што како систем не може да се правда. Таа одговорност на историјата и на државата за една стварност, во кокретниот случај се пренесува на еден недолжен поединец...Примената на такви мерки, од еден државен орган се третира за злонамерна и непријателска, ја компромитира државата во очите на граѓаните за да ја замрази. Во секој случај оваа постапка не може да се толкува како метод во изучување на грчкиот јазик".

И токму тоа, омразата кон методите на грчката политика за асимилација ќе навлезе длабоко во меморијата на македонскиот народ и ќе се пренесува од поколенија на поколенија. Еве еден пример од илјадниците такви, забележан во резолуцијата од еден протестен собир на бегалци од егејскиот дел на Македонија: "За секогаш во меморијата на македонскиот народ од Егејска Македонија ќе останат терористичките оргии со употребата на рицинусово масло за секој што зборува македонски јазик".

Негирањето, прогонувањето, искоренувањето на македонскиот јазик била активност што соседните балкански држави, во нивните аспирации да завладеат со Македонија, да покажат дека народот што живее во неа е исклучиво нивен, ја практикуваат, со извесни исклучоци, повеќе од два века. Но, освен делумни резултати, денешниот литературен јазик е најдобриот доказ дека тие во своите намери претрпеа пораз. Најголем "виновник" за тоа е македонското село, неговата тивка, молчелива, драматична борба да ги зачува јазикот и обичаите, како доказ за своето вековно постоење на овие македонски простори и да им ги предава во наследство на генерациите што идат. Македонското село ги издржа сите притисоци врз неговиот јазик, обичаи, фолклор. Дури ни грчката ароганција, со учество на сите државни институции, со огромната бегалска маса од Мала Азија, која ја промени народносната слика на егејскиот дел на Македонија, сепак не успеа до крај да ја реализира својата намера.

За тоа дека македонскиот јазик бил бастион на македонскиот етнокултурен идентитет и оти се сметало дека ќе нема успешна реализација на посакуваните цели на шовинистичките пропаганди се' додека тој не се искорени,  најдобро говорат синхронизираните напади од Бугарија и од Србија против букварот ("Абецедар") што бил наменет за македонските деца во егејскиот дел на Македонија (1925 г.) и потоа против иницијативата на Балканскиот комитет во Лондон пред Лигата на народите (1928 г.).  Случајот ќе се повтори во текот на 1937 година кога "Луч", списание на една група македонски интелектуалци од Скопје, за прв пат се појавил и на македонски јазик.

За српскиот режим издавањето на "Луч" имало за цел "народот на Јужна Србија смислено да се откаже од својата српска матица и име, да се докаже постоењето на некаков посебен јазик, одделна култура во минатото и нејзината посебна индивидуалност". Големосрбизмот појавата на "Луч" ја доживеал како непосредна опасност за српските интереси во Македонија. 

Во Бугарија, пак, "Луч" бил дочекан како далекосежна опасност за бугарските интереси во Македонија. Во една анализа за тоа што би можело да претставува објавувањето текстови на македонскиот јазик во "Луч" за иднината на бугарската пропаганда во Македонија, меѓу другото се вели: "Патот на дијалектите, дури и на таков начин третирани, може да стигне до словенска нација, т.е. нашето национално расточување и раздвојување. Тоа е основната причина зошто Србите денес гледаат со други очи на новата националност што се зародува и трпат списание со македонски дијалект (не е точно дека го трпеле - б.м.), како што е случајот со списанието 'Луч' што излегува во Скопје. Еве што не криеме ние: македонските дијалекти се нож со две сечила.  Дали Србите од тоа ќе спечалат или ние, зависи од многу околности.

Македонските дијалекти во таа смисла и на тој начин на разбирање, како што се чини тоа во Југославија, не само што немаат место во Бугарија, туку за неа претставуваат реакционерно средство за национално распаѓање насочувано од Белград".

Сосема е сигурно дека преминот на македонскиот јазик од селото, од улицата, од пазарот, од домашниот живот, од средство за меѓусебна комункација, разбирање и спогодување во средство за писмено изразувае на страниците на книгите како проза, драма, поезија, политика, публицистика, и покрај животот под туѓа власт, било израз на нараснатата национална свест - мислите и чувствата да се изнесуваат на сопствен јазик. Едноставно речено, јазикот е функција на свеста за сопственото постоење.

 

Продолжува

генерал Скоби

 

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА

1945 - 1949

Глава Осма

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА

ДЕЛ 72

Пишува : Наум Пејов

 

 

 ДОГОВОРОТ ВО КАЗЕРТА

Записник за одлуките донесени на состанокот

што се одржа во АФХГ на 26 септември 1944 година

 

На состанокот, на кој претседаваше командантот на сојузничката Главна команда на средоземниот фронт АФХГ, на кој присуствуваа грчкиот претседател на владата со други членови на грчката влада, како и водачите на грчките герилци генералите Сарафис и Зервас, долните одлуки се внесени во записникот како прифатени од сите.

1. Сите герилски групи кои дејствуваат во Грција се ставаат под наредбите на грчката влада на националното единство.

2. Грчката влада овие сили ги поставува под команда на генералот Скоби, кој е поставен од Сојузничкиот врховен командант како генерал кој ќе ги командува силите во Грција.

3. Согласно со прокламацијата издадена од страна на грчката влада, водачите на грчките герилци ќе го забранат секој обид на единиците под нивна команда да ја преземат власта во нивните раце. Таквиот акт ќе се смета како злочин и соодвенто ќе се казни.

4. Што се однесува до Атина, нема да се преземе никаква акција освен под директните наредби на генералот Скоби, генералот кој ги командува силите во Грција.

5. Батаљоните за безбедност се сметаат како органи на непријателот. Ќе се сметаат како непријателски формации, освен ако се предадат согласно издадените заповеди од страна на генералот кој ги командува силите во Грција.

6. Сите грчки сили, со цел да им се стави крај на несогласиците од минатото, изјавуваат дека ќе создадат национално единство со цел да ја координираат нивната активност во поголем интерес на заедничката борба.

7. По предавањето од страна на Врховниот сојузнички командат овластување и во согласност  со грчката влада, генералот Скоби ги издаде приложените заповеди за операциите.

 

Куси заповеди за операциите издадени

од страна на генералот што ги командува силите во Грција :

 

1. Генералот кој што ги командува силите во Грција изјавува дека негова цел е обновување на земјата за да може да ја преземе грчката влада, а во истовреме на народот ќе му биде доделувано материјална помош за згрижување.

2. Што се однесува до силите кои дејствуваат во Грција, нивната воена организација ќе биде следната:

а) Генералот Зервас ќе продолжи да дејствува во рамките на територијата одредена со договорот во Плака и ќе соработува со генералот Сарафис за да се попречи германското повлекување во областа што се наоѓа меѓу северните граници од договорот во Плака и Албанија.

б) Генералот Сарафис ќе продолжи да дејствува во останатиот дел на Грција, со исклучок :

I. Областа во Атина. Сите војски во оваа област ќе ги командува генералот Спиљотопулос, кој ќе дејствува во тесна соработка со членовите на владата во Атина и потпомогнат од еден офицер за врска, кој ќе биде поставен од страна на генералот Сарафис. Тој ќе се наоѓа под заповед на силата 140.

II. Во Пелопонез. Војските во оваа област  ќе ги командува еден офицер предложен од страна на генерал Сарафис со одобрение од грчката влада и ќе биде потпомогнат од страна на англиска мисија за врска. Ќе се наоѓа под заповедништво на силата 140.

III. Подоцна Тракија. (опфаќајќи го и градот Солун) ќе биде ставена под команда на еден офицер предложен од страна на грчката влада.

3. Цели:

а) Сите команданти ќе го попречуваат германското повлекување и ќе ги неутрализираат германските гарнизони.

б) Во текот на ослободубањето на територијата, командите ќе му бидат лично одговорни на командантот на силата 140 за:

I. Одржување на законот и редот на териториите на кои дејствуваат нивните сили.

II. Избегнување на граѓанска војна и убивање на Грци од страна на Грци.

III. За избегнување на какви и да е казни и неоправдани апсења.

IV. За нивната помош во воспоставување на законита политичка власт и доделување на помош.

4. Карта на која се обележани границите на операциите им е предадена на сите команданти.

"Коминике

Состанокот неодамна во АФХГ под претседателство на врховниот сојузнички командант, на кој присуствуваа генерал Скоби, командант на силите во Грција, грчкиот премиер Папандреу со други членови на грчката влада и двајца команданти на герилците генералите Сарафис и Зервас.

Двајцата генерали, команданти на силите на грчките герилци изјавија дека ги прифаќаат апсолутно заповедите на грчката влада и на врховниот сојузнички командат, под чии заповеди грчката влада ги постави сите грчки сили кои дејствуваат во Грција.

Донесени се одлуки, со кои се согласија сите, за координација на борбата и колку е возможно што побрзо ослободување на Грција".

(Стр. 205-208 од книгата "Хроника на борбата. На оружје. На оружје. Историја на Националниот отпор" том III - издание на издавачката куќа Ѓанакос).

(Договорот во Казерта го потпишаа: генерал Вилсон - командант на Сојузничката команда за Среден Исток, Г. Папандреу - претседател на грчката влада, генерал С.Сарафис - претставник на ЕЛАС и генерал Н.Зервас - претставник на ЕДЕС - Забелешка од Н.П).

 

ДОГОВОРОТ ВО ВАРКИЗА 

"Долупотписаните од една г.г. И. Софијанопулос, Н.Ралис и И. Макропулос сочинувајќ ја ополномоштената, од грчката влада, делегација и од друга г.г. Г. Сјантос, секретар на ВК на ЕАМ и И. Циримакос г. секретар на ЕЛД сочинувајќи ја ополномоштената од ЦК на ЕАМ делегација, се состанавме во Варкиза и заеднички ги испитавме средствата и начинот за престанок на граѓанската војна и помирувањето на грчкиот народ и дојдовме до подолу склучената спогодба.

Владината делегација ја изрази на состанокот решителната волја на Владата без ново крвопролевање да ја запре жалната внатрешна криза, да го воспостави единството на државата и да го врати внатрешниот мир и политичкиот ред. Само така ќе може грчкиот народ да преземе творечки напори во обновата на земјата од урнатините кои ги зголемија тешките борби со надворешните непријатели и братоубиствената војна.

За постигнатата спогодба да добие карактер на една непристрасна морална спогодба, изразувајќи ги пораките на политичката совест на грчкиот народ, владината делегација побара со неа да се прокламира решителната волја на грчкиот народ за развој на слободен и нормален политички живот чија основна карактеристика ќе биде почитувањето на политичкото убедување на граѓаните, мирната агитација и ширење на политичките идеи и почитувањето на слободите кои ги прокламира и ги усвои Атланската повелба, решенијата на Техеран и совеста на народите кои за тоа се бореа.

На состанокот се констатира полна согласност на сваќањата на делегацијата на ЕАМ врз горните принципи.

 

Член 1

Спогодба

Владата согласно со Уставот и владеачките демократски начела ќе обезбеди слободно изразување на политичките и партиските убедувања, укинувајќи ги евентуално поранешните неслободарски закони, ќе обезбеди исто така непречено функционирање на личните слободи како што е слободата на собирите, на здружувањето и преку печатот изразување на погледите, поспецијално, Владата ќе ги воспостави потполно синдикалните слободи.

 

Член 2

Укинување на воените закони

Воениот закон ќе се укине веднаш во цела земја по потпишувањето на оваа спогодба. Со неговото укинување ќе стапи во сила уставниот протокол слично на КД со што ќе се дозволува укинување на опфатените во КД членови на Уставот.

Со уредби веднаш во цела земја ќе се одложи важноста на членовите 5, 10, 12, 20 и 95 од Уставот. Одлагањето ќе продолжи до завршувањето и востановувањето на управни, судски и воени власти во целата земја. Што се однесува поспецијално до член 5, тој мора да се одложи во градовите Атина и Пиреа заедно со предградијата и кварталите. Специјално, пак, за досега уапсените се утврдува дека не важи член 5 од Уставот и дека тие ќе бидат пуштени на слобода во најкраток можен рок од испраќање на нужните наредби до надлежните власти.

Следбениците на ЕАМ евентуално уапсени и држани од други организации ќе бидат што поскоро ослободени.

 

Член 3

Амнестија

Се амнестираат политичките деликти ивршени од 3 декември 1944 година до потпишувањето на овој договор. Се исклучуваат обичните деликти против животот и имотот кои не беа нужно неопходни за успешно извршување на политичкиот деликт. Соодветниот закон ќе биде публикуван по потпишувањето на оваа спогодба. Се исклучуваат од амнестија оние припадници на ЕЛАС, ЕП и ЕЛАН должни да го предат оружјето,  ако не го предадат до 15 март 1945. Оваа последна одредба, по констатацијата дека оружјето на ЕЛАС е предадено, немајќи повеќе оправдание, ќе се укине.

Гаранции и подробност за дадената амнестија се пропишани во приложениот нацрт - закон.

 

Член 4

Заложници

Сите граѓани уапсени од ЕЛАС или од ЕП ќе бидат пуштени веднаш на слобода.

 

Член 5

Националната војска освен од професионалните офицери и подофицери, ќе се состој од граѓани на мобилисаните годишта. Специјално обучените на новите оружја резервни офицери, подофицери и борци од постојните формации ќе останат на служба. Иерос Лохос ќе остане онаков каков што е се' додека се наоѓа под непосредна команда на Сојузничкиот штаб, а потоа ќе се соедини со националната војска согласно погоре изложената основа. Ќе се вложат усилби да се прошири редовното регулирање во цела Грција согласно со техничките можности и појавените потреби. Во веќе постојните единици по демобилизацијата од ЕЛАС ќе стапат оние кои припаѓаат на повиканите годишта согласно со приложениот план, а ќе се отпуштат сите оние кои се уврстени во постојните единици без да им припаѓаат на повиканите годишта. Сите активни кадри на националната војска ќе се оценат од комисии по член 7 од Уставниот протокол. Политичките и општествените убедувања на мобилизираните граѓани ќе им се почитуваат.

 

Член 6

Демобилизација

Со објавувањето на ова се демобилизираат вооружените сили на отпорот и конкретно ЕЛАС, редовни и резервни, ЕАМ (најверојатно се однесува на ЕЛАН - белешка Н.П.) и Националната милиција. Демобилизацијата и предавањето на оружјето ќе се иврши конкретно според протоколот составен од техничката комисија кој се приложува, веќе редигуван кон ова.

Државата ќе ги уреди реквизициите извршени од ЕЛАС. Од ЕЛАС реквизираните предмети, добиток автомобили итнт. кои ќе им бидат предадени на државата и според модалитетите изложени во оформениот протокол од сега ќе се сметаат како реквирирани од грчката држава.

 

Член 7

Чистење на службениците

Владата со комисија и или одбори ќе пристапи кон чистка на државните службеници, службениците на НПДД, градските и општиснките такви итнт. Критериуми за чистењето ќе бидат - стручната подготовка, карактерот и моралот, соработката со непријателот и употребата на службеникот како орган на диктатурата. Службеници од погоре споменатите категории кои во времето на окупацијата стапија во силите на отпорот ќе се вратат на своите места и ќе се оценат на исти начин како и другите службеници. Истите одбори ќе ги оценуваат и службениците кои учествуваа или соработуваа во манифестациите на настаните од 3 декември 1944 година до потпишувањето на овој документ. Постоат можности да бидат ставени и на расположение, а нивниот положај ќе биде определен од Владата која ќе произлезе од изборите за уставотворно собрание.

 

Член 8

Чистење на единиците за безбедност

Чистењето на единиците за безбедност, џандармеријата и полицијата ќе се врши што поскоро од специјални одбори за чистење на ист начин и критериум како и за државните службеници. Сите офицери и борци на споменатите единици кои потпаѓаат под одредбите на законот за амнестија, а за време на окупацијата стапија во редовите на ЕЛАС, на ЕЛАН или на ЕП, ќе се вратат на своите места и ќе се подложат на оценката на одборите за чистење на ист начин како и нивните колеги. Сите офицери и борци на споменатите формации до потпишувањето на спогодбава, се ставаат на расположение, а нивната конечна положба ќе биде одредена од одборите кои ќе ги формира идната влада што ќе произлезе од изборите.

 

Член 9

Плебисцит и избори

Што е возможно поскоро, секако во текот на оваа година, ќе се одржи, во полна слобода и чистота, плебисцит кој конечно ќе им стави крај на проблемите за режимот, потчинувајќи се на решението на народот. Наскоро по тоа ќе уследат избори за уставотворно собрание за донесување устав на земјата. И двете делегации се сложуваат по однос на чистотата на решенијата на народната волја да се повикаат големите сојузнички сили да испратат посматрачи.

Овој договор е составен во два еднообразна примерка, едниот од кои го зеде владината делегација, а вториот делегацијата на ЕАМ.

Во Атина во Министерството за надворешни работи на 12 февруари 1945 година.

 

  • Делегати на Владата:

    1. И. Софијанополос
    2. Пер. Ралис
    3. И. Макропулос

  • Делегати на ЕАМ:

    1. Г. Сјантос
    2. Д. Парцалидис
    3. И. Циримакос

"* Од Вториот том на книгата 'Историјата на граѓанската војна 1945-1949 година' (Втора герила)". Од Фивос Неок Григоријадис.

 

КРАЈ

Пандо Манојлов

 

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

***********

ДОСТА Е - ДОСТА СМЕ

(На Гане Тодоровски)

 

  • Гане Тодоровски


    Да ние да сме доста,
    а доста сме
    и Бистра да ја разбистриме
    и Вардар да го повардариме,
    со еделвајс на Вапцаров
    и Пирин да го попириниме,
    со Гоцева мисла
    и Егеј да го поегејчиме,
    та светот да го направиме
    поле за натпревар на светлината...

    Да ни е да сме доста,
    а доста сме на ден денешен
    колку да си го потемниме небото,
    колку да си ги изматиме бунарите,
    колку од луди ветришта

  • од лунки да полудиме
    та и Црна да ја поцрниме
    од Железнец до камено доба
    од кусур банди
    и триш повеќе пропаганди...

    Ти ги земам зборовите,
    думите ти ги земам,
    стиховите - тестамент
    ти ги помнам, поету,
    драг пријателу,
    драг Гане, ој, бесмртен Драгане,
    мислите ти ги помнам
    дека сме малцичка од народ
    кој севезден го бројат
    како стадо Исусово...

    Рече Ти и прорече:
    колку сме, толку сме - токму сме !
    И аманет остави -
    да ја љубиме татковината !
    А, јас, стареам пријателе,
    или од старост ветреам
    та се прашувам гласно :
    што со ова наше денешно денес
    дали токмуто е токму
    кога брата безмерно брата мрази ?

    Автор: Пандо Манојлов
    09 мај 2017.

Kind regards : 11 февруари 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 124