НЕ БИДИ ПРЕДАВНИК !

Дарко Јаневски, без ракавици!

Дарко Јаневски

ЕВЕ КАКО ГРЦИТЕ ГО СТЕКНУВАА ПРАВОТО ВРЗ ИМЕТО НА МАКЕДОНИЈА

***** 

Колежот во Загоричани Италијанците не го виделе ниту меѓу дивите африкански племиња

 

"Конзулите слегоа од коњите и тргнаа пеш. Пред очите им се појавија првите жртви: кметот на Загоричани и неговата ќерка. И на двајцата телата им беа обезличени. Понатаму лежеа другите убиени, до вечерта двајцата конзули со придружниците ги обиколија сите 62 убиени и 6-те ранети. Меѓу убиените беше и мојот стар татко, поради што конзулите ми искажаа длабоко сочувство. Најпотресителна беше глетката на 17-те убиени изложени во црковниот двор. Тука можеа да се видат лешеви на кои очите им беа избодени, градите распорени, рацете и ноѕете исечени, мозоците распрснати".

Ова сведоштво е запишано од непосреден сведок на масакрот во селото Загоричани во 1905 година, извршен од страна на Грците. Тоа е едн од почетоците на етничкото чистење во јужниот дел на Македонија, кој денес му припаѓа на Грција. 

Две години пред тоа, при задушувањето на Илинденското востание, османлиската војска која имала наредба да го запали Загоричани, со сета своја суровост убила три пати помалку селани од грчките банди.

 

Грчките ѕверства над мирното македонско население во селото Загоричани, костурско на 25 март 1905 година.

Загоричани 1905 година.

"Како офицер на италијанската армија, сум учествувал во многу борби со дивите африкански племиња. Често се случуваше наши војници да бидат заробени од Африканците и убиени. Но, убивање со таква свирепост не сум видел досега и не можам да најдам зборови со кои би ги опишал тие што ова слодело го сториле".

Со овие зборови, според непосредниот сведок Наум Темчев, италијанскиот полковник Албер го опишал тоа што го видел по грчкиот масакр врз населението во македонското село Загоричани, костурско, на 25 мај 1905 година. Во масакрот се убиени 62 загоричанци, некои од нив на таков начин шт полковникот Алберт и неговиот колега Манери, заедно со австрискиот конзул Прохаска и рускиот конзул Каљ, ги ставале рацете на лицето не можејќи да поверуаат во тоа што го гледаат.

Наум Темчев од Загоричани, во тоа време бил во Битола. Успеал да стигне со европската делегација во селото, да го види својот убиен татко, да биде сведок на последиците од масакрот, но и на реакциите од страна на Европјаните:

"Конзулите слегоа од коњите и тргнаа пеш. Пред очите им се појавија првите жртви : кметот на Загоричани и неговата ќерка. И на двајцата телата им беа обезличени. Понатаму лежеа другите убиени, до вечерта двајцата конзули со придружниците ги обиколија сите 62 убиени и 6-те ранети. Меѓу убиените беше и мојот стар татко, поради што конзулите ми искажаа длабоко сочувсто. Најпотресителна беше глетката на 17-те убиени изложени во црковниот двор. Тука можеа да се видат лешеви на кои очите им беа избодени, градите распорени, рацете и ноѕете исечени, мозоците распрснати", запишал Темчев на 01 април 1930 година во Пловдив, одбележувајќи ја на тој начин 25 годишницата од масакрот кој е можеби најсликовит приказ за тоа како Грците во 19-от век го стекнуваа правото врз името Македонија со кое денес одново ни го загрозуваат животот.

Пред Илинденскот востание, Загоричани, село блиску до Костур, имало 600-тини куќи, многу од нив двокатни. При задушувањето на востанието, Турците имале наредба целосно да го разрушат и затоа го запалиле. Но, дури и тие, со сета своја суровост, не убиле повеќе од 26 луѓе.

До крајот на март 1905 година, селото одново било изградено. Најмалку 200 куќи биле целосно обновени. Загоричани почнало повторно нормално да живее. Но, не сакало да се потчини на грчкиот митрополит Каравангелис и со тоа ја предизвикало судбината.

Ден пред колежот, во едно од блиските села, околискиот штаб ВМРО имал состанок. По завршувањето на состанокот, Дамјан Илиев бил испратен во Битола за да ги пренесе ставовите и да побара инструкции. Решил ноќта да ја преспие во Загоричани и кон градот на конзулите да тргне рано наутро. Бил примен во куќата на поп Стефан. Не ни претпоставувал дека таквата одлука од него ќе направи сведок на еден од најкрвавите колежи во Македонија, извршен било кога.

"Одеднаш се слушна силен грмеж. По него и втор, па трет... Снаата која стоеше најблиску до прозорецот, страотно извика : %Станувајте, има пожар кај Големата чешма'. Сите се кренавме и ги здогледавме големите облаци чад што се креваа високо... Селото гореше од сите страни. Пламенот беше страшен, гореа плевни и куќи и се уриваа со страшен тресок. Огнените јазици се сретнуваа високо над куќите и образуваа еден грамаден пламен, кој ја осветлуваше цела околина. Подоцна, велеа дека пламенот бил набљудуван од Каравангелис кој читајќи молитва, ги прашувал другите дали пламенот се намалува или зголемува и при секое намалување, клекнувал и се молел за успех на делото", се сеќавал Илиев.

Каравангелис е костурски митрополит во тоа време, Грк кој цел живот го посветил на освојувањето на Македонија од Грците и истребувањето на нејзините жители од тој простор. Работел по налог на грчките власти и се смета за креатор на сите злосторства извршени во костурско од страна на грчките банди во тоа време. Само неколку месеци пред масакрот во Загоричани, на 13 ноември 1904 година било нападнато леринското село Зеленич, токму кога свештеникот Ѓорѓија правел свадба. Во екот на веселбата, грчката банда убила 13 мажи, жени и деца, а едно девојче живо го изгорела. Неколку дена подоцна,  во Македонија била испратена и бандата на Георгиос Вардас-Цонтос, која ќе земе централно учество во убиставата во Загоричани.

Според д-р Александар Трајановски од Институтот за национална историја на Македонија, кој е еден од најупорните истражувачи на масакрот во Загоричани (автор е на книгата 'Андартскиот колеж во Загоричани' објавена на 90-годишнината од настанот) и кој има истражувано во грчките, бугарските, македонските, англиските, српските и руските архиви, сосема јасно се гледа дека колежот во селото бил подолго време подготвуван. Во британските документи за овој настан, пишувало дека 'масакрот е внимателно планиран доста време и бил подржан, барем индиректно од кајмакамот и грчките митрополити во Костур и Лерин'.

Според д-р Трајановски, инспиратор на грчкиот колеж во Загоричани е митрополитот Каравангелис, кој бил информиран од бандитот Вардас за намерата и дури му дал список на луѓе во селото кои и' се верни на грчката црква и кои треба да бидат заштитени.

Димитрис Литоксоу, човек од чии дела на Грците им се крева косата на главата, автор на 'Грчката антимакедонска борба', пишува дека бандитот Вардас, заедно со групата на потпоручникот Стефанос Дукас (Малиос), севкупно 180 до 200 луѓе, на разденување на 25 март 1905 година, го опколиле Загоричани.

"Првата куќа се разниша во пламен од Макрис. Потоа една по . една, по ред, ноќта стана посветла од ден. Никој никого не слушаше. Над сите бомби, над куршумие и над криковите, се издигна само гласот на Цонтас. Беше толку јак, што го слушна пола Загоричани: 'Над шеснаесет години, никој жив да не остане!", напишал Литоксоу, цитирајќи грчки документи за овој настан.

Така почнало дивеењето на Грците во Загоричани. Траело неколку часа, се додека не пристигнала турската единица која преноќувала во соседното село. Се пртепоставува дека таа намерно задоцнила, оставајќи им време на Грците да завршат дел од работата. Италијанскиот офицер Манери го предупредил турскиот командант за тој крај дека нешто се подготвува, а дека цел ќе биде Загоричани. Но, тој решил да се држи понастрана со својата војска и да интервенира покасно. За случувањата во меѓувреме, Дамјан Илиев запишал:

"Луѓето набрзо сфатија дека тоа не е војска, туку андарти. Тоа малку ги окуражи и почнаа да се бранат. Не можејќи да се справат со одбраната, кога сонцето веќе се беше кренало високо за да го осветли нивното подло и мизерно дело,  со неколку товари пљачки и со заробени селани, андартите се повлекоа, гласно искажувајќи ја својата јад што не можат докрај да ја завршат наредбата. А, каква била таа ? О, ужас ! Само грчкиот шовинизам и злоба можат да скројат такво злодело. Кога селаните и мало и големо, собрани во црквата, чија побожност добро му беше позната на Каравангелис, ќе бидат исклани пред иконата на Св. Богородица, а селото ќе биде запалено, дали е тоа за да се осветли тржеството на елинизмот ? Може ли во човечката душа да се јави посатанска мисла ?... Населениоето почна да излегува. Околу секој труп бе седнати блиски и далечни... И плачат и си јадат од облеката од мака. Малку понатака, иста сцена. На другата улица, на крајот од селото пред куѓата на Кузо Самарџијата се беше собрало цело маало да го оплакува и него и неговото семејство, сите маченички загинати во нерамноправна борба".

Кузо имал жена и триќерки. Сите загинале од бомби фрлени во нивната куќа, освен најмалото девојче, кое било набодено на бајонет и фрлено кон ѕидот. Девојчето имало пет години. Се викало Олга. Според списокот на жртвите што го објавува д-р Трајановски, нејзините сестри, Ангелина и Катерина, имале 14, односно седум години.

Во тие моменти, селаните се' уште не знаеле што се случило со заробените кои Грците ги одвеле со нив. Претпоставувале црн крај, но, сепак, се надевале дека можеби ќе стигнат добри вести. Надежта им ја прекратил единствениот преживеан од 27-те заробени.

Илиев запишал:

"Токму во тоа време се зададе еден гологлав човек со исечено лице и искината облека. Се стрчавме кон него. Што да видиме. Тоа беше човек што можеме да го познаеме - по лицето, вратот, телото, рацете имаше рани од нож. На лицето немаше здраво место. Се' беа рани и засирена крв. Господин Манери си го покри лицето не можејќи да гледа... Оставете го да се одмори, исчистете му ги раните и преврзете го, па тогаш да ни каже што се случило, рече Италијанецот. Вечерта се прибравме во неговата куќа ... Петар, така се викаше ранетиот, не виде и едвај чујно проговори: Не врзаа со јаже и не поведоа кон планините... Хие сфативме дека судбината ни е решена и се вртевме кон родните полиња за да ги видиме за последен пат. Тогаш отец Стефан им викна: Што сакате од нас ? Ова а срамота ! Тие, приковани за момент од гневните зборови на дедо Стефан, ги дигнаа пушките и пред очите ни се јави блесок. Цела редица паднаа како карпа. За тие што останаа, погледнете ме мене и ќе ви биде јасно што им се случи. Со камења ни ги смачкаа главите. Јас лежев како и сите. Кога си отидоа, со џебно ноже го исеков јажето и полека станав. Почнав да одам од еден до друг, како да ги будам, како да заспале, но никој не стана. И еве ме, се довлеков до селово...".

Според Литоксоу, убиството на заробените се случило поинаку. "Во планината ги колат заробените", напишал Литоксоу и продолжил со цитат",  од делото "Македонска борба-мемоари", од Јоанис Караватис :

"Работата ја презема Павлос Патрос. Патрос ги држеше и ножот и штикот. И така, го постави штикот на пушката и започна да ги боде построените заробеници". 

Дента на настанот, селанец од Загоричани кој успеал да побегне, стигнал до соседното село Бобишта. Им кажал на луѓето што се случило, а Атанас Колев од истото село, се проблекол како Турчин и сам, на своја рака, тргнал за Битола. Во градот, за масакрот го известил бугарскиот претставник Тошев, а овој веднаш испратил конзуларна нота до конзулите на Русија и Австро-Унгарија. По дводнево натегање со турскиот валија во Битола, конзулите, придружени со италијански офицер Албер, со воз заминале за Лерин, а оттаму со коњи за Загоричани.

Битола, градот на конзулите.

Во меѓувреме, италијанскиот офицер Манери, кој се наоѓал во селото, ги советувал селаните да не дозволат закопување на убиените додека не стигне комисијата. Така, било овозможено цела Европа да дознае за злосторствата извршена од грчките банди, а документи за овој настан да има во архивите и на Италија, Русија, Австрија и Велика Британија.

Според Наум Темчев, конзулите, односно нивната придружба направила и фотографии од убиените, но ако тие постојат, се' уште се негде во странските архиви. Но, и без нив, благодарение, меѓудругото и на ангажманот на Русинот Кал, Австријанецот Прохаска, Италијанците Алберт и Манери и Бугаринот Тошев, официјалните лица на сите европски земји, дознале како Грците на почетокот на минатиот век започнале да го стекнуваат историското право на името Македонија. И некои од нив тоа не им го премолчуваат на Грците. Но, само некои. Мнозинството од Европјаните очигледно преминуваат преку тоа.

Загоричани после грчкиот злочин.

Австриски документ

ГРЧКАТА БАНДА ГИ УБИВАЛА И ЖЕНИЕ И ДЕЦАТА

 

На 12 април 1905 година, во австрискиот конзулат во Битола, колежот во Загоричани е документиран со следните зборови:

"Грчката банда до темел го уништи селото утрото на 7-ми во тековниот месец (нов календар), откако на разденувањето го нападнаа од повеќе страни истовремено... Кога жителите слушнале труби, помислиле дека некоја единица војска пристигнала во селото, па дури повеќемина излегле да ги пречекаат војниците, но веднаш биле застрелани. Грците извадиле колку што можеле повеќе луѓе од куќите, вклучително и жени и деца и ги убиле на варварски начин. Оние куќи што не можеле да ги заземат, ги дигнале во воздух со динамит и ги запалиле. Освен тоа, околу 20 мажи биле одведени во планините, каде што биле заклани. Истовремено извршиле пљачкосување и насилства заради пари. На овој начин бандата дејствувала цели три часа и нема никакво сомнение дека ќе биле убиени уште многумина, ако не беше пристигнал потпоручникот на жандармеријата Незир ефенди со 40 луѓе од соседното село Команичево, па дури тогаш Грците се повлекле во планините".

 

Англиски документ 

СОВРШЕНО ИЗВЕДЕНА КАСАПСКА РАБОТА ОД ГРЦИТЕ

 

Познатата македонска песна која почнува со стиховите "Народе македонски, со какви идеи си ти, доста веќе разбуди се, не спи ти" е инспирирана токму од колежот во Загоричани. Денес ова село се вика Василиас, што во слободен превод значело 'царско село'. Ова име го добило во 1928 година. 

Во 1913 година во Загоричани имало 2370 луѓе, од кои најголем дел се иселиле во Бугарија и САД. Во 1945 година биле попишани само 720 лица. Тоа е всушност приказната која финалето го има на крајот од педесеттите години на минатиот век, по што Грција започнува да тврди дека на нејзина територија нема други малцинства освен малубројните муслимани.

Инаку, во документот што конзулот Мек Грегор го испратил до англиската амбасада во Турција, во врска со настанот во Загоричани (објавен во споменатата книга на д-р Трајановски), меѓу другото пишува:

"Комплетниот број на незкопани тела пронајдени од полковникот и двајцата конзули е 68, вклучително 6 жени и 2 деца, при што последните се прободени до бајонет, па распорени, а воеден случај е откриено дека едно цело семејство е уништено со динамитни бомби од примитивен тип, фрлени низ дупките направени во ѕидовите на нивната куќа. Покрај изгорувањето на 13 куќи и исто толку плевни, Грците намерно испоклале многу стока, а малиот број ранети, околу пола дузина, сведочи за совршениот метод по кој е изведена касапската работа за она кратко време од еден и половина час...

Треба исто така да ја изразам видливата разлика меѓу масакрот во Загоричани и убиствата извршени од егзархистите против патријаршистите, бидејќи додека првите речиси непогрешно ги избираа своите жртви меѓу лицата за кои се знае или се сомнева дека се виновни за предавство, Грците, се чини, не биле заинтересирани од друг мотив, освен да убијат што е можно повеќе егзархисти...".

 

Дарко Јаневски, 2005 година.

Историја = НАРОД !

 

 Медиа 24

ДРЖАВА БЕЗ ИСТОРИЈА

НАРОД БЕЗ ИДНИНА !

*****************

Секое дрво има свои корења и семка, секое живо има свој сој... Разбирливо, и секој народ свое име, свој идентитет ! Држава без историја, народ без иднина.

 

А, кој ја бриши нашата историја и идентитетот, вистината за Македонците и за Македонија ? Нам Европа не ни треба за  да се спознаеме сега и утре, бидејќи Македонија е во основите на Европа ! Корените на христијанството во Европа се во Македонија, првата христијанка во Европа е Македонката Лидија, Светиот Павле христијанизацијата ја започнал во Македонија, па оттука накај Европа !

Македонските светители Кирил и Методиј се патрони на Европа, по македонското евангелие се богослужи во католичките цркви во цела Европа ! Зарем, во 21 век некој треба да не учи на вредности и да ја ретушира македонската култура и историја ?

Кому му пречи македонската култура и историја во Европа ? Срамотно и болно е европското расистичко насилство врз Македонците и врз Македонија, бидејќи се гази преку македонската голгота врз која Европа ја гради својата иднина и благосостојба.

Во својата "Вејки на ветерот", Чашуле вели, историјата ја краде иднината. За жал, денешните "вејки", ветерот ги однел, велат : Нашиот рецепт за опстој заради непријателствата со соседите - е реформа на образованието, ќе го укинеме предметот историја на Македонија и на македонскиот народ ! Шокантно ! Мајсторите на велепредавството само заборавија дека народот без историја нема иднина... Па, која иднина ќе ни ја понудат кога Македонците повеќе нема да постојат ?

Експертите од министерството за финансии утврдиле дека ревидирањето на учебниците, предвидено во договорот со Бугарија и мерките за соработка со Грција, ќе чини многу. Поради дефицит на пари во државната каса, најефтино било целосно укинување на предметот историја. Демек нема логика да се учи историја, бидејќи минатото само ги носело во бунило учениците ! Ете таква била политиката за ЖИВОТ во Македонија.

А, каква иднина ќе имаме, кога нема да си ја познаваме сопствената историја, историјата на македонскиот народ и на Македонија ? Што не' плаши и срами од сопствената Историја ? Кој ни ја пишуваше историјата и кој ни ги кроеше судбините досега ? Ако вака настапуваме пред сопствениот народ и нашите деца, како сакаме да не разберат другите кои не се дел од нашите семејства, особено сите тие кои не негираат и во мајчината утроба ?

И, наместо сведоштва за нашата историја, да не летнеме ко балон во неизвесната иднина, наместо историја, учениците ќе го учеле предметот иднина, во кој ќе бидат опфатени сите перспективи од евро-атланските интеграции за Македонија ! Има ли нешто посвето и посветло од сопственото културно-историско наследство, за миг "свесно" да го погребеме, само за нешто што нема толку светли датуми во нивната историја ?

Тоа е исто како големиот искушеник Аврам, кој за љубовта кон Бога посегнал по жртвување на сопствениот син. За жал,  овде искушеници се истите тие кои го предадоа Христа, тие кои подоцна и животот самите си го одзедоа ! Далеку е Аврам од овие бедни души, оти вербата во сопствениот народ, неговата судбина, измачувањата не ти дозволуваат никогаш да помислиш на ваков гнасен чин, туку напротив на себепочитување, себеспознавање, патриотизам, човекољубие, а не братоубие.

Од својата втора па до својата седма година стануваш човек, од седмата до четиринаесетта добиваш карактер. За каков човек и карактер да зборуваме, кога самите во зародиш ги мрзиме таткото и мајката, да не зборуваме за братот и сестрата. И, откако ги изгубиме сите овие во нашите животи, тогаш, мои, ние сме изгубени во вселената, во времето и просторот.

Од сето кажано не' случајно извира народната, најпрвин размисли па кажи ! Ние на почетокот вршиме самоубиство на сопствениот народ и младина, забранувајќи им да си спомнат за своите корени, за македонската култура и историја ! А, како се редефинира сопствената историја и народ по убедување, ако не со страв, насилство и десеткување... Со перење на мозокот или со наметнување на лагите, по правилото, стопати повторена лага станува вистина.

И покрај се' и после се', едно е јасно, историјата никој нема право да ја бриши, таа е душата на народот. А, кој е тој што сака да му ја одземе душата на македонскиот народ, веднаш и одговорот:

 

Тој што самиот ја дал својата душа на ѓаволот!

*****************

 

 

 

Ванчо Михајлов

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ 71

***********

Македонија во периодот на Балканските војни до почетокот на Втората светска војна на Балканот

(1912 - 1941)

 

8. Положбата на Македонцците под Бугарија

По мировната конференција во Париз, како што е веќе речено, на Бугарија и' бил даден пиринскиот дел на Македонија од 6.758 км2 со население од околу 150.000 лица. Во овој дел на Македонија положбата на луѓето во суштина не се разликувал од положбата на другите два дела на Македонија. Во целина, трите дела на Македонија, без оглед на поделбата, уште долго опстојувале нормите на одживеаниот османлиски феудализам. Промените тешко си пробивале пат. Царувале корупцијата и насилството, политичкиот притисок, експлоатацијата. Особено тежок бил грабежот што го спроведувала ВМРО на Иван Михајлов и на Александар Протогеров. Овде доволно затоа зборува писмото на Александар Протогеров од август 1926 година упатено до Иван Михајлов. Во него тој известува за поплаките и барањата на граѓаните до Владата да ги "спаси од Организацијата која ги тероризира, ограбува, им наметнува давачки поголеми од државата". Тој во писмото сугерира Организацијата да преземе мерки за да се намали револтот на граѓаните. 

Во пиринскиот дел на Македонија, со благослов од претседателот на бугарската влада Александар Љапчев, владеел тоталитарен режим. На 10 октомври 1927 година била прогласена воена состојба која се однесувала на активноста на михајловистичката организација. За тоа колку била тесна функционалната врска помеѓу Иван Михајлов и бугарската влада, ево што рекол самиот тој на Седмиот конгрес на ВМРО: "За нас, раководното начело беше и си останува: ние имаме интерес од база која треба, без да војуваме со никој за тоа, колку што е можно подолго време да биде обезбедена. Кога е така, се грижевме да ги избегнуваме недоразбирањата (со власта). Не бегавме, туку одевме на секоја покана за уредување на спорните прашања, свесни дека ние имаме потреба за тоа, а не органите на власта".

На протестите на странските дипломати против терористичките активности на ВМРО, бугарската влада негирала дека постои таква организација во Бугарија.

По забраната на активноста на ВМРО (мај 1934), во јуни ЦК на ВМРО објавил соопштение дека по сила на конгресните решенија од 1931 година нејзините кадри на бугарска територија се реформираат и се повикуваат да и' станат лојални на земјата. Со создадената положба територијата на Бугарија автоматски престанува да биде објект на дејност на ВМРО. 

Објективно, положбата на македонскиот народ во пиринскиот дел на Македонија под власта на Бугарија, како што е веќе речено, не се разликувала од онаа на Македонците под власта на Грција и на Кралството на СХС.

Но она што и' давало  посебен белег на положбата на Македонците во Бугарија од таа во Грција и во Кралството Југославија, па дури и во Петричкиот округ, била положбата на македонската емиграција на бегалците, кои во текот на војните и по нив спасот од прогоните, убиствата, понижувањата го побарале во границите на бугарската држава. Над стоилјадна македонска бегалска маса се концентрирала во Бугарија.

По војните, покрај протераната бегалска, главно селска маса, во Бугарија се нашол најголемиот дел од живиот кадровски состав на македонското ослободително движење, кој пред војните, па и во текот на нив, дејствувал во Македонија. Практично, во двата дела на Македонија, егејскиот и вардарскиот, нацоналноослободително движење на македонскиот народ доживеало тежок удар. Тоа останало и без раководниот и без поширокиот активен кадар. Во дадените услови, македонската емиграција во Бугарија, заедно со пребеганиот раководен кадар, десет до петнаесет години по војните, помеѓу 1920 и 1935 година се наметнале како доминантен фактор во програмскополитичкото насочување на националноослободителната борба на македонскиот народ во новите услови.

Наоѓајќи се надвор од својата природна средина, од својата матица, подложена на државните и политичките интереси на средината во која живеела, изложена на тешки социјални прилики во процесот на асоцирање во новата средина, политичката и револуционерната активност на македонската емиграција, без оглед на нејзината идејнополитичка определба, го носела името на државата во која таа ја развивала својата дејност. Поради тоа,  и во границите на Бугарија и надвор од неа, нејзината активност се третирала како дело на "македонските Бугари". Објективно, таа се доживувала како проблем на нерешшеното македонско прашање, што во суштина значело нерешеното прашање на "Бугарите во Македонија". Оваа неточност, односно дезинформација, ќе произведе многубројни проблеми во процесот на самоопределувањето на македонскиот културно-национален идентитет на македонскиот народ во Бугарија, чие влијание долго ќе се провлекува низ неговото историско патување.

Вториот значаен момент со далекосежни последици е во тоа што трансформацијата на старите предвоени форми на Организацијата на македонското националноослободително движење при неговото прилагодување на новата геополитичка положба на Македонија се случувала во периодот на пробивот на новите идејнополитички промени од глобален карактер, како што се комунизмот во Русија по Октомвриската револуција (1917 г.) и фашизмот во Италија по доаѓањето на власт на Мусолини. Кон тоа се надоврзалле тешката економска  ситуација, политичката нестабилност и меѓународната изплација на Бугарија. Сиот тој колорит непосредно се одразувал на позициите на македонската емиграција во Бугарија, рспективно и на силите на македонското национално револуционерно движење во редовите на емиграцијата, но и во другите два дела на поделената Македонија.

Впрочем, иако македонската емиграција во Бугарија непосредно по војните се доживувала како раководен фактор на македонското националноослободително движење во целина, откината од матичната средина, во границите на друга држава со своја државна политика, таа со текот на времето се интегрирала во постојните политички и државни структури на бугарската држава. Со самото тоа се стопувала со интересите на бугарската држава или со политиката на одредена политичка партија. Во исто време тоа значи дека во емиграцијата во Бугарија раководните позиции во националноослободителното движење на македонскиот народ се ставале под контрола на бугарските национални и државни интереси.

 

Продолжува

Македонски борци

 

МАКЕДОНЦИТЕ И ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА

1945 - 1949

Глава Осма

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА

ДЕЛ 71

Пишува: Наум Пејов

 

 

 

ЛИБАНСКИ ДОГОВОР

Прва Глава

 

Реорганизација и послушност на грчките вооружени сили на Средниот Исток под знамето на грчката татковина. Сите се согласивме дека бунтот на Средниот Исток беше злочин против татковината. Сите се согласивме дека истрагата треба да продолжи и дека поттикнувачите на бунтот треба да бидат казнети според својата одговорност. Изговорот дека биле поттикнати од барањето на Владата на националното единство не може да ги ослободи од одговорноста, зашто ако во време на војна разногласијата околу владата го озаконува бунтот, тогаш албанската епопеја немаше да постој.

Во кој дух треба да се изврши реорганизацијата; Се констатира едногласно дека не треба да се применуваат политички критериуми. Ќе се применуваат само национални и воени критеритуми и само со нив ќе се врши реорганизацијата на вооружените сили.

Исто така се согласивме дека токму на денот на формирањето на Владата на националното единство до сите вооружени сили и на Средниот Исток и во поробена Грција ќе се испрати паролата дека воената дисциплина треба да биде без поговор и дека е невозможно политички погледи да постојат во војската, зашто војската треба да размислува. Војската треба да ги извршува наредбите на владата. 

 

Втора Глава 

Обединување и послушност на заповедите на обединетата влада од сите герилски формации на слободна Грција, како и покренување сите борбени сили на нацијата против окупаторите.

Сметам дека и по овој проблем мислењата се подудараат целосно. Затоа што сите сме прифаќале дека е невозможно во иднина герилскиот состав да биде постојана состојба и дека што поскоро треба да пристапиме кон создавање на наша национална армија која ќе биде ослободена од секакво влијание на партии и организации, ќе и' припаѓа само  на татковината и ќе ги слуша наредбите на Владата. Но, сите исто така прифаќаме, особено по писмото од Сојузничката команда за Среден Исток, кое потсетува дека ниедна промена не смее да води кон слабеење на отпорот, дека непосредната цел на отпорот треба да одговара на потребите на борбата. Едната страна се сложува дека герилскиот состав не може да биде постојана состојба, а другата страна исто така смета дека е неможно да биде тоа непосредна цел.

 

Трета Глава

Запирање на теророт во грчката провинција и зацврстувањето на личната безбедност и политичката слобода на народот, кога и како окупаторот ќе се повлекува.

Категоријата "терор" се потврди од едната страна, се оспори од другата. Не е неопходно да расчистуваме. Доволна е општата констатација дека во провинцијата ќе се обезбеди ред, личната слобода и политичката слобода. И во градовите исто така ќе се вложат напори за да се  отстранат терористичките појави.

Министри на обединетата влада ќе се наоѓаат во слободна Грција кои ќе управуваат и со воените сили и со ослободеното грчко население.

Се констатира, на крајот, потполна согласност дека мисијата на владата е контактирање и раководење со грчкиот народ.

Никој од нас не сака да остане емигрант, сите сакаме да сме соборци и водачи на својот народ. Таму е нашето место. Единствено прашање кое се постави беше времето. Сите се согласивме дека, кога ќе се оцени дека е создадена реална ситуација која ќе го овозможи нашето присуство во Грција, нема да се губи време, веднаш да појдеме.

Беше грешка фактот што политичките фактори ја претпочитаа негацијата, наместо присуство - отсуство.

Духот на новата влада нема да биде негирање, туку потврда, не отсустност, ами присутност.

 

Четврта Глава

Постојана грижа за испраќање на доволно продукти  и лекови во поробена Грција, исто така и планинската.

 

Петта Глава 

Обезбедување, при претстојното заедно со сојузничките сили ослободување на татковината, на ред и слобода на грчкиот народ, така што тој, ослободен од материјален и психолошки натисок да може суверено да реши и за режимот и за општествениот систем и за влада која му одговара.

Прашање прво. Со оглед дека постои Влада на националното единство, обезбедување и на редот и на слободата на грчкиот народ, а време на ослободувањето на татковината заедно со сојузничките сили ќе биде нејзина работа. И сигурно ќе биде во состојба да му ги загарантира тие големи добра на грчкиот народ.

Прашање второ. Се постави потоа прашањето кога народот ќе треба да одлучи за режимот и владата.

Сите сме согласни дека треба да одлучи во најкусо можно време, но и на најчист начин и во услови на потполна слобода.

Изјаснувањето на народот во Грција се наложува, затоа што уште немаме влада почитувана од народот, ниту дефинитивен режим.

Прашање трето. По прашањето на врховниот владар сиот политички свет на нашата земја има свое мислење, кое, се разбира, го задржува и покрај тоа што е во Владата на националното единство. Следователно изјаснувањето е една од целите на националната влада.

Но сакам да додам дека додека придавам големо значење на постојната изјава, давам мало на новата која се бара.

 

Шеста глава

Наложување сурови казни против предавниците на татковината и против експлоататорите и страдањата на нашиот народ.

Согласни сме и по ова прашање. Оваа шеста глава, меѓутоа, води кон испитување на друга тема, бидејќи е глава "по ослободувањето" и се поставува прашање дали е можно во врска со ова изјаснување на националната влада.

Овој факт уверува колку е неопходно да не се изјаснува, зашто владата на националното единство ќе трае само до ослободувањето. Бидејќи во таков случај не ќе може да ги исполни ветувањата за редот и слободата во периодот на критичниот премин од окупацијата кон ослободувањето, кое со толку жар го очекува грчкиот народ.

Има, се разбира, и други гледишта кои треба да бидат земени предвид. Затоа сметаме дека најдобро би било времето на траењето да го довериме на националната совест и политичката оцена на новата влада.

 

Седма глава

Грижата за брзото задоволување на материјалните потреби на грчкиот народ по ослободувањето. Се истакна дека да работиме на изготвување на план за повоена економска обнова. Потполна согласност. Се истакна дека треба да се покренат сите морални сили за запознавање на сојузниците, со цел да обезбедиме приоритет во обновата. Потполна согласност. Се истакна дека средствата за обнова ќе треба да се бараат како помош, а не како заем.

Грција со епопејата во Албанија или го обезбеди успехот на војната или ја скуси најмалку за една година. Ако за таа услуга се бара противвредност од сојузниците, нивните трошоци само за еден дел од обновата на урнатините ќе беа многу големи.

Се истакна дека обновата треба да се бара во поволниот третман на нашите драгоцени производи. Се истакна, понатаму, дека економската обнова на нацијата треба да се врши со слободно одење на Грците не во далечни земји, каде веќе втората генерација ги губи чувствата, туку во соседните страни кои се векови им се познати и каде присуството ги претвара во резервоари на нацијата, од кои се црпат силите на државата.

Потполна согласност.

 

Осма глава

Полно задоволување на националните права. Големите заслуги и големи жртви, пожртвованоста на нашата татковина не можат да имаат друго признавање освен создавање една нова слободна и голема Грција.

Сметам дека вториот дел на оваа глава го разјаснува првиот. Ќе биде следователно возможно да се смета од сите нас како конкретно формулирање на нашите национални барања. Целосното национално воспоставување и целосна безбедност на нашите нови граници претставува сегрчко барање.

 

Господа претставници,

Имаме впечаток дека дојде до целосно совпаѓање на гледиштата по националниот проблем во врска со претстојното формирање на Владата на националното единство.

Ако е така, предлагам текстот на националната програма, како што е образложен, да се смета како нацонална конвенција и да се потпише од сите претставници.

 

20 мај 1944 година.

(Следат потписите на 25 претставници)

*Од книгата: "Хроника на борбата. На оружје. Историја на националниот отпор", стр. 195-200 од издавачката куќа Ѓанакос.

(Овој договор го прочитал Г. Папандреу, како претседател на владата и толкувањето што го давал на секој член чинел составен дел на договорот - Забелешка на Н.П.)

 

КРАЈ

Во идниот број на "М.З." 

 

 

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

**********

ЗЕМЈО МАКЕДОНСКА

  • Кога ги слушаш орото и
    песната
    Македонска,
    во чекорите на Тешкото,
    и ангелите се веселат,
    земјата под ноѕе
    трепери од возбуда
    чиниш, сите води
    подземни
    во бранови разиграни.

    И мртвите од восхит
    те воспеваат
    песно виорна
    оро прадедовско,
    од памтивек
    земја татковинска,
    низ бури, магли
    оган и меч
    распламнати,
    се' ведри насмевки
    стројност ти
    красат.

    Гледај, изнагледај се
    витки моми
    убавина
    племенита,
    рака за рака во занес
    песна и игра
    чекори лесни,
    чиниш самовилски ветер
    ги разигрува,
    и играта севишна им е.

    Благословена си
    Македонко,
    од Бога дар дарена,
    од мајка светица
    родена,
    до што е род и пород
    Македонски
    благослов
    на родна земја
    благословен.

  • Играјте чеда, играјте
    сите полиња, житја
    родни класје,
    сите планини, сите реки,
    сите птици,
    сите новородени фиданки,
    сите распукани карпи,
    и до што се' живо
    родено
    од корен до ластар,
    од ластар до цвет буен.

    И до што е светла искра
    од небеса распослана
    родина да разубави,
    и сите пламнати ѕвезди
    снаги бујни
    срмени носии,
    плетенки развеани,
    и вжарена утрена
    светлина на срма.

    Ене, гледај изнагледај се
    Македонка е
    бистрина во очи
    поглед огледало
    убост мајкина.

    Роди не' земјо
    на било кое поле
    рид или планина
    оставине,
    и од таму оро и песна
    ќе воскреснат,
    благодет Божја
    благословена.

    Земјо од сите страни
    со вжарени сонца
    заградена,
    земјо
    МАКЕДОНСКА!!!

    Автор, Живко Деспотовски

Kind regards: 06 февруари 2018 година

Sotir Grozdanovski broj 123