ПОТРЕБЕН ЛИ Е ДОДАТЕН КОМЕНТАР ?

ЕДИ РАМА И ЗОРАН ЗАЕВ

Сотир Гроздановски

 ЖИВОТ ВО ВРЕМЕТО НА ПАУНИТЕ И НЕДОВЕТНИТЕ

*********

Секое време носи  свое бреме, па така и ова во кое и ние живееме.  Живееме  и настојуваме да ги вградиме  нашите дела во делата и жртвите на нашите предци од  вековите  зад нас, со кои постојано се докажуваме, дека не сме дрво без корен. Тоа е смисолот на човековото живеење и опстојување на ова парче земја дадено од природата и Бога, за со нашата умешност, грижа и љубов го збогатуваме, разубавуваме,  сестрано љубиме и на крајот да го оставиме на генерациите што доваѓаат после нас.

Нашите материјални и духовни дела, личното и колективното достоинство, благодарноста кон   нашите предци мора да биде пример  за генерациите кои доваѓаат, во спротивно, нашето постоење ќе остане само како случајно и безвредно газење и загадување на  прекрасново парче библиска земја, записано со името Македонија.  

И тие се множеле и развивале, потоа физички си заминувале  за секогаш, како и ние кога ќе ни дојде времето. Си заминувале, но спомените на нив и нивните чинења или не чинења секогаш останувале  во човековите сеќавања или записани на нешто адекватно на времињата, од човекот  измислени со трајна цел.

Постоеле времиња на јунаштва, предавства, чесност, дури и во злото кое  го чинеле едни спрема други, но и кукавичлук и нечесност  во делата, за кои сметале дека треба да бидат стандард во човековото однесување. Но, секогаш постоеле и времиња, кога народната изрека "храни куче да те лае" често се користела како предмет за докажување на непримерено однесување без посебна и оправдана причина.

Сегашните времиња на "високото цивилизирано живеење" е заправо време на "пауните и недоветните", кое нема ништо чесно или елементи на јунаштво во себе, со кое се мерело, до некогаш, однесувањето во разрешувањето на меѓусебните недоразбирања меѓу народите и луѓето поединечно. Секогаш постоела мера и во доброто или злото, во обезличувањето и понижувањето, но сепак достоинството меѓу народите имало свои црвени линии, кои се почитувале, што тоа денес не е така, почнувајќи од нас и нашите недоветни и неспособни водачи кои не заслужуваат така да се нарекуваат и да седат на дрвено столче, а камоли во меки фотељи, скапо купени со наши пари.

Македонскиот народ овие елементи на однесување ги почувствувал на своите плеќи повеќе пати  во текот на своите развојни етапи, од кои биле најнечесните за време на римското владеење, после конечниот распад на македонската александрова империја во последните години од времињата пред новата, Христова ера. Но сепак, никогаш не се чепнало во идентитетот на македонскиот народ и името на територијата на која и понатака останал да живее, до денешни дни. Доказ за тоа е името на македонскиот народ и територијата МАКЕДОНИЈА, широко развиената национална култура, совршенството на македонскиот јазик, достоинствениот карактер на обичниот Македонец и неговото толеранто однесување кон светот што го опкружуваа, гостољубивоста, но  не и квалитетот на нејзините водачи, нивниот патриотизам, квалитетот на нивното образование и интелигентното расудување за најелементарните вредности да се биде горд на своите предци и оставштината од нивното живеење оставено како подарок за нас и за сите после нас без право на отуѓување. По никоја цена која посилните ни ја нудат. 

Денес самобендисани  пауни на секаде.  Празноглаво недостојни да се нарекуваат луѓе, а камо ли водачи на народ или држава, уште повеќе. Националната геноцидност на  денешнава генерација надмашува се' до сега познато во македонските општества. И тоа нашите непријатели го чекаа и го дочекаа, а ние наивно и поглупи од нив, ги следиме како неорганизирано стадо без  шарпланинци - чувари, опиени од вековните лаги дека во животот е се' лесно и дека се' што ни треба е месено и на ниска грана обесено, тик на дофат на ниште муцки, што би рекле моите  "мудри" соселани, кои ги нема повеќе на нивните стари и вековни огништа.

Ете тоа е најкусо да се каже за положбата во која цел македонски народ и неговата  држава ги преживува своите последни времиња, предадени од внатре, како и секогаш.

Зарем може со нешто да се оправда обезличувањето на македонската држава и плукањето по лицата на македонскиот народ и неговото достоинство од внатрешни предавници, кои би требало да се најголемите бранители на националните интереси? Мислам на вистинските внатрешни и од редовите на Македонците како носителите на државноста на Македонија? Нема! И тоа е што боли!

Да се предаде државата и својот народ, без зрно барут, на своите крвни непријатели кои живи ги гореа нашите синови и ги фрлаа нивните коски  како диви ѕверови околу наоколу за да траг нема од нив. Со уживање да ни нанесат бол неиздржлив на нормални човекови чувства. Да ги завијат македонските мајки во црно за довека да ги жалат  синовите ѕверски масакрирани од своите довчерашни припадници на една иста армија составена и од ѕверови, мислејќи дека требаш да имаш доверба во нивното пријателство. Сега истите тие ѕверови да управуваат со твојата вековно матична земја и држава, е страшно болно и понижувачки. Да му се предаде државата во крвавите раце на разни Ахмети, Џафери, Бесими...и тоа се' во име на некоја демократија и соживот со својот крвник...? Тоа можат да го направат само вистински предавници, кукавици и безумни дегенерици, алчни за власт и пари. 

НАРОДЕ МАКЕДОНСКИ! СВЕСТИ СЕ И НЕСПИ! ОРГАНИЗИРАЈ СЕ И НЕ ОЧЕКУВАЈ ПОМОШ ОД ОНИЕ КОИ И САМИТЕ НЕМОЖАТ ДА СИ ПОМОГНАТ, ЗОШТО СЕ СОУЧЕСНИЦИ ВО ТВОЈАТА НЕСРЕЌА! НЕ ОД ВЧЕРА!

 

Македонска Нација

25,000 ДОЛАРИ ОД НИМИЦ ЗА ГЛАВНАТА КОНГРЕСМЕНКА НА ГРЧКОТО ЛОБИ ВО САД

 

Од  1995 година до 2017 година, конфликтниот медијатор на Обединетите Нации Метју Нимиц има донирано вкупно 25,000 долари во кампањата на Конгресменката Каролин Малони, демократ од Њу Јорк, која е основач, воедно и ко-претседавач на Конгресната Група за пријателство со Грција. Исто така, Нимиц има донирано финансиски средства и во кампањата на поранешниот Сенатор Сарбејнз кој е со грчко потекло. Овие информации можат да се најдат на официјалната вебстраница на Федералната Изборна Комисија на САД: https://www.fec.gov

Конгресменката Малони ја основа оваа Конгресна група за пријателство со Грција во 1996 и всушност е претставник на една од најголемите грчки заедници надвор од Грција и Кипар. Оваа група на Малони има 5 цели, од кои една е и за односите на САД со "поранешната Југословенска Република Македонија", како што пишува на нејзината вебстраница. Малони редовно поднесува анти македонски резолуции во Конгресот на САД проти Македонија и декларативно е против членството на Македонија под уставното име во НАТО. Малони беше голем противник на признавањето на Македонија под уставното име Република Македонија во 2004 година од страна на САД од тогашниот Претседател Џорџ Буш. Кога Хилари Клинтон беше Државен секретар, Малони испрати писмо до Клинтон со барање САД да го повлече признавањето на уставното име на Македонија. И денес Малони редовно пишува статии против Македонија и одржува говори во Гонгресот и пред грчката заедница против Македонија.

Обединетата Македонска Дијаспора јавно прашува дали Претседателот на Република Македонија, Владата, Собранието и Опозицијата се' уште ќе продолжат да ги занемаруваат и премолчуваат овие факти, каде повеќе од очигледно е дека се' ништо друго, освен конфликт на интерес на наводно неутралниот Нимиц: лични донации, купување на Данска банка со оддел во Грција во 2005 година кога Нимиц обавувал функција на главен оперативен директор на фирмата Генерал Атлантик и последниот конфликт т.е. нововработената асистенка на Нимиц, која има грчко потекло.

ОМД инсистира од државниот врв на Македонија под итно да ги прекине разговорите кои се водат под покровителство на ОН и да бара од Генералното Собрание со резолуција Република Македонија да го користи уставното име во сите меѓународни односи со ОН.

ОМД е спремна и стои на располагање преку својата мрежа да придонесе и да и' помогне на Македонија за започнување и продлабочување на релации со политичките претставници во САД и ОН, како и да придонесе во економскиот развој на државата.

Дијаспората е најголемиот инвестор во Македонија, цврсто стои во одбрана на името, идентитетот, јазикот и нацијата и нема да дозволи матична Македонија да навлезе во безбедносна, политичка и економска нестабилност. 

ОБЕДИНЕТИ, МОЖЕМЕ !

Македонци во Светот

Светски Македонски конгрес

МАКЕДОНСКО-АЛБАНСКИТЕ ОДНОСИ НА ЕДНАКВА СУВЕРЕНОСТ!

********

 

Светски Македонски Конгрес со индигнација ја отфрла изјавата на премиерот на Албанија, Еди Рама, за време на состанокот на парламентарната група на Социјалистичката партија по враќањето од Економскиот форум во Давос, во врска со Законот за употреба на јазиците, како натамошно грубо мешање во внатрешните работи на Македонија.

Иако правата и слободите не може да се квантифицираат, нив или ги има или ги нема, и од нив никогаш доста, СМК и натаму смета дека кон Албанија, Македонија мора да се придржува на основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност, што подразбира взаемно почитување и разбирање, соработка по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи и реципроцитет во меѓусебните односи: Што за Албанците во Македонија, тоа за Македонците во Албанија, како еднакви со еднаквите и рамноправни со рамноправните!

СМК предлага Декларација за македонско-албанско историско помирување, Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Албанија, Договор за положбата и правата на Албанците во Македонија и на Македонците во Албанија и Уставна декларација на Собранието на Македонија за почитување на правата и слободите загарантирани со Уставот независно од пописните резултати!

 

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

29 јануари 2018 година, Тирана, Албанија

Бугарска тешка артилерија.

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ДЕЛ 70

**********

Македонија во периодот на Балканските војни до почетокот на Втората светска војна на Балканот

(1912 - 1941 г.)

 

 

 

7. Положбата на Македонците под Грција

 Политиката на Грција за денационализација и асимилација на македонскиот народ во егејскиот дел на Македонија веднаш по неговото припојување кон грчката држава во својата основа претставувала континуитет на едновековната грчка практика. Порано, пред физичкото припојување на овој дел на Македонија кон Грција, таа за тоа се служела со грчката црква, образованието и агресивната активност на грчките четнички формации. До Балканските војни, таа тоа го чинела во рамките на османлиската држава, но и покрај големата толеранција на властите, сепак нејзината намера не можела да дојде до целостен израз и резултат. Во текот на шестгодишните војни грчката политика за денационализација се спроведувала со употреба на оружјето и преку пустошењето. По присоединувањето на егејскиот дел на Македонија кон Грција по Првата светска војна, во зацртаната стратегиска цел за целосна елинизација на земјата, грчката политика на грцизација во Македонија не доживеала некои промени. Се променил само интензитетот на политиката за асимилација и обезличување на македонскиот народ што и' го овозможиле позицијата со која Грција се стекнала по припојувањето на овој дел од Македонија и ситуацијата во која се нашла по поразот во војната со Турција. Објективно, поразот на Грција во војната со Турција и протерувањето на негрчкото православно население од Турција во Грција и' овозможиле на последнава да спроведе радикална промена  во етничкиот состав на егејскиот дел на Македонија. Впрочем за грчката државна политика било најважно, колку е можно што поефикасно и целосно, да се обезличи македонскиот карактер на земјата.

Првиот чекор во тој поглед бил промената на имињата (топонимите) на населените места, села и градови, на реките, планините итнт., давајќи им грчки имиња. Станува збор за спроведување културен геноцид во областа на топонимијата, со цел да се елиминира се' она што во присвоениот дел на Македонија потсетувало  или можело да потсетува дека не е грчка земја, дека му припаѓала на друг народ. Колку и' се брзало на Грција на овој дел на Македонија да му даде грчки лик и грчка содржина говори указот на Министерството за внатрешни работи на Грција од 10 октомври 1919 година. Тоа е сторено во време кога уште не била завршена Мировната конференција во Париз. Веројатно тоа е и првиот официјален акт со кој започнала кампањата за менување на имињата на населените места што носеле словенски или османлиски обележја. Се чини дека поради војната со Турција оваа кампања извесно време, се' до 1926 година била прекината. На 21 октомври 1926 година во "Службениот лист на Грција" бр. 332 бил објавен Законот за задолжителна промена на имињата на сите населени места во егејскиот дел на Македонија. Колку систематски била спроведувана оваа мерка говори податокот дека за десет години, ор 1918 до 1928 година биле сменетеи имињата на 1,497 населени места. Тој процес на обезличување, на бришење на се' што носи македонско-словенско обележје, имиња на реки, на планини, локални топоними, непрекинато трае се' до денес. Освен на промената на географските имиња, гечката држава посебно внимание и' посветувала на демографската (етничка) промена на населението. Македонскиот народ, кој по пустошењата и прогоните се' уште останал да живее на своите дедовски огништа, за Грција не бил прифатлив. Поради тоа, процесот на неговото прогонување продолжил и по Мировната конференција. Меѓутоа, до радикална промена на демографските карактеристики на егејскиот дел на Македонија дошол по поразот на Грција во војната со Турција. Тогаш Турција протерала околу 1,500.000 христијанско население од својата територија. Нешто повеќе од 500.000 од тие бегалци биле населени во егејскиот дел на Македонија и тие, на некој начин и денес претставуваат ударна тупаница на големогрчкиот национализам. Па  сепак и покрај сите насилни методи што ги применувала грчката држава против македонскиот народ, тој и понатаму, во релативно голем број, останал да живее таму. Колкав е бројот на тоа македонско малцинство грчката држава никогаш досега не објавила соодветна статистика, со оглед на тоа дека таа го негира неговото постоење. И бидејќи и покрај се', не може да се сокрие неговото постоење, таа настојувала до максимум да го минимизира. Во 1926 година се тврдело дека во Грција имало 77.000 Македонци. Околу оваа бројка, се' до 1934 година во Грција постоело целосно единство. Од неа отстапуваат информациите од Годишникот на Грчкиот статистички уред за 1934 година, каде се објавени податоци од пребројувањето на населението во 1928 година. Според него, во грчкиот дел на Македонија живееле 81.984 лица што говереле на "македонословенски јазик", а 16.775 зборувале на "бугарски јазик".  Наведенава бројка со мали отстапувања се совпаѓа и со податоците од Големата грчка енциклопедија каде што се вели дека странски елементи во Македонија за кои може да се каже дека уште не добиле грчка национална свест се: "околу 80.000 славофони, од кој најголем број живеат во западна и во централна Македонија - во околината на Воден, Кожани, Лерин и  Костур и помал број во источна Македонија (околината на Сер, Драма и Демир Хисар)".

За разлика од грчките информации за бројот на Македонците, кога веќе не можело да се негира нивното постоење се настојувало тој да се прикаже колку што е можно помал, освен во податоците на КПГ (од 1935 г.), во информациите на странците податоците за нивната бројна состојба се различни и редовно поголеми од грчките. Така, според информациите на италијански дипломатски претставници, во егејскиот дел на Македонија, во 1927 година живееле околу 140.000 - 150.000 "Славомакедонци".  Според одговорот на една интерпелација од јануари 1925 година во Народното собрание на Кралството на Србите Хрватите и Словенците, по Првата светска војна во егејскиот дел на Македонија: "останале 250.000 наши сонародници". Според Владимир Руменов, врз основа на официјални акти на Мешовитата грчко-бугарска емиграциона комисија и врз основа на информациите од Главната дирекција за населување на бегалците од егејскиот дел на Македонија и натаму под грчка власт останале уште 206.435 Македонци. Според истражувањата на КПГ, во Грција, во 1935 година имало од 240.000 до 280.000 припадници на "славомакедонското население". Се смета дека во пчетокот на Втората светска војна во егејскиот дел на Македонија под Грција живееле меѓу 250.000 и 300.000 Македонци.

За релативно големиот процент Македонци што живееле во Грција, околу 20% од вкупната популација, говори и грижата на грчката држава за развојот на образованието. Таа се надевала дека преку образованието на младите поколенија кај децата на македонското малцинство ќе го елимира сето она што ја храни индивидуалната и колективната меморија на еден народ, неговата самобитност, историја, култура, обичаи, традиции што ги создал, живејќи низ вековите на овие простори. Целта била во основното образование да се опфатат што поголем број деца. Иако економската ситуација во земјата не била добра, државата настојувала да издвои повеќе средства за ширењето на училишната мрежа. Во информацијата од Лондон (1926 г.) на амбасадорот на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците се вели дека во текот на посетата на диктаторот Пангалос на Леринско, Грчката влада одобрила 14 милиони драхми за изградба на 80 училишта, претежно во населбите населени со Македонци. Во коментарот кон информацијата на амбасадорот се вели: "Целиот овој план на работа ја покажува јасната намера на Грчката влада што поскоро да се избрише прашањето за словенското малцинство од десната страна на Вардар".

Во политиката на грчката држава за брза денационализација и асимилација на Македонците во егејскиот дел на Македонија посебно внимание му се посветувало на теророт. Освен преку репресијата од страна на државните органи, просветниот кадар, грчките свештеници итнт., биле создадени и бројни паравоени организации, чија единствена задача била да ги тероризираат Македонците, особено оние што живееле на село. Од имињата на таквите организации, длабоко во меморијата на Македонците од егејскиот дел на Македонија, стојат: "Грчкомакедонска тупаница", формирана на 27 јануари 1926 година; Национална организација на младите, позната по скратеницата ЕЕЕ; организацијата "Павлос Мелас", Националниот сојуз на Грција, познат под името "Челични шлемови" итнт.

Парадигма за терористичките акции на овие и други слични организации претставува наредбата на организацијата "Грчкомакедонска тупаница" од 27 јануаари 1926 година во која се наредува на сите јавни места, в кафеани, при трговски зделки, на собири, забави, ручеци, свадби да се зборува само на грчки, во државните институции бараните информации да се даваат само на грчки итнт. Сите оние што не ќе се придржуваат до оваа наредба се прогласуваат за предавници и против нив се применуваат најостри казнени мерки.

Со слични мерки се служела и војската. За тоа се зборува во извештајот на еден пешадиски поручник од 25 јануари 1932 година за извршената инспекција во селото Арменско.

Во целина, грчкиот терор врз Македонците во егејскиот дел на Македонија се одликувал со ужасна ксенофобија. Најдобар доказ за тое претставуваат пишувањата на разни странци што ја посетувале Грција, односно егејскиот дел на Македонија. "Грците, пишува, еден англиски публицист од 1928 година, ги прогонуваат не само сите живи Словени, кои еднаш ги нарекуваат 'бугарогласни', друг пат 'славогласни', туку и сите мртви Словени чии што гробишта се наоѓаат во цела Македонија. Тие дури ниту во  гробот не ги оставаат на мир, од крстовите ги бришат натписите со словенско писмо, ги вадат коските од гробовите и ги горат".

Особено сликовито се предадени методите на грчкиот терор во западниот дел на Егејска Македонија од новинарот на весник "Ризоспатис", Н. Кондос, кој во ноември 1932 година го посетил овој дел на земјата. Тој во резимето од информациите што ги добил на лице место запишал: "порано во денешна Македонија  под грчка власт царувале бандите, андартите и комитите па селаните за да го спасат својот живот секојдневно биле принудувани да го менуваат своето убедување. На комитите им се претставувале како Бугари, на андартите како Грци. Денес се принудуваат секој час да ја декларираат автентичноста на грчкото чувство. Инаку камшикот, кој никогаш не е демобилизиран, стапува во акција".

Во примената на теророт биле употребувани разновидни мерки. Целта била да се засегнат сите сегменти на животот за што поуспешно спроведување на асимилитаторската политика. Се настапувало жестоко и агресивно. Се отстранувало се' што и' пречело или се претпоставувало дека би можело да и' пречи на брзата реализација на погрчувањето. Се чистел чиновничкиот апарат од лица со грчко потекло за кои се претпоставувало дека во некои случаи заштитнички би се однесувале спрема македонското малцинство. Таквите најчесто биле прогласувани за корумпирани луѓе.

Посебно внимание се обрнало на образованието и однесувањето на учителите. Оние за кои се сметало дека имаат "сомнителна национална свест" биле преместувани во внатрешноста на Грција или едноставно биле отпуштени како неподобни. Биле отстранувани домородните свештеници, а на нивно место биле доведени свештеници од Грција.

Без оглед на политиката на репресија што континуирано се применувала врз македонското национално малцинство во периодот меѓу двете светски војни, без оглед на официјалното негирање дека во Македонија под грчка власт живеело и бројно македонско малцинство, постигнатите резултати на асимилацијата биле под очекувањата. Македонскиот јазик и натаму се одржувал како основно средство за комуникација во стопанскиот живот и во контактите меѓу луѓето, особено во западниот дел на Егејска Македонија.

 

Продолжува

 

Македонски борци.

МАКЕДОНЦИТЕ И ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА

1945 - 1949

Глава Осма

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА

ДЕЛ 70

Пишува: Наум Пејов

 

Протокол на договорот од советувањето на Плака

 

За целосно и единствено водење на националната борба против окупаторите и нивните органи, како прилог за успехот на сојузничката борбата, ослободувањето на Грција и осигурувањето на надворешните слободи и на крајот за создавање полесни услови во напорите за обединување на востаничката војска на Грција, долу ополнумоштените претставници во преговорите за грчкото единство одлучија :

1. Го примаат предлогот на ЕАМ-ЕЛАС за конечно запирање на непријателствата меѓу силите на ЕЛАС-ЕДЕС.

2. Единиците на ЕАМ-ЕЛАС и на ЕДЕС ќе ги задржат позициите кои сега ги држат.

3. Организациите на ЕАМ-ЕЛАС и на ЕДЕС се задолжуваат со сите свои сили да дејствуваат против окупаторите и нивните соработници или самостојно секој во својот реон, или заеднички по претходно спогодување.

4. За подобро спротивставување на окупаторот, командите на силите во Епир и на двете организации (ЕАМ и ЕДЕС) што поскоро ќе предложат заеднички план за акција офанзивна или одбранбена, определувајќи го и начинот на евентуалното маневрирање на единиците на секоја организација, со цел да се изврши притисок на непријателот во реонот на другата, кога тоа се налага од воени причини.

5. Ако единици на една организација се повлечат од одредени позиции, поради навлегување на Германците или нивните соработници, тие ќе се вратат на своите положаи после истерувањето или повлекувањето на истите.

6. Мешовита воена комисија од претставници на ЕЛАС, на ЕДЕС и на ЕККА ќе го надгледува придржувањето кон оваа спогодба и ќе ги решава евентуално искрснатите спорови. Комисијата може да функционира со двата свои членови до пристигањето на преставникот на ЕККА.

7. Сојузничката воена мисија се моли да се погрижи Командата за Среден Истод да го обезбеди можното најголемо снабдување на силите во Грција на сите организации на база нивното учество во операциите против Германците и соодветно на вистинските потреби на војната.

8. Се изразува желбата настраданите како од навлегувањето на Германците, така и од судрувањето на Организациите да уживаат неодложна помош од сите организации. Специјално се моли Сојузничката команда веднаш да притекне во нивна помош.

9. Со потпишувањето на ова се пуштаат на слобода сите задржани како заробеници или заложници од обете страни поради политички разлики и да им биде овозможено да заминат во местото кои сами ќе го изберат. Се исклучуваат оние кои се теретат со дела за национално предавство или тешки кривични дела, кои треба да се посочат на заинтересираната организација, да се судат од постојните воени судови на кои да учествува и претставник на заинтересираната организација. Се изразува желба делата за пресудување да се окончаат што поскоро. Ослободувањето на заложниците и заробениците ќе стани најдоцна во рок од петнаесет дена.

10. Ова влегува во сила веднаш.

Некаде во Грција 29 февруари 1944 година, Делегацијата на ЕАМ-ЕЛАС : Стеф. Сарафис, генерал.

"на ЕДЕС : Ком. Пиромаглу, П. Николопулос (полковник)" п.

"на ЕККА . г. Карталис",

Сојузничката воена Мсија : Крис п. Полковник Англичанец, Делегација на САД: Ваинц Мајор.

*) Од книгата : "Историска архива на националниот отпор" том А - април 1958 - март 1960 - Атина.

 

 

Продолжува

 

 

Александар Македонски

Горан Шумкоски

ЗАПИСИ ОД СРЕДНА АЗИЈА

*******

(Случајно одење по врвиците на Александар Македонски)

 

Ова приказна за денешниве македонски белези во Средна Азија почнува во 2003 година на бреговите на реката Аму Дарја, сосем случајно и попатно со мојата професионална кариера како меѓунарден советник. На почеток веднаш да напоменам дека не отидов таму со цел да ја барам Македонија, ниту пак моето типично образование од 70-тите и 80-тите године ме подготвило и да помислам на постоење на таква евентуална можност за постоење на македонски траги во Средна Азија. Напротив, доаѓајќи од Лондон, на прашањата од каде доѓаш, за да не компликувам одговарав од Англија, не очекувајќи дека некој во беспаќата на Средна Азија ќе ја знае мојата мала татковина Македонија. И секогаш кога краткиот разговор ќе се одолжеше на подолго од минуте-две, на подпрашањата на секогаш  љубопитните домаќини за моето име, родно место велев Македонија, што предизвикуваше блесок во очите на соговорниците како кога ќе се сретнат со нешто старо и препознатливо. И така веќе на почетокот разбрав дека во Средна Азија, Македонија е попрепознатлив бренд од Англија. А во некои делови како на пример Памир (Горно Бадакшан) кога ќе речеш јас сум Македонец, во шега, а според нивните легенди и со многу вистина, луѓето ти одговараат со, брат, и јас сум Македонец. Но нејсе и поред.

Во 2003 година отидов да водам еден меѓународен проект на југот на Узбекистан во двете јужни провинции Кашкадарја и Суркундарја, вдолж реката Аму Дарја, која е природна граница со Авганистан. По стигнувањето во Ташкент и на пропатување кон југ првата недела веќе случајно се сретнав со еден драг човек, Виктор, син на Македонец од децата бегалци после Втората светска војна. Сместен во регионалните главни градови Термез и Карши, заедно со 60-тина локални вработени помагавме во 40 населени места со поправка на училишта, амбуланти, мостови, пумпи за вода итнт. Интересната и благородна работа носеше многу позитивна енергија, но и по некој расправии со некои од месното население за (не) квалитетот на нивната работа. За илустрација, организацијата даваше неколку илјади долари за материјали, а мештаните требаше да најдат свои мајстори кои ќе ја реновираат, да речеме, амбулантата или училиштето. Некои го правеа тоа добро, некои го правеа по нашки речено фушерајски и моите колеги знаеја дека прилично се лутам за такви работи и велев ов догодина ќе падне и ќе биди и полошо од што беше.

По завршувањето на овој проект се префрлив на работа во соседниот Таџикистан и шоферот од организацијата кој ме возеше до главниот град Душанбе, познавајќи ме добро ми рече: сега п патот ќе ви покажам една стара македонска градба, што нема да падне догодина, а за која малку луѓе во светот знаат освен нас тукашните. Застанавме некаде  на половина пат од градот Термез во Узбекистан, до границата со Таџикистан покрај еден мост на главниот пат. Излеговме, и пешкинекаде сто метра нагоре, кон планината, стои мост од бело црвени тули, во околината зарастена во жбуње, стој цврсто, со еден голем лак. Мост изграден од Александар Македонски. Градот Термез бил освоен од страна на Александар Македонски во 329 пне, а Александар во близината во месноста Кампир Тепа го изградил градот Александрија Оксиана со моќни ѕидини и порти. Ова беше почетокот на познатиот поход на Александар Македонски од Персија преку денешен Узбекистан кон Согдија и нејзината столица Мараканда, во денешен Таџикистан.

И така почна моето долгогодишно патешествие по врвиците на Александаар Македонски низ Средна Азија и средбите со историските трагови а уште повеќе со духовните следи кои се до ден денес живи кај денешните жители на овој прекрасен дел од светот. Воедно, Узбекистан стана мојата прва средба со измешаноста на народите во Средна Азија, каде многу Таџици живеат во Узбекистан и многу Узбеци во Таџикистан. Историјата на Бухара и Самарканд, центрите на средновековната наука: математиката, астрономијата, културата и уметноста се предмет на спор меѓу денешен Таџикистан и Узбекистан.

Мојот возач од Термез, гордо ми го покажа својот нов пасош во кој прв пат им дозволиле да им пишува државјанство Узбекистан, а на ционалност Таџик. Но така и почна мојата длабока врска со овој регион на прекрасни и добри луѓе кои оставија свои длабоки траги во мене за секогаш да се чувствувам дома, а и на кој јас оставив свои длабоки траги.

Таџикистан е планинска земја со неколку географски оделени региони како Сугд на Север, Катлон на југ, а и за нас посебно интересниот Памир или Горно Бадакшан во југоисточниот агол на границата кон Кина и Авганистан. Така и историски овие денешни региони влечат корен од двете ханства (канаати) Согдија на север и Бактрија на југ. Главниот град на Согдија, денешната област Сугд, е Хуџанд, во советско време Ленинабад, пријатен град на брегот на Сир Дарја, најголем индустриски центар во советски Таџикистан и покрај тоа што Душанбе бил и е официјална престолнина. Градот пишува и еден друг дел од воената историја со тоа, што бил центар за производство на атомски бомби на Советскиот Сојуз. За истиот тој Хуџанд, секој Таџикистанец со големо задоволство ќе ви раскаже и без да го прашате, прв пат е основан како град од Александар Македонски и бил наречен Александрија Исхата, Александрија Восточнаја, значи најисточниот град кој Александар го основал. Кога Александар дошол во Согдија, како дел од својата традиција на воено завземање и на политички сојузи, се оженил со Роксана (Равшан на Таџикски) ќерката на Согдискиот Хан со која подоцна имал и син. Имав можност и многу пати да поминувам низ местото од каде што била Роксана, а и секој Таџик ќе биде среќен да ве упати каде да го најдете тоа место.

По првичното заземање на Согдија од страна на Алекссандар, дел од Согдиските војски избегале на исток на територија на денешната Киркизка Република и подолго време вршеле краткотрајни напади врз македонската војска и брзи повлекувања назад. Александар решил да стави крај на таквите десанти и тргнал кон денешниот Киргиски град Ош да ги доразбие Согдијците. Согдијците, вели историјата, се собрале заедно и се искачиле на високото стратешко место наречено Голем Камен, каде што се снабделе со вода и храна за неколку месеци. Голем Камен бил само од една страна пристапен, а сите други страни биле скоро 90 степени стрмни и невозможни за искачување, така што Согдијците без проблеми се бранеле подолго време. Легендата вели дека една приквечер Александар одбрал група војници и им дал задача ноќта да се качат над Согдијските војски по најстрмната страна. Следното утро, изненадувањето на Согдијците било огромно. Кога се разбудиле и виделе дека на Голем Камен, уште повисоко над нив е група Македонци со мечеви, набргу се предале.

Исто така легендата која секој Киркиз од најмладиот ученик до секој 90 годишен старец ќе ви ја раскаже е дека Александар бил и кај нив. И тоа со таков ентузијазам, како само вчера да бил таму и само за малку и не сте се сретнале. приказната е дека војниците на Александар се разболеле додека биле во регионот на ОШ, а поточно до најголемата природна ореова шума во светот Арсланбоб и дека една бабичка сварила лек од лисјата на оревот и дека војниците осдравеле. А кога тргнуваш од Хуџанд на југ кон Душанбе, меѓу два планински превои и двата високи од над 3.500 метри надморска височина, ако направите депочнителен труд, можете да го видите планинското езеро Искандар Кул (Александрово Езеро) во кое, според легендата, загинал и засекогаш останал коњот на Александар Букефал.

Во Таџикистан живеат околу 7 милиони луѓе од кои само 300.000 на планинскиот и тешко достапен регион Памир кој пак зафаќа 45% од територијата на државата. Памирците во времето на советскиот сојуз имале најмногу доктори на науки по процент на населението во целиот Советски Сојуз. Кај овие наши дргаи Памирци до ден денес е жива легендата и тоа секој Памирец ќе ви го каже, дека тие или барем некои од нив се потомци на војниците на Александар Македонски. И да нема забуни, никој нема да ја спомене Грција таму, тој наш банален Балкански спор таму никогаш не постоел, се зборува само за Македонци. Легендата е дека кога Александар продолжил понатака на југ кон Авганистан, Пакистан и евентуално до Агра во Индија, војските тргнале по неколку различни патишта и дека околу 500 до 1,000 македонски војници, кои оделе долж реката Пјанџ, која го дели Таџикистан од Авганистан за да ја преминат, завлегле во безпаќе со долго стотици колометри и затоа легендата вели, останале вечно во Памир. 

Ако ја погледнете географската карта, не е тешко и да се види зошто. Реката Пјанџ тече меѓу стрми планини од двете страни и после стотици и стотици километри пат не излегувате никаде, туку се качувате на Покривот на Светот - Памир од каде непрегледни и непроодни планински венци од 7 до 8 илјади метри височина кои се протегаат преку Кина до Тибет се' до Хималаите од каде што од другата страна е Непал. Така и останале таму, вели легендата, се ожениле и станале Македонци од Памир.

Еден друг факт дава подршка на ваквите верувања, имено Памирците зборуваат 16 јазици кои воопшто не се сродни со Таџикијскиот јазик кој е сроден со Фарси јазикот кој се говори во денешен Иран а се одликуваат и по тоа, што имаат европсака физиономија. Овие 16 различни јазици се разликуваат и меѓу себе така што луѓе од едно до друго село не се разбираат едни со други освен кога комуницираат или на таџиски или на руски.

Ова може да сведочи за мултинационалниот карактер на александровите војски каде што голем дел од нив го сочинувале единици од земјите кои ги освојувал по патот до Средна Азија. Интересни се и топонимите на наелените места како на пример Шид, Вранг, Ванч, Рушан, Горон, Бачор, Вир, Бунај, Пастуф, Хорог, итнт. како што било интересно за лингвистите да ги проучат овие 16 јазици на Памир. Уште еден факт што ќе ве направи да се чувствувате како дома и уште една историска врска, овој пат со нашите Кирил и Методи е тоа, што и Таџискиот (потекло од Фарси јазикот) и Киргискиот (јазик мајка на Турскиот јазик) употребуваат кирилично писмо.

И така, без претензи кон научна или длабока анализа, бидејќи за тоа треба многу голем простр, овој запис е скромен вовед во моето лично долгогодишно искуство со Средна Азија. Милион мали и големи овде неспомнати приказни ќе ги надополнуваат следните подетални пишувања. Она што мене ми остава силен впечаток е дека, веројатно поради долгата историска дистанца, не постој никаква зла крв или нетрпеливост што нашите предци ги покориле, напротив, сите во Средна Азија зборуваат со гордост за Александар и тој е длабоко вткаен во ниваната историја. Дури и со гордост ќе ви кажат дека од името Александар доаѓа нивното популарно име Искандар или варијантата Скендер на Балканот. Во текот на сите овие години разбрав дека нашиот Александар покрај тоа што е наш и припаѓа и на светската историја, вклучително и на Персијците и на народите на Средна Азија и на сите други денешни држави каде што до ден денес постој како дел од нивната историја, а и од нивните легенди и митови. 

 

 

http://www.dudinka.org

30 декември 2017.

Слушам кај шумат шумите

 ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

**************

Песна со истрај на комитски дух

(Инспирација од песната "Слушам кај шумат шумите" фантастична преработка на музичкото дуо  Next Time на браќата Мартин и Стефан Филиповски)

  • О, војводи храбри Македонци славни
    во дослух сум веднаш со Илинден светол
    светол како сонце во убав ден
    штом гласот на зурлите успеа
    во мене да пробуди комитски ген
    востанички ме разбрани ко немирно море
    и топотот на коњите во стрес и бес
    ме разбрани и гласот на тапан што грми
    небаре се истрел на куршум врел
    та во мене екот е посебен ек
    илинденски слики пред очи да гледам
    илинденска историја од пред еден век.

    О, другари верни, Македонци смели
    со војводи челни во нерамен бој
    вие се боревте со срце и душа
    за слобода мила или смрт
    а песната комитска се' уште е сведок

  • поттикнува радост кога се слуша
    но денес штом допре до моиве сетила
    чинам како пред мене за миг да се створи
    комита војник со нога да стапна
    та тогаш замаен сиот во занес
    не издржа чувство, се претвори во облак
    по небото ширно на очиве мои
    и потајум солза од око ми капна.

    О, комитска песно непресушна реко
    гордост си за секој кој што те слуша
    песна си со завет за потомци идни
    песна си од која непокор звучи
    песна си што бодри комитска душа
    затоа си вечна со бунтовен сјај
    затоа те пееме и ќе те пееме
    милозвучна песно со магичен крај.
    *******

    Мартин и Стефан Филиповски

Kind regards : 01 февруари 2018

Sotir Grozdanovski broj 122